Поуката од Бог има добри резултати
Родителите кои уште од мали нозе ги поучуваат своите деца, честопати ги гледаат добрите резултати од својот труд. Доријан, момче од Перу (Јужна Америка), на четири години го одржал својот прв ученички говор во Теократската школа за служба во Салата на Царството на Јеховините сведоци. Кога тргнал на училиште, можел, на темел на Библијата, да им објасни на учителката и на другите деца во одделението зошто не слави Божиќ.
Кога имал пет години, Доријан бил замолен пред целото училиште — пред околу 500 ученици — да го објасни своето гледиште за Денот на татковците. Подготвил десетминутен говор на тема: „Одговорностите на таткото“. Го темелел на библискиот стих од Ефешаните 6:4. На крајот од говорот рекол: „Наместо да го слават Денот на татковците само еднаш годишно, децата треба да ги почитуваат и да ги слушаат своите родители секој ден“.
Во 1943 год., Теократската школа за служба, чија цел е и младите и возрасните да се подобруваат како говорници, стана седмичен состанок на Јеховините сведоци. Оттогаш на неа се добиваат библиски поуки кои се убаво дополнение на поуките што родителите им ги даваат на своите деца (Изреки 22:6).
Во ноември 2005 год., кога имал шест години, Симон од Швајцарија ја изнел својата прва задача во Теократската школа за служба — читал еден дел од Библијата. Околу една година подоцна, бил интервјуиран на еден поголем собир на Јеховините сведоци. Каков став имал кон духовните работи?
Симон сака да оди на состаноците и се труди да не пропушти ниту еден, дури и кога е уморен. Освен тоа, заедно со другите од семејството оди да проповеда. Секој месец им дава на луѓето од сите возрасти од 30 до 50 примероци од списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Исто така, честопати разговара за Библијата со татко си, кој не е Јеховин сведок, и го поттикнува да доаѓа со нив на состаноците.
Без сомнение, родителите кои ги воспитуваат своите деца ‚со стега од Јехова и им помагаат да го усвојат неговиот начин на размислување‘, доживуваат голема радост кога нивните деца се послушни и донесуваат плод на праведноста (Ефешаните 6:4; Јаков 3:17, 18).
[Слика на страница 28]
Доријан на училиште
[Слика на страница 28]
Симон во Салата на Царството