ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/07 стр. 29
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Недоспаноста ја намалува продуктивноста
  • Пченица за огрев?
  • Посетата на папата — „бум“ за бизнисот
  • Видеоигрите те прават рамнодушен на насилство
  • Треба ли да играм компјутерски или видеоигри?
    Разбудете се! 1996
  • Дали оние што играат се во опасност?
    Разбудете се! 2003
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Смеам ли да играм видеоигри?
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 8/07 стр. 29

Поглед во светот

◼ „Денес, во еден просечен американски дом има повеќе телевизори отколку луѓе“ — 2,73 телевизори на 2,55 лица. „Во 50 отсто од американските домови има по три или повеќе телевизори“ (ASSOCIATED PRESS, САД).

◼ Секој ден во судниците во Јужноафриканската Република, 82 деца се обвинети за „силување или недоличен напад врз други деца“. Според службени извори, голем дел од обвинетите деца тврдат дека кривичното дело го сториле „поттикнати од работи што ги гледале на телевизија“ (THE STAR, ЈАР).

Недоспаноста ја намалува продуктивноста

Навиките на спиење им ја уништуваат продуктивноста на некои Шпанци. Д-р Едуард Естивил, директор на една клиника за истражување на спиењето во Барселона, вели дека, во однос на другите Европејци, Шпанците стануваат порано, работат подолго, вечераат подоцна и спијат во просек 40 минути помалку. Меѓутоа, како последица од недоспаноста, може да се појават разни проблеми, како што се раздразливост, намалено памтење, вознемиреност и потиштеност. Затоа, д-р Естивил предупредува дека „секој што се занимава со интелектуална работа или со некоја друга активност за која е потребна концентрација, треба да спие од седум до осум часа дневно“.

Пченица за огрев?

Дали е етички исправно пченица да се користи за огрев? Во германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung се објаснува дека, поради тоа што цената на пченицата паѓа, а цената на нафтата расте, на земјоделците повеќе им се исплаќа да ја користат пченицата за огрев отколку да ја продаваат за да си купат нафта. За да одгледа 2,5 килограми пченица, еден земјоделец ќе потроши 0,2 евра, но ако таа количина пченица ја искористи за огрев, ќе добие топлина колку што би добил од 1 литар нафта, која би го чинела 0,6 евра. Но, како што стои во весникот, ова доведува до дилемата: Дали е во ред „да се гори пченица кога други луѓе гладуваат“?

Посетата на папата — „бум“ за бизнисот

Кога папата ја посети Германија во 2006 год., производителите, трговците и туристичките работници однапред беа добро подготвени за да заработат од тоа. И Црквата си избра деловен партнер кој го имаше ексклузивното право да продава разни сувенири. Меѓу сувенирите имаше бројаници, свеќи, шишенца со светена вода, филџани за кафе, капчиња, маици, приврзоци за клучеви и знамиња на Ватикан. Во весникот Der Spiegel се појави следниов коментар: „Католичката црква има замешано прсти во трката за профит, како да заборавила дека Исус Христос... ги избркал трговците од храмот“.

Видеоигрите те прават рамнодушен на насилство

Психолозите од Државниот универзитет во Ајова (САД) велат дека „изложеноста на насилни видеоигри може да ги направи луѓето рамнодушни на насилството што го гледаат во реалноста“. Претходните истражувања покажаа дека, поради изложеноста на такви игри, „почесто се појавуваат насилни мисли, чувство на гнев, вознемиреност и агресивно однесување“. При последното истражување беа набљудувани пулсот и емоционалните реакции на испитаниците кога гледаа снимки од вистински случаи на насилство што им беа прикажувани веднаш откако ќе одиграат некоја насилна или ненасилна видеоигра. Резултатите покажаа дека оние што „играат насилни видеоигри ‚се навикнуваат‘ на насилството и постепено престануваат да реагираат на него“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели