ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/09 стр. 9
  • Клунот на сипата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Клунот на сипата
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Светлосниот орган на Хавајската лигна
    Разбудете се! 2015
  • Клунот на туканот
    Разбудете се! 2009
  • Огромните чудовишта од морските длабочини
    Разбудете се! 2009
  • Содржина
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 3/09 стр. 9

Случајно или создадено?

Клунот на сипата

◼ Клунот на сипата е голема загатка за научниците. Тие не можат да сфатат како нешто толку тврдо може да биде дел од тело без коски и зошто ваквата комбинација од материјали не предизвикува рани или оштетување на ткивото кај сипата.

Размисли: Врвот на клунот на сипата е тврд, а коренот е мек. Густината на клунот, кој се состои од хитон, вода и протеини, многу постапно се менува и преминува од мека во тврда структура. Ова овозможува сипата да го користи својот клун без да се повреди.

Франк Зок, професор на Калифорнискиот универзитет, вели дека проучувањето на клунот на сипата може „од корен да го смени начинот на кој инженерите ги сврзуваат материјалите, и тоа на секое поле од науката“. Ваквите сознанија би можеле да се применат при изработката на вештачки екстремитети. Али Мизерес, истражувач на истиот универзитет, предвидува „изработка на цели протези со сличен хемиски состав како клунот, кои од едната страна ќе бидат еластични како ’рскавицата, а од другата... многу тврди и отпорни на триење“.

Што мислиш? Дали клунот на сипата, кој има различна густина при врвот и при коренот, настанал случајно или е дело на мудар Творец?

[Извори на слики на страница 9]

© Bob Cranston/SeaPics.com

© Richard Herrmann/SeaPics.com

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели