Како можат да помогнат родителите?
ЕДНА образовна организација во САД им го даде следниов поттик на учениците во средните училишта: „Бидете спремни да се надминете себеси“. Во обид да ги остварат своите цели, некои млади ги пречекоруваат границите на својата физичка сила. Медлин Левајн, спомната во претходната статија, напишала: „Растргнати помеѓу интензивните наставни програми, предвремената подготовка за запишување во средно училиште или на факултет, како и посебните тренери и приватни учители чија задача е да го извлечат нивниот максимален потенцијал, многу млади се зафатени до тој степен што здравјето им виси на конец“. Ваквиот притисок може да им наштети и во физички и во емоционален поглед.
Ако си загрижен поради стресот што твоето дете го трпи на училиште, разговарај со неговите наставници, со психологот или со директорот. Кажи им што си забележал. Имаш право да го сториш тоа.
Библијата ги поттикнува родителите да обрнат посебно внимание како ги воспитуваат своите деца. На родителите во стариот Израел, Мојсеј им го рекол следново: „Всадувај ги [Божјите закони] во своите деца и зборувај им за нив кога седиш во својата куќа и кога одиш по пат, кога легнуваш и кога стануваш“ (5. Мојсеева 6:7).
Тоа што покажуваш голем интерес за образованието на твоето дете не значи дека му се мешаш во приватниот живот, туку е доказ дека го сакаш и дека го поддржуваш. Ова може значително да го намали неговиот стрес на училиште.
[Слика на страници 8 и 9]
Кажи им на наставниците под колкав стрес е твоето дете