Кој бил прв?
ВО 1973 год., д-р Мартин Купер го промовира првиот мобилен телефон кој се состоеше од батерија, радио и микропроцесор (мини-компјутер). Њујорчани зинаа од чудо кога видоа како Купер телефонира на улица. Но, тоа не ќе беше можно да не постоеше галванската батерија (изум на Алесандро Волта од 1800 год.), телефонот (1876), радиото (1895) и компјутерот (1946). Со појавата на првиот микропроцесор (1971), беше можно да се направи и мобилен телефон. Меѓутоа, дали комуникацијата со софистицирани уреди е навистина новитет?
Еден уред за комуникација што честопати се смета за нешто обично е човечкиот глас. Повеќе од половина од милијардите неврони во моторниот кортекс на мозокот се задолжени да ги контролираат твоите говорни органи, а околу 100 мускули го движат сложениот механизам кој го сочинуваат јазикот, усните, вилицата, грлото и градниот кош.
Дел од овој систем за комуникација е и твоето уво. Овој орган го претвора звукот во електрични импулси кои твојот мозок може да ги обработи. Мозокот, пак, ги анализира звуците и ти помага да ги препознаеш луѓето по нивната боја на гласот. Тој мери и за колку милионити делови од секундата едното уво слуша пред другото, со што може прецизно да пресмета од каде доаѓа звукот. Ова се само две карактеристики што овозможуваат да се концентрираш на говорот на само едно лице, дури и ако истовремено зборуваат повеќе луѓе.
Според тоа, софистицираната безжична комуникација (со можност за идентификација на повикувачот) не е ништо ново. Таа постоела најпрво во живиот свет, односно во природата.
[Графикон/слики на страница 3]
(Види во публикацијата)
1800
Галванска батерија
1876
Телефон
1971
Микропроцесор
1973
Д-р Мартин Купер го направи првиот мобилен телефон
[Извор на слика]
Д-р Купер со мобилниот телефон: © Mark Berry
[Слики на страница 2]
Десната страна од 2. страница — однапред наназад (сите фотографии се реконструкција): Гуљелмо Маркони со својата радиоопрема; Томас Едисон и сијалицата; Гранвил Т. Вудс, пронаоѓач на комуникациски направи; браќата Рајт и нивниот Флаер (1903)