ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/10 стр. 5
  • Веќе постои во природата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Веќе постои во природата
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Пердуви — чудесна творба
    Разбудете се! 2007
  • Закривениот врв на крилјата кај некои птици
    Разбудете се! 2015
  • Што учиме од природата?
    Разбудете се! 2006
  • Летот на албатросот скитник
    Разбудете се! 2013
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 3/10 стр. 5

Веќе постои во природата

„Прашај [ги], те молам... небесните крилести суштества, и тие ќе ти кажат... дека сето тоа го направила раката на Јехова“ (Јов 12:7-9)

МОЖЕ да се каже дека телото на птиците е конструирано за летање. На пример, стебленцата од пердувите на крилјата мораат да ја носат целата тежина на птицата. Како е можно крилјата да бидат толку лесни, а сепак толку цврсти? Можеме да дознаеме ако направиме напречен пресек на стебленце од пердув. Тоа личи на сендвич-конструкција, како што ја нарекуваат инженерите — однатре има сунѓереста структура, а однадвор е рапава. Проучувајќи ги стебленцата на пердувите, инженерите почнаа да ја користат сендвич-конструкцијата и кај авионите.

Коските на птиците исто така имаат извонредна градба. Повеќето се шупливи, но некои се зајакнати со внатрешни потпорници во форма позната како Воренов носач. Интересно е тоа што слична конструкција имаат и крилата на еден спејс-шатл.

Пилотите ги управуваат современите авиони со помош на неколку подвижни крилца поставени на крилата и на опашката. Но, птиците користат околу 48 мускули на крилјата за да ја променат конфигурацијата и движењето на крилјата, како и на поединечни пердуви, правејќи го тоа и до неколку пати во секунда. Не е ни чудо што конструкторите на летала им завидуваат на нивните акробатски вештини!

Летот, а особено полетувањето, бара многу енергија. Затоа на птиците им е потребен моќен „мотор“. Срцето на птиците чука побрзо од срцето на цицачи со слична големина и е обично поголемо и посилно. Исто така, низ белите дробови на птиците, воздухот се движи само во еден правец. Ваквиот систем е многу поефикасен од оној кај цицачите.

А колку е ефикасен нивниот „мотор“? Едно мерило за ефикасноста на некое летало е дали може да полета носејќи доволно гориво. За да може еден „Боинг 747“ да лета 10 часа, околу една третина од целокупната негова тежина при полетувањето е гориво. Како споредба, за лет од 10 часа, преселните дроздови може да загубат и половина од својата телесна тежина. Но, кога северната блатка ќе тргне на пат од Алјаска кон Нов Зеланд, повеќе од половина од нејзината тежина е сало. Неверојатно е што таа може без престан да лета речиси 190 часови, т.е. осум дена. Ниедно комерцијално летало не може да го постигне тоа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели