ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/11 стр. 18
  • Минијатурните палати во Истанбул

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Минијатурните палати во Истанбул
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2011
  • Кога птиците ќе удрат во стакло
    Разбудете се! 2009
  • Осамената „дама“ на Босфорот
    Разбудете се! 2003
  • Продирање во мистериите на селидбата
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 1/11 стр. 18

Минијатурните палати во Истанбул

● Во многу делови од светот може да се видат дрвени куќички за птици. Тие се совршено место каде што птиците можат да се нахранат, да се згреат, да си направат гнездо, да ги подигаат младенчињата и да се заштитат од грабливците и од природните сили. Во Истанбул, куќичките за птици изгледаат како вистински градби. Некои се слични на големи куќи, други на џамии, а трети на дворци.a Ги викаат гулабарници, птичји палати, па дури и дворци за врапчиња.

Најстарите куќички потекнуваат уште од 15 век и ја отсликуваат отоманската архитектура. Тие се прилично едноставни, но од 18 век наваму куќичките почнале да добиваат изглед на величествени, луксузни живеалишта. Во некои од нив имало садови за храна и вода, ходници, па дури и тераси од каде што птиците, така да се каже, можеле да уживаат во глетката. Најчесто се поставувале во заветрина на онаа страна од куќите што сонцето ја греело најдолго во текот на денот — и, се разбира, подалеку од дофатот на мачките, кучињата и луѓето. Понекогаш, целта на ваквите куќички не била само за да им послужат на птиците туку и за да го разубават објектот. Денес, куќички за птици, и големи и мали, можат да се видат на ѕидовите од некои џамии, како и на некои градски фонтани, библиотеки, мостови и приватни куќи.

За жал, многу од тие минијатурни палати пропаднале поради постојаните удари на природните сили, а други намерно ги уништуваат луѓе кои не се свесни за нивната вредност. Затоа ги има сѐ помалку. Сепак, ако појдеш во Истанбул и ако си љубител на стара архитектура, обиди се да ги најдеш овие префинети, мали градби вгнездени под некоја стреа. Сега, откако знаеш за што служат, твојата посета на Истанбул ќе биде збогатена со уште една убава глетка.

[Фуснота]

a Иако изгледаат многу реално, овие куќички за птици обично не се направени по модел на некоја конкретна градба.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели