ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/12 стр. 19
  • Главата на клукајдрвецот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Главата на клукајдрвецот
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Како клукајдрвците не си го кршат вратот?
    Разбудете се! 1994
  • Содржина
    Разбудете се! 2012
  • Неверојатната цврстина на коската
    Разбудете се! 2010
  • Победете ги падовите поставувајќи си цели
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 1/12 стр. 19

Случајно или создадено?

Главата на клукајдрвецот

● Удар чија јачина е 80-100 пати поголема од гравитационата сила може да предизвика потрес на мозокот кај еден човек. Но, силата со која клукајдрвецот го удира дрвото е 1.200 пати поголема од гравитационата сила. Како оваа птица успева во тоа дури и без да ја заболи глава, а камоли да добие потрес на мозокот?

Размисли: Истражувачите откриле четири елементи во главата на клукајдрвецот што дејствуваат како амортизер:

1. Силен, но еластичен клун

2. Хиоидна коска — структура составена од коска и еластично ткиво која го обвиткува черепот

3. Сунѓересто коскено ткиво во черепот

4. Мал простор за цереброспиналната течност што се наоѓа помеѓу черепот и мозокот

Секој од овие елементи ги амортизира потресите и му овозможува на клукајдрвецот да чука во дрво и до 22 пати во секунда без никакви повреди на мозокот.

По модел на главата на клукајдрвецот, истражувачите направиле материјал кој може да издржи сила и до 60.000 пати поголема од гравитационата сила. Нивниот изум, меѓу другото, може да помогне за леталата да се направат многу поиздржливи црни кутии, кои моментално можат да издржат сила која е само околу 1.000 пати поголема од гравитационата. Ким Блекбурн, инженер на Универзитетот во Кренфилд (Обединетото Кралство), вели дека откритијата поврзани со главата на клукајдрвецот се „извонреден пример за тоа како природата развила систем од напредни структури за да реши еден навидум невозможен предизвик“.

Што мислиш? Дали главата на клукајдрвецот настанала случајно или е дело на мудар Творец?

[Графикон на страница 19]

(Види во публикацијата)

1

2

3

4

[Извор на слика на страница 19]

Клукајдрвец: © 2011 photolibrary.com

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели