ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/12 стр. 29
  • Златниот плод на Ерменија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Златниот плод на Ерменија
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Зошто да се гради со дрво?
    Разбудете се! 1996
  • „Со јаболко на ден, здрав си к’о дрен“
    Разбудете се! 1996
  • Европскиот суд го признава правото на приговор на совеста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Содржина
    Разбудете се! 2012
Разбудете се! 2012
g 3/12 стр. 29

Златниот плод на Ерменија

● Во Европа и Азија, кајсиите се одгледуваат со илјадници години. Бидејќи древните Римјани за првпат виделе ваков плод во Ерменија, почнале да го викаат ерменско јаболко, како што покажува и неговиот латински назив Prunus armeniaca.

Денес, во Еременија се одгледуваат околу 50 различни видови кајсии. Ги има од средината на јуни до крајот на август. Поради богатата вулканска почва и топлите сончеви зраци, кајсиите во Ерменија се посебно благи, па затоа многумина ги сметаат за едни од највкусните кајсии во светот.

Најзастапените видови кајсии се со големина на мала црна слива, а бојата им варира од златожолта до темнопортокалова. Имаат кадифена лушпа и тврдо ткиво, не се премногу сочни и можат да бидат со најразличен вкус — од благи, па до кисели.

Одгледувачите на кајсии успеаја да добијат „црна“ кајсија, но тоа не е вистинска кајсија. Станува збор за хибридна сорта добиена со вкрстување на кајсија и слива. Има темновиолетова, речиси црна боја, мовлива лушпа и жолто ткиво.

Кајсијата почнува да цвета пред да пушти лисје, а цветовите ѝ се бели, миризливи и самооплодни. Слични се со цветовите на праската, сливата и црешата. Обично најдобро растат на места со студени зими и топли лета, бидејќи за да расцутат и да дадат плод, им треба студен период. Затоа, климата во Ерменија е идеална за нив!

Свежите кајсии добро влијаат врз здравјето. На пример, тие се одличен извор на бета-каротен и витамин С. Многу луѓе обично јадат суви кајсии. Причината за тоа е што свежите се многу осетливи и брзо се расипуваат. Затоа, во некои делови од светот, сувите кајсии се попопуларни. За среќа, и сувите кајсии се доста хранливи, а содржат и растителни влакна и железо. Освен тоа, од нив се прави ракија, мармалад и сок.

Исто така, од дрвото на кајсијата се прават прекрасни резби. Пример за тоа е дудукот, популарен ерменски дувачки инструмент кој понекогаш се нарекува и кајсиена шупелка. Во продавниците и на пазарите во Ереван, главниот град на Ерменија, туристите можат да најдат и прекрасни рачно изработени сувенири од дрво на кајсија.

Не пропуштај прилика да каснеш свежа кајсија и да уживаш во богатиот вкус на овие златни плодови.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели