ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/12 стр. 21-23
  • Кој е за печурки?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој е за печурки?
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како се одгледуваат печурки
  • Вкусни и разнолики
  • Дојдете со нас да береме печурки!
    Разбудете се! 2005
  • Ја дознав библиската вистина во Романија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Мудро користи го интернетот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Разбудете се! 2012
g 3/12 стр. 21-23

Кој е за печурки?

ЗА ФАРАОНИТЕ од древниот Египет печурките биле ценет деликатес. Со текот на времето, тие станале храна исклучиво за кралското семејство. Римјаните ги нарекувале храна за боговите и ги послужувале само во посебни прилики. Древните Грци приредувале гозби со печурки и сметале дека тие им даваат на војниците сила за претстојните битки.

Меѓутоа, денес печурките не се наоѓаат само на трпезата на високата класа. Во нивниот вкус уживаат луѓе од целиот свет. А ти? Можеби сакаш печурки, но знаеш ли што, всушност, јадеш? Дали печурките се животни, растенија или нешто трето? Како се одгледуваат? Дали се хранливи? И, ако ги видиш во природата, што треба да правиш?

За да добиеме одговор на овие прашања, јас и мојата сопруга седнавме во автомобилот и тргнавме од Сиднеј (Австралија) за Митагонг, живописен град во планинските предели во јужниот дел од Нов Јужен Велс. Сакавме да ја разгледаме фармата за печурки на Ноел Аролд.

Како се одгледуваат печурки

Ноел, крупен Австралиец, е микробиолог и стручњак за печурки. Знаења во врска со одгледувањето печурки стекнал во различни земји пред да се врати во Австралија и да почне со производство на печурки за широка потрошувачка. „Печурките се габи и се од иста фамилија како и мувлата“, вели тој. „Порано, биолозите мислеа дека габите се растенија, но сега знаеме дека многу се разликуваат од нив.

На пример, габите не создаваат храна преку фотосинтеза, како што е случај со речиси сите растенија. Можат да растат и на темно. Дршката на печурката лачи јаки ензими кои ги претвораат органските материи во основни хранливи состојки кои ѝ служат како храна. Ваквиот уникатен дигестивен процес ги разликува габите и од животните. Бидејќи габите не се ни растенија ни животни, биолозите сега ги класифицираат во посебна категорија — царство на габите.“

„Во природата, зрелите печурки ослободуваат милиони ситни спори кои се мешаат со спори на други печурки и ’ртат“, вели Ноел понатаму. „Ако... спорите паднат на студена, влажна површина со многу хранливи материи, може да никнат нови печурки. Во индустриското производство на печурки целта е да се повтори овој процес во контролирани услови за да се зголеми квалитетот и квантитетот на приносите.“

Додека разгледувавме, Ноел ни објасни дека различни видови печурки успеваат во различни услови. На пример, благородните печурки, т.е. шампињоните, најпопуларниот вид во светот, најдобро растат на пастеризирано природно ѓубриво. Други видови растат во вреќи со хумус, во тегли со житарки, на дрвени трупци или на брикети од пресувани дрвени струготини. Од илјадниците познати видови печурки, само 60-ина се одгледуваат за комерцијални цели.

Ноел одгледува печурки во стар напуштен железнички тунел во близина на Митагонг. „Во него е ладно, влажно и има совршени услови за одгледување печурки“, вели тој. Таму може да се видат еден куп вреќи, саксии и тегли во кои растат илјадници печурки во секакви форми и големини. Некои потсетуваат на расцветани рози, други личат на лилјани, на букети цвеќе или на чадорчиња. Останавме без здив пред целото тоа шаренило.

Вкусни и разнолики

„Некои луѓе ги привлекува изгледот на печурките, но не знаат како да ги приготват“, вели Ноел. „Но, за тоа не треба многу. Некои ги сечкаат и ги пржат, ги ставаат во супи и салати или ги печат на скара. Јас многу сакам пржена буковка извалкана во лебни трошки. А шитаке печурките имаат богат вкус и имаш впечаток дека јадеш месо. Тие одат многу добро во омлети.“

Јадливите печурки се многу хранливи и се богат извор на растителни влакна, протеини, минерали и витамини. За околу 2.000 видови се знае дека имаат и лековити својства. Според едно медицинско истражување, екстрактите од печурки се користат за повеќе од 100 здравствени проблеми, како што се ракот, хепатитот, СИДА-та, Алцхајмеровата болест и покачен холестерол.

Меѓутоа, може да биде многу опасно сам да береш печурки. На пример, зелената мувоморка (Amanita phalloides) многу личи на јадливите видови, но е смртоносна. Затоа, држи се за ова правило: Никогаш немој да јадеш печурки што сам си ги набрал освен ако некој познавач на габи не ти каже дека се во ред! Се разбира, печурките од продавница може слободно да ги јадеш. Печурките се деликатес со кој порано се насладувале само благородниците!

[Рамка на страница 22]

ДИВИ ПЕЧУРКИ

Дивите печурки растат главно во студени, влажни и мрачни шуми, каде што ги претвораат изумрените дрвја, растенијата и изметот од животните во органско ѓубриво. Некои живеат во симбиоза со дрвјата. Овие печурки се хранат од органските материи во коренот на дрвото, а дрвјата ги користат хранливите материи што ги впиваат печурките.

[Рамка на страница 23]

НЕКОИ ПРЕДЛОЗИ

• Свежите печурки чувај ги во фрижидер, во хартиена или платнена торбичка. Не ставај ги близу до работи со јак мирис затоа што може да го попримат.

• Ако ги јадеш свежи, избриши ги со влажна крпа или набрзина измиј ги и избриши ги со крпа без да ги триеш. Не потопувај ги во вода.

• Ако ги готвиш, едноставно користи нежна четкичка за да ја отстраниш нечистотијата.

• Не лупи ги — лушпата им е вкусна и хранлива!

[Слика на страница 21]

Во оваа просторија со идеална температура се одгледуваат печурки

[Слика на страница 22]

Некои печурки личат на прекрасни цветови

[Слика на страница 23]

Печурки на скара со сос од слануток, спанаќ, лук и власец

[Извор на слика на страница 21]

Со љубезна дозвола на Mushroom Information Center

[Извори на слики на страница 23]

Горе: Со љубезна дозвола на Mushroom Information Center; долу: Со љубезна дозвола на Australian Mushroom Growers Association

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели