ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/12 стр. 10-11
  • Необичните жители на тасманската дивина

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Необичните жители на тасманската дивина
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Загадочниот клунар
    Разбудете се! 1997
  • „Господовите дрва се наситија со храна“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Насилство над дождовните шуми
    Разбудете се! 1998
Разбудете се! 2012
g 4/12 стр. 10-11

Необичните жители на тасманската дивина

ДЕЊЕ дивината е обвиена во тишина и спокој. Но, ноќе низ шумата одекнуваат крикови од кои на човек му смрзнува крвта. Кој ги испушта тие непријатни звуци? Еден крволочен торбар со морничаво име — тасмански ѓавол. Овие издржливи животни може да изгледаат и да звучат необично застрашувачки, посебно кога се насладуваат со некој леш. Сепак, нивните заглушувачки врисоци обично се само блеф.

Овие ѓаволи неверојатно брзо ја чистат шумата од лешеви. Со своите силни вилици и заби можат да му го најдат крајот на речиси секој леш — ништо не оставаат, ни кожа ни коски. Всушност, за половина час тасманскиот ѓавол може да изеде и до 40 отсто од неговата телесна тежина, што би било исто како еден човек да изеде парче месо од 25 килограми на еден оброк!

Многу посимпатичен е кроткиот вомбат, кусо и набиено животинче кое веднаш ти доаѓа да го гушнеш. Како и сите други торбари, женките имаат торба и ги дојат своите младенчиња. Сепак, кај женката вомбат има една разлика — торбата ѝ е на грбот, најверојатно за да остане младенчето чисто додека мајката прави дувло риејќи во земјата. Вомбатот има и заби кои не престануваат да растат, што е многу корисно зашто со забите ја глодаат секоја пречка на која ќе наидат под земја. Иако изгледаат како тромави буцковци, вомбатите се необично вешти и можат прецизно да берат растенија со предните нозе и да ги стават во уста.

Друго необично суштество е паткестиот клунар. Ова суштество со чуден изглед има клун и стапала со мембрана како патка, тело и крзно како видра и опашка како дабар. Ги полага јајцата како кокошка, копа тунели како вомбат и ги дои младенчињата како мечка. Не е ни чудо што првиот научник кој го проучувал овој вид се посомневал дека станува збор за некаква наместена работа!

Зошто ваквите животни нѐ одушевуваат? Несомнено, затоа што нашиот Творец имал таква намера. Библијата открива дека на првите маж и жена им рекол: „Владејте над... сите суштества што се движат по земјата“ (1. Мојсеева 1:28). Кога ќе видиме такви животни во дивината, зарем тоа не буди кај нас желба да ја исполниме оваа задача?

[Рамка/слика на страница 11]

ВО СЕНКАТА НА ЏИНОВИТЕ

Кога станува збор за големината, едни од најимпресивните живи творби се големите дрвја на Тасманија. Највисоко од нив е Eucalyptus regnans, цветно растение кое обично расте и до 75 метри. Највисокиот жив примерок е 99,6 метри и е за само 16 метри понизок од највисокото дрво во светот, една секвоја во Калифорнија (САД).

Друго дрво од дивината, сродно со него, е Dacrydium franklinii. Двојно е пониско од првото, но може да има шест пати подолг животен век. Некои научници проценуваат дека Dacrydium franklinii може да живее и до 3.000 години, поради што е едно од најдолговечните дрвја во светот. Изработувачите на мебел и на бродови го сметаат ова тасманско дрво за врвен материјал. Дрвото е со кремасто-жолта боја, лесно е за обработка и содржи етерични масла кои служат како природен конзерванс и средство против инсекти. Некои гранки што стотици години стоеле на земја во шумата, сѐ уште може да се употребат.

[Слика на страница 10]

Тасмански ѓавол

[Извор на слика]

© J & C Sohns/age fotostock

[Слика на страница 11]

Вомбат

[Слика на страница 11]

Паткест клунар

[Извори на слики на страница 11]

Вомбат и паткест клунар: Tourism Tasmania; џиновско дрво: Tourism Tasmania and George Apostolidis

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели