ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/15 стр. 7
  • Саќето на пчелите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Саќето на пчелите
  • Разбудете се! 2015
  • Сличен материјал
  • Запознајте се со австралиските пчели без осило
    Разбудете се! 2001
  • Содржина
    Разбудете се! 2015
  • Меѓународната вселенска станица — лабораторија во орбита
    Разбудете се! 1999
  • „Земја во која тече мед и млеко“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Разбудете се! 2015
g 1/15 стр. 7
Пчелки носат мед во своето саќе

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Саќето на пчелите

МЕДОНОСНИТЕ пчели (Apis mellifera) го градат своето саќе со восокот што го лачат од жлездите на долниот дел од нивното стомаче. Саќето се смета за инженерско чудо. Зошто?

Размисли: Уште пред многу векови математичарите сметале дека преградите во облик на шестаголници се подобри од рамностраните триаголници или четириаголници — или која и да е друга форма — за да се добие најмногу простор со најмало количество градежен материјал. Но, не можеле точно да објаснат која е причината за тоа. Во 1999 год., професор Томас Хејлс изнел математички доказ во прилог на она што тој го нарекол „математичка претпоставка за саќе-структурата“. Тој докажал дека шестаголниците се најпогодни за да се подели просторот на еднакви делови со најмалку потрошен материјал.

Со тоа што прават шестаголни ќелии, пчелите успеваат да го искористат просторот што го имаат на најекономичен начин, да изработат лесно но цврсто саќе со минимална количина восок, како и да складираат најголемо можно количество мед во даден простор. Воопшто не изненадува тоа што саќето било опишано како „врвно архитектонско дело“.

Денес, научниците ја копираат структурата на саќето за да создадат структури што се издржливи и нудат најдобро искористување на просторот. На пример, авио-конструкторите користат панел плочи изработени по моделот на саќето за да направат поцврсти и полесни авиони кои ќе трошат помалку гориво.

Што мислиш? Дали неверојатната структура на саќето настанала по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели