ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/15 стр. 3-6
  • Како гледаш на парите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како гледаш на парите?
  • Разбудете се! 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПАРИТЕ И ПРЕДРАСУДИТЕ
  • ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА
  • КАКО ТИ ГЛЕДАШ НА ПАРИТЕ?
  • Дали парите се корен на сето зло?
    Одговор на библиски прашања
  • Пари
    Разбудете се! 2014
  • Како да водите сметка за парите
    Твоето семејство може да биде среќно
  • Како треба да гледаме на парите?
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 2015
g 9/15 стр. 3-6
Човек гледа во монети наредени една врз друга

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА

Како гледаш на парите?

МОЖЕБИ ти е позната изреката: „Парите го вртат светот“. Донекаде оваа изрека е вистинита. На крајот на краиштата, ти требаат пари за да купиш храна, облека, дом или за да ги платиш сметките. Еден уредник на економската рубрика во еден весник напишал: „Парите имаат многу важна улога во општеството. Кога тие би престанале да важат како средство за размена, за еден месец во светот би завладеал хаос и би избувнала војна“.

Се разбира дека со пари не можеш да купиш сѐ. Норвешкиот поет Арне Гарборг рекол дека со пари „можеш да купиш храна, но не и апетит; лекови, но не и здравје; удобен кревет, но не и сон; знаење, но не и мудрост; раскош, но не и убавина; забава, но не и радост; познајници, но не и пријатели; слуги, но не и верност“.

Ако еден човек стекне урамнотежено гледиште кон парите, односно ако гледа на нив како на средство со кое ќе ги постигне своите цели, а не како на главна цел, ќе биде посреќен. Библијата нѐ предупредува дека ‚љубовта кон парите е корен на секакви зла и дека, поради неа, некои си нанеле многу маки‘ (1. Тимотеј 6:10).

Забележи дека љубовта кон парите е таа што може да ни нанесе штета, а не самите пари. Ако некој има преголема желба за пари, може да си го наруши односот со пријателите и со членовите на семејството. Да разгледаме некои примери.

Купче пари

Даниел:a „Отсекогаш мислев дека мојот пријател Томас е добар и чесен човек. Никогаш се немавме скарано. Но, кога му ја продадов колата, си го нарушивме односот. Јас немав поим дека со колата нешто не е во ред. Во договорот што го склучивме тој се согласи да ја купи колата без можност да ја врати доколку подоцна се појави проблем. По три месеци колата се расипа. Томас беше гневен бидејќи се почувствува изигран и бараше да му ги вратам парите. Бев запрепастен! Кога се обидов да разговарам со него, почна да се кара и стана агресивен. За првпат видов дека, кога се во прашање пари, Томас е сосема поинаков човек.“

Клара: „Сара ми е единствената сестра. Бидејќи секогаш добро се сложувавме, не ни помислував дека ќе се скараме поради пари. Но, токму тоа се случи. Кога умреа нашите родители, ни оставија наследство и ни кажаа парите да си ги поделиме еднакво. Ама таа ја погази желбата на татко ми и мајка ми и сакаше да земе повеќе. Бидејќи јас сакав да ја почитувам желбата на нашите родители, таа збесна и почна да ми се заканува. Сѐ уште ми е многу лута.“

ПАРИТЕ И ПРЕДРАСУДИТЕ

Оној што има погрешно гледиште кон парите може да има предрасуди. На пример, еден богат човек може да мисли дека оние што се сиромашни се мрзливи и дека затоа не можат да си ја подобрат финансиската состојба. Од друга страна, еден сиромашен човек може да мисли дека оние што се подобро ситуирани се материјалисти или алчни. Лиен, тинејџерка која потекнува од релативно богато семејство, била жртва на предрасуди. Таа вели:

Библиските совети во врска со парите се исто толку корисни денес како и во времето кога биле запишани

„Сите знаеја дека татко ми заработува многу пари. Затоа често ми велеа: ‚Лесно ти е тебе — што и да посакаш, тато е тука‘ или ‚Е па не сме сите богаташи и не можеме сите да возиме убави коли како вас.‘ Ги замолив оние со кои се дружам да престанат да зборуваат така и им објаснив зошто тие зборови ме повредуваат. Јас сакам другите да ме познаваат по тоа што правам добри работи за нив, а не по тоа што имам пари.“

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Библијата не е против парите ниту, пак, ги осудува оние што се богати. Не е важно колку пари има некој, туку каков став има кон материјалните работи. Библијата содржи урамнотежени совети за парите кои се исто толку корисни денес како и во времето кога биле запишани. Да разгледаме некои од нив.

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „Не труди се да стекнеш богатство“ (Изреки 23:4).

Во една книга пишува дека луѓето кои се спремни да жртвуваат сѐ за да стекнат богатство „имаат послабо ментално здравје; кај нив се забележува и послабо физичко здравје, на пример, имаат главоболки, болки во грлото и во грбот и се посклони да се опиваат и да се дрогираат. Очигледно, стремежот за повеќе пари ги прави луѓето несреќни“ (The Narcissism Epidemic).

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „Во вашиот живот нека нема љубов кон парите, туку бидете задоволни со она што го имате“ (Евреите 13:5).

Дури и оној што е задоволен со тоа што го има може одвреме-навреме да биде загрижен поради својата финансиска состојба. Сепак, тој знае што е најважно во животот и затоа не дозволува да биде совладан од грижи. На пример, таквиот човек останува сталожен дури и кога ќе претрпи финансиска загуба. Тој се труди да има сличен став како апостол Павле, кој напишал: „Знам што значи да си во немаштија, а знам и како е да имаш изобилство. Научив како да бидам задоволен во сѐ, во секакви околности — и кога е човек сит и кога е гладен, и кога има изобилство и кога е во немаштија“ (Филипјаните 4:12).

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „Кој се надева на своето богатство, пропаѓа“ (Изреки 11:28).

Истражувачите ги наведуваат финансиските проблеми како главна причина за проблемите во бракот кои водат до развод. Финансиските проблеми се причина и за многу самоубиства. Ова ни покажува дека на некои луѓе парите им се поважни од бракот, па дури и од сопствениот живот! Од друга страна, оние што имаат урамнотежено гледиште за парите не ја полагаат својата доверба во нив. Тие сфаќаат колку се мудри зборовите на Исус, кој рекол: „Дури и кога некој има во изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува“ (Лука 12:15).

КАКО ТИ ГЛЕДАШ НА ПАРИТЕ?

Човек кој има купче пари се гледа во огледало и го преиспитува својот став кон парите

За да видиш дали имаш урамнотежено гледиште за парите, би можел да си ги поставиш следниве прашања:

  • Дали ми се примамливи понудите за брзо збогатување?

  • Дали ми е тешко да бидам дарежлив?

  • Дали најчесто се спријателувам со луѓе кои постојано зборуваат за пари и за она што го поседуваат?

  • Дали се служам со лаги и измама за да дојдам до пари?

  • Дали парите ми создаваат чувство дека сум некој и нешто?

  • Дали постојано размислувам за пари?

  • Дали мојот став кон парите влијае негативно врз моето здравје и врз моето семејство?

    Биди дарежлив

Ако одговориш потврдно на кое и да било од овие прашања, дај сѐ од себе да ги отфрлиш материјалистичките желби и не дозволувај нешто да те втурне во замката на материјализмот. Немој да се дружиш со лица на кои целиот живот им се врти околу парите. Наместо тоа, дружи се со луѓе за кои моралните принципи се поважни од материјалните работи.

Никогаш немој да допуштиш љубовта кон парите да фати корен во твоето срце. Не дозволувај парите да ти станат поважни од твоите пријатели, твоето семејство и твоето физичко и емоционално здравје. На тој начин ќе покажеш дека имаш урамнотежено гледиште за парите.

a Имињата во оваа статија се сменети.

Две жени налутено гледаат една во друга

СЕМЕЈСТВОТО Е ПОВАЖНО ОД ПАРИТЕ

„Пред некое време, татко ми донесе одлука во врска со својот тестамент. Тој значително го намали мојот дел од наследството, додека го зголеми наследството на брат ми и на сестра ми. Сепак, откако разговарав со него, разбрав од која причина донел таква одлука и се согласив со тоа. Решен сум никогаш да не дозволам нешто безначајно како парите да создаде раздор во моето семејство“ (Хосуе, 55).

ПАРИТЕ И ПРИСТРАСНОСТА

„Сиромавиот го мразат и неговите блиски, а богаташот има многу пријатели“ (Изреки 14:20).

Според овој библиски стих, нашиот став кон парите може да влијае врз начинот на кој се однесуваме со луѓето. На пример, можеби ги потценуваме сиромашните или оние што не можат да направат ништо за нас. Од друга страна, можеби им се умилкуваме на богатите за да се спријателиме со нив или за да добиеме некаков подарок.

Библијата не ги одобрува оние што ги презираат сиромашните или „им ласкаат на истакнати поединци заради сопствена корист“ (Јуда 16; Исаија 10:1, 2). Труди се да ги сакаш сите луѓе и да се однесуваш еднакво со секого.

МУДРОСТ ОД БИБЛИЈАТА

Библијата признава:

  • „Парите се заштита“ (ПРОПОВЕДНИК 7:12).

Сепак, таа нѐ предупредува:

  • „Оној што брза да се збогати, не останува невин“ (ИЗРЕКИ 28:20).

  • „Оние што решиле да се збогатат, паѓаат во искушение и во замка и во многу неразумни и штетни желби“ (1. ТИМОТЕЈ 6:9).

Затоа, Библијата нѐ советува:

  • „Во вашиот живот нека нема љубов кон парите“ (ЕВРЕИТЕ 13:5).

  • „Чувајте се од секаква лакомост, бидејќи, дури и кога некој има во изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува“ (ЛУКА 12:15).

  • „Не заборавајте да правите добро и да делите со другите“ (ЕВРЕИТЕ 13:16).

Како можат да ни користат овие совети?

  • „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (ДЕЛА 20:35).

  • „Душата која великодушно дава, и самата ќе биде добро нахранета, и кој обилно ги напојува другите, и самиот ќе биде обилно напоен“ (ИЗРЕКИ 11:25).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели