КАКО ДА СЕ СПРАВИШ СО СТРЕСОТ
Кои се некои причини за стрес?
Во еден извештај од познатата клиника Мајо го пишува следново: „Повеќето возрасни велат дека имаат сѐ поголем стрес. Животот во денешниот свет е полн со промени и неизвесности“. Да разгледаме само некои од промените и грижите во животот кои предизвикуваат стрес:
развод
смрт на некој близок
сериозна болест
тешки несреќи
криминал
брзо темпо на живот
катастрофи — природни или предизвикани од човек
притисок на училиште или на работното место
грижи околу вработувањето и финансиите