ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • dg дел 10 стр. 23-28
  • Прекрасниот нов свет создаден од Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прекрасниот нов свет создаден од Бог
  • Дали Бог се грижи за нас?
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Праведноста ќе го замени злото
  • Повторно совршено здравје
  • Мртвите ќе се вратат
  • Вистински мирољубив свет
  • Земјата претворена во Рај
  • Сѐ ќе биде поправено
  • Живеј засекогаш на рајска земја
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Земен Рај кој наскоро ќе дојде
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • После Армагедон — рајска Земја
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Живот во мирољубив нов свет
    Живот во мирољубив нов свет
Повеќе
Дали Бог се грижи за нас?
dg дел 10 стр. 23-28

Десетти дел

Прекрасниот нов свет создаден од Бог

1, 2. Што ќе се случи по војната Армагедон, која ќе ја исчисти Земјата?

ШТО ќе се случи по Божјата војна Армагедон, која ќе ја исчисти Земјата? Тогаш ќе започне една величествена нова ера. Преживеаните од Армагедон, кои веќе ја докажале својата лојалност кон Божјата влада, ќе останат за во новиот свет. Ќе биде навистина возбудлив тој нов период од историјата кога од Бог ќе потече изобилие од прекрасни благослови за човечкото семејство!

2 Под водство на Божјето Царство, преживеаните ќе почнат да прават рај. Своите сили ќе ги насочуваат кон несебични цели, кои ќе бидат за благослов на сите оние што тогаш ќе живеат. Земјата ќе почне да се претвора во прекрасно, мирољубиво и пријатно живеалиште за човештвото.

Праведноста ќе го замени злото

3. Какво ослободување ќе се почувствува непосредно по Армагедон?

3 Сето тоа ќе биде можно откако Сатановиот свет ќе биде уништен. Повеќе нема да постојат разединувачки лажни религии, општествени системи или влади. Повеќе нема да постои сатанската пропаганда која ги заведува луѓето; сите установи кои ја унапредуваат таа пропаганда ќе пропаднат заедно со Сатановиот поредок. Замисли само: целата затруена атмосфера на Сатановиот свет ќе биде исчистена! Какво олеснување ќе биде тоа!

4. До каква промена ќе дојде во поглед на поуката?

4 Тогаш расипувачките идеи на човечкото владеење ќе бидат заменети со изградувачки учења кои доаѓаат од Бог. „Сите твои синови ќе бидат поучени од Јехова“ (Исаија 54:13). По многу години вакво исправно поучување, „земјата ќе биде полна со знаење за Јехова, како што морето е полно со вода“ (Исаија 11:9). Луѓето повеќе нема да се учат на лошо, туку „оние што живеат на земјата ќе се учат на праведност“ (Исаија 26:9). Позитивните мисли и постапки ќе бидат секојдневие (Дела 17:31; Филипјаните 4:8).

5. Што ќе се случи со сета злоба и со сите злобни луѓе?

5 Затоа, повеќе нема да има убиства, насилство, силувања, грабежи или друг вид злосторства. Никој повеќе нема да страда поради злите дела на другите. Изреки 10:30 вели: „Праведникот нема никогаш да се сопне, а злите нема да останат на земјата“.

Повторно совршено здравје

6, 7. а) На која сурова реалност ќе ѝ дојде крајот кога ќе владее Царството? б) Како Исус го покажал тоа кога бил на Земјата?

6 Во новиот свет ќе бидат отстранети сите лоши последици од првобитната побуна. На пример, владата на Царството ќе ги отстрани болестите и староста. Денес, дури и човек да има релативно добро здравје, сурова реалност е дека старее, очите му се замаглуваат, забите му се расипуваат и му отпаѓаат, слухот ослабува, брчките на кожата стануваат сѐ подлабоки, внатрешните органи откажуваат, и на крајот умира.

7 Меѓутоа, овие жалосни последици што сме ги наследиле од нашите прародители, набргу ќе припаѓаат на минатото. Се сеќаваш ли на она што го покажал Исус во врска со здравјето додека бил на Земјата? Библијата известува: „Му пристапи многу народ, доведувајќи со себе куци, сакати, слепи, неми и многу други, па ги положија пред неговите нозе, а тој ги излекува. Кога виде дека немите зборуваат, куците одат и слепите гледаат, народот се восхитуваше“ (Матеј 15:30, 31).

8, 9. Опиши ја среќата што ќе владее во новиот свет кога ќе биде обновено совршеното здравје.

8 Огромна среќа ќе владее во новиот свет кога сите наши болести ќе бидат отстранети! Болките поради лошото здравје никогаш повеќе нема да нѐ измачуваат. „Никој од жителите нема да рече: ‚Болен сум‘.“ „Тогаш ќе им се отворат очите на слепите и ќе им се отнат ушите на глувите. Тогаш сакатиот ќе скока како елен, а јазикот на немиот радосно ќе извикува“ (Исаија 33:24; 35:5, 6).

9 Зарем нема да бидеш одушевен кога секое утро ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека пукаш од здравје? Зарем нема да биде радосно за старите што ќе знаат дека ќе им се врати младешката сила и дека ќе бидат совршени како што биле Адам и Ева на почетокот? Библијата ветува: „Неговото тело нека стане посвежо отколку во младоста, нека се врати во деновите на својата младешка сила“ (Јов 33:25). Какво задоволство ќе биде да се фрлат тие очила, апарати за слушање, патерици, инвалидски колички и лекарства! Никогаш повеќе нема да бидат потребни болници, лекари и заболекари!

10. Што ќе се случи со смртта?

10 Луѓето кои ќе имаат толку добро здравје нема да сакаат да умрат. И не ќе мораат, бидејќи човештвото повеќе нема да биде во канџите на наследената несовршеност и смртта. Христос „треба да владее сѐ додека Бог не ги положи сите непријатели под неговите нозе. А како последен непријател ќе биде уништена смртта“. „Дарот што го дава Бог е вечен живот“ (1. Коринќаните 15:25, 26; Римјаните 6:23; види и Исаија 25:8).

11. Како Откровение накратко ги опишува благословите на новиот свет?

11 Сумирајќи ги благословите кои грижливиот Бог ќе ги излее врз човечкото семејство во Рајот, во последната книга на Библијата стои: „И [Бог] ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (Откровение 21:3, 4).

Мртвите ќе се вратат

12. Како Исус ја покажал силата што му ја дал Бог да воскреснува?

12 Не само што Исус оздравувал болни и лекувал сакати туку сторил и многу повеќе. Тој подигал луѓе од гробот. На тој начин ја покажал прекрасната моќ што ја добил од Бог да воскреснува мртви. Се сеќаваш ли на случката кога Исус дошол во куќата на еден човек на кој му умрела ќерката? Исус му рекол на мртвото девојче: „Девојче, тебе ти велам, стани!“ И што се случило? „Девојчето веднаш стана и почна да оди.“ Гледајќи го тоа, луѓето кои биле таму ‚биле избезумени од радост‘. Не можеле да си дојдат при себе од среќа! (Марко 5:41, 42; види и Лука 7:11-16; Јован 11:1-45).

13. Какви луѓе ќе бидат воскреснати?

13 Во новиот свет „Бог ќе ги воскресне и праведните и неправедните“ (Дела 24:15). Во тоа време Исус ќе ја употреби моќта што му ја дал Бог за да ги подигне мртвите, бидејќи како што рекол: „Јас сум воскресението и животот. Кој верува во мене, и да умре, ќе оживее“ (Јован 11:25). Исто така рекол: „Сите оние што се во гробовите [во Божјето сеќавање] ќе го чујат [Исусовиот] глас и ќе излезат“ (Јован 5:28, 29).

14. Што нема да постои повеќе бидејќи ќе нема смрт?

14 По целата земја ќе владее голема радост кога мртвите луѓе, група по група, ќе се враќаат во живот за да им се придружат на своите сакани! Повеќе нема да постојат некролози за да им носат жалост на живите. Напротив, ќе се случи токму спротивното: ќе има известувања за нови воскреснати кои ќе им донесат радост на своите сакани. Така, повеќе нема да има погреби, погребни церемонии, крематориуми или гробишта!

Вистински мирољубив свет

15. Како ќе се оствари пророштвото на Михеј во потполна смисла?

15 На сите подрачја од животот ќе владее вистински мир. Војните, воената пропаганда и воената индустрија ќе припаѓаат на минатото. Зошто? Затоа што разединувачките национални, племенски и расистички интереси ќе исчезнат. Тогаш, во потполната смисла на зборот, „народ против народ повеќе нема да крева меч и повеќе нема да се учат да војуваат“ (Михеј 4:3).

16. Како Бог ќе се погрижи повеќе да нема војни?

16 Тоа може да изгледа неверојатно со оглед на човековата крвава историја на постојано војување. Но тоа се случувало затоа што со човештвото владееле луѓе и демони. Во новиот свет, кој ќе биде под власта на Царството, ќе се случи следново: „Дојдете, гледајте ги делата на Јехова... Ги прекинува војните до крајот на земјата. Го крши лакот, го здробува копјето, со оган ја пали колата [бојна]“ (Псалм 46:8, 9).

17, 18. Каков однос ќе постои меѓу човекот и животните во новиот свет?

17 Исто така, човекот и ѕверот ќе бидат во мир како што биле во Еден (1. Мојсеева 1:28; 2:19). Бог изјавува: „Заради својот народ, во тој ден ќе склучам сојуз со полските животни, со небесните птици и со суштествата што лазат по земјата, и... ќе им дадам да почиваат без страв“ (Осија 2:18).

18 Колку сеопфатен ќе биде тој мир? „Волкот ќе живее со јагнето, леопардот ќе лежи со јарето, телето и младиот лав и згоеното животно ќе бидат заедно, а мало дете ќе ги води“. Животните повеќе нема да претставуваат опасност за човекот или едно за друго. Дури и „лавот ќе јаде слама како бик“! (Исаија 11:6-9; 65:25).

Земјата претворена во Рај

19. Во што ќе биде претворена Земјата?

19 Целата Земја ќе биде претворена во рајски дом за човештвото. Затоа Исус можел да му вети на човекот што верувал во него: „Ќе бидеш со мене во Рајот“. Библијата вели: „Ќе се радуваат пустината и безводниот крај, ќе се весели пустелијата и ќе процвета како шафран... Зашто, во пустината ќе бликнат води и во исушената земја — потоци“ (Лука 23:43; Исаија 35:1, 6).

20. Зошто луѓето никогаш повеќе нема да страдаат од глад?

20 Под Божјето Царство, никогаш повеќе не ќе мораат да гладуваат милиони луѓе. „На земјата житото богато ќе роди, по планинските врвови ќе го има во изобилство.“ „Полските дрвја ќе ги донесуваат своите плодови и земјата ќе го дава својот род, а тие ќе живеат без страв во својата земја“ (Псалм 72:16; Езекиел 34:27).

21. Што ќе се случи со бездомниците, со сиромашните и со озлогласените населби?

21 Повеќе нема да има сиромаштија, бездомници, сиромашни населби или населби озлогласени по криминал. „Тие ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го јадат нивниот род. Нема тие да градат, а некој друг да живее во нив, нема тие да садат, а некој друг да го јаде нивниот род.“ „Секој ќе седи под својата лоза и под својата смоква и никој нема да го плаши“ (Исаија 65:21, 22; Михеј 4:4).

22. Како Библијата ги опишува благословите на Божјата влада?

22 Во Рајот, луѓето ќе бидат благословени со сето ова, па дури и со повеќе. Псалм 145:16 гласи: „Ти [Боже] ја отвораш својата рака и ја задоволуваш желбата на сѐ што е живо“. Не е чудо што Библијата прорекува: „Кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир... Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:11, 29).

Сѐ ќе биде поправено

23. Како Божјето Царство ќе ни надомести за сѐ што сме претрпеле во минатото?

23 Владата на Божјето Царство ќе ја поправи сета штета што му е нанесена на човечкото семејство во изминатите шест илјади години. Радоста што тогаш ќе се доживее, далеку ќе ги надмине сите страдања што луѓето ги претрпеле во минатото. Животот нема да биде вознемируван со какви и да било лоши спомени на претходното страдање. Позитивните мисли и корисните активности, со кои ќе биде исполнет секојдневниот живот на луѓето, постепено ќе ги избришат болните сеќавања.

24, 25. а) Што прорекол Исаија дека ќе се случи? б) Зошто можеме да бидеме сигурни дека сеќавањето за минатите страдања ќе исчезне?

24 Грижливиот Бог изјавува: „Јас создавам нови небеса [нова небесна влада над човештвото] и нова земја [праведно човечко општество]. Она што беше порано нема да доаѓа во сеќавање, ниту ќе се јавува во срцето. Туку, радувајте се и веселете се довека поради она што го создавам!“ „Целата земја си отпочина, се смири. Луѓето се развеселија и воскликнуваат радосно“ (Исаија 14:7; 65:17, 18).

25 На тој начин, преку неговото Царство, Бог целосно ќе ја смени лошата состојба која толку долго траела. За сета вечност ќе докаже дека навистина се грижи за нас така што ќе нѐ опсипе со благослови кои ќе ја избришат секоја болка што сме ја претрпеле во минатото. Претходните неволји што сме ги доживеале, тогаш ќе исчезнат од нашето сеќавање, и прашање е дали воопшто ќе ни дојдат на ум.

26. Зошто Бог ќе ни надомести за сето страдање од минатото?

26 Така, Бог ќе ни надомести за сето страдање што можеби сме го поднеле во овој свет. Тој знае дека не е наша вина што сме се родиле несовршени, бидејќи несовршеноста сме ја наследиле од нашите прародители. Не е наша вина што сме се родиле во сатански свет, зашто, да останеле Адам и Ева верни, ќе сме се роделе во рај. Затоа, поттикнат од големо сочувство, Бог ќе стори повеќе отколку само да ни надомести за лошото што сме го доживеале во минатото.

27. Кои пророштва на прекрасен начин ќе се исполнат во новиот свет?

27 Во новиот свет, човештвото ќе се радува на слободата што е проречена во Римјаните 8:21, 22: „Самото создание ќе биде ослободено од робувањето на распадливоста и... ќе ја добие славната слобода на Божјите деца. Зашто, знаеме дека целото создание заедно воздивнува и дека е во болка сѐ досега“. Тогаш луѓето ќе го доживеат потполното исполнување на молитвата: „Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:10). Прекрасните услови на Рајската Земја ќе бидат одраз на она што е на небото.

[Слики на страница 23]

Во новиот свет, на старите ќе им се врати младешката сила

[Слика на страница 24]

Во новиот свет, сите болести и недостатоци ќе бидат отстранети

[Слика на страница 25]

Во новиот свет, мртвите ќе воскреснат и повторно ќе живеат

[Слика на страница 26]

„Повеќе нема да се учат да војуваат“

[Слики на страница 27]

Луѓето и животните во Рајот ќе бидат во потполн мир

[Слика на страница 27]

‚Бог ќе ја отвори својата рака и ќе ја задоволи желбата на сѐ што е живо‘

[Слика на страница 28]

Божјето Царство ќе ни надомести за сето страдање што сме го претрпеле

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели