ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/2 стр. 5
  • Дали Бог е личност?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Бог е личност?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Сличен материјал
  • Дали Бог е насекаде?
    Разбудете се! 2005
  • Кој е Бог?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Кој е Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Дали светиот дух е личност?
    Разбудете се! 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/2 стр. 5

Дали Бог е личност?

Вообичаени одговори:

◼ „Бог е насекаде, во сѐ. Тој е како ветрот.“

◼ „Не знам, има некоја сила.“

Што рекол Исус?

◼ „Во куќата на мојот Татко има многу живеалишта“ (Јован 14:2). Исус овде зборувал за Божјиот симболичен дом, односно живеалиште.

◼ „Излегов откај Таткото и дојдов во светот. Сега го напуштам светот и заминувам кај Таткото“ (Јован 16:28). Исус верувал дека Бог е вистинска Личност што живее на конкретно место.

ИСУС никогаш не го претставил Бог само како некоја сила. Напротив, тој зборувал со него и му се молел. Честопати го нарекувал Јехова свој небесен Татко, зборови што откриваат колку бил близок со Бог (Јован 8:19, 38, 54).

Точно е дека „ниту еден човек никогаш не го видел Бог“ и дека „Бог е Дух“ (Јован 1:18; 4:24). Но, тоа не значи дека тој нема никакво тело или облик. Библијата ни кажува: „Ако постои телесно тело, постои и духовно“ (1. Коринќаните 15:44). Според тоа, дали Јехова има духовно тело?

Да. Кога Исус воскреснал, тој ‚влегол во самото небо, за да се појави пред Божјето лице за нас‘ (Евреите 9:24). Од ова учиме две важни работи за Бог. Прво, тој има место каде што престојува. Второ, тој е Личност, а не само некоја сила што е присутна насекаде.

Тогаш, како може Бог да дејствува насекаде? Тој може да го испрати својот свет дух, односно силата со која се служи, на секое место во вселената. Како што еден татко подава рака за да ги утеши и да им помогне на своите деца, така Бог го користи својот свет дух за да ја исполни својата намера (Псалм 104:30; 139:7).

Бидејќи е Личност, Бог има свои особини, има чувства и постојат работи што му се допаѓаат и што не му се допаѓаат. Библијата ни кажува дека Бог ги сака луѓето и им се радува на своите дела, но мрази идолопоклонство и се чувствува повреден кога ќе види како се прават злобни работи (1. Мојсеева 6:6; 5. Мојсеева 16:22; 1. Царевите 10:9; Псалм 104:31). Во 1. Тимотеј 1:11 тој е наречен „среќниот Бог“. Не е ништо чудно што Исус рекол дека можеме да научиме да го сакаме овој Бог со сето свое срце! (Марко 12:30).a

[Фуснота]

a Повеќе за оваа тема можеш да прочиташ во 1. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

[Истакната мисла на страница 5]

Како што таткото подава рака за да му помогне на своето дете, така Бог го користи светиот дух за да ја исполни својата намера

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели