ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/9 стр. 5-9
  • Ќе им дојде крај на злобните дела!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ќе им дојде крај на злобните дела!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Луѓето се менуваат — веќе денес
  • Најпосле — правда за сите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Животот што тој го овозможува
    Разбудете се! 2006
  • Деновите на сатанизмот се одброени
    Разбудете се! 1995
  • Живеј засекогаш на рајска земја
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/9 стр. 5-9

Ќе им дојде крај на злобните дела!

БОГ ни ја дал својата вдахновена Реч, која објаснува зошто луѓето прават лоши работи. Исто така, ни дал слободна волја, како и способност да покажуваме самосовладување, па затоа можеме свесно да избереме да не направиме нешто лошо (5. Мојсеева 30:15, 16, 19). Сето тоа ни помага да ги препознаеме лошите склоности што можеби ги имаме и да се промениме. А со тоа што нема да правиме лоши работи, ќе бидеме среќни и ние и другите (Псалм 1:1).

Сепак, независно од тоа колкав труд вложува секој од нас за да ѝ се спротивстави на склоноста да прави лошо, луѓето и понатаму се измачувани од злобните дела што се прават во светот. Библијата предупредува: „Ова знај го: во последните денови ќе настанат особено тешки времиња“. За да покаже зошто времињата се „особено тешки“, таа понатаму вели: „Луѓето ќе бидат себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите, неблагодарни, нелојални, бесчувствителни кон другите, неспремни за каков и да било договор, клеветници, без самосовладување, сурови, без љубов кон добротата, предавници, своеглави, горди, повеќе ќе ги сакаат уживањата отколку Бог, и на изглед ќе бидат богобојазливи, но нема да живеат богобојазливо. Од таквите бегај“ (2. Тимотеј 3:1-5).

Можеби го забележа изразот „последните денови“ кој се спомнува во ова пророштво. Како ги разбираш овие зборови? Кога ќе се рече ‚последни денови‘, обично се сфаќа дека нешто е при крај. На што ќе му дојде крајот? Забележи кои ветувања ги дава Бог во својата Реч.

Злобните ќе бидат отстранети

„Уште малку, и злиот ќе го снема. Ќе го побараш на местото негово, а него ќе го нема. А кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир“ (ПСАЛМ 37:10, 11).

„Јехова ги чува сите што го сакаат, а сите зли ќе ги истреби“ (ПСАЛМ 145:20).

Нема да има угнетување

„Тој ќе го избави сиромавиот кој вика за помош, страдалникот и секој што нема помошник. Од угнетување и од насилство ќе ја откупи нивната душа“ (ПСАЛМ 72:12, 14).

„И самото создание ќе биде ослободено од робувањето на распадливоста и... ќе ја добие славната слобода на Божјите деца“ (РИМЈАНИТЕ 8:21).

Материјалните потреби на луѓето ќе бидат задоволени

„Секој ќе седи под својата лоза и под својата смоква и никој нема да го плаши“ (МИХЕЈ 4:4).

„Тие ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го јадат нивниот род. Нема тие да градат, а некој друг да живее во нив, нема тие да садат, а некој друг да го јаде нивниот род. Зашто, деновите на мојот народ ќе бидат како деновите на дрвото, и моите избраници ќе уживаат во плодовите на своите раце“ (ИСАИЈА 65:21, 22).

Ќе владее правда

„Та нема ли Бог да се погрижи да добијат правда неговите избрани, кои викаат кон него ден и ноќ..? Ви велам, ќе се погрижи брзо да добијат правда“ (ЛУКА 18:7, 8).

„Јехова ја сака правдата и нема да ги остави оние што му се лојални. Тие ќе бидат заштитени за навек“ (ПСАЛМ 37:28).

Наместо себичност, ќе има праведност

„Оние што живеат на земјата ќе се учат на праведност“ (ИСАИЈА 26:9).

„Според неговото ветување очекуваме нови небеса и нова земја во кои ќе живее праведноста“ (2. ПЕТРОВО 3:13).

Луѓето се менуваат — веќе денес

Сигурно сите се радуваме на ваквите ветувања. Но, зошто можеме да бидеме уверени дека ќе се исполнат? Всушност, веќе денес имаме доказ дека Божјите ветувања сигурно ќе се исполнат. Кој е тој доказ? Се работи за фактот дека милиони луѓе во целиот свет кои порано биле себични, неморални или насилни, се избориле со тие свои особини и научиле да бидат чесни, мирољубиви и добри. Денес во светот има преку седум милиони Јеховини сведоци кои сочинуваат едно меѓународно братство што ги надминува сите расни, етнички, националистички, политички и економски бариери — кои предизвикале неопислива омраза, насилства и крвопролевања низ историјата.a Тоа што во денешно време се случуваат вакви промени ни дава цврста основа да веруваме дека во иднина Божјите ветувања ќе се исполнат во уште поголеми размери.

Но, на што ќе се должат тие промени? Одговорот лежи во едно друго ветување од Библијата. Пророкот Исаија напишал:

„Волкот ќе живее со јагнето, леопардот ќе лежи со јарето, телето и младиот лав и згоеното животно ќе бидат заедно, а мало дете ќе ги води... Лавот ќе јаде слама како бик. Доенчето ќе си игра над дупката на кобра, детето одбиено од гради ќе ја става раката на дупка од змија отровница. Повеќе нема да се прави зло и нема да се пустоши на целата моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со знаење за Јехова, како што морето е полно со вода“ (Исаија 11:6-9).

Дали ова пророштво само покажува дека животните ќе живеат во мир со луѓето? Не, туку се работи за нешто многу повеќе. Забележи дека последниот дел од пророштвото ја открива причината за таквата промена: „Земјата ќе биде полна со знаење за Јехова“. Дали знаењето за Бог ќе ги промени животните? Не. Меѓутоа, може да ги промени луѓето — и веќе го прави тоа! Пророштвото претскажува дека луѓето кои биле како крволочни животни ќе ги искоренат таквите карактерни црти и ќе стекнат христијански особини благодарение на она што го учат и применуваат од Библијата.

Да го наведеме како пример она што се случило со Педро.b Тој ѝ се приклучил на една терористичка организација уверен дека се бори за правда. Откако ја поминал обуката, добил наредба да крене во воздух некоја полициска станица. Додека се подготвувал за тоа, бил уапсен. Педро поминал 18 месеци во затвор, каде што продолжил со своите противдржавни активности. Во меѓувреме, жена му почнала да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Кога излегол од затвор, и Педро почнал да ја проучува Библијата, а она што го научил за Јехова Бог го мотивирало да направи големи промени во своите ставови и во својот поглед на животот. „Му благодарам на Јехова што никогаш не убив човек додека бев терорист“, вели Педро. „Сега, како оружје ја користам Библијата, која е напишана под водство на светиот дух, за да им пренесам на луѓето порака на вистински мир и правда. Таа порака е добрата вест за Божјето Царство.“ Педро отишол дури и во полициската станица што планирал да ја разнесе и им ја пренел на вработените пораката дека еден ден ќе завладее мир и ќе живееме во свет без насилство.

Силното влијание што може да го изврши Божјата Реч врз луѓето е уште поголема причина да имаме вера во Божјето ветување дека ќе му дојде крај на злото. Луѓето нема засекогаш да прават лоши работи, туку ќе се сменат. Наскоро Јехова ќе го отстрани оној што ги подбуцнал луѓето на злобни дела. Тоа е Сатана Ѓаволот, кој невидливо, од заднина, управува со работите во светот. Во Библијата пишува: „Целиот свет е под власта на Злобниот“ (1. Јованово 5:19). Но, наскоро тој ќе биде отстранет. Ќе ги нема и луѓето што тврдоглаво одбиваат да се променат. Ќе биде навистина прекрасно да се живее во тоа време!

Што мора да правиме за да дочекаме таква иднина? Сети се дека луѓето денес се менуваат како резултат на ‚знаењето за Јехова‘ и дека во блиска иднина тоа знаење ќе доведе до промени кои ќе го зафатат целиот свет. Ако добро ја запознаеш Библијата и го применуваш она што си го научил — како што направил Педро — и ти можеш да се надеваш на еден свет во кој „ќе живее праведноста“ (2. Петрово 3:13). Затоа, те поттикнуваме да ја искористиш можноста што ја имаш да ги запознаеш Бог и Исус Христос, бидејќи тоа може да значи вечен живот за тебе (Јован 17:3).

[Фусноти]

a Нешто повеќе на оваа тема можеш да прочиташ во брошурата Јеховините сведоци — кои се тие? Што веруваат?, издадена од Јеховините сведоци.

b Името е сменето.

[Истакната мисла на страница 9]

И ти можеш да се надеваш на еден свет во кој „ќе живее праведноста“ (2. ПЕТРОВО 3:13)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели