ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w14 15/6 стр. 7
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Сличен материјал
  • Кремирање — треба ли да биде спорна тема?
    Разбудете се! 2009
  • Назад во прав — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Надежта во воскресение има сила
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • „Како ќе воскреснат мртвите?“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
w14 15/6 стр. 7
Жителите на новиот свет ги пречекуваат воскреснатите

ПРАШАЊА ОД ЧИТАТЕЛИТЕ

Дали кремирањето е дозволено за христијаните?

Во Библијата никаде не пишува дека кремирањето е забрането.

Одредени библиски извештаи ни покажуваат дека, во минатото, телата или коските на некои што починале биле спалувани (Ис. Нав. 7:25; 2. Лет. 34:4, 5). На прв поглед можеби изгледа дека биле кремирани само луѓе кои не заслужувале да имаат пристоен погреб. Но, тоа не било секогаш така.

Од каде го знаеме ова? Од библискиот извештај за цар Саул и неговите тројца синови. Сите тие умреле во битка со Филистејците. Еден од неговите синови бил Јонатан, кој му бил добар и верен пријател на Давид. Кога храбрите Израелци што живееле во Јавис-Галад дознале што се случило, ги зеле нивните тела и ги изгореле во оган, а потоа им ги закопале коските. Подоцна, Давид ги пофалил за нивното добро дело (1. Сам. 31:2, 8-13; 2. Сам. 2:4-6).

Библијата ни кажува дека мртвите ќе воскреснат, односно дека Бог ќе ја врати во живот секоја личност. Без разлика дали мртвиот е кремиран или не, ништо не може да го спречи Јехова да го воскресне со ново тело. Тројцата верни Евреи кои по наредба на цар Навуходоносор биле фрлени во вжарена печка не се плашеле дека, ако умрат на таков начин, Бог нема да може да ги воскресне (Дан. 3:16-18). Ова важи и за верните слуги на Јехова кои биле погубени во нацистичките концентрациони логори и потоа биле кремирани. Многу верни слуги на Бог го изгубиле животот во експлозии или на некој друг начин, при што немало никакви посмртни останки. Сепак, можеме да бидеме сигурни дека ќе воскреснат (Отк. 20:13).

Јехова не мора да им го состави поранешното тело за да ги воскресне. Ова се гледа и од начинот на кој Бог ги воскреснува помазаните христијани на небото. Исто како што Исус бил „оживеан во духот“, помазаните христијани воскреснуваат како исти личности, но со духовно тело. Тие на небото не поседуваат ниту еден дел од нивното поранешно тело (1. Пет. 3:18; 1. Кор. 15:42-53; 1. Јов. 3:2).

Нашата надеж во воскресение не зависи од тоа што ќе се случи со нашето физичко тело, туку од нашата вера дека Бог може и сака да ги исполни своите ветувања (Дела 24:15). Иако не можеме потполно да сфатиме како Бог преку чудо воскреснал некои луѓе во минатото и како ќе го направи тоа во иднина, имаме целосна доверба во него. Тој ни дал гаранција со тоа што го воскреснал Исус (Дела 17:31; Лука 24:2, 3).

Кога размислуваат за ова прашање, христијаните треба да ги земат предвид општествените норми, ставот на другите луѓе и законите на државата (2. Кор. 6:3, 4). На крајот, поединецот или семејството одлучува дали починатиот ќе биде кремиран или не.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели