ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp17 Бр. 1 стр. 5-6
  • Како читањето да ти биде поинтересно?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како читањето да ти биде поинтересно?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Сличен материјал
  • Кој ја поделил Библијата на поглавја и стихови?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Да се извлече корист од секојдневното читање на Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Предлог за овој месец
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Како да извлечеш најголема корист од читањето на Библијата
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
wp17 Бр. 1 стр. 5-6
Додека чита, една жена користи помагала за проучување на Библијата

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БИБЛИЈАТА МОЖЕ ДА ТИ БИДЕ ИНТЕРЕСНА!

Како читањето да ти биде поинтересно?

Досадно? Или интересно? Како ќе го доживееш читањето на Библијата? Тоа во голема мера зависи од начинот на кој ќе ја читаш. Што да направиш за да имаш поголема желба да читаш и тоа да ти биде поинтересно?

Избери точен превод на современ јазик. Ако читаш текст со тешки или застарени изрази, веројатно нема да уживаш во читањето. Затоа, побарај Библија што користи јазик кој е лесен за разбирање и допира до чувствата. Исто така, текстот треба да биде внимателно и точно преведен.a

Користи ја современата технологија. Денес Библијата е достапна и во печатено и во електронско издание. Некои Библии може да се читаат онлајн или да се преземат за да се читаат на компјутер, таблет или на телефон. Некои изданија вклучуваат и дополнителни можности, на пример, на лесен начин да се погледнат други библиски стихови на истата тема, па дури и да се споредат неколку различни преводи на Библијата. Ако повеќе сакаш да слушаш отколку да читаш, на некои јазици Библијата е достапна и во аудиоформат. Многумина ја слушаат Библијата додека користат јавен превоз, вршат некои домашни работи или прават нешто друго што не им пречи во слушањето. Зошто не пробаш некој од овие предлози?

Користи помагала за проучување на Библијата. Со овие помагала можеш да научиш многу повеќе од Библијата. На пример, во географските карти на библиските земји ќе ги најдеш местата за кои читаш и полесно ќе си ги претставиш настаните. Некои статии, како што се оние што излегуваат во ова списание или во делот „Библиски учења“ на jw.org/mk, можат да ти помогнат подлабоко да го истражиш значењето на многу делови од Библијата.

Читај на различни начини. Ако ти се чини претешко да ја прочиташ Библијата од почеток до крај, зошто не започнеш со некој дел што ти изгледа поинтересен? Ако сакаш да дознаеш повеќе за некоја позната личност од Библијата, прочитај ги извештаите само за таа личност. Една идеја за тоа има во рамката „Откриј повеќе за Библијата преку луѓето за кои зборува“. Можеш да ја читаш Библијата и по хронолошки редослед на настаните или да прочиташ што зборува на одредена тема. Зошто не пробаш некој од овие предлози?

a За многумина, Светото писмо — превод Нов свет е превод кој е точен и лесен за читање. Оваа Библија, која ја издаваат Јеховините сведоци, е достапна на преку 130 јазици. Можеш да ја преземеш од интернет-страницата jw.org/mk или така што ќе ја преземеш апликацијата JW Library. Или, ако повеќе ти одговара, Јеховините сведоци може да ти донесат печатен примерок.

ОТКРИЈ ПОВЕЌЕ ЗА БИБЛИЈАТА ПРЕКУ ЛУЃЕТО ЗА КОИ ЗБОРУВА

Некои верни жени

Авигеја

1. Самоилова, поглавје 25

Естира

Естира, поглавја 2—5, 7—9

Ана

1. Самоилова, поглавја 1—2

Марија

(Мајката на Исус) Матеј, поглавја 1—2; Лука, поглавја 1—2; види и Јован 2:1-12; Дела 1:12-14; 2:1-4

Раав

Исус Навин, поглавја 2, 6; види и Евреите 11:30, 31; Јаков 2:24-26

Ревека

1. Мојсеева, поглавја 24—27

Сара

1. Мојсеева, поглавја 17—18, 20—21, 23; види и Евреите 11:11; 1. Петрово 3:1-6

Некои верни мажи

Авраам

1. Мојсеева, поглавја 11—24; види и 25:1-11

Давид

1. Самоилова, поглавја 16—30; 2. Самоилова, поглавја 1—24; 1. Царевите, поглавја 1—2

Исус

Евангелијата според Матеј, Марко, Лука и Јован

Мојсеј

2. Мојсеева, поглавја 2—20, 24, 32—34; 4. Мојсеева, поглавја 11—17, 20—21, 27, 31; 5. Мојсеева, поглавје 34

Ное

1. Мојсеева, поглавја 5—9

Павле

Дела, поглавја 7—9, 13—28

Петар

Матеј, поглавја 4, 10, 14, 16—17, 26; Дела, поглавја 1—5, 8—12

ПОМАГАЛА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ НА БИБЛИЈАТА ИЗДАДЕНИ ОД ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ

  • JW.ORG — Оваа интернет-страница содржи многу помагала за проучување, меѓу кои и делот „Одговор на библиски прашања“

  • Запознај ја ‚добрата земја‘ — Во оваа брошура се вклучени географски карти и фотографии од места спомнати во Библијата

  • Да ја истражуваме Божјата Реч — Освен географски карти, оваа брошурка содржи хронолошки табели, објаснувања на поими и друго

  • „Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно“ — Оваа книга за потемелно истражување објаснува кога, каде и зошто била напишана секоја библиска книга и дава краток преглед на содржината на сите книги. (Достапна на српски јазик)

  • Библијата — Реч Божја или човечка? — Оваа мала книга во која е вложено внимателно истражување ги испитува доказите кои потврдуваат дека Библијата навистина е она што го тврди — книга од Бог

  • Библијата — која е нејзината порака? — Брошура од 32 страници која ја обработува главната тема на Библијата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели