ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp17 Бр. 4 стр. 4-7
  • Што вели Библијата за животот и смртта?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што вели Библијата за животот и смртта?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • БИБЛИЈАТА ГО ДАВА ТОЧНИОТ ОДГОВОР
  • ПАГАНСКО УЧЕЊЕ КОЕ СТАНАЛО „ХРИСТИЈАНСКО“
  • „ВИСТИНАТА ЌЕ ВЕ ОСЛОБОДИ“
  • Колку е јака твојата вера во воскресението?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Дали некогаш сте се прашале?
    Разбудете се! 1994
  • Подобра надеж за душата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Каде се мртвите?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
wp17 Бр. 4 стр. 4-7
Мртовец во гроб

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ СО ОВОЈ ЖИВОТ ЗАВРШУВА СЀ?

Што вели Библијата за животот и смртта?

Од извештајот за создавањето запишан во библиската книга Прва Мојсеева дознаваме дека на првиот човек, Адам, Бог му рекол: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш до ситост. А од дрвото на спознанието на доброто и злото не смееш да јадеш, зашто во оној ден кога ќе каснеш од него, сигурно ќе умреш“ (1. Мојсеева 2:16, 17). Од ова може јасно да се види дека Адам немало да умре доколку ја послушал Божјата заповед. Напротив, ќе живеел вечно во рајската градина.

Адам и Ева на стари години

За жал, наместо да му остане послушен на Бог и да живее засекогаш, Адам ја прекршил Божјата заповед и јадел од забранетиот плод кој му го дала неговата жена, Ева (1. Мојсеева 3:1-6). Последиците од оваа непослушност ги трпиме до ден-денес. Апостол Павле тоа го објаснил на следниов начин: „Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта се прошири на сите луѓе, зашто сите згрешија“ (Римјаните 5:12). Тој човек бил Адам. Но, што бил гревот и зошто водел до смрт?

Грев е кога некој намерно ќе го прекрши Божјиот закон — токму како што направил Адам (1. Јованово 3:4). А казна за гревот е смрт — токму како што Бог го предупредил Адам. Ако Адам и неговите потомци биле послушни на Божјата заповед, немало да станат грешни и никогаш немало да умрат. Бог не ги создал луѓето за да умираат, туку за да живеат — и тоа вечно.

Факт е дека смртта навистина се проширила „на сите луѓе“, како што вели Библијата. Но, дали некој дел од човекот продолжува да живее по смртта? Многумина би рекле „да“. Тие сметаат дека еден дел од нас, односно душата, никогаш не умира. Но, тоа би значело дека Бог го излажал Адам. Зошто велиме така? Бидејќи ако дел од човекот продолжува да живее во некој друг свет откако тој ќе умре, тогаш смртта не би била казна за гревот — што е спротивно на она што го рекол Бог. Меѓутоа, Библијата вели: „Не е можно Бог да излаже“ (Евреите 6:18, Превод на МПЦ). Всушност, Сатана бил тој што излажал кога ѝ рекол на Ева: „Не, вие нема да умрете“ (1. Мојсеева 3:4).

Ако учењето за бесмртност на душата се темели на лага, тогаш што се случува кога човек ќе умре?

БИБЛИЈАТА ГО ДАВА ТОЧНИОТ ОДГОВОР

Извештајот за создавањето запишан во 1. Мојсеева вели: „Јехова Бог го направи човекот од земниот прав и му дувна во носниците здив на животот, и човекот стана жива душа“. Изразот „жива душа“ е превод на хебрејскиот збор нефеш, кој буквално значи „суштество што дише“ (1. Мојсеева 2:7).

Библијата јасно покажува дека луѓето не се создадени со бесмртна душа, туку дека секој човек е жива душа. Освен тоа, изразот „бесмртна душа“ не се спомнува во ниту еден стих од Библијата.

Со оглед на тоа што Библијата не го застапува учењето за бесмртност на душата, зошто толку многу религии го поучуваат токму тоа? Потрагата по одговор нѐ води назад во минатото, сѐ до древниот Египет.

ПАГАНСКО УЧЕЊЕ КОЕ СТАНАЛО „ХРИСТИЈАНСКО“

Херодот, грчки историчар од петтиот век пр.н.е., рекол дека Египќаните биле „првиот народ кој го застапувал учењето за бесмртност на душата“. Друг народ од минатото, Вавилонците, исто така верувале во бесмртност на душата. До времето кога Александар Македонски (Велики) го освоил Блискиот Исток во 332 год. пр.н.е., грчките филозофи веќе почнале да го шират тоа учење, кое за кратко време стигнало до сите краеви на Грчкото Царство.

Изразот „бесмртна душа“ не се спомнува во ниту еден стих од Библијата

Во првиот век од н.е., две влијателни еврејски секти, есените и фарисеите, поучувале дека душата продолжува да живее откако телото ќе умре. Во една енциклопедија пишува: „Евреите дошле во контакт со верувањето во бесмртност на душата преку учењата на Грците, особено преку филозофските учења на Платон“ (The Jewish Encyclopedia). Слично на тоа, Јосиф, еврејски историчар од првиот век, не го поврзал ова учење со Светото писмо, туку со „верувањата на Грците“, кои ги сметал за обични приказни од нивните митолози.

Влијанието на грчката култура сѐ повеќе се ширело, и многумина што се изјаснувале како христијани го прифатиле ова паганско учење. Според историчарот Јона Лендеринг, „хипотезата на Платон дека човечката душа некогаш била на подобро место, а сега живее во проколнат свет, била еден вид мост кој помогнал неговата филозофија да навлезе во христијанството“. Така, паганското учење за бесмртност на душата не само што навлегло во „христијанската“ црква туку станало и еден од темелите на нејзините верувања.

„ВИСТИНАТА ЌЕ ВЕ ОСЛОБОДИ“

Во првиот век, апостол Павле го дал следново предупредување: „Во идните времиња некои ќе отпаднат од верата, слушајќи заведувачки вдахновени објави и учења на демони“ (1. Тимотеј 4:1). Колку само се вистинити овие зборови! Учењето за бесмртност на душата е само едно од тие „учења на демони“. Тоа не се темели на Библијата. Напротив, влече корени од древните пагански религии и филозофии.

Сепак, Исус рекол: „Ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32). Тоа што ќе ги дознаеме вистините од Библијата ќе нѐ ослободи од учењата и обичаите кои се дел од многу религии и кои го оцрнуваат Бог. Освен тоа, вистините од Божјата Реч можат да нѐ ослободат од оковите на традициите и суеверијата поврзани со смртта. (Види ја рамката „Каде се мртвите?“)

Нашиот Творец не нѐ создал со цел да живееме само 70 или 80 години на Земјата за потоа да преминеме во некој друг свет и таму да живееме вечно. Неговата намера била луѓето да живеат вечно овде на Земјата како негови послушни деца. Таа намера покажува колку Бог го сака човештвото, и сигурно ќе се исполни (Малахија 3:6). Под водство на Бог, псалмистот напишал: „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29).

Нешто повеќе за тоа што вели Библијата за животот и смртта можеш да прочиташ во поглавје 6 од книгата Што навистина учи Библијата?, која е издадена од Јеховините сведоци. Можеш да ја најдеш на www.jw.org/mk или така што ќе го скенираш кодот.

Можно ли е човекот да живее вечно?

Пред неколку години, истражувачите откриле еден вид подводни растенија за кои сметаат дека се живи веќе илјадници години — веројатно подолго од кој и да било друг жив организам на Земјата. Станува збор за морска трева од видот Posidonia oceanica, која прекрива огромна површина од дното на Средоземното Море помеѓу Шпанија и Кипар.

Ако едно растение може да живее толку долго, дали и луѓето може да се надеваат на такво нешто? Некои научници кои го изучуваат процесот на стареење сметаат дека животниот век на луѓето може да се продолжи. На пример, во една книга на оваа тема детално се разгледани „големиот број современи научни откритија“ што би помогнале на тоа поле. Останува да видиме дали со научните откритија навистина ќе се продолжи животниот век на луѓето.

Меѓутоа, вистинската надеж за вечен живот не зависи од науката. Осврнувајќи се на Творецот, Јехова Бог, Библијата вели: „Во тебе е изворот на животот“ (Псалм 36:9). А Исус Христос во молитва му рекол на Бог: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3). Ако се трудиме да ги запознаеме Јехова Бог и неговиот Син, Исус Христос, и да им бидеме послушни, ќе добиеме вечни благослови.

Морска трева

Истражувачите сметаат дека некои растенија од овој вид морска трева се живи веќе илјадници години

КАДЕ СЕ МРТВИТЕ?

Исус го воскреснува Лазар

Библијата вели дека мртвите се во гробот и дека во иднина ги очекува воскресение (Јован 5:28, 29). Тие не страдаат и не чувствуваат никаква болка, бидејќи „мртвите не се свесни за ништо“ (Проповедник 9:5). Додека ги поучувал луѓето, Исус ја споредил смртта со длабок сон (Јован 11:11-14). Затоа не треба да се плашиме од оние кои починале ниту, пак, да им носиме дарови со цел да ги „смилостивиме“. Тие не можат ниту да ни помогнат ниту да ни наштетат, бидејќи „нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост во гробот“ (Проповедник 9:10). Сепак, утешно е тоа што преку воскресението Бог ќе ја победи смртта засекогаш (1. Коринќаните 15:26, 55; Откровение 21:4).

Зошто можеш да ѝ веруваш на Библијата

Можеме да имаме потполна доверба во она што е запишано во Библијата. Зошто? Еве неколку причини:

  • Перо и мастило

    Нејзиниот автор е Бог: Библијата се состои од 66 книги кои ги напишале околу 40 писатели, во период од 16 века — од 1513 год. пр.н.е. до околу 98 год. од н.е. И покрај тоа, нејзината содржина е потполно складна од почеток до крај. Тоа покажува дека нејзиниот автор е семоќниот Бог. Тој им кажувал на писателите што да запишат.

  • Столб

    Историски точна: Настаните запишани во Библијата се во склад со она што досега е историски докажано. Во една книга пишува: „Во романтичните приказни, легендите и преданијата, настаните се прикажани во некое далечно место и во неодредено време... но библиските писатели со најголема точност го наведуваат времето и местото на настаните кои ги опишуваат“ (A Lawyer Examines the Bible).

  • Атом

    Научно точна: Библијата не е научна книга, но кога зборува на теми поврзани со наука, спомнува факти кои биле докажани со векови подоцна. На пример, во 13. и 14. поглавје од библиската книга 3. Мојсеева, на Израелците им биле дадени детални законски одредби за хигиена и карантин, што било далеку пред луѓето да откријат дека постојат бактерии и преносливи болести. Освен тоа, во Библијата е наведено дека Земјата е округла и дека лебди во просторот, факти што науката ги открила со векови подоцна (Јов 26:7; Исаија 40:22).

Тоа се само неколку примери кои го потврдуваат она што го кажува самата Библија: „Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно за поучување, за укорување, за поправање“ (2. Тимотеј 3:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели