Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања ќе бидат разгледани во текот на седмицата од 27 август 2012 год. Наведен е и датумот кога треба да се разгледа секое прашање.
1. Што навестувало видението на Езекиел во врска со отпадничката Јуда, и која важна поука ја извлекуваме од тоа? (Езек. 8:15-17) [2 јули, w07 1/7 стр. 13, пас. 6; w93 15/1 стр. 27-28, пас. 7, 12]
2. Во која смисла повеќето верски водачи го прават истото што и лажните пророци од времето на Езекиел? (Езек. 13:3, 7) [9 јули, w99 1/10 стр. 13, пас. 14-15]
3. Во пророштвото запишано во Езекиел 17:22-24, кој е ‚фиданката‘, што е ‚високата и возвишена планина‘ на која е посадена и како ќе стане „величествен кедар“? [16 јули, w07 1/7 стр. 12-13, пас. 6]
4. Дали зборовите од Езекиел 18:20 каде што се вели дека „синот нема да ја сноси вината за престапот на таткото“ се противречни на зборовите од 2. Мојсеева 20:5 според кои Јехова ‚поради престапите на татковците ги казнува синовите‘? [23 јули w10 15/3 стр. 28]
5. Како настанот запишан во Езекиел 21:18-22 покажува дека ниту луѓето ниту демоните не можат да ја осуетат Јеховината намера? [30 јули, w07 1/7 стр. 14, пас. 4]
6. Според зборовите во Езекиел 24:6, 11, 12, што претставува ’рѓата на котелот и кое начело е изнесено во 14. стих? [6 авг., w07 1/7 стр. 14, пас. 2]
7. Како се исполнило пророштвото за древниот град Тир? [6 авг., si-SB стр. 133, пас. 4]
8. Кои зборови во Езекиел 28:2, 12-17 се соодветни и за „тирскиот цар“ и за првиот предавник, Сатана? [13 авг., w05 15/10 стр. 23-24, пас. 10-14]
9. Кога Египет лежел опустошен 40 години, и на основа на што можеме да веруваме дека тоа навистина се случило? (Езек. 29:8-12) [13 авг., w07 1/8 стр. 8, пас. 5]
10. Како Езекиел ги поднел рамнодушноста, исмејувањето и незаинтересираноста на луѓето, и во што го уверил Јехова? (Езек. 33:31-33) [20 авг., w91 15/3 стр. 17, пас. 16-17]