Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 29 декември 2014 год.
Како гледаме на заповедта од 5. Мојсеева 14:1 со која се забранува самоповредување кога се жали за некој што починал? [3 ное., w04 15/9 стр. 27, пас. 5]
Зошто царевите во Израел требало да го препишат Божјиот закон и да го ‚читаат во сите денови од својот живот‘? (5. Мој. 17:18-20) [3 ное., w02 15/6 стр. 12, пас. 4]
Зошто во Библијата пишува: „Не орај со бик и со магаре во ист јарем“, и како оваа заповед се однесува на христијаните? (5. Мој. 22:10) [10 ное., w03 15/10 стр. 32]
Зошто било забрането да се земе во залог „рачна мелница“ или „горниот камен од неа“? (5. Мој. 24:6) [17 ное., w04 15/9 стр. 26, пас. 3]
Со каков став требало да бидат послушни Израелците, и од кој мотив треба да му служиме на Јехова? (5. Мој. 28:47) [24 ное., w10 15/9 стр. 8, пас. 4]
Кои три главни барања се запишани во 5. Мојсеева 30:19, 20? [24 ное., w10 15/2 стр. 28, пас. 17]
Дали мора да ја читаме Библијата гласно или да шепотиме додека ја читаме? Објасни. (Ис. Нав. 1:8, фус.) [8 дек., w13 15/4 стр. 7, пас. 4]
Кој е „кнезот на Јеховината војска“ спомнат во Исус Навин 5:14, 15, и како може овој извештај да нѐ охрабри? [8 дек., w04 1/12 стр. 9, пас. 2]
Што го навело Ахан на грев и што можеме да научиме од неговиот лош пример? (Ис. Нав. 7:20, 21) [15 дек., w10 15/4 стр. 20-21, пас. 2, 5]
Како може да нѐ охрабри примерот на Халев? (Ис. Нав. 14:10-13) [29 дек., w04 1/12 стр. 12, пас. 2]