Распоред за седмицата од 29 декември
СЕДМИЦА ОД 29 ДЕКЕМВРИ
Песна 37 и молитва
Собраниско проучување на Библијата:
cl погл. 18, пас. 1-8 (30 мин.)
Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Исус Навин 12-15 (10 мин.)
Повторување во Теократската школа за служба (20 мин.)
Состанок за нашата служба:
Тема на месецот: ‚Да изнесеме добро од добрата ризница‘ која ни е доверена (Мат. 12:35а)
20 мин.: Постепено поучувај ги интересентите и своите деца за ‚доброто од твојата ризница‘ (Мат. 12:35а). Дискусија. На темел на следниве стихови покажи што треба да очекуваме од нашите интересенти и деца: 1. Коринќаните 13:11 и 1. Петрово 2:2, 3. Објасни што значи ‚да се вкуси чистото млеко од Божјата реч‘ и како можеме да им помогнеме на нашите интересенти и деца во тоа. Објасни го начелото содржано во Марко 4:28. (Види ја Стражарска кула од 15 декември 2014, стр. 12-13, пас. 6-8.) Интервјуирај еден искусен објавител или родител кој ќе објасни како му помогнал на некој интересент или на своето дете духовно да напредува (Еф. 4:13-15; види ја рубриката Прашања во Нашата служба за Царството од мај 2014).
10 мин.: „Дели го ‚доброто од својата ризница‘ — биди гостољубив (Мат. 12:35а).“ Дискусија за статијата на 8. страница. Какви позитивни работи или убави искуства доживеале некои затоа што покажале гостољубивост? Замоли ги присутните да коментираат како можеме да покажеме гостољубивост, особено кон оние што се во полновремена служба. Спомни што е организирано во вашето собрание за да се обезбеди оброк за говорниците што доаѓаат од други собранија.
Песна 124 и молитва