ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w23 Октомври стр. 30-стр. 31 пас. 2
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Сличен материјал
  • На Синај тој се погрижил за Израел
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Да извлечеме корист од ‚небесниот леб‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Нов вид храна
    Мојата книга со библиски приказни
  • Никогаш не заборавај го Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
w23 Октомври стр. 30-стр. 31 пас. 2
Едно израелско семејство и други луѓе собираат мана во пустината.

Прашања од читателите

Дали Израелците имале и некоја друга храна освен мана и потполошки?

Маната била главна храна на Израелците за време на нивното 40-годишно патување низ пустината (2. Мој. 16:35). Исто така, во две прилики, Јехова им дал и потполошки (2. Мој. 16:12, 13; 4. Мој. 11:31). Сепак, Израелците имале извесна количина и друга храна.

На пример, Јехова понекогаш го водел својот народ на места каде што можеле да се одморат и каде што имало вода и храна (4. Мој. 10:33). Едно такво место била оазата Елим, каде што имало „дванаесет извори на вода и седумдесет палми“ — најверојатно урмини палми (2. Мој. 15:27). Во една книга пишува дека урмините палми кои „растат на огромно географско подрачје... се главен извор на храна во пустината. Тие обезбедуваат храна, масло и засолниште за милиони луѓе“ (Plants of the Bible).

Исто така, Израелците можеби застанале кај најголемата оаза која денес е позната како Феиран, која е дел од Вади Феиран.a Според една книга, оваа речна долина, „е долга 130 километри и е една од најдолгите, најубавите и најпознатите речни долини во Синај“ (Discovering the World of the Bible). Во книгата исто така го пишува следново: „На околу 45 километри од устието на оваа речна долина, се наоѓа прекрасната оаза Феиран, долга 4,8 километри, која е преполна со палми и се наоѓа на 610 метри надморска височина. Оваа оаза е еденската градина на Синај. Илјадници години наназад, ова место привлекува многу посетители поради огромниот број урмини палми“.

Урмини палми во една оаза. Во вметнатата сликичка е прикажан грозд урми на една палма.

Урмини палми во оазата Феиран

Кога си заминале од Египет, Израелците понеле со себе тесто, садови за месење леб и веројатно жито и масло. Се разбира, овие работи немало да им траат за долго. Исто така, луѓето понеле „мошне многу ситна и крупна стока“ (2. Мој. 12:34-39). Но, поради суровите услови во пустината, многу од животните веројатно умреле. Некои од нив можеби им служеле како храна на Израелците, а други пак можеби биле жртвувани, дури и на лажни боговиb (Дела 7:39-43). Сепак, Израелците одгледувале животни. Ова може да се види од она што Јехова им го кажал кога тие му биле непослушни: „Вашите синови ќе бидат овчари во пустината четириесет години“ (4. Мој. 14:33). Според тоа, можеби од животните што ги одгледувале добивале млеко, а понекогаш и месо. Но, се разбира, тоа не било доволно за да се хранат околу три милиони луѓе во период од 40 години.c

Каде можело да се најде храна и вода за животните?d Во тоа време, во пустината можеби имало повеќе дождови и побогата вегетација. Во Увид во Писмото том 1 пишува дека пред 3.500 години „во Арабија имало повеќе вода отколку во наше време. Тоа што постојат толку многу длабоки и суви речни долини, кои порано биле речни корита, е доказ дека во минатото имало доволно дождови за да се формираат реки“. Сепак, пустината била неплодна и застрашувачка (5. Мој. 8:14-16). Доколку Јехова со чудо не им обезбедел вода, Израелците и животните сигурно ќе изумреле (2. Мој. 15:22-25; 17:1-6; 4. Мој. 20:2, 11).

Мојсеј им рекол на Израелците дека Јехова ги хранел со мана „за да [им] покаже дека човек не живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од Јеховината уста“ (5. Мој. 8:3).

a Види во Стражарска кула од 1 мај 1992, стр. 24-25.

b Во Библијата се спомнати две прилики во кои му биле принесени животински жртви на Јехова во пустината. Првата прилика била кога било поставено свештенството, а втората била на Пасхата. И двата настана се случиле во 1512 год. пр.н.е., односно во втората година откако Израелците излегле од Египет (3. Мој. 8:14 — 9:24; 4. Мој. 9:1-5).

c При крајот на 40-те години во пустината, Израелците зеле илјадници животни како воен плен (4. Мој. 31:32-34). И покрај тоа, тие продолжиле да јадат мана сѐ додека не влегле во Ветената земја (Ис. Нав. 5:10-12).

d Можеме да заклучиме дека животните не јаделе мана бидејќи Јехова му кажал на народот да собира мана според тоа колку можел да изеде секој човек, а притоа не ги спомнал животните (2. Мој. 16:15, 16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели