Ужасот на војната
Војната е едно од најстрашните нешта што некој може да ги доживее. И војници и цивили низ целиот свет од прва рака ги почувствувале ужасните последици на војната.
ВОЈНИЦИ
„Насекаде околу себе гледаш како луѓе се убивани или тешко ранети. Во ниеден момент не се чувствуваш безбедно“ (Гери, Британија).
„Бев погоден од куршуми во грбот и лицето, и видов како многумина се убиени, вклучувајќи деца и постари. Војната те прави бесчувствителен“ (Вилмар, Колумбија).
„Кога некој е застрелан пред твои очи, таа слика не можеш да ја избришеш. Во главата постојано ти одѕвонува вриштењето и офкањето. Никогаш не можеш да го заборавиш тоа лице“ (Зафира, САД).
ЦИВИЛИ
„Имав чувство дека никогаш повторно нема да можам да бидам среќна. Се плашев за мојот живот, но уште повеќе се плашев за моето семејство и пријателите“ (Александра, Украина).
„Ужасно е да стоиш во ред за храна од 2 часот наутро до 11 часот навечер, со страв дека можеш да бидеш погоден од залутан куршум“ (Далер, Таџикистан).
„Моите родители беа убиени во текот на војната. Останав сирак и немаше кој да ме утеши и да се грижи за мене“ (Мери, Руанда).
И покрај ужасните последици од војната, лицата цитирани погоре нашле мир. А и уверени се дека на сите војни и насилни конфликти наскоро ќе им дојде крај. Во овој број на Стражарска кула на темел на Библијата ќе биде објаснето како ќе се случи тоа.