Прва книга Мојсеева (Битие)
1 Во почетокот*+ Бог*+ ги создаде+ небото и земјата.+
2 Земјата беше празна и пуста, и над површината на водната бездна+ се простираше темнина, а Божјиот дух* дејствуваше+ над површината на водите.+
3 И Бог рече:*+ „Нека настане светлина“. Тогаш настана светлина.+ 4 И Бог виде дека светлината е добра, и Бог ја оддели светлината од темнината.+ 5 И Бог светлината ја нарече „ден“,+ а темнината ја нарече „ноќ“.+ И дојде вечер, и дојде утро — прв ден.
6 Потоа Бог рече: „Нека настане свод+ помеѓу водите и нека се одделат води од води“.+ 7 Тогаш Бог го направи сводот и ги оддели водите, едните води да бидат под сводот, а другите води над сводот.+ И стана така. 8 Бог го нарече сводот небо.+ И дојде вечер, и дојде утро — втор ден.
9 Потоа Бог рече: „Водите под небото нека се соберат на едно место и нека се покаже копно“.+ И стана така. 10 Бог го нарече копното земја,+ а собраните води ги нарече мориња.+ И виде Бог дека тоа е добро.+ 11 Потоа Бог рече: „Од земјата нека изникне трева, растенија што носат семе,+ плодни дрвја кои, според својот вид,+ раѓаат плод на земјата во кој е неговото семе“.+ И стана така. 12 И земјата пушти од себе трева, растенија што носат семе според својот вид+ и дрвја што раѓаат плод во кој е семето според неговиот вид.+ И виде Бог дека тоа е добро. 13 И дојде вечер, и дојде утро — трет ден.
14 Потоа Бог рече: „Нека настанат извори на светлина на небесниот свод за да го одделуваат денот од ноќта+ и да служат како знаци за времињата, деновите и годините!+ 15 Нека светат на небесниот свод и нека ја осветлуваат земјата!“+ И стана така. 16 И Бог направи* два големи извора на светлина, поголемиот да управува со денот и помалиот да управува со ноќта, а исто така и ѕвезди.+ 17 И Бог ги стави нив на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата,+ 18 да управуваат со денот и со ноќта и да ја одделуваат светлината од темнината.+ И Бог виде дека тоа е добро.+ 19 И дојде вечер, и дојде утро — четврти ден.
20 Потоа Бог рече: „Водите нека изобилуваат со мноштво живи души+ и над земјата, по небесниот свод, нека летаат летачки суштества!“+ 21 И Бог ги создаде* големите морски животни+ и сите живи души што се движат,+ кои се намножија во водите според својот вид, и сите крилести суштества според својот вид.+ И Бог виде дека тоа е добро. 22 Потоа Бог ги благослови со зборовите: „Плодете се и множете се и наполнете ги водите во морињата,+ и суштествата што летаат нека се намножат на земјата!“ 23 И дојде вечер, и дојде утро — петти ден.
24 Потоа Бог рече: „Земјата+ нека пушти од себе живи души според нивните видови, домашни животни,+ други животни што се движат*+ и диви земни животни+ според нивните видови!“ И стана така. 25 Тогаш Бог ги направи дивите земни животни според нивните видови, и домашните животни според нивните видови, и сите други животни што се движат по земјата според нивните видови.+ И Бог виде дека тоа е добро.
26 Потоа Бог рече: „Да направиме+ човек според нашиот лик,+ сличен на нас,+ и нека владее над морските риби, над суштествата што летаат по небото, над домашните животни — над сета земја — и над сите други животни што се движат по земјата!“+ 27 Тогаш Бог го создаде човекот според својот лик, го создаде според Божјиот лик+ — ги создаде машко и женско.+ 28 Потоа Бог ги благослови+ и им рече: „Плодете+ се и множете се, наполнете ја земјата и потчинете ја,+ и владејте+ над морските риби, над небесните суштества што летаат и над сите суштества што се движат по земјата!“
29 Потоа Бог рече: „Еве, ви ги давам сите растенија што носат семе, по целата земја, и сите дрвја со нивните плодови во кои има семе.+ Нека ви служат за храна.+ 30 А на сите диви земни животни и на сите суштества што летаат по небото и на секоја жива душа што се движи по земјата им ги давам за храна сите зелени растенија“.+ И стана така.
31 Потоа Бог го погледна сето она што го беше направил, и гледај, беше многу добро.+ И дојде вечер, и дојде утро — шести ден.
2 Така беа довршени небото и земјата и сѐ што е на нив.*+ 2 До седмиот ден Бог го доврши своето дело што го беше направил, и во седмиот ден почна да почива од сето свое дело што го беше направил.+ 3 И Бог го благослови седмиот ден и го посвети, зашто во тој ден си отпочина од сето свое дело. Така Бог го создаде сето она што беше наумил да го направи.+
4 Ова е историјата на создавањето на небото и на земјата во денот кога Јехова* Бог ги направи земјата и небото.+
5 А на земјата уште немаше никакви полски грмушки и уште не беа никнале никакви полски растенија, бидејќи Јехова Бог уште не беше пуштил дожд+ на земјата и немаше човек за да ја обработува земјата. 6 Но, од земјата се креваше магла,+ која ја наводнуваше целата површина на копното.+
7 Тогаш Јехова Бог го направи човекот од земниот+ прав+ и му дувна во носниците здив на животот,+ и човекот стана жива душа.+ 8 Јехова Бог насади и градина во Еден,+ кон исток, и таму го смести човекот што го беше направил.+ 9 Така Јехова Бог направи да никнат од земјата секакви дрвја привлечни за гледање и добри за јадење, како и дрвото на животот+ среде градината и дрвото на спознанието на доброто и злото.+
10 А од Еден истекуваше река што ја наводнуваше градината, и таа оттаму се делеше на четири ракави. 11 Првиот се вика Фисон — тој тече околу целата земја Авила,+ каде што има злато. 12 А златото од таа земја е добро.+ Таму има и смола од бделиум*+ и камен оникс.+ 13 Втората река се вика Гион — таа тече околу целата земја Хус. 14 Третата река се вика Хидекел*+ — таа тече источно од Асирија.+ А четвртата река е Еуфрат.+
15 И Јехова Бог го зеде човекот и го смести во градината Еден+ за да ја обработува и да се грижи за неа.+ 16 Тогаш Јехова Бог му заповеда на човекот: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш до ситост.+ 17 А од дрвото на спознанието на доброто и злото не смееш да јадеш, зашто во оној ден кога ќе каснеш од него, сигурно ќе умреш“.+
18 Потоа Јехова Бог рече: „Не е добро човекот да биде сам. Ќе му направам помошничка, како негово дополнение“.+ 19 А Јехова Бог ги создаваше* од земја сите полски диви животни и сите небесни суштества што летаат и ги доведуваше пред човекот за да види како ќе го нарече секое суштество. И како што човекот ќе го наречеше секое од нив, секоја жива душа,+ така му беше името.+ 20 И човекот им даде имиња на сите домашни животни и на сите небесни суштества што летаат и на сите полски диви животни, но за човекот не се најде помошничка како негово дополнение. 21 Затоа Јехова Бог пушти длабок сон+ врз човекот и, додека тој спиеше, му зеде едно ребро, а местото го затвори со месо. 22 Од реброто што го зеде од човекот, Јехова Бог направи жена и му ја доведе на човекот.+
23 Тогаш човекот рече:
„Најпосле, еве коска од моите коски
и месо од моето месо.+
Нека се вика Жена*
зашто од мажот е земена!“+
24 Затоа човек ќе ги остави татка си и мајка си+ и ќе се прилепи до својата жена, и тие двајцата ќе станат едно тело.+ 25 А обајцата беа голи,+ мажот и неговата жена, но не се срамеа.+
3 А змијата+ беше најпретпазлива+ од сите диви полски животни што ги беше направил Јехова Бог.+ Затоа ѝ рече на жената:+ „Навистина ли рекол Бог дека не смеете да јадете од секое дрво во градината?“+ 2 А жената ѝ одговори на змијата: „Од плодовите на дрвјата во градината смееме да јадеме.+ 3 Но, за плодот од дрвото што е среде градината,+ Бог рече: ‚Не јадете од него и не допирајте го за да не умрете!‘ “+ 4 Тогаш змијата ѝ рече на жената: „Не, вие нема да умрете.+ 5 Зашто Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како Бог и ќе знаете што е добро, а што зло“.+
6 Тогаш жената виде дека плодот на дрвото е добар за јадење, примамлив за очите и пожелен за гледање,+ па скина плод и касна од него. Потоа му даде од плодот и на својот маж, кога беше со неа, па и тој јадеше.+ 7 Тогаш на двајцата им се отворија очите и забележаа дека се голи.+ Затоа сплетоа смоквини лисја и си направија покривала со кои си ги препашаа колковите.+
8 Подоцна, кога мажот и неговата жена го слушнаа гласот на Јехова Бог, кој одеше низ градината кога дувкаше дневниот ветрец,+ се скрија од лицето на Јехова Бог меѓу дрвјата во градината.+ 9 Јехова Бог го повикуваше човекот, велејќи му: „Каде си?“+ 10 Најпосле тој му одговори: „Го чув твојот глас во градината, но се исплашив бидејќи сум гол, па се скрив“.+ 11 А тој му рече: „Кој ти кажа дека си гол?+ Да не си јал од дрвото од кое ти забранив да јадеш?“+ 12 А човекот одговори: „Жената што ми ја даде да биде со мене, таа ми даде плод од дрвото, па јадев“.+ 13 Тогаш Јехова Бог ја праша жената: „Што си направила?“ А жената одговори: „Змијата ме измами, па јадев“.+
14 Тогаш Јехова Бог ѝ рече на змијата:+ „Затоа што го направи ова, проклета да си меѓу сите домашни животни и меѓу сите диви полски животни! Ќе ползиш на мевот и ќе јадеш прав во сите денови на својот живот.+ 15 А јас+ ќе ставам непријателство+ помеѓу тебе+ и жената,+ и помеѓу твоето потомство+ и нејзиното потомство.*+ Тој+ ќе ти+ ја смачка главата,+ а ти+ ќе го+ раниш во петицата“.+
16 На жената ѝ рече: „Мошне ќе ги умножам маките на твојата бременост,+ во болки ќе раѓаш деца.+ Ќе копнееш по својот маж, а тој ќе господари над тебе“.+
17 А на Адам му рече: „Затоа што го послуша гласот на својата жена и јадеше од дрвото за кое ти заповедав:+ ‚Не смееш да јадеш од него‘, земјата да е проклета поради тебе.+ Со мака ќе се храниш од неа во сите денови на својот живот.+ 18 Трње и троскот* ќе ти раѓа,+ а ти ќе јадеш полски растенија. 19 Во потта на своето лице ќе го јадеш својот леб додека не се вратиш во земјата, бидејќи од неа си земен.+ Зашто си прав, и во прав ќе се вратиш“.+
20 Потоа Адам на својата жена ѝ го даде името Ева,*+ зашто таа требаше да им стане мајка на сите живи.+ 21 И Јехова Бог им направи долги облеки од кожа на Адам и на неговата жена, па ги облече во нив.+ 22 Потоа Јехова Бог рече: „Еве, човекот стана како еден од нас, знаејќи што е добро, а што зло.+ А сега, за да не посегне со раката и да земе плод и од дрвото на животот,+ па да јаде и да живее вечно...“ 23 Затоа Јехова Бог го истера од градината Еден+ за да ја обработува земјата од која беше земен.+ 24 И така го истера човекот, а на источниот крај од еденската градина+ постави херувими*+ и меч со пламено сечило, кој се вртеше постојано и го чуваше патот кон дрвото на животот.
4 И Адам легна со својата жена Ева, а таа забремени+ и го роди Каин,*+ па рече: „Добив* син со помош на Јехова“.+ 2 По некое време го роди и неговиот брат Авел.+
И Авел стана овчар, па чуваше овци,+ а Каин стана земјоделец.+ 3 Еден ден, Каин му принесе на Јехова жртва+ од плодовите на земјата.+ 4 А и Авел принесе од првините+ на своето стадо, заедно со нивниот лој.+ И Јехова погледна со одобрување на Авел и на неговата жртва,+ 5 а на Каин и на неговата жртва не погледна со одобрување.+ Затоа Каин многу се разгневи,+ и лицето му се смурти. 6 Тогаш Јехова му рече на Каин: „Зошто се разгневи и зошто ти е смуртено лицето? 7 Ако почнеш да правиш добро, зарем нема да ми бидеш мил?+ Но ако не правиш добро, гревот демне на вратата и копнее по тебе.+ А ти, ќе го надвладееш ли?“+
8 Потоа Каин му рече на својот брат Авел: „Да одиме в поле!“ И додека беа во полето, Каин го нападна својот брат Авел и го уби.+ 9 Тогаш Јехова му рече на Каин: „Каде е брат ти Авел?“+ А тој одговори: „Не знам. Зар сум му јас чувар на брат ми?“+ 10 Тогаш Бог му рече: „Што направи? Слушај! Крвта на брат ти вика кон мене од земјата.+ 11 И сега, да си проклет, протеран од оваа земја,+ која ја отвори својата уста да ја прими од твојата рака крвта на брат ти.+ 12 Кога ќе ја обработуваш земјата, таа нема да ти го дава својот род.+ Ќе станеш скитник и бегалец на земјата“.+ 13 Тогаш Каин му рече на Јехова: „Казната за мојот престап е толку голема што не може да се носи. 14 Еве, ме истеруваш денес од ова тло, и ќе бидам скриен од твоето лице.+ Ќе мора да бидам скитник+ и бегалец на земјата, и секој што ќе ме најде сигурно ќе ме убие“.+ 15 А Јехова му рече: „Затоа, кој ќе го убие Каин, врз него ќе се изврши седумкратна одмазда“.+
И Јехова постави знак за Каин за да не го убие некој кога ќе го најде.+ 16 Тогаш Каин замина од пред лицето на Јехова+ и се насели во земјата Нод,* источно од Еден.
17 И Каин легна со својата жена,+ па таа забремени и го роди Енох. Тогаш тој почна да гради град и го нарече според името на својот син Енох.+ 18 Подоцна на Енох му се роди Ирад. На Ирад му се роди Мехујаил, на Мехујаил му се роди Метусаил, а на Метусаил му се роди Ламех.
19 Ламех си зеде две жени. Првата се викаше Ада, а втората Села. 20 Ада го роди Јавал. Тој е прататко на оние што живеат под шатори+ и чуваат стока.+ 21 А брат му се викаше Јувал. Тој е прататко на сите оние што свират на харфа+ и на кавал.+ 22 Села, пак, го роди Тувал-Каин, кој коваше секакви орудија од бакар и од железо.+ А сестрата на Тувал-Каин беше Наама. 23 Потоа Ламех ги состави овие зборови за своите жени Ада и Села:
„Чујте го мојот глас, жени Ламехови!
Слушнете ја мојата реч:
Убив човек, зашто ме рани,
младич, зашто ме удри.
25 А Адам повторно легна со својата жена, и таа роди син и му го даде името Сет*+ зашто, како што рече: „Бог ми даде друг потомок наместо Авел, зашто него го уби Каин“.+ 26 А и на Сет му се роди син, кому тој му го даде името Енос.+ Во тоа време почна да се повикува името на Јехова.+
5 Ова е книга за животот* на Адам. Во денот кога Бог го создаде Адам, го направи сличен на себеси.+ 2 Ги создаде машко и женско.+ А во денот кога беа создадени,+ тој ги благослови и ги нарече — човек.+
3 А кога Адам имаше сто и триесет години, му се роди син сличен на него, според неговиот лик, и му го даде името Сет.+ 4 Откако му се роди Сет, Адам поживеа уште осумстотини години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки.+ 5 Така, Адам живееше вкупно деветстотини и триесет години, па умре.+
6 А кога Сет имаше сто и пет години, му се роди Енос.+ 7 Откако му се роди Енос, Сет поживеа уште осумстотини и седум години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 8 Така, Сет живееше вкупно деветстотини и дванаесет години, па умре.
9 А кога Енос имаше деведесет години, му се роди Кенан.+ 10 Откако му се роди Кенан, Енос поживеа уште осумстотини и петнаесет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 11 Така, Енос живееше вкупно деветстотини и пет години, па умре.
12 А кога Кенан имаше седумдесет години, му се роди Малелеил.+ 13 Откако му се роди Малелеил, Кенан поживеа уште осумстотини и четириесет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 14 Така, Кенан живееше вкупно деветстотини и десет години, па умре.
15 А кога Малелеил имаше шеесет и пет години, му се роди Јаред.+ 16 Откако му се роди Јаред, Малелеил поживеа уште осумстотини и триесет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 17 Така, Малелеил живееше вкупно осумстотини деведесет и пет години, па умре.
18 А кога Јаред имаше сто шеесет и две години, му се роди Енох.+ 19 Откако му се роди Енох, Јаред поживеа уште осумстотини години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 20 Така, Јаред живееше вкупно деветстотини шеесет и две години, па умре.
21 А кога Енох имаше шеесет и пет години, му се роди Метузалем.+ 22 Откако му се роди Метузалем, Енох одеше со вистинскиот Бог* уште триста години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 23 Така, Енох живееше вкупно триста шеесет и пет години. 24 И за сето тоа време Енох одеше+ со вистинскиот Бог.+ Потоа го снема, бидејќи Бог го зеде.*+
25 А кога Метузалем имаше сто осумдесет и седум години, му се роди Ламех.+ 26 Откако му се роди Ламех, Метузалем поживеа уште седумстотини осумдесет и две години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 27 Така, Метузалем живееше вкупно деветстотини шеесет и девет години, па умре.
28 А кога Ламех имаше сто осумдесет и две години, му се роди син. 29 И му го даде името Ное,*+ велејќи: „Овој ќе ни донесе одмор од нашата работа и од маката на нашите раце што ни ја задава земјата, која ја проколна Јехова“.+ 30 Откако му се роди Ное, Ламех поживеа уште петстотини деведесет и пет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 31 Така, Ламех живееше вкупно седумстотини седумдесет и седум години, па умре.
32 А на Ное, откако наполни петстотини години, му се родија Сем,+ Хам+ и Јафет.+
6 Кога луѓето почнаа да се множат на земјата и им се родија ќерки,+ 2 синовите* на вистинскиот Бог+ забележаа+ дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, сите што ќе ги избереа. 3 Тогаш Јехова рече: „Мојот дух+ нема да го трпи човекот во недоглед,+ зашто човекот е само тело.+ Затоа неговите денови нека бидат уште сто и дваесет години!“+
4 Во тие денови, а и потоа, синовите на вистинскиот Бог имаа полови односи со човечките ќерки, па тие им раѓаа синови на земјата, кои се викаа нефили.* Тоа беа силници, прочуени луѓе, кои живееја во старо време.
5 И Јехова виде дека лошотијата на човекот на земјата е голема и дека сите мисли на неговото срце се секогаш насочени само кон зло.+ 6 Тогаш Јехова зажали+ што го беше направил човекот на земјата, и го доболи во срцето.+ 7 Затоа Јехова рече: „Ќе ги избришам од лицето на земјата луѓето што ги создадов,+ и луѓето и стоката и сите животни што се движат и сите суштества што летаат по небото,+ зашто ми е жал што ги направив“.+ 8 Но Ное најде милост во очите на Јехова.
9 А ова се настани од животот* на Ное.
Ное беше праведен човек.+ Беше непорочен* меѓу своите современици. Ное одеше со вистинскиот Бог.+ 10 Со текот на времето, на Ное му се родија три сина: Сем, Хам и Јафет.+ 11 А земјата се расипа пред вистинскиот Бог+ и се наполни со насилство.+ 12 И Бог погледна на земјата, и гледај, беше расипана,+ зашто целиот човечки род го расипа својот пат на земјата.+
13 Тогаш Бог му рече на Ное: „Гледам дека дојде време да им ставам крај на сите суштества,+ зашто ја наполнија земјата со насилство; и еве, ќе ги уништам заедно со земјата.+ 14 Направи си арка од смолесто дрво.+ Направи прегради во арката и премачкај ја со смола однатре и однадвор.+ 15 А ќе ја направиш вака: арката нека биде долга триста лакти,*+ широка педесет лакти и висока триесет лакти. 16 На арката направи прозорец,* а нејзиниот ѕид нека завршува на еден лакот под покривот. Вратата на арката направи ја отстрана.+ Во неа направи долен, среден и горен кат.
17 Еве, јас ќе ги пуштам на земјата водите на потопот+ за да го уништат секое суштество под небото во кое има здив на животот.+ Ќе изгине сѐ на земјата.+ 18 А со тебе склучувам сојуз. Влези во арката ти, и со тебе твоите синови и твојата жена и жените на твоите синови.+ 19 И во арката внеси по две од секој вид суштества, од секое животно,+ за да ги зачуваш живи со себе.+ Нека бидат машко и женско. 20 Од суштествата што летаат, според нивните видови, и од домашните животни, според нивните видови,+ од сите други животни што се движат по земјата, според нивните видови, нека влезат кај тебе по две за да им биде зачуван животот.+ 21 А ти земи со себе најразновидна храна за јадење+ и прибери ја кај себе, па нека ти служи за храна и тебе и ним“.+
22 И Ное направи сѐ така како што му беше заповедал Бог. Токму така направи.+
7 Потоа Јехова му рече на Ное: „Влези во арката, ти и целото твое семејство,+ зашто видов дека ти си праведен пред мене во ова поколение.+ 2 Од сите чисти животни земи со себе по седум, мажјак и неговата женка,+ а од сите нечисти животни само по две, мажјак и неговата женка. 3 Исто така, од суштествата што летаат по небото земи по седум, мажјак и женка,+ за да се зачува нивниот вид на земјата.+ 4 Зашто, по само седум дена ќе пуштам да врне дожд+ на земјата четириесет дена и четириесет ноќи,+ и ќе го збришам од лицето на земјата секое суштество што го создадов“.+ 5 И Ное направи сѐ така како што му беше заповедал Јехова.
6 Ное имаше шестотини години кога водите на потопот дојдоа на земјата.+ 7 Така Ное влезе во арката пред водите на потопот, заедно со своите синови, со својата жена и со жените на своите синови.+ 8 Од сите чисти животни и од сите животни што не се чисти, од суштествата што летаат и од сѐ друго што се движи по земјата,+ 9 влегоа кај Ное во арката по две, мажјак и женка, токму како што Бог му беше заповедал на Ное. 10 И по седум дена водите на потопот се истурија на земјата.
11 Во шестотата година од животот на Ное, во вториот месец,* на седумнаесеттиот ден од тој месец, на тој ден бликнаа сите извори на големата водна бездна* и се отворија небесните брани.+ 12 И дожд се истураше на земјата четириесет дена и четириесет ноќи.+ 13 Токму на тој ден влегоа во арката Ное и неговите синови Сем, Хам и Јафет,+ жената на Ное и трите жени на неговите синови со него;+ 14 тие и сите диви животни, според своите видови,+ сите домашни животни, според своите видови, сите други животни што се движат по земјата, според своите видови,+ сите суштества што летаат, според своите видови,+ сите птици и сите крилести суштества.+ 15 И така влегуваа кај Ное во арката две по две, од сите видови суштества во кои имаше здив на животот.+ 16 А оние што влегоа, влегоа машко и женско од сите видови суштества, токму како што му беше заповедал Бог на Ное. Потоа Јехова ја затвори вратата зад него.+
17 Водите на потопот се излеваа на земјата четириесет дена и сѐ повеќе растеа, па ја понесоа арката, и таа пловеше високо над земјата. 18 Водите надоаѓаа и постојано растеа над земјата, а арката пловеше по водата.+ 19 И водите толку многу нараснаа над земјата што ги покрија сите високи планини под целото небо.+ 20 Водите се подигнаа петнаесет лакти над потопените планини.+
21 Така изгинаа сите суштества што се движеа по земјата:+ суштествата што летаат, домашните животни, дивите животни, сето мноштво суштества со кои изобилуваше земјата, а и сите луѓе.+ 22 Сето она во чии носници имаше здив на животот* — сѐ што беше на суво — загина.+ 23 Така тој го истреби од површината на земјата секое суштество, од човек до стока, а и сите други животни што се движеа и суштествата што летаа по небото, сѐ беше истребено од земјата.+ Останаа живи само Ное и оние што беа со него во арката.+ 24 А водите ја покриваа земјата сто и педесет дена.
8 Потоа Бог се сети+ на Ное, на сите диви животни и на сите домашни животни што беа со него во арката,+ па Бог пушти ветар да задува над земјата, и така водите почнаа да опаѓаат.+ 2 И се затворија изворите на водната бездна*+ и небесните брани,+ и престана поројниот дожд од небото. 3 Водите почнаа да истечуваат од земјата и постепено да се повлекуваат. И по сто и педесет дена, водите се намалија.+ 4 А во седмиот месец,* на седумнаесеттиот ден од тој месец, арката+ запре на Араратските Планини.+ 5 Водите постепено се намалуваа до десеттиот месец.* А во десеттиот месец, на првиот ден од тој месец, се појавија планинските врвови.+
6 Така, по четириесет дена, Ное го отвори прозорецот+ на арката, кој го беше направил. 7 Потоа пушти гавран,+ а тој постојано одлетуваше и долетуваше сѐ додека не се исушија водите од земјата.
8 Подоцна пушти гулабица+ за да види дали се повлекле водите од површината на земјата. 9 Но гулабицата не најде каде да застане со нозете, па се врати кај него во арката, бидејќи водите сѐ уште ја покриваа целата површина на земјата.+ А тој ја испружи раката, ја зеде и ја внесе кај себе во арката. 10 Тогаш почека уште седум дена, па повторно ја пушти гулабицата од арката. 11 Приквечерта гулабицата му се врати, и гледај, во клунот имаше свеж маслинов лист.+ Така Ное дозна дека водите се повлекле од земјата.+ 12 Откако почека уште седум дена, пак ја пушти гулабицата, но таа повеќе не му се врати.+
13 А до првиот ден од првиот месец* во шестотини и првата година,+ истекоа водите од земјата. Тогаш Ное го откри покривот на арката и погледна, и гледај, површината на земјата беше исушена.+ 14 И во вториот месец, на дваесет и седмиот ден од тој месец, земјата беше сосема сува.+
15 Тогаш Бог му рече на Ное: 16 „Излезете од арката, ти и твојата жена и твоите синови и жените на твоите синови со тебе.+ 17 Сите видови животни што се со тебе, сите суштества:+ суштествата што летаат,+ стоката+ и сите други животни што се движат по земјата+ изведи ги со себе за да изобилува земјата со нив, да се плодат и да се множат на земјата“.+
18 Тогаш Ное излезе, а со него излегоа и неговите синови,+ жена му и жените на неговите синови. 19 Сите суштества, сите животни што се движат и сите суштества што летаат, сѐ што се движи по земјата излезе од арката според својот вид.+ 20 Потоа Ное му изгради жртвеник+ на Јехова и зеде од сите чисти животни+ и од сите чисти суштества што летаат,+ па принесе на жртвеникот жртви паленици.+ 21 И Јехова го помириса успокојувачкиот мирис.+ Затоа Јехова си рече во срцето:+ „Никогаш повеќе нема да ја проколнам земјата+ поради човекот, затоа што човечкото срце е склоно+ кон зло од неговата младост,+ и никогаш повеќе нема да удрам сѐ што е живо, како што го сторив тоа сега.+ 22 Во сите денови додека постои земјата, нема да престане ни сеидбата ни жетвата, ни студот ни жегата, ни летото ни зимата, ни денот ни ноќта“.+
9 Тогаш Бог ги благослови Ное и неговите синови и им рече: „Плодете се, множете се и наполнете ја земјата!+ 2 Од вас нека се плашат и нека страхуваат сите суштества на земјата, сите суштества што летаат по небото, сѐ друго што се движи по земјата и сите риби во морето! Во ваши раце се предадени сите тие.+ 3 Сѐ што се движи и живее нека ви служи за храна.+ Сето тоа ви го давам како што ви ги дадов зелените растенија.+ 4 Само не смеете да јадете месо со неговата душа,+ односно со неговата крв!+ 5 А ќе ја барам и вашата крв, вашите души. Ќе ја барам од секое животно. И од човекот, од секој што му е ближен на човекот, ќе ја барам душата на човекот.+ 6 Кој ќе пролее човечка крв, и неговата крв ќе биде пролеана од човек,+ зашто Бог го направи човекот според својот лик. 7 Раѓајте се и множете се, наполнете ја земјата и намножете се на неа!“+
8 Потоа Бог им рече на Ное и на неговите синови со него: 9 „Еве, јас склучувам сојуз+ со вас, со вашето потомство по вас+ 10 и со секоја жива душа што е со вас, со птиците, со стоката и со сите други земни суштества што се со вас — со сѐ што излезе од арката, со секое суштество на земјата.+ 11 Да, јас го склучувам својот сојуз со вас: никогаш повеќе потопни води нема да го уништат секое суштество и никогаш повеќе нема да има потоп, кој ќе ја опустоши земјата“.+
12 Потоа Бог додаде: „Ова е знакот+ на сојузот што го склучувам помеѓу мене и вас и секоја жива душа што е со вас, за сите поколенија довека. 13 Своето виножито+ го ставам во облакот за да биде знак на сојузот помеѓу мене и земјата. 14 И секогаш кога ќе донесам облак над земјата, во облакот ќе се појави виножитото, 15 па ќе се сетам на мојот сојуз+ меѓу мене и вас и сите живи души од секој вид.+ И никогаш повеќе од водите нема да настане потоп за да го уништи секое суштество.+ 16 Виножитото ќе се појави во облакот,+ и јас ќе го видам и ќе се сетам на вечниот сојуз+ меѓу мене и секоја жива душа, секое суштество на земјата“.+
17 Потоа Бог му повтори на Ное: „Ова е знакот на сојузот што го склучувам меѓу мене и секое суштество на земјата“.+
18 Ноевите синови+ што излегоа од арката беа: Сем, Хам и Јафет. Подоцна на Хам му се роди Ханаан.+ 19 Ова се тројцата синови на Ное, и од нив се насели целата земја.+
20 Ное стана земјоделец+ и насади лозје.+ 21 Кога пиеше вино, се опи+ и се откри среде својот шатор. 22 А Хам,+ таткото на Ханаан, ја виде голотијата на својот татко,+ па им го кажа тоа на своите двајца браќа надвор.+ 23 Тогаш Сем и Јафет зедоа една наметка,+ си ја префрлија преку рамења, па, одејќи назадечки, ја покрија со неа голотијата на татка си. Со лицето беа свртени на другата страна, така што не го видоа татка си гол.+
24 Кога Ное се разбуди, отрезнет од виното, и кога дозна што му сторил најмладиот син, 25 рече:
28 И Ное живееше по потопот уште триста и педесет години.+ 29 Така, Ное живееше вкупно деветстотини и педесет години, па умре.+
10 Ова се настани од животот* на Ноевите синови+ Сем, Хам и Јафет.
По потопот почнаа да им се раѓаат синови.+ 2 Синовите на Јафет беа: Гомер,+ Магог,+ Мадај,+ Јаван,+ Тувал,+ Месех+ и Тирас.+
3 Синовите на Гомер беа: Асхенас,+ Рифат+ и Тогарма.+
4 Синовите на Јаван беа: Елиса,+ Тарсис,+ Китим+ и Доданим.+
5 Од нив потекнуваат островските* народи, кои се раширија по своите земји, секој според својот јазик, според своето семејство, според својот народ.
6 А синовите на Хам беа: Хус,+ Мисраим,+ Фут+ и Ханаан.+
7 А синовите на Хус беа: Сева,+ Авила, Савта, Рама+ и Савтека.
Синовите на Рама беа: Сава и Дедан.+
8 А на Хус му се роди и Нимрод.+ Тој стана првиот моќен човек на земјата. 9 Беше моќен ловец кој му се противеше на Јехова. Затоа се вели: „Моќен ловец кој му се противи на Јехова како Нимрод“.+ 10 Почеток на неговото царство беа: Вавел,+ Ерех,+ Акад и Халне, во земјата Сенар.+ 11 Од таа земја дојде во Асирија+ и почна да ги ѕида Ниневија,+ Реховот-Ир, Калах 12 и Ресен, помеѓу Ниневија и Калах: тие го сочинуваат големиот град.*
13 Од Мисраим+ потекнуваат: Лудим,+ Анамим, Леавим, Нафтухим,*+ 14 Патрусим,+ Хаслухим+ (од кои потекнуваат Филистејците+) и Кафторим.*+
15 А од Ханаан потекнуваат: Сидон,+ неговиот првороден, и Хет,+ 16 Евусејците,+ Аморејците,+ Гергесејците, 17 Евејците,+ Арукејците, Асенејците, 18 Арвадејците,+ Семарејците и Ематејците.+ Потоа ханаанските племиња се расеаја. 19 Така границата на Ханаанците се протегаше од Сидон до Герар,+ близу Газа,+ па сѐ до Содом, Гомор,+ Адма+ и Севоим,+ близу Лаша. 20 Тоа беа синовите на Хам според нивните семејства, според нивните јазици, во нивните земји, според нивните народи.
21 А и на Сем, прататкото на сите Еверови синови,+ братот на Јафет, најстариот, му се роди потомство. 22 Синови на Сем се: Елам,+ Асур,+ Арфаксад,+ Луд и Арам.
23 А синовите на Арам се: Уз, Ул, Гетер и Маш.+
24 А на Арфаксад му се роди Сала,+ а на Сала му се роди Евер.
25 На Евер му се родија два сина. Едниот се викаше Фалек,*+ бидејќи во негово време земјата* беше разделена.+ Неговиот брат се викаше Јоктан.+
26 А на Јоктан му се родија: Алмодад, Салеф, Асермот, Јерах,+ 27 Адорам, Узал, Дикла,+ 28 Овал, Авимаел, Сава,+ 29 Офир,+ Авила+ и Јовав.+ Сите овие му беа синови на Јоктан.
30 Подрачјето на кое живееја се протегаше од Меша па сѐ до Сефар, планинскиот крај на Истокот.
31 Ова се синовите на Сем по нивните семејства, по нивните јазици, во нивните земји и по нивните народи.+
32 Ова се семејствата на Ноевите синови по нивните родови, по нивните народи, и од нив по потопот се раширија народите по земјата.+
11 Целата земја имаше само еден јазик и исти зборови. 2 Додека луѓето се движеа накај исток, открија една рамница во земјата Сенар,+ и тука се населија. 3 Па си рекоа еден на друг: „Ајде да правиме тули и да ги печеме во оган!“ Така, наместо камен, користеа тули, а наместо малтер, земјена смола.*+ 4 Потоа рекоа: „Да си изградиме град и кула со врв до небото+ за да си стекнеме славно име+ и да не се расееме по целата земја!“+
5 Јехова слезе да ги види градот и кулата што ги ѕидаа синовите човечки.+ 6 Потоа Јехова рече: „Види, сите се еден народ и зборуваат на еден јазик,+ и еве што почнаа да прават. Сега, што и да наумат да направат, ништо нема да им биде неостварливо.+ 7 Ајде да слеземе+ и да им го побркаме+ јазикот за да не се разбираат еден со друг!“+ 8 Така Јехова ги распрсна одонде по целата земја,+ па на крајот престанаа да го ѕидаат градот.+ 9 Затоа тој град беше наречен Вавел,*+ зашто таму Јехова го беше побркал јазикот на целата земја,* и Јехова ги распрсна+ одонде по целата земја.
10 Ова се настани од животот* на Сем:+
Сем имаше сто години кога, две години по потопот, му се роди Арфаксад.+ 11 Откако му се роди Арфаксад, Сем поживеа уште петстотини години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки.+
12 А Арфаксад* имаше триесет и пет години кога му се роди Сала.+ 13 Откако му се роди Сала, Арфаксад поживеа уште четиристотини и три години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки.
14 А Сала имаше триесет години кога му се роди Евер.+ 15 Откако му се роди Евер, Сала поживеа уште четиристотини и три години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки.
16 А Евер имаше триесет и четири години кога му се роди Фалек.+ 17 Откако му се роди Фалек, Евер поживеа уште четиристотини и триесет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки.
18 А Фалек имаше триесет години кога му се роди Рагав.+ 19 Откако му се роди Рагав, Фалек поживеа уште двесте и девет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки.
20 А Рагав имаше триесет и две години кога му се роди Серух.+ 21 Откако му се роди Серух, Рагав поживеа уште двесте и седум години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки.
22 А Серух имаше триесет години кога му се роди Нахор.+ 23 Откако му се роди Нахор, Серух поживеа уште двесте години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки.
24 А Нахор имаше дваесет и девет години кога му се роди Тара.+ 25 Откако му се роди Тара, Нахор поживеа уште сто и деветнаесет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки.
26 Кога имаше седумдесет години, на Тара му се родија Аврам,+ Нахор+ и Харан.
27 Ова се настани од животот* на Тара:
На Тара му се родија Аврам, Нахор и Харан, а на Харан му се роди Лот.+ 28 Подоцна Харан умре, уште додека беше со својот татко Тара* во земјата во која се роди, во Ур+ Халдејски.+ 29 А Аврам и Нахор си зедоа жени. Жената на Аврам се викаше Сараја,+ а жената на Нахор — Мелха.+ Таа му беше ќерка на Харан, таткото на Мелха и на Есха. 30 А Сараја беше неротка,+ немаше деца.
31 Потоа Тара ги зеде својот син Аврам, својот внук Лот, синот на Харан,+ и својата снаа Сараја,+ жената на синот Аврам, и тргна со нив од Ур Халдејски да оди во ханаанската земја.+ По некое време стигнаа во Харан+ и таму се населија. 32 А Тара доживеа двесте и пет години. Потоа Тара умре во Харан.
12 Јехова му рече на Аврам: „Оди си од својата земја, откај својот род и од домот на својот татко, па појди во земјата што ќе ти ја покажам.+ 2 А јас од тебе ќе направам голем народ, ќе те благословам и твоето име ќе го направам големо, а ти самиот биди благослов за другите.+ 3 Ќе ги благословам оние што тебе те благословуваат, а ќе го проколнам оној што тебе те проколнува,+ и преку тебе ќе се благословат сите народи на земјата“.+
4 Тогаш Аврам појде, токму како што му рече Јехова, а со него појде и Лот. Аврам имаше седумдесет и пет години кога замина од Харан.+ 5 Така Аврам ги зеде својата жена Сараја+ и Лот, синот на својот брат,+ и сите добра што ги имаа спечалено,+ и душите што ги имаа добиено во Харан, па тргна со нив кон ханаанската земја.+ Најпосле стигнаа во ханаанската земја. 6 Аврам помина низ таа земја сѐ до местото Сихем,+ близу големите дрвја на Море.+ Во тоа време во земјата беа Ханаанците. 7 Тогаш Јехова му се појави на Аврам и му рече: „На твоето потомство+ ќе му ја дадам оваа земја“.+ Таму Аврам му изгради жртвеник на Јехова, кој му се беше појавил. 8 Од таму отиде во планинскиот крај источно од Ветил+ и таму го распна својот шатор, така што Ветил му беше од запад, а Гај+ од исток. Тука му изгради жртвеник на Јехова+ и почна да го повикува* името на Јехова.+ 9 Потоа Аврам тргна и одеше кон Негев,* застанувајќи на местата каде што логоруваше.+
10 Кога настана глад во таа земја, Аврам отиде во Египет за да се насели таму привремено,+ бидејќи гладот во земјата беше голем.+ 11 Кратко пред да влезе во Египет, ѝ рече на својата жена Сараја: „Послушај ме, те молам! Знам дека си убава жена.+ 12 Кога ќе те видат, Египќаните ќе речат: ‚Таа му е жена‘, и мене ќе ме убијат, а тебе ќе те остават жива. 13 Затоа те молам, речи дека си ми сестра+ за да ми биде добро поради тебе и да ми ја остават душата жива заради тебе“.+
14 И така, штом Аврам влезе во Египет, Египќаните видоа дека жената е многу убава. 15 А ја видоа и кнезовите на фараонот, па почнаа да ја фалат пред фараонот, така што жената беше одведена во неговиот дворец. 16 Тој беше добар кон Аврам поради неа, па овој стекна овци, говеда, магариња, слуги и слугинки, магарици и камили.+ 17 Тогаш Јехова ги удри фараонот и неговиот дом со големи чуми+ поради Сараја, жената на Аврам.+ 18 Затоа фараонот го викна Аврам и му рече: „Што ми направи? Зошто не ми кажа дека ти е жена?+ 19 Зошто рече: ‚Таа ми е сестра‘,+ па сакав да ја земам за жена? А сега, еве ти ја жена ти! Земи си ја и оди си!“ 20 И фараонот им даде заповед на луѓето за него, и тие го испратија заедно со неговата жена и со сѐ што имаше.+
13 Потоа Аврам отиде од Египет кон Негев+ заедно со својата жена и со сѐ што имаше, а со него и Лот. 2 А Аврам поседуваше многу стада, сребро и злато.+ 3 И логоруваше од едно место во друго, од Негев до Ветил, до местото каде што најпрвин беше неговиот шатор, помеѓу Ветил и Гај,+ 4 местото каде што првобитно го беше направил жртвеникот.+ Таму Аврам почна да го повикува* името на Јехова.+
5 А и Лот, кој одеше заедно со Аврам, имаше овци, говеда и шатори. 6 Затоа немаше доволно земја за да живеат заедно, бидејќи имаа стекнато толку многу што не можеа да живеат заедно.+ 7 И изби караница меѓу пастирите на Аврамовата стока и пастирите на Лотовата стока. А во тоа време во земјата живееја Ханаанците и Ферезејците.+ 8 Затоа Аврам му рече на Лот:+ „Те молам, да не се караме ниту ние ниту нашите пастири, зашто ние двајцата сме браќа!+ 9 Зарем не ти е на располагање целата земја? Те молам, одвој се од мене! Ако ти појдеш налево, јас ќе појдам надесно, а ако ти појдеш надесно, јас ќе појдам налево“.+ 10 Лот ги крена очите и ја виде целата Јорданска Долина,*+ дека е еден добро наводнет крај и дека, сѐ до Сигор,+ е како Јеховината градина,+ како египетската земја — а ова беше пред Јехова да ги уништи Содом и Гомор. 11 Тогаш Лот си ја избра целата Јорданска Долина, па го премести својот логор на исток. Така се одвоија еден од друг. 12 Аврам живееше во ханаанската земја, а Лот живееше во околината на градовите во Јорданската Долина.+ На крајот ги распна шаторите близу Содом. 13 А луѓето од Содом беа лоши и беа големи грешници пред Јехова.+
14 Откако Лот се одвои од Аврам, Јехова му рече на Аврам: „Те молам, подигни ги очите и, од местото на кое стоиш, погледни на север, на југ, на исток и на запад,+ 15 зашто целата земја што ја гледаш ќе ти ја дадам тебе и на твоето потомство за да ја поседувате засекогаш.+ 16 И ќе го умножам твоето потомство да биде како правот на земјата, и ако може некој да го изброи правот на земјата, ќе може да го изброи и твоето потомство.+ 17 Стани, изоди ја оваа земја во должина и во широчина, зашто тебе ќе ти ја дадам!“+ 18 А Аврам и понатаму живееше под шатори. Потоа дојде меѓу големите дрвја во Мамре,+ кое е кај Хеврон,+ и таму се насели. Таму му направи жртвеник на Јехова.+
14 А во деновите кога Амарфал беше цар на Сенар,+ Ариох цар на Еласар, Ходолгомор+ цар на Елам+ и Таргал цар на Гоим,+ 2 тие завојуваа со Вер, царот на Содом,+ со Варса, царот на Гомор,+ со Синав, царот на Адма,+ со Симовор, царот на Севоим,+ и со царот на Вела (односно на Сигор).+ 3 Сите тие* дојдоа како сојузници+ во долината Сидим,+ каде што е Соленото Море.+
4 Дванаесет години му служеа на Ходолгомор, но во тринаесеттата година се побунија. 5 А во четиринаесеттата година дојде Ходолгомор, заедно со царевите што беа со него, и им нанесе пораз на Рефаимовците во Астарот-Карнаим,+ на Зузејците во Хам, на Емимците+ во Савин-Киријатим 6 и на Хорејците+ на нивната планина Сеир,+ биејќи ги сѐ до Ел-Фаран,+ кој лежи на работ од пустината.* 7 Потоа се свртија и дојдоа во Ен-Миспат, односно во Кадис,+ па ја покорија целата земја на Амаличаните,+ а ги покорија и Аморејците+ што живееја во Асасон-Тамар.+
8 Тогаш тргна во бој царот на Содом, а со него и царот на Гомор, и царот на Адма, и царот на Севоим и царот на Вела (односно на Сигор) и, во долината Сидим,+ се наредија во борбени редови против нив, 9 против Ходолгомор, царот на Елам, Таргал, царот на Гоим, Амарфал, царот на Сенар, и Ариох, царот на Еласар+ — четири цара против пет. 10 А долината Сидим+ беше јама до јама со земјена смола,*+ па кога царевите на Содом и Гомор+ фатија да бегаат, некои паднаа во нив, а другите побегнаа во планините.+ 11 Тогаш победниците зедоа од Содом и од Гомор сѐ што беше вредно и сета нивна храна, па си отидоа.+ 12 Го зедоа и Лот, синот на Аврамовиот брат — кој тогаш живееше во Содом+ — и неговиот имот, па си отидоа.
13 А еден човек што успеа да побегне дојде и му го јави тоа на Аврам Евреинот.+ Тој тогаш живееше меѓу големите дрвја на Мамре Амореецот,+ братот на Есхол и на Анир.+ Тие му беа сојузници на Аврам. 14 Така Аврам слушна дека внук му бил заробен.+ Тогаш ги собра своите луѓе извежбани за борба,+ триста и осумнаесет робови родени во неговиот дом,+ и тргна во потера до Дан.+ 15 Ноќта, тој и неговите робови ги распоредија своите сили+ и ги нападнаа. Така ги порази и ги гонеше до Хова, која лежи северно од Дамаск. 16 Го врати сиот грабнат имот,+ го врати и својот внук Лот и неговиот имот заедно со жените и со другите луѓе.+
17 А кога се враќаше, откако ги порази Ходолгомор и царевите што беа со него, во пресрет му излезе царот на Содом во долината на Савин, односно во Царевата Долина.+ 18 И Мелхиседек,+ царот на Салим,+ изнесе леб и вино,+ а тој му беше свештеник на Севишниот Бог.+ 19 Потоа го благослови со зборовите:
„Благословен да е Аврам од Севишниот Бог,+
Создателот на небото и на земјата!+
20 И благословен да е Севишниот Бог,+
кој ти ги предаде в раце твоите угнетувачи!“+
Тогаш Аврам му даде десеттина од сѐ.+
21 Потоа царот на Содом му рече на Аврам: „Мене дај ми ги луѓето,*+ а добрата земи си ги за себе“. 22 А Аврам му одговори на царот на Содом: „Ја подигам раката и му се колнам+ на Јехова, Севишниот Бог, Создателот на небото и на земјата, 23 дека нема да земам ништо од она што е твое,+ ни конец ни ремче од сандала, за да не речеш: ‚Јас го збогатив Аврам‘. 24 Не сакам ништо!+ Само она што го изедоа момците и делот за луѓето што појдоа со мене: Анир, Есхол и Мамре+ — тие нека си го земат својот дел“.+
15 По овие настани, на Аврам му дојде во видение Јеховината реч:+ „Не плаши се,+ Авраме! Јас сум ти штит.+ Твојата награда ќе биде многу голема“.+ 2 А Аврам одговори: „Севишен Господару Јехова, што ќе ми дадеш кога сум без деца, и мојот дом ќе му припадне на еден човек од Дамаск, на Елиезер?“+ 3 Па додаде: „Еве, ти не ми даде потомство,+ па наследник ќе ми биде еден од слугите во мојот дом“.+ 4 Но гледај, Јехова му се обрати повторно: „Наследник нема да ти биде тој човек, туку твој потомок ќе ти биде наследник“.+
5 Потоа го изведе надвор и му рече: „Те молам, погледни кон небото и изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги изброиш“.+ Па додаде: „Толкаво ќе биде твоето потомство“.+ 6 И Аврам му поверува* на Јехова,+ а тој го сметаше за праведен поради тоа.+ 7 Тогаш му рече: „Јас сум Јехова, оној што те изведе од Ур Халдејски за да ти ја даде оваа земја да ја поседуваш“.+ 8 Тогаш Аврам го праша: „Севишен Господару Јехова, по што ќе знам дека ќе ја поседувам?“+ 9 А тој му рече: „Донеси ми тригодишна јуница, тригодишна коза, тригодишен овен, една грлица и еден млад гулаб“.+ 10 И тој ги зеде сите нив, ги расече надве и сите половинки ги стави една спроти друга, но птиците не ги расече.+ 11 А птици грабливки почнаа да слетуваат на месото,+ но Аврам ги растеруваше.
12 Кога сонцето беше на заоѓање, Аврам беше совладан од длабок сон,+ и гледај, врз него се спушти застрашувачки густа темнина. 13 Тогаш Бог му рече на Аврам: „Добро знај дека твоите потомци ќе бидат дојденци во туѓа земја+ и ќе мораат да им служат на други, а тие ќе ги угнетуваат четиристотини години.+ 14 Но, јас ќе му судам на народот на којшто тие ќе му служат,+ и потоа ќе излезат со големо богатство.+ 15 А ти ќе отидеш кај своите прататковци во мир, и ќе бидеш погребан во длабока старост.+ 16 Но во четвртото поколение тие ќе се вратат ваму,+ бидејќи на гревовите на Аморејците уште не им дошол крајот“.+
17 Кога зајде сонцето и падна густа темнина, се појави печка што чадеше и запален факел, кој помина меѓу оние парчиња.+ 18 На тој ден Јехова склучи сојуз со Аврам,+ велејќи: „На твоето потомство ќе му ја дадам оваа земја,+ од реката Египет до големата река, реката Еуфрат:+ 19 Кенејците,+ Кенезејците, Кедмонејците, 20 Хетејците,+ Ферезејците,+ Рефаимците,+ 21 Аморејците, Ханаанците, Гергесејците и Евусејците“.+
16 Сараја, жената на Аврам, уште не му беше родила деца.+ А имаше една слугинка од Египет, која се викаше Агара.+ 2 Затоа Сараја му рече на Аврам: „Те молам, послушај ме! Јехова ме направи неротка.+ Затоа те молам, легни со мојата слугинка! Можеби ќе добијам деца од неа“.+ И Аврам ги послуша зборовите на Сараја.+ 3 Тогаш Сараја, жената на Аврам, ја зеде Египќанката Агара, својата слугинка, на крајот од десетте години што Аврам ги помина во ханаанската земја, и му ја даде за жена на својот маж Аврам.+ 4 Така тој легна со Агара, и таа забремени. А кога виде дека е бремена, почна да ја презира својата господарка.+
5 Тогаш Сараја му рече на Аврам: „Навредата што ми се нанесува мене нека падне врз тебе. Јас ти ја дадов во прегратка мојата слугинка, но откако виде дека е бремена, таа ме презира. Јехова нека суди помеѓу мене и тебе“.+ 6 Затоа Аврам ѝ рече на Сараја:+ „Еве, твојата слугинка е во твои раце. Направи со неа онака како што мислиш дека е добро“.+ И Сараја почна да ја понижува, па таа побегна од неа.+
7 Но Јеховин ангел+ подоцна ја најде на еден воден извор во пустината, извор што се наоѓа на патот за Сур.+ 8 Па ја праша: „Агаро, слугинко на Сараја, од каде дојде и каде одиш?“ Таа рече: „Еве, бегам од мојата господарка Сараја“. 9 А Јеховиниот ангел ѝ рече: „Врати се кај својата господарка и понижи се под нејзината рака!“+ 10 Тогаш Јеховиниот ангел ѝ рече: „Многу ќе го намножам твоето потомство,+ ќе го има толку многу што не ќе може да се изброи“.+ 11 Потоа Јеховиниот ангел продолжи: „Еве, бремена си и ќе родиш син, и дај му го името Исмаел,*+ зашто Јехова чу за твојата мака.+ 12 А тој ќе биде како зебра. Ќе крева рака на секого и секој ќе крева рака на него,+ и ќе ги подигне своите шатори пред лицето на сите свои браќа“.+
13 Тогаш таа почна да го повикува името на Јехова, кој зборуваше со неа, па рече: „Ти си Бог што гледа“,+ зашто, како што рече: „Дали овде навистина го гледав оној што ме гледа мене?“ 14 Затоа оној бунар беше наречен Веер-Лахај-Рој.*+ Тој се наоѓа помеѓу Кадис и Веред. 15 И Агара му роди син на Аврам, а Аврам на својот син, кој го роди Агара, му го даде името Исмаел.+ 16 Аврам имаше осумдесет и шест години кога Агара му го роди Исмаел.
17 Кога Аврам имаше деведесет и девет години, Јехова му се појави и му рече:+ „Јас сум Семоќниот Бог.+ Живеј* според мојата волја и биди непорочен!*+ 2 Јас ќе склучам сојуз меѓу мене и тебе+ за многу, многу да те намножам“.+
3 Тогаш Аврам падна ничкум,+ а Бог уште му рече: 4 „Еве, склучив сојуз со тебе,+ и ти ќе станеш татко на многу народи.+ 5 Повеќе нема да се викаш Аврам,* туку ќе се викаш Авраам,* зашто ќе те направам татко на многу народи. 6 Ќе те направам многу плоден и од тебе ќе настанат народи, и цареви ќе излезат од тебе.+
7 Ќе се држам за својот сојуз меѓу мене и тебе+ и твоето потомство по тебе во неговите поколенија како за траен сојуз,+ за да ти бидам Бог и тебе и на твоето потомство по тебе.+ 8 Тебе и на твоето потомство по тебе ќе ви ја дадам земјата во која живееш како дојденец,+ целата ханаанска земја, како траен посед, а јас ќе бидам нивни Бог“.+
9 Бог уште му рече на Авраам: „Ти, пак, држи го мојот сојуз, ти и твоето потомство по тебе, од поколение во поколение!+ 10 Ова е мојот сојуз што ќе го држите, сојузот меѓу мене и вас, и твоето потомство по тебе:+ секое машко меѓу вас да биде обрежано.+ 11 Ќе се обрежувате, и тоа ќе служи како знак на сојузот меѓу мене и вас.+ 12 И секое машко меѓу вас, кога ќе има осум дена, да се обреже,+ во секое идно поколение, секој што е роден во куќата и секој што е купен за пари од кој и да било туѓинец, кој не е од твоето потомство. 13 Секој што е роден во твојот дом и секој што си го купил за пари мора да се обреже.+ Така мојот сојуз на вашето тело ќе биде траен сојуз.+ 14 А машкото што нема да биде обрежано, нека* биде истребено од својот народ.+ Таквиот го прекршил мојот сојуз“.
15 Потоа Бог му рече на Авраам: „Својата жена Сараја не викај ја повеќе Сараја,* зашто името ѝ е Сара!*+ 16 Јас ќе ја благословам и ќе ти дадам син од неа.+ Ќе ја благословам и од неа ќе настанат народи,+ и цареви на народи ќе излезат од неа“.+ 17 Тогаш Авраам падна ничкум, па се насмеа и си рече во срцето:+ „Зарем на човек од сто години ќе му се роди дете, и зарем Сара, зарем жена од деведесет години ќе роди?“+
18 Потоа Авраам му рече на вистинскиот Бог: „Нека е жив Исмаел пред тебе!“+ 19 Но Бог му рече: „Твојата жена Сара навистина ќе ти роди син, и ќе му го дадеш името Исак.*+ Јас ќе го склучам мојот сојуз со него како траен сојуз за неговото потомство по него.+ 20 А и за Исмаел те услишив. Еве, ќе го благословам, ќе го направам плоден и многу, многу ќе го намножам.+ Од него ќе потекнат дванаесет кнезови, и од него ќе направам голем народ.+ 21 Но мојот сојуз ќе го склучам со Исак,+ кого Сара ќе ти го роди догодина во ова време“.+
22 Кога го заврши разговорот со Авраам, Бог отиде откај него нагоре.+ 23 Тогаш Авраам ги зеде својот син Исмаел, сите машки родени во неговиот дом, сите купени со негови пари, сите машки од домот, и на истиот тој ден ги обрежа, токму како што му рече Бог.+ 24 Авраам имаше деведесет и девет години кога го обрежаа.+ 25 А неговиот син Исмаел имаше тринаесет години кога го обрежаа.+ 26 Во истиот тој ден беа обрежани Авраам и неговиот син Исмаел.+ 27 И сите машки од неговиот дом, сите што беа родени во куќата и сите што беа купени за пари од некој туѓинец, беа обрежани со него.+
18 Потоа Јехова му се јави+ меѓу големите дрвја во Мамре+ додека тој седеше на влезот од шаторот при дневната жега.+ 2 Кога ги подигна очите,+ погледна, а таму, на извесна оддалеченост од него, стоеја тројца луѓе. Штом ги здогледа, им притрча во пресрет откај влезот на шаторот и им се поклони доземи.+ 3 Па рече: „Јехова, ако сум нашол милост во твои очи, те молам, немој да го одминеш својот слуга!+ 4 Дозволете да ви донесат малку вода за да ви ги измијат нозете,+ а потоа одморете се под дрвото!+ 5 И дозволете да донесам малку леб за да се поткрепите,*+ па потоа појдете понатаму, бидејќи од таа причина и наминавте по овој пат кај својот слуга!“ А тие одговорија: „Добро. Направи така како што рече!“
6 И Авраам поита во шаторот кај Сара, па ѝ рече: „Бргу! Земи три сеи* фино брашно, замеси го и испечи погачи!“+ 7 Потоа Авраам отрча кај добитокот и зеде еден млад и добар јунец, па му го даде на слугата, а овој поита да го зготви.+ 8 Потоа зеде маст, млеко и младиот јунец што го беше зготвил и сето тоа им го принесе.+ А самиот стоеше покрај нив под дрвото додека тие јадеа.+
9 „Каде е жена ти Сара?“+ — го прашаа. „Ене ја во шаторон!“+ — одговори тој. 10 А едниот од нив продолжи: „Ќе се вратам кај тебе догодина во ова време, и ете, твојата жена Сара ќе има син“.+ Сара го слушаше тоа на влезот од шаторот, кој беше зад него. 11 Авраам и Сара беа стари и во поодминати години.+ Сара повеќе го немаше месечниот ред.+ 12 Затоа Сара се насмеа во себе+ и рече: „Зарем сега кога овенав и кога мојот господар е стар ќе го имам тоа задоволство?“+ 13 Тогаш Јехова му рече на Авраам: „Зошто се насмеа Сара и рече: ‚Зар навистина ќе родам сега кога остарев?‘+ 14 Зарем има нешто невозможно за Јехова?+ Ќе се вратам кај тебе кога ќе дојде време — догодина во ова време — и Сара ќе има син“. 15 А Сара почна да одрекува: „Не се смеев!“ — бидејќи се исплаши. Тогаш тој рече: „Не е точно! Се смееше“.+
16 Подоцна луѓето станаа оттаму и погледнаа удолу кон Содом,+ а Авраам одеше со нив за да ги испрати.+ 17 И Јехова рече: „Зарем да кријам од Авраам што ќе направам?+ 18 Од Авраам ќе настане голем и моќен народ, и сите народи на земјата ќе се благословат преку него.+ 19 Зашто, го запознав за да им заповеда на своите синови и на своето домаќинство по себе да се држат за Јеховиниот пат и да постапуваат според праведноста и правдата,+ за Јехова да го исполни на Авраам она што го кажа за него“.+
20 Потоа Јехова рече: „Поплаката против Содом и Гомор+ е навистина голема, и нивниот грев е многу тежок.+ 21 Решив да слезам за да видам дали навистина го прават тоа поради кое доаѓа поплаката до мене, а ако не е така, да знам“.+
22 Тогаш луѓето се свртија оттаму и тргнаа кон Содом, а Јехова+ сѐ уште стоеше пред Авраам.+ 23 Тогаш Авраам му пријде поблиску и рече: „Дали навистина ќе го погубиш праведниот заедно со злиот?+ 24 Да речеме дека во градот има педесет праведници. Дали навистина ќе ги погубиш и нема да му простиш на тоа место заради педесетте праведници што се во него?+ 25 Ти никогаш не би постапил така и не би го погубил праведникот заедно со злиот, па на праведникот да му се случи истото што и на злиот!+ Ти никогаш не би го направил тоа!+ Зарем Судијата на целата земја нема да го прави она што е праведно?“+ 26 Тогаш Јехова рече: „Ако најдам во Содом педесет праведници, заради нив ќе му простам на целото место“.+ 27 Но Авраам продолжи: „Те молам, послушај ме! Се осмелувам да му зборувам на Јехова, иако сум прав и пепел.+ 28 Можеби има педесет праведници без пет. Дали поради тие пет ќе го уништиш целиот град?“ А Бог одговори: „Нема да го уништам ако најдам таму четириесет и пет“.+
29 „Можеби таму има четириесет“, пак рече Авраам. „Нема да го сторам тоа заради тие четириесет“, одговори Бог. 30 Но Авраам продолжи: „Те молам, Јехова, немој да се разгневиш,+ туку допушти ми да кажам уште нешто:+ можеби таму има триесет“. А Бог одговори: „Нема да го уништам ако најдам таму триесет“. 31 А Авраам продолжи: „Те молам, послушај ме! Се осмелувам да му зборувам на Јехова уште еднаш:+ можеби таму има дваесет“. А Бог одговори: „Нема да го уништам заради тие дваесет“.+ 32 На крајот рече: „Те молам, Јехова, немој да се разгневиш,+ туку допушти ми да зборувам само уште еднаш:+ можеби таму има десет“. А Бог одговори: „Нема да го уништам заради тие десет“.+ 33 Откако го заврши разговорот со Авраам, Јехова+ си отиде, а Авраам се врати дома.
19 Двата ангела стигнаа вечерта во Содом додека Лот седеше на портата на Содом.+ Кога ги здогледа, Лот стана, им појде во пресрет и им се поклони со лицето доземи.+ 2 И рече: „Ве молам, господари мои, навратете во куќата на својот слуга за да преноќевате таму и да ви ги измијат нозете!+ Па тогаш станете рано и појдете по својот пат!“+ А тие рекоа: „Не, ќе преноќеваме на плоштадот“.+ 3 Но тој толку навалуваше на нив+ што сепак навратија кај него и влегоа во неговата куќа. Тогаш ги нагости,+ испече бесквасни лебови,+ и тие јадоа.
4 Но уште не си беа легнале, а толпа луѓе од градот, жители на Содом, сиот народ, од дете до старец, ја опколија куќата.+ 5 И почнаа да му викаат на Лот: „Каде се луѓето што дојдоа вечерва кај тебе? Изведи ни ги да имаме односи со нив!“+
6 Најпосле Лот излезе кај нив на влезот, но ја затвори вратата зад себе. 7 Па рече: „Ве молам, браќа мои, не правете зло!+ 8 Ве молам, послушајте ме! Имам две ќерки кои никогаш не легнале со маж.+ Дозволете ми да ви ги изведам нив, па со нив правете што сакате!+ Само на овие луѓе не правете им ништо,+ зашто од таа причина дојдоа под сенката на мојот покрив!“+ 9 А тие му одвратија: „Бегај оттука!“ Па рекоа: „Овој дојде тука како дојденец,+ а ни се прави судија.+ Сега тебе ќе ти направиме полошо отколку ним“. Па силно навалија на човекот,+ на Лот, и речиси ја разбија вратата.+ 10 Тогаш оние луѓе посегнаа по Лот, го вовлекоа кај себе во куќата и ја затворија вратата. 11 А луѓето што беа пред вратата на куќата ги удрија со слепило,+ од најмал до најголем,+ така што залудно се мачеа да ја најдат вратата.+
12 Тогаш луѓето му рекоа на Лот: „Имаш ли овде уште некого? Изведи ги од местово своите зетови, синови и ќерки и сите твои што се во градот!+ 13 Зашто, ќе го уништиме ова место, бидејќи викотот против нив стана толку голем пред Јехова+ што Јехова нѐ испрати да го уништиме овој град“.+ 14 Тогаш Лот излезе да разговара со своите зетови, кои требаше да ги земат неговите ќерки, па им велеше: „Станете! Излезете од ова место зашто Јехова ќе го уништи овој град!“+ Но на неговите зетови им изгледаше дека тој се шегува.+
15 Кога осамна, ангелите почнаа да го побрзуваат Лот, велејќи: „Стани! Земи ги жена ти и двете ќерки, кои се тука,+ за да не загинеш поради вината на овој град!“+ 16 Но тој почна да одолговлекува,+ и затоа оние луѓе ги фатија за рака него, неговата жена и неговите две ќерки, бидејќи Јехова му се смилува,+ па го изведоа и го оставија надвор од градот.+ 17 И штом ги изведоа на крајот од градот, едниот рече: „Бегај за да си ја спасиш душата!+ Не свртувај се назад+ и не застанувај во целата Јорданска Долина!*+ Бегај во планините за да не загинеш!“+
18 Тогаш Лот им рече: „Те молам, Јехова, немој така! 19 Еве, твојот слуга нашол наклоност во твои очи+ и ти ми покажуваш голема милост*+ за да ми ја зачуваш жива душата+ — но јас сепак не можам да бегам во планините за да не ме стигне злото и да загинам.+ 20 Ене, оној град е многу близу за да побегнам во него. Тебе тоа не ти значи многу.+ Те молам, дозволи ми да побегнам таму! Тебе тоа навистина не ти значи многу. Така мојата душа ќе остане жива“.+ 21 Тогаш тој му рече: „Еве, и во ова ќе имам обѕир кон тебе,+ па нема да го затрам градот за кој зборуваш.+ 22 Побрзај! Побегни онаму, зашто не можам да сторам ништо додека ти не стигнеш таму!“+ Затоа оној град го нарече Сигор.*+
23 Сонцето беше излегло над земјата кога Лот стигна во Сигор.+ 24 Тогаш Јехова пушти на Содом и на Гомор дожд од сулфур и оган. И тој падна од Јехова од небото.+ 25 И така тој ги уништи овие градови и целата Јорданска Долина, сите жители во градовите и сите растенија на земјата.+ 26 А жената на Лот се обѕрна зад него, и стана столб од сол.+
27 Рано изутрината Авраам појде на местото каде што стоеше пред Јехова.+ 28 Па погледна удолу кон Содом и Гомор и кон целата земја во Јорданската Долина и виде: густ чад се креваше од земјата, густ како да е од печка за тули.+ 29 А кога ги уништуваше градовите во Јорданската Долина, Бог се сети на Авраам, така што го изведе Лот од таа пропаст кога ги затираше градовите во крајот во кој живееше Лот.+
30 Подоцна Лот замина од Сигор и се насели во ридовите заедно со двете ќерки,+ зашто се плашеше да живее во Сигор.+ Така живееше во една пештера заедно со двете ќерки. 31 Постарата ѝ рече на помладата: „Нашиот татко е стар, а во оваа земја нема маж кој би легнал со нас, како што е обичај по цел свет.+ 32 Ајде да го опиеме нашиот татко со вино,+ па да легнеме со него и да зачуваме потомство од нашиот татко!“+
33 Така таа вечер му даваа на татка си да пие вино.+ Потоа постарата влезе и легна со татка си, а тој не осети ниту кога таа легна ниту кога стана. 34 Утредента постарата ѝ рече на помладата: „Еве, сношти легнав со нашиот татко. Ајде да му дадеме и вечерва да пие вино. Потоа влези ти, легни со него, па да зачуваме потомство од нашиот татко“. 35 Така и таа вечер му даваа на татка си да пие вино. Потоа помладата отиде и легна со него, а тој не осети ниту кога таа легна ниту кога стана. 36 И обете Лотови ќерки забременија од татка си.+ 37 По некое време, постарата роди син и му го даде името Моав.*+ Тој е татко на оние што денес се нарекуваат Моавци.+ 38 А и помладата роди син и му го даде името Вен-Ами.* Тој е татко на оние што денес се нарекуваат Амонови синови.+
20 Авраам одонде го премести логорот+ во подрачјето на Негев и се насели помеѓу Кадис+ и Сур+ и привремено престојуваше во Герар.+ 2 А за својата жена Сара, Авраам велеше: „Таа ми е сестра“.+ Тогаш Авимелех,* царот на Герар, испрати по Сара и ја зеде.+ 3 Подоцна Бог му дојде на Авимелех ноќе, на сон, и му рече: „Ќе загинеш поради жената што ја зеде,+ зашто таа му е жена на друг човек“.*+ 4 Но Авимелех ѝ се немаше приближено,+ па затоа рече: „Јехова, зар ќе погубиш праведен народ?+ 5 Зарем тој не ми рече: ‚Таа ми е сестра‘? А таа, зарем не ми рече и таа: ‚Тој ми е брат‘? Тоа го сторив во чесноста на своето срце и со невини раце“.+ 6 Тогаш вистинскиот Бог му рече во сонот: „И јас знам дека го стори тоа во чесноста на своето срце.+ Јас и те задржував да не ми згрешиш.+ Затоа не ти дозволив да ја допреш.+ 7 А сега, врати му ја жената на тој човек, зашто тој е пророк+ и сесрдно ќе се моли за тебе!+ Така ќе останеш жив. Но, ако не ја вратиш, знај дека ќе умреш, ти и сите твои“.+
8 Авимелех стана рано изутрината и ги повика сите свои слуги, па им го кажа сето ова за да го чујат со свои уши. И луѓето многу се уплашија. 9 Тогаш Авимелех го повика Авраам и му рече: „Што ни стори? Што ти згрешив, па навлече голем грев на мене и на моето царство?+ Ми направи нешто што не смееше да се направи“.+ 10 Авимелех потоа го праша Авраам: „Што имаше на ум кога го направи тоа?“+ 11 А Авраам рече: „Си реков: ‚Во ова место сигурно нема страв од Бог,+ па ќе ме убијат поради мојата жена‘.+ 12 А освен тоа, таа навистина ми е сестра, ќерка е на татко ми, само не ѝ е ќерка на мајка ми, па ми стана жена.+ 13 И кога Бог ме изведе од домот на мојот татко,+ ѝ реков: ‚Направи ми го ова добро дело:*+ во секое место во кое ќе дојдеме речи за мене: „Тој ми е брат“ ‘ “.+
14 Тогаш Авимелех зеде овци, говеда, слуги и слугинки, па му ги даде на Авраам и му ја врати неговата жена Сара.+ 15 Потоа Авимелех рече: „Еве, мојата земја ти стои на располагање. Насели се каде што сакаш“.+ 16 А на Сара ѝ рече: „Еве, му давам на брат ти илјада сребреници.+ Во очите на сите што се со тебе, и пред сите други, ова нека биде знак дека не си осрамотена“.+ 17 И Авраам сесрдно му се помоли на вистинскиот Бог,+ и Бог ги излечи Авимелех, неговата жена и неговите робинки, и тие повторно можеа да раѓаат. 18 Зашто, Јехова ја беше затворил секоја материца во домот на Авимелех поради Сара, жената на Авраам.+
21 Јехова ѝ обрна внимание на Сара, како што беше рекол, и Јехова ѝ направи на Сара онака како што беше ветил.+ 2 И Сара забремени+ и му роди син на Авраам во неговата старост, во времето за кое му беше рекол Бог.+ 3 Така Авраам на синот што му се роди, што му го роди Сара, му го даде името Исак.+ 4 Авраам го обрежа својот син Исак на осмиот ден, токму како што му беше заповедал Бог.+ 5 А Авраам имаше сто години кога се роди син му Исак. 6 Тогаш Сара рече: „Бог направи да се смеам. Секој што ќе чуе за ова ќе се смее со мене“.+ 7 И уште додаде: „Кој ќе му речеше на Авраам: ‚Сара ќе дои деца‘? А сепак му родив син на старост“.
8 А детето растеше, и го одбија од гради.+ Тогаш, на денот кога Исак беше одбиен, Авраам приреди голема гозба. 9 А Сара забележа како синот што Египќанката Агара+ му го беше родила на Авраам го исмејува Исак.+ 10 Затоа му рече на Авраам: „Истерај ги оваа робинка и нејзиниот син, зашто синот на оваа робинка нема да биде наследник со мојот син, со Исак!“+ 11 Но на Авраам му беше многу криво за синот.+ 12 Тогаш Бог му рече на Авраам: „Нека не ти е криво за она што ти го вели Сара за момчето и за твојата робинка. Послушај го нејзиниот глас, зашто преку Исак ќе дојде она што ќе се нарече твое семе!+ 13 А и од синот на робинката+ ќе направам народ, зашто е твој потомок“.+
14 И така, Авраам стана рано изутрината, зеде леб и мешина со вода и ѝ ги даде на Агара,+ ставајќи ѝ ги на рамото. Ѝ го даде и детето,+ па ја отпушти. А таа замина, па талкаше по пустината Вирсавеја.+ 15 Најпосле снема вода+ во мешината, и таа го фрли+ детето под една грмушка. 16 Потоа отиде и седна сама, на оддалеченост од едно дофрлање со стрела, велејќи: „Не можам да гледам како умира детето“.+ Седејќи така малку подалеку, гласно заплака.+
17 А Бог го чу гласот на момчето,+ па Божји ангел ја викна Агара од небото и ѝ рече:+ „Што ти е, Агаро? Не плаши се, зашто Бог го чу гласот на момчето од таму каде што е! 18 Стани, крени го момчето и цврсто држи го со раката, зашто од него ќе направам голем народ!“+ 19 Тогаш Бог ѝ ги отвори очите, та здогледа бунар во кој имаше вода.+ И таа отиде, ја наполни мешината со вода и му даде на момчето да пие. 20 А Бог и понатаму беше со момчето,+ и тоа растеше и живееше во пустината, па стана стрелец.+ 21 И се насели во пустината Фаран,+ а мајка му му зеде жена од египетската земја.
22 Во тоа време Авимелех, заедно со Фихол, заповедникот на неговата војска, му рече на Авраам: „Бог е со тебе во сѐ што правиш.+ 23 Затоа, заколни ми се овде во Бог+ дека нема да ме измамиш ни мене, ни моето потомство, ни мојот род,+ туку дека мене и на земјата во која си дојденец+ ќе ни правиш добро* како што јас ти правев тебе“.+ 24 Тогаш Авраам рече: „Се колнам“.+
25 Кога Авраам остро го прекори Авимелех поради бунарот што слугите на Авимелех сосила го беа присвоиле,+ 26 Авимелех рече: „Не знам кој го сторил тоа, ниту, пак, ти си ми кажал нешто, а ниту јас сум чул нешто за тоа до денес“.+ 27 Тогаш Авраам зеде овци и говеда и му ги даде на Авимелех,+ па двајцата склучија сојуз.+ 28 Кога Авраам одвои седум женски јагниња од стадото, 29 Авимелех му рече: „Што значат овие седум женски јагниња што си ги одвоил?“ 30 А тој одговори: „Прими ги седумте јагниња од мојава рака за да ми бидат сведоштво+ дека јас сум го ископал овој бунар“. 31 Затоа местото го нарече Вирсавеја,+ зашто таму обајцата се заколнаа. 32 Така склучија сојуз+ во Вирсавеја. Потоа Авимелех и Фихол, заповедникот на неговата војска, станаа и се вратија во земјата на Филистејците.+ 33 А Авраам насади дрвце тамарис во Вирсавеја и таму го повика името на Јехова,+ вечниот Бог.+ 34 И Авраам помина уште многу денови како дојденец во земјата на Филистејците.+
22 По овие настани, вистинскиот Бог го испита Авраам.+ Па му рече: „Аврааме!“ А тој се одгласи: „Еве ме!“+ 2 Тогаш Бог му рече: „Те молам, земи го својот син, својот единец, Исак,+ кого толку го сакаш,+ па појди во земјата Морија+ и таму принеси го како жртва паленица на еден од ридовите, кој ќе ти го покажам!“+
3 Утредента Авраам подрани, го оседла магарето и зеде со себе двајца слуги и својот син Исак,+ па нацепи дрва за жртвата паленица. Потоа стана и тргна на пат кон местото што му го покажа вистинскиот Бог. 4 На третиот ден, Авраам ги подигна очите и оддалеку го здогледа местото. 5 Тогаш Авраам им рече на слугите:+ „Вие останете овде со магарето, а јас и момчето ќе појдеме онаму за да му се поклониме на Бог,*+ па ќе се вратиме кај вас“.
6 Потоа Авраам ги зеде дрвата за жртвата паленица и му ги натовари на својот син Исак,+ а в раце ги зеде огнот и ножот, па двајцата тргнаа заедно.+ 7 А Исак му рече на својот татко Авраам: „Татко!“+ „Еве ме, сине!“+ — му се одгласи тој. А тој го запраша: „Еве ги огнот и дрвата, но каде е овцата за жртва паленица?“+ 8 „Бог ќе си прибави овца за жртва паленица,+ сине“, одговори Авраам. И двајцата продолжија понатаму.
9 Најпосле стигнаа до местото што му го беше покажал вистинскиот Бог. Авраам таму направи жртвеник,+ ги нареди дрвата и му ги врза рацете и нозете на својот син Исак, па го положи на жртвеникот врз дрвата.+ 10 Тогаш Авраам посегна по ножот и го зеде за да го заколе својот син.+ 11 Но Јеховин ангел го викна од небото и му рече:+ „Аврааме, Аврааме!“ А тој се одгласи: „Еве ме!“ 12 И ангелот му рече: „Не кревај рака на момчето и не прави му ништо,+ зашто сега, кога не одби да ми го дадеш својот син, својот единец, навистина знам дека се боиш од Бог!“+ 13 Тогаш Авраам ги подигна очите и погледна, и гледај, недалеку од него еден овен се беше заплеткал со роговите во еден честак. Авраам отиде, го зеде овенот, па го принесе како жртва паленица наместо својот син.+ 14 И Авраам го нарече она место Јехова-Ире.* Затоа денес обично се вели: „На Јеховината планина ќе биде прибавено“.+
15 А Јеховиниот ангел по втор пат го викна Авраам од небото 16 и му рече: „,Се колнам во себе‘, вели Јехова,+ ‚затоа што го направи ова и не одби да ми го дадеш својот син, својот единец,+ 17 навистина ќе те благословам и навистина ќе го намножам твоето потомство како ѕвездите на небото и како зрнцата песок на морскиот брег.+ Твоето потомство ќе ги заземе портите* на своите непријатели.+ 18 И преку твоето потомство+ ќе се благословат сите народи на земјата затоа што го послуша мојот глас‘ “.+
19 Потоа Авраам се врати кај своите слуги, па станаа и заедно отидоа во Вирсавеја.+ И Авраам продолжи да живее во Вирсавеја.
20 По тие настани, му јавија на Авраам: „Ене, и Мелха+ му роди синови на брат ти Нахор:+ 21 првородениот Уз, брат му Вуз+ и Кемуил, таткото на Арам, 22 како и Кесед, Азав, Филдес, Едлаф и Ветуил“.+ 23 А на Ветуил му се роди Ревека.+ Овие осуммина му ги роди Мелха на Нахор, брат му на Авраам. 24 Тој имаше и наложница,* која се викаше Ревма. Таа ги роди: Тавек, Гама, Тахас и Мааха.+
23 Сара живееше сто дваесет и седум години. Толку поживеа Сара.+ 2 Сара умре во Киријат-Арва,+ односно во Хеврон,+ во ханаанската земја,+ и Авраам дојде да тагува по Сара и да ја оплаче. 3 Потоа Авраам стана од пред својата покојница и им рече на синовите на Хет:+ 4 „Дојденец сум и доселеник меѓу вас.+ Продајте ми едно место за гроб кај вас за да ја однесам мојата покојница и да ја погребам!“+ 5 А синовите на Хет му одговорија на Авраам: 6 „Чуј нѐ, господару!+ Ти си кнез Божји меѓу нас.+ Погреби ја својата покојница во нашиот најдобар гроб!+ Никој од нас нема да одбие да ти го даде својот гроб за да можеш да ја погребеш својата покојница“.+
7 Тогаш Авраам стана и им се поклони на жителите на таа земја,*+ на синовите на Хет,+ 8 и им рече: „Ако е по волја на вашата душа да ја однесам и да ја погребам својата жена, послушајте ме и замолете го во мое име Ефрон, синот на Сохар,+ 9 да ми ја даде пештерата Макпела,+ која е негова, а се наоѓа на крајот од неговата нива. Нека ми ја продаде за гроб+ пред ваши очи за онолку сребро колку што чини“.
10 А Ефрон седеше тука меѓу синовите на Хет. Затоа Ефрон Хетеецот+ му одговори на Авраам за да го чујат со свои уши синовите на Хет и сите оние што влегуваа низ портата на неговиот град:+ 11 „Не, господару! Послушај ме! Таа нива ти ја давам, сосе пештерата што е на неа ти ја давам. Ти ја давам пред очи на синовите на мојот народ.+ Погреби ја својата покојница!“ 12 Тогаш Авраам се поклони пред жителите на таа земја 13 и му рече на Ефрон за да го чујат тие со свои уши: „Само кога би ме послушал! Не, мораш да ме послушаш! Со сребро ќе ти ја платам таа нива. Земи го од мене+ за да можам да ја погребам таму својата покојница!“
14 А Ефрон му одговори на Авраам: 15 „Послушај ме, господару! Земјата вреди четиристотини сикли* сребро, но што е тоа меѓу мене и тебе! Затоа, погреби ја својата покојница“.+ 16 И Авраам го послуша Ефрон и му измери на Ефрон онолку сребро колку што тој му рече пред синовите на Хет, четиристотини сикли сребро според трговската мера.+ 17 Така нивата на Ефрон што беше во Макпела спроти Мамре — нивата и пештерата што беше на неа и сите дрвја што беа на нивата+ оградени со меѓите наоколу — 18 премина во сопственост+ на Авраам пред очи на синовите на Хет, пред сите што влегуваа низ портата на неговиот град.+ 19 Потоа Авраам ја погреба својата жена Сара во пештерата на нивата Макпела спроти Мамре, односно Хеврон, во ханаанската земја.+ 20 Така синовите на Хет потврдија дека нивата со пештерата што беше на неа му припаѓа на Авраам како гробница.+
24 Авраам остаре и навлезе во години, и Јехова го беше благословил Авраам во сѐ.+ 2 Затоа Авраам му рече на својот слуга, најстариот во домот, кој управуваше со сѐ што имаше тој:+ „Те молам, стави ја раката под моето бедро+ 3 за да те заколнам во Јехова,+ Богот на небесата и Богот на земјата, да не земеш жена за мојот син од ќерките на Ханаанците, меѓу кои живеам,+ 4 туку да отидеш во мојата земја и кај моите роднини,+ и да му земеш жена на мојот син, на Исак“.
5 Меѓутоа, слугата му рече: „Што ако таа жена не сака да дојде со мене во оваа земја? Дали ќе морам да го вратам твојот син во земјата од која замина ти?“+ 6 А Авраам му одговори: „Внимавај добро да не го вратиш мојот син таму!+ 7 Јехова, Богот на небесата, кој ме одведе од домот на мојот татко и од земјата на моите роднини+ и кој ми зборуваше и ми се заколна:+ ‚На твоето семе+ ќе му ја дадам оваа земја‘,+ тој ќе го испрати својот ангел пред тебе,+ и ти ќе му земеш жена на мојот син оттаму.+ 8 Но ако жената не сака да појде со тебе, ќе бидеш ослободен од заклетвата што ми ја даде.+ Само немој да го вратиш таму мојот син!“ 9 Тогаш слугата ја стави раката под бедрото на Авраам, својот господар, и му се заколна дека ќе го стори тоа.+
10 Потоа слугата зеде десет камили од стадото на својот господар и подготви секакви драгоцености од својот господар, кои беа во негови раце.+ Тогаш стана и тргна на пат за Месопотамија, во градот на Нахор. 11 Кога стигна таму, ги пушти камилите да полегнат надвор од градот кај еден бунар.+ А беше приквечер, време кога жените обично излегуваа да нацрпат вода.+ 12 И тогаш рече: „Јехова, Боже на мојот господар Авраам,+ те молам, направи го ова дело пред мене денес и биди милостив*+ кон мојот господар Авраам!+ 13 Еве, стојам крај еден извор на вода, и ќерките на луѓето од градот излегуваат да нацрпат вода.+ 14 Девојката на која ќе ѝ речам: ‚Те молам, спушти ја својата стомна да се напијам‘, а која ќе рече: ‚Пиј, и твоите камили ќе ги напојам‘, нека биде онаа што си ја одредил за својот слуга+ Исак! Дозволи по тоа да знам дека си му покажал милост на мојот господар!“+
15 И уште не го беше докажал тоа,+ кога еве, дојде Ревека, ќерката на Ветуил,+ синот на Мелха,+ жената на Авраамовиот брат Нахор,+ со стомната на рамо.+ 16 А девојката беше многу убава,+ девица со која уште ниту еден маж не беше легнал.+ Таа слезе до изворот, ја наполни стомната, а потоа се врати горе. 17 Слугата веднаш ѝ притрча во пресрет и ѝ рече: „Те молам, дај ми голтка вода од твојата стомна!“+ 18 А таа рече: „Пиј, господару!“ Па брзо ја спушти стомната на раката и му даде да пие.+ 19 Кога тој се напи, му рече: „И на твоите камили ќе им црпам вода додека да ги напојам“.+ 20 Тогаш брзо ја излеа својата стомна во поилото и пак отрча до бунарот да нацрпи вода,+ и не застана додека не нацрпи вода за сите негови камили. 21 За сето тоа време човекот молчешкум и со чудење ја набљудуваше за да дознае дали Јехова му дал успех на неговото патување или не.+
22 А кога камилите се напоија, човекот извади една златна алка за нос,+ тешка половина сикел,* и две бразлетни+ за нејзините раце, тешки десет сикли злато, 23 па рече: „Те молам, кажи ми чија ќерка си? Има ли во домот на татко ти место за да преноќеваме?“+ 24 А таа му рече: „Јас сум ќерка на Ветуил,+ синот на Мелха, кого таа му го роди на Нахор“.+ 25 И уште му рече: „Кај нас има и слама и доста храна за стоката, а и место за ноќевање“.+ 26 Тогаш човекот се поклони и падна ничкум пред Јехова,+ 27 па рече: „Нека е благословен Јехова,+ Богот на мојот господар Авраам, кој не го лиши мојот господар од својата милост и од својата верност. Јехова ме доведе по мојот пат во домот на браќата на мојот господар“.+
28 И девојката отрча и го раскажа сето тоа во домот на својата мајка. 29 А Ревека имаше брат кој се викаше Лаван.+ Тогаш Лаван отрча кај човекот што беше надвор кај изворот. 30 Откако ги виде алката за нос и бразлетните+ на рацете на својата сестра и откако ги чу зборовите на сестра си Ревека, која рече: „Вака и вака ми рече оној човек“, тој отиде кај човекот што беше таму и стоеше кај камилите на изворот, 31 па веднаш му рече: „Дојди, ти кој си благословен од Јехова!+ Зошто стоиш тука надвор кога јас ја подготвив куќата и направив место за камилите?“ 32 И човекот дојде во куќата, а тој ги растовари камилите и им даде слама и храна, па донесе вода за да си ги измијат нозете и човекот и луѓето што беа со него.+ 33 Потоа му принесоа да јаде, но тој рече: „Нема да јадам додека не го кажам она што имам да го кажам“. Затоа Лаван рече: „Тогаш кажи!“+
34 Тој почна: „Јас сум слуга на Авраам.+ 35 Јехова многу го благослови мојот господар, така што го збогати и му даде овци и говеда, сребро и злато, слуги и слугинки, камили и магариња.+ 36 Освен тоа, Сара, жената на мојот господар, на старост му роди син на мојот господар,+ и тој ќе му даде сѐ што има.+ 37 Така мојот господар ме заколна: ‚Не смееш да земеш жена за мојот син од ќерките на Ханаанците, во чијашто земја живеам!+ 38 Не, туку оди во домот на мојот татко и во моето семејство,+ па доведи му жена на мојот син!‘+ 39 А јас му реков на мојот господар: ‚Што ако таа жена не појде со мене?‘+ 40 Тогаш тој ми рече: ‚Јехова, кому му служам,*+ ќе го испрати својот ангел+ со тебе и сигурно ќе му даде успех на твојот пат,+ а ти доведи му жена на мојот син од моето семејство и од домот на мојот татко.+ 41 Од мојата заклетва ќе бидеш ослободен ако дојдеш во моето семејство и тоа не ти ја даде, тогаш ќе бидеш слободен од мојата заклетва‘.+
42 Денес, кога дојдов на изворот, реков: ‚Јехова, Боже на мојот господар Авраам, ако сакаш навистина да му дадеш успех на патот по кој тргнав,+ 43 еве, јас стојам крај еден извор на вода, па девојката+ што ќе дојде да нацрпи вода и на која ќе ѝ речам: „Те молам, дај ми да се напијам малку вода од твојата стомна“, 44 а која ќе ми рече: „Напиј се, а и на твоите камили ќе им нацрпам вода“, таа нека биде жената што Јехова ја одредил за синот на мојот господар‘.+
45 Уште не го бев докажал+ тоа во своето срце,+ кога ете, дојде Ревека со стомната на рамо. Слезе до изворот, па нацрпи вода.+ Тогаш ѝ реков: ‚Те молам, дај ми да се напијам!‘+ 46 Таа брзо ја спушти стомната и рече: ‚Напиј се,+ а и твоите камили ќе ги напојам‘. Тогаш јас се напив, а таа ги напои и камилите. 47 Потоа ја прашав: ‚Чија ќерка си?‘+ А таа одговори: ‚Ќерка сум на Ветуил, синот на Нахор, кого му го роди Мелха‘. Тогаш ѝ ги ставив алката на носот и бразлетните на рацете.+ 48 И тогаш се поклонив и паднав ничкум пред Јехова и го благословив Јехова, Богот на мојот господар Авраам,+ кој ме водеше по правиот пат+ за да ја земам ќерката на братот на мојот господар за неговиот син. 49 А сега, ако сакате да му покажете милост и верност на мојот господар,+ кажете ми! А ако нејќете, кажете ми го и тоа за да можам да тргнам надесно или налево!“+
50 Тогаш Лаван и Ветуил одговорија: „Ова доаѓа од Јехова.+ Не можеме да ти кажеме ни лошо ни добро.+ 51 Еве, Ревека е пред тебе. Земи ја и оди, и нека му стане жена на синот на твојот господар, токму како што рекол Јехова!“+ 52 А кога слугата на Авраам ги чу нивните зборови, веднаш падна ничкум наземи пред Јехова.+ 53 И слугата почна да вади сребрени и златни предмети, како и облеки, и да ѝ ги дава на Ревека, а вредни дарови им даде и на нејзиниот брат и на нејзината мајка.+ 54 Потоа јадеа и пиеја, тој и луѓето што беа со него, па ја поминаа ноќта таму, а изутрината станаа.
И тој рече: „Пуштете ме да се вратам кај мојот господар!“+ 55 А брат ѝ и мајка ѝ рекоа: „Нека остане девојката со нас барем десет дена, па после нека оди“. 56 Но тој им рече: „Немојте да ме задржувате кога гледате дека Јехова му даде успех на мојот пат!+ Пуштете ме да си одам кај мојот господар!“+ 57 А тие рекоа: „Да ја викнеме девојката, па да чуеме од нејзина уста што ќе рече таа!“+ 58 Тогаш ја повикаа Ревека и ѝ рекоа: „Сакаш ли да појдеш со овој човек?“ А таа рече: „Сакам“.+
59 И така ги испратија својата сестра Ревека,+ нејзината доилка+ и Авраамовиот слуга со неговите луѓе. 60 И ја благословија Ревека со зборовите: „О сестро наша, стани им мајка на неброени илјади, и твоето потомство нека ја освои портата* на оние што го мразат!“+ 61 Потоа Ревека и нејзините слугинки+ станаа, седнаа на камилите+ и тргнаа по човекот. Така слугата ја зеде Ревека и замина на пат.
62 А Исак се враќаше по патот што води од Веер-Лахај-Рој,+ зашто живееше во подрачјето на Негев.+ 63 Исак беше излегол во полето за да размислува+ во приквечерината. Кога ги подигна очите, ги здогледа камилите што доаѓаа. 64 А кога Ревека ги подигна очите и го здогледа Исак, брзо слезе од камилата, 65 па го праша слугата: „Кој е оној човек што ни доаѓа во пресрет преку полето?“ „Тоа е мојот господар“, ѝ одговори слугата. А таа зеде превез и се покри.+ 66 И слугата му раскажа на Исак за сѐ што беше направил. 67 Потоа Исак ја внесе Ревека во шаторот на својата мајка Сара.+ Така тој ја зеде и таа му стана жена.+ Исак ја засака,+ и така најде утеха по смртта на мајка си.+
25 А Авраам зеде уште една жена, која се викаше Хетура.+ 2 Таа му ги роди: Зимран, Јоксан, Медан, Мадијам,+ Есвок и Суј.+
3 На Јоксан му се родија: Сава+ и Дедан.+
А синови на Дедан се: Асурим, Летусим и Леумим.
4 Синови на Мадијам се: Ефа,+ Ефер, Анох, Авида и Елдаг.+
Сите овие се синови на Хетура.
5 Подоцна Авраам му даде на Исак сѐ што имаше,+ 6 а на синовите што ги доби од наложниците* Авраам им даде дарови.+ Потоа, уште додека беше жив, ги испрати да си одат откај неговиот син Исак,+ на исток, во Источната земја.+ 7 А ова е бројот на годините што Авраам ги поживеа: сто седумдесет и пет години. 8 Потоа Авраам издивна и умре во длабока старост, стар и задоволен, и им се придружи на своите прататковци.+ 9 Неговите синови Исак и Исмаел го погребаа во пештерата Макпела на нивата на Ефрон, синот на Сохар Хетеецот, која е пред Мамре,+ 10 на нивата што Авраам ја беше купил од синовите на Хет. Таму се погребани Авраам и неговата жена Сара.+ 11 По смртта на Авраам, Бог и понатаму го благословуваше неговиот син Исак,+ а Исак живееше близу Веер-Лахај-Рој.+
12 Ова се настаните од животот* на Авраамовиот син Исмаел,+ кого му го роди на Авраам Египќанката Агара, слугинката на Сара.+
13 Ова се Исмаеловите синови, од кои потекнаа нивните семејства, по нивните имиња: Исмаеловиот првороден Навајот,+ а потоа Кидар,+ Авдеил, Мивсам,+ 14 Мишма, Дума, Маса, 15 Адад,+ Тема,+ Јетур, Нафис и Кедма.+ 16 Тоа се синовите на Исмаел, и тоа се нивните имиња според нивните населби и според нивните логори:+ дванаесет кнезови по нивните племиња.+ 17 А Исмаел живееше сто триесет и седум години. Потоа издивна и умре, и им се придружи на своите прататковци.+ 18 Неговите потомци живееја од Авила,+ близу Сур,+ кој е пред Египет, па сѐ до Асирија. Се населија спроти сите свои браќа.+
19 Ова се настаните од животот* на Авраамовиот син Исак.+
На Авраам му се роди Исак. 20 Исак имаше четириесет години кога ја зеде за жена Ревека, ќерката на Ветуил+ Сириецот+ од Падан Арам, сестрата на Лаван Сириецот. 21 Исак и понатаму сесрдно го молеше Јехова за својата жена,+ бидејќи беше неротка.+ И Јехова го услиши,+ па неговата жена Ревека забремени. 22 А синовите во неа почнаа да се удираат еден со друг,+ па таа рече: „Ако е така, зошто сум жива?“ Тогаш отиде да се посоветува со Јехова.+ 23 А Јехова ѝ рече: „Два народа се во твојата утроба,+ и два народа ќе се одделат од твојата утроба.+ Едниот народ ќе биде посилен од другиот,+ и постариот ќе му служи на помладиот“.+
24 И дојде време таа да роди, кога ете — во нејзината утроба имаше близнаци.+ 25 Првиот излезе сиот црвен и влакнест како наметка од влакна.+ Затоа му го дадоа името Исав.*+ 26 По него излезе неговиот брат, држејќи се со рака за петицата на Исав.+ Затоа Исак му го даде името Јаков.*+ А кога Ревека му ги роди, Исак имаше шеесет години.
27 Момчињата пораснаа, и Исав стана вешт ловец,+ полски човек, а Јаков беше беспрекорен* човек+ и живееше во шатори.+ 28 На Исак му беше помил Исав, бидејќи му носеше дивеч за јадење, додека Ревека повеќе го сакаше Јаков.+ 29 Еднаш Јаков готвеше некаква чорба кога Исав дојде од полето уморен. 30 И Исав му рече на Јаков: „Бргу, дај ми да јадам од тоа црвено јадење, од тоа црвеното што си го сварил, зашто сум уморен!“ Затоа го доби името Едом.*+ 31 Но Јаков му рече: „Продај ми го најпрво своето право на првородство!“+ 32 А Исав му одврати: „Еве, јас речиси умрев, па што ќе ми е првородството?“ 33 Јаков продолжи: „Најпрво заколни ми се!“+ И тој му се заколна и така му го продаде на Јаков своето право на првородство.+ 34 Тогаш Јаков му даде на Исав леб и чорба од леќа, и тој јадеше и пиеше.+ Потоа стана и си отиде. Така Исав го презре своето првородство.+
26 Во земјата завладеа глад, покрај оној првиот глад што беше во деновите на Авраам,+ па Исак тргна да оди кај Авимелех, царот на Филистејците, во Герар.+ 2 Тогаш му се појави Јехова и му рече:+ „Не слегувај во Египет. Логорувај во земјата што ќе ти ја покажам.+ 3 Живеј како дојденец во оваа земја,+ а јас и понатаму ќе бидам со тебе и ќе те благословувам, зашто тебе и на твоето семе ќе ви ги дадам сите овие земји,+ и ќе ја исполнам заклетвата со која му се заколнав на татко ти Авраам:+ 4 ,Ќе го намножам твоето потомство како ѕвездите на небото и на твоето потомство ќе му ги дадам сите овие земји,+ и преку твоето потомство ќе се благословат сите народи на земјата‘,+ 5 зашто Авраам го слушаше мојот глас, ги извршуваше своите обврски кон мене и ги држеше моите заповеди, одредби и закони“.+ 6 Така Исак остана да живее во Герар.+
7 А кога луѓето од тоа место се распрашуваа за неговата жена, тој велеше: „Таа ми е сестра“.+ Зашто се плашеше да каже: „Жена ми е“, велејќи си: „Луѓето од ова место би можеле да ме убијат поради Ревека“, затоа што беше убава.+ 8 И бидејќи таму се задржа подолго, еднаш Авимелех, царот на Филистејците, додека гледаше низ прозорецот, забележа како Исак ја милува својата жена Ревека.+ 9 Авимелех веднаш го викна Исак и му рече: „Па таа ти била жена! Како можеше да речеш: ‚Таа ми е сестра‘?“ А Исак му одговори: „Го реков тоа зашто се плашев да не загинам поради неа“.+ 10 Но Авимелех продолжи: „Што ни направи?+ За малку некој од народот ќе легнеше со твојата жена, и така ќе ни навлечеше вина!“+ 11 Тогаш Авимелех му заповеда на сиот народ: „Кој ќе ги допре овој човек и неговата жена, ќе биде казнет со смрт!“
12 Потоа Исак почна да сее семе во таа земја,+ и во таа година на една мера добиваше и до сто мери,+ бидејќи Јехова го благословуваше.+ 13 Така Исак стана богат и сѐ повеќе напредуваше и стануваше сѐ побогат додека не стана многу богат.+ 14 И стекна стада овци и говеда и многу слуги,+ така што Филистејците почнаа да му завидуваат.+
15 И Филистејците ги затрупаа и ги наполнија со земја+ сите бунари што, во деновите на неговиот татко Авраам, ги беа ископале слугите на татко му.+ 16 Најпосле Авимелех му рече на Исак: „Оди си откај нас зашто стана многу помоќен од нас!“+ 17 Така Исак си отиде оттаму и се улогори во Герарската Долина,*+ и таму се насели. 18 И Исак повторно ги ископа бунарите за вода што беа ископани во деновите на татко му Авраам, а кои Филистејците ги затрупаа по смртта на Авраам.+ Тој им ги даде истите имиња што им ги беше дал неговиот татко.+
19 Слугите на Исак и понатаму копаа во таа долина, и така најдоа еден бунар со пивка вода. 20 А пастирите од Герар почнаа да се караат со пастирите на Исак,+ велејќи: „Водата е наша!“ Затоа на тој бунар му го даде името Есек,* бидејќи тие се караа со него. 21 Потоа ископаа друг бунар, па се скараа и за него. Затоа го нарече Ситна.* 22 Оттаму си отиде и ископа уште еден бунар,+ но околу него не се караа. Затоа го нарече Реховот* и рече: „Зашто сега Јехова ни даде доволно простор+ и нѐ направи плодни на земјата“.+
23 Оттаму отиде во Вирсавеја.+ 24 Истата таа ноќ му се појави Јехова и му рече: „Јас сум Богот на твојот татко Авраам.+ Не плаши се,+ зашто јас сум со тебе, и ќе те благословам и ќе го намножам твоето потомство поради мојот слуга Авраам!“+ 25 Затоа Исак таму подигна жртвеник и го повика* името на Јехова.+ Таму го распна својот шатор,+ а неговите слуги почнаа и таму да копаат бунар.
26 А од Герар дојде кај него Авимелех со својот доверлив пријател Охозат и со Фихол, заповедникот на неговата војска.+ 27 А Исак ги праша: „Зошто дојдовте кај мене кога ме мразите и кога ме истеравте откај вас?“+ 28 А тие му одговорија: „Јасно гледаме дека Јехова е со тебе.+ Затоа решивме да те замолиме: ‚Да се заколнеме едни на други,+ со заклетва меѓу нас и тебе, и да склучиме сојуз со тебе+ 29 дека нема да ни направиш ништо лошо, како што и ние не те допревме тебе, туку ти правевме само добро и те пуштивме да си одиш во мир!+ Сега ти си благословениот од Јехова‘ “.+ 30 Тогаш тој им приреди гозба, па јадеа и пиеја.+ 31 Следното утро станаа рано и се заколнаа едни на други.+ Потоа Исак ги испрати, и тие си отидоа откај него во мир.+
32 Во истиот ден слугите на Исак дојдоа да го известат за бунарот што го беа ископале,+ па му рекоа: „Најдовме вода!“ 33 А тој го нарече Савеа. Затоа градот до ден-денес се вика Вирсавеја.+
34 Кога имаше четириесет години, Исав ги зеде за жени Јудита, ќерката на Веири Хетеецот, и Васемата, ќерката на Елон Хетеецот.+ 35 Тие им го загорчуваа животот* на Исак и Ревека.+
27 Кога остаре и очите толку му ослабеа што повеќе не гледаше,+ Исак го повика својот постар син Исав и му рече:+ „Сине!“ А тој се одгласи: „Еве ме!“ 2 Тој продолжи: „Еве остарев.+ Не знам во кој ден ќе умрам.+ 3 Затоа, земи ја сега, те молам, својата опрема, тулот и лакот, па излези в поле и улови ми дивеч!+ 4 Потоа зготви ми вкусно јадење, какво што сакам, и донеси ми да јадам, па мојата душа да те благослови пред да умрам!“+
5 Но Ревека слушаше додека Исак му зборуваше на својот син Исав. И Исав отиде в поле да улови дивеч и да го донесе.+ 6 А Ревека му рече на својот син Јаков:+ „Еве, штотуку го чув татко ти како разговара со брат ти Исав и му рече: 7 ‚Донеси ми дивеч и зготви ми вкусно јадење, да јадам, па да те благословам пред Јехова пред да умрам!‘+ 8 А сега, сине, послушај го мојот глас и направи така како што ќе ти кажам!+ 9 Оди, те молам, кај стадото и донеси ми оттаму две добри јариња, па од нив да му зготвам на татко ти вкусно јадење, какво што сака тој. 10 Потоа ќе го однесеш кај татко ти да јаде, па да те благослови пред да умре“.
11 А Јаков ѝ рече на мајка си Ревека: „Но брат ми Исав е влакнест човек, а јас не сум.+ 12 Што ако татко ми ме попипа?+ Тогаш ќе помисли дека сум сакал да му се исмејувам,+ па ќе си навлечам проклетство, а не благослов“.+ 13 А мајка му му рече: „Проклетството наменето за тебе нека падне на мене, сине!+ Ти само послушај го мојот глас и оди, донеси ми ги!“+ 14 Така тој отиде, ги зеде и ѝ ги донесе на мајка си, а мајка му зготви вкусно јадење, какво што сакаше татко му. 15 Потоа Ревека зеде облека од својот постар син Исав,+ најубавата што ја имаше дома,+ и му ја облече на својот помлад син Јаков.+ 16 А со јарешки кожи му ги завитка рацете и голиот дел на вратот.+ 17 Потоа му го даде в раце на својот син Јаков вкусното јадење и лебот што го имаше направено.+
18 Така тој влезе кај татка си и рече: „Татко!“ „Еве ме!“ — се одгласи тој. „Кој си ти, сине?“ 19 Јаков му одговори на татка си: „Јас сум Исав, твојот првороден.+ Сторив како што ми рече. Те молам, стани! Седни и јади од мојот дивеч, па твојата душа да ме благослови!“+ 20 Тогаш Исак му рече на својот син: „Како го најде толку бргу, сине мој?“ А тој рече: „Јехова, твојот Бог, го пушти пред мене“. 21 Тогаш Исак му рече на Јаков: „Те молам, сине, пријди поблизу да те попипам за да знам дали си ти навистина мојот син Исав или не си!“+ 22 И Јаков му пријде на својот татко Исак, и тој го попипа, а потоа рече: „Гласот е на Јаков, но рацете се како рацете на Исав“.+ 23 И не го препозна, бидејќи рацете му беа влакнести како рацете на брат му Исав. И така го благослови.+
24 Потоа рече: „Ти ли си навистина мојот син Исав?“ „Да“, рече тој.+ 25 Потоа Исак му рече: „Принеси ми да јадам од уловот на мојот син, па да те благослови мојата душа!“+ И така Јаков му принесе и тој јадеше. Му донесе и вино, и тој се напи од него. 26 Потоа татко му Исак му рече: „Те молам, сине, пријди поблизу и бакни ме!“+ 27 Тој пријде поблизу и го бакна, така што Исак можеше да го почувствува мирисот на неговата облека.+ И го благослови, велејќи:
„Еве, мирисот на мојот син е како мирисот на полето што го благословил Јехова. 28 Вистинскиот Бог нека ти дава роса од небото+ и плодна земја,+ изобилство жито и младо вино!+ 29 Народи нека ти служат и племиња нека ти се клањаат!+ Биди им господар на своите браќа, и нека ти се клањаат синовите на твојата мајка!+ Проклет да е секој што те проколнува, а благословен да е секој што те благословува!“+
30 И само што Исак го благослови Јаков, а Јаков само што замина од пред лицето на својот татко Исак, се врати од лов брат му Исав.+ 31 И тој зготви вкусно јадење. Потоа му го донесе на својот татко и му рече: „Стани, татко, и јади од уловот на својот син, па да ме благослови твојата душа!“+ 32 Тогаш татко му Исак го праша: „Кој си ти?“ А тој му одговори: „Јас сум твојот син, твојот првороден, Исав“.+ 33 А Исак се потресе и почна силно да трепери, па рече: „Па тогаш, кој беше оној што улови дивеч и ми го донесе? Пред да дојдеш ти, јадев од сѐ и него го благословив. Тој и ќе остане благословен!“+
34 Кога ги чу зборовите на својот татко, Исав почна горко да плаче колку што го држеше гласот, па му рече на татка си:+ „Благослови ме и мене, татко!“+ 35 Но тој рече: „Брат ти дојде со измама за да го добие благословот наменет за тебе“.+ 36 А тој рече: „Зар не се вика Јаков* затоа што двапати ме истурка?+ Веќе ми го одзеде првородството,+ а сега ми го одзеде и благословот!“+ Потоа додаде: „Зарем не остави никаков благослов за мене?“ 37 А Исак му одговори на Исав: „Еве, го поставив за господар над тебе,+ и сите негови браќа му ги дадов за слуги,+ и го дарував со жито и со младо вино,+ па што би можел уште да сторам за тебе, сине?“
38 Тогаш Исав му рече на татка си: „Зарем имаш само еден благослов, татко? Благослови ме и мене, татко мој!“+ Тогаш Исав заплака на глас.+ 39 А татко му Исак му одговори:
„Еве, твоето живеалиште ќе биде далеку од плодната земја и далеку од небесната роса.+ 40 Од мечот свој ќе живееш+ и на брат ти ќе му служиш.+ Но, ќе дојде време кога ќе се побуниш, па ќе го фрлиш неговиот јарем од својот врат“.+
41 А Исав го замрази Јаков поради благословот со кој го беше благословил татко му,+ и во срцето си велеше:+ „Наближуваат деновите на тагување по татко ми.+ Потоа ќе го убијам брат ми Јаков“.+ 42 Кога ѝ ги кажаа на Ревека зборовите од нејзиниот постар син Исав, таа веднаш испрати по својот помлад син Јаков и му рече: „Внимавај! Брат ти Исав се теши со мислата дека ќе те убие.+ 43 Затоа сега, сине, послушај го мојот глас и стани,+ бегај кај Лаван, мојот брат, во Харан!+ 44 И живеј кај него некое време додека не стивне бесот на брат ти,+ 45 додека не се одврати од тебе гневот на брат ти и не заборави што си му направил!+ А јас ќе испратам по тебе и ќе те доведам одонде. Зошто да останам без вас двајцата во еден ден?“
46 Потоа Ревека му рече на Исак: „Ми се смачи животов од ќерките на Хет.+ Ако се ожени и Јаков со некоја од ќерките на оваа земја, како што се ќерките на Хет, тогаш што ќе ми е животот?“+
28 Затоа Исак го повика Јаков, го благослови и му заповеда: „Немој да земеш жена од ханаанските ќерки.+ 2 Стани, оди во Падан Арам во куќата на Ветуил, таткото на твојата мајка, и одонде земи си жена од ќерките на Лаван, братот на мајка ти!+ 3 А Семоќниот Бог ќе те благослови, ќе те направи плоден и ќе те намножи, така што од тебе ќе настане голем народ.+ 4 И тој ќе ти го даде Авраамовиот благослов+ тебе и на твоето потомство со тебе+ за да ја заземеш земјата во која си дојденец,+ а која Бог му ја даде на Авраам“.+
5 Така Исак го испрати Јаков, и тој замина за Падан Арам кај Лаван, синот на Ветуил Сириецот+ и брат на Ревека,+ мајката на Јаков и на Исав.+
6 А Исав виде дека Исак го благослови Јаков и го испрати во Падан Арам за да си земе жена оттаму, и дека, кога го благослови, му заповеда: „Немој да земеш жена од ханаанските ќерки“,+ 7 и дека Јаков ги послуша татка си и мајка си, па појде во Падан Арам.+ 8 Тогаш сфати дека ханаанските ќерки не му се по волја на неговиот татко Исак.+ 9 Затоа Исав отиде кај Исмаел* и, покрај жените што веќе ги имаше,+ ја зеде за жена Маелата, ќерката на Авраамовиот син Исмаел, сестрата на Навајот.
10 А Јаков продолжи по својот пат од Вирсавеја кон Харан.+ 11 Кога наиде на едно место, реши тука да преноќева зашто сонцето веќе беше зајдено. Па зеде еден камен од она место, си го стави како зглавје и легна на тоа место.+ 12 И сони сон:+ на земјата стоеше скала, чиј врв допираше до небото, и Божји ангели се качуваа и слегуваа по неа.+ 13 А над неа стоеше Јехова, кој рече:+
„Јас сум Јехова, Богот на твојот татко Авраам и Богот на Исак.+ Земјата на која лежиш ќе ти ја дадам тебе и на твоето потомство.+ 14 Твоето потомство ќе биде како правот на земјата,+ и ти ќе се рашириш на запад, и на исток, и на север, и на југ.+ Преку тебе и преку твоето потомство ќе се благословат сите народи на земјата.+ 15 Еве, јас сум со тебе, и ќе те чувам по целиот пат по кој одиш и ќе те вратам во оваа земја,+ зашто нема да те оставам додека не го направам сето она што ти го реков“.+
16 Тогаш Јаков се разбуди од сонот и рече: „Навистина, Јехова е на ова место, а јас не знаев“. 17 Целиот уплашен, рече:+ „Што страв влева ова место!+ Тоа не е ништо друго освен домот Божји,+ а ова е небесната порта“. 18 Така Јаков стана рано изутрината, го зеде каменот што му беше под главата, го исправи како столб и на врвот излеа масло.+ 19 Потоа местото го нарече Ветил,*+ а порано тој град се викаше Луз.+
20 И Јаков се заветува:+ „Ако остане Бог со мене и ако ме зачува на овој пат по кој одам, ако ми даде леб да јадам и облека да се облекувам+ 21 и ако се вратам среќно во домот на мојот татко, тогаш Јехова ќе докаже дека е мој Бог.+ 22 А овој камен што го исправив како столб ќе стане дом Божји,+ и од сѐ што ти ќе ми даваш мене, по една десеттина јас ќе ти давам тебе“.+
29 Потоа Јаков тргна на пат и отпатува во земјата на синовите на Истокот.+ 2 Кога погледна, виде бунар во полето и три стада овци што лежеа покрај него, бидејќи на тој бунар обично се поеја стадата.+ Над отворот од бунарот имаше еден голем камен.+ 3 Кога ќе се собереа таму сите стада, ќе го отркалаа каменот од отворот на бунарот и ќе ги напоеја стадата, а потоа ќе го вратеа на неговото место на отворот од бунарот.
4 И Јаков ги праша: „Браќа мои, од каде сте?“ А тие одговорија: „Од Харан“.+ 5 Потоа ги праша: „Го познавате ли Лаван,+ внукот на Нахор?“+ „Го познаваме“, одговорија тие. 6 Тогаш тој ги праша: „Дали е добро?“+ „Добро е“, рекоа тие. „Еве доаѓа ќерка му Рахела+ со овците!“+ 7 А тој рече: „Но уште е ден. Уште не е време да се собираат стадата. Напојте ги овците, па пуштете ги да пасат“.+ 8 А тие рекоа: „Не можеме да го сториме тоа додека не се соберат сите стада. Дури тогаш ќе го отркалаат каменот од отворот на бунарот. Тогаш можеме да ги напоиме овците“.
9 Додека тој уште разговараше со нив, дојде Рахела+ со овците на својот татко, зашто беше овчарка.+ 10 А кога Јаков ја виде Рахела, ќерката на Лаван, братот на мајка му, и овците на Лаван, братот на мајка му, веднаш пријде, го отркала каменот од отворот на бунарот и ги напои овците на Лаван, братот на мајка му.+ 11 Тогаш Јаков ја бакна+ Рахела и гласно заплака.+ 12 И Јаков ѝ кажа на Рахела дека му е внук*+ на татко ѝ и дека е син на Ревека. А таа отрча и му го раскажа тоа на својот татко.+
13 Штом ја чу веста за Јаков, синот на сестра си, Лаван му отрча во пресрет,+ па го прегрна, го бакна и го доведе во својата куќа.+ Тогаш Јаков му раскажа на Лаван за сѐ што му се случи. 14 Потоа Лаван му рече: „Ти си навистина моја коска и мое месо“.+ И Јаков остана кај него цел месец.
15 Потоа Лаван му рече на Јаков: „Зарем да ми служиш бесплатно+ затоа што си ми роднина?+ Кажи, колкава да ти биде платата?“+ 16 А Лаван имаше две ќерки. Постарата се викаше Лија,+ а помладата Рахела. 17 Но очите на Лија беа без сјај, а Рахела+ имаше убава става и убаво лице.+ 18 Јаков ја засака Рахела, па рече: „Готов сум да ти служам седум години за твојата помлада ќерка Рахела“.+ 19 Тогаш Лаван рече: „Подобро да ти ја дадам тебе отколку на некој друг.+ Остани кај мене“. 20 И Јаков служеше за Рахела седум години,+ но тие му се видоа како неколку дена, зашто ја сакаше.+
21 Потоа Јаков му рече на Лаван: „Времето на моето служење заврши. Затоа, дај ми ја мојата жена, па да легнам со неа!“+ 22 Тогаш Лаван ги собра сите луѓе од она место и направи гозба.+ 23 Но таа вечер тој ја зеде својата ќерка Лија и ја воведе кај него за да легне со неа. 24 А Лаван ѝ ја даде својата слугинка Зелфа на ќерка си Лија за да ѝ биде слугинка.+ 25 А кога се раздени се виде дека тоа беше Лија! Тогаш тој му рече на Лаван: „Што ми направи? Зарем не ти служев за Рахела? Зошто ме измами?“+ 26 А Лаван му одговори: „Во нашево место не е обичај да ја омажиме помладата пред постарата. 27 Прославувај+ со оваа жена до крајот на седмицата. Потоа ќе ја добиеш и другата за службата што ќе ми ја вршиш уште седум години“.+ 28 И Јаков направи така и прославуваше со оваа жена до крајот на седмицата, а потоа Лаван му ја даде за жена и својата ќерка Рахела. 29 А Лаван ѝ ја даде својата слугинка Вилха+ на ќерка си Рахела за да ѝ биде слугинка.
30 Тогаш Јаков легна и со Рахела, и повеќе ја сакаше Рахела отколку Лија.+ Така служеше кај Лаван уште седум години.+ 31 Кога виде дека Лија не е сакана,* Јехова ѝ ја отвори материцата,+ а Рахела беше неротка.+ 32 И Лија забремени, роди син и му го даде името Рувим,*+ велејќи: „Јехова ја погледна мојата неволја,+ па сега мојот маж ќе ме засака“. 33 Таа пак забремени и роди син, па рече: „Јехова слушна+ дека не сум сакана, па ми го даде и овој“. Затоа му го даде името Симеон.*+ 34 И пак забремени и роди син, па рече: „Овојпат мојот маж ќе се приврзе кон мене, зашто му родив три сина“. Затоа тој го доби името Леви.*+ 35 А кога забремени уште еднаш и роди син, рече: „Овојпат ќе го фалам Јехова“. Затоа му го даде името Јуда.*+ Потоа не раѓаше некое време.
30 Кога виде дека не му роди ниту едно дете на Јаков, Рахела стана љубоморна на сестра си, па му рече на Јаков:+ „Дај ми деца или ќе умрам!“+ 2 Тогаш Јаков се разлути на Рахела и рече:+ „Зарем сум јас на местото на Бог, кој те лишил од плодот на утробата?“+ 3 Таа, пак, рече: „Еве ја мојата робинка Вилха.+ Легни со неа за да роди на мои колена, па преку неа и јас да добијам деца“.+ 4 Така таа му ја даде за жена својата слугинка Вилха, и Јаков легна со неа.+ 5 Вилха забремени и му роди на Јаков син.+ 6 Тогаш Рахела рече: „Бог ми беше судија,+ го чу и мојот глас и ми даде син“. Затоа му го даде името Дан.*+ 7 А Вилха, слугинката на Рахела, забремени уште еднаш и му роди на Јаков втор син. 8 Тогаш Рахела рече: „Се борев жестоко со мојата сестра. И победив!“ Затоа му го даде името Нефталим.*+
9 Кога виде дека престана да раѓа, Лија ја зеде својата слугинка Зелфа и му ја даде за жена на Јаков.+ 10 Така и Зелфа, слугинката на Лија, му роди син на Јаков. 11 Тогаш Лија рече: „Каква среќа!“ Затоа му го даде името Гад.*+ 12 Потоа Зелфа, слугинката на Лија, му роди на Јаков втор син. 13 Тогаш Лија рече: „Колку сум среќна! Жените ќе ме наречуваат среќна“.+ Затоа му го даде името Асер.*+
14 Еден ден, кога се жнееше пченицата,+ Рувим+ излезе во полето и најде мандрагори, па ѝ ги донесе на својата мајка Лија. Тогаш Рахела ѝ рече на Лија: „Те молам, дај ми некоја од мандрагорите на син ти!“+ 15 А таа ѝ одврати: „Зарем ти е малку што ми го зеде мажот,+ па сакаш да ми ги земеш и мандрагорите на син ми?“ А Рахела рече: „Затоа тој нека легне ноќеска со тебе во замена за мандрагорите на син ти!“
16 Кога Јаков вечерта си идеше од полето,+ Лија му излезе во пресрет и му рече: „Ќе легнеш со мене зашто те најмив за мандрагорите на син ми“. Така тој легна таа ноќ со неа.+ 17 А Бог ја чу и ја услиши Лија, па таа забремени и му роди на Јаков петти син.+ 18 Тогаш Лија рече: „Бог ми даде плата зашто му ја дадов на маж ми својата слугинка“. Затоа му го даде името Исахар.*+ 19 И Лија забремени уште еднаш и му роди на Јаков шести син.+ 20 Тогаш Лија рече: „Бог ме дарува со добар дар. Најпосле маж ми ќе ме прифати*+ зашто му родив шест сина“.+ Затоа му го даде името Завулон.*+ 21 Потоа роди ќерка и ѝ го стави името Дина.+
22 Најпосле Бог се сети на Рахела, и Бог ја услиши, така што ѝ ја отвори материцата.+ 23 И таа забремени и роди син, па рече: „Бог го отстрани мојот срам!“+ 24 Затоа му го даде името Јосиф,*+ велејќи: „Јехова ми додава уште еден син“.
25 А кога Рахела го роди Јосиф, Јаков му рече на Лаван: „Пушти ме да си одам во моето место и во мојата земја!+ 26 Дај ми ги жените и децата за кои ти служев, па да си одам, зашто ти добро знаеш како ти служев!“+ 27 Тогаш Лаван му рече: „Ако сум нашол милост во твои очи, остани кај мене! По знаците сфатив дека Јехова ме благословува поради тебе“,+ 28 па додаде, „одреди ја платата што ја бараш од мене, и ќе ти ја дадам!“+ 29 А тој му рече: „Ти самиот знаеш како ти служев и како се грижев за твојата стока.+ 30 Тоа малку што го имаше пред да дојдам, сега многу се намножи, зашто Јехова те благослови откако дојдов јас.+ А кога ќе направам нешто и за својот дом?“+
31 Тогаш тој праша: „Што да ти дадам?“ А Јаков му одговори: „Немој да ми даваш ништо!+ Ако го направиш за мене ова што ќе ти го речам, повторно ќе ти ја пасам стоката.+ Ќе продолжам да ја чувам.+ 32 Денес ќе поминам низ целото твое стадо. Одвој ја од него секоја дамчеста и шарена овца, и секој темнокафеав млад овен и секоја шарена и дамчеста коза. Отсега таквите нека ми бидат плата.+ 33 А мојата чесност ќе посведочи за мене кога и да дојдеш за да ја прегледаш мојата плата.+ Секоја коза што не е дамчеста или шарена и секој млад овен што не е темнокафеав, нека се смета за украден ако се најде кај мене“.+
34 А Лаван рече: „Добро! Нека биде така како што рече“.+ 35 Во истиот ден тој ги одвои ригестите и шарените јарци и сите дамчести и шарени кози, сѐ што имаше на себе нешто бело, и сите темнокафеави млади овни, па им ги предаде в раце на своите синови. 36 Потоа се оддалечи на три дена одење од Јаков, а Јаков ги пасеше стадата на Лаван што му преостанаа.
37 Тогаш Јаков зеде зелени прачки од дрвото стиракс,+ од бадем+ и од чинар,+ и им ја излупи кората на некои места, така што се гледаше белото на прачките.+ 38 Потоа прачките што ги излупи ги стави пред стадото во коритата, во поилата+ на коишто доаѓаа стадата да пијат вода, за да се тераат пред нив кога ќе дојдат да пијат.
39 Така стадата се тераа пред прачките, па она што го раѓаше стоката беше ригесто, дамчесто и шарено.+ 40 Јаков ги оддели младите овни, а потоа ги сврти стадата да гледаат кон сѐ што беше ригесто и темнокафеаво во стадата на Лаван. Потоа ја одвои својата стока и не ја мешаше со стоката на Лаван. 41 И секогаш кога ќе се тераше јаката+ стока, Јаков ќе ги ставеше прачките во коритата+ за да ги гледа стоката и да се тера пред нив. 42 Но кога стоката беше слаба, не ги ставаше таму. Така слабата стока секогаш беше за Лаван, а јаката за Јаков.+
43 И Јаков се богатеше сѐ повеќе, и стекна многу стока, слугинки и слуги, камили и магариња.+
31 По некое време, тој чу дека синовите на Лаван велат: „Јаков му зеде сѐ на нашиот татко, и од она што му припаѓаше на нашиот татко тој го натрупа сето ова богатство“.+ 2 А и на лицето на Лаван Јаков гледаше дека тој не е кон него истиот како порано.+ 3 Најпосле Јехова му рече на Јаков: „Врати се во земјата на своите татковци и кај своите роднини,+ а јас и понатаму ќе бидам со тебе“.+ 4 Тогаш Јаков испрати луѓе да ги викнат Рахела и Лија да дојдат во полето кај неговото стадо, 5 па им рече:
„Од лицето на вашиот татко гледам дека повеќе не е кон мене истиот како порано.+ Но Богот на мојот татко е со мене.+ 6 Вие и самите знаете дека му служев на вашиот татко колку што можев.+ 7 А вашиот татко си играше со мене и десет пати ми ја менуваше платата, но Бог не му дозволи да ми наштети.+ 8 Кога ќе речеше: ‚Дамчестите нека ти бидат плата‘, тогаш целото стадо раѓаше дамчести, а кога ќе речеше: ‚Ригестите нека ти бидат плата‘, тогаш целото стадо раѓаше ригести.+ 9 Така Бог му ја одземаше стоката на вашиот татко и ми ја даваше мене.+ 10 Еднаш, кога стоката се тераше, ги кренав очите и на сон видов+ дека јарците што скокаа на женките беа ригести, дамчести и шарени.+ 11 Тогаш ангелот на вистинскиот Бог ми рече во сонот: ‚Јакове!‘ А јас му се одѕвав: ‚Еве ме‘.+ 12 Тој продолжи: ‚Те молам, крени ги очите и види дека сите јарци што скокаат на женките се ригести, дамчести и шарени, зашто видов сѐ што ти прави Лаван!+ 13 Јас сум вистинскиот Бог од Ветил,+ каде што ти со масло помаза еден столб+ и каде што ми се заветува.+ А сега стани, излези од оваа земја и врати се во својата родна земја!‘ “+
14 Рахела и Лија му одговорија: „Зарем имаме сѐ уште некаков дел од наследството во домот на нашиот татко?+ 15 Зарем тој не нѐ смета за туѓинки кога нѐ продаде, па ги јаде парите што ги доби за нас?+ 16 Зашто, сето богатство што Бог му го одзеде на нашиот татко е наше и на нашите деца.+ Затоа сега направи сѐ што ти рекол Бог!“+
17 Тогаш Јаков стана, ги качи на камили своите деца и жени+ 18 и ја потера сета своја стока, сето богатство што го беше спечалил,+ стоката што ја беше спечалил во Падан Арам, па тргна кај татка си Исак во ханаанската земја.+
19 А Лаван беше отишол да ги стриже овците. Во меѓувреме Рахела ги украде домашните идоли+ на татка си. 20 Така Јаков го надитри Лаван Сириецот, бидејќи не му кажа дека ќе побегне. 21 Па тргна и побегна, преминувајќи ја Реката*+ со сѐ што имаше. Потоа се упати кон галадскиот планински крај.+ 22 Подоцна, на третиот ден, му кажаа на Лаван дека Јаков побегнал. 23 А тој ги зеде со себе своите браќа и тргна во потера по него,+ минувајќи пат од седум дена одење, па го стигна во галадскиот планински крај. 24 Тогаш Бог му дојде на Лаван Сириецот+ ноќе на сон+ и му рече: „Внимавај да не му зборуваш на Јаков ни добро ни лошо!“+
25 Така Лаван го стигна Јаков. Јаков го беше распнал својот шатор во галадските планини, а и Лаван таму ги беше улогорил своите браќа. 26 Тогаш Лаван му рече на Јаков: „Што направи? Зошто ме надитри и ги одведе моите ќерки како заробеници земени со меч?+ 27 Зошто мораше крадешкум да бегаш, да ме надитриш и да не ми кажеш? Зашто, јас ќе те испратев со веселба и со песни,+ со дајре и со харфа.+ 28 И не ми даде можност да си ги бакнам внуците и ќерките.+ Постапи навистина неразумно. 29 Мојата рака е доволно силна да ви направам зло,+ но Богот на вашиот татко ноќеска ми рече: ‚Внимавај да не му зборуваш на Јаков ни добро ни лошо‘.+ 30 Но, кога веќе замина затоа што силно копнееше по домот на татко ти, зошто тогаш ми ги украде боговите?“+
31 Јаков му одговори на Лаван: „Се плашев,+ па си реков: ‚Би можел да ми ги грабне своите ќерки‘. 32 Кај кого ќе ги најдеш своите богови, тој нека не живее повеќе.+ Пред нашите браќа пребарај го сето она што го имам кај себе, па земи си ги“.+ Но Јаков не знаеше дека Рахела ги имаше украдено.+ 33 Така Лаван влезе во шаторот на Јаков, во шаторот на Лија и во шаторот на двете робинки,+ но не ги најде. Најпосле, излезе од шаторот на Лија и влезе во шаторот на Рахела. 34 А Рахела ги беше зела домашните идоли и ги беше ставила во една кошара во каква што жени јаваа на камила, па седна врз нив. Така Лаван го пребара целиот шатор, но не ги најде. 35 Тогаш таа му рече на својот татко: „Нека не молсне гнев во очите на мојот господар+ поради тоа што не можам да станам пред него, зашто го имам она што е вообичаено кај жените!“+ Така тој и понатаму внимателно пребаруваше, но не ги најде домашните идоли.+
36 Тогаш Јаков се разгневи+ и почна да се кара со Лаван. Вака му рече на Лаван: „Каков е мојот престап,+ каков е мојот грев, па толку жестоко ме гониш?+ 37 Сега кога ги пребара сите мои работи, најде ли нешто од твојот дом?+ Стави го овде пред моите и твои браќа,+ па тие нека пресудат меѓу нас двајцата.+ 38 Овие дваесет години бев кај тебе. Твоите овци и кози не пометнуваа,+ и никогаш не јадев овни од твоето стадо. 39 Не ти донесов ниту едно растргнато животно.+ Самиот ја надоместував загубата. Било да беше украдено дење било да беше украдено ноќе, ти го бараше од мојата рака.+ 40 Дење ме убиваше горештината, а ноќе студот, и сонот ми бегаше од очите.+ 41 Во твојата куќа бев дваесет години. Четиринаесет години ти служев за твоите две ќерки и шест години за твојата стока, а ти ми ја менуваше платата десет пати.+ 42 Да не беше со мене Богот на мојот татко+ — Богот Авраамов и Стравот Исаков+ — ти сега ќе ме испратеше со празни раце. Но Бог ја видел мојата мака и трудот на моите раце, па ноќеска те укорил“.+
43 Тогаш Лаван одговори и му рече на Јаков: „Овие ќерки се мои ќерки и овие деца се мои деца, а ова стадо е мое стадо, и сѐ што гледаш е мое и на моите ќерки. Што можам денес да им сторам ним или на децата што ги родиле? 44 Ајде сега да склучиме сојуз,+ јас и ти, и тој нека биде сведок помеѓу мене и тебе“.+ 45 Така Јаков зеде еден камен и го постави како столб.+ 46 Потоа Јаков им рече на своите браќа: „Соберете камења!“ И тие насобраа камења и направија една грамада.+ Потоа јадеа на таа грамада. 47 И Лаван ја нарече Јегар-Сахадута,* а Јаков ја нарече Галед.*
48 А Лаван рече: „Оваа грамада е денес сведок помеѓу мене и тебе“. Затоа ја нарече Галед+ 49 и Стражарска кула, зашто рече: „Јехова нека чува стража помеѓу мене и тебе кога нема да се гледаме еден со друг.+ 50 Ако постапуваш лошо со моите ќерки+ и ако земеш други жени покрај моите ќерки, макар што со нас нема ниту еден човек, еве, Бог е сведок помеѓу мене и тебе“.+ 51 И Лаван уште му рече на Јаков: „Еве ја оваа грамада и еве го столбот што го подигнав помеѓу мене и тебе. 52 Оваа грамада е сведок и овој столб е сведоштво+ дека јас нема да ја поминам оваа грамада за да дојдам против тебе и дека ти нема да ја поминеш оваа грамада и овој столб за да дојдеш против мене со зла намера.+ 53 Богот* Авраамов+ и Нахоров,+ богот* на нивниот татко, нека суди* помеѓу нас“. А Јаков се заколна во Стравот на својот татко Исак.+
54 Потоа Јаков принесе жртва на планината и ги покани своите браќа да јадат леб.+ Така јадеа леб и ја поминаа ноќта на планината. 55 А Лаван стана рано изутрината, па ги бакна+ децата и ќерките и ги благослови.+ Потоа Лаван тргна назад во своето место.+
32 А кога Јаков отиде по својот пат, го сретнаа Божјите ангели.+ 2 Штом ги здогледа, Јаков рече: „Ова е Божји логор!“+ Затоа, на тоа место му го даде името Маханаим.*+
3 Тогаш Јаков испрати пред себе гласници+ кај својот брат Исав во земјата Сеир,+ на подрачјето на Едом,+ 4 и им заповеда: „Вака ќе му речете на мојот господар,+ на Исав: ‚Твојот слуга Јаков ти порачува: „Живеев кај Лаван и останав долго, сѐ до сега.+ 5 Стекнав говеда, магариња, овци, слуги и слугинки,+ па му го јавувам тоа на мојот господар за да најдам милост во негови очи“ ‘ “.+
6 По некое време, гласниците се вратија кај Јаков и рекоа: „Бевме кај брат ти Исав, и тој ти доаѓа во пресрет со четиристотини луѓе“.+ 7 А Јаков многу се исплаши и се загрижи.+ Затоа ги раздели на две групи луѓето што беа со него, ситната стока, говедата и камилите,+ 8 па рече: „Ако Исав наиде на едната група и ја нападне, другата сѐ уште ќе успее да побегне“.+
9 Потоа Јаков рече: „О Боже на мојот татко Авраам и Боже на мојот татко Исак!+ О Јехова, ти кој ми велиш: ‚Врати се во својата земја и кај своите роднини, и јас ќе постапувам добро со тебе‘,+ 10 јас не сум достоен за сета милост* и за сета верност што ја покажа кон мене, твојот слуга,+ зашто го поминав овој Јордан само со стап, а сега имам два логора.+ 11 Те молам, избави ме+ од раката на брат ми, од раката на Исав, зашто се плашам дека ќе дојде и ќе ме нападне мене,+ а и мајките со деца! 12 Ти самиот ми рече: ‚Навистина ќе бидам добар кон тебе и ќе направам твоето потомство да биде како зрната морски песок, кои се толку многу што не може да се избројат‘ “.+
13 Таа ноќ ја помина тука. А од она што го имаше зеде дар за својот брат Исав:+ 14 двесте кози и дваесет јарци, двесте овци и дваесет овни, 15 триесет камили доилки со нивните младенчиња, четириесет крави и десет бика, дваесет магарици и десет магариња.+
16 Потоа на своите слуги им предаваше едно стадо по друго и им велеше: „Поминете ја реката пред мене и држете растојание помеѓу стадата!“+ 17 И му заповеда на првиот: „Ако те сретне брат ми Исав и ако те праша: ‚Чиј си, каде одиш и чие е ова пред тебе?‘ — 18 речи му: ‚На твојот слуга Јаков. Тоа е дар+ што му го испраќа на мојот господар+ Исав, а ене, и тој самиот иде по нас‘ “. 19 Така му заповеда и на вториот, и на третиот, а и на сите што одеа по стадата: „Така речете му на Исав кога ќе го сретнете!+ 20 И уште речете му: ‚Ене, твојот слуга Јаков иде по нас‘ “.+ Зашто, си рече: „Ќе го смирам со дарот што оди пред мене,+ па потоа ќе го видам неговото лице. Можеби тогаш ќе ме прими љубезно“.+ 21 Така дарот ја помина реката пред него, а тој ја мина таа ноќ во логорот.+
22 Уште во истата ноќ, стана, ги зеде своите две жени,+ двете слугинки+ и своите единаесет млади синови+ и го премина Јавок+ каде што беше плитко. 23 Така ги зеде и ги преведе преку реката,*+ и пренесе сѐ што имаше.
24 Најпосле Јаков остана сам. Тогаш еден човек се бореше со него сѐ додека не се зазори.+ 25 Кога виде дека не може да го совлада,+ му го допре бедрото кај зглобот, така што на Јаков му се исчаши колкот додека се бореше со него.+ 26 Потоа рече: „Пушти ме, зашто се зазори!“ А Јаков му одврати: „Не те пуштам додека не ме благословиш“.+ 27 А тој го праша: „Како се викаш?“ „Јаков“, одговори тој. 28 Тогаш му рече: „Повеќе нема да се викаш Јаков, туку Израел,*+ зашто се бореше+ со Бог и со луѓето, и надвладеа“. 29 А Јаков го запраша: „Те молам, кажи ми го своето име!“ Но тој му рече: „Зошто прашуваш за моето име?“+ И таму го благослови. 30 Затоа Јаков го нарече местото Фануил*+ зашто, како што рече: „Се видов со Бог лице в лице, а сепак мојата душа се избави“.+
31 И сонцето заблеска над него кога го помина Фануил, но куцаше поради колкот.+ 32 Затоа синовите на Израел до ден-денес не ја јадат жилата* која се наоѓа на бедрениот зглоб, зашто ангелот го допре Јаков кај бедрениот зглоб, на местото каде што се наоѓа жилата.+
33 По некое време, Јаков ги крена очите и виде како доаѓа Исав со четиристотини мажи.+ Затоа ги раздели децата и им ги даде на Лија, на Рахела и на двете слугинки.+ 2 Слугинките и нивните деца ги постави најнапред,+ Лија и нејзините деца зад нив,+ а Рахела и Јосиф најодзади.+ 3 А тој самиот појде пред нив и седумпати се поклони доземи додека не дојде до својот брат.+
4 А Исав му потрча во пресрет,+ го прегрна,+ му се фрли околу вратот и го бакна, па двајцата заплакаа на глас. 5 Тогаш ги крена очите и ги виде жените и децата, па рече: „Кои се овие со тебе?“ „Децата со кои Бог милостиво го дарува твојот слуга“, му одговори Јаков.+ 6 Тогаш пристапија слугинките со своите деца, и се поклонија. 7 Потоа пристапи Лија со своите деца, па се поклонија, а на крајот пристапија Јосиф и Рахела, и се поклонија.+
8 Тогаш тој рече: „А каква ти беше намерата со сиот оној табор што го сретнав?“+ А тој му одговори: „Да најдам милост во очите на својот господар“.+ 9 Тогаш Исав рече: „Имам јас многу од сѐ, брате мој.+ Нека ти остане она што е твое“. 10 Но Јаков рече: „Немој, те молам! Ако сум нашол милост во твои очи,+ прими го дарот од мојата рака, зашто, кога го видов твоето лице, како да го видов Божјето лице, затоа што ме прими со убаво!+ 11 Земи го, те молам, овој дар со кој те благословувам,+ зашто Бог ми покажа милост и имам сѐ!“+ И упорно го наговараше, така што Исав го прифати дарот.+
12 Потоа Исав рече: „Да станеме и да тргнеме, а јас ќе одам пред тебе“. 13 Но тој му рече: „Мојот господар знае дека децата се нејаки и дека имам овци и крави доилки,+ па ако ги тераат пребрзо само еден ден, целото стадо ќе пцовиса.+ 14 Те молам, господару, појди пред својот слуга, а јас ќе продолжам да патувам полека, колку што може стоката+ што е пред мене и колку што можат децата,+ сѐ додека не дојдам кај својот господар во Сеир!“+ 15 Тогаш Исав рече: „Дај да ти оставам неколкумина од луѓето што се со мене!“ А тој рече: „Зошто? Доста ми е тоа што наоѓам милост во очите на својот господар!“+ 16 Така Исав во истиот ден се врати по својот пат во Сеир.
17 А Јаков отиде во Сокот,+ каде што си изгради куќа, а за својата стока направи трла.+ Затоа го нарече местото Сокот.*
18 По некое време откако дојде од Падан Арам,+ Јаков стигна жив и здрав до градот Сихем,+ кој е во ханаанската земја,+ и се улогори пред градот. 19 И од рацете на синовите на Емор, таткото на Сихем, за сто сребреници* купи парче земја на кое го распна својот шатор.+ 20 И таму подигна жртвеник и го нарече „Бог, Богот на Израел“.+
34 Дина, ќерката што Лија+ му ја роди на Јаков, ги посетуваше+ ќерките од таа земја.+ 2 Сихем, синот на Емор Евеецот,+ поглаварот на таа земја, ја здогледа, па ја зеде, легна со неа и ја обесчести.+ 3 И неговата душа се приврза кон Дина, ќерката на Јаков, и тој се вљуби во девојката, па настојуваше со убедливи зборови да го придобие нејзиното срце. 4 Најпосле Сихем му рече на својот татко Емор:+ „Земи ми ја оваа девојка за жена!“+
5 Јаков слушна дека тој ја обесчестил ќерка му Дина. Но, бидејќи неговите синови беа со стоката во полето,+ Јаков молчеше додека не дојдоа тие.+ 6 Тогаш Емор, таткото на Сихем, отиде кај Јаков да разговара со него.+ 7 А синовите на Јаков дојдоа од полето веднаш штом слушнаа што се случило. Тоа ги погоди и многу ги разлути,+ бидејќи Сихем беше постапил безумно и беше му нанел срам на Израел со тоа што легна со ќерката на Јаков,+ нешто што не смееше да се направи.+
8 А Емор им рече: „Син ми Сихем се приврза со сета душа кон вашата ќерка.+ Ве молам, дајте му ја за жена,+ 9 и склучувајте бракови со нас!+ Вашите ќерки ќе ни ги давате нам, а нашите ќерки ќе ги земате за себе.+ 10 Живејте со нас, и земјата ќе ви биде на располагање. Останете овде, тргувајте и населете се тука!“+ 11 Тогаш Сихем им рече на татко ѝ и на нејзините браќа: „Дозволете да најдам милост во ваши очи, и што и да побарате од мене, тоа ќе ви го дадам! 12 Слободно барајте за невестата многу пари и голем дар,+ и јас сум готов да ви дадам колку што ќе речете, само дајте ми ја девојката за жена“.
13 Тогаш синовите на Јаков измамнички им одговорија на Сихем и на неговиот татко Емор, а така зборуваа зашто тој ја беше обесчестил нивната сестра Дина.+ 14 И им рекоа: „Не можеме да го сториме тоа и да ја дадеме нашата сестра за човек што не е обрежан,+ зашто за нас тоа е срам. 15 Ќе се согласиме со вас само под услов да станете како нас, така што ќе ги обрежете сите машки што ги имате.+ 16 Тогаш ќе ви ги даваме своите ќерки, а ќе ги земаме за себе вашите, и ќе живееме со вас и ќе станеме еден народ.+ 17 Но ако не нѐ послушате и не се обрежете, ќе си ја земеме нашата ќерка и ќе си одиме“.
18 Нивниот предлог им се допадна на Емор и на Сихем, синот на Емор,+ 19 и младичот воопшто не се колебаше да го исполни условот,+ бидејќи ќерката на Јаков многу му омиле. Освен тоа, беше најугледниот+ во целиот татков дом.+
20 Така Емор и неговиот син Сихем излегоа на портата од својот град, па им се обратија на луѓето од градот+ и рекоа: 21 „Овие луѓе се мирољубиви кон нас.+ Затоа, нека живеат во земјата и нека тргуваат во неа, зашто земјата е доволно пространа и за нив.+ Нивните ќерки можеме да ги земаме за жени, а нашите ќерки можеме да им ги даваме ним.+ 22 Но тие луѓе ќе се согласат да живеат со нас и да станеме еден народ само под услов сите наши машки да се обрежат како што се обрежани тие.+ 23 Нема ли тогаш да бидат наши нивните поседи, нивното богатство и сета нивна стока?+ Само да се согласиме, и тие ќе живеат со нас!“+ 24 Тогаш сите што излегуваа на портата од неговиот град ги послушаа Емор и неговиот син Сихем, и сите машки се обрежаа, сите што излегуваа на портата од неговиот град.
25 Но на третиот ден, додека тие беа во болки,+ двајца синови на Јаков, Симеон и Леви,+ браќа на Дина,+ го зедоа секој својот меч, влегоа во градот без некој да се посомнева и почнаа да ги убиваат сите машки жители.+ 26 Со сечилото на мечот+ ги убија Емор и неговиот син Сихем, ја зедоа Дина од куќата на Сихем и си отидоа.+ 27 Останатите синови на Јаков ги нападнаа смртно ранетите мажи и го опљачкаа градот, зашто таму беше обесчестена нивната сестра.+ 28 Ги зедоа нивните овци и говеда, и нивните магариња, и она што беше во градот, и она што беше во полето.+ 29 Го пленија и целиот нивни имот, а сите нивни мали деца и нивните жени ги заробија и ги одведоа, така што опљачкаа сѐ што беше во куќите.+
30 Тогаш Јаков им рече на Симеон и на Леви:+ „Ме озлогласивте и поради вас ме замразија жителите на оваа земја,+ Ханаанците и Ферезејците. Тие сигурно ќе се соберат против мене и ќе ме нападнат, бидејќи јас имам малку луѓе,+ па ќе ме погубат и мене и мојот дом“. 31 А тие рекоа: „Зарем смее некој со нашата сестра да постапува како со блудница?“+
35 Потоа Бог му рече на Јаков: „Стани, оди во Ветил и живеј таму,+ и таму направи му жртвеник на вистинскиот Бог, кој ти се појави кога бегаше од брат ти Исав!“+
2 Тогаш Јаков им рече на своите домашни и на сите што беа со него: „Отстранете ги туѓите богови што се кај вас,+ исчистете се и променете ја облеката,+ 3 па да станеме и да одиме во Ветил! Таму ќе му направам жртвеник на вистинскиот Бог, кој ме услиши во денот на мојата неволја,+ така што беше со мене по патот по којшто одев“.+ 4 Така тие му ги дадоа на Јаков сите туѓи богови+ што ги имаа и обетките што им беа на ушите, и Јаков ги закопа+ под големото дрво што беше близу до Сихем.
5 Потоа тргнаа, а голем страв од Бог ги обзеде градовите што беа околу нив,+ така што не отидоа во потера по синовите на Јаков. 6 Така Јаков дојде во Луз,+ кој е во ханаанската земја, односно во Ветил, тој и сите луѓе што беа со него. 7 Таму подигна жртвеник и местото го нарече Ел-Ветил,* зашто таму му се беше открил вистинскиот Бог кога бегаше од својот брат.+ 8 Подоцна умре Девора,+ доилката на Ревека, па ја погребаа подолу од Ветил под едно огромно дрво. Затоа му го даде името Алон-Вакут.*
9 Бог повторно му се појави на Јаков, кога се враќаше од Падан Арам,+ и го благослови.+ 10 И Бог му рече: „Името ти е Јаков.+ Но повеќе нема да се викаш Јаков, туку името ќе ти биде Израел“. Така му го даде името Израел.+ 11 Бог уште му рече: „Јас сум Семоќниот Бог.+ Биди плоден и множи се! Од тебе ќе настане народ, голем народ, и цареви ќе потекнат од тебе.*+ 12 А земјата што им ја дадов на Авраам и на Исак, ќе ти ја дадам тебе, и на твоето семе+ по тебе ќе му ја дадам таа земја“.+ 13 Потоа Бог замина откај него, вознесувајќи се од местото каде што зборуваше со него.+
14 Затоа Јаков постави столб на местото каде што зборуваше со него,+ столб од камен, и излеа на него жртва налевница и го прелеа со масло.+ 15 А местото на коешто Бог зборуваше со него, Јаков и понатаму го викаше Ветил.+
16 Потоа тргнаа од Ветил. И додека уште имаа пред себе добар дел од патот до Ефрата,+ Рахела почна да се пораѓа, а пораѓањето беше тешко.+ 17 И додека се мачеше при пораѓањето, бабицата ѝ рече: „Не плаши се, зашто ќе имаш уште еден син!“+ 18 И додека животот во неа гаснеше,*+ бидејќи умираше,+ му го даде името Венони, но татко му го нарече Венијамин.+ 19 Така Рахела умре и беше погребана на патот за Ефрата, односно за Витлеем.+ 20 А Јаков постави столб над нејзиниот гроб. Тој столб стои на гробот на Рахела до ден-денес.+
21 Потоа Израел тргна понатаму и го распна шаторот зад кулата Едер, на извесна оддалеченост од неа.+ 22 Додека Израел логоруваше+ во таа земја, Рувим отиде и легна со Вилха, наложницата* на својот татко Израел, и тој дозна за тоа.+
А Јаков имаше дванаесет сина. 23 Синовите од Лија беа: Рувим,+ првородениот на Јаков, Симеон, Леви, Јуда, Исахар и Завулон. 24 Синовите од Рахела беа: Јосиф и Венијамин. 25 Синовите од Вилха, слугинката на Рахела, беа: Дан и Нефталим. 26 А синовите од Зелфа, слугинката на Лија, беа: Гад и Асер. Тоа се синовите на Јаков, кои му се родија во Падан Арам.
27 Најпосле Јаков дојде кај својот татко Исак во Мамре,+ во Киријат-Арва,+ односно во Хеврон, каде што Авраам и Исак живееја како дојденци.+ 28 А Исак доживеа сто и осумдесет години.+ 29 Потоа Исак издивна и умре и им се придружи на своите прататковци, стар и задоволен од животот,+ а неговите синови Исав и Јаков го погребаа.+
36 Ова се настани од животот* на Исав, односно Едом.+
2 Исав си зеде жени од ханаанските ќерки:+ Ада,+ ќерката на Елон Хетеецот,+ Оливема,+ ќерката на Ана, внуката на Севегон Евеецот, 3 и Васемата,+ ќерката на Исмаел, сестрата на Навајот.+
4 Ада му го роди на Исав Елифаз, Васемата го роди Рагуил,
5 а Оливема ги роди Јеус, Јалам и Кореј.+
Тоа се синовите на Исав што му се родија во ханаанската земја. 6 Потоа Исав ги зеде своите жени, синовите и ќерките и сите души од својот дом, својата стока и сите други животни и сето свое богатство+ што го беше спечалил во ханаанската земја, и си отиде откај својот брат Јаков во друга земја.+ 7 Зашто, беа стекнале толку многу добра што повеќе не можеа да останат заедно и, поради нивната стока, земјата во која живееја како дојденци не можеше да ги издржува.+ 8 Така Исав се насели во сеирските планини.+ Исав е Едом.+
9 Ова се настани од животот* на Исав, таткото на Едомците во сеирските планини.+
10 Ова се имињата на синовите на Исав: Елифаз, син на Исавовата жена Ада, и Рагуил, син на Исавовата жена Васемата.+
11 А синовите на Елифаз се: Теман,+ Омар, Сефо, Готом и Кенез.+ 12 Тимна+ му стана наложница* на Елифаз, синот на Исав. Таа на Елифаз му го роди Амалик.+ Ова се синовите од Ада, жената на Исав.
13 Ова се синовите на Рагуил: Нахат и Зара, Сама и Миза.+ Ова се синовите од Васемата,+ жената на Исав.
14 Ова се синовите од Исавовата жена Оливема, ќерката на Ана, внуката на Севегон, коишто таа му ги роди на Исав: Јеус, Јалам и Кореј.+
15 Ова се кнезовите*+ од синовите на Исав. Синовите на Елифаз, Исавовиот првороден: кнез Теман,+ кнез Омар, кнез Сефо, кнез Кенез, 16 кнез Кореј, кнез Готом, кнез Амалик. Ова се кнезовите од Елифаз+ во земјата Едом. Ова се синовите од Ада.
17 Ова се синовите на Исавовиот син Рагуил: кнез Нахат, кнез Зара, кнез Сама, кнез Миза. Ова се кнезовите од Рагуил во земјата Едом.+ Ова се синовите од Васемата, жената на Исав.
18 А ова се синовите од Исавовата жена Оливема: кнез Јеус, кнез Јалам, кнез Кореј. Ова се кнезовите од Исавовата жена Оливема, ќерката на Ана.
19 Ова се синовите на Исав, и ова се нивните кнезови. Тој е Едом.+
20 Ова се синовите на Сеир Хореецот, жители на земјата:+ Лотан, Совал, Севегон, Ана,+ 21 Дисон, Есер и Дисан.+ Ова се кнезовите на Хорејците, синови на Сеир, во земјата Едом.
22 А синовите на Лотан се Хори и Емам. Сестра на Лотан беше Тимна.+
23 Ова се синовите на Совал: Алван, Манахат, Евал, Сефиј и Онам.
24 Ова се синовите на Севегон: Аја и Ана. Тоа е оној Ана што ги најде топлите извори во пустелијата додека ги чуваше магарињата на својот татко Севегон.+
25 Ова се децата на Ана: Дисон и Оливема, ќерката на Ана.
26 Ова се синовите на Дисон: Амадан, Есван, Итран и Херан.+
27 Ова се синовите на Есер: Валан, Заван и Акан.
28 Ова се синовите на Дисан: Уз и Аран.+
29 Ова се кнезовите од Хореецот: кнез Лотан, кнез Совал, кнез Севегон, кнез Ана, 30 кнез Дисон, кнез Есер, кнез Дисан.+ Ова се кнезовите на Хорејците, кнезови во земјата Сеир.
31 А ова се царевите што владееја во едомската земја+ пред да почнат да владеат цареви над синовите на Израел.+ 32 Вела, синот на Веор, почна да владее во Едом,+ а неговиот град се викаше Денава. 33 Кога умре Вела, на негово место завладеа Јовав, синот на Зара+ од Восор.+ 34 Кога умре Јовав, на негово место завладеа Хусам+ од земјата на Теманците.+ 35 Кога умре Хусам, на негово место завладеа Адад, синот на Ведад, кој ги порази Мадијамците+ во моавската земја,+ а неговиот град се викаше Авит.+ 36 Кога умре Адад, на негово место завладеа Самла од Масрека.+ 37 Кога умре Самла, на негово место завладеа Саул од Реховот на реката.+ 38 Кога умре Саул, на негово место завладеа Ваал-Анан, синот на Ахвор.+ 39 Кога умре Ваал-Анан, синот на Ахвор, на негово место завладеа Адар. Неговиот град се викаше Пау, а жена му се викаше Метевеил. Таа ѝ беше ќерка на Матраида, ќерката на Мезаав.+
40 Значи, ова се имињата на кнезовите од Исав по нивните семејства, по нивните места, по нивните имиња: кнез Тимна, кнез Алва, кнез Јетет,+ 41 кнез Оливема, кнез Ила, кнез Финон,+ 42 кнез Кенез, кнез Теман, кнез Мивсар,+ 43 кнез Магдиел, кнез Ирам. Ова се кнезовите на Едом+ според нивните живеалишта во земјата што ја беа зазеле.+ Тоа е Исав, таткото на Едомците.+
37 А Јаков остана да живее во земјата во која татко му беше дојденец,+ во ханаанската земја.+
2 Ова се настани од животот* на Јаков.
Кога имаше седумнаесет години, Јосиф+ ги чуваше овците заедно со своите браќа,+ а бидејќи уште беше многу млад, беше со синовите на Вилха+ и на Зелфа,+ жените на неговиот татко. Јосиф му донесуваше на татка си лоши гласови за нив.+ 3 А Израел го сакаше Јосиф повеќе отколку сите други синови+ зашто му се роди на старост, и му направи долга ригеста облека со ракави.+ 4 Кога видоа дека татко им го сака повеќе од сите нив, неговите браќа го замразија+ и не можеа да му кажат мирно ниту еден збор.+
5 Подоцна Јосиф сони сон и им го раскажа на своите браќа,+ а тие уште повеќе го замразија поради тоа. 6 Имено, тој им рече: „Ве молам, чујте го сонот што го сонив!+ 7 Си врзувавме снопови среде полето, кога одеднаш мојот сноп се подигна и застана исправено, а вашите снопови го опколија мојот сноп и му се поклонија“.+ 8 А неговите браќа му рекоа: „Да не имаш намера да бидеш цар над нас?+ Да не сакаш, можеби, да господариш со нас?“+ Така најдоа нова причина да го мразат поради неговите соништа и поради неговите зборови.
9 Потоа тој сони уште еден сон, па им го раскажа на своите браќа: „Пак сонив сон. Во него сонцето, месечината и единаесет ѕвезди ми се клањаа мене“.+ 10 Кога им го раскажа тоа на својот татко и на своите браќа, татко му го прекори:+ „Што значи тој сон што си го сонил? Ќе дојдеме ли јас, мајка ти и твоите браќа да ти се клањаме доземи?“ 11 И неговите браќа почнаа да му љубоморат,+ но татко му размислуваше за тие зборови.+
12 Еднаш неговите браќа отидоа да го пасат стадото на татка си близу Сихем.+ 13 По некое време, Израел му рече на Јосиф: „Зарем твоите браќа не ги чуваат стадата близу Сихем? Ајде да те испратам кај нив“. А тој му одговори: „Еве ме!“+ 14 Тогаш му рече: „Те молам, оди и види дали се живи и здрави твоите браќа и дали е добро стадото, па јави ми!“+ Така го испрати од Хевронската Долина,+ и тој отиде кон Сихем. 15 Подоцна некој човек го најде како скита по полето, па го запраша: „Што бараш?“ 16 „Ги барам моите браќа“, одговори тој. „Те молам, кажи ми каде ги чуваат стадата?“ 17 Човекот одговори: „Отидоа одовде, зашто ги чув како велат: ‚Ајде да одиме во Дотан!‘“ Така Јосиф продолжи да ги бара своите браќа и ги најде во Дотан.
18 А тие го здогледаа оддалеку и, пред да им се приближи, почнаа лукаво да коваат заговор против него за да го убијат.+ 19 Па си рекоа еден на друг: „Еве, доаѓа оној сонувачот.+ 20 Ајде сега да го убиеме и да го фрлиме во една од јамите за вода!+ Ќе речеме дека го изела дива ѕверка.+ Па да видиме тогаш што ќе биде со неговите соништа“. 21 Кога го чу тоа, Рувим се обиде да го избави од нивни раце.+ Затоа рече: „Да не ја убиваме неговата душа!“+ 22 Рувим понатаму им велеше: „Не пролевајте крв!+ Фрлете го во оваа јама во пустелијава и не кревајте рака на него!“+ Всушност, сакаше да го избави од нивни раце и да го врати кај татко му.
23 И штом Јосиф дојде кај своите браќа, тие му ја соблекоа долгата облека, долгата ригеста облека што ја носеше,+ 24 па го зедоа и го фрлија во јамата за вода.+ Во тоа време јамата беше празна, во неа немаше вода.
25 Потоа седнаа да јадат леб.+ Кога ги подигнаа очите и погледнаа, гледај, караван со Исмаелци+ доаѓаше од Галад со камили натоварени со мирислива смола леданон, со балсам и со смолеста кора,+ кои ги носеа во Египет. 26 Тогаш Јуда им рече на своите браќа: „Од каква полза ќе биде ако го убиеме нашиот брат и ако ја скриеме неговата крв?+ 27 Ајде да им го продадеме на Исмаелците+ и да не креваме рака на него!+ Тој е сепак наш брат, наше месо“. Така го послушаа својот брат.+ 28 Токму тогаш наидоа некои мадијамски трговци.+ А браќата го извлекоа Јосиф од јамата+ и им го продадоа на Исмаелците за дваесет сребреници.+ Овие, пак, го одведоа Јосиф во Египет.
29 Кога се врати кај јамата и виде дека Јосиф повеќе не е во неа, Рувим си ја раскина облеката.+ 30 Штом се врати кај браќата, извика: „Го нема детето! За каде сум сега јас?“+
31 А тие ја зедоа долгата облека на Јосиф, заклаа јарец и повеќепати ја натопија во крвта.+ 32 Потоа му ја испратија на својот татко долгата ригеста облека и му порачаа: „Ова го најдовме. Те молиме, види+ дали е ова облеката на твојот син или не е!“+ 33 А тој, откако убаво ја разгледа, извика: „Тоа е облеката на син ми! Лута ѕверка го изела!+ Јосиф е растргнат на парчиња!“+ 34 Тогаш Јаков ја раскина својата наметка, си препаша козина околу бедрата и тажеше по својот син многу дни.+ 35 И сите негови синови и сите негови ќерки настојуваа да го утешат,+ но тој не дозволуваше да го утешат, туку велеше:+ „Со тажење ќе отидам кај мојот син во гробот!“* Така татко му плачеше по него.
36 А во Египет Мадијамците му го продадоа на Петефри, дворјанин на фараонот,+ заповедник на телесната стража.+
38 А во меѓувреме, Јуда замина откај своите браќа и го распна шаторот близу еден човек, Адоламец,+ кој се викаше Хира. 2 Таму Јуда ја забележа ќерката на еден Ханаанец,+ кој се викаше Шуја, па ја зеде за жена и легна со неа. 3 Таа забремени и роди син, кому тој му го даде името Ир.+ 4 И таа повторно забремени и роди син, па му го даде името Онан. 5 И уште еднаш роди син, и му го даде името Сала. А кога таа го роди него, Јуда беше во Ахзив.+
6 На својот првороден Ир, Јуда му зеде жена, која се викаше Тамара.+ 7 Но Ир, првородениот на Јуда, беше зол во Јеховини очи,+ па затоа Јехова го погуби.+ 8 Затоа Јуда му рече на Онан: „Легни со жената на брат ти и склучи со неа деверски* брак, па подигни му потомство на брат ти!“+ 9 Но Онан знаеше дека потомството нема да биде негово,+ па затоа, кога имаше односи со жената на својот брат, го истураше семето наземи за да не му даде потомство на својот брат.+ 10 А тоа што го направи беше зло во очите на Јехова,+ па тој го погуби и него.+ 11 Тогаш Јуда ѝ рече на својата снаа Тамара: „Живеј како вдовица во куќата на татко ти додека да порасне мојот син Сала!“+ Зашто, си рече: „И тој може да умре како неговите браќа“.+ Така Тамара отиде да живее во куќата на својот татко.+
12 А по многу дни, умре ќерката на Шуја, жената на Јуда,+ и Јуда, според обичајот, тагуваше одредено време.+ Потоа, со својот пријател, Адоламецот Хира,+ отиде во Темна+ кај луѓето што ги стрижеа неговите овци. 13 Тогаш ѝ јавија на Тамара: „Ене, свекор ти оди во Темна да ги стриже овците“.+ 14 А таа ја соблече вдовичката облека, се покри со марама и си стави превез, па седна на влезот од Енаим, кој е на патот за Темна, зашто виде дека Сала порасна, но неа сѐ уште не ја омажија за него.+
15 Кога ја здогледа, Јуда веднаш помисли дека е блудница,+ зашто си го беше покрила лицето.+ 16 Па скршна од патот кон неа и ѝ рече: „Дозволи да легнам со тебе!“+ Зашто, не знаеше дека тоа е снаа му.+ Но таа му рече: „Што ќе ми дадеш за да легнеш со мене?“+ 17 „Ќе ти испратам јаре од стадото“, одговори тој. А таа рече: „Ќе ми дадеш ли залог додека не го испратиш?“+ 18 „Каков залог да ти дадам?“ — праша тој. А таа рече: „Својот печатен прстен,+ врвцата и стапот што ти е во раката“. Тогаш ѝ го даде сето тоа, па легна со неа, и таа забремени од него. 19 Потоа таа стана и отиде, ја симна марамата и пак ја облече вдовичката облека.+
20 А Јуда го испрати јарето по својот пријател Адоламецот+ за да го добие назад залогот од раката на жената, но овој не можеше да ја најде. 21 Па ги праша луѓето од нејзиното место: „Каде е онаа храмска блудница што беше во Енаим покрај патот?“ Но тие му одговорија: „Овде никогаш немало храмска блудница“.+ 22 На крајот се врати кај Јуда и рече: „Не можев да ја најдам, а освен тоа, луѓето од она место рекоа: ‚Овде никогаш немало храмска блудница‘ “. 23 Тогаш Јуда рече: „Нека си го задржи она што ѝ го дадов за да не си навлечеме презир.+ Еве, јас ѝ го праќав ова јаре, а ти не си ја нашол“.
24 Но, некаде по три месеци му јавија на Јуда: „Снаа ти Тамара се оддала на блуд,+ и ете, во својот блуд и забременила“.+ Тогаш Јуда рече: „Изведете ја, погубете ја и запалете ја“.+ 25 А додека ја изведуваа, таа испрати луѓе да му кажат на нејзиниот свекор: „Забременив од човекот на кого му припаѓа ова“.+ И додаде: „Те молам, види+ чиј е овој печатен прстен, врвцава и стапов!“+ 26 А кога Јуда ги погледна, рече:+ „Поправедна е од мене,+ зашто не му ја дадов на син ми Сала“.+ И потоа не легна повеќе со неа.+
27 Кога ѝ дојде времето да роди, се покажа дека во утробата има близнаци. 28 И кога раѓаше, едниот ја подаде раката, а бабицата веднаш зеде црвен конец, му го врза околу раката и рече: „Овој излезе прв“. 29 Но тој ја вовлече раката и излезе неговиот брат, па таа извика: „Зошто толку ја раскина материцата?“ Затоа го доби името Фарес.*+ 30 А потоа излезе брат му, кој околу раката имаше црвен конец, и тој го доби името Зара.+
39 Јосиф го одведоа долу во Египет.+ И Египќанецот Петефри,+ дворјанин на фараонот, заповедник на телесната стража, го купи од рацете на Исмаелците,+ кои го беа одвеле таму. 2 А Јехова беше со Јосиф, така што тој имаше успех во сѐ,+ и беше поставен над куќата на својот господар, Египќанецот. 3 И неговиот господар виде дека Јехова е со него и дека Јехова му дава успех во сѐ што ќе преземеше неговата рака.
4 И Јосиф ја стекнуваше неговата наклоност и постојано го послужуваше, така што тој го постави над својата куќа,+ и сѐ што имаше му даде нему в раце. 5 И откако Египќанецот го постави над својата куќа и над сѐ што имаше, Јехова ја благословуваше неговата куќа поради Јосиф, и Јеховиниот благослов беше над сѐ што имаше тој во куќата и во полето.+ 6 На крајот, сѐ што имаше препушти во рацете на Јосиф,+ па повеќе за ништо не се грижеше освен за лебот што го јадеше. А Јосиф порасна и имаше убава става и убаво лице.
7 По некое време, жената на неговиот господар се загледа+ во Јосиф и почна да му вели: „Легни со мене!“+ 8 Но тој одбиваше,+ велејќи ѝ на жената на својот господар: „Гледај, мојот господар не се грижи за ништо во куќата, и сѐ што има ми предаде в раце.+ 9 Никој во оваа куќа не е поголем од мене, и тој не ми скрати ништо друго освен тебе, зашто си му жена.+ Па како би можел да направам толку големо зло и да му згрешам на Бог?“+
10 Иако таа го наговараше од ден на ден, Јосиф не ја послуша и не легна до неа, ниту се задржуваше кај неа.+ 11 Но еден ден, како и другите денови, тој влезе во куќата да ја врши својата работа, а во куќата немаше никој од домашните.+ 12 Тогаш таа го зграпчи за облеката+ и му рече: „Легни со мене!“+ Но тој ја остави облеката во нејзината рака, се оттргна и истрча надвор.+ 13 А штом виде дека ѝ ја остави облеката во раката и избега, 14 таа почна да вика, довикувајќи ги домашните, и им рече: „Гледајте! Тој ни го доведе оној човек, Евреинот, за да нѐ изложи на потсмев. Дојде кај мене за да легне со мене, но јас почнав да викам колку што ме држеше гласот.+ 15 А штом чу како викам, ја остави облеката крај мене, па побегна и истрча надвор“. 16 И ја чуваше неговата облека кај себе додека не дојде дома неговиот господар.+
17 Тогаш и нему му го кажа истото: „Оној слуга, Евреинот, кого ти ни го доведе, дојде кај мене да ме изложи на потсмев. 18 Но кога почнав да викам, ја остави облеката крај мене и избега надвор“.+ 19 А кога ги чу тие зборови од жена си, која рече: „Вака и вака ми направи твојот слуга“, неговиот господар пламна од гнев.+ 20 Тогаш господарот го фати Јосиф и го предаде в затвор, таму каде што беа затворени царските затвореници. И тој остана таму во затворот.+
21 Но Јехова и понатаму беше со Јосиф и беше милостив кон него,* па дозволи да најде милост во очите на затворскиот управител.+ 22 И затворскиот управител му ги предаде в раце на Јосиф сите затвореници што беа во затворот, и тој беше одговорен за извршувањето на сите работи што тие ги работеа таму.+ 23 Затворскиот управител повеќе не мораше да надгледува ниту една работа што беше во негови раце, зашто Јехова беше со Јосиф, и Јехова го круниса со успех сето она што тој го работеше.+
40 А потоа пехарникот+ и пекарот на египетскиот цар му згрешија на својот господар, царот на Египет.+ 2 И фараонот се разгневи на своите двајца дворјани,+ на главниот пехарник и на главниот пекар.+ 3 Па ги стави в затвор во куќата на заповедникот на телесната стража,+ во истиот затвор+ каде што беше затворен и Јосиф. 4 А заповедникот на телесната стража го одреди Јосиф да биде со нив за да ги послужува.+ И тие поминаа некое време во затворот.
5 Обајцата — и пехарникот и пекарот на египетскиот цар, кои беа затворени во затворот+ — сонија сон,+ во истата ноќ секој го сони својот сон,+ и секој сон имаше свое значење.+ 6 Кога Јосиф дојде кај нив изутрината и ги виде, изгледаа потиштено.+ 7 Затоа ги праша фараоновите дворјани, кои беа со него в затвор во куќата на неговиот господар: „Зошто ви се лицата денес толку тажни?“+ 8 А тие му одговорија: „Секој од нас сони сон, а нема кој да ни ги протолкува“. Тогаш Јосиф им рече: „Зарем не е Бог тој што ги толкува соништата?+ Ве молам, раскажете ми што сте сониле!“
9 И главниот пехарник му го раскажа својот сон на Јосиф: „Во мојот сон видов пред себе една лоза. 10 А на лозата имаше три млади ластари.+ И таа потера и расцвета, и гроздовите на неа узреаја. 11 А фараоновиот пехар ми беше в рака, па го зедов грозјето и го исцедив во фараоновиот пехар.+ Потоа му го дадов пехарот на фараонот в рака“.+ 12 Тогаш Јосиф му рече: „Ова е толкувањето:+ трите млади ластари се три дена. 13 По три дена фараонот ќе те изведе од затворот* и ќе те врати во служба.+ Пак ќе му го даваш пехарот на фараонот в рака, како што го правеше тоа и порано, кога му беше пехарник.+ 14 Но сети се на мене кога ќе ти биде добро+ и, те молам, направи ми добро дело,* па спомни ме пред фараонот+ и изведи ме од овој затвор! 15 Зашто јас, всушност, бев грабнат од земјата на Евреите,+ а ни овде не сум сторил ништо поради кое би требало да ме фрлат в затвор“.*+
16 Кога виде дека Јосиф кажа добри работи во своето толкување, главниот пекар му рече: „И јас сонив сон, и во него имав на главата три кошници со бел леб. 17 Во најгорната кошница имаше секакви печива за фараонот,+ кои ги подготвува пекарот, и птиците+ ги јадеа од кошницата на мојата глава“. 18 Тогаш Јосиф одговори: „Ова е значењето:+ трите кошници се три дена. 19 По три дена фараонот ќе те изведе од затворот, па ќе ти ја отсече главата* и ќе те обеси на столб,+ а птиците ќе јадат месо од тебе“.+
20 По три дена му беше роденден на фараонот,+ и тој приреди гозба за сите свои слуги, па ги изведе од затворот* главниот пехарник и главниот пекар меѓу своите слуги.+ 21 Главниот пехарник го врати во неговата пехарничка служба,+ и тој продолжи да му го дава пехарот на фараонот в раце. 22 А главниот пекар го обеси,+ токму како што им протолкува Јосиф.+ 23 Но главниот пехарник не се сети на Јосиф, туку го заборави.+
41 По две години, фараонот сонуваше+ дека стои крај реката Нил. 2 И гледај, од Нил излегоа седум крави, убави и дебели, и почнаа да пасат трева покрај реката.+ 3 А по нив од Нил излегоа седум други крави, грди и слаби,+ и застанаа покрај кравите што беа на брегот на Нил. 4 Па грдите и слаби крави ги изедоа седумте убави и дебели крави.+ И тогаш фараонот се разбуди.+
5 Но повторно заспа и сони друг сон. И гледај, на едно стебленце израснаа седум класови, крупни и убави.+ 6 А по нив израснаа седум класови, ситни и опалени од источниот ветар.+ 7 И ситните класови ги голтнаа седумте крупни и полни класови.+ Тогаш фараонот се разбуди, и гледај, тоа беше сон.
8 А изутрината беше вознемирен.*+ Затоа фараонот порача да ги викнат сите египетски свештеници што се занимаваа со магија+ и сите мудреци,+ па им ги раскажа своите соништа.+ Но не се најде никој што можеше да му ги протолкува на фараонот.
9 Тогаш главниот пехарник му се обрати на фараонот:+ „Денес морам да ги спомнам своите гревови.+ 10 Фараонот еднаш се разгневи на своите слуги.+ Затоа ме стави в затвор во куќата на заповедникот на телесната стража,+ и мене и главниот пекар. 11 Во една иста ноќ, јас и тој сонивме сон. Секој од нас сони сон со поинакво значење.+ 12 А таму со нас беше еден млад Евреин,+ слуга на заповедникот на телесната стража.+ Кога му ги раскажавме соништата,+ тој ни ги протолкува. Секому му го протолкува неговиот сон. 13 И како што ни ги протолкува, така и се случи. Мене фараонот ме врати во служба,+ а оној другиот го обеси“.+
14 И фараонот испрати да го повикаат Јосиф+ и брзо да го доведат од затворот.+ А тој се избричи,*+ се промени+ и излезе пред фараонот. 15 Тогаш фараонот му рече на Јосиф: „Сонив сон, но никој не може да го протолкува. А чув дека се зборува за тебе оти си можел да протолкуваш сон кога ќе го чуеш“.+ 16 Тогаш Јосиф му одговори на фараонот: „Тоа не зависи од мене! Бог е тој што ќе му објави благосостојба на фараонот“.+
17 Фараонот тогаш му рече на Јосиф: „Во сонот стоев на брегот на Нил. 18 И гледај, од Нил излегоа седум крави, дебели и убави, па почнаа да пасат трева покрај реката.+ 19 А по нив излегоа седум други крави, суви, многу грди и слаби.+ Толку грди крави не сум видел во целата египетска земја. 20 И тие слаби и грди крави ги изедоа првите седум дебели крави.+ 21 А кога им беа во мевот, не можеше да се препознае дека им се во мевот, зашто беа грди како и пред тоа.+ Тогаш се разбудив.
22 Потоа видов на сон, и гледај, седум класови, полни и убави, израснаа на едно стебленце.+ 23 А по нив израснаа седум исушени класови, ситни и опалени од источниот ветар.+ 24 И ситните класови ги проголтаа седумте убави класови.+ Сето ова им го раскажав на свештениците што се занимаваат со магија,+ но ниту еден не можеше да ми го разјасни“.+
25 Тогаш Јосиф му рече на фараонот: „Двата сона на фараонот имаат исто значење. Вистинскиот Бог му јавил на фараонот што ќе направи.+ 26 Седумте убави крави значат седум години. Исто така, седумте убави класови значат седум години. Соновите имаат едно значење. 27 Седумте слаби и грди крави што се појавиле по првите, значат седум години, а така и седумте празни класови, опалени од источниот ветар,+ значат седум години глад.+ 28 Ова веќе му го кажав на фараонот: вистинскиот Бог му покажал на фараонот што ќе направи.+
29 Ете, доаѓаат седум години на големо изобилство во целата египетска земја. 30 Но по нив ќе настапат седум гладни години, кога ќе се заборави сето изобилство во египетската земја и гладот ќе ја опустоши земјата.+ 31 Повеќе нема да се знае за изобилството што било во земјата, зашто гладот што ќе дојде по него ќе биде многу голем. 32 А тоа што фараонот двапати го сонил сонот значи дека вистинскиот Бог цврсто го одлучил ова+ и дека вистинскиот Бог брзо ќе го спроведе.+
33 Затоа фараонот нека побара сега некој разборит и мудар човек и нека го постави над египетската земја!+ 34 Фараонот нека постави надгледници во земјата+ и нека собира една петтина од египетската земја за тие седум години на изобилство!+ 35 Тие нека собираат од сиот род во седумте добри години што доаѓаат, и нека го собираат житото под раката на фараонот за храна во градовите+ и нека го складираат! 36 И тие резерви ќе служат за храна во земјата за седумте гладни години што ќе настапат во египетската земја,+ за земјата да не изумре од глад“.+
37 Овие зборови им се допаднаа на фараонот и на сите негови слуги.+ 38 Затоа фараонот им рече на своите слуги: „Можеме ли да најдеме друг човек како овој, во кого е духот Божји?“+ 39 Потоа фараонот му рече на Јосиф: „Кога Бог тебе ти дал да го знаеш сето ова,+ никој не е толку разборит и мудар како што си ти.+ 40 Ти ќе бидеш управител во мојот дворец+ и сиот мој народ безусловно ќе ти се покорува.+ Само со престолот јас ќе бидам поголем од тебе“.+ 41 Потоа фараонот му рече на Јосиф: „Еве, те поставувам над целата египетска земја“.+ 42 Тогаш фараонот го симна печатниот прстен+ од својата рака и му го стави на рака на Јосиф, го облече во облеки од фин лен, а околу вратот му стави златен синџир.+ 43 Заповеда да го возат во колата што, според честа, беше веднаш по неговата+ и пред него да викаат: „Аврек!“* Така го постави над целата египетска земја.
44 Потоа фараонот му рече на Јосиф: „Јас сум фараон, но без твое одобрение никој не смее да крене ни рака ни нога во целата египетска земја“.+ 45 Потоа фараонот му го даде на Јосиф името Сафнат Панеах и му ја даде за жена Асенета,+ ќерката на Потифер, свештеникот од Он.*+ И Јосиф почна да ја обиколува египетската земја.+ 46 А кога стапи во служба на фараонот, царот на Египет, Јосиф имаше триесет години.+
Тогаш Јосиф замина откај фараонот и ја пропатува целата египетска земја. 47 И во седумте години на изобилство земјата раѓаше богато.+ 48 А тој го собираше сиот род во тие седум години што настапија во египетската земја и тој род го складираше во градовите.+ Во секој град го складираше родот од околните ниви.+ 49 И Јосиф насобра многу жито,+ како морскиот песок, па на крајот престанаа и да го мерат, зашто не можеше да се измери.+
50 И уште пред да настапи првата гладна година, Јосиф доби два сина,+ кои му ги роди Асенета, ќерката на Потифер, свештеникот од Он. 51 На првородениот, Јосиф му го даде името Манасија,*+ зашто, како што рече: „Бог ми даде да ја заборавам сета моја неволја и целиот дом на мојот татко“.+ 52 А на другиот му го даде името Ефрем,*+ зашто, како што рече: „Бог ме направи плоден во земјата на мојата неволја“.+
53 Така им дојде крајот на седумте години на изобилство во египетската земја,+ 54 па настапија седумте гладни години, како што рече Јосиф.+ И настана глад во сите земји, но во целата египетска земја имаше леб.+ 55 А најпосле почувствува глад и целата египетска земја, па народот го преколнуваше фараонот да му даде леб.+ Тогаш фараонот им рече на сите Египќани: „Одете кај Јосиф! И што ќе ви рече, тоа направете го!“+ 56 И гладот завладеа во целата земја.+ Тогаш Јосиф ги отвори сите житници што ги имаа, па им ја продаваше храната на Египќаните,+ зашто завладеа тежок глад во египетската земја. 57 И луѓето од сите земји доаѓаа во Египет да купуваат храна од Јосиф, бидејќи во сите земји владееше тежок глад.+
42 А Јаков дозна дека во Египет има жито,+ па им рече на своите синови: „Зошто гледате еден во друг?“ 2 И додаде: „Слушнав дека имало жито во Египет.+ Појдете, па оттаму купете го за да останеме живи и да не изумреме“. 3 Така, десетте браќа+ на Јосиф отидоа во Египет да купат жито. 4 Но Јаков не го испрати Јосифовиот брат Венијамин+ со останатите браќа, зашто рече: „Да не го снајде несреќа, па да загине“.+
5 Така синовите на Израел дојдоа заедно со другите што доаѓаа да купуваат, бидејќи во ханаанската земја владееше глад.+ 6 А Јосиф беше управител во земјата.+ Тој им продаваше жито на луѓето од сите земји.+ Така дојдоа и браќата на Јосиф и му се поклонија со лицето доземи.+ 7 Кога Јосиф ги здогледа своите браќа, веднаш ги препозна, но не дозволи тие да го препознаат него.+ Затоа им се обрати со остри зборови: „Од каде доаѓате?“ Тие одговорија: „Од ханаанската земја, за да купиме храна“.+
8 Иако Јосиф ги препозна своите браќа, тие не го препознаа него. 9 И Јосиф веднаш се сети на соништата што ги беше сонил во врска со нив,+ па им рече: „Вие сте извидувачи! Сте дошле за да видите каде е земјата незаштитена!“+ 10 А тие му одговорија: „Не, господару!+ Твоите слуги+ дојдоа да купат храна. 11 Сите ние сме синови на еден човек. Чесни луѓе сме. Твоите слуги не се извидувачи“.+ 12 Но тој им рече: „Не е вистина! Дојдени сте за да видите каде е земјата незаштитена!“+ 13 А тие одговорија: „Твоите слуги беа дванаесет браќа,+ синови на еден човек+ во ханаанската земја. Најмладиот е сега со нашиот татко,+ а едниот повеќе го нема“.+
14 Но Јосиф им рече: „Токму како што реков: ‚Вие сте извидувачи!‘ 15 Вака ќе ве испитам: се колнам во животот на фараонот, нема да излезете одовде ако не дојде ваму вашиот најмал брат.+ 16 Испратете еден од вас да го доведе вашиот брат, а вие ќе останете во затвор за да се види дали се вистинити вашите зборови!+ Ако не се, како што е жив фараонот, тогаш сте извидувачи“. 17 Потоа сите заедно ги фрли в затвор за три дена.
18 А на третиот ден Јосиф им рече: „Направете вака и ќе останете живи, зашто јас се бојам+ од вистинскиот Бог! 19 Ако сте чесни, еден од вас нека остане врзан во затворот,+ а вие останатите одете и земете жито за своите домашни кои гладуваат!+ 20 Потоа доведете ми го вашиот најмал брат за да се види дека вашите зборови се вистинити, и нема да умрете!“+ И тие се согласија да направат така.
21 Па почнаа да си велат еден на друг: „Сигурно нѐ стигнува вината поради нашиот брат,+ зашто видовме колку му беше мачно на душата кога нѐ молеше за милост, а ние не го послушавме. Затоа нѐ снајде оваа неволја“.+ 22 Рувим им одговори: „Зарем не ви велев: ‚Не грешете против детето‘? Но вие не слушавте.+ Сега се бара сметка за неговата крв“.+ 23 А тие не знаеја дека Јосиф ги разбира, зашто со него разговараа преку толкувач. 24 И тој се оддалечи од нив и заплака.+ Откако се врати и разговараше со нив, го издвои Симеон+ и го врза пред нивни очи.+ 25 Потоа Јосиф заповеда да им ги наполнат вреќите со жито и секому да му ги вратат парите во неговата вреќа+ и да им дадат храна за по пат.+ И така им направија.
26 Тогаш го натоварија житото на своите магариња и тргнаа оттаму. 27 Во преноќевалиштето, кога еден од нив ја отвори својата вреќа да го нахрани магарето,+ ги здогледа своите пари одозгора во вреќата.+ 28 Тогаш им рече на своите браќа: „Ми ги вратиле парите и еве ги во мојава вреќа!“ Тогаш срцето им замре од страв, па треперејќи се свртија еден кон друг,+ велејќи: „Што е ова што ни го направи Бог?“+
29 Кога дојдоа кај својот татко Јаков во ханаанската земја, му раскажаа за сѐ што им се случи: 30 „Човекот што е господар на земјата зборуваше остро со нас,+ зашто мислеше дека ја извидуваме земјата.+ 31 Но ние му рековме: ‚Чесни луѓе сме.+ Не сме извидувачи. 32 Ние сме дванаесет браќа,+ синови на ист татко.+ Едниот брат повеќе го нема,+ а најмалиот е сега со нашиот татко во ханаанската земја‘.+ 33 Но човекот што е господар на онаа земја ни рече:+ ‚Вака ќе знам дали сте чесни:+ еден од вас нека остане кај мене,+ а вие земете што ви треба за своите домашни кои гладуваат, па одете!+ 34 И доведете ми го вашиот најмал брат за да знам дека не сте извидувачи, туку чесни луѓе! Тогаш ќе ви го вратам братот, а вие ќе можете да тргувате во земјата‘ “.+
35 А кога ги испразнија вреќите, секој си го најде ќесето со пари во својата вреќа. И кога ги видоа ќесињата со пари, се исплашија и тие и татко им. 36 Тогаш нивниот татко Јаков им рече: „Поради вас останувам без деца!+ Јосиф го нема, го нема ни Симеон,+ а и Венијамин сакате да ми го земете! Сето тоа се струпа на мене!“ 37 А Рувим му рече на татка си: „Убиј ги моите два сина ако не ти го доведам назад.+ Довери ми го мене, и јас ќе ти го вратам“.+ 38 Но тој му одврати: „Мојот син нема да оди со вас, зашто брат му е мртов и тој остана сам.+ Ако го снајде несреќа, па загине на патот на кој ќе појдете, ќе ја испратите мојава седа глава со тага во гробот“.*+
43 Гладот тешко ја притискаше земјата.+ 2 А кога го изедоа житото што го беа донеле од Египет,+ нивниот татко им рече: „Одете пак и купете ни малку храна!“+ 3 Тогаш Јуда му рече:+ „Оној човек јасно нѐ предупреди: ‚Да не доаѓате повторно пред моето лице ако вашиот брат не биде со вас!‘+ 4 Ако го пуштиш со нас нашиот брат,+ ќе одиме и ќе ти купиме храна. 5 Но ако не го пуштиш, нема да слеземе долу, бидејќи човекот ни рече: ‚Да не доаѓате повторно пред моето лице ако вашиот брат не биде со вас!‘ “+ 6 А Израел одврати:+ „Зошто ми направивте зло, та му кажавте на тој човек дека имате уште еден брат?“ 7 А тие одговорија: „Човекот подробно се распрашуваше за нас и за нашето семејство: ‚Дали е уште жив татко ви?+ Имате ли уште некој брат?‘ — а ние му одговоривме според вистината.+ Од каде можевме да знаеме дека ќе рече: ‚Доведете ми го вашиот брат‘?“+
8 На крајот Јуда му рече на својот татко Израел: „Пушти го момчето со мене,+ па да станеме и да тргнеме за да останеме живи и да не изумреме+ и ние, и ти, и нашите деца.+ 9 Јас ќе одговарам за него.+ Од мојава рака барај го.+ Ако не ти го доведам и ако не го ставам пред тебе, ќе ти бидам виновен засекогаш. 10 Да не се колебавме толку многу, ќе можевме веќе двапати да отидеме и да се вратиме“.+
11 Тогаш татко им Израел им рече: „Штом е така,+ еве што ќе направите: земете ги најдобрите производи од оваа земја во своите вреќи и однесете му ги на тој човек како дар:+ малку балсам,+ малку мед,+ мирислива смола леданон и смолеста кора,+ фастаци и бадеми!+ 12 Понесете двојно повеќе пари, а однесете ги назад и парите што беа вратени и ставени одозгора во вреќите!+ Можеби било грешка.+ 13 Земете го брат ви, па станете и вратете се кај тој човек! 14 А Семоќниот Бог нека го поттикне тој човек да ви се смилува+ и да ги пушти вашиот друг брат и Венијамин. А јас, ако мора да останам без деца, нека останам!“+
15 Така тие го зедоа тој дар, понесоа двапати повеќе пари и го поведоа Венијамин. Потоа станаа, отидоа во Египет и застанаа пред Јосиф.+ 16 Кога го виде Венијамин со нив, Јосиф веднаш му рече на управителот на својот дом: „Одведи ги луѓено во куќата, заколи некое добиче и зготви јадење,+ зашто овие луѓе ќе јадат со мене напладне!“ 17 Човекот веднаш направи како што му рече Јосиф,+ и ги одведе во Јосифовиот дом. 18 А тие се уплашија затоа што тој ги водеше во Јосифовиот дом,+ па рекоа: „Поради парите што првиот пат ни беа вратени во вреќите нѐ водат ваму за да ни се нафрлат и да нѐ нападнат, па да нѐ заробат и да ни ги одземат магарињата!“+
19 Затоа му пристапија на управителот на Јосифовиот дом, па зборуваа со него на влезот од куќата: 20 „Прости, господару! Ние и еднаш порано доаѓавме да купиме храна.+ 21 Но кога дојдовме во преноќевалиштето+ и ги отворивме вреќите, секој од нас си ги најде парите одозгора во својата вреќа, нашите пари во полна тежина. Затоа сакаме да ги вратиме со свои раце.+ 22 А донесовме со себе уште пари да купиме храна. Не знаеме кој ни ги ставил парите во вреќите“.+ 23 Тогаш тој им рече: „Сѐ е во ред. Не плашете се!+ Вашиот Бог и Богот на вашиот татко ви го ставил богатството во вреќите.+ Вашите пари најпрвин стигнаа кај мене“. Потоа им го изведе Симеон.+
24 Тогаш човекот ги внесе во Јосифовиот дом, донесе вода за да си ги измијат нозете+ и ги нахрани нивните магариња.+ 25 А тие го подготвија дарот+ за Јосифовото доаѓање напладне, зашто чуја дека таму ќе јадат.+ 26 Кога Јосиф дојде дома, му го врачија дарот што го донесоа со себе во куќата и паднаа ничкум пред него.+ 27 Потоа тој ги праша дали се добро и рече:+ „Дали е добар вашиот стар татко за кого зборувавте? Жив ли е уште?“+ 28 Тие одговорија: „Твојот слуга, нашиот татко, е добар. Уште е жив“. Потоа се поклонија и паднаа ничкум.+
29 Кога ги крена очите и го виде својот брат Венијамин, синот на мајка си,+ рече: „Ова ли е вашиот најмлад брат за кого ми зборувавте?“+ Па додаде: „Бог нека ти е милостив,+ синко“. 30 Тогаш Јосиф побрза надвор, зашто беше длабоко трогнат поради својот брат.+ Затоа побара место каде што ќе може да плаче, па влезе во една одаја каде што можеше да биде сам и таму се исплака.+ 31 Потоа се изми лице, излезе и, совладувајќи се, рече:+ „Послужете го јадењето!“+ 32 И му принесоа посебно нему, посебно ним, а посебно на Египќаните што јадеа со него, бидејќи Египќаните не можеа да јадат со Евреите, зашто на Египќаните тоа им е одвратно.+
33 Ги седнаа пред него, од првородениот, според неговото право на првородство,+ до најмладиот, според неговата младост. Тие само се гледаа зачудено. 34 А тој наредуваше да им носат ним од јадењето што беше пред него, а на Венијамин му даваше оброк пет пати поголем од оброкот на сите останати.+ Така пиеја и се гостеа со него додека не им беше доста.+
44 Потоа му заповеда на управителот на својот дом:+ „Наполни им ги вреќите на луѓево со храна, колку што можат да понесат, и стави му ги парите на секого од нив одозгора во вреќата!+ 2 А мојот пехар, оној сребрениот, стави го одозгора во вреќата на најмалиот, заедно со неговите пари за жито!“ И тој направи така како што му заповеда Јосиф.+
3 Кога осамна, ги испратија луѓето+ со нивните магариња. 4 Така тие заминаа од градот. Но, уште не беа отидени далеку кога Јосиф му рече на управителот на својот дом: „Стани! Бргу тргни по оние луѓе и, кога ќе ги стигнеш, речи им: ‚Зошто враќате зло за добро?+ 5 Зарем не е тоа пехарот од кој пие мојот господар и од кој непогрешно прорекува според знаци?+ Направивте злодело‘ “.
6 И кога тој ги стигна, им ги повтори овие зборови. 7 А тие му рекоа: „Зошто нашиот господар кажува вакви зборови? Твоите слуги никогаш не би направиле такво нешто. 8 Ете, дури и парите што ги најдовме одозгора во вреќите ти ги донесовме назад од ханаанската земја.+ Како би можеле тогаш да украдеме сребро или злато од куќата на твојот господар?+ 9 Кај кого од твоите робови ќе се најде украденото, тој нека умре, а ние другите ќе му станеме робови на нашиот господар“.+ 10 А тој рече: „Нека биде според вашите зборови.+ Така, оној кај кого ќе се пронајде украденото, ќе ми биде роб,+ а вие ќе бидете невини“. 11 Тогаш секој ја спушти брзо својата вреќа и ја отвори. 12 А тој внимателно пребаруваше. Почна од најстариот, а заврши со најмладиот. На крајот пехарот се најде во вреќата на Венијамин.+
13 Тогаш ги раскинаа своите наметки,+ па ги натоварија повторно магарињата и се вратија во градот. 14 Кога Јуда+ и неговите браќа дојдоа во домот на Јосиф, тој сѐ уште беше таму. Тогаш паднаа наземи пред него.+ 15 А Јосиф им рече: „Што е тоа што сте го сториле? Зарем не знаевте дека човек како мене може непогрешно да прорекува според знаци?“+ 16 Тогаш Јуда одговори: „Што да му кажеме на мојот господар? Што да речеме? И како да се покажеме праведни?+ Вистинскиот Бог го откри престапот на твоите робови.+ Еве, сега сме му робови на мојот господар,+ и ние и оној во чија рака беше пронајден пехарот!“ 17 Но тој рече: „Никогаш не би направил такво нешто!+ Оној во чија рака беше пронајден пехарот ќе ми стане роб,+ а вие другите одете си во мир кај вашиот татко“.+
18 Тогаш Јуда му пристапи и му рече: „Те молам, господару, дозволи му на својот роб да му каже еден збор на својот господар,+ и не разгневувај се+ на својот роб, зашто ти си како самиот фараон!+ 19 Мојот господар ги праша своите робови: ‚Имате ли татко или брат?‘ 20 А ние му одговоривме на мојот господар: ‚Имаме стар татко и дете што му се роди на старост, најмалиот брат.+ Но неговиот брат умре, и само тој остана од неговата мајка,+ а татко му особено го сака‘. 21 Потоа ти им рече на своите робови: ,Доведете го кај мене да го видат моите очи!‘+ 22 А ние му рековме на својот господар: ,Момчето не може да го остави татка си. Ако го остави, татко му сигурно ќе умре‘.+ 23 Тогаш ти им рече на своите робови: ‚Ако не дојде со вас вашиот најмлад брат, повеќе нема да го видите моето лице‘.+
24 И така отидовме кај твојот роб, мојот татко, и му ги кажавме зборовите на мојот господар. 25 Подоцна нашиот татко ни рече: ‚Одете пак и купете ни малку храна!‘+ 26 Но ние рековме: ‚Не можеме да отидеме таму. Ќе одиме само ако појде со нас нашиот најмлад брат, зашто не можеме да дојдеме пред лицето на оној човек ако не е со нас нашиот најмлад брат‘.+ 27 Тогаш твојот роб, татко ми, ни рече: ‚Добро знаете дека мојата жена ми роди само два сина.+ 28 Едниот си отиде откај мене и јас извикав: „Леле, сигурно е растргнат на парчиња!“+ Оттогаш повеќе не го видов. 29 Ако и овој ми го одведете од пред очи, па тој загине во несреќен случај, ќе фрлите несреќа врз мојата седа глава и ќе ја испратите во гробот‘.*+
30 Ако отидам сега кај твојот роб, татко ми, без да биде со нас момчето — за чија душа е врзана неговата душа+ — 31 сигурно ќе умре штом ќе види дека момчето го нема, и твоите робови ќе ја испратат седата глава на твојот роб, нашиот татко, со тага во гробот.* 32 Зашто, твојот роб ја зеде одговорноста+ за момчето пред својот татко со зборовите: ‚Ако не ти го доведам назад, ќе бидам виновен пред својот татко засекогаш‘.+ 33 Затоа, те молам, дозволи твојот роб да остане наместо момчето како роб на мојот господар, а момчето нека оди со своите браќа!+ 34 Зашто, како да отидам кај својот татко ако не е момчето со мене, и како да ја гледам неволјата што ќе го снајде татко ми?“+
45 Кога Јосиф го чу тоа, повеќе не можеше да се совладува пред сите оние што стоеја околу него.+ Затоа извика: „Излезете сите!“ Така никој друг не остана со Јосиф кога им се откри на своите браќа.+
2 И заплака гласно,+ така што го чуја Египќаните, а за тоа се дозна и во фараоновиот дворец. 3 На крајот Јосиф им рече на своите браќа: „Јас сум Јосиф. Жив ли е уште татко ми?“ Но неговите браќа не можеа ништо да му одговорат бидејќи ги обзеде страв.+ 4 Тогаш Јосиф им рече на своите браќа: „Ве молам, пријдете поблиску!“ И тие му пријдоа.
А тој им рече: „Јас сум Јосиф, вашиот брат што го продадовте во Египет.+ 5 Но немојте сега да се жалостите+ ниту да се прекорувате што ме продадовте ваму, зашто Бог ме испрати пред вас за да ви го зачува животот.+ 6 Зашто, ова е втора година како владее глад на земјата,+ а уште пет години нема да има ниту орање ниту жетва.+ 7 Затоа Бог ме испрати пред вас за да ви зачува остаток+ на земјата и да ви го спаси животот со големо избавување. 8 Така, не ме пративте вие овде,+ туку вистинскиот Бог. Тој ме постави за татко+ на фараонот, за господар над сиот негов двор и за управител над целата египетска земја.
9 Појдете сега брзо кај татко ми и кажете му: ‚Вака вели твојот син Јосиф: „Бог ме постави за господар над целиот Египет.+ Дојди кај мене! Немој да се двоумиш. 10 Ќе живееш во земјата Гесем+ и ќе бидеш блиску до мене, ти и твоите синови и синовите на твоите синови и твојата ситна и крупна стока и сѐ што имаш. 11 И јас ќе те снабдувам таму со храна, зашто гладот ќе потрае уште пет години,+ та да не пропаднеш ни ти ни твојот дом, ниту она што го имаш“ ‘. 12 Еве, и вие и мојот брат Венијамин со свои очи гледате дека мојата уста ви го зборува ова.+ 13 Затоа, раскажете му на татко ми за сета моја слава во Египет и за сѐ што видовте! Побрзајте и доведете го татко ми ваму!“
14 Потоа му се фрли околу врат на својот брат Венијамин и заплака, а плачеше и Венијамин на неговиот врат.+ 15 Тогаш ги избакна сите свои браќа и се исплака над нив.+ Потоа неговите браќа разговараа со него.
16 А во фараоновиот дворец се расчу глас: „Дојдоа браќата на Јосиф!“ Тоа им беше мило на фараонот и на неговите слуги.+ 17 Затоа фараонот му рече на Јосиф: „Кажи им на твоите браќа: ‚Направете вака: натоварете ги своите животни и одете во ханаанската земја,+ 18 земете ги татко ви и своите домашни и дојдете кај мене да ви го дадам она што е добро во египетската земја, па јадете го она што е најдобро во оваа земја!‘+ 19 А заповедај им го и ова:+ ‚Направете вака: земете си коли+ од египетската земја за своите деца и за своите жени, па седнете го својот татко на една од нив и дојдете ваму!+ 20 И очите да не ви жалат по вашите работи,+ зашто сѐ што е добро во египетската земја ќе биде ваше!‘ “+
21 И синовите на Израел направија така. Јосиф им даде коли според заповедта на фараонот, а им даде и храна+ за по пат. 22 Секому од нив му подари по една нова облека,+ а на Венијамин му подари триста сребреници и пет облеки.+ 23 А на татка си му испрати десет магариња натоварени со добри работи што ги имаше во Египет и десет магарици натоварени со жито, леб и со храна за да има татко му за по пат. 24 Така ги испрати своите браќа и тие тргнаа. И уште им рече: „Немојте да се карате патем!“+
25 Така заминаа од Египет, и на крајот стигнаа во ханаанската земја кај татка си Јаков. 26 Тогаш му раскажаа сѐ: „Јосиф е уште жив, па дури и управува со целата египетска земја!“+ Но нему срцето му се скамени, зашто не можеше да им верува.+ 27 Кога му раскажаа сѐ што им рече Јосиф и кога ги виде колите што ги беше испратил Јосиф за да го превезат, оживе+ духот на нивниот татко Јаков. 28 Тогаш Израел извика: „Доста е! Син ми Јосиф е уште жив! Морам да појдам да го видам пред да умрам!“+
46 Така Израел тргна на пат со сите свои и дојде во Вирсавеја,+ па му принесе жртви на Богот на својот татко Исак.+ 2 Потоа Бог му се јави на Израел во ноќни виденија:+ „Јакове! Јакове!“ Тој одговори: „Еве ме!“+ 3 А тој продолжи: „Јас сум вистинскиот Бог,+ Богот на твојот татко.+ Не плаши се да појдеш во Египет, зашто таму ќе направам од тебе голем народ!+ 4 Јас ќе одам со тебе во Египет и пак ќе те вратам назад,+ а Јосиф со своја рака ќе ти ги затвори очите“.*+
5 Потоа Јаков тргна од Вирсавеја, и Израеловите синови ги повезоа татка си Јаков, своите деца и своите жени во колите што им ги беше испратил фараонот за да го превезат.+ 6 Ги зедоа со себе своите стада и своите добра што ги беа спечалиле во ханаанската земја.+ Најпосле стигнаа во Египет, Јаков и целото негово потомство со него. 7 Со себе ги доведе своите синови и синовите на своите синови, своите ќерки и ќерките на своите синови, сето свое потомство го доведе со себе во Египет.+
8 Ова се имињата на синовите на Израел — на Јаков и на неговите синови — кои дојдоа во Египет:+ Јакововиот првороден Рувим.+
9 Синовите на Рувим: Анох, Фалу, Есром и Харми.+
10 Синовите на Симеон:+ Јемуил, Јамин, Аод, Јахин,+ Сохар и Саул,+ син на една Ханаанка.
11 Синовите на Леви:+ Гирсон,+ Кат+ и Мерариј.+
12 Синовите на Јуда:+ Ир,+ Онан,+ Сала,+ Фарес+ и Зара.+ Но Ир и Онан умреа во ханаанската земја.+
Синовите на Фарес: Есром+ и Амуил.+
13 Синовите на Исахар:+ Тола,+ Фува,+ Јов и Симрон.+
14 Синовите на Завулон:+ Серед, Елон и Јалеил.+
15 Тоа се синовите на Лија,+ кои таа му ги роди на Јаков во Падан Арам, како и неговата ќерка Дина.+ Така, сите негови синови и ќерки беа триесет и три души.
16 Синовите на Гад:+ Сифион, Агиј, Суниј, Есвон, Ириј, Арод и Арилиј.+
17 Синовите на Асер:+ Имна, Исва, Исви, Верија+ и нивната сестра Сера.
Синови на Верија: Хевер и Малхил.+
18 Тоа се синовите на Зелфа,+ која Лаван ѝ ја даде на својата ќерка Лија. Таа му роди на Јаков шеснаесет души.
19 Синовите на Јакововата жена Рахела:+ Јосиф+ и Венијамин.+
20 На Јосиф во египетската земја му се родија Манасија+ и Ефрем,*+ кои му ги роди Асенета,+ ќерката на Потифер, свештеникот од Он.
21 Синовите на Венијамин: Вела,+ Вехер,+ Асвил, Гера,+ Нааман,+ Ихиј, Рос, Мупим,+ Упим+ и Аред.
22 Тоа се синовите на Рахела, кои му се родија на Јаков — вкупно четиринаесет души.
24 Синовите на Нефталим:+ Јасиил, Гуниј,+ Јесер и Силим.+
25 Тоа беа синовите на Вилха,+ која Лаван ѝ ја даде на својата ќерка Рахела. Таа му роди на Јаков вкупно седум души.
26 Сите души, кои дојдоа со Јаков во Египет, потекнаа од него,*+ не сметајќи ги жените на Јакововите синови. Беа вкупно шеесет и шест души. 27 И уште две души — синовите на Јосиф што му се родија во Египет. Така сите од домот на Јаков што дојдоа во Египет беа седумдесет* души.+
28 И го испрати Јуда+ пред себе кај Јосиф за да му каже за доаѓањето во Гесем. Потоа стигнаа во земјата Гесем.+ 29 Тогаш Јосиф заповеда да му ја впрегнат колата, па тргна во Гесем за да го пресретне својот татко Израел.+ Кога се појави пред него, му се фрли околу вратот и долго му плачеше на вратот.+ 30 На крајот Израел му рече на Јосиф: „Сега можам да умрам,+ оти го видов твоето лице и знам дека си уште жив“.
31 Потоа Јосиф им рече на своите браќа и на домот на својот татко: „Одам да му јавам на фараонот и да му кажам:+ ‚Моите браќа и домот на мојот татко, кои беа во ханаанската земја, дојдоа кај мене.+ 32 Тие се овчари+ и се занимаваат со сточарство.+ Ја доведоа ваму својата ситна и крупна стока и сѐ што имаат‘.+ 33 И кога ќе ве повика фараонот и ќе ве праша: ‚Со што се занимавате?‘ 34 — одговорете му: ‚Твоите слуги се занимаваат со сточарство од својата младост до сега, и ние исто како нашите предци‘,+ за да можете да се населите во земјата Гесем,+ зашто сите овчари им се одвратни на Египќаните“.+
47 Така Јосиф отиде и му јави на фараонот:+ „Мојот татко и моите браќа дојдоа од ханаанската земја со својата ситна и крупна стока и со сѐ што имаат, и ене ги во земјата Гесем“.+ 2 И од своите браќа зеде петмина за да му ги претстави на фараонот.+
3 А фараонот ги праша неговите браќа: „Со што се занимавате?“+ Тие му одговорија: „Твоите слуги се овчари,+ и ние исто како нашите предци“.+ 4 Потоа му рекоа на фараонот: „Дојдовме да поживееме некое време во оваа земја,+ бидејќи повеќе нема пасишта за стоката на твоите слуги,+ зашто е голем гладот во ханаанската земја.+ А сега, те молиме, дозволи им на своите слуги да се населат во земјата Гесем!“+ 5 Тогаш фараонот му рече на Јосиф: „Татко ти и твоите браќа дојдоа кај тебе. 6 Египетската земја ти стои на располагање.+ Насели ги татко ти и своите браќа во најдобриот крај од оваа земја.+ Нека живеат во земјата Гесем.+ А ако знаеш дека меѓу нив има смели луѓе,+ постави ги да ја надгледуваат и мојата стока“.+
7 Потоа Јосиф го доведе својот татко Јаков и му го претстави на фараонот, а Јаков го благослови фараонот.+ 8 Тогаш фараонот му рече на Јаков: „Колку години имаш?“ 9 А Јаков му рече на фараонот: „Годините на моето живеење во туѓина се сто и триесет.+ Малобројни и мачни се годините на мојот живот,+ и не ги достигнаа годините на животот на моите татковци, кои тие ги поминаа во туѓина“.+ 10 Потоа Јаков го благослови фараонот и замина откај него.+
11 Така Јосиф ги насели татка си и своите браќа и им даде имот во египетската земја, во најдобриот крај на земјата, во земјата Рамзес,+ како што беше заповедал фараонот. 12 И Јосиф ги снабдуваше со леб татка си и своите браќа и целиот дом на својот татко,+ според бројот на децата.+
13 И по целата земја немаше леб, зашто гладот беше многу голем.+ Луѓето во египетската земја и во ханаанската земја беа исцрпени од гладот.+ 14 А Јосиф ги собра сите пари што се најдоа во египетската и во ханаанската земја за житото што го купуваа луѓето.+ Тие пари Јосиф ги донесуваше во фараоновиот дворец. 15 По некое време, снема пари во египетската земја и во ханаанската земја, и сите Египќани почнаа да доаѓаат кај Јосиф, велејќи: „Дај ни леб!+ Зошто да изумреме пред тебе сега кога повеќе нема пари?“+ 16 А Јосиф рече: „Ако немате повеќе пари, дајте ми ја својата стока, па ќе ви дадам леб во замена за неа!“ 17 И почнаа да ја доведуваат својата стока кај Јосиф, а Јосиф им даваше леб во замена за нивните коњи, за ситната стока, за крупната стока и за магарињата.+ Така таа година им даваше леб во замена за сета нивна стока.
18 Кога помина таа година, почнаа да доаѓаат кај него и следната година, велејќи му: „Нема да криеме од својот господар дека сите пари и сета стока веќе му ги дадовме на својот господар.+ Ништо повеќе не остана за нашиот господар освен нашите тела и нашата земја.+ 19 Зошто да пропаднеме пред твои очи+ и ние и нашата земја? Купи нѐ и нас и нашата земја за леб,+ а ние ќе му бидеме робови на фараонот заедно со нашата земја! И дај ни семе за да останеме живи и да не изумреме и земјата да не ни биде опустошена!“+ 20 Така Јосиф ја купи за фараонот сета земја од Египќаните,+ зашто Египќаните ги продадоа своите ниви бидејќи гладот тешко ги притисна. Така земјата стана сопственост на фараонот.
21 А тој го пресели народот во градовите од едниот крај на египетската земја до другиот.+ 22 Само свештеничката земја не ја купи,+ бидејќи фараонот даваше одреден дел за свештениците и тие се хранеа од делот што им го даваше фараонот.+ Затоа не ја продадоа својата земја.+ 23 Тогаш Јосиф му рече на народот: „Еве, денес ве купив вас и вашата земја за фараонот. Еве ви семе, па засејте ја земјата.+ 24 Кога ќе донесе плод,+ петтина ќе му давате на фараонот,+ а четири петтини ќе ви останат вам како семе за полето и како храна за вас и за оние што се во вашите домови, и за да јадат вашите деца“.+ 25 А тие одговорија: „Ни го спаси животот.+ Само да најдеме милост во очите на нашиот господар, и ќе му бидеме робови на фараонот!“+ 26 И Јосиф постави закон што важи до ден-денес за земјишниот имот во Египет, дека на фараонот му припаѓа една петтина. Само земјата што им припаѓаше на свештениците, како на посебна група, не стана сопственост на фараонот.+
27 И Израелците живееја во египетската земја, во земјата Гесем.+ Тука се населија, беа плодни и многу се намножија.+ 28 И Јаков живееше во египетската земја седумнаесет години, така што годините што Јаков ги поживеа беа вкупно сто четириесет и седум.+
29 И така наближи времето Израел да умре.+ Затоа го повика својот син Јосиф и му рече: „Ако сум нашол милост во твои очи, те молам, стави ја раката под моето бедро+ и покажи ми доброта* и верност!+ Те молам, немој да ме погребеш во Египет!+ 30 Кај своите татковци сакам да починам,+ и затоа однеси ме од Египет и погреби ме во нивниот гроб!“+ А тој одговори: „Ќе сторам како што рече“. 31 Тогаш Јаков му рече: „Заколни ми се!“ И тој му се заколна.+ Тогаш Израел се поклони над зглавјето од постелата.+
48 По овие настани, му порачаа на Јосиф: „Татко ти е сѐ послаб“. Тогаш тој ги зеде со себе своите два сина, Манасија и Ефрем.+ 2 И му јавија на Јаков: „Ти дојде син ти Јосиф“. А Израел собра сила и седна на постелата. 3 И Јаков му рече на Јосиф:
„Семоќниот Бог ми се покажа во Луз,+ во ханаанската земја, за да ме благослови.+ 4 И ми рече: ‚Ќе те направам плоден+ и ќе те намножам и од тебе ќе направам голем народ,+ а на твоето потомство по тебе ќе му ја дадам оваа земја да ја поседува за навек‘.+ 5 А сега, твоите два сина, кои ти се родиле во египетската земја пред да дојдам кај тебе во Египет, се мои.+ Ефрем и Манасија ќе бидат мои како Рувим и Симеон.+ 6 Но потомството што ќе ти се роди по нив, нека биде твое. Во своето наследство ќе се водат под името на своите браќа.+ 7 А мене по патот ми умре Рахела+ во ханаанската земја, кога доаѓав од Падан,+ кога остана уште еден добар дел од патот до Ефрата,+ па ја погребав на патот за Ефрата, односно Витлеем“.+
8 Тогаш Израел ги виде синовите на Јосиф и праша: „Кои се овие?“+ 9 А Јосиф му одговори на татка си: „Тоа се моите синови што ми ги даде Бог овде“.+ А тој рече: „Те молам, приближи ми ги за да ги благословам!“+ 10 А очите на Израел беа ослабени од староста,+ па не гледаше. Затоа му ги приближи, а тој ги бакна и ги прегрна.+ 11 Потоа Израел му рече на Јосиф: „Не мислев дека ќе го видам твоето лице,+ а еве, Бог ми даде да ги видам и твоите потомци“. 12 Тогаш Јосиф ги тргна од своите колена и се поклони со лицето доземи.+
13 Потоа Јосиф ги зеде двајцата, Ефрем со десницата, така што му стоеше на Израел одлево,+ а Манасија со левицата, така што му стоеше на Израел оддесно,+ и му ги приближи. 14 Но Израел ја испружи десницата и му ја стави на глава на Ефрем,+ иако тој беше помлад,+ а левицата му ја стави на глава на Манасија.+ Намерно ги стави така рацете, иако Манасија беше провородениот.+ 15 И го благослови Јосиф, велејќи:+
„Вистинскиот Бог, кому му служеа* моите татковци Авраам и Исак,+
вистинскиот Бог, кој ми е пастир откако постојам до ден-денес,+
16 ангелот што ме избавуваше од секоја неволја+ нека ги благослови овие момчиња!+
Нека го носат моето име и името на моите татковци, Авраам и Исак,+
и многу нека се намножат на земјата!“+
17 Кога виде Јосиф дека татко му ја стави десницата врз главата на Ефрем, не му беше мило,+ па ја зеде раката на татка си за да ја премести од главата на Ефрем врз главата на Манасија.+ 18 Притоа Јосиф му рече на татка си: „Не така, татко, зашто ова е првородениот!+ Стави ја десницата на неговата глава!“ 19 Но татко му не сакаше, туку рече: „Знам, сине, знам. И од него ќе настане народ, и тој ќе биде голем.+ Но неговиот помлад брат сепак ќе биде поголем од него,+ и неговото потомство ќе стане бројно како цели народи“.+ 20 И ги благослови во тој ден,+ велејќи:
„Со твоето име нека благословуваат во Израел со зборовите:
‚Бог нека те направи како Ефрем и како Манасија!‘ “+
Така го стави Ефрем пред Манасија.+
21 Потоа Израел му рече на Јосиф: „Еве, јас наскоро ќе умрам,+ но Бог ќе биде со вас и ќе ве врати во земјата на вашите прататковци.+ 22 А јас тебе ти давам еден дел од земјата повеќе отколку на твоите браќа,+ дел што го зедов од рацете на Аморејците со својот меч и со својот лак“.
49 Потоа Јаков ги повика своите синови и рече: „Соберете се да ви кажам што ќе ви се случи на крајот!* 2 Соберете се и чујте, синови на Јаков, чујте го татко ви Израел!+
3 Рувиме, ти си мојот првороден,+ мојата сила и првенецот на мојата машка сила,+ возвишен во достоинството и возвишен во моќта. 4 Необуздан како вода, немој да се возвишуваш,+ зашто се качи на постелата на татко ти!+ Леглото мое тогаш го обесчести.+ На него се искачи!
5 Симеон и Леви се браќа.+ Мечевите им се оружје на насилството.+ 6 Во нивно друштво не доаѓај,+ душо моја! Со нивниот собир не здружувај се,+ срце мое, зашто во својот гнев убиваа луѓе,+ во своето самоволие сакатеа нозе* на бикови! 7 Проклет да е гневот нивни,+ оти е свиреп,+ и бесот нивни, оти е жесток.+ Ќе ги разделам низ Јаков, ќе ги распрснам низ Израел.+
8 А тебе, Јудо,+ браќата твои ќе те фалат.+ Раката ќе ти биде на вратот на твоите непријатели.+ Синовите на татко ти ќе ти се поклонуваат.+ 9 Јуда е лавче.+ Од пленот, сине мој, ќе стануваш. Се спушти, се испружи како лав; и, како лав, кој се осмелува да го дразни?+ 10 Жезолот нема да се оддели од Јуда,+ ниту заповедничката палка од нозете негови додека не дојде Сило*+ — и нему ќе му се покоруваат народите.+ 11 Врзувајќи го за лоза магарето свое, за благородна лоза прлето од магарицата своја, ќе си ја пере облеката во вино и алиштата свои во крв од грозје.+ 12 Очите му се темноцрвени од вино, а забите бели од млеко.
13 Завулон ќе живее крај морскиот брег,+ крај брегот каде што се укотвени бродовите,+ неговото подрачје ќе се протега накај Сидон.+
14 Исахар+ е магаре со јаки коски, кое почива под товарот на дисаѓите. 15 Ќе види дека почивалиштето е добро и дека земјата е убава, па ќе ги свитка рамењата да носи товар и ќе се согласи на ропска работа.
16 Дан, како едно од племињата на Израел, ќе му суди на својот народ.+ 17 Дан нека биде змија крај патот, рогата змија крај патот, која го каснува коњот во петицата, па јавачот негов паѓа наназад!+ 18 Тебе те чекам да ми донесеш спасение, о Јехова!+
19 Гад ќе го напаѓаат разбојници, но тој ќе ги удира одзади.+
20 Од Асер ќе доаѓа обилна храна,+ и тој ќе дава вкусни царски јадења.+
21 Нефталим+ е леснонога срна. Кажува убави зборови.+
22 Фиданка од родно дрво,+ Јосиф е фиданка од родно дрво покрај извор,+ која ги шири своите гранчиња преку ѕид.+ 23 Но стрелци го напаѓаа, го стрелаа и го мразеа.+ 24 А неговиот лак остана цврст,+ силните мишки на неговите раце беа подвижни.+ Од рацете на Силата на Јаков,+ оттаму е Пастирот, Каменот Израелов.+ 25 Тој е од Богот на твојот татко,+ и ќе ти помогне.+ Тој е со Семоќниот+ и ќе те благослови со благословите од небото одозгора,+ со благословите на водната бездна што лежи одоздола,+ со благословите од градите и од утробата.+ 26 Благословите на твојот татко ќе ги надминат благословите на вечните гори+ и украсот на вековните планини.+ Ќе останат на главата на Јосиф, на темето издвоено од неговите браќа.+
27 Венијамин ќе раскинува плен како волк.+ Наутро ќе го јаде уловот, а навечер ќе го дели пленот“.+
28 Сите овие ги сочинуваат дванаесетте племиња на Израел, и тоа им го рече татко им кога ги благословуваше. Секого го благослови со неговиот благослов.+
29 Потоа им заповеда: „Наскоро ќе им се придружам на моите прататковци.+ Погребете ме кај моите татковци во пештерата што се наоѓа на нивата на Ефрон Хетеецот,+ 30 во пештерата што е на нивата Макпела спроти Мамре во ханаанската земја, на нивата што Авраам ја купи за гроб од Ефрон Хетеецот.+ 31 Таму ги погребаа Авраам и неговата жена Сара.+ Таму ги погребаа Исак и неговата жена Ревека,+ и таму ја погребав Лија. 32 Купената нива и пештерата што е на неа се од синовите на Хет“.+
33 Откако им даде заповеди на своите синови, Јаков ги повлече нозете на постелата, па издивна и им се придружи на своите прататковци.+
50 Тогаш Јосиф падна врз лицето на татка си,+ викна да плаче за него и го бакна.+ 2 Потоа Јосиф им заповеда на лекарите, кои беа во негова служба, да го балсамираат+ татко му. И така лекарите го балсамираа Израел. 3 За тоа им беа потребни цели четириесет дена, бидејќи обично толку трае балсамирањето. И Египќаните го оплакуваа седумдесет дена.+
4 А кога помина времето на оплакување, Јосиф им рече на оние во фараоновиот дворец: „Ако сум нашол милост во ваши очи,+ ве молам, пренесете му го ова на фараонот: 5 ‚Татко ми ме заколна+ со зборовите: „Еве, наскоро ќе умрам.+ Погреби ме во мојот гроб што си го ископав во ханаанската земја“.+ Затоа сега, те молам, дозволи ми да отидам и да го погребам татко ми, а потоа ќе се вратам!‘ “ 6 А фараонот рече: „Оди и погреби го татко ти така како што те заколнал!“+
7 Така Јосиф отиде да го погребе татка си, а со него отидоа сите фараонови слуги, старешините+ од дворецот и сите старешини на египетската земја, 8 целиот дом на Јосиф и сите негови браќа и домот на неговиот татко.+ Само малите деца, како и ситната и крупната стока ги оставија во земјата Гесем. 9 Со нив имаше и коли+ и коњаници, па поворката беше многу голема. 10 Кога стигнаа на гумното+ Атад, во јорданскиот крај,+ одржаа многу големо и болно оплакување. И Јосиф го одржа седумдневното тажење по татка си.+ 11 А жителите на таа земја, Ханаанците, го видоа оплакувањето на гумното Атад, па рекоа: „Ова е големо оплакување на Египќаните!“ Затоа тоа место, кое се наоѓа во јорданскиот крај,+ го нарекоа Авел-Мисраим.*
12 И синовите му направија така како што тој им беше заповедал.+ 13 Имено, неговите синови го однесоа во ханаанската земја и го погребаа во пештерата на нивата Макпела спроти Мамре, нивата што Авраам ја беше купил за гроб од Ефрон Хетеецот.+ 14 Откако го погреба татка си, Јосиф се врати во Египет заедно со своите браќа и со сите што отидоа со него да го погребат татко му.
15 Кога видоа дека умре татко им, браќата на Јосиф рекоа: „Можеби Јосиф нѐ мрази,+ па ќе ни возврати за сето зло што му го направивме“.+ 16 Затоа му пренесоа на Јосиф заповед со овие зборови: „Пред својата смрт, татко ти заповеда: 17 ‚Вака кажете му на Јосиф: „Те молам, прости им+ го на твоите браќа нивното злосторство и гревот со кој ти направија зло!“ ‘+ И затоа сега, те молиме, прости им го злосторството на слугите на Богот на твојот татко!“+ А Јосиф се расплака кога му го рекоа тоа. 18 Тогаш дојдоа и неговите браќа и се фрлија пред него, велејќи: „Еве, твои робови сме!“+ 19 А Јосиф им рече: „Не плашете се! Зар сум јас на местото на Бог?+ 20 Вие мислевте да ми нанесете зло, но Бог тоа го сврте на добро за да го направи она што се случува денес — да им го зачува животот на многу луѓе.+ 21 Затоа сега не плашете се! Јас ќе ве снабдувам со храна вас и вашите деца“.+ Така ги утеши со охрабрувачки зборови.
22 И Јосиф остана во Египет заедно со домот на својот татко, и доживеа сто и десет години. 23 Така Јосиф ги виде синовите на Ефрем до третото поколение,+ а и синовите на Махир,+ синот на Манасија. Тие се родија на колената на Јосиф.+ 24 На крајот Јосиф им рече на своите браќа: „Наскоро ќе умрам. Но Бог сигурно ќе погледне на вас,+ ќе ве изведе од оваа земја и ќе ве одведе во земјата која со заклетва им ја вети на Авраам, на Исак и на Јаков“.+ 25 И Јосиф ги заколна синовите на Израел: „Бог сигурно ќе ве погледне. Тогаш понесете ги моите коски одовде!“+ 26 Потоа Јосиф умре кога имаше сто и десет години, и го балсамираа,+ па го ставија во ковчег во Египет.
„Во почетокот“ — хебрејски: Берешит. Првата книга во Библијата на хебрејски го добила името според првиот збор. Името „Битие“ потекнува од Септуагинтата и од Вулгатата.
Буквално: „Богови“. Титулата елохим во хебрејскиот текст овде е во множина заради нагласување на величието и моќта, а не за да покаже дека станува збор за повеќе личности или богови. Спореди ја фуснотата за Су 16:23.
Или: „силата со која се служи Бог“.
Или: „почна да зборува“. Ова е првото место во 1. поглавје од 1. Мојсеева каде што во хебрејскиот текст е употребен несвршен глагол за да се опише постепеното одвивање на дејството. Во истото поглавје има повеќе од 40 вакви места.
Или: „почна да прави (да обликува)“. Види ја фуснотата за 1Мо 1:3.
Или: „почна да ги создава“. Види ја фуснотата за 1Мо 1:3.
Хебрејскиот збор преведен со изразот „други животни што се движат“, по сѐ изгледа, означува разни ситни животни што живеат близу до почвата, како што се глодачите, влекачите и инсектите.
Буквално: „сета нивна војска“.
Ова е првото место во хебрејскиот текст на кое се појавува Божјето лично име (во облик на тетраграмот ЈХВХ). Види го додатокот 1.
Бделиумот е мирислива смола слична на смирната.
Хебрејското име за Тигар.
Или: „продолжи да ги обликува“, бидејќи сѐ уште траел шестиот ден на создавањето. Глаголот „обликува“, кој во хебрејскиот текст е во несвршен вид, овде означува продолжено дејство кое се одвива постепено. Види ја фуснотата за 1Мо 1:3.
Буквално: „човечица“. На хебрејски игра на зборови — човек (маж): иш; жена: ишша.
Буквално: „твоето семе и нејзиното семе“.
Буквално: „бодликав плевел; чички“.
„Ева“ значи „жива“.
Херувими се ангели на висока положба.
„Каин“ значи „добиен; стекнат; направен“.
Игра на зборови. Употребувајќи го глаголот „добие“ (хебрејски: кана), Ева објаснува зошто на синот му го дала името Каин.
„Нод“ значи „бегалство“.
„Сет“ значи „даден; доделен; надоместок“.
Или: „книга со историјата“.
Или: „му угоди на Бог“, според Септуагинтата (LXX). Спореди и Ев 11:5.
Или: „пренесе“, според Септуагинтата (LXX). Спореди и Ев 11:5.
„Ное“ значи „починка; одмор; утеха“.
Или: „ангелите“, според некои ракописи на Септуагинтата.
Или: „соборувачи; оние што ги соборуваат другите“.
Или: „Ова е историјата“.
Изворниот збор е богат со значење и, во разни контексти, може да се преведе со поими како што се: „потполн, беспрекорен, непорочен, без маана, совршен, примерен, искрен, чист, справедлив, чесен, верен (на Бог), незлоблив“.
Еден лакот е 44,5 сантиметри. Види го додатокот 13.
Хебрејски: цохар, што може да значи и „покрив“.
По излегувањето од Египет, кога Јехова им дал на Израелците верски календар, овој месец станал 8. по ред и го добил името вул. Според нашиот календар, ја опфаќа втората половина на октомври и првата половина на ноември. Види го додатокот 14.
Изразот ‚голема водна бездна‘ се однесува на водната обвивка во атмосферата, која ја обвивала Земјата. Во 1. Мојсеева 1:6, 7 е наречена „води над сводот“.
Буквално: „здив на духот на животот (животна сила)“.
Види ја фуснотата за 1Мо 7:11.
Овој месец одговара на месецот авив (нисан), првиот месец од верскиот календар кој Евреите го користеле по излегувањето од Египет. Види го додатокот 14.
Овој месец одговара на месецот тамуз. Види го додатокот 14.
Овој месец одговара на месецот етаним (тишри). Види го додатокот 14.
Или: „Ова е историјата“.
Или: „приморските“.
Буквално: „ова е големиот град“. Изразот „големиот град“ веројатно е заеднички назив за Ниневија и за три други градови.
Или: „Лудимците, Анамимците, Леавимците, Нафтухимците“.
Или: „Патрусимците, Хаслухимците (...) и Кафторимците“.
„Фалек“ значи „поделба; струја“.
Или: „човештвото“.
Или: „битумен“.
„Вавел“ доаѓа од глаголот валал („измеша; побрка“) и значи „збрка“.
Или: „целото човештво“.
Или: „Ова е историјата“.
На ова место Септуагинтата го спомнува уште и Каинан, како син на Арфаксад, а татко на Сала. Спореди Лк 3:36.
Или: „Ова е историјата“.
Или: „додека беше жив Тара, неговиот татко“. Буквално: „пред лицето на Тара“.
Или: „објавува (проповеда)“. Види 2Мо 34:5.
Или: „кон југ“, односно кон јужниот дел на Ветената земја.
Или: „објавува (проповеда)“.
Буквално: „[Јордански] круг“, подрачје на долната Јорданска Долина, околу Ерихон.
По сѐ изгледа дека заменката „тие“ се однесува на царевите спомнати во 1. стих.
Види го додатокот 12.
Или: „битумен“.
Буквално: „душите“.
Или: „покажа вера во Јехова“. Ова е првото место во Библијата каде што се спомнува вера. Спореди со Ри 4:11.
„Исмаел“ значи „Бог слуша“.
„Веер-Лахај-Рој“ значи „бунар на Живиот, кој ме гледа“.
Буквално: „Оди пред мене“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
„Аврам“ значи „татко на возвишеноста“.
„Авраам“ значи „татко на мноштво“.
Буквално: „таа душа нека“.
„Сараја“ можеби значи „кавгаџика“.
„Сара“ значи „кнегиња“.
„Исак“ значи „смеа“.
Буквално: „да ги поткрепите своите срца“.
Една сеа е 7,33 литри. Види го додатокот 13.
Види ја фуснотата за 1Мо 13:10.
Изворниот хебрејски збор (кесед) е толку богат со значење што во македонскиот јазик не постои еден збор со кој во потполност може да се изрази неговата смисла. Во зависност од контекстот, може да се преведе со изразите како што се: „(лојална) љубов, љубов и верност, верност, оддаденост, добрина, добродушност, милосрдие, милост(ивост), наклоност“, бидејќи сите тие влегуваат во спектарот на неговото значење.
„Сигор“ значи „мала работа; нешто безначајно“ (алузија на изразот „Тебе тоа не ти значи многу“ од 20. стих).
„Моав“ значи „од таткото“.
„Вен-Ами“ значи „син на мојот народ“, односно син на мојот род.
Зборот „Авимелех“ веројатно е титула.
Буквално: „зашто му припаѓа на друг сопственик (господар)“.
Или: „Покажи ми лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „покажуваш лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „за да покажеме почит кон Бог; да извршиме чин на обожавање пред Бог“.
„Јехова-Ире“ значи „Јехова ќе се погрижи [за тоа]; Јехова ќе прибави“.
Односно градските порти.
Жена во полигамен брак, која мажот ја зема покрај својата вистинска сопруга (односно вистински сопруги) и која има понизок статус од вистинската сопруга.
Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Види го додатокот 13.
Или: „покажи лојална љубов“. За изразите „милостив“ и „милост“ во 12, 14, 27. и 49. стих, види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Еден сикел тежел 11,4 грама. Види го додатокот 13.
Буквално: „пред кого одам“.
Односно градската порта.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
Или: „Ова е историјата“.
Или: „Ова е историјата“.
„Исав“ значи „влакнест“.
„Јаков“ значи „оној што се држи за петица; оној што потиснува (истуркува) “.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
„Едом“ значи „црвен; румен“.
Види го додатокот 12.
„Есек“ значи „натпревар; караница“.
„Ситна“ значи „обвинение“.
„Реховот“ значи „широки простори“.
Или: „го објавуваше (го проповедаше) “.
Буквално: „духот“.
Види ја фуснотата за 1Мо 25:26.
Односно „кај Исмаелците“. Исмаел веќе бил мртов, а Исав, судејќи по сѐ, имал 77 години. Види 1Мо 25:17, 26.
„Ветил (хебрејски: Бетел)“ значи „Божји дом“.
Буквално: „брат“.
Буквално: „дека Лија е мразена“.
„Рувим“ значи „Гледајте, син!“
„Симеон“ значи „слушне“ (во смисла: послуша, услиши).
„Леви“ значи „приврзан“.
„Јуда“ значи „фален; славен“.
„Дан“ значи „судија“.
„Нефталим“ значи „моето борење; мојата борба“.
„Гад“ значи „среќа“.
„Асер“ значи „среќен; среќа“.
„Исахар“ значи „тој е награда (плата) “.
Или: „Конечно мојот маж ќе живее со мене“. Види ја фуснотата за значењето на името „Завулон“.
„Завулон“ значи „стан; живеалиште“; можно значење е и: „прифаќа; поднесува; господари“.
Скратен облик од името „Јосифја“, кое значи „Јах нека придаде (намножи); Јах придаде (намножи)“.
Односно Еуфрат.
„Јегар-Сахадута“ е арамејски (сириски) израз кој значи „сведок-куп; куп сведоштво“.
„Галед“ е хебрејски израз кој значи „сведок-куп; куп сведоштво“.
Или: „Боговите“. Во хебрејскиот текст е употребена множина елохех. Причина може да биде тоа што Сириецот Лаван верувал во терафи (куќни богови).
Или: „боговите“. Хебрејската множина елохех можеби не се однесува само на Јехова, бидејќи и глаголот „судат“ е во множина. Но во самарискиот Пентатеух, во Септуагинтата, во сириската Пешита и во Вулгатата глаголот е во еднина („суди“), што би се однесувало на единствениот Бог.
Или: „нека судат“. Во хебрејскиот текст, глаголот е во множина.
„Маханаим“ значи „два логора“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Види го додатокот 12.
„Израел“ значи „Бог се бори; оној што (истрајно) се бори со Бог“.
„Фануил“ значи „Божје лице“.
Или: „тетивата на бедрениот (ишијадичниот) нерв“.
„Сокот“ значи „сеници; (покриени) штали“.
Буквално: „кесити“. Кесит е парична единица со непозната вредност.
„Ел-Ветил“ значи „Богот на Ветил“.
„Алон-Вакут“ значи „големото стебло на плачот“.
Буквално: „ќе излезат од твоите бедра“.
Буквално: „додека душата ѝ излегуваше“.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
Или: „Ова е историјата“.
Или: „Ова е историјата“.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
Или: „шеиците“.
Или: „Ова е историјата“.
Буквално: „шеолот“.
Или: „левиратски“.
„Фарес“ значи „раскинување на материца“.
Или: „му покажуваше лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „фараонот ќе ти ја подигне главата“.
Или: „покажи ми лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „јама“. Буквално: „резервоар; базен“, односно јама ископана во облик на резервоар, која служела како затвор.
Буквално: „фараонот ќе ти ја подигне главата“.
Буквално: „им ги подигна главите на“.
Буквално: „духот му се вознемири“.
Или: „се избричи и се истрижа“.
Значењето на овој египетски израз, кој е транслитериран во хебрејскиот текст, досега не е утврдено.
Или: „Хелиополис“, што значи „град на сонцето“ затоа што во тамошниот храм бил обожаван богот на Сонцето Ра.
„Манасија“ значи „причина да се заборави; оној поради кого се заборава“.
„Ефрем“ значи „двојно плоден“.
Буквално: „шеолот“.
Буквално: „шеолот“.
Буквално: „шеолот“.
Тоа значело дека ќе ги затвори кога Јаков ќе умре.
Септуагинтата наведува уште пет имиња, а Стефан очигледно цитирал од неа кога во Де 7:14, наместо 70, споменал 75 души.
Буквално: „Синовите“.
Буквално: „излегоа од неговото бедро“.
Или: „седумдесет и пет“, според Септуагинтата. Види ја фуснотата за 1Мо 46:20.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „пред кого одеа“.
Или: „во последните денови“.
Или: „сечеа тетиви на нозете“.
„Сило“ е транслитерација на хебрејскиот збор што значи „оној кому му припаѓа“.
„Авел-Мисраим“ значи „тагување на Египќаните“. „Мисраим“ е хебрејско име за Египќани. Види 1Мо 10:13.