ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt 2. Летописи 1:1-36:23
  • 2. Летописи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 2. Летописи
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
2. Летописи

Втора книга летописи

1 Соломон, синот на Давид, се зацврсти во своето царство,+ и Јехова, неговиот Бог, беше со него+ и многу го возвиши.+

2 И Соломон му се обрати на целиот Израел, на илјаданачалниците,+ на стотниците,+ на судиите+ и на сите кнезови во целиот Израел,+ родовски поглавари.+ 3 Потоа Соломон и целата заедница* со него отидоа на височинката што беше во Гаваон,+ зашто таму беше шаторот на средбата,+ кој му припаѓаше на вистинскиот Бог, а го беше направил Мојсеј, слугата+ на Јехова, во пустината. 4 А Давид го беше пренел ковчегот+ на вистинскиот Бог од Киријат-Јарим+ на местото што го имаше подготвено за него,+ зашто за него беше распнал шатор во Ерусалим.+ 5 Бакарниот жртвеник+ што го направи Веселеил,+ синот на Уриј, син на Ор,+ се наоѓаше пред Јеховиниот шатор. Соломон и целата заедница, како и обично, дојдоа таму за да се посоветуваат со Бог. 6 Таму, на бакарниот жртвеник, кој беше пред шаторот на средбата, Соломон принесе жртви пред Јехова, принесе на него илјада жртви паленици.+

7 Во таа ноќ, Бог му се појави на Соломон и му рече: „Барај, што сакаш да ти дадам“.+ 8 А Соломон му одговори на Бог: „На мојот татко Давид ти му покажа голема милост,*+ љубов голема, и ти ме постави за цар на негово место.+ 9 Јехова Боже, нека се исполни сега ветувањето што му го даде на мојот татко Давид,+ зашто ме постави за цар+ на народ што е толку многуброен колку правот на земјата.+ 10 Сега дај ми мудрост и знаење+ за да можам да го водам овој народ,+ зашто кој може да му суди на овој твој народ кој е толку голем?“+

11 Тогаш Бог му рече на Соломон: „Затоа што во срцето го посака тоа,+ а не побара ниту изобилство, ниту богатство, ниту слава, ниту душите на оние што те мразат, ниту бараше долг живот,+ туку бараше мудрост и знаење за да можеш да му судиш на мојот народ над кој те поставив за цар,+ 12 затоа ти давам мудрост и знаење.+ Но ти давам и изобилство и богатство и чест каква што немал ниту еден цар пред тебе+ и каква што ќе нема ниту еден по тебе“.+

13 Соломон се врати во Ерусалим од височинката во Гаваон,+ откај шаторот на средбата,+ и царуваше над Израел.+ 14 Соломон насобра бојни коли и коњи, така што имаше илјада и четиристотини коли и дванаесет илјади коњи,+ и нив ги распореди по градовите каде што држеше коли+ и кај себе во Ерусалим. 15 Царот насобра во Ерусалим толку многу сребро и злато што го имаше како што има камења,+ и кедрово дрво како што има диви смокви+ во Шефела.*+ 16 Соломон увезуваше коњи од Египет.+ Царските трговци ги набавуваа коњите по одредена цена.+ 17 Една кола довезена од Египет чинеше по шестотини сребреници и еден коњ по сто и педесет. Преку тие трговци увезуваа и сите хетејски и сириски цареви.+

2 Соломон издаде заповед да се изгради дом+ за името на Јехова+ и царски дворец за него самиот.+ 2 И Соломон одреди седумдесет илјади луѓе за носачи, осумдесет илјади луѓе за каменоделци во планината+ и три илјади и шестотини надгледници над нив.+ 3 Потоа Соломон му порача на Хирам,+ тирскиот цар: „На мојот татко Давид+ ти му праќаше кедрово дрво за да си изгради дворец за живеење. 4 Еве, имам намера да му изградам+ дом на името+ на Јехова, својот Бог, и да го посветам+ за него за да се пали мирислив темјан+ пред неговото лице, редовно да се поставуваат наредени лебови+ и да се принесуваат жртви паленици наутро и навечер,+ на деновите за одмор,*+ на млади месечини+ и на празниците+ на Јехова, нашиот Бог. Тоа нека се прави во Израел довека.+ 5 Домот што ќе го градам ќе биде голем,+ зашто нашиот Бог е поголем од сите други богови.+ 6 Кој може да му изгради дом+ кога не можат да го соберат ни небесата, ни небото над небесата?+ Кој сум јас+ да му изградам дом — освен да биде тоа место каде што приносите ќе бидат горени пред неговото лице?+ 7 Затоа сега, испрати ми вешт човек, кој знае да работи со злато, сребро, бакар,+ железо, црвеникаво-виолетова волна, пурпур и со сина преѓа, а и знае да резбари. Тој ќе работи заедно со вештите луѓе што се кај мене во Јуда и во Ерусалим, кои ги избра мојот татко Давид.+ 8 Испрати ми од Ливан+ кедрово,+ смреково+ и алгумово дрво,+ зашто знам дека твоите слуги вешто сечат ливански дрвја,+ а моите слуги ќе работат со твоите слуги. 9 Ќе мора да ми бидат подготвени многу дрва, зашто домот што имам намера да го градам ќе биде исклучително голем. 10 Еве, на твоите слуги, дрвари што ќе ги сечат стеблата, ќе им дадам за храна дваесет илјади кора пченица,+ дваесет илјади кора јачмен, дваесет илјади бата вино+ и дваесет илјади бата масло“.

11 Тогаш Хирам, тирскиот цар,+ му го прати на Соломон следниов писмен одговор: „Поради тоа што го сака својот народ,+ Јехова те поставил за цар над него“.+ 12 Хирам уште рече: „Нека е благословен Јехова, Богот на Израел,+ кој ги создаде небото и земјата,+ зашто му дал на цар Давид мудар син, надарен со разборитост и разум,*+ кој ќе изгради дом за Јехова и царски дворец за себе.+ 13 Затоа сега ти го праќам Хирам-Ави,+ човек вешт и разумен, 14 син на една жена од племето на Дан, а од татко Тирец. Тој знае да работи со злато, сребро, бакар,+ железо, камен,+ дрво, црвеникаво-виолетова волна,+ сина преѓа,+ фино+ платно, пурпур,+ знае да резбари+ најразновидни резби и да прави планови+ за сѐ што ќе му биде доверено да прави. Тој ќе работи со твоите вешти луѓе и со луѓето на мојот господар Давид, твојот татко. 15 Сега мојот господар нека им испрати на своите слуги пченица, јачмен, масло и вино, како што вети.+ 16 А ние ќе насечеме дрва+ на Ливан, толку колку што треба,+ и ќе ти ги донесеме на сплавови по морето+ до Јопа,+ па ти тогаш пренеси ги во Ерусалим“.

17 Соломон ги преброи сите дојденци што беа во земјата на Израел+ по пописот што го беше направил неговиот татко Давид,+ и ги имаше сто педесет и три илјади и шестотини. 18 И од нив одреди седумдесет илјади луѓе за носачи,+ осумдесет илјади за каменоделци+ во планината и три илјади и шестотини за надгледници, кои ќе ги надгледуваат луѓето при службата.+

3 И така, Соломон почна да го гради Јеховиниот дом+ во Ерусалим, на ридот Морија,+ каде што Јехова му се појави на неговиот татко Давид,+ на местото што го подготви Давид, на гумното на Орнан+ Евусеецот. 2 Почна да го гради на вториот ден од вториот месец, во четвртата година од своето царување.+ 3 Темелите што Соломон ги положи за изградба на домот на вистинскиот Бог беа долги шеесет лакти, по старата мера на лакотот,* а широки дваесет лакти.+ 4 Предворјето+ од предната страна на домот беше долго дваесет лакти, колку што беше широк домот, а високо сто и дваесет. Однатре го обложи со чисто злато. 5 Великиот дом*+ го обложи со смрековина, го прекри со чисто злато,+ па направи украси во облик на палми,+ како и синџири.+ 6 Потоа го обложи домот со скапоцен камен и така го украси.+ Златото+ беше од земјата на златото. 7 Така го обложи домот со злато:+ таванските греди, праговите, ѕидовите и вратите. На ѕидовите изрезбари украси во облик на херувими.*+

8 Ја направи и Светињата над светињите.+ Таа беше долга дваесет лакти, колку што беше широк домот, и широка дваесет лакти.+ Ја обложи со шестотини таланти чисто злато. 9 Златото за клинците+ тежеше педесет сикли.* И горните соби ги обложи со злато.

10 Во внатрешноста на Светињата над светињите направи два херувима,+ вајарско дело, и ги обложи со злато.+ 11 Крилјата на тие херувими+ беа долги дваесет лакти. Едното крило, долго пет лакти, го допираше ѕидот на домот, а другото крило, долго пет лакти, го допираше крилото на другиот херувим.+ 12 Така и едното крило на вториот херувим, долго пет лакти, го допираше ѕидот на домот, а другото крило, долго пет лакти, го допираше крилото на првиот херувим.+ 13 Раширените крилја на тие херувими имаа дваесет лакти. Херувимите стоеја на нозе, со лицата свртени кон внатрешноста на домот.

14 Направи и завеса+ од сина преѓа,+ од црвеникаво-виолетова волна, од пурпур и од фино платно, и на неа извезе херувими.+

15 Пред домот направи два столба+ долги триесет и пет лакти, а на секој од нив имаше глава*+ од пет лакти. 16 Потоа направи синџирчиња+ изработени како ѓердан и ги стави на врвот од столбовите. Направи и сто калинки+ и ги обеси на синџирчињата. 17 Столбовите ги постави пред храмот, едниот од десната, а другиот од левата страна. Десниот* го нарече Јахин,* а левиот* Воас.*+

4 Бакарниот жртвеник+ го направи дваесет лакти долг, дваесет лакти широк и десет лакти висок.+

2 Потоа направи излеано море,+ кое од едниот до другиот раб имаше десет лакти. Беше тркалезно, високо пет лакти, а за да се опфати, беше потребно јаже од триесет лакти.+ 3 Наоколу под работ имаше украси во вид на тикви+ што го опкружуваа, по десет на еден лакот го опкружуваа морето.+ Имаше два реда украси во вид на тикви, излеани заедно со морето. 4 Тоа стоеше на дванаесет бика,+ од кои три гледаа кон север, три кон запад, три кон југ, а три кон исток. Морето стоеше врз нив одозгора, а сите тие со својот заден дел беа свртени навнатре.+ 5 Беше дебело една дланка,* а работ му беше изработен како работ на чаша, како кринов цвет.+ Можеше да собере три илјади бата.*+

6 Направи и десет големи садови за вода, и пет од нив стави од десната, а пет од левата страна+ за да служат за миење.+ Со водата од нив се миеше сѐ што беше потребно за жртвите паленици.+ А морето беше наменето за свештениците, за да се мијат со водата од него.+

7 Потоа направи десет златни светилници+ според истиот план,+ и ги стави во храмот, пет од десната и пет од левата страна.+

8 Потоа направи десет маси и ги намести во храмот, пет од десната и пет од левата страна.+ Направи и сто златни чинии.

9 Направи и двор+ за свештениците,+ голем двор,+ и врати во големиот двор, а вратите ги обложи со бакар. 10 Морето го намести од десната страна, кон југоисток.+

11 На крајот Хирам ги направи лонците,+ лопатите+ и чиниите.+

Така Хирам ја доврши работата што му ја вршеше на цар Соломон за домот на вистинскиот Бог: 12 двата столба,+ тркалезните глави+ што беа на врвот од двата столба, двете филигрански мрежички+ кои ги покриваа двете тркалезни глави на врвот од столбовите, 13 четиристотините калинки+ за двете филигрански мрежички, за секоја мрежичка по два реда калинки за да ги покријат двете тркалезни глави на врвот од столбовите,+ 14 десетте колички+ и десетте големи садови за вода+ на количките, 15 морето+ и дванаесетте бикови под него,+ 16 садовите, лопатите,+ виљушките+ и сиот друг прибор+ што Хирам-Авив+ му ги направи на цар Соломон од измазнет бакар за Јеховиниот дом. 17 Царот нареди сите овие работи да се излеат во иловица, во Јорданската Долина,* меѓу Сокот+ и Сарида.+ 18 И Соломон направи толку многу од сиот тој прибор што бакарот веќе и не го мереа.+

19 Соломон го направи и сиот друг прибор+ за домот на вистинскиот Бог: златниот жртвеник,+ масите+ на кои се ставаше лебот пред Бог, 20 светилниците+ со светилките+ од чисто злато, кои, според прописот, требаше да се палат пред најприкриената просторија,*+ 21 златните цветови, светилките, штипките за гаснење фитили,+ сѐ од најчисто злато, 22 поткаструвачите на фитили, чиниите, чашите, пепелниците, сѐ од чисто злато.+ И влезот во домот,+ внатрешната врата на Светињата над светињите и вратата+ на храмот* во домот беа од злато.

5 Така Соломон ја доврши целата работа околу Јеховиниот дом,+ па почна да ги донесува работите што ги посвети Давид, неговиот татко+ — среброто, златото и сите други предмети. И ги стави во ризниците на домот на вистинскиот Бог.+ 2 Тогаш Соломон ги повика кај себе во Ерусалим старешините на Израел,+ сите главари на племиња+ и родовски поглавари+ на Израеловите синови, за да се донесе ковчегот+ на Јеховиниот сојуз од Давидовиот град,+ односно од Сион.+ 3 Така сите луѓе од Израел се собраа кај царот на празникот што се слави во седмиот месец.+

4 Кога дојдоа сите старешини на Израел,+ синовите на Леви го понесоа ковчегот.+ 5 И го донесоа ковчегот,+ шаторот на средбата+ и сиот свет прибор+ што беше во шаторот. Сето тоа го донесоа свештениците, левити.*+ 6 А цар Соломон и целата израелска заедница што се беше собрала околу него, жртвуваа+ пред ковчегот толку овци и говеда што не можеше да се избројат, ниту бројот да им се одреди. 7 Потоа свештениците го внесоа ковчегот на Јеховиниот сојуз на неговото место, во најприкриената просторија+ на домот, во Светињата над светињите,+ под крилјата на херувимите.+ 8 Херувимите имаа раширени крилја над местото каде што стоеше ковчегот, така што херувимите ги засолнуваа одозгора ковчегот и неговите лостови.+ 9 Но лостовите беа толку долги што нивните краеви се гледаа од Светињата пред најприкриената просторија,* но однадвор не се гледаа. Таму стојат до ден-денес.+ 10 Во ковчегот немаше ништо друго освен двете плочи,+ кои Мојсеј ги стави во него на Хорив,+ кога Јехова го склучи сојузот+ со синовите на Израел при нивното излегување од Египет.+

11 И свештениците излегоа од светото место (зашто сите свештеници што се најдоа таму се посветија,+ без оглед на која група ѝ припаѓаа).+ 12 Левитските+ пејачи, сите што им припаѓаа на Асаф,+ Еман,+ Једутун,+ на нивните синови и на нивните браќа, стоеја во облеки од фино платно со чинели,+ псалтири+ и харфи+ источно од жртвеникот, а со нив имаше и сто и дваесет свештеници, кои трубеа во труби.+ 13 И додека трубачите и пејачите го фалеа Јехова и му благодареа сложно во еден глас+ и додека одекнуваше звукот на труби, чинели и на други инструменти,+ како и фалбената песна+ на Јехова: „Зашто е добар,+ зашто неговата милост* трае довека“,+ облак го исполни домот,+ Јеховиниот дом.+ 14 Поради облакот, свештениците не можеа да стојат таму+ и да ја вршат службата, зашто славата+ на Јехова, вистинскиот Бог, го исполни неговиот дом.

6 Тогаш Соломон рече:+ „Јехова, ти рече дека ќе живееш во густа темнина,+ 2 а јас ти изградив дом, за да биде возвишено твоето живеалиште+ и местото каде што ќе живееш довека“.+

3 Потоа царот се сврти и почна да ја благословува+ целата израелска заедница, а целата израелска заедница стоеше таму.+ 4 И рече: „Нека е благословен Јехова, Богот на Израел,+ кој со своја уста зборуваше со Давид, мојот татко,+ и со своја рака ги исполни ветувањата што ги даде,+ велејќи: 5 ‚Од денот кога го изведов од египетската земја својот народ, од ниедно Израелово племе не избрав град за во него да се изгради дом каде што ќе престојува моето име+ и не избрав никого за водач на мојот народ Израел.+ 6 Но сега го избрав Ерусалим+ за во него да престојува моето име и го избрав Давид да владее над мојот народ Израел‘.+ 7 И Давид, мојот татко, посака во своето срце да му изгради дом на името на Јехова, Богот на Израел.+ 8 Но Јехова му рече на мојот татко Давид: ‚Желбата на твоето срце е да му изградиш дом на моето име, и добро е што ти е тоа на срце.+ 9 Но ти нема да го изградиш тој дом,+ туку твојот син, кој ќе ти се роди,* тој ќе му изгради дом на моето име‘.+ 10 И Јехова го исполни зборот+ што го даде, и јас дојдов на местото на Давид, мојот татко,+ и седнав на престолот+ на Израел, како што рече Јехова,+ па му изградив дом на името на Јехова, Богот на Израел,+ 11 и таму го ставив ковчегот+ во кој е Јеховиниот сојуз што го склучи со синовите на Израел“.+

12 Потоа застана пред Јеховиниот жртвеник пред целата израелска заедница+ и ги рашири рацете.+ 13 (Соломон, имено, го направи бакарниот подиум+ и го намести среде дворот.+ Беше долг пет лакти,* широк пет лакти и висок три лакти. Соломон стоеше на него.) И клекна+ пред целата израелска заедница, па ги рашири рацете кон небото+ 14 и рече: „О Јехова, Боже Израелов,+ нема Бог како што си ти+ ниту на небото ниту на земјата — го чуваш сојузот+ и им покажуваш милост* на своите слуги кои ти служат* со сето свое срце.+ 15 Му го исполни на својот слуга Давид, мојот татко, она што му го вети.+ Му даде ветување со својата уста, а со својата рака го исполни, како што се гледа денес.+ 16 А сега, Јехова, Боже Израелов, исполни му го на својот слуга Давид, мојот татко, она што го вети, велејќи: ‚Нема да останеш без наследник кој ќе седи пред мене на Израеловиот престол,+ само ако твоите синови+ внимаваат на својот пат и ако живеат* според мојот закон+ како што ти живееше според мојата волја‘.+ 17 Сега те молам, Јехова, Боже Израелов,+ нека се обистини твоето ветување+ што му го даде на својот слуга Давид!+

18 Но, дали Бог навистина ќе живее со луѓето на земјата?+ Еве, ни небото, ни небото над небесата не може да те собере,+ а камоли овој дом што го изградив!+ 19 Обрни внимание на молитвата на својот слуга+ и на неговата молба со која моли за милост,+ о Јехова, Боже мој, па чуј ги повикот+ и молитвата што ти ги упатува твојот слуга денес!+ 20 Дење и ноќе твоите очи будно нека го набљудуваат+ овој дом, ова место за кое рече дека во него ќе престојува твоето име.+ Чуј ја молитвата што ти ја упатува твојот слуга свртен кон ова место.+ 21 Чуј ги молбите што ти ги упатуваат твојот слуга+ и твојот народ Израел, свртени кон ова место.+ Чуј од местото каде што живееш, од небото,+ чуј и прости.+

22 Ако некој му згреши на својот ближен,+ па овој побара од него да се заколне и да се изложи на проклетство,+ и ако тој под заклетва дојде пред твојот жртвеник во овој дом,+ 23 тогаш чуј од небото+ и биди им судија+ на своите слуги, и плати му на злиот, враќајќи му ги неговите дела на неговата глава,+ а праведниот прогласи го за праведен+ и награди го според неговата праведност.+

24 Ако твојот народ, Израел, е поразен пред непријателот+ затоа што ти згрешил,+ но се врати кај тебе+ и пак почне да го фали твоето име,+ ти се моли+ и од тебе бара милост во овој дом,+ 25 тогаш чуј од небото,+ прости му го гревот на својот народ Израел+ и врати го+ во земјата што им ја даде нему и на неговите прататковци.+

26 Ако се затвори небото и нема дожд+ затоа што ти грешеле,+ па ти се помолат свртени кон ова место,+ давајќи му фалба на твоето име, и ако се одвратат од својот грев затоа што си им нанесувал неволји,+ 27 тогаш чуј од небото и прости им го гревот на своите слуги, на својот народ Израел, зашто ти ги учиш+ за правиот пат+ по кој треба да одат, и пушти дожд+ на својата земја, која му ја даде во наследство на својот народ.+

28 Ако во земјата завладее глад+ или ја снајде чума,+ суша,+ мувла+ или ако надојдат скакулци+ или лебарки,+ ако ги опколи непријателот+ во земјата каде што се нивните градови,+ ако ги снајде каква било неволја или болест,+ 29 па кој и да било човек или сиот твој народ Израел+ ти упати молитва+ или молба за милост+ — зашто секој ја знае својата неволја+ и својата болка — ширејќи ги во молитва рацете кон овој дом,+ 30 ти чуј од небото, од своето живеалиште,+ и прости+ и дај му секому според сите негови патишта,+ зашто ти го познаваш неговото срце,+ зашто само ти го познаваш срцето на синовите човечки,+ 31 за да се бојат од тебе+ и да одат по твоите патишта во сите денови додека живеат на земјата што им ја даде на нашите прататковци.+

32 Па и туѓинецот, кој не му припаѓа на твојот народ Израел,+ туку дошол од далечна земја заради твоето велико име+ и твојата силна рака+ и твојата подигната мишка,+ кога ќе дојде и ќе се помоли свртен кон овој дом,+ 33 тогаш чуј од небото, од своето живеалиште,+ и направи го сето она за кое те моли овој туѓинец,+ за да го запознаат твоето име сите народи на земјата+ и за да се бојат+ од тебе исто како твојот народ Израел, и за да знаат дека овој дом што го изградив го носи твоето име.+

34 Ако твојот народ тргне во војна+ против своите непријатели по патот по кој ќе го испратиш+ и ако ти се помоли+ свртен кон овој град што го избра и кон овој дом што му го изградив на твоето име,+ 35 тогаш чуј ја од небото неговата молитва и неговата молба, со која моли за милост,+ и дај му правда.+

36 Ако ти згрешат,+ зашто нема човек што не греши,+ и ако ти се разгневиш на нив и ги предадеш на непријателот, па нивните поробувачи ги одведат во заробеништво во некоја земја, било далеку било близу,+ 37 ако се вразумат во земјата во која ќе бидат одведени во заробеништво, ако се обратат и почнат да ти се молат за милост во земјата во која се заробени,+ па речат: ‚Згрешивме,+ постапивме погрешно,+ правевме зло‘,+ 38 ако навистина се вратат кај тебе со сето свое срце+ и со сета своја душа во земјата на своите поробувачи,+ кои ги одвеле во заробеништво, и ако се помолат свртени кон својата земја што им ја даде на нивните прататковици и кон градот што го избра+ и кон домот што му го изградив на твоето име,+ 39 тогаш чуј ги од небото, од своето живеалиште,+ нивната молитва и нивните молби, со кои ти се молат за милост,+ и дај им правда,+ и прости му+ на својот народ кој ти згрешил.

40 Сега те молам, о Боже мој, твоите очи+ нека бидат отворени и твоите уши+ приклонети кон молитвата упатена од ова место! 41 И сега стани,+ Јехова Боже, појди на местото на својата починка,+ ти и ковчегот на твојата сила.+ Твоите свештеници, Јехова Боже, нека се облечат во спасение и оние што ти се верни нека му се радуваат на доброто.+ 42 Јехова Боже, немој да го отфрлиш својот помазаник!+ Сети се на својата милост* која му ја вети на својот слуга Давид!“+

7 Кога Соломон ја заврши молитвата,+ оган слезе од небото+ и ги изгоре жртвата паленица+ и другите жртви, а Јеховината слава+ го исполни домот. 2 И свештениците не можеа да влезат во Јеховиниот дом+ затоа што Јеховината слава го исполни Јеховиниот дом. 3 Кога видоа како огнот и Јеховината слава се спуштаат на домот, сите синови на Израел се поклонија+ и паднаа ничкум+ на плочникот, со лицето до земја, и му благодареа на Јехова „зашто е добар,+ зашто неговата милост* трае довека“.+

4 Тогаш царот и сиот народ принесоа жртви пред Јехова.+ 5 Цар Соломон принесе за жртва дваесет и две илјади говеда и сто и дваесет илјади овци.+ Така царот и сиот народ свечено го отворија+ домот на вистинскиот Бог. 6 Свештениците+ стоеја на своите места, а левитите+ ги имаа инструментите, кои ги направи цар Давид+ за да го фалат Јехова и во чија придружба пееја во чест на Јехова,+ „зашто неговата милост* трае довека“. Така преку нивната служба Давид упатуваше фалби. А пред нив свештениците гласно трубеа во трубите,+ додека сите Израелци стоеја.

7 Тогаш Соломон го посвети+ средниот дел на дворот што е пред Јеховиниот дом, бидејќи таму ги принесуваше жртвите паленици+ и мрсните делови од жртвите на заедништвото, зашто на бакарниот жртвеник,+ кој го направи Соломон, не ги собираше сите жртви паленици, житни жртви+ и мрсни делови.+ 8 И во тоа време Соломон го славеше празникот+ седум дена, а со него и целиот Израел,+ многу големо мноштво народ+ од целата земја, од влезот во Емат+ до долината* на реката Египет.+ 9 А на осмиот ден одржаа свечен собир,+ зашто свеченоста по повод поставувањето на жртвеникот траеше седум дена и празникот уште седум дена. 10 На дваесет и третиот ден од седмиот месец тој ги распушти луѓето да си одат во своите куќи. И си отидоа радосни+ и со весело срце поради сето добро+ што Јехова им го направи на Давид и на Соломон и на својот народ Израел.+

11 Така Соломон ги заврши Јеховиниот дом+ и царскиот дворец,+ и во Јеховиниот дом и во својот дворец успешно го направи сето она што го посака во срцето. 12 И Јехова му се јави+ на Соломон ноќе и му рече: „Ја услишив твојата молитва+ и го избрав+ ова место за да ми биде дом во кој ќе се принесуваат жртви.+ 13 Ако го затворам небото за да не паѓа дожд+ и ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата+ и ако испратам помор на својот народ,+ 14 па мојот народ,+ кој го носи моето име,+ се понизи+ и се помоли+ и го побара моето лице,+ и се врати од своите зли патишта,+ тогаш јас ќе чујам од небото+ и ќе им го простам гревот,+ и ќе ја излечам нивната земја.+ 15 Моите очи+ ќе бидат отворени и моите уши+ внимателно ќе слушаат кога ќе се молат од ова место. 16 Затоа, еве, го избрав+ и го посветив овој дом за моето име+ да престојува во него довека.+ И овде секогаш ќе бидат моите очи и моето срце.+

17 А ти, ако ми служиш како што ми служеше* твојот татко Давид,+ правејќи сѐ што ти заповедав,+ и ако ги држиш моите уредби+ и моите закони,+ 18 ќе го утврдам престолот на твоето царство+ и ќе се држам за сојузот што го склучив со твојот татко Давид+ кога реков: ‚Нема да останеш без наследник кој ќе владее со Израел‘.+ 19 Но, ако се одвратите од мене+ и ги оставите моите одредби+ и моите заповеди+ што ги ставив пред вас, па тргнете по други богови за да им служите+ и да им се клањате,+ 20 ќе ве истребам од земјата што ви ја дадов.+ И овој дом, кој го посветив+ за своето име, ќе го отфрлам од пред своето лице,+ па сите народи ќе го споменуваат со презир*+ и ќе му се потсмеваат.+ 21 Од овој дом ќе останат само урнатини+ и секој што ќе помине покрај него вчудовидено+ ќе праша: ‚Зошто им направи Јехова такво нешто на оваа земја и на овој дом?‘+ 22 И ќе им одговорат: ‚Затоа што го оставија Јехова,+ Богот на своите прататковци, кој ги изведе од египетската земја,+ и им се приклонија на други богови,+ им се клањаа и им служеа.+ Затоа им ја нанесе сета таа неволја‘ “.+

8 А кога поминаа дваесетте години+ во кои Соломон ги изгради Јеховиниот дом+ и својот дворец,+ 2 Соломон ги утврди градовите што му ги даде Хирам+ и во нив ги насели синовите на Израел. 3 Потоа Соломон отиде против Емат-Сова и ја освои. 4 Ги утврди Тадмор во пустината и сите градови што служеа како складишта,+ кои ги изгради во Емат.+ 5 Ги изгради Горни Вет-Орон+ и Долни Вет-Орон,+ утврдени градови со ѕидишта,+ порти и резиња,+ 6 потоа Валат+ и сите градови што му припаднаа на Соломон, а служеа како складишта, сите градови за бојните коли+ и градовите за коњаниците+ и сѐ што сакаше Соломон+ да гради во Ерусалим, на Ливан+ и во целата земја со која владееше.

7 А сите што преостанаа од Хетејците,+ Аморејците,+ Ферезејците,+ Евејците+ и Евусејците,+ кои не беа Израелци,+ 8 нивните синови што останаа по нив во земјата, а кои синовите на Израел не ги истребија,+ Соломон ги земаше за ропска работа,+ и така е до ден-денес.+ 9 Но никого од Израеловите синови Соломон не го направи роб за својата работа,+ туку тие беа војници,+ заповедници на неговите аѓутанти и заповедници на неговите бојни коли+ и на неговите коњаници.+ 10 Цар Соломон имаше двесте и педесет главни намесници,+ кои ги надзираа луѓето.+

11 А Соломон ја пресели фараоновата ќерка+ од Давидовиот град+ во куќата што ја изгради за неа,+ зашто рече: „Макар што ми е жена, сепак нема да живее во домот на Давид, царот на Израел, зашто секое место на кое има дојдено Јеховиниот ковчег е свето“.+

12 Тогаш Соломон почна да му принесува на Јехова жртви паленици+ на Јеховиниот жртвеник,+ кој го беше направил пред предворјето.+ 13 Ги принесуваше жртвите секој ден+ како што требаше според Мојсеевата заповед за деновите за одмор,*+ за младите месечини+ и за пропишаните празници+ три пати годишно+ — на Празникот на бесквасните лебови,+ на Празникот на седмиците+ и на Празникот на сениците.+ 14 И ги постави групите+ свештеници на нивните служби, како што пропиша неговиот татко Давид,+ и левитите+ на нивните должности за да пеат фалби+ и да служат+ пред свештениците секој ден,+ како и вратарите по нивните групи за секоја порта,+ зашто така заповеда Давид, Божјиот човек. 15 И во ништо не отстапија од царевата заповед за свештениците и левитите и за ризниците.+ 16 Така Соломон успешно ја заврши сета работа од денот кога го положи темелот на Јеховиниот дом додека не го доврши.+ Така беше довршен Јеховиниот дом.+

17 Тогаш Соломон отиде во Есион-Гавер+ и во Елот+ на морскиот брег во едомската земја.+ 18 А Хирам+ по своите слуги му испраќаше бродови и слуги кои го познаваа морето,+ па тие заедно со слугите на Соломон пловеа до Офир+ и оттаму земаа по четиристотини и педесет таланти*+ злато+ и му го донесуваа на цар Соломон.+

9 А царицата од Сава+ слушна за Соломон, па дојде да го испита Соломон со загадочни прашања.+ Дојде во Ерусалим со многу голема придружба и со камили+ што носеа балсам,+ мошне многу злато+ и скапоцени камења.+ Откако дојде кај Соломон, разговараше со него за сѐ што ѝ беше на срце.+ 2 А Соломон ѝ одговори на сѐ што таа го праша,+ немаше нешто што му беше скриено на Соломон и на кое не знаеше да ѝ одговори.+

3 Кога царицата од Сава ги виде мудроста на Соломон,+ домот што го изгради,+ 4 јадењата на неговата трпеза,+ неговите слуги како седат на трпезата, неговите послужители што послужуваа на трпезата и нивната облека,+ неговите пехарници+ и нивната облека, како и жртвите паленици+ што ги принесуваше во Јеховиниот дом,+ ѝ застана здивот.* 5 Затоа му рече на царот: „Вистина е она што го чув во својата земја за тебе и за твојата мудрост.+ 6 Но не поверував+ во тоа што се зборуваше додека не дојдов и не видов со свои очи.+ И ете, ни половина не ми било кажано за твојата голема мудрост.+ Ти го надминуваш она што го чув за тебе.+ 7 Среќни+ се твоите луѓе, среќни се овие твои слуги што стојат секогаш пред тебе и ја слушаат твојата мудрост!+ 8 Нека е благословен+ Јехова, твојот Бог, кому си му станал толку мил+ што те поставил на својот престол+ да бидеш цар наместо Јехова, својот Бог!+ Твојот Бог го сака+ Израел и сака да го одржи довека, па затоа и те поставил за цар+ за да судиш+ и да спроведуваш правда“.+

9 Потоа му даде на царот сто и дваесет таланти* злато,+ мошне многу балсам+ и скапоцени камења.+ Никогаш повеќе не дојде толку балсам колку што царицата од Сава му даде на цар Соломон.+

10 Покрај тоа, слугите на Хирам+ и слугите на Соломон, кои донесуваа злато+ од Офир, донесуваа и алгумово дрво,+ како и скапоцени камења.+ 11 Царот направи скали+ од алгумово дрво за Јеховиниот дом и за царскиот дворец,+ како и харфи+ и псалтири+ за пејачите.+ Никогаш порано не се виде такво нешто во земјата на Јуда.

12 А цар Соломон ѝ даде на царицата+ од Сава сѐ што посака и што побара, повеќе од она што таа му го донесе на царот. Потоа таа си отиде и се врати во својата земја со своите слуги.+

13 Златото што му доаѓаше на Соломон секоја година тежеше по шестотини шеесет и шест таланти,+ 14 не сметајќи ја вредноста на стоката што му доаѓаше од патувачките трговци и од продавачите,+ како и златото и среброто што му ги донесуваа на Соломон сите арапски цареви+ и управителите на земјата.

15 Цар Соломон направи двесте големи штита од златна легура+ (секој штит го обложи со шестотини сикли злато)+ 16 и триста мали штита од златна легура (секој штит го обложи со три мини злато).+ Потоа царот ги стави во куќата наречена Ливанска шума.+

17 Царот направи и голем престол од слонова коска и го обложи со чисто злато.+ 18 До престолот водеа шест скалила, а златното подножје беше составено со престолот. Од двете страни на седиштето имаше потпирачи за рацете, а покрај потпирачите+ стоеја два лава.+ 19 Дванаесет лава+ стоеја од двете страни на шесте скалила. Такво нешто не беше направено во ниту едно друго царство.+ 20 Сите садови од кои пиеше+ цар Соломон беа од злато+ и сите садови во куќата наречена Ливанска шума+ беа од чисто злато. Ништо не беше од сребро, зашто во времето на Соломон тоа се сметаше за безвредно.+ 21 Зашто, бродовите на царот пловеа во Тарсис+ со слугите на Хирам+ и секоја трета година тарсиските бродови донесуваа злато, сребро,+ слонова коска,+ мајмуни и пауни.+

22 Така цар Соломон ги надмина сите други земни цареви со богатството+ и со мудроста.+ 23 Сите земни цареви сакаа да дојдат пред лицето на Соломон+ и да ја чујат неговата мудрост,+ која вистинскиот Бог му ја даде во срцето.+ 24 И секоја година секој му го донесуваше својот дар,+ предмети од сребро и предмети од злато,+ облеки,+ оружје, балсам, коњи и маски.+ 25 Соломон имаше четири илјади јасли за коњите,+ бојни коли+ и дванаесет илјади коњи, и нив ги распореди по градовите каде што држеше коли+ и кај себе во Ерусалим. 26 И владееше над сите цареви од Реката* до филистејската земја и до египетската граница.+ 27 И царот насобра во Ерусалим толку многу сребро што го имаше како што има камења,+ а кедрово дрво како што има диви смокви во Шефела.*+ 28 И на Соломон му донесуваа коњи+ од Египет+ и од сите други земји.

29 А останатата историја на Соломон,+ од почетокот до крајот, зарем не е запишана во записите на пророкот Натан,+ во пророштвото на Ахија+ од Сило+ и во записот за виденијата на јасновидецот Идо+ во врска со Јеровоам,+ синот на Нават?+ 30 Четириесет години Соломон владееше во Ерусалим над сиот Израел. 31 Потоа Соломон почина кај своите прататковци. Го погребаа во градот на Давид, неговиот татко,+ а на негово место+ почна да владее неговиот син Ровоам.+

10 Ровоам+ отиде во Сихем,+ зашто во Сихем дојдоа сите Израелци за да го постават за цар. 2 Кога го чу тоа, Јеровоам,+ синот на Нават, кој тогаш беше во Египет,+ каде што побегна од цар Соломон, се врати од Египет.+ 3 И испратија по него и го викнаа. Така Јеровоам и целиот Израел дојдоа и му рекоа на Ровоам:+ 4 „Твојот татко ни стави тежок јарем,+ а ти сега олесни ни ја тешката служба на твојот татко и тешкиот јарем+ што ни го стави тој, па ќе ти служиме“.+

5 А тој им рече: „По три дена пак дојдете кај мене“. И народот си отиде. 6 А цар Ровоам се посоветува+ со постарите мажи кои му служеа на неговиот татко Соломон додека тој беше жив, и ги праша: „Што советувате да му одговорам на овој народ?“+ 7 А тие му одговорија вака: „Ако бидеш добар кон овој народ, ако им бидеш благонаклонет и им се обратиш со убави зборови,+ тие ќе ти бидат слуги засекогаш“.+

8 Но тој го занемари советот+ што му го дадоа постарите мажи и се посоветува со младите мажи кои пораснаа со него+ и беа во негова служба.+ 9 Ги праша: „Што советувате+ да му одговорам на овој народ, кој ми рече: ‚Олесни ни го јаремот што ни го стави татко ти‘?“+ 10 А младите мажи, кои пораснаа со него, му одговорија: „На народот кој ти рече: ‚Твојот татко ни стави тежок јарем, а ти олесни ни го‘ — кажи му вака:+ ‚Мојот мал прст е подебел од бедрата на татко ми.+ 11 Еве, татко ми ви стави тежок јарем, а јас ќе ви го направам јаремот уште потежок.+ Татко ми ве казнуваше со камшици, а јас ќе ве казнувам со бодликави камшици‘ “.+

12 На третиот ден, Јеровоам и целиот народ дојдоа кај Ровоам, зашто царот рече: „Дојдете пак кај мене на третиот ден“.+ 13 Тогаш царот остро им одговори.+ Така цар Ровоам го отфрли советот+ од постарите мажи+ 14 и му одговори на народот како што го советуваа младите мажи:+ „Вашиот јарем ќе го направам уште потежок и уште ќе додадам врз него. Мојот татко ве казнуваше со камшици, а јас ќе ве казнувам со бодликави камшици“.+ 15 И царот не го послуша народот, зашто вистинскиот Бог, Јехова, така ги водеше настаните+ за да го исполни својот збор+ што му го кажа на Јеровоам, синот на Нават,+ преку Ахија+ од Сило.+

16 Кога целиот Израел виде дека царот не го послуша, народот му одговори на царот: „Што имаме ние со Давид?+ Ние немаме наследство со синот на Јесеј!+ Секој нека се врати кај своите богови,+ Израеле! А ти, Давиде, грижи се за својот дом!“+ И целиот Израел се разотиде по своите шатори.

17 А Израеловите синови кои живееја во градовите на Јуда останаа под власта на Ровоам.+

18 Потоа цар Ровоам го испрати Адорам,*+ кој ги надгледуваше оние што беа одредени за работа, но синовите на Израел го затрупаа со камења,+ и тој загина. А цар Ровоам успеа да се качи во својата кола и да побегне во Ерусалим.+ 19 Израелците истрајаа во својата побуна+ против Давидовиот дом, и тоа трае до ден-денес.

11 Штом стигна во Ерусалим,+ Ровоам ги собра домот на Јуда и Венијаминовото племе,+ сто и осумдесет илјади одбрани луѓе способни за војна,+ за да се борат против Израел и да му го вратат царството на Ровоам. 2 Тогаш на Семаја,+ Божјиот човек, му дојде Јеховината реч: 3 „Кажи му на Ровоам, синот на Соломон, царот на Јуда,+ и на сите Израелци во Јуда и во Венијамин: 4 ‚Вака вели Јехова: „Не одете и не борете се против своите браќа!+ Вратете се секој во својата куќа, зашто тоа дојде од мене“ ‘ “.+ И тие ја послушаа Јеховината реч и се вратија од походот против Јеровоам.+

5 Ровоам живееше во Ерусалим и почна да ги утврдува градовите во Јуда. 6 Така ги обнови Витлеем,+ Етам,+ Текоја,+ 7 Вет-Сур,+ Сохо,+ Адолам,+ 8 Гат,+ Мариса,+ Зиф,+ 9 Адораим, Лахис,+ Азика,+ 10 Сора,+ Ајалон+ и Хеврон,+ утврдени градови во Јуда и Венијамин. 11 Кога ги утврди тие градови,+ во нив постави заповедници+ и ги снабди со резерви од храна, масло и вино, 12 и во секој поединечен град стави големи штитови+ и копја.+ Така ги утврди во голема мера. А Јуда и Венијамин останаа под негова власт.

13 Свештениците и левитите, кои живееја по целиот Израел, се преселија кај него од сите свои краишта. 14 Синовите на Леви ги оставија своите пасишта+ и поседи+ и дојдоа во Јуда и Ерусалим,+ зашто Јеровоам+ и неговите синови ги отпуштија+ за да не служат повеќе како Јеховини свештеници. 15 И Јеровоам си постави свештеници за обредните височинки,+ за да ги почитуваат демоните со јарешки лик*+ и телињата што ги направи.+ 16 По синовите на Леви, од сите племиња на Израел доаѓаа во Ерусалим+ оние што со искрено срце го бараа Јехова, Богот на Израел, за да му принесуваат жртви+ на Јехова, Богот на нивните прататковци. 17 Така го засилуваа царството на Јуда+ и три години го поддржуваа Ровоам, синот на Соломон, зашто три години одеа по патот на Давид и Соломон.+

18 Ровоам ја зеде за жена Маелата, ќерката на Еримот, синот на Давид, и на Авихаила, ќерката на Елијав,+ синот на Јесеј. 19 Таа му ги роди синовите Јеус, Семарија и Зама. 20 По неа ја зеде Мааха,+ внуката на Авесалом.+ Таа му ги роди Авија,+ Атај, Зиза и Селомит. 21 Ровоам ја сакаше Мааха, внуката на Авесалом, повеќе отколку сите свои жени+ и наложници,* а зеде осумнаесет жени и шеесет наложници, па му се родија дваесет и осум сина и шеесет ќерки. 22 И Ровоам го постави Авија, синот на Мааха, за поглавар, за да биде кнез меѓу своите браќа, зашто сакаше да го постави за цар. 23 Се покажа разборит,+ и некои од своите синови ги размести по сите краишта на Јуда и Венијамин,+ во сите утврдени градови,+ и им даде храна во изобилство+ и ги ожени со многу жени.+

12 Кога Ровоам ја зацврсти својата царска власт и стана силен,+ го напушти Јеховиниот закон,+ а и целиот Израел со него.+ 2 А во петтата година од царувањето на Ровоам,+ египетскиот цар Сисак+ дојде против Ерусалим, поради тоа што му беа неверни на Јехова,+ 3 со илјада и двесте бојни коли+ и шеесет илјади коњаници, а на народот што дојде со него од Египет — на Либијците,+ Сухејците и Етиопјаните+ — им немаше број.+ 4 Ги освои утврдените градови во Јуда+ и дојде до Ерусалим.+

5 Тогаш пророкот Семаја+ дојде кај Ровоам и кај кнезовите на Јуда, кои се собраа во Ерусалим поради Сисак, и им рече: „Вака вели Јехова: ‚Вие ме оставивте мене,+ па и јас ве оставам вас+ и ве предавам во рацете на Сисак‘ “. 6 Тогаш кнезовите на Израел и царот се понизија+ и рекоа: „Јехова е праведен“.+ 7 Кога Јехова виде+ дека се понизија, на Семаја+ му дојде Јеховината реч: „Се понизија.+ Нема да ги сотрам, туку наскоро ќе ги избавам, и мојот гнев нема да се излее на Ерусалим преку Сисак.+ 8 Но ќе му бидат слуги+ за да видат што значи да ми се служи мене,+ а што на земните царства“.+

9 Така египетскиот цар Сисак+ дојде против Ерусалим и го зеде богатството од Јеховиниот дом+ и богатството од царскиот дворец,+ зеде сѐ. Ги зеде и златните штитови што ги беше направил Соломон.+ 10 Наместо нив, цар Ровоам направи бакарни штитови и им ги довери на заповедниците на телесната стража,*+ која стражареше на влезот во царскиот дворец, за да ги чуваат.+ 11 Секогаш кога царот одеше во Јеховиниот дом, телесните стражари доаѓаа и ги носеа, а потоа ги враќаа во стражарницата на телесната стража.+ 12 Затоа што се понизи, гневот на Јехова се одврати од него+ и не сакаше да ги сотре.+ А во народот на Јуда се најде и нешто добро.+

13 Цар Ровоам ја зацврстуваше својата власт во Ерусалим и продолжи да владее. Ровоам+ имаше четириесет и една година кога почна да владее и владееше седумнаесет години во Ерусалим, градот+ што Јехова го избра меѓу сите Израелови племиња за да престојува таму неговото име.+ Мајка му се викаше Наама+ и беше Амонка.+ 14 Но правеше зло,+ зашто во своето срце не реши цврсто да го бара Јехова.+

15 Историјата на Ровоам, од почетокот до крајот,+ зарем не е наведена како родословен запис во записите на пророкот Семаја+ и на јасновидецот Идо?+ А за сето време се водеше војна меѓу Ровоам+ и Јеровоам.+ 16 На крајот Ровоам почина кај своите прататковци+ и беше погребан во Давидовиот град.+ Наместо него почна да владее неговиот син Авија.*+

13 Во осумнаесеттата година од царувањето на Јеровоам, Авија стана цар на Јуда.+ 2 Владееше во Ерусалим три години. Мајка му се викаше Михаија*+ и беше ќерка на Урил од Гаваја.+ Меѓу Авија и Јеровоам изби војна.+

3 Авија излезе во битка со војска од четиристотини илјади избрани воини.+ Јеровоам се построи во борбени редови против него со осумстотини илјади избрани луѓе, храбри јунаци.+ 4 Авија застана на врвот од Семараимската Гора, која е во ефремските планини,+ па рече: „Чујте ме, Јеровоаме и цел Израелу! 5 Не знаете ли дека Јехова, Богот на Израел, му го предаде на Давид+ царството над Израел за навек,+ нему и на неговите синови,+ на темел на засолениот сојуз?+ 6 А Јеровоам,+ синот на Нават, слуга+ на Давидовиот син Соломон, стана и се побуни+ против својот господар.+ 7 Околу него се собраа безделни+ и никакви луѓе,+ кои го надвија Ровоам, синот на Соломон, зашто Ровоам+ беше млад и имаше страшливо срце,+ па не можеше да им се спротивстави.

8 И вие сега мислите дека ќе му се спротивставите на Јеховиното царство, кое е во рацете на синовите на Давид,+ зашто сте многубројни+ и ги имате со себе златните телиња, кои ги направи Јеровоам за да ви бидат богови.+ 9 Зарем не ги избркавте Јеховините свештеници,+ синови на Арон, и левитите, па си поставивте свештеници како народите од другите земји?*+ Секој што ќе дојде и ќе се овласти самиот себе да служи* како свештеник, принесувајќи јунец и седум овни, ќе стане свештеник на оние што не се богови.+ 10 Но ние не го оставивме нашиот Бог+ Јехова, а свештениците што му служат на Јехова се синови на Арон, а и левитите ја вршат својата работа.+ 11 Тие секое утро и секоја вечер ги горат за Јехова жртвите паленици,+ а исто така и мирисливиот темјан.+ Ставаат лебови на масата од чисто злато+ и секоја вечер+ го палат златниот светилник со неговите светилки,+ зашто ние го правиме она што Јехова, нашиот Бог, го бара од нас,+ а вие го оставивте.+ 12 Еве, нам ни се на чело вистинскиот Бог+ и неговите свештеници+ со трубите+ за да го разгласат повикот за бој против вас. Синови на Израел, не борете се против Јехова, Богот на вашите прататковци,+ зашто ќе немате успех!“+

13 Но Јеровоам испрати луѓе за да им дојдат од зад грб и да постават заседа, така што на синовите на Јуда отспреди им беше војската, а одзади заседата.+ 14 Кога синовите на Јуда се свртија, гледај, требаше да се борат и отспреди и одзади.+ Тогаш повикаа кон Јехова,+ а свештениците гласно затрубија во трубите. 15 И синовите на Јуда почнаа да викаат со воена викотница.+ А кога синовите на Јуда се огласија со силна воена викотница, вистинскиот Бог ги порази+ Јеровоам и целиот Израел пред Авија+ и Јуда. 16 И синовите на Израел се разбегаа пред синовите на Јуда, и Бог ги предаде во нивни раце.+ 17 Авија и неговите луѓе им нанесоа голем пораз, па од Израел паднаа убиени петстотини илјади избрани луѓе. 18 Така синовите на Израел тогаш беа понижени, а синовите на Јуда беа посилни зашто се потпреа на Јехова,+ Богот на своите прататковци. 19 Авија тргна во потера по Јеровоам и му ги одзеде градовите: Ветил+ со околните градови, Јесан со околните градови и Ефрон со околните градови.+ 20 Јеровоам повеќе не закрепна+ додека беше жив Авија. И Јехова го удри,+ па умре.

21 А Авија стануваше сѐ помоќен.+ Зеде четиринаесет жени+ и му се родија дваесет и два сина+ и шеснаесет ќерки. 22 Останатата историја на Авија, неговите дела и неговите зборови, сето тоа е запишано во толкувањето на пророкот Идо.+

14 На крајот, Авија почина кај своите прататковци,+ и го погребаа во Давидовиот град,+ а на негово место почна да владее неговиот син Аса.+ Во негово време земјата беше во мир+ десет години.

2 Аса го правеше она што е добро и исправно во очите на Јехова, својот Бог. 3 Ги отстрани жртвениците на туѓите богови+ и обредните височинки,+ ги искрши светите столбови+ и ги исече обредните диреци.*+ 4 И им заповеда на синовите на Јуда да го бараат+ Јехова, Богот на своите прататковци, и да ги држат законот+ и заповедите.+ 5 И од сите градови на Јуда ги отстрани обредните височинки и сталките за кадилници.+ Под негова власт во царството владееше мир.+ 6 Ги изгради утврдените градови во Јуда,+ зашто во земјата владееше мир. Никој не завојува со него во тие години, зашто Јехова му даваше мир.+ 7 Затоа им рече на синовите на Јуда: „Да ги изградиме тие градови и да ги заградиме со ѕидишта,+ да направиме кули,+ двокрилни градски порти и резиња!+ Зашто, земјата сѐ уште е наша затоа што го баравме Јехова, нашиот Бог.+ Го баравме, и тој ни даде мир на сите наши граници“.+ Така градеа и имаа успех.+

8 Аса имаше војска од триста илјади луѓе од Јуда,+ кои носеа големи штитови+ и копја,+ како и двесте и осумдесет илјади од Венијамин,+ кои носеа мали штитови и лакови.+ Сите беа храбри јунаци.

9 Против нив излезе Зара Етиопјанецот*+ со војска од милион луѓе+ и триста бојни коли и дојде до Мариса,+ 10 а Аса излезе против него. И се построија во борбени редови во долината на Сефата кај Мариса. 11 Тогаш Аса повика кон Јехова, својот Бог:+ „Јехова, тебе ти е сеедно дали треба да му помогнеш на силен народ или на нејак народ.+ Помогни ни, Јехова, Боже наш, зашто на тебе се потпираме+ и во твое име+ излеговме против ова мноштво! Јехова, ти си наш Бог,+ не дозволувај смртниот човек да биде посилен од тебе!“+

12 Тогаш Јехова ги порази+ Етиопјаните пред Аса и пред Јуда, и Етиопјаните се разбегаа. 13 Аса и народот што беше со него ги гонеа дури до Герар.+ И Етиопјаните паѓаа сѐ додека ниту еден не остана жив. Така беа разбиени пред Јехова+ и пред неговата војска.+ А овие однесоа мошне голем плен.+ 14 Потоа ги освоија сите градови околу Герар, зашто врз нив дојде стравот+ од Јехова. И ги опленија сите тие градови, зашто во нив имаше многу плен.+ 15 Удрија и на пастирските шатори,+ така што запленија+ многу ситна стока и камили.+ Потоа се вратија во Ерусалим.

15 Божјиот дух+ слезе на Азарија, синот на Одед.+ 2 И тој дојде пред Аса и му рече: „Чујте ме, Аса и цел народе на Јуда и на Венијамин! Јехова ќе биде со вас сѐ додека вие сте со него.+ Ако го барате,+ ќе ви дозволи да го најдете, но ако го оставите, и тој ќе ве остави вас.+ 3 Израел долго време беше без вистинскиот Бог,+ без свештеник кој би давал поука+ и без закон. 4 Но кога во својата неволја+ му се вратија на Јехова, Богот на Израел,+ и почнаа да го бараат, тој им дозволи да го најдат.+ 5 Во тоа време не можеше сигурно да се патува,+ зашто владееја големи немири меѓу сите жители на оваа земја.+ 6 Племе удираше на племе+ и град на град, зашто Бог ги збрка со секакви неволји.+ 7 А вие бидете храбри+ и нека не ви ослабат рацете,+ зашто вашите дела ќе бидат наградени“.+

8 Кога ги чу тие зборови и пророштвото на пророкот Одед,+ Аса се охрабри и ги отстрани гнасните богови*+ од целата земја на Јуда и на Венијамин и од градовите што ги освои во ефремските планини.+ И го обнови Јеховиниот жртвеник, кој беше пред Јеховиното предворје.+ 9 И се собра сиот народ на Јуда и на Венијамин+ и дојденците+ од Ефрем, од Манасија и од Симеон, зашто мнозина од Израел пребегаа кај него кога видоа дека Јехова, неговиот Бог, е со него.+ 10 И се собраа во Ерусалим во третиот месец од петнаесеттата година од царувањето на Аса. 11 На тој ден му принесоа на Јехова жртви од пленот што го донесоа: седумстотини говеда и седум илјади овци. 12 И склучија сојуз+ дека ќе го бараат Јехова, Богот на своите прататковци, со сето свое срце и со сета своја душа,+ 13 и дека секој што нема да го бара Јехова, Богот на Израел, ќе биде погубен,+ сеедно дали е мал или голем,+ маж или жена.+ 14 И му се заколнаа+ на Јехова со силен глас, воскликнувајќи радосно и трубејќи во труби и рогови. 15 Целиот народ на Јуда се радуваше+ поради таа заклетва, зашто се заколнаа со сето свое срце и го бараа со задоволство, па тој им дозволи да го најдат.+ И Јехова им даде мир на сите нивни граници.+

16 А својата баба Мааха+ цар Аса ја тргна+ од положбата на царица-мајка,+ зашто беше направила одвратен идол за обожавање на обредниот дирек.*+ Аса го исече нејзиниот ужасен идол,+ го столчи и го запали+ во долината на Кедрон.+ 17 Но обредните височинки+ не беа отстранети од Израел.+ Сепак, срцето на Аса му беше потполно оддадено на Бог сѐ додека беше жив.+ 18 И тој ги внесе во домот на вистинскиот Бог работите што ги беше посветил татко му и работите+ што самиот ги посвети: сребро, злато и други предмети.+ 19 И немаше војна до триесет и петтата година од царувањето на Аса.+

16 Во триесет и шестата година од царувањето на Аса, Васа,+ царот на Израел, дојде против Јуда и почна да ја утврдува Рама+ за да не може никој да излегува откај Аса, царот на Јуда, ниту да доаѓа кај него.+ 2 Тогаш Аса ги изнесе среброто и златото од ризницата на Јеховиниот дом+ и на царскиот дворец,+ па му ги испрати на сирискиот цар+ Вен-Адад,+ кој живееше во Дамаск,+ и му порача: 3 „Постои сојуз меѓу мене и тебе, и меѓу мојот татко и твојот татко. Еве, ти праќам сребро и злато. Ајде раскини го сојузот со Васа,+ израелскиот цар, за да си отиде откај мене“.+

4 И Вен-Адад го послуша цар Аса и ги испрати заповедниците на својата војска против израелските градови, па тие удрија на Ијон,+ Дан,+ Авел-Маим+ и на сите складишта+ во градовите на Нефталим.+ 5 Кога го дозна тоа, Васа веднаш престана да ја утврдува Рама и ја запре работата.+ 6 А цар Аса го собра сиот народ на Јуда,+ па ги однесоа камењата и дрвената граѓа, со кои Васа ја утврдуваше+ Рама,+ и со тоа почна да ги утврдува Гева+ и Миспа.+

7 Во тоа време јасновидецот Ананиј+ дојде кај Аса, царот на Јуда, и му рече: „Затоа што се потпре на сирискиот цар,+ а не се потпре на Јехова, својот Бог,+ затоа војската на сирискиот цар ти избега од рацете. 8 Зарем немаа Етиопјаните+ и Либијците+ многу голема војска со многу бојни коли и коњаници?+ Зарем Јехова не ги предаде во твои раце затоа што се потпре на него?+ 9 Зашто, Јехова ја пребарува со своите очи+ целата земја+ за да ја покаже својата сила штитејќи ги оние што му се оддадени со цело срце.+ Во тој поглед постапи безумно+ и затоа отсега ќе се поведуваат војни против тебе“.+

10 Но Аса се разлути на јасновидецот и го стави во затвор и во клада,+ затоа што се разгневи на него поради она што му го рече.+ Во тоа време Аса почна да угнетува+ и други луѓе од народот. 11 И еве, историјата на Аса, од почетокот до крајот, е запишана во Книгата+ за царевите на Јуда и на Израел.

12 Во триесет и деветтата година од своето царување, Аса тешко се разболе+ од нозете, но ни во болеста не го бараше Јехова,+ туку лекарите.+ 13 На крајот, Аса почина кај своите прататковци.+ Умре во четириесет и првата година од своето царување. 14 И го положија во гробницата+ што ја ископа за себе во градот на Давид.+ Го положија на одар наполнет со балсам+ и со посебни мешавини од различни видови мирисливи масла.+ И во негова чест запалија мошне многу благопријатни мириси.+

17 На негово место почна да владее неговиот син Јосафат,+ и ја зајакна својата власт над Израел. 2 Ја размести војската по сите утврдени градови на Јуда и остави чети по земјата на Јуда и по градовите на Ефрем, кои ги освои неговиот татко Аса.+ 3 И Јехова беше со Јосафат+ затоа што одеше по патот по кој пред него одеше Давид, неговиот прататко,+ и не ги бараше Вааловците.+ 4 Го бараше+ Богот на својот татко и живееше* според неговите заповеди,+ и не постапуваше како синовите на Израел.+ 5 Затоа Јехова го утврди царството во неговата рака.+ И целиот народ на Јуда му донесуваше дарови+ на Јосафат, па тој стекна големо богатство и слава.+ 6 Решително се држеше за Јеховините патишта+ и ги отстрани од Јуда обредните височинки+ и обредните диреци.*+

7 Во третата година од своето царување, ги повика своите кнезови Вен-Хаил, Авдија, Захарија, Нетанел и Михаија и ги испрати да поучуваат во градовите на Јуда. 8 Со нив отидоа левитите Семаја, Нетанија, Зевадија, Асаил, Семирамот, Јонатан, Адонија, Товија и Тов-Адонија, како и свештениците Елисама и Јорам.+ 9 Тие поучуваа+ во Јуда, носејќи ја со себе книгата на Јеховиниот закон.+ Ги обиколуваа сите градови на Јуда и го поучуваа народот.

10 Стравот+ од Јехова ги обзеде царствата на сите земји околу Јуда, така што не се осмелуваа да војуваат со Јосафат.+ 11 Некои Филистејци му донесуваа дарови+ на Јосафат и му плаќаа данок,+ а Арапите+ му дотеруваа ситна стока: по седум илјади и седумстотини овни и седум илјади и седумстотини јарци.+

12 И Јосафат напредуваше сѐ повеќе додека не стана многу голем.+ Во Јуда изгради тврдини+ и градови што служеа како складишта.+ 13 Изведе обемни работи во градовите на Јуда. Во Ерусалим имаше воини,+ храбри јунаци.+ 14 Ова се нивните служби по нивните родови: илјаданачалниците од племето на Јуда беа: војсководецот Аднај и со него триста илјади храбри јунаци;+ 15 под негово заповедништво беше заповедникот Јоанан и со него двесте и осумдесет илјади луѓе; 16 под негово заповедништво беше Амасија, синот на Зихриј, кој доброволно+ се стави во службата на Јехова, и со него двесте илјади храбри јунаци. 17 Од племето на Венијамин:+ храбриот јунак Елијад и со него двесте илјади луѓе вооружени со лак и штит;+ 18 под негово заповедништво беше Јозавад и со него сто и осумдесет илјади луѓе опремени за борба. 19 Тие му служеа на царот, покрај оние што царот ги распореди во утврдените градови+ по целата земја на Јуда.

18 Јосафат стекна големо богатство и слава.+ Меѓутоа, со женидба се поврза+ со Ахав.+ 2 По неколку години отиде кај Ахав во Самарија.+ И Ахав принесе за жртва многу овци+ и говеда за него и за луѓето што беа со него. Потоа почна да го наговара+ да појде со него против Рамот-Галад.+ 3 Така израелскиот цар Ахав го праша Јосафат, царот на Јуда: „Ќе појдеш ли со мене против Рамот-Галад?“+ А тој му одговори: „Јас сум како и ти, мојот народ е како твојот — ќе дојдеме со тебе во војна“.+

4 Но Јосафат уште му рече на израелскиот цар: „Те молам, прашај+ најпрво што вели Јеховината реч!“ 5 Така израелскиот цар ги собра пророците,+ вкупно четиристотини, и им рече: „Да завојуваме ли со Рамот-Галад или да се откажеме од тоа?“+ А тие одговорија: „Оди, и вистинскиот Бог ќе го предаде во рацете на царот!“

6 Но Јосафат праша: „Зар нема овде уште некој Јеховин пророк?+ Да прашаме и преку него!“+ 7 Тогаш израелскиот цар му рече на Јосафат:+ „Има уште еден човек+ преку кого можеме да го прашаме Јехова за совет, но јас го мразам+ затоа што не ми пророкува добро, туку секогаш само зло.+ Тоа е Михаија, синот на Емлин“.+ Но Јосафат одговори: „Царот нека не зборува така!“+

8 Тогаш израелскиот цар повика еден дворјанин+ и му рече: „Брзо доведи го Михаија, синот на Емлин!“+ 9 А израелскиот цар и Јосафат, царот на Јуда, седеа секој на својот престол, облечени во царски облеки,+ на гумното кај самариската порта, а сите пророци пророкуваа пред нив.+ 10 И Седекија, синот на Хенан, си направи железни рогови+ и рече: „Вака вели Јехова:+ ‚Со нив ќе ги бодеш Сиријците додека не ги истребиш‘ “.+ 11 И сите други пророци го пророкуваа истото: „Оди во Рамот-Галад и ќе победиш!+ Јехова ќе го предаде во рацете на царот“.+

12 А гласникот што отиде да го повика Михаија му рече вака: „Еве, пророците сложно му навестуваат добро на царот. Те молам, нека биде и твојата реч како нивната,+ па проречи нешто добро!“+ 13 Но Михаија одговори: „Како што е жив Јехова,+ мојот Бог, што ќе ми каже тој, тоа ќе го зборувам!“+ 14 Кога дојде пред царот, царот го праша: „Михаија, да одиме ли во битка против Рамот-Галад или да се откажам од тоа?“ А тој одговори: „Оди и ќе победиш! Ќе бидат предадени во ваши раце“.+ 15 Тогаш царот му рече: „Колку пати ќе те заколнувам+ да ми ја зборуваш само вистината во Јеховино име?“+ 16 Тогаш тој рече: „Ги гледам сите Израелци расеани по планините како овци што немаат овчар.+ И Јехова рече: ‚Овие немаат господар.+ Нека се вратат во мир секој во својата куќа!‘ “+

17 Тогаш израелскиот цар му рече на Јосафат: „Нели ти реков дека нема да ми пророкува добро, туку зло?“+

18 А Михаија продолжи: „Затоа чујте ја Јеховината реч:+ го гледам Јехова како седи на својот престол+ и сета небесна војска+ му стои оддесно и одлево.+ 19 И Јехова рече: ‚Кој ќе го измами израелскиот цар Ахав за да тргне против Рамот-Галад и таму да падне?‘ И еден рече вака, а друг онака.+ 20 На крајот излезе еден дух,+ застана пред Јехова и рече: ‚Јас ќе го измамам‘. Јехова го праша: ‚Како?‘+ 21 Тој одговори: ‚Ќе отидам и ќе бидам измамнички дух во устата на сите негови пророци‘.+ А тој рече: ‚Ќе го измамиш и ќе го надвладееш.+ Оди и стори го тоа!‘+ 22 И еве, така Јехова им стави в уста на овие твои пророци измамнички дух,+ но Јехова ти навестува неволја“.+

23 Тогаш Седекија,+ синот на Хенан,+ му пристапи на Михаија+ и го удри по образот,+ велејќи: „Како, зар отишол Јеховиниот дух од мене за да ти зборува тебе?“+ 24 А Михаија одговори: „Ете, ќе го видиш тоа во оној ден+ кога ќе влезеш во најприкриената соба за да се скриеш“.+ 25 Тогаш израелскиот цар рече: „Земете го Михаија и одведете го кај Амон, градскиот заповедник, и кај Јоас, царскиот син.+ 26 И речете им: ‚Вака вели царот: „Ставете го овој в затвор+ и држете го на малку леб+ и вода додека не се вратам среќно“ ‘ “.+ 27 Михаија тогаш рече: „Ако навистина се вратиш среќно, тогаш Јехова не зборувал преку мене“.+ И додаде: „Чујте го тоа, сите народи!“+

28 Така израелскиот цар и Јосафат, царот на Јуда, отидоа против Рамот-Галад.+ 29 А израелскиот цар му рече на Јосафат: „Јас ќе влезам во битката преправен,+ но ти облечи ја својата царска облека“.+ Така израелскиот цар се преправи и потоа отиде во битката.+ 30 А сирискиот цар им заповеда на заповедниците над неговите бојни коли: „Не напаѓајте го ниту малиот ниту големиот, туку само израелскиот цар!“+ 31 И кога го видоа Јосафат, заповедниците на колите си помислија: „Тоа е израелскиот цар!“+ И тргнаа против него. Но Јосафат почна да вика за помош,+ и Јехова Бог му помогна+ и веднаш ги одврати од него.+ 32 Кога заповедниците на колите видоа дека тоа не е израелскиот цар, престанаа да го гонат.+

33 А еден човек го оптегна лакот и случајно го погоди+ израелскиот цар, и тоа таму каде што се составува оклопот. Тогаш царот му рече на возачот:+ „Заврти ја колата и изведи ме од бојот, зашто сум тешко ранет“.+ 34 А во тој ден, битката стануваше сѐ пожестока, и мораа да го држат израелскиот цар во исправена положба во колата наспроти Сиријците до вечерта. И умре на зајдисонце.+

19 И Јосафат, царот на Јуда, се врати среќно+ во својата куќа во Ерусалим. 2 Тогаш Јуј,+ синот на Ананиј,+ јасновидецот,+ му излезе во пресрет на цар Јосафат и му рече: „Дали е исправно да му помагаш на злиот+ и да ги сакаш оние што го мразат Јехова?+ Затоа Јехова се разгневи на тебе.+ 3 Сепак, се најде и нешто добро во тебе,+ зашто ги отстрани од земјата обредните диреци*+ и го подготви своето срце за да го бара вистинскиот Бог“.+

4 И Јосафат живееше во Ерусалим. Тој продолжи да оди меѓу народот од Вирсавеја+ до ефремските планини+ за да ги обрати кон Јехова, Богот на нивните прататковци.+ 5 И постави судии низ земјата, во сите утврдени градови на Јуда, во секој град.+ 6 И им рече на судиите: „Внимавајте што правите,+ зашто не судите во името на некој човек, туку во името на Јехова.+ Тој е со вас додека судите.+ 7 Затоа сега бојте се од Јехова.+ Внимавајте што правите,+ зашто кај Јехова, нашиот Бог, нема ниту неправда,+ ниту пристрасност,+ ниту земање мито“.+

8 Јосафат постави во Ерусалим некои левити,+ свештеници+ и некои од поглаварите на израелските родови+ за да судат+ во името на Јехова и да ги водат парниците+ на жителите на Ерусалим. 9 И им заповеда: „Сѐ правете во страв од Јехова,+ верно и со срце потполно оддадено на Бог. 10 Во секоја парница што ќе ја изнесат пред вас вашите браќа, кои живеат во своите градови — сеедно дали станува збор за пролевање крв+ или за престапување на законот,+ на заповедите,+ на уредбите+ или на прописите+ — треба да ги опоменете за да не му згрешат на Јехова и да не се подигне неговиот гнев+ против вас и против вашите браќа. Така треба да постапувате за да не си навлечете вина на себе. 11 Еве, Амарија, главниот свештеник, ќе биде над вас во сите работи во Јеховината служба.+ Зевадија, синот на Исмаел, поглаварот на домот на Јуда, ќе биде одговорен за сите работи на царот, а левитите ќе ви бидат управители. Биди силен+ и тргни на работа! Јехова+ нека го благослови доброто што го правиш“.+

20 Потоа синовите на Моав+ и синовите на Амон,+ а и некои Амонимци+ завојуваа со Јосафат.+ 2 И дојдоа луѓе кај Јосафат, па му јавија: „Против тебе доаѓа големо мноштво од онаа страна на морето,* од Едом.+ Ене ги во Асасон-Тамар, односно во Ен-Геди“.+ 3 Јосафат се уплаши+ од тоа, па почна да го бара Јехова.+ И разгласи пост+ по целата земја на Јуда. 4 И се собраа синовите на Јуда за да бараат совет од Јехова.+ Дојдоа од сите градови на Јуда за да го прашаат Јехова за совет.+

5 Тогаш Јосафат стана пред заедницата на Јуда и на Ерусалим во Јеховиниот дом,+ пред новиот двор,+ 6 и рече:+

„О Јехова, Боже на нашите прататковци!+ Зарем не си ти Бог на небото+ и зарем не владееш ти над царствата на сите народи?+ Зар нема во твојата рака таква сила и моќ што никој не може да се одржи пред тебе?+ 7 Зарем не ги истера+ ти, Боже наш,+ жителите на оваа земја од пред својот народ Израел, па му ја даде+ во трајна сопственост на потомството на Авраам, кој те сакаше?*+ 8 И тие се населија во неа, и во неа му изградија светилиште на твоето име,+ велејќи: 9 ‚Ако дојде против нас неволја,+ меч, осуда, помор+ или глад,+ ќе застанеме пред овој дом+ и пред тебе — зашто твоето име+ е во овој дом — за да те повикаме на помош во својата неволја, а ти услиши нѐ и избави нѐ‘.+ 10 А сега, еве, синовите на Амон+ и на Моав+ и оние од сеирските планини,+ низ чија земја ти не им дозволи на Израелците да поминат кога излегуваа од египетската земја, туку ги заобиколија и не ги истребија,+ 11 еве, тие сега ни возвраќаат+ со тоа што доаѓаат да нѐ истераат од твојот имот што ни го даде нам.+ 12 Боже наш, зарем нема да им пресудиш?+ Зашто, ние сме немоќни пред ова големо мноштво што доаѓа против нас.+ Ние не знаеме што да правиме,+ но нашите очи се вперени во тебе“.+

13 А сите синови на Јуда за сето тоа време стоеја пред Јехова,+ со малите деца,+ жените и синовите.

14 Тогаш среде заедницата слезе Јеховиниот дух+ врз Јазиел, синот на Захарија, син на Венај, син на Јејел, син на Матанија, левит од синовите на Асаф.+ 15 И тој рече: „Чујте сите вие синови на Јуда и жители на Ерусалим и ти, царе Јосафат! Вака ви вели Јехова: ‚Не бојте се+ и не плашете се од тоа големо мноштво, зашто ова не е ваша војна, туку Божја!+ 16 Утре слезете против нив! Тие ќе се качуваат по угорнината Сис, а вие ќе ги сретнете на крајот од речната долина пред јеруилската пустина. 17 Во оваа борба нема да се борите вие.+ Само наредете се, стојте+ и гледајте како Јехова ќе ве спаси!+ Јудо и Ерусалиме, не бојте се и не плашете се!+ Утре излезете против нив и Јехова ќе биде со вас!‘ “+

18 Тогаш Јосафат се поклони со лицето до земја,+ а сите синови на Јуда и жителите на Ерусалим паднаа пред Јехова за да му се поклонат на Јехова.+ 19 А левитите+ од синовите на Кат+ и од синовите на Кореј+ станаа и го фалеа Јехова, Богот на Израел, колку што ги држеше гласот.+

20 Изутрината станаа рано и тргнаа кон текојската+ пустина.+ А кога излегуваа, Јосафат застана и рече: „Чујте ме, синови на Јуда и сите вие жители на Ерусалим!+ Верувајте+ му на Јехова, својот Бог, за да можете да се одржите! Верувајте им на неговите пророци+ и ќе победите!“

21 Потоа се посоветува+ со народот и ги намести оние што му пеат+ на Јехова и оние што му упатуваат фалби+ да одат пред вооружените воини,+ облечени во убаво и свето руво,+ велејќи: „Фалете го Јехова,+ зашто неговата милост* трае довека!“+

22 И кога тие почнаа радосно да воскликнуваат и да упатуваат фалби, Јехова им постави заседа+ на синовите на Амон и на Моав и на оние од сеирските планини, кои дојдоа против Јуда, така што почнаа да се борат едни против други.+ 23 Синовите на Амон и на Моав станаа против жителите на сеирските планини+ за да ги погубат* и да ги истребат. А кога завршија со нив, удрија едни на други и меѓусебно се испоубија.+

24 Кога синовите на Јуда дојдоа до стражарската кула во пустината+ и погледнаа кон мноштвото, гледај, мртви тела лежеа по земјата+ — никој не се беше спасил. 25 И Јосафат со своите луѓе дојде да го собере пленот,+ и најдоа кај нив многу богатство, облека и скапоцености. И собраа од нив толку многу плен што повеќе не можеа да го носат.+ Три дена собираа плен, зашто го имаше многу. 26 На четвртиот ден се собраа во долината на Вераха и таму го благословуваа Јехова.+ Затоа на таа долина ѝ го дадоа името+ Вераха,* кое го носи до денешен ден.

27 Потоа сите синови на Јуда и оние од Ерусалим, на чело со Јосафат, радосно се вратија во Ерусалим, зашто Јехова ги развесели со победата над нивните непријатели.+ 28 И така дојдоа во Ерусалим во Јеховиниот дом+ со псалтири,+ харфи+ и труби.+ 29 А стравот+ од Бог ги обзеде сите земски царства кога чуја дека Јехова се борел против непријателите на Израел.+ 30 Така царството на Јосафат беше во мир и неговиот Бог му даде мир на сите негови граници.+

31 И Јосафат+ царуваше над Јуда. Имаше триесет и пет години кога почна да владее и владееше во Ерусалим дваесет и пет години. Мајка му се викаше Азува,+ а му беше ќерка на Силеј. 32 Одеше по патот на својот татко Аса+ и не отстапуваше од неговиот пат, туку го правеше она што е исправно во Јеховини очи.+ 33 Единствено што не беа отстранети обредните височинки.+ Народот уште не си го беше подготвил срцето за да му служи на Богот на своите прататковци.+

34 Останатата историја на Јосафат, од почетокот до крајот, запишана е во записите на Јуј,+ синот на Ананиј,+ кои се внесени во Книгата+ за царевите на Израел. 35 Потоа Јосафат, царот на Јуда, се здружи со Охозија,+ царот на Израел, кој правеше зло.+ 36 Се здружи со него за да направат бродови, кои ќе пловат за Тарсис.+ Така направија бродови во Есион-Гавер.+ 37 Но Елиезер, синот на Додав од Мариса, пророкуваше против Јосафат вака: „Затоа што се здружи со Охозија,+ Јехова ќе ги разурне твоите дела“.+ Така бродовите се разбија+ и не можеа да пловат за Тарсис.+

21 На крајот Јосафат почина кај своите прататковци+ и беше погребан кај своите прататковци+ во градот на Давид, а на негово место почна да владее неговиот син Јорам.+ 2 Негови браќа, синови на Јосафат, беа: Азарија, Јеил, Захарија, Азарија, Михаел и Сефатија. Сите тие му беа синови на израелскиот* цар Јосафат. 3 Нивниот татко им даде многу дарови+ во сребро, во злато и во скапоцености, а освен тоа и утврдени градови во Јуда.+ А царството му го даде на Јорам,+ зашто беше првороден.+

4 Кога го презеде царството на својот татко и ја зацврсти својата власт, Јорам ги уби со меч сите свои браќа,+ а и некои израелски кнезови. 5 Јорам имаше триесет и две години кога почна да владее, и владееше осум години во Ерусалим.+ 6 Одеше по патот на израелските цареви,+ како што го правеше тоа домот на Ахав, зашто жена+ му беше ќерка на Ахав, и го правеше она што е зло во Јеховини очи.+ 7 Но Јехова не сакаше да го сотре Давидовиот дом+ поради сојузот+ што го беше склучил со Давид, зашто беше ветил дека ќе им даде+ светилка нему и на неговите синови засекогаш.+

8 Во негово време, Едом+ се побуни против власта на Јуда+ и си постави свој цар.+ 9 Затоа Јорам појде таму со своите заповедници и со сите бојни коли. И стана ноќе и ги погуби Едомците што ги беа опколиле него и заповедниците на колите. 10 Но Едом истраја во побуната против власта на Јуда до ден-денес. Во тоа време и Ливна+ се побуни против неговата власт, зашто тој го остави Јехова, Богот на своите прататковци.+ 11 Тој направи и обредни височинки+ по планините на Јуда, и ги наведе жителите на Ерусалим да му бидат неверни на Бог*+ и го заведе Јуда.+

12 И му дојде писмо+ од пророкот Илија:+ „Вака вели Јехова, Богот на Давид, твојот прататко: ‚Затоа што не одеше ниту по патот на Јосафат,+ својот татко, ниту по патот на Аса,+ царот на Јуда, 13 туку одеше по патот на израелските цареви+ и ги наведе народот на Јуда и жителите на Ерусалим да ми бидат неверни,*+ како што го стори тоа и домот на Ахав,+ и уште ги уби своите браќа,+ домот на својот татко, кои беа подобри од тебе, 14 еве, Јехова ќе им зададе силен удар+ на твојот народ,+ на твоите синови,+ на твоите жени и на сѐ што имаш. 15 И ќе боледуваш од тешки болести.+ Цревата ќе ти бидат зафатени од болест, која ќе станува потешка од ден на ден додека на крајот од таа болест не ти излезат цревата‘ “.+

16 И Јехова ги подигна*+ против Јорам Филистејците+ и Арапите,+ кои живеат покрај Етиопјаните.+ 17 Тие го нападнаа Јуда и продреа во земјата и го однесоа сето богатство што се најде во царскиот дворец,+ а ги зедоа и неговите синови и неговите жени,+ така што не му остана ниту еден син освен најмалиот, Јоахаз.+ 18 По сето тоа Јехова го удри со неизлечлива болест на цревата.+ 19 И така минуваа деновите, а кога поминаа две години, од болеста му излегоа цревата,+ и умре во страшни болки. Народот не палеше благопријатни мириси во негова чест, како што им палеше на неговите прататковци.+ 20 Имаше триесет и две години кога почна да владее и осум години владееше во Ерусалим. На крајот умре, и никој не жалеше за него.+ Го погребаа во Давидовиот град,+ но не во царската гробница.+

22 Жителите на Ерусалим го поставија Охозија,*+ неговиот најмал син, за цар наместо него — зашто разбојниците што го нападнаа логорот заедно со Арапите+ ги убија сите постари синови+ — и така Охозија, синот на Јорам, почна да владее во Јуда. 2 Охозија имаше дваесет и две години кога почна да владее+ и владееше една година во Ерусалим. Мајка му се викаше Готолија+ и му беше внука на Амри.+

3 И тој одеше по патот на Ахавовиот дом,+ зашто мајка му+ со своите совети го наведуваше на зло. 4 И го правеше она што е зло во Јеховини очи, како и домот на Ахав, зашто тие, по смртта на неговиот татко, му беа советници,+ за негова пропаст. 5 Постапуваше* според нивниот совет,+ па отиде со Јорам,+ синот на израелскиот цар Ахав, во војна против Азаил,+ сирискиот цар, кај Рамот-Галад.+ Таму стрелците го погодија Јорам.+ 6 Затоа Јорам се врати во Језраел+ за да закрепне од раните што му ги зададоа кај Рама,+ кога се бореше против сирискиот цар Азаил.

А Азарија,*+ синот на Јорам,+ царот на Јуда, отиде во Језраел за да го посети Јорам,+ синот на Ахав, зашто тој беше болен.+ 7 Но Бог направи+ посетата кај Јорам да биде за пропаст+ на Охозија. Кога дојде таму, заедно со Јорам му тргна во пресрет+ на Јуј,+ внукот на Нимси,+ кого Јехова го беше помазал+ да го истреби домот на Ахав.+ 8 И додека Јуј ја извршуваше пресудата над домот на Ахав,+ наиде на кнезовите на Јуда и на синовите на браќата на Охозија,+ кои беа во служба на Охозија, и ги уби.+ 9 Потоа тргна во потрага по Охозија. Го фатија+ додека се криеше во Самарија,+ го доведоа кај Јуј и го погубија. Потоа го погребаа,+ зашто рекоа: „Тој му е внук на Јосафат,+ кој со сето срце го бараше Јехова“.+ И така повеќе не остана никој од домот на Охозија што би можел да биде цар.

10 Кога виде дека син ѝ е мртов, Готолија,+ мајката на Охозија, стана и го погуби целиот царски род од домот на Јуда.+ 11 Но Јосавета,+ ќерката на царот, го зеде Јоас,+ синот на Охозија, и го украде меѓу синовите на царот, кои требаше да бидат убиени, па него и неговата доилка ги однесе во спалната. Јосавета, ќерката на цар Јорам,+ жена на свештеникот Јодај,+ го скри од Готолија, зашто му беше сестра на Охозија, така што не беше убиен.+ 12 Шест години остана скриен кај нив во домот на вистинскиот Бог,+ додека Готолија царуваше+ во земјата.+

23 А во седмата година Јодај+ се охрабри и склучи сојуз со стотниците+ Азарија, синот на Јероам, Исмаел, синот на Јоанан, Азарија, синот на Овид, Маасија, синот на Адаија, и Елисафат, синот на Зихриј. 2 Тие почнаа да го обиколуваат Јуда и да ги собираат синовите на Леви+ од сите градови на Јуда и поглаварите+ на родови+ во Израел. И дојдоа во Ерусалим. 3 Потоа целата заедница склучи сојуз+ со царот во домот+ на вистинскиот Бог. А Јодај им рече:

„Еве, царевиот син+ ќе владее,+ како што вети Јехова за синовите на Давид.+ 4 Ќе направите вака: една третина од вас кои доаѓаат во сабота,*+ и од свештениците+ и од левитите,+ ќе служат како вратари,+ 5 една третина ќе бидат во царскиот дворец,+ а една третина кај Портата на темелот.+ Сиот народ ќе биде во дворовите+ на Јеховиниот дом. 6 Никој нека не влегува во Јеховиниот дом,+ освен свештениците и левитите што се во служба.+ Тие смеат да влезат, зашто се посветени,+ а сиот народ нека ги изврши своите должности кон Јехова. 7 Левитите нека го опколат царот,+ секој со оружјето в рака, и оној што ќе се обиде да влезе во храмот, нека биде погубен. Бидете со царот каде и да појде!“

8 Левитите и сиот народ на Јуда направија сѐ како што им заповеда+ свештеникот Јодај.+ Секој од нив ги зеде своите луѓе, чија служба им започнуваше во сабота и оние на кои им завршуваше во сабота,+ зашто свештеникот Јодај не ги ослободи од службата нивните групи.+ 9 Свештеникот Јодај им ги даде на стотниците+ копјата, штитовите и тркалезните штитови+ на цар Давид,+ кои беа во домот на вистинскиот Бог.+ 10 И постави луѓе,+ секој со копје в рака, од десната страна на домот до левата страна на домот, кај жртвеникот и кај домот, така што го опколија царот. 11 Тогаш го изведоа царскиот син,+ му ставија круна,*+ го положија на него Сведоштвото+ и го поставија за цар. Тогаш Јодај и неговите синови го помазаа+ и извикаа: „Да живее царот!“+

12 А кога чу како луѓето трчаат и го фалат царот,+ Готолија побрза кај народот во Јеховиниот дом. 13 Таму го здогледа царот како стои кај својот столб+ на влезот, и покрај царот кнезовите+ и трубачите,+ а сиот народ* се веселеше+ и трубеше+ во труби. Таму беа и пејачите+ со инструментите и оние што предводеа во пеењето на фалбени песни. Тогаш Готолија си ја раскина облеката и викна: „Заговор! Заговор!“+ 14 А свештеникот Јодај ги испрати стотниците, кои заповедаа со војската, и им рече: „Изведете ја од своите редови+ и секој што ќе појде по неа да биде погубен со меч!“ Зашто, свештеникот беше наредил: „Не погубувајте ја во Јеховиниот дом!“ 15 Тие ја фатија и, кога ја доведоа до влезот за коњи кај царскиот дворец, таму ја погубија.+

16 Тогаш Јодај склучи сојуз со целиот народ и со царот дека ќе бидат Јеховин народ.+ 17 Потоа целиот народ отиде во храмот на Ваал и го разурна.+ Ги искрши неговите жртвеници и неговите ликови,+ а Матан,+ свештеникот на Ваал, го погуби+ пред жртвениците. 18 Потоа Јодај им ја довери службата во Јеховиниот дом на свештениците и на левитите, кои Давид+ ги раздели на групи за служба во Јеховиниот дом, за да му принесуваат на Јехова жртви паленици, како што е запишано во Мојсеевиот закон,+ весело и со песна, според Давидовите упатства. 19 На портите+ од Јеховиниот дом постави вратари+ за да не може да влезе никој што е нечист од која и да било причина. 20 Потоа ги собра стотниците,+ достоинствениците, народните кнезови и целиот народ, па го изведе царот од Јеховиниот дом.+ И влегоа низ горната порта во царскиот дворец и го седнаа царот на царскиот престол.+ 21 Сиот народ се радуваше+ и градот беше во мир, а Готолија ја погубија со меч.+

24 Јоас имаше седум години кога почна да владее,+ и владееше четириесет години во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Сивија и беше од Вирсавеја.+ 2 Јоас+ го правеше она што е исправно во Јеховини очи+ сѐ додека беше жив свештеникот Јодај.+ 3 Јодај го ожени со две жени, кои му родија синови и ќерки.+

4 По некое време Јоас посака во своето срце да го обнови Јеховиниот дом.+ 5 Ги собра свештениците+ и левитите, и им рече: „Одете во градовите на Јуда и соберете пари од целиот Израел за да може да се поправа+ домот на вашиот Бог од година на година.+ Брзо направете го тоа“. Но синовите на Леви не се брзаа.+ 6 Затоа царот го викна поглаварот Јодај и го праша:+ „Зошто не бараш од синовите на Леви да го донесуваат од Јуда и од Ерусалим светиот данок што го пропиша Мојсеј,+ Јеховиниот слуга, светиот данок на израелската заедница за шаторот на Сведоштвото?+ 7 Зашто, синовите на злобната Готолија+ провалија во домот на вистинскиот Бог+ и сите свети работи+ од Јеховиниот дом ги употребија за почитување на Вааловците“.+ 8 И царот заповеда да се направи ковчег+ и да се стави надвор кај портата на Јеховиниот дом. 9 Потоа разгласија по целата земја на Јуда и по Ерусалим да му се донесува на Јехова светиот данок,+ кој Мојсеј,+ слугата на вистинскиот Бог, му го пропиша на Израел во пустината. 10 И се израдуваа+ на тоа сите кнезови+ и сиот народ, па го донесуваа својот прилог и го пуштаа во ковчегот+ додека не дадоа сите.

11 Во одредено време ги праќаа левитите да му го однесат ковчегот+ на царот на увид, и кога ќе се видеше дека во ковчегот има многу пари,+ царскиот писар+ и довереникот на главниот свештеник доаѓаа да го испразнат ковчегот. Потоа го земаа повторно и го ставаа на неговото место. Тоа го правеа секој ден, и собраа многу пари. 12 Царот и Јодај им ги предаваа парите на надгледниците+ на работите во Јеховиниот дом,+ кои најмуваа каменоделци+ и други занаетчии+ за да се обнови Јеховиниот дом,+ како и луѓе што работат со железо и бакар за да се поправи Јеховиниот дом.+ 13 Надгледниците на работите ја вршеа својата работа+ и обновата напредуваше добро под нивно водство. На домот на вистинскиот Бог му го вратија некогашниот изглед и го зацврстија. 14 Кога завршија сѐ, го донесоа пред царот и пред Јодај остатокот од парите. Од тоа направија прибор за Јеховиниот дом, прибор за службата+ и за принесувањето жртви, чаши+ и други предмети од злато+ и сребро. Жртвите паленици+ беа принесувани во Јеховиниот дом без престан сѐ додека беше жив Јодај.

15 А Јодај остаре и умре задоволен од животот.+ Кога умре, имаше сто и триесет години. 16 И го погребаа со царевите во Давидовиот град,+ зашто правеше добро во Израел,+ добро му служеше на вистинскиот Бог и добро служеше во неговиот дом.

17 По смртта на Јодај, кнезовите+ на Јуда дојдоа и му се поклонија на царот. Тогаш царот почна да ги слуша.+ 18 И го оставија домот на Јехова, Богот на своите прататковци, па почнаа да им служат на обредните диреци*+ и на идолите,+ така што гневот Божји дојде врз Јуда и врз Ерусалим поради таа нивна вина.+ 19 И Јехова им ги праќаше своите пророци+ за да се обратат кон него. Тие ги опоменуваа, но овие не сакаа да слушаат.+

20 Божјиот дух+ го обзеде+ Захарија,+ синот на свештеникот Јодај,+ и тој застана погоре од народот и рече: „Вака вели вистинскиот Бог: ‚Зошто ги престапувате Јеховините заповеди на своја штета?+ Го оставивте Јехова, и затоа тој ќе ве остави вас‘ “.+ 21 Но тие сковаа заговор против него+ и го засипаа со камења+ по заповед на царот во дворот на Јеховиниот дом. 22 Цар Јоас не се сети на добротата* што ја покажа кон него Јодај, татко му на Захарија,+ туку му го уби синот, кој на умирање рече: „Јехова нека види и нека врати!“+

23 Во почетокот на идната година,+ против него дојде+ сириската војска+ и ги нападна Јуда и Ерусалим. Ги убија во народот сите народни кнезови,+ а сиот плен му го испратија на царот во Дамаск.+ 24 Иако сириската војска нападна со мал број луѓе,+ Јехова им даде во рацете мошне бројна војска,+ зашто овие го оставија Јехова, Богот на своите прататковци. И така извршија пресуда над Јоас.+ 25 А кога си отидоа откај него, оставајќи го во многу болести,+ неговите слуги сковаа заговор+ против него поради крвта+ на синот на свештеникот Јодај+ и го убија на неговата постела.+ Така умре, и го погребаа во Давидовиот град,+ но не во царската гробница.+

26 Ова се оние што сковаа заговор против него: Завад,+ синот на Амонката Симеата, и Јозавад, синот на Моавката Шимрита. 27 А сѐ за неговите синови, за мноштвото објави против него+ и за потполното обновување+ на домот на вистинскиот Бог е запишано во толкувањето на Книгата+ за царевите. А на негово место почна да владее неговиот син Амазија.+

25 Амазија+ имаше дваесет и пет години кога стана цар, и владееше дваесет и девет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Јехоадан+ и беше од Ерусалим. 2 Го правеше она што е исправно во очите на Јехова,+ но срцето не му беше потполно оддадено+ нему. 3 А кога го зацврсти царството, ги уби+ своите слуги+ што го убија царот, неговиот татко.+ 4 Но нивните синови не ги погуби, туку постапи така како што е запишано во законот, во Мојсеевата книга,+ каде што Јехова заповеда: „Татковците нека не бидат погубувани поради синовите+ и синовите нека не бидат погубувани поради татковците.+ Секој нека биде погубен поради сопствениот грев“.+

5 Потоа Амазија ги собра синовите на Јуда и заповеда сиот народ на Јуда и на Венијамин да се нареди според домовите на своите прататковци,+ под заповедништво на илјаданачалниците+ и на стотниците.+ Кога ги попиша оние од дваесет години нагоре,+ утврди дека има триста илјади избрани луѓе способни за војска, кои носат копје+ и голем штит.+ 6 Освен тоа, за сто таланти* сребро изнајми уште сто илјади храбри јунаци од Израел. 7 Но му дојде Божји човек+ и му рече: „Царе, нека не оди со тебе израелската војска, зашто Јехова не е со Израел,+ не е со ниту еден од синовите на Ефрем! 8 Оди сам и бори се храбро во битката!+ Вистинскиот Бог би можел да те собори пред непријателот, зашто Бог има моќ да помогне+ и да собори“.+ 9 Тогаш Амазија+ му рече на Божјиот човек: „Но што ќе биде тогаш со стоте таланти што ѝ ги дадов на израелската војска?“+ А Божјиот човек му одговори: „Јехова може да ти даде многу повеќе од тоа“.+ 10 И Амазија ја одвои војската што му дојде од Ефрем и ги испрати војниците да се вратат во своите куќи. Но тие многу се разгневија на Јуда и се вратија во своите куќи пламтејќи од гнев.+

11 Амазија се охрабри, го поведе својот народ и отиде во Солената Долина.+ Таму ги погуби синовите на Сеир,+ десет илјади од нив.+ 12 Синовите на Јуда заробија и десет илјади живи. И ги одведоа на врвот од една карпа, па ги фрлија од врвот на карпата, така што сите се здробија.+ 13 А војниците што Амазија ги прати назад за да не одат со него во битка+ ги напаѓаа градовите на Јуда, од Самарија+ до Вет-Орон,+ погубија во нив три илјади луѓе и однесоа голем плен.

14 А кога се врати откако ги порази Едомците, Амазија ги донесе со себе боговите+ на синовите на Сеир и ги постави за свои богови.+ Почна да им се клања+ и да им гори приноси.+ 15 Тогаш Јехова се разгневи на Амазија и му испрати пророк, кој го праша: „Зошто ги бараш+ боговите на другите народи,+ кои не можеа сопствениот народ да го избават од твојата рака?“+ 16 Додека тој му го зборуваше тоа, царот го праша: „Те поставивме ли за советник на царот?+ Подобро ќе ти биде да престанеш!+ Зошто да те погубат?“ Тогаш пророкот молкна, но уште рече: „Знам дека Бог одлучил да те уништи,+ зашто постапуваш така,+ а не го слушаш мојот совет“.+

17 Тогаш Амазија, царот на Јуда, се посоветува и испрати гласници кај израелскиот цар Јоас, синот на Јоахаз, син на Јуј,+ и му порача: „Дојди да се пробаме кој е појак!“+ 18 А израелскиот цар Јоас му испрати на Амазија, царот на Јуда, ваков одговор:+ „Трнливиот плевел на Ливан му порача на кедарот на Ливан:+ ‚Дај му ја ќерка ти за жена на мојот син!‘+ Но полска ѕверка+ на Ливан помина преку трнливиот плевел и го изгази. 19 Ти си мислиш: ‚Ги поразив Едомците‘,+ па срцето+ ти се возгордеало и бараш слава.+ Подобро остани си дома!+ Зошто да се впушташ во судир и да бидеш поразен?+ Зар сакаш да пропаднеш и ти и Јуда со тебе?“+

20 Но Амазија не послуша, бидејќи вистинскиот Бог одлучи+ да ги предаде во рацете на противникот затоа што ги бараа едомските богови.+ 21 Така дојде Јоас, израелскиот цар,+ па тој и Амазија, царот на Јуда, се пробаа кој е појак+ кај Вет-Семес,+ кој му припаѓа на Јуда. 22 И синовите на Израел ги поразија синовите на Јуда,+ така што овие побегнаа секој во својот шатор.+ 23 А Јоас, царот на Израел, го зароби Амазија,+ царот на Јуда, синот на Јоас, син на Јоахаз, кај Вет-Семес, па го доведе во Ерусалим.+ Потоа го проби ерусалимскиот ѕид од Ефремовата Порта+ до Аголната Порта,+ во должина од четиристотини лакти.* 24 Ги зеде сето злато, сребро и сите предмети што се најдоа во домот на вистинскиот Бог, а кои ги чуваше Овид-Едом,+ и што се најдоа во ризниците на царскиот дворец,+ а освен тоа зеде и заложници, па се врати во Самарија.+

25 Амазија,+ синот на Јоас, царот на Јуда, живееше уште петнаесет години по смртта на Јоас,+ синот на Јоахаз, царот на Израел.+ 26 А останатата историја на Амазија, од почетокот до крајот,+ зар не е запишана во Книгата+ за царевите на Јуда и на Израел?+ 27 Откако Амазија се одврати од Јехова, во Ерусалим се ковеше заговор+ против него. На крајот побегна во Лахис,+ но по него во Лахис испратија луѓе, кои го убија таму.+ 28 Оттаму го донесоа на коњи+ и го погребаа со неговите прататковци во јудиниот град.+

26 Тогаш целиот народ+ на Јуда го зеде Озија,+ кој имаше шеснаесет години, и го постави за цар+ наместо неговиот татко Амазија.+ 2 Тој повторно го изгради Елот+ и му го врати на Јуда откако царот почина кај своите прататковци.+ 3 Озија+ имаше шеснаесет години кога почна да владее, и владееше педесет и две години во Ерусалим. Мајка му се викаше Ехолија+ и беше од Ерусалим. 4 Го правеше она што е исправно во Јеховини очи,+ сето она што го правеше и Амазија, неговиот татко.+ 5 Непрестајно го бараше+ Бог додека беше жив Захарија, кој го учеше на страв од Бог.+ Сѐ додека го бараше вистинскиот Бог, Јехова, тој го благословуваше.+

6 Тргна во војна против Филистејците+ и ги разурна ѕидиштата на Гат,+ ѕидиштата на Јавна+ и ѕидиштата на Азот,+ а потоа изгради градови на подрачјето на Азот+ и по останатиот филистејски крај. 7 Вистинскиот Бог му помагаше+ против Филистејците и против Арабјаните,+ кои живееја во Гур-Ваал, и против Меунимите.+ 8 Амонците+ му плаќаа данок+ на Озија, а гласот за него+ се рашири дури до Египет, зашто стана многу моќен. 9 Озија изгради кули+ во Ерусалим кај Аголната Порта,+ кај Долинската Порта+ и кај Потпората,* и ги утврди. 10 Изгради кули+ и во пустината и ископа многу бунари,* зашто имаше многу стока, а истото го направи и во Шефела+ и на висорамнината. Имаше земјоделци и лозари во планините и на Кармил, бидејќи го сакаше земјоделството.

11 Озија имаше и војска која одеше во војна, војници кои во чети одеа во походи,+ како што ги избројаа и ги попишаа+ писарот+ Јејел и управителот Маасија под заповедништво+ на Ананија, еден од царските кнезови.+ 12 Вкупниот број на родовски поглавари,+ храбри+ јунаци,+ изнесуваше две илјади и шестотини. 13 Под нивно заповедништво беше војска од триста и седум илјади и петстотини луѓе, кои одеа во војна како моќна воена сила за да му помагаат на царот во борбата против непријателот.+ 14 Озија набави за целата војска штитови,+ копја,+ шлемови,+ оклопи,+ лакови+ и камења за праќи.+ 15 Во Ерусалим направи воени справи, кои му ги измислија вешти мајстори, за оптегнување на стрели и за фрлање на големи камења од кулите+ и од аглите на ѕидиштата. И така гласот за него+ се разнесе надалеку, поради чудесната помош што ја добиваше сѐ додека не стана моќен.

16 Но кога стана моќен, срцето толку му се возгордеа+ што самиот себеси си направи зло.+ Му стана неверен на Јехова, својот Бог, и влезе во храмот на Јехова за да запали темјан на кадилниот жртвеник.+ 17 По него веднаш влезе свештеникот Азарија, а со него и осумдесет Јеховини свештеници, храбри луѓе. 18 Тие му се спротивставија на цар+ Озија и му рекоа: „Озија, не смееш+ ти да му палиш темјан на Јехова, туку свештениците, синови на Арон,+ кои се посветени, тие треба да палат темјан! Излези од светињата! Постапи неверно, и тоа не ти служи на чест+ пред Јехова Бог“.

19 Тогаш Озија се разгневи+ држејќи ја во раката кадилницата за палење темјан.+ Но додека се гневеше на свештениците, одеднаш му се појави лепра+ на челото пред свештениците во Јеховиниот дом, покрај кадилниот жртвеник. 20 Кога Азарија, свештеничкиот главатар, и сите други свештеници го погледнаа, гледај, на челото имаше лепра!+ Тогаш брзо го изнесоа оттаму, а и самиот брзаше да излезе, зашто Јехова го удри.+

21 Цар Озија+ остана лепрозен до својата смрт и живееше во својата куќа зашто, поради лепрата, му беа одземени должностите.+ Беше отстранет од Јеховиниот дом, а неговиот син Јотам управуваше со царскиот дворец и му судеше на народот.*

22 Останатата историја на Озија,+ од почетокот до крајот, ја запиша пророкот Исаија,+ синот на Амос.+ 23 На крајот Озија почина со своите прататковци и го погребаа со неговите прататковци, но во полето надвор од царските гробишта,+ зашто рекоа: „Лепрозен е“. А на негово место почна да владее неговиот син Јотам.+

27 Јотам+ имаше дваесет и пет години кога почна да владее, и владееше шеснаесет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Еруса,+ а му беше ќерка на Садок. 2 Тој го правеше она што е исправно во Јеховини очи,+ сето она што го правеше и Озија, неговиот татко,+ само што не влезе во Јеховиниот храм.+ Но народот и понатаму правеше зло.+ 3 Јотам ја изгради горната порта+ на Јеховиниот дом и изведе многу градежни работи на ѕидиштата на Офел.+ 4 Изгради и градови+ во планинскиот крај на Јуда,+ а во шумите+ изгради тврдини+ и кули.+ 5 Војуваше со царот на Амоновите синови+ и ги надвладеа, така што синовите на Амон во таа година му дадоа сто таланти* сребро, десет илјади кора*+ пченица+ и десет илјади кора јачмен.+ Синовите на Амон му платија исто толку и во втората и во третата година.+ 6 Така Јотам стануваше сѐ посилен, зашто го правеше она што е исправно пред Јехова, својот Бог.+

7 Останата историја на Јотам,+ сите негови војни и сѐ што правеше е запишано во Книгата+ за царевите на Израел и на Јуда. 8 Имаше дваесет и пет години кога почна да владее и владееше шеснаесет години во Ерусалим.+ 9 На крајот Јотам почина кај своите прататковци+ и го погребаа во Давидовиот град,+ а на негово место почна да владее неговиот син Ахаз.+

28 Ахаз+ имаше дваесет години кога почна да владее, и владееше шеснаесет години во Ерусалим.+ Не го правеше она што е исправно во Јеховини очи како што го правеше тоа Давид, неговиот прататко.+ 2 Одеше по патот на израелските цареви,+ и дури направи излеани+ статуи на Вааловци.+ 3 Гореше приноси+ во долината на Еномовиот син+ и ги гореше своите синови+ во оган, според одвратниот обичај+ на народите кои Јехова ги истера од пред синовите на Израел.+ 4 Принесуваше жртви+ и гореше приноси на обредните височинки,+ по ридовите+ и под секое зелено дрво.+

5 Затоа Јехова, неговиот Бог, го предаде во рацете+ на сирискиот цар,+ така што тој го порази, му зароби голем број луѓе и ги одведе во Дамаск.+ Беше предаден и во рацете на израелскиот цар,+ кој му нанесе тежок пораз. 6 Така Фекај,+ синот на Ремалија,+ во еден ден погуби во Јуда сто и дваесет илјади луѓе, сѐ храбри луѓе, зашто го оставија Јехова,+ Богот на своите прататковци. 7 А Зихриј, јунак од Ефрем,+ ги уби Маасија, царевиот син, Азрикам, дворскиот управител, и Елкана, кој беше веднаш до царот. 8 Освен тоа, синовите на Израел заробија двесте илјади свои браќа, жени, синови и ќерки. Од нив зедоа и многу плен, кој го однесоа во Самарија.+

9 А таму беше Јеховиниот пророк кој се викаше Одед. Тој излезе пред војската што одеше во Самарија и им рече: „Гледај, Јехова, Богот на вашите прататковци, се разгневи+ на Јуда и затоа ги предаде во ваши раце, а вие ги убивте со таков гнев+ што тоа допре до небесата.+ 10 И сега сакате да ги подјармите синовите на Јуда и Ерусалим за да ви бидат слуги+ и слугинки. А не сте ли и вие полни со вина пред Јехова, својот Бог? 11 Затоа сега послушајте ме и вратете ги заробениците што ги заробивте меѓу своите браќа,+ зашто против вас се разгоре Јеховиниот гнев“.+

12 Така некои поглавари+ на синовите на Ефрем,+ и тоа: Азарија, синот на Јоанан, Верехија, синот на Месилемот, Езекија, синот на Салум, и Амаса, синот на Хадлај, станаа против оние што се враќаа од воениот поход 13 и им рекоа: „Немојте да ги доведувате ваму заробениците, зашто на себе ќе навлечеме вина пред Јехова! Вие уште мислите да ги зголемите нашите гревови и нашата вина, како да не е доволно голема нашата вина,+ а и гневот веќе се разгоре+ против Израел“. 14 Тогаш воините+ ги оставија заробениците+ и пленот пред кнезовите+ и пред целата заедница. 15 И станаа луѓето што беа одредени по име+ и ги презедоа заробениците. Сите што беа скудно облечени* ги облекоа во облека од пленот. Ги облекоа,+ им дадоа сандали, ги нахранија+ и ги напоија,+ па ги намачкаа со масло. Ги ставија на магариња+ сите што беа премалени, и ги одведоа кај нивните браќа во Ерихон,+ градот на палмите.+ Потоа се вратија во Самарија.+

16 Во тоа време цар Ахаз+ побара помош од царевите на Асирија.+ 17 Едомците+ повторно дојдоа, го нападнаа Јуда и одведоа заробеници. 18 А Филистејците+ ги нападнаа градовите во Шефела*+ и во Негев,*+ на подрајчето на Јуда, и ги освоија Вет-Семес,+ Ајалон,+ Гедирот,+ Сохо+ со околните градови, Темна+ со околните градови и Гимзо со околните градови. И се населија таму. 19 Зашто, Јехова го понижи+ Јуда поради израелскиот* цар Ахаз, затоа што допушти да се шири разузданоста во Јуда+ и затоа што многу неверно постапуваше кон Јехова.

20 А асирскиот цар Телгат-Фелнасар+ дојде против него и почна да му задава маки+ наместо да му помогне. 21 Макар што Ахаз ги испразни Јеховиниот дом,+ царскиот дворец+ и куќите на кнезовите+ за да му даде дар на асирскиот цар,+ тоа ништо не му помогна. 22 И додека беше во неволја, цар Ахаз му стана уште поневерен на Јехова.+ 23 Почна да им принесува жртви на дамаските+ богови,+ кои го поразија, зашто мислеше: „Кога боговите на сириските цареви им помагаат ним,+ ќе им принесувам жртви за да ми помогнат и мене“.+ Поради нив падна во грев и тој и целиот Израел.+ 24 Ахаз го собра приборот+ од домот на вистинскиот Бог и го искрши,+ ги затвори вратите+ на Јеховиниот дом и направи жртвеници на секој агол во Ерусалим.+ 25 И по сите градови, во секој град на Јуда, направи обредни височинки+ за да им горат приноси на други богови,+ и така го навредуваше+ Јехова, Богот на своите прататковци.

26 Останатата негова историја+ и сѐ што правеше тој, од почетокот до крајот, запишано е во Книгата+ за царевите на Јуда и на Израел. 27 На крајот Ахаз почина кај своите прататковци и го погребаа во градот, во Ерусалим, но не го положија во гробницата на израелските цареви.+ На негово место почна да владее неговиот син Езекија.

29 Езекија+ имаше дваесет и пет години кога стана цар, и владееше дваесет и девет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Авија, а му беше ќерка на Захарија.+ 2 Тој го правеше она што е исправно во Јеховини очи,+ сето она што го правеше и Давид, неговиот прататко.+ 3 Во првата година од своето владеење, во првиот месец, ги отвори вратите на Јеховиниот дом и почна да ги поправа.+ 4 Потоа ги доведе свештениците и левитите и ги собра на отворено,+ на источната страна 5 и им рече: „Чујте ме, синови на Леви! Посветете се+ сега самите и посветете го домот на Јехова, Богот на своите прататковци, и од светото место изнесете сѐ што е нечисто.+ 6 Нашите татковци беа неверни+ и го правеа она што е зло во очите на Јехова, нашиот Бог,+ го оставија,+ го завртија лицето од живеалиштето на Јехова+ и му свртија грб. 7 И ги затворија вратите+ на предворјето и ги изгаснаа светилките.+ Не палеа темјан+ и не му принесуваа на Богот на Израел+ жртви паленици на светото место. 8 Затоа Јехова пламна од гнев+ против Јуда и против Ерусалим, па од нив направи ужасна глетка+ над која сите се згрозуваат+ и на која од зачуденост потсвирнуваат,+ како што гледате и вие со свои очи. 9 Еве, нашите прататковци паднаа од меч,+ а нашите синови, нашите ќерки и нашите жени се заробени поради тоа.+ 10 Сега во своето срце решив да склучам сојуз+ со Јехова, Богот на Израел, за да се одврати од нас неговиот распламтен гнев. 11 Затоа, синови мои, нека не ви почиваат рацете,+ зашто Јехова вас ве избра да стоите пред него и да му служите,+ да му бидете слуги+ и да му горите приноси“.+

12 Тогаш станаа левитите+ Махат, синот на Амасај, и Јоил, синот на Азарија, од синовите на Кат.+ Од синовите на Мерариј:+ Кис, синот на Авдиј, и Азарија, синот на Јехалел. Од синовите на Гирсон:+ Јоах, синот на Зима, и Еден, синот на Јоах. 13 Од синовите на Елисафан:+ Шимри и Јеуел, а од синовите на Асаф:+ Захарија и Матанија. 14 Од синовите на Еман:+ Јеил и Симеј, а од синовите на Једутун:+ Семаја и Узиел. 15 Тие ги собраа своите браќа и се посветија,+ а потоа дојдоа, како што заповеда царот според Јеховината реч,+ да го исчистат+ Јеховиниот дом. 16 Свештениците влегоа во Јеховиниот дом за да го исчистат, и изнесоа во дворот+ на Јеховиниот дом сѐ што беше нечисто, кое го најдоа во Јеховиниот храм. Левитите потоа го земаа тоа и го носеа надвор во долината на Кедрон.+ 17 Така почнаа со посветувањето на првиот ден од првиот месец, а на осмиот ден од тој месец дојдоа до Јеховиното предворје.+ Осум дена го посветуваа Јеховиниот дом, а на шеснаесеттиот ден од првиот месец+ завршија.

18 Потоа дојдоа кај цар Езекија и му рекоа: „Го исчистивме целиот Јеховин дом, жртвеникот+ за жртви паленици и целиот негов прибор,+ масата+ на која се редат лебовите и целиот нејзин прибор.+ 19 Целиот прибор,+ кој цар Ахаз+ во својата неверност+ го отстрани за време на своето владеење, повторно го подготвивме и го посветивме.+ Ене го пред Јеховиниот жртвеник“.

20 А утредента цар Езекија+ стана рано+ и ги собра градските кнезови,+ па отиде во Јеховиниот дом. 21 И доведоа седум јунци,+ седум овни, седум јагниња и седум јарци како жртва за грев+ за царството и за светилиштето и за Јуда. Тогаш тој им рече на синовите на Арон, свештениците,+ да ги принесат на Јеховиниот жртвеник. 22 И ги заклаа+ говедата, а свештениците ја зедоа крвта+ и со неа го попрскаа+ жртвеникот. Потоа ги заклаа овните+ и со крвта го попрскаа жртвеникот,+ а потоа ги заклаа и јагнињата и со крвта го попрскаа жртвеникот. 23 Потоа ги доведоа пред царот и пред заедницата јарците+ за жртва за грев и ги положија рацете врз нив.+ 24 Свештениците потоа ги заклаа и нивната крв ја принесоа на жртвеникот како жртва за грев, за да се исчисти целиот Израел,+ зашто царот нареди да се принесат жртвата паленица и жртвата за грев+ за целиот Израел.+

25 Дотогаш веќе ги беше поставил во Јеховиниот дом левитите+ со чинели,+ псалтири+ и со харфи,+ како што заповедаа Давид,+ царскиот јасновидец Гад+ и пророкот Натан,+ зашто таа заповед дојде од Јехова преку неговите пророци.+ 26 Така левитите стоеја со Давидовите инструменти,+ а свештениците со трубите.+

27 Тогаш Езекија заповеда да се принесат на жртвеникот жртви паленици. Кога почнаа да ги принесуваат жртвите паленици, му запеаја+ на Јехова во придружба на трубите и на инструментите на Давид, царот на Израел. 28 И целата заедница се поклони,+ а песната одекнуваше+ и трубите ечеа — сѐ додека не заврши принесувањето на жртвите паленици. 29 Кога заврши принесувањето, царот и сите што беа со него се поклонија и паднаа ничкум.+ 30 Тогаш цар Езекија и кнезовите+ им заповедаа на левитите да го фалат Јехова со фалбените песни на Давид+ и на јасновидецот Асаф.+ И радосно+ го фалеа Бог, и паднаа ничкум и се поклонија.+

31 На крајот Езекија рече: „Сега сте овластени* да му служите на Јехова.+ Пристапете и донесете во Јеховиниот дом жртви на благодарност+ и други жртви“.+ И заедницата донесе жртви на благодарност и други жртви, а секој што имаше спремно срце донесе и жртви паленици.+ 32 И заедницата донесе за жртви паленици седумдесет говеда, сто овни, двесте јагниња — сето тоа за жртви паленици за Јехова.+ 33 За свети жртви донесоа шестотини говеда и три илјади овци. 34 Но свештениците+ беа премалку, па не можеа да ги одерат сите жртви паленици.+ Затоа им помагаа нивните браќа+ левитите додека не се заврши работата+ и додека не се посветија+ свештениците, зашто левитите се посветуваа со поголема ревност+ отколку свештениците. 35 Имаше многу жртви паленици+ и мрсни делови+ од жртвите на заедништвото+ и жртви налевници+ за жртвите паленици. Така беше обновена службата во Јеховиниот дом.+ 36 Езекија и целиот народ се радуваа што вистинскиот Бог го подготви сето тоа за својот народ,+ зашто сето тоа се случи ненадејно.+

30 Езекија им порача на целиот Израел+ и Јуда, дури им напиша и писма на племињата на Ефрем+ и Манасија,+ да дојдат во Јеховиниот дом+ во Ерусалим за да ја прослават Пасхата+ во чест на Јехова, Богот на Израел. 2 Царот и неговите кнезови+ и целата заедница+ во Ерусалим решија да ја прослават Пасхата во вториот месец.+ 3 Не можеа да ја прослават во вистинското време+ зашто немаше доволно свештеници+ што беа посветени, а и народот не се беше собрал во Ерусалим. 4 Тоа беше исправно во очите на царот и во очите на целата заедница.+ 5 И одлучија да разгласат+ по цел Израел, од Вирсавеја+ до Дан,+ за сите да дојдат и да ја прослават Пасхата во Ерусалим, во чест на Јехова, Богот на Израел, зашто не се беа собирале како народ за да ја слават+ како што беше пропишано.+

6 Така гласниците+ со писма од царот и од неговите кнезови+ отидоа по целиот Израел и Јуда, објавувајќи на заповед на царот: „Синови на Израел, вратете му се+ на Јехова, Богот+ на Авраам, на Исак и на Израел, па и тој ќе ви се врати вам што останавте+ и се избавивте од рацете на асирските цареви.+ 7 Немојте да бидете како вашите прататковци+ и како вашите браќа, кои му беа неверни на Јехова, Богот на своите прататковци, така што тој од нив направи глетка над која сите се згрозуваат,+ како што гледате и самите. 8 Немојте да бидете непокорни*+ како што беа вашите прататковци. Подложете му се на Јехова+ и дојдете во неговото светилиште,+ кое тој го посвети+ за навек, и служете му+ на Јехова, својот Бог, за да се одврати од вас неговиот распламтен гнев.+ 9 Зашто, кога ќе му се вратите+ на Јехова, вашите браќа и вашите синови ќе најдат милост+ кај оние што ги држат во заробеништво, па ќе се вратат во оваа земја,+ зашто Јехова, вашиот Бог, е милостив+ и милосрден,+ и нема да го сврти своето лице од вас ако му се вратите“.+

10 И гласниците+ одеа од град во град по целата земја на Ефрем+ и на Манасија дури до Завулон, но луѓето им се потсмеваа и се подбиваа со нив.+ 11 Само некои+ од Асер, од Манасија и од Завулон се понизија+ и дојдоа во Ерусалим. 12 Раката на вистинскиот Бог беше над Јуда и ги водеше за да ја извршат еднодушно+ заповедта+ на царот и на кнезовите за Јеховината служба.+

13 И во Ерусалим се собра многу народ,+ многубројна заедница, за да го прослават Празникот+ на бесквасните лебови во вториот месец.+ 14 Потоа станаа и ги отстранија жртвениците+ што беа во Ерусалим, ги отстранија и сите кадилни жртвеници+ и ги фрлија во долината на Кедрон.+ 15 Потоа, на четиринаесеттиот ден од вториот месец, ја заклаа пасхалната жртва.+ А свештениците и левитите се засрамија, па се посветија+ и почнаа да ги внесуваат жртвите паленици во Јеховиниот дом. 16 И застанаа на своето место,+ како што е пропишано во законот на Мојсеј, Божјиот човек. Свештениците+ го попрскуваа жртвеникот со крвта што ја примаа од рацете на левитите. 17 Во заедницата имаше многу од оние што не се посветија, па левитите+ беа задолжени да колат пасхални жртви+ наместо сите оние што не беа чисти, за да ги посветат за Јехова. 18 Голем дел од народот, мнозина од Ефрем,+ од Манасија,+ од Исахар и од Завулон,+ не се исчистија,+ па не ја јадеа пасхалната жртва како што беше пропишано.+ Но Езекија се молеше за нив:+ „Добриот+ Јехова нека му прости 19 секому кој го подготвил своето срце+ да го бара вистинскиот Бог Јехова, Богот на своите прататковци, дури и ако не се исчистил како што се бара за светите работи!“+ 20 И Јехова го послуша Езекија и му прости на народот.+

21 Така синовите на Израел што беа во Ерусалим го славеа Празникот+ на бесквасните лебови седум дена со голема веселба.+ Левитите+ и свештениците+ го фалеа Јехова секој ден со гласните звуци на инструментите, на слава на Јехова.+ 22 И Езекија ги храбреше* сите левити, кои разборито ја вршеа Јеховината служба.+ Седум дена сите го јадеа она што беше пропишано за празникот,+ принесувајќи жртви на заедништвото+ и признавајќи му ги своите гревови+ на Јехова, Богот на своите прататковци.

23 Потоа целата заедница реши+ да слави уште седум дена,+ така што уште седум дена го славеа празникот со веселба. 24 Езекија, царот на Јуда, ѝ подари+ на заедницата илјада јунци и седум илјади овци, а кнезовите+ ѝ подарија на заедницата илјада јунци и десет илјади овци. И се посветија многу свештеници.+ 25 Така се веселеше+ целата заедница на Јуда,+ свештениците и левитите,+ целата заедница што дојде од Израел,+ дојденците+ што дојдоа од израелската земја+ и оние што живееја во Јуда. 26 Во Ерусалим владееше голема веселба, зашто уште од времето на Соломон,+ Давидовиот син, царот на Израел, не беше така во Ерусалим.+ 27 На крајот станаа левитските свештеници и го благословија+ народот. Нивниот глас беше услишен и нивната молитва допре до неговото свето живеалиште, до небото.+

31 Кога заврши сето тоа, сите Израелци+ што беа таму се разотидоа по градовите на Јуда+ и почнаа да ги кршат обредните столбови,+ да ги сечат обредните диреци*+ и да ги рушат обредните височинки+ и жртвениците+ по целата земја на Јуда,+ на Венијамин, на Ефрем+ и на Манасија,+ додека не уништија сѐ. Тогаш сите синови на Израел се вратија во своите градови, секој на својот посед.

2 Потоа Езекија ги подели+ свештениците и левитите+ во групи, секоја група според службата што ја извршуваа свештениците+ и левитите+ — да принесуваат жртви паленици+ и жртви на заедништвото,+ да служат+ и да упатуваат благодарници+ и фалби+ на портите од Јеховиниот храм. 3 Царот приложи дел од своето богатство+ за жртви паленици,+ за паленици што се принесуваат наутро+ и навечер и за паленици што се принесуваат на денови за одмор,*+ на млади месечини+ и на празници,+ како што е запишано во Јеховиниот закон.+

4 Потоа му рече на народот, на жителите на Ерусалим, да им го дадат на свештениците+ и на левитите+ делот што им припаѓа, за да можат тие да се држат цврсто+ за Јеховиниот закон.+ 5 Кога се разгласи таа заповед, синовите на Израел+ почнаа да донесуваат големи количества првини од житото,+ од младото вино,+ од маслото,+ од медот+ и од сиот род од полето.+ Во изобилство донесуваа десеттина од сѐ.+ 6 Синовите на Израел и на Јуда, кои живееја во градовите на Јуда,+ донесуваа десеттина од говедата и од овците и десеттина од светите работи+ посветени за Јехова, нивниот Бог. Сето тоа го донесуваа и го ставаа на купови. 7 Во третиот+ месец почнаа да прават купови, а во седмиот+ месец завршија. 8 Кога дојдоа и ги видоа куповите, Езекија и кнезовите+ почнаа да го благословуваат Јехова+ и неговиот народ Израел.+

9 Потоа Езекија се распраша кај свештениците и кај левитите за купиштата.+ 10 А Азарија,+ главниот свештеник од домот на Садок,+ му рече: „Откако почнаа да донесуваат прилози+ во Јеховиниот дом, народот јадеше и се насити,+ а има и многу вишок.+ Зашто, Јехова го благослови својот народ+ и затоа остана толку многу“.

11 Тогаш Езекија заповеда да се подготват трпезариите+ во Јеховиниот дом, и тие ги подготвија. 12 И верно+ ги внесуваа прилозите,+ десеттините+ и светите работи. Левитот Хонанија го надгледуваше сето тоа, а Симеј, неговиот брат, беше веднаш до него. 13 Јеил, Азазиј, Нахат, Асаил, Еримот, Јозавад, Елиел, Исмахија, Махат и Венај беа довереници на Хонанија и на неговиот брат Симеј, по наредба на цар Езекија, а Азарија+ беше настојник на домот на вистинскиот Бог. 14 Коре, синот на левитот Имна, вратар+ на источната страна,+ беше одговорен за она што доброволно+ му се принесуваше на вистинскиот Бог, да ги дели Јеховините прилози+ и најсветите работи.+ 15 Под негов надзор беа Еден, Минијамин, Исус, Семаја, Амарија и Сеханија во свештеничките градови,+ кои имаа одговорна задача+ да им го делат на своите браќа по групите+ она што им припаѓаше, како на големите така и на малите.+ 16 Во тоа не беа вклучени машките од три години нагоре+ што беа запишани во родословниот запис,+ а кои секој ден доаѓаа во Јеховиниот дом според својата должност за да вршат служба според своите групи.

17 Во родословниот запис беа запишани свештениците според домовите на своите татковци.+ Беа запишани и левитите,+ од дваесет години нагоре,+ според нивните должности и според нивните групи,+ 18 заедно со нивните мали деца, со нивните жени, со нивните синови и со нивните ќерки, со целата нивна заедница, зашто извршуваа одговорна служба+ и ѝ се посветија+ на својата света служба. 19 Беа запишани и синовите на Арон,+ свештениците, кои живееја околу своите градови, во полињата каде што имаше пасишта.+ Во секој поединечен град беа по име одредени луѓе за да му го даваат делот што му припаѓа на секој маж што беше свештеник, а исто и на сите левити запишани во родословниот запис.

20 Езекија го правеше тоа по целата земја на Јуда, го правеше она што е добро,+ исправно+ и верно+ пред Јехова, својот Бог. 21 Сето она што го правеше за да го бара својот Бог+ — во службата+ во домот на вистинскиот Бог, во законот+ и во заповедите — го правеше со сето срце,+ и во сѐ беше успешен.+

32 По сите тие настани во кои Езекија ја покажа својата верност кон Бог,+ дојде Сенахирим,+ асирскиот цар,+ и навлезе во Јуда, па ги опколи утврдените градови+ со намера да ги освои.

2 А Езекија, кога виде дека Сенахирим дошол со намера да војува против Ерусалим, 3 реши, во договор со своите кнезови+ и јунаци, да ги затрупа изворите на вода што беа надвор од градот.+ Тие му помогнаа да го стори тоа. 4 Се собра многу народ, па ги затрупаа сите извори и потокот+ што течеше среде земјата, зашто рекоа: „Зошто асирските цареви да најдат толку вода кога ќе дојдат?“

5 Потоа се охрабри и го обнови целиот разурнат ѕид+ и подигна кули+ на него. Однадвор изгради друг ѕид,+ го утврди Мило*+ во Давидовиот град и направи многу копја+ и штитови.+ 6 И постави воени заповедници+ над народот и ги собра пред себе на плоштадот+ покрај градската порта, па ги храбреше*+ со овие зборови: 7 „Бидете храбри и силни!+ Не бојте се+ и не плашете се+ ни од асирскиот цар+ ни од сето мноштво што е со него, зашто наши има повеќе отколку нивни!+ 8 Со него е телесна рака,+ а со нас е Јехова, нашиот Бог, за да ни помага+ и да ги води нашите битки“.+ И народот положи доверба во зборовите на Езекија, царот на Јуда.+

9 Потоа асирскиот цар Сенахирим,+ додека беше со сета своја војска+ кај Лахис,+ ги испрати своите слуги во Ерусалим кај Езекија, царот на Јуда, и кај сите синови на Јуда што беа во Ерусалим, и им порача:

10 „Вака вели Сенахирим, асирскиот цар:+ ‚Во што имате доверба додека мирно седите во Ерусалим, кој е под опсада?+ 11 Зар не ве заведува+ Езекија+ за да ве предаде на смрт од глад и жед, кога вели: „Јехова, нашиот Бог, ќе нѐ избави од рацете на асирскиот цар“?+ 12 Зарем не беше токму Езекија тој што ги отстрани неговите обредни височинки+ и неговите жртвеници+ и потоа им заповеда на Јуда и на Ерусалим: „Клањајте се пред еден+ жртвеник+ и на него горете ги приносите“?+ 13 Зар не знаете што им направивме јас и моите прататковци на сите земни народи?*+ Можеа ли боговите+ на земните народи да ја избават својата земја од мои раце? 14 Кој од сите богови на тие народи, кои моите прататковци ги погубија,* можеше да го избави својот народ од мои раце? Па зар може тогаш вашиот Бог да ве избави вас од моиве раце?+ 15 Затоа, не дозволувајте да ве измами Езекија+ и да ве заведе!+ Немојте да му верувате, зашто ниту еден бог на ниту еден народ или царство не можеше да го избави својот народ ниту од моите раце ниту од рацете на моите прататковци! Тогаш како ќе ве избави вашиот Бог од моиве раце?‘ “+

16 И неговите слуги уште повеќе зборуваа против вистинскиот Бог Јехова+ и против Езекија, неговиот слуга. 17 Напиша и писма+ во кои му се потсмеваше на Јехова, Богот на Израел,+ и вака зборуваше против него: „Како што боговите+ на земните народи не го избавија својот народ од моите раце,+ така ниту Богот на Езекија нема да го избави својот народ од моите раце“. 18 И на ерусалимскиот народ што беше на ѕидот му викаа на хебрејски јазик+ колку што ги држеше гласот+ за да го заплашат+ и да го збунат, па да го освојат градот. 19 И зборуваа против+ Богот на Ерусалим+ исто како што зборуваа против боговите на земните народи, кои се дело на човечки раце.+ 20 А цар Езекија+ и пророкот Исаија,+ синот на Амос,+ се молеа поради тоа+ и го повикуваа небото на помош.+

21 Тогаш Јехова испрати ангел,+ кој ги погуби сите храбри јунаци,+ војсководачи и заповедници во логорот на асирскиот цар,+ така што царот посрамен се врати во својата земја. А подоцна, кога влезе во храмот на својот бог, таму со меч го убија некои од неговите синови.+ 22 Така Јехова ги спаси Езекија и жителите на Ерусалим од рацете на асирскиот цар Сенахирим+ и од рацете на сите други непријатели и им даде мир на сите нивни граници.+ 23 И мнозина му донесуваа дарови+ на Јехова во Ерусалим и скапоцености на Езекија, царот на Јуда,+ кој оттогаш стана возвишен+ во очите на сите народи.

24 Во тоа време, Езекија се разболе на смрт,+ па во молитва+ му се обрати на Јехова, а тој му одговори+ и му даде знак.+ 25 Но Езекија не возврати со благодарност за добротворството што му беше покажано,+ зашто срцето му се возгордеа.+ Затоа се подигна гнев+ против него и против Јуда и Ерусалим. 26 Но Езекија се покаја поради вообразеноста на своето срце, па се понизија+ и тој и жителите на Ерусалим, и врз нив не дојде Јеховиниот гнев додека беше жив Езекија.+

27 И Езекија стекна многу големо богатство и слава.+ Направи ризници за сребро, злато+ и за скапоцени камења,+ за балсам,+ за штитови+ и за секакви скапоцености,+ 28 потоа складишта+ за родот на житото, за младото вино+ и за маслото, штали+ за секакви домашни животни и трла за стадата. 29 Изгради градови и имаше многу ситна+ и крупна стока,+ зашто Бог му даде многу голем имот.+ 30 Езекија го затрупа+ горниот извор на Гион+ и водата+ ја насочи долу на западната страна од Давидовиот град.+ Езекија беше успешен во сѐ што правеше.+ 31 Но кога дојдоа пратениците на вавилонските кнезови,+ кои беа испратени кај него+ за да се распрашаат за знакот+ што се случи во земјата, вистинскиот Бог го остави+ за да го испита+ и да дознае сѐ што му е во срцето.+

32 Останатата историја+ на Езекија и делата што ги правеше во својата доброта,*+ сето тоа е запишано во виденијата на пророкот Исаија, синот на Амос,+ и во Книгата+ за царевите на Јуда и на Израел. 33 На крајот Езекија почина кај своите прататковци+ и го погребаа на угорништето по кое се оди кон гробниците на Давидовите синови.+ По неговата смрт сите синови на Јуда и Ерусалимците му укажаа чест.+ На негово место почна да владее неговиот син Манасија.+

33 Манасија+ имаше дванаесет години кога почна да владее, и владееше педесет и пет години во Ерусалим.+

2 Го правеше она што е зло во Јеховини очи,+ според одвратните обичаи+ на народите кои Јехова ги истера од пред синовите на Израел.+ 3 Повторно ги направи обредните височинки+ што ги разурна Езекија,+ неговиот татко, им подигна жртвеници+ на Вааловците,+ направи обредни диреци*+ и почна да ѝ се клања+ на сета небесна војска+ и да ѝ служи.+ 4 Направи жртвеници+ во Јеховиниот дом, за кој Јехова рече: „Во Ерусалим ќе престојува моето име довека“.+ 5 Ѝ направи жртвеници и на сета небесна војска+ во двата двора+ на Јеховиниот дом.+ 6 Своите синови ги поминуваше низ оган+ во долината на Еномовиот син,+ се занимаваше со магија,+ вражаше+ и гаташе,+ а и постави луѓе за да повикуваат духови+ и да прорекуваат настани.+ Многу зла правеше пред Јехова и го навредуваше.+

7 Направи и режан лик,+ па го постави во домот на вистинскиот Бог,+ за кој Бог им рече на Давид и на Соломон, неговиот син: „Во овој дом и во Ерусалим, кој го избрав+ меѓу сите племиња на Израел, ќе престојува моето име+ довека.+ 8 И нема да дозволам ногата на синовите на Израел да се тргне од земјата што им ја одредив+ на нивните прататковци,+ само ако се трудат да држат сѐ што им заповедав,+ целиот закон,+ уредбите+ и заповедите+ што ги дадов преку Мојсеј“.+ 9 И Манасија+ ги наведуваше Јуда+ и жителите на Ерусалим да прават уште полоши работи+ отколку народите кои Јехова ги истреби од пред синовите на Израел.+

10 Јехова ги опоменуваше Манасија и неговиот народ, но тие не обрнуваа внимание.+ 11 На крајот Јехова ги доведе против нив+ воените заповедници на асирскиот цар+ и тие го фатија Манасија во пештера,+ го оковаа+ во двојни бакарни окови и го одведоа во Вавилон. 12 А кога се најде во неволја,+ се трудеше да го смилостиви* лицето на Јехова, својот Бог,+ и многу се понизи+ пред Богот на своите прататковци. 13 Му се молеше, и тој ја чу неговата молитва+ и ја услиши неговата молба со која молеше за милост, па го врати во Ерусалим и му ја врати царската власт.+ И Манасија созна дека Јехова е вистинскиот Бог.+

14 Потоа, покрај Давидовиот град+ изгради надворешен ѕид,+ кој се протегаше западно од Гион+ во долината до Рибната Порта+ и покрај Офел.+ Ѕидот што го изгради беше многу висок. И постави воени заповедници во сите утврдени градови во Јуда.+ 15 Ги отстрани туѓите богови+ и идолскиот лик+ од Јеховиниот дом, како и сите жртвеници+ што ги изгради на гората на Јеховиниот дом и во Ерусалим, и ги фрли надвор од градот. 16 Потоа го постави Јеховиниот жртвеник+ и почна да принесува на него жртви на заедништвото+ и жртви на благодарност,+ а на Јуда му заповеда да му служи на Јехова, Богот на Израел.+ 17 Сепак, народот сѐ уште принесуваше жртви на обредните височинки,+ но му ги принесуваа на Јехова, својот Бог.

18 Останатата историја на Манасија, неговата молитва+ кон Бог и зборовите што му ги кажуваа јасновидците+ во името на Јехова, Богот на Израел, се запишани во историјата на израелските цареви.+ 19 Како се молеше+ и како беше услишен,+ сите негови гревови+ и неговата неверност,+ и местата на кои, пред да се понизи,+ направи обредни височинки+ и постави обредни диреци+ и режани ликови,+ сето тоа е запишано во записите на неговите јасновидци. 20 На крајот Манасија почина кај своите прататковци+ и го погребаа+ кај неговиот дворец, а на негово место почна да владее неговиот син Амон.+

21 Амон+ имаше дваесет и две години кога почна да владее и владееше две години во Ерусалим.+ 22 Го правеше она што е зло во Јеховини очи,+ како што го правеше тоа и Манасија, неговиот татко.+ На сите режани ликови+ што ги направи Манасија,+ неговиот татко, Амон им принесуваше жртви+ и им служеше.+ 23 И не се понизи+ пред Јехова, како што се понизи неговиот татко Манасија,+ туку уште ја зголеми својата вина.+ 24 На крајот неговите слуги сковаа заговор+ против него и го убија во неговиот дворец.+ 25 А народот* ги уби+ сите што беа сковале заговор+ против цар Амон.+ Потоа народот+ наместо него го постави за цар Јосија,+ неговиот син.

34 Јосија+ имаше осум+ години кога почна да владее и владееше триесет и една година во Ерусалим.+ 2 Го правеше она што беше исправно во Јеховини очи+ и одеше по патот на Давид, својот прататко,+ не скршнувајќи ни надесно ни налево.+

3 Во осмата година од своето царување, додека уште беше момче,+ почна да го бара+ Богот на Давид, својот прататко, а во дванаесеттата година почна да ги чисти+ Јуда и Ерусалим од обредните височинки,+ од обредните диреци,*+ од режаните ликови+ и од излеаните статуи. 4 Пред него ги разурнаа жртвениците+ на Вааловците.+ Ги искрши кадилните сталки+ што беа на нив, ги исече обредните диреци,+ режаните ликови+ и излеаните статуи и ги столчи во прав,+ кој го растури по гробовите на оние што им принесуваа жртви.+ 5 Коските+ на свештениците ги изгоре на нивните жртвеници.+ Така ги исчисти Јуда и Ерусалим.

6 И во градовите на Манасија,+ на Ефрем,+ на Симеон, дури до Нефталим, насекаде по нивните опустошени места, 7 ги соборуваше жртвениците+ и обредните диреци,+ ги кршеше режаните ликови+ и ги толчеше во прав.+ Ги скрши сите кадилни сталки+ во целата израелска земја, а потоа се врати во Ерусалим.

8 Во осумнаесеттата година+ од своето царување, кога ги исчисти земјата и храмот, ги испрати Сафан,+ синот на Азалија, и Маасија, градскиот заповедник, и Јоах, синот на Јоахаз, летописецот, да го поправат+ домот на Јехова, неговиот Бог. 9 И дојдоа кај првосвештеникот Хелкија+ и му ги дадоа парите донесени во Божјиот дом, кои левитите, вратари,+ ги собраа од Манасија+ и од Ефрем+ и од целиот останат Израел+ и од целиот народ на Јуда и на Венијамин и од жителите на Ерусалим. 10 Потоа им ги врачија парите на оние што беа поставени да ги надгледуваат работите во Јеховиниот дом,+ а оние што работеа на Јеховиниот дом ги употребуваа за обнова и за поправање на домот. 11 Им ги дадоа на занаетчиите и на градителите+ за да се купи делкан камен+ и дрво за сврзните греди и за да се обноват со дрвена граѓа оние делови на градбата што царевите+ на Јуда ги беа оставиле да пропаднат.

12 Тие луѓе совесно работеа,+ а над нив беа поставени левитите Јаат и Авдија, од синовите на Мерариј,+ и Захарија и Месулам, од синовите на Кат,+ за да ја надгледуваат работата. Левитите, од кои сите вешто свиреа на музички инструменти,+ 13 беа над носачите и ги надгледуваа+ сите оние што работеа на различни работи. Левитите+ беа и писари,+ и управители, и вратари.+

14 Додека ги изнесуваа парите+ донесени во Јеховиниот дом, свештеникот Хелкија+ ја пронајде книгата+ на Јеховиниот закон,+ добиена преку Мојсеј.+ 15 И Хелкија му рече на писарот Сафан:+ „Во Јеховиниот дом ја пронајдов книгата на законот“. И Хелкија му ја даде книгата на Сафан. 16 А Сафан му ја однесе книгата на царот и го извести: „Твоите слуги го прават сето она што им беше доверено. 17 Од ковчегот ги истресуваат парите донесени во Јеховиниот дом и им ги предаваат на поставените мажи и на надгледниците на работата“.+ 18 Потоа писарот Сафан го извести царот: „Свештеникот Хелкија+ ми даде една книга“.+ И Сафан почна да ја чита пред царот.+

19 Кога ги чу зборовите на законот, царот си ја раскина облеката.+ 20 И им заповеда на Хелкија,+ на Ахикам,+ синот на Сафан, на Авдон, синот на Миха, на Сафан,+ писарот,+ и на Асаија,+ слуга на царот: 21 „Одете и прашајте го+ Јехова за мене+ и за оние што преостанаа во Израел и во Јуда! Прашајте за зборовите запишани во книгата+ што е пронајдена, зашто е голем Јеховиниот гнев+ што ќе се излее на нас затоа што нашите прататковци не се држеле за Јеховините зборови и не го правеле сето она што е запишано во оваа книга“.+

22 Така Хелкија отиде со луѓето на царот кај пророчицата+ Олда,+ жената на Салум, чуварот на облеката,+ син на Текуја, син на Арас. Таа живееше во Ерусалим, во новиот дел на градот.* Кога ѝ го кажаа сето тоа, 23 таа им рече:

„Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Речете му на човекот што ве испратил кај мене: 24 „Вака вели Јехова: ‚Еве, ќе им нанесам неволја+ на ова место и на неговите жители,+ сите клетви+ што се запишани во книгата што ја читаа пред царот на Јуда,+ 25 зашто ме оставија+ и им гореа приноси на други богови+ за да ме навредуваат+ со сите дела на своите раце.+ Затоа ќе се излее мојот гнев+ на ова место и нема да изгасне‘ “.+ 26 А на царот на Јуда, кој ве праќа да го прашате Јехова, речете му го ова: „Вака вели Јехова, Богот на Израел,+ за зборовите+ што ги чу: 27 ‚Поради тоа што ти омекна срцето+ и се понизи+ пред Бог кога чу што рекол тој за ова место и за неговите жители — се понизи пред мене,+ си ја раскина облеката+ и плачеше пред мене — јас те услишив,+ вели Јехова. 28 Еве, ќе те приберам кај твоите прататковци и во мир ќе бидеш положен во својот гроб.+ Твоите очи нема да ја видат сета таа неволја+ што ќе им ја нанесам на ова место и на неговите жители‘ “ ‘ “.+

И тој одговор му го јавија на царот. 29 Тогаш царот испрати да се соберат сите старешини на Јуда и на Ерусалим.+ 30 Царот потоа отиде во Јеховиниот дом+ со сите луѓе од Јуда, со жителите на Ерусалим, со свештениците+ и левитите, со целиот народ, со големите и малите. И ги прочита+ пред нив сите зборови од книгата на сојузот, која беше пронајдена во Јеховиниот дом.+ 31 И царот, стоејќи на своето место,+ склучи сојуз+ пред Јехова дека ќе го слуша Јехова и ќе се држи за неговите заповеди,+ опомени+ и уредби+ со сето свое срце+ и со сета своја душа,+ и дека ќе ги извршува+ зборовите на сојузот, кои се запишани во оваа книга.+ 32 Потоа ги повика сите што се најдоа во Ерусалим и во Венијамин да стапат во тој сојуз. И жителите на Ерусалим почнаа да постапуваат според одредбите на сојузот што го склучија со Бог, Богот на своите прататковци.+ 33 Потоа Јосија ги отстрани сите одвратни богови+ од целата земја на синовите на Израел+ и ги повика сите што беа во Израел да почнат да му служат на Јехова, својот Бог. За сето време додека тој беше жив, тие не отстапија од Јехова, Богот на своите прататковци.+

35 Потоа Јосија+ приреди Пасха+ во Ерусалим, во чест на Јехова. И ја заклаа пасхалната жртва+ на четиринаесеттиот ден+ од првиот месец.+ 2 Тој ги постави свештениците на нивните служби+ и ги охрабри+ да служат во Јеховиниот дом.+ 3 На левитите, кои го поучуваа+ целиот Израел и беа посветени за Јехова, им рече: „Ставете го светиот+ ковчег во домот+ што го изгради Соломон, синот на израелскиот цар Давид! Тој нема повеќе да биде бреме на вашите раменици.+ Сега служете+ им на Јехова, својот Бог, и на неговиот народ Израел! 4 Подгответе се според родовите на своите прататковци,+ според своите групи,+ како што пропишаа Давид,+ царот на Израел, и Соломон,+ неговиот син. 5 И стојте+ на светото место според левитските родови+ за да им служите на своите браќа, на овој народ, што доаѓа според своите родови.+ 6 Потоа заколете ја пасхалната жртва,+ посветете се+ и подгответе ги своите браќа, за да се постапи според речта, која Јехова ја упати преку Мојсеј“.+

7 Јосија му подари на народот ситна стока — јагниња и јариња — сето тоа за пасхалните жртви за сите што беа таму, вкупно триесет илјади грла ситна стока и уште три илјади говеда.+ Сето тоа беше од царскиот имот.+ 8 И неговите кнезови+ им подарија доброволна жртва на народот,+ на свештениците и на левитите. Хелкија,+ Захарија и Јеил, настојници во домот на вистинскиот Бог, им дадоа на свештениците за пасхални жртви две илјади и шестотини грла ситна стока и триста говеда. 9 Хонанија и неговите браќа Семаја и Нетанел, потоа Асавија, Јејел и Јозавад, левитски поглавари, им подарија на левитите за пасхални жртви пет илјади грла ситна стока и петстотини говеда.

10 Сѐ беше подготвено за службата,+ свештениците стоеја+ на своите места+ и левитите по своите групи,+ како што заповеда царот.+ 11 И ја колеа пасхалната жртва.+ Свештениците+ го попрскуваа+ жртвеникот со крвта што ја примаа од рацете на левитите, а тие ја дереа кожата.+ 12 Потоа ги подготвија жртвите паленици за да му ги даваат на народот според неговите родови+ за да му принесат жртва на Јехова,+ како што е запишано во книгата на Мојсеј.+ Така направија и со крупната стока. 13 И ја зготвија+ пасхалната жртва+ на оган како што беше обичај. Посветените работи ги готвеа+ во лонци, во котли и во садови, а потоа брзо ги разнесуваа по целиот народ.+ 14 Потоа го подготвија пасхалното јадење за себе и за свештениците,+ зашто свештениците, синови на Арон, принесуваа жртви паленици+ и мрсни делови+ до ноќта, па левитите го зготвија+ јадењето за себе и за свештениците, синовите на Арон.

15 Пејачите,+ синови на Асаф,+ беа на своите места, по заповед на Давид,+ Асаф,+ Еман+ и Једутун,+ царевиот јасновидец.+ Вратарите+ стоеја на секоја порта.+ Тие не требаше да ја прекинуваат својата служба, зашто нивните браќа левитите подготвија+ сѐ за нив. 16 Така беше подготвена целата Јеховина служба во тој ден за да се прослави Пасхата+ и за да се принесат жртви паленици на Јеховиниот жртвеник, како што заповеда цар Јосија.+

17 Синовите на Израел што беа таму во тоа време ја славеа Пасхата,+ а го славеа и Празникот на бесквасните лебови седум дена.+ 18 Таква Пасха не беше прославувана во Израел уште од времето на пророкот Самоил+ и ниту еден друг цар+ на Израел не ја прослави Пасхата како што ја прославија Јосија и свештениците и левитите и сите синови на Јуда и на Израел, кои беа таму, и жителите на Ерусалим. 19 Таа Пасха се славеше во осумнаесеттата година од царувањето на Јосија.+

20 По сето тоа, кога Јосија го уреди храмот, Нехо,+ египетскиот цар,+ тргна да се бори кај Кархемис+ на Еуфрат. И Јосија+ излезе против него.+ 21 А тој му испрати гласници и му порача: „Зошто си излегол против мене, царе на Јуда? Не одам денес против тебе, туку против домот со кого сум во војна и за кој Бог ми рече да удрам на него.* Подобро ти е да се повлечеш од борбата за да не те сотре Бог, кој е со мене!“+ 22 Но Јосија не го одврати своето лице од него,+ туку се преправи+ и отиде да се бори со него, а не ги послуша зборовите на Нехо,+ кои излегоа од Божјата уста. Така дојде да се бори во мегидската долина.+

23 Но стрелците+ го погодија цар Јосија, па царот им рече на своите слуги: „Симнете ме од колата, зашто сум тешко ранет“.+ 24 И неговите слуги го симнаа од колата и го ставија во втората бојна кола што ја имаше, па го одвезоа во Ерусалим.+ Таму умре+ и беше погребан на гробиштата на своите прататковци.+ Цел Јуда и Ерусалим тагуваа+ по Јосија. 25 И Еремија+ испеа тажачка+ за Јосија. И сите пејачи и пејачки+ го спомнуваат Јосија во своите тажачки до ден-денес. Пеењето на тие тажачки стана обичај во Израел и тие се запишани меѓу тажачките.+

26 Останатата историја+ на Јосија и делата што ги правеше во својата доброта,*+ како што е запишано во Јеховиниот закон,+ 27 сите негови дела, од почетокот до крајот,+ сето тоа е запишано во Книгата+ за царевите на Израел и на Јуда.

36 Потоа народот* го зеде Јоахаз,+ синот на Јосија, па го постави за цар во Ерусалим наместо неговиот татко.+ 2 Јоахаз имаше дваесет и три години кога почна да владее, и владееше три месеци во Ерусалим.+ 3 Но египетскиот цар го собори во Ерусалим+ и на земјата ѝ наметна данок од сто таланти* сребро+ и еден талант злато. 4 Потоа египетскиот цар+ го постави Елијаким,+ неговиот брат, за цар на Јуда и на Ерусалим и му го промени името во Јоаким. А Јоахаз, неговиот брат, Нехо+ го одведе во Египет.+

5 Јоаким+ имаше дваесет и пет години кога почна да владее, и владееше единаесет години во Ерусалим.+ Го правеше она што е зло во очите на Јехова, неговиот Бог.+ 6 Против него дојде Навуходоносор,+ вавилонскиот цар, го стави во двојни бакарни окови и го одведе во Вавилон.+ 7 Навуходоносор+ однесе во Вавилон дел од приборот+ од Јеховиниот дом и го стави во својата палата во Вавилон.+ 8 Останатата историја+ на Јоаким, гадостите+ што ги правеше и сето зло што се најде кај него, сѐ е запишано во Книгата+ за царевите на Израел и на Јуда. На негово место почна да владее неговиот син Јоахин.+

9 Јоахин+ имаше осумнаесет години кога почна да владее и владееше три месеци+ и десет дена во Ерусалим. Го правеше она што е зло во Јеховини очи.+ 10 Во почетокот на следната година,+ цар Навуходоносор ги испрати своите слуги+ за да го доведат во Вавилон+ со скапоценостите од Јеховиниот дом.+ И го постави Седекија,+ неговиот стрико, за цар на Јуда и на Ерусалим.+

11 Седекија+ имаше дваесет и една година кога почна да владее, и владееше единаесет години во Ерусалим.+ 12 Тој го правеше она што е зло+ во очите на Јехова, неговиот Бог. Не се понизи+ пред пророкот+ Еремија,+ кој му зборуваше по заповед од Јехова. 13 Уште и се побуни+ против цар Навуходоносор, кој го беше заколнал во Бог.+ Остана непокорен*+ и срцето му отврдна,+ па не се врати кај Јехова, Богот на Израел. 14 Дури и сите свештенички поглавари+ и народот постапуваа многу неверно, според одвратните обичаи+ на другите народи, така што го осквернија домот на Јехова, кој тој го беше посветил во Ерусалим.+

15 Јехова, Богот на нивните прататковци, непрестајно ги опоменуваше преку своите гласници,+ зашто му беше жал за својот народ+ и за своето живеалиште.+ 16 Но тие постојано им се подбиваа+ на гласниците на вистинскиот Бог, Јехова, ги презираа неговите зборови+ и ги исмејуваа+ неговите пророци, сѐ додека неговиот гнев+ не дојде врз неговиот народ, та веќе немаше лек.+

17 И го доведе против нив халдејскиот+ цар, кој ги погуби со меч+ нивните младичи во нивното светилиште+ и не се смилува ни на младич ни на девојка, ни на старец ни на немоќен.+ Сѐ му предаде в раце. 18 Целиот прибор,+ голем+ и мал, од домот на вистинскиот Бог, богатството+ од Јеховиниот дом и богатството на царот+ и богатството на неговите кнезови, сѐ однесе во Вавилон. 19 И го запали домот на вистинскиот Бог+ и ги урна ѕидиштата+ на Ерусалим. Сите утврдени дворци ги изгоре во оган, а и сите скапоцености во нив,+ и така уништи сѐ.+ 20 Оние што му избегаа на мечот, ги одведе во заробеништво во Вавилон.+ И им беа слуги нему+ и на неговите синови додека не завладеа персиското царство,+ 21 за да се исполни речта која Јехова ја објави преку устата на Еремија,+ додека земјата не ги надомести своите одмори.*+ Земјата одмораше во сите денови додека беше пуста, додека не се навршија седумдесет години.+

22 Во првата година на Кир,+ персискиот цар,+ за да се исполни Јеховината реч+ објавена преку устата на Еремија,+ Јехова го поттикна срцето*+ на персискиот цар Кир, па тој нареди да се објави и усно и писмено, по целото негово царство, следново:+ 23 „Вака вели Кир, персискиот цар:+ ‚Јехова, небесниот Бог, ми ги даде сите царства на земјата+ и ми даде налог да му изградам дом во Ерусалим, кој е во Јуда.+ Кој е меѓу вас од сиот негов народ,+ Јехова, неговиот Бог, нека биде со него,+ па нека оди!‘ “+

Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „во низината“.

Буквално: „сабатите“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

„Старата мера на лакотот“ е веројатно иста со долгиот лакот, кој имал 51,8 сантиметри. Види ја фуснотата за Езе 40:5 и додатокот 13.

„Великиот дом“ веројатно се однесува на Светињата.

Херувими се ангели на висока положба.

Види го додатокот 13.

Или: „капител“.

Или: „јужниот“, односно десен за набљудувачот што е свртен кон исток.

„Јахин“ значи „тој ќе втемели“.

Или: „северниот“, односно лев за набљудувачот што е свртен кон исток.

„Воас“ веројатно значи „цврстина; во сила“. По сѐ изгледа дека имињата на двата столба се читале заедно, оддесно налево.

Една дланка е 7,4 сантиметри. Види го додатокот 13.

Околу 66.000 литри. Станува збор за максимален капацитет кога било наполнето до врв. Спореди ја фуснотата за 1Ца 7:26 и додатокот 13.

Види ја фуснотата за 1Мо 13:10.

Види ја фуснотата за 1Ца 6:5.

Види ја фуснотата за 1Ца 6:3.

Или: „свештениците и левитите“.

Види ја фуснотата за 1Ца 6:5.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „кој ќе излезе од твоите бедра“.

Еден лакот е 44,5 сантиметри. Види го додатокот 13.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „кои одат пред тебе“.

Буквално: „одат“.

Или: „лојална љубов“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „лојална љубов“.

Види го додатокот 12.

Буквално: „ако одиш пред мене како што одеше“.

Буквално: „ќе биде изрека (пословица)“.

Буквално: „сабатите“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Види го додатокот 13.

Буквално: „во неа повеќе немаше дух“.

Види го додатокот 13.

Односно Еуфрат.

Или: „во низината“.

Во 1Ца 4:6 „Адонирам“.

Види ја фуснотата за 3Мо 17:7.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

Или: „гласниците“. Буквално: „тркачите“.

Во 1Ца 14:31; 1Ца 15:1, 7, 8 „Авијам“.

Во 11:20⁠-22 и 1Ца 15:2 „Мааха“.

„Народите од (...) земји“ — множина од хебрејскиот израз ам хаарец.

Буквално: „ќе [си] ја наполни раката“. Види ја фуснотата за 2Мо 28:41.

Или: „ашерите“.

Хебрејски: „Хусанец“.

Буквално: „гадотиите“.

Или: „ашерот“.

Буквално: „одеше“.

Или: „ашерите“.

Или: „ашерите“.

Односно, Мртвото Море.

Или: „твојот пријател“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „да ги погубат како херем“.

„Вераха“ значи „благослов“.

Или: „јудејскиот“, според Септуагинтата, сириската Пешита и Вулгата Клементина. На повеќе места во 2. Летописи, наместо поограничениот назив „Јуда“, се користи поопштиот назив „Израел“.

Буквално: „да вршат блуд“. Види го додатокот 6.

Буквално: „да вршат блуд“.

Буквално: „го подигна духот [на Филистејците и Арапите]“.

Во 21:17 „Јоахаз“.

Буквално: „Одеше“.

Во стиховите 1, 2, 7⁠-11 „Охозија“.

Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Или: „дијадема“.

„Народ“ (и во 20. и 21. стих) — буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Или: „ашерите“.

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Види го додатокот 13.

Околу 178 метри. Види го додатокот 13.

Или: „Спојот на ѕидовите; Аголот“.

Или: „резервоари“.

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Види го додатокот 13.

Еден кор е 220 литри. Види го додатокот 13.

Буквално: „голи“.

Или: „во низината“.

Или: „на југ“. Види ја фуснотата за 1Мо 12:9.

Или: „јудејскиот“. Види ја фуснотата за 2Ле 21:2.

Буквално: „Сега си ги наполнивте рацете“. Види ја фуснотата за 2Мо 28:41.

Или: „тврдоврати“. Буквално: „не стврднувајте ја шијата (вратот)“.

Буквално: „му зборуваше на срцето на“.

Или: „ашерите“.

Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Или: „Ридот“.

Буквално: „му зборуваше на нивното срце“.

Буквално: „народи од земјите“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).

Или: „ги погубија како херем“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „ашери“.

Буквално: „омекне“.

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Или: „ашерите“.

Или: „во вториот кварт“.

Буквално: „да го заплашам“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Види го додатокот 13.

Или: „тврдоврат“. Буквално: „Ја стврднуваше шијата (вратот)“.

Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Буквално: „духот“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели