Езра
1 Во првата година на Кир,+ персискиот цар, за да се исполни Јеховината реч објавена преку устата на Еремија,+ Јехова го поттикна срцето*+ на персискиот цар Кир, па тој нареди да се објави следново и усно+ и писмено,+ по целото негово царство:
2 „Вака вели Кир, персискиот цар:+ ‚Јехова, небесниот Бог,+ ми ги даде+ сите царства на земјата и ми даде налог да му изградам дом во Ерусалим,+ во Јуда. 3 Кој е меѓу вас од сиот негов народ, неговиот Бог нека биде со него.+ И нека оди во Ерусалим, во Јуда, и повторно нека го изгради домот на Јехова, Богот на Израел — вистинскиот Бог+ — домот кој беше во Ерусалим.+ 4 И секој што останал во кое и да е место, во кое живее,+ нему луѓето од неговото место, освен со доброволните приноси+ за домот на вистинскиот Бог во Ерусалим, нека му помогнат со сребро, со злато, со имот и со стока‘ “.
5 Тогаш станаа поглаварите+ на родови на Јуда и на Венијамин, свештениците и левитите, и сите на кои вистинскиот Бог им го поттикна срцето,*+ па тргнаа да го изградат повторно Јеховиниот дом+ во Ерусалим. 6 А сите што беа околу нив им помогнаа+ со предмети од сребро, како и со злато, со имот, со стока и со скапоцености, покрај сето она што го принесуваа доброволно.+
7 Цар Кир ги изнесе предметите што му припаѓаа на Јеховиниот дом,+ кои Навуходоносор ги беше однел од Ерусалим+ и ги беше ставил во домот на својот бог.+ 8 А Кир, персискиот цар, заповеда да ги изнесат под надзор на Митредат, ризничарот, кој, пак, му ги изброи на Сасавасар,*+ поглаварот на Јуда.+
9 А еве колку прибор имаше: триесет златни кошници, илјада сребрени кошници, дваесет и девет резервни садови, 10 триесет златни чаши,+ четиристотини и десет додатни сребрени чаши и илјада други предмети. 11 Вкупниот број на златните и сребрените предмети беше пет илјади и четиристотини. Сето тоа го понесе Сасавасар+ кога ги поведе изгнаниците+ од Вавилон во Ерусалим.
2 А ова се синовите од таа покраина,+ изгнаници што се вратија од заробеништво,+ кои Навуходоносор, царот на Вавилон, ги одведе во изгнанство+ во Вавилон, а кои подоцна се вратија+ во Ерусалим и во Јуда,+ секој во својот град. 2 Тие појдоа со Зоровавел,+ Исус,+ Неемија, Сераја,*+ Реелија,* Мардохеј, Вилсан, Миспар,* Вигвај, Реум* и Вана.
Ова е бројот на луѓето од народот на Израел: 3 синови на Фарос+ — две илјади сто седумдесет и два; 4 синови на Сефатија+ — триста седумдесет и два; 5 синови на Арах+ — седумстотини седумдесет и пет; 6 синови на Фат-Моав,+ од синовите на Исус и на Јоав+ — две илјади осумстотини и дванаесет; 7 синови на Елам+ — илјада двесте педесет и четири; 8 синови на Зату+ — деветстотини четириесет и пет; 9 синови на Захај+ — седумстотини и шеесет; 10 синови на Вани*+ — шестотини четириесет и два; 11 синови на Вевај+ — шестотини дваесет и три; 12 синови на Азгад+ — илјада двесте дваесет и два; 13 синови на Адоникам*+ — шестотини шеесет и шест; 14 синови на Вигвај+ — две илјади педесет и шест; 15 синови на Адин+ — четиристотини педесет и четири; 16 синови на Атир,+ од Езекија — деведесет и осум; 17 синови на Весај+ — триста дваесет и три; 18 синови на Јора* — сто и дванаесет; 19 синови на Асум+ — двесте дваесет и три; 20 синови на Гивар*+ — деведесет и пет; 21 луѓе од Витлеем+ — сто дваесет и три; 22 луѓе од Нетофа+ — педесет и шест; 23 луѓе од Анатот+ — сто дваесет и осум; 24 луѓе од Азмавет+ — четириесет и два; 25 луѓе од Киријат-Јарим,+ Кефира и Веерот — седумстотини четириесет и три; 26 луѓе од Рама+ и Гева+ — шестотини дваесет и еден; 27 луѓе од Михмас+ — сто дваесет и два; 28 луѓе од Ветил+ и Гај+ — двесте дваесет и три; 29 луѓе од Нево*+ — педесет и два; 30 луѓе од Магвис — сто педесет и шест; 31 синови од другиот Елам+ — илјада двесте педесет и четири; 32 синови на Харим+ — триста и дваесет; 33 луѓе од Лод,+ Адид+ и Оно+ — седумстотини дваесет и пет; 34 луѓе од Ерихон+ — триста четириесет и пет; 35 синови на Сенај+ — три илјади шестотини и триесет.
36 Свештеници:+ синови на Једај,+ од домот на Исус+ — деветстотини седумдесет и три; 37 синови на Имер+ — илјада педесет и два; 38 синови на Пасхор+ — илјада двесте четириесет и седум; 39 синови на Харим+ — илјада и седумнаесет.
40 Левити:+ синови на Исус+ и Кадмиел,+ од синовите на Одавија+ — седумдесет и четири. 41 Пејачи: синови на Асаф+ — сто дваесет и осум. 42 Синови на вратарите: синови на Салум,+ синови на Атир,+ синови на Талмон,+ синови на Акув,+ синови на Атита+ и синови на Совај, вкупно сто триесет и девет.
43 Нетини:*+ синовите на Сих, синовите на Асуф, синовите на Таваот,+ 44 синовите на Кирос, синовите на Сија, синовите на Фадон,+ 45 синовите на Леван, синовите на Агава, синовите на Акув, 46 синовите на Хагав, синовите на Салмај,+ синовите на Ханан, 47 синовите на Гидел, синовите на Гар,+ синовите на Реај, 48 синовите на Ресин,+ синовите на Некода, синовите на Газам, 49 синовите на Уза, синовите на Фасеј,+ синовите на Висај, 50 синовите на Асна, синовите на Меуним, синовите на Нафусесим;+ 51 синовите на Ваквук, синовите на Акуфа, синовите на Арур,+ 52 синовите на Васлут,* синовите на Меида, синовите на Харса,+ 53 синовите на Варкос, синовите на Сисара, синовите на Тамин,+ 54 синовите на Несија, синовите на Атифа.+
55 Синови на Соломоновите слуги:+ синовите на Сотај, синовите на Соферет, синовите на Феруда,*+ 56 синовите на Јаала, синовите на Даркон, синовите на Гидел,+ 57 синовите на Сефатија, синовите на Атил, синовите на Фохерет-Асеваим, синовите на Ами.*+
58 Сите нетини+ и синови на Соломоновите слуги беа триста деведесет и двајца.+
59 А ова се оние што појдоа од Тел-Мелах, Тел-Арис, Херув, Адон и Имер, а не можеа да кажат кој е домот на нивните татковци и кое е нивното потекло,+ дали се од Израел: 60 синовите на Делаја, синовите на Товиј, синовите на Некода+ — шестотини педесет и два. 61 А од синовите на свештениците:+ синовите на Аваја, синовите на Акос,+ синовите на Варзелај,+ кој си зеде за жена една од ќерките на Варзелај+ Галадецот, па беше наречен по нивното име. 62 Тие бараа по родословните пописи за да го докажат своето потекло, но не се најдоа, и затоа беа исклучени од свештеничката служба како да се нечисти.+ 63 И тиршата*+ им забрани да јадат+ од најсветите работи сѐ додека да стапи во служба свештеник со Урим+ и Тумим.*
64 Целата заедница* броеше вкупно+ четириесет и две илјади триста и шеесет лица,+ 65 не сметајќи ги нивните робови и робинки, кои беа седум илјади триста триесет и седум. Имаше и двесте пејачи и пејачки.+ 66 Имаа седумстотини триесет и шест коњи, двесте четириесет и пет маски,+ 67 четиристотини триесет и пет камили и шест илјади седумстотини и дваесет магариња.+
68 И кога дојдоа до Јеховиниот дом,+ кој е во Ерусалим,+ некои од поглаварите+ на родови+ доброволно+ даваа дарови за домот на вистинскиот Бог, за да биде изграден на своето место.+ 69 Според своите можности, за изградбата дадоа во ризницата шеесет и една илјада драхми* злато,+ пет илјади мини* сребро+ и сто свештенички облеки.+ 70 Свештениците, левитите и некои од народот,+ пејачите, вратарите и нетините се населија во своите градови. Сите од Израел се населија во своите градови.+
3 Кога дојде седмиот месец,+ синовите на Израел веќе беа во своите градови. И сите од народот се собраа како еден+ во Ерусалим.+ 2 Тогаш станаа Исус,+ синот на Јоседек, со своите браќа свештеници, и Зоровавел,+ синот на Салатиел,+ со своите браќа, па почнаа да му градат жртвеник на Богот на Израел за да принесуваат на него жртви паленици, како што е запишано+ во законот на Мојсеј, Божјиот човек.
3 И подигнаа жртвеник на неговото место,+ зашто имаа страв од другите народи,*+ и почнаа на него да му принесуваат жртви паленици на Јехова, утрински и вечерни жртви паленици.+ 4 И го прославија Празникот на сениците,+ како што е запишано,+ и секој ден принесуваа одреден број жртви паленици, како што беше пропишано за секој ден.+ 5 Потоа принесуваа редовни жртви паленици,+ како и жртва за млади месечини+ и за сите празници посветени+ на Јехова и за сите оние што спремно му принесуваа доброволен принос+ на Јехова. 6 Од првиот ден во седмиот месец+ почнаа да му принесуваат жртви паленици на Јехова, но темелот на Јеховиниот храм уште не беше положен.
7 На каменоделците+ и на другите занаетчии+ им даваа пари,+ а на Сидонците+ и на Тирците+ им даваа јадење,+ пиење и масло+ за да донесат кедрово дрво од Ливан+ до Јопа+ на море, како што им одобри персискиот цар Кир.+
8 А во втората година по нивното доаѓање во домот на вистинскиот Бог во Ерусалим, во вториот месец,+ започнаа со работа Зоровавел,+ синот на Салатиел,+ и Исус,+ синот на Јоседек, со другите свои браќа свештеници и левити и со сите други што се вратија од заробеништво+ во Ерусалим. И поставија левити+ од дваесет години нагоре да ги надгледуваат работите околу Јеховиниот дом.+ 9 Исус+ со своите синови и со своите браќа, како и Кадмиел со своите синови, синови на Јуда,* станаа како еден да ги надгледуваат оние што работеа на домот на вистинскиот Бог, а исто така и синовите на Инадад+ и нивните синови и нивните браќа, левитите.
10 Кога градителите го положија темелот+ на Јеховиниот храм, станаа свештениците во службена облека,+ со труби,+ и левитите, синови на Асаф,+ со чинели,+ да го фалат Јехова според упатствата на Давид,+ царот на Израел. 11 И почнаа наизменично да пеат,+ фалејќи го Јехова и благодарејќи му: „Зашто е добар,+ зашто довека трае+ неговата милост* кон Израел“. А целиот народ гласно викаше+ и го фалеше Јехова, зашто беше положен темелот на Јеховиниот дом. 12 И многу свештеници+ и левити и родовски поглавари,+ старешини кои го беа виделе поранешниот дом,+ плачеа+ гласно додека пред нивни очи се положуваше темелот на овој дом,+ а многу други извикуваа од радост+ колку што ги држеше гласот. 13 И така, народот не можеше да ги разликува радосните извици+ од плачењето на луѓето, зашто народот гласно извикуваше и викањето се слушаше многу далеку.
4 Кога противниците+ на Јуда и на Венијамин слушнаа дека повратниците од изгнанство+ му градат храм на Јехова, Богот на Израел, 2 веднаш им пристапија на Зоровавел+ и на поглаварите+ на родови и им рекоа: „И ние сакаме да градиме со вас,+ зашто, како и вие, го бараме вашиот Бог+ и нему му принесуваме жртви од времето на Есар-Адон,+ асирскиот цар, кој нѐ доведе тука“.+ 3 Но Зоровавел, Исус+ и останатите поглавари+ на родовите на Израел им одговорија: „Не е ваша работа да му градите со нас дом на нашиот Бог,+ туку ние сами ќе му градиме на Јехова, Богот на Израел, како што ни заповеда цар Кир,+ персискиот цар“.
4 Тогаш народот што беше во земјата* почна да го обесхрабрува+ народот на Јуда и да го одвраќа неговото срце од градењето.+ 5 И изнајмуваа+ советници да им ја попречат намерата во сите денови на Кир, персискиот цар, и така беше сѐ додека не завладеа Дариј,+ персискиот цар. 6 А кога завладеа Ахасвер, во почетокот на неговото владеење, напишаа тужба+ против жителите на Јуда и на Ерусалим. 7 И во деновите на Артаксеркс, Вислам, Митредат, Тавеил и останатите нивни другари му пишаа на персискиот цар Артаксеркс. Текстот на писмото беше преведен на арамејски+ јазик и напишан со арамејско писмо.
8 Реум, главниот управител во царството, и Симсај, писарот, му го напишаа на цар Артаксеркс следново писмо против Ерусалим — 9 имено, Реум,+ главниот управител во царството, и Симсај, писарот, и останатите нивни другари, судиите, нижите управители од онаа страна на Реката,*+ писарите,+ луѓето од Ерех,+ Вавилонците,+ жителите на Суза,*+ односно Еламците,+ 10 и останатите народи,+ кои големиот и славен Асенафар*+ ги одведе во изгнанство и ги насели по градовите на Самарија,+ и останатите од онаа страна на Реката... Значи, 11 ова е препис од писмото што го испратија:
„До царот Артаксеркс,+ твоите слуги, луѓето од онаа страна на Реката: И така, сега, 12 нека знае царот дека Евреите, кои од кај тебе стигнаа овде кај нас, дојдоа во Ерусалим. Тие го градат бунтовничкиот и зол град, ги обновуваат ѕидовите+ и ги поправаат темелите. 13 Нека знае царот: ако овој град повторно биде изграден и неговите ѕидови довршени, нема повеќе да плаќа ни данок,+ ни давачка,+ ни царина, па овој град ќе ѝ нанесува загуба на царската ризница.+ 14 А бидејќи примаме плата од дворецот,* не прилега да гледаме како му се нанесува срам на царот, и затоа го испраќаме ова писмо и му јавуваме на царот 15 дека треба да се истражат летописите+ на твоите предци. Во летописите ќе најдеш и ќе утврдиш дека овој град е бунтовнички град, дека им нанесува загуба на царевите и на покраините и дека во него се креваа бунтови од стари времиња. Токму затоа овој град беше опустошен.+ 16 Според тоа, го известуваме царот: ако овој град повторно биде изграден и неговите ѕидови довршени, тогаш повеќе нема да имаш свој дел од онаа страна на Реката“.+
17 Царот им испрати одговор на Реум,+ главниот управител во царството, и на Симсај, писарот, и на останатите нивни другари,+ кои живееја во Самарија, и на преостанатите од онаа страна на Реката:
„Мир да имате!+ Еве, 18 службениот спис што ни* го испративте беше јасно прочитан пред мене. 19 Затоа издадов наредба да се испита работата,+ и се утврди дека тој град од стари времиња се кревал против царевите и дека во него се кревале востанија и бунтови.+ 20 Моќни цареви+ царувале во Ерусалим и владееле над сѐ од онаа страна на Реката,+ и им се плаќало данок, давачка и царина.+ 21 Затоа сега, дајте наредба тие луѓе да престанат со работата, за да не го изградат повторно градот пред јас да наредам. 22 Кога го извршувате тоа, внимавајте да не направите некаков пропуст за да не се зголеми загубата, на штета на царевите“.+
23 И штом преписот од службениот спис на цар Артаксеркс беше прочитан пред Реум,+ пред писарот Симсај+ и пред нивните другари,+ тие брзо отидоа во Ерусалим кај Евреите и со вооружена сила ги спречија да работат.+ 24 Тогаш беше прекината работата на Божјиот дом во Ерусалим, и остана прекината сѐ до втората година од владеењето на Дариј,+ персискиот цар.
5 Пророкот Агеј+ и пророкот Захарија,+ внукот на Идо,+ им пророкуваа на Евреите што беа во Јуда и во Ерусалим, во името+ на Богот на Израел, кој беше со нив.+ 2 Тогаш станаа Зоровавел,+ синот на Салатиел,+ и Исус,+ синот на Јоседек, и почнаа повторно да го градат Божјиот дом во Ерусалим. Со нив беа Божјите пророци+ кои ги бодреа. 3 Во тоа време, дојдоа кај нив Татанај,+ управител од онаа страна на Реката,+ Сетар-Воснај и нивните другари и им рекоа вака: „Кој ви наредил да го градите овој дом и да ги поставувате овие греди?“+ 4 И уште им рекоа: „Како се викаат луѓето што ја градат оваа градба?“ 5 Но над еврејските старешини беше окото+ на нивниот Бог,+ така што тие не запреа со работата додека извештајот не стигна до Дариј и додека не се врати службен спис за тоа.
6 Ова е преписот+ од писмото што Татанај,+ управител од онаа страна на Реката,+ Сетар-Воснај+ и нивните другари,+ нижи управители од онаа страна на Реката, му го испратија на цар Дариј. 7 Му испратија извештај во кој пишуваше вака:
„До цар Дариј:
Ти посакувам мир во сѐ!+ 8 Нека знае царот дека отидовме во покраината+ Јуда, кај домот на великиот Бог,+ кој се гради од дотркалани* камења и во чии ѕидови се поставуваат греди. Таа работа ревносно се врши и напредува во нивни раце. 9 Тогаш ги прашавме тамошните старешини, велејќи им: ‚Кој ви наредил да го градите овој дом и да ги поставувате овие греди?‘+ 10 Ги прашавме и за нивните имиња, за да ти јавиме, и ги запишавме имињата на луѓето што предводат.+
11 А тие ни одговорија со овие зборови: ‚Ние сме слуги на Богот на небото и земјата,+ и го градиме овој дом кој веќе беше изграден пред многу години, кој го изгради и го доврши еден голем цар на Израел.+ 12 Но затоа што нашите татковци го раздразнија+ небесниот Бог, тој ги предаде+ во рацете на Навуходоносор,+ вавилонскиот цар, Халдеецот,+ и тој го разурна овој дом+ и го одведе народот во изгнанство во Вавилон.+ 13 Но во првата година на Кир,+ царот на Вавилон, цар Кир издаде наредба повторно да се изгради Божјиот дом.+ 14 Па и златните и сребрените садови+ на Божјиот дом, кои Навуходоносор ги однесе од храмот во Ерусалим и ги донесе во храмот во Вавилон,+ цар Кир+ ги зеде од храмот во Вавилон и му ги даде на човекот по име Сасавасар,*+ кого го постави за управител.+ 15 И му рече: „Земи ги овие садови,+ па оди и стави ги во храмот во Ерусалим, и Божјиот дом нека биде повторно изграден на своето место“.+ 16 Кога тој Сасавасар дојде, го положи темелот на Божјиот дом+ во Ерусалим. И од тогаш до денес се гради повторно, но уште не е довршен‘.+
17 А сега, ако му е по волја на царот, нека се истражи+ во царската ризница таму во Вавилон дали навистина цар Кир издал наредба+ повторно да се изгради Божјиот дом во Ерусалим, па царот нека ни ја испрати својата одлука за тоа“.
6 Тогаш цар Дариј издаде наредба да спроведат истрага во архивот+ на ризницата што е таму во Вавилон. 2 Во Екбатана, утврден град во покраината Медија,+ најдоа свиток во кој беше запишана следнава одлука:
3 „Во првата година на цар Кир,+ цар Кир издаде наредба за Божјиот дом во Ерусалим: домот повторно нека биде изграден како место на кое ќе се принесуваат жртви.+ Нека му бидат утврдени темелите и нека биде висок шеесет лакти* и широк шеесет лакти.+ 4 Нека има три реда дотркалани камења+ и еден ред дрва.+ Трошоците нека ги сноси царскиот дом.+ 5 Исто така, златните и сребрените садови+ од Божјиот дом, кои Навуходоносор+ ги однесе од храмот во Ерусалим и ги донесе во Вавилон, нека ги вратат и нека ги однесат во храмот кој е во Ерусалим на своето место и нека ги стават во Божјиот дом.+
6 А сега, Татанај,+ управителу од онаа страна на Реката,+ Сетар-Воснај,+ и вие, нивни другари, нижи управители+ од онаа страна на Реката, стојте подалеку од тоа место!+ 7 Дозволете да се работи на Божјиот дом.+ Еврејските управители и еврејските старешини нека го изградат повторно Божјиот дом на неговото место. 8 Еве, издавам наредба+ во врска со тоа како да постапувате со тие еврејски старешини за да се изгради повторно Божјиот дом. Од царската ризница+ за даноци од онаа страна на Реката нека им се плаќаат трошоците на тие луѓе без одлагање и непрестајно.+ 9 И што и да треба — јунци,+ овни+ и јагниња+ за жртвите паленици на небесниот Бог, пченица,+ сол,+ вино+ и масло+ — нека им се дава секој ден, според упатствата на свештениците во Ерусалим, 10 за да можат да му принесуваат+ успокојувачки жртви+ на небесниот Бог и да се молат за животот на царот и на неговите синови.+ 11 Освен тоа, издавам наредба: кој ќе ја прекрши+ оваа одредба, нему нека му извадат греда+ од куќата, па нека го обесат+ на неа, а неговата куќа, поради тоа, нека ја претворат во јавен нужник.+ 12 И Бог, кој направи неговото име+ да престојува таму, нека го собори секој цар и секој народ што ќе посегне со раката да ја прекрши оваа наредба и да го разори+ Божјиот дом во Ерусалим. Јас, Дариј, ја издавам оваа наредба. Да се изврши веднаш!“
13 Тогаш Татанај, управител од онаа страна на Реката,+ Сетар-Воснај+ и нивните другари веднаш направија така како што им заповеда цар Дариј. 14 А еврејските старешини+ градеа+ и напредуваа охрабрени од пророкувањето на Агеј,+ пророкот, и на Захарија,+ внукот на Идо.+ И довршија со изградбата по наредба на Богот на Израел+ и по наредба на Кир+ и Дариј+ и Артаксеркс,+ царот на Персија. 15 Го довршија овој дом на третиот ден од месецот адар,*+ а тоа беше во шестата година од владеењето на цар Дариј.
16 Синовите на Израел, свештениците и левитите+ и останатите повратници од изгнанство+ го отворија Божјиот дом радосно и свечено.+ 17 А на свеченоста по повод отворањето на Божјиот дом, принесоа сто јунци, двесте овни, четиристотини јагниња и, како жртва за грев за целиот Израел, дванаесет јарци, според бројот на племињата на Израел.+ 18 И ги поставија свештениците според нивните редови и левитите според нивните групи+ за да му служат на Бог во Ерусалим, како што е пропишано во книгата на Мојсеј.+
19 Повратниците од изгнанство ја прославија Пасхата+ на четиринаесеттиот ден од првиот месец.+ 20 А свештениците и левитите се очистија+ како еден, па сите беа чисти, и така ја заклаа пасхалната жртва+ за сите повратници од изгнанство, за своите браќа свештеници и за себеси. 21 Потоа синовите на Израел што се вратија од изгнанство јадеа+ со сите оние што се одвоија од нечистотијата+ на народите на таа земја и им се придружија за да го бараат Јехова, Богот на Израел.+ 22 И седум дена радосно го славеа Празникот на бесквасните лебови,+ зашто Јехова ги развесели и го обрна кон нив срцето+ на асирскиот цар за да им ги зајакне рацете во работата околу домот на вистинскиот Бог, Богот на Израел.
7 По тие настани, во времето на владеењето на персискиот цар Артаксеркс,+ Езра,+ синот на Сераја,+ син на Азарија, син на Хелкија,+ 2 син на Салум,+ син на Садок, син на Ахитув,+ 3 син на Амарија,+ син на Азарија,+ син на Мерајот,+ 4 син на Зерај,+ син на Озиј,+ син на Вукиј,+ 5 син на Ависуј,+ син на Финес,+ син на Елеазар,+ син на Арон,+ главниот свештеник+ — 6 тој Езра замина од Вавилон. Тој беше вешт препишувач+ на Мојсеевиот закон,+ кој го даде Јехова, Богот на Израел, и царот му даде сѐ што бараше, зашто раката на Јехова, неговиот Бог, беше над него.+
7 Некои од синовите на Израел, од свештениците,+ левитите,+ пејачите,+ вратарите+ и нетините+ отидоа во Ерусалим во седмата година на цар Артаксеркс.+ 8 Тој дојде во Ерусалим во петтиот месец, во седмата година на царот. 9 Првиот ден од првиот месец го одреди за поаѓање од Вавилон, а на првиот ден од петтиот месец стигна во Ерусалим, зашто добрата рака на неговиот Бог беше над него.+ 10 Езра го подготви своето срце+ да го истражува Јеховиниот закон,+ да постапува според него+ и да поучува+ во Израел за уредбите+ и за правдата.+
11 А ова е преписот од писмото што цар Артаксеркс му го даде на свештеникот Езра, препишувачот,+ кој ги препишуваше заповедите и уредбите кои Јехова му ги даде на Израел:
12 „Артаксеркс,+ царот над царевите,+ до свештеникот Езра, препишувачот на законот на небесниот Бог:+ Мир да имаш!+ Еве, 13 издадов наредба:+ секој од моето царство+ кој е од народот Израел и од неговите свештеници и левити, и кој сака да оди со тебе во Ерусалим, нека оди.+ 14 Зашто царот и неговите седум советници+ наредија да се испита+ како стојат работите во врска со Јуда и Ерусалим, во согласност со законот+ на твојот Бог,+ кој ти е во рацете, 15 и да се однесе среброто и златото што царот и неговите советници доброволно му го дадоа+ на Богот на Израел, кој престојува во Ерусалим,+ 16 и целото сребро и злато што ќе го собереш во целата вавилонска покраина заедно со дарот од народот+ и од свештениците, кои доброволно даваат за домот на својот Бог+ во Ерусалим. 17 И со тие пари веднаш купи јунци,+ овни,+ јагниња+ и нивните житни жртви+ и нивните жртви налевници,+ и принеси ги на жртвеникот во домот на вашиот Бог+ во Ерусалим.+
18 А со среброто и златото што ќе преостане, ти и твоите браќа направете така како што сметате дека е добро,+ направете според волјата+ на вашиот Бог.+ 19 И сите садови+ што ги доби за служба во домот на твојот Бог, предај ги пред Бог во Ерусалим.+ 20 И сѐ што ќе треба уште за домот на твојот Бог, а што би требало да се набави, плати го од царската ризница.+
21 Јас, цар Артаксеркс, им издадов наредба+ на сите ризничари+ од онаа страна на Реката:+ сѐ што свештеникот Езра,+ препишувачот на законот на небесниот Бог, ќе побара од вас, да му се издаде без одлагање, 22 и до сто таланти*+ сребро, до сто кора*+ пченица, до сто бата*+ вино,+ до сто бата масло,+ а сол+ неограничено. 23 Нека се изврши со сета ревност+ сѐ што небесниот Бог+ ќе нареди+ за домот на небесниот Бог, за да не дојде гнев врз царевото царство и врз неговите синови.+ 24 И уште ви давам до знаење дека на ниеден свештеник,+ левит,+ музичар,+ вратар,+ нетин+ или на оној што работи на Божјиот дом не смее да му се наметне ниту данок, ниту давачка,+ ниту царина.+
25 А ти, Езра, според мудроста+ на твојот Бог која ти е дадена, постави познавачи на законот и судии за да му судат+ на целиот народ од онаа страна на Реката, на сите што ги познаваат законите на твојот Бог. А кој не ги знае, него поучете го.+ 26 И кој нема да се држи за законот на твојот Бог+ и за законот на царот, над него веднаш нека се изврши пресуда, било со смрт,+ било со протерување,+ било со парична казна,+ било со затвор“.
27 Нека е благословен Јехова, Богот на нашите прататковци,+ кој му го даде сето тоа на царот во срцето+ за да се украси+ Јеховиниот дом во Ерусалим! 28 И ми покажа милост*+ така што ја стекнав наклоноста на царот и на неговите советници+ и на сите моќни царски кнезови. И јас добив сила, зашто раката+ на Јехова, мојот Бог, беше над мене, па ги собрав поглаварите на Израел за да појдат со мене.
8 А ова се поглаварите на родови+ и ова е родословниот запис+ на оние што појдоа со мене од Вавилон во времето кога владееше цар Артаксеркс:+ 2 од синовите на Финес+ — Гирсом; од синовите на Итамар+ — Даниел;+ од синовите на Давид+ — Хатус; 3 од синовите на Сеханија и од синовите на Фарос+ — Захарија, и со него запишаните сто и педесет мажи; 4 од синовите на Фат-Моав+ — Елио-Енај, синот на Зерај, и со него двесте мажи; 5 од синовите на Зату+ — Сеханија, синот на Јазиел, и со него триста мажи; 6 од синовите на Адин+ — Евед, синот на Јонатан, и со него педесет мажи; 7 од синовите на Елам+ — Јесаја, синот на Аталија, и со него седумдесет мажи; 8 од синовите на Сефатија+ — Зевадија, синот на Михаел, и со него осумдесет мажи; 9 од синовите на Јоав — Авдија, синот на Јеил, и со него двесте и осумнаесет мажи; 10 од синовите на Вани*+ — Селомит, синот на Јосифија, и со него сто и шеесет мажи; 11 од синовите на Вевај — Захарија, синот на Вевај,+ и со него дваесет и осум мажи; 12 од синовите на Азгад+ — Јоанан, синот на Акатан, и со него сто и десет мажи; 13 последните од синовите на Адоникам,+ по име: Елифелет, Јејел и Семаја, и со нив шеесет мажи; 14 и од синовите на Вигвај+ — Утај и Завуд, и со нив седумдесет мажи.
15 И ги собрав кај реката+ што тече во Ахава.+ На тоа место бевме улогорени три дена за да ги прегледам народот+ и свештениците,+ но таму не најдов ниту еден од левитите.+ 16 Затоа испратив да ги повикаат поглаварите Елиезер, Ариел, Семаја, Елнатан, Јарив, Елнатан, Натан, Захарија и Месулам, како и учителите+ Јојарив и Елнатан. 17 И им дадов заповед во врска со Идо, поглаварот во местото Касифија, и им ги ставив во уста зборовите+ што ќе му ги кажат на Идо и на неговите браќа нетини+ во местото Касифија, за да ни доведат слуги+ за домот на нашиот Бог. 18 И бидејќи добрата рака+ на нашиот Бог беше над нас, ни доведоа разборит+ човек од синовите на Махли,+ внук на Леви,+ синот на Израел, имено Серевија+ и неговите синови и неговите браќа, вкупно осумнаесет, 19 и уште Асавија и со него Јесаја од синовите на Мерариј,+ неговите браќа и нивните синови, вкупно дваесет. 20 А од нетините, кои Давид и кнезовите им ги дадоа во служба на левитите, двесте и дваесет нетини, сите одредени по име.
21 Тогаш таму, на реката Ахава, објавив пост за да се понизиме+ пред нашиот Бог и од него да бараме да ни го покаже правиот пат+ за нас, за нашите деца+ и за сите наши добра. 22 Зашто, ми беше срам да побарам од царот војска+ и коњаници+ за да нѐ штитат по патот од непријателите, бидејќи на царот му рековме: „Раката+ на нашиот Бог е над сите оние што го бараат, за нивно добро,+ а неговата сила и неговиот гнев+ ги снаоѓаат сите што го оставаат“.+ 23 Затоа постевме+ и му се молевме+ на својот Бог за тоа, и тој ја услиши+ нашата молитва.
24 Тогаш од свештеничките поглавари одвоив дванаесетмина: Серевија,+ Асавија,+ и со нив десет нивни браќа. 25 И им го измерив среброто, златото и предметите,+ прилогот за домот на нашиот Бог што го дадоа царот,+ неговите советници,+ неговите кнезови и сите Израелци+ што ги најдовме во тој крај. 26 И им измерив на рака шестстотини и педесет таланти* сребро,+ сто сребрени предмети во вредност од два таланти, сто таланти злато, 27 дваесет златни чаши во вредност од илјада дарици* и два предмета од добар сјајноцрвен бакар, скапоцен како златото.
28 Потоа им реков: „Вие сте свети+ пред Јехова и овие предмети+ се свети, и ова сребро и злато се доброволен принос на Јехова, Богот на вашите прататковци. 29 Добро чувајте го тоа додека не го измерите+ пред свештеничките поглавари и пред левитите и пред кнезовите на Израеловите татковци во Ерусалим, во трпезариите+ на Јеховиниот дом“. 30 И така свештениците и левитите ги примија измереното сребро, злато и предметите, за да ги однесат во Ерусалим, во домот на нашиот Бог.+
31 И тргнавме од реката Ахава+ на дванаесеттиот ден од првиот месец+ за да отидеме во Ерусалим, а раката на нашиот Бог беше над нас и тој нѐ избави+ од раката на непријателите и од заседата на патот. 32 Така стигнавме во Ерусалим+ и останавме таму три дена. 33 А на четвртиот ден му ги измеривме среброто, златото+ и предметите+ во домот на нашиот Бог на рака на Меремот,+ синот на свештеникот Урија, со кого беше Елеазар, синот на Финес, а со нив беа и левитите Јозавад,+ синот на Исус, и Ноадија, синот на Винуј.+ 34 Кога беше сѐ изброено и измерено, беше запишана вкупната тежина. 35 Оние што дојдоа од заробеништво, повратници од изгнанство,+ му принесоа жртви+ паленици на Богот на Израел: дванаесет јунци+ за целиот Израел, деведесет и шест овни,+ седумдесет и седум машки јагниња, дванаесет јарци+ како жртва за грев — сето тоа како жртва паленица за Јехова.
36 Потоа, им ги предадовме царските заповеди+ на царските сатрапи*+ и на управителите+ од онаа страна на Реката,*+ и тие го поддржуваа народот+ и домот на вистинскиот Бог.
9 А кога се заврши сето тоа, ми пристапија кнезовите+ и рекоа: „Израелскиот народ, свештениците и левитите не се одвоија+ од другите народи* и од нивните гадотии,+ имено од Ханаанците,+ Хетејците,+ Ферезејците,+ Евусејците,+ Амонците,+ Моавците,+ Египќаните+ и Аморејците.+ 2 Зашто, за себе и за своите синови+ ги земаа нивните ќерки, и така тие, светиот род,+ се смешаа+ со другите народи, а раката на кнезовите и на намесниците предводеше+ во таа неверност“.
3 Кога го чув тоа, си ги раскинав облеката+ и наметката и почнав да си ги кубам косите+ и брадата, и седев длабоко потресен.+ 4 И сите што трепереа+ поради зборовите на Богот на Израел, кои тој ги кажа против неверноста на оние што се вратија од изгнанство, се собраа околу мене додека седев вчудовиден сѐ до вечерната житна жртва.+
5 А при вечерната житна жртва,+ станав од своето понижување и, со раскината облека и наметка, паднав на колена+ и ги раширив рацете кон Јехова, мојот Бог.+ 6 И реков:+ „О Боже мој! Се срамам+ и непријатно ми е+ да го подигнам лицето кон тебе, Боже мој! Зашто, нашите престапи+ се намножија до преку глава и нашата вина нарасна до небото.+ 7 Од времето на нашите прататковци+ до денес сме во голема вина,+ и поради нашите престапи бевме предадени ние, нашите цареви+ и нашите свештеници+ во рацете на земските цареви на меч,+ во заробеништво,+ како плен+ и во срам,+ како што е тоа и денес. 8 А сега, за миг, Јехова, Боже наш, ти ни покажуваш милост,+ па ни ги остави преживеаните+ и ни даде засолниште* во твоето свето место за да ни подариш сјај во очите,+ Боже наш, и да ни дадеш малку живот во нашето ропство.+ 9 Зашто, ние сме слуги,+ но ти, Боже наш, не нѐ остави+ во нашето ропство, туку ни покажуваш милост,* па ја стекнавме наклоноста на царевите на Персија,+ ни даваш живот за да го подигнеме за тебе домот,+ Боже наш, и да ги обновиме неговите урнатини,+ и нѐ штитиш со каменен ѕид+ во Јуда и во Ерусалим.
10 И што да кажеме сега, Боже наш, по ова што се случи? Зашто, ги оставивме твоите заповеди+ 11 што ги даде преку своите слуги, пророците, велејќи: ‚Земјата во која одите за да ја заземете е нечиста земја поради нечистотијата на народите* што се во неа,+ поради нивните гадотии+ со кои ја наполнија од крај до крај+ во својата нечистотија.+ 12 Затоа не давајте им ги своите ќерки на нивните синови+ и не земајте ги нивните ќерки за своите синови. Никогаш немојте да придонесувате ниту за нивниот мир+ ниту за нивната благосостојба, за да станете силни+ и да го јадете она што е добро во таа земја и да ја заземете за своите синови за навек‘.+ 13 И по сето она што нѐ снајде поради нашите лоши дела+ и поради нашата голема вина — зашто ти, Боже наш, ја намали тежината на нашиот престап+ и ни ги даде овие преживеани+ — 14 зар пак ќе ги кршиме твоите заповеди и ќе склучуваме бракови+ со народите што прават такви гадости?+ Нема ли толку да се разгневиш+ на нас што никој нема ниту да остане+ ниту да преживее? 15 Јехова, Боже на Израел, ти си праведен,+ зашто останавме и преживеавме, како што се гледа денес. Еве нѐ пред тебе со својата вина,+ макар што со ваква вина не можеме да стоиме пред тебе“.+
10 Кога Езра се помоли+ и ги призна гревовите,+ плачејќи и лежејќи+ пред домот+ на вистинскиот Бог, околу него се собраа големо мноштво Израелци, мажи, жени и деца, и народот плачеше горко. 2 Тогаш Сеханија, синот на Јеил,+ од синовите на Елам,+ му одговори на Езра: „Ние постапивме неверно кон нашиот Бог со тоа што си зедовме жени туѓинки од другите народи.*+ Но, сѐ уште има надеж+ за Израел. 3 Сега да склучиме сојуз+ со нашиот Бог: ветуваме дека, според одлуката на Јехова, нашиот Бог, и на оние што се плашат+ од неговите заповеди,+ ќе ги отпуштиме+ сите жени туѓинки и децата што ги родија, за да се постапи според законот.+ 4 Стани, зашто тоа е твоја должност, а ние ќе бидеме со тебе. Биди силен и фати се за работа!“
5 Тогаш Езра стана и ги заколна+ свештеничките поглавари, левитите и сите Израелци да направат така како што беше речено. И тие се заколнаа. 6 Тогаш Езра стана пред домот на вистинскиот Бог и отиде во трпезаријата+ на Јоанан, синот на Елијасив. Иако отиде таму, ниту јадеше леб+ ниту пиеше вода, зашто тагуваше+ поради неверноста на оние што се вратија од изгнанство.
7 Потоа упатија повик по целата земја на Јуда и по Ерусалим да се соберат во Ерусалим сите повратници од изгнанство.+ 8 А кој нема да дојде+ во рок од три дена, според одлуката на кнезовите+ и на старешините, нему ќе му биде запленет+ целиот имот,* а тој ќе биде одвоен+ од заедницата на оние што се вратија од изгнанство. 9 Така сите луѓе од Јуда и Венијамин се собраа за три дена во Ерусалим, имено во деветтиот месец,+ на дванаесеттиот ден од тој месец. И целиот народ седеше на отворено пред домот на вистинскиот Бог, тресејќи се од сето тоа што се беше случило и од дождот.+
10 Најпосле, свештеникот Езра стана и им рече: „Вие постапивте неверно со тоа што зедовте жени туѓинки,+ и така ја зголемивте вината на Израел.+ 11 А сега признајте му го гревот+ на Јехова, Богот на вашите прататковци, и извршете ја неговата волја+ и одвојте се од другите народи и од жените туѓинки“.+ 12 Тогаш целата заедница одговори со силен глас: „Ќе направиме така како што ни рече.+ 13 Но има многу луѓе, а сега времето е дождливо и не се стои надвор. Освен тоа, таа работа не може да се заврши за ден-два, зашто згрешивме во голема мера. 14 Затоа, сега те молиме, нашите кнезови+ да ја застапуваат целата заедница и сите од нашите градови, кои си зеле жени туѓинки, нека дојдат во одреденото време, и со нив старешините и судиите од секој град, сѐ додека не го одвратиме од себе гневот на нашиот Бог кој пламна против нас“.
15 Меѓутоа, Јонатан, синот на Асаил, и Јазија, синот на Текуја, се спротивставија,+ а нив ги поддржуваа левитите Месулам и Саветај.+ 16 И повратниците од изгнанство+ направија така како што беше речено. Свештеникот Езра и родовските поглавари по домовите на своите татковци,+ сите по име, се одвоија и почнаа да заседаваат на првиот ден од десеттиот месец+ за да испитаат сѐ.+ 17 И до првиот ден од првиот месец завршија со сите оние што си имаа земено жени туѓинки.+ 18 А се утврди дека и некои синови на свештениците+ имаа земено жени туѓинки: од синовите на Исус,+ синот на Јоседек,+ и од неговите браќа: Маасија, Елиезер, Јарив и Гедалија. 19 Тие подадоа рака и така ветија дека ќе ги отпуштат своите жени и дека, затоа што се виновни,+ ќе принесат овен+ од стадото за својата вина.
20 Од синовите на Имер:+ Ананиј и Зевадија; 21 од синовите на Харим:+ Маасија, Илија, Семаја, Јеил и Озија; 22 од синовите на Пасхор:+ Елиоенај, Маасија, Исмаел, Нетанел, Јозавад и Елеаса. 23 Од левитите: Јозавад, Симеј, Келаја (односно Келита), Фетахија, Јуда и Елиезер; 24 од пејачите: Елијасив; од вратарите: Салум, Телем и Уриј.
25 А од Израел, од синовите на Фарос:+ Рамија, Језиј, Малхија, Мијамин, Елеазар, Малхија и Венај; 26 од синовите на Елам:+ Матанија, Захарија, Јеил,+ Авдиј, Јеремот и Илија; 27 од синовите на Зату:+ Елиоенај, Елијасив, Матанија, Јеремот, Завад и Азиза; 28 од синовите на Вевај:+ Јоанан, Ананија, Завај и Атлај; 29 од синовите на Вани: Месулам, Малух, Адаија, Јасув, Сеал и Јеремот; 30 од синовите на Фат-Моав:+ Адна, Хелал, Венај, Маасија, Веселеил, Винуј и Манасија; 31 од синовите на Харим:+ Елиезер, Есија, Малхија,+ Семаја и Симеон, 32 Венијамин, Малух и Семарија; 33 од синовите на Асум:+ Матенај, Матата, Завад, Елифелет, Јеремај, Манасија и Симеј; 34 од синовите на Вани: Маадај, Амрам и Уил, 35 Венај, Ведеј, Хелу, 36 Ванија, Меремот, Елијасив, 37 Матанија, Матенај и Јаасај; 38 од синовите на Винуј: Симеј, 39 Селемија, Натан, Адаија, 40 Махнадевај, Сасај, Сарај, 41 Азареил, Селемија, Семарија, 42 Салум, Амарија и Јосиф; 43 од синовите на Нево: Јејел, Матитиј, Завад, Зевина, Јадај, Јоил и Венај. 44 Сите тие си беа зеле жени туѓинки,+ но ги отпуштија и жените и нивните синови.
Буквално: „духот“.
Буквално: „духот“.
Во Не 7:7 „Азарија“.
Во Не 7:7 „Рамиј“.
Во Не 7:7 „Мисперет“.
Во Не 7:7 „Неум“.
Во Не 7:15 „Винуј“.
Во Не 10:16 „Адонија“.
Во Не 7:24 „Ариф“.
Во Не 7:25 „Гаваон“.
Во Не 7:33 „од другото Нево“.
Во Не 7:54 „Васлит“.
Во Не 7:57 „Ферида“.
Во Не 7:59 „Амон“.
Персиска титула за управител на покраина.
Види ја фуснотата за 2Мо 28:30.
Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Општо се прифаќа дека драхмата е еднаква со златниот персиски дарик, кој тежел 8,4 грама. Оваа драхма се разликува од онаа што се спомнува во грчките книги на Библијата. Види го додатокот 13.
Една мина тежела 570 грама. Оваа мина се разликува од онаа што се спомнува во грчките книги на Библијата. Види го додатокот 13.
Буквално: „од народите од земјите“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).
Во 2:40 „Одавија“, а во Не 7:43 „Одева“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Односно Еуфрат.
Или: „Суса“.
Односно Асурбанипал.
Буквално: „Бидејќи ја јадеме солта од дворецот“.
Или: „ми“. Множината е употребена за да се нагласи величието.
Тоа биле големи камења, кои биле претешки за носење.
Околу 27 метри. Види го додатокот 13.
Или: „лунарниот месец адар“. Види го додатокот 14.
Види го додатокот 13.
Еден кор е 220 литри. Види го додатокот 13.
Еден бат е 22 литри. Види ги фуснотатата за Езе 45:11 и додатокот 13.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Види ја фуснотата за Езр 2:10.
Еден талант тежел 34,2 килограми. Види го додатокот 13.
Персиски златник кој тежел 8,4 грама. Види го додатокот 13.
Назив за намесниците кои управувале со покраините.
Односно Еуфрат.
„Другите народи“ (и во 2. стих) — буквално: „народите од земјите“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).
Буквално: „ни даде клин“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „народите од земјите“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).
„Другите народи“ (и во 11. стих) — буквално: „народите од земјата“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).
Или: „целиот негов имот ќе биде херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.