ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt Неемија 1:1-13:31
  • Неемија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Неемија
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Неемија

Неемија

1 Зборови на Неемија,+ синот на Ахалија. Ова се случи во месецот кислев,*+ во дваесеттата+ година, кога бев во тврдината Суза.+ 2 Дојде Ананиј,+ еден од моите браќа, а со него уште некои луѓе од Јуда. И ги прашав+ за преживеаните+ Евреи,+ за остатокот што се врати од заробеништво+ и за Ерусалим. 3 А тие ми одговорија: „Остатокот, кој се врати од заробеништво и е таму во покраината,+ е во многу тешка ситуација+ и во срам.+ Ерусалимскиот ѕид+ е разурнат, а портите+ се со оган изгорени“.

4 Штом ги слушнав тие зборови, седнав и заплакав. И тагував со денови, постев+ и му се молев на небесниот Бог.+ 5 И реков: „О Јехова, Боже небесен, Боже Велики, ти кој влеваш страв,+ го чуваш сојузот+ и им покажуваш милост* на оние што те сакаат+ и ги држат твоите заповеди!+ 6 Те молам, твоето уво нека слуша внимателно+ и твоите очи нека бидат отворени за да ја чуеш молитвата на твојот слуга,+ со која сега ти се молам тебе цел ден и цела ноќ+ за синовите на Израел, твоите слуги, и ти ги признавам+ гревовите+ на синовите на Израел со кои ти згрешивме. Згрешивме и јас и домот на мојот татко.+ 7 Да, правевме зло пред тебе+ и не ги држевме заповедите,+ уредбите+ и законите+ што му ги даде на Мојсеј, твојот слуга.+

8 Те молам, сети се+ на зборовите што му ги заповеда на Мојсеј, твојот слуга: ‚Ако постапувате неверно, јас ќе ве расеам меѓу народите.+ 9 А кога потоа ќе ми се вратите+ и ќе почнете да ги држите моите заповеди+ и да постапувате според нив,+ дури и некои од вас да се расеани до крајот на небото, оттаму ќе ги соберам+ и ќе ги одведам+ на местото што го избрав за таму да престојува моето име‘.+ 10 А тие се твои слуги+ и твој народ,+ кој го откупи со својата голема сила+ и со својата силна рака.+ 11 О Јехова, те молам, твоето уво нека ја слуша внимателно молитвата на твојот слуга и молитвата+ на твоите слуги, кои од сѐ срце се бојат од твоето име.+ Те молам, помогни му денес на својот слуга да успее+ и направи тој да најде милост пред овој човек“.+

А јас му бев пехарник+ на царот.

2 Во месецот нисан,*+ во дваесеттата+ година на цар Артаксеркс,+ пред него стоеше вино. Јас, како и обично, го зедов виното и му го дадов на царот.+ Но никогаш порано не сум бил тажен пред него.+ 2 Затоа царот ме праша: „Зошто ти е тажно лицето,+ а не си болен? Тоа не е ништо друго освен тага во срцето“.+ А јас многу се исплашив.

3 И му реков на царот: „Нека е жив царот довека!+ Како да не ми е тажно лицето кога градот+ во кој се гробовите на моите прататковци+ е опустошен, а портите му се изгорени со оган?“+ 4 А царот ми одговори: „Значи, што бараш?“+ Во тој час му се помолив+ на небесниот Бог,+ 5 а потоа му реков на царот: „Ако му е по волја на царот+ и ако ти е мил твојот слуга,+ испрати ме во Јуда, во градот во кој се гробовите на моите прататковци, за да го обновам“.+ 6 А царот ме праша пред својата жена, царицата, која седеше покрај него: „Колку ќе трае твоето патување и кога ќе се вратиш?“ И кога му го наведов времето,+ на царот му беше по волја+ да ме пушти.

7 И уште му реков на царот: „Ако му е по волја на царот, нека ми бидат дадени писма+ за управителите+ од онаа страна на Реката*+ за да ме пуштат да поминувам додека не стигнам во Јуда, 8 а и писмо за Асаф, чуварот на царската шума, да ми даде дрва за изградба на портите на Тврдината*+ покрај храмот,+ за градскиот ѕид+ и за куќата во која ќе живеам јас“. И царот ми ги даде, зашто добрата рака на мојот Бог беше над мене.+

9 И така дојдов кај управителите+ од онаа страна на Реката и им ги дадов писмата од царот. А царот испрати со мене и воени заповедници и коњаници. 10 Кога слушнаа за тоа, на Санавалат,+ Оронецот,+ и на слугата Товиј,+ Амонецот,+ им стана многу одвратно+ тоа што дошол човек да се погрижи за доброто на Израеловите синови.

11 Најпосле дојдов во Ерусалим и таму останав три дена. 12 Потоа станав ноќе, јас и неколку луѓе со мене, но никому не му кажав+ што ми беше ставил мојот Бог во срцето да направам за Ерусалим.+ А немав друго животно освен она на кое јавав. 13 И излегов ноќе низ Долинската Порта+ кон Изворот на Големата змија, па кон Портата на Буништето,*+ и притоа ги прегледував ѕидовите+ на Ерусалим кои беа урнати и неговите порти+ кои беа изгорени со оган. 14 И отидов понатаму до Изворската Порта+ и до Царевото Езерце, но таму немаше место да помине животното на кое јавав. 15 Сепак продолжив ноќта да се искачувам по угорнината што се издигаше од долината*+ и да го прегледувам ѕидот. Потоа се вратив и влегов низ Долинската Порта,+ и така се вратив назад.

16 А намесниците+ не знаеја каде сум бил и што сум правел, зашто дотогаш им немав кажано ништо ниту на Евреите, ниту на свештениците, ниту на достоинствениците, ниту на намесниците, ниту на останатите кои ја извршуваа работата. 17 Најпосле им реков: „Гледате дека сме во тешка состојба: Ерусалим е опустошен, а портите му се изгорени со оган. Ајде да го обновиме ерусалимскиот ѕид за повеќе да не бидеме за потсмев“.+ 18 И им раскажав како добрата рака+ на мојот Бог беше над мене,+ а им ги пренесов и зборовите што ми ги кажа царот.+ А тие рекоа: „Да станеме и да градиме!“ И така ги зајакнаа своите раце за доброто дело.+

19 А кога го слушнаа тоа, Санавалат+ Оронецот и слугата+ Товиј+ Амонецот+ и Гисем+ Арабјанецот+ почнаа да ни се потсмеваат+ и да ни зборуваат со презир: „Што правите? Зар се буните против царот?“+ 20 А јас им одговорив: „Небесниот Бог+ е Тој што ќе ни даде успех,+ а ние, неговите слуги, ќе станеме и ќе градиме. Но вие немате ни дел,+ ни право, ниту спомен+ во Ерусалим“.

3 Тогаш станаа првосвештеникот Елијасив+ и неговите браќа, свештеници, и почнаа да ја градат Овчата Порта.+ Ја посветија+ и ѝ ги ставија крилата, го посветија тој дел од ѕидот дури до Кулата Меја+ и до кулата на Ананел.+ 2 До нив градеа луѓето од Ерихон,+ а до нив градеше Захур, синот на Имри.

3 А Рибната Порта+ ја градеа синовите на Асенај. Изработија рамка од дрво,+ а потоа ги поставија крилата на портата,+ клиновите и резињата.+ 4 До нив поправаше Меремот,+ синот на Урија,+ син на Акос, а до него поправаше Месулам,+ синот на Верехија, син на Месезавел, а до него поправаше Садок, синот на Вана. 5 До него поправаа Текојците,+ но нивните угледни луѓе+ не го наведнаа вратот за да им служат на своите господари.

6 Портата на стариот град+ ја поправаа Јојад, синот на Фасеј, и Месулам, синот на Весодија. Тие ја изработија рамката од дрво, а потоа ги поставија крилата на портата, клиновите и резињата.+ 7 До нив поправаа Мелатија Гаваонецот+ и Јадон Меронотецот,+ луѓе од Гаваон+ и Миспа,+ кои беа под власта на управителите+ од онаа страна на Реката.+ 8 До нив поправаше Узиел, синот на Арахија, еден од златарите,+ а до него поправаше Ананија, еден од мироварците.+ Тие го поплочија Ерусалим дури до Широкиот Ѕид.+ 9 А до нив поправаше Рефаија, синот на Ор, кнез на половина ерусалимски округ. 10 До него поправаше Једај, синот на Арумаф, пред својата куќа,+ а до него поправаше Хатус, синот на Асавниј.

11 Друг дел, кој беше одреден со мерење, вклучувајќи ја и Кулата на Фурните,+ поправаа Малхија, синот на Харим,+ и Асув, синот на Фат-Моав.+ 12 До нив поправаше Салум, синот на Алоес, кнез+ на половина ерусалимски округ, тој и неговите ќерки.

13 Долинската Порта+ ја поправаа Анун и жителите на Заноја.+ Тие ја изградија, а потоа ѝ ги поставија крилата,+ клиновите+ и резињата.+ Освен тоа изградија и ѕид од илјада лакти,* дури до Портата на Буништето.+ 14 А Портата на Буништето ја поправаше Малхија, синот на Рихав, кнез на округот Вет-Акерем.+ Тој ја изгради и ѝ ги постави крилата, клиновите и резињата.

15 А Изворската Порта+ ја поправаше Салун, синот на Колхозеј, кнез на округот Миспа.+ Тој ја изгради, ја покри и ѝ ги постави крилата,+ клиновите и резињата. Освен тоа, изгради ѕид кај Каналското Езерце+ покрај Царевата Градина+ до Скалиштето+ што слегува од Давидовиот град.+

16 По него поправаше Неемија, синот на Азвук, кнез на половина округ Вет-Сур,+ дури до местото спроти Давидовите гробници+ и до вештачкото езерце+ и до Куќата на Јунаците.+

17 По нив поправаа левитите:+ Реум, синот на Вани,+ а до него за својот округ поправаше Асавија, кнез на половина кеилски+ округ. 18 По нив поправаа нивните браќа, Вавај, синот на Инадад, кнез на половина кеилски округ.

19 А до него Есер, синот на Исус,+ кнез на Миспа,+ поправаше друг дел спроти угорнината по која се оди до Оружарницата кај Потпората.*+

20 По него Варух, синот на Завај,+ марливо работеше+ и го поправаше натамошниот дел, од Потпората до влезот во куќата на првосвештеникот Елијасив.+

21 По него Меремот, синот на Урија,+ син на Акос, поправаше натамошен дел, од влезот во куќата на Елијасив до крајот на куќата на Елијасив.

22 По него поправаа свештениците, луѓе од Јорданската Долина.*+ 23 По нив поправаа Венијамин и Асув, пред своите куќи. По нив поправаше Азарија, синот на Маасија, син на Ананија, до својата куќа. 24 По него Винуј, синот на Инадад, поправаше натамошен дел, од куќата на Азарија до Потпората+ и до аголот.

25 По него Фалал, синот на Узај, поправаше спроти Потпората и горната кула, која се издигнува над царскиот дворец,+ а се наоѓа покрај стражарскиот двор.+ По него беше Федаија, синот на Фарос.+

26 А нетините*+ што живееја на Офел+ поправаа дури до местото спроти Водната Порта+ на исток и до издадената кула.

27 По нив Текојците+ поправаа друг дел, од спроти големата издадена кула до ѕидот на Офел.

28 Погоре од Коњската Порта+ поправаа свештениците, секој пред својата куќа.

29 По нив поправаше Садок,+ синот на Имер, пред својата куќа.

По него поправаше Семаја, синот на Сеханија, чувар на Источната Порта.+

30 По нив Ананија, синот на Селемија, и Анун, шестиот син на Салаф, поправаа друг дел.

По нив поправаше Месулам,+ синот на Верехија, спроти својата соба.

31 По него Малхија, кој беше член на златарското здружение,+ поправаше дури до куќата на нетините+ и трговците,+ спроти Надгледувачката Порта, и до горната соба на аголот.

32 А меѓу горната соба на аголот и Овчата Порта+ поправаа златарите и трговците.

4 А кога слушна дека го обновуваме ѕидот, Санавалат+ се разгневи+ и многу се разлути. Им се потсмеваше+ на Евреите 2 и вака рече пред своите браќа+ и пред самариската војска: „Што прават тие бедни Евреи? Зарем мислат дека ќе успеат? Ќе принесуваат ли жртви?+ Ќе завршат ли сѐ во еден ден? Ќе ги оживеат ли изгорените камења од купиштата прав?“+

3 А Товиј+ Амонецот+ стоеше покрај него и рече: „Само нека градат! Лисица+ да се залета во камениот ѕид што го градат, ќе го урне“.

4 Чуј,+ Боже наш, како нѐ презираат!+ Нивното потсмевање+ сврти го на нивна глава и предај ги како плен и нека станат заробеници во туѓа земја. 5 Немој да го покриваш нивниот престап+ и немој да го бришеш од пред себе нивниот грев, зашто ги навредуваат градителите.

6 И така продолживме да го градиме ѕидот, и наскоро целиот ѕид беше довршен до половина. А народот и понатаму имаше волја за работа.+

7 Кога слушнаа дека напредува поправањето на ерусалимските ѕидови и дека почнале да ги затвораат на нив урнатите места, Санавалат,+ Товиј,+ Арабјаните,+ Амонците+ и жителите на Азот+ многу се разгневија. 8 И сите заедно сковаа заговор+ да дојдат и да се борат против Ерусалим и да ме вознемируваат. 9 Но ние му се молевме+ на својот Бог и поради нив поставувавме стража дење и ноќе.

10 А оние од Јуда велеа: „Носачите+ ги издава силата, а урнатини+ има многу. Не можеме повеќе да го градиме ѕидот“.

11 Освен тоа, нашите непријатели велеа: „Нема ни да знаат+ ни да видат дури не дојдеме меѓу нив, па ќе ги испоубиеме и ќе ја запреме работата“.

12 А секојпат кога ќе дојдеа Евреите што живееја во нивна близина, по десет пати ќе ни речеа: „Ќе дојдат непријатели од сите краишта во кои ние живееме, а во кои вие ќе се вратите“.

13 Затоа поставив луѓе на најниските места зад ѕидот, на изложените места, ги поставив според нивните семејства, со мечеви,+ копја+ и лакови. 14 Штом видов дека се плашат, станав и им реков на достоинствениците,+ на намесниците+ и на останатиот народ: „Не плашете се+ од нив! Мислете на Јехова, великиот+ Бог кој влева страв,+ и борете се за своите браќа,+ за своите синови и ќерки, за своите жени и за своите домови!“

15 А нашите непријатели слушнаа дека сме дознале за тоа — бидејќи вистинскиот Бог ја спречи нивната намера,+ и сите се вративме кај ѕидот, секој на својата работа — 16 и од тој ден, половина од моите момци+ ја вршеа работата, а половина носеа копја, штитови лакови и оклопи.+ А кнезовите+ стоеја зад целиот дом на Јуда. 17 Оние што го градеа ѕидот и оние што носеа товари, со едната рака работеа, а со другата држеа копје.+ 18 И секој градител имаше меч опашан на колковите,+ и така градеше,+ а оној што дуваше во рог+ стоеше покрај мене.

19 Јас им реков на достоинствениците, на намесниците+ и на останатиот народ: „Работата е голема и обемна, а ние сме распрснати по ѕидот, далеку еден од друг. 20 Од кое место ќе го чуете звукот на рогот, таму соберете се кај нас. Нашиот Бог ќе се бори за нас“.+

21 И додека ја вршевме работата, другата половина ги држеше копјата, од рани зори до првите ѕвезди. 22 Во тоа време уште му реков на народот: „Секој со својот слуга нека ноќева во Ерусалим.+ Ноќе нека ни чуваат стража, а дење нека работат“. 23 А јас,+ и моите браќа,+ и моите слуги+ и стражарите+ што ме придружуваа, не ги соблекувавме облеките и секој го држеше своето копје+ во десната рака.

5 И се крена голема викотница+ меѓу луѓето и нивните жени против нивните еврејски браќа.+ 2 Едните велеа: „Своите синови и ќерки ги даваме како залог за да набавиме жито, та да јадеме и да останеме живи“.+ 3 Други велеа: „Своите ниви, лозја и куќи ги даваме како залог+ за да набавиме жито додека трае овој глад“. 4 А имаше и такви што велеа: „Зедовме пари на заем заложувајќи ги своите ниви и лозја+ за да му платиме данок+ на царот. 5 А нашето тело е како и телото на нашите браќа,+ нашите синови се како и нивните синови, но ние мораме да ги даваме во ропство своите синови и ќерки,+ и некои наши ќерки веќе се робинки. Нашите раце се немоќни, зашто нашите ниви и лозја им припаѓаат на други“.

6 А јас многу се разлутив кога ја чув нивната викотница и тие нивни зборови. 7 Откако размислив, ги прекорив+ достоинствениците и намесниците: „Земате камати, и тоа лихварски,+ секој од својот брат“.

Потоа, свикав голем собир поради нив.+ 8 И им реков: „Ние сторивме сѐ што можевме за да ги откупиме+ нашите еврејски браќа што им беа продадени на други народи, па зар сега вие ќе ги продавате своите браќа,+ а ние повторно да ги откупуваме?“ Тогаш замолкнаа и не знаеја што да одговорат.+ 9 А јас продолжив: „Не е добро тоа што го правите.+ Зар не треба да одите во страв+ пред нашиот Бог+ за да не ни се потсмеваат+ народите, нашите непријатели?+ 10 И јас и моите браќа и моите слуги им даваме на заем пари и жито. Но, ве молам, да престанеме да даваме заем со камата!+ 11 Ве молам, уште денес вратете им ги нивните ниви,+ лозја, маслинарници и нивните куќи и стоти дел* од парите, од житото, од младото вино и од маслото што го земате од нив како камата“.

12 А тие одговорија: „Ќе им вратиме+ и ништо нема да бараме од нив.+ Ќе направиме точно така како што рече“.+ Тогаш ги повикав свештениците и ги натерав да се заколнат дека ќе постапат според тие зборови.+ 13 И откако ги истресов пазувите, реков: „Така вистинскиот Бог нека го истресе од неговата куќа и од неговиот стекнат имот секој човек што нема да се држи за овие зборови. Така нека биде истресен и нека остане без ништо!“ А целата заедница* рече: „Така нека биде!“+ И почнаа да го фалат Јехова.+ Народот постапи според тие зборови.+

14 Освен тоа, од денот кога ме постави за управител+ во земјата на Јуда, од дваесеттата+ до триесет и втората+ година на цар Артаксеркс,+ имено дванаесет години, ниту јас ниту моите браќа не јадевме управителски леб.+ 15 А претходните управители, моите претходници, му ставаа тежок товар на народот и секој ден земаа од него по четириесет сикли* сребро за леб и вино. А нивните слуги го угнетуваа народот.+ Но јас не постапував така+ од страв од Бог.+

16 Освен тоа, помогнав во работата+ околу овој ѕид. И сите мои слуги беа собрани таму на работа, но не стекнавме ниту една нива.+ 17 На мојата маса имаше сто и педесет Евреи и намесници, покрај оние што доаѓаа кај нас од околните народи.+ 18 И секојдневно за мене се готвеше по едно говедо, по шест одбрани овци и птици, а на секои десет дена се донесуваа различни вина+ во изобилство. При сето тоа, не барав управителски леб зашто службата на овој народ беше тешка. 19 Сети се на мене,+ Боже мој, по доброто,+ поради сето она што го направив за овој народ.+

6 А кога Санавалат,+ Товиј,+ Гисем+ Арабјанецот+ и останатите наши непријатели слушнаа дека сум го обновил ѕидот+ и дека на него не остана ниту еден урнат дел — иако до тоа време уште ги немав поставено крилата+ на градските порти+ — 2 Санавалат и Гисем веднаш ми порачаа: „Дојди да се најдеме+ во селата во долината кај Оно“.+ Но тие ми смислуваа зло.+ 3 Затоа им испратив гласници+ со овој одговор: „Имам многу работа+ и не можам да дојдам. Работата ќе запре ако ја оставам и дојдам кај вас“.+ 4 И така, четири пати ми ја праќаа истата порака, а јас им одговарав со истите зборови.

5 Најпосле Санавалат+ по петти пат ми го испрати својот слуга со истата порака, со отворено писмо во раката. 6 Во него пишуваше: „Се слуша меѓу народите, а и Гисем+ го потврдува тоа, дека ти и Евреите готвите бунт.+ Затоа и градите ѕид, а се зборува и дека ти ќе им бидеш цар.+ 7 Дури си поставил и пророци за да разгласуваат за тебе во Ерусалим и да велат: ‚Јуда има цар!‘ Сега тој глас ќе дојде и до ушите на царот. Затоа дојди сега да се посоветуваме“.+

8 Но јас му го пратив овој одговор: „Не е така како што велиш ти,+ туку ти го измислуваш тоа во срцето“.+ 9 Зашто, сите тие се обидоа да нѐ заплашат со зборовите: „Ќе им капнат рацете+ од работата, па нема да ја довршат“. А сега, Боже, зајакни ги моите раце!+

10 И отидов во куќата на Семаја, синот на Делаја, син на Метевеил, кој се беше затворил таму.+ И тој рече: „Да се најдеме+ во домот на вистинскиот Бог, внатре во храмот,+ и да ја затвориме вратата на храмот, зашто ќе дојдат да те убијат. Ноќе+ ќе дојдат да те убијат“. 11 А јас одговорив: „Зар да бега човек каков што сум јас?+ Како може некој како мене да влезе во храмот и да остане жив?+ Јас не влегувам!“ 12 Затоа ја испитав работата, и ете, не го испратил Бог,+ туку објави+ пророштво против мене затоа што Товиј и Санавалат+ го најмиле.+ 13 А го најмиле+ за јас да се исплашам+ и да постапам така, и да згрешам,+ па лошиот глас за мене+ да им послужи за да ме осрамотат.+

14 Сети се,+ Боже мој, на Товиј+ и Санавалат по овие нивни дела, а и на пророчицата+ Ноадија и на останатите пророци, кои постојано се обидуваа да ме исплашат.

15 Најпосле ѕидот+ беше довршен на дваесет и петтиот ден од елул,* за педесет и два дена.

16 А кога го слушнаа тоа сите наши непријатели+ и кога го видоа тоа сите народи околу нас, ја изгубија својата самодоверба и сфатија дека нашиот Бог+ го направи тоа дело. 17 Во тие денови, достоинствениците+ на Јуда пишуваа многу писма до Товиј,+ а писмата од Товиј им стигнуваа ним. 18 Имено, мнозина во Јуда беа со него врзани со заклетва, зашто тој му беше зет на Сеханија, синот на Арах,+ а Јоанан, неговиот син, ја зеде ќерката на Месулам,+ синот на Верехија. 19 И постојано пред мене зборуваа добро за него,+ а моите зборови му ги пренесуваа нему. А Товиј испраќаше писма за да ме исплаши.+

7 А кога беше обновен ѕидот,+ веднаш ги наместив крилата на портата.+ Потоа беа поставени вратари,+ пејачи+ и левити.+ 2 Заповедништвото над Ерусалим им го доверив на Ананиј,+ мојот брат, и на Ананија, кнезот на Тврдината,+ зашто тој беше доверлив+ човек кој се боеше+ од вистинскиот Бог повеќе отколку мнозина други. 3 И им реков: „Ерусалимските порти+ не смеат да се отворат додека не огрее сонцето. И додека вратарите стојат таму, нека ги затворат вратите и нека ги стават резињата.+ А жителите на Ерусалим нека стражарат, секој на своето место и секој пред својата куќа“.+ 4 Градот беше простран и голем, но во него живееја малку луѓе+ и куќите сѐ уште не беа изградени.

5 Мојот Бог ми даде во срцето+ да ги соберам достоинствениците, намесниците и народот за да се запишат во родословниот попис.+ Тогаш ја најдов книгата на родословијата+ на оние што се вратија први, и во неа најдов запишано:

6 Ова се синовите од таа покраина,+ изгнаници што дојдоа од заробеништво,+ кои Навуходоносор,+ царот на Вавилон, ги одведе во изгнанство,+ а кои подоцна се вратија во Ерусалим и во Јуда, секој во својот град,+ 7 оние што тргнаа со Зоровавел,+ Исус,+ Неемија, Азарија, Рамиј, Наманиј, Мардохеј,+ Вилсан, Мисперет, Вигвај, Неум и Вана.

Ова е бројот на луѓето од народот на Израел: 8 синови на Фарос+ — две илјади сто седумдесет и два; 9 синови на Сефатија+ — триста седумдесет и два; 10 синови на Арах+ — шестотини педесет и два; 11 синови на Фат-Моав,+ од синовите на Исус и на Јоав+ — две илјади осумстотини и осумнаесет; 12 синови на Елам+ — илјада двесте педесет и четири; 13 синови на Зату+ — осумстотини четириесет и пет; 14 синови на Захај+ — седумстотини и шеесет; 15 синови на Винуј+ — шестотини четириесет и осум; 16 синови на Вевај+ — шестотини дваесет и осум; 17 синови на Азгад+ — две илјади триста дваесет и два; 18 синови на Адоникам+ — шестотини шеесет и седум; 19 синови на Вигвај+ — две илјади шеесет и седум; 20 синови на Адин+ — шестотини педесет и пет; 21 синови на Атир,+ од Езекија — деведесет и осум; 22 синови на Асум+ — триста дваесет и осум; 23 синови на Весај+ — триста дваесет и четири; 24 синови на Ариф+ — сто и дванаесет; 25 луѓе од Гаваон+ — деведесет и пет; 26 луѓе од Витлеем+ и Нетофа+ — сто осумдесет и осум; 27 луѓе од Анатот+ — сто дваесет и осум; 28 луѓе од Вет-Азмавет+ — четириесет и два; 29 луѓе од Киријат-Јарим,+ Кефира+ и Веерот+ — седумстотини четириесет и три; 30 луѓе од Рама+ и Гева+ — шестотини дваесет и еден; 31 луѓе од Михмас+ — сто дваесет и два; 32 луѓе од Ветил+ и Гај+ — сто дваесет и три; 33 луѓе од другото Нево+ — педесет и два; 34 синови на другиот Елам+ — илјада двесте педесет и четири; 35 синови на Харим+ — триста и дваесет; 36 луѓе од Ерихон+ — триста четириесет и пет; 37 луѓе од Лод,+ Адид+ и Оно+ — седумстотини дваесет и еден; 38 синови на Сенај+ — три илјади деветстотини и триесет.

39 Свештеници: синови на Једај,+ од домот на Исус — деветстотини седумдесет и три; 40 синови на Имер+ — илјада педесет и два; 41 синови на Пасхор+ — илјада двесте четириесет и седум; 42 синови на Харим+ — илјада и седумнаесет.

43 Левити: синови на Исус и Кадмиел,+ од синовите на Одева+ — седумдесет и четири. 44 Пејачи:+ синови на Асаф+ — сто четириесет и осум. 45 Вратари:+ синови на Салум,+ синови на Атир, синови на Талмон,+ синови на Акув,+ синови на Атита и синови на Совај+ — сто триесет и осум.

46 Нетини:+ синовите на Сих, синовите на Асуф, синовите на Таваот,+ 47 синовите на Кирос, синовите на Сија, синовите на Фадон,+ 48 синовите на Леван, синовите на Агава,+ синовите на Салмај, 49 синовите на Ханан,+ синовите на Гидел, синовите на Гар, 50 синовите на Реај,+ синовите на Ресин,+ синовите на Некода, 51 синовите на Газам, синовите на Уза, синовите на Фасеј, 52 синовите на Висај,+ синовите на Меуним, синовите на Нафусесим,+ 53 синовите на Ваквук, синовите на Акуфа, синовите на Арур,+ 54 синовите на Васлит, синовите на Меида, синовите на Харса,+ 55 синовите на Варкос, синовите на Сисара, синовите на Тамин,+ 56 синовите на Несија, синовите на Атифа.+

57 Синови на Соломоновите слуги:+ синовите на Сотај, синовите на Соферет, синовите на Ферида,+ 58 синовите на Јаала, синовите на Даркон, синовите на Гидел,+ 59 синовите на Сефатија, синовите на Атил, синовите на Фохерет-Асеваим, синовите на Амон.+ 60 Сите нетини+ и синови на Соломоновите слуги беа триста деведесет и двајца.

61 А ова се оние што појдоа од Тел-Мелах, Тел-Арис, Херув, Адон и Имер,+ а не можеа да кажат кој е домот на нивните татковци и кое е нивното потекло, дали се од Израел: 62 синовите на Делаја, синовите на Товиј, синовите на Некода+ — шестотини четириесет и два. 63 А од свештениците:+ синовите на Аваја, синовите на Акос+ и синовите на Варзелај,+ кој си зеде за жена една од ќерките на Варзелај+ Галадецот, па беше наречен по нивното име. 64 Тие бараа по своите родословни пописи за да го докажат своето потекло, но не можеа,+ и затоа беа исклучени од свештеничката служба како да се валкани.+ 65 И тиршата*+ им забрани да јадат+ од најсветите работи сѐ додека не стапи во служба свештеникот со Урим+ и Тумим.*+

66 Целата заедница броеше вкупно четириесет и две илјади триста и шеесет лица,+ 67 не сметајќи ги нивните робови+ и робинки, кои беа седум илјади триста триесет и седум.+ Имаше и двесте четириесет и пет пејачи+ и пејачки.+ 68 Имаа седумстотини триесет и шест коњи, двесте четириесет и пет маски,+ 69 четиристотини триесет и пет камили и шест илјади седумстотини и дваесет+ магариња.+

70 А некои од поглаварите+ на родови+ дадоа прилог за работата.+ И самиот тиршата+ даде во ризницата илјада драхми злато, педесет садови, како и петстотини и триесет свештенички облеки.+ 71 А некои од родовските поглавари за работата дадоа во ризницата дваесет илјади драхми* злато и две илјади и двесте мини* сребро.+ 72 А останатиот народ даде дваесет илјади драхми злато, две илјади мини сребро и шеесет и седум свештенички облеки.

73 И така, свештениците,+ левитите, вратарите, пејачите,+ некои од народот, нетините+ и целиот Израел се населија во своите градови.+ Кога дојде седмиот месец,+ синовите на Израел беа во своите градови.+

8 И сите од народот се собраа како еден+ на плоштадот+ што е пред Водната Порта.+ И му рекоа на препишувачот Езра+ да ја донесе книгата+ на Мојсеевиот закон,+ кој Јехова му го беше дал на Израел.+ 2 И свештеникот+ Езра, на првиот ден од седмиот месец,+ го донесе законот пред заедницата,+ пред мажите, жените и пред сите што можеа да го разберат она што го слушаа.+ 3 И од него читаше+ на глас на плоштадот што е пред Водната Порта, од зори+ до пладне, пред мажите, жените и пред другите што можеа да разберат. И целиот народ внимателно го слушаше+ читањето на книгата на законот. 4 Препишувачот Езра стоеше на дрвено подножје,+ кое го направија за таа пригода. До него оддесно стоеја Матитиј, Сема, Анаја, Урија, Хелкија и Маасија, а одлево Федаија, Мисаил, Малхија,+ Асум,+ Асвадан, Захарија и Месулам.

5 И Езра ја отвори+ книгата пред очите на сиот народ, зашто беше на повисоко место во однос на целиот народ, а кога ја отвори, сиот народ стана.+ 6 Тогаш Езра го благослови Јехова,+ вистинскиот и велик Бог, а целиот народ одговори со подигнати раце:+ „Амин! Амин!“*+ Потоа сите се поклонија+ и паднаа ничкум пред Јехова, со лицето кон земјата.+ 7 А левитите Исус, Вани, Серевија,+ Јамин, Акув, Саветај, Одија, Маасија, Келита, Азарија, Јозавад,+ Ханан и Пелаја+ му го објаснуваа законот на народот,+ а народот стоеше.+ 8 И читаа+ на глас од книгата, од законот на вистинскиот Бог, го толкуваа и им помагаа на луѓето да ја сфатат неговата смисла. Така го разјаснуваа прочитаното.+

9 Потоа Неемија,+ односно тиршата,*+ и свештеникот Езра,+ препишувачот, и левитите што го поучуваа народот му рекоа на целиот народ: „Овој ден е свет за Јехова, вашиот Бог.+ Не тагувајте и не плачете!“+ Зашто, целиот народ плачеше додека ги слушаше зборовите на законот.+ 10 Тој уште им рече: „Одете, јадете најубави јадења и пијте благи пијалоци и испраќајте им храна како подарок+ на оние за кои не е приготвено ништо, зашто овој ден е свет за нашиот Господар. И не бидете жалосни, зашто Јеховината радост е ваша тврдина“. 11 И левитите им наредуваа на сите од народот да молчат, велејќи: „Смирете се, зашто овој ден е свет! Не жалостете се!“ 12 И сиот народ отиде да јаде и да пие, да испраќа храна како подарок+ и многу да се радува,+ зашто ги разбра зборовите што му беа објавени.+

13 На вториот ден, родовските поглавари на целиот народ, свештениците и левитите се собраа околу препишувачот Езра да ги разгледуваат* зборовите на законот.+ 14 И во законот најдоа запишано дека Јехова, преку Мојсеј,+ им заповедал на синовите на Израел да живеат под сеници+ додека трае празникот во седмиот месец+ 15 и да објават+ и да разгласат по сите свои градови и по Ерусалим:+ „Одете во планините+ и донесете гранки од маслинки,+ гранки од маслени дрвја, гранки од мирта, гранки од палма и гранки од широколисни дрвја за да направите сеници, како што е запишано“.

16 И народот отиде и донесе гранки и си направи сеници, секој на својот покрив,+ и во своите дворови, и во дворовите+ на домот на вистинскиот Бог, и на плоштадот+ кај Водната Порта+ и на плоштадот кај Ефремовата Порта.+ 17 Така целата заедница од оние што се вратија од заробеништво направија сеници и живееја во сеници. А синовите на Израел не го имаа направено тоа од времето на Исус, синот на Навин,+ до тој ден, и нивната радост беше многу голема.+ 18 И секој ден се читаше на глас книгата на законот на вистинскиот Бог,+ од првиот до последниот ден. Седум дена го славеа празникот, а на осмиот ден беше свечениот собир, како што беше пропишано.+

9 На дваесет и четвртиот ден од тој месец,+ синовите на Израел се собраа, постејќи+ во козина+ и со прав+ на главите. 2 И Израеловиот род се одвои+ од сите туѓинци.+ Стоеја и ги признаваа+ своите гревови+ и престапите на своите татковци.+ 3 Стоејќи на своето место,+ три часа*+ читаа на глас од книгата на законот+ на Јехова, својот Бог, а потоа три часа ги признаваа своите гревови+ и му се поклонуваа на Јехова, својот Бог.+

4 А Исус, Вани, Кадмиел, Севанија, Вуниј, Серевија,+ Вани и Хананиј се качија на местото подигнато+ за левитите и гласно викаа+ кон Јехова, својот Бог. 5 Левитите Исус, Кадмиел, Вани, Асавниј, Серевија, Одија, Севанија и Фетахија рекоа вака: „Станете, благословувајте го+ Јехова, својот Бог, од век до век!+ И нека е благословено твоето славно име,+ возвишено над секој благослов и фалба.

6 Ти си единствен, Јехова!+ Ти ги создаде небесата,+ небото над небесата, и сета нивна војска,+ земјата+ и сѐ што е на неа,+ морињата+ и сѐ што е во нив,+ и ти му го одржуваш животот на сето тоа и тебе ти се поклонува небесната војска.+ 7 Ти си, Јехова, вистински Бог, кој го избра Аврам,+ го изведе од Ур Халдејски+ и му го даде името Авраам.+ 8 И го најде неговото срце верно пред тебе+ и затоа склучи сојуз+ со него дека ќе ја добие земјата на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евусејците и Гергесејците, дека неговото потомство+ ќе ја добие. И ги исполни своите зборови, зашто си праведен.+

9 Ја виде+ неволјата на нашите прататковци во Египет и го чу+ нивното викање кај Црвеното Море. 10 И направи знаци и чуда над фараонот, над сите негови слуги и над целиот народ од неговата земја,+ зашто знаеше дека постапуваа дрско+ со нив. И си стекна име+ какво што имаш денес. 11 Го раздвои морето+ пред нив, така што преминаа по суво+ среде морето, а нивните прогонители ги фрли во длабочините+ како камен+ во силни води.+ 12 Со столб од облак ги водеше дење,+ а со столб од оган ноќе,+ осветлувајќи+ им го патот по кој требаше да одат. 13 Ти слезе на гората Синај+ и им зборуваше од небото,+ и им даде праведни наредби+ и закон на вистината,+ добри уредби+ и заповеди.+ 14 И им го објави својот свет ден за одмор*+ и им даде заповеди, уредби и закон преку својот слуга Мојсеј.+ 15 А кога гладуваа, им даде леб од небото,+ и кога беа жедни, им извади вода од карпата,+ и им рече да одат+ и да ја заземат земјата за која со подигната рака им се заколна дека ќе им ја дадеш.+

16 Но тие, нашите прататковци, постапуваа дрско+ и станаа непокорни,*+ па не ги слушаа твоите заповеди. 17 Не сакаа да слушаат+ и не се сеќаваа+ на чудесните дела што ги направи за нив, туку станаа непокорни+ и си поставија водач+ за да се вратат во ропството во Египет. Но, ти си Бог кој простува,+ кој е добар+ и милосрден,+ бавен на гнев+ и полн со милост,*+ и не ги остави.+ 18 И кога си направија леано теле+ и рекоа: ‚Тоа е твојот Бог кој те изведе од Египет‘,+ и кога со своите дела покажаа голем презир, 19 ти, во својата голема милосрдност, не ги остави+ во пустината. Столбот од облак не отстапуваше од нив дење, за да ги води по патот,+ ниту столбот од оган ноќе, за да им го осветлува патот по кој требаше да одат.+ 20 И им го даде својот добар дух+ за да бидат разборити, од својата мана не ја лиши нивната уста+ и им даде вода кога беа жедни.+ 21 Четириесет+ години ги снабдуваше со храна во пустината. Ништо не им недостасуваше.+ Облеката не им ветвееше+ и нозете не им отекуваа.+

22 Им даде царства+ и народи, им раздели дел по дел,+ така што ја зазедоа земјата на Сихон,+ земјата на царот на Есевон+ и земјата на Ог,+ царот на Васан.+ 23 И нивните синови ги намножи како ѕвездите на небото.+ Потоа ги доведе во земјата+ за која им вети на нивните прататковци+ дека ќе влезат во неа и ќе ја заземат. 24 И нивните синови+ влегоа и ја зазедоа земјата,+ а ти ги покори+ пред нив жителите на таа земја, Ханаанците,+ и им ги даде в раце нив, како и нивните цареви+ и народите од таа земја,*+ за да прават со нив што сакаат.+ 25 И освоија утврдени градови+ и плодна земја,+ и зазедоа куќи полни со секакви добра,+ ископани бунари,*+ лозја, маслинарници+ и многу овоштарници, и јадеа, и се наситија,+ и се згоија,+ и уживаа во твојата голема доброта.+

26 Но станаа непослушни+ и се побунија против тебе,+ му свртија грб на твојот закон+ и ги убиваа твоите пророци,+ кои ги опоменуваа за да ги вратат кај тебе,+ и со своите дела покажуваа голем презир.+ 27 Затоа ти ги предаваше во рацете на нивните противници,+ кои им создаваа неволји.+ А кога беа во неволја, викаа кон тебе+ и ти ги слушаше од небото,+ и во твоето големо милосрдие+ им даваше спасители,+ кои ги избавуваа од рацете на нивните противници.+

28 Но штом ќе настапеше мир, пак го правеа она што е зло пред тебе,+ и ти ги препушташе во рацете на нивните непријатели, кои ги газеа.+ Тогаш се обраќаа и те викаа на помош,+ а ти ги слушаше од небото+ и, во своето големо милосрдие, многу пати ги избави.+ 29 Иако ги опоменуваше+ за да ги вратиш кај својот закон,+ тие постапуваа дрско,+ не ги слушаа твоите заповеди и направија грев+ против твоите закони,+ кои значат живот за оној што ги држи.+ И тврдоглаво ти го свртуваа грбот,+ беа непокорни+ и не слушаа.+ 30 Но ти многу години беше стрплив со нив+ и ги опоменуваше+ со својот дух преку своите пророци, а тие не слушаа.+ Најпосле ги предаде во рацете на другите народи.*+ 31 Но во своето големо милосрдие не ги истреби+ и не ги остави,+ зашто ти си Бог добар+ и милосрден.+

32 А сега, Боже наш, Боже велик+ и моќен,+ ти кој влеваш страв,+ го чуваш сојузот+ и покажуваш милост,*+ нека не биде незначителна пред твоето лице+ целата оваа неволја што нѐ снајде нас,+ нашите цареви,+ нашите кнезови,+ нашите свештеници,+ нашите пророци,+ нашите прататковци+ и сиот твој народ, од времето на асирските цареви до денес.+ 33 Ти си праведен+ во сѐ што нѐ снајде, зашто ти постапуваше верно,+ а ние правевме зло.+ 34 И нашите цареви, нашите кнезови, нашите свештеници и нашите прататковци+ не го извршуваа твојот закон+ и не ги слушаа ниту твоите заповеди+ ниту твоите опомени со кои ги опоменуваше.+ 35 И во своето царство,+ среде добрите работи што им ги даваше во изобилство,+ во пространата и плодна земја+ што им ја даде, тие не ти служеа+ и не се одвратија од своите зли дела.+ 36 И еве, ние сме денес робови.+ Во земјата што им ја даде на нашите прататковци за да ги јадат нејзините плодови и нејзините добра, еве, ние сме робови во неа,+ 37 а нејзиниот добар род+ оди за царевите+ што ги постави над нас поради нашите гревови,+ и тие владеат по своја волја над нашите тела и над нашата стока, а ние сме во голема неволја.+

38 Поради сето ова, писмено се обврзуваме на верност+ и тоа го заверуваме со печатот+ на нашите кнезови, левити и свештеници“.+

10 А оние што удрија печати+ беа:

Неемија,+ тиршата,*+ син на Ахалија,+

потоа Седекија, 2 Сераја,+ Азарија, Еремија, 3 Пасхор, Амарија, Малхија, 4 Хатус, Севанија, Малух, 5 Харим,+ Меремот, Авдија, 6 Даниел,+ Гинетон, Варух, 7 Месулам, Авија, Мијамин, 8 Маазија, Вилгај и Семаја. Тие беа свештеници.

9 Потоа левитите: Исус,+ синот на Азанија, Винуј, од синовите на Инадад,+ Кадмиел 10 и нивните браќа: Севанија,+ Одија, Келита, Пелаја, Ханан, 11 Миха, Рехов, Асавија, 12 Захур, Серевија,+ Севанија, 13 Одија, Вани и Венинуј.

14 Поглаварите на народот: Фарос, Фат-Моав,+ Елам, Зату, Вани, 15 Вуниј, Азгад, Вевај, 16 Адонија, Вигвај, Адин, 17 Атир, Езекија, Азур, 18 Одија, Асум, Весај, 19 Ариф, Анатот, Невај, 20 Магфиј, Месулам, Езир, 21 Месезавел, Садок, Јадуа, 22 Фелатија, Ханан, Анаја, 23 Осиј, Ананија, Асув, 24 Алоес, Филеј, Совик, 25 Реум, Асавна, Маасија, 26 Ахија, Ханан, Анан, 27 Малух, Харим и Вана.

28 А останатиот народ, свештениците,+ левитите,+ вратарите,+ пејачите,+ нетините+ и сите што го држеа законот+ на вистинскиот Бог и се одвоија од другите народи,*+ заедно со своите жени, синови и ќерки, сите што можеа да ја разберат заклетвата,+ 29 им се придружија на своите браќа,+ угледните луѓе,+ и, заколнувајќи се,+ се обврзаа со заклетва+ дека ќе живеат* според законот на вистинскиот Бог, кој е даден преку раката на Мојсеј, слугата на вистинскиот Бог,+ и дека ќе ги држат+ и ќе ги извршуваат сите заповеди на Јехова, нашиот Господар,+ неговите закони и уредби.+ 30 Затоа нема да им ги даваме своите ќерки на другите народи* и нивните ќерки нема да ги земаме за своите синови.+

31 Од другите народи+ што на денот за одмор* носат за продажба стоки и секаков вид жито нема да купуваме ништо на тој ден+ или на кој и да е друг свет ден,+ и во седмата година ќе се одречуваме од приходите од земјата+ и од наплатувањето на секој долг.+

32 Освен тоа, самите си зедовме обврска секоја година сите да даваме по третина сикел* за службата во домот на нашиот Бог:+ 33 за наредените лебови,+ за редовната житна жртва+ и за редовната жртва паленица, кои се принесуваат на деновите за одмор+ и на млада месечина,+ за пропишаните празници,+ за светите работи,+ за жртвата за грев+ за да се врши обредот на очистување на Израел, и за сета работа во домот на нашиот Бог.+

34 Освен тоа, фрлавме ждрепка+ за набавка на дрва,+ за свештениците, левитите и народот да ги донесуваат во домот на нашиот Бог, според домовите на нашите прататковци, во одреденото време за тоа, од година на година, за да горат на жртвеникот на Јехова, нашиот Бог,+ како што е запишано во законот.+ 35 Исто така одредивме да ги донесуваме во Јеховиниот дом првите зрели плодови од својата земја+ и првите зрели плодови од секое дрво,+ од година на година. 36 И првородениот+ од своите синови и првороденото од своите животни,+ како што е запишано во законот,+ и првороденото од крупната и од ситната стока+ ќе им го донесуваме во домот на нашиот Бог на свештениците што служат во домот на нашиот Бог.+ 37 Освен тоа, првините од своето крупно брашно,+ своите прилози,+ плодовите од секое дрво,+ младото вино+ и маслото,+ ќе им ги донесуваме на свештениците во трпезариите+ на домот на нашиот Бог, десеттина од својата земја ќе им даваме на левитите,+ зашто тие, левитите, примаат десеттина во сите градови каде што обработуваме земја.

38 А свештеникот, син на Арон, нека биде со левитите кога левитите ќе ја примаат десеттината. Потоа левитите нека донесуваат десеттина од десеттината во домот на нашиот Бог,+ во складиштето до трпезариите.+ 39 Зашто, во тие трпезарии синовите на Израел и синовите на Леви треба да ги донесуваат прилозите+ од жито, младо вино+ и масло. Таму се и приборот што му припаѓа на светилиштето, а и свештениците што ја извршуваат службата,+ вратарите+ и пејачите.+ И нема повеќе да го занемаруваме домот на својот Бог.+

11 Така народните кнезови+ се населија во Ерусалим,+ а останатите од народот фрлаа ждрепки+ за секој десетти човек да дојде и да живее во светиот град+ Ерусалим, а преостанатите девет во другите градови. 2 И народот ги благослови+ сите луѓе што доброволно+ се населија во Ерусалим.

3 А ова се поглаварите на покраините,+ кои се населија во Ерусалим.+ Во другите градови на Јуда се населија, секој на своето наследство, во своите градови:+ Израел,+ свештениците+ и левитите,+ нетините+ и синовите на Соломоновите слуги.+

4 Значи, во Ерусалим се населија некои од синовите на Јуда и некои од синовите на Венијамин.+ Од синовите на Јуда: Атаија, синот на Озија, син на Захарија, син на Амарија, син на Сефатија, син на Малелеил, од синовите на Фарес;+ 5 и Маасија, синот на Варух, син на Колхозеј, син на Хазаја, син на Адаија, син на Јојарив, син на Захарија, син на Сала. 6 Сите синови на Фарес што се населија во Ерусалим беа четиристотини шеесет и осум способни луѓе.

7 А ова се синовите на Венијамин:+ Салу, синот на Месулам,+ син на Јоад, син на Федаија, син на Колај, син на Маасија, син на Итиел, син на Јесаја; 8 потоа домот на Гавај и Салај, вкупно деветстотини дваесет и осум луѓе; 9 и Јоил, синот на Зихриј, нивни надгледник, и Јуда, синот на Асенуј, втор управител на градот.

10 Од свештениците: Једај, синот на Јојарив,+ Јахин,+ 11 Сераја, синот на Хелкија, син на Месулам,+ син на Садок,+ син на Мерајот, син на Ахитув,+ настојник на домот на вистинскиот Бог; 12 и нивните браќа кои ја извршуваа работата во домот,+ осумстотини дваесет и двајца; и Адаија, синот на Јероам,+ син на Пелалија, син на Амси, син на Захарија, син на Пасхор,+ син на Малхија,+ 13 и неговите браќа, родовски поглавари,+ двесте четириесет и двајца, и Амашај, синот на Азареил, син на Азај, син на Месилемот, син на Имер, 14 и нивните браќа, луѓе силни и смели,+ сто дваесет и осум, а нивни надгледник+ беше Завдил, син на угледни луѓе.

15 Од левитите:+ Семаја, синот на Асув, син на Азрикам, син на Асавија,+ син на Вуниј, 16 и Саветај+ и Јозавад,+ поглавари на левитите, кои ги надгледуваа надворешните работи на домот на вистинскиот Бог; 17 и Матанија,+ синот на Миха, син на Завдиј, син на Асаф,+ кој управуваше со пеењето фалби+ и во молитва упатуваше фалби,+ и Ваквукиј, втор меѓу своите браќа, и Авда, синот на Самуј, син на Галал,+ син на Једутун.+ 18 Сите левити во светиот град+ беа двесте осумдесет и четири.

19 А вратари+ беа Акув, Талмон+ и нивните браќа кои чуваа стража на портата+ — сто седумдесет и два.

20 А останатите Израелци, свештеници и левити се населија по сите други градови на Јуда, секој на своето наследство.+ 21 Нетините+ живееја во Офел,+ а Сих и Гиспа беа над нетините.

22 А надгледник+ на левитите во Ерусалим беше Озиј, синот на Вани, син на Асавија, син на Матанија,+ син на Миха,+ од синовите на Асаф,+ пејачите.+ Тој ја надгледуваше работата во домот на вистинскиот Бог. 23 Зашто, за нив беше издадена заповед од царот,+ а за пејачите беше одредено секој ден да бидат снабдувани со она што им е потребно.+ 24 А Фетахија, синот на Месезавел, син на Зара, син на Јуда, беше довереник на царот за сите работи што се однесуваа на народот.

25 А некои од синовите на Јуда се населија во местата+ околу кои имаше ниви: во Киријат-Арва+ и во околните места, во Девон* и во околните места, во Јекавсеил+ и во околните места, 26 во Исус, во Молада,+ во Вет-Фалет,+ 27 во Асар-Суал,+ во Вирсавеја+ и во нејзините околни места, 28 во Сиклаг,+ во Мекона и во нејзините околни места, 29 во Ен-Римон,+ во Сора,+ во Јармут,+ 30 во Заноја,+ во Адолам+ и во местата околу нив, во Лахис+ и во неговите ниви, во Азика+ и во нејзините околни места. И подигнаа логори од Вирсавеја до долината на Еном.+

31 А синовите на Венијамин се населија во Гева,+ Михмаш,+ Аја,+ Ветил+ и во неговите околни места, 32 во Анатот,+ Нов,+ Ананија, 33 во Асор, Рама,+ Гитаим,+ 34 во Адид, Севоим, Невалат, 35 во Лод,+ во Оно+ и во долината на занаетчиите. 36 А некои групи од левитите од Јуда се населија во Венијамин.

12 Ова се свештениците и левити што дојдоа со Зоровавел,+ синот на Салатиел,+ и со Исус:+ Сераја, Еремија, Езра, 2 Амарија,+ Малух, Хатус, 3 Сеханија, Реум, Меремот, 4 Идо, Гинетој, Авија, 5 Мијамин, Маадија, Вилга, 6 Семаја,+ Јојарив, Једај,+ 7 Салу,* Амок,+ Хелкија и Једај.+ Тоа беа свештеничките поглавари и нивните браќа во деновите на Исус.+

8 А левити беа Исус,+ Винуј,+ Кадмиел,+ Серевија, Јуда и Матанија,+ кој, заедно со своите браќа, управуваше со пеењето на благодарни песни. 9 Ваквукиј и Униј, нивни браќа, стоеја спроти нив на стражарска должност. 10 А на Исус му се роди Јојаким,+ а на Јојаким му се роди Елијасив,+ а на Елијасив му се роди Јојад.+ 11 На Јојад му се роди Јонатан, а на Јонатан му се роди Јадуа.+

12 Во деновите на Јојаким, свештеници, родовски поглавари,+ беа следниве: од домот на Сераја+ — Мераја; од домот на Еремија — Ананија; 13 од домот на Езра+ — Месулам; од домот на Амарија — Јоанан; 14 од домот на Малухиј — Јонатан; од домот на Севанија+ — Јосиф; 15 од домот на Харим+ — Адна; од домот на Мерајот — Елкај; 16 од домот на Идо — Захарија; од домот на Гинетон — Месулам; 17 од домот на Авија+ — Зихриј; од домот на Минијамин* ...* од домот на Моадија — Филтај; 18 од домот на Вилга+ — Самуј; од домот на Семаја — Јонатан; 19 од домот на Јојарив — Матенај; од домот на Једај+ — Озиј; 20 од домот на Салај — Калај; од домот на Амок — Евер; 21 од домот на Хелкија — Асавија; од домот на Једај+ — Нетанел.

22 Во деновите на Елијасив,+ Јојад,+ Јоанан и Јадуа,+ беа попишани левитите, родовски поглавари, а и свештениците, сѐ до царувањето на Дариј Персиецот.

23 Синовите на Леви, родовски поглавари,+ беа попишувани во летописите сѐ до времето на Јоанан, синот на Елијасив. 24 А левитски поглавари беа Асавија, Серевија+ и Исус, синот на Кадмиел.+ Нивните браќа стоеја спроти нив за да упатуваат фалби и благодарности, по заповедта+ на Давид, Божјиот човек, едната стража до другата стража. 25 Матанија,+ Ваквукиј, Авдија, Месулам, Талмон и Акув+ чуваа стража како вратари,+ стражареа кај складиштето близу до портата. 26 Тие живееја во деновите на Јојаким,+ синот на Исус,+ син на Јоседек,+ и во деновите на управителот Неемија+ и на свештеникот Езра,+ препишувачот.+

27 Кога се одржуваше свеченоста+ по повод подигањето на ерусалимскиот ѕид, ги бараа левитите, секаде каде што живееја, за да ги доведат во Ерусалим и да се одржи свеченоста со веселба, со благодарности+ и со песни+ во придружба на чинели, псалтири и харфи.+ 28 И се собраа синовите на пејачите од Јорданската Долина,*+ од сите краишта околу Ерусалим, од селата во кои живеат Нетофјаните,+ 29 од Вет-Гилгал+ и од полињата околу Гева+ и Азмавет,+ зашто пејачите си изградија села+ околу Ерусалим. 30 Свештениците и левитите се очистија+ самите, а потоа го очистија народот,+ портите+ и ѕидот.+

31 Потоа ги изведов на ѕидот кнезовите+ на Јуда. И поставив два големи хора за да пеат благодарности+ и поставив поворки. Едниот одеше надесно по ѕидот кон Портата на Буништето.+ 32 А по нив одеа Осаја и половина од кнезовите на Јуда, 33 потоа Азарија, Езра, Месулам, 34 Јуда, Венијамин, Семаја и Еремија; 35 а од свештеничките синови со труби:+ Захарија, синот на Јонатан, син на Семаја, син на Матанија, син на Михаија, син на Захур,+ син на Асаф,+ 36 и неговите браќа Семаја, Азареил, Милалај, Гилалај, Мај, Нетанел, Јуда и Ананиј со инструментите+ на Давид, Божјиот човек. Препишувачот Езра+ одеше пред нив. 37 А кај Изворската Порта+ тргнаа право по Скалите+ на Давидовиот град,+ по ѕидната угорнина над Давидовиот дом, и одеа дури до Водната Порта+ на исток.

38 Другиот хор што пееше благодарности+ одеше напред, а по него јас и половина од народот, по ѕидот над Кулата на Фурните+ до Широкиот Ѕид,+ 39 потоа над Ефремовата Порта+ кон Портата на стариот град,+ па кон Рибната Порта,+ кон кулата на Ананел+ и Кулата Меја,+ и до Овчата Порта.+ И застанаа кај Стражарската Порта.

40 Најпосле двата хора што пееја благодарности+ застанаа кај домот+ на вистинскиот Бог, а исто така и јас и половина од намесниците со мене,+ 41 и свештениците Елијаким, Маасија, Минијамин, Михаија, Елиоенај, Захарија, Ананија со трубите,+ 42 потоа Маасија, Семаја, Елеазар, Озиј, Јоанан, Малхија, Елам и Есер. А пејачите пееја+ со својот надгледник Израј.

43 И на тој ден принесуваа големи жртви+ и се радуваа,+ зашто вистинскиот Бог им даде да се радуваат со голема радост.+ Се радуваа и жените+ и децата,+ така што радувањето на Ерусалим се слушна надалеку.+

44 На тој ден беа поставени и луѓе да ги надгледуваат складиштата+ за резерви, за прилози,+ за првини+ и за десеттини,+ за во нив да се собира од градските ниви делот кој законот го пропишува+ за свештениците и левитите,+ зашто народот на Јуда се радуваше поради свештениците и левитите+ што беа во служба. 45 И почнаа да ги извршуваат своите должности+ кон својот Бог, како и службата за очистување за која беа задолжени,+ а исто така и пејачите+ и вратарите,+ според заповедта на Давид и на Соломон, неговиот син. 46 Зашто, уште од пред тоа, уште од деновите на Давид и Асаф, имаше поглавари на пејачите,+ песни на фалба и благодарности на Бог.+ 47 И целиот Израел во деновите на Зоровавел+ и во деновите на Неемија+ им даваше дел на пејачите+ и на вратарите,+ колку што им требаше за секој ден. И сите одвојуваа посветен дел за левитите,+ а левитите одвојуваа посветен дел за синовите на Арон.

13 На тој ден се читало+ од Мојсеевата книга+ за да слуша народот, и во неа се нашло запишано дека Амонец+ и Моавец+ не смее да биде примен во заедницата на вистинскиот Бог довека,+ 2 зашто не ги дочекаа синовите на Израел со леб+ и вода,+ туку против нив го најмија Валаам+ за да ги проколне.+ Но, нашиот Бог го претвори проклетството во благослов.+ 3 А кога го чуле тој закон,+ почнале да ги одвојуваат+ сите туѓинци* од Израел.

4 Пред тоа, Елијасив,+ свештеник поставен над трпезариите+ на домот на нашиот Бог, роднина на Товиј,+ 5 уредил за него голема трпезарија,+ каде што порано ги оставаа житните жртви,+ темјанот, приборот, десеттините од житото, од младото вино+ и од маслото+ одредено за левитите,+ пејачите и вратарите, како и прилозите за свештениците.

6 Додека се случувало сето тоа, јас не бев во Ерусалим, зашто, во триесет и втората+ година на Артаксеркс,+ царот на Вавилон, отидов кај царот, а по некое време го замолив царот да ме пушти на отсуство.+ 7 Тогаш се вратив во Ерусалим и дознав за злото што го направил Елијасив+ заради Товиј,+ уредувајќи му трпезарија во дворот на домот+ на вистинскиот Бог. 8 Тоа ми беше многу одвратно.+ Затоа ја исфрлив+ од трпезаријата сета покуќнина на Товиј. 9 Потоа издадов наредба да се очистат+ сите трпезарии,+ и во нив го вратив сиот прибор+ од домот на вистинскиот Бог, како и житната жртва и темјанот.+

10 Дознав дека и левитите не го добивале својот дел,+ така што левитите и пејачите што ја вршеа работата се разбегале, секој на својата нива.+ 11 И почнав да ги прекорувам+ намесниците:+ „Зошто е занемарен домот на вистинскиот Бог?“+ Потоа ги собрав и ги поставив на нивното место. 12 А целиот народ на Јуда донесуваше во складиштата+ десеттина+ од житото,+ од младото вино+ и од маслото.+ 13 И ги поставив над складиштата свештеникот Селемија, препишувачот Садок и Федаија од левитите, и под нивни надзор беше Ханан, синот на Захур, син на Матанија.+ Нив ги сметаа за верни,+ а должност им беше да им го делат+ на своите браќа она што беше донесено.

14 Сети се на мене+ поради тоа, Боже мој, и не бриши ги+ моите дела кои од оддаденост* ги правев за твојот дом+ и се грижев за него.

15 Во тоа време, во Јуда видов луѓе како газат грозје во гмечала на денот за одмор,*+ како донесуваат купови жито и го товараат+ на магариња,+ исто така и вино, грозје, смокви+ и разновидни товари и ги донесуваат во Ерусалим на тој ден.+ И ги опоменував затоа што во тој ден продаваа храна. 16 А во градот живееја и Тирци.+ Тие донесуваа риба и разновидни стоки+ и им ги продаваа на денот за одмор на синовите на Јуда во Ерусалим. 17 Затоа ги прекорив достоинствениците+ на Јуда: „Какво е тоа зло што го правите и го осквернувате денот за одмор? 18 Зар не постапуваа така и вашите прататковци,+ па нашиот Бог ни ја нанесе сета оваа неволја нам+ и на овој град? А вие уште повеќе го разгорувате гневот против Израел, осквернувајќи го денот за одмор“.+

19 И спроти денот за одмор, штом падна сенка на ерусалимските порти, издадов наредба да се затворат портите.+ И уште им реков да не ги отвораат додека не помине денот за одмор. На портите поставив неколку свои слуги за да не се внесе на тој ден никаков товар.+ 20 Еднаш, а и по втор пат, трговците и продавачите на разновидни стоки ноќеваа надвор од Ерусалим. 21 Тогаш ги предупредив:+ „Зошто ноќевате пред ѕидот? Ако го сторите тоа уште еднаш, ќе дигнам рака на вас“.+ Оттогаш повеќе не доаѓаа на денот за одмор.

22 Потоа им реков на левитите+ дека треба редовно да се чистат+ и да доаѓаат и да ги чуваат портите+ за да биде свет+ денот за одмор. И за ова сети се на мене,+ Боже мој, и смилувај ми се поради изобилството на твојата голема милост.*+

23 Во тоа време видов и Евреи кои си зеле за жени+ Азотки,+ Амонки и Моавки.+ 24 И половината нивни синови зборуваа азотски и не знаеја да зборуваат хебрејски,+ туку на јазик на други народи. 25 Затоа почнав да ги прекорувам и да ги преколнувам,+ а некои од нив и ги тепав,+ ги тргав за коса и ги заколнував во Бога:+ „Немојте да им ги давате своите ќерки на нивните синови и не земајте ги нивните ќерки за своите синови или за себе.+ 26 Зар не згреши поради нив и Соломон, царот на Израел?+ А меѓу многуте народи немаше цар како него.+ Неговиот Бог го сакаше,+ па затоа го постави за цар на целиот Израел. Но и него туѓинките го наведоа на грев.+ 27 Не е ли срамно сето тоа големо зло, тоа неверство што му го правите на нашиот Бог земајќи си туѓинки за жени?“+

28 А еден од синовите на Јојад,+ синот на првосвештеникот Елијасив,+ му беше зет на Санавалат+ Оронецот.+ Затоа го избркав откај себе.+

29 Сети се на нив, Боже мој, затоа што го извалкаа+ свештенството и свештеничкиот и левитскиот+ сојуз.+

30 И јас ги очистив+ од сѐ што беше туѓо и им одредив должности на свештениците и на левитите, одредувајќи му ја секому неговата работа,+ 31 и во одредено време да се набавуваат дрва+ и да се донесуваат првините.

Сети се на мене+ по добро,+ Боже мој!

По изгнанството во Вавилон, вака се викал 9. месец од еврејскиот лунарен календар. Види го додатокот 14.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

По изгнанството во Вавилон, вака се викал 1. месец од еврејскиот лунарен календар. Види го додатокот 14.

Односно Еуфрат.

Се наоѓала северозападно од обновениот храм.

Или: „Портата на пепелот од буништето“.

Види го додатокот 12.

Околу 445 метри. Види го додатокот 13.

Или: „Спојот на ѕидовите; Аголот“.

Види ја фуснотата за 1Мо 13:10.

Види ги фуснотите за 4Мо 3:9 и 1Ле 9:2.

Или: „еден отсто“, кој го земале месечно.

Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.

Еден сикел тежел 11,4 грама. Види го додатокот 13.

По изгнанството во Вавилон вака се викал 6. месец од еврејскиот лунарен календар. Види го додатокот 14.

Види ја фуснотата за изразот „тиршата“ во Езр 2:63.

Види ја фуснотата за 2Мо 28:30.

Види ја фуснотата за Езр 2:69.

Види ја фуснотата за Езр 2:69.

Хебрејскиот збор „амин“ значи „така е“, „така нека биде“.

Види ја фуснотата за Езр 2:63.

Или: „да стекнат разбирање“. Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.

Буквално: „четвртина од денот“.

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Или: „тврдоврати“. Буквално: „ја стврднуваа шијата (вратот)“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

„Народите од (...) земја“ — множина од хебрејскиот израз ам хаарец.

Или: „резервоари“.

„Другите народи“ — буквално: „народите од земјите“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).

Или: „лојална љубов“.

Види ја фуснотата за Езр 2:63.

„Другите народи“ — буквално: „народите од земјите“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).

Буквално: „одат“.

„Другите народи“ (и во 31. стих) — буквално: „народите од земјата“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Еден сикел тежел 11,4 грама. Види го додатокот 13.

Веројатно е исто со Димона од ИсН 15:22.

Веројатно истата личност како и Салај во 20. стих.

Во 5. стих „Мијамин“.

Во хебрејскиот текст овде недостасува име.

Види ја фуснотата за 1Мо 13:10.

Буквално: „целото мешано мноштво; сета мешавина од народи“.

Или: „од лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели