ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt 1. Летописи 1:1-29:30
  • 1. Летописи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 1. Летописи
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
1. Летописи

Прва книга летописи*

1 Адам,+

Сет,+

Енос,+

 2 Кенан,+

Малелеил,+

Јаред,+

 3 Енох,+

Метузалем,+

Ламех,+

 4 Ное,+

Сем,+ Хам+ и Јафет.+

5 Синовите на Јафет се: Гомер, Магог,+ Мадај,+ Јаван,+ Тувал, Месех+ и Тирас.+

6 Синовите на Гомер се: Асхенас,+ Рифат+ и Тогарма.+

7 Синовите на Јаван се: Елиса,+ Тарсис,+ Китим+ и Роданим.*+

8 Синовите на Хам се: Хус,+ Мисраим,+ Фут+ и Ханаан.+

9 А синовите на Хус се: Сева,+ Авила, Савта,+ Рама+ и Савтека.+

Синовите на Рама се: Сава и Дедан.+

10 А на Хус му се роди и Нимрод.+ Тој стана првиот моќен човек на земјата.+

11 Од Мисраим потекнуваат: Лудим,+ Анамим, Леавим, Нафтухим,+ 12 Патрусим,+ Хаслухим+ (од кои потекнуваат Филистејците)+ и Кафторим.*+

13 Од Ханаан потекнуваат: Сидон,+ неговиот првороден, Хет,+ 14 Евусејците,+ Аморејците,+ Гергесејците,+ 15 Евејците,+ Арукејците, Асенејците,+ 16 Арвадејците,+ Семарејците+ и Ематејците.+

17 Синови на Сем+ се: Елам,+ Асур,+ Арфаксад,+ Луд,+ Арам,

Уз,* Ул, Гетер и Маш.+

18 На Арфаксад му се роди Сала,+ а на Сала му се роди Евер.+

19 На Евер му се родија два сина. Едниот се викаше Фалек,*+ бидејќи во негово време земјата беше разделена. Неговиот брат се викаше Јоктан.

20 А на Јоктан му се родија: Алмодад, Салеф, Асермот, Јерах,+ 21 Адорам, Узал, Дикла,+ 22 Овал, Авимаел, Сава,+ 23 Офир,+ Авила+ и Јовав.+ Сите овие му беа синови на Јоктан.

24 Сем,+

Арфаксад,+

Сала,+

25 Евер,+

Фалек,+

Рагав,+

26 Серух,+

Нахор,+

Тара,+

27 Аврам,+ односно Авраам.+

28 Синови на Авраам се: Исак+ и Исмаел.+

29 Ова се нивните потомци: Исмаеловиот првороден син Навајот,+ потоа Кидар,+ Авдеил, Мивсам,+ 30 Мишма, Дума,+ Маса, Адад,+ Тема, 31 Јетур, Нафис и Кедма.+ Тоа се синовите на Исмаел.

32 Синовите што ги роди Хетура,+ наложницата*+ на Авраам, беа: Зимран, Јоксан, Медан,+ Мадијам,+ Есвок+ и Суј.+

Синови на Јоксан се: Сава и Дедан.+

33 Синови на Мадијам се: Ефа,+ Ефер, Анох, Авида и Елдаг.+

Сите овие се синови на Хетура.

34 На Авраам му се роди Исак. Синови на Исак+ се: Исав+ и Израел.+

35 Синови на Исав се: Елифаз, Рагуил,+ Јеус, Јалам и Кореј.+

36 Синови на Елифаз се: Теман,+ Омар, Сефо, Готом и Кенез,+ како и Амалик од Тимна.+

37 Синови на Рагуил се: Нахат, Зара, Сама и Миза.+

38 Синови на Сеир+ се: Лотан, Совал, Севегон, Анах,+ Дисон, Есер и Дисан.+

39 Синови на Лотан се: Хори и Омам.* Сестра на Лотан е Тимна.+

40 Синови на Совал се: Алван, Манахат, Евал, Сефиј и Онам.+

Синовите на Севегон се: Аја и Ана.+

41 Син* на Анах е Дисон.+

Синови на Дисон се: Амадан, Есван, Итран и Херан.+

42 Синови на Есер+ се: Валан, Заван и Акан.+

Синови на Дисан се: Уз и Аран.+

43 А ова се царевите што владееја во едомската+ земја пред да почнат да владеат цареви+ над синовите на Израел: Вела, синот на Веор, а неговиот град се викаше Денава.+ 44 Кога умре Вела, наместо него завладеа Јовав, синот на Зара+ од Восор.+ 45 Кога умре Јовав, на негово место завладеа Хусам+ од земјата на Теманците.+ 46 Кога умре Хусам, на негово место завладеа Адад,+ синот на Ведад, кој ги порази Мадијамците+ во моавската земја. Неговиот град се викаше Авит.+ 47 Кога умре Адад, на негово место завладеа Самла од Масрека.+ 48 Кога умре Самла, наместо него завладеа Саул од Реховот+ на реката. 49 Кога умре Саул, наместо него завладеа Ваал-Анан, синот на Ахвор.+ 50 Кога умре Ваал-Анан, наместо него завладеа Адад.* Неговиот град се викаше Пау, а жена му се викаше Метевеил. Таа ѝ беше ќерка на Матраида, ќерката на Мезаав.+ 51 Потоа умре и Адад.

Кнезови* во Едом беа: кнез Тимна, кнез Алва, кнез Јетет,+ 52 кнез Оливема, кнез Ила, кнез Финон,+ 53 кнез Кенез, кнез Теман, кнез Мивсар,+ 54 кнез Магдиел и кнез Ирам.+ Тоа беа кнезовите+ во Едом.

2 Ова се синовите на Израел:+ Рувим,+ Симеон,+ Леви,+ Јуда,+ Исахар,+ Завулон,+ 2 Дан,+ Јосиф,+ Венијамин,+ Нефталим,+ Гад+ и Асер.+

3 Синови на Јуда се: Ир,+ Онан+ и Сала.+ Овие тројца му ги роди ќерката на Шуја, Ханаанката. Но Ир, првородениот на Јуда, беше зол во очите на Јехова, и тој го погуби.+ 4 Тамара,+ неговата снаа, му ги роди Фарес+ и Зара. Јуда имаше вкупно пет сина.

5 Синови на Фарес се: Есром и Амуил.+

6 Синови на Зара+ се: Зимриј, Етан, Еман, Халкол и Дара.+ Вкупно ги имаше пет.

7 Син* на Харми+ е Ахар,* кој навлече осуда* врз Израел,+ зашто постапи неверно со проколнатите работи.*+

8 Син* на Етан+ е Азарија.

9 На Есром+ му се родија синовите: Јерамеил,+ Арам+ и Халов.*

10 На Арам му се роди Аминадав.+ На Аминадав му се роди Насон,+ поглавар на синовите на Јуда. 11 На Насон му се роди Салма.+ На Салма му се роди Вооз.+ 12 На Вооз му се роди Овид.+ На Овид му се роди Јесеј.+ 13 На Јесеј му се родија првородениот Елијав,+ вториот Авинадав,+ третиот Симеја,+ 14 четвртиот Нетанел, петтиот Радај, 15 шестиот Осем и седмиот Давид.+ 16 Сестри им се Серуја и Авигеја.+ Синови на Серуја се: Ависај,+ Јоав+ и Асаил,+ тројца. 17 Авигеја го роди Амаса.+ Татко на Амаса беше Јетер+ Исмаелецот.

18 Халев, синот на Есром,+ имаше синови со својата жена Азува и со Ериота. Нејзини синови се: Јасар, Совав и Ардон. 19 Кога умре Азува, Халев ја зеде Ефрата,+ која му го роди Ор.+ 20 На Ор му се роди Уриј.+ На Уриј му се роди Веселеил.+

21 Потоа Есром легна со ќерката на Махир,+ таткото на Галад.+ Ја зеде кога имаше шеесет години, и таа му го роди Сегув. 22 На Сегув му се роди Јаир,+ кој имаше дваесет и три града+ во галадската земја. 23 (Потоа Гесурците+ и Сиријците+ го зедоа од нив Авот-Јаир,+ како и Кенат+ со околните градови, шеесет градови.) Сите тие се синови на Махир, таткото на Галад.

24 Кога умре Есром+ во Халев-Ефрата, Есромовата жена Авија му го роди Асхор, таткото на Текоја.+

25 Синови на Јерамеил,+ првородениот на Есром, се: првородениот Арам,+ потоа Вуна, Орен, Осем и Ахија. 26 Јерамеил имаше и друга жена, која се викаше Атара. Таа е мајка на Онам. 27 Синови на Арам,+ првородениот на Јерамеил, се: Маас, Јамин и Екер. 28 Синови на Онам+ се: Самај и Јада. Синови на Самај се: Надав и Ависур. 29 Жената на Ависур се викаше Авихаил и таа му ги роди Аван и Молид. 30 Синови на Надав+ се: Селед и Апаим, но Селед умре без деца. 31 Син* на Апаим е Иши. Син на Иши е Сесан.+ Син на Сесан е Алај. 32 Синови на Јада, братот на Самај, се: Јетер и Јонатан, но Јетер умре без деца. 33 Синови на Јонатан се: Фалет и Заза. Тоа се синовите на Јерамеил.

34 Сесан+ немаше синови, туку ќерки. А Сесан имаше слуга Египќанец,+ кој се викаше Јарај. 35 И Сесан на својот слуга Јарај му ја даде за жена својата ќерка, и таа му го роди Атај. 36 На Атај му се роди Натан. На Натан му се роди Завад.+ 37 На Завад му се роди Ефлал. На Ефлал му се роди Овид. 38 На Овид му се роди Јуј. На Јуј му се роди Азарија. 39 На Азарија му се роди Хелис. На Хелис му се роди Елеаса. 40 На Елеаса му се роди Сисамај. На Сисамај му се роди Салум. 41 На Салум му се роди Јекамија. На Јекамија му се роди Елисама.

42 Синови на Халев,+ братот на Јерамеил, се: првородениот Меша, татко на Зиф, и синовите на Мариса, таткото на Хеврон. 43 Синови на Хеврон се: Кореј, Тафуј, Рекем и Сема. 44 На Сема му се роди Раам, таткото на Јоркеам. На Рекем му се роди Самај. 45 Син на Самај е Маон, а Маон е таткото на Вет-Сур.+ 46 Ефа, наложницата* на Халев, ги роди: Харан, Моса и Газес. На Харан му се роди Газес. 47 Синови на Јадаи се: Регем, Јотам, Гешан, Фелет, Ефа и Сагаф. 48 Наложницата на Халев, Мааха, ги роди Север и Тирхан. 49 Ги роди и: Сагаф, таткото на Мадмана,+ Шева, таткото на Махвена, и таткото на Гивеја.+ Ќерка на Халев+ е Ахса.+ 50 Тоа се синовите на Халев.

Синови на Ор,+ првородениот на Ефрата,+ се: Совал,+ таткото на Киријат-Јарим,+ 51 Салма, таткото на Витлеем,+ Ареф, таткото на Вет-Гадер. 52 Синови на Совал,+ таткото на Киријат-Јарим, се: Арој и половината луѓе од Менухот. 53 Семејствата од Киријат-Јарим се: Етерците,+ Футците, Суматовците и Мисровците. Од нив потекнаа Соратците+ и Естаолците.+ 54 Синови на Салма се: Витлеем,+ Нетофјаните,+ Атрот-Вет-Јоав и половината луѓе од Манахат, како и Соратците. 55 Семејствата на писарите, кои живееја во Јавиз,+ се: Тиратците, Симеатците и Сухатците. Тоа се Кенејците,+ кои потекнаа од Амат, таткото на домот на Рихав.+

3 Ова се синовите на Давид+ што му се родија во Хеврон:+ првородениот Амнон+ од Језраелката+ Ахиноама,+ вториот Даниел од Авигеја+ од Кармил,+ 2 третиот Авесалом,+ синот на Мааха,+ ќерка на гесурскиот+ цар Талмај,+ четвртиот Адонија,+ синот на Агита,+ 3 петтиот Сефатија, од Авитал,+ и шестиот Итрам, од неговата жена Егла.+ 4 Шестмина му се родија во Хеврон, каде што царуваше седум години и шест месеци, а во Ерусалим царуваше триесет и три години.+

5 Овие му се родија во Ерусалим:+ Симеја,+ Совав,+ Натан+ и Соломон,+ четворица од Витсавеа,+ ќерката на Амил,+ 6 потоа Евар,+ Елисама,*+ Елифелет,+ 7 Нога, Нефег, Јафија,+ 8 Елисама,+ Елијад и Елифелет+ — деветмина. 9 Сите тие се синови на Давид, а Тамара им беше сестра.+ Имаше и синови со своите наложници.*

10 Син на Соломон е Ровоам,+ негов син е Авија,+ негов син е Аса,+ негов син е Јосафат,+ 11 негов син е Јорам,+ негов син е Охозија,+ негов син е Јоас,+ 12 негов син е Амазија,+ негов син е Азарија,+ негов син е Јотам,+ 13 негов син е Ахаз,+ негов син е Езекија,+ негов син е Манасија,+ 14 негов син е Амон,+ негов син е Јосија.+ 15 Синови на Јосија се: првородениот Јоанан,* вториот Јоаким,+ третиот Седекија,+ четвртиот Салум. 16 Синови на Јоаким се: неговиот син Јехонија*+ и неговиот син Седекија. 17 Синови на Јехонија, кои му се родија во заробеништво, се: Салатиел,+ негов син, 18 Малхирам, Федаија, Сенасар, Јекамија, Осама и Недавиј. 19 Синови на Федаија се: Зоровавел+ и Симеј. Синови на Зоровавел се: Месулам и Ананија, а Селомит им беше сестра. 20 Потоа: Асува, Оел, Верехија, Асадија и Јусав-Есед — петмина. 21 Синови на Ананија се: Фелатија+ и Јесаја, син на Јесаја е Рефаија, син на Рефаија е Арнан, син на Арнан е Авдија, син на Авдија е Сеханија. 22 Син на Сеханија е Семаја, а синови на Семаја се: Хатус, Игал, Варија, Неариј и Сафат — шестмина. 23 Синови на Неариј се: Елиоенај, Хискија и Азрикам — тројца. 24 Синови на Елиоенај се: Одавија, Елијасив, Пелаја, Акув, Јоанан, Делаја и Анани — седуммина.

4 Синови на Јуда се: Фарес,+ Есром,+ Харми,+ Ор+ и Совал.+ 2 На Реај,+ синот на Совал, му се роди Јаат, а на Јаат му се родија Ахумај и Лад. Тоа се семејствата на Соратците.+ 3 Ова се синовите на таткото на Етам+: Језраел,+ Есма, Едвас (нивната сестра се викаше Аселелфонија), 4 Фенуел, таткото на Гедор,+ и Есер, таткото на Хуса. Тоа се синовите на Ор,+ првородениот на Ефрата, таткото на Витлеем.+ 5 Асхор,+ таткото на Текоја,+ имаше две жени, Хела и Нара. 6 Нара му ги роди: Ахузам, Офер, Темани и Ахастар. Тоа се синовите на Нара. 7 Синови на Хела се: Зарет, Исар и Етан. 8 На Коз му се родија Анув, Совив и семејствата на Ахарил, синот на Арум.

9 Јавиз+ беше поугледен+ од своите браќа. Мајка му му го даде името Јавиз, велејќи: „Го родив со болки“.+ 10 И Јавиз го повика Богот+ на Израел, велејќи: „Барем да ме благословеше+ и да го проширеше моето подрачје,+ раката твоја да беше со мене+ и да ме зачуваше од зло+ за да не ми наштети...“+ И Бог ја услиши неговата молитва.+

11 На Хелув, братот на Шуха, му се роди Мехир, кој е татко на Естон. 12 На Естон му се родија Вет-Раф, Фасеј и Техин, таткото на Ир-Нас. Тоа се луѓето на Река. 13 Синови на Кенез+ се: Готонил+ и Сераја, а син на Готонил е Атат. 14 На Менотај му се роди Офра. На Сераја му се роди Јоав, таткото на Ге-Харашим.* Тие беа занаетчии.+

15 Синови на Халев,+ синот на Јефониј,+ се: Иру, Ила и Наам. Син на Ила е Кенез. 16 Синови на Јехалел се: Зиф, Зифа, Тирија и Асариел. 17 Синови на Езрах се: Јетер, Меред, Ефер и Јалон. Неговата жена му ги роди: Маријам, Самај и Есва, таткото на Естемоја.+ 18 Неговата жена Јудејка* ги роди: Јеред, таткото на Гедор, Хевер, таткото на Сохо, и Екутиел, таткото на Заноја. Тоа се синовите на Витија, ќерката на фараонот, која ја зеде Меред.

19 Синови на жената на Одија, сестрата на Нам, се: таткото на Кеила+ Гармиецот и Естемоја Макатецот. 20 Синови на Симон се: Амнон, Рина, Вен-Анан и Тилон. Синови на Иши се: Зохет и Вен-Зохет.

21 Синови на Сала,+ синот на Јуда, се: Ир, таткото на Леха, и Лада, таткото на Мариса, и семејствата на изработувачите на фино платно+ од домот на Асвеја, 22 потоа Јоким и луѓето од Хозева, и Јоас и Сараф, кои си зедоа за жени Моавки,*+ како и Јашувилехем. За тоа зборуваат старите преданија.+ 23 Тие беа грнчари+ и живееја во Нетаим и во Гедера. Таму живееја и работеа за царот.+

24 Синови на Симеон се: Немуил,+ Јамин,+ Јарив, Зара, Саул,+ 25 неговиот син Салум, неговиот син Мивсам, неговиот син Мишма. 26 Синови на Мишма се: Хамуил, негов син, Захур, негов син, Симеј, негов син. 27 Симеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки. Неговите браќа немаа многу синови, така што ниту едно нивно семејство не беше толку бројно како синовите на Јуда.+ 28 Тие живееја во Вирсавеја,+ во Молада,+ во Асар-Суал,+ 29 во Вилха,+ во Асем,+ во Толад,+ 30 во Ветуил,+ во Хорма,+ во Сиклаг,+ 31 во Вет-Мархавот, во Асар-Сусим,+ во Вет-Вири и во Сараим.+ Тоа беа нивните градови до царувањето на Давид.

32 Се населија и во Етам, Аин, Римон, Тохен и во Асан+ — пет града. 33 И околу тие градови имаа свои места дури до Ваал.+ Тоа се местата во кои живееја и тоа се нивните родословни записи. 34 Месовав, Јамлех и Јоса, синот на Амазија, 35 Јоил и Јуј, синот на Јошивија, син на Сераја, син на Асил, 36 потоа Елиоенај, Јакова, Јесохаја, Асаија, Адил, Есимил, Венај 37 и Зиза, синот на Сифиј, син на Алон, син на Једај, син на Шимри, син на Семаја. 38 Овие што се наведени по име беа поглавари во своите семејства.+ Нивниот род многу се намножи. 39 Затоа отидоа до влезот во Гедор, на источната страна од долината, за да бараат пасишта за своите стада. 40 И најдоа густи и убави пасишта,+ а земјата беше пространа, мирна и безбедна.+ Таму порано живееја потомците на Хам.+ 41 Овие што се наведени по име дојдоа во времето на Езекија,+ царот на Јуда, и ги нападнаа Хамитите и Меунимите, кои престојуваа таму во своите шатори, па ги истребија,*+ така што и ден-денес нема ниту еден. И се населија на нивното место, зашто таму имаше пасишта+ за нивните стада.

42 Некои од синовите на Симеон отидоа во планината Сеир,+ петстотини луѓе, на чело со Фелатија, Неариј, Рефаија и Узиел, синовите на Иши. 43 Тие го погубија остатокот од Амаличаните,+ кои уште беа живи, и останаа таму до ден-денес.

5 Синовите на Рувим,+ првородениот на Израел (имено тој беше првороден,+ но ја оскверни постелата на својот татко,+ па неговото право на првородство им беше дадено на синовите на Јосиф,+ синот на Израел, така што тој не беше запишан во родословието како првороден; 2 Јуда+ беше понадмоќен од своите браќа и од него потекна водачот,+ но правото на првородство го доби Јосиф),+ 3 значи, синови на Рувим, првородениот на Израел, се: Анох,+ Фалу,+ Есром и Харми.+ 4 Синови на Јоил се: Семаја, негов син, неговиот син Гог, неговиот син Симеј, 5 неговиот син Михеј, неговиот син Реај, неговиот син Ваал, 6 неговиот син Веира, кого Телгат-Фелнасар,+ асирскиот цар, го одведе во изгнанство. Тој беше поглавар на племето на Рувим. 7 Негови браќа според нивните семејства, како што се запишани во родословниот запис+ според нивните поколенија, беа поглаварот Јејел, потоа Захарија 8 и Вела, синот на Азаз, син на Сема, син на Јоил,+ кој со своето семејство живееше во Ароир,+ до Нево+ и до Ваал-Меон.+ 9 На исток живееја до работ на пустината што се протегаше до реката Еуфрат,+ зашто нивната стока се намножи во земјата Галад.+ 10 Во деновите на Саул, тие војуваа со Агарјаните,+ кои изгинаа од нивната рака. И се населија во нивните шатори по целата земја источно од Галад.

11 Синовите на Гад+ живееја близу до нив во земјата Васан,+ до Салека.+ 12 Тоа беа: Јоил, поглаварот, Сафам, вториот, и Јанај и Сафат во Васан. 13 Нивни браќа од нивниот род се: Михаел, Месулам, Сава, Јорај, Јахан, Зиј и Евер — седуммина. 14 Тоа се синовите на Авихаил, синот на Ури, син на Јарој, син на Галад, син на Михаел, син на Јесисај, син на Јадо, син на Вуз. 15 Ахи, синот на Авдиел, син на Гуниј, беше поглавар на нивниот род. 16 Живееја во Галад,+ во Васан+ и во неговите градови+ и по сите пасишта на Сарон до нивните граници. 17 Сите тие беа запишани во родословието во деновите на Јотам,+ царот на Јуда, и во деновите на Јеровоам,*+ царот на Израел.

18 Синовите на Рувим и на Гад, како и половината племе на Манасија, храбри јунаци+ кои носеа штит и меч, оптегнуваа лак и беа извежбани за војна, беа четириесет и четири илјади седумстотини и шеесет војници.+ 19 И војуваа со Агарјаните,+ со Јетур,+ со Нафис+ и со Нодав. 20 И добија помош во војната против нив, така што Агарјаните и сите што беа со нив паднаа во нивни раце. Имено, во војната го повикуваа на помош Бог+ и тој ги услиши нивните молитви зашто имаа доверба во него.+ 21 Ја запленија нивната стока:+ педесет илјади камили, двесте и педесет илјади овци, две илјади магариња, и заробија сто илјади човечки души.+ 22 Имаше многу убиени, зашто вистинскиот Бог ја водеше таа војна.+ И се населија на нивното место и останаа таму до изгнанството.+

23 А синовите на половината племе на Манасија+ се населија во земјата од Васан+ до Ваал-Ермон,+ до Сенир+ и до планината Хермон.+ И многу се намножија. 24 Ова се поглаварите на нивните родови: Ефер, Иши, Елиел, Азриел, Еремија, Одавија и Јадил, храбри јунаци, прочуени луѓе, поглавари на своите родови. 25 Но почнаа да постапуваат неверно кон Богот на своите прататковци и ги почитуваа+ боговите*+ на народите што живееја во таа земја,* кои Бог ги истреби од пред нив. 26 Затоа Богот на Израел го поттикна+ Фул,+ асирскиот+ цар, односно* асирскиот цар Телгат-Фелнасар,+ да ги одведе во изгнанство+ племето на Рувим, племето на Гад и половината племе на Манасија. И ги доведе во Халах,+ Авор, Хара и на реката Гозан, каде што останаа до ден-денес.

6 Синовите на Леви+ се: Гирсон,+ Кат+ и Мерариј.+ 2 Синови на Кат се: Амрам,+ Исар,+ Хеврон+ и Узиел.+ 3 Синови на Амрам+ се: Арон+ и Мојсеј,+ а Маријам+ е нивна сестра. Синови на Арон се: Надав,+ Авиуд,+ Елеазар+ и Итамар.+ 4 На Елеазар+ му се роди Финес.+ На Финес му се роди Ависуј.+ 5 На Ависуј му се роди Вукиј, на Вукиј му се роди Озиј.+ 6 На Озиј му се роди Зерај, на Зерај му се роди Мерајот.+ 7 На Мерајот му се роди Амарија, на Амарија му се роди Ахитув.+ 8 На Ахитув му се роди Садок,+ на Садок му се роди Ахимас.+ 9 На Ахимас му се роди Азарија. На Азарија му се роди Јоанан. 10 На Јоанан му се роди Азарија.+ Тој служеше како свештеник во домот, кој Соломон го изгради во Ерусалим.

11 На Азарија му се роди Амарија.+ На Амарија му се роди Ахитув.+ 12 На Ахитув му се роди Садок.+ На Садок му се роди Салум. 13 На Салум му се роди Хелкија. На Хелкија+ му се роди Азарија. 14 На Азарија му се роди Сераја. На Сераја+ му се роди Јоседек.+ 15 Јоседек замина кога Јехова со раката на Навуходоносор ги одведе во изгнанство Јуда и Ерусалим.

16 Синови на Леви+ се: Гирсом,* Кат и Мерариј. 17 Ова се имињата на синовите на Гирсом: Ливниј+ и Симеј.+ 18 Синови на Кат+ се: Амрам,+ Исар, Хеврон и Узиел.+ 19 Синови на Мерариј се: Махли и Муси.+

Ова се семејствата на синовите на Леви според имињата на нивните прататковци:+ 20 од Гирсом — Ливниј,+ негов син, неговиот син Јаат, неговиот син Зима, 21 неговиот син Јоах,+ неговиот син Идо, неговиот син Зара, неговиот син Јетрај. 22 Синови на Кат се: Аминадав, негов син, неговиот син Кореј,+ неговите синови Асир, 23 Елкана и Евијасаф,+ неговиот син Асир, 24 неговиот син Тахат, неговиот син Урил, неговиот син Озија, неговиот син Саул. 25 Синови на Елкана+ се: Амасај и Ахимот. 26 Синови на Елкана се: Суфиј,+ негов син, неговиот син Нахат, 27 неговиот син Елијав,+ неговиот син Јероам, неговиот син Елкана.+ 28 Синови на Самоил+ се: првородениот Јоил и вториот Авија.+ 29 Синови на Мерариј се: Махли,+ неговиот син Ливниј, неговиот син Симеј, неговиот син Уза, 30 неговиот син Симеја, неговиот син Агија, неговиот син Асаија.

31 Ова се оние што Давид ги постави да го водат пеењето+ во Јеховиниот дом откако ковчегот го доби своето почивалиште.+ 32 И тие служеа+ како пејачи+ пред шаторот, шаторот на средбата, додека Соломон не го изгради Јеховиниот дом во Ерусалим.+ Ја вршеа својата служба така како што им беше пропишано.+ 33 Еве ги оние што беа поставени во служба и нивните синови: од синовите на Кат — Еман,+ пејач, син на Јоил,+ син на Самоил,+ 34 син на Елкана,+ син на Јероам, син на Елиел,+ син на Тоја, 35 син на Зуф,+ син на Елкана, син на Махат, син на Амасај, 36 син на Елкана, син на Јоил, син на Азарија, син на Софонија, 37 син на Тахат, син на Асир, син на Евијасаф,+ син на Кореј,+ 38 син на Исар,+ син на Кат, син на Леви, син на Израел.

39 Неговиот брат Асаф+ му служеше нему оддесно. Асаф е син на Верехија,+ син на Симеја, 40 син на Михаел, син на Васиј, син на Малхија, 41 син на Етниј, син на Зара, син на Адаија, 42 син на Етан, син на Зима, син на Симеј, 43 син на Јаат,+ син на Гирсом,+ син на Леви.

44 Ова се синовите на Мерариј,+ нивни браќа, кои стоеја на левата страна: Етан,+ синот на Киси,+ син на Авдиј, син на Малух, 45 син на Асавија, син на Амазија, син на Хелкија, 46 син на Амси, син на Вани, син на Семир, 47 син на Махли, син на Муси,+ син на Мерариј,+ син на Леви.

48 Нивните браќа, левитите,+ беа дарувани за сета служба+ во шаторот, во домот на вистинскиот Бог. 49 Арон+ и неговите синови ги гореа приносите+ на жртвеникот за жртви паленици+ и на кадилниот жртвеник+ за да ги исполнат сите свои најсвети должности и за да извршат очистување+ за Израел+ според сето она што го заповеда Мојсеј, слугата на вистинскиот Бог. 50 Ова се синовите на Арон:+ Елеазар,+ негов син, неговиот син Финес,+ неговиот син Ависуј,+ 51 неговиот син Вукиј, неговиот син Озиј, неговиот син Зерај,+ 52 неговиот син Мерајот,+ неговиот син Амарија, неговиот син Ахитув,+ 53 неговиот син Садок,+ неговиот син Ахимас.+

54 Ова се местата во кои живееја на своето подрачје,+ а кои синовите на Арон, од семејството на Кат,+ ги добија со ждрепка. 55 Им го дадоа Хеврон+ во земјата на Јуда со пасиштата околу него. 56 Полето и местото околу тој град+ му ги дадоа на Халев,+ синот на Јефониј.+ 57 На синовите на Арон им ги дадоа градот-прибежиште*+ Хеврон,+ Ливна+ со пасиштата, Јатир,+ Естемоја+ со пасиштата, 58 Илон+ со пасиштата, Девир+ со пасиштата, 59 Асан+ со пасиштата и Вет-Семес+ со пасиштата. 60 Од племето на Венијамин ги добија: Гева+ со пасиштата, Алемет+ со пасиштата и Анатот+ со пасиштата. Вкупно тринаесет+ града според нивните семејства.

61 А на останатите синови на Кат со ждрепка им припаднаа десет+ града од семејствата на некое друго племе и од племето на Манасија, од половината племе.

62 На синовите на Гирсом+ според нивните семејства им припаднаа тринаесет града од племето на Исахар,+ од племето на Асер,+ од племето на Нефталим+ и од племето на Манасија+ во Васан.

63 На синовите на Мерариј,+ според нивните семејства, со ждрепка им припаднаа дванаесет града од племето на Рувим,+ од племето на Гад+ и од племето на Завулон.+

64 Така синовите на Израел им ги дадоа на синовите на Леви+ градовите со околните пасишта.+ 65 Од племето на синовите на Јуда,+ од племето на синовите на Симеон+ и од племето на синовите на Венијамин+ со ждрепка им беа доделени следниве градови наведени по име.

66 Некои семејства на Катовите синови ги добија градовите на подрачјето на Ефремовото племе.+ 67 Тие им ги дадоа градот-прибежиште* Сихем+ со пасиштата, во ефремските планини, Гезер+ со пасиштата, 68 Јокмеам+ со пасиштата, Вет-Орон+ со пасиштата, 69 Ајалон+ со пасиштата и Гат-Римон+ со пасиштата. 70 Од половината племе на Манасија — Анир+ со пасиштата и Вилеам+ со пасиштата за семејствата на останатите синови на Кат.+

71 На синовите на Гирсом+ им ги дадоа од семејствата на половината племе на Манасија: Голан+ во Васан со пасиштата и Астарот+ со пасиштата. 72 Од племето на Исахар: Кедес+ со пасиштата, Даврат+ со пасиштата, 73 Рамот+ со пасиштата и Анем+ со пасиштата. 74 Од племето на Асер: Масал со пасиштата, Авдон+ со пасиштата, 75 Хукок+ со пасиштата и Рехов+ со пасиштата. 76 Од племето на Нефталим:+ Кедес+ во Галилеја,+ со пасиштата, Хамон со пасиштата и Киријатаим+ со пасиштата.

77 На преостанатите синови на Мерариј им ги дадоа од племето на Завулон:+ Римоно+ со пасиштата и Тавор со пасиштата. 78 Во јорданскиот крај кај Ерихон, од источната страна на Јордан, од племето на Рувим+ им ги дадоа: Везер+ во пустината со пасиштата, Јаса+ со пасиштата, 79 Кедимот+ со пасиштата и Мефат+ со пасиштата. 80 Од племето на Гад:+ Рамот+ во Галад, со пасиштата, Маханаим+ со пасиштата, 81 Есевон+ со пасиштата и Јазер+ со пасиштата.

7 Синови на Исахар се: Тола,+ Фуа,+ Јасув и Симрон+ — четворица. 2 Синови на Тола се: Озиј, Рефаија, Јерил, Јамај, Евсам и Семуел, поглавари на своите родови. Од Тола потекнаа храбри јунаци. Во деновите на Давид+ нивниот број изнесуваше дваесет и две илјади и шестотини. 3 Син* на Озиј е Израј. Синови на Израј се: Михаел, Авдија, Јоил, Исиј...* — петмина. Сите тие беа поглавари. 4 Меѓу нивните потомци, според нивните родови, во воени чети подготвени за војна имаше триесет и шест илјади луѓе, зашто имаа многу жени и синови.+ 5 Нивните браќа во сите семејства на Исахар беа храбри јунаци.+ Според родословниот запис, ги имаше вкупно осумдесет и седум илјади.+

6 Синови на Венијамин+ се: Вела,+ Вехер+ и Једиил+ — тројца. 7 Синови на Вела+ се: Есвон, Озиј, Узиел, Еримот и Ири — петмина, кои беа поглавари на своите родови, храбри јунаци. Во нивниот родословен запис+ беа запишани дваесет и две илјади и триесет и четири. 8 Синови на Вехер се: Земир, Јоас, Елиезер, Елиоенај, Амри, Јеремот, Авија, Анатот и Алемет. Сите тие се синови на Вехер. 9 Во нивниот родословен запис,+ според нивното потекло, според поглаварите на нивните родови, храбри јунаци, беа запишани дваесет илјади и двесте. 10 Син на Једиил+ е Валан. Синови на Валан се: Јеус, Венијамин, Ехуд, Хенан, Зитан, Тарсис и Ахисар. 11 Сите синови на Једиил, според поглаварите на нивните родови, храбри јунаци,+ беа седумнаесет илјади и двесте војници подготвени за војна.

12 Суфим+ и Упим+ се синови на Ир.+ Хусејците се синови на Ахир.

13 Синовите на Нефталим:+ Јасиел,+ Гуниј,+ Јесер и Салум,*+ синови на Вилха.+

14 Син на Манасија+ е Азрил, кого му го роди наложницата* Сиријка. (Таа го роди и Махир,+ таткото на Галад. 15 Махир ги ожени Упим и Суфим, чија сестра се викаше Мааха.) Името на вториот е Салпад,+ а Салпад имаше ќерки.+ 16 Мааха, жената на Махир, роди син и му го даде името Ферес. Брат му се викаше Серес, а негови синови се: Улам и Рекем. 17 Син на Улам е Бедан. Тоа се синовите на Галад, синот на Махир, син на Манасија. 18 Неговата сестра Амолекета ги роди Исуд, Авиезер+ и Мала. 19 Синови на Семида се: Ахијан, Сихем, Лихи и Анијам.

20 Синовите на Ефрем+ се: Сутал,+ неговиот син Веред, неговиот син Тахат, неговиот син Елеада, неговиот син Тахат, 21 неговиот син Завад, неговиот син Сутал, како и Есер и Елеад. Овие двајца беа убиени од луѓето од Гат,+ родени во земјата, зашто овие дојдоа да им ја земат стоката. 22 Ефрем, нивниот татко, тагуваше долго време,+ а неговите браќа доаѓаа кај него за да го утешат. 23 Потоа тој легна со својата жена и таа забремени+ и роди син. Тој му го даде името Верија,* зашто во неговиот дом се случи несреќа.+ 24 Ќерка му е Сера, која ги изгради Долни+ и Горни+ Вет-Орон+ и Узен-Сера. 25 Син му е Рефа, и Ресеф, неговиот син Тела, неговиот син Тахан, 26 неговиот син Ладан, неговиот син Амиуд, неговиот син Елисама, 27 неговиот син Навин,+ неговиот син Исус.+

28 Нивниот посед и местата каде што се населија се: Ветил+ со околните градови, Наран+ на исток, Гезер+ со околните градови на запад, Сихем+ со околните градови, до Газа* со околните градови; 29 покрај синовите на Манасија: Вет-Син+ со околните градови, Танах+ со околните градови, Мегидо+ со околните градови, Дор+ со околните градови. Во нив живееја синовите на Јосиф,+ синот на Израел.

30 Синовите на Асер+ се: Имна,+ Исва, Исви+ и Верија+ и нивната сестра Сера. 31 Синови на Верија се: Хевер и Малхил, таткото на Верзавит. 32 На Хевер му се родија Јафлет, Сомир* и Хотам и нивната сестра Шуја. 33 Синови на Јафлет се: Фасах, Вимал и Асват. Тоа се синовите на Јафлет. 34 Синови на Семир се: Ахи, Рога, Јехува и Арам. 35 Синови на Хелем, неговиот брат, се: Софа, Емна, Селис и Амал. 36 Синови на Софа се: Суја, Арнефер, Суал, Верија, Емра, 37 Везер, Ход, Шама, Силиса, Итран и Веера. 38 Синови на Јетер се: Јефониј, Фиспа и Ара. 39 Синови на Ула се: Арах, Аниел и Рисија. 40 Сите тие се синови на Асер, поглавари+ на своите родови, избрани храбри јунаци,+ поглавари меѓу кнезовите. Бројот на запишаните во нивниот родословен запис+ изнесуваше дваесет и шест илјади војници подготвени за војна.+

8 На Венијамин+ му се роди првородениот Вела,+ вториот Асвил,+ третиот Ахара,+ 2 четвртиот Ноа+ и петтиот Рафа. 3 Синови на Вела се: Адар, Гера,+ Авијуд, 4 Ависуј, Нааман, Ахој, 5 Гера, Сефуфам+ и Урам.+ 6 А синовите на Ехуд беа поглавари на семејствата што живееја во Гева,+ од каде што беа одведени во изгнанство во Манахат. 7 Нив ги одведоа во изгнанство Нааман, Ахија и Гера, кој предводеше. Нему му се родија Уза и Ахиуд. 8 На Сараим му се родија деца во моавската земја+ откако ги истера Моавците. Усима и Вара му беа жени. 9 Одеса, неговата жена, му ги роди: Јовав, Сивиј, Меша, Малхам, 10 Јеуз, Сахија и Мирма. Тоа се неговите синови, поглавари на своите родови.

11 Усима му ги роди Авитов и Елфал. 12 Синови на Елфал се: Евер, Мисам и Самед, кој ги изгради Оно+ и Лод+ со околните градови, 13 потоа Верија и Сема. Тие се поглавари на своите семејства, кои живееја во Ајалон.+ Тие ги истераа жителите на Гат. 14 Ахио, Сасак, Јеремот, 15 Зевадија, Арад, Едер, 16 Михаел, Еспа и Јоха се синови на Верија.+ 17 Зевадија, Месулам, Хиски, Хевер, 18 Исмерај, Езлиј и Јовав се синови на Елфал. 19 Јаким, Зихриј, Завдиј, 20 Елинај, Зилтај, Елиел, 21 Адаија, Вераја и Симрат се синови на Симеј.+ 22 Еспан, Евер, Елиел, 23 Авдон, Зихриј, Ханан, 24 Ананија, Елам, Антотија, 25 Ифдеја и Фенуел се синови на Сасак. 26 Самсерај, Сеарија, Аталија, 27 Јаресиј, Илија и Зихриј се синови на Јероам. 28 Тоа се поглавари на своите родови, како што беа запишани во родословните записи. Тие главари живееја во Ерусалим.+

29 Во Гаваон+ живееше Јејел, таткото на Гаваон, а жена му се викаше Мааха.+ 30 Неговиот првороден син беше Авдон, потоа Сур, Кис, Ваал, Надав,+ 31 Гедор, Ахио и Зехер.+ 32 На Миклот му се роди Симеја.+ Тие живееја заедно со своите браќа во Ерусалим, близу до останатите свои браќа.

33 На Нир+ му се роди Кис,+ а на Кис му се роди Саул.+ На Саул му се родија Јонатан,+ Малхи-Суа,+ Авинадав+ и Есвал.+ 34 Син на Јонатан е Мери-Вал.+ На Мери-Вал му се роди Михеј.+ 35 Синови на Михеј се: Фитон, Мелех, Тареј+ и Ахаз. 36 На Ахаз му се роди Јехоада. На Јехоада му се родија: Алемет, Азмавет и Зимриј. На Зимриј му се роди Моса. 37 На Моса му се роди Винеј, негов син е Рафеј,+ негов син е Елеаса, негов син е Асел. 38 Асел имаше шест сина, на кои имињата им се: Азрикам, Вохеру, Исмаел, Сеариј, Авдија и Ханан. Сите тие се синови на Асел. 39 Синови на Исек, неговиот брат, се: првородениот Улам, вториот Јеус и третиот Елифелет. 40 Синовите на Улам беа храбри јунаци,+ кои го оптегнуваа лакот+ и имаа многу синови+ и внуци, сто и педесет. Сите тие се синови на Венијамин.

9 Сите Израелци беа запишани во родословниот запис.+ Запишани се во Книгата за царевите на Израел. А Јуда, поради својата неверност, беше одведен во изгнанство+ во Вавилон. 2 Првите жители што се вратија на својот имот во своите градови беа свештениците,+ левитите,+ останатите Израелци+ и нетините.*+ 3 Во Ерусалим+ се населија некои од синовите на Јуда,+ некои од синовите на Венијамин+ и некои од синовите на Ефрем и на Манасија: 4 Утај, синот на Амиуд, син на Амри, син на Имри, син на Вани, син на Фарес,+ син на Јуда.+ 5 Од синовите на Сала:+ првородениот Асаија и неговите синови. 6 Од синовите на Зара:+ Јеуел и шестотини и деведесет нивни браќа.

7 Од синовите на Венијамин: Салу, синот на Месулам, син на Одавија, син на Асенуј, 8 Евниј, синот на Јероам, Ила, синот на Озиј, син на Михри, и Месулам, синот на Сефатија, син на Рагуил, син на Ивнија. 9 Нивните браќа, запишани во родословните записи, беа деветстотини педесет и шест луѓе. Сите тие беа поглавари на семејства во своите родови.

10 Од свештениците: Једај, Јехојарив, Јахин,+ 11 Азарија,+ синот на Хелкија, син на Месулам, син на Садок, син на Мерајот, син на Ахитув, раководител на домот на вистинскиот Бог, 12 Адаија, синот на Јероам, син на Пасхор, син на Малхија, Маасај, синот на Адил, син на Јазера, син на Месулам, син на Месилемит,+ син на Имер, 13 и нивните браќа, поглавари на своите домови, илјада седумстотини и шеесет луѓе, многу способни+ за вршење на службата во домот на вистинскиот Бог.

14 Од левитите: Семаја, синот на Асув, син на Азрикам, син на Асавија,+ од синовите на Мерариј, 15 потоа Ваквакар, Ерес, Галал, Матанија,+ синот на Миха,+ син на Зихриј,+ син на Асаф,+ 16 Авдија, синот на Семаја,+ син на Галал, син на Једутун,+ Верехија, синот на Аса, син на Елкана. Тој живееше во местата во кои живееја Нетофјаните.+

17 Вратарите:+ Салум,+ Акув, Талмон, Ахиман. Нивниот брат Салум беше поглавар 18 и порано служеше при царската порта+ на исток. Тие беа вратари во логорот на синовите на Леви.+ 19 Салум, синот на Коре, син на Евијасаф,+ син+ на Кореј,+ и неговите браќа, синови на Кореј,+ од домот на неговиот татко, ја надгледуваа работата. Го чуваа влезот+ во шаторот, како што нивните татковци го чуваа влезот во Јеховиниот логор. 20 Финес,+ синот на Елеазар,+ некогаш беше нивни раководител. Јехова беше со него.+ 21 Захарија,+ синот на Меселемиј, беше вратар на влезот во шаторот на средбата.

22 Сите оние што беа избрани како вратари на праговите беа двесте и дванаесет. Живееја во своите села,+ според родословниот запис.+ Ним Давид+ и јасновидецот+ Самоил им дадоа одговорна служба.+ 23 Тие и нивните синови чуваа стража на влезот во Јеховиниот дом, на влезот во шаторот.+ 24 Вратарите стоеја на четирите страни: на исток,+ на запад,+ на север+ и на југ.+ 25 Нивните браќа доаѓаа одвреме-навреме од своите места за да им се придружат по седум дена.+ 26 Четири главни вратари, левити, постојано беа во таа одговорна служба. Тие беа поставени над трпезариите+ и над ризниците+ на домот на вистинскиот Бог. 27 Ноќеваа околу домот на вистинскиот Бог, зашто должност им беше да стражарат.+ Беа задолжени да ги отклучуваат вратите секое утро.+

28 Некои од нив беа одговорни за приборот+ што се користеше во службата. Го пребројуваа кога го внесуваа и кога го изнесуваа. 29 Некои од нив се грижеа за другиот прибор, за целиот свет прибор,+ за финото брашно,+ за виното,+ маслото,+ темјанот+ и за мирисливите билки.+ 30 Некои од синовите на свештениците правеа смеса+ од мирисливи билки. 31 Матитиј, еден од левитите, првородениот на Салум,+ од семејството на Кореј, беше поставен над она што се печеше во тави.+ 32 Некои од синовите на Кат, нивни браќа, беа одговорни за наредените лебови,+ да ги приготвуваат на секој ден за одмор.*+

33 Тие беа пејачи,+ родовски поглавари на Левиевите племиња. Тие беа во трпезариите+ и беа ослободени од други должности+ зашто требаше да ја вршат својата работа дење и ноќе.+ 34 Тие беа родовски поглавари на Левиевото племе, како што беа запишани во родословните записи, главари. Живееја во Ерусалим.+

35 Во Гаваон+ живееше Јејел, таткото на Гаваон. Жена му се викаше Мааха. 36 Неговиот првороден син беше Авдон, потоа Сур, Кис, Ваал, Нир, Надав, 37 Гедор, Ахио, Захарија+ и Миклот. 38 На Миклот му се роди Симеам. Тие живееја заедно со своите браќа во Ерусалим, близу до останатите свои браќа. 39 На Нир+ му се роди Кис,+ а на Кис му се роди Саул.+ На Саул му се родија Јонатан,+ Малхи-Суа,+ Авинадав+ и Есвал.+ 40 Син на Јонатан е Мери-Вал.+ На Мери-Вал му се роди Михеј.+ 41 Синови на Михеј се: Фитон, Мелех, Тареја и Ахаз.+ 42 На Ахаз му се роди Јара. На Јара му се родија: Алемет, Азмавет и Зимриј. На Зимриј му се роди Моса. 43 На Моса му се роди Винеј, негов син е Рефаија,+ негов син Елеаса, негов син е Асел. 44 Асел имаше шест сина, на кои имињата им се: Азрикам, Вохеру, Исмаел, Сеариј, Авдија и Ханан. Тоа се синовите на Асел.+

10 Филистејците+ завојуваа со Израел, а Израелците бегаа пред Филистејците и паѓаа убиени по планината Гелвуја.+ 2 И Филистејци дојдоа многу блиску до Саул и до неговите синови, па ги убија Јонатан,+ Авинадав+ и Малхи-Суа,+ синовите на Саул.+ 3 Битката стануваше сѐ пожестока околу Саул. На крајот, стрелците со лакови го најдоа и го ранија.+ 4 Тогаш Саул му рече на својот штитоносец:+ „Извлечи го својот меч+ и прободи ме со него за да не дојдат оние необрежанине,+ па да ме исмејат“.+ Но штитоносецот не сакаше,+ зашто многу се плашеше. Затоа Саул го зеде мечот и се фрли врз него.+ 5 Кога виде дека Саул умре, штитоносецот исто така се фрли врз мечот и умре.+ 6 Така загинаа заедно+ Саул и неговите три сина и сите од неговиот дом што беа со него. 7 Кога видоа дека нивната војска избега и дека Саул и неговите синови загинаа, сите Израелци што беа во долината почнаа да ги напуштаат своите градови и да бегаат.+ Филистејците дојдоа и се населија во нив.

8 Утредента, кога дојдоа да ги ограбат убиените,+ Филистејците ги најдоа Саул и неговите синови како лежат на планината Гелвуја.+ 9 Го соблекоа Саул, му ја отсекоа главата+ и му го симнаа оружјето, па испратија гласници по целата филистејска земја за да им ја однесат веста+ на своите идоли+ и на народот. 10 На крајот, неговото оружје го ставија во храмот на својот бог,+ а неговиот череп го обесија на ѕидот во храмот на Дагон.+

11 Кога сите жители на Јавис+ во Галад чуја што му направиле Филистејците на Саул,+ 12 сите храбри мажи станаа и ги зедоа телото на Саул и телата на неговите синови, па ги донесоа во Јавис, и нивните коски ги закопаа под големото дрво+ во Јавис.+ И седум дена постеа.+

13 Така загина Саул поради својата неверност, зашто го изневери+ Јехова со тоа што не ја држеше Јеховината реч и за совет праша жена која повикува духови,+ 14 а не го праша за совет Јехова.+ Затоа тој го погуби и царството му го предаде на Давид, синот на Јесеј.+

11 По некое време сите Израелци+ се собраа кај Давид во Хеврон+ и му рекоа: „Еве, ние сме твоја коска и твое месо.+ 2 И порано, додека Саул уште беше цар, ти го водеше Израел во воени походи.+ Јехова, твојот Бог, ти рече: ‚Ти ќе му бидеш пастир+ на мојот народ Израел и ти ќе му бидеш водач+ на мојот народ Израел‘ “. 3 Така сите старешини на Израел дојдоа кај царот во Хеврон, и Давид склучи со нив сојуз во Хеврон пред Јехова. Потоа го помазаа+ Давид за цар на Израел, според речта што Јехова+ ја изрече преку Самоил.+

4 Потоа Давид тргна со целиот Израел против Ерусалим,+ односно против Евус,+ во кој имаше Евусејци+ што живееја во таа земја. 5 А жителите на Евус му порачаа на Давид: „Нема да влезеш ваму!“+ Но Давид сепак ја освои тврдината Сион,+ односно Давидовиот град.+ 6 Давид рече: „Кој прв ќе тргне во напад+ на Евусејците, ќе биде заповедник и кнез“. И Јоав,+ синот на Серуја, прв се качи и стана заповедник. 7 Потоа Давид се насели на тоа тешко пристапно место.+ Затоа го нарекоа Давидов град.+ 8 И тој почна да подига градби секаде наоколу, од Мило* наоколу, а Јоав го обнови+ останатиот дел од градот. 9 Давид стануваше сѐ посилен,+ зашто Јехова над војските беше со него.+

10 А ова се заповедниците на Давидовите јунаци,+ кои јуначки го поддржуваа него и неговото царство заедно со целиот Израел и го поставија за цар според ветувањето што Јехова+ му го даде на Израел. 11 Ова е попис на Давидовите јунаци: Јасовеам,+ синот на еден Ахмониец, главен меѓу тројцата. Тој со своето копје еднаш уби триста луѓе.+ 12 Потоа Елеазар,+ синот на Додо, потомокот на Ахохи,+ кој беше еден од тројцата јунаци.+ 13 Тој беше со Давид во Пас-Дамим,+ каде што Филистејците се собраа за војна. Таму имаше нива полна со јачмен, а војската бегаше пред Филистејците.+ 14 А тој застана среде нивата, ја одбрани и ги погуби Филистејците. Така Јехова им даде голема победа.+

15 Еднаш тие тројца од триесетте заповедници+ отидоа до карпата, за да дојдат кај Давид во адоламската пештера,+ а Филистејците беа улогорени во рефаимската долина.+ 16 Во тоа време Давид беше во своето скривалиште,+ а филистејската војска+ беше во Витлеем. 17 И Давид посака: „Камо да можев да се напијам вода+ од витлеемскиот+ бунар* што е кај градската порта!“ 18 Тогаш тие тројца продреа во филистејскиот логор, нацрпија вода од витлеемскиот бунар што е кај градската порта, па му ја донесоа и му ја дадоа на Давид.+ Но Давид не сакаше да пие, туку ја истури пред Јехова.+ 19 И рече: „Поради својот Бог, никогаш не би направил такво нешто! Зар да ја пијам крвта+ на овие луѓе што ја изложија својата душа на опасност? Зашто, тие ја изложија на опасност својата душа за да ја донесат таа вода“. И не сакаше да пие.+ Тоа го направија тие тројца јунаци.

20 А Ависај,+ братот на Јоав,+ беше заповедник на другите тројца. Тој со своето копје уби триста луѓе. Беше човек прочуен како и оние тројца. 21 Меѓу тројцата беше поистакнат од другите двајца, па им беше заповедник, но не ги достигна првите тројца.+

22 Венај,+ синот на Јодај,+ син на храбар човек, кој направи големи дела во Кавсеил,+ ги уби двата сина на Ариел Моавецот. Еден снежен ден, тој слезе во јама за вода и уби лав.+ 23 Уби и еден Египќанец со необично крупна става, пет лакти* висок.+ Иако Египќанецот во раката имаше копје+ со дршка како ткајачко кросно, тој излезе против него со стап, му го истргна копјето од раката и потоа го уби со неговото сопствено копје.+ 24 Тоа го направи Венај, синот на Јодај, и така си стекна име меѓу другите тројца јунаци. 25 Иако беше поистакнат од триесеттемина, не ги достигна првите тројца.+ Но Давид го постави за заповедник на телесната стража.+

26 Храбри јунаци во војската беа: Асаил,+ братот на Јоав, Елханан,+ синот на Додо од Витлеем, 27 Самот+ од Арор, Хелис Фелонецот,+ 28 Ира,+ синот на Икис од Текоја, Авиезер од Анатот,+ 29 Сивехај+ од Хус, Илај, потомокот на Ахохи,+ 30 Махарај+ од Нетофа,+ Хелед,+ синот на Вана од Нетофа, 31 Итај, синот на Ривај+ од Гаваја+ на Венијаминовите синови,+ Венај од Фаратон,+ 32 Урај од долините околу Гаш,+ Авил од Вет-Арава, 33 Азмавет од Бахурим,+ Елијава од Салвим, 34 синовите на Хасем од Гизон, Јонатан,+ синот на Саги од Арар, 35 Ахијам, синот на Сахар+ од Арар, Елифал,+ синот на Ур, 36 Офер Мехирецот, Ахија од Фелон, 37 Есро од Кармил,+ Нарај, синот на Есвај, 38 Јоил, братот на Натан,+ Мивар, синот на Агир, 39 Селек Амонецот, Нахарај од Веерот, кој му беше штитоносец на Јоав, синот на Серуја, 40 Ира Етерецот, Гарив+ Етерецот, 41 Урија+ Хетеецот,+ Завад, синот на Алај, 42 Адина, синот на Сиза од племето на Рувим, поглавар на синовите на Рувим, и со него триесет луѓе, 43 потоа Ханан, синот на Мааха, Јосафат од Митна, 44 Узија од Астарот, Сама и Јејел, синови на Хотам од Ароир, 45 Једиил, синот на Шимри, и неговиот брат Јоха од Тис, 46 Елиел од Махав, Еривај и Осавија, синови на Елнам, Итма Моавецот, 47 Елиел, Овид и Јасил од Месовија.

12 А ова се оние што дојдоа кај Давид во Сиклаг+ додека сѐ уште не можеше слободно да се движи поради Саул,+ синот на Кис, јунаци+ кои му помагаа во битката, 2 вооружени со лак, кои умееја да гаѓаат со камења+ и со десната и со левата рака+ и да фрлаат стрели+ со лак,+ а беа од браќата на Саул, од племето на Венијамин: 3 поглаварот Ахиезер и Јоас, синови на Семај од Гаваја,+ Језиил и Фелет, синови на Азмавет,+ Вераха, Јуј од Анатот,+ 4 Исмаја од Гаваон,+ јунак меѓу триесеттемина+ и водач на триесеттемина, потоа Еремија, Јазиел, Јоанан, Јозавад од Гедера,+ 5 Елузај, Еримот, Валиј, Семарија, Сефатија од Ариф, 6 потоа Елкана, Исиј, Азареил, Јоезер, Јасовеам, синови на Кореј,+ 7 како и Јоила и Зевадија, синови на Јероам од Гедор.

8 И некои од племето на Гад преминаа кај Давид кој беше во своето скривалиште во пустината.+ Тоа беа храбри јунаци, воини, кои секогаш носеа со себе големи штитови и копја.+ Лицето им беше како лице на лав,+ а беа брзи како газели по планините.+ 9 Есер беше главен, Авдија втор, Елијав трет, 10 Мисман четврти, Еремија петти, 11 Атај шести, Елиел седми, 12 Јоанан осми, Елзавад деветти, 13 Еремија десетти, Махванај единаесетти. 14 Тоа беа синовите на Гад,+ воени заповедници. Најмалиот им беше рамен на сто луѓе, а најголемиот на илјада.+ 15 Тоа се оние што го преминаа Јордан+ во првиот месец, кога се прелеа насекаде преку своите брегови,+ и ги растераа кон исток и кон запад сите жители од долините.

16 Некои од синовите на Венијамин и на Јуда дојдоа кај Давид во скривалиштето.+ 17 И Давид излезе пред нив и им рече вака: „Ако доаѓате кај мене во мир+ за да ми помогнете, моето срце ќе се обедини со вас.+ Но, ако дојдовте за да ме предадете на моите противници, иако нема вина на моите раце,+ нека го види тоа Богот+ на нашите прататковци и нека ни суди!“+ 18 Тогаш Божјиот дух+ го опфати Амасај, заповедникот на триесеттемина, и тој рече:

„Твои сме, Давиде, со тебе сме,+ сине Јесеев.

Мир, мир да имаш ти, мир да има оној што ти помага,

зашто твојот Бог ти помага!“+

И Давид ги прими и ги постави меѓу воените заповедници.+

19 И некои од Манасија пребегаа кај Давид кога тој со Филистејците+ излезе да се бори против Саул. Но не им помогна на Филистејците бидејќи нивните кнезови-сојузници+ меѓусебно се посоветуваа да го вратат, велејќи: „Би можел да пребега кај својот господар Саул, а за тоа ќе платиме со глава“.+ 20 Кога се врати во Сиклаг,+ кај него од Манасија пребегаа: Аднај, Јозавад, Једиил, Михаел, Јозавад, Елиу и Зилтај, илјаданачалници+ од Манасија. 21 Тие му помогнаа на Давид во борбата против разбојниците,+ зашто сите беа храбри јунаци,+ па станаа заповедници во неговата војска. 22 Од ден на ден доаѓаа луѓе+ кај Давид за да му помогнат, сѐ додека неговата војска не стана толку голема+ колку Божјата војска.+

23 Ова е бројот на луѓето вооружени за војна, кои дојдоа кај Давид во Хеврон+ за да му го предадат Сауловото царство+ според Јеховината наредба:+ 24 синовите на Јуда што носеа голем штит и копје беа шест илјади и осумстотини, вооружени за војна. 25 Од синовите на Симеон: седум илјади и сто храбри јунаци, воини.

26 Од синовите на Леви: четири илјади и шестотини. 27 Јодај им беше водач+ на синовите на Арон,+ а со него беа три илјади и седумстотини луѓе. 28 Исто така и младиот Садок,+ храбар јунак, и со него дваесет и двајца заповедници од неговиот род.

29 Од синовите на Венијамин,+ браќата на Саул,+ три илјади луѓе, бидејќи дотогаш најголемиот дел од нив сѐ уште грижливо го чуваа домот на Саул. 30 Од синовите на Ефрем: дваесет илјади и осумстотини храбри јунаци,+ прочуени луѓе во домот на своите прататковци.

31 Од половината племе на Манасија:+ осумнаесет илјади луѓе по име одредени да дојдат за да го постават Давид за цар. 32 Од синовите на Исахар,+ кои умееја во секоја пригода да распознаат+ што треба Израел да направи,+ имаше двесте заповедници. Сите нивни браќа беа под нивно заповедништво. 33 Од Завулон:+ педесет илјади луѓе способни за војска, подготвени за битка, вооружени со разновидно оружје. Тие се собраа околу Давид за да му покажат потполна оддаденост.* 34 Од Нефталим:+ илјада заповедници и со нив триесет и седум илјади луѓе со големи штитови и со копја. 35 Од племето на Дан: дваесет и осум илјади и шестотини луѓе подготвени за битка. 36 Од Асер:+ четириесет илјади луѓе способни за војска, подготвени за битка.

37 Од оние од другата страна на Јордан,+ од племето на Рувим, од племето на Гад и од половината племе на Манасија: сто и дваесет илјади луѓе вооружени со секакво оружје. 38 Сите тие беа воини, подготвени за битка. Дојдоа во Хеврон решени*+ да го постават Давид за цар на целиот Израел. И сите други Израелци беа сложни во намерата да го постават Давид за цар.+ 39 Останаа таму со Давид три дена, јадеа и пиеја,+ зашто нивните браќа подготвија сѐ за нив. 40 А и оние што живееја близу до нив, дури до Исахар,+ до Завулон+ и до Нефталим,+ донесуваа храна на магариња,+ на камили, на маски и на говеда: брашно,+ суви смокви,+ суво грозје,+ вино,+ масло,+ говеда+ и овци+ мошне многу, зашто владееше веселба+ во Израел.

13 Давид се советуваше со илјаданачалниците, со стотниците и со сите водачи.+ 2 И Давид ѝ рече на целата заедница* на Израел: „Ако ви е по волја вам и ако му е прифатливо на Јехова, нашиот Бог, да испратиме гласници кај нашите браќа што останаа по сите краишта на Израел,+ а исто така и кај свештениците+ и кај левитите+ во нивните градови+ со пасиштата, за да се соберат кај нас, 3 па ќе го пренесеме кај себе ковчегот+ на нашиот Бог“. Зашто, во времето на Саул не се грижеа за него.+ 4 И целата заедница рече да се направи така, зашто тоа беше исправно во очите на целиот народ.+ 5 Така Давид го собра целиот Израел+ од реката Египет+ до влезот во Емат+ за да се донесе ковчегот+ на вистинскиот Бог од Киријат-Јарим.+

6 Давид и целиот Израел тргнаа во Ваала,+ односно во Киријат-Јарим, кој е во Јуда, за оттаму да го донесат ковчегот на вистинскиот Бог, кој го носи името Јехова кој седи над херувими.*+ 7 Ковчегот на вистинскиот Бог го ставија на нова кола+ за да го одвезат од куќата на Авинадав, а Уза и Ахио+ управуваа со колата. 8 Давид и целиот Израел многу се веселеа+ пред вистинскиот Бог, пеејќи+ и свирејќи на харфи,+ на псалтири,+ на дајриња,+ на чинели и на труби.+ 9 Кога дојдоа до гумното на Хидон,+ Уза посегна со раката за да го придржи ковчегот,+ зашто говедата за малку ќе го превртеа. 10 Но тогаш Јехова пламна од гнев против Уза и го удри затоа што посегна со раката и го фати ковчегот,+ така што умре таму пред Бог.+ 11 И Давид се разгневи+ затоа што Јехова во својот гнев го уби Уза. А тоа место го доби името Ферес-Уза,* кое го носи до ден-денес.

12 Во тој ден Давид се уплаши од вистинскиот Бог+ и си помисли: „Како ќе го донесам кај себе ковчегот на вистинскиот Бог?“+ 13 И Давид не го пресели ковчегот кај себе во Давидовиот град, туку го смести во куќата на Овид-Едом+ од Гат.+ 14 И ковчегот на вистинскиот Бог остана три месеци во домот на Овид-Едом,+ во неговата куќа. И Јехова го благослови+ домот на Овид-Едом и сѐ што имаше.

14 А Хирам,+ тирскиот цар,+ испрати гласници кај Давид, а со нив и кедрово дрво,+ ѕидари и дрводелци за да му изградат дворец.+ 2 И Давид сфати дека Јехова го утврди+ за цар на Израел и дека го возвиши неговото царство заради својот народ Израел.+

3 Давид си зеде уште жени+ во Ерусалим, така што му се родија уште синови и ќерки.+ 4 Ова се имињата на децата што му се родија во Ерусалим: Самуј,+ Совав,+ Натан,+ Соломон,+ 5 Евар,+ Елисуа, Елфалет,+ 6 Нога, Нефег,+ Јафија, 7 Елисама,+ Велијад и Елифелет.+

8 А Филистејците чуја дека Давид е помазан за цар на целиот Израел,+ па сите излегоа да го бараат Давид.+ Кога чу за тоа, Давид излезе против нив. 9 А Филистејците дојдоа и почнаа да пљачкаат по рефаимската долина.+ 10 И Давид го праша Бог за совет:+ „Дали да ги нападнам Филистејците? Ќе ги предадеш ли во мои раце?“ А Јехова му одговори: „Оди и ќе ги предадам во твои раце!“ 11 Тогаш Давид отиде во Ваал-Ферасим+ и таму ги порази. И Давид рече: „Вистинскиот Бог со мојата рака продре низ редовите на моите непријатели како што вода продира низ насип“. Затоа местото го нарекоа Ваал-Ферасим.+ 12 А тие ги оставија таму своите богови,+ а Давид заповеда да ги изгорат во оган.+

13 По некое време, Филистејците пак почнаа да пљачкаат по долината.+ 14 Тогаш Давид пак побара совет+ од Бог, а вистинскиот Бог овојпат му рече: „Немој да одиш по нив, туку заобиколи ги, па удри на нив од онаа страна каде што има грмушки бака.*+ 15 Кога ќе чуеш топот на чекори во врвовите на грмушките бака,+ тогаш тргни во битка,+ бидејќи вистинскиот Бог ќе оди пред тебе+ за да ја погуби филистејската војска“. 16 И Давид направи така како што му заповеда вистинскиот Бог.+ И ја погубија филистејската војска од Гаваон+ до Гезер.+ 17 Славата+ на Давид се разнесе по сите земји, и Јехова предизвика да се плашат од Давид сите народи.+

15 Давид си изгради куќи+ во Давидовиот град, подготви место+ за ковчегот на вистинскиот Бог и му распна шатор. 2 Тогаш Давид рече: „Ковчегот на вистинскиот Бог, Јехова, не смее да го носи никој друг освен левитите, зашто нив ги избра Јехова да го носат неговиот ковчег+ и да му служат+ довека“. 3 И Давид го собра целиот Израел во Ерусалим+ за да го пренесат Јеховиниот ковчег+ на местото што му го подготви.

4 Давид ги собра и синовите на Арон+ и левитите: 5 од синовите на Кат — поглаварот Урил+ и неговите браќа, сто и дваесет луѓе, 6 од синовите на Мерариј+ — поглаварот Асаија+ и неговите браќа, двесте и дваесет луѓе, 7 од синовите на Гирсом+ — поглаварот Јоил+ и неговите браќа, сто и триесет луѓе, 8 од синовите на Елисафан+ — поглаварот Семаја+ и неговите браќа, двесте луѓе, 9 од синовите на Хеврон — поглаварот Елиел и неговите браќа, осумдесет луѓе, 10 од синовите на Узиел+ — поглаварот Аминадав и неговите браќа, сто и дванаесет луѓе. 11 Потоа Давид ги повика свештениците Садок+ и Авијатар+ и левитите Урил,+ Асаија,+ Јоил,+ Семаја,+ Елиел+ и Аминадав, 12 па им рече: „Вие сте поглавари+ на родовите на Левиевите племиња. Посветете се,+ вие и вашите браќа, па пренесете го ковчегот на Јехова, Богот на Израел, на местото што му го подготвив. 13 Затоа што првиот пат не го направивте тоа,+ Јехова, нашиот Бог, се нафрли врз нас,+ зашто не го баравме така како што треба“.+ 14 Тогаш свештениците и левитите се посветија+ за да го пренесат ковчегот на Јехова, Богот на Израел.

15 И синовите на Леви го понесоа+ ковчегот на вистинскиот Бог на рамења, на лостови,+ како што заповеда Мојсеј според Јеховината реч. 16 Тогаш Давид им рече на поглаварите на синовите на Леви да ги постават своите браќа пејачи+ со инструменти,+ со псалтири,+ со харфи+ и со чинели,+ за да свират гласно и да ечи од радосно пеење.

17 И синовите на Леви ги поставија Еман,+ синот на Јоил, и од неговите браќа Асаф,+ синот на Верехија, и од синовите на Мерариј, нивни браќа, Етан,+ синот на Кусај, 18 и со нив нивните браќа од втората група:+ Захарија,+ Бен, Јазил, Семирамот, Јеил, Униј, Елијав, Венај, Маасија, Матитиј, Елифел, Микнеј и вратарите Овид-Едом+ и Јејел. 19 Ги поставија пејачите Еман,+ Асаф+ и Етан да удираат гласно во бакарни чинели,+ 20 Захарија, Азил,+ Семирамот, Јеил, Униј, Елијав, Маасија и Венај да свират на псалтири наштимани според аламот,*+ 21 Матитиј,+ Елифел, Микнеј, Овид-Едом, Јејел и Азазиј со харфи+ наштимани според шеминит,*+ да управуваат со пеењето, 22 Хенаниј,+ поглаварот на левитите задолжени за носењето на ковчегот, да дава упатства за носењето, зашто беше вешт во тоа,+ 23 Верехија и Елкана да бидат вратари+ кај ковчегот, 24 свештениците Севанија, Јосафат, Нетанел, Амасај, Захарија, Венај и Елиезер гласно да трубат во труби+ пред ковчегот на вистинскиот Бог, и Овид-Едом и Јехија да бидат вратари кај ковчегот.

25 Така Давид,+ старешините на Израел+ и илјаданачалниците+ отидоа со голема веселба+ да го пренесат ковчегот на Јеховиниот сојуз од куќата на Овид-Едом.+ 26 И вистинскиот Бог, Јехова, им помогна+ на левитите што го носеа ковчегот на неговиот сојуз. Затоа принесоа за жртва седум јунци и седум овни.+ 27 Давид имаше на себе наметка без ракави од фино платно, а исто така и сите левити што го носеа ковчегот, пејачите и Хенаниј,+ кој управуваше со пејачите+ што беа и носачи. Давид имаше на себе ленен ефод.+ 28 Така сите Израелци го следеа ковчегот на Јеховиниот сојуз со радосно извикување+ придружено со звук од рогови,+ труби+ и чинели,+ и со гласно свирење на псалтири и на харфи.+

29 А кога ковчегот на Јеховиниот сојуз+ влегуваше во Давидовиот град, Сауловата ќерка Михала+ гледаше низ прозорецот и го виде цар Давид како потскокнува и се весели.+ И го презре+ во своето срце.

16 И го внесоа ковчегот на вистинскиот Бог+ и го поставија во шаторот што Давид го подигна за него.+ Тогаш почнаа да принесуваат пред вистинскиот Бог жртви паленици и жртви на заедништвото.+ 2 Кога ги принесе жртвите паленици+ и жртвите на заедништвото,+ Давид го благослови+ народот во Јеховино име.+ 3 Потоа им раздели+ на сите Израелци, на мажите и на жените, секому по еден тркалезен леб, како и урми и суво грозје. 4 И постави некои левити+ за да служат+ пред Јеховиниот ковчег, да го потсетуваат+ народот на делата на Јехова, Богот на Израел, да му благодарат+ и да го слават:+ 5 поглаварот Асаф,+ веднаш до него Захарија, потоа Јејел, Семирамот, Јеил, Матитиј, Елијав, Венај, Овид-Едом и Јејел+ со псалтирите и со харфите,+ Асаф+ кој гласно удираше со чинелите+ 6 и свештениците Венај и Јазиел, кои со трубите+ секогаш беа пред ковчегот на сојузот на вистинскиот Бог.

7 Во тој ден Давид за прв пат им даде+ на Асаф+ и на неговите браќа свој псалм за да му благодарат+ на Јехова со него:

 8 „Благодарете му на Јехова,+ повикувајте го неговото име,+

објавувајте ги меѓу народите неговите дела!+

 9 Пејте му,+ со песна фалете го,+

размислувајте за сите негови чудесни дела!+

10 Гордејте се со неговото свето+ име,+

нека се радува срцето на оние што го бараат Јехова!+

11 Барајте го Јехова и неговата сила,+

постојано барајте го неговото лице!+

12 Сеќавајте се на чудесните дела што ги направи,+

на неговите чуда и на законите од неговата уста,+

13 вие, потомци на Израел, неговиот слуга,+

синови на Јаков, негови избраници!+

14 Тој е Јехова, нашиот Бог,+ неговите закони се по целата земја.+

15 Сеќавајте се довека на неговиот сојуз,+

на речта што ја заповеда, низ илјада поколенија,+

16 сојуз што го склучи со Авраам+

и заклетва што му ја даде на Исак,+

17 која му ја постави како уредба на Јаков,+

како траен сојуз на Израел,+

18 велејќи: ‚Тебе ќе ти ја дадам ханаанската земја,+

како твој наследен дел‘.+

19 Тоа беше кога сѐ уште беа малобројни,+

кога беа многу малку и кога живееја во неа како дојденци.+

20 И одеа од народ до народ+

и од едно царство кај друг народ.+

21 Никому не му дозволи да ги измами,+

туку поради нив укоруваше цареви,+

22 велејќи: ‚Не допирајте ги моите помазаници,

не правете им зло на моите пророци!‘+

23 Пејте му на Јехова, сите луѓе на земјата!+

Од ден на ден објавувајте го неговото спасение!+

24 Раскажувајте меѓу народите за неговата слава,

меѓу сите народи за неговите чудесни дела!

25 Зашто, Јехова е велик и достоен за најголема фалба,+

од него треба да се бојат повеќе отколку од сите други богови.+

26 Зашто, сите богови на другите народи се безвредни,+

а Јехова ги направи небесата.+

27 Честа и величието се пред него,+

силата и радоста се во неговото светилиште.+

28 Признајте го Јехова, племиња од сите народи,

оддајте му слава на Јехова и признајте ја неговата моќ!+

29 Оддајте му ја на Јехова славата достојна на неговото име,+

понесете дар и дојдете пред него!+

Поклонете му се на Јехова во убаво и свето руво!+

30 Поради него, сите вас, земни луѓе, нека ве обземе тешка болка!

Земјата* стои цврсто,

никогаш нема да се разниша.+

31 Нека се радуваат небесата и нека се весели земјата!+

Нека зборуваат меѓу народите: ‚Јехова почна да царува!‘+

32 Нека бучи морето и сѐ што е во него,+

нека се радува полето и сѐ што е во него!+

33 И шумските дрвја нека воскликнуваат радосно поради Јехова,+

зашто дошол да ѝ суди на земјата.+

34 Благодарете му на Јехова, зашто е добар,+

зашто неговата милост* трае довека.+

35 И речете: ‚Спаси нѐ, Боже на нашето спасение,+

собери нѐ и избави нѐ од другите народи,+

за да му благодариме на твоето свето име,+ за да зборуваме радосно на твоја фалба.+

36 Благословен да е Јехова, Богот на Израел, од век и до век!‘ “+

И сиот народ рече: „Амин!“* и го фалеше Јехова.+

37 Потоа ги остави таму пред ковчегот на Јеховиниот сојуз Асаф+ и неговите браќа за да служат+ без престан пред ковчегот, како што е пропишано за секој ден,+ 38 потоа Овид-Едом и неговите браќа, шеесет и осум, како и Овид-Едом, синот на Једутун, и Оса, за да бидат вратари. 39 Свештеникот Садок+ и неговите браќа, свештеници, ги постави пред Јеховиниот шатор на височинката во Гаваон+ 40 за да му принесуваат на Јехова жртви паленици на жртвеникот за жртви паленици без престан, наутро и навечер, и да го извршуваат сето она што е запишано во законот што Јехова му го даде на Израел.+ 41 Со нив беа Еман+ и Једутун и останатите избрани, кои беа по име одредени+ да му упатуваат фалби на Јехова,+ зашто „неговата милост* трае довека“.+ 42 Еман+ и Једутун+ беа со нив за да трубат со труби,+ да удираат со чинели и да свират на други инструменти во чест на Бог. Синовите+ на Једутун беа на портата. 43 И сиот народ се разотиде, секој во својата куќа.+ Потоа Давид отиде да го благослови својот дом.

17 Кога се насели во својот дворец,+ Давид му рече на пророкот Натан:+ „Еве, јас живеам во дворец од кедрово дрво,+ а ковчегот+ на Јеховиниот сојуз се наоѓа под шатор“.+ 2 Тогаш Натан му рече на Давид: „Направи сѐ што ти лежи на срце,+ зашто вистинскиот Бог е со тебе“.+

3 Но во таа ноќ на Натан му дојде Божјата реч:+ 4 „Оди и речи му на мојот слуга Давид: ‚Вака вели Јехова: „Ти нема да ми изградиш куќа за да живеам во неа.+ 5 Јас не сум живеел во куќа од денот кога го изведов Израел до денес,+ туку постојано одев од шатор до шатор и од едно место до друго.+ 6 Додека патував наоколу со целиот Израел,+ дали некогаш на некој од судиите на Израел, на кои им заповедав да му бидат пастири на мојот народ, му реков: ‚Зошто не ми изградивте дом од кедрово дрво?‘ “ ‘+

7 Затоа сега вака кажи му на мојот слуга Давид: ‚Вака вели Јехова над војските: „Јас те зедов од пасиштето, откај стадото што го чуваше+ за да му бидеш водач+ на мојот народ Израел. 8 И ќе бидам со тебе каде и да појдеш+ и ќе ги истребам сите твои непријатели+ од пред тебе. Ќе ти направам име+ исто како името на големите луѓе што се на земјата.+ 9 И ќе му одредам место на својот народ Израел, ќе го засадам+ за да живее на своето место и никој повеќе нема да го вознемирува. Неправедниците+ нема повеќе да го угнетуваат како порано,+ 10 како тогаш кога му поставував судии+ на својот народ Израел. Ќе ги понижам сите твои непријатели.+ И ти јавувам дека јас, Јехова, ќе ти изградам дом.*+

11 Кога ќе дојде времето да отидеш кај своите прататковци,+ ќе го подигнам по тебе твојот потомок, еден од твоите синови,+ и ќе го зацврстам неговото царство.+ 12 Тој ќе ми изгради дом,+ а јас ќе го утврдам за навек неговиот престол.+ 13 Јас ќе му бидам татко,+ а тој ќе ми биде син.+ Својата милост* нема да ја одвратам од него+ како што ја одвратив од твојот претходник.+ 14 И ќе го утврдам во својот дом+ и во своето царство+ за навек. Неговиот престол+ ќе трае довека“ ‘ “.

15 Така Натан му ги пренесе на Давид сите овие зборови и целото видение.+

16 Потоа цар Давид дојде, седна пред Јехова+ и рече: „Кој сум јас,+ Јехова Боже, и што е мојот дом,+ та ме доведе до тука?+ 17 И како да е и тоа премалку во твои очи,+ Боже,+ па уште зборуваш што ќе биде со домот на твојот слуга во далечна иднина+ и погледна на мене како на угледен човек,+ Јехова Боже! 18 Што би можел уште да ти каже Давид за честа што му ја укажуваш на својот слуга,+ кога ти добро го познаваш својот слуга?+ 19 Јехова, заради својот слуга и според своето срце+ ти си ги направил сите овие големи дела, и сите нив ги објави.+ 20 Јехова, никој не е како тебе+ и освен тебе нема Бог+ — сето она што го чувме со свои уши го потврдува тоа. 21 Кој друг народ на земјата е како твојот народ Израел?+ Него го откупи, вистински Боже, за да биде твој народ,+ и си стекна име правејќи големи и застрашувачки дела,+ зашто истера други народи+ од пред својот народ, кого го откупи од Египет. 22 И одреди твојот народ Израел да биде твој народ+ довека, а ти, Јехова, стана негов Бог.+ 23 Затоа сега, Јехова, нека се исполни за сите времиња она што го кажа за својот слуга и за неговиот дом и направи така како што вети. 24 Твоето име+ нека биде достојно за доверба и големо+ довека, и нека се зборува: ‚Јехова над војските,+ Богот на Израел,+ навистина е Бог на Израел‘.+ Домот на твојот слуга Давид секогаш нека стои пред тебе.+ 25 Зашто ти, Боже мој, му откри на својот слуга дека ќе му изградиш дом.+ Затоа твојот слуга ти се моли тебе. 26 Навистина, Јехова, ти си вистински Бог+ и ти му го даде ова добро ветување на својот слуга.+ 27 Те молам, благослови го домот на својот слуга за да остане довека пред тебе.+ Зашто, кога ти, Јехова, ќе го благословиш, ќе биде благословен довека“.+

18 Потоа Давид ги нападна Филистејците+ и ги покори. И го зеде Гат+ со околните градови од рацете на Филистејците. 2 Ги порази и Моавците,+ и тие му станаа слуги на Давид и му плаќаа данок.+

3 Кај Емат,+ Давид го порази Адад-Езер,+ царот на Сова,+ кога тој одеше да ја воспостави својата власт на реката Еуфрат.+ 4 И Давид му зароби илјада бојни коли, седум илјади коњаници и дваесет илјади пешаци.+ И на сите коњи+ впрегнати во бојни коли им ги пресече жилите на нозете,+ а остави само сто коњи. 5 Кога Сиријците од Дамаск му дојдоа на помош на совскиот цар+ Адад-Езер, Давид уби дваесет и две илјади Сиријци. 6 Потоа Давид постави војска во Дамаск, во Сирија.+ И Сиријците му станаа слуги на Давид и му плаќаа данок.+ Јехова го чуваше Давид каде и да одеше.+ 7 И Давид ги зеде тркалезните штитови+ од злато, кои ги носеа слугите на Адад-Езер, и ги донесе во Ерусалим.+ 8 Од Тиват+ и од Хун, градови на Адад-Езер, Давид однесе мошне многу бакар од кој Соломон ги направи бакарното море,+ столбовите+ и бакарниот прибор.+

9 Кога ематскиот цар+ Тој чу дека Давид ја поразил целата војска на Адад-Езер,+ царот на Сова, 10 го испрати својот син Адорам+ кај цар Давид за да го праша како е, а и да му честита што војувал против Адад-Езер и што го поразил, зашто Адад-Езер често војуваше со Тој. Адорам донесе секакви предмети од злато, сребро+ и бакар. 11 И нив цар Давид му ги посвети+ на Јехова, како што го посвети среброто и златото што го беше зел од сите народи,+ од Едомците, од Моавците,+ од синовите на Амон,+ од Филистејците+ и од Амаличаните.+

12 А Ависај,+ синот на Серуја,+ ги порази Едомците во Солената Долина+ — осумнаесет илјади луѓе. 13 И распореди војска по Едом, а сите Едомци му станаа слуги на Давид.+ Јехова го чуваше Давид каде и да одеше.+ 14 И Давид царуваше над целиот Израел+ и во целиот свој народ ги спроведуваше законот и правдата.+ 15 Јоав, синот на Серуја, заповедаше со војската,+ а Јосафат,+ синот на Ахилуд, беше летописец. 16 Садок,+ синот на Ахитув, и Ахимелех,+ синот на Авијатар, беа свештеници, а Суса+ беше писар. 17 Венај,+ синот на Јодај,+ им заповедаше на Херетејците+ и на Фелетејците,+ а синовите на Давид беа први до царот.+

19 По некое време умре Наас,+ царот на Амоновите синови, а неговиот син почна да владее наместо него.+ 2 Тогаш Давид си помисли: „Ќе му направам добро*+ на Анун, синот на Наас, зашто и неговиот татко мене ми направи добро“.+ И Давид испрати гласници за да му пренесат изрази на сочувство поради неговиот татко. Слугите на Давид дојдоа во земјата на Амоновите синови+ кај Анун за да му изразат сочувство. 3 Но кнезовите на Амоновите синови му рекоа на Анун: „Зар мислиш дека Давид ги испратил своите слуги за да ти изразат сочувство затоа што сака да му укаже чест на твојот татко? Зар неговите слуги не се дојдени кај тебе за да ја прегледаат и да ја извидат земјата,+ а потоа да ја разорат?“+ 4 Тогаш Анун ги фати слугите на Давид,+ ги избричи+ и им ја потсече облеката на половина, сѐ до задникот,+ па така ги прати назад.+ 5 Кога чу што им се случило на овие луѓе, Давид ги испрати своите слуги да ги пречекаат, зашто беа многу осрамотени. И царот им порача: „Останете во Ерихон+ додека не ви пораснат брадите, па тогаш вратете се“.

6 Тогаш синовите на Амон видоа дека Давид ги замрази.+ И Анун+ и синовите на Амон испратија илјада таланти* сребро+ за да најмат бојни коли+ и коњаници од Месопотамија, од Арам-Мах+ и од Сова.+ 7 Така најмија триесет и две илјади бојни коли,+ а го најмија и царот на Мааха и неговите луѓе.+ И тие дојдоа и се улогорија пред Медева.+ А синовите на Амон се собраа од своите градови и дојдоа во бој.

8 Кога чу за тоа, Давид го испрати Јоав+ со целата војска и со своите јунаци.+ 9 И синовите на Амон излегоа и се наредија во борбени редови пред градската порта, а царевите+ што беа дошле се наредија одделно во полето.

10 Кога ја виде војската поставена кон него и отспреди и одзади, Јоав ги одбра најдобрите луѓе меѓу Израелците и ги распореди во борбени редови против Сиријците.+ 11 Останатата војска му ја предаде на својот брат Ависај+ за да се распореди во борбени редови против синовите на Амон.+ 12 И му рече: „Ако Сиријците+ бидат посилни од мене, ти дојди ми на помош.+ А ако синовите на Амон бидат посилни од тебе, јас ќе ти дојдам на помош.+ 13 Биди силен!+ Храбро да се бориме за својот народ и за градовите на нашиот Бог!+ А Јехова ќе го направи она што е добро во негови очи“.+

14 Тогаш Јоав со војската што беше со него тргна во борба против Сиријците,+ а тие се разбегаа+ од пред него. 15 Кога видоа дека Сиријците се разбегаа, и синовите на Амон побегнаа+ пред неговиот брат Ависај и се повлекоа во градот.+ Тогаш Јоав се врати во Ерусалим.

16 Кога видоа дека Израелците ги поразија,+ Сиријците испратија гласници и ги доведоа Сиријците што живееја покрај Реката,*+ под водството на Совак, заповедникот на војската на Адад-Езер.

17 Кога чу за тоа, Давид го собра целиот Израел, го премина Јордан и дојде кај нив, па ја нареди војската во борбени редови против нив.+ Бидејќи Давид ја построи војската во борбени редови против Сиријците, тие почнаа да се борат со него. 18 Но Сиријците се разбегаа+ пред Израелците, и Давид им уби седум илјади возачи на коли и четириесет илјади пешаци. Го погуби и Совак, заповедникот на војската.+ 19 Кога видоа дека Израелците ги поразија,+ слугите на Адад-Езер склучија мир со Давид и почнаа да му служат.+ И Сиријците повеќе не сакаа да им помагаат на синовите на Амон.+

20 Во почетокот на следната година,+ во време кога царевите излегуваат во војна,+ Јоав ја поведе војската во бој+ и ја опустоши земјата на Амоновите синови. Дојде до Рава+ и почна да ја опсадува, а Давид остана во Ерусалим. Јоав ја освои Рава+ и ја разори. 2 Тогаш Давид ја симна од главата на Малхам* круната+ од злато и скапоцени камења тешка еден талант.* Круната ја ставија на главата на Давид. Давид однесе од градот многу голем плен.+ 3 А народот што беше во него го изведе и го постави да работи+ со пили за камен, со остри железни алатки и со секири.+ Така направи во сите градови на Амоновите синови. На крајот Давид се врати со својата војска во Ерусалим.

4 Потоа избувна војна со Филистејците+ во Гезер.+ Тогаш Хусанецот Сивехај+ го уби Саф, Рефаимецот,+ и така беа покорени.

5 Кога повторно избувна војна со Филистејците, Елханан,+ синот на Јаир, го уби Лами, братот на Голијат+ од Гат, чие копје имаше дршка како ткајачко кросно.+

6 Потоа пак избувна војна во Гат,+ каде што имаше еден човек со необично крупна става,+ кој имаше по шест прсти на секоја рака и на секоја нога, вкупно дваесет и четири.+ И тој беше Рефаимец.*+ 7 Кога почна да му се подбива+ на Израел, Јонатан, синот на Давидовиот брат Симеј,+ го уби.

8 Тие беа Рефаимци+ од Гат,+ а загинаа+ од раката на Давид и од рацете на неговите слуги.

21 А Сатана* стана против Израел и го наведе+ Давид да ги преброи Израелците. 2 Така Давид им рече на Јоав+ и на поглаварите на народот: „Одете, пребројте+ ги Израелците од Вирсавеја+ до Дан,+ па јавете ми за да знам колку ги има“.+ 3 Но Јоав му рече: „Јехова нека му додаде на својот народ уште стопати олку колку што го има сега.+ Не се ли сите тие, господару мој, царе, слуги на мојот господар? Зошто бара такво нешто мојот господар?+ Зошто да навлече вина на Израел?“

4 Но царскиот збор+ беше посилен од зборот на Јоав. Така Јоав отиде+ и го обиколи целиот Израел, а потоа дојде во Ерусалим.+ 5 И Јоав му го даде на Давид бројот на попишаниот народ: сите синови на Израел беа милион и сто илјади луѓе вооружени со меч,+ а синовите на Јуда беа четиристотини и седумдесет илјади луѓе вооружени со меч. 6 Но Јоав не ги попиша заедно со нив+ Леви+ и Венијамин зашто царската заповед му беше одвратна.

7 Тоа беше зло во очите на вистинскиот Бог,+ и затоа тој го удри Израел. 8 И Давид му рече на вистинскиот Бог: „Многу згрешив+ што го направив тоа! Те молам, прости му го овој грев на својот слуга,+ зашто постапив многу неразумно!“+ 9 А Јехова му рече на Гад,+ јасновидецот+ на Давид: 10 „Оди и речи му на Давид: ‚Вака вели Јехова: „Три нешта ставам пред тебе,+ а ти избери кое од нив да ти го направам!“ ‘ “+ 11 И Гад дојде кај Давид и му рече:+ „Вака вели Јехова: ‚Избери, 12 сакаш ли три години да има глад,+ или три месеци да те истребуваат твоите противници+ и да те стигнува мечот на твоите непријатели, или три дена Јеховиниот меч+ и помор+ да бидат во земјата и Јеховин ангел да убива+ по сите краишта на Израел‘. Сега размисли што да му одговорам на оној што ме испраќа“. 13 А Давид му рече на Гад: „На голема мака сум! Да паднам во рацете на Јехова,+ зашто е големо неговото милосрдие,+ но да не паднам во рацете на луѓето!“+

14 И Јехова испрати помор+ на Израел, така што во Израел загинаа седумдесет илјади луѓе.+ 15 Вистинскиот Бог испрати ангел и во Ерусалим за да го опустоши.+ И кога тој почна да пустоши, Јехова погледна и се сожали поради неволјата,+ па му рече на ангелот кој пустошеше: „Доста!+ Повлечи ја сега раката!“ А Јеховиниот ангел стоеше кај гумното на Евусеецот+ Орнан.*+

16 Кога ги подигна очите, Давид го виде Јеховиниот ангел+ како стои меѓу земјата и небото со извлечен меч во раката,+ кој беше свртен кон Ерусалим. Тогаш Давид и старешините паднаа ничкум,+ облечени во козина.+ 17 И Давид му рече на вистинскиот Бог: „Зарем не сум јас тој што заповеда да се преброи народот? Не бев ли јас тој што згреши и зарем не бев јас тој што направи зло?+ Што направиле овие овци?+ Јехова, Боже мој, твојата рака нека дојде врз мене и врз домот на мојот татко, а не врз твојот народ+ за да го погуби!“

18 И Јеховиниот ангел му рече на Гад+ да му каже на Давид да оди горе и да му подигне на Јехова жртвеник на гумното на Евусеецот Орнан.+ 19 Така Давид отиде, според зборот што Гад му го јави во името на Јехова.+ 20 И свртувајќи се, Орнан+ го здогледа ангелот, а неговите четири сина што беа со него веднаш се скрија. Орнан штотуку ја вршеше пченицата. 21 И Давид дојде кај Орнан. Кога погледна и го виде Давид,+ Орнан веднаш дојде од гумното и му се поклони на Давид со лицето до земја. 22 Тогаш Давид му рече на Орнан: „Дај ми го гумното за да му изградам на него жртвеник на Јехова! Дај ми го за полна цена+ за да престане поморот+ меѓу народот!“ 23 Тогаш Орнан му рече на Давид: „Земи го!+ Мојот господар, царот, нека го направи она што е добро во негови очи! Еве, ти ги давам и говедата+ за жртви паленици, справата за вршидба+ да ти биде за дрва+ и пченицата да ти биде за житна жртва. Сето тоа ти го давам како дар“.+

24 Но цар Давид му рече на Орнан: „Не, туку ќе го купам од тебе за полна цена,+ зашто нема да му го донесам на Јехова она што е твое и нема да му принесувам жртви паленици што не сум ги платил“. 25 Така Давид му даде на Орнан за она место шестотини сикли* злато.+ 26 Тогаш Давид му изгради таму жртвеник+ на Јехова и му принесе жртви паленици и жртви на заедништвото. И го повика Јехова,+ а тој му одговори со оган+ што се спушти од небото врз жртвеникот за жртви паленици. 27 И Јехова му заповеда на ангелот+ да го врати мечот во ножницата. 28 Тогаш Давид виде дека Јехова го услиши на гумното на Евусеецот Орнан, па оттогаш таму принесуваше жртви.+ 29 Но во тоа време, Јеховиниот шатор, кој Мојсеј го беше направил во пустината, и жртвеникот за жртви паленици се наоѓаа на височинката во Гаваон.+ 30 А Давид не можеше да оди таму за да побара совет од Бог, зашто го беше опфатил страв+ од мечот на Јеховиниот ангел.

22 И Давид рече: „Ова е домот+ на Јехова, вистинскиот Бог, и ова е жртвеникот+ за жртви паленици на Израел!“

2 Потоа Давид заповеда да се доведат дојденците+ што беа во земјата на Израел, па ги одреди за каменоделци,+ да делкаат камења+ за изградба на домот на вистинскиот Бог. 3 Давид подготви многу железо за клинците на градските порти и за спојниците, и толку многу бакар што не можеше да се измери,+ 4 а и кедрови дрва+ без број, зашто Сидонците+ и Тирците+ му донесоа на Давид многу кедрово дрво. 5 И Давид рече: „Мојот син Соломон е млад и неискусен,+ а домот што треба да му биде изграден на Јехова мора да биде посебно величествен,+ прочуен во сите земји по својата убавина.+ Затоа сега ќе му подготвам сѐ што треба“. И Давид подготви многу работи пред својата смрт.+

6 И го повика својот син Соломон и му заповеда да му изгради дом на Јехова, Богот на Израел. 7 И Давид му рече на својот син Соломон: „Во своето срце+ посакав да му изградам дом на името+ на Јехова, мојот Бог. 8 Но ми дојде Јеховината реч: ‚Многу крв пролеа+ и водеше големи војни.+ Ти нема да му изградиш дом на моето име,+ зашто пролеа многу крв на земјата пред мене. 9 Еве, ќе ти се роди син.+ Тој ќе биде мирен човек и нему ќе му дадам спокојство од сите негови околни непријатели.+ Името ќе му биде Соломон,*+ и мир+ и спокојство ќе му дадам на Израел во неговите дни. 10 Тој ќе му изгради дом на моето име,+ и ќе ми биде син,+ а јас нему ќе му бидам татко.+ Ќе го утврдам за навек неговиот царски престол+ над Израел‘.

11 А сега, сине мој, Јехова нека биде со тебе за да бидеш успешен во сѐ и да му изградиш дом на Јехова, својот Бог, токму како што тој рече за тебе.+ 12 Само, Јехова нека ти даде разборитост и разум*+ и нека те постави да го водиш Израел, и така да се држиш за законот на Јехова, својот Бог!+ 13 Ќе бидеш успешен+ во сѐ ако постапуваш совесно според уредбите+ и законите+ што Јехова му ги даде+ на Мојсеј за Израел. Биди храбар и силен!+ Не бој се+ и не плаши се!+ 14 Еве, јас во својата неволја+ подготвив за Јеховиниот дом сто илјади таланти* злато,+ милион таланти сребро, а бакарот+ и железото+ мера немаат, зашто ги има премногу. Подготвив дрвена граѓа и камења, а ти уште придодај кон тоа. 15 Имаш и многу работници, каменоделци, ѕидари,+ дрводелци и разни луѓе вешти за секоја работа.+ 16 Злато, сребро, бакар и железо има толку многу што не може да се измери.+ Оди и гради!+ Јехова нека биде со тебе!“+

17 И Давид им заповеда на сите кнезови на Израел да му помагаат на неговиот син Соломон: 18 „Зар не е со вас Јехова, вашиот Бог?+ Зар не ви даде мир на сите ваши граници?+ Тој ги предаде во мои раце жителите на оваа земја, и земјата е покорена пред Јехова+ и пред неговиот народ. 19 Сега, значи, барајте го Јехова, својот Бог,+ со сето срце и со сета душа.+ Одете и градете му светилиште+ на Јехова, вистинскиот Бог,+ за да бидат донесени ковчегот+ на Јеховиниот сојуз и светиот прибор на вистинскиот Бог во домот што ќе му биде изграден на името+ на Јехова“.

23 Кога остаре+ и се наживеа, Давид го постави својот син Соломон+ за цар на Израел. 2 И ги собра сите израелски кнезови+ и свештениците+ и левитите.+ 3 Беа изброени левитите од триесет години нагоре,+ секој маж поединечно, и ги имаше триесет и осум илјади. 4 Меѓу нив имаше дваесет и четири илјади од оние што требаше да ја надгледуваат работата во Јеховиниот дом, потоа шест илјади управители+ и судии,+ 5 четири илјади вратари+ и четири илјади од оние што требаше да го фалат+ Јехова со инструменти,+ за кои Давид рече дека ги направил за давање фалба.

6 И Давид ги раздели во групи+ според синовите на Леви:+ Гирсон, Кат и Мерариј. 7 Од синовите на Гирсон беа: Ладан и Симеј. 8 Синови на Ладан беа: поглаварот Јеил,+ потоа Зетам и Јоил+ — тројца. 9 Синови на Симеј беа: Селомот, Азиил и Харан — тројца. Тие беа родовски поглавари на Ладан. 10 Синови на Симеј беа: Јаат, Зинај,* Јеус и Верија. Тие четворица беа синови на Симеј. 11 Јаат беше поглаварот, а Зизај вториот. Јеус и Верија немаа многу синови и затоа се броеја како еден род+ со исти задолженија.

12 Синови на Кат+ беа: Амрам, Исар,+ Хеврон+ и Узиел+ — четворица. 13 Синови на Амрам беа: Арон+ и Мојсеј.+ Арон беше одвоен+ да ја посветува Светињата над светињите,+ тој и неговите синови довека, да ги горат приносите+ пред Јехова, да му служат+ и да даваат благослов+ во негово име довека. 14 И синовите на Мојсеј, Божјиот човек,+ се вбројуваа во племето на Леви.+ 15 Синови на Мојсеј беа: Гирсом+ и Елиезер.+ 16 Син на Гирсом беше поглаварот Севуил.*+ 17 Син на Елиезер беше поглаварот Реавиј.+ Елиезер немаше други синови, но синовите на Реавиј многу се намножија. 18 Син на Исар+ беше поглаварот Селомит.+ 19 Синови на Хеврон беа: поглаварот Јерија, вториот Амарија, третиот Јазиел и четвртиот Јекамеам.+ 20 Синови на Узиел+ беа: поглаварот Михеј и вториот Исиј.

21 Синови на Мерариј+ беа: Махли и Муси.+ Синови на Махли беа: Елеазар+ и Кис. 22 Но Елеазар умре, а немаше синови, туку само ќерки. Затоа синовите на Кис, нивни браќа, ги зедоа за жени.+ 23 Синовите на Муси беа: Махли, Едер и Јеремот+ — тројца.

24 Тоа беа синовите на Леви според нивните родови,+ родовски поглавари на кои им беа доверени различни одговорности, попишани по име, кои требаше да ја вршат службата+ во Јеховиниот дом, од дваесет години нагоре.+ 25 Имено, Давид рече: „Јехова, Богот на Израел, му даде мир на својот народ+ и ќе живее во Ерусалим довека.+ 26 Затоа левитите не ќе мораат повеќе да го носат ниту светиот шатор ниту некаков прибор за службата во него“.+ 27 Зашто, според последните Давидови заповеди,+ беа преброени синовите на Леви од дваесет години нагоре. 28 Нивна задача беше да им помагаат на синовите на Арон+ во службата во Јеховиниот дом, да се грижат за дворовите+ и за трпезариите,+ да ги чистат сите свети работи,+ да ја извршуваат службата во домот на вистинскиот Бог, 29 да се грижат за наредените лебови,+ за финото брашно+ за житна жртва, за бесквасните кори,+ за она што се печеше во тави,+ за замесеното тесто+ и за сите мерки за количина и должина.+ 30 Секое утро+ требаше да бидат во служба+ за да му благодарат+ на Јехова и да го фалат,+ а исто така и навечер. 31 И секогаш кога на Јехова му беа принесувани жртви паленици на деновите за одмор,*+ на млада месечина+ и на празници,+ требаше, според својот број, секогаш да служат пред Јехова, како што беше пропишано. 32 Им беше должност, во службата за Јеховиниот дом,+ да се грижат+ за шаторот на средбата и да го чуваат, да ги чуваат светото место+ и синовите на Арон, своите браќа.

24 Синовите на Арон беа поделени во групи. Синови на Арон беа: Надав,+ Авиуд,+ Елеазар+ и Итамар.+ 2 Но Надав и Авиуд+ умреа пред својот татко+ и немаа синови, па Елеазар+ и Итамар служеа како свештеници. 3 Давид, заедно со Садок,+ од синовите на Елеазар, и со Ахимелех,+ од синовите на Итамар, ги подели во групи според нивните задолженија во службата.+ 4 Но синовите на Елеазар имаа повеќе поглавари отколку синовите на Итамар. Затоа, така ги поделија што синовите на Елеазар имаа шеснаесет поглавари на своите родови, а синовите на Итамар осум поглавари на своите родови.

5 Потоа ги поделија со ждрепка,+ и едните и другите, зашто поглаварите што го надгледуваа светото место+ и поглаварите што му служеа на вистинскиот Бог требаше да бидат и од синовите на Елеазар и од синовите на Итамар. 6 Семаја, синот на Нетанел, писар,+ од синовите на Леви, ги попиша пред царот, пред кнезовите, пред свештеникот Садок,+ пред Ахимелех,+ синот на Авијатар,+ како и пред поглаварите на свештеничките и на левитските родови.+ Еден род беше избран од Елеазар,+ а потоа еден од Итамар.+

7 Првата ждрепка падна на Јехојарив,+ втората на Једај, 8 третата на Харим, четвртата на Сеорим, 9 петтата на Малхија, шестата на Мијамин, 10 седмата на Акос, осмата на Авија,+ 11 деветтата на Исус, десеттата на Сеханија, 12 единаесеттата на Елијасив, дванаесеттата на Јаким, 13 тринаесеттата на Уфа, четиринаесеттата на Есевав, 14 петнаесеттата на Вилга, шеснаесеттата на Имер, 15 седумнаесеттата на Езир, осумнаесеттата на Афисис, 16 деветнаесеттата на Фетахија, дваесеттата на Језекил, 17 дваесет и првата на Јахин, дваесет и втората на Гамул, 18 дваесет и третата на Делаја и дваесет и четвртата на Маазија.

19 Така беа распоредени за служба,+ да доаѓаат во Јеховиниот дом според одредбата+ што им ја даде нивниот прататко Арон, како што му беше заповедал Јехова, Богот на Израел.

20 Од останатите синови на Леви беа: од синовите на Амрам+ — Суваил,+ од синовите на Суваил — Једеј, 21 потоа од Реавиј:+ од синовите на Реавиј — поглаварот Исиј, 22 од синовите на Исар+ — Селомот,+ од синовите на Селомот — Јаат, 23 потоа синовите на Хеврон:+ поглаварот Јерија,+ вториот Амарија, третиот Јазиел и четвртиот Јекамеам. 24 Од синовите на Узиел — Михеј,+ од синовите на Михеј — Семир. 25 Брат на Михеј беше Исиј, од синовите на Исиј — Захарија.

26 Синови на Мерариј+ беа: Махли+ и Муси,+ од синовите на Јазиј — Вено. 27 Синови на Мерариј: од Јазиј — Вено, Соам, Захур и Ивриј. 28 Од Махли — Елеазар, кој немаше синови.+ 29 Од Кис: од синовите на Кис — Јерамеил. 30 Синови на Муси беа: Махли,+ Едер и Еримот.+

Тоа беа синовите на Леви според нивните родови.+ 31 И тие фрлаа ждрепка+ како што го правеа тоа нивните браќа, синовите на Арон, пред цар Давид, пред Садок, пред Ахимелех и пред поглаварите на свештеничките и на левитските родови, и тоа еднакво поглаварите на големите родови како и нивните помлади браќа, поглаварите на помалите родови.+

25 Потоа Давид, со поглаварите+ на групите,+ одвои за служба некои од синовите на Асаф, на Еман+ и на Једутун,+ кои пророкуваа во придружба на харфи,+ псалтири+ и чинели.+ Ова се оние на кои им беше доверена службата: 2 од синовите на Асаф: Захур, Јосиф,+ Нетанија и Асарил,+ синови на Асаф под водство на Асаф,+ кој пророкуваше според царевата уредба. 3 Од Једутун:+ синовите на Једутун — Годолиј,+ Сориј,+ Јесаја,+ Симеј, Асавија и Матитиј,+ тие шестмина под водство на својот татко Једутун, кој пророкуваше во придружба на харфа, благодарејќи му на Јехова и фалејќи го.+ 4 Од Еман:+ синовите на Еман — Вукија,+ Матанија,+ Узиел,+ Севуил,* Еримот, Ананија,+ Ананиј, Елијата,+ Гидалтиј,+ Ромамти-Езер,+ Јосвекас,+ Малотиј,+ Отир+ и Мазиот. 5 Сите тие беа синови на Еман, јасновидецот+ на царот, кој ги јавуваше зборовите на вистинскиот Бог и го подигаше својот рог за да го слави Бог. И вистинскиот Бог му даде на Еман четиринаесет синови и три ќерки.+ 6 Сите тие, под водство на својот татко, пееја во Јеховиниот дом во придружба на чинели,+ псалтири+ и харфи,+ служејќи во домот на вистинскиот Бог.

Асаф, Једутун и Еман+ добиваа наредби од царот.

7 Тие, заедно со нивните браќа, броеја двесте осумдесет и осум, и сите беа извежбани и вешти+ во пеењето песни во чест на Јехова.+ 8 И фрлаа ждрепка+ за да ги одредат своите должности, најмалиот како и најголемиот,+ учителот+ како и ученикот.

9 Првата ждрепка падна на Асафовиот син Јосиф,+ втората на Годолиј,+ на неговите браќа и на неговите синови, на нив дванаесет, 10 третата на Захур,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 11 четвртата на Исриј,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 12 петтата на Нетанија,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 13 шестата на Вукија, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 14 седмата на Есарил,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 15 осмата на Јесаја, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 16 деветтата на Матанија, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 17 десеттата на Симеј, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 18 единаесеттата на Азареил,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 19 дванаесеттата на Асавија, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 20 тринаесеттата на Суваил,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 21 четиринаесеттата на Матитиј, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 22 петнаесеттата на Јеремот, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 23 шеснаесеттата на Ананија, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 24 седумнаесеттата на Јосвекас, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 25 осумнаесеттата на Ананиј, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 26 деветнаесеттата на Малотиј, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 27 дваесеттата на Елијата, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 28 дваесет и првата на Отир, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 29 дваесет и втората на Гидалтиј, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 30 дваесет и третата на Мазиот,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 31 дваесет и четвртата на Ромамти-Езер,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет.

26 Групи од вратари+ беа: од синовите на Кореј+ — Меселемиј,+ синот на Коре од синовите на Асаф. 2 Синови на Меселемиј се: првородениот Захарија, вториот Једиил, третиот Зевадија, четвртиот Јатнил, 3 петтиот Елам, шестиот Јоанан, седмиот Елио-Енај. 4 Синови на Овид-Едом+ беа: првородениот Семаја, вториот Јозавад, третиот Јоах, четвртиот Сахар, петтиот Нетанел, 5 шестиот Амил, седмиот Исахар, осмиот Феултај — зашто Бог го благослови.+

6 На неговиот син Семаја му се родија синови, кои беа поглавари во домот на својот татко зашто беа способни и храбри луѓе. 7 Синови на Семаја беа: Отни, Рафаил, Овид и Елзавад, чии браќа Елиу и Семахиј беа способни луѓе. 8 Сите тие беа синови на Овид-Едом, тие и нивните синови и нивните браќа, вредни луѓе способни за службата. Беа шеесет и двајца од Овид-Едом. 9 Меселемиј+ имаше синови и браќа, способни луѓе. Ги имаше осумнаесет. 10 Оса, од синовите на Мерариј, имаше синови. Шимри беше поглаварот — иако не беше првороден,+ татко му го постави за поглавар+ — 11 втор Хелкија, трет Тевалија и четврти Захарија. Сите синови и браќа на Оса беа тринаесет.

12 Во тие групи од вратари, поглаварите имаа свои должности, исто како и нивните браќа,+ и служеа во Јеховиниот дом. 13 И се фрлаше ждрепка+ за најмалиот како што се фрлаше за најголемиот, според нивните родови+ за секоја поединечна порта. 14 И ждрепката за источната страна падна на Селемија.+ Фрлаа ждрепка и за неговиот син Захарија,+ разборит советник,+ и неговата ждрепка падна на северната страна.+ 15 На Овид-Едом му падна на јужната страна, а на неговите синови+ им падна на складиштата.+ 16 На Суфим и на Оса+ им падна на западната страна, кај Салехетската Порта на патот што оди угоре. Едната стража+ стоеше до другата стража.+ 17 На источната страна имаше шест левити, на северната секој ден по четири, на јужната секој ден+ по четири, кај складиштата+ по двајца, 18 кај тремот на западната страна по четири на патот+ и по двајца кај тремот. 19 Тоа беа групите вратари од синовите на Кореј+ и од синовите на Мерариј.+

20 Од останатите левити, Ахија беше над ризниците+ на домот на вистинскиот Бог и над ризниците со посветени работи.+ 21 Од синовите на Ладан,+ односно од синовите на Гирсон преку Ладан, од семејните поглавари од родот на Ладан, синот на Гирсон, беше Јехиел.+ 22 Синовите на Јехиел, Зетам и неговиот брат Јоил,+ беа над ризниците+ на Јеховиниот дом. 23 Од синовите на Амрам, на Исар, на Хеврон и на Узиел+ беа: 24 Севуил,*+ синот на Гирсом, син на Мојсеј, надзорник на складиштата. 25 Од неговите браќа преку Елиезер:+ неговиот син Реавиј,+ неговиот син Јесаја, неговиот син Јорам, неговиот син Зихриј и неговиот син Селомот. 26 Тој Селомот и неговите браќа беа над сите ризници со посветени работи,+ кои ги посветија цар Давид,+ родовските поглавари,+ илјаданачалниците, стотниците и другите воени заповедници. 27 Зашто, дел од пленот што го донесуваа од војните+ го посветија за одржување на Јеховиниот дом. 28 Беа и над сето она што го посветија јасновидецот+ Самоил и Саул, синот на Кис, и Авенир,+ синот на Нир, и Јоав,+ синот на Серуја.+ Сѐ што беше посветено беше под надзор на Селомит* и на неговите браќа.

29 Од синовите на Исар,+ Хенаниј и неговите синови беа управители и судии+ во Израел и тие должности ги вршеа надвор од Божјиот дом.+

30 Од синовите на Хеврон,+ Асавија и неговите браќа, илјада и седумстотини способни луѓе,+ управуваа со Израел на подрачјето западно од Јордан, вршејќи ги сите работи во служба на Јехова и на царот. 31 Од синовите на Хеврон, Јериј,+ кој беше поглавар на синовите на Хеврон, според нивните родови, според нивните прататковци. Во четириесеттата+ година од царувањето на Давид, Давидовите слуги бараа храбри луѓе меѓу синовите на Хеврон, и ги најдоа во Јазер+ во Галад.+ 32 Браќа на Јериј, способни луѓе,+ имаше две илјади и седумстотини поглавари на нивните домови.+ И цар Давид ги постави над племето на Рувим, над племето на Гад и над половината племе на Манасија+ за да ги вршат сите работи во служба на вистинскиот Бог и сите работи на царот.+

27 Ова е пописот на синовите на Израел, на родовските поглавари,+ на илјаданачалниците,+ на стотниците+ и на другите нивни заповедници, кои му служеа на царот+ управувајќи со сите работи околу војската, која доаѓаше и си заминуваше по групи секој месец во годината. Секоја група имаше по дваесет и четири илјади луѓе.

2 Над првата група, во првиот месец, беше Јасовеам,+ синот на Завдил. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 3 Некои од синовите на Фарес+ — меѓу кои беше поглаварот на заповедниците на сите групи — служеа во првиот месец. 4 Над групата што служеше во вториот месец беше Додај,+ потомок на Ахохи,+ а Миклот беше водач во неговата група. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 5 Заповедник на третата група, во третиот месец, беше Венај,+ синот на Јодај,+ поглавар на свештениците. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 6 Тој Венај+ беше јунак меѓу триесеттемина+ и беше над тие триесетмина. Над неговата група беше неговиот син Амизавад. 7 Четвртиот, во четвртиот месец, беше Асаил,+ братот на Јоав,+ а по него неговиот син Зевадија. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 8 Петтиот заповедник, во петтиот месец, беше Самут+ од Израј. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 9 Шестиот, во шестиот месец, беше Ира,+ син на Икис+ од Текоја.+ Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 10 Седмиот, во седмиот месец, беше Хелис+ од Фелон,+ од синовите на Ефрем. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 11 Осмиот, во осмиот месец, беше Сивехај+ од Хус, потомок на Зара.+ Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 12 Деветтиот, во деветтиот месец, беше Авиезер+ од Анатот,+ од синовите на Венијамин. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 13 Десеттиот, во десеттиот месец, беше Махарај+ од Нетофа, од синовите на Зара.+ Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 14 Единаесеттиот, во единаесеттиот месец, беше Венај+ од Фаратон, од синовите на Ефрем.+ Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 15 Дванаесеттиот, во дванаесеттиот месец, беше Хелдај+ од Нетофа, од синовите на Готонил. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе.

16 Над племињата на Израел+ беа: над племето на Рувим беше Елиезер, синот на Зихриј, над племето на Симеон беше Сефатија, синот на Мааха, 17 над племето на Леви — Асавија, синот на Кемуил, над синовите на Арон — Садок,+ 18 над племето на Јуда — Елиу,+ еден од браќата на Давид,+ над племето на Исахар — Амри, синот на Михаел, 19 над племето на Завулон — Исмаја, синот на Авдија, над племето на Нефталим — Еримот, синот на Азриел, 20 над синовите на Ефрем — Осиј, синот на Азазиј, над половината племе на Манасија — Јоил, синот на Федаија, 21 над другата половина од племето на Манасија во Галад — Идо, синот на Захарија, над племето на Венијамин — Јасил, синот на Авенир,+ 22 над племето на Дан — Азареил, синот на Јероам. Тоа беа кнезовите+ на племињата на Израел.

23 А Давид не ги преброи оние што имаа дваесет години и помалку, зашто Јехова вети дека ќе го намножи Израел за да биде како ѕвездите на небото.+ 24 Јоав,+ синот на Серуја, почна да го пребројува народот, но не доврши,+ зашто се крена гневот+ против Израел. Затоа бројот не е забележан во летописите на цар Давид.

25 Над царската ризница+ беше Азмавет, синот на Адил. Над складиштата во полето,+ во градовите,+ во селата и во кулите беше Јонатан, синот на Озија. 26 Над земјоделците+ што ја обработуваа земјата беше Езриј, синот на Хелув. 27 Над лозјата+ беше Симеј од Рама. Над резервите во вино во лозјата беше Завдиј од Сифмот. 28 Над маслинарниците и над смоквите+ во Шефела*+ беше Ваал-Анан, од Гедер, а над резервите во масло+ Јоас. 29 Над говедата што пасеа во Сарон+ беше Ситрај од Сарон, а над говедата во долината беше Сафат, синот на Адлај. 30 Над камилите+ беше Овил Исмаелецот,+ а над магарињата Једеј Меронотецот. 31 Над ситната стока беше Јазиз Агарјанецот. Сите тие го надгледуваа имотот на цар Давид.

32 Јонатан,+ внукот на Давид, разумен човек,+ беше советник и писар. Јеил, синот на Ахмони,+ беше со царските синови.+ 33 Ахитофел+ беше царев советник,+ а Хусај+ Архиецот+ беше царев пријател.+ 34 По Ахитофел, советници беа Јодај, синот на Венај,+ и Авијатар,+ а Јоав+ беше заповедник на царската војска.

28 Давид ги собра во Ерусалим сите кнезови+ на Израел, племенските кнезови,+ заповедниците на групите+ од оние што му служеа на царот, илјаданачалниците,+ стотниците,+ оние што го надгледуваа целиот имот+ и стоката+ на царот и на неговите синови,+ заедно со дворјаните+ и со јунаците,+ сите храбри луѓе. 2 Тогаш цар Давид стана и рече:

„Чујте ме, браќа мои и народе мој! Во своето срце посакав+ да изградам дом во кој ќе почива ковчегот на Јеховиниот сојуз и кој ќе му биде подножје за нозете+ на нашиот Бог, па го подготвив она што е потребно за градење.+ 3 Но вистинскиот Бог ми рече: ‚Ти нема да му изградиш дом на моето име+ зашто си воин и пролеваше крв‘.+ 4 Јехова, Богот на Израел, ме избра мене од целиот дом на мојот татко+ за да бидам цар+ на Израел довека. Зашто, за водач го избра Јуда,+ и од домот на Јуда го избра мојот татко,+ а од синовите на мојот татко+ му беше по волја да ме постави мене за цар+ на целиот Израел. 5 А од сите мои синови — зашто Јехова ми даде многу синови+ — го избра мојот син Соломон+ да седи на престолот+ на Јеховиното царство над Израел.

6 И ми рече: ‚Твојот син Соломон ќе ги изгради мојот дом+ и моите дворови, зашто него го избрав да ми биде син,+ а јас ќе му бидам татко.+ 7 Ќе го утврдам неговото царство+ за навек ако решително ги извршува моите заповеди+ и ако ги држи моите закони+ како денес‘. 8 Сега, значи, пред очите на целиот Израел, пред Јеховината заедница,+ пред нашиот Бог кој нѐ слуша,+ ви велам: гледајте да ги држите сите заповеди на Јехова, својот Бог, за да ја задржите во сопственост оваа добра земја+ и да им ја оставите во наследство на своите синови по себе за навек.

9 А ти, сине мој Соломоне, запознај го+ Богот на својот татко и служи му+ со потполно оддадено срце+ и со радосна душа,+ зашто Јехова ги испитува сите срца+ и ја распознава секоја помисла и желба.+ Ако го бараш, ќе ти дозволи да го најдеш.+ Но, ако го оставиш,+ ќе те отфрли засекогаш.+ 10 Знај сега дека Јехова те избрал да изградиш дом кој ќе биде светилиште. Биди храбар и почни да градиш!“+

11 Давид му го даде на својот син Соломон планот+ на предворјето,+ на просториите во храмот, на складиштата,+ на горните соби,+ на просторијата за помирителниот поклопец,+ 12 и планот на сѐ друго за кое доби упатства под вдахновение:+ за дворовите+ на Јеховиниот дом и за сите трпезарии+ наоколу, за ризниците на домот на вистинскиот Бог и за ризниците за посветени работи.+ 13 Му даде упатства за свештеничките и за левитските групи,+ за сета работа во службата во Јеховиниот дом и за целиот прибор за служба во Јеховиниот дом. 14 Ја одреди количината злато потребно за сиот златен прибор за вршење на различните служби, и количината сребро за сиот сребрен прибор, за сиот прибор+ за вршење на различните служби. 15 Ја одреди тежината на златото за златните светилници+ и на нивните светилки, според тежината на секој светилник и на неговите светилки, исто така и тежината на сребрените светилници, според тежината на секој светилник и на неговите светилки и според намената на секој светилник. 16 Ја одреди количината злато за масите на кои ќе стојат наредените лебови,+ за секоја маса, и количината сребро за сребрените маси, 17 и количината чисто злато за виљушките, за чиниите,+ за бокалите, за златните чиничиња,+ според тежината на секое чиниче, и сребро за чиничињата, според тежината на секое чиниче, 18 количината чисто злато за кадилниот жртвеник+ и за златните херувими*+ што ја претставуваат колата,+ кои со раширени крилја ќе го засолнуваат ковчегот на Јеховиниот сојуз. 19 И Давид рече: „Јехова ми дозволи да го разберам сето она што е запишано+ со неговата рака, која беше на мене, сѐ што треба да се изработи според планот“.+

20 И Давид му рече на својот син Соломон: „Биди храбар+ и силен и почни да градиш! Не бој се+ и не плаши се,+ зашто со тебе е Јехова Бог,+ мојот Бог! Тој нема да те напушти+ и нема да те остави додека не се заврши сета работа за службата во Јеховиниот дом. 21 Тука се групите свештеници+ и левити,+ кои ќе ја извршуваат целата служба во домот на вистинскиот Бог. За сета работа имаш покрај себе подготвени+ луѓе кои се вешти за секоја работа,+ а тука се и кнезовите+ и сиот народ, кои ќе ја извршат секоја твоја заповед“.

29 Потоа цар Давид ѝ рече на целата заедница:+ „Мојот син Соломон, кого Бог го избра,+ е млад+ и неискусен, а работата е голема, зашто тој дворец не е за човек,+ туку за Јехова Бог. 2 За домот на својот Бог подготвив+ колку што можев повеќе,+ злато+ за златните работи, сребро за сребрените, бакар за бакарните, железо+ за железните и дрво+ за дрвените, потоа камења оникс,+ камења што се врзуваат со малтер, разнобојни камења за составување украси,* секакви скапоцени камења и многу алабастер. 3 Од љубов+ кон домот на својот Бог го давам уште и своето сопствено+ злато и сребро за домот на својот Бог, покрај сето она што веќе го подготвив за овој свет дом:+ 4 три илјади таланти злато, офирско злато,+ седум илјади таланти чисто сребро за да се обложат ѕидовите на просториите, 5 злато за златните работи, сребро за сребрените и за сите работи што ќе ги изработат вештите луѓе. Сака ли уште некој денес доброволно да му приложи со својата рака дар на Јехова?“+

6 И кнезовите+ на родовите,+ кнезовите на племињата на Израел,+ илјаданачалниците,+ стотниците+ и оние што ги надгледуваа царските работи+ приложуваа доброволно. 7 И за службата во домот на вистинскиот Бог дадоа пет илјади таланти* и десет илјади дарици* злато, десет илјади таланти сребро, осумнаесет илјади таланти бакар и сто илјади таланти железо.+ 8 Сите што имаа скапоцени камења ги даваа во ризницата на Јеховиниот дом, под надзор на Јеил+ од синовите на Гирсон.+ 9 И народот се радуваше што приложуваа доброволно, зашто му приложуваа на Јехова доброволно со цело срце.+ И цар Давид многу се радуваше.+

10 Потоа Давид го благослови+ Јехова пред целата заедница+ и рече: „Благословен да си,+ о Јехова, Боже Израелов,+ татко наш, од век и до век! 11 Твои се, Јехова, величието+ и моќта+ и убавината+ и возвишеноста+ и честа,+ зашто твое е сѐ што е на небото и на земјата.+ Твое е царството,+ Јехова, ти си возвишен како поглавар на сите.+ 12 Од тебе се богатството+ и славата,+ ти владееш над сѐ.+ Во твоја рака се силата+ и моќта,+ во твоја рака е да возвишиш+ и да им дадеш сила на сите.+ 13 Затоа сега ти благодариме,+ Боже наш, и го фалиме+ твоето прекрасно+ име.

14 Зашто, кој сум јас+ и што е мојот народ за да можеме доброволно да ти го приложиме сето ова?+ Од тебе доаѓа сѐ+ и, откако го примивме од твоја рака, ти го дадовме тебе. 15 Ние сме пред тебе дојденци и доселеници+ како и сите наши прататковци. Нашите денови на земјата се како сенка,+ без надеж. 16 Јехова, Боже наш, сето ова изобилство што го подготвивме за да изградиме дом за твоето свето име доаѓа од твојата рака и сѐ е твое.+ 17 Знам, Боже мој, дека ти ги испитуваш срцата+ и дека ја сакаш справедливоста.+ Јас со справедливо срце доброволно го принесов сето ова и сега радосно гледам како твојот народ што се наоѓа овде ти принесува дарови доброволно. 18 О Јехова, Боже на нашите прататковци Авраам, Исак и Израел,+ зачувај ги довека таквите мисли и таквите желби во срцето на својот народ+ и насочи го неговото срце кон себе!+ 19 А на мојот син Соломон дај му срце кое ќе ти биде потполно оддадено+ тебе за да се држи за твоите заповеди,+ за твоите опомени,+ за твоите уредби+ и да изврши сѐ што треба и да го изгради тој дворец+ за кој подготвив сѐ!“+

20 Тогаш Давид ѝ рече на целата заедница:+ „Благословувајте го+ сега Јехова, својот Бог!“ И целата заедница го благословуваше Јехова, Богот на своите прататковци, па се поклонија+ и паднаа ничкум+ пред Јехова и пред царот. 21 И утредента му принесуваа+ на Јехова жртви паленици,+ а му принесуваа на Јехова и други жртви: илјада јунци, илјада овни, илјада јагниња со нивните жртви налевници.+ Принесуваа многу жртви за целиот Израел.+ 22 Во тој ден јадеа и пиеја пред Јехова и се радуваа многу.+ И по втор пат го поставија за цар Соломон, синот на Давид,+ и го помазаа пред Јехова за водач,+ а Садок+ за свештеник. 23 И Соломон седна на Јеховиниот престол+ како цар на местото на својот татко Давид. Успешно+ царуваше, и сите Израелци му беа послушни. 24 Сите кнезови+ и јунаци+ и сите синови на цар Давид+ му се подложија на цар Соломон. 25 И Јехова многу го возвиши Соломон+ пред очите на сиот Израел и му даде таква царска чест каква што немаше порано ниту еден цар на Израел.+

26 Така Давид, синот на Јесеј, владееше над целиот Израел.+ 27 Четириесет години владееше над Израел.+ Во Хеврон владееше седум години,+ а во Ерусалим владееше триесет и три години.+ 28 Умре во длабока старост,+ задоволен од животот, од богатството+ и од славата.+ Неговиот син Соломон почна да владее на негово место.+ 29 Историјата на цар Давид, од почетокот до крајот, запишана е во записите на јасновидецот*+ Самоил, во записите на пророкот Натан+ и во записите на јасновидецот* Гад.+ 30 Запишано е сѐ за неговото царување, за неговите потфати и за настаните+ што се случија во негово време во Израел и во сите земни царства.+

Буквално: „на дневникот; на дневните настани“. Септуагинтата и Вулгатата ги нарекуваат овие книги „Паралипоменон“, што значи „пропуштени (неспомнати, изоставени) работи“, односно работи кои не се спомнати во Самоиловите книги и во Царевите. Јероним (преведувач на Вулгатата) предложил да бидат наречени „Хроникон“, односно „Хроника“, што всушност значи „Летописи“.

Во 1Мо 10:4 „Доданим“.

За имињата на потомците спомнати во 11. и 12. стих, види ги фуснотите за 1Мо 10:13, 14.

Во некои ракописи стои: „Синови на Арам се: Уз...“, како и во 1Мо 10:23.

„Фалек“ значи „поделба; струја“.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

Во 1Мо 36:22 „Емам“.

Буквално: „Синови“.

Во 1Мо 36:39 „Адар“.

Или: „Шеици“.

Буквално: „Синови“.

Во ИсН 7:1, 18 „Ахан“. И двете имиња значат „оној што навлекува осуда (предизвикува зло)“.

Или: „кој предизвика зло“. Хебрејски: окер. Игра на зборови со неговото име Ахар.

Или: „со херемот“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Буквално: „Синови“.

„Халев“ во стиховите 18, 19, 42.

Буквално: „Синови“.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

Во 1Ле 14:5 и 2Са 5:15 „Елисуа“.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

Или: „Јоахаз“.

Види ја фуснотата за Ере 22:24.

„Ге-Харашим“ значи „долина на занаетчиите“.

Или: „Еврејка“.

Буквално: „кои станаа сопственици (господари) на Моавки“.

Или: „ги истребија како херем“.

Станува збор за Јеровоам II. Види 2Ца 14:16⁠-29.

Буквално: „блудствуваа со боговите“. Види го додатокот 6.

Буквално: „народите од земјата“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).

Буквално: „духот на Фул, асирскиот цар, и духот на Телгат-Фелнасар“.

Во 1. стих „Гирсон“.

Буквално: „градовите-прибежишта“.

Буквално: „градовите-прибежишта“.

Буквално: „Синови“.

Во хебрејскиот текст недостасува едно име.

Во 1Мо 46:24 и 4Мо 26:49 „Силим“.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

„Верија“ значи „во несреќа“.

Не станува збор за Газа во Филистеја, која му била дадена на племето на Јуда.

Во 34. стих „Семир“.

„И нетините (храмските робови)“; буквално: „и даруваните“; хебрејски: нетиним. Спореди со фуснотата за 4Мо 3:9.

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Или: „Ридот“.

Или: „резервоар“.

Околу 220 сантиметри. Види го додатокот 13.

Или: „Кога требаше да се соберат околу Давид, немаа двојни срца“. Види ја фуснотата за Пс 12:2.

Буквално: „со цело срце“.

Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.

Херувими се ангели на висока положба.

„Ферес-Уза“ значи „излив [на гнев] врз Уза“.

Види ја фуснотата за 2Са 5:23.

„Аламот“ — буквално: „девојки“; хебрејски музички израз чие точно значење не е познато; веројатно се однесува на женски сопран или на машки фалсет.

„Шеминит“ — хебрејски израз кој веројатно означува долна октава.

Буквално: „Плодното тло“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Хебрејскиот збор „амин“ значи „така е“, „така нека биде“.

Или: „лојална љубов“.

Изразот „дом“ овде се однесува на царска лоза, односно на династија.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „Ќе му покажам лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Види го додатокот 13.

Односно Еуфрат.

Види ја фуснотата за 2Са 12:30.

Види го додатокот 13.

Спореди ја фуснотата за 2Са 21:16.

Или: „противник“ (хебрејски: сатан).

Во 2Са 24:16 „Орна“.

Види го додатокот 13.

Коренот на името „Соломон“ значи „мир“.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Види го додатокот 13.

Во 11. стих „Зизај“.

Во 1Ле 24:20 „Суваил“.

Буквално: „сабатите“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Во 1Ле 24:20 и 25:20 „Суваил“.

Види ја фуснотата за 1Ле 23:16.

Во 25. и 26. стих „Селомот“.

Или: „во низината“.

Херувими се ангели на висока положба.

Или: „мозаици“.

Види го додатокот 13.

Персиски златници. Види го додатокот 13.

Хебрејски: харое.

Или: „на оној што гледа виденија“ (хебрејски: хакозе), односно на оној кому Бог му го открива во визија она што е непознато или лежи во иднината.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели