Втора книга за царевите
(или, според грчката Септуагинта, ЧЕТВРТА КНИГА ЗА ЦАРЕВИТЕ)
1 По смртта на Ахав, Моав+ се побуни против Израел.+
2 Еден ден, Охозија падна+ низ решетката во својата горна соба+ во Самарија и се повреди. Затоа испрати гласници и им рече: „Одете и прашајте+ го Ваал-Зевул,*+ екронскиот+ бог, дали ќе закрепнам од оваа повреда“.+ 3 А Јеховин ангел+ му рече на Илија Тесвитецот:+ „Стани и појди им во пресрет на гласниците на самарискиот цар и речи им: ‚Зар нема Бог+ во Израел, па одите да се советувате со Ваал-Зевул, екронскиот бог? 4 Затоа, вака вели Јехова: „Нема да станеш од постелата на која си легнал, туку ќе умреш“ ‘ “.+ Откако го кажа тоа, Илија си замина.
5 Кога гласниците се вратија кај царот, тој ги праша: „Зошто се вративте?“ 6 А тие му одговорија: „Ни дојде во пресрет еден човек и ни рече: ‚Одете и вратете се кај царот кој ве испрати и речете му: „Вака вели Јехова:+ ‚Зар нема Бог во Израел, па испраќаш луѓе да се советуваат со Ваал-Зевул, екронскиот бог? Затоа нема да станеш од постелата на која си легнал, туку ќе умреш‘ “ ‘ “.+ 7 Тогаш ги праша: „Како изгледаше тој човек што ви дошол во пресрет и ви ги кажал тие зборови?“ 8 А тие му одговорија: „Имаше наметка од влакна+ и кожен појас опашан околу половината“.+ Тогаш рече: „Тоа е Илија Тесвитецот“.
9 Тогаш испрати кај него еден педесетник со неговите педесет луѓе.+ Кога отиде кај него, го најде како седи на врвот од планината. И му рече: „Божји човеку,+ царот нареди: ‚Слези!‘ “ 10 Но Илија му одврати на педесетникот: „Ако сум Божји човек, нека слезе оган+ од небото и нека ве голтне тебе и твоите педесет луѓе!“ И оган слезе од небото и ги голтна него и неговите педесет луѓе.+
11 Потоа повторно испрати кај него друг педесетник со неговите педесет луѓе.+ И овој му се обрати и му рече: „Божји човеку, царот нареди вака: ‚Брзо слези!‘ “+ 12 Но Илија им одврати: „Ако сум Божји човек, нека слезе оган од небото и нека ве голтне тебе и твоите педесет луѓе!“ И оган Божји слезе од небото и ги голтна него и неговите педесет луѓе.
13 Тогаш повторно испрати трет педесетник со неговите педесет луѓе.+ А кога отиде горе и дојде пред Илија, третиот педесетник падна на колена+ и го замоли за милост:+ „Божји човеку, те молам, нека бидат драгоцени+ во твои очи мојата душа+ и душите на овие твои педесет слуги. 14 Ете, оган слезе од небото и ги голтна+ првите двајца педесетници и нивните педесет луѓе, но мојата душа нека биде драгоцена во твои очи!“
15 Тогаш Јеховин ангел му рече на Илија: „Слези со него! Не плаши се од него!“+ Така стана и отиде со него пред царот, 16 па му рече: „Вака вели Јехова: ‚Зар нема Бог во Израел да се советуваш со него, па си пратил гласници+ да се советуваат со Ваал-Зевул, екронскиот+ бог? Затоа нема да станеш од постелата на која си легнал, туку ќе умреш‘ “. 17 На крајот и умре,+ според Јеховината реч+ што ја објави Илија. Поради тоа што немаше син, на негово место почна да владее Јорам+ во втората година од владеењето на Јорам,+ синот на Јосафат, царот на Јуда.
18 Останатата историја на Охозија+ и неговите дела, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви?
2 Пред Јехова да го земе Илија+ на небото во виор,+ Илија и Елисеј+ заминаа од Гилгал.*+ 2 И Илија му рече на Елисеј: „Те молам, остани овде, зашто Јехова ме испраќа во Ветил“. Но Елисеј рече: „Како што е жив Јехова+ и како што е жива твојата душа,+ нема да те оставам!“+ И отидоа во Ветил.+ 3 А пророчките синови*+ што беа во Ветил дојдоа кај Елисеј и му рекоа: „Знаеш ли дека денес Јехова ќе го земе твојот господар за да не ти биде повеќе учител?“+ Тој одговори: „Знам,+ молчете!“
4 Потоа Илија му рече: „Елисеј, те молам остани овде, зашто мене Јехова ме испраќа во Ерихон“.+ Но тој рече: „Како што е жив Јехова и како што е жива твојата душа, нема да те оставам!“ И отидоа во Ерихон. 5 А пророчките синови што беа во Ерихон му пристапија на Елисеј и му рекоа: „Знаеш ли дека денес Јехова ќе го земе твојот господар за да не ти биде повеќе учител?“ Тој одговори: „Знам, молчете!“+
6 Илија повторно му рече: „Те молам, остани овде, зашто мене Јехова ме испраќа до Јордан“.+ Но тој рече: „Како што е жив Јехова и како што е жива твојата душа, нема да те оставам!“+ И двајцата отидоа. 7 А педесет луѓе од пророчките синови појдоа по нив, и кога тие двајца застанаа крај Јордан, овие стоеја оддалеку и ги набљудуваа.+ 8 Тогаш Илија ја зеде својата пророчка наметка,+ ја свитка и удри со неа по водата, а водата се раздели на две страни, па двајцата преминаа по суво.+
9 А кога преминаа на другата страна, Илија му рече на Елисеј: „Кажи ми што сакаш да направам за тебе пред да бидам земен од тебе“.+ Елисеј му рече: „Те молам, нека ми припадне+ двоен дел+ од твојот дух“.+ 10 А тој одговори: „Многу бараш.+ Ако ме видиш кога ќе бидам земен од тебе, ќе ти биде така, а ако не, нема да ти биде“.
11 И додека одеа така и разговараа, гледај, огнена бојна кола+ со огнени коњи застана меѓу нив, и Илија се вознесе во виор на небото.+ 12 А Елисеј го гледаше тоа и викаше: „Татко мој, татко мој!+ Бојната кола на Израел и неговите коњаници!“+ И повеќе не го виде. Тогаш ја фати својата облека и ја раскина надве.+ 13 И ја подигна пророчката наметка+ на Илија, која падна од него, па се врати и застана на брегот на Јордан. 14 Тогаш ја зеде пророчката наметка на Илија, која му падна, удри со неа по водата+ и рече: „Каде е Јехова, Богот на Илија?“+ Кога удри по водата, водата се раздели на две страни и Елисеј премина.
15 Кога го видоа оддалеку, пророчките синови од Ерихон рекоа: „Духот+ на Илија слегол на Елисеј“. Затоа му излегоа во пресрет и му се поклонија+ до земја. 16 И му рекоа: „Еве, со твоите слуги овде има педесет храбри луѓе. Дозволи да отидат и да го бараат твојот господар. Можеби Јеховиниот дух+ го подигнал и го фрлил на некаква планина или во некоја долина“. А тој рече: „Не праќајте ги!“ 17 Но тие упорно го наговараа сѐ додека не му стана непријатно, па рече: „Испратете ги!“ И ги испратија тие педесетмина. Тие го бараа три дена, но не го најдоа. 18 Кога се вратија кај него во Ерихон,+ каде што престојуваше, тој им рече: „Зарем не ви реков да не одите?“
19 По некое време, луѓето од градот му рекоа на Елисеј: „Гледај, градот е на добра положба,+ како што гледаш и самиот, господару, но водата+ е лоша и предизвикува пометнувања во земјата“.+ 20 А тој рече: „Донесете ми нова чинија и ставете во неа сол!“ И му ја донесоа. 21 А тој отиде на еден извор на вода и фрли во него сол,+ велејќи: „Вака вели Јехова: ‚Ја оздравувам оваа вода.+ Повеќе нема да предизвикува ни смрт ни пометнувања‘ “. 22 И водата стана здрава и таква е до ден-денес,+ според речта што ја изрече Елисеј.
23 Оттаму отиде во Ветил.+ Додека се искачуваше по патот, од градот излегоа деца+ и почнаа да го исмејуваат:+ „Оди, ќелавко!+ Оди, ќелавко!“ 24 А тој се сврти, и кога ги виде, ги проколна+ во името на Јехова. Тогаш излегоа од шумата две мечки+ и ги растргнаа четириесет и двете деца.+ 25 Оттука отиде на планината Кармил,+ а оттаму се врати во Самарија.
3 Јорам,+ синот на Ахав, стана цар на Израел во Самарија, во осумнаесеттата година од царувањето на Јосафат над Јуда, и владееше дванаесет години. 2 Го правеше она што е зло во очите на Јехова,+ но не како татко му+ и мајка му. Тој, го отстрани светиот столб+ на Ваал, кој го беше направил неговиот татко.+ 3 Но се држеше за гревовите со кои Јеровоам,+ синот на Нават, го наведе Израел на грев.+ Од нив не отстапи.
4 Меша,+ моавскиот цар, одгледуваше овци и му плаќаше на израелскиот цар данок од сто илјади јагниња и сто илјади нестрижени овни. 5 А кога умре Ахав,+ моавскиот цар се побуни+ против израелскиот цар. 6 Во тоа време цар Јорам излезе од Самарија и го собра+ целиот Израел. 7 Потоа испрати гласници кај Јосафат, царот на Јуда, и му порача: „Моавскиот цар се побуни против мене. Ќе појдеш ли со мене во војна против Моав?“ А овој му одговори: „Ќе појдам!+ Јас сум како и ти, мојот народ е како твојот,+ моите коњи се како и твоите“. 8 Потоа праша: „По кој пат ќе одиме?“ А тој одговори: „Низ едомската пустина“.+
9 Така тргнаа израелскиот цар, јудејскиот цар и едомскиот+ цар. Одеа седум дена по заобиколен пат, но немаше вода за војската и за стоката што одеше по нив. 10 Тогаш израелскиот цар повика: „Леле, Јехова нѐ повика нас, тројца цареви, за да нѐ предаде во рацете на Моавците!“+ 11 А Јосафат рече:+ „Зар нема тука Јеховин пророк+ за да се посоветуваме со Јехова преку него?“+ Тогаш еден од слугите на израелскиот цар одговори: „Тука е Елисеј,+ синот на Сафат, кој му ги полеваше со вода рацете на Илија“.+ 12 А Јосафат рече: „Јеховината реч е со него“. Така израелскиот цар и Јосафат и царот на Едом отидоа кај него.
13 А Елисеј му рече на израелскиот цар: „Што имам јас со тебе?+ Оди кај пророците+ на татко ти и кај пророците на мајка ти!“ Но израелскиот цар му рече: „Немој да ме одбиеш, зашто Јехова нѐ повика нас, тројца цареви, за да нѐ предаде во рацете на Моавците“.+ 14 А Елисеј одврати: „Како што е жив+ Јехова над војските, кому му служам, да не е овде Јосафат, царот на Јуда, кого го почитувам,+ не би се обѕрнувал на тебе, ниту би те погледнал!+ 15 Доведете ми сега еден свирач на жичен инструмент!“+ Додека свирачот свиреше, Јеховината рака+ дојде на Елисеј 16 и тој рече: „Вака вели Јехова: ‚Ископајте во оваа речна долина* многу дупки,+ 17 зашто вака вели Јехова: „Нема да видите ниту ветар ниту дожд, а оваа долина сепак ќе се наполни со вода,+ па ќе пиете+ и вие и вашата стока и останатите ваши животни“ ‘. 18 Тоа на Јехова ќе му биде навистина лесно,+ и ќе го предаде Моав во ваши раце.+ 19 Разорете ги сите утврдени градови+ и сите избрани градови, исечете ги+ сите добри стебла,+ затрупајте ги сите водни извори и засипете го со камења секое добро парче земја, и така расипете го!“
20 И навистина, утрото,+ кога се принесуваше житната жртва,+ дојде вода од Едом, и земјата се наполни со вода.
21 Сите Моавци чуја дека царевите дошле да се борат против нив. Затоа ги свикаа сите што можеа да опашат+ војнички појас, а и оние постарите, па се поставија на границата. 22 Кога станаа рано изутрината и кога сонцето засвети над водата, на Моавците од спротивната страна водата им се стори црвена како крв. 23 И рекоа: „Тоа е крв! Сигурно царевите се судриле и се убиле еден со друг. А сега, на плен,+ Моаве!“ 24 Но, кога Моавците дојдоа во израелскиот логор, Израелците+ станаа и удрија на нив, така што овие побегнаа пред нив.+ Навлегоа во Моав, и како што напредуваа така ги убиваа Моавците. 25 Ги разурнаа градовите,+ на сите добри ниви секој фрли по еден камен додека не ги засипаа со камења, ги затрупаа сите извори на вода+ и ги исекоа сите добри стебла.+ Им останаа само камењата на Кир-Аресет,+ кого праќарите го опколија и го напаѓаа.
26 Кога виде дека ја губи битката, моавскиот цар зеде со себе седумстотини луѓе вооружени со меч за да се пробие до едомскиот цар.+ Но не успеаја. 27 На крајот го зеде својот првороден син, кој требаше да владее наместо него, и го принесе+ на ѕидот како жртва паленица. Тогаш се подигна голем гнев против Израелците, а тие си отидоа откај него и се вратија во својата земја.
4 Еднаш, жената на еден од пророчките синови*+ викна кон Елисеј: „Мојот маж, твој слуга, умре, а ти добро знаеш дека твојот слуга секогаш се боеше+ од Јехова. Но сега дојде заемодавецот+ да ми ги земе двата сина за робови“. 2 Тогаш Елисеј ѝ рече: „Што да ти направам?+ Кажи ми што имаш во куќата?“ А таа рече: „Твојата слугинка нема во куќата ништо друго освен едно грне со масло“.+ 3 Тогаш тој ѝ рече: „Оди и земи на заем празни садови од сите свои соседи! Да не бидат малку. 4 Тогаш отиди и затвори ја вратата зад себе и зад своите синови, па налевај масло во сите тие садови, а полните ставај ги настрана“. 5 И таа отиде откај него.
Кога ја затвори вратата зад себе и зад своите синови, тие ѝ ги донесуваа садовите, а таа ги полнеше.+ 6 Кога ги наполни садовите, му рече на еден од синовите: „Донеси ми уште некој сад!“+ Но тој ѝ рече: „Нема повеќе садови“. Тогаш маслото престана да тече.+ 7 Таа отиде и му го јави тоа на Божјиот човек, а тој рече: „Оди, продај го маслото, па исплати ги долговите,+ а од остатокот живејте ти и твоите синови!“+
8 Еден ден, Елисеј минуваше низ Сунам,+ каде што живееше една угледна жена која постојано го повикуваше+ на јадење. Кога и да поминеше оттаму, навраќаше за да јаде. 9 По некое време, таа му рече на својот маж:+ „Еве, знам дека е свет овој Божји човек+ кој постојано минува покрај нас. 10 Ајде да му направиме собичка до ѕидот на покривот+ и да му ставиме таму постела, маса, стол и светилник,+ па кога ќе дојде кај нас, да може да се повлече таму“.+
11 Еден ден, Елисеј повторно дојде таму, па отиде во горната соба и си легна. 12 Потоа му рече на својот слуга Гиезиј:+ „Викни ја Сунамката!“+ Тој ја викна да дојде пред него. 13 И уште му рече: „Те молам, речи ѝ вака: ‚Еве, ти толку се грижиш за нас.+ Што сакаш да направам за тебе?+ Сакаш ли да му кажам нешто за тебе на царот+ или на заповедникот?‘ “+ А таа одговори: „Јас живеам меѓу својот народ“.+ 14 Потоа тој рече: „Тогаш што би можело да се направи за неа?“ Гиезиј одговори: „Ете, таа нема син,+ а мажот ѝ е стар“. 15 Тој рече: „Викни ја!“ Ја викна, а таа застана на влезот. 16 И ѝ рече: „Догодина во ова време ќе гушкаш син!“+ А таа одговори: „Не, господару мој, Божји човеку! Не лажи ја својата слугинка!“
17 И навистина, жената забремени и роди син+ следната година во истото време, како што ѝ рече Елисеј.+ 18 И детенцето растеше. Еден ден, отиде како и обично кај татка си, кој беше кај жетварите.+ 19 И му се жалеше на татка си: „Главата, леле главата!“+ А тој му рече на својот слуга: „Однеси го кај мајка му!“+ 20 И овој го зеде и го однесе кај мајка му. И тоа седеше на нејзините колена до пладне, и тогаш умре.+ 21 Таа се качи горе и го положи на постелата+ на Божјиот човек,+ ја затвори вратата и излезе. 22 Потоа го викна својот маж и му рече: „Те молам, испрати ми еден слуга и една магарица и дозволи ми да отидам брзо докај Божјиот човек, па да се вратам“.+ 23 Но тој ја праша: „Зошто одиш денес кај него? Не е ни млада месечина+ ни ден за одмор“.* А таа одговори: „Не грижи се, сѐ е во ред!“ 24 Така ја оседла магарицата+ и му рече на слугата: „Потерај ја и тргни! Немој да застануваш заради мене, туку јавај, освен ако ти речам јас“.
25 Така таа отиде и дојде кај Божјиот човек на планината Кармил. Кога ја здогледа оддалеку, Божјиот човек му рече на Гиезиј, својот слуга:+ „Ене ја Сунамката! 26 Те молам, истрчај сега пред неа и прашај ја: ‚Дали си добро? Дали е добро маж ти? Дали е добро детето?‘ “ А таа одговори: „Сѐ е во ред“. 27 Кога дојде кај Божјиот човек на планината, му ги прегрна нозете.+ А Гиезиј пријде да ја оттргне,+ но Божјиот човек+ рече: „Пушти ја,+ зашто душата ѝ е огорчена,+ а Јехова го скрил+ тоа од мене и не ми јавил“. 28 А таа рече: „Дали барав син од својот господар? Зар не ти реков: ‚Немој да ми будиш лажна надеж‘?“+
29 Тој веднаш му рече на Гиезиј:+ „Заврати си ги скутовите на облеката,+ земи го в рака мојот стап+ и тргни! Ако сретнеш некого, немој да го поздравуваш,+ а ако те поздрави тој тебе, немој да му одговараш! Мојот стап положи го врз лицето на детето!“+ 30 А мајката на детето рече: „Како што е жив Јехова+ и како што е жива твојата душа,+ нема да те оставам!“+ Тогаш тој стана и отиде со неа. 31 А Гиезиј отиде напред, и откако дојде кај детето, му го стави стапот на лицето, но немаше ни глас ни одѕив.+ Затоа се врати да го пресретне Елисеј и му рече: „Детето не се разбуди“.+
32 Кога Елисеј дојде во куќата, детето лежеше мртво на неговата постела.+ 33 Откако влезе, тој ја затвори вратата зад себе+ и зад детето, па почна да му се моли на Јехова.+ 34 Потоа се качи на постелата, легна врз детето+ и ја стави својата уста на неговата уста, своите очи на неговите очи, своите дланки на неговите дланки. Додека лежеше така спружен над него, телото на детето се загреа. 35 Потоа стана и одново почна да оди по куќата, натаму-наваму, а потоа пак се качи на постелата и се спружи над детето. Тогаш детето кивна седум пати, а потоа ги отвори очите.+ 36 Елисеј го повика Гиезиј и му рече: „Викни ја Сунамката!“+ Тој ја викна и таа дојде кај него. Тогаш ѝ рече: „Земи си го синот!“+ 37 А таа дојде и падна пред неговите нозе и му се поклони до земја.+ Потоа го зеде својот син и излезе.+
38 Елисеј се врати во Гилгал,+ а во земјата владееше глад.+ Додека пророчките синови+ седеа пред него,+ тој му рече на својот слуга:+ „Стави голем котел и свари варило за пророчките синови“.+ 39 Еден од нив отиде в поле за да набере слез,+ но најде дива лоза, па набра од неа полн скут диви тиквички. Кога се врати, ги насече во котелот, зашто не знаеја какви се. 40 Потоа им ставија на луѓето да јадат. Но кога почнаа да јадат од варилото, викнаа: „Смртта е во котелот,+ Божји човеку!“+ И не можеа да јадат. 41 А тој рече: „Донесете брашно!“ Кога го фрли во котелот, рече: „Ставете им на луѓето да јадат!“ И јадењето во котелот повеќе не беше штетно.+
42 Еден човек дојде од Ваал-Салиса+ и му донесе+ на Божјиот човек леб од првините,+ дваесет јачменови лебови,+ и ново жито во својата вреќа за леб. А тој рече: „Дај им на луѓето да јадат!“+ 43 Но неговиот слуга праша: „Како да го ставам тоа пред сто луѓе?“+ А Елисеј одговори: „Дај им на луѓето да јадат, зашто вака вели Јехова: ‚Ќе јадат и уште ќе остане‘ “.+ 44 Тогаш го стави јадењето пред нив, па јадеа и уште им остана, според Јеховината реч.+
5 Нааман,+ заповедникот на војската на сирискиот цар, беше голем и многу ценет човек пред својот господар, зашто преку него Јехова ѝ даде победа на Сирија.+ Но тој смел и силен човек беше лепрозен. 2 Еднаш четите на Сиријците тргнаа да пљачкаат,+ и во израелската земја заробија едно девојче,+ кое ѝ стана слугинка на жената на Нааман. 3 Тоа ѝ рече+ на својата господарка: „Кога мојот господар би му се обратил на пророкот+ што е во Самарија! Тој би го излекувал од лепрата“.+ 4 Потоа на неговиот господар му беше јавено ова: „Вака и вака рече+ девојчето од израелската земја“.
5 А сирискиот цар рече: „Ајде оди! Јас ќе му испратам писмо на израелскиот цар“. Така тој отиде, понесувајќи+ со себе десет таланти сребро, шест илјади златници+ и десет облеки.+ 6 И дојде кај израелскиот цар носејќи му го писмото+ во кое пишуваше: „Со ова писмо, еве, ти го испраќам и својот слуга Нааман за да го излекуваш од лепрата“. 7 Кога го прочита писмото, израелскиот цар си ја раскина облеката+ и рече: „Зарем сум јас Бог+ за да можам да одземам или да зачувам живот,+ па овој испраќа кај мене човек за да го излекувам од лепра? Гледајте, ве молам, погледнете како овој бара караница со мене!“+
8 А кога чу дека израелскиот цар си ја раскинал облеката,+ Елисеј, Божјиот човек, веднаш му ја испрати на царот оваа порака: „Зошто си ја раскинал облеката? Те молам, тој човек нека дојде кај мене и нека се увери дека има пророк во Израел“.+ 9 Така Нааман дојде со своите коњи и со бојните коли и застана на влезот од куќата на Елисеј. 10 А Елисеј му испрати гласник и му порача: „Оди, искапи се+ седумпати+ во Јордан за да ти оздрави телото,+ и ќе бидеш чист!“ 11 Тогаш Нааман се разлути+ и се сврти за да тргне, велејќи: „Гледај, јас мислев+ дека ќе излезе пред мене, па ќе застане и ќе го повикува името на Јехова, својот Бог, и ќе поминува со раката над заболеното место и ќе ја излечи лепрата. 12 Зар не се дамаските+ реки Авана и Фарфар подобри од сите израелски води?+ Зарем не можам да се искапам во нив и да бидам чист?“+ Потоа се сврти и си замина лут.+
13 Но тогаш му пристапија неговите слуги и му рекоа: „Татко,+ да бараше од тебе пророкот нешто големо, немаше ли да го направиш? Зошто тогаш не го направиш ова што ти го рече: ‚Искапи се и ќе бидеш чист‘?“ 14 Тогаш слезе и се нурна во Јордан седум пати, според речта на Божјиот човек.+ И неговото тело стана како телото на мало дете,+ и се исчисти.+
15 Потоа се врати кај Божјиот човек+ со целата своја придружба и, откако дојде таму, застана пред него и му рече: „Еве, сега знам дека нема Бог никаде на земјата, освен во Израел.+ Те молам, прими го овој дар како благослов+ од својот слуга“. 16 Но тој одговори: „Како што е жив Јехова,+ кому му служам, нема да го примам!“+ И овој почна да го наговара да го прими, но тој не сакаше. 17 На крајот Нааман рече: „Ако е така, тогаш, те молам, дозволи да му се даде на твојот слуга малку земја,+ колку што може да понесат еден чифт маски, зашто твојот слуга нема повеќе да им принесува жртви паленици ни други жртви на други богови, освен на Јехова.+ 18 Но Јехова нека му го прости ова на твојот слуга: кога ќе влезе мојот господар во храмот на Римон+ за да се поклони таму, па тогаш се потпре+ на мојата рака, та и јас морам да се поклонам+ во храмот на Римон, те молам, Јехова нека му прости на твојот слуга кога ќе се поклони во храмот на Римон“.+ 19 Тогаш му рече: „Оди во мир!“+ И овој отиде откај него и измина добар дел од патот.
20 Тогаш Гиезиј,+ слугата на Елисеј, Божјиот човек,+ рече: „Еве, мојот господар го поштеди тој Сириец Нааман+ и не сакаше да го прими од неговата рака она што му го донесе. Како што е жив Јехова,+ јас ќе потрчам по него и ќе земам нешто од него“.+ 21 И Гиезиј потрча по Нааман. Кога виде дека некој трча по него, Нааман слезе од колата и му тргна во пресрет, па го праша: „Дали е сѐ добро?“+ 22 А тој одговори: „Сѐ е во ред. Мојот господар+ ме испраќа+ да ти кажам: ‚Еве, токму сега дојдоа кај мене од ефремските планини две момчиња, пророчки синови.*+ Те молам, дај ми за нив еден талант* сребро и две облеки‘ “.+ 23 А Нааман рече: „Еве, земи два таланта!“ И го наговараше да ги земе,+ па на крајот му ги заврза двата таланта во две ќеси, заедно со две облеки, и им ги даде на двајца свои слуги за да ги носат пред него.
24 Кога стигна на Офел,* ги зеде работите од нивните раце и ги стави во куќата,+ а луѓето ги испрати назад и тие си отидоа. 25 А тој влезе и застана крај својот господар.+ Елисеј го праша: „Од каде доаѓаш, Гиезиј?“ Тој одговори: „Твојот слуга не бил никаде“.+ 26 Но тој му рече: „Зарем не бев во духот со тебе кога човекот се сврти, слезе од колата и ти појде во пресрет? Зар е сега време да се прима сребро или да се примаат облеки, маслинарници, лозја, овци, стока, слуги или слугинки?+ 27 Затоа лепрата+ на Нааман ќе се прилепи за тебе и за твоите потомци засекогаш!“+ И овој отиде откај него лепрозен, бел како снег.+
6 Пророчките синови*+ му рекоа на Елисеј: „Гледај, претесно е местото+ каде што живееме кај тебе.+ 2 Те молиме, дозволи ни да појдеме до Јордан и да земеме од таму секој по една греда, па да си направиме+ таму место каде што ќе живееме“. А тој рече: „Одете!“ 3 Но еден од нив му рече: „Ајде, те молам, оди и ти со своите слуги!“ Тој рече: „Ќе дојдам“. 4 И така отиде со нив. Кога дојдоа до Јордан, почнаа да сечат дрва.+ 5 Додека еден од нив сечеше едно дрво, главата од секирата+ му падна во водата, па викна: „Леле, господару,+ беше земена на заем!“+ 6 Тогаш Божјиот човек праша: „Каде падна?“ Кога му го покажа местото, тој отсече парче дрво, па го фрли таму и направи секирата да исплива.+ 7 Тогаш рече: „Извади ја!“ И овој посегна со раката и ја зеде.
8 Сирискиот цар+ завојува со Израел. И се посоветува со своите слуги+ и им рече: „Ќе се улогорите со мене на тоа и тоа место“.+ 9 Тогаш Божјиот човек+ му порача на израелскиот цар: „Внимавај да не поминуваш оттаму,+ зашто таму доаѓаат Сиријците“.+ 10 Така, израелскиот цар испрати порака во она место за кое му рече Божјиот човек.+ Елисеј го предупредуваше,+ и царот се држеше подалеку од местото за кое ќе го предупредеше. И тоа не се случи само еднаш или двапати.
11 А сирискиот цар се разгневи во срцето поради тоа,+ па ги повика своите слуги и им рече: „Зар нема да ми кажете кој од нашите е за израелскиот цар?“+ 12 А еден од неговите слуги одговори: „Никој, господару, царе, туку Елисеј,+ пророкот во Израел му го кажува+ на израелскиот цар и она што ти ќе го кажеш во својата спална“.+ 13 Тогаш рече: „Појдете и видете каде е тој за да испратам луѓе и да го фатам!“+ Подоцна му јавија: „Ене го во Дотан!“+ 14 И испрати таму коњи, бојни коли и силна војска.+ И тие дојдоа ноќе и го опколија градот.
15 Рано изутрината, кога стана и излезе надвор, слугата+ на Божјиот човек ја здогледа војската што го беше опколила градот со коњи и со бојни коли. Тогаш слугата му рече: „Леле, господару!+ Што ќе правиме?“ 16 А тој одговори: „Не плаши се,+ зашто нашите се побројни од нивните!“+ 17 И Елисеј се помоли:+ „Јехова, те молам, отвори му ги очите+ за да види!“ Јехова му ги отвори очите на слугата и, гледај, виде дека планините околу Елисеј+ се полни со огнени коњи и коли.+
18 Кога Сиријците почнаа да слегуваат кај него, Елисеј му се помоли на Јехова: „Те молам, удри го овој народ со слепило!“+ И ги удри со слепило, според зборот на Елисеј. 19 Тогаш Елисеј им рече: „Ова не е исправниот пат и ова не е исправниот град. Појдете по мене и јас ќе ве одведам до човекот што го барате“. Но ги одведе во Самарија.+
20 Кога стигнаа во Самарија, Елисеј рече: „Јехова, отвори им ги очите на овие за да видат“.+ И Јехова им ги отвори очите, па видоа дека се среде Самарија. 21 А кога ги здогледа, израелскиот цар му рече на Елисеј: „Дали да ги убијам,+ татко мој?+ Дали да ги убијам?“ 22 Но тој одговори: „Немој да ги убиеш. Зар ги убиваш оние што ќе ги заробиш со својот меч и со својот лак?+ Изнеси им леб и вода за да јадат и да пијат,+ па нека се вратат кај својот господар“. 23 Така им приреди голема гозба. Откако јадеа и пиеја, тој ги пушти, па се вратија кај својот господар. Оттогаш сириските чети повеќе не доаѓаа да пљачкаат+ во израелската земја.
24 Потоа, Вен-Адад, сирискиот цар, ја собра сета своја војска, тргна против Самарија и ја опколи.+ 25 И во Самарија настана голем глад+ зашто, гледај, опсадата траеше толку долго што една магарешка глава+ чинеше дури осумдесет сребреници, а четврт кав* гулабов измет+ дури пет сребреници. 26 Еднаш, кога израелскиот цар одеше по ѕидиштата, една жена му викна: „Помогни ми, господару мој, царе!“+ 27 А тој одговори: „Ако не ти помогне Јехова, како ќе ти помогнам јас?+ Можеби со нешто од гумното или од гмечалото за вино или за масло?“ 28 Потоа царот ја праша: „Што ти е?“ А таа одговори: „Оваа жена ми рече: ‚Дај го својот син да го изедеме денес, а утре ќе го изедеме мојот!‘+ 29 Така го сваривме+ мојот син и го изедовме.+ А следниот ден ѝ реков: ‚Дај го ваму твојот син за да го изедеме!‘ Но таа го скри синот“.
30 Кога ги чу зборовите на таа жена, царот си ја раскина облеката.+ И додека одеше по ѕидиштата, луѓето видоа дека има козина на телото. 31 И царот рече: „Бог нека ми направи така, и уште нека ми додаде, ако му остане денес главата на рамениците на Елисеј, синот на Сафат!“+
32 А Елисеј седеше во својата куќа и старешините седеа со него.+ Тогаш царот испрати пред себе еден од своите луѓе. Но пред да дојде гласникот кај него, Елисеј им рече на старешините: „Гледате ли како овој крвнички син+ испрати човек за да ми ја отсече главата? Кога ќе дојде гласникот, затворете ја вратата и опрете се на неа! Зар не се слушаат+ по него чекорите на неговиот господар?“ 33 Додека тој уште им зборуваше, гледај, кај него дојде гласникот, и царот рече: „Еве, оваа неволја е од Јехова!+ Зошто уште да го чекам Јехова?“+
7 Тогаш Елисеј рече: „Чујте ја Јеховината реч!+ Вака вели Јехова: ‚Утре во ова време, на самариската порта, една сеа* фино брашно ќе чини само еден сикел,* и две сеи јачмен само еден сикел‘ “.+ 2 Тогаш аѓутантот, на чија рака се потпираше царот,+ му одговори на Божјиот човек вака: „Дури и кога Јехова би ги отворил небесните брани,+ би можело ли да се случи тоа?“+ А тој рече: „Еве, ќе го видиш тоа со свои очи,+ но нема да јадеш“.+
3 А на градската порта имаше четворица лепрозни.+ Тие си рекоа еден на друг: „Зошто да седиме овде додека не умреме? 4 Ако влеземе во градот, во градот има глад, па ќе умреме таму.+ А ако останеме овде, пак ќе умреме. Затоа, ајде да појдеме во сирискиот логор! Ако нѐ остават живи, ќе живееме, а ако нѐ погубат, ќе умреме“.+ 5 И така, станаа во самрак и се упатија кон сирискиот логор. Кога дојдоа до работ на логорот, гледај, во него немаше никој!
6 Имено, Јехова беше направил во сирискиот логор да се чуе+ татнеж на бојни коли и топот на коњи, бучава на голема војска,+ така што си рекоа еден на друг: „Гледај, израелскиот цар ги изнајмил против нас хетејските+ и египетските цареви+ за да нѐ нападнат!“ 7 И станаа во самракот и побегнаа,+ оставајќи ги шаторите, коњите+ и магарињата, целиот логор како што беше. Побегнаа за да си ја спасат душата.+
8 Кога дојдоа до работ на логорот, тие лепрозни влегоа во еден шатор, се најадоа и се напија, па ги собраа од него среброто, златото и облеката, а потоа отидоа и го скрија тоа. Потоа се вратија, влегоа во друг шатор, ги однесоа работите од него и ги скрија.+
9 Но тогаш си рекоа еден на друг: „Не е добро тоа што го правиме. Денес е ден на добрите вести!+ Ако се колебаме и ако чекаме додека да се раздени, ќе бидеме виновни.+ Затоа сега, ајде да отидеме и да јавиме за ова во царскиот дворец!“ 10 Така отидоа и ги викнаа градските вратари+ и им јавија: „Отидовме во сирискиот логор, и гледај, таму немаше никого, ниту се слушаше човечки глас. Останале врзани само коњите и магарињата, и шаторите како што биле“.+ 11 Тогаш градските вратари викнаа и јавија за тоа во царскиот дворец.
12 А царот стана среде ноќта и им рече на своите слуги:+ „Јас ќе ви кажам што ни направија Сиријците.+ Тие добро знаат дека сме гладни,+ па затоа отишле од логорот и се скриле во полето,+ велејќи: ‚Кога ќе излезат од градот, ќе ги фатиме живи и ќе влеземе во градот!‘ “ 13 Тогаш еден од неговите слуги рече: „Избери луѓе кои ќе земат пет коњи од оние што уште преостанаа во градот.+ Зашто, гледај, ќе им биде исто како и на целото израелско мноштво што преостана и како на целото израелско мноштво што изгина.+ Да ги испратиме, па ќе видиме.“ 14 Така зедоа две коли со коњи и царот ги испрати во сирискиот логор, велејќи: „Одете и извидете!“ 15 И одеа по нив сѐ до Јордан, и гледај, целиот пат беше прекриен со облеки и со предмети+ кои Сиријците ги фрлале додека бегале.+ Потоа гласниците се вратија и му јавија за тоа на царот.
16 Тогаш народот излезе и го ограби+ сирискиот логор, така што една сеа фино брашно чинеше само еден сикел и две сеи јачмен само еден сикел, според Јеховината реч.+ 17 А царот го постави оној аѓутант, на чија рака се потпираше,+ да ја надгледува градската порта, но народот го изгази+ на портата, па умре, според речта која Божјиот човек+ ја кажа кога царот дојде кај него. 18 Така се исполни она што Божјиот човек му го рече на царот: „Утре во ова време, на самариската порта, две сеи јачмен ќе чинат само еден сикел, и една сеа фино брашно само еден сикел“.+ 19 Но аѓутантот му одговори на Божјиот човек вака: „Дури и кога Јехова би ги отворил небесните брани, би можело ли да се случи тоа што го кажуваш?“+ А тој рече: „Еве, ќе го видиш тоа со свои очи, но нема да јадеш“.+ 20 Така му се случи+ зашто народот го изгази+ на портата, и тој умре.
8 Елисеј вака ѝ рече на жената на која ѝ го оживеа синот:+ „Стани и оди со својот дом и насели се како туѓинка некаде в туѓина,+ зашто Јехова повика глад,+ кој ќе владее во земјата седум години“.+ 2 И жената стана и постапи според речта на Божјиот човек. Отиде+ со својот дом+ и се насели како туѓинка во филистејската земја,+ и живееше таму седум години.
3 Кога поминаа седумте години, жената се врати од филистејската земја и отиде кај царот+ за да го замоли за својата куќа и за својата нива. 4 А царот токму тогаш зборуваше со Гиезиј,+ слугата на Божјиот човек, и му рече: „Те молам, раскажи ми за сите големи дела што ги направил Елисеј“.+ 5 И кога му раскажуваше на царот како Елисеј оживеа еден мртовец,+ гледај, дојде жената, чијшто син беше оживеан, за да го моли царот за својата куќа и за својата нива.+ Тогаш Гиезиј рече: „Господару мој,+ царе, ова е жената и ова е нејзиниот син кого Елисеј го оживеа“. 6 Царот ја праша жената за тоа и таа му раскажа сѐ.+ Тогаш царот ѝ даде еден дворјанин+ и му рече: „Врати ѝ сѐ што ѝ припаѓа, како и целиот приход од нејзината нива од денот кога ја оставила земјата до сега“.+
7 Елисеј дојде во Дамаск,+ а Вен-Адад,+ сирискиот цар, беше болен. И му јавија: „Божјиот човек+ дојде ваму“. 8 А царот му рече на Азаил:+ „Земи дар,+ па отиди му во пресрет на Божјиот човек и прашај+ го Јехова преку него дали ќе закрепнам од оваа болест“. 9 Така Азаил му отиде во пресрет, земајќи со себе за дар секакви добри работи од Дамаск, кои ги натовари на четириесет камили. Кога дојде, застана пред него и рече: „Твојот син+ Вен-Адад, сирискиот цар, ме испрати кај тебе и прашува дали ќе закрепне од оваа болест“. 10 А Елисеј му одговори: „Оди и речи му: ‚Ќе закрепнеш‘, но Јехова ми покажа+ дека ќе умре“.+ 11 И Божјиот човек се загледа втренчено во него и остана така сѐ додека на овој не му стана непријатно, а потоа заплака.+ 12 И Азаил праша: „Зошто плаче мојот господар?“ А тој одговори: „Затоа што добро знам какво зло+ ќе им нанесеш на синовите на Израел. Ќе ги палиш со оган нивните тврдини, ќе ги убиваш со меч нивните најдобри војници, ќе ги сотираш нивните деца+ и ќе ги распоруваш нивните трудници“.+ 13 Тогаш Азаил праша: „Но што е твојот слуга? Јас сум само обичен пес,+ па како можам да направам нешто толку големо?“ А Елисеј одговори: „Јехова ми покажа дека ти ќе бидеш цар на Сирија“.+
14 Потоа отиде откај Елисеј и дојде кај својот господар, кој го праша: „Што ти рече Елисеј?“ А тој одговори: „Ми рече дека ќе закрепнеш“.+ 15 Но утредента зеде една покривка, ја натопи во вода и го покри царот преку лицето,+ и тој умре.+ Така Азаил+ почна да владее наместо него.
16 А во петтата година од царувањето на Јорам,+ синот на Ахав, над Израел, додека Јосафат сѐ уште беше цар на Јуда, почна да владее Јорам,+ синот на Јосафат, царот на Јуда. 17 Имаше триесет и две години кога стана цар и осум години владееше во Ерусалим.+ 18 Одеше по патот на израелските цареви,+ како што го правеше тоа и домот на Ахав,+ зашто жена+ му беше ќерка на Ахав, и го правеше она што е зло во Јеховини очи. 19 Но Јехова не сакаше да го сотре Јуда+ поради Давид, својот слуга,+ зашто беше ветил дека ќе им даде светилка+ нему и на неговите синови засекогаш.
20 Во негово време, Едом+ се побуни против власта на Јуда и си постави свој цар.+ 21 Затоа Јорам отиде во Саир со сите свои бојни коли. И стана ноќе и ги погуби Едомците што ги беа опколиле него и заповедниците на колите, а народот побегна во своите шатори. 22 Но Едом истраја во побуната против власта на Јуда до ден-денес. Во тоа време се побуни и Ливна.+
23 Останатата историја на Јорам и сѐ што правеше, не е ли сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 24 На крајот Јорам почина кај своите прататковци+ и беше погребан кај своите прататковци во Давидовиот град.+ А на негово место почна да владее неговиот син Охозија.+
25 Во дванаесеттата година од царувањето на Јорам, синот на Ахав, над Израел, стана цар Охозија, синот на Јорам, царот на Јуда.+ 26 Охозија имаше дваесет и две години кога почна да владее и владееше една година во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Готолија+ и му беше внука на Амри,+ израелскиот цар. 27 Тој одеше по патот на Ахавовиот дом+ и го правеше она што е зло во Јеховини очи,+ како и домот на Ахав, затоа што со женидбата се ороди со домот на Ахав.+ 28 Затоа отиде со Јорам, синот на Ахав, во војна против Азаил,+ сирискиот цар, кај Рамот-Галад.+ Но Сиријците го ранија+ Јорам. 29 Така цар Јорам+ се врати во Језраел+ за да закрепне од раните што му ги нанесоа Сиријците кај Рама,* кога се бореше против сирискиот цар Азаил. А Охозија,+ синот на Јорам, царот на Јуда, отиде во Језраел за да го посети Јорам, синот на Ахав, зашто тој беше болен.
9 Пророкот Елисеј повика еден од пророчките синови*+ и му рече: „Заврати си ги скутовите од облеката+ и земи го в рака ова шише+ со масло, па оди во Рамот-Галад.+ 2 Кога ќе дојдеш таму, побарај го Јуј,+ синот на Јосафат, син на Нимси. Оди таму, изведи го од сред неговите браќа и одведи го во најприкриената соба.+ 3 Потоа земи го шишето со масло, излеј му го на главата+ и речи: ‚Вака вели Јехова: „Те помазувам+ за цар+ на Израел!“ ‘ Тогаш отвори ја вратата и бегај, немој да чекаш!“
4 Така слугата на пророкот отиде во Рамот-Галад. 5 Кога стигна, гледај, заповедниците на војската седеа заедно. И тој рече: „Заповеднику, имам нешто да ти кажам!“+ А Јуј праша: „Кому од сите нас?“ Тој одговори: „Тебе, заповеднику!“ 6 Тогаш стана и влезе во куќата, а тој му го излеа маслото на главата и му рече: „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Те помазувам за цар+ над Јеховиниот народ,+ над Израел! 7 Погуби го домот на Ахав, твојот господар, зашто ќе ја одмаздам+ на Језавела+ крвта на своите слуги пророците и крвта на сите Јеховини слуги! 8 Целиот дом на Ахав ќе исчезне. Во домот на Ахав+ ќе истребам сѐ што е машко,*+ дури и најмалите и безвредните+ во Израел. 9 И ќе направам домот на Ахав да биде како домот на Јеровоам,+ синот на Нават, и како домот на Васа,+ синот на Ахија. 10 А Језавела ќе ја изедат+ кучињата на језраелското поле и ќе нема кој да ја закопа‘ “. Тогаш ја отвори вратата и побегна.+
11 Кога Јуј излезе кај слугите на својот господар, тие го прашаа: „Дали е сѐ во ред?+ Зошто дојде кај тебе оној лудак?“+ А тој им одговори: „Го знаете тој човек и начинот на кој зборува“. 12 Но тие рекоа: „Не ја кажуваш вистината. Ајде кажи ни!“ Тогаш тој рече: „Вака и вака ми зборуваше и ми рече: ‚Вака вели Јехова: „Те помазувам за цар на Израел!“ ‘ “+ 13 Тогаш тие ја зедоа брзо секој својата облека+ и ја простреа пред него по голите скалила, па затрубија во рог+ и рекоа: „Јуј стана цар!“+ 14 Така Јуј,+ синот на Јосафат, син на Нимси,+ скова заговор+ против Јорам.
А во тоа време Јорам заедно со целиот Израел го чуваше Рамот-Галад+ од Азаил,+ царот на Сирија. 15 Но подоцна, цар Јорам+ се врати во Језраел+ за да закрепне од раните што му ги нанесоа Сиријците кога се бореше против сирискиот цар Азаил.+
Тогаш Јуј рече: „Ако е по волја на вашата душа,+ никој нека не побегне од градот, за да отиде и да јави за тоа во Језраел“. 16 И Јуј се качи на кола и отиде во Језраел, зашто Јорам лежеше таму. А Охозија,+ царот на Јуда, дојде да го посети Јорам. 17 Кога виде како надоаѓаат мноштвото луѓе на Јуј, стражарот+ што стоеше на кулата+ во Језраел+ јави: „Гледам како надоаѓаат мноштво луѓе“. А Јорам рече: „Земи еден коњаник и прати го пред нив за да ги праша дали доаѓаат во мир“.+ 18 Така коњаникот му дојде во пресрет и рече: „Царот прашува дали доаѓате во мир“.+ Но Јуј одговори: „Што ти е грижа дали доаѓам во мир? Ајде по мене!“
А стражарот+ јави: „Гласникот дојде до нив, но не се враќа“. 19 Тогаш испрати втор коњаник, кој, кога дојде до нив, рече: „Царот прашува дали доаѓате во мир?“ Но Јуј одговори: „Што ти е грижа дали доаѓам во мир?+ Ајде по мене!“
20 И стражарот повторно јави: „Дојде до нив, но не се враќа. А оној што вози, вози како Јуј,+ внукот на Нимси,+ зашто вози лудо“.+ 21 Тогаш Јорам нареди: „Впрегни!“+ И ја впрегнаа неговата бојна кола, па Јорам, израелскиот цар, и Охозија,+ царот на Јуда, излегоа секој во својата бојна кола. Отидоа да го пресретнат Јуј и го затекоа на земјиштето на Језраелецот Навутеј.+
22 Кога го здогледа Јуј, Јорам праша: „Доаѓаш ли во мир, Јуј?“ Но тој одговори: „Како може да има мир+ додека траат блудствата на твојата мајка Језавела+ и нејзините многубројни гатања?“+ 23 Тогаш Јорам ја сврти колата за да бега, довикувајќи му на Охозија: „Измама,+ Охозија!“ 24 А Јуј го зграпчи лакот+ и го застрела Јорам меѓу плеќите, така што стрелата му помина низ срцето, и тој падна во својата кола.+ 25 Тогаш Јуј му рече на Вадекар, својот аѓутант:+ „Крени го и фрли го на нивата на Језраелецот+ Навутеј! Сети се дека јас и ти возевме коли со по два впрегнати коња зад неговиот татко Ахав, кога Јехова лично ја изрече против него оваа објава:+ 26 ‚„Знај дека вчера ја видов крвта+ на Навутеј и крвта на неговите синови“,+ вели Јехова, „и дека ќе ти платам+ за тоа на оваа земја!“ — вели Јехова‘. Затоа сега, крени го и фрли го на оваа земја, според Јеховината реч“.+
27 Кога го виде тоа, Охозија,+ царот на Јуда, побегна по патот што води кон куќата во градината.+ (Подоцна Јуј тргна во потера по него, велејќи: „Убијте го и него!“ И го ранија додека беше во колата на пат за Гур, кој се наоѓа покрај Ивлеам.+ Но успеа да побегне во Мегидо,+ каде што на крајот и умре.+ 28 Неговите слуги го превезоа со кола во Ерусалим и го погребаа во неговиот гроб со неговите прататковци во Давидовиот град.+ 29 А Охозија+ стана цар на Јуда во единаесеттата година од царувањето на Јорам,+ синот на Ахав.)
30 Потоа Јуј дојде во Језраел.+ Кога чу за тоа, Језавела+ ги намачка очите+ со црна боја и убаво си ја накити главата,+ па гледаше низ прозорецот.+ 31 Кога Јуј влегуваше на градската порта, таа рече: „Дали помина добро Зимриј,+ убиецот на својот господар?“ 32 Тогаш тој погледна кон прозорецот и праша: „Кој е со мене? Кој?“+ Тогаш погледнаа кон него два-тројца дворјани.+ 33 А тој рече: „Фрлете ја долу!“+ И ја фрлија, а нејзината крв ги испрска ѕидот и коњите. И коњите ја прегазија.+ 34 Потоа влезе, па јадеше и пиеше, и тогаш рече: „Погрижете се за таа проклетница+ и закопајте ја, зашто беше царска ќерка“.+ 35 Но кога отидоа да ја закопаат, не најдоа ништо од неа, освен черепот, стапалата и дланките.+ 36 Кога се вратија и му јавија за тоа, тој рече: „Тоа е Јеховината реч што ја кажа преку+ својот слуга Илија Тесвитецот: ‚На језраелското поле, кучиња ќе го изедат телото на Језавела.+ 37 Трупот на Језавела ќе биде како гној+ на језраелското поле, за да не може да се рече: „Ова е Језавела“ ‘ “.+
10 Ахав имаше седумдесет+ сина во Самарија.+ Затоа Јуј напиша писма и им ги испрати во Самарија на језраелските кнезови,+ на старешините+ и на старателите на Ахавовите деца и им порача: 2 „Сега, кога ќе ви стигне ова писмо — вам, кај кои се синовите на вашиот господар и кои ги имате бојните коли, коњите,+ утврдениот град и оружјето — 3 видете кој е најдобриот и најдостојниот од синовите на вашиот господар, па поставете го на престолот на неговиот татко+ и борете се за домот на својот господар!“
4 А тие многу се исплашија и рекоа: „Еве, два цара+ не можеа да дадат отпор, па како ќе можеме ние?“+ 5 Затоа управителот на дворецот, заповедникот на градот, старешините и старателите+ му испратија одговор на Јуј: „Ние сме твои слуги и ќе направиме сѐ што ќе ни кажеш. Никого нема да го поставиме за цар. Направи го она што мислиш дека е добро“.
6 Потоа им напиша друго писмо и во него рече: „Ако сте мои+ и ако го слушате мојот глас, земете ги главите на синовите+ на својот господар и дојдете кај мене во Језраел+ утре во ова време“.
А синовите на царот, седумдесетмина, беа кај угледни луѓе во градот, кои ги одгледуваа. 7 Кога им стигна писмото, тие ги зедоа синовите на царот и ги убија, сите седумдесет.+ Потоа ги ставија главите во кошници и му ги испратија во Језраел. 8 Дојде гласник+ и му јави: „Ги донесоа главите+ на царските синови“. А тој рече: „Ставете ги на два купа на градската порта, нека стојат до утрото“.+ 9 Изутрината излезе, застана пред целиот народ и рече: „Вие сте праведни!+ Еве, јас сковав заговор+ против својот господар и го убив.+ Но кој ги уби сите овие? 10 Затоа, знајте дека нема да остане неисполнет* ниту еден збор од Јехова,+ кој Јехова го изрече против домот на Ахав!+ Јехова направи сѐ што кажа преку својот слуга Илија“.+ 11 И Јуј ги уби сите што преостанаа од домот на Ахав во Језраел, сите негови големци,+ сите негови познајници и сите негови свештеници,+ така што не остана ниту еден од неговите.+
12 Потоа стана и тргна во Самарија. На патот поминуваше покрај овчарската куќа во која се врзуваа овци. 13 Таму Јуј наиде на браќата+ на Охозија,+ царот на Јуда. „Кои сте вие?“ — ги праша. А тие одговорија: „Ние сме браќата на Охозија и одиме да се распрашаме дали се добро синовите на царот и синовите на царицата-мајка“. 14 Тогаш нареди: „Фатете ги живи!“+ И ги фатија живи, па ги убија крај бунарот* до куќата во која се врзуваа овци, нив четириесет и двајца. Не остави жив ниту еден.+
15 Кога си отиде оттаму, наиде на Јонадав,+ синот на Рихав,+ кој му излезе во пресрет. Откако го благослови,+ го праша: „Дали си со мене со сето срце како што сум јас со тебе со сето срце?“+
А Јонадав одговори: „Да!“
„Ако си, тогаш подај ми рака!“
И му ја подаде раката, а тој го зеде со себе во колата.+ 16 И рече: „Појди со мене и ќе видиш дека нема да дозволам некој да му биде соперник+ на Јехова!“ Така се одвезе со него во неговата бојна кола. 17 Кога дојде во Самарија, почна да ги убива сите од домот на Ахав, кои уште преостанаа во Самарија, додека не ги истреби,+ според речта што Јехова му ја кажа на Илија.+
18 Потоа Јуј го собра целиот народ и му рече: „Ахав премалку го почитуваше* Ваал.+ Јуј ќе го почитува повеќе. 19 Затоа сега викнете ги кај мене сите пророци+ на Ваал, сите негови слуги*+ и сите негови свештеници!+ Нека не изостане ниту еден, зашто ќе му принесам на Ваал голема жртва. Кој ќе изостане, нема да остане жив!“ А Јуј постапуваше лукаво,+ зашто сакаше да ги истреби сите слуги на Ваал.
20 Потоа Јуј рече: „Објавете дека ќе има свечен собир во чест на Ваал!“ И тие објавија. 21 Потоа Јуј испрати гласници по целиот Израел,+ па дојдоа сите слуги на Ваал, не изостана ниту еден. Пристигнуваа во храмот на Ваал, така што храмот на Ваал+ се наполни од едниот крај до другиот. 22 Тогаш му рече на чуварот на облеката: „Изнеси облека за сите слуги на Ваал!“ И тој им ја изнесе облеката. 23 Потоа Јуј влезе во храмот на Ваал заедно со Јонадав,+ синот на Рихав, и им рече на слугите на Ваал: „Погледнете внимателно за да не е меѓу вас некој од слугите на Јехова, туку да бидат само слугите на Ваал!“+ 24 И така дојдоа да принесат жртви паленици и други жртви, а Јуј постави надвор осумдесет свои луѓе, велејќи: „Ако побегне некој од овие луѓе што ги предавам во ваши раце, со својата душа ќе платите за неговата душа“.+
25 Кога заврши со принесувањето на жртвата паленица, Јуј им нареди на царската телесна стража* и на аѓутантите: „Влезете и убијте ги! Не дозволувајте да излезе ниту еден!“+ Така стражарите и аѓутантите+ ги убија со сечилото на мечот и ги нафрлаа надвор. Продреа дури до светилиштето* на храмот на Ваал. 26 Ги изнесоа обредните столбови+ од храмот на Ваал и сите ги изгореа.+ 27 Потоа го урнаа обредниот столб на Ваал+ и го разурнаа храмот на Ваал,+ па го претворија во нужник,+ кој постои до ден-денес.
28 Така Јуј го истреби Ваал од Израел. 29 Но Јуј не отстапи од гревот на Јеровоам,+ синот на Нават, со кој го наведе на грев Израел,+ имено, продолжи да ги почитува златните телиња.+ Едното теле беше во Ветил, а другото во Дан.+ 30 И Јехова му рече на Јуј: „Затоа што постапуваше добро, правејќи го она што е исправно во мои очи,+ и го изврши врз домот на Ахав сето она што ми беше во срцето,+ твоите синови ќе седат на престолот на Израел до четвртото колено“.+ 31 Но Јуј не се трудеше да постапува* со сето срце според законите на Јехова, Богот на Израел.+ Не отстапи од гревот на Јеровоам, со кој го наведе на грев Израел.+
32 Во тоа време Јехова почна да ја распарчува земјата на Израел. И Азаил+ ги напаѓаше на целото подрачје на Израел, 33 од Јордан кон исток, целата галадска земја,+ племето на Гад,+ на Рувим+ и на Манасија,+ од Ароир,+ кој лежи на работ од долината на Арнон, и Галад и Васан.+
34 А останатата историја на Јуј, сите негови дела и сите негови потфати, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви? 35 На крајот Јуј почина кај своите прататковци+ и го погребаа во Самарија, а на негово место почна да владее неговиот син Јоахаз.+ 36 Јуј владееше над Израел во Самарија дваесет и осум години.
11 Кога виде дека син ѝ е мртов, Готолија,+ мајката на Охозија,+ стана и го погуби сиот царски род.+ 2 Но Јосавеа,+ ќерката на цар Јорам, сестра на Охозија, го зеде Јоас,+ синот на Охозија, и го украде меѓу синовите на царот, кои требаше да бидат убиени, па него и неговата доилка ги скри+ од Готолија во спалната, и така не беше убиен. 3 Шест години остана скриен кај неа во Јеховиниот дом, додека Готолија владееше во земјата.+
4 А во седмата година, Јодај+ испрати по стотникот на Каријците+ и по заповедниците на останатата телесна стража,*+ па ги доведе кај себе во Јеховиниот дом. Со нив склучи сојуз+ и ги заколна+ во Јеховиниот дом, а потоа им го покажа царскиот син. 5 И им заповеда: „Вака ќе направите: една третина од вас ќе дојде во сабота* и ќе чува стража во царскиот дворец,+ 6 една третина ќе биде кај Портата+ на темелот, а една третина кај портата што е зад телесната стража. И така, добро чувајте го домот+ наизменично. 7 Двете ваши групи, на кои службата им завршува во сабота, нека останат за да чуваат стража во Јеховиниот дом заради царот. 8 Опколете го царот, секој со оружјето в рака, и погубете го секого што ќе се обиде да помине низ вашите редови. Бидете со царот каде и да појде“.
9 Стотниците+ направија сѐ како што им заповеда свештеникот Јодај. Секој од нив ги зеде своите луѓе на кои службата им започнуваше во сабота и оние на кои им завршуваше во сабота,+ па дојдоа кај свештеникот Јодај. 10 Тогаш свештеникот им ги даде на стотниците копјата и тркалезните штитови на цар Давид, кои беа во Јеховиниот дом.+ 11 А телесните стражари+ стоеја секој со оружјето в рака, од десната* страна на домот до левата* страна на домот, кај жртвеникот+ и кај домот, така што го опколија царот. 12 Тогаш Јодај го изведе царскиот син,+ му стави круна*+ и го положи на него Сведоштвото.+ Така го поставија за цар+ и го помазаа.+ Плескајќи со рацете,+ извикуваа: „Да живее царот!“+
13 А кога чу како луѓето трчаат и викаат, Готолија побрза кај народот во Јеховиниот дом.+ 14 Таму го здогледа царот како стои кај столбот+ според обичајот, и покрај царот заповедниците и трубачите,+ а сиот народ* се веселеше+ и трубеше во труби. Тогаш Готолија+ си ја раскина облеката и извика: „Заговор! Заговор!“+ 15 А свештеникот Јодај им заповеда на стотниците, на заповедниците на војската:+ „Изведете ја од своите редови и секој што ќе појде по неа нека биде погубен со меч!“+ Свештеникот, имено, беше наредил: „Нека не биде погубена во Јеховиниот дом!“ 16 Тие ја фатија и ја одведоа низ влезот за коњи+ до царскиот дворец,+ и таму ја погубија.+
17 Тогаш Јодај склучи сојуз+ меѓу Јехова,+ царот+ и народот, дека народот ќе биде Јеховин народ, а и меѓу царот и народот.+ 18 Потоа целиот народ отиде во храмот на Ваал и ги урна неговите жртвеници.+ Неговите ликови сосема ги искрши,+ а Матан,+ свештеникот на Ваал, го погуби пред жртвениците.+
Потоа свештеникот постави надгледници над Јеховиниот дом.+ 19 И одреди стотниците, Каријците,+ останатата телесна стража+ и целиот народ да го доведат царот од Јеховиниот дом. Влегоа во царскиот дворец низ портата+ на телесната стража, и тој седна на царскиот престол.+ 20 И сиот народ се радуваше+ и градот беше во мир, а Готолија ја погубија со меч во царскиот дворец.+
21 Јоас+ имаше седум години кога почна да владее.+
12 Во седмата година од царувањето на Јуј,+ Јоас+ стана цар и владееше четириесет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Сивија и беше од Вирсавеја. 2 Јоас го правеше она што е исправно во Јеховини очи за сето време додека беше поучуван од свештеникот Јодај,+ 3 само што не беа отстранети обредните височинки.+ На тие височинки народот сѐ уште принесуваше жртви и гореше приноси.
4 Јоас им рече на свештениците.+ „Сите пари од светите приноси+ што се донесуваат во Јеховиниот дом,+ имено, парите што му се одредени секому како данок,+ парите за душите, според вредноста што е одредена,+ и сите пари што ќе ги донесе некој во Јеховиниот дом поради тоа што неговото срце го поттикнува на тоа,+ 5 свештениците нека ги земат, секој од својот познајник,+ па нека ги поправат сите оштетувања на домот што ќе ги најдат“.+
6 Но до дваесет и третата година од царувањето на Јоас, свештениците сѐ уште ги немаа поправено оштетувањата на домот.+ 7 Затоа цар Јоас ги викна свештеникот Јодај+ и останатите свештеници, па ги праша: „Зошто не ги поправате оштетувањата на домот? Отсега не смеете повеќе да собирате пари од своите познајници, туку мора да ги предадете за поправка на домот“.+ 8 И свештениците се согласија да не собираат повеќе пари од народот и да не ги поправаат оштетувањата на домот.
9 Тогаш свештеникот Јодај зеде еден ковчег,+ направи отвор на капакот и го стави до жртвеникот, да му биде од десната страна на оној што ќе влезе во Јеховиниот дом. И свештениците што служеа како вратари+ ги ставаа во него сите пари+ што беа донесени во Јеховиниот дом. 10 Кога ќе се видеше дека во ковчегот има многу пари, царскиот писар+ и првосвештеникот доаѓаа да ги пребројат, па ги врзуваа парите што ќе се најдеа во Јеховиниот дом.+ 11 Преброените пари им ги предаваа в раце на луѓето што беа поставени да ја надгледуваат работата+ во Јеховиниот дом, а тие од нив им плаќаа на дрводелците и на градителите што работеа на Јеховиниот дом, 12 и на ѕидарите и на каменоресците,+ и ги даваа за купување дрвена граѓа и делкан камен за поправка на оштетувањата на Јеховиниот дом, а и за сите трошоци околу поправката на домот.
13 Но парите што беа донесувани во Јеховиниот дом не се користеа за изработка ниту на сребрени садови, ни на поткаструвачи на фитили,+ ни на чинии,+ ни на труби,+ ниту на какви било предмети од злато или од сребро за Јеховиниот дом,+ 14 туку им беа давани на луѓето што ја надгледуваа работата за да го поправат со нив Јеховиниот дом.+ 15 А од луѓето на кои им ги предаваа парите за да им ги дадат на работниците+ не бараа да положат сметка за тоа како ги трошат,+ зашто тие работеа верно.+ 16 Парите од жртвите за вина+ и парите од жртвите за грев не ги донесуваа во Јеховиниот дом, туку тие им припаѓаа на свештениците.+
17 Во тоа време Азаил,+ сирискиот цар, тргна во војна против Гат+ и го освои. Потоа Азаил се сврти да го нападне Ерусалим.+ 18 А Јоас, царот на Јуда, ги зеде сите свети приноси+ што ги беа посветиле неговите прататковци Јосафат, Јорам и Охозија, цареви на Јуда, а и своите свети приноси и сето злато што го најде во ризниците на Јеховиниот дом и на царскиот дворец, и му ги испрати+ на Азаил, царот на Сирија. Така овој замина од Ерусалим.
19 Останатата историја на Јоас и сѐ што направи тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 20 На крајот, слугите на Јоас+ станаа и сковаа заговор+ против него, па го убија во тврдината Мило,+ каде што се слегува кон Сила. 21 Јоазахар,* синот на Симеата, и Јозавад,+ синот на Сомир, негови слуги, му зададоа смртен удар. Го погребаа со неговите прататковци во Давидовиот град, а на негово место почна да владее неговиот син Амазија.+
13 Во дваесет и третата година од царувањето на Јоас,+ синот на Охозија,+ над Јуда, Јоахаз,+ синот на Јуј,+ стана цар над Израел во Самарија и владееше седумнаесет години. 2 Го правеше она што е зло во Јеховини очи+ и се поведе* по гревовите на Јеровоам,+ синот на Нават, со кои го наведе на грев Израел.+ Не отстапи од нив. 3 И Јехова пламна од гнев+ против Израел, па го предаде во рацете на Азаил,+ сирискиот цар, и во рацете на Вен-Адад,+ синот на Азаил.
4 Но Јоахаз го смилостиви*+ Јеховиното лице, и Јехова го услиши,+ зашто виде како е угнетуван Израел,+ бидејќи сирискиот цар го угнетуваше.+ 5 Затоа Јехова му даде спасител+ на Израел, така што синовите на Израел се избавија од сириската рака и продолжија да живеат во своите домови како и порано.+ 6 Но не отстапија од гревот на домот на Јеровоам со кој го наведе на грев Израел,+ туку упорно го правеа,*+ а обредниот дирек*+ стоеше во Самарија. 7 А на Јоахаз му останаа од војската само педесет коњаници, десет бојни коли и десет илјади пешаци,+ бидејќи сирискиот цар ја разби останатата војска+ и ја згази како прав при вршидба.+
8 А останатата историја на Јоахаз, сите негови дела и потфати, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви? 9 На крајот Јоахаз почина кај своите прататковци и го погребаа во Самарија,+ а на негово место почна да владее неговиот син Јоас.+
10 Во триесет и седмата година од царувањето на Јоас над Јуда, Јоас,+ синот на Јоахаз, стана цар на Израел во Самарија и владееше шеснаесет години. 11 Го правеше она што е зло во Јеховини очи.+ Не отстапи од ниту еден грев на Јеровоам, синот на Нават, со кои го наведе на грев Израел,+ туку продолжи да ги прави.
12 Останатата историја на Јоас, сите негови дела, неговите потфати и како војуваше со Амазија,+ царот на Јуда, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви? 13 На крајот Јоас почина кај своите прататковци, а Јеровоам*+ седна на неговиот престол. Јоас беше погребан во Самарија со израелските цареви.+
14 Кога Елисеј+ се разболе од болест од која подоцна и умре,+ му дојде Јоас, израелскиот цар, и плачејќи над неговото лице му рече: „Татко мој,+ татко мој! Бојната кола на Израел и неговите коњаници!“+ 15 А Елисеј му рече: „Земи лак и стрели“. И тој зеде лак и стрели. 16 Тогаш му рече на израелскиот цар: „Стави ја раката на лакот!“ И тој ја стави раката на лакот, а Елисеј ги стави своите раце врз рацете+ на царот 17 и рече: „Отвори го прозорецот кон исток“. И тој го отвори. „Стрелај!“ — рече Елисеј. И тој стрелаше. Потоа рече: „Јеховината стрела на спасението, стрела што спасува+ од Сирија! Кај Афек+ потполно ќе ја поразиш Сирија!“
18 Потоа рече: „Земи ги стрелите!“ И тој ги зеде. Тогаш му рече на израелскиот цар: „Удирај по земјата!“ Овој удри трипати, па престана.+ 19 Тогаш Божјиот човек+ се разлути на него и рече: „Требаше да удриш пет или шест пати! Тогаш ќе ја поразеше Сирија докрај, а вака ќе ја поразиш Сирија само трипати“.+
20 Потоа Елисеј умре, и го погребаа.+ А чети од моавски+ разбојници+ ја напаѓаа земјата обично во почетокот на годината. 21 Еднаш, едни луѓе кога сакаа да погребат некој човек, здогледаа разбојници. Тие веднаш го фрлија мртовецот во гробот на Елисеј и заминаа. Кога се допре до коските на Елисеј, мртовецот веднаш оживеа+ и застана на нозе.+
22 А Азаил,+ сирискиот цар, го угнетуваше+ Израел во сите денови на Јоахаз. 23 Но Јехова им се смилува+ и беше милосрден+ кон нив, па погледна на нив заради својот сојуз+ со Авраам,+ со Исак+ и со Јаков.+ Не сакаше да ги истреби+ и не ги отфрли од своето лице досега. 24 На крајот умре Азаил, сирискиот цар, а на негово место почна да владее неговиот син Вен-Адад. 25 И Јоас, синот на Јоахаз, ги врати од раката на Вен-Адад, синот на Азаил, градовите кои Азаил во војна му ги беше зел на Јоахаз, неговиот татко. Јоас го порази трипати и така ги врати израелските градови.+
14 Во втората година од царувањето на Јоас,+ синот на Јоахаз, над Израел, стана цар Амазија,+ синот на Јоас, царот на Јуда. 2 Имаше дваесет и пет години кога почна да владее, и владееше дваесет и девет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Јоадина+ и беше од Ерусалим. 3 Го правеше она што е исправно во очите на Јехова,+ но не како неговиот прататко Давид.+ Правеше сѐ како и Јоас, неговиот татко.+ 4 Единствено обредните височинки не беа отстранети.+ На тие височинки народот сѐ уште принесуваше жртви и гореше приноси.+ 5 А кога се зацврсти царството во неговата рака, ги уби+ своите слуги што го убија царот, неговиот татко.+ 6 Но синовите на тие убијци не ги погуби, според она што е запишано во книгата на Мојсеевиот закон, во кој Јехова заповеда:+ „Татковците нека не бидат погубени поради синовите, и синовите нека не бидат погубени поради татковците. Секој нека биде погубен поради сопствениот грев“.+ 7 Тој уби десет илјади Едомци+ во Солената Долина+ и во војна го освои градот Села, кој го доби името Јоктеил, кое го носи до ден-денес.
8 Тогаш Амазија испрати гласници кај израелскиот цар Јоас, синот на Јоахаз, син на Јуј, и му порача: „Дојди да се пробаме кој е појак!“+ 9 А израелскиот цар Јоас, му испрати на Амазија, царот на Јуда, ваков одговор: „Трнливиот плевел на Ливан му порача на ливанскиот кедар:+ ‚Дај му ја ќерка ти за жена на мојот син!‘ Но полска ѕверка на Ливан помина преку трнливиот плевел и го изгази.+ 10 Го порази Едом,+ па срцето ти се возгордеа.+ Уживај во својата слава+ и остани си дома! Зошто да се впушташ во судир+ и да бидеш поразен?+ Зар сакаш да пропаднеш и ти и Јуда со тебе?“ 11 Но Амазија не послуша.+
Така дојде Јоас, израелскиот цар, па тој и Амазија, царот на Јуда, се пробаа кој е појак+ кај Вет-Семес,+ кој му припаѓа на Јуда. 12 И синовите на Израел ги поразија синовите на Јуда,+ така што овие побегнаа секој во својот шатор. 13 А Јоас, царот на Израел, го зароби Амазија, царот на Јуда, синот на Јоас, син на Охозија, кај Вет-Семес. Потоа дојде во Ерусалим и го проби ерусалимскиот ѕид од Ефремовата Порта+ до Аголната Порта,+ во должина од четиристотини лакти.* 14 Ги зеде сето злато, сето сребро и сите предмети што се најдоа во Јеховиниот дом+ и во ризницата на царскиот дворец, а освен тоа зеде и заложници, па се врати во Самарија.
15 Останатата историја на Јоас, сите негови дела, неговите потфати и како војуваше против Амазија, царот на Јуда, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви? 16 На крајот Јоас почина кај своите прататковци+ и беше погребан во Самарија+ со израелските цареви, а на негово место почна да владее неговиот син Јеровоам.*+
17 Амазија,+ синот на Јоас, цар на Јуда, живееше уште петнаесет години по смртта на Јоас,+ синот на Јоахаз, царот на Израел.+ 18 А останатата историја на Амазија, зар не е запишана во летописите+ на царевите на Јуда?+ 19 На крајот, против него сковаа заговор+ во Ерусалим, па тој побегна во Лахис.+ Но по него во Лахис испратија луѓе, кои го убија таму.+ 20 Оттаму го донесоа на коњи и беше погребан+ во Ерусалим кај своите прататковци во Давидовиот град.+ 21 Тогаш целиот народ на Јуда го зеде Азарија,*+ кој во тоа време имаше шеснаесет години,+ и го постави за цар наместо неговиот татко Амазија.+ 22 Тој повторно го изгради Елат+ и му го врати на Јуда откако царот почина кај своите прататковци.
23 Во петнаесеттата година од царувањето на Амазија, синот на Јоас, царот на Јуда, Јеровоам,+ синот на Јоас, царот на Израел, стана цар во Самарија и владееше четириесет и една година. 24 Го правеше она што е зло во Јеховини очи. Не отстапи од ниту еден грев на Јеровоам, синот на Нават, со кој го наведе на грев Израел.+ 25 Тој повторно ја воспостави израелската граница од влезот во Емат+ до морето Араба,+ според речта на Јехова, Богот на Израел, која му ја кажуваше преку својот слуга Јона,+ синот на Аматиј, пророк од Гат-Ефер.+ 26 Зашто, Јехова ја виде лутата неволја на Израел.+ Не остана ни беспомошниот ни безвредниот, и немаше помошник за Израел.+ 27 Но Јехова вети дека нема да го избрише од под небото+ името на Израел. Затоа ги спаси+ со раката на Јеровоам, синот на Јоас.
28 Останатата историја на Јеровоам, сите негови дела и потфати, како војуваше и како ги врати Дамаск+ и Емат+ под власта на Јуда и на Израел, зар не е сето тоа запишано во летописите на израелските цареви? 29 На крајот, Јеровоам почина кај своите прататковци, царевите на Израел, а на негово место почна да владее неговиот син Захарија.+
15 Во дваесет и седмата година од царувањето на Јеровоам над Израел, стана цар Азарија,+ синот на Амазија,+ царот на Јуда. 2 Имаше шеснаесет години кога почна да владее, и владееше педесет и две години во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Ехолија и беше од Ерусалим. 3 Го правеше она што е исправно во Јеховини очи, сето она што го правеше и Амазија, неговиот татко.+ 4 Единствено што не беа отстранети обредните височинки.+ На тие височинки народот сѐ уште принесуваше жртви и гореше приноси.+ 5 А Јехова го удри царот со болест,+ па овој остана лепрозен+ до својата смрт. И живееше во својата куќа ослободен од должности,+ а Јотам,+ синот на царот, управуваше со дворецот и му судеше+ на народот.* 6 Останатата историја на Азарија и сѐ што правеше тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 7 На крајот Азарија почина кај своите прататковци+ и го погребаа кај неговите прататковци во Давидовиот град, а на негово место почна да владее неговиот син Јотам.+
8 Во триесет и осмата година од царувањето на Азарија+ над Јуда, Захарија,+ синот на Јеровоам, стана цар на Израел во Самарија и владееше шест месеци. 9 Го правеше она што е зло во очите на Јехова, како што правеа и неговите прататковци.+ Не отстапи од гревовите на Јеровоам,+ синот на Нават, со кои го наведе на грев Израел.+ 10 Тогаш Салум, синот на Јавис, скова заговор+ против него, го нападна+ во Ивлеам,+ па го уби и почна да владее наместо него. 11 Останатата историја на Захарија е запишана во летописите+ на израелските цареви. 12 Така се исполни речта+ што му ја кажа Јехова на Јуј:+ „Твоите синови+ ќе седат на престолот на Израел до четвртото колено“. Така и беше.+
13 Салум, синот на Јавис, стана цар во триесет и деветтата година од царувањето на Озија+ над Јуда и владееше еден месец*+ во Самарија. 14 Тогаш Менаим,+ синот на Гади, дојде од Терса+ во Самарија, го нападна Салум,+ синот на Јавис, во Самарија, и го уби, па почна да владее наместо него. 15 Останатата историја на Салум и заговорот+ што го скова, сето тоа е запишано во летописите на израелските цареви. 16 Доаѓајќи од Терса, Менаим ја разурна Тифса, и сѐ што имаше во неа и на нејзиното подрачје. Ја разурна, затоа што не му ја отворија градската порта, и ги распори сите трудни жени во неа.+
17 Во триесет и деветтата+ година од царувањето на Азарија над Јуда, Менаим, синот на Гади, стана цар на Израел и владееше десет години во Самарија. 18 Го правеше она што е зло во Јеховини очи.+ Во целиот свој век не отстапи од ниту еден грев на Јеровоам,+ синот на Нават, со кои го наведе на грев Израел.+ 19 А Фул,+ асирскиот+ цар, дојде во земјата. И Менаим му даде+ на Фул илјада таланти сребро+ за да му помогне да го утврди царството во својата рака.+ 20 Менаим го собра среброто од Израел, од сите смели и силни луѓе,+ и му даде на асирскиот цар педесет сикли* сребро по човек. Тогаш асирскиот цар се врати и не остана таму во земјата. 21 Останатата историја на Менаим+ и сѐ што правеше тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви? 22 На крајот Менаим почина кај своите прататковци, а на негово место почна да владее неговиот син Фекаја.+
23 Во педесеттата година од царувањето на Азарија над Јуда, Фекаја, синот на Менаим, стана цар на Израел во Самарија и владееше две+ години. 24 Го правеше она што е зло во Јеховини очи.+ Не отстапи од гревовите на Јеровоам,+ синот на Нават, со кои го наведе на грев Израел.+ 25 Но тогаш неговиот аѓутант+ Фекај,+ синот на Ремалија, скова заговор+ против него и го уби во Самарија, во тврдината на царскиот дворец,+ заедно со Аргов и со Арие и со педесет луѓе од Галад. Го уби и почна да владее наместо него. 26 Останатата историја на Фекаја и сѐ што направи тој, сето тоа е запишано во летописите+ на израелските цареви.
27 Во педесет и втората година од царувањето на Азарија над Јуда, Фекај,+ синот на Ремалија,+ стана цар на Израел во Самарија и владееше дваесет години. 28 Го правеше она што е зло во Јеховини очи.+ Не отстапи од гревовите на Јеровоам,+ синот на Нават, со кои го наведе на грев Израел.+ 29 Во времето на Фекај, израелскиот цар, дојде Теглат-Феласар,+ асирскиот цар,+ и ги освои Ијон,+ Авел-Вет-Маха,+ Јанох, Кедес,+ Асор,+ Галад+ и Галилеја,+ целата земја на Нефталим,+ и нивните жители ги одведе во изгнанство во Асирија.+ 30 Тогаш Осиј,+ синот на Ила, скова заговор+ против Фекај, синот на Ремалија, па го нападна+ и го уби. И почна да владее наместо него во дваесеттата година од царувањето на Јотам,+ синот на Озија. 31 Останатата историја на Фекај и сѐ што направи тој, сето тоа е запишано во летописите+ на израелските цареви.
32 Во втората година од царувањето на Фекај, синот на Ремалија, над Израел, стана цар Јотам,+ синот на Озија,+ царот на Јуда. 33 Имаше дваесет и пет години кога почна да владее, и владееше шеснаесет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Еруса, а му беше ќерка на Садок.+ 34 Тој го правеше она што е исправно во Јеховини очи.+ Го правеше сето она што го правеше и Озија, неговиот татко.+ 35 Единствено што не беа отстранети обредните височинки. На тие височинки народот сѐ уште принесуваше жртви и гореше приноси.+ Тој ја изгради горната порта на Јеховиниот дом.+ 36 Останатата историја на Јотам и сѐ што направи тој, зар не е сето тоа запишано во летописите на царевите на Јуда?+ 37 Во тоа време, Јехова ги испрати+ против Јуда Ресин,+ сирискиот цар, и Фекај,+ синот на Ремалија. 38 На крајот Јотам почина кај своите прататковци и беше погребан кај своите прататковци во градот на Давид, својот прататко,+ а на негово место почна да владее неговиот син Ахаз.+
16 Во седумнаесеттата година од царувањето на Фекај, синот на Ремалија, стана цар Ахаз,+ синот на Јотам, царот на Јуда. 2 Ахаз имаше дваесет години кога почна да владее, и владееше шеснаесет години во Ерусалим. Не го правеше она што е исправно во очите на Јехова, својот Бог, како што го правеше тоа Давид, неговиот прататко.+ 3 Одеше по патот на израелските цареви,+ па дури и својот син го помина низ оган,+ според одвратниот+ обичај на народите кои Јехова ги истера од пред синовите на Израел. 4 Принесуваше жртви и гореше приноси на обредните височинки,+ по ридовите+ и под секое зелено дрво.+
5 Во тоа време, Ресин,+ сирискиот цар, и Фекај,+ синот на Ремалија, израелскиот цар, дојдоа против Ерусалим за да војуваат со него. И го опколија Ахаз, но немаа успех во бојот.+ 6 Тогаш Ресин, сирискиот цар, му го врати Елат на Едом,+ а потоа ги протера Јудејците* од Елат. И Едомците влегоа во Елат и останаа во него до ден-денес. 7 А Ахаз испрати гласници кај Теглат-Феласар,+ асирскиот цар, и му порача: „Јас сум твој слуга+ и твој син. Дојди и избави ме+ од раката на сирискиот цар и од раката на израелскиот цар, кои се кренаа против мене“. 8 И Ахаз ги зеде среброто и златото што се најдоа во Јеховиниот дом и во ризниците на царскиот дворец+ и му ги испрати како подарок+ на асирскиот цар. 9 И асирскиот цар го послуша. Така асирскиот цар отиде во Дамаск,+ го освои+ и ги одведе неговите жители во изгнанство во Кир,+ а Ресин+ го погуби.
10 Тогаш цар Ахаз+ отиде во Дамаск за да се состане со Теглат-Феласар,+ асирскиот цар. Кога го виде жртвеникот+ што беше во Дамаск, цар Ахаз му испрати на свештеникот Урија нацрт од тој жртвеник и план со сите поединости на него.+ 11 Така свештеникот Урија+ го направи жртвеникот.+ Свештеникот Урија го направи точно по упатствата што му ги испрати од Дамаск цар Ахаз, пред да се врати цар Ахаз од Дамаск. 12 Кога се врати од Дамаск, царот го виде жртвеникот, му пристапи на жртвеникот+ и принесе жртви на него.+ 13 Ги изгоре+ својата жртва паленица+ и својата житна жртва,+ ја излеа својата жртва налевница+ и го попрска жртвеникот со крвта од жртвите на заедништвото што ги принесе. 14 А бакарниот жртвеник,+ кој беше пред Јехова, го тргна од неговото место пред домот, меѓу неговиот жртвеник и Јеховиниот дом,+ и го постави на северната страна од својот жртвеник. 15 И цар Ахаз му заповеда на свештеникот Урија:+ „На големиот жртвеник гори ги утринската жртва паленица+ и вечерната+ житна жртва, царевата+ жртва паленица и неговата житна жртва, жртвите паленици на целиот народ,* како и нивните житни жртви и жртви налевници. Попрскувај го со крвта на сите жртви паленици и на сите други жртви. А за бакарниот жртвеник уште ќе размислам“. 16 Свештеникот Урија+ направи сѐ како што му заповеда цар Ахаз.+
17 Освен тоа, цар Ахаз ги исече+ на парчиња страниците+ на количките+ и ги тргна од количките големите садови за вода.+ А морето+ го симна од бакарните бикови+ што беа под него и го стави на каменен под. 18 Поради асирскиот цар, ги отстрани од Јеховиниот дом покриениот саботен* ходник, кој го беа изградиле во домот, и надворешниот пристап за царот.
19 Останатата историја на Ахаз и сѐ што направи тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 20 На крајот Ахаз почина кај своите прататковци и беше погребан кај своите прататковци во Давидовиот град,+ а на негово место почна да владее неговиот син Езекија.+
17 Во дванаесеттата година од царувањето на Ахаз над Јуда, Осиј,+ синот на Ила, стана цар на Израел во Самарија,+ и владееше девет години. 2 Го правеше она што е зло во Јеховини очи, но не како израелските цареви што беа пред него.+ 3 Против него дојде Салманасар,+ асирскиот+ цар, па Осиј му стана слуга и му плаќаше данок.+ 4 Но асирскиот цар откри дека Осиј кове заговор,+ зашто Осиј испрати гласници кај Сој, египетскиот+ цар, и не му донесе данок на асирскиот цар како секоја година. Затоа асирскиот цар го затвори и го држеше врзан в затвор.+
5 Асирскиот цар тргна против целата земја и, откако дојде до Самарија, ја држеше под опсада+ три години. 6 Во деветтата година од царувањето на Осиј, асирскиот цар ја освои Самарија+ и ги одведе Израелците во изгнанство+ во Асирија, па ги насели во Халах+ и во Авор, на реката Гозан+ и во медијските градови.+
7 А тоа се случи затоа што синовите на Израел му згрешија+ на Јехова, својот Бог, кој ги изведе од египетската земја и ги избави од раката на фараонот, египетскиот+ цар. Тие почнаа да почитуваат други богови+ 8 и живееја* според обичаите+ на народите кои Јехова ги истера од пред синовите на Израел и според обичаите што ги воведоа израелските цареви. 9 Синовите на Израел го правеа она што не беше исправно во очите на Јехова, нивниот Бог,+ и си градеа обредни височинки+ по сите свои места, од стражарските кули+ до утврдените градови. 10 Си подигаа обредни столбови+ и обредни диреци*+ на секој висок рид+ и под секое зелено дрво.+ 11 И таму, по сите обредни височинки, ги гореа приносите исто како народите+ кои Јехова ги истера од пред нив, и правеа зли дела за да го навредуваат+ Јехова.
12 Им служеа на одвратни идоли,*+ иако Јехова им рече: „Не правете го тоа!“+ 13 И Јехова ги предупредуваше+ Израел+ и Јуда+ преку своите пророци+ и преку сите свои јасновидци:+ „Одвратете се од своите зли патишта+ и држете ги моите заповеди+ и моите одредби,+ правејќи сѐ според законот+ што им го дадов на вашите прататковци+ и ви го пренесов преку своите слуги, пророците“.+ 14 Но тие не послушаа, туку останаа непокорни,*+ како што беа непокорни и нивните прататковци, кои не му веруваа+ на Јехова, својот Бог. 15 И ги отфрлија неговите уредби, сојузот+ што го склучи со нивните прататковци и неговите опомени*+ со кои ги предупредуваше. Се поведуваа по ништожни идоли,+ па и самите станаа ништожни,+ постапувајќи како народите што беа околу нив, иако Јехова им заповеда да не бидат како нив.+
16 Ги оставија сите заповеди+ на Јехова, својот Бог, и си направија две леани+ телиња+ и обреден дирек,+ па ѝ се клањаа на целата небесна војска+ и му служеа на Ваал.+ 17 И ги поминуваа своите синови и своите ќерки низ оган,+ гатаа+ и пророкуваа по знаци,+ и се продадоа+ правејќи го она што е зло во очите на Јехова за да го навредуваат.+
18 Затоа Јехова многу се разгневи+ на Израел и го отфрли од пред своето лице.+ Не остави никого, освен племето на Јуда.+
19 Но ни Јуда не ги држеше заповедите* на Јехова, својот Бог,+ туку ги држеше обичаите што ги воведе Израел.+ 20 Затоа Јехова го отфрли целиот род+ Израелов, му нанесуваше неволји и го предаваше во рацете на пљачкашите сѐ додека потполно не го отфрли од себе.+ 21 Зашто, ги истргна Израелците од домот на Давид, а тие си го поставија за цар Јеровоам,+ синот на Нават. И Јеровоам ги одврати Израелците од Јехова и ги наведе на голем грев.+ 22 Синовите на Израел ги правеа* сите гревови што ги правеше и Јеровоам.+ Не отстапија од нив 23 сѐ додека Јехова не го отфрли Израел од пред своето лице,+ како што беше рекол преку своите слуги, пророците.+ Така Израел отиде од својата земја во изгнанство во Асирија, каде што е до ден-денес.+
24 Потоа асирскиот цар доведе луѓе од Вавилон,+ од Хут, од Ава,+ од Емат+ и од Сефарваим,+ и нив ги насели во самариските градови+ на местото на синовите на Израел. Тие ја зазедоа Самарија и живееја во нејзините градови. 25 А кога почнаа да живеат таму, не го почитуваа Јехова.+ И Јехова испрати меѓу нив лавови,+ кои ги убиваа. 26 Затоа му јавија на асирскиот цар: „Народите што ги одведе во изгнанство, а потоа ги насели по самариските градови не знаат како треба да го почитуваат Богот на таа земја, па тој им праќа лавови+ кои, еве, ги убиваат, зашто никој не знае како треба да се почитува Богот на таа земја“.
27 Тогаш асирскиот цар заповеда: „Испратете таму еден од свештениците+ што ги одведовте оттаму во изгнанство. Нека отиде и нека се насели таму, па нека ги поучи како треба да го почитуваат Богот на таа земја“. 28 Така дојде еден од свештениците што беа одведени од Самарија во изгнанство и се насели во Ветил.+ И тој ги поучуваше како да се бојат од Јехова.+
29 Но секој народ си направи свој бог+ и го постави во светилиштата на височинките што ги направија Самарјаните, секој народ во својот град во кој живееше. 30 Луѓето од Вавилон го направија Сокхот-Венот, оние од Хут+ го направија Нергал, а оние од Емат го направија Асима. 31 Авијците+ ги направија Ниваз и Тартак, а Сефарваимците+ ги гореа во оган своите синови+ во чест на Адрамелех и Анамелех, боговите на Сефарваим. 32 А го почитуваа и Јехова,* па си поставија луѓе од својот народ за свештеници+ на обредните височинки, кои вршеа за нив служба во светилиштата на височинките. 33 Го почитуваа Јехова,+ но ги обожаваа и своите богови,+ како што беше обичај меѓу оние народи од кои беа одведени во изгнанство.+
34 До ден-денес тие ги држат своите стари обичаи.+ Не го почитуваат Јехова+ и не постапуваат според неговите одредби, според неговите наредби,+ според законот+ и според заповедите+ кои Јехова им ги даде на синовите на Јаков,+ кого го нарече Израел,+ 35 кога Јехова склучи сојуз+ со нив и им заповеда: „Не смеете да почитувате други богови,+ да им се клањате, да им служите, ниту да им принесувате жртви,+ 36 туку треба да го почитувате Јехова,+ кој ве изведе од египетската земја со голема сила и со подигната рака,+ нему да му се клањате+ и нему да му принесувате жртви.+ 37 Уредбите,+ наредбите,+ законот и заповедите, кои ви ги напиша,+ држете ги секогаш.+ Не смеете да почитувате други богови. 38 Сојузот што го склучив со вас не смеете да го заборавите.+ Не смеете да почитувате други богови,+ 39 туку треба да го почитувате Јехова,+ својот Бог, зашто тој ќе ве избави од рацете на сите ваши непријатели“.+
40 Но тие не послушаа, туку се држеа за своите стари обичаи.+ 41 Така тие народи го почитуваа Јехова,+ но им служеа и на своите режани ликови. Нивните синови и нивните внуци до ден-денес прават сѐ како што правеа и нивните прататковци.
18 Во третата година од царувањето на Осиј,+ синот на Ила, над Израел, стана цар Езекија,+ синот на Ахаз,+ царот на Јуда. 2 Имаше дваесет и пет години кога почна да владее, и владееше дваесет и девет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Ави* и му беше ќерка на Захарија.+ 3 Тој го правеше она што е исправно во Јеховини очи,+ сето она што го правеше и Давид, неговиот прататко.+ 4 Тој ги отстрани обредните височинки,+ ги искрши обредните столбови,+ го исече обредниот дирек+ и ја скрши бакарната змија+ што ја беше направил Мојсеј,+ зашто сѐ дотогаш синовите на Израел за неа гореа приноси+ и ја викаа Нехуштан.*+ 5 Имаше доверба во Јехова,+ Богот на Израел, и како него немаше друг меѓу сите цареви на Јуда+ по него, а ни меѓу оние пред него.+ 6 Цврсто се држеше за Јехова+ и не отстапи од него, туку ги држеше заповедите кои Јехова му ги даде на Мојсеј.+ 7 И Јехова беше со него,+ та постапуваше разборито+ во сѐ што ќе преземеше. Се побуни против асирскиот цар и не му служеше повеќе.+ 8 Тој ги уби Филистејците+ до Газа+ и нејзиното подрачје, од стражарските кули+ до утврдените градови.
9 Во четвртата година од царувањето на Езекија, односно во седмата година од царувањето на Осиј,+ синот на Ила, над Израел, Салманасар,+ асирскиот цар, дојде против Самарија и ја опколи.+ 10 Ја освои+ по три години. Во шестата година од царувањето на Езекија, односно во деветтата година од царувањето на Осиј над Израел, падна Самарија.+ 11 Потоа асирскиот цар+ ги одведе Израелците во изгнанство+ во Асирија и ги насели во Халах+ и во Авор,+ на реката Гозан и во медијските градови,+ 12 затоа што не го послушаа+ гласот на Јехова, својот Бог, туку го престапија неговиот сојуз,+ сѐ што заповеда Мојсеј, Јеховиниот слуга.+ Не го слушаа тоа, ниту го извршуваа.
13 Во четиринаесеттата година од царувањето на Езекија, дојде Сенахирим,+ асирскиот+ цар, против сите утврдени градови на Јуда и ги освои. 14 Тогаш Езекија, царот на Јуда, му испрати порака на асирскиот цар во Лахис: „Згрешив! Одврати се од мене, па што и да ми наметнеш, ќе го носам“.+ А асирскиот цар побара од Езекија, царот на Јуда, триста таланти* сребро+ и триесет таланти злато. 15 И Езекија го даде сето сребро што се најде во Јеховиниот дом+ и во ризниците на царскиот дворец.+ 16 Тогаш Езекија, царот на Јуда, ги симна вратата од Јеховиниот храм+ и довратниците, кои самиот ги беше обложил со злато,+ па златото од нив му го даде на асирскиот цар.
17 А асирскиот цар+ ги испрати тартанот,*+ рапсарисот* и рапшакот*+ од Лахис+ во Ерусалим кај цар Езекија со силна војска. И тие станаа и појдоа во Ерусалим. Кога стигнаа, застанаа кај водоводот+ од горното езерце,+ на патот што води до нивата на белачот на алишта.+ 18 И го викнаа царот, но кај нив излегоа Елијаким,+ синот на Хелкија, дворски управител, Шевна,+ писарот, и Јоах, синот на Асаф, летописецот.
19 И рапшакот+ им рече: „Речете му на Езекија: ‚Вака вели големиот цар,+ царот на Асирија: „Каква е таа надеж на која се надеваш?+ 20 Ти велиш: ‚Ја имам вештината+ и силата потребна за војна‘, но тоа се само празни зборови. На кого се потпираш, па се побуни+ против мене? 21 Ете, се надеваш на поддршката од Египет,+ скршената трска,+ која му ја продупчува дланката на оној што ќе се потпре на неа. Таков е фараонот,+ египетскиот цар, за сите што се надеваат на него. 22 А ако ми кажете: ‚Се надеваме+ на Јехова,+ својот Бог‘, зарем Езекија не ги отстрани+ токму неговите височинки+ и жртвеници, па им вели на Јуда и на Ерусалим: ‚Пред овој жртвеник клањајте се во Ерусалим‘?“ ‘+ 23 Ајде обложи се+ со мојот господар, асирскиот цар: ќе ти дадам две илјади коњи, па да видиме дали ќе најдеш јавачи за нив.+ 24 Тогаш, како ќе поразиш еден единствен управител меѓу најмалите слуги на мојот господар,+ кога се надеваш дека Египет ќе ти даде коли+ и коњаници?+ 25 Впрочем, зарем јас сум тргнал да го опустошам ова место без одобрување од Јехова? Лично Јехова ми рече:+ ‚Оди против таа земја и опустоши ја!‘ “
26 Тогаш Елијаким,+ синот на Хелкија, Шевна+ и Јоах+ му рекоа на рапшакот:+ „Те молиме, зборувај им на своите слуги на сириски* јазик,+ зашто ние разбираме. Немој да ни зборуваш на хебрејски+ пред народот што е на ѕидот“. 27 Но рапшакот им рече: „Зарем ме испрати мојот господар да ви ги кажам овие зборови тебе и на твојот господар? Зарем не ме испрати кај луѓето што стојат на ѕидот, кои ќе мораат заедно со вас да го јадат својот измет+ и да ја пијат својата моч?“+
28 Потоа рапшакот, стоејќи и понатаму на тоа место, фати да вика колку што го држеше гласот и да зборува на хебрејски:+ „Чујте ја речта на големиот цар,+ царот на Асирија! 29 Вака вели царот: ‚Не дозволувајте да ве измами Езекија, зашто тој не може да ве избави од мојава рака!+ 30 Не дозволувајте да ве наговори Езекија да се надевате на Јехова,+ велејќи ви: „Јехова сигурно ќе нѐ избави+ и овој град нема да му биде предаден в раце на асирскиот цар“.+ 31 Не слушајте го Езекија, зашто вака вели асирскиот цар: „Предајте ми се мене и излезете кај мене, па секој од вас нека јаде од својата лозница и од својата смоква+ и секој од вас нека пие вода од својот бунар,*+ 32 додека да дојдам и да ве одведам во земја како вашата,+ во земја на житото и на младото вино, во земја на лебот+ и на лозјата,+ во земја на маслинките и на медот!+ Така ќе останете живи и нема да умрете. Не слушајте го Езекија, зашто тој ве заведува, велејќи: ‚Јехова ќе нѐ избави‘!+ 33 Дали некој бог на другите народи ја избави+ својата земја од раката на асирскиот цар?+ 34 Каде се боговите на Емат+ и на Арфад?+ Каде се боговите на Сефарваим,+ на Хена+ и на Ива?+ Дали ја избавија Самарија од мојава рака?+ 35 Кој од сите богови на тие земји ја избави својата земја од мојава рака,+ па сега Јехова да го избави Ерусалим од мојава рака?“ ‘ “+
36 А народот молчеше+ и не му одговори+ ни збор, зашто заповедта на царот гласеше: „Немојте да му одговарате!“+ 37 Потоа Елијаким,+ синот на Хелкија, дворскиот управител, Шевна,+ писарот, и Јоах,+ синот на Асаф, летописецот, си ги раскинаа облеките,+ па отидоа кај Езекија и му ги кажаа зборовите од рапшакот.
19 Штом го чу тоа, цар Езекија+ си ја раскина облеката,+ се наметна со козина+ и отиде во Јеховиниот дом.+ 2 И ги испрати Елијаким,+ дворскиот управител, Шевна,+ писарот, и свештеничките старешини, наметнати со козина, да појдат кај пророкот Исаија,+ синот на Амос.+ 3 Тие му рекоа: „Вака вели Езекија: ‚Овој ден е ден на неволја,+ на укор+ и на дрско подбивање,+ зашто синовите дојдоа до породување,+ а нема сила да се родат.+ 4 Можеби Јехова, твојот Бог, ќе ги чуе+ сите зборови на рапшакот,* кого асирскиот цар, неговиот господар, го испратил да му се подбива+ на живиот Бог, па Јехова, твојот Бог, ќе го повика на одговорност за зборовите што ги чу.+ Помоли се+ за остатокот+ што сѐ уште е жив‘ “.
5 Кога слугите на цар Езекија отидоа кај Исаија,+ 6 Исаија им рече: „Ова кажете му го на својот господар: ‚Вака вели Јехова:+ „Не плаши се+ од зборовите што ги чу, со кои слугите на асирскиот цар хулеа на мене.+ 7 Ќе го збркам,*+ и тој ќе чуе вест,+ па ќе се врати во својата земја. И ќе предизвикам да падне од меч во својата земја“ ‘ “.+
8 Кога чу дека асирскиот цар заминал од Лахис,+ рапшакот+ се врати кај него и го најде како се бори против Ливна.+ 9 Имено, царот чу дека се зборува за Тирхак, етиопскиот цар: „Еве, дојде во битка против тебе“. Затоа му испрати повторно гласници+ на Езекија и му порача: 10 „Вака речете му на Езекија, царот на Јуда: ‚Не дозволувај да те измами твојот Бог, на кого се потпираш,+ кога ти вели: „Ерусалим+ нема да биде предаден во рацете на асирскиот цар“!+ 11 Ете, самиот чу што им направија асирските цареви на сите земји што ги опустошија,*+ а ти ли ќе се избавиш?+ 12 Дали оние народи кои моите прататковци ги поразија — Гозанците,+ Харанците,+ Ресефците и синовите на Еден,+ кои се во Тел-Асар+ — беа избавени од своите богови?+ 13 Каде се царот на Емат,+ царот на Арфад,+ царевите на градовите Сефарваим, Хена и Ива?‘ “+
14 Езекија го прими писмото што му го донесоа гласниците и го прочита,+ а потоа отиде во Јеховиниот дом и го развитка пред Јехова.+ 15 Тогаш Езекија му се помоли+ на Јехова: „Јехова, Боже на Израел,+ кој седиш над херувими,*+ ти си единствениот вистински Бог на сите царства+ на земјата.+ Ти ги создаде небото+ и земјата.+ 16 Приклони го увото, Јехова, и чуј!+ Отвори ги очите,+ Јехова, и види, и чуј ги зборовите на Сенахирим кои ги испрати за да му се подбива+ на живиот Бог. 17 Вистина е, Јехова, дека асирските цареви ги опустошија народите и нивните земји.+ 18 И ги нафрлаа нивните богови во оган, зашто тие не беа богови,+ туку дело на човечки раце,+ дрво и камен. Затоа ги уништија. 19 А сега, Јехова, Боже наш,+ те молам, избави нѐ+ од неговата рака, за да спознаат сите царства на земјата дека ти, Јехова, си единствениот Бог“.+
20 Тогаш Исаија, синот на Амос, му порача на Езекија: „Вака вели Јехова, Богот на Израел:+ ‚Ја чув молитвата+ што ми ја упати+ поради Сенахирим, асирскиот цар. 21 Еве ги зборовите што ги објавува Јехова против него:
22 Кому му се потсмеваш+ и на кого хулиш?+
Против кого викаш+
и против кого го подигаш високо својот поглед?+
Против Светецот на Израел!+
23 Преку своите гласници+ му се подбиваш на Јехова и велиш:+
‚Со моето мноштво бојни коли+
ќе се искачам на врвот од планините,+
на најдалечните падини на Ливан,+
и ќе ги исечам неговите високи кедри,+ неговите убави смреки.+
Ќе дојдам во неговото најдалечно живеалиште, во неговата густа шума.+
25 Зар не си чул+ што имам намера да направам уште од дамнина?+
Тоа го смислив од дамнешни денови.+
Сега ќе го направам.+
А ти си тој што ќе опустоши утврдени градови и ќе ги претвори во урнатини.+
26 На нивните жители ќе им малаксаат рацете,+
ќе се уплашат и ќе се посрамат.+
Ќе бидат како билките во полето и како млада зелена трева,+
27 Добро знам кога седиш мирно и кога правиш што и да било+
и како беснееш против мене,+
28 зашто ти беснееш против мене+ и твоето рикање дојде до моите уши.+
Ќе ти ја ставам својата кука во носот и своите узди во устата,+
и ќе те вратам по патот по кој дојде“.+
29 А ова ќе биде знакот:+ во оваа година ќе го јадеш она што ќе израсне од паднатото семе,+ догодина ќе го јадеш житото што ќе израсне самото, а во третата година сејте и жнејте,+ садете лозја и јадете го нивниот род.+ 30 Преживеаните од домот на Јуда, оние што ќе преостанат,+ ќе пуштат корен во длабочина и ќе раѓаат плод во височина.+ 31 Зашто, од Ерусалим ќе дојде остатокот+ и од гората Сион — преживеаните.+ Тоа ќе го направи ревноста+ на Јехова над војските.
32 Затоа вака вели Јехова за асирскиот цар:+ „Тој нема да влезе во овој град+ и нема да фрли ваму своја стрела,+ нема да му се приближи со штитот и нема да подигне пред него опсаден насип.+ 33 Ќе се врати по патот по кој дошол, и во овој град нема да влезе, вели Јехова.+ 34 Ќе го бранам овој град+ и ќе го спасам заради себе+ и заради Давид, мојот слуга“ ‘ “.+
35 Во истата таа ноќ излезе Јеховин ангел и уби сто осумдесет и пет илјади луѓе во асирскиот+ логор.+ А кога луѓето станаа рано изутрината, насекаде околу нив имаше само мртовци.+ 36 Потоа Сенахирим,+ асирскиот цар, стана и си отиде.+ И откако се врати, остана во Ниневија.+ 37 Еден ден, додека се клањаше во храмот на Нисрок,+ својот бог,+ Адрамелех и Сарацер, негови синови, го убија со меч+ и избегаа во араратската земја.+ А Есар-Адон,+ неговиот син, почна да царува наместо него.
20 Во тоа време, Езекија се разболе на смрт.+ Тогаш пророкот Исаија,+ синот на Амос, дојде кај него и му рече: „Вака вели Јехова: ‚Издај му ги потребните заповеди на својот дом+ зашто ќе умреш, нема да останеш жив‘ “.+ 2 Тогаш тој го сврти лицето кон ѕидот+ и му се помоли на Јехова:+ 3 „Те молам, Јехова, те молам, сети се+ како ти служев*+ верно*+ и ти бев оддаден со цело срце+ и го правев она што е добро во твои очи“.+ И Езекија заплака горко.+
4 Исаија уште не беше излегол до средниот двор кога му дојде Јеховината реч:+ 5 „Врати се и речи му на Езекија, водачот+ на мојот народ: ‚Вака вели Јехова, Богот+ на Давид, твојот прататко: „Ја чув+ твојата молитва+ и ги видов твоите солзи.+ Еве, ќе те излекувам,+ и по три дена ќе отидеш во Јеховиниот дом.+ 6 На твојот век ќе му додадам петнаесет години и ќе ве избавам од рацете на асирскиот цар тебе и овој град, и ќе го бранам овој град+ заради себе и заради Давид, мојот слуга“ ‘ “.+
7 А Исаија рече: „Донесете облог од суви смокви“.+ И тие донесоа и му го ставија на чирот,+ така што тој оздраве.+
8 Во меѓувреме, Езекија го праша Исаија: „Кој е знакот+ дека Јехова ќе ме излекува и дека ќе отидам во Јеховиниот дом по три дена?“ 9 А Исаија одговори: „Ова ти е знакот+ од Јехова дека Јехова ќе ја исполни речта што ти ја кажа: сакаш ли сенката да се помести за десет скалила напред или да се врати за десет скалила назад?“ 10 А Езекија одговори: „Лесно ѝ е на сенката да се издолжи за десет скалила, но не е лесно да се врати за десет скалила назад“.+ 11 Тогаш пророкот Исаија го повика Јехова, кој ја врати за десет скалила назад сенката на скалилата, која се беше спуштила по Ахазовите скали.+
12 Во тоа време, Веродах-Валадан,+ синот на Валадан, вавилонскиот цар,+ му испрати писма+ и подарок на Езекија, зашто чу дека Езекија бил болен. 13 А Езекија ги сослуша неговите пратеници и им ја покажа целата своја ризница,+ среброто, златото,+ балсамот,+ скапоценото масло, својата оружарница и сѐ што беше во неговите ризници. Немаше ништо во неговиот дом и во целото негово царство што Езекија не им го покажа.+
14 Потоа пророкот Исаија дојде кај цар Езекија и го праша:+ „Што ти рекоа тие луѓе и од каде дојдоа кај тебе?“+ А Езекија одговори: „Дојдоа од далечна земја, од Вавилон“. 15 А тој го праша: „Што видоа во твојот дом?“ А Езекија одговори: „Видоа сѐ што е во мојот дом. Не остана ништо во моите ризници што не им го покажав“.+
16 Тогаш Исаија му рече на Езекија: „Чуј ја Јеховината реч:+ 17 ,Еве, доаѓаат денови кога сѐ што е во твојот дом+ и што го насобрале до денес твоите прататковци ќе биде однесено во Вавилон.+ Ништо нема да остане‘,+ вели Јехова. 18 ,И некои од твоите синови што ќе потекнат од тебе, кои ќе ти се родат, ќе бидат одведени+ и ќе станат дворјани+ во палатата на вавилонскиот цар‘ “.+
19 Тогаш Езекија му рече на Исаија: „Добра е Јеховината реч што ја кажа ти“.+ Потоа додаде: „Добра е, нели? Зашто мирот и вистината+ ќе траат додека сум жив јас“.+
20 Останатата историја на Езекија и сите негови потфати, како ги изгради езерцето+ и водоводот,+ па доведе вода во градот, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 21 На крајот Езекија почина кај своите прататковци,+ а на негово место почна да владее неговиот син Манасија.+
21 Манасија имаше дванаесет години кога почна да владее,+ и владееше педесет и пет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Евсива. 2 Тој го правеше она што е зло во Јеховини очи,+ според одвратните обичаи на народите+ кои Јехова ги истера од пред синовите на Израел. 3 Повторно ги направи обредните височинки кои ги беше уништил Езекија,+ неговиот татко, му подигна жртвеници на Ваал и направи обреден дирек,* како што направи и Ахав,+ израелскиот цар. И почна да ѝ се клања+ на целата небесна војска+ и да ѝ служи.+ 4 Направи и жртвеници во Јеховиниот дом,+ за кој Јехова рече: „Во Ерусалим ќе престојува моето име“.+ 5 Ѝ направи жртвеници и на сета небесна војска+ во двата двора на Јеховиниот дом.+ 6 Својот син го помина низ оган,+ се занимаваше со магија,+ прорекуваше по знаци и постави луѓе за да повикуваат духови+ и да прорекуваат настани.+ Многу зла правеше пред Јехова и го навредуваше.
7 Направи и режан лик+ на обредниот дирек, па го постави во домот+ за кој Јехова им рече на Давид и на Соломон, неговиот син: „Во овој дом и во Ерусалим, кој го избрав меѓу сите племиња на Израел, ќе престојува моето име довека.+ 8 И нема повеќе да дозволам ногата на синовите на Израел да се мрдне од земјата што им ја дадов на нивните прататковци,+ само ако внимателно држат сѐ што им заповедав,+ целиот закон што им го даде Мојсеј, мојот слуга“. 9 Но тие не послушаа,+ зашто Манасија ги наведуваше да прават уште поголемо зло+ отколку народите кои Јехова ги истреби од пред синовите на Израел.+
10 А Јехова вака зборуваше преку своите слуги, пророците:+ 11 „Поради тоа што ги правеше тие гадости,+ Манасија,+ царот на Јуда, направи поголемо зло отколку злото што го правеа Аморејците+ пред него. Со своите одвратни идоли* го наведе на грев+ дури и Јуда. 12 Затоа вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Еве, на Ерусалим+ и на Јуда им носам таква неволја што секој што ќе чуе за неа ќе се вчудовиди.*+ 13 Над Ерусалим ќе го растегнам истото мерно јаже+ како над Самарија+ и истата мерна справа* како над домот на Ахав.+ И ќе го избришам+ Ерусалим како што се брише чинија — се брише, па се превртува.+ 14 Ќе го оставам остатокот+ од своето наследство+ и ќе им го предадам в раце на нивните непријатели за да им бидат плен и грабеж на сите свои непријатели,+ 15 затоа што го правеа она што е зло во мои очи и ме навредуваа од денот кога нивните прататковци излегоа од Египет до денес‘ “.+
16 И Манасија пролеа многу невина крв,+ толку многу што со неа се наполни Ерусалим од едниот крај до другиот. Освен тоа, со својот грев го наведе на грев и Јуда, за да го прави она што е зло во Јеховини очи.+ 17 Останатата историја на Манасија, сѐ што правеше тој и гревовите што ги направи, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 18 На крајот, Манасија почина кај своите прататковци+ и беше погребан во градината на својот дворец, во градината на Уза,+ а на негово место почна да владее неговиот син Амон.
19 Амон+ имаше дваесет и две години кога почна да владее и владееше две години во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Месулемета и беше ќерка на Арус од Јотва. 20 Тој го правеше она што е зло во Јеховини очи, како што го правеше тоа и Манасија, неговиот татко.+ 21 Во сѐ одеше по патот по кој одеше неговиот татко,+ им служеше на одвратните идоли,+ на кои им служеше и неговиот татко, и им се клањаше. 22 И го остави Јехова,+ Богот на своите прататковци, и не одеше по патот на Јехова.+ 23 На крајот, слугите на Амон сковаа заговор против него и го убија царот+ во неговиот дворец. 24 А народот* ги уби сите што беа сковале заговор+ против цар Амон. Потоа на негово место народот го постави за цар Јосија,+ неговиот син. 25 Останатата историја на Амон и сѐ што правеше тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 26 Го погребаа во неговиот гроб во градината на Уза,+ а на негово место почна да владее неговиот син Јосија.+
22 Јосија+ имаше осум години кога почна да владее и владееше триесет и една година во Ерусалим. Мајка му се викаше Једида и беше ќерка на Адаија од Васкат.+ 2 Го правеше она што беше исправно во Јеховини очи+ и во сѐ одеше по патот на Давид, својот прататко,+ не скршнувајќи ни надесно ни налево.+
3 Во осумнаесеттата година од своето царување, цар Јосија го испрати својот писар Сафан,+ синот на Азалија, син на Месулам, во Јеховиниот дом, велејќи: 4 „Оди кај првосвештеникот+ Хелкија.+ Нека ги подготви парите+ што се донесени во Јеховиниот дом,+ кои вратарите+ ги собираат од народот. 5 Нека им ги врачи парите на оние што се поставени да ја надгледуваат работата+ во Јеховиниот дом, а тие нека им ги даваат на оние што работат на Јеховиниот дом, за да се поправат оштетувањата на домот,+ 6 на градителите, на ѕидарите и на другите занаетчии, и за да се купи дрвена граѓа и делкан камен за поправката на домот.+ 7 Но од оние на кои им се врачени парите нека не се бара да полагаат сметка за начинот на кој ги трошат,+ зашто тие работат верно“.+
8 Потоа првосвештеникот Хелкија+ му рече на писарот+ Сафан:+ „Во Јеховиниот дом ја пронајдов книгата на законот“.+ И Хелкија му ја даде книгата на Сафан, кој почна да ја чита. 9 Тогаш писарот Сафан отиде кај царот и го извести царот: „Твоите слуги ги собираат од ковчегот парите што се донесени во домот и им ги предаваат на оние што се поставени да ја надгледуваат работата во Јеховиниот дом“.+ 10 Писарот Сафан понатаму му рече на царот: „Свештеникот Хелкија ми даде една книга“.+ И Сафан почна да ја чита пред царот.
11 Кога ги чу зборовите запишани во книгата на законот, царот си ја раскина облеката.+ 12 И им заповеда на Хелкија, свештеникот, потоа на Ахикам,+ синот на Сафан, на Ахвор, синот на Михаија, на Сафан, писарот, и на Асаија,+ слугата на царот: 13 „Одете и прашајте+ го Јехова за мене, за народот и за целата земја на Јуда. Прашајте за зборовите запишани во оваа книга што е пронајдена, зашто е голем гневот на Јехова,+ кој пламнал против нас затоа што нашите прататковци+ не ги слушаа зборовите на оваа книга и не го правеа сето она што ни е запишано во неа“.+
14 Така свештеникот Хелкија, Ахикам, Ахвор, Сафан и Асаија отидоа кај пророчицата+ Олда, жената на Салум, чуварот на облеката,+ син на Текуја, син на Арас. Таа живееше во Ерусалим, во новиот дел на градот.* Кога ѝ го кажаа сето тоа,+ 15 таа им рече: „Вака вели Јехова, Богот на Израел:+ ‚Речете му на човекот што ве испратил кај мене: 16 „Вака вели Јехова: ‚Еве, ќе му нанесам неволја+ на ова место и на неговите жители,+ и ќе исполнам сѐ+ што стои во книгата што ја прочита царот на Јуда,+ 17 зашто ме оставија и им гореа приноси на други богови+ за да ме навредуваат со сите дела на своите раце.+ Затоа пламна мојот гнев против ова место и нема да изгасне‘ “ ‘.+ 18 А на царот на Јуда, кој ве праќа да го прашате Јехова, речете му го ова: ‚Вака вели Јехова, Богот на Израел, за зборовите што ги чу:+ 19 „Поради тоа што ти омекна срцето+ и се понизи+ пред Јехова кога чу што објавив против ова место и против неговите жители, имено, дека од нив ќе се згрозуваат и дека ќе ги снајде проклетство,+ си ја раскина облеката+ и плачеше пред мене, јас те услишив“, вели Јехова.+ 20 „Затоа, еве, ќе те приберам кај твоите прататковци+ и во мир ќе бидеш положен во својот гроб.+ Твоите очи нема да ја видат сета неволја што ќе му ја нанесам на ова место“ ‘ “. И му го јавија на царот тој одговор.
23 Тогаш царот испрати да се соберат кај него сите старешини на Јуда и на Ерусалим.+ 2 Потоа царот отиде во Јеховиниот дом, а со него и сите луѓе од Јуда и сите жители на Ерусалим, свештениците+ и пророците, целиот народ, мало и големо.+ И ги прочита+ пред нив сите зборови од книгата+ на сојузот,+ која беше пронајдена во Јеховиниот дом.+ 3 И царот, стоејќи покрај столбот,+ склучи сојуз+ пред Јехова дека ќе го слуша* Јехова+ и ќе се држи за неговите заповеди,+ опомени+ и одредби+ со сето срце+ и со сета душа,+ дека ќе ги извршува зборовите на овој сојуз, кои се запишани во оваа книга.+ И целиот народ стапи во сојузот.+
4 Потоа царот им заповеда на првосвештеникот Хелкија,+ на останатите свештеници и на вратарите+ да ги изнесат од Јеховиниот храм сите предмети направени за Ваал,+ за обредниот дирек*+ и за сета небесна војска.+ И ги изгоре надвор од Ерусалим во кедронските+ ниви,* а нивниот прав го однесе во Ветил.+ 5 Ги распушти свештениците на туѓите богови, кои царевите на Јуда ги поставија за да горат приноси на обредните височинки во градовите на Јуда и во околината на Ерусалим, а исто и оние што им гореа приноси на Ваал,+ на сонцето, на месечината, на соѕвездијата* и на сета небесна војска.+ 6 Од Јеховиниот дом го изнесе и обредниот дирек+ и го однесе надвор од Ерусалим, во долината на Кедрон, го изгоре+ во долината на Кедрон и го столчи во прав, а правот го фрли врз гробовите+ на обичниот народ. 7 Им ги урна становите на машките храмски блудници,+ кои се наоѓаа во Јеховиниот дом, во кои жените ткаеја платно за светилиштата на обредниот дирек.
8 И ги доведе сите свештеници од градовите на Јуда, а потоа ги оскверни обредните височинки каде што тие свештеници гореа приноси, од Гева+ до Вирсавеја.+ Потоа ги разурна обредните височинки на портите, оние што беа кај портата на Исус, градскиот заповедник, од левата страна кога се влегува на градската порта. 9 А свештениците+ од обредните височинки не доаѓаа пред Јеховиниот жртвеник во Ерусалим, туку јадеа бесквасни+ лебови меѓу своите браќа. 10 Го оскверни и Тофет,+ во долината на Еномовите синови,+ за да не може никој повеќе да го помине низ оган+ својот син или својата ќерка во чест на Молох.+ 11 И повеќе не дозволуваше коњите, кои царевите на Јуда му ги посветија на сонцето, да влегуваат во Јеховиниот дом низ трпезаријата+ на дворјанинот Натан-Мелех, која се наоѓаше во тремот, а колите посветени на сонцето+ ги изгоре во оган. 12 Жртвениците што беа на покривот+ од горната соба на Ахаз, кои ги направија царевите на Јуда, и жртвениците+ кои ги направи Манасија во двата двора на Јеховиниот дом, царот ги разурна и таму ги столчи, а нивниот прав го фрли во долината на Кедрон. 13 Царот ги оскверни и обредните височинки што беа спроти Ерусалим,+ десно* од Гората на уништувањето,* кои Соломон,+ царот на Израел, им ги беше направил на Астарта,+ одвратната сидонска божица, на Хемос,+ одвратниот моавски бог, и на Милхом,+ одвратниот бог на Амоновите синови. 14 Ги искрши+ обредните столбови, ги исече обредните диреци, а местата каде што стоеја ги наполни со човечки коски. 15 Исто така го разурна и жртвеникот што беше во Ветил+ и обредната височинка, која ја беше направил Јеровоам,+ синот на Нават, кој го наведе на грев Израел.+ Ги разурна и жртвеникот и обредната височинка. Потоа ја изгоре таа височинка и ја столчи во прав, а го изгоре и обредниот дирек.
16 Кога се сврти и ги виде гробовите што беа таму на планината, Јосија испрати да ги извадат коските од гробовите. И ги изгоре на жртвеникот+ за да го оскверни, според Јеховината реч+ што ја објави Божјиот човек,+ кој го кажа однапред сето тоа. 17 Потоа праша: „Каков е оној надгробен споменик што го гледам?“ А луѓето од градот му одговорија: „Тоа е гробот+ на Божјиот човек што дојде од Јуда+ и го објави сето ова што го направи ти со ветилскиот жртвеник“.+ 18 Тогаш рече: „Оставете го да почива.+ Никој да не ги допира неговите коски“. Така ги оставија неговите коски недопрени, заедно со коските на пророкот+ што дојде од Самарија.
19 Јосија ги отстрани и сите светилишта, височинките+ по самариските градови,+ кои ги беа подигнале израелските цареви+ за да го навредуваат Бог,+ и го направи со нив сето она што го направи и во Ветил.+ 20 А сите свештеници+ од обредните височинки, кои беа таму, ги погуби на жртвениците и врз тие жртвеници изгоре човечки коски.+ Потоа се врати во Ерусалим.
21 Тогаш царот му заповеда на целиот народ: „Прославете ја Пасхата+ во чест на Јехова, својот Бог, како што е запишано во оваа книга на сојузот!“+ 22 Зашто, таква Пасха не беше празнувана од времето на судиите кои судеа во Израел+ и за сето време на царевите на Израел и на Јуда.+ 23 Но во осумнаесеттата година од царувањето на Јосија, во Ерусалим беше прославена таква Пасха во чест на Јехова.+
24 А и оние што повикуваа духови+ и прорекуваа настани,+ домашните идоли,+ одвратните идоли*+ и сите гнасни богови*+ што можеа да се видат во земјата на Јуда и во Ерусалим, Јосија ги истреби за да ги изврши зборовите на законот+ запишани во книгата+ што ја беше пронашол свештеникот Хелкија во Јеховиниот дом.+ 25 Пред него немаше таков цар кој се врати кај Јехова+ со сето свое срце, со сета своја душа+ и со сета своја сила, правејќи сѐ според законот на Мојсеј, а и по него немаше таков како него.
26 Сепак, Јехова не се одврати од жестокоста на својот силен гнев, кој се распали против Јуда,+ поради сите навреди со кои Манасија го навредуваше.+ 27 Јехова рече: „И Јуда+ ќе го отфрлам од пред своето лице,+ како што го отфрлив Израел.+ И ќе го отфрлам овој град што го избрав, Ерусалим, и домот за кој реков: ‚Таму ќе престојува моето име‘ “.+
28 Останатата историја на Јосија и сѐ што правеше тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 29 Во негово време, фараонот Нехо,+ царот на Египет, појде кај асирскиот цар, кон реката Еуфрат.+ И цар Јосија излезе против него,+ но овој го уби+ кај Мегидо+ штом го здогледа. 30 Неговите слуги го ставија мртов на колата, го одвезоа од Мегидо во Ерусалим+ и го закопаа во неговиот гроб. Потоа народот* го зеде Јоахаз,+ синот на Јосија, па го помаза и го постави за цар наместо неговиот татко.
31 Јоахаз+ имаше дваесет и три години кога почна да владее, и владееше три месеци во Ерусалим. Мајка му се викаше Амутала+ и беше ќерка на Еремија од Ливна. 32 Тој го правеше она што е зло во Јеховини очи, сѐ како што правеа и неговите прататковци.+ 33 Фараонот Нехо+ го фрли во окови+ во Ривла,+ во ематската земја, за да не владее повеќе во Ерусалим, а на земјата ѝ наметна данок+ од сто таланти* сребро+ и еден талант злато.+ 34 Потоа фараонот Нехо го постави Елијаким,+ синот на Јосија, за цар наместо Јосија, неговиот татко, и му го промени името во Јоаким, а Јоахаз го зеде и го одведе во Египет, каде што и умре.+ 35 Јоаким му го даде на фараонот среброто+ и златото. Но на земјата ѝ наметна данок+ за да може да го даде среброто што го бараше фараонот. Според висината на данокот што му беше одреден секому,+ земаше сребро и злато од народот за да му го даде на фараонот Нехо.
36 Јоаким+ имаше дваесет и пет години кога почна да владее, и владееше единаесет години во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Зевуда и му беше ќерка на Федаија од Рума. 37 Тој го правеше она што е зло+ во Јеховини очи, сѐ како што правеа и неговите прататковци.+
24 Во негово време, дојде Навуходоносор,+ вавилонскиот цар, и Јоаким му беше слуга+ три години. Потоа се побуни против него и се одметна. 2 И Јехова испраќаше против Јоаким чети од халдејски разбојници,+ од сириски разбојници, од моавски разбојници+ и чети од разбојници од Амоновите синови. Ги праќаше против Јуда за да го уништи, според Јеховината реч+ што ја објави преку своите слуги, пророците. 3 Тоа го снајде Јуда затоа што Јехова нареди така за да го отфрли+ од пред своето лице поради гревовите на Манасија,+ поради сето она што го направи 4 и поради невината крв+ што ја пролеа, кога го наполни Ерусалим со невина крв. Затоа Јехова не сакаше да му прости.+
5 Останатата историја на Јоаким+ и сѐ што правеше тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 6 На крајот, Јоаким почина кај своите прататковци,+ а на негово место почна да владее неговиот син Јоахин.
7 А египетскиот цар не излегуваше повеќе+ од својата земја,+ зашто вавилонскиот цар зеде сѐ што му припаѓаше на египетскиот цар,+ од долината на реката Египет+ до реката Еуфрат.+
8 Јоахин+ имаше осумнаесет години кога почна да владее, и владееше три месеци во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Неуста и беше ќерка на Елнатан од Ерусалим. 9 Тој го правеше она што е зло во Јеховини очи, сѐ како што правеше и неговиот татко.+ 10 Во тоа време, слугите на Навуходоносор, вавилонскиот цар, дојдоа против Ерусалим и го опколија градот.+ 11 А и Навуходоносор, вавилонскиот цар, дојде да го нападне градот додека неговите слуги го опсадуваа.+
12 Тогаш Јоахин, царот на Јуда, излезе пред вавилонскиот цар+ со својата мајка,+ со своите слуги, со своите кнезови и со своите дворјани. И вавилонскиот цар го зароби во осмата+ година од своето царување. 13 Потоа го однесе сето богатство од Јеховиниот дом и богатството од царскиот дворец,+ и го искрши сиот златен прибор,+ кој Соломон, израелскиот цар, го беше направил за Јеховиниот храм, како што рече Јехова. 14 Го одведе во изгнанство+ целиот Ерусалим, сите кнезови,+ сите храбри јунаци,+ сите занаетчии+ и градители на тврдини — десет илјади луѓе одведе во изгнанство. Не остави никој друг освен сиромашниот народ.*+ 15 Така го одведе Јоахин+ во изгнанство во Вавилон+ заедно со мајката на царот,+ со жените на царот, со неговите дворјани+ и со најистакнатите луѓе во земјата. Сите нив ги одведе од Ерусалим во изгнанство во Вавилон. 16 Сите храбри луѓе, вкупно седум илјади, како и занаетчиите и градителите на тврдини, вкупно илјада, сите смели луѓе способни за војна, вавилонскиот цар ги одведе во изгнанство во Вавилон.+ 17 И вавилонскиот цар+ го постави Матанија, неговиот стрико,+ за цар на негово место. Нему му го промени името во Седекија.+
18 Седекија имаше дваесет и една година+ кога почна да владее, и владееше единаесет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Амутала+ и беше ќерка на Еремија од Ливна. 19 Тој го правеше она што е зло во Јеховини очи, сѐ како што правеше и Јоаким.+ 20 Тоа што се случи во Ерусалим и во Јуда го разгневи+ Јехова па тој ги отфрли од пред своето лице.+ А Седекија се побуни против вавилонскиот цар.+
25 Така, во деветтата+ година од неговото царување, во десеттиот месец, на десеттиот+ ден од тој месец, вавилонскиот цар,+ Навуходоносор,+ дојде против Ерусалим со сета своја војска. Се улогорија пред градот и изградија опсаден ѕид околу него.+ 2 Градот беше под опсада сѐ до единаесеттата година од царувањето на Седекија. 3 На деветтиот+ ден од четвртиот месец, во градот владееше голем глад+ и народот* немаше леб.+ 4 Тогаш беше пробиен градскиот ѕид+ и сите воини побегнаа ноќе низ портата меѓу двојниот ѕид, кој беше покрај градината на царот,+ а Халдејците+ беа насекаде околу градот. И царот тргна+ кон Араба.+ 5 Но халдејската војска+ тргна во потера по царот и го стигна+ во пустинската рамница кај Ерихон,+ а сета негова војска се разбега откај него. 6 И го фатија царот+ и го одведоа кај вавилонскиот цар во Ривла+ за да му судат. 7 На Седекија му ги погубија синовите пред негови очи,+ а Седекија го ослепи.+ Потоа го окова во бакарни окови,+ па го одведе во Вавилон.+
8 Во петтиот месец, на седмиот ден од тој месец, односно во деветнаесеттата+ година од царувањето на Навуходоносор, вавилонскиот цар, до Ерусалим+ дојде Невузардан,+ заповедникот на телесната стража, слуга на вавилонскиот цар. 9 Тој ги запали Јеховиниот дом,+ царскиот дворец+ и сите куќи во Ерусалим.+ Куќите на сите големци ги изгоре во оган.+ 10 А целата халдејска војска што дојде со заповедникот на телесната стража ги урна сите ѕидишта околу Ерусалим.+ 11 Невузардан, заповедникот на телесната стража, ги одведе во изгнанство+ остатокот од народот+ што уште преостана во градот, оние што пребегаа кај вавилонскиот цар и останатото население. 12 Заповедникот на телесната стража остави некои од сиромасите од народот+ и одреди да работат како лозари и земјоделци.+ 13 Халдејците ги искршија бакарните столбови+ во Јеховиниот дом, количките+ и бакарното море,+ кои беа во Јеховиниот дом, и целиот бакар го однесоа во Вавилон.+ 14 Ги зедоа и лонците, лопатите, поткаструвачите на фитили, чашите и целиот бакарен прибор+ што се користеше за служба. 15 И заповедникот на телесната стража ги зеде пепелниците и чиниите, сите од чисто злато+ и од чисто сребро.+ 16 И не можеше да се измери бакарот од двата столба, од морето и од количките, од сиот прибор што го направи Соломон за Јеховиниот дом.+ 17 Секој столб беше висок осумнаесет лакти,+ а главата*+ на него беше од бакар. Главата беше висока три лакти. Филигранската мрежичка и калинките+ околу главата беа од бакар. Таков беше и вториот столб со филигранска мрежичка.
18 Освен тоа, заповедникот на телесната стража ги одведе Сераја,+ свештеничкиот поглавар, Софонија,+ вториот свештеник, и тројца вратари.+ 19 Од градот одведе еден дворјанин, кој ги надгледуваше војниците, петмина луѓе кои имаа пристап до царот, а се најдоа во градот, потоа писарот на воениот заповедник, кој го повикуваше народот во војска, и шеесет луѓе од народот кои се најдоа во градот.+ 20 Невузардан,+ заповедникот на телесната стража, ги зеде со себе+ и ги одведе кај вавилонскиот цар во Ривла.+ 21 И вавилонскиот цар ги уби,+ ги погуби во Ривла, во ематската+ земја. Така Јуда отиде во изгнанство од својата земја.+
22 А Навуходоносор, вавилонскиот цар, го постави Годолиј,+ синот на Ахикам,+ син на Сафан,+ над народот+ што остана во земјата на Јуда што тој го остави. 23 Кога чуја дека вавилонскиот цар го поставил Годолиј, сите воени заповедници+ и нивните луѓе дојдоа кај Годолиј во Миспа.+ Дојдоа овие: Исмаел, синот на Нетанија, Јоанан, синот на Кареја, Сераја, синот на Танумет од Нетофа, и Јазанија, син на некојси Макатец — тие и нивните луѓе. 24 Тогаш Годолиј им се заколна+ ним и на нивните луѓе и им рече: „Не плашете се да им служите на Халдејците. Останете во земјата и служете му на вавилонскиот цар, и ќе ви биде добро“.+
25 А во седмиот +месец дојде Исмаел,+ синот на Нетанија, син на Елисама, од царскиот род, и десет луѓе со него, и го нападнаа Годолиј и го убија+ него, како и Јудејците* и Халдејците што беа со него во Миспа.+ 26 Тогаш целиот народ, мало и големо, а со нив и воените заповедници, станаа и отидоа во Египет,+ зашто се исплашија од Халдејците.+
27 Во триесет и седмата година од изгнанството на Јоахин,+ царот на Јуда, во дванаесеттиот месец, на дваесет и седмиот ден од тој месец, Евил-Меродах,+ вавилонскиот цар, во првата година од своето царување го помилува+ Јоахин, царот на Јуда, и го пушти од затвор. 28 И убаво разговараше со него и го постави неговиот престол повисоко од престолите на другите цареви што беа со него во Вавилон.+ 29 И тој ја соблече својата затворска облека+ и јадеше на неговата трпеза+ во сите денови од својот живот. 30 И секој ден добиваше храна од царот, колку што му требаше,+ во сите денови од својот живот.
„Ваал-Зевул“ значи „Господар на мувите“. Види ја фуснотата за Мт 12:24.
Не станува збор за Гилгал во близината на Ерихон, туку за истоименото место во планините над Ветил.
Види ја фуснотата за 1Ца 20:35.
Види го додатокот 12.
Види ја фуснотата за 1Ца 20:35.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Види ја фуснотата за 1Ца 20:35.
Еден талант тежел 34,2 килограми. Види го додатокот 13.
„Офел“ значи „брдо; ритче; издаденост; височинка“. Овој Офел се наоѓал во Самарија.
Види ја фуснотата за 1Ца 20:35.
Еден кав е 1,22 литри. Види го додатокот 13.
Една сеа е 7,33 литри. Види го додатокот 13.
Види го додатокот 13.
Скратено име за Рамот-Галад.
Види ја фуснотата за 1Ца 20:35.
Буквално: „сѐ што моча покрај ѕид“.
Буквално: „дека нема да падне на земја“.
Или: „резервоарот“.
Или: „обожаваше“.
Или: „сите што го обожаваат“.
Или: „гласниците“. Буквално: „тркачите“.
Буквално: „градот“. Веројатно тоа се однесува на градба што била слична на тврдина.
Буквално: „да оди“.
Или: „гласници“. Буквално: „тркачи“.
Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Или: „јужната“, односно десна за набљудувачот што е свртен кон исток.
Или: „северната“, односно лева за набљудувачот што е свртен кон исток.
Или: „дијадема“.
„Народ“ (и во стихови 18-20) — буквално: „народ од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Во 2Ле 24:26 „Завад“.
Буквално: „одеше“.
Буквално: „омекна“.
Буквално: „туку одеа во него“.
Или: „ашерот“.
Станува збор за Јеровоам II.
Околу 178 метри. Види го додатокот 13.
Станува збор за Јеровоам II.
Во 2Ца 15:13; 2Ле 26:1-23; Иса 6:1; За 14:5 „Озија“.
Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Или: „еден лунарен месец“. Види го додатокот 14.
Види го додатокот 13.
Или: „Евреите“.
Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Буквално: „сабатен“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Буквално: „одеа“.
Или: „ашери“.
Или: „лепешкави идоли“.
Или: „тврдоврати“. Буквално: „ја стврднуваа шијата (вратот)“.
Види ја фуснотата за Пс 119:2.
Буквално: „не одеше по заповедите“.
Буквално: „одеа во“.
Буквално: „се плашеа и од Јехова“.
„Ави“ е скратен облик од името „Авија“, кое се јавува во 2Ле 29:1.
Или: „идолска бакарна змија“.
Види го додатокот 13.
Титула на врховниот заповедник на војската.
Титула на главниот дворски службеник.
Титула на висок службеник во царството.
Или: „арамејски“.
Или: „резервоар“.
Види ја фуснотата за 2Ца 18:17.
Буквално: „Ќе ставам дух во него“.
Или: „ги опустошија како херем“.
Херувими се ангели на висока положба.
Буквално: „одев пред тебе“.
Или: „според вистината; вистинито“.
Или: „ашер“.
Или: „со своите лепешкави идоли“.
Буквално: „на секој што ќе чуе за неа ќе му зуи во двете уши“.
Или: „либела; справа за определување на хоризонталната положба на предметите“.
Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Или: „во вториот кварт“.
Буквално: „следи“.
Или: „ашерот“.
Или: „тераси; терасовидните ниви“.
Или: „соѕвездијата на зодијакот“.
Или: „јужно“, односно десно за набљудувачот што е свртен кон исток.
Односно, Маслинската Гора, особено нејзиниот јужен крај, кој се нарекува и Гора на престапот.
Или: „лепешкавите идоли“.
Буквално: „сите гадотии“.
„Народот“ (и во 35. стих) — буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Види го додатокот 13.
Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
„Народот“ (и во 12. и 19. стих) — буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Или: „капителот“.
Или: „Евреите“.