ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt 1. Царевите 1:1-22:53
  • 1. Царевите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 1. Царевите
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
1. Царевите

Прва книга за царевите

(или, според грчката Септуагинта, ТРЕТА КНИГА ЗА ЦАРЕВИТЕ)

1 Цар Давид беше стар,+ навлезен во години, и не можеше да се згрее, макар што го покриваа со многу облеки. 2 Затоа неговите слуги му рекоа: „Нека побараат девојка за царот, нашиот господар, девица,+ која ќе го послужува+ царот и ќе го негува.+ Нека лежи во неговата прегратка,+ па господарот наш, царот, сигурно ќе се згрее“.+ 3 Така тргнаа да бараат убава девојка по целата израелска земја, и на крајот ја најдоа Ависага,+ Сунамката,+ па му ја доведоа на царот. 4 А девојката беше посебно убава.+ Го негуваше царот и го послужуваше, но царот немаше односи со неа.

5 Во тоа време Адонија,+ синот на Агита,+ почна да се воздигнува+ и да вели: „Јас ќе бидам цар!“+ И си набави кола со коњаници и педесет луѓе што трчаа пред него како негови стражари.+ 6 А татко му, за да не го повреди, никогаш не го укори и не го праша: „Зошто правиш така?“+ Освен тоа беше и многу убав,+ а мајка му го роди по Авесалом. 7 Адонија се поврза со Јоав, синот на Серуја, и со свештеникот Авијатар,+ кои му помагаа и му се придружија.+ 8 Но свештеникот Садок+ и Венај,+ синот на Јодај, потоа пророкот Натан,+ како и Симеј,+ Реј и Давидовите јунаци+ не му се придружија на Адонија.+

9 По некое време Адонија принесе за жртва+ овци и говеда и згоени телиња крај каменот Зоелет, кој беше близу до Ен-Рогел,+ и ги повика сите свои браќа, цареви синови,+ и сите луѓе во Јуда, цареви слуги. 10 Но не го покани пророкот Натан, ниту Венај, ниту Давидовите јунаци, ниту Соломон, својот брат. 11 Тогаш Натан+ ѝ рече на Витсавеа,+ мајката на Соломон:+ „Зар не чу дека Адонија, синот на Агита,+ стана цар, а нашиот господар Давид не знае ништо за тоа? 12 Затоа, те молам, дојди да ти дадам совет+ за да ги избавиш својата душа и душата на Соломон, твојот син.+ 13 Ајде оди кај цар Давид и речи му: ‚Нели ти, господару мој, царе, ѝ се заколна на својата робинка: „Соломон, твојот син, ќе биде цар по мене и тој ќе седи на мојот престол“?+ Зошто тогаш Адонија стана цар?‘ 14 И ете, додека ти таму уште разговараш со царот, јас ќе дојдам по тебе и ќе ги потврдам твоите зборови“.+

15 Така Витсавеа отиде кај царот во неговата спална.+ А царот беше многу стар+ и Сунамката Ависага+ го послужуваше. 16 И Витсавеа длабоко се поклони и падна ничкум+ пред царот, а царот ја праша: „Што сакаш?“+ 17 Тогаш таа му одговори: „Господару мој,+ ти ѝ се заколна на својата робинка во Јехова, својот Бог: ‚Соломон, твојот син, ќе биде цар по мене и тој ќе седи на мојот престол‘.+ 18 Но сега, еве, Адонија+ стана цар, а мојот господар, царот, не знае ништо за тоа.+ 19 Тој принесе за жртва мошне многу говеда, згоени телиња и овци, и ги повика сите царски синови,+ свештеникот Авијатар+ и Јоав,+ заповедникот на војската, но твојот слуга Соломон не го викна.+ 20 Кон тебе, господару мој, царе, се свртени очите+ на сите во Израел за да им кажеш кој ќе седи по тебе на престолот на мојот господар, царот.+ 21 Инаку, штом мојот господар, царот, ќе почине кај своите прататковци,+ на мене и на мојот син Соломон ќе гледаат како на престапници“.

22 И ете, додека таа уште разговараше со царот, дојде пророкот Натан.+ 23 И веднаш му јавија на царот: „Пророкот Натан е овде!“ Тој дојде пред царот и падна ничкум пред него, со лицето до земја.+ 24 И Натан рече: „Господару мој, царе, зар ти рече: ‚Адонија ќе биде цар по мене и тој ќе седи на мојот престол‘?+ 25 Зашто, денес тој отиде да принесе за жртва+ мошне многу говеда, згоени телиња и овци, и ги покани сите царски синови, воените заповедници и свештеникот Авијатар.+ И ене ги, јадат и пијат со него и велат: ‚Да живее цар Адонија!‘+ 26 Но не ме покани мене, твојот слуга, ниту свештеникот Садок,+ ниту Венај,+ синот на Јодај, ниту твојот слуга Соломон.+ 27 Ако наредил така мојот господар, царот, тогаш не си го известил+ својот слуга кој е тој што ќе седи по тебе на престолот на мојот господар, царот“.

28 Тогаш цар Давид одговори: „Повикајте ми ја Витсавеа!“+ И таа дојде и застана пред царот. 29 А царот тогаш се заколна:+ „Како што е жив Јехова,+ кој ја избави+ мојата душа+ од сите неволји,+ 30 денес ќе го исполнам она за кое ти се заколнав во Јехова, Богот на Израел, велејќи: ‚Соломон, твојот син, ќе биде цар по мене и тој ќе седи на мојот престол наместо мене!‘ “+ 31 А Витсавеа длабоко се поклони пред царот и падна ничкум, со лицето до земја,+ па рече: „Нека е жив довека+ мојот господар, цар Давид!“

32 Тогаш цар Давид нареди: „Повикајте ми ги свештеникот Садок,+ пророкот Натан и Венај,+ синот на Јодај!“ И тие дојдоа пред царот. 33 А царот им рече: „Земете ги со себе слугите+ на својот господар, седнете го мојот син Соломон на мојата маска+ и одведете го до Гион.+ 34 Таму свештеникот Садок и пророкот Натан нека го помажат+ за цар над Израел. А вие затрубете во рог+ и речете: ‚Да живее цар Соломон!‘+ 35 Потоа искачете се ваму по него, а тој нека дојде и нека седне на мојот престол. Тој ќе царува наместо мене и него ќе го поставам за водач на Израел и на Јуда“. 36 Тогаш Венај, синот на Јодај, му одговори на царот и рече: „Нека биде така!+ Така нека потврди+ Јехова, Богот на мојот господар, царот. 37 Како што Јехова беше со мојот господар, царот,+ така нека биде и со Соломон,+ и нека го возвиши неговиот престол уште повеќе+ отколку престолот на цар Давид, мојот господар“.

38 И така свештеникот Садок,+ пророкот Натан,+ Венај,+ синот на Јодај, Херетејците+ и Фелетејците+ отидоа и го седнаа Соломон на маската на цар Давид+ и го одведоа до Гион.+ 39 Свештеникот Садок го зеде од шаторот+ рогот со маслото+ и го помаза+ Соломон. Потоа затрубија во рог, а сиот народ извика: „Да живее цар Соломон!“+ 40 И сиот народ тргна по него. Народот свиреше на шупелки+ и многу се веселеше,+ така што земјата+ се тресеше од викањето.

41 А Адонија и сите поканети што беа со него го чуја тоа токму кога завршуваа со јадењето.+ И штом Јоав го чу звукот на рогот, праша: „Какво е тоа викање и вревење во градот?“+ 42 Додека тој уште зборуваше, ете, дојде Јонатан,+ синот на свештеникот Авијатар. И Адонија рече: „Дојди, зашто си чесен човек и носиш добра вест!“+ 43 Но Јонатан му одговори на Адонија: „Не носам! Нашиот господар, цар Давид, го постави Соломон за цар!+ 44 Царот ги испрати со него свештеникот Садок, пророкот Натан, Венај, синот на Јодај, Херетејците и Фелетејците, и тие го седнаа на царевата маска.+ 45 Свештеникот Садок и пророкот Натан го помазаа за цар+ кај Гион, а потоа сите отидоа оттаму веселејќи се, и сиот град е во мешаница. Тоа е вревата што ја чувте.+ 46 Соломон веќе седна на царскиот престол.+ 47 А и царските слуги дојдоа да му посакаат добро на нашиот господар, цар Давид, велејќи: ‚Твојот Бог нека го прослави името на Соломон повеќе отколку твоето име и нека го возвиши неговиот престол повеќе отколку твојот престол!‘+ Царот тогаш се поклони на својата постела.+ 48 И царот уште рече вака: ‚Нека е благословен+ Јехова, Богот на Израел, кој ми даде денес да видам со свои очи кој ќе седи на мојот престол!‘ “+

49 Тогаш сите поканети што беа со Адонија затреперија од страв, па станаа и си отидоа секој по својот пат.+ 50 Адонија се уплаши од Соломон. Затоа стана и отиде, па се фати за роговите на жртвеникот.+ 51 Тогаш му јавија на Соломон: „Ете, Адонија се уплаши од цар Соломон, па, ене, се држи за роговите на жртвеникот, велејќи: ‚Прво нека ми се заколне цар Соломон дека нема да го погуби со меч својот слуга!‘ “ 52 А Соломон рече: „Ако се покаже како чесен човек, ни влакно од главата+ нема да му падне на земја. Но, ако се најде зло во него,+ ќе загине“.+ 53 Тогаш цар Соломон ги испрати своите слуги да го одведат откај жртвеникот. И тој дојде, па му се поклони на цар Соломон, а Соломон му рече: „Оди си во својот дом!“+

2 Кога на Давид му се приближи времето да умре,+ му заповеда на Соломон, својот син: 2 „Јас одам таму каде што одат сите на земјата.+ А ти биди силен+ и храбар!+ 3 Извршувај ги своите должности кон Јехова, својот Бог, одејќи по неговите патишта,+ држејќи се за неговите одредби, за неговите заповеди, за неговите закони+ и за неговите опомени, како што е запишано во Мојсеевиот закон,+ за да постапуваш разборито во сѐ што правиш и каде и да тргнеш 4 и за Јехова да го исполни зборот што го кажа за мене,+ велејќи: ‚Ако твоите синови+ внимаваат на својот пат и ако верно* ми служат*+ со сето свое срце+ и со сета своја душа, нема да останеш без наследник на престолот на Израел‘.+

5 И самиот добро знаеш што ми направи Јоав, синот на Серуја,+ што им направи на двајцата заповедници на израелската војска, на Авенир,+ синот на Нир, и на Амаса,+ синот на Јетер,+ кога ги уби пролевајќи крв+ во време на мир како да е војна, па така појасот околу своите бедра и сандалите на своите нозе ги натопи со пролеана крв. 6 Затоа постапи според својата мудрост+ и не дозволувај неговата седа глава да се спушти со мир+ во гробот.*+

7 А кон синовите на Варзелај+ Галадецот биди милостив,* и тие нека бидат меѓу оние што јадат на твојата трпеза,+ бидејќи и тие мене ми помогнаа+ кога бегав пред Авесалом, твојот брат.+

8 Еве, тука е и Симеј,+ синот на Гера од Бахурим,+ од племето на Венијамин, кој ме колнеше со тешки клетви+ во оној ден кога одев во Маханаим.+ Но дојде да ме сретне кај Јордан,+ па му се заколнав во Јехова: ‚Нема да те погубам со меч!‘+ 9 А ти не оставај го неказнет,+ зашто си мудар+ човек и добро знаеш што да направиш со него, и неговата седа глава+ испрати ја со крв во гробот“.*+

10 Потоа Давид почина кај своите прататковци,+ и беше погребан во Давидовиот град.+ 11 Давид владееше над Израел четириесет години.+ Во Хеврон+ владееше седум години,+ а во Ерусалим владееше триесет и три години.+

12 И Соломон седна на престолот на Давид, својот татко,+ и неговото царство многу се зацврсти.+

13 А Адонија, синот на Агита, дојде кај Витсавеа,+ мајката на Соломон. Кога таа го праша: „Доаѓаш ли во мир?“+ — тој одговори: „Да, доаѓам во мир“. 14 Потоа продолжи: „Имам нешто да ти кажам“. А таа му рече: „Зборувај!“+ 15 Тој рече: „Ти добро знаеш дека царството требаше да биде мое и дека сиот Израел очекуваше јас да бидам цар.+ Но излезе поинаку, и царството му припадна на мојот брат, зашто Јехова му го даде.+ 16 А сега, те молам само за едно. Немој да ме одбиеш!“+ А таа му рече: „Зборувај!“ 17 Тој продолжи: „Те молам, речи му на цар Соломон, зашто тебе нема да те одбие, да ми ја даде за жена Сунамката+ Ависага“.+ 18 А Витсавеа му рече: „Добро, јас ќе зборувам со царот за тебе“.

19 Така Витсавеа дојде кај цар Соломон за да зборува со него за Адонија.+ Царот веднаш стана,+ ѝ тргна во пресрет и ѝ се поклони.+ Потоа седна на својот престол и заповеда да постават престол за неговата мајка, да седне десно од него.+ 20 И таа рече: „Ќе те замолам за една мала услуга. Немој да ме одбиеш“. А царот ѝ одговори: „Кажи, мајко, зашто нема да те одбијам“. 21 И продолжи: „Нека му биде дадена Сунамката Ависага за жена на Адонија, твојот брат“. 22 Тогаш цар Соломон ѝ одговори на својата мајка: „Зошто ја бараш за Адонија Сунамката Ависага? Барај го и царството за него+ — зашто тој ми е постар брат+ — за него и за свештеникот Авијатар+ и за Јоав,+ синот на Серуја!“+

23 Тогаш цар Соломон се заколна во Јехова: „Бог нека ми направи така, и уште нека ми додаде,+ ако Адонија не плати со својата душа за тоа што го рекол!+ 24 Сега, како што е жив Јехова,+ кој ме утврди+ да седам на престолот на својот татко Давид+ и ми направи дом+ токму како што рече,+ Адонија ќе биде погубен уште денес“.+ 25 И цар Соломон веднаш го испрати Венај,+ синот на Јодај, кој го удри Адонија и тој умре.+

26 А на свештеникот Авијатар,+ царот му рече: „Оди во Анатот+ на својот имот. Ти заслужи смрт,+ но нема да те погубам денес, затоа што го носеше ковчегот на Севишниот Господар Јехова+ пред Давид, мојот татко,+ и затоа што поднесуваше неволји за сето време додека и татко ми поднесуваше неволји“.+ 27 Така Соломон го истера Авијатар за да не служи повеќе како Јеховин свештеник, за да се исполни речта што Јехова ја изрече во Сило+ против домот на Илиј.+

28 А гласот за тоа стигна и до Јоав+ — зашто и Јоав му се придружи на Адонија,+ иако не му се придружи на Авесалом+ — и Јоав побегна во Јеховиниот шатор+ и цврсто се фати за роговите на жртвеникот.+ 29 Тогаш му јавија на цар Соломон: „Јоав побегна во Јеховиниот шатор, ене го покрај жртвеникот“. А Соломон го испрати Венај, синот на Јодај, велејќи му: „Оди и погуби го!“+ 30 И Венај отиде во Јеховиниот шатор и му рече на Јоав: „По наредба на царот: ‚Излези!‘ “ Но тој одговори: „Не излегувам! Зашто, овде+ сакам да умрам“. Тогаш Венај му јави на царот: „Вака ми рече Јоав и вака ми одговори“. 31 А царот му заповеда: „Направи како што рекол и погуби го! Закопај го и отстрани ја од мене и од домот на мојот татко крвта+ што Јоав без причина ја пролеа!+ 32 Јехова ќе направи неговата крв да падне на негова глава,+ зашто погуби двајца мажи поправедни и подобри од себе+ и ги уби со меч без да знае Давид, мојот татко:+ Авенир,+ синот на Нир, заповедникот на војската на Израел,+ и Амаса,+ синот на Јетер, заповедникот на војската на Јуда.+ 33 Нивната крв нека падне на главата на Јоав и на главата на неговото потомство довека!+ А на Давид+ и на неговото потомство, и на неговиот дом, и на неговиот престол нека почива мир од Јехова довека!“+ 34 Така Венај отиде,+ го удри и го погуби.+ Го погребаа во неговиот дом во пустината. 35 Тогаш на негово место царот го постави над војската+ Венај,+ синот на Јодај, а на местото на Авијатар царот го постави свештеникот Садок.+

36 Потоа царот испрати по Симеј+ и му рече: „Направи си куќа во Ерусалим и живеј овде и никаде не излегувај оттука! 37 Во оној ден кога ќе излезеш и ќе ја поминеш долината* на Кедрон,+ сигурно знај дека ќе загинеш.+ Твојата крв ќе падне на твојата глава“.+ 38 А Симеј му одговори на царот: „Добро. Како што рече мојот господар, царот, така и ќе направи твојот слуга“. И Симеј живееше долго во Ерусалим.

39 Но по три години, два роба+ на Симеј побегнаа кај Ахис,+ синот на Мааха, царот на Гат.+ И на Симеј му јавија: „Ене, твоите робови се во Гат“. 40 А Симеј веднаш стана, го оседла магарето и отиде во Гат кај Ахис за да ги бара своите робови. Потоа Симеј се врати и ги доведе робовите од Гат. 41 А на Соломон му јавија: „Симеј отиде од Ерусалим во Гат и се врати“. 42 Тогаш царот испрати+ по Симеј и му рече: „Зар не те заколнав во Јехова и зар не те предупредив:+ ‚Во оној ден кога ќе излезеш и ќе тргнеш каде било, знај бездруго дека ќе умреш‘, и зар не ми рече: ‚Добро, разбрав‘?+ 43 Тогаш зошто не се држеше за заклетвата со која се заколна во Јехова+ и за строгата заповед што ти ја дадов?“+ 44 Потоа царот му рече на Симеј: „И самиот го знаеш сето зло што му го нанесе на Давид, мојот татко,+ добро го знаеш тоа во своето срце. Но Јехова ќе го врати на твоја глава злото што го нанесе ти.+ 45 А цар Соломон ќе биде благословен+ и Давидовиот престол ќе биде утврден пред Јехова довека“.+ 46 Тогаш царот му даде заповед на Венај, синот на Јодај, кој излезе, го удри Симеј и тој умре.+

А царството се утврди во раката на Соломон.+

3 Соломон со женидба се поврза+ со фараонот, египетскиот цар, кога се ожени со фараоновата ќерка.+ Ја доведе во Давидовиот град+ за да живее таму додека не заврши со изградбата на својот дворец,+ на Јеховиниот дом+ и на ѕидот околу Ерусалим.+ 2 Народот, пак, принесуваше жртви на височинките,+ зашто дотогаш уште не му беше изграден дом на името на Јехова.+ 3 А Соломон го сакаше+ Јехова и живееше* според одредбите на својот татко Давид.+ Само што на височинките+ принесуваше жртви и ги гореше приносите.

4 Така царот отиде во Гаваон+ за да принесува жртви таму, зашто тоа беше најважната височинка.+ Соломон принесе илјада палени жртви на тамошниот жртвеник.+ 5 Во Гаваон Јехова му се појави+ на Соломон ноќе во сон.+ И Бог му рече: „Барај што сакаш да ти дадам!“+ 6 А Соломон одговори: „Голема е твојата милост*+ што му ја покажа на својот слуга Давид, мојот татко, зашто ти служеше* верно* и праведно+ и имаше чесно срце пред тебе. Ти му покажуваше голема милост и му даде син да седи на неговиот престол, како што се гледа денес.+ 7 И сега, Јехова, Боже мој, ти го направи својот слуга цар наместо Давид, мојот татко, а јас сум уште дете+ и уште немам искуство.+ 8 Твојот слуга е среде твојот народ што си го избрал,+ народ толку броен што не може да се изброи, ниту може бројот да му се одреди.+ 9 Затоа, дај му на својот слуга послушно срце за да може да му суди+ на твојот народ и да разликува добро од зло,+ зашто кој може да му суди+ на овој твој народ, кој е толку тврдоглав?“+

10 А на Јехова му беше мило што Соломон го побара тоа.+ 11 И Бог му одговори: „Затоа што го побара тоа, а не побара долг живот, ниту побара богатство,+ ниту ги побара душите на своите непријатели, туку побара разумност* за да можеш да судиш исправно,+ 12 еве, ќе постапам според твоите зборови:+ ќе ти дадам мудро и разумно* срце,+ така што ниту пред тебе имало ниту по тебе ќе има таков човек.+ 13 А ќе ти го дадам и она што не го побара,+ и богатство+ и слава, така што, додека си жив, меѓу царевите ќе нема таков каков што си ти.+ 14 Ако одиш по моите патишта и ако се држиш за моите уредби+ и за моите заповеди, како што одеше и твојот татко Давид,+ ќе ти ги продолжам деновите“.+

15 Тогаш Соломон се разбуди,+ и ете, тоа беше сон. Потоа отиде во Ерусалим, застана пред ковчегот+ на Јеховиниот сојуз и принесе жртви паленици и жртви на заедништвото,+ и приреди гозба+ за сите свои слуги.+

16 А во тоа време две жени, блудници,+ дојдоа кај царот и застанаа пред него.+ 17 И едната жена рече: „Прости ми, господару,+ јас и оваа жена живееме во иста куќа, и јас родив покрај неа во куќата. 18 А на третиот ден откако се породив, роди и оваа жена. Бевме заедно и немаше никој друг со нас во куќата, само ние двете бевме во куќата. 19 Потоа, една ноќ, синот на оваа жена умре, зашто таа легнала врз него. 20 И таа станала среде ноќ и, додека твојата робинка спиеше, го зела мојот син што беше покрај мене и си го ставила во своја прегратка, а својот мртов син ми го ставила мене во прегратка. 21 И кога станав изутрината да го надојам+ својот син, гледај, тој беше мртов! А кога се раздени, го погледнав подобро и видов дека тоа не е мојот син кого го родив“. 22 Но другата жена рече: „Не е така, туку мојот син е овој живиов, а твој е оној мртвион!“ Но првата жена велеше: „Не е така, туку твојот син е оној што е мртов, а мој е овој што е жив!“ И така се препираа пред царот.+

23 На крајот царот рече: „Оваа вели: ‚Мојот син е овој живиов, а твој е оној мртвион!‘ — а онаа вели: ‚Не е така, туку твојот син е оној што е мртов, а мојот син е овој што е жив!‘ “ 24 Царот потоа нареди:+ „Донесете ми меч!“ И донесоа меч пред царот. 25 А царот рече: „Пресечете го живото дете на два дела, па едната половина дајте ѝ ја на едната, а другата половина на другата жена!“ 26 Тогаш жената чиј син беше живиот му рече на царот, зашто утробата+ ѝ затрепери заради нејзиниот син:+ „Прости ми,+ господару! Нека ѝ го дадат нејзе живото дете! Само немојте да го убиете!“ А другата жена велеше: „Нека не биде ни мое ни твое! Пресечете го!“+ 27 Тогаш царот рече: „Дајте ѝ го живото дете на првата, не убивајте го! Таа му е мајка“.

28 И сиот Израел чу каква пресуда+ изрече царот и почнаа да се плашат од царот,+ зашто видоа дека во него има Божја мудрост+ за праведно да суди.

4 Цар Соломон царуваше над целиот Израел.+ 2 А ова се неговите кнезови:+ свештеникот Азарија, син на Садок;+ 3 писарите+ Елиореф и Ахија, синови на Сиса; летописецот Јосафат,+ син на Ахилуд. 4 Венај,+ синот на Јодај, заповедаше со војската,+ а Садок и Авијатар+ беа свештеници. 5 Азарија, синот на Натан,+ беше над намесниците, а Завут, синот на Натан, беше свештеник и пријател+ на царот; 6 Ахишар беше управител на дворецот, а Адонирам,+ синот на Авда, ги надгледуваше оние што беа одредени за работа.+

7 Соломон имаше дванаесет намесници над целиот Израел, и тие набавуваа храна за царот и за неговиот дворец. Секој беше задолжен да набавува храна по еден месец во годината.+ 8 Ова се нивните имиња: синот на Ор во ефремските планини;+ 9 синот на Декер во Макас, во Салвим,+ во Вет-Семес+ и во Елон-Вет-Ханан; 10 синот на Есед во Арувот (ги имаше Сохо и целото подрачје на Офер);+ 11 синот на Авинадав во планините кај Дор+ (жена му беше Тафат, ќерката на Соломон); 12 Вана, синот на Ахилуд, во Танах,+ во Мегидо+ и во целиот Вет-Син,+ кој е покрај Сартан+ подолу од Језраел,+ од Вет-Син до Авел-Мехол+ и до јокмеамскиот+ крај; 13 синот на Гевер во Рамот-Галад+ (ги имаше селата во кои се живееше под шатори, кои ги освои Јаир,+ синот на Манасија, и се наоѓаат во Галад,+ а го имаше и арговскиот крај+ што е во Васан:+ шеесет големи градови кои беа опашани со ѕидови и имаа бакарни резиња на портите); 14 Ахинадав, синот на Идо, во Маханаим;+ 15 Ахимас во Нефталим+ (и тој зеде за жена една од ќерките на Соломон, Васемата);+ 16 Вана, синот на Хусај, во Асер+ и во Валот; 17 Јосафат, синот на Фаруа, во Исахар;+ 18 Симеј,+ синот на Ела, во Венијамин;+ 19 Гевер, синот на Уриј, во земјата Галад,+ земјата на Сихон,+ аморејскиот цар,+ и на Ог,+ васанскиот цар.+ А еден намесник беше над сите други намесници во земјата.

20 Луѓето во Јуда и во Израел беа многубројни како што е многуброен песокот на морскиот брег.+ Тие јадеа, пиеја и се веселеа.+

21 А Соломон владееше над сите царства од Реката*+ до филистејската земја и до египетската граница. И тие царства му донесуваа дарови и му служеа на Соломон во сите денови од неговиот живот.+

22 Секој ден на Соломон му беа потребни за храна по триесет кора*+ фино брашно и по шеесет кора обично брашно, 23 по десет згоени говеда, по дваесет говеда од пасиште и по сто грла ситна стока, а освен тоа и елени,+ газели,+ срндаци и згоени кукавици. 24 Зашто, тој владееше над сѐ од оваа страна на Реката,+ од Тифса до Газа,+ и над сите цареви од оваа страна на Реката,+ и мир+ владееше во целата негова земја, насекаде наоколу. 25 Луѓето во Јуда+ и во Израел живееја без страв,+ секој под својата лоза и под својата смоква,+ од Дан до Вирсавеја,+ во сите денови на Соломон.

26 Соломон имаше четириесет илјади јасли со коњи,+ кои ги впрегнуваше во своите коли,+ и дванаесет илјади коњаници.

27 Споменатите намесници+ ги снабдуваа со храна царот Соломон и сите што јадеа на трпезата на цар Соломон, и тоа секој во својот месец. Не дозволуваа ништо да недостасува. 28 Јачменот и сламата за запрежните и за останатите коњи+ ги донесуваа секаде каде што требаше, секој како што му беше одредено.+

29 А Бог му даде на Соломон толку голема мудрост+ и разборитост*+ и толку многу разум во срцето+ колку што има песок на морскиот брег.+ 30 Мудроста на Соломон беше поголема+ од мудроста на сите луѓе на Истокот+ и од сета египетска мудрост.+ 31 Беше помудар од сите луѓе, од Етан+ Езраховецот, од Еман,+ од Халкол+ и од Дарда, синови на Маол. Беше славен кај сите околни народи.+ 32 Изрече три илјади мудри изреки,+ а неговите песни+ беа илјада и пет. 33 Зборуваше за дрвјата, од кедарот што е на Ливан+ до исопот+ што никнува на ѕидот. Зборуваше за ѕверовите,+ за суштествата што летаат,+ за суштествата што лазат по земја+ и за рибите.+ 34 И доаѓаа луѓе од сите народи да ја чујат мудроста+ на Соломон, луѓе кои беа пратени од сите цареви на земјата, кои чуле за неговата мудрост.+

5 А Хирам,+ тирскиот+ цар, испрати свои слуги+ кај Соломон кога чу дека е помазан за цар на местото на неговиот татко, зашто Хирам отсекогаш го сакаше Давид.+ 2 Тогаш Соломон му порача на Хирам:+ 3 „Ти добро знаеш дека Давид, мојот татко, не можеше да му изгради дом на името на Јехова, својот Бог, поради војните+ со кои го опкружија неговите непријатели сѐ додека Јехова не ги подложи под неговите нозе. 4 Но сега Јехова, мојот Бог, мене ми даде мир на сите мои граници.+ Немам противник и не се случува никакво зло.+ 5 Затоа, еве, имам намера да му изградам дом на името на Јехова, мојот Бог,+ како што Јехова му вети на Давид, мојот татко: ‚Твојот син, кого ќе го поставам наместо тебе на твојот престол, тој ќе му изгради дом на моето име‘.+ 6 Затоа сега заповедај да ми насечат кедри на Ливан.+ Моите слуги ќе бидат со твоите слуги, и ќе ти дадам плата за твоите слуги колку што ќе одредиш, зашто добро знаеш дека меѓу нас нема луѓе што знаат да сечат дрва како Сидонците“.+

7 Кога ги чу зборовите на Соломон, Хирам+ многу се израдува, па рече: „Благословен+ да е денес Јехова, зашто му дал на Давид мудар+ син за да владее над тој многуброен народ!“+ 8 И Хирам му го испрати на Соломон овој одговор: „Чув што си ми порачал. Ќе ти ги исполнам сите желби во врска со кедровото и смрековото+ дрво. 9 Моите слуги ќе ги донесат од Ливан+ до морето. Јас ќе ги поврзам во сплавови и ќе ги пуштам по морето до местото што ќе ми го одредиш.+ Таму ќе ги раздвојат, па ти однеси ги. А ти ќе ја исполниш мојата желба и ќе даваш храна за мојот дом“.+

10 Така Хирам му даваше на Соломон кедрово и смреково дрво колку што сакаше тој. 11 А Соломон му даваше на Хирам по дваесет илјади кора*+ пченица како храна за неговиот дом и по дваесет кора масло од толчени маслинки.*+ Толку му даваше Соломон на Хирам секоја година.+ 12 А Јехова му даде на Соломон мудрост, како што и му вети.+ И меѓу Хирам и Соломон владееше мир, и тие склучија сојуз меѓу себе.

13 Цар Соломон одреди луѓе за работа во целиот Израел. Оние што беа одредени за работа+ беа триесет илјади луѓе. 14 Ги испраќаше наизменично на Ливан, по десет илјади секој месец. По еден месец беа на Ливан, а по два месеца дома.+ Адонирам+ ги надгледуваше оние што беа одредени+ за работа.+ 15 Соломон имаше+ седумдесет илјади носачи+ и осумдесет илјади каменоресци+ во планината,+ 16 не сметајќи ги Соломоновите кнежевски намесници+ кои ја надгледуваа работата, а беа три илјади и триста надзорници над луѓето што ја извршуваа работата.+ 17 Царот им заповеда да извадат големи камења, скапоцени камења,+ за да се положи темелот+ на домот од делкани камења.+ 18 Така Соломоновите градители, Хирамовите градители и Гевалците+ делкаа камен и ги подготвуваа дрвената граѓа и камењата за изградбата на домот.

6 И така, во четиристотини и осумдесеттата година по излегувањето на Израеловите синови од египетската земја,+ во четвртата година од своето царување над Израел,+ во месецот зиф+ — тоа е вториот месец+ — Соломон почна да го гради Јеховиниот дом.+ 2 Домот што цар Соломон го градеше+ за Јехова беше долг шеесет лакти,*+ широк дваесет лакти и висок триесет лакти.+ 3 Предворјето+ пред храмот,* на предната страна од домот, беше долго дваесет лакти, колку што беше широк домот, а широко десет лакти, од предната страна на домот.

4 На домот му направи прозорци чии отвори од едната страна беа потесни, а од другата страна пошироки.+ 5 Потоа, покрај ѕидот на домот, секаде наоколу, изгради странична зграда, покрај ѕидовите на домот околу храмот* и најприкриената просторија,*+ и направи странични соби+ секаде наоколу. 6 Долниот кат со странични простории беше широк пет лакти, средниот беше широк шест лакти, а третиот беше широк седум лакти. Тој, всушност, направи наоколу скалести засеци+ од надворешната страна на домот за да не мора гредите да се вградуваат во ѕидовите на домот.+

7 А кога се градеше домот, се градеше од камења што веќе беа изделкани+ во каменолом, така што за време на градењето+ не се чуја ни чекан, ни секира, ни некакво друго железно орудие. 8 На долниот кат со странични простории се влегуваше+ од десната* страна на домот, а по вртени скали се одеше на средниот, а од средниот на третиот кат. 9 Така го градеше домот и го доврши.+ Го покри со греди и со наредени кедрови+ штици. 10 Освен тоа, по должината на целиот дом изгради странични простории+ високи пет лакти, кои со домот беа поврзани со кедрови греди.+

11 Тогаш на Соломон+ му дојде Јеховината реч:+ 12 „Ако живееш* според моите одредби,+ ако ги извршуваш моите закони+ и ако се држиш за сите мои заповеди и живееш според нив,+ тогаш и јас ќе ги исполнам на тебе ветувањата што му ги дадов на Давид, твојот татко,+ а особено ветувањето за овој дом што го градиш. 13 Ќе живеам меѓу синовите на Израел+ и нема да го оставам својот народ Израел“.+

14 И така Соломон го градеше домот и го доврши.+ 15 Ѕидовите на домот ги обложи однатре со кедрови штици, внатрешноста на домот, од подот до таванските греди, ја обложи со дрво, а подот во домот го обложи со смрекови+ штици. 16 На задниот дел од домот прегради простор од дваесет лакти, обложувајќи го со кедрови штици од подот до таванските греди, и така внатре во домот ја направи најприкриената просторија,+ Светињата над светињите.+ 17 Домот, односно храмот*+ што беше пред неа,+ имаше четириесет лакти. 18 На кедровото дрво во внатрешноста на домот беа изрежани украси во вид на тикви+ и на цветни+ венци. Сѐ беше од кедар, никаде не се гледаше камен.

19 А најприкриената просторија+ во внатрешноста на домот ја подготви за да го стави во неа ковчегот+ на Јеховиниот сојуз.+ 20 Најприкриената просторија беше долга дваесет лакти, широка дваесет лакти+ и висока дваесет лакти. Ја обложи со чисто злато,+ а жртвеникот+ го обложи со кедар. 21 Соломон ја обложи+ внатрешноста на домот со чисто злато+ и протегна златен синџир+ пред најприкриената просторија,+ која исто така ја обложи со злато. 22 Целиот дом, во потполност го обложи со злато,+ и целиот жртвеник+ пред најприкриената просторија го обложи со злато.+

23 А во најприкриената просторија направи два херувима*+ од дрво од дива маслинка. Секој беше висок десет лакти.+ 24 Едното крило на херувимот имаше пет лакти, а и другото крило на херувимот имаше пет лакти. Десет лакти имаше од крајот на едното крило до крајот на другото крило.+ 25 И вториот херувим имаше десет лакти. Двата херувима имаа иста мера и ист облик. 26 Едниот херувим беше висок десет лакти, а исто и другиот херувим. 27 Херувимите ги постави во внатрешноста на домот. А крилјата на херувимите+ беа раширени, така што крилото на едниот допираше до едниот ѕид, а крилото на другиот херувим допираше до другиот ѕид, додека во средината на домот крилјата им се допираа едно до друго.+ 28 И херувимите ги обложи со злато.+

29 На сите внатрешни ѕидови од домот, во предниот и во задниот дел, изрежа украси во облик на херувими,+ палми+ и цветови,+ 30 а подот+ во домот, во предниот и во задниот дел, го обложи со злато. 31 На влезот во најприкриената просторија направи двокрилна врата+ од дрво од дива маслинка:+ полустолбови и довратници, една петтина од ѕидот.* 32 Таа двокрилна врата беше од дрво од дива маслинка и на нив изрежа украси во вид на херувими, палми и цветови, па ги обложи со злато. И херувимите и палмите ги окова со злато. 33 Така и за влезот во храмот* направи четириаголни довратници од дрво од дива маслинка, 34 а двокрилната врата ја направи од смреково+ дрво. Едното крило од оваа врата се преклопуваше на два дела и се вртеше на носачи, а и другото крило се преклопуваше на два дела и се вртеше на носачи.+ 35 И изрежа украси во вид на херувими, палми и цветови, а потоа сето она што го изрежа го обложи со злато.+

36 Потоа го изгради внатрешниот+ двор, правејќи ѕид од три реда+ делкан камен и еден ред кедрови греди.

37 Во четвртата година, во месецот зиф,*+ беше положен темелот+ на Јеховиниот дом, 38 а во единаесеттата година, во месецот вул* — односно во осмиот месец — домот беше довршен+ со сите негови поединости, според сѐ што беше одредено за него.+ Соломон го градеше седум години.

7 А Соломон го градеше својот дворец тринаесет години+ додека не го доврши целиот свој дворец.+

2 Ја изгради и куќата наречена Ливанска шума,+ долга сто лакти,* широка педесет лакти и висока триесет лакти, на четири реда кедрови столбови, а на столбовите имаше кедрови греди.+ 3 Горниот дел од куќата над гредите што лежеа на четириесет и петте столба, по петнаесет во еден ред, беше обложен со кедрово дрво.+ 4 Имаше три реда урамени прозорци, така што отворите за светлина+ во три реда стоеја еден спроти друг. 5 Сите врати и довратници беа четириаголни,+ како и предната страна на отворот за светлина, кои во три реда стоеја еден спроти друг.

6 Го направи и Тремот од столбови, долг педесет лакти и широк триесет лакти. Напред, пред неговите столбови, имаше уште еден трем со столбови и со покрив.

7 Потоа го направи Престолниот трем+ каде што судеше, судски+ трем, кој од подот до таванските греди беше обложен со кедрово дрво.+

8 А неговиот дворец, во кој требаше да живее, се наоѓаше во другиот двор+ и беше зад Престолниот трем. Беше изграден на истиот начин како и тој трем. Соломон изгради и куќа слична на тој трем за фараоновата ќерка,+ со која беше оженет.

9 Сите тие градби беа направени од скапоцени камења,+ делкани по мера и режани со пила за камен од сите страни, од темелот до венецот на врвот од ѕидот, а и она што беше надвор, дури до големиот двор.+ 10 Темелите им беа од големи скапоцени камења од десет лакти и од осум лакти. 11 Одозгора беа ставани скапоцени камења, делкани по мера, и кедрово дрво. 12 Големиот двор беше опкружен со ѕид од три реда+ делкан камен и еден ред кедрови греди, а исто и внатрешниот+ двор на Јеховиниот дом+ и предворјето+ на домот.

13 И цар Соломон испрати свои слуги да го доведат Хирам+ од Тир. 14 Тој беше син на една вдовица од племето на Нефталим, а татко му беше од Тир+ и работеше со бакар.+ Хирам беше многу мудар и разборит+ и знаеше да изработува секакви предмети од бакар. Така тој дојде кај цар Соломон и му ја заврши целата работа.

15 Излеа два столба од бакар.+ Секој столб беше висок осумнаесет лакти, а за да се опфати секој од тие два столба,+ беше потребно јаже од дванаесет лакти. 16 Направи и две глави* излеани од бакар за врвот од столбовите.+ Пет лакти беше висока едната глава и пет лакти беше висока другата глава. 17 Потоа, за главите што беа на врвот од столбовите+ направи филигрански мрежички со испреплетени украси во вид на синџир,+ седум за главата на едниот столб и седум за главата на другиот столб. 18 Направи и по два реда калинки околу секоја мрежичка за да ги покрие главите на врвот од столбовите. Истото го направи за главите на двата столба.+ 19 Дел од главите на врвот од столбовите, кои стоеја до предворјето, беше во вид на крин+ и беше висок четири лакти. 20 Главите стоеја на двата столба, над заоблената испакнатост околу која се наоѓаше мрежичката. Околу секоја глава имаше по двесте калинки+ во редови.

21 Столбовите+ ги постави до предворјето+ на храмот. Едниот столб го постави од десната страна* и го нарече Јахин,* а другиот столб го постави од левата страна* и го нарече Воас.* 22 Врвот на столбовите беше украсен со кринови. Така беше привршена работата на столбовите.

23 Потоа направи излеано море,+ кое од едниот до другиот раб имаше десет лакти. Беше тркалезно, високо пет лакти, а за да се опфати, беше потребно јаже од триесет лакти.+ 24 Наоколу под работ имаше украси+ во вид на тикви+ кои го опкружуваа морето, по десет украси на еден лакот.+ Имаше два реда украси во вид на тикви излеани заедно со морето. 25 Тоа стоеше на дванаесет бика,+ од кои три гледаа кон север, три кон запад, три кон југ, а три кон исток. Морето стоеше врз нив одозгора, а сите тие со својот заден дел беа свртени навнатре.+ 26 Беше дебело една дланка,*+ а работ му беше изработен како работ на чаша, како кринов цвет.+ Можеше да собере две илјади+ бата.*+

27 Направи и десет колички+ од бакар. Секоја количка беше долга четири лакти, широка четири лакти и висока три лакти. 28 Вака ги направи количките: имаа страници, кои беа вметнати во рамки. 29 Страниците во рамките беа украсени со лавови,+ бикови+ и со херувими,+ а исто така и рамките. Над и под лавовите и биковите имаше украси во вид на венци.+ 30 Секоја количка имаше по четири тркала од бакар, со оски од бакар, а на четирите агли имаше носачи за оските. Носачите под големиот сад за вода беа излеани заедно со венците што ги поврзуваа меѓусебно. 31 Отворот на садот однатре, од носачите до врвот, беше ...* лакти. Отворот на кој стоеја беше тркалезен, изработен како подножје од лакот и пол, и украсен со резби. Страниците беа четириаголни, а не тркалезни. 32 Четирите тркала и носачите на тркалата беа под страниците на количката. Секое тркало беше високо лакот и пол. 33 Тркалата беа изработени како тркала на обична кола.+ Нивните носачи, обрачи, спици и главини, сѐ беше излеано. 34 На четирите агли од секоја количка имаше четири носачи. Носачите и количката сочинуваа една целина. 35 На врвот од количката имаше стеснување високо половина лакот, сосема тркалезно. Потпорите и страниците што се наоѓаа на горниот дел од количката сочинуваа една целина со неа. 36 На плочките врз потпорите и на страниците изрежа+ херувими, лавови и палми, според големината на празните површини и изрежа венци околу-наоколу.+ 37 На тој начин ги изработи сите десет колички.+ Сите беа еднакво излеани+ и имаа еднакви мерки и еднаков облик.

38 Направи и десет големи бакарни садови за вода.+ Секој сад можеше да собере по четириесет бата* и секој имаше по четири лакти. По еден сад за вода стоеше на секоја од десетте колички. 39 Потоа постави пет колички од десната* страна на домот, а пет од левата* страна на домот.+ Морето го постави од десната страна на домот кон југоисток.+

40 Хирам+ ги направи големите садови за вода,+ лопатите+ и чиниите.+ На крајот, Хирам ја доврши+ целата работа што му ја вршеше на цар Соломон за Јеховиниот дом: 41 двата столба,+ главите+ во облик на чинии што беа на врвот од двата столба, двете филигрански мрежички+ кои ги покриваа двете тркалезни глави на врвот од столбовите, 42 четиристотините калинки+ за двете филигрански мрежички, за секоја мрежичка по два реда калинки за да ги покријат двете глави во облик на чинии на врвот од двата столба, 43 десетте колички+ и десетте големи садови за вода+ на количките, 44 едното море+ и дванаесетте бикови под морето,+ 45 лонците, лопатите, чиниите и целиот прибор+ што од светнат бакар му ги направи Хирам на цар Соломон за Јеховиниот дом. 46 Царот нареди да се излеат во калапи направени од глина во Јорданската Долина,*+ меѓу Сокот+ и Сартан.+

47 Соломон и не го мереше целиот тој прибор,+ затоа што беше исклучително многуброен.+ Тежината на бакарот не беше утврдена.+ 48 Соломон го направи и сиот друг прибор за Јеховиниот дом: златниот жртвеник,+ златната трпеза+ на која се ставаше леб пред Бог, 49 светилниците+ од чисто злато,+ пет од десната страна и пет од левата страна пред најприкриената просторија,* златните цветови,+ светилките,+ штипките за гаснење фитили,+ 50 потоа садовите, поткаструвачите на фитили,+ чиниите,+ чашите,+ пепелниците,+ сѐ од чисто злато, и златните лежишта за вратите+ на внатрешните простории, односно на Светињата над светињите, и за вратите+ на храмот* во домот.+

51 Така цар Соломон ја доврши целата работа околу Јеховиниот дом,+ па почна да ги донесува работите што ги посвети Давид, неговиот татко+ — среброто, златото и другите предмети. И ги стави во ризницата на Јеховиниот дом.+

8 Тогаш цар Соломон+ ги повика кај себе+ во Ерусалим старешините+ на Израел, сите главари на племиња+ и родовски поглавари+ на Израеловите синови, за да се донесе ковчегот на Јеховиниот сојуз+ од Давидовиот град,+ односно од Сион.+ 2 Така сите луѓе од Израел се собраа кај цар Соломон на празникот+ во месецот етаним,* а тоа е седмиот месец.+ 3 Кога дојдоа сите старешини на Израел, свештениците го понесоа+ ковчегот.+ 4 Ги донесоа Јеховиниот ковчег, шаторот+ на средбата+ и сиот свет прибор што беше во шаторот. Сето тоа го донесоа свештениците и левитите.+ 5 А цар Соломон и со него целата израелска заедница, оние што се собраа околу него, жртвуваа+ пред ковчегот толку овци и говеда што не можеше да се избројат, ниту бројот да им се одреди.+

6 Потоа свештениците го внесоа ковчегот+ на Јеховиниот сојуз на неговото место,+ во најприкриената просторија на домот, во Светињата над светињите, под крилјата на херувимите.+

7 Зашто, крилјата на херувимите беа раширени над местото каде што стоеше ковчегот, така што херувимите ги покриваа одозгора ковчегот и неговите лостови.+ 8 Но лостовите+ беа толку долги што краевите на лостовите се гледаа од Светињата пред најприкриената просторија,* но однадвор не се гледаа. Таму стојат до ден-денес.+ 9 Во ковчегот немаше ништо друго освен двете камени плочи+ што Мојсеј ги стави во него+ на Хорив, кога Јехова го склучи сојузот+ со синовите на Израел при нивното излегување од египетската земја.+

10 А кога свештениците излегоа од светото место, облак+ го исполни Јеховиниот дом. 11 Поради облакот, свештениците+ не можеа да стојат таму и да ја вршат својата служба,+ зашто Јеховината слава+ го исполни Јеховиниот дом.+ 12 Тогаш Соломон рече: „Јехова, ти рече дека ќе живееш во густа темнина.+ 13 Јас ти изградив дом за да биде возвишено твоето живеалиште,+ местото+ каде што ќе живееш довека“.+

14 Потоа царот се сврти и почна да ја благословува+ целата израелска заедница,* а целата израелска заедница стоеше таму. 15 И рече: „Нека е благословен Јехова,+ Богот на Израел, кој со својата уста зборуваше со Давид,+ мојот татко, и со својата рака ги исполни своите ветувања,+ велејќи: 16 ‚Од денот кога го изведов од Египет својот народ Израел, од ниедно Израелово племе не избрав+ град за во него да се изгради дом+ каде што ќе престојува моето име.+ Но го избрав Давид да владее над мојот народ Израел‘.+ 17 И Давид, мојот татко, посака во своето срце да му изгради дом на името на Јехова, Богот на Израел.+ 18 Но Јехова му рече на мојот татко Давид: ‚Во срцето имаш желба да му изградиш дом на моето име, и добро е што ти е тоа во срцето.+ 19 Но ти нема да го изградиш тој дом, туку твојот син, кој ќе ти се роди,* тој ќе му изгради дом на моето име‘.+ 20 И Јехова ја исполни речта+ што ја изговори и јас дојдов на местото на Давид, мојот татко, и седнав на престолот на Израел,+ како што рече Јехова, па му изградив дом на името на Јехова, Богот на Израел,+ 21 и во него одредив место за ковчегот во кој е Јеховиниот сојуз+ што го склучи со нашите прататковци кога ги изведе од египетската земја“.

22 Потоа Соломон застана пред Јеховиниот жртвеник+ пред целата израелска заедница и ги рашири рацете кон небото,+ 23 велејќи: „Јехова, Боже Израелов,+ нема Бог како што си ти+ ниту горе на небото ниту долу на земјата; ти го чуваш сојузот и им покажуваш милост*+ на своите слуги+ кои ти служат* со сето свое срце.+ 24 Му го исполни на својот слуга Давид, мојот татко, она што му го вети. Му даде ветување со својата уста, а со својата рака го исполни, како што се гледа денес.+ 25 И сега, Јехова, Боже Израелов, исполни му го на својот слуга Давид, мојот татко, она што си му го ветил, велејќи: ‚Нема да останеш без наследник кој ќе седи пред мене на Израеловиот престол,+ само ако твоите синови внимаваат на својот пат, служејќи ми како што ти ми служеше‘.* 26 Сега те молам, Боже Израелов, нека се обистини твоето ветување+ што му го даде на својот слуга Давид, мојот татко!

27 Но дали Бог навистина ќе живее на земјата?+ Еве, ни небесата,+ ни небото над небесата+ не можат да те соберат,+ а камоли овој дом+ што го изградив! 28 О Јехова, Боже мој, обрни внимание на молитвата+ на својот слуга и на неговата молба со која моли за милост,+ па чуј ги викањето и молитвата што ти ги упатува твојот слуга денес!+ 29 Твоите очи будно нека го набљудуваат+ овој дом дење и ноќе, ова место за кое рече: ‚Таму ќе престојува моето име‘,+ и чуј ја молитвата што ти ја упатува твојот слуга свртен кон ова место.+ 30 Чуј ја молбата за милост+ со која ти се молат твојот слуга и твојот народ Израел, свртени кон ова место. Чуј од местото каде што живееш, од небото,+ чуј и прости.+

31 Ако некој му згреши на својот ближен,+ па овој побара од него да се заколне и да се изложи на проклетство,+ и ако тој под заклетва дојде пред твојот жртвеник во овој дом, 32 тогаш чуј од небото и биди им судија на своите слуги: злиот прогласи го за зол, враќајќи му ги неговите дела на негова глава,+ а праведниот прогласи го за праведен,+ наградувајќи го според неговата праведност.+

33 Ако твојот народ Израел е поразен пред својот непријател+ затоа што ти згрешил,+ но се враќа кај тебе+ и пак почнува да го фали твоето име,+ ако ти се моли+ и од тебе бара милост во овој дом,+ 34 тогаш чуј од небото, прости му го гревот на својот народ Израел+ и врати го+ во земјата што им ја даде на неговите прататковци.+

35 Ако се затвори небото и нема дожд+ затоа што ти грешеле,+ па ако ти се помолат свртени кон ова место,+ и го фалат твоето име, и ако се одвратат од својот грев затоа што си им нанесувал неволји,+ 36 тогаш чуј од небото и прости им го гревот на своите слуги, на својот народ Израел, зашто ти им го покажуваш+ правиот пат по кој треба да одат,+ и пушти дожд+ на својата земја што му ја даде во наследство на својот народ.

37 Ако во земјата завладее глад+ или ја снајде чума,+ суша, мувла+ или ако надојдат скакулци+ или лебарки,+ ако ги опколи непријателот во земјата каде што се нивните градови, ако ги снајде каква било неволја или болест, 38 секоја молитва,+ секоја молба за милост+ со која ти се моли кој и да било човек или сиот твој народ Израел+ — зашто секој си ја знае болката во своето срце+ — ширејќи ги во молитва рацете кон овој дом,+ 39 ти чуј од небото,+ од своето живеалиште,+ и прости,+ постапи според тоа+ и дај му секому според сите негови патишта,+ зашто ти го познаваш неговото срце,+ зашто само ти ги познаваш срцата на сите човечки синови,+ 40 за да се бојат од тебе+ во сите денови додека живеат на земјата што им ја даде на нашите прататковци.+

41 Па и кога туѓинецот,+ кој не му припаѓа на твојот народ Израел, туку дошол од далечна земја заради твоето име+ — 42 зашто ќе се чуе за твоето големо име,+ за твојата силна рака+ и за твојата подигната мишка — ќе дојде и ќе се помоли свртен кон овој дом,+ 43 тогаш чуј од небото, од своето живеалиште,+ и направи го сето она за кое те моли овој туѓинец,+ за да го запознаат твоето име+ сите народи на земјата и за да се бојат од тебе како твојот народ Израел, и за да знаат дека овој дом што го изградив го носи твоето име.+

44 Ако твојот народ тргне во војна+ против своите непријатели по патот по кој ќе го испратиш+ и ти се помоли тебе,+ Јехова, свртен кон градот што го избра+ и кон овој дом што му го изградив на твоето име,+ 45 тогаш чуј ја од небото неговата молитва и неговата молба со која моли за милост и дај му правда.+

46 Ако ти згрешат,+ зашто нема човек што не греши,+ и ти се разгневиш на нив и ги предадеш на непријателот, па нивните поробувачи ги одведат во заробеништво во непријателска земја, било да е далеку било да е близу,+ 47 а тие се вразумат во земјата во која ќе бидат одведени во заробеништво,+ ако се обратат+ и почнат да ти се молат+ за милост во земјата на своите поробувачи,+ велејќи: ‚Згрешивме,+ постапивме погрешно,+ направивме зло‘,+ 48 ако навистина се вратат кај тебе со сето свое срце+ и со сета своја душа во земјата на своите непријатели, кои ги одвеле во заробеништво, и ако ти се помолат свртени кон својата земја што им ја даде на нивните прататковци, кон градот што го избра и кон домот што му го изградив на твоето име,+ 49 тогаш чуј ги од небото, од своето живеалиште,+ нивната молитва и нивната молба, со кои ти се молат за милост, и дај им правда,+ 50 и прости+ му на својот народ кој ти згрешил,+ прости му ги сите престапи,+ сѐ што ти згрешил.+ Нивните поробувачи нека им бидат милостиви+ и нека им се смилуваат, 51 зашто тие се твој народ и твое наследство+ кое го изведе од Египет,+ од таа печка за топење железо.+ 52 Твоите очи нека бидат отворени за молбата за милост со која се моли твојот слуга и за молбата за милост со која се моли+ твојот народ Израел, и услиши ги кога ќе те повикаат.+ 53 Зашто, ти ги одвои од сите народи на земјата за свое наследство,+ како што рече преку Мојсеј,+ својот слуга, кога ги изведе од Египет нашите прататковци, Севишен Господару Јехова!“

54 А кога Соломон заврши со целата оваа молитва и со молбата за милост со која му се молеше на Јехова, застана пред Јеховиниот жртвеник, каде што клечеше+ со рацете раширени кон небото,+ 55 и стоејќи+ така ја благослови+ целата израелска заедница, велејќи со силен глас: 56 „Нека е благословен Јехова,+ кој на својот народ Израел му даде место за починка, исполнувајќи сѐ што ветил.+ Не остана неисполнето ниту едно ветување+ од сите негови добри ветувања што ги даде преку Мојсеј, својот слуга.+ 57 Јехова, нашиот Бог, нека биде со нас+ како што беше и со нашите прататковци.+ Никогаш нека не нѐ остава и нека не нѐ напушта,+ 58 туку нека го приклони нашето срце+ кон себе за да одиме по сите негови патишта+ и да ги држиме неговите заповеди,+ неговите уредби+ и неговите закони,+ кои им ги даде на нашите прататковци. 59 И Јехова, нашиот Бог, нека ги памти+ дење и ноќе овие мои зборови, со кои го молев Јехова за милост, за да им дава правда на своите слуги и за да му дава правда на својот народ Израел, секој ден според нашите потреби,+ 60 за да знаат сите народи на земјата+ дека Јехова е вистинскиот Бог+ и дека нема друг.+ 61 Со сето свое срце бидете му оддадени+ на Јехова, нашиот Бог, живеејќи* според неговите уредби и држејќи ги неговите заповеди како што правите денес!“

62 Тогаш царот и сиот Израел со него принесоа голема жртва пред Јехова.+ 63 Како жртва на заедништвото,+ која требаше да му ја принесе на Јехова, Соломон принесе дваесет и две илјади говеда и сто и дваесет илјади овци.+ Така царот и сите синови на Израел свечено го отворија+ Јеховиниот дом. 64 Во тој ден царот мораше да го посвети средниот дел на дворот што е пред Јеховиниот дом,+ бидејќи таму мораше да ги принесе жртвите паленици, житните жртви и мрсните делови од жртвите на заедништвото, зашто бакарниот жртвеник+ што стои пред Јехова беше премал за толку жртви паленици, житни жртви и за мрсните+ делови од жртвите на заедништвото. 65 Во тоа време Соломон, а со него и сиот Израел, мноштво народ+ од целата земја, од влезот во Емат+ до долината на реката Египет,+ славеше празник+ пред Јехова, нашиот Бог, седум дена и уште седум дена,+ вкупно четиринаесет дена. 66 Во осмиот ден ги распушти луѓето,+ а тие го благословуваа царот и си отидоа во своите куќи радосни+ и со весело срце+ поради сето добро+ што Јехова им го направи на својот слуга Давид и на својот народ Израел.

9 Кога Соломон заврши со градењето на Јеховиниот дом,+ на царскиот дворец+ и на сѐ што Соломон сакаше да изгради,+ 2 Јехова по вторпат му се појави на Соломон, како што му се појави во Гаваон.+ 3 И Јехова му рече: „Ги услишив твојата молитва+ и твојата молба за милост со која молеше пред мене за милост. Го посветив+ овој дом што ми го изгради, зашто во него ќе престојува моето име+ за навек. Моите очи+ и моето срце секогаш ќе бидат таму.+ 4 А ти, ако ми служиш+ како што ми служеше* твојот татко Давид,+ со чисто* срце и справедливо,+ правејќи сѐ што ти заповедав,+ и ако ги држиш моите уредби+ и моите закони,+ 5 ќе го утврдам довека престолот на твоето царство над Израел, како што му ветив на твојот татко Давид, велејќи: ‚Нема да останеш без наследник на престолот на Израел‘.+ 6 Но, ако вие и вашите синови се одвратите од мене+ и ако не ги држите моите заповеди и моите одредби што ги ставив пред вас, туку тргнете по други богови+ за да им служите и да им се клањате, 7 ќе го истребам Израел од лицето на земјата што му ја дадов.+ И ќе го отфрлам од себе домот што му го посветив на своето име,+ а Израел ќе го споменуваат со презир*+ и ќе му се потсмеваат сите народи. 8 Од овој дом ќе останат само урнатини.+ Секој што ќе помине покрај него ќе остане вчудовиден,+ па во чудо ќе потсвирнува и ќе праша: ‚Зошто им направи Јехова такво нешто на оваа земја и на овој дом?‘+ 9 И ќе им се одговори: ‚Затоа што го оставија Јехова, својот Бог, кој ги изведе нивните прататковци од египетската земја,+ и им се приклонија на други богови,+ им се клањаа и им служеа. Затоа Јехова им ја нанесе сета таа неволја‘ “.+

10 Кога поминаа дваесетте години во кои Соломон ги изгради овие две градби, Јеховиниот дом+ и царскиот дворец+ — 11 а Хирам,+ тирскиот цар, му набавуваше на Соломон+ кедрово дрво, смреково дрво и злато колку што сакаше тој+ — цар Соломон му даде на Хирам дваесет градови во галилејската земја.+ 12 И Хирам отиде од Тир за да ги види градовите што му ги даде Соломон, но не му се допаднаа.+ 13 Затоа му рече: „Какви се тие градови што си ми ги дал, брате мој?“ Затоа земјата се вика Кавул* до ден-денес.

14 А Хирам му испрати на царот сто и дваесет таланти* злато.+

15 И цар Соломон одреди луѓе за работа,+ која ја воведе за да ги изгради Јеховиниот дом,+ својот дворец, Мило,*+ ерусалимскиот ѕид,+ Асор,+ Мегидо+ и Гезер.+ 16 Имено фараонот, египетскиот цар, дојде и го освои Гезер, па со оган ги запали и ги порази Ханаанците+ што живееја во градот. Потоа ѝ го даде како мираз на својата ќерка,+ жената на Соломон. 17 А Соломон повторно ги изгради Гезер и Долни Вет-Орон,+ 18 Валат+ и Тамара, кој е во пустинскиот дел од земјата, 19 сите градови што му припаднаа на Соломон, а служеа како складишта,+ градовите за бојните коли,+ градовите за коњаниците и сѐ што сакаше Соломон+ да гради во Ерусалим, на Ливан и во целата земја со која владееше. 20 А сите што преостанаа од Аморејците,+ Хетејците,+ Ферезејците,+ Евејците+ и Евусејците,+ кои не беа Израелци,+ 21 нивните синови што останаа по нив во земјата, а кои синовите на Израел не можеа да ги истребат,*+ Соломон ги земаше за ропска работа, и така е до ден-денес.+ 22 А никого од Израеловите синови Соломон не го направи роб,+ туку тие беа војници, негови слуги, негови кнезови, негови помошници и заповедници над возачите на неговите бојни коли и над неговата коњаница.+ 23 Главните намесници, кои ги надгледуваа работите на Соломон и ги надзираа луѓето што ги вршеа тие работи, беа петстотини и педесет.+

24 А фараоновата ќерка+ премина од Давидовиот град+ во својата куќа, која тој ја изгради за неа. Во тоа време тој го изгради Мило.+

25 Соломон трипати во годината+ принесуваше жртви паленици и жртви на заедништвото на жртвеникот што го подигна за Јехова,+ и ги гореше жртвите на жртвеникот+ што беше пред Јехова. Така го доврши домот.+

26 Цар Соломон имаше и бродови, кои ги изгради во Есион-Гавер,+ кој е покрај Елот,+ на брегот на Црвеното Море во едомската земја.+ 27 На тие бродови Хирам испраќаше свои слуги,+ морнари, кои го познаваа морето, заедно со Соломоновите слуги. 28 Пловеа до Офир,+ оттаму земаа по четиристотини и дваесет таланти злато+ и му го донесуваа на цар Соломон.

10 А царицата од Сава+ чу за славата на Соломон, која ја беше стекнал поради Јеховиното име.+ Затоа дојде да го испита со загадочни прашања.+ 2 И дојде во Ерусалим со многу голема придружба,+ со камили+ што носеа балсам,+ многу злато и скапоцени камења. Откако дојде кај Соломон, разговараше со него за сѐ што ѝ беше на срце.+ 3 А Соломон ѝ одговори на сѐ што таа го праша.+ Немаше нешто што му беше скриено на царот и на кое не знаеше да ѝ одговори.+

4 Кога царицата од Сава ги виде сета мудрост на Соломон,+ домот што го изгради,+ 5 јадењата на неговата трпеза,+ неговите слуги како седат на трпезата, неговите послужители што послужуваа на трпезата и нивната облека, неговите пијалаци+ и жртвите паленици што ги принесуваше во Јеховиниот дом, ѝ застана здивот.*+ 6 Затоа му рече на царот: „Вистина е она што го чув во својата земја за тебе и за твојата мудрост.+ 7 Но не поверував во тоа што се зборуваше додека не дојдов и не видов со свои очи. И ете, ни половина не ми беше кажано!+ Со својата мудрост и со благосостојбата ти го надминуваш она што го чув за тебе.+ 8 Среќни се твоите луѓе,+ среќни+ се овие твои слуги што стојат секогаш пред тебе и ја слушаат твојата мудрост!+ 9 Благословен да е Јехова,+ твојот Бог, кому си му станал толку мил+ за да те постави на престолот на Израел!+ Поради својата вечна љубов кон Израел,+ Јехова те поставил за цар+ за да судиш+ и да делиш правда“.+

10 Потоа му даде+ на царот сто и дваесет таланти злато,+ големи количества балсам+ и скапоцени камења. Никогаш повеќе не беше донесен толку балсам колку што царицата од Сава му даде на цар Соломон.

11 Бродовите на Хирам,+ кои донесуваа злато од Офир,+ донесуваа од Офир и големи количества алгумово дрво,+ како и скапоцени камења.+ 12 И царот направи од алгумовото дрво потпирачи за Јеховиниот дом+ и за царскиот дворец, како и харфи+ и псалтири+ за пејачите. Никогаш повеќе не беше донесено толку многу алгумово дрво, ниту се виде толку многу до ден-денес.

13 А цар Соломон ѝ даде на царицата од Сава сѐ што посака и што побара, не сметајќи го она што тој, цар Соломон, ѝ го даде затоа што имаше дарежлива рака.+ Потоа таа си отиде и се врати во својата земја, таа и нејзините слуги со неа.+

14 Златото+ што му доаѓаше на Соломон секоја година тежеше по шестотини шеесет и шест таланти,*+ 15 не сметајќи го она што доаѓаше од патувачките трговци и приходот од продавачите, од сите арапски+ цареви+ и од управителите на земјата.

16 Цар Соломон направи двесте големи штитови од златна легура+ (секој штит го обложи со шестотини сикли* злато)+ 17 и триста мали штитови од златна легура (секој штит го обложи со три мини* злато).+ Потоа царот ги стави во куќата наречена Ливанска шума.+

18 Царот направи и голем престол+ од слонова коска+ и го обложи со чисто злато.+ 19 До престолот водеа шест скалила, а престолот одзади имаше тркалезен свод. Од двете страни на седиштето имаше потпирачи за раце, а покрај потпирачите+ стоеја два лава.+ 20 Дванаесет лава стоеја од двете страни на шесте скалила. Такво нешто не беше направено во ниту едно друго царство.+

21 Сите садови од кои пиеше цар Соломон беа од злато и сите садови во куќата наречена Ливанска шума+ беа од чисто злато.+ Ништо не беше од сребро, зашто во времето на Соломон тоа се сметаше за безвредно. 22 Зашто, освен бродовите на Хирам, царот имаше на море и тарсиски бродови.+ Секоја трета година тарсиските бродови донесуваа злато,+ сребро, слонова коска,+ мајмуни и пауни.

23 Така цар Соломон со богатството+ и со мудроста+ ги надмина сите други земни цареви. 24 И цел свет сакаше да дојде пред лицето на Соломон и да ја чуе неговата мудрост што Бог му ја даде во срцето.+ 25 И секоја година секој му го донесуваше својот дар,+ предмети од сребро+ и предмети од злато, облеки, оружје,+ балсам, коњи и маски.+

26 Цар Соломон насобра и многу бојни коли и коњи. Имаше илјада и четиристотини коли и дванаесет илјади коњи,+ кои ги распореди по градовите каде што држеше коли и кај себе во Ерусалим.+

27 Царот насобра во Ерусалим толку многу сребро што го имаше како камењата,+ а кедрово дрво како дивите смокви во Шефела.*+

28 Соломон увезуваше коњи од Египет. Царските трговци ги набавуваа коњите по одредена цена.+ 29 Една кола довезена од Египет чинеше по шестотини сребреници и еден коњ по сто и педесет. Преку тие трговци увезуваа и сите хетејски+ и сириски цареви.

11 А цар Соломон, освен фараоновата ќерка,+ сакаше и многу жени туѓинки:+ Моавки,+ Амонки,+ Едомки,+ Сидонки+ и Хетејки,+ 2 од народите за кои Јехова им рече на Израеловите синови: „Не одете кај нив+ и тие нека не доаѓаат кај вас. Тие сигурно ќе ги наведат вашите срца да се свртат кон нивните богови“.+ Кон нив Соломон се приклони+ и ги сакаше. 3 Имаше седумстотини жени, кнегињи, и триста наложници,* и неговите жени на крајот+ му го заведоа срцето. 4 И кога Соломон остаре,+ неговите жени му го наведоа+ срцето да се сврти кон други богови,+ и неговото срце повеќе не му беше потполно оддадено+ на Јехова, неговиот Бог, како што беше срцето на Давид, неговиот татко. 5 И Соломон тргна по Астарта,+ сидонската божица, и по Милхом,+ гнасниот амонски бог. 6 Соломон почна да го прави она што е зло+ во Јеховини очи и не го слушаше Јехова во сѐ како што го слушаше Давид, неговиот татко.+

7 Тогаш Соломон им изгради обредна височинка+ на Хемос,+ гнасниот+ моавски бог, на планината+ спроти+ Ерусалим, и на Молох, гнасниот бог на Амоновите синови. 8 Така направи за сите свои жени туѓинки,+ кои им гореа приноси и им принесуваа жртви на своите богови.+

9 И Јехова се разгневи+ на Соломон затоа што го одврати своето срце од Јехова, Богот на Израел,+ кој му се покажа двапати,+ 10 му заповеда да не оди по други богови,+ но тој не се држеше за тоа што му го заповеда Јехова. 11 Тогаш Јехова му рече на Соломон: „Затоа што го направи тоа и не се држеше за мојот сојуз, ниту за моите одредби што ти ги дадов, ќе го истргнам царството од тебе и ќе му го дадам на твојот слуга.+ 12 Но нема да го направам тоа додека си жив,+ заради Давид, твојот татко.+ Ќе го истргнам од раката на твојот син.+ 13 Но нема да му го истргнам целото царство.+ Едно племе ќе му дадам на твојот син, заради Давид, мојот слуга,+ и заради Ерусалим, кој го избрав“.+

14 И Јехова му подигна противник+ на Соломон,+ Едомецот Адад, од царскиот род во Едом.+ 15 Кога Давид го порази Едом,+ дојде Јоав, заповедникот на војската, да ги погребе убиените, па гледаше да ги погуби сите мажи во Едом.+ 16 Јоав и сиот Израел престојуваа таму шест месеци додека не ги истребија сите мажи во Едом. 17 Но Адад побегна со некои Едомци, слуги на неговиот татко, па отиде во Египет. Тогаш Адад уште беше мало дете. 18 Откако заминаа од Мадијам,+ дојдоа во Фаран. И зедоа со себе луѓе од Фаран+ и отидоа во Египет кај фараонот, египетскиот цар, кој му даде куќа. Му одреди и храна и му даде земја. 19 И Адад стекна толкава милост+ кај фараонот што тој му ја даде+ за жена сестрата на својата жена, сестрата на царицата Тахпенеса. 20 Сестрата на Тахпенеса му го роди синот Генуват, а Тахпенеса се погрижи детето да биде одгледано+ во фараоновиот дворец, така што Генуват остана на фараоновиот дворец меѓу фараоновите синови.

21 А кога Адад чу во Египет дека Давид починал кај своите прататковци+ и дека умрел Јоав,+ заповедникот на војската, Адад му рече на фараонот: „Пушти ме да отидам+ во својата земја!“ 22 Но фараонот му рече: „Што ти недостига кај мене, па сега сакаш да одиш во својата земја?“ А тој одговори: „Ништо, но пушти ме да одам!“

23 Бог му подигна на Соломон уште еден противник,+ Резон, синот на Елијад, кој избега од својот господар Адад-Езер,+ царот на Сова.+ 24 И тој собра луѓе околу себе и стана водач на разбојничка дружина во времето кога Давид ја погуби совската војска.+ Тогаш отидоа во Дамаск,+ се населија таму и почнаа да владеат во Дамаск. 25 Му беше противник на Израел во сите денови на Соломон,+ во истото време кога правеше зло и Адад. Сѐ додека владееше над Сирија, тој го мразеше+ Израел.

26 Тука беше и Јеровоам,+ синот на Нават, Соломонов слуга+ од Сарида, од племето на Ефрем, чија мајка се викаше Серуа и беше вдовица. И тој се побуни против царот.+ 27 А еве зошто се побуни против царот: Соломон го беше изградил Мило.+ Тој беше затворил дел од ѕидот во градот на Давид, својот татко.+ 28 А Јеровоам беше смел и силен човек.+ Кога виде дека младиот човек се труди во работата,+ Соломон го постави над+ сите од домот на Јосиф+ што беа одредени за работа.+ 29 Во тоа време Јеровоам отиде од Ерусалим и по патот го сретна пророкот Ахија+ од Сило,+ наметнат со нова наметка. Двајцата беа сами во полето. 30 Тогаш Ахија ја зеде новата наметка што ја носеше и ја раскина+ на дванаесет+ парчиња. 31 И му рече на Јеровоам:

„Земи за себе десет парчиња, зашто вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Еве, ќе го истргнам царството од раката на Соломон и десет племиња ќе ти дадам тебе.+ 32 Едно племе+ ќе му остане нему заради Давид, мојот слуга,+ и заради Ерусалим,+ градот што го избрав меѓу сите Израелови племиња. 33 Тоа е затоа што ме оставија+ и почнаа да им се клањаат на Астарта,+ сидонската божица, на Хемос,+ моавскиот бог, и на Милхом,+ богот на Амоновите синови. Не одеа по моите патишта, не го вршеа она што е исправно во мои очи и не се држеа за моите одредби и за моите закони како Давид, таткото на Соломон. 34 Но нема да му го земам од раката целото царство, туку ќе го оставам да биде поглавар во сите денови од својот живот, заради Давид, мојот слуга кого го избрав,+ зашто ги држеше моите заповеди и моите одредби. 35 Од раката на неговиот син ќе го земам царството, односно десет племиња, и ќе ти го дадам тебе.+ 36 А на неговиот син ќе му дадам едно племе за да има мојот слуга Давид секогаш светилка пред мене во Ерусалим,+ градот што си го избрав за да престојува во него моето име.+ 37 Тебе ќе те земам да владееш над сѐ што ќе ти посака душата,+ и ќе бидеш цар над Израел. 38 Ако послушаш сѐ што ќе ти заповедам и ако одиш по моите патишта и ако го правиш она што е исправно во мои очи, држејќи ги моите одредби и моите заповеди, како што го правеше тоа Давид, мојот слуга,+ јас ќе бидам со тебе+ и ќе ти изградам траен дом, како што му изградив на Давид,+ и ќе ти го дадам Израел. 39 Ќе ги понижам потомците на Давид поради нивните зли дела,+ но не засекогаш‘ “.+

40 Затоа Соломон сакаше да го погуби Јеровоам,+ но Јеровоам стана и побегна+ во Египет кај Сисак,+ египетскиот цар, и остана во Египет сѐ до смртта на Соломон.

41 А останатата историја на Соломон, сите негови дела и неговата мудрост, не е ли сето тоа запишано во книгата на Соломоновата историја? 42 Четириесет години Соломон владееше во Ерусалим над сиот Израел.+ 43 Потоа Соломон почина кај своите прататковци+ и беше погребан во градот на Давид,+ својот татко, а на негово место почна да владее неговиот син Ровоам.+

12 Ровоам+ отиде во Сихем, зашто во Сихем+ дојде целиот Израел за да го постави за цар. 2 За тоа чу Јеровоам,+ синот на Нават, додека уште беше во Египет. Јеровоам, имено, побегна од цар Соломон и живееше во Египет.+ 3 Тогаш испратија по него и го викнаа. Така Јеровоам и целата израелска заедница дојдоа и му рекоа на Ровоам:+ 4 „Твојот татко ни стави тежок јарем,+ а ти сега олесни ни ја+ тешката служба на твојот татко и тешкиот јарем што ни го стави тој, па ќе ти служиме!“+

5 А тој им одговори: „Одете си, па по три дена пак дојдете кај мене“.+ И народот си отиде. 6 А цар Ровоам се посоветува со постарите мажи,+ кои беа во служба на Соломон, неговиот татко, додека тој беше жив, и ги праша: „Што советувате да му одговорам на овој народ?“+ 7 А тие му одговорија вака: „Ако покажеш денес дека си подготвен да му бидеш слуга на овој народ и да му служиш,+ ако го исполниш барањето на тие луѓе и ако им се обратиш со убави зборови,+ тие ќе ти бидат слуги засекогаш“.+

8 Но тој го занемари советот што му го дадоа постарите мажи и се посоветува со младите мажи, кои пораснаа со него+ и беа во негова служба.+ 9 Ги праша: „Што советувате+ да му одговорам на овој народ, кој ми рече: ‚Олесни ни го јаремот што ни го стави татко ти‘?“+ 10 А младите мажи, кои пораснаа со него, му одговорија: „На народот кој ти рече: ‚Твојот татко ни стави тежок јарем, а ти олесни ни го‘ — кажи му вака:+ ‚Мојот мал прст е подебел од бедрата на татко ми.+ 11 Еве, татко ми ви стави тежок јарем, а јас ќе го направам вашиот јарем уште потежок.+ Мојот татко ве казнуваше со камшици, а јас ќе ве казнувам со бодликави камшици‘ “.+

12 И на третиот ден, Јеровоам и целиот народ дојдоа кај Ровоам, зашто царот рече: „Дојдете пак кај мене на третиот ден“.+ 13 Тогаш царот остро му одговори на народот,+ занемарувајќи го советот што му го дадоа постарите мажи.+ 14 Му одговори како што го советуваа младите мажи+: „Татко ми ви стави тежок јарем, а јас ќе го направам вашиот јарем уште потежок. Мојот татко ве казнуваше со камшици, а јас ќе ве казнувам со бодликави камшици“.+ 15 И царот не го послуша народот,+ зашто Јехова така ги водеше настаните.+ Јехова направи така за да го исполни својот збор+ што му го кажа на Јеровоам, синот на Нават, преку Ахија+ од Сило.

16 Кога целиот Израел виде дека царот не го послуша, народот му одговори на царот и му рече: „Што имаме ние со Давид?+ Ние немаме наследство со синот на Јесеј! Врати се кај своите богови,+ Израеле! А ти, Давиде, грижи се за својот дом!“+ И целиот Израел се разотиде по своите шатори. 17 А Ровоам владееше над Израеловите синови кои живееја во градовите на Јуда.+

18 Потоа цар Ровоам го испрати кај нив Адорам,+ кој ги надгледуваше оние што беа одредени за работа,+ но целиот Израел го затрупа со камења,+ па тој загина. А цар Ровоам успеа да се качи во колата и да побегне во Ерусалим. 19 И Израелците истрајаа во својата побуна+ против Давидовиот дом и тоа трае до ден-денес.+

20 Кога чуја дека се вратил Јеровоам, сите Израелци пратија по него и го повикаа во заедницата, па го поставија за цар над целиот Израел.+ Никој друг не му се придружи на Давидовиот дом, освен племето на Јуда.+

21 Штом стигна во Ерусалим,+ Ровоам ги собра целиот дом на Јуда и Венијаминовото+ племе, сто и осумдесет илјади одбрани луѓе способни за војна, за да се борат против Израеловиот дом и да му го вратат царството на Ровоам, синот на Соломон. 22 Тогаш на Семаја,+ Божјиот човек,+ му дојде речта на вистинскиот Бог: 23 „Кажи им на Ровоам, Соломоновиот син, царот на Јуда, и на целиот дом на Јуда и на Венијамин и на останатиот народ: 24 ‚Вака вели Јехова: „Не одете и не борете се против своите браќа, синовите на Израел!+ Вратете се секој во својата куќа, зашто тоа дојде од мене!“ ‘ “+ Тие ја послушаа Јеховината реч+ и се вратија како што им рече Јехова.+

25 А Јеровоам го утврди Сихем+ во ефремските планини и се насели во него. Потоа отиде оттаму и го утврди Фенуел.+ 26 И Јеровоам рече во своето срце:+ „Сега царството ќе му се врати на Давидовиот дом.+ 27 Ако овој народ продолжи да оди во Ерусалим да принесува жртви во Јеховиниот дом,+ срцето на овој народ ќе му се врати на нивниот господар Ровоам, царот на Јуда, па ќе ме убијат+ и ќе му се вратат на Ровоам, царот на Јуда“. 28 Откако се посоветува,+ царот направи две златни телиња+ и му рече на народот: „Претешко ви е да одите во Ерусалим. Еве го, Израелу, твојот Бог+ кој те изведе од египетската земја!“+ 29 И едното го постави во Ветил,+ а другото во Дан.+ 30 Тоа беше повод за грев,+ и народот одеше кај едното теле дури до Дан.

31 Тој направи светилиште, височинка,+ и за свештеници постави луѓе од обичниот народ, кои не беа од синовите на Леви.+ 32 Освен тоа, Јеровоам воведе празник во осмиот месец, на петнаесеттиот ден од тој месец, сличен на празникот што се славеше во Јуда,+ за да принесува жртви на жртвеникот што го направи во Ветил, да им принесува жртви на телињата што ги направи. И постави свештеници во Ветил+ за да служат на обредните височинки што ги направи. 33 Во петнаесеттиот ден од осмиот месец, месец што самиот го одреди,+ принесе жртви на жртвеникот што го направи во Ветил. И воведе празник за Израеловите синови и на жртвеникот принесуваше жртви и ги гореше.+

13 И ете, еден Божји човек,+ според Јеховината реч,+ дојде од Јуда во Ветил кога Јеровоам стоеше покрај жртвеникот+ за да ги гори приносите.+ 2 И според Јеховината реч извика кон жртвеникот: „Жртвенику, жртвенику! Вака вели Јехова: ‚Еве, во Давидовиот дом ќе се роди син по име Јосија.+ Тој ќе ги жртвува на тебе свештениците од обредните височинки, кои на тебе ги горат приносите, и на тебе ќе изгори човечки коски‘ “.+ 3 И во тој ден им даде знак:+ „Ова е знакот што го даде Јехова: еве, жртвеникот ќе се распадне и ќе се истури мрсната пепел* што е на него“.

4 Кога ги чу зборовите што ги објави Божјиот човек против жртвеникот во Ветил, цар Јеровоам ја испружи раката додека стоеше покрај жртвеникот и рече: „Фатете го!“+ Но штом ја испружи раката кон оној човек, раката му се исуши и не можеше повеќе да ја повлече кон себе.+ 5 А жртвеникот се распадна и се истури мрсната пепел од жртвеникот, според знакот што го даде Божјиот човек според Јеховината реч.+

6 Тогаш царот му рече на Божјиот човек вака: „Смилостиви го,* те молам, лицето на Јехова, својот Бог, и моли се за мене да ми оздрави раката“.+ Тогаш Божјиот човек го смилостиви+ лицето на Јехова, и на царот му оздраве раката, па му беше како и порано.+ 7 И царот му рече на Божјиот човек: „Дојди со мене дома за да се поткрепиш,+ а ќе ти дадам и подарок“.+ 8 Но Божјиот човек му одговори на царот: „И да ми дадеш половина од куќата,+ не би пошол со тебе,+ ниту би јадел, ниту би пиел на ова место. 9 Зашто, вака ми е заповедано според Јеховината реч: ‚Не јади+ и не пиј, и не враќај се по патот по кој си дошол!‘ “ 10 И отиде по друг пат, не се врати по патот по кој дојде во Ветил.

11 А во Ветил живееше еден стар пророк,+ чии синови дојдоа и му раскажаа за сѐ што направи Божјиот човек на тој ден во Ветил и за зборовите што му ги кажа на царот, сѐ му раскажаа на својот татко. 12 Тогаш таткото ги праша: „По кој пат си отиде?“ И неговите синови му го покажаа патот по кој си отиде Божјиот човек што дојде од Јуда. 13 А тој им рече на синовите: „Оседлајте ми го магарето!“ Тие му го оседлаа магарето,+ и тој го јавна.

14 Тргна по Божјиот човек и го најде како седи под едно големо дрво.+ И го праша: „Дали си ти Божјиот човек што дошол од Јуда?“+ А овој му одговори: „Јас сум“. 15 Тогаш му рече: „Појди со мене дома за да јадеш нешто“. 16 Но тој му одговори: „Не можам да се вратам со тебе, ниту да влезам во твојата куќа, и не можам ни да јадам ни да пијам со тебе на ова место.+ 17 Зашто, преку Јеховината реч ми е заповедано:+ ‚Немој таму ни да јадеш ни да пиеш! Не враќај се по патот по кој си дошол!‘ “+ 18 А тој му рече: „И јас сум пророк како и ти, и ангел+ ми се обрати според Јеховината реч, велејќи: ‚Врати го кај себе дома за да јаде и да пие‘ “. Но тој го излажа.+ 19 Така тој се врати со него во неговата куќа за да јаде и да пие.+

20 Додека седеа на трпезата, Јеховината реч+ му дојде на пророкот кој го врати, 21 и тој му викна на Божјиот човек што дојде од Јуда: „Вака вели Јехова: ‚Затоа што се побуни+ против Јеховината наредба и не се држеше за заповедта што ти ја даде Јехова, твојот Бог,+ 22 туку се врати за да јадеш и да пиеш на местото за кое ти беше кажано: „Не јади и не пиј“, твоето мртво тело нема да биде погребано во гробот на твоите прататковци‘ “.+

23 А пророкот што го врати, откако јадеше и пиеше, му го оседла магарето, 24 и овој тргна. Но на патот го нападна лав+ и го усмрти.+ Неговото тело лежеше фрлено на патот. Магарето стоеше покрај него, а и лавот стоеше покрај мртвото тело. 25 И ете, луѓето што поминуваа таму ги видоа мртвото тело фрлено на патот и лавот како стои покрај телото. Отидоа оттаму, па раскажаа за тоа во градот каде што живееше стариот пророк.

26 Кога го чу тоа, пророкот што го беше вратил од патот рече: „Тоа е Божјиот човек што се побуни против Јеховината наредба.+ Јехова го дал на лав да го растргне и да го усмрти, според речта што му ја кажа Јехова“.+ 27 Потоа им рече на своите синови: „Оседлајте ми го магарето!“ И тие му го оседлаа.+ 28 Така тој отиде и ги најде неговото мртво тело фрлено на патот и магарето и лавот како стојат покрај телото. Лавот не го изел телото, ниту го растргнал магарето.+ 29 И пророкот го подигна телото на Божјиот човек, го стави на магарето и го врати назад. Потоа стариот пророк дојде во својот град за да го оплакува и да го погребе. 30 Го положи телото во својот гроб, а потоа го оплакуваа,+ велејќи: „Леле, брате мој!“ 31 Откако го погреба, на своите синови им рече: „Кога ќе умрам, погребете ме во гробот каде што е погребан Божјиот човек. Моите коски положете ги до неговите коски.+ 32 Зашто, сигурно ќе се исполни+ она што, според Јеховината реч, го објави против жртвеникот+ во Ветил и против сите светилишта, сите височинки,+ во градовите на Самарија“.+

33 Ни по овој настан Јеровоам не се врати од својот лош пат, туку продолжи да поставува луѓе од обичниот народ за свештеници+ на обредните височинки. Кого сакаше, него го овласти да служи како свештеник,*+ велејќи: „Биди и ти свештеник на обредните височинки!“ 34 Тоа го одведе во грев домот на Јеровоам+ и тоа беше причина да бидат сотрени и истребени од лицето на земјата.+

14 Во тоа време се разболе+ Авија, синот на Јеровоам. 2 И Јеровоам ѝ рече на својата жена: „Те молам, стани и преправи се,+ за да не те препознаат дека си жената на Јеровоам, па појди во Сило. Ете, таму е пророкот Ахија.+ Тој ми рече дека ќе станам цар над овој народ.+ 3 Понеси десет леба,+ колачиња и грне со мед, па појди кај него.+ Тој сигурно ќе ти каже што ќе биде со детето“.+

4 И жената на Јеровоам направи така. Стана, отиде во Сило+ и дојде во куќата на Ахија. А Ахија не можеше повеќе да гледа, зашто од старост го беше изгубил видот.+

5 Но Јехова му рече на Ахија: „Еве доаѓа жената на Јеровоам за да те праша за својот син, зашто е болен. Ти кажи ѝ вака и вака. А кога ќе дојде, ќе се преправа дека не е таа“.+

6 Штом ги слушна нејзините чекори кога влезе на вратата, Ахија рече: „Влези, жено на Јеровоам!+ Зошто се преправаш дека не си ти кога сум испратен да ти пренесам тешка порака? 7 Оди и речи му на Јеровоам: ‚Вака вели Јехова, Богот на Израел: „Те подигнав од твојот народ за да те поставам за водач на мојот народ Израел,+ 8 и го истргнав+ царството од Давидовиот дом и ти го дадов тебе. Но, ти не беше како мојот слуга Давид, кој ги држеше моите заповеди и ми беше оддаден* со сето свое срце, правејќи го само она што е право во мои очи,+ 9 туку почна да постапуваш полошо од сите свои претходници, па отиде и си направи друг бог+ и леани ликови+ за да ме навредуваш,+ а мене ми сврте грб.+ 10 Затоа, еве, ќе му нанесам неволја на домот на Јеровоам и ќе му сотрам на Јеровоам сѐ што е машко,*+ дури и најмалите и безвредните во Израел,+ и ќе го изметам домот на Јеровоам+ како што се чисти измет додека не се отстрани сосема.+ 11 Оној од домот на Јеровоам што ќе умре во градот, ќе го изедат кучињата,+ а оној што ќе умре во полето, ќе го изедат небесните птици,+ зашто така вели Јехова‘ “.

12 А ти стани и оди си дома! Штом ќе стапнеш со нозете во градот, детето ќе умре. 13 Целиот Израел ќе го оплакува+ и ќе го погребе, и единствено тој од домот на Јеровоам ќе биде положен во гроб, зашто само во него од домот на Јеровоам се најде нешто добро пред Јехова, Богот на Израел.+ 14 И Јехова ќе подигне за себе цар+ над Израел кој ќе го истреби во оној ден домот на Јеровоам. И зар не се случува тоа уште сега?+ 15 Јехова ќе го удри Израел, па ќе се заниша како трска во вода.+ Ќе го откорне+ Израел од оваа добра земја+ што им ја даде на нивните прататковци и ќе ги расее+ од онаа страна на Реката,+ затоа што си направија обредни диреци*+ и така го навредуваа+ Јехова. 16 И ќе го напушти Израел+ поради гревот што го направи Јеровоам, со кој го наведе Израел на грев“.+

17 Тогаш жената на Јеровоам стана и отиде во Терса.+ Штом стапна на куќниот праг, детето умре. 18 Го закопаа и целиот Израел го оплакуваше, според Јеховината реч што ја кажа преку пророкот Ахија, својот слуга.

19 А останатата историја на Јеровоам, како војуваше+ и како владееше, сето тоа е запишано во летописите+ на израелските цареви. 20 Јеровоам владееше дваесет и две години, а потоа почина кај своите прататковци.+ На негово место почна да владее неговиот син Надав.+

21 Ровоам,+ синот на Соломон, беше цар во Јуда. Ровоам имаше четириесет и една година кога почна да владее и владееше седумнаесет години во Ерусалим, градот+ што Јехова го избра меѓу сите Израелови племиња+ за да престојува таму неговото име.+ Мајка му се викаше Наама и беше Амонка.+ 22 А народот во Јуда го правеше она што е зло во Јеховини очи.+ Со гревовите што ги направија ја предизвикуваа неговата љубомора+ повеќе отколку сите нивни прататковци.+ 23 Зашто и тие си градеа обредни височинки,+ си правеа свети столбови+ и обредни диреци+ на секое високо ритче+ и под секое зелено дрво.+ 24 Имаше дури и машки храмски блудници во земјата.+ Ги правеа сите гадости што ги правеа народите кои Јехова ги истера од пред Израеловите синови.+

25 А во петтата година од царувањето на Ровоам, египетскиот цар Сисак+ дојде против Ерусалим. 26 Го зеде богатството од Јеховиниот дом и богатството од царскиот дворец,+ зеде сѐ.+ Ги зеде и сите златни штитови што ги направи Соломон.+ 27 Наместо нив, цар Ровоам направи бакарни штитови и им ги довери на заповедниците на телесната стража,*+ која стражареше на влезот во царскиот дворец, за да ги чува.+ 28 Секогаш кога царот одеше во Јеховиниот дом, неговите телесни стражари ги носеа, а потоа ги враќаа во стражарницата на телесната стража.+

29 Останатата историја на Ровоам и сѐ што правеше, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 30 А за сето тоа време се водеше војна меѓу Ровоам и Јеровоам.+ 31 На крајот Ровоам почина кај своите прататковци и беше погребан кај своите прататковци во Давидовиот град.+ Мајка му се викаше Наама и беше Амонка.+ Наместо него почна да владее неговиот син Авијам.+

15 Во осумнаесеттата година од царувањето на Јеровоам,+ синот на Нават,+ Авијам стана цар на Јуда.+ 2 Три години владееше во Ерусалим. Мајка му се викаше Мааха+ и беше внука на Авесалом.+ 3 Тој ги правеше сите гревови* што ги правеше и неговиот татко пред него, и неговото срце не му беше потполно оддадено+ на Јехова, неговиот Бог, како што беше срцето на Давид, неговиот прататко.+ 4 Но заради Давид,+ Јехова, неговиот Бог, му даде светилка+ во Ерусалим, така што го подигна неговиот син по него и го зачува Ерусалим,+ 5 зашто Давид го правеше она што е исправно во Јеховини очи и цел живот не отстапи од ништо што му заповеда тој,+ освен она што се случи со Урија Хетеецот.+ 6 А меѓу Ровоам и Јеровоам се водеше војна сѐ додека беше жив Ровоам.+

7 Останатата историја на Авијам и сѐ што направи, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? А се водеше војна и меѓу Авијам и Јеровоам.+ 8 На крајот, Авијам почина кај своите прататковци, и го погребаа во Давидовиот град,+ а наместо него почна да владее неговиот син Аса.+

9 Во дваесеттата година од царувањето на Јеровоам над Израел, Аса стана цар на Јуда. 10 И владееше во Ерусалим четириесет и една година. Неговата баба се викаше Мааха+ и му беше внука на Авесалом.+ 11 Аса го правеше она што е исправно во Јеховини очи, како Давид, својот прататко.+ 12 Тој ги протера од земјата машките храмски блудници+ и ги отстрани сите одвратни идоли*+ што ги беа направиле неговите прататковци.+ 13 И својата баба Мааха+ ја тргна од положбата на царица-мајка,+ зашто беше направила одвратен идол за да се обожава обредниот дирек.* Аса го исече нејзиниот одвратен идол+ и го запали+ во долината на Кедрон.+ 14 Но не ги отстрани+ обредните височинки.+ Сепак, срцето на Аса му беше потполно оддадено на Јехова сѐ додека беше жив.+ 15 Тој ги внесе во Јеховиниот дом работите што ги беше посветил татко му и работите што самиот ги посвети: сребро, злато и садови.+

16 Меѓу Аса и Васа,+ израелскиот цар, се водеше војна додека беа живи. 17 Васа, царот на Израел, дојде против Јуда и почна да ја утврдува Рама+ за да не може никој да излегува откај Аса, царот на Јуда, ниту да доаѓа кај него.+ 18 Тогаш цар Аса го зеде сето сребро и злато што остана во ризницата на Јеховиниот дом и во ризницата на царскиот дворец и им го даде на своите слуги, па ги испрати кај сирискиот цар+ Вен-Адад,+ синот на Таверем, син на Хезион, кој живееше во Дамаск,+ и му порача: 19 „Постои сојуз меѓу мене и тебе, меѓу мојот татко и твојот татко. Еве, ти праќам дар+ од сребро и злато. Ајде раскини го својот сојуз со Васа, израелскиот цар, за да си отиде откај мене!“+ 20 И Вен-Адад го послуша цар Аса и ги испрати заповедниците на своите војски против израелските градови, па ги нападна Ијон,+ Дан,+ Авел-Вет-Маха+ и целиот Кинерет и целата земја на Нефталим.+ 21 Кога го дозна тоа, Васа веднаш престана да ја утврдува Рама+ и се врати во Терса.+ 22 А цар Аса го собра сиот народ на Јуда,+ сите без исклучок. И ги однесоа камењата и дрвената граѓа, со кои Васа ја утврдуваше Рама. Со нив цар Аса почна да ги утврдува Гева+ Венијаминова и Миспа.+

23 Останатата историја на Аса, сите негови потфати, сѐ што направи и градовите што ги изгради, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? А на стари години+ боледуваше од нозете.+ 24 На крајот, Аса почина кај своите прататковци+ и беше погребан кај своите прататковци во градот на Давид, својот прататко,+ а наместо него почна да владее Јосафат,+ неговиот син.

25 Надав,+ синот на Јеровоам, стана цар на Израел во втората година од царувањето на Аса над Јуда и владееше над Израел две години. 26 Го правеше она што е зло+ во Јеховини очи и одеше по патот на својот татко,+ правејќи ги неговите гревови со кои го наведе на грев Израел.+ 27 А Васа,+ синот на Ахија од домот на Исахар, почна да кове заговор против него, и Васа го уби кај Гиветон,+ кој им припаѓаше на Филистејците, додека Надав и целиот Израел го опсадуваа Гиветон. 28 Васа го уби во третата година од царувањето на Аса над Јуда, па почна да владее наместо него.+ 29 И штом стана цар, ги уби сите од домот на Јеровоам. Не остави ништо што дишеше од домот на Јеровоам додека не ги истреби сите, според речта што Јехова ја кажа преку својот слуга Ахија од Сило,+ 30 поради гревовите што ги направи Јеровоам,+ а со кои го наведе на грев Израел, и поради неговите навреди со кои го предизвикуваше Јехова, Богот на Израел.+ 31 Останатата историја на Надав и сѐ што правеше тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви? 32 Аса и Васа, царот на Израел, водеа војна додека беа живи.+

33 Во третата година од царувањето на Аса над Јуда, Васа, синот на Ахија, стана цар на целиот Израел во Терса, и владееше дваесет и четири години.+ 34 Го правеше она што е зло во Јеховини очи+ и одеше по патот на Јеровоам+ и ги правеше неговите гревови со кои го наведе Израел на грев.+

16 Тогаш на Јуј,+ синот на Ананиј,+ му дојде Јеховината реч против Васа: 2 „Поради тоа што те подигнав од правот+ за да те поставам за водач на мојот народ Израел,+ а ти тргна по патот на Јеровоам+ и го наведе мојот народ Израел да греши, навредувајќи ме со своите гревови,+ 3 еве, јас ќе ги изметам Васа и неговиот дом, и со неговиот дом ќе го направам истото што го направив со домот на Јеровоам, синот на Нават.+ 4 Оној од домот на Васа што ќе умре во градот, ќе го изедат кучињата, а оној од неговиот дом што ќе умре во полето, ќе го изедат небесните птици“.+

5 Останатата историја на Васа, сите негови дела и потфати, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви? 6 На крајот, Васа почина кај своите прататковци и беше погребан во Терса,+ а наместо него почна да владее неговиот син Ила. 7 Јеховината реч дојде преку пророкот Јуј, синот на Ананиј, против Васа и против неговиот дом+ поради сето зло што го направи пред Јехова, навредувајќи го+ со делата на своите раце,+ и така стана ист како домот на Јеровоам, а и поради тоа што го уби Надав.+

8 Во дваесет и шестата година од царувањето на Аса над Јуда, Ила, синот на Васа, стана цар на Израел во Терса и владееше две години. 9 А Зимриј,+ неговиот слуга, кој заповедаше со половината бојни коли, почна да кове заговор против него. Додека Ила беше во Терса и се опиваше+ во куќата на Арса, управител на неговиот дворец+ во Терса, 10 дојде Зимриј, го нападна и го уби+ во дваесет и седмата година од царувањето на Аса над Јуда, па почна да владее наместо него. 11 Штом почна да владее и штом седна на престолот, ги уби сите од домот на Васа. Не му остави ниту едно машко*+ — ни неговиот одмаздник за крв+ ни неговиот пријател. 12 Така Зимриј го истреби целиот дом на Васа,+ според речта што ја кажа Јехова+ против Васа преку пророкот Јуј,+ 13 поради сите гревови на Васа и поради гревовите на Ила,+ неговиот син, кои ги направија и со кои го наведоа на грев Израел, навредувајќи го Јехова, Богот на Израел, со своите ништожни идоли.+ 14 Останатата историја на Ила и сѐ што правеше тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви?

15 Во дваесет и седмата година од царувањето на Аса над Јуда, Зимриј стана цар и владееше седум дена+ во Терса, додека народот го опсадуваше Гиветон,+ кој им припаѓаше на Филистејците. 16 Кога народот ја чу веста дека Зимриј сковал заговор и го убил царот, истиот тој ден во логорот целиот Израел го постави Амри,+ заповедникот на војската, за цар на Израел. 17 Тогаш Амри и сите Израелци заминаа со него од Гиветон и почнаа да ја опсадуваат+ Терса. 18 Кога виде дека градот е освоен, Зимриј дојде во тврдината на царскиот дворец и го запали над себе царскиот дворец. Така загина+ 19 поради гревовите што ги направи, правејќи го она што е зло во Јеховини очи+ и одејќи по патот на Јеровоам и правејќи гревови какви што правеше и тој, со кои го наведуваше Израел на грев.+ 20 Останатата историја на Зимриј и заговорот што го скова, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви?

21 Тогаш израелскиот народ се раздели на две страни.+ Едниот дел од народот застана на страната на Тивниј, синот на Гинат, за да го постави за цар, а другиот дел застана на страната на Амри. 22 На крајот, народот што застана на страната на Амри ги надви оние што застанаа на страната на Тивниј, синот на Гинат. Тивниј умре, а Амри почна да владее.

23 Во триесет и првата година од царувањето на Аса над Јуда, Амри стана цар на Израел и владееше дванаесет години. Шест години владееше во Терса. 24 Потоа, ја купи од Семир самариската планина за два таланти* сребро и почна да гради град на планината, па градот што го изгради го нарече Самарија,*+ според името на Семир, господарот на таа планина. 25 Амри го правеше она што беше зло во Јеховини очи и беше полош од сите свои претходници.+ 26 Во сѐ одеше по патиштата на Јеровоам, синот на Нават,+ и ги правеше неговите гревови со кои го наведе на грев Израел, навредувајќи го Јехова, Богот на Израел, со своите ништожни идоли.+ 27 Останатата историја на Амри, сите негови дела и потфати, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви? 28 На крајот, Амри почина кај своите прататковци и беше погребан во Самарија, а на негово место почна да владее неговиот син Ахав.+

29 Ахав, синот на Амри, стана цар на Израел во триесет и осмата година од царувањето на Аса над Јуда, и Ахав, синот на Амри, владееше дваесет и две години над Израел во Самарија.+ 30 Ахав, синот на Амри, правеше уште поголеми зла во Јеховини очи отколку сите негови претходници.+ 31 И како да му беше малку+ тоа што ги правеше истите гревови* како Јеровоам,+ синот на Нават, па уште ја зеде за жена+ Језавела,+ ќерката на Етвал, сидонскиот+ цар, и почна да му служи на Ваал+ и да му се клања. 32 Стана и му подигна жртвеник на Ваал во храмот+ на Ваал, кој го изгради во Самарија. 33 Ахав направи и обреден дирек.*+ И Ахав го навредуваше+ Јехова, Богот на Израел, повеќе отколку сите израелски цареви што беа пред него.

34 Во негово време, Хил од Ветил го изгради Ерихон. По цена на својот првороден син Авирон му го положи темелот, а по цена на својот најмлад син Сегув му ги постави вратите, според речта што ја кажа Јехова преку Исус, синот на Навин.+

17 Илија+ Тесвитецот, еден од жителите на Галад,+ му рече на Ахав: „Како што е жив Јехова,+ Богот на Израел, пред кого стојам,+ во овие години ќе нема ниту роса ниту дожд,+ освен по моја наредба“.+

2 Потоа му дојде Јеховината реч:+ 3 „Замини оттука и тргни кон исток, па скриј+ се кај потокот* Херит, кој се наоѓа источно од Јордан. 4 Од тој поток ќе пиеш,+ а на гавраните+ ќе им заповедам да ти носат храна таму“.+ 5 Тој отиде и постапи според Јеховината реч.+ Отиде и се насели кај потокот Херит, кој е источно од Јордан. 6 Гавраните му донесуваа леб и месо наутро и, исто така, му донесуваа леб и месо навечер, а вода пиеше од потокот.+ 7 Но по некое време, потокот пресуши,+ зашто немаше дожд во земјата.

8 Тогаш му дојде Јеховината реч:+ 9 „Стани и појди во Сарепта,+ која му припаѓа на Сидон, па остани таму. Еве, ѝ заповедав на една тамошна вдовица да те храни“. 10 Тој стана и отиде во Сарепта. Кога дојде на градската порта, таму здогледа една жена, вдовица, која собираше дрва. Ѝ се обрати и ѝ рече: „Те молам, донеси ми малку вода во садот да пијам!“+ 11 Кога тргна да го донесе, тој викна по неа и ѝ рече: „Те молам, донеси ми и малку леб!“+ 12 А таа му одговори: „Како што е жив Јехова,+ твојот Бог, немам леб,+ туку само грст+ брашно во ќупот и малку масло во грнето.+ И еве, собирам малку дрва, па ќе отидам и ќе зготвам нешто за себе и за син ми за да го изедеме тоа, па да умреме“.+

13 Тогаш Илија ѝ рече: „Не плаши се.+ Влези и направи го она што го рече. Само најнапред направи од тоа мала погачка за мене+ и донеси ми ја, а потоа можеш да зготвиш нешто за себе и за син ти. 14 Зашто, вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Брашното во ќупот нема да се потроши и маслото во грнето не ќе го снема сѐ до денот кога Јехова ќе пушти дожд на земјата‘ “.+ 15 Таа отиде и направи така како што ѝ рече Илија, и многу денови имаа што да јадат таа, тој и нејзиниот дом.+ 16 Брашното во ќупот не се потроши и маслото во грнето не го снема,+ според речта што ја кажа Јехова преку Илија.

17 А потоа се разболе синот на таа жена, кај која живееше, и неговата болест стануваше сѐ потешка, така што на крајот издивна.+ 18 Тогаш жената му рече на Илија: „Зошто ми го направи тоа,+ Божји човеку? Дојде кај мене за да ме потсетиш на мојот грев+ и да ми го усмртиш синот“. 19 Но тој ѝ одговори: „Дај ми го син ти!“ Па го зеде од нејзината прегратка и го однесе во горната соба,+ каде што живееше, и го положи на својата постела.+ 20 Тогаш почна да го повикува Јехова: „Јехова, Боже мој,+ зар навистина ќе ѝ нанесеш зло и на оваа вдовица, кај која живеам, и ќе ѝ го усмртиш синот?“ 21 И откако се спружи трипати над момчето,+ извика кон Јехова: „Јехова, Боже мој, те молам нека се врати животот* во ова дете!“+ 22 И Јехова го услиши гласот на Илија,+ па животот на момчето се врати во него, и тоа оживеа.+ 23 Тогаш Илија го зеде момчето, го донесе од горната соба во куќата и ѝ го даде на мајка му, велејќи: „Еве, син ти е жив!“+ 24 А жената му одговори на Илија: „Сега знам навистина дека си Божји човек+ и дека е вистинита Јеховината реч во твојата уста“.+

18 По многу време,+ односно во третата година, Јеховината реч му дојде на Илија: „Отиди и покажи му се на Ахав, зашто решив да пуштам дожд на земјата“.+ 2 Илија отиде да му се покаже на Ахав, а во Самарија владееше голем глад.+

3 Ахав го повика Авдија, кој беше управител на неговиот дворец.+ (А Авдија се боеше+ многу од Јехова. 4 Кога Језавела+ ги убиваше Јеховините пророци,+ Авдија зеде сто пророци и ги скри, по педесет во една пештера, па им носеше леб и вода.) + 5 Ахав му рече на Авдија: „Обиколи ги сите водни извори и сите потоци во земјата. Можеби ќе пронајдеме малку зелена трева+ за да ги зачуваме живи коњите и маските и за да не ни пцовисува повеќе стоката“.+ 6 Така ја поделија меѓу себе земјата што требаше да ја обиколат. Ахав отиде сам по еден пат, а Авдија отиде по друг пат, исто така сам.+

7 Додека Авдија беше на пат, гледај, во пресрет му дојде Илија.+ Штом го препозна, падна ничкум+ и рече: „Дали си тоа ти, господару мој+ Илија?“ 8 А тој му одговори: „Јас сум! Оди и речи му на својот господар:+ ‚Еве го Илија!‘ “ 9 Но тој му рече: „Каков грев+ направив за да го предадеш својот слуга во рацете на Ахав за да ме погуби? 10 Како што е жив Јехова,+ твојот Бог, нема ниту народ ниту царство во кое мојот господар не испрати некого да те бара. Кога му рекоа: ‚Не е овде‘, од тоа царство и од тој народ бараше да се заколнат дека не те нашле.+ 11 А ти сега велиш: ‚Оди и кажи му на својот господар: „Еве го Илија!“ ‘ 12 Кога ќе си отидам откај тебе, којзнае каде ќе те однесе Јеховиниот дух,+ па кога ќе дојдам кај Ахав и ќе му јавам, ако не те најде, ќе ме убие.+ А твојот слуга се бои од Јехова уште од младоста.+ 13 Зар не чу мојот господар што сторив јас кога Језавела ги убиваше Јеховините пророци, како скрив сто Јеховини пророци, по педесет во една пештера,+ и им носев леб и вода?+ 14 А ти сега велиш: ‚Оди и речи му на својот господар: „Еве го Илија!“ ‘ Тој ќе ме убие!“+ 15 Но Илија рече: „Како што е жив+ Јехова над војските+ пред кого стојам, денес ќе му се покажам“.

16 Тогаш Авдија тргна да го пресретне Ахав, и му ја јави веста, а Ахав тргна да се сретне со Илија.

17 И штом го здогледа Илија, Ахав му рече: „Ти ли си тој што му носи неволја на Израел?“+

18 А тој одговори: „Не му носам неволја+ на Израел јас, туку ти и домот на татко ти,+ зашто ги оставивте Јеховините заповеди+ и тргнавте по Вааловците.+ 19 Туку сега, заповедај да се собере целиот Израел кај мене на планината Кармил+ заедно со оние четиристотини и педесет Ваалови пророци+ и со оние четиристотини пророци кои го почитуваат обредниот дирек*+ и јадат на трпезата на Језавела“.+ 20 Ахав ги повика сите Израелови синови и ги собра пророците+ на планината Кармил.

21 Тогаш Илија му пристапи на целиот народ и рече: „До кога ќе кривите на двете страни?+ Ако е Јехова вистинскиот Бог, одете по него,+ а ако е Ваал, одете по него“. Но народот не му одговори ни збор. 22 А Илија му рече на народот: „Единствено уште јас останав како Јеховин пророк,+ а пророците на Ваал се четиристотини и педесет. 23 Нека ни дадат сега два јунца, па тие нека си изберат еден јунец, нека го исечат на парчиња и нека го стават на дрва, но нека не потпалуваат оган. А јас ќе го приготвам другиот јунец и ќе го ставам на дрва, но нема да потпалувам оган. 24 Тогаш вие повикајте го името на својот бог,+ а јас ќе го повикам името на Јехова. Богот што ќе одговори со оган+ е вистинскиот Бог“.+ Тогаш целиот народ одговори: „Добро кажа!“

25 Потоа Илија им рече на пророците на Ваал: „Изберете си еден јунец и први пригответе го, бидејќи вас ве има многу повеќе. И повикајте го името на својот бог, но не потпалувајте оган“. 26 И го зедоа јунецот што им го даде, го приготвија и го повикуваа името на Ваал од утро до пладне, велејќи: „Ваале, услиши нѐ!“ Но немаше ни глас+ ни одговор.+ А тие куцајќи играа околу жртвеникот што го направија. 27 Напладне Илија почна да им се подбива:+ „Викајте колку што ве држи гласот, зашто тој е бог!+ Можеби се замислил или му се приодило по нужда,+ па отишол да ја изврши!+ Или можеби спие, па треба да се разбуди!“+ 28 Тие почнаа да викаат колку што ги држеше гласот и да се сечат+ со ножеви и со копја, според својот обичај, сѐ додека не ги облеа крв. 29 Помина пладнето, а тие и понатаму се однесуваа збудалено, небаре паднале во пророчки занес,+ сѐ додека не дојде времето да се принесе житната жртва, но немаше ниту глас, ниту одговор, ниту, пак, знак дека некој ги слуша.+

30 Најпосле Илија му рече на целиот народ: „Приближете се до мене!“ И целиот народ му се приближи, а тој почна да го поправа Јеховиниот жртвеник, кој беше урнат.+ 31 И Илија зеде дванаесет камења, според бројот на племињата на синовите на Јаков, кому му дојде Јеховината реч:+ „Твоето име ќе биде Израел!“+ 32 И од тие камења изгради жртвеник+ во името на Јехова,+ а околу жртвеникот направи окоп кој опфаќаше подрачје што би можело да се засее со две сеи* семе. 33 Потоа ги нареди дрвата,+ го исече јунецот на парчиња и го стави на дрвата. Тогаш рече: „Наполнете четири ќупа со вода и излејте ја врз жртвата паленица и врз дрвата!“ 34 Потоа рече: „Направете го тоа уште еднаш!“ И го направија тоа уште еднаш. А тој рече: „Направете го тоа и по трет пат!“ 35 И водата потече насекаде околу жртвеникот, а и окопот се наполни со вода.

36 Кога дојде време+ да се принесе житната жртва, пророкот Илија пристапи и рече: „Јехова, Боже на Авраам,+ на Исак+ и на Израел,+ нека се објави денес дека ти си Бог во Израел+ и дека јас сум твој слуга и дека сето ова го направив според твојата реч!+ 37 Услиши ме, Јехова, услиши ме за да знае овој народ дека ти, Јехова,+ си вистинскиот Бог и дека ти го обраќаш нивното срце!“+

38 Тогаш слезе оган+ од Јехова и ги голтна жртвата паленица,+ дрвата, камењата и правот, и ја испи водата во окопот.+ 39 Кога го виде тоа, целиот народ падна ничкум+ и рече: „Јехова е вистинскиот Бог! Јехова е вистинскиот Бог!“ 40 А Илија им рече: „Фатете ги пророците на Ваал! Да не ви побегне ниту еден!“ И ги фатија, а Илија ги одведе во долината на Кисон+ и таму ги погуби.+

41 Потоа Илија му рече на Ахав: „Оди горе, јади и пиј,+ зашто се слуша шум што најавува пороен дожд“.+ 42 И Ахав отиде горе да јаде и да пие. А Илија се качи на врвот од Кармил, клекна на земја+ и си го стави лицето меѓу колената.+ 43 Потоа, на својот слуга му рече: „Те молам, оди горе и погледни кон морето“. И тој отиде горе и погледна, па рече: „Ништо не се гледа“. А тој одговори: „Оди пак!“ — и така седум пати.+ 44 На седмиот пат јави: „Ене, облак мал колку човечка дланка се крева од морето!“+ Тогаш Илија рече: „Оди и кажи му на Ахав: ‚Впрегни ги коњите+ и оди долу за да не те фати дождот‘ “. 45 Тогаш небото се замрачи од облаците и од ветрот,+ и падна силен пороен дожд.+ А Ахав се качи на колата и отиде во Језраел.+ 46 Јеховината рака беше над Илија+ и тој си ги подврза скутовите на облеката+ и трчаше пред Ахав дури до Језраел.+

19 Ахав+ ѝ раскажа на Језавела+ сѐ што направи Илија и како ги погуби со меч сите пророци.+ 2 Тогаш Језавела испрати гласник кај Илија и му порача: „Боговите нека ми направат така,+ и кон тоа уште нека ми додадат,+ ако утре во ова време не го направам со твојата душа истото што ти си го направил со душата на секој од нив!“ 3 И тој се исплаши, па стана и побегна за да си ја спаси душата.+ Кога дојде во Вирсавеја,+ која е во Јуда,+ го остави таму својот слуга, 4 а самиот отиде на ден одење во пустината и, откако дојде таму, седна под едно дрво.+ Тогаш почна да се моли да умре:* „Доста ми е! Јехова, земи ја сега мојата душа,+ зашто не сум подобар од своите прататковци“.

5 Потоа легна и заспа под тоа дрво.+ Но, гледај, ангел+ го допре+ и му рече: „Стани и јади“. 6 Тој погледна, и ете, до главата имаше погача+ врз вжарени камења и стомна со вода. Така јадеше и пиеше, па пак легна. 7 А Јеховиниот ангел+ дојде по вторпат, го допре и рече: „Стани и јади, зашто патот е претежок за тебе“.+ 8 Така стана, јадеше и пиеше, па, закрепнат од таа храна, одеше четириесет дена+ и четириесет ноќи дури до планината на вистинскиот Бог, до Хорив.+

9 Таму влезе во една пештера+ за да преноќева во неа. И гледај, му дојде Јеховината реч: „Што правиш овде, Илија?“+ 10 А тој одговори: „Ревнував+ за* Јехова, Богот над војските, зашто Израеловите синови го оставија твојот сојуз,+ ги разурнаа твоите жртвеници+ и со меч ги убија твоите пророци.+ Останав само јас,+ а сега сакаат и мене да ми ја земат душата“.+ 11 Но гласот му рече: „Излези и застани на планината пред Јехова“.+ И гледај, Јехова поминуваше,+ а голем и силен ветар расцепуваше планини и кршеше карпи пред Јехова.+ Но Јехова не беше во ветрот. По ветрот дојде земјотрес.+ Но Јехова не беше во земјотресот. 12 По земјотресот дојде оган.+ Но Јехова не беше во огнот. А по огнот дојде глас, тивок и благ.+ 13 Кога го чу, Илија си го покри лицето со наметката,+ па излезе и застана на влезот од пештерата. И гледај, гласот што му дојде му рече: „Што правиш овде, Илија?“+ 14 А тој одговори: „Ревнував за* Јехова, Богот над војските, зашто Израеловите синови го оставија твојот сојуз,+ ги разурнаа твоите жртвеници, а твоите пророци ги убија со меч. Останав само јас, а сега сакаат да ја земат и мојата душа“.+

15 Тогаш Јехова му рече: „Оди, врати се по својот пат во дамаската+ пустина и, кога ќе дојдеш таму, помажи+ го Азаил+ за цар на Сирија. 16 Јуј,+ внукот на Нимси,+ помажи го за цар на Израел, а Елисеј,+ синот на Сафат од Авел-Мехол,+ помажи го да биде пророк наместо тебе.+ 17 Оној што ќе побегне од мечот на Азаил,+ него ќе го погуби Јуј,+ а оној што ќе побегне од мечот на Јуј, него ќе го погуби Елисеј.+ 18 Во Израел оставив седум илјади луѓе,+ сите кои не ги свиткаа колената пред Ваал+ и не го бакнаа со својата уста“.+

19 И откако отиде оттаму, го најде Елисеј, синот на Сафат, како ора.+ Пред себе имаше дванаесет јареми, а самиот беше кај дванаесеттиот. Илија му пристапи и ја фрли врз него својата пророчка наметка.+ 20 А тој ги остави биковите и потрча по Илија, велејќи: „Те молам, дозволи ми да ги бакнам татко ми и мајка ми,+ па тогаш ќе тргнам по тебе“. А тој му одговори: „Оди, врати се, зар те спречувам?“ 21 Тој се врати откај него, па зеде еден јарем бикови и ги жртвуваше,+ а на дрвата од плуговите и од јаремите,+ во кои беа впрегнати биковите, го свари нивното месо и му го даде на народот да јаде. Потоа стана и отиде по Илија, па му стана слуга.+

20 Вен-Адад,+ сирискиот цар, ја собра сета своја војска, а со него беа и триесет и два цара+ со коњи+ и коли,+ па отиде да ја опсадува+ Самарија+ и да се бори против неа. 2 Испрати гласници+ во градот на израелскиот цар Ахав и му порача: „Вака вели Вен-Адад: 3 ‚Твоето сребро и твоето злато се мои, а и твоите најубави жени и твоите најубави синови се мои‘ “.+ 4 А израелскиот цар одговори: „Како што рече, господару мој, царе, твој сум јас и сѐ што е мое“.+

5 Но гласниците повторно дојдоа и рекоа: „Вака вели Вен-Адад: ‚Ги испратив гласниците кај тебе и ти порачав: „Своето сребро, своето злато, своите жени и своите синови ќе ми ги дадеш мене“. 6 Но јас сепак ќе ги испратам кај тебе своите слуги утре во ова време за да ги пребараат добро твојот дворец и куќите на твоите слуги. И сето она што е драгоцено+ во твои очи тие ќе го земат и ќе го однесат‘ “.

7 Тогаш израелскиот цар ги свика сите старешини во земјата+ и им рече: „Ве молам, погледнете и видете како овој си бара неволја,+ зашто испрати кај мене по моите жени, по моите синови, по моето сребро и по моето злато, и не одбив да му ги дадам“. 8 А сите старешини и целиот народ му рекоа: „Немој да послушаш и немој да се согласиш!“ 9 Затоа им рече на гласниците на Вен-Адад: „Вака речете му на мојот господар царот: ‚Сѐ што му порача на својот слуга првиот пат ќе го направам, но ова не можам да го сторам‘ “. Тогаш гласниците отидоа и му го однесоа одговорот.

10 Тогаш Вен-Адад испрати кај него гласници и му порача: „Боговите+ нека ми направат така, и уште нека ми додадат,+ ако има доволно прав од Самарија за да добијат по еден грст сите луѓе што се со мене!“+ 11 А израелскиот цар му одговори: „Вака кажете му: ‚Нека не се фали оној што уште се опашува+ како оној што веќе се распашува!‘ “+ 12 Кога го чу тој одговор, а токму тогаш пиеше+ со царевите во шаторите, им нареди на своите слуги: „Подгответе се за напад!“ И почнаа да се подготвуваат за да го нападнат градот.

13 И гледај, еден пророк му пристапи на Ахав, израелскиот цар,+ и рече: „Вака вели Јехова:+ ‚Го виде ли целото ова големо мноштво? Еве, ќе го предадам денес во твои раце и така ќе знаеш дека јас сум Јехова‘ “.+ 14  Тогаш Ахав праша: „Преку кого?“ А овој одговори: „Вака вели Јехова: ‚Преку младичите што се во служба на покраинските кнезови‘ “. На крајот уште праша: „Кој ќе ја започне битката?“ А тој одговори: „Ти!“

15 Тогаш ги преброи младичите што беа во служба на покраинските кнезови, и тие беа двесте триесет и двајца.+ Потоа го преброи целиот народ, сите Израелови синови, и ги имаше седум илјади. 16 Излегоа напладне додека Вен-Адад се опиваше+ во шаторите со триесет и двајцата цареви што му дојдоа на помош. 17 Први излегоа младичите+ што беа во служба на покраинските кнезови. Вен-Адад ги испрати своите луѓе, а тие му јавија: „Излегоа луѓе од Самарија“. 18 Тогаш рече: „Ако излегле заради мир, фатете ги живи, а ако излегле заради битка, пак фатете ги живи!“+ 19 А од градот излегоа младичите што беа во служба на покраинските кнезови и војската што одеше по нив. 20 И секој го нападна својот противник, така што Сиријците+ почнаа да бегаат,+ а Израел тргна во потера по нив. Но Вен-Адад, сирискиот цар, успеа да побегне на коњ со коњаниците. 21 Тогаш излезе и израелскиот цар, па удри на коњите и на колите+ и им нанесе тежок пораз на Сиријците.

22 Потоа дојде пророкот+ кај израелскиот цар и му рече: „Оди, зајакни ги своите сили,+ промисли, па види што ќе направиш,+ зашто сирискиот цар ќе дојде против тебе во почетокот на годината“.*+

23 А слугите на сирискиот цар му рекоа на својот цар: „Нивниот Бог е Бог на планините.+ Затоа беа посилни од нас. Но, ако се бориме против нив во низина, ќе видиш дека ќе бидеме посилни. 24 Значи, стори го следново: тргни ги царевите+ од нивните места и постави управители наместо нив.+ 25 А ти собери си војска еднаква на онаа што ја изгуби, земи коњ за коњ и кола за кола. Да се бориме со нив во низина, па ќе видиш дека ќе бидеме посилни“.+ И тој го послуша нивниот глас и направи така.

26 И така, во почетокот на годината, Вен-Адад ги собра Сиријците+ и тргна во Афек+ во битка против Израел. 27 Израеловите синови се собраа, се снабдија со сѐ што им беше потребно+ и тргнаа да ги пресретнат. Израеловите синови се улогорија пред нив како две мали стада кози, а Сиријците ја прекрија земјата.+ 28 Тогаш, Божјиот човек+ дојде кај израелскиот цар и му рече: „Вака вели Јехова: ‚Затоа што Сиријците велат: „Јехова е Бог на планините, а не Бог на низините“, целото ова големо мноштво ќе ти го предадам тебе в раце,+ и така ќе знаете дека јас сум Јехова‘ “.+

29 Седум дена беа улогорени, едни спроти други.+ А на седмиот ден почна битката, и Израеловите синови ги поразија Сиријците, сто илјади пешаци во еден ден. 30 Оние што преостанаа побегнаа во Афек,+ во самиот град, но се урнаа ѕидиштата врз дваесет и седумте илјади луѓе што преостанаа.+ Вен-Адад побегна+ во градот и се скри во најприкриената соба.+

31 Неговите слуги му рекоа: „Еве, чувме дека царевите од домот на Израел се милостиви*+ цареви. Затоа, те молиме, дозволи ни да ставиме козина+ околу бедрата+ и јажиња околу главите, па да излеземе пред израелскиот цар. Можеби ќе ја зачува жива твојата душа“.+ 32 И така, опашаа козина околу бедрата и си врзаа јажиња околу главата, па дојдоа пред израелскиот цар и рекоа: „Твојот слуга Вен-Адад рече: ‚Те молам, остави ја жива мојата душа!‘ “ А тој праша: „Дали е уште жив? Тој ми е брат“. 33 Тие+ го сфатија ова како добар знак и дека навистина го мисли тоа, па рекоа: „Вен-Адад ти е брат“. А тој рече: „Одете и доведете го!“ Тогаш Вен-Адад дојде кај него и тој го зеде во колата.+

34 А Вен-Адад му рече: „Ќе ти ги вратам градовите+ што татко ми му ги зеде на татко ти, а ти избери си улици во Дамаск како што татко ми си избра во Самарија“.

Тогаш Ахав одврати: „Да склучиме сојуз+ под тие услови, и ќе те пуштам да си одиш“.

Така склучи сојуз со него и го пушти да си оди.

35 Еден од пророчките синови*+ му рече на својот другар според Јеховината реч:+ „Те молам, удри ме!“ Но овој не сакаше да го удри. 36 А тој му рече: „Затоа што не го послуша Јеховиниот глас, еве, кога ќе си отидеш откај мене, ќе те убие лав“. И кога овој си отиде откај него, го нападна лав+ и го уби.+

37 Потоа најде друг човек и му рече: „Те молам, удри ме!“ И овој го изнатепа и му направи рани.

38 Тогаш пророкот отиде и застана крај патот за да го дочека царот, а преку очите стави превез за да не го препознаат.+ 39 Кога царот поминуваше оттаму, тој му викна на царот:+ „Твојот слуга отиде во најжестоката битка, и гледај, еден човек истапи од бојните редови и ми доведе некој човек, велејќи: ‚Чувај го човеков! Ако го снема, твојата душа+ ќе биде наместо неговата душа,+ или ќе измериш еден талант* сребро‘.+ 40 И додека твојот слуга беше зафатен овде-онде, него го снема“. Тогаш израелскиот цар му рече: „Тоа ти е пресудата. Самиот си ја донел!“+ 41 Тогаш овој брзо го симна превезот од очите, и израелскиот цар препозна дека тој е еден од пророците.+ 42 Тој му рече на царот: „Вака вели Јехова: ‚Поради тоа што го пушти од рака човекот што го одредив за погубување,*+ твојата душа ќе биде наместо неговата душа+ и твојот народ наместо неговиот народ!‘ “+ 43 Така израелскиот цар се упати кон својата куќа онерасположен и потиштен,+ и дојде во Самарија.+

21 Потоа се случи следново: Језраелецот Навутеј имаше лозје во Језраел,+ покрај палатата на Ахав, самарискиот цар. 2 И Ахав му рече на Навутеј: „Дај+ ми го своето лозје+ да ми служи како бавча,+ зашто е близу до мојата куќа, а јас ќе ти дадам за него подобро лозје. Или, ако сакаш така повеќе, ќе ти го платам со пари“. 3 Но Навутеј му одговори на Ахав: „Не можам да ти го дадам наследството на моите прататковци,+ зашто знам дека тоа би било неисправно во Јеховини очи“.+ 4 Така Ахав се врати дома онерасположен и потиштен поради одговорот што му го даде Језраелецот Навутеј, велејќи му: „Нема да ти го дадам наследството на своите прататковци“. Легна на својата постела, го сврти лицето+ и ништо не сакаше да јаде.

5 А Језавела,+ неговата жена, дојде кај него и го праша: „Зошто си тажен*+ и нејќеш да јадеш?“ 6 Тој ѝ одговори: „Затоа што разговарав со Језраелецот Навутеј и му реков: ‚Дај ми го своето лозје за пари. Или, ако сакаш така повеќе, ќе ти дадам за него друго лозје‘. А тој рече: ‚Не ти го давам лозјето‘ “.+ 7 Тогаш Језавела, неговата жена, му рече: „Зарем не си ти царот на Израел?+ Стани, јади и нека биде весело твоето срце! Јас ќе ти го дадам лозјето на Језраелецот Навутеј“.+ 8 Потоа напиша писма+ во името на Ахав и ги запечати со неговиот печат.+ Писмата ги испрати до старешините+ и до достоинствениците што живееја во истиот град со Навутеј. 9 Во писмата напиша вака:+ „Прогласете пост и седнете го Навутеј на чело на народот. 10 Спроти него седнете двајца+ неранимајковци,+ кои ќе сведочат против него+ и ќе речат: ‚Ги проколна Бог и царот!‘+ Тогаш изведете го надвор и каменувајте го за да загине“.+

11 И луѓето од неговиот град, старешините и достоинствениците што живееја во неговиот град, направија како што им порача Језавела и како што пишуваше во писмата што им ги испрати.+ 12 Прогласија пост+ и го седнаа Навутеј на чело на народот. 13 Потоа дојдоа двајца неранимајковци и седнаа спроти него. И тие неранимајковци сведочеа пред народот против него, против Навутеј, велејќи: „Навутеј ги проколна Бог и царот!“+ Потоа го изведоа надвор од градот и го затрупаа со камења, така што загина.+ 14 Тогаш ѝ порачаа на Језавела: „Навутеј е каменуван и мртов“.+

15 Кога чу дека Навутеј е каменуван и дека е мртов, Језавела му рече на Ахав: „Стани и земи го лозјето на Језраелецот Навутеј,+ кое не сакаше да ти го даде за пари, зашто Навутеј повеќе не е жив, туку мртов“. 16 Кога чу дека Навутеј е мртов, Ахав веднаш стана и отиде во лозјето на Језраелецот Навутеј за да го земе.+

17 А Јеховината реч+ му дојде на Илија+ Тесвитецот: 18 „Стани и појди да го пресретнеш Ахав, израелскиот цар, кој е во Самарија.+ Ене го во лозјето на Навутеј. Отиде таму за да си го земе. 19 И речи му: ‚Вака вели Јехова: „Дали го уби+ и му го зеде имотот?“ ‘+ И уште речи му: ‚Вака вели Јехова: „На местото+ на кое кучињата ја лижеа крвта на Навутеј, кучиња ќе ја лижат и твојата крв!“ ‘ “+

20 Ахав му рече на Илија: „Ме пронајде ли, непријателу мој?“+ А овој одговори: „Те пронајдов! ‚Затоа што си се продал за да го правиш она што е зло во Јеховини очи,+ 21 еве, јас ќе ти нанесам неволја.+ Ќе те изметам+ и ќе истребам од домот на Ахав сѐ што е машко,*+ дури и најмалите и безвредните во Израел. 22 Со твојот дом ќе го направам истото што го направив со домот на Јеровоам,+ синот на Нават, и со домот на Васа,+ синот на Ахија, поради навредите со кои ме предизвикувавте и со кои го наведовте Израел на грев‘.+ 23 А за Језавела Јехова вели вака: ‚Кучиња ќе ја изедат Језавела во језраелското поле!+ 24 Оној од домот на Ахав што ќе умре во градот, ќе го изедат кучиња, а оној што ќе умре в поле, ќе го изедат небесните птици!+ 25 Никој никогаш не се продал како Ахав+ за да го прави она што е зло во Јеховини очи, зашто Језавела,+ неговата жена, го наведуваше+ на тоа. 26 Правеше гадни дела, поведувајќи се по одвратните идоли,*+ како што правеа сите Аморејци, кои Јехова ги истера од пред Израеловите синови.‘ “+

27 Кога ги чу тие зборови, Ахав си ја раскина облеката и си стави козина+ на телото. Постеше, спиеше во козина и одеше потиштено.+ 28 Јеховината реч му дојде на Илија Тесвитецот: 29 „Виде ли како се понизи Ахав пред мене?+ Затоа што се понизи пред мене, нема да му ја нанесам таа неволја додека е тој жив.+ Неволјата ќе му ја нанесам на неговиот дом во деновите на неговиот син“.+

22 Три години немаше војна меѓу Сирија и Израел. 2 Во третата година, Јосафат,+ царот на Јуда, дојде кај царот на Израел. 3 Царот на Израел им рече на своите слуги: „Знаете ли дека Рамот-Галад+ е наш? А ние се колебаме да го земеме од рацете на сирискиот цар“. 4 Потоа го праша Јосафат: „Ќе одиш ли со мене во битка против Рамот-Галад?“+ А Јосафат му одговори на израелскиот цар: „Јас сум како и ти, мојот народ е како твојот,+ моите коњи се како твоите“.

5 Но Јосафат уште му рече на израелскиот цар: „Те молам, прашај+ најпрво што вели Јехова“. 6 Така израелскиот цар ги собра пророците,+ околу четиристотини луѓе, и ги праша: „Да завојувам ли со Рамот-Галад или да се откажам од тоа?“ Тие одговорија: „Оди,+ и Јехова ќе го предаде во рацете на царот!“

7 Но Јосафат праша: „Зар нема овде уште некој Јеховин пророк? Да прашаме и преку него“.+ 8 Тогаш израелскиот цар му рече на Јосафат: „Има уште еден човек преку кого можеме да го прашаме Јехова за совет,+ но јас го мразам+ затоа што не ми пророкува добро, туку зло.+ Тоа е Михаија, синот на Емлин“. Но Јосафат одговори: „Царот нека не зборува така!“+

9 Израелскиот цар повика еден дворјанин+ и му рече: „Брзо доведи го Михаија, синот на Емлин!“+ 10 А израелскиот цар и Јосафат, царот на Јуда, седеа секој на својот престол, облечени во царски облеки,+ на гумното кај самариската порта, а сите пророци пророкуваа пред нив.+ 11 Седекија, синот на Хенан, си направи железни рогови и рече: „Вака вели Јехова:+ ‚Со нив ќе ги бодеш Сиријците додека не ги истребиш‘ “.+ 12 И сите други пророци пророкуваа исто така: „Оди во Рамот-Галад и ќе победиш! Јехова ќе го предаде во рацете на царот“.+

13 А гласникот што отиде да го повика, вака му рече на Михаија: „Еве, пророците сложно му навестуваат добро на царот. Те молам, нека биде и твојата реч како нивната реч, па проречи нешто добро“.+ 14 Но Михаија одговори: „Како што е жив Јехова,+ што ќе ми каже Јехова, тоа ќе зборувам!“+ 15 Кога дојде пред царот, царот го праша: „Михаија, да одиме ли во битка против Рамот-Галад или да се откажеме од тоа?“ А тој му одговори: „Оди и ќе победиш! Јехова ќе го предаде во рацете на царот“.+ 16 Тогаш царот му рече: „Колку пати ќе те заколнувам да ми ја зборуваш само вистината во Јеховино име?“+ 17 Тогаш тој рече: „Ги гледам сите Израелци расеани+ по планините како овци што немаат овчар.+ И Јехова рече: ‚Овие немаат господар. Нека се вратат во мир секој во својата куќа‘ “.+

18 Тогаш израелскиот цар му рече на Јосафат: „Нели ти реков дека нема да ми пророкува добро, туку зло?“+

19 А Михаија продолжи: „Затоа, чуј ја Јеховината реч:+ го гледам Јехова како седи на својот престол+ и сета небесна војска му стои оддесно и одлево.+ 20 И Јехова рече: ‚Кој ќе го измами Ахав за да тргне против Рамот-Галад и таму да падне?‘ И еден рече вака, а друг онака.+ 21 Најпосле излезе еден дух,+ застана пред Јехова и рече: ‚Јас ќе го измамам‘. А Јехова го праша: ‚Како?‘+ 22 Тој одговори: ‚Ќе отидам и ќе бидам измамнички дух во устата на сите негови пророци‘.+ А тој рече: ‚Ќе го измамиш и ќе го надвладееш.+ Оди и стори го тоа!‘+ 23 И еве, така Јехова им стави в уста на сите овие твои пророци измамнички дух,+ но Јехова ти навестува неволја“.+

24 Тогаш Седекија, синот на Хенан, му пристапи на Михаија и го удри по образот,+ па рече: „Како, зар отишол Јеховиниот дух од мене за да ти зборува тебе?“+ 25 А Михаија одговори: „Еве, ќе го видиш тоа во оној ден кога ќе влезеш во најприкриената соба+ за да се скриеш“.+ 26 Тогаш израелскиот цар рече: „Земи го Михаија и одведи го кај Амон, градскиот заповедник, и кај Јоас, царскиот син.+ 27 И речи им: ‚Вака вели царот:+ „Ставете го овој в затвор+ и држете го на малку леб+ и вода додека не се вратам среќно“ ‘ “.+ 28 Тогаш Михаија рече: „Ако навистина се вратиш среќно, тогаш Јехова не зборувал преку мене“.+ И додаде: „Чуј го ова, цел народе!“*+

29 Така израелскиот цар и Јосафат, царот на Јуда, отидоа против Рамот-Галад.+ 30 А израелскиот цар му рече на Јосафат: „Јас ќе влезам во битката+ преправен, но ти облечи ја својата царска облека“.+ Така израелскиот цар се преправи+ и отиде во битката.+ 31 А сирискиот цар им заповеда на триесет и двајцата заповедници+ над неговите бојни коли: „Не напаѓајте го ниту малиот ниту големиот, туку само израелскиот цар!“+ 32 Кога заповедниците на колите го видоа Јосафат, си помислија: „Тоа е сигурно израелскиот цар!“+ И тргнаа против него, но кога Јосафат почна да вика за помош,+ 33 заповедниците на колите видоа дека тоа не е израелскиот цар, и престанаа да го гонат.+

34 Но некој човек го оптегна лакот и случајно го погоди израелскиот цар, и тоа таму каде што се составува оклопот. Тогаш царот му рече на својот возач:+ „Заврти ја колата и изведи ме од бојот, зашто сум тешко ранет“. 35 А во тој ден, битката стануваше сѐ пожестока, и мораа да го држат царот во исправена положба во колата наспроти Сиријците, но вечерта умре.+ Крвта од неговата рана течеше во колата.+ 36 А при зајдисонце, во логорот оддекна извик: „Секој во својот град и секој во својата земја!“+ 37 Така умре царот. Го однесоа во Самарија и го погребаа во Самарија.+ 38 А кога ја миеја бојната кола кај самариското езерце, кучињата ја лижеа неговата крв+ (и блудниците таму се капеа), според речта што ја кажа Јехова.+

39 Останатата историја на Ахав, сѐ што правеше и како ја изгради куќата од слонова коска,+ и како ги изгради сите свои градови, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви? 40 Најпосле Ахав почина кај своите прататковци,+ а на негово место почна да владее неговиот син Охозија.+

41 Јосафат,+ синот на Аса, стана цар на Јуда во четвртата година од царувањето на Ахав над Израел. 42 Јосафат имаше триесет и пет години кога почна да владее и владееше во Ерусалим дваесет и пет години. Мајка му се викаше Азува, а му беше ќерка на Силеј. 43 Тој одеше во сѐ по патот на својот татко Аса. Не отстапуваше од неговиот пат, туку го правеше она што е исправно во Јеховини очи.+ Единствено што не беа отстранети обредните височинки. На тие височинки народот сѐ уште принесуваше жртви и гореше приноси.+ 44 И Јосафат беше во мир со израелскиот цар.+ 45 Останатата историја на Јосафат, неговите потфати и војните што ги водеше, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на јудејските цареви? 46 Тој ги отстрани од земјата+ и машките храмски блудници+ што останаа од времето на татко му Аса.

47 Во Едом+ немаше цар. Како цар служеше еден намесник.+

48 Јосафат направи тарсиски бродови+ за да одат во Офир по злато. Но бродовите не отидоа, зашто се разбија кај Есион-Гавер.+ 49 Тогаш Охозија, синот на Ахав, му рече на Јосафат: „Моите слуги нека одат со твоите слуги на бродовите“, но Јосафат не се согласи.+

50 На крајот Јосафат почина кај своите прататковци+ и беше погребан кај своите прататковци во градот на Давид,+ својот прататко, а на негово место почна да владее неговиот син Јорам.+

51 Охозија,+ синот на Ахав, стана цар на Израел во Самарија во седумнаесеттата година од царувањето на Јосафат над Јуда, и владееше над Израел две години. 52 Го правеше она што е зло+ во Јеховини очи и одеше по патот на својот татко+ и на својата мајка,+ и по патот на Јеровоам,+ синот на Нават, кој го наведе Израел на грев.+ 53 Му служеше на Ваал+ и му се клањаше, навредувајќи го+ Јехова, Богот на Израел, и правејќи сѐ како што правеше и татко му.

Или: „според вистината; вистинито“.

Буквално: „одат пред мене“.

Буквално: „шеолот“.

Или: „покажи лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „шеолот“.

Види го додатокот 12.

Буквално: „одеше“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „одеше пред тебе“.

Или: „според вистината; вистинито“.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Односно Еуфрат.

Еден кор е 220 литри. Види Езе 45:14 и додатокот 13.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Види ја фуснотата за 1Ца 4:22.

Станувало збор за многу квалитетно и скапоцено масло, кое се добивало со гмечење или со толчење на маслинки во аван. Понекогаш маслинките се газеле и со нозе.

Еден лакот е 44,5 сантиметри. Види го додатокот 13.

„Храмот“ веројатно се однесува на Светињата.

Види ја фуснотата за 1Ца 6:3.

„Најприкриената просторија“ веројатно се однесува на Светињата над светињите.

Или: „јужната“, односно десно од набљудувачот што е свртен кон исток.

Буквално: „одиш“.

Види ја фуснотата за 1Ца 6:3.

Херувими се ангели на висока положба.

„Една петтина од ѕидот“ е еден од можните преводи. Буквално: „петти дел“.

Види ја фуснотата за 1Ца 6:3.

Или: „лунарниот месец зиф“. Види го додатокот 14.

Или: „лунарниот месец вул“. Види го додатокот 14.

Еден лакот е 44,5 сантиметри. Види го додатокот 13.

Или: „два капитела“.

Или: „на југ“, односно десно од набљудувачот што е свртен кон исток.

„Јахин“ значи „тој ќе втемели“.

Или: „на север“, односно лево од набљудувачот што е свртен кон исток.

„Воас“ веројатно значи „цврстина; во сила“. Имињата на двата столба, судејќи по сѐ, се читале како една целина оддесно налево.

Една дланка е 7,4 сантиметри. Види го додатокот 13.

Околу 44.000 литри. Спореди ги фуснотата за „бат“ во 2Ле 4:5 и додатокот 13.

Бројот недостасува во изворниот хебрејски текст.

Околу 880 литри. Види го додатокот 13.

Или: „јужната“, односно десно од набљудувачот што е свртен кон исток.

Или: „северната“, односно лево од набљудувачот што е свртен кон исток.

Види ја фуснотата за 1Мо 13:10.

Види ја фуснотата за 1Ца 6:5.

Види ја фуснотата за 1Ца 6:3.

Или: „лунарниот месец етаним“. Види го додатокот 14.

Види ја фуснотата за 1Ца 6:5.

Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.

Буквално: „кој ќе излезе од твоите бедра“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „одат пред тебе“.

Буквално: „одејќи пред мене исто како што ти одеше пред мене“.

Буквално: „одејќи“.

Буквално: „ако одиш пред мене како што одеше“.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Буквално: „Израел ќе биде изрека (пословица)“.

Или: „земја која ништо не вреди“.

Види го додатокот 13.

Или: „Ридот“.

Или: „да ги истребат како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Буквално: „во неа веќе снема дух“.

Нешто помалку од 23 тони. Види го додатокот 13.

Види го додатокот 13.

Види го додатокот 13.

Или: „во низината“.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

Види ја фуснотата за 2Мо 27:3.

Буквално: „Омекни го“.

Буквално: „[му] ја наполнуваше раката“. Види ја фуснотата за 2Мо 28:41.

Буквално: „и одеше по мене“.

Буквално: „сѐ што моча покрај ѕид“.

Или: „ашери“.

Или: „гласниците“. Буквално: „тркачите“.

Буквално: „одеше во сите гревови“.

Или: „лепешкави идоли“.

Или: „ашерот“.

Буквално: „ништо што моча покрај ѕид“.

Види го додатокот 13.

„Самарија“ значи „имот на Семировиот род“.

Буквално: „одеше во истите гревови“.

Или: „ашер“.

Види го додатокот 12.

Буквално: „душата“. Види го додатокот 2.

Или: „ашерот“.

Една сеа е 7,33 литри. Види го додатокот 13.

Буквално: „да му умре душата“.

Или: „Љубоморно го бранев“.

Или: „Љубоморно го бранев“.

Односно следната пролет. Види 2Ле 36:10.

Или: „полни со лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Изразот „пророчки синови“ веројатно се однесува на заедница во која пророците се обучувале за својата служба или на група пророци кои меѓусебно соработувале.

Види го додатокот 13.

Или: „да биде херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Буквално: „со тажен дух“.

Буквално: „сѐ што моча покрај ѕид“.

Или: „лепешкавите идоли“.

Буквално: „сите народи“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели