ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt 2. Самоилова 1:1-24:25
  • 2. Самоилова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 2. Самоилова
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
2. Самоилова

Втора книга Самоилова

(или, според грчката Септуагинта, ВТОРА КНИГА ЗА ЦАРЕВИТЕ)

1 По смртта на Саул, Давид се врати откако ги победи Амаличаните,+ и два дена помина во Сиклаг.+ 2 А на третиот ден дојде еден човек+ од логорот на Саул. Облеката му беше раскината,+ а главата посипана со прав.+ Кога дојде кај Давид, падна ничкум и се поклони до земја.+

3 Давид го праша: „Од каде доаѓаш?“ А тој му одговори: „Избегав од израелскиот логор“. 4 Тогаш Давид го праша: „Што се случило! Ајде раскажи ми!“ А тој му одговори: „Војската побегна од битката, и многу луѓе паднаа и загинаа.+ Загинаа и Саул+ и Јонатан,+ неговиот син“. 5 Тогаш Давид го праша младичот што му ја јави таа вест: „Од каде знаеш дека загинале Саул и Јонатан, неговиот син?“+ 6 А младичот, кој му го јави тоа, одговори: „Случајно се најдов на планината Гелвуја+ и го здогледав Саул како се опира на своето копје,+ а колите и коњаниците само што не го стигнаа.+ 7 Тогаш тој се сврти и ме здогледа, па ме повика, а јас му реков: ‚Еве ме!‘ 8 Потоа ме праша: ‚Кој си ти?‘ А јас му одговорив: ‚Јас сум Амаличанин‘.+ 9 Тогаш ми рече: ‚Те молам, дојди ваму и убиј ме, зашто ме обзеде смртен грч, а сета душа+ е уште во мене!‘ 10 И дојдов до него и го убив,+ зашто знаев дека нема да остане жив откако паднал ранет. Потоа ги зедов круната*+ што му беше на главата и гривната што му беше на раката за да му ги донесам ваму на својот господар“.

11 Тогаш Давид се фати за облеката и ја раскина,+ а така направија и сите луѓе што беа со него. 12 И тажеа, плачеа+ и постеа+ до вечерта за Саул и за Јонатан, неговиот син, и за Јеховиниот народ и за домот на Израел,+ зашто беа загинале од меч.

13 Потоа Давид го праша младичот што му го јави тоа: „Од каде си ти?“ А тој му одговори: „Јас сум син на еден дојденец, Амаличанин“.+ 14 Тогаш Давид му рече: „Како не се плашеше+ да дигнеш рака на Јеховиниот помазаник+ и да го убиеш?“ 15 И Давид повика еден од своите луѓе и му заповеда: „Дојди ваму и погуби го!“ И тој го удри, така што овој умре.+ 16 А Давид му рече: „Твојата крв нека падне врз твојата глава,+ зашто твојата уста сведочеше против тебе+ кога рече: ‚Јас го убив Јеховиниот помазаник‘ “.+

17 И Давид ја запеа оваа тажачка+ за Саул и за неговиот син Јонатан,+ 18 и им заповеда на синовите на Јуда+ да ја научат тажачката „Лак“.+ И еве, запишана е во книгата на Јашар:*+

19 „Твојата убавина, о Израеле, е погубена на твоите височинки!+

Како загинаа јунаците!

20 Не раскажувајте за тоа во Гат,+

не разгласувајте го тоа по улиците на Аскалон,+

за да не се радуваат филистејските ќерки,

за да не ликуваат ќерките на необрежаните!+

21 Гелвујски планини,+ роса да не паѓа на вас и дожд да не ве натопува, вашите полиња да не раѓаат за свет принос!+

Зашто, таму е извалкан штитот на јунаците,

па и штитот на Саул — нема повеќе штит помазан со масло.+

22 Без крв од погубени, без маст од јунаци

не се враќаше лакот на Јонатан,+

ниту мечот на Саул не се враќаше без успех!+

23 Саул и Јонатан,+ сакани и мили додека беа живи,

ни во смртта не се разделија!+

Побрзи беа од орлите,+

посилни од лавовите!+

24 Ќерки израелски, оплакувајте го Саул,

кој ве облече во раскошна црвена облека

и облеките ви ги китеше со злато!+

25 Како паднаа јунаците среде битката!+

Загина Јонатан на твоите височинки!+

26 Жалам за тебе, брате Јонатане!

Колку многу ми беше мил!+

Твојата љубов ми беше почудесна од женската љубов!+

27 Како загинаа јунаците+

и како пропадна бојното оружје!“

2 Потоа Давид го праша Јехова за совет:+ „Дали да појдам во некои од градовите на Јуда?“ А Јехова му одговори: „Појди!“ Давид потоа продолжи: „Каде да појдам?“ А тој му рече: „Во Хеврон“.+ 2 Тогаш Давид отиде таму, а со него и двете негови жени — Језраелката Ахиноама+ и Авигеја,+ жената на Навал, од Кармил. 3 Давид ги поведе и луѓето+ што беа со него, секој со неговото семејство, и се населија во градовите околу Хеврон. 4 Тогаш дојдоа синовите на Јуда+ и таму го помазаа+ Давид за цар над домот на Јуда.+

А до Давид стигна веста дека луѓето од Јавис-Галад го закопале Саул. 5 Тогаш Давид испрати гласници кај луѓето во Јавис-Галад+ и им порача: „Нека ве благослови Јехова,+ зашто му покажавте милост*+ на својот господар Саул и го закопавте!+ 6 Јехова нека ви покаже милост+ и верност, а и јас ќе ви направам добро поради тоа што постапивте така!+ 7 Охрабрете се и бидете смели!+ Зашто, иако е мртов вашиот господар Саул, домот на Јуда мене ме помаза за свој цар!“+

8 Но Авенир,+ синот на Нир, заповедникот на Сауловата војска, го зеде Исвостеј,+ синот на Саул, го префрли во Маханаим+ 9 и го постави за цар над Галад,+ над Асур, над Језраел,+ над Ефрем,+ над Венијамин+ и над целиот Израел. 10 Исвостеј, синот на Саул, имаше четириесет години кога стана цар над Израел и царуваше две години. Само домот на Јуда+ го следеше Давид. 11 Давид царуваше во Хеврон над домот на Јуда седум години и шест месеци.+

12 По некое време, Авенир, синот на Нир, излезе со слугите на Исвостеј, Сауловиот син, од Маханаим+ во Гаваон.+ 13 А Јоав,+ синот на Серуја,+ излезе со слугите на Давид и се сретна со нив кај гаваонското езерце. Едните застанаа од едната страна на езерцето, а другите од другата страна. 14 Тогаш Авенир му рече на Јоав: „Нека станат луѓето и нека се борат пред нас!“ А Јоав одговори: „Нека станат!“ 15 И така станаа и одредија колкумина ќе учествуваат во борбата: дванаесет од Венијамин за Исвостеј,+ синот на Саул, и дванаесет од слугите на Давид. 16 И секој го фати својот противник за глава и му го заби мечот во слабината, така што сите заедно испопаѓаа. Затоа местото го доби името Хелкат-Хасурим,* а се наоѓа кај Гаваон.+

17 Во тој ден започна жестока битка, и слугите на Давид ги поразија Авенир+ и Израелците. 18 А таму беа и тројцата синови на Серуја:+ Јоав,+ Ависај+ и Асаил.+ А Асаил беше брзоног како газела+ во полето. 19 И Асаил тргна во потера по Авенир. Го следеше во чекор, не свртувајќи ни надесно ни налево. 20 И Авенир се сврти назад и праша: „Ти ли си, Асаиле?“ А тој одговори: „Јас сум“. 21 Тогаш Авенир му рече: „Скршни надесно или налево и фати еден од младичите, па земи сѐ што ќе соблечеш од него!“+ Но Асаил не сакаше да престане да го гони. 22 Авенир пак му рече на Асаил: „Престани да ме гониш! Зошто да те срамнам со земјата?+ Како тогаш ќе му погледнам в очи на твојот брат Јоав?“ 23 Но тој не сакаше да отстапи од него. Затоа Авенир го удри во стомакот+ со задниот дел од копјето, така што копјето му излезе низ грбот. И тој падна таму и умре на место. Сите што доаѓаа на местото каде што падна и умре Асаил, застануваа таму.+

24 Но Јоав и Ависај тргнаа во потера по Авенир. На зајдисонце дојдоа до ридот Ама, кој е спроти Гија, на патот кон гаваонската+ пустина. 25 А синовите на Венијамин се собраа зад Авенир, па се наредија во една чета и застанаа на врвот од еден рид. 26 Тогаш Авенир му викна на Јоав: „Зар вечно ќе голта мечот?+ Не знаеш ли дека на крајот ќе остане само горчина?+ Кога најпосле ќе им кажеш на своите луѓе да престанат да ги гонат своите браќа?“+ 27 А Јоав одговори: „Како што е жив вистинскиот Бог,+ да не проговореше,+ дури утре наутро луѓето ќе престанеа да ги гонат своите браќа!“ 28 Тогаш Јоав затруби во рогот+ и целата војска застана. Така престанаа да го гонат Израел и повеќе не започнуваа битка.

29 Авенир и неговите луѓе одеа низ Араба+ целата таа ноќ, го преминаа Јордан,+ ја поминаа целата долина и на крајот стигнаа во Маханаим.+ 30 Кога престана да го гони Авенир, Јоав ја собра целата војска. Од слугите на Давид недостигаа деветнаесет луѓе и Асаил. 31 А слугите на Давид убија триста и шеесет луѓе од Венијамин и од останатите луѓе на Авенир.+ 32 И го понесоа Асаил+ и го погребаа во гробот на неговиот татко+ во Витлеем.+ Потоа Јоав и неговите луѓе одеа цела ноќ и, на разденување, стигнаа во Хеврон.+

3 Војната меѓу Сауловиот и Давидовиот дом траеше уште долго време.+ Давид стануваше сѐ посилен,+ а Сауловиот дом стануваше сѐ послаб.+

2 А на Давид му се родија синови+ во Хеврон.+ Првенец му беше Амнон+ од Језраелката Ахиноама,+ 3 вториот му беше Хилеав+ од Авигеја,+ жената на Навал од Кармил, третиот му беше Авесалом,+ синот на Мааха, ќерка на гесурскиот цар Талмај,+ 4 четвртиот Адонија,+ синот на Агита,+ петтиот Сефатија,+ синот на Авитал, 5 и шестиот Итрам,+ од Давидовата жена Егла. Тие му се родија на Давид во Хеврон.

6 И додека траеше војната меѓу Сауловиот и Давидовиот дом, Авенир+ сѐ повеќе ја зацврстуваше својата положба во Сауловиот дом. 7 А Саул имаше наложница,* која се викаше Рисфа+ и беше ќерка на Аја.+ Еден ден Исвостеј+ го праша Авенир: „Зошто легна со наложницата+ на мојот татко?“ 8 А Авенир многу се разгневи+ на зборовите на Исвостеј, па му рече: „Зар сум јас кучешка+ глава во Јуда? До денес му бев оддаден* на домот на твојот татко Саул, на неговите браќа и на неговите пријатели, и не дозволив да паднеш во рацете на Давид, а ти сега ме обвинуваш за грев поради една жена! 9 Затоа Бог нека му направи така на Авенир, и уште нека му додаде,+ ако не му го направам на Давид она за кое му се заколна Јехова+ — 10 дека ќе му го одземе царството на Сауловиот дом и дека ќе го зацврсти Давидовиот престол над Израел и над Јуда од Дан до Вирсавеја!“+ 11 И тој не се осмели да му одговори на Авенир ниту еден збор, зашто се плашеше од него.+

12 А Авенир веднаш испрати гласници кај Давид и му порача: „Чија е земјата?“ И уште рече: „Склучи сојуз со мене и, еве, мојата рака ќе биде со тебе, и ќе го свртам кон тебе целиот Израел!“+ 13 А тој му одговори: „Добро, ќе склучам сојуз со тебе. Само едно барам од тебе: не доаѓај пред мене ако не ја доведеш со себе Михала,+ ќерката на Саул, кога ќе дојдеш да го видиш моето лице!“+ 14 Освен тоа, Давид испрати гласници кај Исвостеј,+ Сауловиот син, и му порача: „Врати ми ја мојата жена Михала, која ја испросив за сто филистејски обрешки!“+ 15 И Исвостеј испрати по неа и ја зеде од нејзиниот маж Фалтиил,*+ синот на Лаиш. 16 А нејзиниот маж тргна по неа и ја следеше плачејќи дури до Бахурим.+ Тогаш Авенир му рече: „Оди, врати се назад!“ И тој се врати.

17 А Авенир веќе имаше испратено гласници кај Израеловите старешини и им порача: „И порано+ сакавте да го поставите Давид за свој цар. 18 Направете го тоа сега, зашто Јехова му рече на Давид: ‚Со раката на Давид,+ својот слуга, ќе го избавам својот народ Израел од раката на Филистејците и од раката на сите негови непријатели‘ “. 19 Така Авенир им зборуваше и на синовите на Венијамин,+ а потоа Авенир отиде и во Хеврон за да му јави на Давид за сѐ што сакаат Израел и целиот дом на Венијамин.

20 Кога Авенир дојде со дваесет луѓе кај Давид во Хеврон, Давид им приреди гозба+ на Авенир и на луѓето што беа со него. 21 Тогаш Авенир му рече на Давид: „Дозволи ми да станам и да одам да го соберам целиот Израел околу својот господар, царот, за да склучи сојуз со тебе! И ќе царуваш над сѐ што ти сака душата“.+ Така Давид го отпушти Авенир, и тој си отиде во мир.+

22 И гледај, Давидовите слуги и Јоав се враќаа од воен поход и со себе носеа богат плен.+ А Авенир повеќе не беше кај Давид во Хеврон, зашто Давид го беше отпуштил да си оди во мир. 23 Кога стигнаа Јоав+ и целата војска што беше со него, му јавија на Јоав: „Авенир,+ синот на Нир,+ беше кај царот, и царот го пушти да си оди во мир“. 24 Тогаш Јоав дојде пред царот и му рече: „Што си направил?+ Ете, Авенир бил кај тебе! Зошто си го пуштил да си оди во мир? 25 Добро знаеш каков е Авенир, синот на Нир, дека дошол ваму за да те измами, да ги дознае твоите чекори+ и сѐ што правиш“.+

26 Тогаш Јоав отиде откај Давид и испрати гласници по Авенир, кои го вратија+ од бунарот* Сира. А Давид не знаеше ништо за тоа. 27 Кога Авенир се врати во Хеврон,+ Јоав го одведе настрана, во засводениот премин на градската порта, за да разговара со него насамо.+ Но таму му заби меч во стомакот,+ така што тој умре поради крвта на неговиот брат Асаил.+ 28 Подоцна, кога чу за тоа, Давид рече: „Јас и моето царство сме довека невини во очите на Јехова, не сме виновни за крвта+ на Авенир, синот на Нир. 29 Вината нека падне врз главата+ на Јоав и на целиот дом на неговиот татко! Домот+ на Јоав никогаш да не биде без мажи што имаат излив,+ без лепрозни,+ без мажи што се фаќаат за вретено,+ без такви што паѓаат од меч и без такви што немаат леб!“+ 30 Така Јоав и Ависај,+ неговиот брат, го убија Авенир+ зашто тој го уби нивниот брат Асаил во битката кај Гаваон.+

31 Тогаш Давид им рече на Јоав и на сите луѓе што беа со него: „Раскинете си ги облеките,+ опашете козина+ и оплакувајте го Авенир!“ И цар Давид тргна по носилката. 32 Кога го закопаа Авенир во Хеврон, царот гласно заплака на гробот на Авенир, а плачеше и сиот народ.+ 33 И царот го оплакуваше Авенир:

„Зар мораше Авенир да умре како што умира безумник?+

34 Твоите раце не беа врзани+

и нозете не ти беа оковани во бакарни окови.+

Падна како што се паѓа од рацете на неправедник“.+

Тогаш сиот народ заплака+ за него уште посилно.

35 Потоа сиот народ на истиот ден дојде да му понуди леб+ на Давид за да се утеши, но Давид се заколна: „Бог нека ми направи така,+ и уште нека ми додаде, ако каснам леб или нешто друго пред да зајде сонцето!“+ 36 И сиот народ го чу тоа, и му беше по волја, како што му беше по волја на сиот народ и сѐ друго што правеше царот.+ 37 Во тој ден сиот народ и сиот Израел дознаа дека царот не наредил да се погуби Авенир, синот на Нир.+ 38 И царот им рече на своите слуги: „Не знаете ли дека денес во Израел падна кнез и голем човек?+ 39 Но јас сум сега уште слаб, иако сум помазан+ за цар, а овие луѓе, синови на Серуја,+ се премногу сурови.+ Јехова нека му плати на злосторникот според неговата злоба!“+

4 Кога Сауловиот син+ чу дека Авенир загинал во Хеврон,+ рацете му малаксаа+ и сиот Израел се вознемири. 2 А Сауловиот син имаше двајца луѓе кои заповедаа со разбојнички дружини.+ Едниот се викаше Вана, а другиот Рихав. Му беа синови на Римон од Веерот, од племето на Венијамин, зашто и Веерот+ му припаѓаше на Венијамин. 3 Жителите на Веерот побегнаа во Гитаим,+ каде што останаа како дојденци до денешен ден.

4 А Јонатан,+ синот на Саул, имаше син сакат на двете нозе.+ Детето имаше пет години кога од Језраел+ дојде глас за Саул и за Јонатан. Неговата негувателка го зеде и избега, но додека набрзина бегаше од страв, тој падна и остана сакат. Името му беше Мефивостеј.+

5 И синовите на Римон од Веерот, Рихав и Вана, станаа и дојдоа до куќата на Исвостеј+ во најголемата дневна горештина, кога тој почиваше на пладне. 6 И влегоа во куќата небаре да земат пченица, и тогаш му забија меч во стомакот.+ Потоа Рихав и неговиот брат Вана+ незабележано избегаа. 7 Кога влегоа во куќата, тој лежеше на постелата во својата спална. Тие го нападнаа и го убија,+ па му ја отсекоа главата.+ Потоа му ја зедоа главата и цела ноќ одеа по патот низ Араба. 8 И му ја донесоа Исвостеевата+ глава на Давид во Хеврон, па му рекоа на царот: „Еве ја главата на Исвостеј, синот на Саул, твојот непријател,+ кој ја бараше твојата душа.+ Јехова денес им се одмазди+ на Саул и на неговото потомство поради нашиот господар, царот“.

9 Но Давид им одгорови на Рихав и на неговиот брат Вана, синови на Римон од Веерот, и им рече: „Како што е жив Јехова,+ кој ја избави+ мојата душа+ од сите неволји,+ 10 ако наредив да го фатат и да го погубат+ во Сиклаг оној што ми јави+ дека Саул е мртов и мислеше дека ми носи добра вест, и така му платив за неговата вест, 11 што ли ќе им направам на злосторниците+ што убиле праведен човек во неговата куќа, на неговата постела? Зар сега да не ја барам неговата крв од ваши раце+ и да не ве истребам од земјата?“+ 12 Тогаш Давид им заповеда на своите луѓе да ги погубат.+ Потоа им ги отсекоа рацете и нозете, па ги обесија+ кај езерцето во Хеврон. А главата на Исвостеј ја зедоа и ја закопаа во гробот на Авенир во Хеврон.+

5 По некое време сите Израелови племиња дојдоа кај Давид+ во Хеврон+ и му рекоа: „Еве, ние сме твоја коска и твое месо.+ 2 И порано,+ додека Саул уште беше цар над нас, ти го водеше Израел во воени походи.+ Јехова ти рече: ‚Ти ќе му бидеш пастир+ на мојот народ Израел и ти ќе му бидеш водач+ на Израел‘ “. 3 Така сите старешини+ на Израел дојдоа кај царот во Хеврон, и цар Давид склучи со нив сојуз+ во Хеврон пред Јехова. Потоа го помазаа+ Давид за цар на Израел.+

4 Давид имаше триесет години кога стана цар, а царуваше четириесет години.+ 5 Во Хеврон царуваше над Јуда седум години и шест месеци,+ а во Ерусалим+ царуваше над целиот Израел и над Јуда триесет и три години. 6 И царот со своите луѓе тргна против Ерусалим, против Евусејците,+ кои живееја во таа земја. А тие му порачаа на Давид: „Нема да влезеш ваму! Слепите и куците ќе те истераат!“+ Со тоа сакаа да кажат: „Давид нема да влезе ваму“. 7 Но Давид сепак ја освои тврдината Сион,+ односно Давидовиот град.+ 8 И во тој ден Давид рече: „Кој ќе тргне во напад на Евусејците,+ нека помине низ тунелот за вода+ и нека ги нападне тие куци и слепи, кои ги мрази душата на Давид!“ Затоа се вели: „Слепите и куците нека не влегуваат во домот!“ 9 И Давид се насели во тврдината, која го доби името Давидов град. Тогаш Давид почна да подига градби секаде наоколу, од Мило*+ кон внатрешноста. 10 И Давид стануваше сѐ посилен,+ а Јехова, Богот над војските,+ беше со него.+

11 А Хирам,+ тирскиот цар, испрати гласници+ кај Давид, а со нив и кедрово дрво,+ дрводелци и ѕидари што работеа со камен, и тие почнаа да градат дворец за Давид.+ 12 И Давид сфати дека Јехова го утврди за цар на Израел+ и дека го возвиши+ неговото царство заради својот народ Израел.+

13 По доаѓањето од Хеврон, Давид зеде уште наложници*+ и жени+ од Ерусалим. Така на Давид му се родија уште синови и ќерки. 14 Ова се имињата на оние што му се родија во Ерусалим: Самуј,+ Совав,+ Натан,+ Соломон,+ 15 Евар, Елисуа,+ Нефег,+ Јафија,+ 16 Елисама,+ Елијад и Елифелет.+

17 Филистејците чуја дека Давид е помазан за цар на Израел,+ па сите излегоа да го бараат Давид. Кога чу за тоа, Давид отиде на скришно место.+ 18 А Филистејците дојдоа и почнаа да талкаат по рефаимската долина.+ 19 И Давид го праша Јехова за совет:+ „Дали да ги нападнам Филистејците? Ќе ги предадеш ли во мои раце?“ А Јехова му одговори на Давид: „Оди, зашто ќе ги предадам Филистејците во твои раце!“+ 20 Тогаш Давид дојде во Ваал-Ферасим+ и таму ги погуби, па рече: „Јехова продре пред мене низ редовите на моите непријатели+ како што вода продира низ насип“. Затоа местото го нарече Ваал-Ферасим.*+ 21 А Филистејците ги оставија таму своите идоли,+ така што Давид и неговите луѓе ги однесоа.+

22 По некое време, Филистејците пак дојдоа+ и почнаа да талкаат по рефаимската долина.+ 23 Тогаш Давид пак побара совет+ од Јехова, а тој му одговори: „Немој да одиш пред нив, туку појди им од зад грб, па удри на нив од онаа страна каде што има грмушки бака.*+ 24 Кога ќе чуеш топот на чекори во врвовите на грмушките бака, веднаш тргни решително,+ зашто тогаш Јехова ќе оди пред тебе за да ја погуби филистејската војска!“+ 25 И Давид направи како што му заповеда Јехова+ и ги погуби+ Филистејците од Гева*+ дури до Гезер.+

6 Еден ден Давид пак ги собра сите одбрани луѓе во Израел,+ триесет илјади. 2 Потоа Давид стана со сите луѓе што беа со него и тргна во Ваал-Јуда+ за да го донесе оттаму ковчегот+ на вистинскиот Бог, кој го носи името+ Јехова над војските,+ кој седи над херувими.*+ 3 Ковчегот на вистинскиот Бог го ставија на нова кола+ за да го одвезат од куќата на Авинадав,+ која се наоѓаше на ридот. А Уза и Ахио,+ синови на Авинадав, управуваа со колата.

4 Така го одвезоа ковчегот на вистинскиот Бог од куќата на Авинадав, која се наоѓаше на ридот, а Ахио одеше пред ковчегот. 5 Давид и целиот Израелов дом се веселеа пред Јехова свирејќи на секакви инструменти направени од смрековина, на харфи+ и на псалтири,+ на дајриња,+ ѕвечала и на чинели.+ 6 Кога дојдоа до гумното на Нахон,* Уза+ посегна со раката и го фати ковчегот на вистинскиот Бог,+ зашто говедата за малку ќе го превртеа. 7 Но тогаш Јехова пламна од гнев+ против Уза и вистинскиот Бог го удри на место+ затоа што не покажа почит, така што тој умре таму, покрај ковчегот на вистинскиот Бог.+ 8 А Давид се разгневи поради тоа што Јехова во својот гнев го уби Уза. Тоа место го доби името Фарес-Уза,* и така се вика до ден-денес.+ 9 Во тој ден Давид се уплаши од Јехова+ и си помисли: „Како ќе дојде кај мене Јеховиниот ковчег?“+ 10 И Давид не сакаше да го пресели Јеховиниот ковчег кај себе во Давидовиот град,+ туку нареди да се смести во куќата на Овид-Едом+ од Гат.+

11 Така Јеховиниот ковчег остана во куќата на Овид-Едом од Гат три месеци, и Јехова го благослови+ Овид-Едом и целиот негов дом.+ 12 На крајот вака му јавија на Давид: „Јехова го благослови домот на Овид-Едом и сѐ што има поради ковчегот на вистинскиот Бог“. Тогаш Давид отиде со голема веселба да го пренесе ковчегот на вистинскиот Бог од куќата на Овид-Едом во Давидовиот град.+ 13 Кога оние што го носеа+ Јеховиниот ковчег направија шест чекори, тој принесе за жртва еден јунец и едно згоено теле.+

14 Давид играше со сета сила пред Јехова, а беше опашан со ленен ефод.+ 15 Така Давид и сиот Израелов дом одеа по Јеховиниот ковчег+ и радосно извикуваа+ и трубеа во рог.+ 16 А кога Јеховиниот ковчег влегуваше во Давидовиот град, Сауловата ќерка Михала+ гледаше низ прозорецот и го виде цар Давид како скока и игра пред Јехова. И го презре+ во своето срце.+ 17 И го внесоа Јеховиниот ковчег и го поставија на неговото место во шаторот што Давид го подигна за него.+ Потоа Давид принесе пред Јехова жртви паленици+ и жртви на заедништвото.+ 18 Кога ги принесе жртвите паленици и жртвите на заедништвото, Давид го благослови+ народот во името на Јехова+ над војските. 19 Потоа му раздели+ на сиот народ, на сето мноштво на Израел, на мажите и на жените, секому по еден тркалезен леб, како и урми и суво грозје.+ Потоа сиот народ си отиде, секој во својата куќа.

20 Кога Давид се врати за да го благослови својот дом,+ Сауловата ќерка Михала+ му излезе во пресрет на Давид и му рече: „Колку се прослави денес Израеловиот цар+ кога се откри пред робинките на своите слуги како што се откриваат безумни луѓе!“+ 21 Тогаш Давид ѝ одврати на Михала: „Го направив тоа пред Јехова, кој ме избра мене наместо татко ти и наместо целиот негов дом и ме постави за водач+ на Јеховиниот народ, Израел. Ќе се веселам пред Јехова+ 22 и уште повеќе ќе се понижам+ и ќе бидам незначителен во свои очи, а пред оние робинки за кои зборуваш, пред нив ќе се прославам“.+ 23 И Михала,+ ќерката на Саул, немаше деца до денот на својата смрт.

7 Кога царот се насели во својот дворец+ и кога Јехова му даде да си отпочине од сите негови непријатели наоколу,+ 2 царот му рече на пророкот Натан:+ „Погледни! Јас живеам во дворец од кедрово дрво,+ а ковчегот на вистинскиот Бог се наоѓа под шатор“.+ 3 Тогаш Натан му рече на царот: „Оди и направи сѐ што ти е на срцето,+ зашто Јехова е со тебе!“

4 Но во таа ноќ на Натан му дојде Јеховината реч:+ 5 „Оди и речи му на мојот слуга Давид: ‚Вака вели Јехова: „Зар ти ќе ми изградиш дом за да живеам во него?+ 6 Јас не сум живеел во дом од денот кога ги изведов синовите на Израел од Египет до денес,+ туку секогаш патував наоколу+ и бев под шатор.+ 7 Додека патував наоколу со сите Израелови синови,+ дали на она Израелово племе+ на кое му заповедав да му биде пастир на мојот народ Израел некогаш му реков: ‚Зошто не ми изградивте дом од кедрово дрво?‘ “ ‘ 8 Затоа сега вака кажи му на мојот слуга Давид: ‚Вака вели Јехова над војските: „Јас те зедов од пасиштето, откај стадото што го чуваше,+ за да му бидеш водач+ на мојот народ Израел. 9 И ќе бидам со тебе каде и да појдеш+ и ќе ги истребам сите твои непријатели од пред тебе.+ Ќе ти направам големо име,+ како името на големите луѓе на земјата. 10 И ќе му одредам место+ на својот народ Израел, ќе го засадам+ за да живее на своето место и никој повеќе нема да го вознемирува. Неправедниците нема повеќе да го угнетуваат како порано,+ 11 кога му поставував судии+ на својот народ Израел. Јас ќе ти дадам да си отпочинеш од сите свои непријатели.+

Јехова ти јавува: Јехова ќе ти направи дом.+ 12 Кога ќе дојде времето+ да починеш кај своите прататковци,+ ќе подигнам по тебе твој потомок, кој ќе потекне од тебе, и ќе го зацврстам неговото царство.+ 13 Тој ќе му изгради дом на моето име,+ а јас ќе го утврдам за навек престолот на неговото царство.+ 14 Јас ќе му бидам татко,+ а тој ќе ми биде син.+ Ако постапи погрешно, ќе го укорам со човечка прачка+ и со ударите на човечките* синови. 15 Својата милост* нема да ја одвратам од него како што ја одвратив од Саул,+ кого го тргнав од пред тебе. 16 Твојот дом и твоето царство ќе траат довека. Твојот престол цврсто ќе стои довека“ ‘ “.+

17 Така Натан му ги пренесе на Давид сите овие зборови и целото видение.+

18 Тогаш цар Давид дојде, седна пред Јехова и рече: „Кој сум јас,+ Севишен Господару Јехова, и што е мојот дом, та ме доведе до тука? 19 И како да е и тоа премалку во твои очи, Севишен Господару Јехова, па уште зборуваш што ќе биде со домот на твојот слуга во далечна иднина!+ И тоа е закон за сите луѓе, Севишен Господару Јехова.+ 20 Што би можел уште да ти каже Давид, кога добро го познаваш својот слуга,+ Севишен Господару Јехова? 21 Заради својата реч+ и според своето срце+ ти си ги направил сите овие големи дела и му ги објави на својот слуга.+ 22 Затоа и си голем,+ Севишен Господару Јехова! Никој не е како тебе+ и никој не е Бог освен тебе,+ никој од боговите за кои сме слушале со свои уши! 23 Кој народ на земјата е како твојот народ Израел?+ Него, Боже, ти го откупи за да биде твој народ+ и си стекна за себе име+ правејќи за него големи и застрашувачки дела+ — ги истера другите народи и нивните богови заради својот народ, кого го откупи+ за себе од Египет. 24 И одреди твојот народ Израел+ да биде твој народ довека, а ти, Јехова, стана негов Бог.+

25 Затоа сега, Јехова Боже, исполни го за сите времиња она што го кажа за својот слуга и за неговиот дом и направи така како што вети!+ 26 Твоето име нека биде големо довека+ и нека се зборува: ‚Јехова над војските е Богот на Израел‘!+ Домот на твојот слуга Давид цврсто нека стои пред тебе!+ 27 Зашто ти, Јехова над војските, Боже Израелов, му јави на својот слуга: ‚Ќе ти изградам дом‘.+ Затоа твојот слуга се осмели да ти се обрати со оваа молитва.+ 28 Навистина, Севишен Господару Јехова, ти си вистински Бог! Твоите зборови нека бидат вистинити,+ зашто на својот слуга му го даде ова добро ветување.+ 29 Те молам, благослови+ го домот на својот слуга за да остане довека пред тебе.+ Зашто ти, Севишен Господару Јехова, го вети тоа, и со твојот благослов нека биде благословен домот на твојот слуга довека“.+

8 Потоа Давид ги нападна Филистејците+ и ги покори.+ Така Давид го зеде Метег-Ама од рацете на Филистејците.

2 Ги порази и Моавците+ и ги измери со јаже. Ги легна на земја, па измери две должини јаже од оние што требаше да бидат погубени и една должина јаже од оние што требаше да останат живи.+ Така Моавците му станаа слуги+ на Давид и му плаќаа данок.+

3 Давид го порази и Адад-Езер,+ синот на Рехов, царот на Сова,+ кога тој тргна повторно да ја воспостави својата власт на реката Еуфрат.+ 4 И Давид му зароби илјада седумстотини коњаници и дваесет илјади пешаци.+ На сите коњи впрегнати во бојни коли+ Давид им ги пресече жилите на нозете,+ а остави само сто коњи.

5 Кога Сиријците од Дамаск+ му дојдоа на помош на совскиот цар Адад-Езер, Давид уби дваесет и две илјади Сиријци.+ 6 Потоа Давид постави војска+ во Дамаск, во Сирија. И Сиријците му станаа слуги на Давид и му плаќаа данок.+ Јехова му помагаше на Давид каде и да одеше.+ 7 И Давид ги зеде тркалезните штитови+ од злато, кои ги носеа слугите на Адад-Езер, и ги донесе во Ерусалим. 8 Од Ветах* и од Верота, градови на Адад-Езер, цар Давид однесе многу бакар.+

9 А ематскиот+ цар Тој чу дека Давид ја поразил целата војска на Адад-Езер.+ 10 Затоа Тој го испрати својот син Јорам кај цар Давид за да го праша како е,+ а и да му честита што војувал против Адад-Езер и што го поразил, зашто Адад-Езер често војуваше со Тој. Јорам донесе предмети од сребро, од злато и од бакар.+ 11 И нив цар Давид му ги посвети на Јехова, како што го посвети среброто и златото што го беше зел од сите народи што ги покори,+ 12 од Сиријците, од Моавците,+ од синовите на Амон, од Филистејците,+ од Амаличаните+ и од пленот што го зеде од Адад-Езер, синот на Рехов, совскиот цар.+ 13 И Давид стекна слава кога се врати откако ги порази Едомците во Солената Долина+ — осумнаесет илјади луѓе.+ 14 И ја распореди својата војска во Едом.+ Војската ја распореди по целиот Едом, а сите Едомци му станаа слуги на Давид.+ Јехова му помагаше на Давид каде и да одеше тој.+

15 Така Давид царуваше над целиот Израел.+ На сиот свој народ Давид му судеше и му делеше правда.+ 16 Јоав,+ синот на Серуја, заповедаше со војската, а Јосафат,+ синот на Ахилуд, беше летописец. 17 Садок,+ синот на Ахитув, и Ахимелех,+ синот на Авијатар, беа свештеници, а Сераја беше писар. 18 Венај,+ синот на Јодај, им заповедаше на Херетејците+ и на Фелетејците,+ а синовите на Давид беа намесници.*+

9 Еден ден Давид праша: „Има ли уште некој жив од домот на Саул за да му направам добро*+ поради Јонатан?“+ 2 А во Сауловиот дом имаше еден слуга, кој се викаше Сива,+ кого го повикаа кај Давид. И царот го праша: „Ти ли си Сива?“ А тој му одговори: „Јас сум, твој слуга сум!“ 3 Потоа царот рече: „Нема ли уште некој од домот на Саул за да му направам добро* како што и Бог сака?“+ А Сива му одговори на царот: „Има уште еден син на Јонатан, сакат на двете нозе“.+ 4 Тогаш царот го праша: „Каде е тој?“ А Сива му одговори на царот: „Ене го во куќата на Махир,+ синот на Амил, во Ло-Девар“.+

5 Така цар Давид испрати слуги да го доведат од куќата на Махир, синот на Амил, во Ло-Девар. 6 Кога Мефивостеј, синот на Јонатан, син на Саул, дојде кај Давид, падна ничкум, со лицето до земја.+ А Давид рече: „Мефивостеј!“ Тогаш тој му одговори: „Еве го твојот слуга!“ 7 Давид потоа му рече: „Не плаши се, зашто ќе ти направам добро*+ поради твојот татко Јонатан!+ Ќе ти ги вратам сите ниви+ на дедо ти Саул, а ти секогаш ќе јадеш на мојата трпеза“.+

8 Тогаш Мефивостеј падна ничкум и рече: „Што е твојот слуга, та си погледнал на мртов пес+ каков што сум јас?“ 9 Тогаш царот го повика Сива, слугата на Саул, и му рече: „Сѐ што му припаѓаше на Саул и на целиот негов дом сега му го давам+ на внукот на твојот господар. 10 А ти со своите синови и со своите слуги ќе му ја обработуваш земјата. Ќе го собираш родот за да има храна да јаде семејството на внукот на твојот господар. А Мефивостеј, внукот на твојот господар, секогаш ќе јаде на мојата трпеза“.+

А Сива имаше петнаесет синови и дваесет слуги.+ 11 Тогаш Сива му рече на царот: „Твојот слуга ќе направи сѐ што мојот господар, царот, му заповеда на својот слуга. А Мефивостеј+ ќе јаде на мојата трпеза* како еден од царските синови“. 12 Мефивостеј имаше еден мал син, кој се викаше Миха,+ а сите што живееја во куќата на Сива му беа слуги на Мефивостеј. 13 И Мефивостеј живееше во Ерусалим, зашто секогаш јадеше на царската трпеза.+ А беше сакат на двете нозе.+

10 По некое време умре царот на Амоновите синови,+ а наместо него почна да владее неговиот син Анун.+ 2 Тогаш Давид си помисли: „Ќе му направам добро* на Анун, синот на Наас, како што неговиот татко ми направи добро мене“.+ И Давид ги испрати своите слуги+ за да му пренесат сочувство поради неговиот татко. Слугите на Давид дојдоа во земјата на Амоновите синови. 3 Но кнезовите на Амоновите синови му рекоа на својот господар Анун: „Зар мислиш дека Давид ги испратил своите слуги за да ти изразат сочувство затоа што сака да му укаже чест на твојот татко? Зарем не ги испратил Давид своите слуги кај тебе за да го прегледа градот и да го извиди,+ па потоа да го разурне?“+ 4 Тогаш Анун ги фати слугите на Давид, им избричи половина брада+ и им ја потсече облеката на половина, сѐ до задникот, па така ги испрати назад.+ 5 Кога чу за тоа, Давид ги испрати своите слуги да ги пречекаат, зашто тие луѓе беа многу осрамотени. И царот им порача: „Останете во Ерихон+ додека не ви пораснат брадите, па тогаш вратете се!“

6 Тогаш синовите на Амон видоа дека Давид ги замрази.+ И синовите на Амон испратија гласници да најмат Сиријци од Вет-Рехов+ и Сиријци од Сова,+ дваесет илјади пешаци, како и царот на Мааха+ со илјада луѓе и дванаесет илјади луѓе од Истов. 7 Кога чу за тоа, Давид го испрати Јоав со целата војска и со своите јунаци.+ 8 Синовите на Амон излегоа и се наредија во борбени редови пред градската порта, а и Сиријците од Сова, од Рехов,+ од Истов и од Мааха се наредија посебно во полето.+

9 Кога виде дека војската се подготвува да го нападне и отспреди и одзади, Јоав ги одбра најдобрите+ луѓе меѓу Израелците и ги распореди во борбени редови против Сиријците. 10 Останатата војска му ја предаде на својот брат Ависај+ за да ја распореди во борбени редови против синовите на Амон.+ 11 И му рече: „Ако Сиријците бидат посилни од мене, ти дојди ми на помош. А ако синовите на Амон бидат посилни од тебе, јас ќе ти дојдам на помош.+ 12 Биди силен! Храбро+ да се бориме за својот народ и за градовите на нашиот Бог!+ Јехова ќе го направи она што е добро во негови очи“.+

13 Тогаш Јоав со војската што беше со него тргна во борба против Сиријците, а тие се разбегаа од пред него.+ 14 Кога видоа дека Сиријците се разбегаа, и синовите на Амон почнаа да бегаат пред Ависај, па се повлекоа во градот.+ Тогаш Јоав отиде откај синовите на Амон и се врати во Ерусалим.+

15 Кога видоа дека Израелците ги поразија, Сиријците повторно се собраа. 16 Адад-Езер+ испрати гласници и ги доведе Сиријците што живееја покрај Реката.*+ Тие дојдоа во Хелам под водството на Совак,+ заповедникот на војската на Адад-Езер.

17 Кога чу за тоа, Давид го собра сиот Израел, го премина Јордан и дојде во Хелам. А Сиријците се наредија во борбени редови против Давид и почнаа да се борат со него.+ 18 Но Сиријците се разбегаа+ пред Израелците, и Давид им уби седумстотини возачи на коли+ и четириесет илјади коњаници. Смртно го рани Совак, заповедникот на нивната војска, па тој умре таму.+ 19 Кога видоа дека Израелците ги поразија,+ сите цареви,+ слуги на Адад-Езер, склучија мир со Израелците и им станаа слуги.+ Сиријците повеќе не се осмелуваа да им помагаат на синовите на Амон.+

11 Во почетокот на следната година,*+ во време кога царевите излегуваат во војна,+ Давид го испрати Јоав, а со него и своите слуги и сиот Израел за да ги поразат синовите на Амон+ и да ја опсадат Рава.+ А Давид остана во Ерусалим.

2 Една вечер Давид стана од својата постела и, додека се шеташе по покривот+ на царскиот дворец, од покривот здогледа+ една жена како се капе. А жената беше многу убава.+ 3 Затоа Давид испрати слуги да се распрашаат за жената,+ а тие му рекоа: „Не е ли тоа Витсавеа,+ ќерката на Елиам,*+ жена на Хетеецот+ Урија?“+ 4 И Давид испрати гласници да му ја доведат.+ Така таа дојде кај него,+ и тој легна со неа,+ а таа токму тогаш се чистеше од својата нечистотија.+ Потоа таа се врати во својата куќа.

5 И жената забремени, па му порача на Давид: „Бремена сум!“ 6 Тогаш Давид му испрати порака на Јоав: „Испрати ми го Хетеецот Урија“. И Јоав го испрати Урија кај Давид. 7 Кога Урија дојде кај него, Давид почна да го распрашува како е Јоав, како е војската и како напредува војната. 8 На крајот Давид му рече на Урија: „Оди во својата куќа и изми си ги нозете!“+ И Урија замина од царскиот дворец, а по него го изнесоа дарот што му го даде царот. 9 Но Урија остана да спие на влезот од царскиот дворец со сите други слуги на својот господар и не отиде во својот дом. 10 И му јавија на Давид: „Урија не отиде во својот дом“. Тогаш Давид го праша Урија: „Зар не дојде од пат? Зошто не си отишол во својата куќа?“ 11 А Урија му рече на Давид: „Ковчегот,+ Израел и Јуда престојуваат под шатори, мојот господар Јоав и слугите на мојот господар+ логоруваат в поле, па зар јас да одам во својот дом, да јадам и да пијам и потоа да легнам со својата жена?+ Како што си жив ти и како што е жива твојата душа,+ нема да го направам тоа!“

12 Тогаш Давид му рече на Урија: „Остани овде уште денес, па утре ќе те пратам назад“. И така Урија остана во Ерусалим уште тој и следниот ден. 13 И Давид го повика да јаде и да пие со него, па го опи.+ Но Урија вечерта излезе и легна на својата постела со слугите на својот господар, а во својот дом не отиде. 14 Изутрината Давид му напиша писмо+ на Јоав и го испрати по Урија. 15 А во писмото напиша вака:+ „Поставете го Урија напред, каде што битката е најжестока,+ па повлечете се од него за да го погодат и да загине!“+

16 И додека го опсадуваше градот, Јоав го постави Урија таму каде што знаеше дека се најхрабрите луѓе.+ 17 Кога луѓето од градот излегоа да се борат против Јоав, загинаа неколкумина од Давидовите слуги, а загина и Хетеецот Урија.+ 18 Потоа Јоав испрати гласник за да го извести Давид за сѐ што се случило во бојот. 19 А на гласникот му заповеда: „Кога ќе го известиш царот за сѐ што се случи во битката, 20 можеби царот ќе се разгневи и ќе ти рече: ‚Зошто сте се доближиле толку близу до градот за да се борите? Зар не знаевте дека ќе ве гаѓаат со стрели од врвот на ѕидот? 21 Кој го уби Авимелех,+ синот на Ерувесет?*+ Зарем не една жена, која врз него фрли мелнички камен+ од врвот на ѕидот, па загина во Тевес?+ Зошто сте се доближиле толку близу до ѕидот?‘ А ти тогаш речи му: ‚Загина и твојот слуга Хетеецот Урија‘ “.+

22 Така гласникот отиде, дојде кај Давид и му кажа сѐ што му заповеда Јоав. 23 И гласникот му рече на Давид: „Тие луѓе беа посилни од нас и излегоа против нас во полето, но ние ги потиснавме сѐ до градската порта. 24 Тогаш стрелците ги гаѓаа твоите слуги од врвот на ѕидот,+ така што загинаа неколку царски слуги, а загина и твојот слуга Хетеецот Урија“.+ 25 Тогаш Давид му рече на гласникот: „Вака кажи му на Јоав: ‚Не земај го тоа толку на срце, зашто мечот може да го проголта+ секого. Уште посилно навали на градот и разурни го!‘+ Така ќе го охрабриш“.

26 А кога жената на Урија чу дека загинал нејзиниот маж Урија, го оплакуваше+ својот господар.+ 27 Кога помина времето на оплакување,+ Давид испрати по неа, ја доведе во својот дворец и таа му стана жена.+ По некое време му роди син. Но она што го направи Давид беше зло+ во очите+ на Јехова.

12 Јехова го испрати Натан+ кај Давид. Кога дојде кај него,+ му рече: „Во еден град живееја двајца луѓе, едниот богат, а другиот сиромав. 2 Богаташот имаше мошне многу овци и говеда,+ 3  а сиромавиот немаше ништо, освен една овчичка, која ја беше купил.+ Ја хранеше, и таа растеше покрај него и покрај неговите синови. Јадеше од неговиот залак, пиеше од неговата чаша и му спиеше в прегратка. Му беше како ќерка. 4 По некое време на богаташот му дојде на гости еден човек. А на богаташот му беше жал да земе од своите овци или од говедата за да му зготви нешто на патникот, кој беше дошол кај него, па ја зеде овчичката на сиромавиот и му ја зготви на човекот, кој беше дошол кај него“.+

5 Тогаш Давид се разгневи на тој човек,+ па му рече на Натан: „Како што е жив Јехова,+ човекот што го направил тоа заслужува смрт!+ 6 А овцата да ја надомести+ четирикратно,+ затоа што направил такво нешто и затоа што немал милост!“+

7 Тогаш Натан му рече на Давид: „Ти си тој човек! Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Јас те помазав+ за цар над Израел и јас те избавив+ од раката на Саул. 8 Ти ја дадов куќата на твојот господар,+ жените на твојот господар+ ги положив на твоите гради и ти ги дадов домот на Израел и домот на Јуда.+ И ако тоа не беше доволно, уште ќе ти придадев.+ 9 Тогаш зошто ја презре Јеховината реч и го направи она што е зло+ во негови очи? Хетеецот Урија го погуби со меч,+ а неговата жена ја зеде за себе.+ Го уби со мечот на Амоновите синови. 10 Затоа мечот+ нема да се оддалечи од твојот дом довека,+ затоа што ме презре земајќи ја жената на Хетеецот Урија за себе‘. 11 Вака вели Јехова: ‚Еве, ќе подигнам зло против тебе од твојот дом.+ Ќе ги земам твоите жени и ќе му ги дадам на твојот ближен.+ И тој ќе легне со твоите жени пред сите.+ 12 Ти работеше тајно,+ а јас ќе го направам тоа пред очите на целиот Израел,+ да видат сите‘ “.+

13 Тогаш Давид му рече+ на Натан: „Му згрешив на Јехова“.+ А Натан му одговори на Давид: „Јехова ти го прости гревот.+ Нема да умреш.+ 14 Но затоа што го презре Јехова+ со она што го направи, ќе ти умре синот што ти се роди“.+

15 Потоа Натан си отиде во својата куќа.

А Јехова го удри со болест+ детето што жената на Урија му го роди на Давид. 16 И Давид му се молеше на вистинскиот Бог за детето, строго постеше,+ а кога ќе влезеше во куќата, лежеше на земја преку ноќта.+ 17 Старешините на неговиот дом стоеја околу него и настојуваа да го подигнат од земјата, но тој не сакаше и нејќеше да јаде+ со нив. 18 А на седмиот ден детето умре. Слугите се плашеа да му кажат на Давид дека детето умрело, зашто си велеа: „Додека детето уште беше живо, му зборувавме, а тој не сакаше да нѐ слуша. Па како да му кажеме сега: ‚Детето умре‘? Ќе направи некакво зло!“

19 Кога виде дека неговите слуги си дошепнуваат меѓу себе, Давид сфати дека детето умрело. Затоа Давид ги праша своите слуги: „Умре ли детето?“ А тие му одговорија: „Умре“. 20 Тогаш Давид стана од земјата, се изми, се намачка со масло+ и облече друга облека, па отиде во Јеховиниот дом+ и таму се поклони.+ Потоа се врати во својата куќа и побара да јаде. И му принесоа јадење и тој јадеше. 21 А неговите слуги го прашаа: „Што значи сега тоа? Додека детето беше живо, ти постеше и плачеше, а сега, кога детето умре, стануваш и јадеш“. 22 А тој одговори: „Додека детето беше живо, постев+ и плачев+ зашто си мислев: ‚Кој знае, можеби Јехова ќе ми се смилува, и детето ќе остане живо!‘+ 23 А сега, кога умре, зошто да постам? Можам ли да го вратам?+ Јас ќе одам кај него,+ но тоа нема да се врати кај мене“.+

24 И Давид ја тешеше својата жена Витсавеа.+ Потоа дојде кај неа и легна со неа. И таа му роди син,+ кому му го дадоа името Соломон.+ И Јехова го сакаше.+ 25 Затоа го испрати пророкот Натан+ да го нарече Едидија,* зашто Јехова го сакаше.

26 А Јоав+ се бореше против Рава+ на Амоновите синови, и на крајот го освои тој царски град. 27 И Јоав му испрати гласници на Давид, порачувајќи му: „Ја нападнав Рава+ и го освоив делот од градот каде што е водата. 28 Затоа сега собери ја останатата војска, опколи го градот и освој го, за да не го освојам јас, па градот да го носи моето име“.

29 И Давид ја собра сета војска и тргна против Рава. Го нападна градот и го освои. 30 Ја симна од главата на Малхам* круната+ од злато која тежеше еден талант* и беше украсена со скапоцени камења. Потоа ја ставија круната на главата на Давид. Тој однесе од градот многу голем плен.+ 31 А народот што беше во него го изведе и го постави да работи со пили за камен, со остри железни алатки,+ со железни секири и да изработува тули. Така направи во сите градови на Амоновите синови. На крајот Давид се врати со својата војска во Ерусалим.

13 А Авесалом,+ синот на Давид, имаше убава сестра, која се викаше Тамара.+ По некое време Амнон,+ Давидовиот син, се вљуби+ во неа. 2 Амнон толку се измачуваше што речиси се разболе+ поради сестра си Тамара. Бидејќи беше девица, на Амнон му се чинеше невозможно да ѝ го направи она што го сакаше.+ 3 Но Амнон имаше пријател по име Јонадав,+ кој му беше син на Симеја,+ братот на Давид. Јонадав беше многу лукав. 4 И тој му рече: „Зошто си секое утро толку потиштен, царски сине? Нема ли да ми кажеш?“+ Тогаш Амнон му рече: „Вљубен сум+ во Тамара, сестрата+ на мојот брат Авесалом“. 5 А Јонадав му рече: „Легни в постела и прави се болен.+ Кога ќе дојде татко ти да те посети, речи му: ‚Те молам, нека дојде сестра ми Тамара да ми даде да јадам, зашто сум болен. Пред мои очи нека ми зготви јадење за да гледам, па тогаш ќе јадам од нејзина рака‘ “.+

6 Така Амнон легна и се правеше болен,+ а царот дојде да го посети. И Амнон му рече на царот: „Те молам, нека дојде сестра ми Тамара и нека ми испече две печива* пред мои очи за да јадам од нејзината рака, зашто сум болен“. 7 Тогаш Давид испрати гласници кај Тамара во куќата и ѝ порача: „Те молам, оди во домот на својот брат Амнон и зготви му јадење“. 8 И Тамара отиде во домот на својот брат Амнон,+ кој лежеше в постела. Зеде брашно, замеси тесто и пред негови очи направи печива и ги испече. 9 Потоа ја зеде длабоката тава и ја стави пред него, но Амнон не сакаше да јаде, туку рече: „Нека излезат сите оттука!“+ И сите излегоа откај него.

10 Тогаш Амнон ѝ рече на Тамара: „Донеси ми го јадењето во собата за да јадам од твоја рака!“ И Тамара ги зеде печивата што ги направи и му ги однесе на својот брат Амнон во собата. 11 Кога се приближи за да му даде да јаде, тој ја фати+ и ѝ рече: „Дојди, легни+ со мене, сестро моја!“+ 12 Но таа му одврати: „Немој, брате мој! Немој да ме осрамотиш,+ зашто така не се прави во Израел!+ Не прави такво срамно и безумно дело!+ 13 Каде ќе одам со својот срам? А ти ќе бидеш како безумник во Израел. Те молам, зборувај со царот! Тој нема да те лиши од мене!“ 14 Но тој не сакаше да ја послуша, туку ја совлада, па легна со неа+ и ја осрамоти.+ 15 Тогаш Амнон силно ја замрази, така што омразата со која ја мразеше беше посилна од љубовта со која порано ја сакаше. И Амнон ѝ рече: „Стани! Оди си!“ 16 Тогаш таа му рече: „Немој, брате мој! Ако ме избркаш, ќе направиш поголемо зло од она што веќе ми го направи!“ Но тој не сакаше да ја послуша.

17 Тогаш го повика својот слуга што го послужуваше и му заповеда: „Води ја оваа оттука, истерај ја и заклучи ја вратата по неа!“ 18 (А таа имаше на себе долга ригеста кошула,+ зашто царските ќерки, девици, носеа таква облека.) И неговиот служител ја изведе надвор и ја заклучи вратата зад неа. 19 А Тамара си ја посипа главата со пепел+ и ја раскина долгата ригеста кошула што ја имаше на себе. Си ја покри главата+ со рацете и замина оттаму плачејќи гласно по патот.

20 А Авесалом,+ нејзиниот брат, ѝ рече: „Дали можеби беше со тебе твојот брат Амнон?+ Сега, сестро моја, молчи, зашто ти е брат.+ Не земај го тоа на срце“. И Тамара остана во куќата на својот брат Авесалом, повлечена од другите. 21 Кога чу за сѐ што се случило,+ цар Давид многу се разгневи.+ 22 А Авесалом не зборуваше со Амнон ни лошо ни добро, зашто Авесалом го мразеше+ Амнон поради тоа што ја осрамоти сестра му Тамара.

23 А по две години Авесалом ги стрижеше овците+ во Ваал-Хасор, близу Ефрем,+ и ги повика сите царски синови.+ 24 Така Авесалом дојде кај царот и му рече: „Еве, твојот слуга ги стриже овците. Те молам, царот и неговите слуги нека појдат со твојот слуга“. 25 Но царот му одговори на Авесалом: „Не, сине, нема да дојдеме сите за да не ти бидеме товар“. Иако Авесалом го наговараше,+ царот не сакаше да оди, туку го благослови.+ 26 На крајот Авесалом рече: „Ако не доаѓаш ти, те молам дозволи да дојде со нас барем мојот брат Амнон“.+ А царот го праша: „Зошто да дојде тој со тебе?“ 27 Но Авесалом го наговараше,+ така што царот на крајот ги пушти со него Амнон и сите свои синови.

28 Тогаш Авесалом им заповеда на своите слуги: „Внимавајте! Кога срцето на Амнон ќе се развесели од вино+ и кога јас ќе ви кажам: ‚Убијте го Амнон!‘ — погубете го! Не плашете се!+ Зарем не ви заповедав така јас? Бидете силни и храбри!“ 29 И слугите на Авесалом му направија на Амнон така како што им заповеда Авесалом.+ Тогаш скокнаа сите други царски синови, секој ја јавна својата маска, и сите побегнаа. 30 И додека тие уште беа на пат, до Давид стигна веста: „Авесалом ги уби сите царски синови, не остана ниту еден од нив“. 31 Тогаш царот стана, ја раскина облеката+ и легна на земја,+ и сите негови слуги стоеја околу него со раскината облека.+

32 Но Јонадав,+ синот на Симеја,+ Давидовиот брат, рече: „Нека не мисли господарот мој дека се убиени сите момци, синовите на царот, зашто загинал само Амнон.+ Авесалом нареди така, зашто тоа го смислуваше+ уште од оној ден кога Амнон ја осрамоти+ сестра му Тамара.+ 33 Затоа сега мојот господар, царот, нека не ја зема на срце веста дека загинале сите царски синови. Загинал само Амнон“.

34 Во меѓувреме Авесалом избега.+ А младичот што беше на стража+ ги подигна очите и здогледа мноштво луѓе како доаѓаат по патот што врвеше по планинските стрмнини, а се наоѓаше зад него. 35 Тогаш Јонадав+ му рече на царот: „Еве, доаѓаат царските синови! Се случило така како што ти рече твојот слуга“.+ 36 Тукушто го изговори тоа, влегоа царските синови и почнаа гласно да плачат. А и царот и сите негови слуги горко плачеа. 37 А Авесалом избега и отиде кај Талмај,+ синот на Амиуд, царот на Гесур.+ Давид за сето време тагуваше+ за својот син. 38 Така Авесалом избега во Гесур+ и таму остана три години.

39 На крајот Давид посака да отиде кај Авесалом, зашто се утеши за Амнон, кој беше мртов.

14 А Јоав,+ синот на Серуја,+ забележа дека срцето на царот се приклони кон Авесалом.+ 2 Тогаш Јоав испрати слуги во Текоја+ за да му доведат оттаму една мудра жена,+ па ѝ рече: „Преправи се дека жалиш, облечи се во облека за жалење и немој да се мачкаш со масло,+ туку биди како жена која веќе долго време жали за умрен.+ 3 Потоа оди кај царот и кажи му така и така“. И Јоав ѝ кажа што ќе зборува.+

4 И жената од Текоја дојде пред царот, падна ничкум, со лицето до земја,+ и рече: „Помогни,+ царе!“ 5 Тогаш царот ја праша: „Што ти се случило?“ А таа одговори: „Еве, јас сум вдовица,+ ми умре мажот. 6 Твојата слугинка имаше два сина. Еднаш тие се скараа во полето,+ а немаше кој да ги раздвои.+ На крајот едниот од нив го удри другиот и го уби. 7 И сега се подигна сиот род против твојата слугинка, велејќи: ‚Предај ни го оној што го уби својот брат, да го погубиме за животот на неговиот брат+ кого го уби+ и да го истребиме наследникот!‘ Тие ќе го изгаснат жарот што ми преостана и нема да му остават на мојот маж ни име ни потомство на земјата“.+

8 Тогаш царот ѝ рече на жената: „Оди си во својата куќа, а јас ќе заповедам да ти се направи тоа што треба“.+ 9 А жената од Текоја му рече на царот: „Господару мој, царе, врз мене и врз домот на мојот татко нека падне вината,+ а царот и неговиот престол нека бидат недолжни!“ 10 Царот потоа продолжи: „Ако ти каже некој нешто, доведи го кај мене и повеќе нема да те гибне!“ 11 А таа рече: „Те молам, царот нека се сети на Јехова, својот Бог,+ за одмаздникот за крв+ да не направи уште поголемо зло и да ми го погуби и другиот син!“ Тој одговори: „Како што е жив Јехова,+ ни влакно од главата+ на син ти нема да падне на земја!“ 12 Но жената продолжи: „Те молам, дозволи ѝ на твојата слугинка+ да му каже уште еден збор+ на својот господар, царот“. А тој одговори: „Зборувај!“+

13 И жената продолжи: „Тогаш зошто донесе таква одлука+ против Божјиот народ?+ Кога царот зборува така, како самиот себе да се осудува+ за тоа што не го доведе назад оној кого го протера.+ 14 Зашто, сите ќе умреме+ и ќе бидеме како вода што се пролева на земја и повеќе не може да се собере. Но Бог не одзема живот,*+ туку овозможил оној што е протеран да не остане таков пред него. 15 А јас дојдов да му го кажам ова на царот, својот господар, зашто луѓето ме исплашија. Затоа твојата слугинка си помисли: ‚Морам да зборувам со царот. Можеби царот ќе постапи според зборот на својата робинка. 16 Зашто, царот ја послуша својата робинка и вети дека ќе ја избави од раката на оној што сака мене и синот што ми остана да нѐ отстрани од наследството што ни го даде Бог‘.+ 17 Затоа твојата слугинка помисли: ‚Нека ме смири зборот на мојот господар, царот‘. Зашто, мојот господар, царот, е како ангел+ на вистинскиот Бог и разликува добро и зло.+ Јехова, твојот Бог, нека биде со тебе!“

18 Тогаш царот ѝ рече на жената: „Немој да го криеш од мене она за кое сега ќе те прашам!“+ А жената рече: „Нека зборува мојот господар, царот!“ 19 Тогаш царот ја праша: „Дали во сето ова е со тебе+ раката на Јоав?“+ А жената одговори: „Како што е жива твојата душа,+ господару мој, царе, не се може ни надесно ни налево од сето она што го кажа мојот господар, царот! Да, твојот слуга Јоав ми го заповеда ова и ѝ рече на твојата слугинка да го каже сето ова.+ 20 Твојот слуга Јоав го направи тоа за работите да изгледаат поинаку, но мојот господар е мудар како што е мудар ангелот+ на вистинскиот Бог и тој знае сѐ што се случува на земјата“.

21 Тогаш царот му рече на Јоав: „Еве, ќе го направам тоа.+ Оди и доведи го назад мојот син Авесалом!“+ 22 А Јоав падна ничкум, со лицето до земја, и го благослови царот.+ Потоа Јоав рече: „Твојот слуга денес знае дека нашол милост во твои очи,+ господару мој, царе, зашто царот постапи според зборот на својот слуга“. 23 Тогаш Јоав стана и отиде во Гесур,+ па го доведе Авесалом во Ерусалим.+ 24 Но царот рече: „Нека се врати во својата куќа, но не може да го види моето лице“.+ Така Авесалом се врати во својата куќа, но не го виде лицето на царот.

25 А во целиот Израел немаше човек кого толку го фалеа поради неговата убавина+ како Авесалом. Од стапалата до темето немаше недостаток на него. 26 Кога ја стрижеше косата — а ја стрижеше на крајот од секоја година зашто му беше претешка,+ па мораше да ја стриже — ја мереше косата од својата глава и беше тешка двесте сикли,* според царската мера.* 27 На Авесалом му се родија три сина+ и една ќерка, која се викаше Тамара. Таа беше многу убава жена.+

28 Авесалом живееше во Ерусалим две години, но не го виде лицето на царот.+ 29 Затоа Авесалом испрати по Јоав за да го прати кај царот, но тој не сакаше да дојде кај него. Испрати и втор пат по него, но тој пак не сакаше да дојде. 30 На крајот Авесалом им рече на своите слуги: „Знаете дека Јоав има нива покрај мојата, на која расте јачмен. Одете и запалете ја!“+ И слугите на Авесалом ја запалија нивата.+ 31 Тогаш Јоав стана и отиде кај Авесалом во неговата куќа, па го праша: „Зошто твоите слуги ја запалија мојата нива?“ 32 А Авесалом му рече на Јоав: „Еве, испратив по тебе и ти порачав: ‚Дојди ваму за да те пратам кај царот да му кажеш: „Зошто се вратив од Гесур?+ Подобро ќе ми беше да останев таму. Затоа сега сакам да го видам лицето на царот, па ако има на мене некаква вина,+ нека ме погуби!“ ‘ “

33 Јоав отиде кај царот и му го кажа сето тоа. Тогаш царот го повика Авесалом, кој дојде пред него и падна ничкум, со лицето до земја. И царот го бакна Авесалом.+

15 Потоа Авесалом си набави кола, коњи и педесет луѓе што трчаа пред него како негова стража.+ 2 И Авесалом ќе станеше рано,+ па ќе застанеше покрај патот што води кон градската порта.+ И секој што имаше некаква парница, па одеше кај царот на суд,+ Авесалом ќе го повикаше кај себе и ќе го прашаше: „Од кој град си?“ А човекот ќе му одговореше: „Твојот слуга е од едно од племињата на Израел“. 3 Тогаш Авесалом ќе му речеше: „Гледаш, твојата работа е добра и праведна, но нема кој да те сослуша кај царот“.+ 4 Авесалом потоа продолжуваше: „Да ме поставеа мене за судија во земјата,+ и да доаѓаше кај мене секој што има некаква парница или спор, јас ќе му дадев правда!“+

5 И кога некој ќе му се доближеше за да му се поклони, тој ќе ја подадеше раката, ќе го привлечеше кон себе+ и ќе го бакнеше. 6 Авесалом го правеше тоа со сите Израелци што доаѓаа кај царот на суд. Така Авесалом ги придобиваше срцата на Израелците.+

7 Кога поминаа четириесет години,* Авесалом му рече на царот: „Те молам, дозволи ми да одам во Хеврон+ за да го исполнам заветот со кој му се заветував на Јехова.+ 8 Зашто, твојот слуга, кога беше во Гесур+ во Сирија, му се заветува на Јехова:+ ‚Ако Јехова ме одведе назад во Ерусалим, ќе му принесам жртви‘ “.+ 9 А царот му одговори: „Оди во мир!“+ И тој стана и отиде во Хеврон.

10 Тогаш Авесалом испрати извидувачи+ по сите племиња на Израел и им порача: „Кога ќе го чуете звукот на рогот, викајте: ‚Авесалом стана цар+ во Хеврон!‘ “+ 11 А со Авесалом од Ерусалим отидоа двесте луѓе, кои ги беше повикал, и тие појдоа простодушно,+ без да знаат што се подготвува. 12 Кога ги принесе жртвите, Авесалом испрати по Гилонецот+ Ахитофел,+ Давидовиот советник,+ да дојде од својот град Гилон.+ И заговорот+ стануваше сѐ посилен и сѐ повеќе луѓе+ му се придружуваа на Авесалом.

13 По некое време, кај Давид стигна гласник и му јави: „Срцето+ на Израелците се приклони кон Авесалом“. 14 Тогаш Давид им рече на сите свои слуги што беа со него во Ерусалим: „Станете! Да бегаме,+ зашто инаку нема спас од Авесалом! Побрзајте, за да не биде побрз тој и да не нѐ стигне, па да ни нанесе зло и да удри на градот со сечилото на мечот!“+ 15 Тогаш царските слуги му рекоа на царот: „Твоите слуги ќе направат сѐ што сака нашиот господар, царот“.+ 16 Така царот отиде со сиот свој дом+ и остави само десет жени, свои наложници,*+ за да го чуваат дворецот. 17 Царот отиде со сиот народ, и застанаа во Вет-Мерак.

18 И сите негови слуги поминаа пред него за да ја преминат долината на Кедрон. Сите Херетејци и сите Фелетејци+ и сите од Гат,+ шестотини луѓе, кои го следеа од Гат,+ поминаа пред лицето на царот. 19 Тогаш царот му рече на Етај+ од Гат: „Зошто одиш со нас и ти? Врати се+ и остани кај царот! Впрочем, ти си туѓинец, а и самиот си протеран од својата земја. 20 Вчера дојде, па зар денес да те водам да талкаш+ со нас, да одиш секаде каде што одам јас? Врати се и поведи ги со себе своите браќа, а Јехова нека ти покаже милост*+ и верност!“+ 21 Но Етај му одговори на царот: „Како што е жив Јехова и како што е жив мојот господар, царот,+ каде и да биде мојот господар, царот, било за смрт било за живот, таму ќе биде и твојот слуга!“+ 22 Тогаш Давид му рече на Етај:+ „Ајде помини!“ И така Етај од Гат помина со сите свои луѓе и со сите свои деца што беа со него.

23 Сите луѓе од таа земја* гласно плачеа+ додека сиот народ ја поминуваше долината.* Царот стоеше во долината на Кедрон,+ а сиот народ поминуваше по патот кон пустината. 24 Тука беше и Садок+ со сите левити,+ кои го носеа+ ковчегот+ на сојузот на вистинскиот Бог. Тие го ставија ковчегот на вистинскиот Бог крај Авијатар+ додека сиот народ не излезе од градот. 25 Тогаш царот му рече на Садок: „Врати го ковчегот+ на вистинскиот Бог назад во градот!+ Ако најдам милост во очите на Јехова, тој ќе ме врати назад и ќе ми дозволи пак да го видам ковчегот и неговото престојувалиште.+ 26 А ако каже: ‚Не си ми по волја‘, еве, нека ми го направи она што е добро во негови очи!“+ 27 Царот уште му рече на свештеникот Садок: „Не си ли ти јасновидец?+ Врати се во мир во градот со Ахимас, својот син, и со Јонатан,+ синот на Авијатар. Вратете се и вие и вашите двајца синови. 28 Еве, јас ќе се задржам крај плитките места во пустиот крај додека не дојде откај вас гласник и не ми донесе вести“.+ 29 Така Садок и Авијатар го вратија ковчегот на вистинскиот Бог назад во Ерусалим и останаа таму.

30 А Давид се искачуваше на Маслинската Гора.+ Одеше плачејќи и со покриена глава.+ Одеше бос, а сиот народ што беше со него се искачуваше плачејќи+ и со покриена глава. 31 На Давид му јавија дека и Ахитофел е меѓу заговорниците+ со Авесалом.+ Тогаш Давид рече:+ „Јехова, те молам,+ претвори го во лудост советот на Ахитофел!“+

32 Кога Давид дојде на врвот на планината, каде што народот му се поклонуваше на Бог, во пресрет му дојде Архиецот+ Хусај,+ со раскината облека и со глава посипана со прав.+ 33 Давид му рече: „Ако појдеш со мене, ќе ми бидеш товар.+ 34 Но, ако се вратиш во градот и му речеш на Авесалом: ‚Царе, јас сум твој слуга! Порано му служев на татко ти, но сега ќе ти служам тебе‘,+ тогаш ќе можеш да ги осуетиш+ советите на Ахитофел и да ги свртиш во моја корист. 35 Нема ли со тебе да бидат и свештениците Садок и Авијатар?+ Сѐ што ќе чуеш во царскиот дворец кажи им го на свештениците Садок и Авијатар.+ 36 Еве, со нив се двајца нивни синови: Ахимас,+ синот на Садок, и Јонатан,+ синот на Авијатар. Преку нив јавувајте ми сѐ што ќе чуете!“ 37 Така Давидовиот пријател Хусај+ се врати во градот, а и Авесалом+ дојде во Ерусалим.

16 Токму кога Давид го премина врвот,+ во пресрет му дојде Сива,+ слугата на Мефивостеј,+ со две оседлани магариња+ натоварени со двесте леба,+ сто пити суво грозје,+ сто мери летно овошје*+ и голем ќуп со вино.+ 2 И царот го праша Сива: „Што ќе правиш со тоа?“+ А Сива одговори: „Магарињата се за царското семејство, да му послужат за јавање, лебот и летното овошје се за луѓето+ да јадат, а виното е да се напијат оние што ќе се уморат+ во пустината“.+ 3 Тогаш царот праша: „Каде е синот на твојот господар?“+ А Сива му одговори на царот: „Ене го, остана во Ерусалим зашто помисли: ‚Денес Израеловиот дом ќе ми го врати царството на мојот татко‘ “.+ 4 Тогаш царот му рече на Сива: „Еве, твое е сѐ што му припаѓа на Мефивостеј!“+ А Сива одговори: „Ти се поклонувам!+ Дозволи ми да останам во твојата милост, господару мој, царе!“

5 Кога цар Давид дојде до Бахурим,+ оттаму излезе еден човек од Сауловиот род по име Симеј,+ син на Гера, и додека се приближуваше, без престан го колнеше.+ 6 Почна да фрла камења и по Давид и по сите слуги на цар Давид. А сиот народ и сите јунаци му беа на царот оддесно и одлево. 7 И Симеј го колнеше и велеше: „Оди си! Оди си, крвнику,+ никаквецу!+ 8 Јехова ја сврти против тебе сета вина за крвта на домот на Саул, на чие место почна да царуваш. И Јехова го предаде царството во рацете на твојот син Авесалом. Еве, сега те снајде неволја, зашто си виновен за крв!“+

9 Тогаш Ависај, синот на Серуја,+ му рече на царот: „Зар овој мртов пес+ да го колне мојот господар, царот?+ Те молам, дозволи ми да отидам и да му ја скинам главата!“+ 10 Но царот одговори: „Што имате вие со тоа,+ синови на Серуја?+ Нека колне,+ зашто Јехова му рекол да ме колне!+ Тогаш, кој смее да праша: ‚Зошто правиш така?‘ “+ 11 Давид потоа им рече на Ависај и на сите свои слуги: „Еве, кога син ми, кој излезе од мене, ја бара мојата душа,+ што останува за овој син на Венијамин!+ Оставете го нека ме колне, зашто Јехова му рекол така. 12 Можеби Јехова ќе види+ со свои очи, па Јехова ќе ми возврати со добро за зборовите со кои ме колне овој денес“.+ 13 И Давид продолжи со своите луѓе по патот, а Симеј одеше по стрмнината на ридот напоредно со него и го колнеше.+ И додека одеше така напоредно со него, фрлаше камења и многу прашина.+

14 На крајот царот и сиот народ што беше со него стигнаа уморни на својата цел и таму се одморија.+

15 Авесалом и сиот израелски народ влегоа во Ерусалим.+ И Ахитофел+ беше со него. 16 Кога Архиецот+ Хусај,+ Давидовиот пријател,+ дојде пред Авесалом, Хусај му рече на Авесалом: „Да живее царот!+ Да живее царот!“ 17 Тогаш Авесалом му рече на Хусај: „Каква е таа оддаденост* што ја покажуваш кон својот пријател? Зошто не отиде со својот пријател?“+ 18 А Хусај му одговори на Авесалом: „Не отидов затоа што сакам да му служам на оној кого го избраа Јехова и овој народ и сите Израелци, и со него ќе останам. 19 Освен тоа, кому ќе му служам? Зар не на неговиот син? Како што му служев на татко ти, така ќе ти служам и тебе“.+

20 Потоа Авесалом му рече на Ахитофел: „Советувај+ нѐ што да правиме!“ 21 Тогаш Ахитофел му рече на Авесалом: „Легни со наложниците* на татко ти,+ кои тој ги остави да го чуваат дворецот.+ И сиот Израел ќе чуе дека си му станал омразен+ на татко ти,+ па ќе се охрабрат+ сите оние што се со тебе“. 22 И распнаа шатор за Авесалом на покривот,+ и Авесалом легна со наложниците на својот татко+ пред очите на сиот Израел.+

23 Кога ќе се побараше совет од Ахитофел во она време, тоа беше како да се бара совет од вистинскиот Бог. Таков беше секој совет+ на Ахитофел,+ како за Давид така и за Авесалом.

17 Ахитофел потоа му рече на Авесалом: „Те молам, дозволи ми да изберам дванаесет илјади луѓе, па уште ноќеска да тргнам во потера по Давид.+ 2 Ќе го нападнам додека е уморен и со премалени раце+ и ќе го исплашам. Кога ќе се разбега сиот народ што е со него, ќе го убијам царот,+ 3 а сиот народ ќе го доведам назад кај тебе. Дали сите луѓе ќе се вратат или не, зависи од она што ќе се случи со човекот кого го бараш. Тогаш сиот народ ќе биде мирен“. 4 Тоа им се допадна на Авесалом+ и на сите израелски старешини.

5 Но Авесалом рече: „Повикајте го и Архиецот Хусај+ да чуеме што ќе ни каже тој!“ 6 Кога Хусај дојде пред Авесалом, Авесалом му рече: „Вака и вака советуваше Ахитофел. Ќе направиме ли како што кажа тој? Ако не, што велиш ти?“ 7 Тогаш Хусај му рече на Авесалом: „Советот што го дал Ахитофел овој пат не е добар“.+

8 Хусај потоа продолжи: „Ти знаеш дека татко ти и неговите луѓе се јунаци+ и дека се лути+ како мечка која ги изгубила мечињата в поле.+ Татко ти е воин+ и нема да ноќева со народот. 9 Гледај, тој сега се крие+ во некаква јама или на некое друго место. Ако тој прв ги нападне нашите луѓе, секој што ќе чуе за тоа ќе рече: ‚Поразен е народот што го следи Авесалом!‘ 10 Тогаш и најхрабриот, кој има срце како лав,+ ќе изгуби смелост.+ Зашто, целиот Израел знае дека твојот татко е јунак+ и дека се храбри оние што се со него.+ 11 Затоа јас советувам вака: целиот Израел, од Дан до Вирсавеја,+ нека се собере околу тебе, многуброен како песокот на морскиот брег,+ а и ти самиот тргни во битка.+ 12 Ќе го нападнеме таму каде што се наоѓа+ и ќе се нафрлиме на него како што росата+ паѓа на земја. И нема да го оставиме жив ни него ни некој од луѓето што се со него. 13 А ако се повлече во некој град, сиот Израел ќе донесе јажиња под тој град, па ќе го одвлечеме во речната долина, така што ни камче нема да остане од него“.+

14 Тогаш Авесалом и сите Израелци рекоа: „Советот на Архиецот Хусај е подобар+ од советот на Ахитофел“. Зашто, Јехова одреди+ да се осуети+ добриот совет на Ахитофел.+ Јехова го направи тоа за да му нанесе неволја+ на Авесалом.

15 Потоа Хусај им рече на свештениците Садок+ и Авијатар: „Така и така Ахитофел ги советуваше Авесалом и старешините на Израел, а јас ги советував вака и вака. 16 Затоа сега брзо порачајте му на Давид:+ ‚Ноќеска немој да ноќеваш во пустинските рамници, туку веднаш премини на другата страна,+ за да не загинат+ царот и сиот народ што е со него‘ “.

17 А Јонатан+ и Ахимас+ беа кај Ен-Рогел.+ Една слугинка дојде кај нив и им ги донесе вестите, а потоа тие отидоа за да му го кажат тоа на цар Давид. Тие не смееја да влезат во градот за да не ги види некој. 18 Но ги виде еден младич и му го јави тоа на Авесалом. А тие двајцата брзо заминаа и дојдоа во куќата на еден човек во Бахурим,+ во чиј двор имаше бунар. И тие се спуштија во тој бунар. 19 Потоа дојде жената на тој човек, зеде покривка и ја посла преку отворот на бунарот и по неа потури столчени зрна,+ така што ништо не можеше да се забележи. 20 Слугите на Авесалом дојдоа кај таа жена во куќата и ја прашаа: „Каде се Ахимас и Јонатан?“ А жената им одговори: „Одовде отидоа кон водата“.+ И тие продолжија да ги бараат, но не ги најдоа,+ па се вратија во Ерусалим.

21 Кога слугите си заминаа, тие излегоа од бунарот и отидоа да го известат цар Давид. Му рекоа на Давид: „Станете и брзо преминете преку водата, зашто така и така советувал+ Ахитофел против вас“. 22 И Давид веднаш тргна на пат заедно со сиот народ што беше со него и го премина Јордан.+ Кога осамна, не остана ниту еден што не го премина Јордан.

23 Кога Ахитофел виде дека не постапија според неговиот совет,+ го оседла магарето, тргна на пат и отиде во својата куќа во својот град.+ Откако му ги издаде потребните заповеди на својот дом,+ се обеси,+ и така умре.+ Го погребаа+ во гробот на неговите прататковци.

24 Давид дојде во Маханаим.+ Авесалом, пак, го премина Јордан со сите Израелци што беа со него. 25 Наместо Јоав,+ Авесалом го постави над војската Амаса.+ Амаса беше син на еден Израелец по име Итра,+ кој легна со Авигеја,+ ќерката на Наас, сестра на Серуја, мајката на Јоав. 26 Израел и Авесалом се улогорија во галадската+ земја.

27 Кога Давид дојде во Маханаим, тогаш Совиј, синот на Наас од Рава,+ која им припаѓаше на Амоновите синови,+ потоа Махир,+ синот на Амил+ од Ло-Девар, и Галадецот Варзелај+ од Рогелим+ 28 донесоа постели, чинии, земјени садови, пченица, јачмен, брашно,+ пржени зрна,+ грав,+ леќа+ и препечени зрна, 29 мед,+ маст,+ овци и кравјо сирење. Сето тоа му го донесоа на Давид и на народот што беше со него за да јадат,+ зашто си мислеа: „Народот огладнел, се уморил и ожеднел во пустината“.+

18 Потоа Давид ги преброи луѓето што беа со него и постави над нив илјаданачалници и стотници.+ 2 Давид потоа стави една третина+ под заповедништво на Јоав,+ една третина стави под заповедништво на Ависај,+ синот на Серуја, братот на Јоав,+ а една третина под заповедништво на Етај+ од Гат. И царот им рече на луѓето: „И јас ќе појдам со вас“. 3 Но тие рекоа: „Ти не смееш да одиш!+ Зашто, ние и да избегаме, никој нема да му обрне внимание на тоа.+ Дури ако загинат и половината од нас, никој нема да обрне внимание на тоа. Но ти самиот вредиш колку десет илјади од нас.+ Би било подобро да ни помагаш+ од градот“. 4 А царот им рече: „Ќе направам сѐ што мислите дека е добро“.+ И царот стоеше кај градската порта,+ а целата војска излегуваше по своите стотици и по своите илјади.+ 5 Царот им заповеда на Јоав, на Ависај и на Етај: „Чувајте+ ми го синот Авесалом!“ И целата војска чу што им заповеда царот на сите заповедници за Авесалом.

6 И војската излезе во полето да се сретне со Израел, и започна битка во ефремската шума.+ 7 На крајот израелската војска+ доживеа пораз+ од слугите на Давид и во тој ден таму загинаа многу луѓе — дваесет илјади. 8 Битката се прошири по целиот тој крај. И во тој ден шумата голтна повеќе луѓе отколку мечот.

9 На крајот и самиот Авесалом се најде пред Давидовите слуги. Авесалом јаваше на маска, но кога маската дојде под испреплетените гранки на едно многу големо дрво, главата му се запна за дрвото и тој остана да виси меѓу небото и земјата,+ а маската што беше под него отиде понатаму. 10 Тоа го виде еден човек, па му јави на Јоав:+ „Ене, го видов Авесалом како виси на дрво!“ 11 Тогаш Јоав му рече на човекот што му го јави тоа: „Кога си го видел, зошто не си го составил со земјата? Тогаш ќе морав да ти дадам десет сребреници и еден појас“.+ 12 Но човекот му одговори на Јоав: „Кога би ми изброил на рака и илјада сребреници, не би дигнал рака на царскиот син. Зашто, со свои уши чувме дека царот ви заповеда тебе, на Ависај и на Етај: ‚Сите чувајте ми го синот Авесалом!‘+ 13 Да постапев како предавник и да ја погубев неговата душа, ништо не би останало скриено од царот,+ а ти би се држел настрана“. 14 А Јоав одврати: „Нема да губам време овде со тебе!“ И зеде в рака три стрели и му ги заби+ в срце на Авесалом, кој уште беше жив меѓу гранките+ на големото дрво. 15 Тогаш пристапија десет слуги на Јоав, кои му го носеа оружјето, и му се нафрлија на Авесалом и го убија.+ 16 А Јоав дувна во рогот+ и војската престана да го гони Израел, зашто Јоав ја запре војската. 17 Потоа го зедоа Авесалом, го фрлија во една голема јама среде шумата и натрупаа врз него голема грамада камења.+ А целиот Израел се разбега, секој во својата куќа.

18 А Авесалом, уште додека беше жив, во своја чест си подигна еден столб+ во Царевата Долина,+ зашто велеше: „Немам син кој би го зачувал сеќавањето за моето име“.+ Така тој столб го нарече според своето име,+ и до ден-денес се вика Авесаломов споменик.

19 Ахимас,+ синот на Садок, му рече на Јоав: „Те молам, дозволи ми да отрчам и да му ја јавам веста на царот, зашто Јехова му даде правда и го избави од раката на неговите непријатели“.+ 20 Но Јоав му одговори: „Немој денес да носиш никаква вест. Ќе ја јавиш во некој друг ден. А денес немој да носиш никаква вест, зашто загина царскиот син“.+ 21 Тогаш Јоав му рече на еден Хусанец:+ „Оди и јави му на царот што си видел!“ А Хусанецот му се поклони на Јоав и отрча. 22 А Ахимас, синот на Садок, пак го замоли Јоав: „Нека биде што ќе биде, само те молам, дозволи ми и јас да отрчам по Хусанецот!“ Но Јоав му одговори: „Зошто да трчаш ти, сине мој, кога немаш што да јавиш?“ 23 Но тој повтори: „Нека биде што ќе биде, дозволи ми да отрчам!“ Тогаш тој му рече: „Трчај!“ И Ахимас отрча по патот низ Јорданската Долина*+ и го престигна Хусанецот.

24 Давид токму седеше меѓу двете градски порти.+ А стражарот+ се качи на ѕидот, на покривот од портата. Кога ги подигна очите и погледна, виде еден човек како трча сам. 25 Стражарот извика и му го јави тоа на царот, а царот рече: „Ако е сам, тоа значи дека носи вест“. А човекот доаѓаше сѐ поблизу. 26 Тогаш стражарот здогледа уште еден човек како трча. И стражарот му викна на вратарот: „Гледај, уште еден човек трча сам!“ А царот одговори: „И тој носи вест“. 27 Стражарот продолжи: „Првиот трча како+ Ахимас,+ синот на Садок“. А царот одговори: „Тој е добар човек+ и сигурно носи добра вест“.+ 28 Кога се приближи, Ахимас му викна на царот: „Сѐ е добро!“ Тогаш се поклони пред царот со лицето до земја. Потоа продолжи: „Нека е благословен+ Јехова, твојот Бог, кој на мојот господар, царот, му ги предаде+ луѓето што кренаа рака на него!“

29 Но царот праша: „Дали е добро мојот син Авесалом?“ А Ахимас одговори: „Видов голема мешаница кога Јоав го испрати царскиот слуга и мене, твојот слуга, но не знам што беше“.+ 30 Тогаш царот му рече: „Отстапи и застани овде!“ И тој отстапи и застана таму.

31 Тогаш стигна и Хусанецот,+ па рече: „Нека мојот господар, царот, ја прими веста дека денес Јехова ти даде правда и те избави од раката на сите оние што се кренаа против тебе“.+ 32 Но царот го праша Хусанецот: „Дали е добро мојот син Авесалом?“ А Хусанецот одговори: „Сите непријатели на мојот господар, царот, и сите што се дигнаа против тебе со зла намера нека поминат како тоа момче!“+

33 Тогаш царот, целиот потресен, се качи во горната соба+ над градската порта и почна да плаче. И додека одеше, тажеше: „Сине мој, Авесаломе! Сине мој! Сине мој,+ Авесаломе! Да умрев јас наместо тебе, Авесаломе, сине мој, сине мој!“+

19 И му јавија на Јоав: „Ене, царот плаче и тагува по Авесалом“.+ 2 Така победата во тој ден се претвори во тага за сиот народ, зашто народот во тој ден чу дека царот жали за својот син. 3 И во тој ден луѓето крадешкум влегуваа во градот,+ како што се прикрадуваат оние што се срамат затоа што избегале од битка. 4 А царот си го покри лицето и гласно тажеше: „Сине мој, Авесаломе! Авесаломе, сине мој, сине мој!“+

5 На крајот Јоав дојде кај царот во куќата и му рече: „Денес ги посрами сите свои слуги, оние што денес ја избавија твојата душа+ и душата на твоите синови+ и ќерки,+ душата на твоите жени+ и душата на твоите наложници,*+ 6 зашто ги сакаш оние што те мразат, а ги мразиш оние што те сакаат. Денес покажа дека ништо не ти значат ни заповедниците ни слугите. Зашто, сега знам дека ќе ти беше многу мило Авесалом да е жив, а сите ние да загиневме. 7 Затоа сега стани и излези, па утеши го срцето+ на своите слуги, зашто ако не излезеш, ти се колнам во Јехова, ниту еден човек ноќеска нема да остане со тебе!+ Тоа ќе ти биде полошо отколку сите зла што те снашле од твојата младост до денес“. 8 Тогаш царот стана и седна на градската порта.+ И на сиот народ му го јавија тоа: „Царот седна на портата“. И сиот народ дојде пред царот.

А Израелците се беа разбегале секој во својата куќа.+ 9 Сиот народ по сите племиња на Израел почна да се препира, велејќи: „Царот нѐ избави од раката на нашите непријатели,+ тој нѐ избави од раката на Филистејците, а сега мораше да избега од земјата поради Авесалом.+ 10 А Авесалом, кого го помазавме за цар,+ загина во битка.+ Тогаш зошто не преземате ништо за да го вратите царот?“+

11 А цар Давид им порача на свештениците Садок+ и Авијатар:+ „Вака кажете им на старешините на Јуда:+ ‚Зошто вие да бидете последните што ќе го вратат царот во неговиот дворец, кога она што се зборува по целиот Израел дојде и до царот во неговиот дом? 12 Вие сте мои браќа, вие сте моја коска и мое месо.+ Зошто да бидете последните што ќе го вратат царот?‘ 13 А на Амаса+ кажете му: ‚Зар не си ти моја коска и мое месо? Бог нека ми направи така, и уште нека ми додаде,+ ако не ми бидеш воен заповедник наместо Јоав+ додека си жив!‘ “

14 И сите синови на Јуда како еден+ му се приклонија во срцето, па му порачаа на царот: „Врати се со сите свои слуги!“

15 И така царот тргна назад и дојде до Јордан. А синовите на Јуда стигнаа во Гилгал,+ доаѓајќи му во пресрет на царот, за да го преведат царот преку Јордан. 16 И Симеј+ од Бахурим,+ синот на Гера,+ од племето на Венијамин, побрза за да појде со синовите на Јуда во пресрет на цар Давид. 17 Со него имаше илјада луѓе од племето на Венијамин. (Со него беше и Сива,+ слугата на Сауловиот дом, со своите петнаесет синови+ и со своите дваесет слуги. Тие успеаја да дојдат на Јордан пред царот. 18 Сива го премина Јордан преку плиткото место+ за да му помогне на домот на царот да ја премине реката и да направи сѐ што ќе му биде по волја на царот.) А Симеј, синот на Гера, падна ничкум пред царот кога царот сакаше да го премине Јордан.+ 19 И му рече на царот: „Мојот господар нека не ми го зема за грев и нека не го спомнува злото што го направи твојот слуга+ во оној ден кога мојот господар, царот, излегуваше од Ерусалим! Царот нека не го зема тоа на срце!+ 20 Зашто, твојот слуга знае дека згрешил. Затоа дојдов денес прв од целиот дом на Јосиф+ за да му појдам во пресрет на својот господар, царот“.

21 Тогаш Ависај,+ синот на Серуја,+ одговори: „Зар Симеј не заслужува смрт затоа што го колнеше Јеховиниот помазаник?“+ 22 Но Давид рече: „Што имате вие со тоа,+ синови на Серуја, па денес ми се противите?+ Зар денес да биде погубен некој во Израел?+ Зар не знам јас дека сум повторно цар над Израел?“ 23 Тогаш царот му рече на Симеј: „Нема да загинеш!“ И царот му се заколна.+

24 И Мефивостеј,+ внукот на Саул, дојде да го пречека царот. Тој не си ги миеше* нозете,+ ниту си ја уредуваше брадата,*+ ниту си ја переше облеката од оној ден кога отиде царот до денес кога се врати во мир. 25 Кога дојде во Ерусалим да го пречека царот, царот го праша: „Зошто не појде со мене, Мефивостеј?“ 26 А тој одговори: „Господару мој, царе, мојот слуга+ ме измами. Зашто, твојот слуга му рече: ‚Оседлај ми ја магарицата за да ја јавнам и да појдам со царот!‘ — зашто твојот слуга е сакат.+ 27 Но тој го наклевети+ твојот слуга пред мојот господар, царот. Но мојот господар, царот, е како ангел+ на вистинскиот Бог. Затоа прави го она што е добро во твои очи! 28 Зашто, целиот дом на мојот татко не заслужи ништо друго освен смрт од мојот господар, царот, но ти сепак го постави својот слуга меѓу оние што јадат на твојата трпеза.+ Какво право имам тогаш уште да се поплакувам од царот?“+

29 А царот му рече: „Зошто да зборуваш и понатаму? Јас одредувам ти и Сива да си ја поделите земјата!“+ 30 Тогаш Мефивостеј му рече на царот: „Нека земе сѐ,+ кога мојот господар, царот, во мир се врати во својот дом!“

31 Галадецот Варзелај+ дојде од Рогелим за да отиде со царот на Јордан и да го испрати до Јордан. 32 А Варзелај беше многу стар, имаше осумдесет години.+ Тој го снабдуваше царот со храна додека царот престојуваше во Маханаим,+ зашто беше многу богат.+ 33 А царот му рече на Варзелај: „Појди со мене и остани кај мене во Ерусалим, и јас ќе се грижам за тебе“.+ 34 Но Варзелај му рече на царот: „Уште колку години живот ми остануваат, па да одам со царот во Ерусалим? 35 Сега имам осумдесет години.+ Можам ли да распознаам што е добро, а што зло? Може ли твојот слуга да го почувствува вкусот на она што го јаде и го пие?+ Можам ли уште да го слушам+ гласот на пејачите и пејачките?+ Зошто твојот слуга да му биде товар+ на мојот господар, царот? 36 Твојот слуга може да го испрати царот само мал дел од патот до Јордан. Зошто царот да ми возврати со таква награда?+ 37 Те молам, дозволи му на својот слуга да се врати, да умрам+ во својот град кај гробот на татко ми и мајка ми.+ Но, еве го твојот слуга Химам,+ тој нека појде со мојот господар, царот! Направи му што е добро во твои очи!“

38 А царот му рече: „Химам ќе појде со мене и јас ќе му го направам сето она што ти е тебе мило. Ќе направам за тебе сѐ што ќе побараш од мене“. 39 Тогаш сиот народ почна да го преминува Јордан, а го премина и царот. Царот го бакна+ Варзелај и го благослови,+ а тој се врати во своето место. 40 Кога царот ја премина реката на пат кон Гилгал,+ со него прејде Химам, сиот народ на Јуда и половина од народот на Израел. Така ја преминаа реката со царот.

41 И гледај, сите Израелци дојдоа кај царот и му рекоа: „Зошто+ нашите браќа, синовите на Јуда, те одведоа крадешкум? Зошто ги преведоа преку Јордан царот и неговиот дом и сите Давидови луѓе со него?“+ 42 Тогаш сите синови на Јуда им одговорија на синовите на Израел: „Затоа што царот е во блиско сродство со нас.+ И зошто се лутите поради тоа? Јадевме ли на сметка на царот? Добивме ли некаков дар?“

43 Но синовите на Израел им одговорија на синовите на Јуда: „Ние имаме десет пати поголемо право на цар,+ па така и на Давид имаме поголемо право од вас. Тогаш зошто нѐ презревте? Не требаше ли ние да бидеме првите+ што ќе го вратат царот?“ Но зборовите на синовите на Јуда беа поостри од зборовите на синовите на Израел.

20 А таму се најде еден опак човек,+ кој се викаше Сава,+ син на Вихри од племето на Венијамин. Тој затруби во рог+ и викна: „Ние немаме ништо со Давид! Ние немаме наследство со Јесеевиот син!+ Врати се кај своите богови,+ Израеле!“ 2 Тогаш сите Израелци го оставија Давид и тргнаа по Сава, синот на Вихри.+ Но синовите на Јуда останаа покрај својот цар и го испратија од Јордан до Ерусалим.+

3 Кога дојде во својот дворец во Ерусалим,+ цар Давид ги зеде десетте жени,+ наложници,* кои ги остави да го чуваат дворецот, и ги одведе во една куќа што беше под стража. Се грижеше за нивното издржување, но повеќе не легна со нив,+ туку останаа затворени сѐ до својата смрт, како вдовици на жив маж.

4 Потоа царот му рече на Амаса:+ „Свикај ми ги сите синови на Јуда за три дена, а и ти биди овде!“ 5 И Амаса отиде да ги свика синовите на Јуда, но се задржа повеќе од рокот што му го одреди царот. 6 А Давид му рече на Ависај:+ „Сега Сава,+ синот на Вихри, ќе биде за нас полош од Авесалом.+ Земи ги слугите+ на својот господар и појди во потера по него за да не најде некаков утврден град и да ни избега пред очи!“ 7 Така под негово водство појдоа луѓето на Јоав,+ Херетејците,+ Фелетејците+ и сите јунаци. Тие излегоа од Ерусалим во потера по Сава, синот на Вихри. 8 Кога беа близу до големиот камен, кој е во Гаваон,+ во пресрет им дојде Амаса.+ А Јоав носеше воена опрема и ремен, а на бедрото имаше опашано меч во ножница. Кога тргна напред, мечот му падна.

9 И Јоав му рече на Амаса: „Дали си добро, брате?“+ Потоа Јоав со десната рака го фати Амаса за брадата небаре ќе го бакне.+ 10 А Амаса не обрна внимание на мечот што беше во раката на Јоав, и Јоав му го заби+ в стомак и му ги истури цревата на земја. Не мораше да го повтори ударот, зашто тој умре. А Јоав и Ависај, неговиот брат, ја продолжија потерата по Сава, синот на Вихри.

11 А еден од луѓето на Јоав остана кај Амаса, велејќи: „Кој е за Јоав и кој е за Давид,+ нека појде по Јоав!“ 12 А Амаса лежеше во крв+ на сред пат. Кога виде дека сите луѓе застануваат, овој човек го одвлече Амаса од патот во полето. На крајот фрли облека врз него, зашто виде дека застанува секој што поминуваше покрај него.+ 13 Кога го тргна од патот, сите појдоа по Јоав за да го гонат Сава,+ синот на Вихри.

14 А Сава помина низ сите племиња на Израел дури до Авел Вет-Маак.+ Тогаш се собраа сите луѓе на Вихри, па и тие тргнаа со него во градот.

15 А луѓето на Јоав дојдоа и го опколија во Авел Вет-Маак. И направија опсаден насип околу градот,+ зашто градот беше опколен со ѕид. Сите луѓе што беа со Јоав го поткопаа ѕидот за да го урнат. 16 Тогаш една мудра жена+ извика од градскиот ѕид: „Чујте! Чујте! Ве молам, речете му на Јоав да се приближи ваму за да разговарам со него!“ 17 Кога тој се приближи, жената праша: „Ти ли си Јоав?“ Тој одговори: „Јас сум“. Тогаш таа му рече: „Чуј ги зборовите на својата робинка!“+ Тој ѝ одговори: „Слушам“. 18 А таа продолжи: „Едно време вака се велеше: ‚Само нека се распрашаат во Авел, и работата ќе се реши‘. 19 Јас зборувам во името на мирољубивите+ и верните+ во Израел. Ти сакаш да го уништиш градот,+ кој е мајка во Израел. Зошто да го сотреш+ Јеховиното наследство?“+ 20 Тогаш Јоав ѝ одговори: „Никако не сакам да сотирам и да уништувам. 21 Не станува збор за тоа, туку еден човек од ефремските планини,+ кој се вика Сава,+ син на Вихри, се побуни против цар Давид.+ Предајте го само него,+ па ќе се повлечам од градот!“+ Тогаш жената му рече на Јоав: „Еве, ќе ти ја фрлиме неговата глава+ преку ѕидот!“

22 Таа мудра+ жена отиде и му се обрати на сиот народ, па тие му ја отсекоа главата на Сава, синот на Вихри, и му ја фрлија на Јоав. Тогаш тој затруби во рогот+ и војниците се разотидоа од градот, секој во својата куќа. А Јоав се врати кај царот во Ерусалим.

23 Јоав заповедаше со целата израелска војска,+ а Венај,+ синот на Јодај,+ заповедаше со Херетејците+ и со Фелетејците.+ 24 Адорам+ ги надгледуваше оние што беа одредени за работа, а Јосафат,+ синот на Ахилуд, беше летописец. 25 Шева+ беше писар,+ а Садок+ и Авијатар+ беа свештеници. 26 Ира од Јаир стана намесник*+ на Давид.

21 Еднаш, во деновите на Давид, три години едноподруго владееше глад.+ И Давид му се обрати на Јехова за совет, а Јехова му рече: „Врз Саул и врз неговиот дом лежи вина за крв поради Гаваонците, кои ги уби“.+ 2 Тогаш царот ги повика Гаваонците+ и разговараше со нив. (А Гаваонците не беа Израелци, туку остаток од Аморејците.+ Иако синовите на Израел се обврзаа со заклетва кон нив,+ Саул сакаше да ги убие+ од ревност+ кон синовите на Израел и на Јуда.) 3 И Давид им рече на Гаваонците: „Што да направам за вас? Со што да го исчистам тој грев+ за да го благословите Јеховиното наследство?“+ 4 А Гаваонците му одговорија: „Не бараме ни сребро ни злато+ од Саул и од неговиот дом, а немаме ни право да погубиме некого во Израел“. Тогаш тој рече: „Ќе направам за вас сѐ што сакате!“ 5 А тие му рекоа на царот: „Бидејќи тој човек нѐ погубуваше+ и смислуваше+ како да нѐ истреби, за да нѐ нема никаде на подрачјето на Израел, 6 нека ни бидат предадени седум луѓе од неговите синови+ за да ги изложиме јавно нивните тела+ пред Јехова во Гаваја+ Саулова, градот на Јеховиниот избраник“.+ Тогаш царот рече: „Ќе ви ги предадам“.

7 Но царот се сожали на Мефивостеј,+ синот на Јонатан, син на Саул. Давид го направи тоа поради заклетвата+ со која тој и Јонатан, синот на Саул, се заколнаа еден на друг пред Јехова. 8 Така царот ги зеде двата сина кои Рисфа,+ ќерката на Аја, му ги роди на Саул, односно Армониј и Мефивостеј, и петте синови, кои Михала,*+ ќерката на Саул, му ги роди на Адриел,+ синот на Мехолецот Варзелај. 9 И ги предаде во рацете на Гаваонците, кои јавно ги изложија нивните тела на планината пред Јехова.+ Така сите седуммина загинаа заедно. Беа погубени во првите денови од жетвата, во почетокот на јачменовата жетва.+ 10 А Рисфа, ќерката на Аја,+ зеде козина+ и си ја посла на карпата, и остана таму од почетокот на жетвата додека не падна на нив дожд од небото.+ И не дозволуваше птиците+ небесни да се спуштат на нив дење, ниту да им се приближат полските ѕверови+ ноќе.

11 По некое време му јавија+ на Давид што направи Рисфа, ќерката на Аја, наложницата* на Саул. 12 И Давид отиде и ги зеде коските на Саул+ и коските на неговиот син Јонатан од граѓаните на Јавис-Галад,+ кои скришно ги беа однеле од плоштадот во Вет-Сан,+ каде што Филистејците ги обесија+ во оној ден кога го поразија Саул на Гелвуја.+ 13 Ги однесе оттаму коските на Саул и коските на неговиот син Јонатан, а ги собраа и коските на оние што беа јавно изложени.+ 14 Потоа ги закопаа коските на Саул и на неговиот син Јонатан во Венијаминовата земја, во Зела,+ во гробот на Кис,+ Сауловиот татко, и така извршија сѐ што им заповеда царот. Потоа Бог ги услиши нивните сесрдни молитви за земјата.+

15 Филистејците+ пак завојуваа со Израел, така што Давид отиде со своите слуги во битка против Филистејците. И Давид се умори. 16 А Јасви-Венов, Рефаимец,*+ чие бакарно копје+ тежеше триста сикли* и имаше на појасот нов меч, сакаше да го убие Давид. 17 Но Ависај,+ синот на Серуја, му притрча на помош на Давид,+ го удри Филистеецот и го уби. Тогаш Давидовите луѓе се заколнаа: „Нема повеќе да одиш со нас во битка,+ за да не ја угаснеш+ светилката+ на Израел!“

18 Потоа пак избувна војна со Филистејците во Гов.* Тогаш Хусанецот+ Сивехај+ го уби Саф, Рефаимецот.+

19 Кога повторно избувна војна со Филистејците во Гов, Елханан,+ синот на Јаре-Орегим, од Витлеем, го уби Голијат од Гат, чие копје имаше дршка како ткајачко кросно.+

20 Потоа пак избувна војна во Гат,+ каде што имаше еден човек со необично крупна става, кој имаше по шест прсти на секоја рака и на секоја нога, вкупно дваесет и четири. И тој беше Рефаимец.+ 21 Кога почна да му се подбива+ на Израел, Јонатан,+ синот на Давидовиот брат Симеј,*+ го уби.

22 Тие четворица беа Рефаимци од Гат,+ а загинаа од раката на Давид и од рацете на неговите слуги.+

22 Давид му ја испеа на Јехова оваа песна+ во времето кога Јехова го избави од рацете на сите негови непријатели+ и од раката на Саул,+ 2 и рече:

„Јехова е моја спила,+ тврдина моја+ и мој избавител.+

 3 Мојот Бог е моја карпа.+ Тој е мое прибежиште,

мој штит+ и рог+ на моето спасение, моја сигурна тврдина на високо место,+

мое засолниште,+ мој спасител,+ кој ме избавува од насилство.+

 4 Ќе го повикам Јехова, кој е достоен за фалба,+

и ќе бидам избавен од моите непријатели.+

 5 Разбеснетите бранови на смртта ме опкружија,+

порои од никаквеци ме плашеа.+

 6 Јажињата на гробот* ме опколија,+

замките на смртта се испречија пред мене.+

 7 Во својата неволја го повикував Јехова,+

кон својот Бог викав за помош.+

Тој го слушна мојот глас од својот храм,+

мојот повик за помош дојде до неговите уши.+

 8 Земјата се заниша и се затресе,+

темелите на небото се поместија,+

се занишаа, зашто тој се разгневи.+

 9 Чад излезе од неговите ноздри и од неговата уста вивна оган што проголтува,+

разжарени јаглења искокнуваа од него.+

10 Ги наведна небесата и слезе,+

темни облаци имаше под неговите нозе.+

11 Седна на херувим*+ и долета,

се покажа на крилјата на еден ангел.*+

12 Темнината ја подигна околу себе како шатор,+

црните дождовни облаци.+

13 Од секањето на молњите пред него пламтеа разгорени јаглења.+

14 Згрме Јехова од небесата,+

Севишниот го пушти својот глас.+

15 Испраќаше стрели за да ги распрсне,+

молњи за да ги збрка.+

16 Морските дна се покажаа+

и се открија темелите на земјата*+

од заканите на Јехова, од силниот здив на неговите ноздри.+

17 Тој ја подаде раката од висина, ме фати+

и ме извлече од длабока вода.+

18 Ме избави од мојот силен непријател,+

од оние што ме мразат, зашто беа посилни од мене.+

19 Се креваа против мене во денот на мојата неволја,+

но Јехова ми беше поткрепа.+

20 Ме изведе на широко место,+

ме избави, оти сум му мил.+

21 Јехова ме наградува според мојата праведност,+

според чистотата на моите раце тој ми возвраќа.+

22 Зашто, се држев за Јеховините патишта+

и не се одметнав од својот Бог.+

23 Зашто, сите негови закони+ се пред мене

и од неговите одредби не отстапувам.+

24 Непорочен*+ сум пред него

и се чувам да не направам престап.+

25 А Јехова нека ми возврати според мојата праведност,+

според мојата чистота пред неговите очи.+

26 Со верниот ти постапуваш верно,+

со беспрекорниот човек беспрекорно,+

27 со оној што е чист постапуваш чисто,+

а расипаниот го надмудруваш.*+

28 Ти го спасуваше понизниот народ,+

а твоите очи ги набљудуваат вообразените за да ги понижиш.+

29 Зашто, ти си моја светилка, о Јехова,+

Јехова ми ја осветлува темнината.+

30 Зашто, со твоја помош можам и на разбојничка дружина да удрам,+

со помошта на својот Бог можам и на ѕидишта да се качам.+

31 Патот на вистинскиот Бог е совршен,+

Јеховината реч е чиста.+

Тој им е штит на сите што бараат засолниште кај него.+

32 Зашто, кој е Бог освен Јехова?+

И кој е карпа освен нашиот Бог?+

33 Вистинскиот Бог е моја силна тврдина,+

мојот пат го прави совршен,+

34 зашто ми дава нозе како на срна+

и ме става да стојам на места што се високи за мене.+

35 Ги учи моите раце да војуваат,+

па моите мишки го оптегнуваат бакарниот лак.+

36 Ти ми го даваш својот штит на спасението,+

твојата понизност ме прави голем.+

37 Им правиш место на моите чекори+

и моите глуждови не попуштаат.+

38 Ги гонам своите непријатели и ги сотирам,

не се враќам додека не ги истребам.+

39 Ги истребувам и ги здробувам+ за да не можат да станат,+

паѓаат под моите нозе.+

40 Ти ме опашуваш со сила за војна,+

ги соборуваш под мене оние што се креваат против мене,+

41 моите непријатели ги тераш да бегаат пред мене.*+

Јас ги сотирам* оние што силно ме мразат.+

42 Тие викаат за помош, но нема спасител,+

кон Јехова викаат за помош, но тој не ги услишува.+

43 Ги здробувам како земјен прав,

ги газам и ги гмечам

како улична кал.+

44 Ти ме избавуваш од приговарањето на мојот народ,+

ме штитиш како поглавар на народите.+

Народ, кој не го познавав, ми служи.+

45 Туѓинци подложно доаѓаат кај мене,+

ми се покоруваат и ме слушаат.+

46 Туѓинците венеат,

треперејќи излегуваат од своите тврдини.+

47 Жив е Јехова!+ Нека е благословена мојата Карпа+

и нека е возвишен Бог, карпата на моето спасение!+

48 Вистинскиот Бог ми дава одмазда+

и ми ги покорува народите,+

49 ме избавува од моите непријатели.+

Над сите што се креваат против мене ти ме подигаш,+

од насилен човек ме избавуваш.+

50 Затоа те фалам меѓу народите,+ о Јехова,

со песна го славам твоето име,+

51 тебе, кој му даваш големи победи на својот цар+

и му покажуваш милост* на својот помазаник+ —

на Давид и на неговото потомство довека“.+

23 Ова се последните зборови на Давид:+

„Зборови на Давид, синот на Јесеј,+

зборови на човек што беше високо издигнат,+

помазаник+ на Богот на Јаков,

омилен во Израел и опеан во песните.+

 2 Јеховиниот дух зборуваше преку мене,+

Божјата реч беше на мојот јазик.+

 3 Богот на Израел ми рече,

Карпата на Израел ми рече:+

‚Кога со луѓето владее праведник,+

кој владее со Божји страв,+

 4 неговото владеење е како утринската светлина кога ќе светне сонцето,+

како утро без облаци.

Од светлина и од дожд никнува трева од земјата‘.+

 5 Не е ли таков мојот дом пред Бог?+

Зашто, тој склучи вечен сојуз+ со мене,

добро уреден и утврден во сѐ.+

Тој сојуз е сето мое спасение+ и сета моја радост.

Нема ли Бог да го направи успешен поради тоа?+

 6 А сите никаквеци+ се како искорнати+ трње,+

кои никој не ги фаќа со рака.

 7 Кој сака да ги допре,

треба да земе железен алат и копје.

Тие ќе бидат изгорени во оган“.+

8 Ова се имињата на Давидовите јунаци:+ Тахмонецот Јосев-Васевет,+ главен меѓу тројцата. Тој еднаш со своето копје уби осумстотини луѓе. 9 Потоа, Елеазар,+ синот на Додо,+ син на Ахохи, кој беше еден од тројцата јунаци на Давид кога ги посрамотија Филистејците. Филистејците таму се беа собрале за битка, а Израелците се повлекоа.+ 10 Но тој се крена и удираше на Филистејците сѐ додека раката не му се умори и остана како залепена за мечот.+ Така Јехова даде голема победа во тој ден.+ А луѓето се вратија следејќи го Елеазар само за да ги ограбат убиените.+

11 Потоа тука беше Сама, синот на Аге Арарецот.+ Еднаш Филистејците се собраа во Лехи, каде што тогаш имаше нива полна со леќа.+ И додека војската бегаше пред Филистејците, 12 тој застана среде нивата, ја одбрани и ги погуби Филистејците. Така Јехова им даде голема победа.+

13 Еднаш тие тројца од триесетте заповедници+ појдоа во времето на жетвата и дојдоа кај Давид во адоламската+ пештера. А Филистејците се улогорија под шатори во рефаимската долина.+ 14 Давид тогаш беше во своето скривалиште,+ а во тоа време во Витлеем имаше филистејска стража.+ 15 И Давид посака: „Камо да можев да се напијам вода од витлеемскиот бунар* што е кај градската порта!“+ 16 Тогаш тие тројца јунаци продреа во филистејскиот логор, нацрпија вода од витлеемскиот бунар што е кај градската порта, па му ја донесоа и му ја дадоа на Давид.+ Но тој не сакаше да пие, туку ја истури+ пред Јехова. 17 И рече: „Никогаш не би направил такво нешто,+ Јехова! Зар да ја пијам крвта+ на овие луѓе што ја изложија на опасност својата душа?“ И не сакаше да пие.

Тоа го направија тие тројца јунаци.

18 А Ависај,+ братот на Јоав, син на Серуја,+ беше заповедник на триесеттемина. Тој, замавнувајќи со своето копје, уби триста луѓе. Беше човек прочуен како и оние тројца.+ 19 Иако беше најистакнат меѓу триесеттемина и им беше заповедник, не ги достигна првите тројца.+

20 Венај,+ синот на Јодај,+ син на храбар човек, кој направи големи дела во Кавсеил,+ ги уби двата сина на Ариел Моавецот. Еден снежен ден,+ слезе во јама за вода и уби лав.+ 21 Уби и еден Египќанец со необично крупна става.+ Иако Египќанецот имаше копје во раката, тој излезе против него со стап, му го истргна копјето од раката и потоа го уби со неговото сопствено копје.+ 22 Тоа го направи Венај,+ синот на Јодај. Тој беше човек прочуен како и оние тројца јунаци.+ 23 Иако беше поистакнат од триесеттемина, не ги достигна оние тројца. Но Давид го постави за заповедник на телесната стража.+

24 Асаил,+ братот на Јоав, беше меѓу триесеттемина. Потоа Елханан,+ синот на Додо од Витлеем, 25 Сама+ од Харод, Елика од Харод, 26 Хелис+ од Фалет, Ира,+ синот на Икис+ од Текоја, 27 Авиезер+ од Анатот,+ Мевунај од Хус,+ 28 Салмон, потомок на Ахохи,+ Махарај+ од Нетофа, 29 Хелев,+ синот на Вана од Нетофа, Етај,+ синот на Ривај од Гаваја на Венијаминовите синови, 30 Венај+ од Фаратон, Идај од долините околу Гаш,+ 31 Ави-Алвон од Вет-Арава, Азмавет+ од Бархум, 32 Елијава од Салвим, синовите на Јашен, Јонатан,+ 33 Сама од Арар, Ахијам,+ синот на Сарар од Арар, 34 Елифелет, синот на Асвеј, син на еден Макатец, Елиам, синот на Ахитофел+ од Гилон, 35 Есро+ од Кармил, Фареј од Араб, 36 Игал, синот на Натан+ од Сова, Вани од Гад, 37 Селек+ Амонецот, Нахарај од Веерот, кој му беше штитоносец на Јоав, синот на Серуја, 38 Ира Етерецот,+ Гарив+ Јетеровецот, 39 Урија+ Хетеецот — вкупно триесет и седум луѓе.

24 Гневот на Јехова повторно+ се распали против Израелците кога Давид беше предизвикан* да ги преброи+ Израел и Јуда. 2 Така царот му рече на Јоав,+ својот заповедник на војската, кој беше со него: „Обиколи ги сите племиња на Израел, од Дан до Вирсавеја,+ и попишете го народот+ за да знам колку народ има!“+ 3 Но Јоав му рече на царот: „Јехова, твојот Бог, нека му додаде на овој народ уште стопати олку колку што го има сега, и мојот господар, царот, нека го види тоа со свои очи. Но зошто мојот господар, царот, сака да направи такво нешто?“+

4 Но царскиот збор беше посилен+ од зборот на Јоав и на воените заповедници. И така Јоав и воените заповедници отидоа откај царот да го попишат+ израелскиот народ. 5 Го поминаа Јордан и се улогорија кај Ароир,+ десно од градот што е среде долината, а потоа тргнаа кон синовите на Гад+ и кон Јазер.+ 6 Потоа дојдоа во Галад+ и во земјата Тахтим-Ходши, продолжија до Дан-Јан, а потоа свртија кон Сидон.+ 7 Потоа дојдоа до утврдениот град Тир+ и во сите градови на Евејците+ и на Ханаанците, а својот пат го завршија во Јудиниот Негев,+ во Вирсавеја.+ 8 Така ја обиколија целата земја, и по девет месеци и дваесет дена дојдоа во Ерусалим. 9 И Јоав му го даде на царот бројот на попишаниот народ:+ синови на Израел имаше осумстотини илјади смели мажи вооружени со меч, а синови на Јуда петстотини илјади мажи.+

10 Но срцето постојано го осудуваше+ Давида откако го преброи народот. И Давид му рече на Јехова: „Многу згрешив+ што го направив тоа! Те молам, Јехова, прости му го овој грев+ на својот слуга, зашто постапив многу неразумно“.+ 11 Кога Давид стана утрото, Јеховината реч му дојде на пророкот Гад,+ јасновидецот+ на Давид: 12 „Оди и речи му на Давид: ‚Вака вели Јехова: „Три нешта ставам пред тебе,+ а ти избери, кое од нив да ти го направам!“ ‘ “+ 13 И Гад дојде кај Давид и му рече:+ „Сакаш ли на твојата земја да дојдат седум гладни години,+ или да бегаш пред своите противници+ и тие да те прогонуваат три месеци, или да има чума во твојата земја три дена?+ Сега добро размисли што ќе му одговорам на оној што ме испраќа“. 14 А Давид му рече на Гад: „На голема мака сум! Да паднеме во рацете на Јехова,+ зашто големо е неговото милосрдие,+ но да не им паднам в раце на луѓето!“+

15 И Јехова пушти помор+ на Израел од утрото до одреденото време, така што умреа седумдесет илјади луѓе+ од Дан до Вирсавеја.+ 16 А кога ангелот+ ја пружи раката кон Ерусалим за да го опустоши, Јехова се сожали+ поради неволјата, па му рече на ангелот кој го убиваше народот: „Доста! Повлечи ја сега раката!“ А Јеховиниот ангел беше кај гумното на Евусеецот+ Орна.+

17 Кога го виде ангелот што го убиваше народот, Давид му рече на Јехова: „Еве, јас згрешив и направив зло! Но што направиле овие овци?+ Те молам, твојата рака нека дојде врз мене+ и врз домот на мојот татко!“

18 Потоа Гад уште истиот ден дојде кај Давид и му рече: „Оди и подигни му на Јехова жртвеник на гумното на Евусеецот+ Орна!“ 19 И Давид отиде според зборот на Гад, како што му заповеда Јехова.+ 20 Кога погледна и ги виде царот и неговите слуги како одат кон него, Орна веднаш дојде и му се поклони+ на царот со лицето до земја.+ 21 И Орна праша: „Зошто мојот господар, царот, дошол кај својот слуга?“ А Давид одговори: „Да го купам+ од тебе гумното и да му изградам жртвеник на Јехова, за да престане поморот+ меѓу народот“. 22 Тогаш Орна му рече на Давид: „Мојот господар, царот, нека го земе+ и нека го жртвува она што е добро во негови очи! Еве говеда за жртва паленица, а за дрва земи ги справата за вршидба, плугот и јаремот.+ 23 Сето тоа, царе, Орна ти го подарува тебе“. Орна уште му рече на царот: „Јехова, твојот Бог, нека ти биде милостив!“+

24 Но царот му рече на Орна: „Не, туку ќе го купам од тебе за пари!+ Нема да му принесувам на Јехова, својот Бог, жртви паленици што не сум ги платил!“+ Така Давид ги купи+ гумното и говедата за педесет сикли* сребро. 25 И Давид му изгради таму жртвеник+ на Јехова и му принесе жртви паленици и жртви на заедништвото. И Јехова ги услиши сесрдните молитви+ за земјата и престана поморот во Израел.

Или: „дијадемата“.

„Јашар“ значи „праведник; справедлив“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

„Хелкат-Хасурим“ значи „поле на кремените ножеви“. Или, ако се прочита поинаку, значи „поле на бедрата“.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

Или: „покажував лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Во 1Са 25:44 „Фалтиј“.

Или: „резервоарот“.

Или: „Ридот“.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

„Ваал-Ферасим“ значи „господар на продирањето, пробојот“.

Името бака е транслитерација на хебрејски збор. Не е познато на кој вид грмушки се однесува.

Во 1Ле 14:16 „Гаваон“.

Херувими се ангели на висока положба.

Во 1Ле 13:9 „Хидон“.

„Фарес-Уза“ значи „излив [на гнев] врз Уза“.

Или: „синовите на земниот човек; синовите на Адам“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Во 1Ле 18:8 „Тиват“.

Буквално: „свештеници“.

Или: „да му покажам лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „да му покажам лојална љубов“.

Или: „ќе ти покажам лојална љубов“.

Некои сметаат дека текстот треба да гласи „на трпезата на Давид“, како што го преведува и Септуагинтата. Сириската Пешита го преведува „на царската трпеза“. Други сметаат дека Сива, всушност, ги повторил Давидовите зборови.

Или: „Ќе му покажам лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Односно Еуфрат.

Или: „Следната пролет“.

Во 1Ле 3:5 „Амил“.

Во Су 6:32; 7:1; 9:1, 16, 24, 28 „Јероваал“.

„Едидија“ значи „саканиот на Јах“.

По сѐ изгледа дека станува збор за амонскиот бог кој на други места се нарекува Милхом или Молох.

Еден талант тежел 34,2 килограми. Види го додатокот 13.

Или: „срцевидни печива“. Хебрејскиот израз веројатно се однесува на печива слични на мекици, пржени во масло, а не печени во фурна.

Буквално: „душа“.

Околу 2,3 килограми. Види го додатокот 13.

„Според царската мера“ — можеби станувало збор за стандарден тег, кој се чувал во царската палата, или, пак, постоел „царски“ сикел, кој се разликувал од обичниот. Спореди ја фуснотата за изразот „според светиот сикел“ во 2Мо 30:13.

Веројатно 40 години откако Давид бил помазан за цар. Види 1Са 16:13.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Види го додатокот 12.

Веројатно смокви, а можеби и урми.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

Види ја фуснотата за 1Мо 13:10.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

Или: „средуваше“.

Или: „мустаќите“.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

Буквално: „свештеник“.

Во парафразираниот превод на хебрејскиот текст на арамејски (таргумите), овој дел од стихот гласи: „и петте синови на Мерава (кои Михала, ќерката на Саул, ги одгледа)“. Види 2Са 6:23.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

Буквално: „еден од Рефаим [од потомците на Рефаим]“. Името Рефаим овде се користи како општ назив за сите луѓе со џиновски раст.

Околу 3,42 килограми. Види го додатокот 13.

Во 1Ле 20:4 „Гезер“.

Во 1Са 16:9 „Сама“.

Буквално: „шеолот“.

Херувими се ангели на висока положба.

Или: „на ветрот; на духот“.

Буквално: „на плодното тло“.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Или: „а со расипаните — безумно“, односно на начин кој на расипаниот му се чини безумен.

Или: „ми го даваш (подаваш) вратот на моите непријатели“.

Буквално: „јас ќе ги замолчам“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „резервоар“.

Буквално: „кога тој го предизвика Давид“. Види 1Ле 21:1.

Види го додатокот 13.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели