ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt 1. Самоилова 1:1-31:13
  • 1. Самоилова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 1. Самоилова
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
1. Самоилова

Прва книга Самоилова

(или, според грчката Септуагинта, ПРВА КНИГА ЗА ЦАРЕВИТЕ)

1 Во Раматаим-Софим,+ во ефремските планини,+ имаше еден човек кој се викаше Елкана,+ син на Јероам, син на Елиу,* син на Тоху, син на Зуф,+ Ефремовец. 2 Тој имаше две жени. Едната се викаше Ана, а другата Фенина. Фенина имаше деца, а Ана немаше.+ 3 Тој човек секоја година од својот град одеше во Сило за да му се поклони+ на Јехова над војските* и да му принесе жртви.+ Таму двајцата синови на Илиј — Офни и Финес+ — служеа како свештеници на Јехова.+

4 Кога принесуваше жртва, Елкана им даваше повеќе делови од жртвата+ на својата жена Фенина и на сите нејзини синови и на нејзините ќерки, 5 а на Ана ѝ даваше само еден дел. Но тој повеќе ја сакаше Ана,+ иако Јехова ѝ ја беше затворил материцата.+ 6 Освен тоа, нејзината соперничка постојано ја предизвикуваше+ и ја вознемируваше поради тоа што Јехова ѝ ја беше затворил материцата. 7 Тоа го правеше секоја година,+ кога и да одеа во Јеховиниот дом.+ Толку ја предизвикуваше што оваа плачеше и не јадеше. 8 А Елкана, нејзиниот маж, ѝ рече: „Ана, зошто плачеш? Зошто не јадеш? И зошто ти е тажно срцето?+ Зарем не сум ти јас подобар од десет синови?“+

9 Откако јадеа и пиеја во Сило, Ана стана, а свештеникот Илиј седеше на столот до довратникот на Јеховиниот храм.+ 10 Таа беше огорчена во душата+ и почна да му се моли на Јехова,+ плачејќи горко.+ 11 И вака се заветува:+ „Јехова над војските, ако погледнеш на неволјата на својата робинка+ и ако се сетиш на мене,+ ако не ја заборавиш својата робинка и ако ѝ дадеш машко дете на својата робинка, јас ќе ти го дадам тебе, Јехова, за сите денови од неговиот живот, и брич нема да помине преку неговата глава“.+

12 Така таа долго му се молеше+ на Јехова, а Илиј ја гледаше во устата. 13 А Ана зборуваше во своето срце+ и само усните ѝ потреперуваа, но глас не се слушаше. Затоа Илиј помисли дека е пијана.+ 14 Па Илиј ѝ рече: „До кога ќе бидеш пијана?+ Отрезни се од своето вино!“ 15 А Ана му одговори: „Не сум пијана, господару, туку сум многу тажна.* Не сум пиела ни вино ни опојни пијалаци, туку ја излевам својата душа пред Јехова.+ 16 Немој да мислиш дека твојата робинка е некоја никаквица,+ зашто сѐ досега зборував од голема грижа и тага“.+ 17 Тогаш Илиј ѝ одговори: „Оди си во мир!+ И Богот на Израел нека ти ја услиши молитвата што си му ја упатила“.+ 18 А таа рече: „Твојата слугинка нека најде милост во твои очи“.+ Потоа си отиде по својот пат, па јадеше+ и лицето повеќе не ѝ беше тажно.+

19 Изутрината станаа рано и се поклонија пред Јехова, па се вратија и си дојдоа во својата куќа во Рама.+ И Елкана легна+ со Ана, својата жена, и Јехова се сети на неа.+ 20 Кога помина една година, Ана, која беше забременила, роди син и му го даде името+ Самоил,* зашто рече: „Го измолив+ од Јехова“.

21 Потоа Елкана отиде со сиот свој дом за да му ги принесе на Јехова годишната жртва+ и својата заветна жртва.+ 22 А Ана не отиде,+ зашто му рече на својот маж: „Кога детето ќе биде одбиено од гради,+ ќе го одведам за да се покаже пред Јехова и да остане таму засекогаш“.+ 23 Тогаш Елкана, нејзиниот маж,+ ѝ рече: „Направи го она што е добро во твои очи.+ Остани дома додека не го одбиеш од гради. Само Јехова нека го исполни својот збор“.+ Така жената остана дома и го доеше својот син додека не го одби од гради.+

24 Кога го одби од гради, го поведе со себе, а зеде и тригодишен јунец, една ефа* брашно и голем ќуп со вино.+ И влезе во Јеховиниот дом во Сило,+ а детето беше со неа. 25 Тогаш го заклаа јунецот, а детето го одведоа кај Илиј.+ 26 И таа рече: „Прости, господару! Како што е жива твојата душа,+ господару, јас сум жената што стоеше пред тебе на ова место и му се молеше на Јехова.+ 27 За ова дете се молев, Јехова да ми ја услиши молитвата+ што му ја упатив.+ 28 Затоа сега му го дарувам на Јехова.+ Во сите денови од неговиот живот нека му биде посветен на Јехова“.

И Елкана му се поклони таму на Јехова.+

2 А Ана се помоли:+

„Срцето ми воскликнува од радост поради Јехова,+

Јехова го издигна мојот рог.+

Ширум ја отворам устата против своите непријатели,

зашто се радувам на спасението од тебе.+

 2 Никој не е свет како Јехова, зашто нема друг освен тебе,+

и нема карпа каква што е нашиот Бог.+

 3 Не зборувајте веќе толку надмено,

од вашата уста нека не излегуваат непромислени зборови,+

зашто Јехова е Бог кој знае сѐ,+

тој исправно ги проценува делата!+

 4 Јунаците со лакови се тресат од страв,+

а оние што се тетерават се опашуваат со сила.+

 5 Оние што беа сити се даваат под наем за леб,+

а гладните повеќе не гладуваат.+

Дури и неротката роди седум деца,+

а онаа што имаше многу синови премале.+

 6 Јехова донесува смрт и го чува животот,+

спушта во гробот*+ и подига од него.+

 7 Јехова осиромашува+ и збогатува,+

понижува и возвишува,+

 8 од прав го подига сиромавиот,+

од пепел го крева бедниот,+

за да ги седне со достоинствениците и да им го даде престолот на славата.+

Зашто, на Јехова му припаѓаат земните столбови,+

на нив ја поставил земјата.*

 9 Тој ги чува чекорите на своите верни слуги,+

а злосторниците што се во темнина ги стигнува пропаст,*+

зашто човек не може со својата сила да покаже дека е појак.+

10 Ќе затреперат оние што му се противат на Јехова,+

тој ќе згрми на нив од небесата.+

Јехова ќе им суди на земните краишта,+

ќе му даде сила на својот цар,+

ќе го издигне рогот на својот помазаник“.+

11 Потоа Елкана отиде во својата куќа во Рама, а детето остана да му служи+ на Јехова пред свештеникот Илиј.

12 А синовите на Илиј беа никаквеци.+ Не им беше грижа за Јехова.+ 13 А свештениците имаа право да добијат од народот дел од жртвата,+ но кога некој принесуваше жртва, ќе дојдеше слугата на свештеникот со тророга виљушка во раката,+ додека месото уште се вареше, 14 и ќе ја забодеше во котелот, или во лонецот, или во котлето, или во тавата. И тоа што ќе се набодеше на виљушката свештеникот си го земаше за себе. Така постапуваа во Сило со сите Израелци што доаѓаа таму.+ 15 Исто така и пред да изгореше лојот,+ ќе дојдеше слугата на свештеникот и ќе му речеше на човекот што принесуваше жртва: „Дај ваму месо да му се испече на свештеникот! Тој нејќе да прими од тебе варено месо, туку сурово“.+ 16 Ако човекот му одговореше: „Прво нека изгори лојот,+ па тогаш земи што ти сака душата“,+ овој ќе речеше: „Не, туку дај веднаш! А ако не даваш, ќе го земам сосила!“+ 17 И гревот на тие слуги* беше многу голем пред Јехова,+ зашто тие луѓе ги презираа Јеховините жртви.+

18 А момчето Самоил служеше+ пред Јехова опашано со ленен ефод.+ 19 Мајка му еднаш во годината ќе му направеше мала туника, па ќе му ја донесеше кога ќе дојдеше со мажот да ја принесе годишната жртва.+ 20 И Илиј ги благослови+ Елкана и неговата жена со зборовите: „Јехова нека ти даде потомство од оваа жена на местото на овој што е даруван, кој му е даруван на Јехова!“+ Потоа се вратија во своето место. 21 Тогаш Јехова се смилува на Ана+ и таа забремени и роди три сина и две ќерки.+ А момчето Самоил растеше пред Јехова.+

22 Илиј беше многу стар и слушна+ за сето она што му го правеа неговите синови+ на целиот Израел и како спиеја со жените+ што служеа на влезот од шаторот на средбата.+ 23 И им велеше:+ „Зошто правите такво нешто?+ Зашто, слушам дека целиот народ зборува лошо за вас.+ 24 Немојте така,+ синови мои! Не се добри гласовите што ги слушам, кои ги шири Јеховиниот народ.+ 25 Ако човек му згреши на човек,+ Бог може да се заземе за него.+ Но, ако човек му згреши на Јехова,+ кој ќе се заземе за него?“+ Но тие не го послушаа гласот на својот татко,+ затоа што Јехова реши да ги погуби.+ 26 А момчето Самоил растеше и им стануваше сѐ помило и на Јехова и на луѓето.+

27 Еден ден, еден Божји човек+ дојде и му рече на Илиј: „Вака вели Јехова: ‚Зар не му се објавив на домот на твојот прататко додека беа робови во Египет, во куќата на фараонот?+ 28 Него го избрав од сите племиња на Израел+ за да ми служи како свештеник и да се качува на мојот жртвеник+ за да ги гори приносите и да носи свештенички ефод пред мене. И на домот на твојот прататко му ги дадов сите палени жртви што ги принесуваат Израеловите синови.+ 29 Тогаш, зошто ги презирате моите жртви+ и моите приноси што ги одредив за своето живеалиште?+ И зошто им укажуваш поголема чест на своите синови отколку мене, па се гоите+ од најдобрите делови од сите жртви на мојот народ Израел?+

30 Затоа, вака вели Јехова, Богот на Израел: „Вистина, реков дека твојот дом и домот на твојот прататко довека ќе ми вршат свештеничка служба“.*+ Но сега Јехова вели: „Нема да биде така! Зашто, јас им укажувам чест+ на оние што мене ми укажуваат чест,+ а оние што ме презираат, ќе бидат презрени“.+ 31 Еве, доаѓаат денови кога ќе ги отсечам твојата рака и раката на домот на твојот прататко, така што повеќе не ќе има старец во твојот дом.+ 32 Среде сите добра во кои ќе ужива Израел, ќе го гледаш непријателот во моето живеалиште.+ И не ќе има старец во твојот дом. 33 Но еден од твоите сепак ќе оставам кај мојот жртвеник за да му гаснат очите и да му гине душата. А поголемиот дел од твојот дом ќе загине од човечки меч.+ 34 И ова ти е знакот што ќе дојде на твоите два сина, Офни и Финес:+ двајцата ќе загинат во еден ден.+ 35 А јас ќе си подигнам верен свештеник,+ кој ќе прави сѐ по моето срце и по мојата душа. И ќе му изградам траен дом и тој ќе му служи засекогаш како свештеник на мојот помазаник.*+ 36 А оној што ќе остане+ од твојот дом ќе дојде и ќе му се поклони за плата и за леб, и ќе рече: „Те молам, прими ме во некаква свештеничка служба за да имам парче леб“ ‘ “.+

3 А момчето Самоил му служеше+ на Јехова пред Илиј. Во тоа време Јеховината реч+ ретко доаѓаше+ и виденијата+ не беа чести.

2 Еден ден, Илиј спиеше во својата соба. Очите му ослабеа,+ така што повеќе не гледаше. 3 Божјиот светилник уште не се угасна, а Самоил спиеше во Јеховиниот храм,+ каде што беше Божјиот ковчег. 4 И Јехова го викна Самоил, а тој одговори: „Еве ме!“+ 5 Па отрча кај Илиј и рече: „Еве ме, ме викаше!“ Но тој рече: „Не те викав. Оди и легни си“. И тој отиде и си легна. 6 Но Јехова пак го викна: „Самоиле!“+ А Самоил стана и отиде кај Илиј, па му рече: „Еве ме, ме викаше!“ Но тој рече: „Не те викав, сине.+ Оди и легни си“. 7 Самоил, имено, уште не го познаваше Јехова и Јеховината реч уште не му беше објавена.+ 8 И Јехова го викна по трет пат: „Самоиле!“ А тој стана и отиде кај Илиј, па му рече: „Еве ме, сигурно ме викаше!“

Тогаш Илиј сфати дека Јехова го вика момчето. 9 Затоа Илиј му рече на Самоил: „Оди и легни си, па ако те викне повторно, речи: ‚Зборувај, Јехова, зашто твојот слуга слуша!‘ “ И Самоил отиде и си легна на своето место.

10 Тогаш Јехова дојде, застана таму и го викна како и пред тоа: „Самоиле! Самоиле!“ А Самоил одговори: „Зборувај, зашто твојот слуга слуша!“+ 11 И Јехова му рече на Самоил: „Еве, ќе направам+ во Израел нешто од кое ќе се вчудовидат сите што ќе чујат за тоа.*+ 12 Во тој ден ќе го извршам на Илиј сето она што го реков за неговиот дом, од почетокот до крајот.+ 13 Речи му дека мојата осуда ќе биде на неговиот дом+ за навек поради вината за која знаеше,+ зашто неговите синови хулат на Бог,+ а тој не ги укори.+ 14 Затоа му се заколнав на домот на Илиј дека вината на домот на Илиј за навек нема да се исчисти ниту со некаква жртва ниту со принос“.+

15 Самоил остана да лежи до утрото, а тогаш ја отвори вратата на Јеховиниот дом.+ Но Самоил се плашеше да му го раскаже видението на Илиј.+ 16 Но Илиј го викна Самоил: „Самоиле, сине!“ А тој одговори: „Еве ме!“ 17 Тогаш го праша: „Каков е зборот што ти го кажа? Те молам, немој да криеш ништо од мене.+ Бог нека ти направи така, и уште нека ти додаде,+ ако ми скриеш некој збор од сето она што ти го рекол тој“. 18 Тогаш Самоил му раскажа сѐ и ништо не му скри. А тој рече: „Тоа е Јеховина волја! Нека го направи она што е добро во негови очи!“+

19 Самоил растеше, а Јехова беше со него+ и не допушти да остане неисполнет ниту еден негов збор.*+ 20 И целиот Израел, од Дан до Вирсавеја,+ сфати дека Самоил е поставен за Јеховин пророк.+ 21 И Јехова почна пак да се појавува+ во Сило. Јехова му се откриваше на Самоил во Сило преку Јеховината реч.+

4 А Самоил му ги пренесуваше Божјите зборови на целиот Израел.

Тогаш Израеловите синови излегоа во борба против Филистејците и се улогорија кај Евен-Езер,+ а Филистејците се улогорија во Афек.+ 2 Филистејците се наредија во борбени редови+ против Израел и започна битката во која Филистејците беа посилни, така што го поразија Израел,+ убивајќи на бојното поле околу четири илјади луѓе. 3 Кога народот дојде во логорот, старешините на Израел рекоа: „Зошто Јехова нѐ порази денес пред Филистејците?+ Да го земеме од Сило ковчегот на Јеховиниот сојуз+ за да биде меѓу нас и да нѐ избави од рацете на нашите непријатели“. 4 Така народот испрати луѓе во Сило и оттаму го донесоа ковчегот на сојузот на Јехова над војските, кој седи над херувими.*+ А двата сина на Илиј, Офни и Финес, го придружуваа ковчегот на сојузот на вистинскиот Бог.+

5 Кога ковчегот на Јеховиниот сојуз стигна во логорот, сите Израелци почнаа гласно да извикуваат,+ така што земјата потреперуваше. 6 Филистејците го чуја големото викање, па рекоа: „Какво е тоа големо викање+ во логорот на Евреите?“ На крајот дознаа дека Јеховиниот ковчег стигна во логорот. 7 Тогаш Филистејците се исплашија, па рекоа: „Бог дошол во логорот!“+ И рекоа: „Тешко нам, зашто такво нешто се нема случено никогаш порано! 8 Тешко нам! Кој ќе нѐ избави од раката на тој моќен Бог? Тој Бог го удри Египет со секаков вид помор во пустината.+ 9 Бидете храбри и држете се јуначки, Филистејци, за да не им служите на Евреите како што тие ви служеа вам!+ Држете се јуначки и борете се!“ 10 Тогаш Филистејците тргнаа во борба и ги поразија Израелците,+ така што секој побегна во својот шатор.+ Колежот беше многу голем,+ и паднаа триесет илјади пешаци од Израел.+ 11 Ковчегот беше запленет,+ а двата сина на Илиј, Офни и Финес, загинаа.+

12 А еден од Венијаминовите синови отрча од бојното поле и уште во истиот ден стигна во Сило со раскината облека+ и со глава посипана со прав.+ 13 Кога стигна, Илиј со исчекување седеше на столот покрај патот, зашто срцето му трепереше поради ковчегот на вистинскиот Бог.+ И кога оној човек дојде и го извести градот за сѐ, настана викотница низ целиот град. 14 А Илиј ја слушна големата викотница, па праша: „Каков метеж е тоа?“+ И оној човек дојде брзо за да го извести Илиј за сѐ. 15 А Илиј имаше деведесет и осум години и повеќе не гледаше, зашто ослепе.+ 16 Тогаш човекот му рече на Илиј: „Доаѓам од бојното поле, денес побегнав од бојното поле“. А тој го праша: „Што се случило, сине?“ 17 А гласникот одговори: „Израел побегна пред Филистејците и народот доживеа тежок пораз.+ Загинаа и твоите два сина, Офни и Финес,+ а ковчегот на вистинскиот Бог е запленет“.+

18 Кога овој го спомна ковчегот на вистинскиот Бог, Илиј падна од столот наназад кај градската порта, си го скрши вратот и умре, зашто беше стар и тежок. Беше судија во Израел четириесет години. 19 А неговата снаа, жената на Финес, беше бремена и пред пораѓање. Кога ја слушна веста дека е запленет ковчегот на вистинскиот Бог и дека загинале нејзиниот свекор и нејзиниот маж, се свитка и почна да се пораѓа, зашто одеднаш ја фатија родилни болки.+ 20 И додека таа умираше, жените што стоеја покрај неа ѝ рекоа: „Не плаши се, зашто роди син“.+ Но таа не одговори и не ѝ беше грижа за тоа. 21 На детето му го даде името Ихавод,*+ велејќи: „Славата отиде од Израел во изгнанство“.+ Со тоа мислеше на запленетиот ковчег на вистинскиот Бог и на својот свекор и на својот маж.+ 22 И рече: „Славата отиде од Израел во изгнанство,+ зашто е запленет ковчегот на вистинскиот Бог“.+

5 А Филистејците го запленија ковчегот+ на вистинскиот Бог и го однесоа од Евен-Езер во Азот.+ 2 И Филистејците го зедоа ковчегот на вистинскиот Бог, го внесоа во храмот на Дагон и го ставија покрај Дагон.+ 3 Утредента, кога жителите на Азот станаа рано наутро, гледај, Дагон лежеше со лицето на земја пред Јеховиниот ковчег.+ И го зедоа Дагон и го вратија на неговото место.+ 4 А утредента, кога повторно станаа рано наутро, гледај, Дагон лежеше со лицето на земја пред Јеховиниот ковчег, а главата на Дагон и дланките на двете негови раце лежеа отсечени на прагот.+ Му остана само рибиниот дел.* 5 Затоа свештениците на Дагон и сите што влегуваат во храмот на Дагон до ден-денес не стапнуваат на прагот на Дагон во Азот.

6 И Јеховината рака+ ги притискаше жителите на Азот. Тој предизвика голем страв меѓу нив и ги удри со мајасил*+ Азот и неговото подрачје. 7 Кога видоа што се случува, луѓето во Азот рекоа: „Не дозволувајте ковчегот на Израеловиот Бог да остане меѓу нас, зашто неговата рака нѐ притиска и нас и Дагон, нашиот бог!“*+ 8 И упатија повик да се соберат кај нив сите филистејски кнезови-сојузници и ги прашаа: „Што да правиме со ковчегот на Израеловиот Бог?“ А тие одговорија: „Ковчегот на Израеловиот Бог нека го пренесат во Гат!“+ Така го пренесоа таму ковчегот на Израеловиот Бог.

9 Но кога го пренесоа таму, Јеховината рака+ се спушти врз градот и предизвика многу голем метеж. И тој ги удри жителите на градот, од мало до големо, така што почна да им излегува мајасил.+ 10 Затоа го испратија ковчегот на вистинскиот Бог во Екрон.+ Но, кога ковчегот на вистинскиот Бог стигна во Екрон, Екронците повикаа: „Го донесоа кај нас ковчегот на Израеловиот Бог за да нѐ погубат нас и нашиот народ!“+ 11 Затоа пратија повик да се соберат сите филистејски кнезови-сојузници, па им рекоа: „Вратете го назад ковчегот на Израеловиот Бог, нека се врати на своето место, за да не нѐ погуби нас и нашиот народ!“ Зашто, во целиот град завладеа смртен страв+ и многу беше тешка раката на вистинскиот Бог врз него.+ 12 Луѓето што не загинаа, добија мајасил.+ Лелекот+ на градот се дигаше дури до небото.

6 Јеховиниот ковчег+ беше во филистејската земја седум месеци. 2 И Филистејците ги викнаа свештениците и гаталците,+ па им рекоа: „Што да правиме со Јеховиниот ковчег? Кажете ни како да го испратиме до неговото место“. 3 А тие одговорија: „Ако го испраќате назад ковчегот на Израеловиот Бог, не праќајте го без жртва, туку со него испратете и жртва за вина.+ Тогаш ќе оздравите и ќе дознаете зошто не се одврати од вас неговата рака“. 4 Тогаш тие прашаа: „Каква жртва за вина треба да му испратиме?“ А тие одговорија: „Пет златни фигури на мајасил* и пет златни скокајглувци, според бројот на филистејските кнезови-сојузници,+ зашто истата напаст ве снајде и вас и вашите кнезови-сојузници. 5 Направете фигури на својот мајасил и на своите скокајглувци,+ кои ја уништуваат земјата, и дајте му слава+ на Израеловиот Бог. Можеби ќе ја тргне раката од вас, од вашиот бог и од вашата земја.+ 6 Зошто да имате тврдо срце како што имаа тврдо срце Египќаните и фараонот?+ А кога Бог ги удри,+ зар не ги пуштија Израелците да си одат?+ 7 Затоа сега направете нова кола+ и земете две крави доилки на кои уште не е ставен јарем,+ па впрегнете ги кравите во колата, а нивните телиња, кои се со нив, одведете ги дома. 8 Земете го ковчегот на Јехова и ставете го на колата, а златните предмети,+ кои му ги праќате како жртва за вина,+ ставете ги во едно ковчеже покрај него, па испратете го и нека оди! 9 Потоа гледајте: ако тргне по патот кон својот крај, кон Вет-Семес,+ тогаш тој ни го направи ова големо зло. Но, ако не тргне, ќе знаеме дека не нѐ допрела неговата рака, туку дека тоа ни се случило случајно“.+

10 И луѓето направија така. Зедоа две крави доилки и ги впрегнаа во кола, а нивните телиња ги затворија дома. 11 Потоа го ставија на колата Јеховиниот ковчег+ и ковчежето со златните скокајглувци и со ликовите од своите мајасили. 12 И кравите тргнаа право по патот кон Вет-Семес.+ Одеа по истиот пат, мукаа и не свртуваа ни надесно ни налево. А филистејските кнезови-сојузници+ одеа по нив дури до границата на Вет-Семес. 13 Жителите на Вет-Семес токму во тоа време ја жнееја пченицата+ во долината. Кога ги подигнаа очите и го здогледаа ковчегот, се израдуваа што го гледаат. 14 Колата дојде на нивата на Исус од Вет-Семес и запре. А таму имаше еден голем камен. Тогаш ги исцепија дрвата од колата, а кравите+ му ги принесоа на Јехова како жртва паленица.+

15 Левитите+ ги симнаа Јеховиниот ковчег и ковчежето што беше покрај него, во кое беа златните предмети, и ги ставија на големиот камен. И жителите на Вет-Семес+ тој ден му принесуваа на Јехова жртви паленици и други жртви.

16 Кога го видоа тоа, петте филистејски кнезови-сојузници+ се вратија во Екрон на истиот ден. 17 А ова се златните фигури на мајасил, кои Филистејците му ги испратија на Јехова како жртва за вина:+ еден за Азот,+ еден за Газа,+ еден за Аскалон,+ еден за Гат+ и еден за Екрон.+ 18 А златните скокајглувци беа според бројот на сите филистејски градови што им припаѓаа на петте кнезови-сојузници, од утврдените градови до неоградените села.

Големиот камен на нивата на Исус од Вет-Семес, на кој го положија Јеховиниот ковчег, е сведок до ден-денес. 19 Но жителите на Вет-Семес+ го гледаа ковчегот на Јехова и затоа тој ги уби. Така уби седумдесет луѓе од народот — педесет илјади луѓе* — и народот тагуваше зашто Јехова го удри народот со голем помор.+ 20 А жителите на Вет-Семес рекоа: „Кој може да опстане пред Јехова, овој свет Бог?+ Кај кого од нас да отиде сега?“+ 21 И им испратија гласници на жителите на Киријат-Јарим+ и им порачаа: „Филистејците го вратија Јеховиниот ковчег. Слезете и однесете го кај вас“.+

7 Тогаш дојдоа луѓето од Киријат-Јарим+ и го однесоа Јеховиниот ковчег. Го внесоа во куќата на Авинадав+ на ридот, а Елеазар, неговиот син, го посветија за да го чува Јеховиниот ковчег.

2 Од денот кога беше поставен ковчегот во Киријат-Јарим помина многу време, вкупно дваесет години, и целиот Израелов дом плачејќи го повикуваше Јехова.+ 3 И Самоил му рече на целиот Израелов дом: „Ако му се враќате на Јехова со сето свое срце,+ отстранете ги од својата средина туѓите богови+ и Астартите,+ па решително насочете го своето срце кон Јехова и служете му само нему!+ И тој ќе ве избави од филистејската рака“.+ 4 Тогаш Израеловите синови ги отстранија Вааловците+ и Астартите+ и му служеа само на Јехова.

5 А Самоил рече: „Соберете го целиот Израел+ во Миспа+ за да му се помолам+ на Јехова за вас“. 6 Кога се собраа во Миспа, вадеа вода и ја излеваа пред Јехова, и тој ден постеа.+ Потоа велеа: „Му згрешивме на Јехова“.+ И Самоил почна да им суди+ на Израеловите синови во Миспа.

7 А Филистејците чуја дека Израеловите синови се собрале во Миспа, па филистејските кнезови-сојузници+ тргнаа против Израел. Кога го чуја тоа, Израеловите синови се исплашија од Филистејците.+ 8 Затоа Израеловите синови му рекоа на Самоил: „Не престанувај да го викаш на помош Јехова, нашиот Бог,+ за да нѐ избави од филистејската рака“. 9 Тогаш Самоил зеде едно јагне цицалче и му го принесе на Јехова како жртва паленица, целата ја изгоре.+ И Самоил почна да го повикува Јехова да му помогне на Израел,+ и Јехова го услиши.+ 10 И додека Самоил ја принесуваше жртвата паленица, Филистејците се приближија за да тргнат во бој против Израел. Но во тој ден Јехова згрме на Филистејците со силни грмотевици+ и ги збрка,+ и така Израел ги порази.+ 11 Израелците излегоа од Миспа и тргнаа во потера по Филистејците и ги биеја сѐ до местото јужно од Вет-Хар. 12 А Самоил зеде камен,+ го постави меѓу Миспа и Јесан и го нарече Евен-Езер,* велејќи: „Сѐ досега Јехова ни помагаше“.+ 13 Така Филистејците беа покорени и повеќе не доаѓаа на подрачјето на Израел.+ А Јеховината рака беше крената против Филистејците во сите денови на Самоил.+ 14 Градовите што Филистејците му ги одзедоа на Израел, пак му беа вратени на Израел, од Екрон до Гат, и Израел го ослободи целото тоа подрачје од филистејската рака.

А помеѓу Израел и Аморејците владееше мир.+

15 И Самоил му судеше на Израел во сите денови од својот живот.+ 16 Секоја година патуваше и ги обиколуваше Ветил,+ Гилгал+ и Миспа+ и му судеше на Израел+ во сите тие места. 17 Потоа се враќаше во Рама,+ зашто таму му беше куќата и таму му судеше на Израел. Таму му изгради жртвеник на Јехова.+

8 Кога остаре, Самоил ги постави+ своите синови за судии на Израел. 2 Неговиот првороден син се викаше Јоил,+ а другиот се викаше Авија.+ Тие судеа во Вирсавеја. 3 Но неговите синови не одеа по неговите патишта,+ туку повеќе сакаа да одат по неправедна добивка,+ примаа мито+ и ја извртуваа правдата.+

4 По некое време се собраа сите старешини на Израел,+ па дојдоа кај Самоил во Рама 5 и му рекоа: „Еве, ти остаре, а твоите синови не одат по твоите патишта. Затоа постави ни цар+ за да ни суди, како што е кај сите народи“. 6 Но во очите на Самоил беше лошо тоа што рекоа: „Дај ни цар да ни суди!“ И Самоил почна да му се моли на Јехова.+ 7 Тогаш Јехова му рече на Самоил:+ „Послушај го гласот на народот во сѐ што ти вели,+ зашто не те отфрлија тебе, туку ме отфрлија мене за да не царувам+ над нив. 8 Истото што непрестајно ми го правеа мене од денот кога ги изведов од Египет+ до денес — ме оставаа мене+ и им служеа на други богови+ — тоа ти го прават сега и тебе. 9 Затоа сега послушај го нивниот глас, но опомени ги сериозно и кажи им какви права ќе има царот што ќе владее над нив“.+

10 Така Самоил му ги објави сите Јеховини зборови на народот, кој од него бараше цар. 11 И рече: „Ова се правата+ што ќе ги има царот што ќе владее над вас: ќе ги зема вашите синови+ за да ги стави во своите коли+ и меѓу своите коњаници,+ а некои ќе трчаат пред неговите коли+ како негова стража. 12 И ќе си постави поглавари, илјаданачалници+ и педесетници.+ Некои ќе ораат+ и ќе ја жнеат неговата жетва,+ ќе му изработуваат оружје+ и опрема за неговите коли.+ 13 Ќе ги зема вашите ќерки за да му прават мирисливи масла, да му готват и да печат леб.+ 14 Вашите најдобри ниви, лозја+ и маслинарници+ ќе ги зема и ќе им ги дава на своите слуги. 15 А од вашите житни полиња и од вашите лозја ќе зема по една десеттина+ и ќе им ја дава на своите дворјани+ и на своите слуги. 16 Ќе ги зема вашите слуги и слугинки, вашата најдобра стока и вашите магариња и ќе ги користи за својата работа.+ 17 Од вашата ситна стока+ ќе зема по една десеттина, а вие ќе му станете слуги. 18 И во тој ден ќе викате за помош поради својот цар,+ кого самите го избравте, но во тој ден Јехова нема да ви одговори“.+

19 Но народот не сакаше да го послуша гласот на Самоил,+ туку рече: „Нека има цар над нас! 20 Така и ние ќе бидеме како сите народи.+ Нашиот цар нека ни суди, нека оди пред нас и нека ги води нашите битки!“ 21 И Самоил го ислуша сето она што го рече народот, па му го кажа на Јехова.+ 22 Јехова му рече на Самоил: „Послушај го нивниот глас и постави им цар за да владее над нив“.+ Тогаш Самоил им рече на Израелците: „Вратете се секој во својот град!“

9 Беше еден многу богат+ човек од племето на Венијамин,+ кој се викаше Кис+ и беше син на Авил, син на Серор, син на Вехорат, син на Афија. 2 Тој имаше млад и убав син кој се викаше Саул.+ Меѓу Израеловите синови немаше поубав човек од него. Беше за глава повисок од целиот народ.+

3 Еден ден се изгубија магариците+ на Кис, татко му на Саул. Затоа Кис му рече на Саул, својот син: „Земи со себе еден слуга, па стани и оди да ги бараш магариците“. 4 Тие ги поминаа ефремските планини+ и ја поминаа земјата Салиса,+ но не ги најдоа. Потоа ја поминаа земјата Саалим, но не беа ни таму. Ја поминаа и земјата на Венијамин, но не ги пронајдоа.

5 Кога дојдоа во земјата Зуф, Саул му рече на слугата што беше со него: „Ајде да се вратиме, зашто татко ми можеби ќе престане да се грижи за магариците и ќе се загрижи за нас“.+ 6 А тој му рече: „Еве, во овој град има еден Божји човек+ кого сите го почитуваат. Сѐ што ќе каже сигурно се исполнува.+ Да појдеме таму. Можеби ќе ни каже по кој пат да тргнеме“. 7 А Саул му рече на слугата: „Ако појдеме, што ќе му однесеме на тој човек?+ Зашто, ни снема леб во торбите и немаме што да му однесеме како дар+ на Божјиот човек. Што можеме да му дадеме?“ 8 Тогаш слугата повторно му одговори на Саул и му рече: „Еве, имам четврт сикел*+ сребро. Тоа ќе му го дадам на Божјиот човек, а тој ќе ни каже каде да одиме“. 9 (Некогаш во Израел, кога оделе да го прашаат Бог, велеле вака: „Ајде да појдеме кај јасновидецот“.+ Зашто, оној што денес се вика пророк, некогаш се викал јасновидец.) 10 Тогаш Саул му рече на својот слуга: „Добро велиш.+ Ајде да појдеме!“ И отидоа во градот во кој беше Божјиот човек.

11 Кога се искачуваа по угорнината кон градот, наидоа на девојки што излегле да нацрпат вода.+ И ги прашаа: „Дали е овде јасновидецот?“+ 12 А тие им одговорија: „Да, ене го пред вас. Побрзајте сега, зашто денес дојде во градот. Имено, денес на височинката+ се принесува жртва+ за народот. 13 Кога ќе влезете во градот, ќе го најдете додека уште не се качил на височинката за да ја јаде жртвата. Зашто, народот нема да јаде додека не дојде тој, бидејќи тој треба да ја благослови жртвата.+ Дури потоа поканетите ќе јадат. Затоа појдете веднаш, зашто сега ќе можете да го најдете“. 14 Така отидоа во градот. Кога стигнаа во градот, гледај, Самоил им доаѓаше во пресрет, зашто беше тргнал кон височинката.

15 А ден пред да дојде Саул, Јехова му јави+ на Самоил: 16 „Утре во ова време ќе испратам кај тебе еден човек од земјата на Венијамин,+ а ти помажи+ го за водач на мојот народ Израел. Тој ќе го избави мојот народ од филистејската рака,+ зашто ја видов неволјата на својот народ и до мене стигна неговиот вик“.+ 17 Кога Самоил го виде Саул, Јехова му рече: „Еве го човекот за кого ти кажав: ‚Тој ќе владее над мојот народ‘ “.+

18 А Саул му пристапи на Самоил на градската порта и му рече: „Те молам, кажи ми каде е куќата на јасновидецот“. 19 А Самоил му одговори на Саул: „Јас сум јасновидецот. Појди пред мене на височинката. Денес ќе јадете со мене.+ А утре изутрина ќе те испратам и ќе ти кажам сѐ што имаш на срце.+ 20 И немој да се грижиш+ за магариците што ти се изгубиле пред три дена,+ зашто се пронајдени. Та кому му припаѓа сето она што е скапоцено во Израел?+ Зарем не тебе и на целиот дом на твојот татко?“ 21 А Саул одговори: „Не сум ли јас од племето на Венијамин, од најмалото+ од сите племиња на Израел,+ и не е ли мојот дом најнезначителниот од сите домови во племето на Венијамин?+ Зошто тогаш ми кажуваш вакво нешто?“+

22 Потоа Самоил ги зеде Саул и неговиот слуга и ги одведе во трпезаријата, па ги постави на чело+ меѓу поканетите, кои беа триесетина. 23 Потоа Самоил му рече на готвачот: „Донеси го делот што ти го дадов и за кој ти реков да го ставиш настрана“. 24 Тогаш готвачот го зеде бутот со она што беше на него и ги стави пред Саул. А Самоил рече: „Еве, ова е зачувано за тебе. Стави го пред себе и јади, зашто тоа беше чувано за тебе токму за оваа пригода за да можеш да го јадеш со поканетите“. Така тој ден Саул јадеше со Самоил. 25 Потоа слегоа од височинката+ во градот. И тој продолжи да разговара со Саул на покривот.+ 26 Станаа рано и, штом се зазори зората, Самоил го викна Саул, кој беше на покривот, велејќи: „Стани да те испратам!“ И Саул стана, па така двајцата, и тој и Самоил, излегоа надвор. 27 Кога излегоа од градот, Самоил му рече на Саул: „Кажи му на слугата+ да оди пред нас!“ И слугата отиде. Самоил потоа продолжи: „А ти сега застани да ти ја јавам Божјата реч“.

10 Тогаш Самоил го зеде шишето+ со масло и му го излеа врз главата, го бакна+ и рече: „Јехова те помаза за водач+ на неговото наследство.+ 2 Денес, кога ќе си отидеш откај мене, ќе најдеш двајца луѓе близу до гробот на Рахела,+ на подрачјето на Венијамин, кај Селса. И тие ќе ти речат: ‚Пронајдени се магариците кои отиде да ги бараш, но татко ти сега не мисли веќе на магариците,+ туку се загрижи за вас и вели: „Што да направам за мојот син?“ ‘+ 3 А кога оттаму ќе продолжиш понатаму и кога ќе стигнеш до големото дрво на Тавор, таму ќе ти дојдат во пресрет тројца луѓе, кои ќе одат кај вистинскиот Бог во Ветил.+ Едниот ќе носи три јариња,+ другиот ќе носи три тркалезни леба,+ а третиот ќе носи голем ќуп со вино.+ 4 Тие ќе те прашаат дали си добро+ и ќе ти дадат два леба, а ти прифати ги од нивната рака. 5 Потоа ќе дојдеш на ридот на вистинскиот Бог,+ каде што е филистејската војска.+ Кога ќе влегуваш во градот, ќе сретнеш група пророци+ кои ќе слегуваат од височинката.+ И додека зборуваат во пророчки занес, пред нив ќе одат свирачи со псалтири,+ со дајриња,+ со шупелки+ и со харфи.+ 6 И Јеховиниот дух+ ќе дојде врз тебе, па заедно со нив и ти така ќе пророкуваш+ и ќе станеш друг човек. 7 Кога ќе се исполнат на тебе тие знаци,+ тогаш прави што сакаш,+ зашто вистинскиот Бог е со тебе.+ 8 Потоа оди пред мене во Гилгал.+ И еве, јас ќе дојдам кај тебе за да принесам жртви паленици и жртви на заедништвото.+ Чекај седум+ дена додека да дојдам кај тебе, па ќе ти јавам што треба да направиш“.

9 И штом Саул го сврте грбот за да си отиде откај Самоил, Бог му го промени срцето.+ И во тој ден се исполнија сите тие знаци.+ 10 Кога оттаму отидоа на ридот, ете, во пресрет му дојдоа група пророци. И Божјиот дух веднаш слезе врз него,+ па среде нив почна да зборува во пророчки занес.+ 11 Сите што го познаваа отпорано, видоа дека тој пророкуваше со пророците. Тогаш луѓето си велеа еден на друг: „Што му се случило на синот на Кис? Зар и Саул е меѓу пророците?“+ 12 Тогаш некој човек оттаму одговори: „Кој им е татко?“ Така настана пословицата:+ „Зар и Саул е меѓу пророците?“

13 На крајот престана да пророкува и дојде на височинката. 14 Потоа Сауловиот стрико ги праша Саул и неговиот слуга: „Каде бевте?“ А тој одговори: „Бевме да ги бараме магариците,+ а кога видовме дека ги нема, отидовме кај Самоил“. 15 Тогаш стрико му го замоли Саул: „Кажи ми што ви рече Самоил“. 16 А Саул му одговори на својот стрико: „Ни рече дека магариците се пронајдени“. Но не му кажа ништо+ за царската власт за која му зборуваше Самоил.

17 А Самоил го свика народот пред Јехова во Миспа+ 18 и им рече на Израеловите синови: „Вака вели Јехова, Богот на Израел:+ ‚Јас го изведов Израел од Египет и ве избавив од египетската рака+ и од раката на сите царства што ве угнетуваа.+ 19 А вие денес го отфрливте својот Бог,+ кој ве избавуваше од сите ваши зла и од сите ваши неволји, и рековте: „Постави цар над нас!“ Затоа сега застанете пред Јехова според своите племиња+ и според своите илјади‘ “.

20 Тогаш Самоил ги викна сите Израелови племиња да пристапат,+ и изборот падна на Венијаминовото племе.+ 21 Потоа го повика племето на Венијамин да пристапи според своите семејства, и изборот падна на семејството на Матриј.+ На крајот беше избран Саул, синот на Кис.+ Но кога отидоа да го бараат, не можеа да го најдат. 22 Тогаш го прашаа+ уште еднаш Јехова: „Дали тој човек воопшто дошол овде?“ А Јехова одговори: „Ене го, се крие+ меѓу товарот“. 23 Тогаш отрчаа и го доведоа оттаму. Кога застана среде народот, беше за глава повисок од сите.+ 24 Тогаш Самоил му рече на целиот народ: „Го видовте ли оној кого Јехова го избра?+ Во сиот народ нема друг како него“. И сиот народ воодушевено повика: „Да живее царот!“+

25 Тогаш Самоил му ги изложи на народот правата на царот+ и ги запиша во една книга, која ја стави пред Јехова. Потоа Самоил го распушти целиот народ и секој си отиде во својата куќа. 26 И Саул си отиде во својата куќа во Гаваја,+ а со него отидоа и храбрите луѓе на кои Бог им го поттикна срцето.+ 27 А оние што беа никаквеци+ рекоа: „Како ќе нѐ спаси овој?“+ И го презираа+ и не му донесоа никаков дар.+ А тој не рече ни збор.+

11 Амонецот+ Наас дојде и се улогори пред Јавис+ во Галад. Сите жители на Јавис му рекоа на Наас: „Склучи сојуз со нас за да ти служиме!“+ 2 Но Амонецот Наас им одговори: „Ќе склучам сојуз со вас под услов секому од вас да му го извадам+ десното око и така да му нанесам срам на целиот Израел“.+ 3 А старешините на Јавис му рекоа вака: „Дај ни седум дена за да испратиме гласници во сите краишта на Израел, па ако нема кој да нѐ избави,+ ќе ти се предадеме“. 4 И гласниците дојдоа во Саулова Гаваја+ и му ги пренесоа тие зборови на народот. И целиот народ почна гласно да плаче.+

5 И гледај, Саул токму одеше по стадото од полето, па праша: „Што му е на народот, па плаче?“ А тие му раскажаа за сѐ што рекоа жителите на Јавис. 6 Кога Саул ги чу тие зборови, Божјиот дух+ дојде врз него и тој многу се разгневи.+ 7 И зеде два бика, ги исече на парчиња и преку гласници ги испрати во сите краишта на Израел,+ порачувајќи: „Ова ќе се случи со стоката на оној што нема да излезе и нема да појде по Саул и Самоил!“+ И страв+ од Јехова+ го обзеде народот, така што сите тргнаа сложно како еден.+ 8 Потоа, кога ги преброи+ во Везек, имаше триста илјади Израелови синови и триесет илјади луѓе на Јуда. 9 И им рекоа на гласниците што дојдоа: „Вака кажете им на жителите на Јавис во Галад: ‚Утре, штом ќе припече сонцето, ќе дојде вашето спасение‘ “.+ Тогаш гласниците отидоа и им го пренесоа тоа на жителите на Јавис, а тие се израдуваа. 10 И така луѓето од Јавис порачаа: „Утре ќе ви се предадеме, а вие направете со нас како што сакате“.+

11 Следниот ден Саул+ го раздели народот во три чети.+ Во времето на утринската стража,*+ влегоа во логорот и ги биеја Амонците+ до најголемата дневна жега. Преживеаните се разбегаа, така што ни двајца меѓу нив не останаа заедно.+ 12 И народот му рече на Самоил: „Кој вели: ‚Зарем Саул ќе царува над нас?‘+ Доведете ги тие луѓе за да ги погубиме!“+ 13 Но Саул рече: „Никој не смее да биде погубен во овој ден,+ зашто денес Јехова му донесе спасение на Израел“.+

14 Потоа Самоил му рече на народот: „Ајде да појдеме во Гилгал+ и таму да го потврдиме царството“.+ 15 Така целиот народ тргна во Гилгал и таму го поставија Саул за цар пред Јехова во Гилгал. Потоа, таму принесоа пред Јехова жртви на заедништвото+ и таму Саул и целиот Израел многу се радуваа.+

12 И Самоил му рече на целиот Израел: „Еве, го послушав вашиот глас во сѐ што ми кажавте+ и поставив цар да владее над вас.+ 2 И сега, царот нека оди пред вас!+ Јас остарев+ и оседев,+ и моите синови се тука меѓу вас.+ Одев пред вас од својата младост до денешен ден.+ 3 Еве ме! Сведочете против мене пред Јехова и пред неговиот помазаник!+ Кому сум му зел бик? Кому сум му зел магаре?+ Кого сум измамил? Кого сум угнетувал? Од чија рака сум примил мито за да замижам на едното око поради тоа?+ Сето тоа ќе ви го вратам“.+ 4 А тие одговорија: „Не нѐ мамеше, не нѐ угнетуваше, ниту имаш примено нешто од нечија рака“.+ 5 Тогаш им рече: „Јехова е сведок против вас, и неговиот помазаник+ е сведок во овој ден дека ништо не најдовте во мојава рака“.+ А тие одговорија: „Тој е сведок!“

6 Потоа Самоил му рече на народот: „Сведок е Јехова, кој ги избра Мојсеј и Арон и ги изведе вашите прататковци од египетската земја.+ 7 Затоа сега застанете за да ви судам пред Јехова и да ве потсетам на сите праведни дела+ кои Јехова ви ги правеше вам и на вашите прататковци.

8 Кога Јаков дојде во Египет+ и кога вашите прататковци почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне,+ Јехова ги испрати Мојсеј+ и Арон да ги изведат од Египет вашите прататковци и да ги населат на ова место.+ 9 Но тие го заборавија Јехова, својот Бог,+ па тој ги предаде* во рацете+ на Сисара,+ заповедникот на асорската војска, и во рацете на Филистејците+ и во рацете на моавскиот цар,+ кои војуваа против нив. 10 И го повикуваа Јехова да им помогне:+ ‚Згрешивме,+ бидејќи го оставивме Јехова и им служевме на Вааловците+ и на Астартите.+ Но избави нѐ+ сега од рацете на нашите непријатели за да ти служиме‘. 11 И Јехова ги испрати Јероваал+ и Бедан и Јефтај+ и Самоил,+ и ве избави од рацете на вашите околни непријатели, така што можевте да живеете без страв.+ 12 А кога видовте дека Наас,+ царот на синовите на Амон, излезе против вас, ми велевте: ‚Не, туку нека владее цар над нас!‘+ — макар што Јехова, вашиот Бог, за сето време беше ваш Цар.+ 13 И еве ви го сега царот што го избравте, кого го баравте!+ Еве, Јехова постави цар над вас.+ 14 Ако се плашите од Јехова,+ ако му служите+ и ако го слушате неговиот глас+ и ако не се буните+ против наредбите на Јехова, и вие и царот што ќе владее над вас, ќе покажете дека во сѐ го слушате Јехова, својот Бог. 15 Но, ако не го слушате гласот на Јехова+ и ако се буните против наредбите на Јехова,+ Јеховината рака ќе се крене против вас и против вашите татковци.+ 16 Сега, значи, застанете и гледајте го овој голем знак што го прави Јехова пред ваши очи. 17 Зар не е денес жетвата+ на пченицата? Ќе го повикам+ Јехова да испрати громови и дожд.+ Тогаш ќе сознаете и ќе видите дека е големо во Јеховини очи злото+ што го направивте кога побаравте цар за себе“.

18 Тогаш Самоил го повика Јехова,+ и Јехова испрати громови и дожд во тој ден,+ така што целиот народ го обзеде страв од Јехова и од Самоил. 19 И целиот народ му рече на Самоил: „Моли му се+ на Јехова, својот Бог, за своите слуги, за да не умреме! Зашто, на сите свои гревови им додадовме уште едно зло, барајќи цар за себе“.

20 А Самоил му рече на народот: „Не плашете се!+ Вие, вистина, го направивте сето ова зло, но немојте сега да отстапите од Јехова,+ туку служете му на Јехова со сето свое срце.+ 21 Немојте да отстапите и да се поведете по ништожните идоли+ од кои нема корист+ и кои не избавуваат, затоа што се ништожни. 22 А Јехова нема да го остави+ својот народ поради своето големо име,+ зашто Јехова одлучи да ве направи свој народ.+ 23 А јас во никој случај не сакам да му згрешам на Јехова и да престанам да се молам за вас.+ Ќе ве поучам+ за пат кој е добар и исправен.+ 24 Само бојте се+ од Јехова и служете му верно* со сето свое срце.+ Не заборавајте какви големи дела направи за вас.+ 25 Но ако упорно правите зло, ќе изгинете+ и вие и вашиот цар“.+

13 Саул имаше (...) * години кога почна да владее,+ и две години владееше над Израел. 2 И Саул си избра за себе три илјади Израелци. Две илјади беа со Саул во Михмаш+ и во ветилските планини, а една илјада беа со Јонатан+ во Венијаминова Гаваја.+ А останатиот народ го распушти, секој во неговиот шатор. 3 А Јонатан ја уби сета филистејска+ војска,+ која беше во Гева,+ и Филистејците дознаа за тоа. И Саул заповеда по целата земја да се огласи рог+ и рече: „Нека чујат Евреите!“ 4 Целиот Израел чу како се зборува: „Саул ја уби сета филистејска војска и сега Израел им стана омразен+ на Филистејците“. И народот се собра за да оди по Саул во Гилгал.+

5 А Филистејците се собраа за да се борат против Израел: триесет* илјади бојни коли,+ шест илјади коњаници и многу народ, како песок на морскиот брег.+ И излегоа и се улогорија во Михмаш, источно од Вет-Авен.+ 6 Кога видоа дека се во неволја+ и дека непријателот силно го притисна народот, Израелците се скрија во пештери,+ во јами, во карпи, во дупки и во јами за вода. 7 Евреите дури поминаа преку Јордан+ во земјата на Гад+ и на Галад. Но Саул сѐ уште беше во Гилгал, а целиот народ што беше со него се тресеше од страв.+ 8 И тој чекаше седум дена до времето што го одреди Самоил.+ Но Самоил не дојде во Гилгал и народот почна да се разотидува откај Саул. 9 На крајот Саул рече: „Донесете ми ги жртвата паленица и жртвите на заедништвото!“ И тогаш ја принесе жртвата паленица.+

10 Штотуку заврши со принесувањето на жртвата паленица, гледај, стигна Самоил. И Саул му излезе во пресрет и го благослови.+ 11 А Самоил го праша: „Што си направил?“+ Тогаш Саул одговори: „Кога видов дека народот се разотидува откај мене+ и дека ти не дојде до договореното време,+ а Филистејците беа собрани во Михмаш,+ 12 си реков:+ ‚Сега Филистејците ќе дојдат против мене во Гилгал, а јас не сум го смилостивил* лицето на Јехова‘. Затоа бев принуден+ да ја принесам жртвата паленица“.

13 Тогаш Самоил му рече на Саул: „Си постапил безумно!+ Не си ја држел заповедта+ од Јехова, својот Бог, која ти ја даде.+ Да ја држеше, Јехова ќе го зацврстеше твоето царство над Израел за навек. 14 А сега твоето царство нема да се одржи.+ Јехова ќе си најде човек според своето срце.+ Јехова ќе го постави за водач+ на својот народ, зашто ти не го држеше она што ти го заповеда Јехова“.+

15 Тогаш Самоил стана и отиде од Гилгал во Венијаминова Гаваја, а Саул го преброи народот што остана со него, и имаше околу шестотини луѓе.+ 16 Саул и Јонатан, неговиот син, и народот што остана со нив живееја во Венијаминова Гева.+ А Филистејците беа улогорени во Михмаш.+ 17 И од филистејскиот логор излегоа пљачкаши во три чети.+ Едната чета тргна по патот кон Офра,+ во земјата Суал, 18 другата чета тргна по патот кон Вет-Орон,+ а третата чета тргна по патот кон границата што гледа накај долината Севоим, кон пустината.

19 А во целата земја на Израел немаше ковач, зашто Филистејците рекоа: „За да не направат Евреите меч или копје“.+ 20 И сите Израелци слегуваа кај Филистејците кога некој сакаше да си ги наостри ралото, или мотиката, или секирата, или српот.+ 21 А цената на острењето беше по еден пим* за рала, за мотики, за трозаби алатки, за секири и за зацврстување на остени за говеда.+ 22 Така, на денот на битката, никој од народот што беше со Саул и со Јонатан немаше ни меч+ ни копје. Само Саул+ и неговиот син Јонатан имаа оружје.

23 И филистејската стража+ тргна кон преминот преку клисурата кај Михмаш.+

14 Еден ден, Јонатан,+ синот на Саул, му рече на слугата што му го носеше оружјето: „Ајде да отидеме докај филистејската стража, која е на онаа страна“. А на својот татко не му кажа ништо.+ 2 Саул престојуваше во околината на Гаваја,+ под калинката што е во Мигрон. Со него беа околу шестотини луѓе.+ 3 (А Ахија, синот на Ахитув,+ брат на Ихавод,+ синот на Финес,+ син на Илиј,+ кој беше Јеховин свештеник во Сило,+ го носеше свештеничкиот ефод.)+ И народот не знаеше дека Јонатан отиде. 4 Среде клисурата која Јонатан сакаше да ја премине за да дојде до филистејската стража+ имаше две стрмни карпи, една од едната страна, а друга од другата страна. Едната се викаше Восес, а другата Сене. 5 Едната карпа се издигаше како столб на северната страна спроти Михмаш,+ а другата беше на јужната страна спроти Гева.+

6 И Јонатан му рече на слугата, својот штитоносец: „Ајде да отидеме докај стражата на оние необрежанине.+ Можеби Јехова ќе направи нешто за нас, зашто ништо не може да го спречи Јехова да спаси, било со многу луѓе било со малку“.+ 7 А штитоносецот му возврати: „Сѐ што ти е на срце, тоа направи го. Оди каде што сакаш! Еве, јас сум со тебе, а ти, сѐ што ти е на срце, тоа направи го“.+ 8 Тогаш Јонатан рече: „Еве, ќе преминеме кај нив и ќе им се покажеме. 9 Ако ни речат: ‚Стојте додека да дојдеме до вас!‘ — ќе останеме на своето место и нема да одиме кај нив. 10 Но, ако ни речат: ‚Качете се кај нас!‘ — тогаш ќе отидеме горе, зашто Јехова ни ги дава в раце. Тоа ќе ни биде знак“.+

11 Тогаш двајцата ѝ се покажаа на филистејската стража. А Филистејците рекоа: „Гледај, Евреите излегуваат од дупките во кои се скрија“.+ 12 И стражарите им довикнаа на Јонатан и на неговиот штитоносец: „Качете се кај нас да ви кажеме нешто!“+ Тогаш Јонатан му рече на својот штитоносец: „Појди по мене, зашто Јехова му ги предаде в раце на Израел“.+ 13 И Јонатан почна да се качува, помагајќи си со рацете+ и нозете, а по него и неговиот штитоносец. И Филистејците почнаа да паѓаат пред Јонатан,+ а неговиот штитоносец ги убиваше по него.+ 14 И во тој прв колеж, Јонатан и неговиот штитоносец убија дваесетина луѓе на околу половина рало* земја.

15 Тогаш завладеа страв+ во логорот во полето и меѓу сите стражари. Четата пљачкаши+ трепереа од страв, а згора на тоа и земјата се затресе.+ Тоа беше страв од Бог.+ 16 А стражарите на Саул во Венијаминова Гаваја+ го видоа тоа, и гледај, насекаде се ширеше метеж.+

17 И Саул му рече на народот што беше со него: „Пребројте ги луѓето и видете кој си отишол откај нас“. Кога ги преброија луѓето, гледај, ги немаше Јонатан и неговиот штитоносец. 18 Тогаш Саул му рече на Ахија:+ „Донеси го ковчегот на вистинскиот Бог!“+ Зашто, во тоа време ковчегот на вистинскиот Бог беше кај синовите на Израел.+ 19 И додека Саул разговараше со свештеникот,+ метежот во филистејскиот логор стануваше сѐ поголем. Затоа Саул му рече на свештеникот: „Остави го сега тоа!“ 20 А Саул и целиот народ што беше со него се собраа+ и тргнаа во битка, и гледај, секој го беше свртел својот меч кон неговиот ближен,+ па збрката стана многу голема. 21 А и оние Евреи кои веќе отпорано беа застанале на страната на Филистејците+ и беа со нив во нивниот логор, сега им се придружија на Израелците кои беа со Саул и со Јонатан. 22 И сите Израелци што се криеја+ во ефремските планини чуја дека Филистејците бегаат, па веднаш јурнаа по нив во битката. 23 И во тој ден, Јехова го избави+ Израел, а битката продолжи и отаде Вет-Авен.+

24 Во тој ден, Израелците беа многу исцрпени, но Саул сепак го обврза народот со заклетва,+ велејќи: „Проклет да е оној што ќе јаде нешто пред вечерта, додека не им се одмаздам+ на своите непријатели!“ И никој од народот не вкуси ништо.+

25 Целиот народ дојде во шумата, каде што имаше мед+ по ледината. 26 Кога народот дојде во шумата, гледај, мед капеше од саќето,+ но никој не ја принесе раката кон својата уста, зашто народот се плашеше од заклетвата.+ 27 А Јонатан не чу кога татко му со заклетва го обврза народот,+ па посегна со врвот од стапот што му беше во раката, го намака во саќето со мед и си ја принесе раката до устата. И очите му светнаа.+ 28 Тогаш некој од народот проговори и рече: „Татко ти со заклетва го обврза народот, велејќи: ‚Проклет да е оној што ќе јаде нешто денес!‘ “+ (А народот се беше уморил.) + 29 Тогаш Јонатан одговори: „Татко ми ѝ нанесе неволја+ на земјата. Погледнете како ми светнаа очите затоа што вкусив малку мед.+ 30 Што ли ќе беше ако народот јадеше+ денес од пленот што го зеде од своите непријатели!+ А вака колежот на Филистејците не е голем“.+

31 Во тој ден ги биеја Филистејците од Михмаш+ до Ајалон+ и народот многу се умори.+ 32 Тогаш народот лакомо се нафрли на пленот+ и зеде овци, говеда и телиња, па почна да ги коле на земја. И народот јадеше месо со крв.+ 33 Затоа му јавија на Саул: „Гледај, народот му греши на Јехова, јадејќи месо со крв!“+ А тој одговори: „Неверно постапивте! Дотркалајте ми најнапред еден голем камен!“ 34 Потоа Саул рече: „Распрснете се меѓу народот и речете им на сите: ‚Доведете го кај мене секој својот јунец и секој својата овца, па заколете ги овде и јадете. Немојте да му грешите на Јехова, јадејќи месо со крв‘ “.+ Така секој од народот го дотера својот јунец, кој се најде таа ноќ во негова рака, и таму го закла. 35 И Саул му изгради жртвеник+ на Јехова. Тоа беше првиот жртвеник што му го изгради на Јехова.+

36 Потоа Саул рече: „Да појдеме ноќеска по Филистејците и да ги ограбиме додека не се разденило.+ Нема да оставиме ниту еден од нив!“+ А тие возвратија: „Прави го она што е добро во твои очи!“ Тогаш свештеникот рече: „Да му пристапиме овде на вистинскиот Бог!“+ 37 И Саул го праша Бог: „Дали да појдам по Филистејците?+ Ќе му ги дадеш ли в раце на Израел?“+ Но тој не му одговори во тој ден.+ 38 Затоа Саул рече: „Пристапете ваму,+ сите главатари на народот,+ па испитајте и видете како е направен денес овој грев. 39 Зашто, како што е жив Јехова, Избавителот на Израел, дури и ако го направил тоа Јонатан, мојот син, ќе умре“.+ Но никој од целиот народ не му одговори. 40 И тој му рече на целиот Израел: „Вие застанете на едната страна, а јас и мојот син Јонатан ќе застанеме на другата страна!“ Тогаш народот му рече на Саул: „Прави го она што е добро во твои очи!“+

41 Тогаш Саул му рече на Јехова: „Боже на Израел, дај ни одговор преку Тумим!“*+ И изборот падна на Јонатан и на Саул, а народот излезе слободен.+ 42 Саул продолжи: „Фрлете ждрепка+ за да одлучи меѓу мене и мојот син Јонатан!“ И изборот падна на Јонатан. 43 Тогаш Саул му рече на Јонатан: „Кажи ми што си направил!“+ А Јонатан му одговори: „Вкусив малку мед од врвот на стапот што ми е во раката.+ Еве ме, готов сум да умрам!“

44 Тогаш Саул рече: „Бог нека ми направи така, и уште нека ми додаде,+ ако не умреш,+ Јонатане!“ 45 Но народот му рече на Саул: „Зарем да умре Јонатан, кој му ја донесе оваа голема победа+ на Израел? Во никој случај!+ Како што е жив Јехова,+ ниту едно влакно од главата+ нема да му падне на земја, зашто со Бог го изврши денес ова дело!“+ Така народот го избави+ Јонатан, па не загина.

46 И Саул се откажа од потерата по Филистејците, а Филистејците си отидоа во својот крај.+

47 Откако ја утврди царската власт над Израел,+ Саул војуваше против сите свои околни непријатели: против Моав,+ против синовите на Амон,+ против Едом,+ против царевите на Сова+ и против Филистејците.+ И каде и да се свртеше, им пресудуваше на своите непријатели.+ 48 Правеше голем број храбри дела,+ го уништи Амалик+ и го избави Израел од рацете на оние што го пљачкаа.

49 Синови на Саул беа: Јонатан,+ Исви и Малхи-Суа,+ а од двете негови ќерки, постарата се викаше Мерава,+ а помладата Михала.+ 50 Жената на Саул се викаше Ахиноама и беше ќерка на Ахимас, а заповедникот на неговата војска се викаше Авенир,+ и му беше син на Нир и стрико на Саул. 51 Кис+ му беше татко на Саул, а Нир,+ таткото на Авенир, му беше син на Авил.

52 Во сите денови на Саул се водеше жестока војна против Филистејците.+ Кога ќе видеше некој силен или храбар човек, Саул ќе го земеше кај себе.+

15 Еднаш Самоил му рече на Саул: „Мене ме испрати Јехова да те помазам+ за цар над неговиот народ Израел. Затоа сега послушај ги Јеховините зборови.+ 2 Вака вели Јехова над војските:+ ‚Ќе го казнам+ Амалик поради она што му го направи на Израел кога му се испречи на патот додека овој излегуваше од Египет.+ 3 Сега оди и нападни го Амалик,+ па погуби+ го* и него и сѐ што има тој! Немој да му се смилуваш, туку убиј+ ги мажите и жените, децата и доенчињата,+ говедата и овците, камилите и магарињата!‘ “+ 4 Тогаш Саул го свика народот и го преброи во Телаим.+ Имаше двесте илјади пешаци и десет илјади синови на Јуда.+

5 И Саул дојде до амаличкиот град и постави заседа во речната долина.* 6 Потоа Саул им порача на Кенејците:+ „Одете, одвојте се+ од Амаличаните и излезете од нивната средина за да не ве сотрам и вас со нив. Зашто, вие бевте милостиви* кон сите синови на Израел+ кога излегуваа од Египет“.+ Така Кенејците си отидоа откај Амаличаните. 7 Потоа Саул ги уби Амаличаните+ од Авила+ до Сур,+ кој е пред Египет. 8 И го фати жив Агаг,+ амаличкиот цар, а целиот народ го погуби со сечилото на мечот.+ 9 Но Саул и народот ги поштедија Агаг и најдобрата крупна и ситна стока+ и згоената стока и овните и сѐ што беше добро, па не ги убија.+ А сѐ што беше презрено и отфрлено, тоа го убија.

10 И Јеховината реч му дојде на Самоил: 11 „Жал+ ми е што го поставив Саул за цар, бидејќи се одврати+ од мене и не ги изврши моите зборови“.+ Тоа го погоди Самоил+ и цела ноќ го молеше за помош Јехова.+ 12 Потоа Самоил стана рано наутро за да го пресретне Саул. Но на Самоил му јавија: „Саул дојде во Кармил,+ и гледај, подигна за себе споменик,+ а потоа се сврти, па отиде и слезе во Гилгал“. 13 И Самоил дојде кај Саул, а Саул му рече: „Да си благословен+ од Јехова! Ја извршив Јеховината реч“.+ 14 Но Самоил одврати: „Тогаш какво е тоа блеење на овци и кози што допира до моите уши и какво е тоа мукање на говеда што го слушам?“+ 15 А Саул одговори: „Ги одведоа откај Амаличаните, зашто народот+ ја поштеди најдобрата ситна и крупна стока за да му ја жртвува на Јехова, твојот Бог.+ Но сѐ друго убивме“. 16 Тогаш Самоил му рече на Саул: „Застани да ти кажам што ми рече Јехова ноќеска“.+ А тој му одговори: „Зборувај!“

17 И Самоил рече: „Зар не стана поглавар на Израеловите племиња додека беше мал во свои очи?+ И зар не те помаза+ Јехова за цар над Израел? 18 Потоа Јехова те испрати на задача, велејќи: ‚Оди, убиј ги грешниците,+ Амаличаните, и бори се против нив додека не ги истребиш!‘+ 19 Тогаш зошто не го послуша Јеховиниот глас, туку лакомо се нафрли на пленот+ и го направи она што е зло во Јеховини очи?“+

20 А Саул му одговори на Самоил: „Но јас го послушав+ Јеховиниот глас и отидов на задачата на која ме испрати Јехова и го доведов Агаг,+ амаличкиот цар, а Амаличаните ги убив.+ 21 А народот+ зеде од пленот овци и говеда, најдоброто од она што беше одредено за убивање, за да му го жртвува+ на Јехова, твојот Бог, во Гилгал“.+

22 А Самоил одврати: „Зар му се жртвите паленици+ и другите жртви исто толку мили на Јехова колку што му е мила послушноста на Јеховиниот глас? Знај, послушноста+ е подобра од жртвите+ и покорноста е подобра од овнешкиот лој.+ 23 Зашто, бунтовноста+ е грев еднаков на гатање+ и самоволието е еднакво на вражање и на идолопоклонство.*+ Поради тоа што ја отфрли речта на Јехова,+ и тој те отфрли тебе за да не бидеш повеќе цар“.+

24 Тогаш Саул му рече на Самоил: „Згрешив+ што ги престапив Јеховината наредба и твоите зборови, затоа што се плашев од народот,+ па го послушав неговиот глас. 25 Затоа сега те молам да ми го простиш+ гревот и да се вратиш со мене да му се поклонам+ на Јехова“. 26 Но Самоил му рече на Саул: „Нема да се вратам со тебе, зашто ти ја отфрли Јеховината реч, и затоа Јехова те отфрла тебе за да не бидеш повеќе цар над Израел“.+ 27 Кога Самоил се сврти за да си оди, Саул го зграпчи скутот на неговата наметка, но скутот му се истргна+ од рака. 28 Тогаш Самоил му рече: „Денес Јехова ти го одзеде+ од тебе царството на Израел и ќе му го даде на твојот ближен, кој е подобар од тебе.+ 29 Но Возвишениот Бог на Израел+ нема да излаже+ и нема да зажали, зашто тој не е земен човек за да зажали за нешто“.+

30 А Саул тогаш рече: „Згрешив. Но, те молам, укажи ми чест+ пред старешините на мојот народ и пред Израел, и врати се со мене за да му се поклонам на Јехова, твојот Бог“.+ 31 И Самоил се врати, одејќи по Саул, и Саул му се поклони на Јехова. 32 Потоа Самоил рече: „Доведете ми го Агаг, царот на Амаличаните!“ И Агаг дојде кај него со тешко срце, но во себе си помисли: „Вистина, мина горчината на смртта“. 33 Но Самоил рече: „Како што твојот меч+ оставаше жени без деца, така и твојата мајка+ ќе остане без деца меѓу жените“.+ Тогаш Самоил го исече Агаг пред Јехова во Гилгал.+

34 Потоа Самоил отиде во Рама, а Саул отиде во својата куќа во Саулова Гаваја.+ 35 И Самоил не го виде Саул сѐ до својата смрт, зашто Самоил тагуваше+ по Саул. А на Јехова му беше жал што го постави Саул за цар над Израел.+

16 Еден ден Јехова му рече на Самоил: „До кога ќе тагуваш за Саул,+ кога јас го отфрлив за да не царува повеќе над Израел?+ Наполни го со масло+ својот рог и тргни на пат! Те праќам кај Јесеј+ од Витлеем, зашто меѓу неговите синови си избрав цар“.+ 2 Но Самоил рече: „Како да одам? Ако слушне за тоа, Саул ќе ме убие“.+ А Јехова одговори: „Земи со себе една јуница од стадото, па речи: ‚Дојдов да му принесам жртва на Јехова‘.+ 3 И викни го Јесеј на жртва, а јас ќе ти кажам што ќе направиш.+ Помажи+ го за мене оној што ќе ти го покажам“.

4 И Самоил го направи она што му го кажа Јехова. Кога дојде во Витлеем,+ градските старешини треперејќи+ му дојдоа во пресрет и го прашаа: „Доаѓаш ли во мир?“+ 5 А тој одговори: „Да, доаѓам во мир. Дојдов за да му принесам жртва на Јехова. Посветете се,+ па дојдете со мене на жртва“. Потоа ги посвети Јесеј и неговите синови и ги повика на жртва. 6 Кога дојдоа и кога тој го здогледа Елијав,+ помисли: „Сигурно пред Јехова стои неговиот помазаник!“ 7 Но Јехова му рече на Самоил: „Не гледај на неговата надворешност, ниту на неговата висока става,+ зашто го отфрлив. Бог не го гледа она што го гледа човекот,+ зашто човекот го гледа она што го гледаат очите,+ а Јехова го гледа она што е во срцето“.+ 8 Потоа Јесеј го повика Авинадав+ и го доведе пред Самоил, но тој рече: „Јехова не го избра ни овој“. 9 Потоа Јесеј го доведе Сама,+ но Самоил рече: „Јехова не го избра ни овој“. 10 Така Јесеј доведе пред Самоил седум свои синови, но Самоил му рече на Јесеј: „Јехова не избра ниту еден од нив“.

11 На крајот Самоил го праша Јесеј: „Дали се тоа сите твои синови?“ А тој одговори: „Остана уште најмладиот,+ но тој ги пасе овците“.+ Тогаш Самоил му рече на Јесеј: „Испрати по него, зашто нема да седнеме на маса додека не дојде тој!“ 12 И Јесеј испрати по него. А младичот беше румен,+ со убави очи и со прекрасна става. И Јехова рече: „Стани и помажи го, зашто тоа е тој!“+ 13 Тогаш Самоил го зеде рогот со масло+ и го помаза среде неговите браќа. И Јеховиниот дух дојде на Давид и од тој ден остана на него.+ Потоа Самоил стана и отиде во Рама.+

14 И Јеховиниот дух отстапи+ од Саул. Тогаш Јехова допушти да почне да се мачи со лошо расположение.*+ 15 А слугите му рекоа на Саул: „Еве, Бог допушти да се мачиш со лошо расположение.* 16 Нашиот господар нека им заповеда на своите слуги што стојат пред тебе да побараат човек што знае добро да свири на харфа,+ па кога Бог ќе допушти да те обземе лошо расположение,* тој ќе свири, и тебе ќе ти биде подобро“. 17 И Саул им рече на своите слуги: „Најдете ми човек што знае добро да свири и доведете ми го!“+

18 А еден од неговите слуги одговори: „Еве, видов дека еден од синовите на Јесеј од Витлеем знае добро да свири.+ Тој е храбар човек, јунак+ и воин,+ а покрај тоа и мудро зборува,+ има убава става+ и Јехова е со него“.+ 19 Тогаш Саул испрати гласници кај Јесеј и му порача: „Испрати ми го својот син Давид, кој е кај стадото!“+ 20 И Јесеј зеде едно магаре, на него натовари леб, мев+ со вино и едно јаре и тоа му го испрати на Саул по својот син Давид.+ 21 Така Давид дојде кај Саул и стапи во негова служба.+ Тој многу го засака и го постави за штитоносец.+ 22 Потоа Саул му порача на Јесеј: „Пушти го Давид да остане кај мене во служба, зашто ја придоби мојата наклоност“. 23 И кога Бог ќе допуштеше Саул да го обземе лошо расположение,* Давид ќе ја земеше харфата и ќе свиреше. Тогаш Саул ќе осетеше олеснување и ќе му беше подобро, а лошото расположение ќе му поминеше.*+

17 Филистејците+ ја собраа за војна својата војска и се состанаа кај Сохо,+ во Јуда. Се улогорија меѓу Сохо и Азика+ во Ефес-Дамим.+ 2 А Саул и Израелците се собраа и се улогорија во рамницата Ила+ и се наредија во борбени редови против Филистејците. 3 Филистејците застанаа на ридот од едната страна, а Израелците на ридот од другата страна, така што меѓу нив беше долината.

4 Од филистејскиот логор излезе еден предизвикувач, кој се викаше Голијат,+ а беше од Гат.+ Беше висок шест лакти и една педа.*+ 5 На главата имаше бакарен шлем и беше облечен во оклоп со лушпи што се преклопуваа. Бакарниот оклоп+ беше тежок пет илјади сикли.* 6 На нозете имаше бакарни штитници за потколениците, а на грбот кратко копје+ од бакар. 7 Дрвената дршка на неговото долго копје беше како ткајачко кросно,+ а железното сечило на тоа копје тежеше шестотини сикли.* Штитоносецот, кој го носеше големиот штит, одеше пред него. 8 И Филистеецот се постави пред четите на Израел+ и почна да им довикува: „Зошто сте излегле да се редите во борбени редови? Не сум ли јас Филистеец, а вие слуги+ на Саул? Изберете еден човек меѓу вас, па нека дојде кај мене! 9 Ако ме победи во борбата и ако ме убие, ние ќе бидеме ваши слуги. Но ако го победам јас него и ако го убијам, тогаш вие ќе бидете наши слуги и ќе ни служите нам“.+ 10 Филистеецот уште рече: „Денес јас ги предизвикувам+ четите на Израел. Дајте ми човек за да се бориме!“+

11 Кога чуја што рече Филистеецот, Саул+ и целиот Израел се уплашија и ги обзеде голем страв.+

12 А Давид беше син на оној Ефраќанец+ од Витлеем во Јуда што се викаше Јесеј и имаше осум сина.+ Во времето на Саул, тој човек веќе беше стар. 13 Трите најстари синови на Јесеј отидоа по Саул во војна.+ Тие три сина што отидоа во војна се викаа: првородениот Елијав,+ вториот Авинадав,+ а третиот Сама.+ 14 Давид беше најмладиот,+ а тројцата најстари отидоа по Саул.

15 И Давид одеше кај Саул, а потоа се враќаше за да ги пасе овците+ на својот татко во Витлеем. 16 А Филистеецот излегуваше рано наутро и навечер, и тоа го правеше четириесет дена.

17 Еден ден, Јесеј му рече на својот син Давид: „Земи ги за своите браќа оваа ефа* пржени зрна+ и овие десет леба, па брзо однеси им ги на своите браќа во логорот. 18 А овие десет пити сирење* однеси му ги на нивниот илјаданачалник.+ И види дали се добро твоите браќа,+ па донеси откај нив нешто по кое ќе видам дека се добро“. 19 А тие беа во тоа време со Саул и со сите Израелци во рамницата Ила,+ во војна против Филистејците.+

20 Давид стана рано наутро, му ги остави овците на еден чувар, се подготви и отиде, како што му заповеда Јесеј.+ Кога стигна до логорот,+ војската излегуваше на бојното поле+ со воени извици. 21 Израелците и Филистејците се редеа во борбени редови едни спроти други. 22 Давид ги остави своите работи+ кај чуварот на товарот+ и отрча на бојното поле. Кога дојде, праша како се неговите браќа.+

23 И додека разговараше со нив, гледај, оној предизвикувач, кој се викаше Голијат,+ Филистеец од Гат,+ истапи од филистејските чети и ги кажа истите зборови како и пред тоа,+ а Давид го чу тоа. 24 Штом го здогледаа тој човек, сите Израелци побегнаа од него и многу се исплашија.+ 25 Израелците велеа: „Го видовте ли оној човек што излегува пред нас? Тој излегува за да му се потсмева+ на Израел. На оној што ќе го убие, царот ќе му даде големо богатство и ќе му ја даде својата ќерка,+ а домот на неговиот татко во Израел ќе го ослободи од данок“.+

26 Тогаш Давид ги праша луѓето што стоеја околу него: „Што ќе добие човекот кој ќе го убие тој Филистеец+ и ќе го отстрани срамот од Израел?+ Зашто, кој е тој необрежан+ Филистеец да им се потсмева+ на четите на живиот Бог?“+ 27 А луѓето му одговорија со истите зборови: „Ете, тоа ќе го добие човекот што ќе го убие“. 28 Но, Елијав,+ неговиот најстар брат, чу како Давид разговара со луѓето. И Елијав се разгневи на него+ и му рече: „Зошто си дошол ваму? Кому си му ги оставил оние малку овци во пустината?+ Ја знам јас твојата дрскост и злобата на твоето срце.+ Си дошол ваму да ја гледаш битката!“+ 29 Тогаш Давид рече: „Што сум направил сега? Само прашав!“+ 30 Па се сврте кон другиот и му го постави истото прашање,+ а луѓето му одговорија исто како и пред тоа.+

31 Кога се расчу што кажа Давид, му јавија за тоа на Саул, а тој го повика кај себе. 32 И Давид му рече на Саул: „Никому нека не му малакса срцето!+ Твојот слуга ќе излезе и ќе се бори со тој Филистеец“.+ 33 Но Саул му рече на Давид: „Не можеш ти да одиш против тој Филистеец и да се бориш со него,+ зашто ти си уште дете,+ а тој е воин од својата младост“. 34 А Давид му рече на Саул: „Твојот слуга ги чуваше овците на својот татко, па кога дојде еден лав,+ а и една мечка, и однесе овца од стадото, 35 јас се стрчав по него, го удрив+ и ја избавив овцата од неговата челуст. А кога тој се крена против мене, го фатив за вратот, го удрив и го убив. 36 И лав и мечка убил твојот слуга, па и тој необрежан Филистеец+ ќе си помине како еден од нив затоа што им се потсмеваше+ на четите+ на живиот Бог!“+ 37 Давид уште рече: „Јехова, кој ме избави од шепите на лавот и на мечката, ќе ме избави и од рацете на тој Филистеец!“+ Тогаш Саул му рече на Давид: „Оди, и Јехова нека биде со тебе!“+

38 И Саул го облече Давид во својата воена опрема, му го стави на главата бакарниот шлем и го облече во оклоп. 39 Давид го опаша преку опремата неговиот меч и се обиде да оди, но не можеше, зашто никогаш порано не беше носел таква опрема. На крајот, Давид му рече на Саул: „Не можам да одам во тоа, зашто не сум навикнат“. И Давид ја соблече.+ 40 Го зеде в рака својот стап и избра од потокот пет мазни камења и ги стави во пастирската торба, која ја носеше со себе, па со праќа+ в рака тргна кон Филистеецот.

41 Филистеецот приоѓаше сѐ поблизу до Давид, а пред него одеше штитоносецот, кој му го носеше големиот штит. 42 Кога го здогледа Давид, Филистеецот го погледна со презир,+ зашто уште беше дете,+ румен+ и со прекрасна става.+ 43 И Филистеецот му рече на Давид: „Зар сум куче,+ па доаѓаш против мене со стапови?“ И фати да го колне Давид повикувајќи ги своите богови.+ 44 Потоа Филистеецот му рече на Давид: „Дојди кај мене да им го дадам твоето месо на небесните птици и на полските ѕверови!“+

45 А Давид му одврати на Филистеецот: „Ти доаѓаш против мене со меч, со долго и со кратко копје,+ а јас доаѓам против тебе во името на Јехова над војските,+ Богот на четите на Израел, кому ти му се потсмеваше.+ 46 Денес Јехова ќе те предаде во мои раце,+ и јас ќе те убијам и ќе ти ја скинам главата. Мртвите тела на филистејската војска денес ќе им ги дадам на небесните птици и на земните ѕверови.+ И сите народи на земјата ќе знаат дека Израел има Бог.+ 47 А целото ова мноштво* ќе знае дека Јехова не спасува ниту со меч ниту со копје,+ зашто битката е на Јехова+ и тој ќе ве предаде во наши раце“.+

48 Кога Филистеецот тргна напред и му се приближи на Давид, Давид брзо се стрча кон бојното поле за да го пресретне Филистеецот.+ 49 Тогаш Давид бркна со раката во торбата, извади од неа еден камен и го фрли со праќата. И го погоди Филистеецот в чело,+ така што каменот му се заби во челото и тој падна со лицето на земја.+ 50 Така Давид го победи Филистеецот со праќа и камен. Давид го удри Филистеецот и го уби, а немаше меч во раката.+ 51 Потоа дотрча и застана покрај Филистеецот. Го фати неговиот меч,+ го извлече од ножницата и го погуби, отсекувајќи му ја главата.+ Кога видоа дека загина нивниот јунак, Филистејците почнаа да бегаат.+

52 Тогаш синовите на Израел и на Јуда станаа и со воени извици ги спотераа+ Филистејците до долината+ и до портите на Екрон.+ Филистејците паѓаа мртви по патот од Сараим+ до Гат и до Екрон. 53 Потоа синовите на Израел се вратија од жестоката потера по Филистејците и го ограбија+ нивниот логор.

54 А Давид ја зеде главата+ на Филистеецот и ја однесе во Ерусалим, а неговото оружје го стави во својот шатор.+

55 Кога виде како Давид му оди во пресрет на Филистеецот, Саул го праша Авенир,+ заповедникот на војската: „Чиј+ е овој младич,+ Авенире?“ А Авенир одговори: „Како што е жива твојата душа, царе, не знам“. 56 Тогаш царот рече: „Распрашај се чиј син е тој младич!“ 57 И кога Давид се врати, откако го уби Филистеецот, ти Авенир го зеде со себе и го доведе пред Саул, а тој ја држеше в рака главата+ на Филистеецот. 58 И Саул го праша: „Чиј син си ти, младичу?“ А Давид одговори: „Јас сум син на твојот слуга Јесеј+ од Витлеем“.+

18 Кога Давид го заврши разговорот со Саул, душата на Јонатан+ се врза+ за душата на Давид, и Јонатан го засака како својата душа.+ 2 Во тој ден Саул го зеде кај себе и не му дозволи да се врати во куќата на својот татко.+ 3 Јонатан склучи сојуз со Давид,+ зашто го сакаше како својата душа.+ 4 И Јонатан ја симна наметката што ја носеше и му ја даде на Давид, а исто и својата облека, па дури и својот меч, лак и појас. 5 И Давид одеше во воени походи. Каде и да го пратеше Саул, тој постапуваше разборито,+ така што Саул го постави над своите воини.+ Тоа беше по волјата на целиот народ и на сите слуги на Саул.

6 Додека доаѓаа, кога Давид се враќаше откако ги победи Филистејците, жените од сите градови на Израел излегоа за да го дочекаат цар Саул со песна+ и со игра, радосно извикувајќи+ во придружба на звукот од дајриња+ и псалтири. 7 Жените, кои ја славеа победата со песна, си одговараа една на друга:

„Саул погуби илјади,

а Давид десетици илјади свои непријатели“.+

8 Саул многу се разгневи+ затоа што песната не му беше по волја. И рече: „На Давид му дадоа десетици илјади, а мене ми дадоа само илјади. Уште само треба да му го дадат и царството!“+ 9 Од тој ден Саул го гледаше Давид со недоверба.+

10 Утредента+ Бог дозволи Саул да го обземе лошо расположение,*+ така што тој почна да се однесува необично во куќата — како да паднал во пророчки занес.+ Давид, пак, свиреше на харфа,+ како и порано, а Саул во раката имаше копје.+ 11 И Саул го фрли копјето,+ велејќи си во себе: „Ќе го приковам Давид за ѕидот“.+ Но Давид му се истргна двапати.+ 12 Така Саул почна да се плаши+ од Давид, зашто Јехова беше со него,+ а од Саул имаше отстапено.+ 13 Затоа Саул го отстрани од својата близина+ и го постави за илјаданачалник. Така Давид го предводеше народот во воените походи.+ 14 На сите свои патишта постапуваше разборито,+ и Јехова беше со него.+ 15 А Саул виде дека тој постапува многу разборито+ и затоа се плашеше од него. 16 Но целиот Израел и Јуда го сакаа Давид затоа што ги предводеше во воените походи.

17 На крајот Саул му рече на Давид: „Еве, ќе ти ја дадам за жена+ мојата најстара ќерка Мерава!+ Само биди храбар и води ги Јеховините војни“.+ Но Саул си мислеше: „Нека не се дигне на него мојата рака, туку филистејската рака нека се дигне на него“.+ 18 А Давид му одговори на Саул: „Кој сум јас и кој е мојот род, домот на татко ми во Израел, па јас да бидам царски зет?“+ 19 Но, кога требаше на Давид да му ја дадат за жена Мерава, ќерката на Саул, му ја дадоа за жена на Адриел+ Мехолецот.+

20 А Михала,+ ќерката на Саул, беше вљубена во Давид. Кога му го јавија тоа, на Саул му беше по волја. 21 И Саул помисли: „Ќе му ја дадам за да му биде замка+ и за да се дигне на него филистејската рака“. Така Саул му рече на Давид: „Денес ќе ми станеш зет за другата“. 22 Тогаш Саул им заповеда на своите слуги: „Разговарајте доверливо со Давид и речете му: ‚Гледај, мил си му на царот и сите негови слуги те сакаат. Затоа биди му сега зет на царот‘ “. 23 И слугите на Саул му ги пренесоа тие зборови на Давид, но Давид рече: „Мислите дека е лесно да станеш зет на царот? Јас сум само сиромашен+ и мал човек“.+ 24 Тогаш слугите го известија Саул: „Вака и вака рече Давид“.

25 А Саул одговори: „Вака речете му на Давид: ‚Царот не сака пари за невестата,+ туку сто филистејски обрешки,+ за да им се одмазди+ царот на своите непријатели‘ “. Саул си мислеше дека Давид ќе загине од филистејската рака. 26 Кога слугите му ги јавија на Давид тие зборови, на Давид му беше по волја да му стане зет+ на царот. И уште пред одредениот рок, 27 Давид со своите луѓе се подготви, па отиде и им уби+ на Филистејците двесте луѓе. И Давид ги донесе нивните обрешки+ и сите му ги предаде на царот, за да стане царски зет. Тогаш Саул му ја даде за жена својата ќерка Михала.+ 28 И Саул сфати дека Јехова е со Давид.+ А Михала, ќерката на Саул, го сакаше Давид.+ 29 И Саул уште повеќе се плашеше од Давид и му беше непријател од тогаш до крајот на својот живот.+

30 Кога филистејските кнезови+ ќе отидеа во воен поход, Давид секојпат ќе постапеше поразборито+ од сите слуги на Саул. И неговото име стана мошне славно.+

19 Саул им зборуваше на својот син Јонатан и на сите свои слуги дека има намера да го убие Давид.+ 2 А Јонатан, синот на Саул, многу го сакаше Давид+ и затоа му рече на Давид: „Татко ми Саул има намера да те убие. Те молам, утре изутрина биди претпазлив, скриј се негде и остани таму.+ 3 А јас ќе излезам во полето во кое ќе бидеш ти, ќе застанам покрај татко ми и ќе му зборувам за тебе. Кога ќе дознаам што се случува, ќе ти јавам“.+

4 И Јонатан му зборуваше на татка си добро+ за Давид и му рече: „Царот нека не греши+ спрема својот слуга Давид, зашто тој не згреши спрема тебе, и она што го правеше беше многу добро за тебе.+ 5 Својата душа ја доведе во опасност*+ и го уби Филистеецот,+ и така Јехова му донесе голема победа+ на целиот Израел. Ти го виде тоа и се радуваше. Тогаш зошто да згрешиш спрема невина крв и да го убиеш+ Давид без причина?“+ 6 И Саул го послуша гласот на Јонатан и се заколна: „Како што е жив Јехова,+ тој нема да умре“. 7 Тогаш Јонатан го викна Давид и му ги пренесе сите тие зборови. Потоа Јонатан го доведе Давид кај Саул, и Давид му служеше како и порано.+

8 По некое време пак избувна војна и Давид излезе во бој против Филистејците. И им нанесе тежок пораз,+ така што се разбегаа пред него.+

9 Еден ден Јехова дозволи Саул да го обземе лошо расположение*+ додека тој седеше во својата куќа со копјето в рака, а Давид свиреше на харфа. 10 И Саул се обиде да го прикове Давид за ѕид со копјето,+ но тој се истави+ од пред Саул, па копјето се заби во ѕидот. И Давид таа ноќ побегна и се спаси.+ 11 Саул потоа испрати луѓе за да ја надгледуваат куќата на Давид,+ зашто сакаше изутрината да го убие.+ Но жена му Михала му рече на Давид: „Ако не побегнеш ноќеска, утре ќе бидеш мртов“. 12 Тогаш Михала го спушти Давид низ прозорецот и тој побегна и се спаси.+ 13 А Михала го зеде домашниот идол+ и го положи во постелата, стави сукно од козји влакна на местото каде што требаше да му биде главата, а идолот го покри со покривка.

14 Саул испрати луѓе да го фатат Давид, но таа рече: „Болен е“.+ 15 Но Саул повторно испрати луѓе да го видат Давид, велејќи им: „Донесете ми го сосе постела да го убијам!“+ 16 Кога луѓето влегоа, гледај, во постелата беше домашниот идол, а на местото каде што требаше да му биде главата беше сукното од козји влакна. 17 Тогаш Саул ѝ рече на Михала: „Зошто ме измами+ така и го пушти мојот непријател+ да побегне?“ А Михала му одговори на Саул: „Тој ми рече: ‚Пушти ме да одам или ќе те убијам!‘ “

18 А Давид избега и се спаси.+ Па отиде кај Самоил во Рама+ и му раскажа за сѐ што му направи Саул. Потоа отиде со Самоил и останаа во Најот.+ 19 По некое време му јавија на Саул: „Ене го Давид во Најот во Рама“. 20 Саул веднаш испрати луѓе да го фатат Давид. Но кога Сауловите луѓе го видоа собирот на постари пророци како пророкуваат со Самоил на чело, Божјиот дух+ дојде врз нив, па и тие почнаа да се однесуваат необично — како овие пророци што паднаа во пророчки занес.+

21 Кога му го јавија тоа на Саул, тој испрати други луѓе, но и тие почнаа да се однесуваат како пророци. Тогаш Саул испрати луѓе и по трет пат, но истото им се случи и ним. 22 На крајот отиде и тој во Рама. Кога дојде до големиот бунар,* кој е во Секу, се распрашуваше: „Каде се Самоил и Давид?“ А луѓето му одговорија: „Ене ги во Најот+ во Рама“. 23 И оттаму се упати кон Најот во Рама. А Божјиот дух+ дојде и врз него, па почна да се однесува необично како и тој да паднал во пророчки занес. И така одеше сѐ додека не дојде во Најот во Рама. 24 Таму и тој ја соблече облеката, па и тој се однесуваше пред Самоил како да е во пророчки занес. Потоа падна и цел ден и цела ноќ лежеше скудно облечен.*+ Затоа се вели: „Зар е и Саул меѓу пророците?“+

20 Давид побегна+ од Најот во Рама и дојде пред Јонатан, па го праша: „Што сум направил?+ Каква е мојата вина и што сум му згрешил на татко ти, па да ја бара мојата душа?“ 2 А тој му одговори: „Ти во никој случај нема да умреш!+ Еве, татко ми не прави ништо, ни големо ни мало, без да ми каже мене.+ Зошто татко ми би криел такво нешто од мене?+ Тоа нема да се случи“. 3 Но Давид уште се заколна+: „Татко ти сигурно знае дека сум ја стекнал твојата наклоност,+ па вели: ‚Јонатан не треба да знае ништо за тоа, за да не се жалости‘. Но како што е жив Јехова+ и како што е жива твојата душа,+ само чекор ме дели од смртта“.+

4 Тогаш Јонатан му рече на Давид: „Ќе направам сѐ што сака твојата душа“. 5 А Давид му рече на Јонатан: „Еве, утре е млада месечина+ и јас би морал да седам со царот на трпеза и да јадам. Но ти пушти ме да одам, да се кријам+ во полето до задутре навечер. 6 Ако забележи татко ти дека ме нема, кажи му вака: ‚Давид упорно ме молеше да го пуштам веднаш да појде во својот град Витлеем,+ зашто таму се одржува годишната жртва за целото негово семејство‘.+ 7 Ако рече: ‚Добро!‘ — тогаш твојот слуга може да биде мирен. Но, ако се разгневи, знај дека ми готви зло.+ 8 Покажи му милост* на својот слуга,+ зашто со својот слуга склучи сојуз+ пред Јехова. Но, ако нешто сум згрешил,+ убиј ме ти! Зошто да ме водиш кај својот татко?“

9 А Јонатан му одговори: „Никогаш не би ти направил такво нешто! Зарем не би ти јавил кога би дознал дека татко ми ти готви зло?“+ 10 Тогаш Давид го праша Јонатан: „Кој ќе ми јави ако твојот татко ти одговори остро?“ 11 А Јонатан му одговори на Давид: „Дојди, да излеземе в поле“. Така двајцата излегоа во полето. 12 И Јонатан му рече на Давид: „Јехова, Богот на Израел,+ нека биде сведок+ дека до утре или задутре ќе откријам што мисли татко ми. Ако татко ми е наклонет кон тебе, како тогаш да не пратам некого кај тебе за да ти јавам? 13 Јехова нека ми направи така мене и уште нека ми додаде+ ако не ти јавам дека татко ми ти готви зло и ако не те пуштам да одиш во мир. Јехова нека биде со тебе,+ како што беше со татко ми!+ 14 А ако бидам уште жив,+ нема ли тогаш ти мене да ми покажеш таква милост каква што покажува Јехова за да не загинам?+ 15 И не скратувај му ја својата милост на мојот дом довека.+ Ниту тогаш кога Јехова ќе ги истреби од лицето на земјата сите непријатели на Давид, 16 нека не исчезне од Давидовиот дом името на Јонатан!+ Јехова нека им се одмазди на непријателите на Давид“. 17 Така Јонатан уште еднаш му се заколна на Давид поради својата љубов кон него, зашто го сакаше како својата душа.+

18 Јонатан му рече: „Утре е млада месечина+ и сигурно ќе забележат дека те нема, зашто твоето место ќе биде празно. 19 А задутре уште повеќе ќе забележат дека те нема. Затоа појди на местото каде што се криеше+ пред некој ден* и остани таму кај каменот. 20 А јас ќе фрлам три стрели покрај каменот, како да гаѓам во мета. 21 И еве, ќе го испратам слугата и ќе му речам: ‚Оди! Пронајди ги стрелите!‘ Ако му кажам на слугата: ‚Гледај, стрелите ти се од оваа страна, донеси ги!‘ — тогаш ти дојди зашто, како што е жив Јехова,+ сѐ е добро за тебе и нема опасност. 22 Но, ако му речам на момчето: ‚Гледај, стрелите се таму подалеку од тебе!‘ — тогаш ти оди, зашто Јехова те испраќа одовде. 23 А за овие зборови што си ги кажавме+ јас и ти, сведок нека биде Јехова меѓу мене и тебе довека“.+

24 И Давид се скри во полето.+ Кога дојде младата месечина, царот седна на трпезата да јаде.+ 25 Царот седна на своето вообичаено место, на местото покрај ѕидот, Јонатан беше спроти него, Авенир+ седеше покрај Саул, а местото на Давид беше празно. 26 И Саул не рече ништо во оној ден, зашто помисли: „Нешто му се случило, па не е чист,+ сигурно не се исчистил“. 27 А на следниот ден по младата месечина, на вториот ден, местото на Давид и понатаму беше празно. Тогаш Саул го праша својот син Јонатан: „Зошто не дојде на ручек синот на Јесеј+ ни вчера ни денес?“ 28 А Јонатан му одговори на Саул: „Давид упорно ме молеше да го пуштам да појде во Витлеем.+ 29 Рече: ‚Те молам, пушти ме зашто во градот имаме семејна жртва и брат ми ми заповеда да дојдам. Затоа, ако сум ја стекнал твојата наклоност, те молам, пушти ме да отидам и да ги видам своите браќа‘. Затоа не дојде на царската трпеза“. 30 Тогаш Саул многу се разгневи+ на Јонатан, па му рече: „Бунтовнику!*+ Зар мислиш дека не знам дека си се здружил со синот на Јесеј за свој срам и за срам на својата мајка?+ 31 Зашто, сѐ додека е жив на земјата синот на Јесеј, нема да се утврдиш ни ти ни твоето царство.+ Затоа сега испрати луѓе и доведи ми го ваму, зашто мора да умре!“+

32 Но Јонатан му одговори на својот татко Саул: „Зошто мора да умре?+ Што направил?“+ 33 Тогаш Саул го фрли своето копје на него за да го прободе.+ И Јонатан виде дека татко му решил да го убие Давид.+ 34 Тогаш Јонатан стана од трпезата многу разгневен+ и не јадеше ништо на тој втор ден од месецот, зашто беше жалосен поради Давид,+ бидејќи татко му го понижи.+

35 И Јонатан изутрината излезе в поле, таму каде што се договори со Давид,+ а со него одеше и неговиот млад слуга. 36 И тој му рече на слугата: „Те молам, отрчај и пронајди ги стрелите што ќе ги фрлам!“+ Слугата отрча, а тој ја фрли стрелата, така што таа прелета преку него. 37 Кога слугата дојде до местото каде што беше стрелата која ја фрли Јонатан, Јонатан викна по него: „Не е ли стрелата подалеку од тебе?“+ 38 И Јонатан викаше по слугата: „Брзо! Побрзај! Не стој!“ И слугата на Јонатан ги собра стрелите и се врати кај својот господар. 39 А слугата не знаеше ништо, само Јонатан и Давид знаеја за што станува збор. 40 Тогаш Јонатан му го даде оружјето на својот слуга и му рече: „Оди, однеси го ова во градот!“

41 Кога си отиде слугата, Давид стана од местото каде што беше, од јужната страна, падна ничкум на земја+ и се поклони три пати. Потоа се избакнаа+ и плачеа и двајцата, а особено Давид.+ 42 А Јонатан му рече на Давид: „Оди во мир!+ Зашто, обајцата се заколнавме+ во името на Јехова: ‚Јехова е сведок меѓу мене и тебе и меѓу моето потомство и твоето потомство довека‘ “.+

Потоа Давид стана и отиде, а Јонатан се врати во градот.

21 Потоа Давид дојде во Нов+ кај свештеникот Ахимелех, а Ахимелех+ треперејќи му дојде во пресрет на Давид и го праша: „Зошто си сам и зошто нема никој со тебе?“+ 2 Тогаш Давид му рече на свештеникот Ахимелех: „Царот ми даде заповед+ и ми рече: ‚Никој не смее ништо да знае зошто те праќам и што сум ти заповедал‘. Затоа се договорив со моите луѓе да се најдеме на тоа и тоа место. 3 А сега, дај ми нешто што ти е при рака! Можеби пет леба или нешто друго што ќе се најде“.+ 4 Но свештеникот му одговори на Давид: „Немам при рака обичен леб, туку само свет леб.+ Ќе ти дадам само ако мажите се воздржувале од жени“.+ 5 А Давид му одговори на свештеникот и му рече: „Се воздржувавме од жени како и секогаш кога одам во воен поход.+ Телата на луѓето се свети и кога одат на обична задача, а камоли денес кога задачата е посебна“. 6 Тогаш свештеникот му го даде она што беше свето,+ зашто таму немаше друг леб освен лебот што беше ставен пред Јехова,+ а потоа отстранет од пред него за да се замени со свеж леб во оној ден кога тој се отстранува.

7 А во тој ден таму беше еден слуга на Саул, кој се беше задржал+ пред Јехова. Се викаше Доик+ Едомецот+ и беше главниот пастир на Саул.+

8 Давид му рече на Ахимелех: „Имаш ли овде при рака некакво копје или меч? Не го зедов со себе ни мојот меч ни моето оружје, зашто задачата од царот беше итна“. 9 Тогаш свештеникот рече: „Еве, овде е мечот на Голијат+ Филистеецот, кого ти го уби во рамницата Ила,+ и завиткан е во наметка зад свештеничкиот ефод.+ Ако сакаш да го земеш, земи го, зашто овде нема друг освен него“. А Давид одговори: „Нема друг како него. Дај ми го!“

10 Така Давид стана и во оној ден побегна+ од Саул и дојде кај Ахис, царот на Гат.+ 11 А слугите на Ахис му рекоа на царот: „Не е ли тоа Давид, царот+ на таа земја? Зарем не играа+ пеејќи за него:

‚Саул погуби илјади,

а Давид десетици илјади свои непријатели‘?“+

12 И Давид се замисли во срцето над тие зборови и многу се исплаши+ од Ахис, царот на Гат. 13 Затоа почна пред нив да се преправа+ дека е луд+ и се однесуваше како да е луд додека беше меѓу нив. Шараше по градската порта и пушташе лиги по брадата. 14 На крајот Ахис им рече на своите слуги: „Еве, гледате дека човеков е луд! Што сте ми го довеле? 15 Зар нема доволно лудаци, па сте ми го довеле уште и овој да се будали пред мене? Зар тој ќе влезе во моја куќа?“

22 Давид отиде оттаму+ и се засолна+ во адоламската+ пештера.+ Кога го чуја тоа, неговите браќа и целиот дом на неговиот татко отидоа кај него. 2 И се собраа околу него+ сите што беа во неволја,+ сите што беа во долгови+ и сите што беа огорчени во душата,+ па тој им стана водач.+ Му се придружија околу четиристотини луѓе.

3 Потоа Давид отиде оттаму во Миспе во Моав и му рече на моавскиот+ цар: „Те молам, дозволи им на татко ми и мајка ми+ да останат кај вас додека не видам што ќе направи Бог со мене“. 4 И така ги смести кај моавскиот цар и останаа кај него за сето време додека Давид беше во засолништето.+

5 Потоа пророкот Гад+ му рече на Давид: „Немој да останеш во тоа засолниште, туку стани и оди во земјата на Јуда!“+ Така Давид отиде и дојде во херетската шума.

6 И Саул чу дека Давид се појавил со луѓето што беа со него. А Саул беше во Гаваја. Седеше под тамарисово+ дрво на височинката, со копје+ во раката, а сите негови слуги стоеја околу него. 7 Тогаш Саул им рече на своите слуги што стоеја околу него: „Чујте синови Венијаминови! Ќе ви даде ли Јесеевиот син+ на сите вас ниви и лозја?+ Ќе ве постави ли сите вас за илјаданачалници+ и за стотници? 8 Сите вие сте сковале заговор против мене и нема кој да ми открие,+ кога мојот сопствен син склучува сојуз+ со Јесеевиот син. Меѓу вас нема кој да сочувствува со мене и да ми открие дека мојот син го подбуцнал мојот слуга против мене за да ми поставува заседа, како што се гледа и денес“.

9 Тогаш Едомецот Доик,+ кој беше поставен над Сауловите слуги, проговори и рече: „Видов дека Јесеевиот син дојде во Нов кај Ахимелех,+ синот на Ахитув.+ 10 И овој побара совет+ од Јехова за него, му даде храна+ и му го даде мечот+ на Филистеецот Голијат“. 11 Тогаш царот испрати да ги повикаат свештеникот Ахимелех, синот на Ахитув, и целиот дом на неговиот татко, свештениците што беа во Нов.+ И сите дојдоа пред царот.

12 И Саул рече: „Чуј, сине Ахитувов!“ А тој одговори: „Еве ме, господару!“ 13 Потоа Саул го праша: „Зошто ти и Јесеевиот син сте сковале заговор против мене?+ Зошто си му дал леб и меч и си барал за него совет од Бог, за тој да се дигне против мене и да ми постави заседа, како што се гледа и денес?“+ 14 Тогаш Ахимелех му одговори на царот и му рече: „Па кој е меѓу сите твои слуги како Давид,+ кој е толку верен,+ а освен тоа е и царски зет+ и заповедник на твојата телесна стража, почитуван во твојата куќа?+ 15 Зарем денес за прв пат барав од Бог совет+ за него? Во никој случај! Царот нека не ги обвинува за ништо својот слуга и целиот дом на мојот татко, зашто твојот слуга не знаеше ништо за сето тоа, ниту мало ниту големо“.+

16 Но царот му одврати: „Ќе умреш,+ Ахимелех, и ти и целиот дом на татко ти!“+ 17 И царот ѝ заповеда на својата телесна стража*+ што стоеше околу него: „Пристапете и погубете ги Јеховините свештеници, зашто и нивната рака е со Давид! Знаеле дека побегна, а не ми јавија за тоа“.+ Но царските слуги не сакаа да дигнат рака на Јеховините свештеници за да ги погубат.+ 18 Тогаш царот му рече на Доик:+ „Пристапи ти и погуби ги свештениците!“ Тогаш Едомецот+ Доик пристапи и ги погуби свештениците, и во тој ден уби+ осумдесет и пет луѓе што носеа ленен свештенички ефод.+ 19 Дури и во Нов,+ свештеничкиот град, уби со сечилото на мечот мажи и жени, деца и доенчиња, говеда, магариња и овци, уби сѐ со сечилото на мечот.

20 Но еден син на Ахимелех, синот на Ахитув, по име Авијатар,+ успеа да се спаси и да побегне кај Давид. 21 И Авијатар му кажа на Давид: „Саул ги уби Јеховините свештеници“. 22 А Давид му рече на Авијатар: „Уште во оној ден кога Едомецот Доик беше таму,+ знаев дека тој бездруго ќе му јави на Саул.+ Јас сум виновен за сите души во домот на твојот татко. 23 Остани со мене и не плаши се, зашто оној што ќе ја бара мојата душа, ќе ја бара и твојата. Ти си под моја заштита!“+

23 По некое време му јавија на Давид: „Еве, Филистејците војуваат против Кеила+ и ги пљачкаат гумната“.+ 2 И Давид го праша Јехова за совет:+ „Дали да одам и да ги нападнам тие Филистејци?“ А Јехова му одговори на Давид: „Оди, нападни ги Филистејците и избави ја Кеила!“ 3 Тогаш неговите луѓе му рекоа на Давид: „Гледај, уште овде во Јуда+ сме во страв, а што ли ќе биде ако отидеме во Кеила против филистејските чети“.+ 4 Затоа Давид уште еднаш побара совет од Јехова.+ И Јехова му одговори вака: „Стани и оди во Кеила, зашто ќе ги предадам Филистејците во твои раце!“+ 5 И Давид отиде со своите луѓе во Кеила и се бореше против Филистејците. Ја отера нивната стока, а ним им нанесе голем пораз. Така Давид ги избави жителите на Кеила.+

6 А кога побегна кај Давид во Кеила, Авијатар,+ синот на Ахимелех, го понесе во својата рака свештеничкиот ефод.+ 7 По некое време му јавија на Саул: „Давид дојде во Кеила“.+ А Саул рече: „Бог ми го предаде* в раце,+ зашто самиот се фати во стапица кога дојде во град кој има врати и резиња“. 8 И Саул го повика во војна целиот народ за да оди против Кеила и да ги опколи Давид и неговите луѓе. 9 А Давид дозна дека Саул му смислува зло.+ Затоа му рече на свештеникот Авијатар: „Донеси го ваму свештеничкиот ефод!“+ 10 Давид потоа рече: „Јехова, Боже на Израел,+ твојот слуга чу дека Саул има намера да дојде во Кеила за да го разори градот поради мене.+ 11 Дали жителите на Кеила ќе ме предадат во негови раце? Ќе дојде ли Саул, како што чу твојот слуга? Јехова, Боже на Израел, те молам, кажи му на својот слуга!“ А Јехова одговори: „Ќе дојде“.+ 12 Тогаш Давид рече: „Дали жителите на Кеила ќе нѐ предадат мене и моите луѓе во рацете на Саул?“ А Јехова одговори: „Ќе ве предадат“.+

13 Тогаш Давид стана со своите луѓе, кои беа околу шестотини,+ и замина од Кеила, па талкаа насекаде. Кога му јавија дека Давид побегна од Кеила, Саул се откажа од походот. 14 Давид живееше во пустината, во скришни места, и во планините во пустината Зиф.+ Саул го бараше непрестајно,+ но Бог не го предаде во негови раце.+ 15 А Давид се плашеше, затоа што Саул беше излезен да ја бара неговата душа додека Давид беше во пустината Зиф, во Орес.*+

16 Тогаш Јонатан, синот на Саул, стана и отиде кај Давид во Орес за да ја зацврсти+ неговата доверба во Бог.+ 17 И му рече: „Не плаши се,+ зашто нема да те стигне раката на мојот татко Саул. Ти ќе царуваш+ над Израел, а јас ќе бидам втор, веднаш до тебе. Мојот татко Саул добро го знае тоа“.+ 18 Тогаш двајцата склучија сојуз+ пред Јехова. И Давид остана во Орес, а Јонатан се врати во својот дом.

19 Еден ден, луѓето од Зиф+ дојдоа кај Саул во Гаваја+ и му рекоа: „Не се крие ли Давид+ кај нас на тешко проодните места во Орес,+ на ридот Ехела,+ кој е од десната страна* на Јесимон?*+ 20 А сега, царе, кога и да посака твојата душа да дојде,+ дојди, а ние ќе го предадеме во рацете на царот“.+ 21 А Саул одговори: „Нека ве благослови Јехова+ што ме сожаливте! 22 Ве молам, одете и бидете уште поупорни, испитајте и видете ги местата на кои стапнува неговата нога и дали некој го видел таму, зашто ми рекоа дека е многу лукав.+ 23 Погледнете ги и проверете ги сите скривалишта каде што се крие, па вратете се кај мене кога ќе знаете за сѐ со сигурност, а јас ќе појдам со вас. Ако е во земјата, ќе ги пребарам поради него сите илјадници+ на Јуда“.

24 Така станаа и отидоа во Зиф+ пред Саул, а Давид со своите луѓе беше во пустината Маон+ во Араба,*+ јужно од Јесимон. 25 Потоа Саул дојде со своите луѓе за да го бара.+ Кога му го јавија тоа, Давид отиде до карпата+ и остана во пустината Маон. Саул чу за ова, па тргна во потера+ по Давид во пустината Маон. 26 Саул одеше на едната страна од ридот, а Давид со своите луѓе одеше на другата страна од ридот. Давид брзаше да му избега+ на Саул, зашто Саул со своите луѓе ги опколуваше Давид и неговите луѓе за да ги фати.+ 27 Но кај Саул дојде еден гласник и му рече: „Дојди побрзо, зашто Филистејците ја нападнаа земјата!“ 28 Тогаш Саул се откажа од потерата по Давид+ и отиде да се соочи со Филистејците. Затоа го нарекоа тоа место Карпа на раздвојувањето.

29 А Давид отиде оттаму и престојуваше на тешко проодните места во Ен-Геди.+

24 Кога Саул се врати од потерата по Филистејците,+ му јавија: „Ене, Давид е во пустината Ен-Геди!“+

2 И Саул зеде три илјади избрани луѓе+ од целиот Израел и отиде да ги бара Давид+ и неговите луѓе по голите карпи каде што живеат планинските кози.+ 3 По некое време дојде до камените трла покрај патот, каде што имаше една пештера. И Саул влезе за да врши нужда,+ а Давид и неговите луѓе седеа на дното од пештерата.+ 4 Тогаш неговите луѓе му рекоа на Давид: „Еве го денот за кој Јехова ти рече: ‚Гледај, ти го предавам в раце твојот непријател!+ Направи го со него она што мислиш дека е добро!‘ “+ А Давид стана и незабележливо отсече дел од скутот на Сауловата наметка. 5 Но подоцна срцето го осудуваше Давид+ поради тоа што отсече дел од скутот на Сауловата наметка. 6 И им рече на своите луѓе: „Не сакам да му направам такво нешто на својот господар, Јеховиниот помазаник,+ и да кренам рака на него, бидејќи тој е Јеховин помазаник.+ Тоа не би било исправно во Јеховини очи“. 7 И Давид со тие зборови ги запре своите луѓе и не им дозволи да се кренат против Саул.+ А Саул излезе од пештерата и појде по својот пат.

8 Потоа Давид стана, излезе од пештерата и викна по Саул: „Господару,+ царе!“ Тогаш Саул се сврти, а Давид се поклони и падна ничкум, со лицето до земја.+ 9 И Давид му рече на Саул: „Зошто ги слушаш луѓето што ти велат:+ ‚Гледај, Давид ти посакува зло‘? 10 Еве, денес со свои очи виде дека Јехова те предаде во мои раце во пештерата. Ми рекоа да те убијам,+ но јас се сожалив на тебе и реков: ‚Нема да кренам рака на својот господар, зашто тој е Јеховин помазаник‘.+ 11 Еве, татко мој,+ погледни го скутот од својата наметка во мојата рака, зашто кога го пресеков скутот на твојата наметка, не те убив! Знај и види дека во мојата рака нема злоба,+ ниту бунтовност, и дека не сум ти згрешил, а ти ја демнеш мојата душа за да ми ја земеш!+ 12 Јехова нека пресуди меѓу мене и тебе!+ Јехова нека ме одмазди+ врз тебе, но мојата рака нема да се крене на тебе!+ 13 Како што вели старата изрека: ‚Од злобниот излегува зло‘,+ а мојата рака нема да се крене на тебе. 14 По кого излегол царот на Израел? Кого прогонува? Зар мртов пес,+ зар обична болва?+ 15 Јехова нека биде судија и нека пресуди меѓу мене и тебе! Тој нека гледа и нека ја води мојата парница!+ Нека ми суди и нека ме избави од твојата рака!“

16 А кога Давид му ги кажа сите тие зборови на Саул, Саул одговори: „Дали е тоа твојот глас, сине мој Давиде?“+ И Саул гласно заплака.+ 17 Потоа му рече на Давид: „Поправеден си од мене,+ зашто ти мене ми правеше добро,+ а јас тебе ти правев зло. 18 Еве, денес самиот кажа какво добро си ми направил, зашто Јехова ме предал во твои раце,+ а ти не си ме убил. 19 Кога човек ќе наиде на својот непријател, ќе го пушти ли мирно да оди по својот пат?+ Јехова нека ти врати со добро+ за сето ова што ми го направи денес! 20 И сега, еве, знам дека сигурно ќе бидеш цар+ и дека царството на Израел трајно ќе се одржи во твојата рака. 21 Затоа сега, заколни ми се во Јехова+ дека нема да го истребиш моето потомство по мене и дека нема да го сотреш моето име од домот на мојот татко“.+ 22 И Давид му се заколна на Саул. Тогаш Саул отиде во својот дом,+ а Давид со своите луѓе отиде на скришното место.+

25 По некое време умре Самоил.+ И целиот Израел се собра и го оплака,+ и го погребаа до неговиот дом во Рама.+ Тогаш Давид стана и отиде во пустината Фаран.+

2 А во Маон+ живееше еден човек, кој имаше стока во Кармил.*+ Беше многу богат, имаше три илјади овци и илјада кози. Токму тогаш ги стрижеше+ овците во Кармил. 3 Човекот се викаше Навал,+ а жена му се викаше Авигеја.+ Жената беше многу разборита+ и убава, но мажот беше груб и зол.+ Беше од родот на Халев.+ 4 Давид чу во пустината дека Навал ги стриже овците.+ 5 Затоа Давид испрати десет свои луѓе на кои им рече: „Појдете кај Навал во Кармил, па прашајте го во мое име како е.+ 6 И вака кажете му на мојот брат: ‚Имај мир,+ и мир нека има твојот дом и сѐ што имаш! 7 Еве, чув дека ги стрижеш овците. Еднаш твоите пастири беа кај нас+ и ние не ги вознемирувавме+ и ништо не им снема за сето време додека беа во Кармил. 8 Прашај ги своите луѓе и тие ќе ти кажат. Моите луѓе нека најдат милост во твои очи зашто сме дошле во добар ден. Те молам, дај им го на своите слуги и на својот син Давид она што ќе ти се најде при рака‘ “.+

9 И така луѓето на Давид дојдоа и му ги кажаа на Навал сите тие зборови во името на Давид, а потоа почекаа. 10 Но Навал вака им одговори на слугите на Давид: „Кој е тој Давид,+ кој е тој син на Јесеј? Денес има многу слуги што бегаат од своите господари.+ 11 Зар да ги земам својот леб,+ својата вода и стоката, која ја заклав за оние што ми ги стрижат овците, и тоа да им го дадам на луѓе за кои не знам ни од каде се?“+

12 Тогаш Давидовите луѓе се свртија и се вратија по својот пат. Кога стигнаа, му ги јавија на Давид сите тие зборови. 13 А Давид им рече на своите луѓе: „Опашете го секој својот меч!“+ И го опашаа секој својот меч, а и Давид го опаша својот меч. И тргнаа по Давид, околу четиристотини луѓе, додека двесте останаа кај товарот.+

14 Во меѓувреме еден слуга ѝ јави на Авигеја, жената на Навал: „Еве, Давид испрати од пустината гласници за да му посакаат добро на нашиот господар, но тој им се развика.+ 15 А луѓето беа многу добри кон нас, не нѐ вознемируваа и ништо не ни снема за сето време додека бевме со нив во полето.+ 16 Беа околу нас како ѕид+ дење и ноќе за сето време додека бевме со нив и ги пасевме стадата. 17 Сега размисли и види што ќе направиш, зашто им се готви зло+ на нашиот господар и на целиот негов дом, а тој е толку расипан човек+ што не може ни да се разговара со него“.

18 Тогаш Авигеја+ брзо зеде двесте леба, два големи ќупа со вино,+ пет приготвени овци,+ пет сеи* пржени зрна,+ сто пити суво грозје+ и двесте пити смокви,+ па сето тоа го натовари на магариња. 19 И им рече на своите луѓе: „Појдете пред мене!+ Еве, јас ќе одам по вас!“ Но не му кажа ништо на својот маж Навал.

20 И додека таа, јавајќи на магаре,+ слегуваше зад планинскиот свијок, гледај, во пресрет ѝ дојде Давид со своите луѓе, и таа се сретна со нив. 21 А Давид беше рекол: „Значи, залудно го чував во пустината сето она што му припаѓа на тој човек. Не му снема ништо од сето она што го поседува,+ а тој сега ми враќа зло за добро.+ 22 Бог нека им направи така на непријателите на Давид и уште нека им додаде+ ако му оставам некое машко*+ до утре изутрина!“+

23 Кога го здогледа Давид, Авигеја брзо слезе од магарето, падна ничкум пред Давид и му се поклони до земја.+ 24 Му падна пред нозе+ и рече: „Господару, вината нека биде врз мене!+ Те молам, допушти твојата робинка да прозборува пред тебе+ и чуј ги зборовите на својата робинка! 25 Те молам, мојот господар нека не гледа на тој расипан+ човек Навал, зашто какво што му е името таков е и тој! Навал* му е името и безумието е со него.+ А твојата робинка не ги виде луѓето што ги испратил мојот господар. 26 Затоа сега, господару, како што е жив Јехова+ и како што е жива твојата душа,+ Јехова те задржа+ да не бидеш виновен за крв+ и да не си прибавиш одмазда* со сопствена рака.+ На твоите непријатели и на сите што му посакуваат зло на мојот господар нека им биде како на Навал!+ 27 А овој дар што му го донесе твојата слугинка на својот господар како благослов+ нека им го дадат на луѓето што одат по мојот господар.+ 28 Прости ѝ го, те молам, престапот на својата робинка,+ зашто Јехова сигурно ќе му направи траен дом+ на мојот господар, зашто мојот господар ги води војните на Јехова.+ А зло нема да се најде на тебе во целиот твој живот.+ 29 Кога ќе станат да те прогонуваат и да ја бараат твојата душа, душата на мојот господар ќе биде врзана во врзопот на животот+ кај Јехова, твојот Бог,+ а душите на твоите непријатели тој ќе ги исфрли како со праќа.+ 30 И тебе, на мојот господар, Јехова ќе му го направи сето добро што ти го вети и ќе те постави за водач на Израел.+ 31 Господару мој, немој сега поради тој човек да направиш нешто за кое подоцна ќе зажалиш и кое ќе го вознемирува твоето срце! Немој да пролееш крв без причина,+ ниту да си прибавуваш одмазда со сопствена рака!+ И кога Јехова ќе му направи добро на мојот господар, сети се тогаш+ на својата робинка“.

32 Тогаш Давид ѝ рече на Авигеја: „Нека е благословен Јехова, Богот на Израел,+ кој денес те испрати да ме пресретнеш! 33 Благословена да биде твојата разумност+ и благословена да бидеш ти, која ме задржа денес да не бидам виновен за крв+ и да не си прибавувам одмазда со сопствена рака!+ 34 Но, како што е жив Јехова, Богот на Израел, кој ме задржа да не ти направам зло,+ да не ми дојдеше во пресрет толку брзо,+ на Навал до утре немаше да му остане ниту едно машко!“+ 35 Тогаш Давид го прими од нејзината рака она што му го донесе и ѝ рече: „Оди со мир+ во својата куќа. Еве, ќе го послушам твојот глас и ќе ти се смилувам“.+

36 И Авигеја се врати кај Навал, а тој токму имаше гозба во куќата, вистинска царска гозба.+ Срцето му беше весело и беше сосема пијан.+ Затоа таа не му кажа ништо додека не се раздени. 37 А изутрината, кога Навал се отрезни од виното, жена му му кажа што се случи. Тогаш му замре срцето+ и тој стана како камен. 38 Десетина дена подоцна, Јехова го удри+ Навал и тој умре.

39 Кога чу дека Навал умрел, Давид рече: „Нека е благословен Јехова, кој ја водеше мојата парница+ и го симна од мене срамот+ што ми го нанесе Навал со својата рака и кој го задржа својот слуга да не направи зло,+ а злобата на Навал Јехова ја сврте на негова глава“.+ И Давид ѝ испрати порака на Авигеја и ѝ понуди да му биде жена.+ 40 Така слугите на Давид дојдоа кај Авигеја во Кармил и ѝ рекоа: „Давид нѐ испрати кај тебе за да те земе за жена“. 41 А таа стана, се поклони со лицето до земја+ и рече: „Еве ја твојата робинка, која како слугинка ќе им ги мие нозете+ на слугите на својот господар!“+ 42 И Авигеја+ брзо стана и се качи+ на магаре, а пет нејзини слугинки тргнаа со неа. И отиде со гласниците на Давид и му стана жена.

43 Давид ја зеде и Ахиноама+ од Језраел,+ и така двете му станаа жени.+

44 А Саул му ја даде својата ќерка Михала,+ жената на Давид, на Фалтиј,+ синот на Лаиш, кој беше од Галим.+

26 По некое време, дојдоа луѓе од Зиф+ кај Саул во Гаваја+ и му рекоа: „Не се крие ли Давид на ридот Ехела,+ спроти Јесимон?“*+ 2 И Саул стана+ и отиде во пустината Зиф со три илјади избрани Израелци+ за да го бара Давид во пустината Зиф. 3 Саул се улогори покрај патот на ридот Ехела, кој е спроти Јесимон, а Давид тогаш беше во пустината. И Давид дозна дека Саул дошол по него во пустината. 4 Затоа Давид испрати извидувачи+ за да провери дали Саул навистина веќе дошол. 5 Потоа Давид стана и отиде до местото каде што беше улогорен Саул. Давид го виде местото на кое лежеа Саул и Авенир,+ синот на Нир, заповедникот на војската. Саул лежеше во заградениот дел од логорот,+ а војската беше улогорена насекаде околу него. 6 Тогаш Давид им се обрати на Ахимелех Хетеецот+ и на Ависај,+ синот на Серуја,+ братот на Јоав, и праша: „Кој ќе оди со мене кај Саул во логорот?“ А Ависај одговори: „Јас ќе одам со тебе“.+ 7 И Давид отиде ноќе со Ависај кај војската. И гледај, Саул лежеше во заградениот дел на логорот и спиеше, а копјето му беше покрај главата забиено в земја. Авенир и војниците лежеа околу него.

8 И Ависај му рече на Давид: „Денес Бог ти го предаде в раце твојот непријател.+ Те молам, дозволи ми со еден удар да го приковам со копјето за земја. Втор удар нема да ми треба“. 9 Но Давид му одговори на Ависај: „Немој да го убиеш! Зашто, кој ќе крене рака на Јеховиниот помазаник+ и ќе остане невин?“+ 10 Давид потоа продолжи: „Како што е жив Јехова,+ Јехова ќе го удри+ — или ќе дојде неговиот ден+ да умре или ќе отиде во битка+ и ќе загине.+ 11 Не сакам да кренам рака+ на Јеховиниот помазаник,+ бидејќи знам дека тоа не би било исправно+ во Јеховини очи.+ Те молам, земи ги сега копјето што му е покрај главата и стомната за вода, па да си одиме“. 12 И Давид ги зеде копјето и стомната за вода, кои беа покрај главата на Саул, па си отидоа. Никој ништо не виде,+ ниту забележа, и никој не се разбуди, зашто сите беа во длабок сон+ кој им го пушти Јехова. 13 Тогаш Давид премина на другата страна и застана подалеку на врвот од планината, така што помеѓу нив имаше големо растојание.

14 И Давид почна да ги довикува војниците и Авенир, синот на Нир, велејќи: „Зар нема да се одгласиш, Авенире?“ А Авенир+ одговори: „Кој си ти што го довикуваш царот?“ 15 Тогаш Давид му рече на Авенир: „Зар не си ти јунак? Кој е како тебе во Израел? Тогаш, зошто не го чуваше својот господар, царот? Зашто, еден од војниците дојде да го убие+ царот, твојот господар. 16 Не е добро тоа што го направи. Како што е жив Јехова,+ заслуживте смрт+ затоа што не го чувавте+ својот господар, Јеховиниот помазаник!+ Види сега каде се копјето на царот и стомната за вода,+ кои му беа до главата!“

17 И Саул го препозна гласот на Давид, па рече: „Дали е тоа твојот глас, сине мој Давиде?“+ А Давид одговори: „Да, тоа е мојот глас, господару мој, царе!“ 18 Потоа продолжи: „Зошто мојот господар го прогонува својот слуга?+ Што сум направил и каква е злобата во моите раце?+ 19 Сега те молам, господару мој, царе, сослушај ги зборовите на својот слуга! Ако Јехова те подигнал против мене, нека му биде пријатен мирисот на житната жртва,+ но ако го направиле тоа човечките синови,+ нека бидат проколнати пред Јехова+ зашто денес ме истераа за да немам удел во Јеховиното наследство+ и уште велат: ‚Оди, служи им на други богови!’+ 20 Затоа немој да дозволиш мојата крв да падне на земјата пред Јеховиното лице!+ Зашто, царот на Израел излегол да бара една обична болва,+ како кога некој гони еребица по планините“.+

21 Тогаш Саул рече: „Згрешив!+ Врати се, сине мој Давиде, бидејќи нема повеќе да ти правам зло, зашто мојата душа денес беше скапоцена+ во твои очи! Еве, неразумно постапив и многу згрешив!“ 22 А Давид одговори: „Еве го копјето на царот! Нека дојде еден од луѓето и нека го земе! 23 Јехова ќе му врати секому според неговата праведност+ и според неговата верност. Иако Јехова те предаде денес во мои раце, јас не сакав да кренам рака на Јеховиниот помазаник.+ 24 И гледај, како што денес твојата душа беше скапоцена во мои очи, така мојата душа нека биде скапоцена во очите на Јехова,+ и тој нека ме избави од сите неволји!“+ 25 Тогаш Саул му рече на Давид: „Благословен да си, сине мој Давиде! Не само што ќе го извршиш своето дело туку ќе излезеш и како победник“.+ И Давид си отиде по својот пат, а Саул се врати во своето место.+

27 Но Давид си рече во срцето: „Еден ден сепак ќе загинам од раката на Саул. За мене е најдобро да побегнам+ во филистејската земја.+ Тогаш Саул ќе престане да ме бара по сите израелски краишта+ и јас ќе се избавам од неговата рака“. 2 Така Давид стана со шестотините луѓе+ што беа со него, па премина кај Ахис,+ синот на Маох, царот на Гат. 3 И Давид живееше кај Ахис во Гат, тој и неговите луѓе, секој со своето семејство,+ а Давид со своите две жени — Језраелката Ахиноама+ и Авигеја,+ жената на Навал, од Кармил. 4 По некое време му јавија на Саул дека Давид побегна во Гат, и тој престана да го бара.+

5 А Давид му рече на Ахис: „Ако сум нашол сега милост во твои очи, нека ми биде отстапен еден град во земјата за да се населам во него. Зошто да живее твојот слуга кај тебе во царскиот град?“ 6 И Ахис во тој ден му го даде Сиклаг.+ Затоа Сиклаг им припаѓа на царевите на Јуда до денешен ден.

7 Давид остана во филистејската земја една година и четири месеци.+ 8 И Давид одеше со своите луѓе во воени походи против Гесурците,+ Герзејците и против Амаличаните,+ зашто тие живееја на подрачјето од Телам+ до Сур,+ и до египетската земја. 9 Давид ја пустошеше земјата и не оставаше жив ни маж ни жена.+ Ги одземаше ситната и крупната стока, магарињата, камилите и облеката. Потоа ќе се вратеше и ќе појдеше кај Ахис. 10 И Ахис ќе го прашаше: „Каде бевте во поход денес?“ А Давид ќе му одговореше:+ „На југот од Јуда,+ на југот од земјата на синовите на Јерамеил+ и на југот од земјата на Кенејците“.+ 11 Давид не оставаше жив ни маж ни жена, за да не мора да ги доведе во Гат, зашто мислеше: „Би можеле да нѐ издадат, велејќи: ‚Давид правеше така‘ “.+ И тоа го правеше за сето време додека живееше во филистејската земја. 12 А Ахис му веруваше+ на Давид и си велеше во себе: „Навистина му станал омразен на својот народ Израел.+ Затоа ќе ми биде слуга довека“.

28 Во тоа време Филистејците ја собраа својата војска за војна против Израел.+ И Ахис му рече на Давид: „Знај дека ќе одиш со мене во војна, ти и твоите луѓе!“+ 2 А Давид му рече на Ахис: „Добро знаеш што ќе направи твојот слуга“. Тогаш Ахис му одговори на Давид: „Затоа ќе те поставам да ми бидеш чувар засекогаш“.+

3 Во тоа време Самоил веќе беше мртов и целиот Израел го оплака и го погреба во неговиот град Рама.+ А Саул ги истреби од земјата оние што повикуваа духови и претскажуваа настани.+

4 А Филистејците се собраа, па дојдоа и се улогорија во Сунам.+ А Саул го собра целиот Израел и се улогори на Гелвуја.+ 5 Кога го виде филистејскиот логор, Саул се исплаши и срцето силно му затрепери.+ 6 Иако Саул го праша Јехова за совет,+ Јехова не му одговараше+ — ниту преку сонови,+ ниту преку Урим,*+ ниту преку пророците.+ 7 На крајот Саул им рече на своите слуги: „Побарајте ми жена што знае да повикува духови+ за да појдам кај неа и да ја прашам за совет“. А слугите му рекоа: „Ене, во Ен-Дор+ има една жена, која знае да повикува духови“.

8 Тогаш Саул се преправи,+ се преоблече и отиде со двајца луѓе. Кога стигнаа ноќе+ кај таа жена, тој ѝ рече: „Те молам, гатај ми+ со помош на дух и викни ми го оној што ќе ти го кажам“. 9 Но жената му рече: „Ти добро знаеш што направи Саул, како ги истреби од земјата оние што повикуваа духови и претскажуваа настани.+ Тогаш, зошто ѝ поставуваш замка на мојава душа за да ме погубиш?“+ 10 А Саул ѝ се заколна во Јехова: „Како што е жив Јехова,+ нема да бидеш виновна за ова!“ 11 Тогаш жената праша: „Кого да ти викнам?“ А тој одговори: „Викни ми го Самоил!“+ 12 Кога го здогледа „Самоил“,+ жената почна да вика колку што ја држеше гласот, а потоа му рече на Саул: „Зошто ме излажа? Па ти си Саул!“ 13 А царот ѝ одговори: „Не плаши се! Туку кажи што виде?“ Тогаш жената му рече на Саул: „Видов како еден бог+ излегува од земјата“. 14 Саул ја праша: „Како изгледа?“ А таа одговори: „Излегува еден старец наметнат со наметка“.+ Тогаш Саул заклучи дека тоа е „Самоил“,+ па длабоко се поклони и падна ничкум, со лицето до земја.

15 А „Самоил“ го праша Саул: „Зошто ме вознемири повикувајќи ме горе?“+ Тогаш Саул рече: „Во голема неволја сум,+ зашто Филистејците завојуваа со мене, а Бог отстапи од мене+ и повеќе не ми одговара ниту преку пророците ниту преку сонови.+ Затоа те повикав тебе за да ми кажеш што да правам“.+

16 А „Самоил“ одврати: „Зошто ме прашуваш за совет мене кога Јехова отстапил од тебе+ и ти станал противник?+ 17 Јехова ќе направи така како што ти рече преку мене. Јехова ќе го истргне царството од твојата рака+ и ќе му го даде на твојот ближен Давид.+ 18 Поради тоа што не го послуша Јеховиниот глас+ и не го направи тоа што требаше за да го почувствува Амалик неговиот распламтен гнев,+ Јехова ќе ти направи така денес. 19 Јехова ќе го предаде и Израел заедно со тебе во рацете на Филистејците,+ па утре ти+ и твоите синови+ ќе бидете со мене. И Јехова ќе го предаде израелскиот логор во рацете на Филистејците“.+

20 Тогаш Саул одеднаш се испружи на земја колку што беше долг, зашто многу се исплаши од зборовите на „Самоил“. Му снема и сила зашто не јадеше ништо цел ден и цела ноќ. 21 Кога му пристапи на Саул, жената виде дека е многу потресен, па му рече: „Еве, твојата слугинка го послуша твојот глас. Ја доведов во опасност својата душа*+ и послушав сѐ што ми рече. 22 А сега, те молам, ти послушај го гласот на својата слугинка. Дозволи ми да ставам пред тебе парче леб, па јади за да ти се врати силата и да можеш да појдеш по својот пат“. 23 Но тој не сакаше, туку рече: „Нема да јадам!“ Но неговите слуги заедно со жената го наговараа, па на крајот го послуша нивниот глас, стана од земјата и седна на постелата. 24 А жената имаше во куќата едно згоено теле.+ Брзо го закла,*+ зеде брашно, замеси тесто и испече бесквасен леб. 25 Сето тоа го стави пред Саул и пред неговите слуги, па јадоа. Потоа станаа и заминаа уште истата ноќ.+

29 Филистејците+ ја собраа сета своја војска кај Афек, а Израелците се улогорија кај изворот што е во Језраел.+ 2 Филистејските кнезови-сојузници+ тргнаа со своите стотици и илјадници, а Давид и неговите луѓе одеа одзади со Ахис.+ 3 И филистејските кнезови прашаа: „Што прават тука тие Евреи?“+ Тогаш Ахис им одговори на филистејските кнезови: „Па ова е Давид, слугата на израелскиот цар Саул, кој е со мене веќе година-две!+ Не најдов+ ништо лошо во него од оној ден кога пребега кај мене до денес“. 4 Но филистејските кнезови се разлутија на него и му рекоа: „Испрати го тој човек назад,+ нека се врати во местото што си му го одредил! Нека не оди со нас во бој, за да не се сврти против нас+ во бојот! Со што би можел тој повторно да ја стекне наклоноста на својот господар ако не со главите на овие наши луѓе? 5 Не е ли тоа оној Давид за кого играјќи пееја: ‚Саул погуби илјади, а Давид десетици илјади свои непријатели‘?“+

6 Тогаш Ахис+ го викна Давид и му рече: „Како што е жив Јехова,+ ти си чесен човек и јас би сакал да одиш со мене во бој,+ зашто не најдов ништо лошо во тебе од оној ден кога дојде кај мене до денес!+ Но не си им по волја на кнезовите-сојузници.+ 7 Затоа сега врати се и оди во мир за да не направиш некакво зло во очите на филистејските кнезови-сојузници!“ 8 А Давид му одговори на Ахис: „Зошто? Што сум направил+ и што лошо си нашол во својот слуга од оној ден кога дојдов да ти служам до денешен ден,+ па да не можам да одам и да се борам против непријателот на својот господар, царот?“ 9 А Ахис му одговори на Давид и му рече: „Знам дека ми беше добар, како ангел Божји.+ Но филистејските кнезови рекоа: ‚Нека не оди во бој со нас!‘ 10 Затоа стани рано наутро, ти и слугите на твојот господар што дојдоа со тебе. Станете рано наутро, штом ќе се раздени, па одете си!“+

11 И така Давид подрани со своите луѓе и утрото отиде+ и се врати во филистејската земја. А Филистејците тргнаа кон Језраел.+

30 На третиот ден, Давид стигна во Сиклаг+ со своите луѓе. А Амаличаните+ го имаа нападнато подрачјето на Негев и на Сиклаг. Го нападнаа Сиклаг, го изгореа со оган 2 и ги заробија жените+ и сите што беа таму, од најмалиот до најголемиот. Никого не убија, туку сите ги одведоа со себе и отидоа по својот пат. 3 Кога Давид дојде со своите луѓе во градот, гледај, градот беше изгорен, а нивните жени, нивните синови и нивните ќерки беа одведени во заробеништво. 4 Тогаш Давид и луѓето што беа со него почнаа гласно да плачат+ додека не им снема сила за плачење. 5 Беа заробени и двете жени на Давид — Језраелката Ахиноама+ и Авигеја,+ жената на Навал, од Кармил. 6 И Давид се најде во голема мака,+ зашто луѓето велеа дека ќе го каменуваат,+ бидејќи сите беа огорчени во душата,+ секој поради своите синови и своите ќерки. Но Давид беше зајакнат од Јехова, својот Бог.+

7 И Давид му рече на свештеникот Авијатар,+ синот на Ахимелех: „Те молам, донеси ми го ваму свештеничкиот ефод!“+ И Авијатар му го донесе на Давид ефодот. 8 Тогаш Давид го праша Јехова за совет:+ „Дали да појдам во потера по тие разбојници? Ќе ги стигнам ли?“ А тој му одговори:+ „Оди во потера, зашто ќе ги стигнеш и ќе ги избавиш заробените!“+

9 Тогаш Давид тргна со шестотините луѓе+ што беа со него и дојде до долината на Весор. Таму мораа да остават некои луѓе. 10 Давид ја продолжи потерата+ со четиристотини луѓе, а двесте луѓе, кои поради тоа што беа преморени не можеа да ја преминат долината на Весор,+ останаа таму.

11 Во полето најдоа еден Египќанец.+ Го доведоа кај Давид и му дадоа да јаде леб и да пие вода. 12 Потоа му дадоа пита смокви, како и две пити суво грозје.+ Кога го изеде тоа, му се врати силата,*+ зашто три дена и три ноќи ништо не јадел и не пиел. 13 Тогаш Давид го праша: „Чиј си и од каде си?“ А тој му одговори: „Јас сум Египќанец, роб на еден Амаличанин, но мојот господар ме остави затоа што пред три дена се разболев.+ 14 Го нападнавме јужниот дел од херетејската+ земја и од земјата на Јуда и јужниот дел на земјата на Халев,+ а Сиклаг го изгоревме со оган“. 15 Тогаш Давид го праша: „Ќе ме одведеш ли кај тие разбојници?“ А тој му одговори: „Заколни+ ми се во Бог дека нема да ме погубиш и дека нема да ме предадеш во рацете на мојот господар,+ па ќе те одведам кај нив!“

16 И така тој го одведе кај нив.+ А тие се беа распрснале по целиот оној крај, јадејќи, пиејќи и славејќи+ поради големиот плен што го грабнаа од филистејската земја и од земјата на Јуда.+ 17 И Давид ги биеше од зори до вечер, така што ги уби* сите. Никој не му побегна,+ освен четиристотини луѓе, кои ги јавнаа камилите и избегаа. 18 Така Давид ги избави сите оние што Амаличаните ги беа грабнале.+ А Давид ги избави и двете свои жени. 19 Не недостасуваше ниту еден од нивните, од најмалиот до најголемиот, ни синовите ни ќерките, ниту нешто од пленот што овие го беа зеле со себе.+ Давид врати сѐ. 20 Тогаш Давид ја зеде сета нивна ситна и крупна стока, која ја тераа пред другата стока, велејќи: „Ова е пленот+ на Давид!“

21 Потоа Давид се врати кај оние двесте луѓе,+ кои не можеа да одат со Давид зашто немаа сила, и останаа во долината на Весор. А тие им дојдоа во пресрет на Давид и на луѓето што беа со него. Кога им се приближи, Давид ги поздрави. 22 Тогаш сите зли и никакви луѓе+ од оние што отидоа со Давид рекоа: „Штом не дојдоа со нас, нема да им дадеме ништо од пленот што го избавивме. Секому ќе му ги дадеме само неговата жена и неговите синови. Нека ги поведат со себе и нека си одат!“ 23 Но Давид одврати: „Не правете така, браќа мои, со она што ни го даде Јехова!+ Тој нѐ чуваше+ и ни ги даде в раце разбојниците што излегоа против нас.+ 24 Кој ќе ве послуша во тоа што го велите? Зашто, колкав дел му припаѓа на оној што одеше во битка, толкав ќе му биде делот и на оној што седеше кај товарот!+ Сите ќе добијат еднакво!“+ 25 И од тој ден, тој го воведе тоа како уредба и закон+ во Израел, што важи до денешен ден.

26 Кога дојде во Сиклаг, Давид им испрати дел од пленот на старешините на Јуда, негови пријатели,+ и им порача: „Еве ви како благослов дар+ од пленот од Јеховините непријатели!“ 27 И им испрати дар на оние во Ветил,+ на оние во јужен Рамот,+ на оние во Јатир,+ 28 на оние во Ароир, на оние во Сифмот, на оние во Естемоја,+ 29 на оние во Ракал, на оние во јерамеилските градови,+ на оние во кенејските градови,+ 30 на оние во Хорма,+ на оние во Ворашан,+ на оние во Атак, 31 на оние во Хеврон+ и во сите места во кои Давид доаѓаше со своите луѓе.

31 Филистејците завојуваа со Израел,+ а Израелците бегаа пред Филистејците и паѓаа убиени+ по планината Гелвуја.+ 2 Филистејците дојдоа многу блиску до Саул и до неговите синови, па ги убија Јонатан,+ Авинадав+ и Малхи-Суа,+ синовите на Саул. 3 Битката стануваше сѐ пожестока околу Саул. На крајот, стрелците со лакови го најдоа и тешко го ранија.+ 4 Тогаш Саул му рече на својот штитоносец: „Извлечи го својот меч+ и прободи ме со него за да не дојдат оние необрежанине,+ да ме прободат и да ме исмејат!“ Но штитоносецот не сакаше,+ зашто многу се плашеше. Затоа Саул го зеде мечот и се фрли врз него.+ 5 Кога виде дека Саул умре,+ штитоносецот исто така се фрли врз својот меч и умре со него.+ 6 Така, во тој ден заедно загинаа Саул, неговите три сина, неговиот штитоносец и сите негови луѓе.+ 7 Кога видоа дека израелската војска избега и дека Саул и неговите синови загинаа, Израелците што беа во долината и оние што беа во јорданскиот крај почнаа да ги напуштаат градовите и да бегаат.+ Тогаш дојдоа Филистејците и се населија во нив.+

8 Утредента, кога дојдоа да ги ограбат убиените,+ Филистејците ги најдоа Саул и неговите три сина како лежат на планината Гелвуја.+ 9 Му ја отсекоа главата+ на Саул и му го симнаа оружјето, па испратија гласници по целата филистејска земја за да ја разнесат веста+ во храмовите на своите идоли+ и меѓу народот. 10 На крајот, неговото оружје+ го ставија во храмот на ликовите на Астарта,+ а неговото тело го обесија на ѕидот од градот Вет-Сан.+ 11 Кога жителите на Јавис-Галад+ чуја што му направиле Филистејците на Саул, 12 сите храбри мажи станаа и, откако патуваа цела ноќ, ги симнаа телото на Саул и телата на неговите синови од ѕидот на градот Вет-Сан. И се вратија во Јавис и таму ги запалија.+ 13 Потоа ги зедоа нивните коски,+ па ги закопаа+ под тамарисовото+ дрво во Јавис. И седум дена постеа.+

Во 1Ле 6:27 „Елијав“; во 1Ле 6:34 „Елиел“.

Или: „Јехова Саваот“.

Или: „очајна во духот“.

„Самоил“ значи „[да се повикува] Божјето име“.

Една ефа е 22 литри. Види го додатокот 13.

Буквално: „шеолот“.

Буквално: „плодното тло“.

Буквално: „злосторниците се замолчени во темнина“.

Или: „младичи“.

Буквално: „довека ќе одат пред мене“.

Буквално: „ќе оди засекогаш пред мојот помазаник“.

Буквално: „од кое на сите што ќе чујат за тоа ќе им зујат и двете уши“.

Буквално: „да падне на земјата ниту еден негов збор“.

Херувими се ангели на висока положба.

„Ихавод“ значи: „Каде е славата?“

Буквално: „само Дагон“. Судејќи по сѐ, идолот на Дагон бил половина човек, а половина риба.

„Со хемороиди“.

Буквално: „богови“. Именката се однесува на Дагон, а со множината се нагласува величието. Види ја фуснотата за Су 16:23.

„Хемороиди“.

Некои сметаат дека изразот „педесет илјади луѓе“ е вметнат во текстот подоцна.

„Евен-Езер“ значи „камен на помошта“. Не треба да се меша со истоименото место од 1Са 4:1 и 5:1.

Види го додатокот 13.

Види ја фуснотата за 2Мо 14:24.

Буквално: „продаде“.

Или: „според вистината; вистинито“.

Во изворниот хебрејски текст недостасува број.

Во некои ракописи на Септуагинтата и во сириската Пешита стои „три“.

Буквално: „омекнал“.

Мерка за тежина, околу две третини од сикелот.

Односно четвртина хектар. „Рало земја“ (буквално: „една [воловска] запрега земја“) е површина што може да се изора за еден ден со едно рало волови.

Види ја фуснотата за 2Мо 28:30.

Или: „погуби го како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Види го додатокот 12.

Или: „покажавте лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „терафите“. Терафите биле семејни богови или идоли.

Буквално: „и почна да го вознемирува зол дух од Јехова“.

Буквално: „Еве, те вознемирува зол Божји дух“.

Буквално: „кога врз тебе ќе дојде зол Божји дух“.

Буквално: „Божји дух да дојде на Саул“.

Буквално: „злиот дух ќе си отидеше од него“.

Околу 2,90 метри. Види го додатокот 13.

Околу 57 килограми. Види го додатокот 13.

Нешто помалку од 7 килограми.

Една ефа е 22 литри. Види го додатокот 13.

Буквално: „млека“, што, по сѐ изгледа, се однесува на некој вид млечни производи.

Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.

Буквално: „Божјиот зол дух почна да дејствува врз Саул“.

Буквално: „ја стави на својата дланка“.

Буквално: „Јеховиниот зол дух дојде врз Саул“.

Или: „резервоар“.

Буквално: „гол“.

Или: „лојална љубов“. За изразот „милост“ во стиховите 8, 14 и 15, види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „оној работен ден“.

Буквално: „Сину на бунтовна слугинка!“

Или: „гласници“. Буквално: „тркачи“.

Буквално: „продаде“.

„Орес“ значи „шума“.

По сѐ изгледа дека изразот „од десната страна“ значи „јужно од“ Јесимон. Види го 24. стих.

Или: „пустината“.

Овде изразот „Араба“ се однесува на оној дел од раседната долина што се протега на југ до Акавскиот Залив на Црвеното Море.

Кармил е град во планинското подрачје на Јуда, 12 километри јужно од Хеврон. Не треба да се меша со планината Кармил. Види ИсН 15:20, 54, 55.

Една сеа е 7,33 литри. Види го додатокот 13.

Буквално: „нешто што моча покрај ѕид“.

„Навал“ значи: „безумен“.

Буквално: „спасение“.

Или: „пустината“.

Види ја фуснотата за 2Мо 28:30.

Буквално: „Ја ставив својата душа на својата дланка“.

Буквално: „го принесе за жртва“.

Буквално: „духот“.

Или: „ги уби како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели