ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt Песна над песните 1:1-8:14
  • Песна над песните

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Песна над песните
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Песна над песните

Песна над песните

1 Соломоновата+ песна над песните:+ 2 „Бакни ме со бакнеж на устата своја!+ Зашто, твојата љубов е подобра од вино.+ 3 Прекрасен е мирисот на твоите масла.+ Името твое е како масло што се точи.+ Затоа те сакаат девојките. 4 Поведи ме со себе,+ да бегаме! Царот ме доведе во одаите свои!+ Да се радуваме и да се веселиме заедно! Да зборуваме за љубовта твоја повеќе отколку за виното.+ Со право те сакаат.+

5 Поцрнев, ама убава сум, о ќерки ерусалимски+ — црна сум како кидарските шатори,+ убава како шаторските платна+ на Соломон. 6 Не гледајте ме што сум црномурна, оти сонцето ме опали. Синовите на мајка ми ми се налутија. Ме поставија да чувам лозја, па своето лозје+ не го чував.

7 Кажи ми, о љубов на душата моја,+ каде е стадото што го пасеш,+ каде го водиш да почива напладне? Зошто да бидам завиена во тага меѓу стадата на другарите твои?“

8 „Ако не знаеш самата, о најубава меѓу жените,+ излези и појди по трагите на стадото и паси ги јарињата свои покрај овчарските шатори.“

9 „Би те споредил со кобилата своја впрегната во фараоновата кола,+ о љубена моја.+ 10 Прекрасни се образите твои меѓу плетенките, и вратот твој под нанижаниот ѓердан.+ 11 Ќе ти направиме златни алки+ со зрна сребрени.“

12 „Додека царот седи на својата трпеза, мојот нард+ го шири мирисот свој.+ 13 Мојот љубен ми е како ќесенце со смирна,+ на градите+ мои тој ќе преноќева. 14 Мојот љубен ми е како грозд од кана+ во лозјата енгедски.“+

15 „Колку си убава, о љубена моја!+ Колку си убава! Имаш очи како гулабица.“+

16 „Колку си убав,+ љубен мој, и колку си мил! Лисјата ни се постела.+ 17 Кедрите+ се греди на нашата преубава куќа, смреките се греди на покривот наш.

2 Јас сум само шафран+ од крајбрежната рамница,* крин+ од долината.“+

2 „Каков што е кринот меѓу трњето‚ таква е мојата љубена меѓу девојките.“+

3 „Каква што е јаболкницата+ меѓу шумските дрвја, таков е мојот љубен меѓу момците.+ По неговата сенка копнеев и под неа седнав, и плодот негов е сладок за моето непце. 4 Тој ме воведе во куќата каде што се пие вино+ и ја рашири над мене љубовта+ како бајрак.+ 5 Поткрепете ме со суво грозје,+ освежете ме со јаболка, зашто сум болна од љубов.+ 6 Левицата негова ми е под главата, а десницата негова ме прегрнува.+ 7 Ве заколнувам,+ ќерки ерусалимски, во газелите+ и во срните+ полски, не будете ја, не побудувајте ја љубовта во мене ако самата не се разбудила.+

8 Го слушам мојот сакан.+ Еве го! Доаѓа,+ се качува на планините, потскокнува по ридовите. 9 Мојот сакан е како газела+ и како еленче. Еве го! Стои зад нашиот ѕид, гледа низ прозорците, ѕирка низ решетките.+ 10 Се одгласи мојот сакан и ми рече: ‚Стани, мила моја, убавице моја,+ и дојди!+ 11 Зашто, еве, дождливото време+ помина, дождот престана, замина. 12 Цвеќиња се појавуваат по земјата,+ дојде време да се крои лозата+ и гласот на грлицата+ се слуша во земјата наша. 13 Со зрела боја смоквата+ ги обои плодовите први,+ лозите цветаат и мирис шират. Стани, дојди, љубена моја,+ убавице моја, дојди кај мене! 14 Гулабице+ моја, која се криеш на стрмните карпи, крај стрмниот планински пат, дај да те видам,+ дај да ти го чујам гласот, зашто гласот твој е милозвучен и ликот твој е прекрасен‘. “+

15 „Фатете ги за нас лисиците,+ лисичињата што ги уништуваат лозјата, зашто лозјата ни цутат.“+

16 „Мојот сакан ми припаѓа мене, а јас нему.+ Тој го пасе стадото+ меѓу криновите.+ 17 Пред да задува дневниот ветрец и пред сенките да побегнат, сврти се кон мене, мил мој. Биди како газела+ и како еленче на планините што нѐ раздвојуваат.*

3 На постелата своја, во ноќите, го барав оној кого го љуби душата моја.+ Го барав, но не го најдов. 2 Ве молам, пуштете ме да станам и да го обиколам градот,+ да го барам по улиците и по плоштадите+ оној кого го љуби душата моја. Го барав, но не го најдов. 3 Ме сретнаа стражарите+ што го обиколуваа градот. ‚Го видовте ли оној кого го љуби душата моја?‘ 4 Само што ги изминав, го најдов оној кого го љуби душата моја. Го зграпчив, и не го пуштав додека не го воведов во куќата на мајка ми и во одајата на онаа што во утробата ме носела. 5 Ве заколнувам,+ ќерки ерусалимски, во газелите и во срните полски,+ не будете ја, не побудувајте ја љубовта во мене ако самата не се разбудила.“+

6 „Што е тоа што се крева од пустината како столбови од дим и мириса на смирна и на темјан+ и на секакви трговски мирисливи прашоци?“+

7 „Гледај, тоа е носилката на Соломон. Околу неа има шеесет јунаци, избрани од јунаците на Израел.+ 8 Сите меч имаат, за војна се извежбани, и секому мечот му е на бедрото поради ноќниот страв.“+

9 „Тоа е носилката која цар Соломон ја направи за себе од дрво ливанско.+ 10 Столбовите ѝ ги направи од сребро, потпирачите од злато. Седиштето ѝ е од волна црвеникаво-виолетова, а внатрешноста со љубов ја украсија ќерките ерусалимски.“

11 „Излезете и гледајте го, ќерки сионски, царот Соломон со венецот+ што му го исплете мајка му+ на денот на неговата свадба, на денот на радоста на срцето негово.“+

4 „Колку си убава,+ о љубена моја! Колку си убава! Очите ти се како на гулабица+ под превезот твој.+ Косата ти е како стадо кози+ што потскокнуваат надолу по ридовите галадски.+ 2 Забите ти се како стадо штотуку острижени овци што доаѓаат од капење+ — секоја носи близнаци, ниту една не е без јагниња останата. 3 Усните ти се како нишки црвени и говорот твој е пријатен.+ Како резанки од калинка ти се слепоочниците под превезот.+ 4 Вратот+ ти е како кулата+ Давидова, изградена од редови камење, а на неа висат илјада штитови, сѐ тркалезни штитови+ на јунаци. 5 Двете гради+ ти се како две младенчиња, близнаци на газела што пасат меѓу кринови.“+

6 „Пред да задува дневниот ветрец+ и пред сенките да побегнат, ќе појдам до смирновата гора и до темјановиот рид.“+

7 „Целата си убава,+ о љубена моја, и немаш никаква маана.+ 8 Со мене од Ливан, о невесто+ моја, со мене од Ливан+ појди! Слези од врвот на Антиливан,* од врвот на Сенир,+ од врвот на Хермон,+ од лавовските дувла, од леопардовите гори! 9 Срцето силно ми чука поради тебе, сестро моја,+ невесто моја,+ срцето силно ми чука поради еден твој поглед,+ поради еден приврзок од твоето синџирче. 10 Колку е слатка љубовта твоја,+ сестро моја, невесто моја! Колку е подобра љубовта твоја од виното, а мирисот на маслата твои е попријатен од сите мириси!+ 11 Од усните ти капе мед од саќе,+ о невесто моја. Мед+ и млеко имаш под јазикот, а мирисот на фустаните твои е како мирисот+ на Ливан. 12 Градина оградена е сестрата моја,+ невестата моја, градина оградена, извор запечатен. 13 Кожата твоја е рајска градина полна со калинки, со најбирани плодови,+ со кана и со нард,+ 14 со нард+ и со шафран,+ со мирисна трска+ и со цимет,+ со секакви видови темјанови дрвја, со смирна и со алое,+ со сите најдобри мириси.+ 15 Кожата твоја е извор за градините, кладенец на пивка вода+ и поток што тече од Ливан.+ 16 Разбуди се, северен ветру, дојди и ти, ветру јужен!+ Задувај над градината моја!+ Нека потечат мирисите нејзини!“

„Нека дојде мојот љубен во градината своја и нека ги јаде најбираните плодови нејзини.“

5 „Дојдов во градината своја,+ сестро моја,+ невесто моја.+ Набрав од смирната своја+ и од мирисливите билки свои. Јадев од саќето свое и од медот свој,+ пиев од виното и од млекото свое.“

„Јадете, пријатели! Пијте и опијте се со љубов!“+

2 „Јас спијам, но срцето ми бдее.+ Го слушам љубениот мој како чука!“+

„Отвори ми,+ сестро моја, љубена моја, гулабице моја, ти која немаш маана!+ Зашто главата ми е полна со роса и кадриците од косата моја се полни со ноќни капки.“+

3 „ ,Си ја соблеков кошулата, па како да ја облечам пак? Си ги измив нозете, па како да ги извалкам?‘ 4 Љубениот мој си ја повлече раката од отворот на вратата, а мене утробата ми затрепери.+ 5 Станав да му отворам на љубениот мој, а од рацете ми прокапа смирна, од прстите смирната ми потече врз дупките од резето. 6 Му отворив на љубениот мој, но мојот љубен веќе си беше отишол, го немаше. Мојата душа излезе од мене кога тој проговори. Го барав, но не го најдов.+ Го викав, но не се одгласи. 7 Ме сретнаа стражарите+ што го обиколуваа градот. Ме тепаа, рани ми направија. Стражарите од ѕидиштата+ наметката ми ја зедоа.

8 Ве заколнувам,+ ќерки ерусалимски!+ Ако го најдете љубениот мој,+ кажете му дека боледувам од љубов.“+

9 „Во што е љубениот твој подобар од другите,+ о најубава меѓу жените?+ Во што е љубениот твој подобар од другите, па така нѐ заколнуваш?“+

10 „Љубениот мој целиот свети и румен е, меѓу десет илјади се познава.+ 11 Главата му е злато, чисто злато. Кадриците од косата му се урмини гроздови. Како гавран му е црна косата. 12 Очите му се како гулаби крај потоци, кои се капат во езерце од млеко и седат во него. 13 Образите му се како леа со зачини,+ како кули со билки мирисливи. Усните му се кринови, од нив капе течна смирна.+ 14 Прстите му се од злато, со хризолит исполнети. Стомакот му е плоча од слонова коска, прекриена со сафири. 15 Нозете му се мермерни столбови, на подножја од чисто злато поставени. Ставата му е како Ливан, како кедрите+ — му нема рамен. 16 Непцето му е со блажина полно и целиот е привлечен.+ Таков е милиот мој, таков е љубениот мој, ќерки ерусалимски.“

6 „Каде отиде љубениот твој, о најубава меѓу жените?+ Каде тргна милиот твој, да го бараме со тебе?“

2 „Љубениот мој отиде во градината своја,+ кај леите со билки мирисливи,+ меѓу градините, за да го пасе стадото+ и да бере кринови. 3 Јас му припаѓам на љубениот мој, и љубениот мој ми припаѓа мене.+ Тој го пасе стадото+ меѓу криновите.“

4 „Убава си, љубена моја,+ како Прекрасниот Град,*+ преубава си како Ерусалим,+ страшна како четите+ под бајраци собрани.+ 5 Тргни ги очите од мене,+ зашто поради нив сум немирен. Косата ти е како стадо кози што потскокнуваат по Галад.+ 6 Забите ти се како стадо овци што доаѓаат од капење — секоја носи близнаци, ниту една не е без јагниња останата.+ 7 Како резанки од калинка ти се слепоочниците под превезот.+ 8 Нека има и шеесет царици и осумдесет наложници* и девојки без број,+ 9 но само една е гулабицата моја,+ онаа што нема маана.+ Таа е љубимка на мајката своја, чиста е кај родителката своја. Девојките ја видоа, и за среќна ја прогласија, царици и наложници ја видоа, и тие ја фалеа:+ 10 ‚Која е оваа,+ која гледа одозгора како зората,+ убава како полната месечина,+ чиста како сонцето што сјае,+ страшна како четите под бајраци собрани?‘ “+

11 „Во оревовата градина+ отидов да ги видам пупките во долината,+ да видам дали лозата потерала, дали калинките процутиле.+ 12 И не сфатив што се случува, а желбата* моја ме одведе на колите на народот мој благороден.“

13 „Врати се, врати се, Суламко! Врати се, врати се да те гледаме!“+

„Што гледате на Суламката?“+

„Нешто како игра на два логора!“*

7 „Колку се убави чекорите твои во сандалите,+ ќерко благородна! Облините на бедрата твои се како накит,+ дело на уметнички раце. 2 Папокот твој е како чаша тркалезна. Вино зачинето+ никогаш нека не снема во неа. Стомакот ти е како куп пченица, со кринови оградена.+ 3 Двете гради твои се како две младенчиња, газелини близначиња.+ 4 Вратот+ ти е како кула од слонова коска. Очите+ ти се како езерата во Есевон,+ кај портата на Ватравим. Носот ти е како кула ливанска што гледа кон Дамаск. 5 Главата твоја на тебе е како Кармил,+ а кадриците+ на главата твоја се како волна црвеникаво-виолетова.+ Бујната коса го зароби царот.+ 6 Колку си убава, колку си мила, сакана моја, милина над милините!+ 7 Ставата твоја прилега на палма,+ а градите+ ти се како урмини гроздови. 8 Реков: ‚Ќе се качам на палмата за да ги дофатам нејзините гранки со урмини гроздови‘.+ Градите твои нека бидат како гроздови на лоза, мирисот на здивот твој како јаболка, 9 а непцето твое како најдобро вино...“+ „Кое лесно се лизга+ кон љубениот мој, полека тече низ усните на оние што спијат.

10 Јас му припаѓам на љубениот мој+ и тој копнее по мене.+ 11 Дојди, мил мој, да појдеме в поле!+ Да се одмориме меѓу грмушките од кана.+ 12 Да станеме рано и да појдеме во лозјата за да видиме дали потерала лозата,+ дали се отвориле цветовите,+ дали процветале калинките.+ Таму ќе ти покажам колку те сакам.+ 13 Мирис шират мандрагорите,+ и секакво најубаво овошје+ има крај влезот наш. И новото и старото, мил мој, го зачував за тебе.

8 О, да ми беше како брат,+ кој цицал од градите на мајка ми!+ Да те најдев надвор, ќе те бакнев,+ и никој немаше да ме презре. 2 Ќе те поведев со себе, ќе те доведев во куќата на мајка ми,+ која ме поучуваше. Ќе ти дадев да пиеш вино зачинето,+ свеж сок од калинки. 3 Левицата негова ќе ми беше под главата, а десницата негова ќе ме прегрнуваше.+

4 Ве заколнувам, ќерки ерусалимски! Не будете ја, не побудувајте ја љубовта во мене ако самата не се разбудила.“+

5 „Која е онаа+ што се искачува од пустината,+ потпрена на љубениот свој?“+

„Те разбудив под јаболкницата. Таму мајка ти имаше породилни болки со тебе. Таму родителката твоја родилни болки трпеше.+

6 Стави ме како печат на срцето свое,+ како печат на раката своја, зашто љубовта е силна како смртта,+ а кога бара верност,+ непопустлива е како гробот.* Жарот нејзин е жар огнен, пламен што го дава Јах.*+ 7 Многу води не можат да ја угаснат љубовта+ и реките не можат да ја однесат.+ Кога човек би го дал сето богатство од куќата своја за љубов, тоа богатство луѓето би го презирале.“

8 „Имаме сестричка+ која уште нема гради. Што ќе направиме со нашата сестра кога ќе стане збор за неа?“*

9 „Ако биде како ѕид,+ врз него ќе изградиме круниште од сребро, а ако биде како врата,+ ќе ја затвориме со кедрова штица.“

10 „Јас сум ѕид и градите мои се како кули.+ Така во очите негови станав како онаа што нашла мир.

11 Соломон имаше лозје+ во Ваал-Хамон. Им го предаде лозјето на чуварите+ и секој мора за родот негов да донесе по илјада сребреници.

12 Моето лозје, кое ми припаѓа мене, пред мене е. Ти имаш илјада, Соломоне, а оние што го чуваат родот од лозјето се двесте.“

13 „Ти која живееш во градините,+ другарите внимателно го слушаат гласот твој. Дај да го чујам и јас!“+

14 „Потрчај, мил мој, и биди како газела и како еленче по мирисливите планини!“+

Или: „од Сарон“.

Или: „на раздвоените планини“. Точното значење не е познато.

Буквално: „Аман“.

Или: „како Терса“.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

Буквално: „душата“.

Или: „игра маханаимска“.

Буквално: „шеолот“.

Ова е единственото место во Песна над песните каде што се појавува Божјето име, и тоа во скратениот облик Јах. Види ги фуснотата за 2Мо 15:2 и додатокот 1.

Или: „кога ќе дојдат да ја просат“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели