ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt Исаија 1:1-66:24
  • Исаија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исаија
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Исаија

Исаија

1 Видение+ на Исаија,+ синот на Амос, за Јуда и Ерусалим, кое го виде во деновите на Озија,+ Јотам,+ Ахаз+ и Езекија,+ цареви на Јуда:+

2 Чујте,+ небеса, послушај, земјо, зашто Јехова зборува: „Одгледав и подигнав синови,+ но тие се побунија против мене.+ 3 Бикот си го познава сопственикот, и магарето — јаслите на својот стопан, а Израел не ме познава мене,+ мојот народ постапува неразумно“.+

4 Тешко на грешниот народ,+ народ натоварен со престапи, род злосторнички,+ синови расипани!+ Го оставија Јехова,+ го презреа Светецот Израелов,+ му свртија грб.+ 5 Каде уште да ве удрам,+ кога ги трупате своите бунтовнички престапи?+ Целата глава е болна, целото срце е премалено.+ 6 Од главата до петиците нема здраво место по телото.+ Повреди и модрици и отворени рани — ниту исчистени, ниту преврзани, ниту со масло ублажени.+ 7 Вашата земја е претворена во пустош,+ вашите градови се изгорени со оган,+ нивите ви ги јадат+ туѓинци пред ваши очи,+ опустошено е како да пљачкосувале туѓинци.+ 8 Сионската ќерка+ остана како колиба в лозје, како стражарница во нива со краставици, како опколен град.+ 9 Да не ни оставеше Јехова над војските неколцина преживеани,+ ќе бевме како Содом, ќе личевме на Гомор.+

10 Чујте ја Јеховината реч,+ самоволни содомски+ владетели!+ Послушај го законот на нашиот Бог, народе гоморски! 11 „Што ќе ми се мноштвото ваши жртви?“ вели Јехова. „Сит сум од цели овнешки паленици+ и од лојот од згоени животни!+ Крвта+ од јунци, јагниња и јарци+ не ми е мила!+ 12 Кога доаѓате да го видите моето лице,+ кој го бара тоа од вас, кој бара да газите по моите дворови?+ 13 Престанете да донесувате безвредни житни жртви!+ Темјанот ми е одвратен.+ Вие празнувате млади месечини,+ го држите денот за одмор*+ и свикувате собири+ — не поднесувам кога се собирате на свечености, па се занимавате со магија!+ 14 Вашите млади месечини и вашите празници ги мрази мојата душа!+ Ми станаа бреме,+ се изморив поднесувајќи ги!+ 15 Кога во молитва ги ширите рацете,+ ги затворам очите пред вас.+ Кажувате многу молитви,+ но јас не слушам+ — рацете ви се полни со крв.+ 16 Измијте се,+ исчистете се,+ отстранете ми ја од пред очи злобата на своите дела,+ престанете да правите зло!+ 17 Учете се да правите добро,+ барајте правда,+ укорувајте го угнетувачот,+ дајте му правда на детето без татко,+ бранете го правото на вдовицата!“+

18 „Дојдете да расчистиме и јас ќе ви помогнам да се помирите со мене“, вели Јехова.+ „Ако бидат вашите гревови како црвено платно, ќе станат бели како снег;+ ако бидат румени како пурпур, ќе станат како волна. 19 Ако се оѕвиете и ако послушате, ќе го јадете она што е добро од оваа земја.+ 20 Но, ако одбиете и ако бидете бунтовни,+ меч ќе ве проголта. Ова се зборови од устата на Јехова.“+

21 Верниот град+ стана блудница!+ Беше полн со правда,+ во него живееше праведноста,+ а сега се во него убијците.+ 22 Твоето сребро стана запенета згура.+ Твоето пиво* се разводни.+ 23 Твоите кнезови се тврдоглави и другаруваат со крадци.+ Секој сака мито+ и трча по дарови.+ На детето без татко не му даваат правда, парницата на вдовицата не ја прифаќаат.+

24 Затоа вака вели Господарот, Јехова над војските, Силата Израелова:+ „Ах, ќе го излеам гневот врз своите противници и ќе им се одмаздам+ на своите непријатели!+ 25 Ќе ја свртам раката против тебе и како со пепелница ќе ја отстранам твојата пенеста згура и ќе ја отстранам сета твоја нечистотија!+ 26 Повторно ќе ти поставам судии како некогаш, и советници како во почетокот.+ Потоа ќе те викаат Град на Праведноста, Верен Град.+ 27 Сион ќе се откупи+ со правда, неговите повратници — со праведност.+ 28 Пропаста на бунтовниците и на грешниците ќе дојде во ист час,+ ќе изгинат оние што го оставаат Јехова.+ 29 Ќе се засрамат сите што копнеат по големите стебла, по кои копнеете и вие.+ Ќе се засрамите од градините што сте ги избрале.+ 30 Зашто, ќе бидете како големо стебло чии лисје венеат+ и како градина во која нема вода. 31 Крепкиот човек ќе стане колчишта,+ а плодот на неговата работа ќе стане искра; во ист час ќе изгорат заедно во оган, и ќе нема кој да го згасне“.+

2 Ова го виде во видение Исаија, синот на Амос, во врска со Јуда и Ерусалим:+ 2 Во последните денови,+ гората на Јеховиниот дом+ ќе стои цврсто над планинските врвови+ и ќе се возвишува над ридовите,+ и сите народи ќе се слеваат кон неа.+ 3 И многу народи ќе одат, велејќи: „Дојдете!+ Да појдеме на Јеховината гора, во домот на Богот Јаковов! Тој ќе нѐ поучува за своите патишта, и ќе одиме по неговите патеки“.+ Зашто, од Сион ќе излезе закон, и од Ерусалим Јеховината реч.+ 4 Тој ќе суди меѓу народите+ и ќе создаде складност меѓу многу народи.+ Тие ќе ги прековаат своите мечеви во плугови и своите копја во српови.+ Народ против народ повеќе нема да крева меч и повеќе нема да учат да војуваат.+

5 Ајде, доме Јаковов, да одиме во Јеховината светлина!+

6 Ти си го оставил својот народ, домот Јаковов,+ бидејќи е полн со она што доаѓа од Исток,+ и се занимаваат со магија+ како Филистејците и има многу деца на туѓинци меѓу нив.+ 7 Земјата им е полна со сребро и злато и нема крај на нивното богатство.+ Земјата им е полна со коњи и им нема број на нивните коли.+ 8 Земјата им е полна со безвредни богови.+ Му се клањаат на делото на човечки раце, на она што го направиле човечки прсти.+ 9 Се понизува земниот човек, се понижува човекот. Тоа, едноставно, не можеш да им го простиш.+

10 Вовлечи се во карпа и скриј се во земјата поради стравот од Јехова и од неговата величествена возвишеност!+ 11 Ќе се понизат надмените очи на земниот човек, ќе биде понижена човечката горделивост.+ Само Јехова ќе биде возвишен во тој ден.+ 12 Зашто, тоа е денот на Јехова над војските.+ Доаѓа против сите што се возвишуваат себеси и против сите горделиви, против сите што се високо и против сите што се ниско,+ 13 против сите горделиви и високи ливански кедри+ и против сите големи васански+ стебла, 14 против сите високи планини и против сите издигнати ридови,+ 15 против сите високи кули и против сите утврдени ѕидови,+ 16 против сите тарсиски бродови+ и против сите скапоцени кораби. 17 Понижена ќе биде надменоста на земниот човек, ќе се понизи човечката горделивост.+ Само Јехова ќе биде возвишен во тој ден.+

18 Безвредните богови сосема ќе исчезнат.+ 19 Луѓето ќе влегуваат во пештерите, во карпите и во дупките во земјата поради стравот од Јехова и од неговата величествена возвишеност,+ кога тој ќе стане и кога ќе затрепери земјата пред него.+ 20 Во тој ден земниот човек ќе им ги фрли на кртиците и на лилјаците своите безвредни сребрени богови и ништожни златни богови, што му ги имаат направено за да им се клања,+ 21 и ќе влегува во шуплините од карпите и во процепите од стрмните карпи, поради стравот од Јехова и од неговата величествена возвишеност,*+ кога тој ќе стане и кога ќе затрепери земјата пред него. 22 Затоа, престанете да се надевате на земниот човек, чиј здив е во неговите носници!+ Зашто, што е тој, па некој да држи до него?+

3 Гледај, Господарот,+ Јехова над војските, им ја одзема на Ерусалим+ и на Јуда секоја потпора, сите резерви од леб и сите резерви од вода,+ 2 силниот човек и воинот, судијата и пророкот,+ гаталецот и старецот,+ 3 педесетникот+ и угледниот човек, советникот и опитниот маѓепсник, како и вештиот гаталец.+ 4 За кнезови ќе им поставам деца, самоволен владетел ќе владее над нив.+ 5 Луѓето ќе постапуваат сурово еден со друг, секој со својот ближен.+ Детето ќе беснее против старецот,+ неугледниот човек против угледниот.+ 6 Секој ќе се фаќа за својот брат во куќата на својот татко, велејќи: „Ти имаш наметка, ти треба да владееш со цврста рака+ над нас, под твоја власт треба да биде овој куп урнатини“. 7 А тој ќе подвикне во тој ден и ќе рече: „Нејќам јас да бидам тој што преврзува рани, а во мојата куќа нема ни леб ни наметка! Не поставувајте ме мене да владеам над народот!“

8 Ерусалим се тетерави, Јуда паѓа,+ бидејќи нивниот јазик и нивните дела му се противат на Јехова,+ бунтовни се пред очите на Славниот.+ 9 Изразот на нивното лице сведочи против нив,+ зборуваат за својот грев, кој е како гревот содомски.+ Не го кријат. Тешко на нивната душа! Зашто, самите си навлекуваат неволја.+

10 Речете дека ќе му биде добро на праведникот,+ зашто ќе јаде од плодот на своите дела.+ 11 Тешко на злиот! Неволја ќе го снајде, зашто ќе му биде вратено според делата на неговите раце.+ 12 Управителите постапуваат безобѕирно со мојот народ, жени владеат со него.+ О народе мој, оние што те водат те заведуваат,+ те одведуваат од патот по кој одиш.+

13 Јехова станува на суд, станува за да им изрече пресуда на народите.+ 14 Јехова ќе излезе на суд со старешините на својот народ и со неговите кнезови.+

„Вие го изгоревте лозјето. Во вашите куќи е она што им е грабнато на страдалниците.+ 15 Зошто го угнетувате мојот народ и им го сотирате лицето на страдалниците?“+ — вели севишниот Господар, Јехова над војските.

16 Јехова уште вели: „Поради тоа што се возгордеаја сионските ќерки, кои одат со испружен врат и намигнуваат со очите, чекорат со ситни чекори и ѕвечкаат со накитот на нозете,+ 17 Јехова ќе го покрие со красти+ темето на ќерките сионски, Јехова ќе им го оголи челото.+ 18 Во тој ден Јехова ќе им ја одземе убавината: веришките на нозете, лентите што ги носат околу главата и месечинките,+ 19 обетките, белегзиите и превезите,+ 20 покривалата за глава, синџирчињата за околу глуждови и појасите,+ шишенцата со мириси* и украсните школки што се носат како амајлии,+ 21 прстените за на рака и прстените за на нос,+ 22 свечените кошули и горните туники, наметките и торбичките, 23 рачните огледала+ и долните облеки, турбаните+ и долгите превези.+

24 Наместо мирислив балсам+ ќе има застојана смрдеа, наместо појас ќе се врзува коноп, наместо прекрасно исчешлана коса ќе има ќелава глава,+ наместо раскошна облека ќе се препашува козина,+ наместо убавина ќе има жиг.+ 25 Ќе паднат од меч твоите луѓе, ќе паднат во војна твоите јунаци.+ 26 Ќе тагува сионската порта+ и ќе жали, празен ќе остане градот. На земја ќе седне“.+

4 Во тој ден седум жени ќе се фаќаат за еден маж+ и ќе му велат: „Свој леб ќе јадеме и свои фустани ќе носиме, само да го носиме твоето име за да се симне нашиот срам“.+

2 Во тој ден Јеховината фиданка+ ќе биде за украс и за слава,+ а плодот од оваа земја ќе биде за гордост+ и за убавина на преживеаните синови на Израел.+ 3 За остатокот на Сион и за преостанатите во Ерусалим ќе речат дека му се свети,+ сите што се запишани за живот во Ерусалим.+

4 Кога Јехова со духот на праведната пресуда и со духот што изгорува+ ќе го измие изметот од сионските ќерки+ и кога ќе ја испере+ од Ерусалим пролеаната крв,+ 5 над сета гора Сион, која ја втемелил,+ и над нејзиното зборно место, Јехова ќе создаде облак и чад дење, а светлост од оган распламтен+ ноќе,+ зашто над сета слава ќе има засолниште.+ 6 И ќе направи колиба, која со својата ладовина дење ќе штити од припек+ и ќе биде прибежиште и засолниште од бура и од дожд.+

5 Ќе му запеам песна на мојот мил, песна за мојот сакан, песна за неговото лозје.+ Мојот мил имаше лозје на плоден рид. 2 Го ископа, го исчисти од камења, засади во него црвена благородна лоза и изгради кула среде него.+ И изделка винско гмечало во него.+ Се надеваше дека ќе роди грозје,+ но тоа роди диво грозје.+

3 „Пресудете сега, ве молам, жители ерусалимски и луѓе од Јуда, помеѓу мене и моето лозје!+ 4 Што требаше уште да му се направи на моето лозје, а не сум го направил?+ Кога се надевав дека ќе роди грозје, зошто роди диво грозје? 5 А сега, ве молам, чујте што ќе му направам на моево лозје: ќе ја отстранам живата ограда околу него+ и ќе ја дадам да ја изгорат.+ Ќе го урнам неговиот каменен ѕид и ќе дозволам да го газат.+ 6 Во пустелија ќе го претворам.+ Нема ни да го кројат ни да го копаат.+ Трње и троскот ќе расте во него,+ а на облаците ќе им заповедам да не пуштаат дожд врз него.+ 7 Лозјето+ на Јехова над војските е Израеловиот дом, луѓето на Јуда се насадот што тој го сакаше.+ Се надеваше на правда,+ а еве, го кршат законот, се надеваше на праведност, а еве пискот.“+

8 Тешко на оние што составуваат куќа со куќа+ и спојуваат нива со нива за да заземат сѐ+ и да останат само тие среде земјата! 9 Со свои уши слушнав како се заколна Јехова над војските дека многу куќи, иако се големи и убави, ќе станат грозна глетка и ќе останат без станари.+ 10 Десет рала+ лозје ќе дадат само еден бат,*+ а еден гомер* семе ќе даде само една ефа.*+

11 Тешко на оние што стануваат рано наутро и бараат опоен пијалак,+ кои остануваат до доцна навечер, па ги распалува виното!+ 12 На нивните гозби+ има харфи и псалтири, дајриња, шупелки и вино, а за Јеховиното дело не им е грижа, не го гледаат делото на неговите раце.+

13 Затоа, мојот народ ќе мора да оди во изгнанство, зашто нема знаење.+ Нивните угледни луѓе ќе изгладнат,+ а обичниот народ ќе гори од жед.+ 14 Затоа гробот* ја рашири својата душа и зина со устата преку мерка,+ а сѐ што е убаво во градот, и неговото мноштво, неговата врева и оние што се веселат, ќе слезат во него.+ 15 Понижен ќе биде земниот човек, ќе се понизи човекот, ќе се понизат очите на возвишените.+ 16 Јехова над војските ќе се возвиши со својата пресуда;+ вистинскиот Бог, Светецот,+ ќе се посвети со својата праведност.+ 17 Јагнињата ќе пасат како да се на своите пасишта, и родот од пустата земја, на која некогаш живееја згоени животни, ќе го јадат дојденци.+

18 Тешко на оние што го влечат престапот со јажиња на невистината и гревот со колски јажиња+ 19 и велат: „Нека побрза со своето дело, нека го направи брзо, за да го видиме! Нека дојде и нека се изврши намерата на Израеловиот Светец, за да го запознаеме!“+

20 Тешко на оние што доброто го нарекуваат зло, а злото добро,+ кои темнината ја сметаат за светлина, а светлината за темнина, кои горчливото го сметаат за слатко, а слаткото за горчливо!+

21 Тешко на оние што се мудри во свои очи и разумни самите пред себе!+

22 Тешко на оние што се силни кога треба да се пие вино и јунаци кога се приготвуваат опојни пијалаци,+ 23 кои за мито го прогласуваат злиот за праведен+ и му ја одземаат праведноста на праведникот!+

24 Затоа, како што огнените јазици го проголтуваат стрништето+ и како што во пламенот исчезнува сувата трева, така нивниот корен+ ќе стане како смрдлив гнилеж и нивниот цвет ќе се разлета како прав, зашто го отфрлија законот на Јехова над војските+ и ја презреа речта на Израеловиот Светец.+ 25 Поради тоа Јехова пламна од гнев против својот народ. Ќе ја крене својата рака против нив и ќе ги удри.+ Планините ќе се затресат,+ а нивните мртви тела ќе станат како ѓубре по улиците.+

Поради сето ова, неговиот гнев не се одврати, туку раката му е сѐ уште подигната. 26 И подигна собирен знак за голем и далечен народ+ и му свирна за да го повика од крајот на земјата.+ И ете, тој ќе дојде молскавично и брзо.+ 27 Никој од нив не е уморен и никој не паѓа. Никој не е дремлив и никој не спие. Нема да се распаше појасот околу нивната половина и нема да им испукаат ремењето на сандалите. 28 Стрелите им се наострени+ и сите нивни лакови се оптегнати. Копитата на нивните коњи ќе бидат како кремен,+ а тркалата на колите како виор.+ 29 Рикањето им е како на лав, рикаат како грабливи млади лавови.+ Ќе ’ржат и ќе го грабаат пленот, ќе го однесат непречено, и никој нема да им го одземе.+ 30 И ќе ’ржат над него во тој ден како што бучи морето.+ Кога некој ќе ја погледне земјата, ќе види застрашувачка темнина.+ И светлината потемне од дождот што паѓа врз неа.

6 А јас, во онаа година кога умре цар Озија,+ го видов Јехова+ како седи на висок и возвишен престол,+ а неговите скутови го исполнуваа храмот.+ 2 Над него стоеја серафими.*+ Секој имаше по шест крилја. Со две си го покриваше лицето,+ со две си ги покриваше нозете, а со две леташе. 3 И си велеа еден на друг: „Свет, свет, свет е Јехова над војските!+ Целата земја е полна со неговата слава!“ 4 Довратниците+ на праговите се тресеа од гласот на оние што извикуваа, а домот се исполни со чад.+

5 А јас реков: „Тешко мене! Ќе загинам,* зашто сум човек со нечисти усни+ и живеам во народ со нечисти усни,+ а моите очи го видоа Царот, Јехова над војските!“+

6 Тогаш еден од серафимите долета до мене, држејќи во раката жар,+ кој го беше зел со клешти од жртвеникот.+ 7 Ми ја допре устата+ и рече: „Еве, ова ги допре твоите усни — отстранет е твојот престап и очистен е твојот грев“.+

8 И го чув гласот на Јехова како вели: „Кого да испратам? Кој ќе оди за нас?“+ А јас реков: „Еве ме мене, испрати ме мене!“+ 9 Тогаш тој одговори: „Оди и речи му на тој народ: ‚Слушајте што ќе ви зборувам одново и одново, но нема да разберете, гледајте што ќе ви покажувам одново и одново, но нема ништо да научите!‘+ 10 Направи го неприемливо срцето на тој народ+ за да бидат неосетливи нивните уши,+ затвори им ги очите за да не гледаат со очите и да не слушаат со ушите, да не разберат со срцето и да не се обратат и да оздрават!“+

11 А јас реков: „До кога, Јехова?“+ Тогаш тој ми одговори: „Додека градовите не се претворат во урнатини и не останат без жители, додека куќите не останат без луѓе и додека земјата не се претвори во пустош,+ 12 додека Јехова не ги протера луѓето далеку и додека целата земја не се претвори во пустош.+ 13 Но сѐ уште ќе има во неа десетти дел,+ а и тој ќе биде изгорен, како големо дрво и како големо стебло, од кои, кога ќе ги исечат,+ останува само пенушка.+ Таа пенушка ќе биде свето семе“.*+

7 Во деновите на Ахаз,+ синот на Јотам, син на Озија, царот на Јуда, дојде Ресин,+ сирискиот цар, со Фекај,+ синот на Ремалија, израелскиот цар, против Ерусалим за да војува со него, но во таа војна немаше успех.+ 2 Тогаш на Давидовиот дом му беше јавено: „Сирија се здружила со Ефрем“.+

А на царот и на неговиот народ им затреперија срцата, како што шумските дрвја затреперуваат на ветрот.+

3 И Јехова му рече на Исаија: „Те молам, излези му во пресрет на Ахаз, ти со Сеар Јасув,*+ твојот син, таму каде што завршува водоводот+ од горното езерце, на патот крај полето на белачот на алишта!+ 4 И речи му: ‚Чувај се и немој да се вознемируваш!+ Не плаши се и срцето да не ти трепери од страв+ од двата краја на овие чадливи гламни, од пламнатиот гнев на Ресин и на Сирија и на синот на Ремалија,+ 5 поради тоа што Сирија и Ефрем и синот на Ремалија наумиле да ти направат зло, велејќи: 6 „Да појдеме против Јуда и да го разбиеме, да продреме во него и да го освоиме, и да поставиме во него друг цар, синот на Тавеил!“+

7 Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Тоа нема да успее, нема да се случи.+ 8 Зашто, на Сирија глава ѝ е Дамаск, а на Дамаск глава му е Ресин. По најмногу шеесет и пет години, Ефрем ќе биде сотрен, така што повеќе нема да биде народ.+ 9 На Ефрем глава му е Самарија,+ а на Самарија глава ѝ е синот на Ремалија.+ Ако не верувате, нема да се одржите“ ‘ “.+

10 Јехова уште му рече на Ахаз: 11 „Побарај од Јехова, својот Бог, знак+ — длабок како гробот* или висок како небото!“ 12 Но Ахаз одговори: „Нема да барам и нема да го искушувам Јехова!“

13 Тогаш Исаија рече: „Слушајте, ве молам, доме Давидов! Зарем ви е малку тоа што им додевате на луѓето, па морате да му додевате и на мојот Бог?+ 14 Затоа Јехова ќе ви даде знак: еве, девојка+ ќе забремени+ и ќе роди син+ и ќе му го даде името Емануел.* 15 Тој ќе јаде само маст и див мед додека не научи да го отфрла злото и да го избира доброто.+ 16 Зашто, пред детето да научи да го отфрла злото и да го избира доброто,+ ќе опусти земјата на двајцата цареви од кои ти многу се плашиш.+ 17 Јехова ќе донесе против тебе+ и против домот на твојот татко денови какви што немало откако Ефрем се одвои од Јуда+ — ќе го доведе царот на Асирија.+

18 Во тој ден Јехова ќе свирне за да ги повика мувите од Египет, од најоддалечениот дел на нилските канали, и пчелите+ од асирската земја,+ 19 и сите тие ќе дојдат и ќе се спуштат на котлините, на клисурите, на сите трњаци и на сите поила.+

20 Во тој ден Јехова со изнајмен брич, кој доаѓа од Реката,*+ со асирскиот цар,+ ќе ги избричи главата и влакната на телото,* а и целата брада.+

21 Во тој ден човек ќе зачува една млада крава од стадото и две овци.+ 22 И ќе добива толку многу млеко што ќе јаде маст; сите што ќе останат во земјата ќе немаат за јадење ништо друго освен маст и див мед.+

23 Во тој ден на секое место каде што имало илјада лози, кои вредат илјада сребреници,+ ќе растат само трње и плевел.+ 24 Човек ќе доаѓа таму со стрели и лак,+ зашто целата земја ќе зарасне во трње и плевел. 25 По сите планини што беа чистени со мотика од непожелни растенија, нема никој да оди поради страв од трње и плевел. Таму ќе пасат биковите и таму ќе газат овците“.+

8 Јехова ми рече: „Земи една голема табла+ и напиши на неа со перо на смртниот човек: ‚Махер-Шалал-Хаш-Баз‘.* 2 И нека ми го потврдат+ тоа веродостојни сведоци,+ свештеникот Урија+ и Захарија, синот на Еверехиј“.

3 Потоа ѝ пријдов на пророчицата, и таа забремени и роди син.+ Тогаш Јехова ми рече: „Дај му го името Махер-Шалал-Хаш-Баз, 4 зашто пред детето да научи да вика+ ‚тато‘ и ‚мамо‘, богатството на Дамаск и пленот на Самарија ќе му бидат однесени на царот на Асирија“.+

5 Јехова уште ми рече: 6 „Затоа што овој народ ги отфрли+ водите на Силоа,*+ кои течат полека, а им се радува+ на Ресин и на синот на Ремалија,+ 7 еве, Јехова ги навраќа на нив+ силните и големи води на Реката+ — царот на Асирија+ и сета негова слава.+ И тој ќе се излее од сите свои корита и ќе се прелее преку сите свои брегови 8 и ќе помине низ Јуда. Ќе го поплави и ќе помине преку него.+ До грло ќе му дојде.+ Ќе ги рашири своите крилја+ преку целата твоја земја, Емануеле!“*+

9 Само вие правете им зло, народи, но ќе бидете сотрени! Послушајте, сите вие што сте во далечни краишта на земјата!+ Опашајте се,+ но ќе бидете сотрени!+ Опашајте се, но ќе бидете сотрени! 10 Кројте планови, но ќе пропаднат!+ Речете нешто, но нема да се оствари, зашто Бог е со нас!*+ 11 Зашто, вака ми рече Јехова кога ме фати со својата силна рака за да ме предупреди да не одам по патот по кој оди овој народ: 12 „Не велете: ‚Да се придружиме кон заговорот!‘ — секојпат кога овој народ ќе рече: ‚Да сковаме заговор!‘+ Не плашете се од она од кое се плашат тие и немојте да треперите пред тоа!+ 13 Јехова над војските — само тој нека ви биде свет,+ од него плашете се+ и пред него треперете!“+

14 Тој ќе биде како свето место,+ но ќе биде како камен на кој ќе удрат и како карпа од која ќе се сопнат+ двата Израелови дома, како стапица и како замка за жителите на Ерусалим.+ 15 Мнозина од нив ќе се сопнат, ќе паднат и ќе се разбијат, ќе паднат во замка и ќе се фатат.+

16 Свиткај го свитокот на сведоштвото,+ запечати го законот меѓу моите ученици!+ 17 Ќе го чекам Јехова,+ кој го скри своето лице од домот на Јаков,+ и ќе се надевам на него.+

18 Еве, јас и децата што ми ги даде Јехова+ сме во Израел знак+ и чудо од Јехова над војските, кој живее на гората Сион.+

19 Ако ви речат: „Обратете им се на оние што повикуваат духови+ или гатаат, кои шепотат+ и мрморат“* — не треба ли народот да му се обраќа на својот Бог?+ Зарем ќе им се обраќаат на мртвите во корист на живите?+ 20 Барајте помош во законот и во сведоштвото!+

Тие навистина ќе ги кажуваат овие зборови,+ но нема да ги осветли светлината на разденувањето.+ 21 Сите ќе одат по земјата угнетени и гладни+ и, поради гладот и гневот што ќе ги чувствуваат, ќе ги проколнуваат својот цар и својот Бог,+ вперувајќи го својот поглед угоре. 22 И ќе гледаат по земјата, а ете — неволја и мрак,+ темнина, тешки времиња и мрак во кој не се наѕира светлина.+

9 Но темнината нема да биде како тогаш кога земјата беше во неволја, како во поранешните времиња кога беа срамотени земјата на Завулон и земјата на Нефталим.+ А подоцна ѝ беше укажана чест+ — покрај тој пат крај морето, во јорданскиот крај, на Галилеја на незнабошците.+ 2 Народот што одеше во темнина, виде голема светлина.+ Над оние што живееја во земјата на длабоката темнина,+ светна светлина.+ 3 Ти го намножи народот,+ му даде голема радост.+ Се радуваа пред тебе како што се радуваат луѓето во време на жетва,+ како што се веселат оние што делат плен.+

4 Зашто ти, како во денот на пропаста на Мадијамците,+ ги разби јаремот што им беше товар+ и стапот што им беше на грбот, палката на оној што ги гонеше на работа.+ 5 И секоја обувка со која се гази така што земјата се тресе+ и секоја наметка натопена во крв изгоре како храна за огнот.+ 6 Зашто, ни се роди дете,+ добивме син,+ кој на рамото ќе има кнежевска власт.+ Името ќе му биде Прекрасен Советник,+ Моќен Бог,+ Вечен Татко,+ Кнез на Мирот.+ 7 Неговата кнежевска власт ќе се простира надалеку,+ и на мирот на Давидовиот престол+ и во неговото царство ќе му нема крај,+ за да се утврди+ и втемели врз правдата+ и врз праведноста,+ отсега па довека. Тоа ќе го направи ревноста на Јехова над војските.+

8 Јехова испрати реч против Јаков, и таа падна на Израел.+ 9 И ќе дознае за неа сиот народ,+ Ефрем и жителите на Самарија,+ поради нивната надменост и поради дрскоста на нивното срце, зашто велат:+ 10 „Паднаа тулите, но ќе ѕидаме со делкан камен.+ Дивите смокви+ се исечени, но ќе ги замениме со кедри“. 11 Јехова ќе ги воздигне над него противниците на Ресин, и ќе ги подбуцне неговите непријатели,+ 12 Сирија од исток+ и Филистејците од зад грб,+ и тие ќе го голтнат Израел со отворена уста.+ Поради сето ова, неговиот гнев не се одврати, туку раката му е сѐ уште подигната.+

13 Народот не му се врати на Оној што го удира,+ не го бараа Јехова над војските.+ 14 Затоа Јехова во еден ден+ ќе му ги отсече на Израел и главата+ и опашката,+ и гранката и рогозот. 15 Стариот и угледен човек — тоа е главата,+ а пророкот што дава лажни поуки — тоа е опашката.+ 16 Оние што го водат овој народ, го заведуваат,+ а оние што дозволуваат да бидат водени, збунети се.+ 17 Затоа Јехова нема да им се радува на нивните момчиња+ и нема да им се смилува ниту на нивните деца без татко ниту на нивните вдовици, зашто сите се отпадници+ и злодејци, и секоја уста зборува безумие. Поради сето ова, неговиот гнев не се одврати, туку раката му е сѐ уште подигната.+

18 Зашто, злото се распламти како оган,+ ќе ги проголта трњето и плевелот.+ Ќе се запали шумскиот честак+ и ќе се дигне угоре како кога се вивнува чад.+ 19 Од гневот на Јехова над војските се запали земјата, и народот ќе му стане храна на огнот.+ Никој нема да му се смилува ниту на својот брат.+ 20 Еден ќе сече месо оддесно, и ќе остане гладен, а друг ќе јаде месо одлево, и нема да се насити.+ Секој ќе си го јаде месото од својата рака,+ 21 Манасија ќе го јаде Ефрем, а Ефрем — Манасија, а заедно ќе бидат против Јуда.+ Поради сето ова, неговиот гнев не се одврати, туку раката му е сѐ уште подигната.+

10 Тешко на оние што донесуваат неправедни уредби+ и на оние што постојано пишуваат и испишуваат само неволји 2 за да ги одбијат сиромасите на суд и да им ја грабнат правдата на страдалниците од мојот народ,+ за да ги направат вдовиците свој плен и да ги ограбат дури и децата без татко!+ 3 Што ќе сторите во денот на казната+ и на пропаста, кога ќе дојде оддалеку?+ Кај кого ќе побегнете за да ви помогне,+ каде ќе ја оставите својата слава?+ 4 Не преостанува ништо друго освен човек да се наведне меѓу затворениците, и луѓето да паднат меѓу убиените.+ Поради сето ова, неговиот гнев не се одврати, туку раката му е сѐ уште подигната.+

5 „Гледај, Асирецот+ е стапот на мојот гнев,+ палката во неговата рака ја извршува мојата осуда! 6 Ќе го испратам против отпаднички+ народ, ќе му заповедам да тргне против народот што ме гневи,+ за да земе од него голем плен, за да го ограби потполно и да го изгази како кал на улиците.+ 7 Иако тој не сака, ќе биде наведен да го стори тоа; иако неговото срце не сака, тој ќе крои планови, бидејќи му е во срцето да сотира+ и да истреби многу народи.+ 8 Зашто, ќе вели: ‚Не се ли моите кнезови, всушност, цареви?+ 9 Не е ли Хално+ како Кархемис?+ Не е ли Емат+ како Арфад?+ Не е ли Самарија+ како Дамаск?+ 10 Како што мојата рака ги досегна царствата на безвредните богови, во кои имаше повеќе режани ликови отколку во Ерусалим и Самарија,+ 11 и како што ќе им направам на Самарија и на нејзините безвредни богови,+ зарем нема да им го направам истото и на Ерусалим и на неговите идоли?‘+

12 А кога ќе го доврши сето свое дело на гората Сион и во Ерусалим, Јехова ќе се пресмета со асирскиот цар поради дрските дела на неговото срце и поради вообразеноста на неговите надмени очи.+ 13 Зашто вели: ‚Ќе го направам тоа со силата на својата рака+ и со својата мудрост, зашто сум разумен. Ќе им ги отстранам границите на народите+ и ќе им ги опљачкам богатствата,+ како јунак ќе ги покорам жителите.+ 14 Мојата рака+ ќе ги дофати богатствата+ на народите како гнездо. Како што се собираат оставени јајца така јас ќе ја соберам целата земја, и ќе нема кој да замавне со своите крилја, ниту да ја отвори својата уста, ниту да зацивка‘.“

15 Зарем секирата ќе се велича над оној што сече со неа? Зарем пилата ќе се возгордее над оној што пили со неа? Може ли пратот да мавта со оној што го подига или стапот да го подига оној што не е дрво?+ 16 Затоа Господарот, Јехова над војските, ќе праќа врз неговите силни јунаци болест,+ која ќе ги изеде, а под неговата слава ќе гори пламен како што гори оган.+ 17 А Светлоста+ на Израел ќе биде како оган+ и неговиот Светец како пламен+ што ќе се запали и ќе ги проголта плевелот и трњето+ на Асирецот во еден ден. 18 На славата на неговата шума и на неговиот овоштарник ќе ѝ ги уништи+ и душата и телото — таа слава ќе биде како болен што се суши.+ 19 А стеблата што ќе останат од неговата шума ќе бидат толку малку што ќе може да ги преброи и едно дете.+

20 Во тој ден остатокот на Израел+ и преживеаните од домот на Јаков повеќе нема да се потпираат на оној што ги удира,+ туку вистински ќе се потпираат на Јехова, Светецот Израелов.+ 21 Еден остаток ќе се врати,* остатокот на Јаков ќе се врати кај Моќниот Бог.+ 22 Зашто, да беше твојот народ, о Израеле, и колку морскиот песок,+ ќе се вратеше само еден остаток од нив.+ Истребувањето+ што е одредено ќе се излее врз нив во правда,+ 23 зашто Севишниот Господар, Јехова над војските, ќе го изврши истребувањето+ и ќе ја спроведе својата неотповиклива одлука по целата земја.+

24 Затоа, вака вели Севишниот+ Господар, Јехова над војските: „Народе мој што живееш на Сион,+ не плаши се од Асирецот кој те тепаше со пратот+ и го подигаше својот стап против тебе, исто како што правеше и Египет.+ 25 Зашто, уште само малку и ќе му дојде крајот на осудувањето.+ Мојот гнев ќе ги сотре.+ 26 Јехова над војските ќе замавне со бич за да го удри,+ како кога го порази Мадијам кај карпата Орив,+ и ќе го крене својот стап над морето,+ ќе го крене исто како што го крена и против Египет.+

27 Во тој ден ќе падне бремето на Асирецот од твојот грб+ и неговиот јарем од твојот врат,+ и јаремот ќе се скрши+ поради маслото“.

28 Тој доаѓа против Ајат,+ минува низ Мигрон, ги остава своите работи во Михмаш.+ 29 Го преминува плиткото место, ја минува ноќта во Гева.+ Рама+ трепери, Саулова Гаваја+ бега. 30 Викај на сет глас, о галимска+ ќерко! Чувај се, о Лаисо! И ти, страдален Анатоте!+ 31 Мадмена бега. Жителите на Гевим бараат засолниште. 32 Уште додека е ден, ќе запре во Нов.+ Мавта со раката заканувајќи ѝ се на гората на сионската ќерка, на ерусалимскиот рид.+

33 Гледај, Господарот, Јехова над војските, со страшна сила ги кастри гранките.+ Исечени се оние што пораснаа во висина, снижени се високите.+ 34 Со железна алатка го сече шумскиот честак. Ливанските стебла ќе паднат пред еден кој е моќен.+

11 Фиданка+ ќе изникне од пенушката на Јесеј,+ подник+ од неговиот корен ќе донесува плод.+ 2 Врз него ќе почива Јеховиниот дух,+ духот на мудроста+ и разборитоста,*+ духот на советот и на силата,+ духот на знаењето+ и на стравот од Јехова.+ 3 Тој ќе ужива во стравот од Јехова.+

Нема да суди според она што го гледа, ниту ќе укорува според она што го слуша.+ 4 По правда ќе им суди на сиромасите,+ праведно ќе укорува, бранејќи ги кротките на земјата. Ќе ја удри земјата со пратот на својата уста,+ со здивот* на својата уста ќе ги погуби злите.+ 5 Колковите ќе си ги опаше со праведност,+ а бедрата со верност.+

6 Волкот ќе живее со јагнето,*+ леопардот ќе лежи со јарето, телето и младиот лав+ и згоеното животно ќе бидат заедно,+ а мало дете ќе ги води. 7 Крава и мечка ќе јадат заедно, а нивните младенчиња ќе лежат едно до друго. Лавот ќе јаде слама како бик.+ 8 Доенчето ќе си игра над дупката на кобра,+ детето одбиено од гради ќе ја става раката на дупка од змија отровница. 9 Повеќе нема да се прави зло+ и нема да се пустоши на целата моја света гора,+ зашто земјата ќе биде полна со знаење за Јехова, како што морето е полно со вода.+

10 Во тој ден+ ќе се појави коренот на Јесеј,+ кој ќе стане како собирен знак за народите.+ Од него ќе бараат совет народите,+ и неговото живеалиште ќе биде славно.+

11 Во тој ден Јехова по вторпат ќе ја испружи раката+ да го собере остатокот од својот народ, кој ќе преостане, од Асирија,+ од Египет,+ од Патрос,+ од Хус,*+ од Елам,+ од Сенар,+ од Емат и од морските острови.+ 12 И ќе им го подигне собирниот знак на народите и ќе ги собере распрснатите синови на Израел+ и ќе ги собере расеаните синови на Јуда од четирите краишта на земјата.+

13 Ќе исчезне љубомората на Ефрем,+ ќе бидат истребени непријателите на Јуда. Ефрем нема да му биде љубоморен на Јуда, а Јуда нема да му биде непријател на Ефрем.+ 14 На филистејските плеќи ќе полетаат кон запад,+ заедно ќе ги опљачкаат синовите на Истокот.+ Ќе ја испружат својата рака против Едом и Моав,+ а синовите на Амон ќе им бидат покорни.+ 15 А Јехова ќе го исуши заливот на египетското море+ и со својата рака ќе замавне на Реката+ со жарот на својот здив. Ќе нападне седум нејзини надојдени ракави и ќе направи луѓето да ги преминуваат во сандали.+ 16 А за остатокот+ од неговиот народ, кој ќе преостане,+ ќе биде подготвен друм+ од Асирија, како што му беше подготвен на Израел во денот кога излезе од египетската земја.

12 Во тој ден+ ќе речеш: „Ти благодарам, Јехова, зашто, иако се разгневи на мене, твојот гнев се одврати+ и ти ме утеши.+ 2 Гледај, Бог е моето спасение.+ Ќе имам доверба во него и нема да се плашам,+ зашто Јах* Јехова е мојата сила+ и моќ,+ тој ми е спасение“.+

3 Со радост ќе црпите вода од изворите на спасението.+ 4 И ќе речете во тој ден: „Благодарете му на Јехова!+ Повикувајте го неговото име!+ Објавувајте им ги на народите неговите дела!+ Разгласувајте дека неговото име е возвишено!+ 5 Со песна фалете го Јехова,+ зашто направи ненадминливи дела!+ Тоа се објавува по целата земја.

6 Воскликнувајте и викајте од радост, о жители на Сион, зашто е голем меѓу вас Светецот Израелов!“+

13 Објава против Вавилон,+ која ја виде во видение Исаија, синот на Амос:+ 2 „На голо брдо подигнете собирен знак!+ Викајте им колку што глас ве држи, мавтајте со рака,+ нека влезат низ вратата на достоинствениците!+ 3 Јас им дадов заповед на своите избрани воини.*+ Моите јунаци, кои многу се радуваат, ги повикав да го излеат мојот гнев.+ 4 Слушајте! Џагор на планините, како од многуброен народ.+ Слушајте! Врева од царства, од насобрани народи.+ Јехова над војските ја собира војската за војна.+ 5 Од далечна земја доаѓаат тие,+ од крајот на небесата — Јехова и оружјето на неговата осуда — за да ја разорат целата земја.+

6 Плачете горко,+ зашто Јеховиниот ден е близу!+ Доаѓа како опустошување од Севишниот.+ 7 Затоа ќе папсаат сите раце, сосема ќе му се растопи срцето на смртниот човек.+ 8 Немир ги обзема луѓето.+ Наеднаш ги фаќаат грчеви и родилни болки, имаат болки како родилка.+ Зачудено гледаат еден во друг, лицата им горат од мака.+

9 Еве, доаѓа Јеховиниот ден, страшен од јароста и од пламнатиот гнев, за да ја претвори земјата во грозна глетка+ и да ги истреби грешниците од неа.+ 10 Зашто, ниту небесните ѕвезди ниту нивните соѕвездија Кесил*+ нема да сјаат со својата светлина, сонцето ќе потемни при своето излегување, а месечината нема да свети со својата светлина. 11 Ќе го казнам светот*+ за неговата злоба и злите за нивниот престап. Ќе ја сотрам горделивоста на надмените и ќе ја понижам надуеноста на насилниците.+ 12 Смртниот човек ќе биде поредок од чистото злато,+ и земниот човек ќе биде поредок од офирското злато.+ 13 Затоа ќе го потресам небото.+ Земјата ќе се стресе и ќе се помрдне од своето место од бесот на Јехова над војските+ во денот на неговиот пламнат гнев.+ 14 Тогаш, како подгонета газела и како стадо што нема кој да го собере,+ секој ќе се сврти кон својот народ и секој ќе избега во својата земја.+ 15 Секој што ќе биде најден, ќе биде прободен, и секој што ќе биде фатен во тој налет, ќе падне од меч,+ 16 а децата ќе им бидат смачкани пред нивни очи.+ Куќите ќе им бидат ограбени, а нивните жени ќе бидат силувани.+

17 Еве, ги подигам против нив Медијците,+ на кои среброто не им значи ништо и кои не му се радуваат на златото. 18 Со своите лакови ќе ги разбијат младичите.+ На плодот на утробата нема да му се смилуваат,+ нивното око нема да се сожали на децата. 19 Вавилон, украсот на царствата,+ убавината и гордоста на Халдејците,+ ќе стане како Содом и Гомор кога ги уништи Бог.+ 20 Никогаш повеќе нема да биде населен,+ ќе го нема повеќе во ниту едно идно поколение.+ Арапот таму нема да го распнува својот шатор и овчарите нема да ги водат своите стада таму за да пладнуваат. 21 Таму ќе пладнуваат животни што живеат во безводен крај, бувови+ ќе ги населат куќите на некогашните негови жители. Ноеви ќе живеат таму, демони со јарешки лик* ќе потскокнуваат таму.+ 22 Шакали ќе завиваат во неговите утврдени дворци,+ големи змии ќе има во неговите некогаш раскошни палати. Се приближува неговото време, неговите денови нема да бидат продоложени“.+

14 Зашто, Јехова ќе му се смилува на Јаков+ и пак ќе го избере Израел.+ Ќе им даде да почиваат во својата земја,+ а дојденецот ќе им се придружи и ќе му се приклучи на домот на Јаков.+ 2 Народите ќе ги поведат и ќе ги вратат на нивното место, а домот Израелов ќе ги земе во наследство во Јеховината земја како слуги и слугинки.+ И ќе ги пороби+ оние што нив ги поробија и ќе владее над оние што ги тераа на работа.+

3 Во тој ден, кога Јехова ќе ти даде да си отпочинеш од својата болка, од својот немир и од тешкото ропство во кое робуваше,+ 4 кажувај ја оваа подбивна песна* за вавилонскиот цар и речи:

„Го нема повеќе оној што ги тераше другите да работат, нема повеќе угнетување!+ 5 Јехова го скрши пратот на злите, владетелската палка,+ 6 оној што ги удираше бесно народите со бескрајни удари,+ кој гневно ги подјармуваше народите, прогонувајќи ги безмилосно.+ 7 Целата земја си отпочина,+ се смири. Луѓето се развеселија и воскликнуваат радосно.+ 8 Поради тебе се радуваат стеблата на смреката+ и кедрите ливански, и велат: ‚Откако падна ти, дрвосечачите+ повеќе не нѐ сечат‘.

9 И гробот*+ долу се вознемири поради тебе, очекувајќи да дојдеш во него. Поради тебе ги разбуди немоќните мртовци,+ сите земни водачи што беа како јарци.+ Ги крена од престолите сите цареви на народите.+ 10 Сите тие проговараат и ти велат: ‚Зарем и ти стана немоќен како нас?+ Зарем се изедначи со нас?+ 11 Во гробот* е урната твојата горделивост, бучавата на твоите псалтири.+ Под тебе се послани црви како постела, црвите ти се покривка‘.+

12 Како падна од небото,+ ти што светиш, сине на зората! Соборен си на земјата,+ ти што ги газеше народите!+ 13 А си велеше во срцето: ‚Ќе се воздигнам до небесата.+ Ќе го подигнам својот престол+ над Божјите ѕвезди+ и ќе седнам на собирната гора+ на крајниот север.+ 14 Ќе се воздигнам над облачните висини.+ Ќе се изедначам со Севишниот‘.+

15 Но, ќе бидеш урнат во гробот,*+ во најдлабоките длабочини на гробната јама.+ 16 Оние што ќе те видат, ќе те гледаат и ќе размислуваат за тебе, велејќи: ‚Ова ли е човекот кој ја тресеше земјата и разнишуваше царства,+ 17 кој ја претвораше пустината во плодна почва и ги разоруваше нејзините градови,+ кој никогаш не ги пушташе дома своите заробеници?‘+ 18 Царевите на сите други народи, сите тие, лежат во слава, секој во својот гроб.+ 19 А ти си отфрлен, немаш ни гроб,+ како непожелна фиданка, покриен со убиени луѓе што се прободени со меч и што ги фрлаат врз камења во јама,+ како згазен труп.+ 20 Нема да им се придружиш во гробот, бидејќи ја упропасти својата земја, го погуби својот народ. На потомците на злосторниците никогаш повеќе нема да им се спомне името.+

21 Подгответе трупец на кој ќе бидат заклани неговите синови поради престапите на нивните татковци,+ за да не се кренат и да ја освојат земјата и да не го прекријат лицето на светот* со своите градови!“+

22 „Ќе станам против нив“,+ вели Јехова над војските.

„Ќе му ги сотрам на Вавилон името+ и остатокот, породот и потомството“,+ вели Јехова.

23 „Ќе им го дадам во посед на бодликавите прасиња и на мочуриштата, ќе го изметам со метлата на уништувањето“,+ вели Јехова над војските.

24 Се заколна+ Јехова над војските: „Навистина, како што замислив, така ќе биде, и како што решив, така ќе се збидне,+ 25 за да го скршам Асирецот во мојата земја+ и да го згазам на моите планини,+ за да падне неговиот јарем од мојот народ и да падне неговото бреме од нивниот грб“.+

26 Тоа е одлуката што е донесена против целата земја, тоа е раката што е крената против сите народи. 27 Зашто, Јехова над војските донесе одлука+ — кој може да ја осуети?+ Неговата рака е крената — кој може да ја спушти?+

28 Во годината кога умре цар Ахаз,+ дојде оваа објава: 29 „Никој во тебе, Филистејо,+ нека не се радува+ што му е скршена палката на оној што те удираше!+ Зашто, од змискиот корен+ ќе излезе отровница,+ неговиот плод ќе биде брза лутица.+ 30 Првородените на сиромасите ќе се нахранат, сиромасите ќе почиваат во сигурност.+ Со глад ќе го усмртам твојот корен, а тоа што ќе остане од тебе, ќе биде убиено.+ 31 Плачете горко, о порти! Офкај гласно, граду! Сите во тебе, Филистејо, нека опаднат со духот! Зашто, од север доаѓа чад и никој не заостанува во четите на непријателот“.+

32 Што ќе им одговорат на гласниците+ на народот? Дека Јехова го поставил темелот на Сион,+ и во него ќе најдат прибежиште страдалниците од неговиот народ.

15 Објава против Моав:+ замолкнат е Ар-Моав,+ зашто беше опустошен ноќе. Замолкнат е Кир-Моав,+ зашто беше опустошен ноќе. 2 Тој заминува во храмот и во Девон,+ на високите места, за да плаче. Моав плаче горко над Нево+ и над Медева.+ Сите глави во него се избричени, сите бради се отсечени.+ 3 На неговите улици луѓето препашуваат козина.+ На неговите покриви+ и на неговите плоштади сите плачат горко, слегуваат липајќи.+ 4 Лелекаат Есевон и Елеали.+ До Јаса+ се слуша нивниот глас. Затоа вооружените луѓе на Моав викаат. Затрепери во него душата негова.

5 Моето срце го оплакува Моав.+ Неговите бегалци заминуваат дури до Сигор+ и до Еглат-Шелишиј.+ Додека се качуваат по Лухит,+ сите одат плачејќи. Додека одат кон Хоронаим,+ се разлева нивниот лелек поради пропаста. 6 Зашто, нимримските води+ се претворија во пустелија. Зелената трева овена, исчезна тревата, нема зеленило.+ 7 Затоа, она што остана и имотот што го зачуваа го носат преку долината на тополите. 8 Лелекот се разлева низ моавскиот крај.+ Горко плачење се слуша до Еглаим, горко плачење се слуша до Веер-Елим, 9 зашто димонските води се полни со крв. На Димон ќе му додадам уште нешто — лав за да ги напаѓа бегалците од Моав и оние што ќе останат во таа земја.+

16 Испратете му овен на владетелот на земјата,+ од Села, преку пустелијата, до гората на сионската ќерка!+

2 Како птица во бегство, избркана од своето гнездо,+ ќе бидат моавските ќерки на плитките места на Арнон.+

3 „Дајте совет, спроведете ја одлуката!+

Рашири ја својата сенка како ноќ среде пладне!+ Скриј ги расеаните,+ не предавај го бегалецот!+ 4 Нека живеат кај тебе, Моаве, оние што ги расеав!+ Биди им закрила од пљачкашот!+ Зашто, му дојде крај на угнетувачот, престана пустошењето, збришани се од земјата оние што ги газеа другите.+

5 Со милост* ќе се утврди престолот.+ Во вистинољубивост царот ќе седи на него во Давидовиот+ шатор, ќе суди и ќе бара правда и спремно ќе го прави она што е исправно“.+

6 Чувме за горделивоста на Моав, дека е многу горделив,+ за неговата надменост, за неговата горделивост и за неговиот бес+ — но неговите празни зборови нема да се остварат.+ 7 Затоа, Моав горко ќе плаче+ поради својата неволја, сите во Моав горко ќе плачат. Сосем скршени ќе тажат по сувото грозје од Кир-Аресет,+ 8 зашто се исушија терасовидните ниви на Есевон.+ Господарите на народите ѝ ги искршија светлоцрвените ластари на лозата од Сивма,+ кои достигнуваа до Јазер+ и се ширеа по пустината. Неговите гранки беа оставени самите бујно да растат, и се протегаа дури до морето.

9 Затоа ќе плачам над сивманската лоза+ со плачот на Јазер. Ќе ве залевам со своите солзи, Есевоне+ и Елеали,+ зашто се чу борбен повик над твојот род и над твојата жетва.+ 10 Исчезнаа од овоштарникот радоста и веселбата, нема радосно подвикнување во лозјата, нема воскликнување.+ Газачот не го гази грозјето во гмечалото.+ Му ставив крај на воскликнувањето.+

11 Затоа мојата внатрешност трепери над Моав како харфа,+ сѐ што е во мене трепери над Кир-Аресет.+

12 Се виде дека Моав се изморил на височинката.+ Дојде да се моли во своето светилиште,+ но ништо не можеше да постигне.+

13 Ова е речта која Јехова ја кажа порано за Моав. 14 А сега Јехова вели вака: „За најмногу три години, колку што траат наемничките години,+ славата+ на Моав ќе биде презрена со секаков вид голем метеж, а оние што ќе преостанат, ќе бидат малобројни и нејаки“.+

17 Објава против Дамаск: „Гледај, Дамаск+ повеќе не е град. Се претворил во куп урнатини, во урнатини што се распаѓаат.+ 2 Напуштените ароирски градови+ станаа место каде што доаѓаат и лежат стада, и никој не ги плаши.+ 3 Утврдениот град исчезна од Ефрем,+ а царството од Дамаск.+ На оние што ќе преостанат од Сирија ќе им биде како и на славата на Израеловите синови“, вели Јехова над војските.+

4 „Во тој ден ќе биде понижена славата на Јаков,+ ќе ослаби неговото дебело тело.+ 5 Кога жетварот ќе го собира неожнеаното жито, а неговата рака ќе го жнее класјето,+ ќе биде како човек што дособира класје во рефаимската долина.+ 6 Ќе остане во Јаков дособирок како кога се тресе маслинка: две-три зрели маслинки на врвот, четири-пет на родните гранки“, вели Јехова, Богот на Израел.+

7 Во тој ден земниот човек ќе го погледне својот Творец, ќе ги впери очите кон Израеловиот Светец.+ 8 Нема да ги гледа жртвениците,+ делото на своите раце,+ нема да го гледа она што го направиле неговите прсти, ниту обредните диреци,* ниту кадилните сталки.+ 9 Во тој ден неговите утврдени градови ќе бидат како напуштено место в шума, како гранка што ја оставиле поради синовите на Израел; ќе биде пустош.+ 10 Зашто, ти го заборави*+ Богот на своето спасение+ и не се сеќаваше на Карпата+ на својата тврдина. Затоа садиш убави насади и ги засадуваш со туѓи фиданки. 11 Ти само оградувај го својот насад дење, а наутро труди се твоето семе да никне, но жетвата ќе побегне во денот кога ќе дојдат болеста и неизлечливата болка!+

12 Тешко на мноштвото народи кои се во метеж, кои се разбранувани како разбранувано море! Тешко на народите што бучат, што татнат како шум од силни води!+ 13 Татнежот на народите+ ќе биде како бучава на многу води. Но Тој ќе им се закани,+ па ќе избегаат далеку и ќе бидат гонети како плева што ветрот ја разнесува по планината и како чичка зафатена од виор.+ 14 Навечер, ете, ненадеен ужас! Пред утрото — веќе го нема.+ Тоа е наследството на оние што нѐ пљачкосуваат, тоа ќе ги снајде оние што нѐ ограбуваат.+

18 Тешко на земјата на крилестите инсекти што брмчат, која е во подрачјето на етиопските реки,+ 2 на онаа што испраќа пратеници+ по море, по водната површина, во бродови од папирусна трска и вели: „Одете, брзи гласници, кај високиот народ со мазна кожа, народ кој насекаде шири страв, жилав народ, кој ги гази другите и чија земја ја однесуваат реките!“+

3 Сите вие жители на светот,*+ вие што живеете на земјата, ќе видите глетка како кога се подига собирен знак на планините+ и ќе чуете звук како кога се огласува рог.+ 4 Зашто, вака ми рече Јехова: „Ќе останам мирен и ќе го гледам своето живеалиште,+ како голема горештина кога блеска сонцето,+ како облак со роса во време на берба.+ 5 Зашто, пред бербата, кога ќе прецути цветот, и од цветовите ќе настане грозје што узрева, лозарот ќе ги одреже со нож прачките и ќе ги отстрани ластарите, ќе ги отсече.+ 6 Сите тие ќе им бидат оставени на планинските птици грабливки и на земните ѕверови.+ Птиците грабливки ќе се хранат со нив цело лето, сите земни ѕверови ќе се хранат со нив за време на бербата.+

7 Во тоа време, висок народ со мазна кожа,+ народ кој насекаде шири страв, жилав народ, кој ги гази другите и чија земја ја однесуваат реките, ќе му донесува дар на Јехова над војските,+ ќе го донесува на местото каде што престојува името на Јехова над војските, на гората Сион“.+

19 Објава против Египет:+ Гледај, Јехова седи на брз облак+ и доаѓа во Египет. Ќе треперат пред него безвредните египетски богови+ и срцето на Египќаните ќе се растопи во нив.+

2 „Ќе ги подбуцнам Египќаните против Египќаните, па секој ќе војува против својот брат, секој против својот пријател, град против град и царство против царство.+ 3 Ќе се збркаат Египќаните,+ а јас ќе ги побркам нивните намери.+ И ќе им се обраќаат на безвредни богови+ и на луѓе што гатаат, на оние што повикуваат духови и на луѓе што прорекуваат настани.+ 4 Ќе ги предадам Египќаните во рацете на суров господар, силен цар ќе владее над нив“,+ вели Господарот, Јехова над војските.

5 Морската вода ќе се исуши, реката ќе секне и ќе пресуши.+ 6 Реките ќе се усмрдат, нилските канали во Египет ќе станат плитки и ќе пресушат.+ Трската+ и рогозот ќе изгнијат. 7 Оголените места крај Нил, на самата утока на Нил, и сите засеани ниви покрај Нил ќе се исушат.+ Ветрот ќе однесе сѐ што расте на нив, сето тоа ќе исчезне. 8 Рибарите ќе тажат, ќе бидат жалосни сите што фрлаат јадици во Нил, ќе папсаат сите што фрлаат мрежи по водната површина.+ 9 Ќе се посрамат сите оние што чешлаат лен+ и оние што ткаат бело платно. 10 Неговите ткајачи+ ќе бидат сотрени, сите наемници ќе бидат тажни во душата.

11 Соанските кезови+ се вистински безумници. Мудрите советници на фараонот даваат неразумни совети.+ Како можете да му речете на фараонот: „Јас сум син на мудреци, син на древни цареви“? 12 Та, каде се тие твои мудреци+ да ти кажат и да дознаат што одлучил Јехова над војските да прави со Египет?+ 13 Глупаво постапуваат соанските кнезови,+ измамени се нофските* кнезови,+ египетските главатари+ ги заведуваат своите племиња. 14 Јехова излеал врз нив дух на зашеметеност.+ Затоа го заведуваат Египет, за да се тетерави во сите свои дела, како што пијаница се тетерави во својата блујавица.+ 15 И во Египет не ќе може ништо повеќе да направи ниту главата ниту опашката, ниту гранката ниту рогозот.+

16 Во тој ден Египет ќе стане како жена, ќе трепери+ и ќе се плаши да не замавне раката на Јехова над војските со која тој ќе замавне на него.+ 17 Земјата на Јуда ќе биде страв за Египет.+ Пред кого и да биде спомната, тој ќе се плаши поради одлуката што Јехова над војските ја донел против него.+

18 Во тој ден ќе има пет града во египетската земја+ што ќе зборуваат ханаански јазик+ и ќе му се колнат+ на Јехова над војските. Еден ќе се вика Град на уривањето.

19 Во тој ден ќе има Јеховин жртвеник среде египетската земја+ и столб посветен на Јехова до нејзината граница. 20 Тоа ќе биде знак и сведоштво за Јехова над војските во египетската земја,+ зашто тие ќе го повикуваат Јехова поради своите угнетувачи,+ а тој ќе им испрати голем спасител, кој ќе ги избави.+ 21 И Јехова ќе им стане познат на Египќаните.+ Во тој ден Египќаните ќе го запознаат Јехова и ќе принесуваат жртви и дарови,+ ќе му се заветуваат на Јехова и ќе ги исполнуваат заветите.+ 22 Јехова ќе го удри Египет.+ Ќе удри, но и ќе излекува.+ Тие ќе се вратат кај Јехова+ и тој ќе ги услиши нивните сесрдни молитви и ќе ги излекува.+

23 Во тој ден ќе има друм+ од Египет кон Асирија, и Асирија ќе доаѓа во Египет и Египет во Асирија. И Египет и Асирија ќе му служат на Бог заедно. 24 Во тој ден Израел ќе биде трет со Египет и со Асирија,+ ќе биде благослов среде земјата,+ 25 зашто Јехова над војските ќе го благослови+ и ќе рече: „Нека е благословен мојот народ, Египет, и делото на моите раце, Асирија,+ и моето наследство, Израел!“+

20 Во онаа година кога тартанот*+ дојде против Азот,+ кога беше испратен од Саргон, царот на Асирија,+ па го нападна Азот и го освои,+ 2 Јехова зборуваше преку Исаија, синот на Амос,+ и рече: „Оди,+ симни ја козината од колковите+ и собуј ги сандалите од нозете!“+ И тој направи така, па одеше гол* и бос.+

3 Потоа Јехова рече: „Како што мојот слуга Исаија одеше гол и бос три години како знак+ и предзнак против Египет+ и против Етиопија,+ 4 така царот на Асирија ќе ги одведе заробените Египќани+ и протераните Етиопјани — деца и старци, голи и боси и со голи задници, откривајќи ја голотијата на Египет.+ 5 Тогаш ќе се исплашат и ќе се посрамат од Етиопија, својата надеж,+ и од Египет, својата убавина,+ 6 и во тој ден жителите на ова приморје ќе речат: ‚Еве, тоа е нашата надеж кај која бегавме за помош, за да нѐ избави од асирскиот цар!+ А како да се спасиме ние?‘“

21 Објава против морската пустина:+ „Како што надоаѓаат виори+ од југ, така доаѓа неволја од пустината, од страшната земја“.+ 2 Објавено ми е страшно видение:+ „Предавникот врши предавство, а пустошителот пустоши.+ Напред, Еламе! Почни со опсада, Медијо!+ Ќе направам никој повеќе да не воздивнува поради неа“.+ 3 Затоа тешки болки добив во колковите.+ Ме фатија грчеви како родилка.+ Толку се збунив што не слушам; толку се вознемирив што не гледам. 4 Моето срце не наоѓа мир, ме обзема трепет. Од примракот што го сакав ми минуваат морници.+

5 Нека се постави трпеза, на трпезата нека распоредат места за седење, нека се јаде и пие!+ Станете, кнезови,+ помазајте го штитот!+ 6 Зашто, вака ми рече Јехова:

„Оди, постави стражар за да ти јави што гледа!“+

7 И тој виде бојна кола со два впрегнати коња, бојна кола со магариња и бојна кола со камили. И внимаваше добро, со големо внимание. 8 И се огласи како лав:+ „На стражарската кула, о Јехова, непрестајно стојам дење, на своето стражарско место стојам по цела ноќ.+ 9 Ене, доаѓаат луѓе на бојна кола со два впрегнати коња!“+

Потоа извика: „Падна! Падна Вавилон!+ Бог ги разби од земја сите режани ликови на неговите богови!“+

10 Народе мој, кој си како овршено жито, чедо на моето гумно!+ Тоа што го чув од Јехова над војските, Богот на Израел, тоа ви го објавив.

11 Објава против Дума.* Некој ми вика од Сеир:+ „Стражару, кое доба на ноќта е? Стражару, кое доба на ноќта е?“+ 12 Стражарот одговара: „Ќе дојде утро, а потоа повторно ноќ. Ако сакате да прашате, прашајте! Дојдете пак!“

13 Објава против пустинската рамница: Во шумата во пустинската рамница ќе ноќевате вие, каравани на Деданците.+ 14 Изнесете вода пред жедниот! Жители на земјата Тема,+ излезете со леб пред бегалецот! 15 Зашто, тие бегаат од мечевите, од извлечениот меч, од оптегнатиот лак, од жестоката војна.

16 Зашто, вака ми рече Јехова: „Уште најмногу една година, колку што трае наемничката година,+ ќе исчезне сета слава на Кидар.+ 17 А од бројните стрелци, храбри синови на Кидар, ќе има малку такви што ќе преостанат,+ зашто така рече Јехова, Богот на Израел“.+

22 Објава за долината на видението:+ Што ти е? Зошто излегол на покривите+ сиот твој народ? 2 Беше полн со метеж, бучен граду, весел граду.+ Твоите погубени не се погубени со меч, ниту загинале во бој.+ 3 Сите твои самоволни владетели+ побегнаа одеднаш.+ Одведени се во заробеништво, а непријателот не затегнал ниту лак. Сите што беа најдени во тебе, одведени се заедно во заробеништво,+ а бегаа далеку.

4 Затоа реков: „Немојте да ме гледате, ќе заплачам горко!+ Немојте да ме тешите што е опустошена ќерката на мојот народ!+ 5 Зашто, тоа е ден на збунетост,+ газење+ и метеж,+ ден на Севишниот Господар, Јехова над војските, во долината на видението. Дојде оној што го урива ѕидот,+ се крева викотница* накај планината.+ 6 Елам+ го зеде тулот на бојната кола која ја влечат коњи. Кир+ го откри штитот. 7 Твоите најубави рамници ќе се наполнат со бојни коли, коњите ќе застанат пред портата 8 и ќе биде отстранета заштитата на Јуда. А ти во тој ден ќе го впериш погледот кон оружарницата+ на шумската+ куќа. 9 И ќе ги видите пукнатините во ѕидот на Давидовиот град, зашто ќе ги има многу.+ Ќе ја собирате водата од долното езерце.+ 10 Ќе ги пребројувате ерусалимските куќи. Ќе ги уривате куќите за да ги зацврстите ѕидиштата.+ 11 Помеѓу двата ѕида ќе направите собиралиште за вода од старото езерце.+ Но погледот нема да го вперите кон Великиот Бог којшто го направи тоа, нема да го видите оној што одамна го смисли тоа.

12 Во тој ден, Севишниот+ Господар, Јехова над војските, ќе ве повика да плачете+ и да тагувате, да ги избричите главите и да препашете козина.+ 13 Но еве: се радуваат и се веселат, убиваат говеда и колат овци, јадат месо и пијат вино,+ велејќи: ‚Да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме!‘ “+

14 А Јехова над војските го откри ова за да го чујам со свои уши:+ „ ,Овој престап нема да ви биде очистен+ додека не умрете‘,+ вели Севишниот Господар, Јехова над војските“.

15 Вака вели Севишниот Господар, Јехова над војските: „Ајде оди кај оној дворски управител,+ Шевна,+ и речи му: 16 ‚Што имаш и кого имаш тука, па си длабиш тука гробница?‘+ Тој си ја длаби гробницата на височина, во карпа си засечува место каде што ќе престојува. 17 ‚Гледај, човеку, јас, Јехова, ќе те фрлам со силен замав и ќе те зграпчам. 18 Ќе те замотам цврсто и ќе те фрлам како топка во широка земја. Таму ќе умреш и таму ќе бидат твоите славни коли на срам на домот на твојот господар. 19 Ќе те сменам од твоето место, ќе бидеш тргнат од твојата служба.+

20 Во тој ден ќе го повикам својот слуга+ — Елијаким,+ синот на Хелкија.+ 21 Ќе му ја облечам твојата облека, ќе го препашам со твојот појас+ и ќе му ја дадам в раце твојата власт, и ќе им биде татко на ерусалимските жители и на домот на Јуда.+ 22 Ќе му го ставам на рамо клучот+ на Давидовиот дом, па кога тој ќе отвори, никој нема да затвори, а кога тој ќе затвори, никој нема да отвори.+ 23 Ќе го забијам како клин,+ за да стои трајно на своето место, и ќе стане престол на славата за домот на својот татко.+ 24 На него ќе ја закачуваат сета слава на домот на неговиот татко, потомството и фиданките, сите мали садови, разни чинии и сите разни ќупови.

25 ‚Во тој ден‘, вели Јехова над војските, ,ќе биде отстранет клинот+ што е трајно забиен на своето место, ќе биде исечен и ќе падне, и ќе се уништи товарот што висеше на него, зашто така рече Јехова‘ “.+

23 Објава за Тир:+ Плачете горко, тарсиски бродови,+ зашто тој е опустошен и повеќе не е пристаниште, повеќе не е место во кое се влегува.+ Тоа им беше кажано во земјата Китим.+ 2 Замолкнете, жители на приморјето!* Трговците од Сидон,+ кои го преминуваат морето — тие те наполнија со богатство. 3 Многу води помина сихорското+ жито, нилската жетва, тирскиот приход. Тоа беше добивка за народите.+

4 Срами се, Сидоне, тврдино морска!+ Зашто, морето вели: „Не ме фаќаат родилни болки и не раѓам, не одгледувам момчиња и не подигам девојки“.+ 5 Како од веста за Египет+ така и од веста за Тир ќе ги фати луѓето тешка болка.+ 6 Преминете во Тарсис! Плачете горко, жители на приморјето! 7 Ова ли е вашиот град што беше весел од дамнина, од своето основање? Нозете го водеа далеку во туѓина за да се насели таму.

8 Кој ја донесе таа одлука+ против Тир, кој делеше круни, чии трговци беа кнезови, чии продавачи беа угледни луѓе на земјата?+

9 Јехова над војските ја донесе оваа одлука+ за да ја оскверни сета горделива убавина,+ да покаже презир кон сите угледни луѓе на земјата.+

10 Излеј се како Нил низ својата земја, ќерко тарсиска!+ Нема повеќе бродоградилишта.+ 11 Ја кренал раката накај морето, ги растресол царствата.+ Јехова даде заповед против Феникија, да се уништат нејзините тврдини.+ 12 И вели: „Никогаш повеќе нема да се радуваш,+ угнетена девице, ќерко сидонска!+ Стани, премини во Китим!+ Но, и таму ќе немаш мир“.

13 Ете ја халдејската земја!+ Тоа е народот — Асирија+ не беше тоа — кој ќе го предаде на дивите пустински животни.+ Подигнаа опсадни кули,+ ги соголија неговите утврдени дворци,+ од него останаа само урнатини што се распаѓаат.+

14 Плачете горко, тарсиски бродови, зашто е опустошена вашата тврдина!+

15 Во тој ден Тир ќе биде заборавен седумдесет години,+ колку што е векот на еден цар. А по седумдесетте години, на Тир ќе му биде како на блудницата од песната: 16 „Земи ја харфата и оди по градот, заборавена блуднице!+ Свири на жиците најубаво што можеш, и нека има многу твои песни за да се сетат на тебе!“

17 По седумдесет години, Јехова ќе го погледне Тир, и тој пак ќе ја прима својата плата+ и ќе врши блуд по лицето на земјата со сите царства на светот.+ 18 Неговата добивка и неговата плата+ ќе станат свети за Јехова. Нема да се трупаат, ниту да се чуваат, зашто неговата плата ќе биде за оние што престојуваат пред Јехова,+ за да имаат храна до ситост и убава облека.+

24 Еве, Јехова ја празни земјата и ја пустоши,+ ѝ го извртува лицето+ и ги распрснува нејзините жители.+ 2 Истото ќе му се случи и на народот и на свештеникот, исто и на слугата и на неговиот господар, исто на слугинката и на нејзината господарка, исто и на купувачот и на продавачот, исто на заемодавецот и на заемопримачот, исто на оној што дава со камата и на оној што ја плаќа каматата.+ 3 Земјата ќе се испразни и ќе биде опљачкана,+ зашто така рече Јехова.+ 4 Земјата тагува+ и венее. Плодната земја се суши. Пропаѓаат истакнатите луѓе од народот.*+ 5 Земјата се загади под своите жители,+ зашто ги заобиколија законите,+ ги изменија уредбите,+ го раскинаа трајниот сојуз.+ 6 Затоа проклетство ја проголтува земјата+ и нејзините жители носат вина. Затоа има сѐ помалку жители во земјата и останаа многу малку луѓе.+

7 Тагува младото вино, венее лозата,+ воздивнуваат оние што имаа весело срце.+ 8 Престана веселбата со дајрињата, замре вревата на оние што воскликнуваат весело, престана веселбата покрај харфата.+ 9 Повеќе нема песна додека се пие вино, им згорчи опојниот пијалак на оние што го пијат. 10 Градот е напуштен и разурнат,+ влезот во секоја куќа е затворен. 11 Се слуша викотница по улиците зашто нема вино. Исчезна секоја радост, ја снема веселбата од земјата.+ 12 Во градот остана грозна глетка, портата е урната и искршена.+

13 Зашто, така ќе се случи среде земјата, меѓу народите, како кога ќе се истресе маслинката,+ како кога се дособира грозје по бербата.+ 14 Тие ќе го кренат гласот, ќе извикуваат радосно. Поради возвишеноста на Јехова, тие ќе воскликнуваат откај морето.+ 15 Затоа, во крајот каде што е светлината*+ ќе го слават Јехова,+ на морските острови ќе го слават името на Јехова,+ Богот Израелов. 16 Од крајот на земјата слушаме песни:+ „Убавина за праведниот!“+

Но јас велам: „Ќе ослабам!+ Ќе ослабам! Тешко мене! Предавниците постапуваат предавнички.+ Предавниците предавнички вршат предавство“.+

17 Страв, јама и стапица те чекаат тебе, жителу на земјата!+ 18 Оној што ќе избега од звукот на стравотијата, ќе падне в јама, а оној што ќе се извлече од јамата, ќе се фати во стапица.+ Зашто, ќе се отворат браните на висините+ и ќе се затресат темелите на земјата.+ 19 Сета земја се распукна, сета земја се залула, сета земја се разниша.+ 20 Сета земја се тетерави како пијаница, се лула како колиба за набљудување.+ Нејзиниот престап ја притиска,+ па ќе падне и повеќе нема да стане.+

21 Во тој ден Јехова ќе ѝ пресуди на војската горе на висините и на земните цареви на земјата.+ 22 Собраните ќе бидат како што се собираат заробеници во јама+ и ќе бидат затворени во зандана,+ а по многу денови ќе бидат казнети.+ 23 Полната месечина се засрами и жешкото сонце се засрами,+ зашто Јехова над војските се зацари+ во слава на гората Сион+ и во Ерусалим и пред своите старци.+

25 О Јехова, ти си мој Бог!+ Те величам,+ го фалам твоето име,+ зашто направи чудесни дела,+ ги спроведе дамнешните намери+ верно+ и доверливо.+ 2 Зашто, го претвори градот во куп камења, утврдениот град го претвори во урнатини. Утврдените дворци на туѓинците повеќе не се град, довека нема да бидат обновени.+ 3 Затоа ќе те слави силен народ, градот на свирепите народи ќе се плаши од тебе.+ 4 Зашто, ти си му прибежиште на бедниот, прибежиште на сиромавиот во неговата неволја,+ скривалиште од бура,* засолниште+ од горештина, кога насилникот ќе нападне како бура што удира в ѕид. 5 Ти ја стивнуваш вревата на туѓинците како горештина во безводна земја, како горештина со сенка од облак.+ Стивнува песната на насилниците.+

6 Јехова над војските ќе им подготви на сите народи+ на оваа планина+ гозба од избрани јадења,+ гозба од извонредно вино, од избрани јадења полни со срцевина,+ од стасано вино,+ процедено.+ 7 Тој ќе ја уништи на оваа планина прекривката што ги прекрива сите народи,+ покривалото што ги покрива сите народи. 8 Ќе ја уништи* смртта засекогаш+ и Севишниот Господар Јехова ќе ги избрише солзите од секое лице.+ Ќе го отстрани срамот од својот народ по целата земја,+ зашто така рече Јехова.

9 Во тој ден ќе речат: „Гледај, тоа е нашиот Бог!+ На него се надеваме,+ и тој ќе нѐ спаси.+ Тоа е Јехова!+ На него се надеваме. Да се радуваме и да се веселиме за спасението што доаѓа од него!“+

10 Зашто, Јеховината рака ќе почива на оваа планина,+ а Моав ќе биде згазен+ на своето место како што се гази слама на буниште.+ 11 Бог ќе замавне со рацете на него, како што замавнува пливачот кога плива, и ќе ја понижи неговата надменост+ со измамливите движења на своите раце. 12 Тој ќе го собори утврдениот град со неговите безбедни ѕидишта. Ќе го понижи тој град, ќе го фрли на земја, во правот.+

26 Во тој ден,+ во земјата на Јуда+ ќе се пее оваа песна:+ „Имаме тврд град.+ Бог им дава спасение на ѕидиштата и на бедемот.+ 2 Отворете ги портите+ да влезе праведниот народ кој постапува верно!+ 3 Ќе ги чуваш во траен мир+ оние чие срце е постојано, зашто имаат доверба во тебе.+ 4 Имајте доверба во Јехова+ довека, зашто Јах* Јехова е вечна Карпа!+

5 Тој ги соборува оние што живеат на висините,+ во возвишениот град.+ Го понижува градот, доземи го понижува, го фрла во прав.+ 6 Нога ќе го гази, ногата на страдалникот, чекорите на бедните“.+

7 Патот на праведникот е праведен.+ Ти си праведен, и затоа ќе ја израмниш патеката на праведникот.+ 8 На тебе се надеваме, о Јехова, да нѐ поведеш по патот на својата правда.+ Душата ни копнее+ по твоето име и по твојот спомен.+ 9 Со својата душа копнеам по тебе ноќе,+ со своето срце* те барам тебе.+ Зашто, кога твоите праведни судови ќе се извршат на земјата,+ оние што живеат на земјата* ќе се учат+ на праведност.+ 10 Ако му се укаже милост на злиот, тој нема да се научи на праведност.+ Во земјата на праведноста тој ќе врши неправда+ и нема да ја види возвишеноста на Јехова.+

11 О Јехова, твојата рака е издигната,+ но тие не ја гледаат.+ Но ќе ја видат и ќе се посрамат+ кога ќе почнеш да покажуваш ревност за својот народ. Ќе ги проголта огнот+ наменет за твоите непријатели.* 12 О Јехова, ти ќе ни досудиш мир,+ зашто ти си творец на сите наши дела.+ 13 Јехова, Боже наш, други господари господареа со нас наместо тебе.+ Само со твоја помош ќе го спомнуваме твоето име.+ 14 Тие се мртви, повеќе нема да живеат.+ Тоа се немоќни мртовци,+ нема да станат.+ Затоа ти се пресмета со нив, за да ги погубиш и да го затреш секој спомен за нив.+

15 Ти го намножи народот, Јехова, го намножи народот+ и се прослави.+ Надалеку ги прошири сите граници на земјата.+ 16 О Јехова, во неволјата тебе те бараа,+ со шепот ја излеваа молитвата кога ги стигна твојата казна.+ 17 Како што трудницата на која ѝ се ближи породувањето има болки и вика во своите породилни маки, така ни е и нам поради тебе, Јехова.+ 18 Забременивме, имаме болки,+ но како да раѓаме ветар. Не ѝ носиме вистинско спасение на земјата,+ на плодната земја не ѝ се раѓаат жители.+

19 „Твоите мртви ќе оживеат.+ Ќе стане мртвото тело на мојот народ.+ Разбудете се и извикувајте, вие што живеете во правта!+ Зашто, вашата роса+ е изобилна како росата на слезот,+ и земјата ќе ги врати на свет немоќните мртовци.+

20 Ајде, народе мој, влези во своите соби, каде што ќе бидеш на сигурно, и затвори ги вратите зад себе!+ Скриј се за миг дури да мине гневот!+ 21 Зашто, гледај, Јехова излегува од своето место за да се пресмета со жителите на земјата поради престапите што ги направија против него,+ и земјата ќе ја открие крвта што е пролеана на неа+ и повеќе нема да ги покрива оние што се убиени на неа.“+

27 Во тој ден Јехова,+ со својот тежок, голем и јак меч,+ ќе се пресмета со левијатанот,*+ змијата што ползи,+ со левијатанот, змијата што се извива, и ќе го убие чудовиштето+ што е во морето.

2 Во тој ден пејте+ вака: „Лозјето+ дава пенливо вино. 3 Јас, Јехова, го чувам.+ Постојано ќе го залевам.+ Ќе го чувам дење и ноќе за да не го оштети никој.+ 4 Нема гнев во мене.+ Кој ќе ми даде трње+ и плевел во битката? Ќе го згазам, сето тоа Ќе го изгорам!+ 5 Подобро нека остане во моето засолниште, нека склучи мир со мене! Мир нека склучи со мене!“+

6 Во деновите што идат, Јаков ќе се вкорени, Израел+ ќе процвета и ќе нарасте. Ќе ја наполни со плод целата земја.*+

7 Мора ли да биде удиран со толку жестоки удари? Мора ли да биде поразен со толку голем колеж?+ 8 Со застрашувачки повик ќе се пресметаш со него кога ќе го истераш. Ќе го избркаш со силниот здив на својата уста во денот кога ќе задува источниот ветар.+ 9 Затоа, со ова ќе се очисти+ престапот на Јаков, и тоа ќе биде сиот плод кога тој ќе го отстрани неговиот грев,+ кога ќе направи сите камења на жртвеникот да бидат како камења од креда што се толчат во прав, така што обредните диреци*+ и кадилните сталки не ќе можат да стојат.+ 10 Зашто, утврдениот град ќе биде осамен, пасиштето ќе биде напуштено, оставено како пустелија.+ Телето ќе пасе и ќе лежи таму и ќе ги изеде неговите гранки.+ 11 Кога ќе се исушат неговите гранчиња, жените ќе доаѓаат и ќе ги кршат, со нив ќе палат оган.+ Зашто, тоа не е разборит народ.+ Затоа неговиот Творец нема да биде милостив, нема да му се смилува+ оној што го создал.

12 Во тој ден Јехова ќе ги стресе плодовите,+ од текот на Реката+ до долината на реката* Египет,+ па ќе бидете собрани еден по еден,+ о синови на Израел. 13 Во тој ден ќе затрубат во голем рог,+ и ќе дојдат оние што гинат во асирската земја+ и оние што се расеани по египетската земја,+ и ќе му се поклонат+ на Јехова на светата гора во Ерусалим.+

28 Тешко на возвишената круна на пијаниците на Ефрем+ и на овенатиот цвет на неговата славна убавина, која е над плодната долина на оние што ги опило виното! 2 Еве, Јехова има некој кој е јак и силен.+ Како бура со громови и со град,+ како уништувачка бура, како бура со громови и со силни поплавни води,+ тој ќе ја фрли на земја со голема сила. 3 Возвишените круни на пијаниците на Ефрем ќе бидат изгазени.+ 4 А овенатиот цвет+ на неговата славна убавина, која е над плодната долина, ќе биде како рана смоква+ пред лето, која човек ја здогледува и ја голтнува штом ќе му се најде в рака.

5 Во тој ден Јехова над војските ќе биде убава круна+ и прекрасен венец+ за остатокот+ од својот народ, 6 и дух на правда за оној што седи на судиското место,+ и сила за оние што ги одбиваат нападите на портата.+

7 А и овие — застранија од виното и скитаат од опоен пијалак. Свештеник и пророк+ застранија од опоен пијалак, збунети се од вино, талкаат+ од опоен пијалак, застраниле во своите виденија, се тетерават при одлучувањето. 8 Сите трпези се полни со гадни блујавици+ — нема чисто место.

9 „Кого учи тој на мудрост,+ кому му ја толкува објавата?+ Зарем на оние кои штотуку се одвикнале од млеко, на оние кои штотуку се одбиени од гради?+ 10 Зашто, тоа е ‚заповед врз заповед, заповед врз заповед, мерило врз мерило, мерило врз мерило, овде малку, онде малку‘.“*+ 11 Затоа тој ќе му зборува на овој народ+ со усни на човек што тепка+ и со поинаков јазик,+ 12 на оние на кои им беше рекол: „Ова е почивалишето. Дајте му починка на уморниот! Ова е одморалиштето“, но не сакаа да слушаат.+ 13 За нив Јеховината реч ќе биде „заповед врз заповед, заповед врз заповед, мерило врз мерило, мерило врз мерило,+ овде малку, онде малку“, за да одат и да паднат на грб, да се разбијат, да паднат во стапица и да се фатат.+

14 Затоа, чујте ја Јеховината реч, фалбаџии, вие што владеете+ со овој народ во Ерусалим. 15 Вие велите: „Склучивме сојуз со Смртта+ и заедно со Гробот* предвидовме+ што ќе биде, па ако помине поројот што поплавува сѐ, нас нема да нѐ зафати, бидејќи лагата си ја направивме прибежиште,+ а измамата — скривалиште“.+ 16 Затоа вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, за темел поставувам на Сион+ камен,+ камен испробан,+ скапоцен аголен камен+ со сигурен темел.+ Ниту еден кој верува нема да се исплаши.+ 17 И ќе ја поставам правдата за мерило+ и праведноста+ за мерна справа.* Град+ ќе го однесе прибежиштето од лага+ и води ќе го однесат скривалиштето.+ 18 Ќе пропадне вашиот сојуз со Смртта,+ нема да се оствари она што заедно со Гробот* го предвидовте.+ Кога ќе помине поројот што поплавува сѐ,+ и вас ќе ве сотре.+ 19 Кога и да помине, ќе ве однесе,+ зашто ќе поминува секое утро, дење и ноќе. И од самата вест за тоа ќе треперат+ другите луѓе зашто ќе го разберат она што го чуле“.

20 Леглото е прекратко за човек да се испружи, покривката е претесна за човек да се покрие. 21 А Јехова ќе се крене како на планината Ферасим,+ ќе се разгневи како во рамницата кај Гаваон,+ за да го изврши своето дело — своето необично дело, и да ја изврши својата работа — својата чудесна работа.+ 22 Затоа немојте да се исмејувате,+ за вашите окови да не станат појаки, зашто чув од Севишниот+ Господар, Јехова над војските, дека е одредено истребување за целата земја.+

23 Чујте и послушајте го мојот глас, обрнете внимание и послушајте ја мојата реч! 24 Ора ли орачот цел ден+ за да посее семе, и цел ден ли ја бразди и ја браносува својата земја?+ 25 Кога ќе ѝ ја израмни површината, не сее ли тогаш црнушка* и не фрла ли ким?+ Не сее ли пченица, просо+ и јачмен на местото каде што треба,+ не сее ли крупник*+ по рабовите на својата нива?+ 26 А Бог го укорува+ според правдата. Неговиот Бог го поучува.+ 27 Зашто, црнушката не се врши со вршачка,+ преку кимот не се преминува со колско тркало, туку црнушката се чука со стап,+ а кимот со прат. 28 Се дроби ли житото? Не го газат+ довека.+ Валјаците за вршење ги пуштаат со коњи по него, но не го дробат.+ 29 И тоа доаѓа од Јехова над војските+ — неговата намера е чудесна, неговата работа е многу плодоносна.+

29 „Тешко на Ариел*+ — Ариеле, граду каде што Давид имаше логор!+ Додадете година врз година, нека се изредат празниците!+ 2 Ќе го притиснам+ Ариел и ќе настане тага и лелек,+ а тој ќе ми биде како огниште на Божјиот жртвеник.+ 3 Ќе те опколам со својот логор, ќе те опкружам со ограда од колци, ќе подигнам справи за опсадување спроти тебе.+ 4 Толку ниско ќе паднеш што ќе зборуваш од земјата, твојот збор ќе биде тивок како да говориш од правот.+ Твојот глас ќе се крева од земјата како глас на оние што повикуваат духови, од правот ќе го шепотиш+ својот збор. 5 Мноштвото од оние што се за тебе странци, ќе бидат како ситен прав,+ а мноштвото насилници+ — како плева што ја разнесува ветрот.+ И тоа ќе биде ненадејно, во еден миг.+ 6 Јехова над војските ќе погледне во тебе и ќе те избави со гром и со потрес и со голем татнеж, со виор и со бура, и со пламен од оган што голта.“+

7 Како во сон, како во ноќно видение, така ќе му биде на мноштвото од сите народи што војуваат против Ариел,+ на сите што војуваат против него, и на опсадните кули околу него и на оние што го притискаат.+ 8 Да, ќе биде како кога гладниот сонува дека јаде, па се разбудува, а желудникот* и понатаму му е празен,+ и како кога жедниот сонува дека пие, па се разбудува уморен, а грлото* и понатаму му е суво. Така ќе му биде на мноштвото од сите народи што војуваат против гората Сион.+

9 Застанете и чудете се!+ Затворете ги очите и бидете слепи!+ Пијани се,+ но не од вино. Се тетерават, но не од опоен пијалак.+

10 Зашто, Јехова излеа на вас дух на длабок сон+ и ви ги затвори очите — пророците,+ и ви ги покри главите+ — јасновидците.+ 11 Видението за сето тоа вам ви е како зборовите во запечатена книга,+ која му ја даваат на оној што знае да чита и му велат: „Те молиме, прочитај го ова наглас!“ А тој одговара: „Не можам, запечатена е“.+ 12 И книгата ќе му ја дадат на некој што не знае да чита и ќе му речат: „Те молиме, прочитај го ова наглас!“ А тој ќе одговори: „Не знам да читам“.

13 Затоа, вака вели Јехова: „Овој народ ми се приближува со устата и ме слави само со усните,+ а срцето му е далеку од мене,+ и стравот од мене, кој го чувствува, е само научена човечка заповед.+ 14 Затоа, еве, пак ќе постапувам чудесно со овој народ,+ чудесно и чудно, и ќе пропадне мудроста на неговите мудреци и ќе се скрие разборитоста на неговите разборити луѓе“.+

15 Тешко на оние што длабоко ги кријат своите намери од Јехова+ и ги прават своите дела во мрак+, велејќи: „Кој нѐ гледа и кој нѐ познава?“+ 16 Колку сте изопачени! Зарем на грнчарот се гледа како и на глината?+ Зарем ќе рече делото за својот творец: „Тој не ме направи“?+ Зарем направеното ќе му рече на оној што го направил: „Тој ништо не разбира“?+

17 Нема ли наскоро Ливан да се претвори во овоштарник,+ а овоштарникот да биде како шума?+ 18 Во тој ден глувите ќе ги чујат зборовите на книгата,+ а од мракот и од темнината ќе прогледаат очите на слепите.+ 19 Кротките+ уште повеќе ќе му се радуваат на Јехова, сиромашните ќе се веселат поради Светецот Израелов,+ 20 зашто ќе го нема повеќе насилникот,+ ќе исчезне фалбаџијата,+ ќе бидат истребени сите што само гледаат како да направат зло,+ 21 кои го обвинуваат човекот за грев поради неговите зборови+ и му поставуваат мамка на оној што изрекува осуда на портата+ и го соборуваат праведникот со празни докази.+

22 Затоа, вака му вели Јехова, кој го откупи Авраам, на Јакововиот дом:+ „Јаков нема повеќе да се срами и неговото лице нема повеќе да биде бледо,+ 23 зашто, кога ќе ги види сред себе своите деца, дело на моите раце,+ тогаш тие ќе го светат моето име,+ ќе го светат Светецот Јаковов,+ ќе имаат страхопочит кон Богот на Израел.+ 24 Тие што се во заблуда со својот дух, ќе стекнат разборитост, а оние што мрморат, ќе бидат поучени“.*+

30 „Тешко на тврдокорните синови“,+ вели Јехова, „кои спремно ги извршуваат намерите, но не моите намери,+ и склучуваат сојуз излевајќи жртви налевници, но не со мојот дух, туку додаваат грев врз грев,+ 2 и се подготвуваат за Египет,+ а не го бараат советот од мојата уста,+ туку се засолнуваат во тврдината на фараонот, бараат засолниште во сенката на Египет!+ 3 Тврдината на фараонот ќе ви биде за срам,+ засолништето во сенката на Египет — понижување.+ 4 Зашто, неговите кнезови се во Соан,+ неговите пратеници дојдоа дури до Ханес. 5 Сите ќе се посрамат од народ од кој нема корист, од кој нема ниту помош ниту корист, туку е за срам и за прекор.“+

6 Објава против јужните животни:+ Низ земја на неволја+ и тешкотија, каде што се лавот и леопардот што ’ржи, каде што се отровницата и брзата лутица,+ тие го носат своето богатство на грбот на магариња, ја носат својата стока на грбот на камили.+ Но, народот ќе нема корист од тоа. 7 Залудна е довербата во Египет, ништожна е неговата помош.+ Затоа и го викам: „Раав,+ кој само седи мирно“.

8 „Оди сега, напиши го тоа на плоча пред нив, запиши го тоа во книга+ за да остане за некој иден ден, за сведоштво довека.+ 9 Зашто, тие се бунтовен народ,+ лажливи синови,+ синови кои не сакаат да го слушаат Јеховиниот закон.+ 10 И им велат на јасновидците: ‚Откажете се од своите гледања!‘ — а на оние што имаат виденија: ‚Не пророкувајте ни ја вистината!+ Кажувајте ни убави зборови, пророкувајте ни измами!+ 11 Скршнете од патот, отстапете од вистинската патека!+ Тргнете ни го од пред очи Израеловиот Светец!‘ “+

12 Затоа, вака вели Израеловиот Светец: „Штом ја отфрлате оваа реч,+ а имате доверба во измамата и во она што е опачно, и се потпирате на нив,+ 13 тој грев ќе ви биде како пукнатина на ѕид, кој само што не паднал, како издаденост на висок ѕид,+ кој може да се урне одеднаш, ненадејно.+ 14 Ќе биде разбиен како што се разбива грнчарски ќуп,+ кој се крши беспоштедно на парченца, та меѓу нив не може да се најде доволно големо парче за со него да се земе оган од огништето или да се зафати вода од бара“.+

15 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова, Светецот Израелов:+ „Ако се вратите и ако бидете спокојни, ќе бидете спасени. Зачувајте ги мирот и довербата,+ тоа ќе биде вашата сила!“ Но вие не сакавте.+ 16 И рековте: „Не, туку ќе побегнеме на коњи!“+ Затоа и ќе бегате. И рековте: „Ќе јаваме на брзи коњи!“+ Затоа ќе бидат брзи оние што ќе ве гонат.+ 17 Илјада ќе затреперат кога еден ќе се закани,+ а кога ќе се заканат петмина, ќе бегате додека не останете толку малку што ќе бидете како осамен јарбол на врв планина и како собирен знак на рид.+

18 Затоа Јехова ќе чека да ви се смилува+ и затоа ќе стане да ви покаже милост.+ Зашто, Јехова е Бог кој дава правда.+ Среќни се+ сите што го чекаат него.+ 19 Кога народот на Сион+ ќе живее во Ерусалим,+ повеќе нема да плачеш.+ Тој навистина ќе ти се смилува кога ќе го чуе твојот лелек; штом ќе го чуе, ќе те услиши.+ 20 Јехова ќе ве нахрани со неволја како со леб и ќе ве напои со мака како со вода,+ но нема повеќе да се крие твојот Најголем Учител, туку твоите очи ќе го гледаат твојот Најголем Учител.+ 21 И ако скршнете надесно или налево,+ вашите уши ќе ја чујат речта зад вас како вели: „Тоа е патот,+ одете по него!“

22 Ќе ги сметате за нечисти вашите режани посребрени ликови+ и лиените+ позлатени статуи+ и ќе ги испофрлате.+ Како жена со месечен ред кога го отфрла од себе нечистото платно, ќе им речете: „Нечистотијо!“+ 23 А тој ќе даде дожд за твоето семе со кое ја засејуваш земјата,+ и ќе даде земјата да ти роди леб, хранлив леб, кој заситува.+ Во тој ден твојот добиток ќе пасе на пространо пасиште.+ 24 Говедата и магарињата што ја обработуваат земјата ќе јадат храна зачинета со вкусен киселец, веена со лопата+ и со вила. 25 На секоја висока планина и на секој висок рид ќе има потоци,+ водни прокопи — во денот на големиот колеж кога ќе се уриваат кулите.+ 26 Светлината на полната месечина ќе биде како светлината на сонцето, а светлината на сонцето ќе биде седумпати посилна,+ како светлината на седум денови — во денот кога Јехова ќе ја превие скршеницата+ на својот народ и ќе ја излечи+ тешката рана од ударот што му го нанесе тој.

27 Гледај, Јеховиното име доаѓа оддалеку, доаѓа во својот распламтен гнев+ и со густи облаци. Усните му се полни со осуда, јазикот му е како оган што голта.+ 28 Духот му е како силен порој што достига до гуша.+ Ќе ги просее со решето+ безвредните народи, та ништо нема да остане, и на народите+ ќе им стави во челуста узди+ со кои ќе ги одведе во пропаст. 29 Песната+ ќе ви биде како во празнична+ ноќ, а радоста во срцето како кај оној што оди со шупелка+ на Јеховината гора,+ кај Израеловата Карпа.+

30 Јехова ќе згрми со својот силен глас+ и ќе ја покаже својата рака која удира,+ во жесток гнев+ и во пламенот на огнот што голта,+ во пороен дожд,+ во бура и град.+ 31 Зашто, од гласот на Јехова ќе се исплаши Асирија,+ тој ќе ја удри со стап.+ 32 Секогаш кога Јехова ќе замавне и ќе ја удри Асирија со својот казнен стап, ќе се огласат дајриња и харфи.+ Ќе светка оружјето во битките што ќе ги води против неа.+ 33 Зашто, нејзиниот Тофет+ е веќе подготвен, и приготвен е за самиот цар.+ Дрвата за нејзината клада ги наредил во длабока јама. Огнот е голем и има многу дрва. Јеховиниот здив, како порој од сулфур, го изгорува сето тоа.+

31 Тешко на оние што слегуваат во Египет за помош,+ кои се потпираат на коњите+ и имаат доверба во бојните коли,+ зашто се многубројни, и на бојните коњи, зашто се силни, а не гледаат на Израеловиот Светец, не го бараат Јехова!+ 2 Но и тој е мудар+ и ќе донесе неволја,+ и нема да ги повлече своите зборови.+ Ќе се крене против злосторничкиот дом+ и против помошта што ја бараат оние што прават зло.+

3 Египќаните се земни луѓе,+ а не Бог. Нивните коњи се месо,+ а не дух. Јехова ќе ја подигне раката, па ќе се сопне оној што помага и ќе падне оној кому му помагаат+ — во исто време ќе загинат сите.

4 Зашто, вака ми рече Јехова: „Како што ’ржи лавот, младиот граблив лав,+ над својот плен, дури и кога ќе повикаат цело мноштво овчари, и не се плаши од нивниот глас и не отстапува пред нивната викотница, така Јехова над војските ќе слезе да војува за гората Сион и за нејзиниот рид.+ 5 Како птици што летаат над своите пилиња, така Јехова над војските ќе го брани Ерусалим.+ Ќе го брани и ќе го избави.+ Ќе го поштеди и ќе го спаси“.

6 „Вратете се,+ синови Израелови, кај оној против кого се буните толку жестоко!+ 7 Зашто, во тој ден сите вие ќе ги отфрлите своите безвредни сребрени богови и ништожните златни богови+ што си ги направивте со свои раце за грев.+ 8 Асирецот ќе падне од меч, но не човечки, и меч ќе го проголта, но не човечки.+ Ќе бега од мечот, а неговите момчиња ќе заминат на ропска работа. 9 Неговата карпа ќе побегне од голем страв, неговите кнезови ќе се уплашат од собирниот знак“,+ вели Јехова, чија светлина е на Сион и чија печка+ е во Ерусалим.

32 Еве, царот+ ќе царува праведно+ и кнезовите+ ќе владеат по правдата. 2 Секој ќе биде како засолниште од ветар и како прибежиште од бура,+ како водни потоци во безводна земја,+ како сенка од голема карпа во исушена земја.+

3 Очите на оние што гледаат нема да бидат затворени, ушите на оние што слушаат ќе слушаат внимателно.+ 4 Срцето на оние што се избувливи ќе се сврти кон знаењето,+ јазикот на оној што тепка ќе зборува течно и разбирливо.+ 5 Безумникот нема повеќе да го нарекуваат великодушен, човекот што не ги почитува начелата нема да го сметаат за благороден,+ 6 зашто безумникот ќе зборува безумно+ и неговото срце ќе смислува зло+ за да шири отпадништво+ и да кажува лаги за Јехова, да го остави гладниот со празен желудник*+ и да го остави жедниот без пијалак. 7 Човекот што не ги почитува начелата се служи со злото+ како со орудие и ги поттикнува другите на расипани дела+ за да ги упропасти страдалниците со лажливи зборови,+ дури и кога сиромавиот зборува право.

8 А оној што е великодушен поттикнува на великодушни дела и станува за да прави великодушни дела.+

9 „Станете, немарни жени, слушајте го мојот глас!+ Небрежни ќерки, приклонете го увото кон мојата реч! 10 По малку повеќе од една година, ќе затреперите, вие безгрижници,+ зашто ќе помине бербата на грозјето, но ќе нема род.+ 11 Треперете, небрежни жени! Треперете од страв, немарници! Соблечете ја облеката* и опашајте козина околу бедрата!+ 12 Удирајте се в гради лелекајќи+ поради убавите ниви+ и поради родните лози! 13 На земјата на мојот народ никнуваат само трње и бодликави грмушки,+ и ги има по сите радосни куќи, по целиот весел град.+ 14 Зашто, напуштен е утврдениот дворец,+ исчезна градската врева, Офел+ и стражарската кула станаа пусто поле, вечна веселба за зебрите и пасиште за стадата, 15 додека не се излее врз нас духот од висините.+ Тогаш пустината ќе се претвори во овоштарник, а овоштарникот ќе биде како шума.+

16 Во пустината ќе престојува правдата, во овоштарникот ќе живее праведноста.+ 17 Мирот ќе биде дело на правдата;+ спокојството и безбедноста ќе бидат плод на правдата довека.+ 18 Мојот народ ќе живее во мирни престојувалишта, во безбедни живеалишта, во почивалишта каде што никој нема да ги вознемирува.+ 19 Град ќе паѓа кога ќе се кутнува шумата+ и кога ќе биде понижен градот.+

20 Среќни сте вие што сеете семе покрај сите води+ и им ги разврзувате нозете на бикот и на магарето+ за да одат по полето.“

33 Тешко тебе што пустошиш, а тебе не те пустошат, и вршиш предавство, а тебе не те предаваат!+ Штом ќе престанеш да пустошиш, ќе бидеш опустошен.+ Штом ти ќе престанеш да вршиш предавство, други ќе те предадат тебе.+

2 О Јехова, смилувај ни се!+ На тебе се надеваме.+ Биди наша мишка+ секое утро,+ наше спасение во време на неволја!+ 3 Кога ќе се чуе метеж, народите бегаат.+ Кога ќе станеш, народите се распрснуваат.+ 4 Како што лебарките го собираат својот плен, така ќе биде собран вашиот плен+ како што јато скакулци се нафрлаат врз човек такво ќе биде нафрлувањето врз него.+ 5 Јехова ќе се возвиши,+ зашто живее во висините.+ Ќе го исполни Сион со правда и со праведност.+ 6 Довербата во твоите времиња ќе се покаже како богатство на твоето спасение+ — мудрост и знаење,+ и страв од Јехова,+ што е вистинско богатство за оној што го има тоа.

7 Гледај, нивните јунаци викаат по улицата, гласниците на мирот+ горко плачат. 8 Улиците запустеа,+ патниците исчезнаа од патиштата.+ Тој го раскина сојузот,+ ги презира градовите,+ нема обѕир кон смртниот човек.+ 9 Земјата тагува и венее.+ Ливан е посрамен+ и се суши. Сарон+ е како пустина, Васан и Кармил ги отфрлаат своите лисја.+

10 „Сега ќе станам“,+ вели Јехова, „сега ќе се возвишам,+ сега ќе се подигнам.+ 11 Зачнавте сува трева,+ ќе родите стрниште. Вашата бунтовност* ќе ве проголта+ како оган.+ 12 На народите ќе им биде како да се изгорени во вар. Како исечени трња, ќе горат во оган.+ 13 Чујте што ќе направам, вие што сте далеку!+ Вие што сте близу, спознајте ја мојата моќ!+ 14 На Сион страхуваат+ грешниците, трепет ги обзема отпадниците,+ па велат: ‚Кој од нас ќе опстане пред огнот што голта?+ Кој од нас ќе опстане пред вечните пламења?‘+

15 Оној што секогаш постапува* праведно+ и го зборува она што е право,+ одбива неправедна добивка добиена со измама,+ ги истресува рацете да не примат мито,+ ги затвора ушите за да не слуша за крвопролевање, ги затвора очите за да не гледа зло,+ 16 тој ќе престојува на висините,+ неговата сигурна тврдина ќе биде на висока карпа и на непристапливо место.+ Леб ќе добива,+ вода нема да му недостасува“.+

17 Твоите очи ќе го гледаат царот во неговата убавина,+ ќе видат далечна земја.+ 18 Твоето срце ќе зборува тивко+ за стравотијата: „Каде е попишувачот? Каде е оној што го предава данокот?+ Каде е оној што ги брои кулите?“+ 19 Повеќе нема да видиш дрзок народ, народ кој зборува на неразбирлив јазик, пелтекав јазик што не го разбираш.+ 20 Погледни го Сион,+ градот на нашите празници!+ Твоите очи ќе го видат Ерусалим — безбедното живеалиште, шаторот што никој нема да го склопи.+ Неговите клинови никогаш нема да бидат извадени, ниедно јаже нема да му се скине.+ 21 Зашто, на тоа место Јехова, Величествениот+ Бог, ќе нѐ штити како што штитат реките+ и широките канали. По нив нема да пловат непријателски галии* и нема да поминува никаков силен брод. 22 Зашто, Јехова е наш Судија,+ Јехова е наш Законодавец,+ Јехова е наш Цар+ — тој ќе нѐ спаси.+

23 Непријателските јажиња ќе попуштат, па не ќе можат да го држат исправен својот јарбол и не ќе можат да распнат едро.

Тогаш ќе биде разделено изобилство плен. Сакатите ќе земат голем плен.+ 24 И никој од жителите нема да рече: „Болен сум“.+ На народот што живее таму ќе му биде простен неговиот престап.+

34 Пристапете, народи, за да чуете!+ Слушнете, народи!+ Нека чуе земјата и сѐ што е на неа,+ земната почва*+ и сѐ што живее на неа!+ 2 Зашто, Јехова се разгневи на сите народи,+ се разјари на сета нивна војска.+ Ќе ги затре,* ќе ги предаде на колеж.+ 3 Нивните погубени ќе бидат расфрлани, од нивните мртви тела ќе се крева смрдеа,+ планините ќе се растопуваат од нивната крв.+ 4 Ќе се распадне сета небесна војска.+ Небесата ќе се свиткаат+ како свиток, а целата нивна војска ќе испопаѓа како што отпаѓаат сувите лисја од лозата и како што паѓаат исушените смокви+ од стеблото.

5 „Зашто, мојот меч+ ќе се натопи со крв на небесата. Гледај, ќе се спушти врз Едом,+ врз народот кој, според правдата, го одредив за истребување.*+ 6 Јехова има меч кој ќе биде целиот со крв+ и мрсен од лој, со крв од јагниња и јариња, со лој+ од овнешки бубрези. Зашто, Јехова подготвува жртва во Восор, голем колеж во едомската земја.+ 7 Дивите бикови+ ќе испопаѓаат со нив и јунците со силните бикови.+ Нивната земја ќе се натопи со крв, нивниот прав ќе биде мрсен од лој.“+

8 Зашто, Јехова има ден на одмазда,+ година на отплата за неправдата што му е нанесена на Сион.+

9 Потоците на Восор ќе се претворат во смола, неговиот прав во сулфур, а неговата земја ќе биде како запалена смола.+ 10 Ни дење ни ноќе нема да се гаси, довека ќе се крева чад од неговото пепелиште.+ Од поколение во поколение ќе остане запален,+ никогаш повеќе никој нема да поминува низ него.+ 11 Пеликаните и бодликавите прасиња ќе го заземат, бувовите и гавраните ќе живеат во него.+ И тој ќе ги растегне над него мерното јаже+ на празнината и висулката на пустошот. 12 Ќе нема ниту еден негов достоинственик за да биде поставен за цар, зашто ќе исчезнат сите негови кнезови.+ 13 Во неговите утврдени дворци ќе никнат трње, во неговите тврдини — коприви и трнлив плевел.+ Тој ќе стане дувло на шакали,+ легло на ноеви.+ 14 Животните што живеат во безводен крај ќе се среќаваат со животни што завиваат, а демони со јарешки лик*+ ќе се довикуваат еден со друг. Ноќните птици* ќе се одмораат таму и ќе наоѓаат место за одмор.+ 15 Стреловитата змија ќе се гнезди таму и ќе полага јајца, ќе лежи на нив и ќе ги собира под својата сенка. Таму ќе се собираат јастреби,+ секој со својата женка.

16 Барајте во Јеховината книга+ и читајте на глас — ниту една не изостана,+ ниту една не остана без свој пар, зашто устата на Јехова заповеда+ така, и неговиот дух ги собра.+ 17 Тој фрли ждрепка за нив, неговата рака им го одреди тоа место со мерно јаже.+ Тие ќе го поседуваат довека, ќе живеат во него од поколение во поколение.

35 Ќе се радуваат пустината и безводниот крај,+ ќе се весели пустелијата и ќе процвета како шафран.+ 2 Ќе цути+ и ќе се весели, ќе извикува од веселба и од радост.+ Ќе ѝ бидат дадени славата на Ливан+ и убавината на Кармил+ и Сарон.+ Луѓето ќе ја видат Јеховината слава,+ убавината на нашиот Бог.+

3 Зајакнете ги ослабените раце, зајакнете ги колената што се тресат!+ 4 Речете им на оние што носат грижи во срцето:+ „Бидете јаки,+ не плашете се!+ Еве, вашиот Бог ќе дојде со одмазда,+ Бог ќе изврши наплата.+ Тој ќе дојде и ќе ве спаси“.+

5 Тогаш ќе им се отворат очите на слепите+ и ќе им се отнат ушите на глувите.+ 6 Тогаш сакатиот ќе скока како елен,+ а јазикот на немиот радосно ќе извикува.+ Зашто, во пустината ќе бликнат води и во исушената земја — потоци. 7 Изгорената земја ќе се претвори во езеро, а жедната почва — во водни извори.+ Во живеалиштето на шакалите,+ во нивното почивалиште, ќе има зелена трева, трска и папирус.+

8 Таму ќе има друм,+ пат, ќе се вика Пат на светоста.+ По него нема да оди ниту еден нечист,+ туку само оние што се достојни да одат по него, а глупавите нема да талкаат по него. 9 Таму ќе нема лавови, на него нема да доаѓаат грабливи ѕверки.+ Ниту една нема да биде таму,+ туку по него ќе одат откупените.+ 10 Ќе се вратат оние што ги откупил Јехова+ и ќе дојдат на Сион извикувајќи радосно,+ и вечна радост ќе има над нивните глави.+ Ќе најдат веселба и радост, а тагата и воздивнувањето ќе побегнат од нив.+

36 Во четиринаесеттата година од царувањето на Езекија, дојде Сенахирим,+ асирскиот цар,+ против сите утврдени градови на Јуда и ги освои.+ 2 Најпосле асирскиот цар го испрати рапшакот*+ да дојде со силна војска од Лахис+ во Ерусалим+ кај цар Езекија. И застана кај водоводот+ од горното езерце,+ на патот што води до нивата на белачот на алишта.+ 3 Тогаш кај него излегоа Елијаким,+ синот на Хелкија, дворски управител, Шевна,+ писарот, и Јоах,+ синот на Асаф,+ летописецот.+

4 И рапшакот им рече: „Речете му на Езекија: ‚Вака вели големиот цар,+ царот на Асирија:+ „Каква е таа надеж на која се надеваш?+ 5 Ти велиш: ‚Имам вештина и сила потребна за војна‘, но тоа се само празни зборови.+ На кого се потпираш, па се побуни против мене?+ 6 Ете, се надеваш на поддршката од Египет,+ скршената трска,+ која му ја продупчува дланката на оној што ќе се потпре на неа. Таков е фараонот,+ египетскиот цар, за сите што се надеваат на него.+ 7 А ако ми кажеш: ‚Се надеваме на Јехова, својот Бог‘, зарем Езекија не ги отстрани+ токму неговите височинки+ и жртвеници, па им вели на Јуда и на Ерусалим: ‚Пред овој жртвеник клањајте се‘?“ ‘+ 8 Ајде обложи се+ со мојот господар, асирскиот цар:+ ќе ти дадам две илјади коњи, па да видиме дали ќе најдеш јавачи за нив.+ 9 Тогаш, како ќе поразиш еден единствен управител меѓу најмалите слуги на мојот господар,+ кога се надеваш дека Египет ќе ти даде коли и коњаници?+ 10 Впрочем, зарем јас сум тргнал да ја опустошам оваа земја без одобрување од Јехова? Лично Јехова ми рече:+ ‚Оди против таа земја и опустоши ја!‘ “+

11 Тогаш Елијаким,+ Шевна+ и Јоах+ му рекоа на рапшакот:+ „Те молиме, зборувај им на своите слуги на сириски,*+ зашто ние разбираме. Немој да ни зборуваш на јудејски*+ пред народот што е на ѕидот“.+ 12 Но рапшакот рече: „Зарем ме испрати мојот господар да ви ги кажам овие зборови тебе и на твојот господар? Зарем не ме испрати кај луѓето што стојат на ѕидот, кои ќе мораат заедно со вас да го јадат својот измет и да ја пијат својата моч?“+

13 Потоа рапшакот, стоејќи и понатаму на тоа место,+ фати да вика колку што го држеше гласот и да вели на јудејски:+ „Чујте ги зборовите на големиот цар, царот на Асирија!+ 14 Вака вели царот: ‚Не дозволувајте да ве измами Езекија,+ зашто тој не може да ве избави!+ 15 Не дозволувајте да ве наговори Езекија да се надевате на Јехова,+ велејќи ви: „Јехова сигурно ќе нѐ избави.+ Овој град нема да биде предаден во рацете на асирскиот цар“.+ 16 Не слушајте го Езекија, зашто вака вели асирскиот цар: „Предајте ми се+ мене и излезете кај мене, па секој од вас нека јаде од својата лозница и од својата смоква+ и секој од вас нека пие вода од својот бунар,*+ 17 додека да дојдам и да ве одведам во земја каква што е вашата,+ во земја на житото и на младото вино, во земја на лебот и на лозјата! 18 Не дозволувајте да ве заведе Езекија,+ велејќи: ‚Јехова ќе нѐ избави‘! Дали боговите на другите народи ги избавија своите земји од раката на асирскиот цар?+ 19 Каде се боговите на Емат+ и на Арфад?+ Каде се боговите на Сефарваим?+ Дали ја избавија Самарија од мојава рака?+ 20 Кој од сите богови на тие земји ја избави својата земја од мојава рака,+ па сега Јехова да го избави Ерусалим од мојава рака?“ ‘ “+

21 А тие молчеа и не му одговорија ни збор,+ зашто заповедта на царот гласеше: „Немојте да му одговарате!“+ 22 Потоа Елијаким,+ синот на Хелкија, дворски управител,+ Шевна,+ писарот, и Јоах,+ синот на Асаф, летописецот, си ги раскинаа облеките,+ па отидоа кај Езекија и му ги кажаа зборовите на рапшакот.+

37 Штом го чу тоа, цар Езекија си ја раскина облеката, се наметна со козина+ и отиде во Јеховиниот дом.+ 2 И ги испрати Елијаким,+ дворскиот управител, Шевна, писарот,+ и свештеничките старешини,+ наметнати со козина, кај пророкот+ Исаија,+ синот на Амос. 3 Тие му рекоа: „Вака вели Езекија: ‚Овој ден е ден на неволја,+ на укор и на дрско подбивање,+ зашто синовите дојдоа до породување, а нема сила да се родат.+ 4 Можеби Јехова, твојот Бог, ќе ги чуе зборовите на рапшакот,*+ кого асирскиот цар, неговиот господар, го испратил да му се подбива+ на живиот Бог, па Јехова, твојот Бог, ќе го повика на одговорност за зборовите што ги чу.+ Помоли се+ за остатокот што сѐ уште е жив!‘ “+

5 А кога слугите на цар Езекија отидоа кај Исаија,+ 6 Исаија им рече: „Ова кажете му го на својот господар: ‚Вака вели Јехова:+ „Не плаши се+ од зборовите што ги чу, со кои слугите+ на асирскиот цар хулеа на мене! 7 Ќе го збркам,*+ и тој ќе чуе вест,+ па ќе се врати во својата земја. И ќе предизвикам да падне од меч во својата земја“ ‘ “.+

8 Кога чу дека асирскиот цар заминал од Лахис,+ рапшакот+ се врати кај него и го најде како се бори против Ливна.+ 9 Имено, царот чу дека се зборува за Тирхак,+ етиопскиот цар: „Дојде во битка против тебе“. Кога го чу тоа, му испрати гласници+ на Езекија и му порача: 10 „Вака речете му на Езекија, царот на Јуда: ‚Не дозволувај да те измами твојот Бог на кој се потпираш,+ кога ти вели: „Ерусалим нема да биде предаден во рацете на асирскиот цар“.+ 11 Ете, самиот чу што им направија асирските цареви на сите земји што ги опустошија,*+ па ти ли ќе се избавиш?+ 12 Дали боговите+ ги избавија оние народи кои моите прататковци ги поразија — Гозанците,+ Харанците,+ Ресефците и синовите на Еден,+ кои се во Тел-Асар? 13 Каде се царот на Емат,+ царот на Арфад,+ царот на градот Сефарваим,+ царот на Хена и царот на Ива?‘ “+

14 Езекија го прими писмото што му го донесоа гласниците и го прочита.+ Потоа Езекија отиде во Јеховиниот дом и го развитка пред Јехова.+ 15 Тогаш Езекија му се помоли на Јехова:+ 16 „Јехова над војските, Боже Израелов,+ кој седиш над херувими,* ти си единствениот вистински Бог на сите царства на земјата.+ Ти ги создаде небото и земјата.+ 17 Приклони го увото, о Јехова, и чуј!+ Отвори ги очите,+ Јехова, и види, и чуј ги сите зборови на Сенахирим+ кои ги испрати за да му се подбива на живиот Бог!+ 18 Вистина е, Јехова, дека асирските цареви ги опустошија сите земји, а и својата земја,+ 19 и ги нафрлаа нивните богови во оган,+ затоа што тоа и не беа богови,+ туку дело на човечки раце,+ дрво и камен — затоа ги уништија.+ 20 А сега, о Јехова, Боже наш,+ избави нѐ од неговата рака,+ за да знаат сите царства на земјата дека ти, Јехова, си единствениот Бог!“+

21 Тогаш Исаија, синот на Амос, му порача на Езекија: „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Затоа што ми се молеше поради Сенахирим, асирскиот цар,+ 22 еве ги зборовите што ги објавува Јехова против него:

„Те презира и ти се потсмева девицата, сионската ќерка.+

По тебе со потсмев мавта со главата+ ерусалимската ќерка.

23 Кому му се потсмеваш+ и на кого хулиш?+

Против кого викаш+

и против кого го подигаш својот поглед?+

Против Светецот на Израел!+

24 Преку своите слуги му се подбиваш на Јехова и велиш:+

‚Со моето мноштво бојни коли+

ќе се искачам на врвот од планините,+

на најдалечените падини на Ливан,+

и ќе ги исечам неговите високи кедри, неговите убави смреки.+

Ќе дојдам на неговиот највисок врв, во неговата густа шума.+

25 Ќе копам и ќе пијам вода,

и со своите стапала ќе ги исушам сите нилски канали+ во Египет‘.+

26 Зар не си чул+ што имам намера да направам уште од дамнина?+

Тоа го смислив во дамнешни денови.+ Сега ќе го направам.+

А ти си тој што ќе опустоши утврдени градови и ќе ги претвори во урнатини.+

27 На нивните жители ќе им премалат рацете,+

ќе се уплашат и ќе се посрамат.+

Ќе бидат како билките во полето и како млада зелена трева,+

како трева по покривите+ и на нивите* подгорена од источниот ветар.+

28 Добро знам кога седиш мирно и кога правиш нешто+

и како беснееш против мене,+

29 зашто ти беснееш против мене,+ и твоето рикање дојде до моите уши.+

Ќе ти ја ставам својата кука во носот и своите узди ќе ти ги ставам меѓу усните,+

и ќе те вратам по патот по кој дојде“.+

30 А ова ќе биде знакот: во оваа година ќе го јадеш она што ќе израсне од паднатото семе,+ догодина ќе го јадеш житото што ќе израсне само, а во третата година сејте и жнејте, садете лозја и јадете го нивниот род!+ 31 Преживеаните од домот на Јуда, оние што ќе преостанат,+ ќе пуштат корен во длабочина и ќе раѓаат плод во височина.+ 32 Зашто, од Ерусалим ќе дојде остаток,+ и од гората Сион+ — преживеаните. Тоа ќе го направи ревноста на Јехова над војските.+

33 Затоа вака вели Јехова за асирскиот цар:+ „Тој нема да влезе во овој град+ и нема да ја фрли ваму својата стрела, нема да му се приближи со штитот и нема да подигне пред него опсаден насип“ ‘.+

34 ‚Ќе се врати по патот по кој дошол, и во овој град нема да влезе‘, вели Јехова.+ 35 ,Ќе го бранам+ овој град и ќе го спасам заради себе+ и заради Давид, мојот слуга‘ “.+

36 Тогаш излезе Јеховин ангел+ и уби сто осумдесет и пет илјади луѓе во асирскиот логор.+ А кога луѓето станаа рано изутрината, насекаде околу нив имаше само мртовци.+ 37 Потоа Сенахирим,+ асирскиот цар, стана и си отиде. И откако се врати,+ остана во Ниневија.+ 38 Еден ден, додека се клањаше во храмот на Нисрок,+ својот бог,+ Адрамелех и Сарацер, негови синови, го убија со меч+ и избегаа во араратската земја.+ А Есар-Адон,+ неговиот син, почна да царува наместо него.

38 Во тоа време, Езекија се разболе на смрт.+ Тогаш пророкот Исаија,+ синот на Амос, дојде кај него и му рече: „Вака вели Јехова: ‚Издај му ги потребните заповеди на својот дом+ зашто ќе умреш, нема да останеш жив‘ “.+ 2 Тогаш Езекија го сврти лицето кон ѕидот+ и му се помоли на Јехова:+ 3 „Те молам, о Јехова, те молам, сети се+ како ти служев*+ верно*+ и ти бев оддаден со цело срце+ и го правев она што е добро во твои очи“. И Езекија горко заплака.+

4 Потоа му дојде Јеховината реч+ на Исаија: 5 „Оди и речи му на Езекија: ‚Вака вели Јехова, Богот на Давид, твојот татко:+ „Ја чув твојата молитва+ и ги видов твоите солзи.+ Еве, на твојот век ќе му додадам петнаесет години,+ 6 и ќе ве избавам од рацете на асирскиот цар тебе и овој град, и ќе го бранам овој град.+ 7 Ова ти е знакот од Јехова дека Јехова ќе ја исполни речта што ти ја кажа:+ 8 Еве, ќе направам сончевата+ сенка, која се спушти по Ахазовите скали, да се врати за десет скалила наназад“ ‘ “.+ И сонцето се врати за десет скалила наназад по скалите по кои се беше спуштило.+

9 Запис од Езекија, царот на Јуда, кога се разболе+ и потоа оздраве од својата болест.+

10 Реков: „На половина од својот век ќе влезам низ вратата+ на гробот.*

Ќе ми се скрати остатокот од моите години“.+

11 Реков: „Нема да го видам Јах, Јах во земјата на живите.+

Нема повеќе да ги гледам луѓето — ќе се најдам меѓу оние што се во земјата на починката.

12 Мојот стан е однесен+ и отстранет од мене како овчарски шатор.

Како ткајач го свиткав мојот живот,

отсечен сум+ од нишките на основата.

Од мугрите до ноќта ме предаваш на неволјата.+

13 Се смирив до утрото.+

Како лав ми ги кршиш сите коски,+

од мугрите до ноќта ме предаваш на неволјата.+

14 Јас црцорам како мала пиштарка, како дрозд,+

гукам како гулабица.+

Моите очи се уморија од гледање во височината.+ Велам:

‚Јехова, во неволја сум. Заземи се за мене!‘+

15 Што да кажам и што ќе ми рече тој?+

Тоа што го рече, го направи.+

Понизно ќе одам во сите свои години со горчина во душата.+

16 О Јехова, поради твојата доброта луѓето живеат; како и сите други, поради неа дишам и јас.*+

Ти ќе ме излекуваш и ќе ме зачуваш жив.+

17 Еве, наместо мир имам горчина, чиста горчина.+

Ти омилела мојата душа, па ја зачува да не исчезне во јамата.+

Зашто, сите мои гревови ти ги фрли зад грб.+

18 Гробот* нема да те слави,+ смртта нема да те фали.+

Оние што ќе заминат во јамата повеќе не се надеваат на твојата верност.+

19 Живиот човек, само живиот човек може да те слави,+

како јас денес.+

Таткото може да ги поучи своите синови+ за твојата верност.

20 Дојди, о Јехова, спаси ме,+ и на жичени инструменти ќе ти ги свириме моите одбрани дела+

во сите денови на својот живот во твојот дом, о Јехова!“+

21 А Исаија рече: „Нека донесат пита суви смокви и нека ја стават на чирот+ за да оздрави“.+ 22 Во меѓувреме, Езекија праша: „Кој е знакот дека ќе отидам во Јеховиниот дом?“+

39 Во тоа време, Меродах-Валадан,+ синот на Валадан,+ вавилонскиот цар, му испрати писма и подарок+ на Езекија, откако чу дека бил болен и дека оздравел.+ 2 А Езекија им се израдува+ на пратениците и им ги покажа својата ризница,+ среброто, златото, балсамот,+ скапоценото масло, целата своја оружарница+ и сѐ што имаше во неговите ризници. Немаше ништо во неговиот дом и во целото негово царство што Езекија не им го покажа.+

3 Потоа пророкот Исаија дојде кај цар Езекија и го праша:+ „Што ти рекоа тие луѓе и од каде дојдоа кај тебе?“ А Езекија одговори: „Од далечна земја дојдоа кај мене, од Вавилон“.+ 4 А тој го праша: „Што видоа во твојот дом?“+ И Езекија одговори: „Видоа сѐ што е во мојот дом. Во моите ризници нема ништо што не им го покажав“. 5 Тогаш Исаија му рече на Езекија:+ „Чуј ја речта на Јехова над војските: 6 ‚Еве, идат денови кога сѐ што е во твојот дом и што го насобрале твоите татковци до денес, ќе биде однесено во Вавилон‘.+,Ништо нема да остане‘,+ вели Јехова. 7 ,И некои од твоите синови што ќе потекнат од тебе, кои ќе ти се родат, ќе бидат одведени+ и ќе станат дворјани+ во палатата на вавилонскиот цар‘ “.+

8 Тогаш Езекија му рече на Исаија: „Добра е Јеховината реч што ја кажа ти“.+ Потоа додаде: „Зашто, додека сум жив јас, + ќе има мир и вистина“.+

40 „Тешете го, тешете го мојот народ!“ — вели вашиот Бог.+ 2 „Зборувајте му утешно на срцето на Ерусалим+ и викајте му дека помина времето на неговото робување,+ дека плати за својот престап!+ Зашто, од Јеховината рака ја прими полната мерка за сите свои гревови.“+

3 Слушајте! Некој вика во пустината:+ „Расчистете му го патот на Јехова!+ Израмнете му ја низ пустината патеката на нашиот Бог!+ 4 Нека се издигне секоја долина,+ нека се спушти секоја планина и секој рид!+ Ритчестиот крај нека стане рамен, нерамниот крај нека се претвори во рамница!+ 5 И ќе се открие Јеховината слава+ и сите луѓе ќе ја видат,+ зашто тоа се зборови од устата на Јехова“.+

6 Слушај! Некој вели: „Разгласувај!“+ А друг вели: „Што да разгласувам?“

Разгласи го ова: „Сите луѓе се трева, а сета нивна доброта* личи на полски цвет.+ 7 Тревата се суши и цветот венее+ кога Јеховиниот здив* ќе дувне на нив.+ Навистина, народот е трева.+ 8 Тревата се суши, цветот венее,+ но речта на нашиот Бог останува довека“.+

9 Искачи се на висока планина,+ ти која му носиш добра вест на Сион!+ Викни силно, ти која му носиш добра вест на Ерусалим!+ Викни, не плаши се!+ Речи им на градовите на Јуда: „Еве го вашиот Бог!“+ 10 Гледај, Севишниот Господар Јехова ќе дојде како силен јунак, неговата рака ќе владее за него.+ Гледај, кај него е наградата што ја дава,+ пред него е платата што ја дели.+ 11 Како овчар ќе го пасе своето стадо.+ Со рака ќе ги собере јагнињата,+ ќе ги носи во пазувите.+ Грижливо ќе ги води доилките.+

12 Кој ги измерил водите со дланка,+ ги премерил небесата со педа+ и му ја одредил мерата на земниот прав?+ Кој ги измерил на вага планините и на терезија ридовите? 13 Кој го измерил Јеховиниот дух? Кој може како советник да го упати во нешто?+ 14 Кој го советувал и го поучил? Кој го учи за патот на праведноста, или му дава знаење,+ или го упатува на патот на разборитоста?+

15 Гледај, за него народите се како капка од ведро, вредат колку правот на вага.+ Гледај, тој ги подига островите+ како ситен прав. 16 Ниту Ливан не е доволен за оган, неговите диви животни+ не се доволни за жртва паленица.+ 17 Сите народи се пред него како да не постојат,+ за него се како ништо, ништожност.+

18 Со кого ќе го споредите Бог+ и каков лик сличен на него ќе најдете?+ 19 Леарот лее статуа,+ златарот ја обложува со злато+ и кове сребрени веришки.+ 20 Човекот одбира за принос некое дрво, дрво што не е гнило,+ па бара вешт дрводелец да му направи режан лик+ што нема да се урне.+

21 Зарем не знаете? Зарем не слушате? Зарем не ви е кажано од почетокот? Зарем не разбравте уште кога беа поставени темелите на земјата?+ 22 Тој престојува над кругот на земјата,+ нејзините жители му се како скакулци. Тој ги распнува небесата како превез, ги распнува како шатор за живеење.+ 23 Тој ги претвора владетелите во ништо, ги претвора земните судии во ништожност.+

24 Плитко се посадени, плитко се посеани, нивната пенушка плитко пуштила корен во земјата.+ Штом ќе дувне на нив, тие се сушат,+ и виорот ги разнесува како плева.+

25 „Со кого ќе ме споредите, кој ми е рамен?“ — вели Светецот.+ 26 „Подигнете ги очите угоре и гледајте! Кој го создал тоа?+ Оној што ја изведува нивната војска според нивниот број и ги вика сите по име.+ Поради неговата голема моќ*+ и неговата огромна сила не изостанува ниту едно.

27 Зошто велиш, Јакове, зошто зборуваш, Израеле: ‚Мојот пат е скриен од Јехова,+ мојот Бог не се грижи за правдата што ми припаѓа‘?+ 28 Зарем не знаеш? Зарем не си чул?+ Јехова, Творецот на земните краишта, е вечен Бог.+ Тој не се уморува и не папсува.+ Неговиот разум е неиспитлив.+ 29 Тој му ја враќа силата на уморниот,+ му дава моќна сила+ на нејакиот. 30 Момчињата се уморуваат и се тетерават, младичите ослабуваат, 31 но оние што се надеваат+ на Јехова добиваат нова сила.+ Како орли се подигаат на крилја.+ Трчаат и не папсуваат, одат и не се уморуваат.“+

41 „Молчете и слушајте ме, острови!*+ Народите+ нека соберат сила! Нека пристапат+ и тогаш нека проговорат! Пристапете кај мене на суд!+

2 Кој го подигнал оној што доаѓа од исток?+ Кој го повикал во праведност кај своите нозе и му предал народи и му дал власт да покори цареви?+ Кој ги предал како прав под неговиот меч, па неговиот лак ги разнесува како плева?+ 3 Кој ги прогонувал и мирно чекорел со своите нозе по патот по кој никогаш не одел? 4 Кој го направил+ и го извршил тоа? Кој ги повикува поколенијата од искон?+

Јас, Јехова, кој сум прв.+ И спрема последните ќе бидам истиот.“+

5 Островите+ се исплашија од она што го видоа. Затреперија земните краишта.+ Се приближуваат, доаѓаат. 6 Секој му помага на својот другар и му вели на својот брат: „Биди јак!“+ 7 Дрводелецот го бодри златарот,+ оној што мазни со чеканот го бодри оној што кове на наковална, велејќи за залепеното место: „Добро е“. Потоа го прицврстуваат кипот со клинци за да не се помрдне.+

8 „А ти, Израеле, си слуга мој.+ Ти си, о Јакове, избраник мој,+ потомство на Авраам,+ мојот пријател.+ 9 Тебе те зедов од краиштата на земјата+ и те викнав од нејзините краишта.+ И ти реков: ‚Ти си мој слуга.+ Те избрав+ и не те отфрлив.+ 10 Не плаши се, зашто јас сум со тебе!+ Не свртувај се плашливо, зашто јас сум твојот Бог!+ Јас ќе те зајакнам+ и ќе ти помогнам.+ Ќе те потпрам со мојата праведна+ десница‘.+

11 Гледај, ќе се посрамат сите оние што се жестат на тебе и ќе бидат понижени.+ Оние што ти се противат, ќе бидат како ништо и ќе изгинат.+ 12 Ќе ги бараш оние што се борат против тебе, но нема да ги најдеш.+ Оние што војуваат против тебе ќе бидат како ништо, како ништожност.+ 13 Зашто јас, Јехова, твојот Бог, те држам за десницата+ и ти велам: ‚Не плаши се!+ Јас ќе ти помогнам‘.+

14 Не плаши се, црву+ Јакове, народе на Израел!+ Јас ќе ти помогнам“, вели Јехова, твојот Откупител,+ Светецот на Израел. 15 „Гледај, ќе направам да бидеш како вршалка за жито,+ како нова вршалка со двојни запци. Ќе ги газиш и ќе ги дробиш планините, ќе ги претвораш во плева ридовите.+ 16 Ќе ги вееш,+ и ветрот ќе ги однесе,+ виорот ќе ги распрсне.+ А ти ќе му се радуваш на Јехова.+ Ќе се фалиш со Светецот на Израел.“+

17 „Страдалниците и сиромасите бараат вода,+ а вода нема. Од жед+ им се исушил јазикот.+ Јас, Јехова, ќе ги услишам.+ Јас, Богот на Израел, нема да ги оставам.+ 18 На голите ридови ќе отворам реки, а среде долините — извори.+ Пустината ќе ја претворам во езеро, а безводната земја — во водни извори.+ 19 Ќе посадам во пустината кедар, акација, мирта и маслодајно дрво.+ Ќе посадам во пустелијата смрека, јасен и кипарис заедно,+ 20 па сиот народ нека види и нека знае, нека има на ум и нека сфати дека раката на Јехова го направила тоа, дека Светецот на Израел го создал тоа.“+

21 „Изнесете го својот спор!“+ — вели Јехова. „Предочете ги своите докази!“+ — вели царот Јаковов.+ 22 „Предочете ги и кажете ни што ќе се случи! Кажете ни што беше прво, за да размислиме за тоа и да сфатиме што носи иднината! Или објавете ни го она што доаѓа!+ 23 Кажете ни што ќе биде потоа, па ќе знаеме дека сте богови.+ Направете нешто, добро или зло, па сите ќе го гледаме тоа и ќе го видиме.+ 24 Ете, вие сте ништо и вашите дела се ништожни.+ Одвратен е секој што ќе ве избере вас.+

25 Подигнав еден што доаѓа од север, и тој ќе дојде.+ Од исток+ ќе го повикува моето име. Ќе ги прегази намесниците како да се глина,+ како што грнчарот ја гази свежата глина.

26 Кој кажал нешто од почетокот, па да знаеме, или од дамнина, па да речеме: ‚Има право‘?+ Навистина нема кој да го рече тоа. Навистина нема кој да го објави. Навистина нема кој да ги чуе вашите зборови.“+

27 Оној што е прв му вели на Сион: „Гледај, еве ги!“+ На Ерусалим ќе му испратам носител на добра вест.+

28 Гледав, но немаше никој. Нема ниту еден меѓу нив кој би дал совет.+ Ги прашав и чекав одговор. 29 Ете, сите тие се ништо. Нивните дела се ништожни. Нивните леани ликови се ветар и ништожност.+

42 Еве го мојот слуга,+ кого го поддржувам,+ мојот избраник,+ кој е по волја на мојата душа!+ Во него го ставив својот дух,+ тој ќе им донесе правда на народите.+ 2 Нема ниту да вика ниту да го подига својот глас, неговиот глас нема да се слуша по улиците.+ 3 Згазената трска нема да ја скрши+ и фитилот што тлее нема да го угасне. Во својата вистинољубивост ќе донесе правда.+ 4 Нема да папса и нема да се умори сѐ додека не воспостави правда на земјата.+ Островите* ќе го чекаат неговиот закон.*+

5 Вака вели вистинскиот Бог, Јехова, Творецот на небесата,+ оној што ги распна,+ оној што ги распростре земјата+ и нејзиниот род,+ оној што му дава здив+ на народот кој е на неа+ и дух на оние што одат по неа:+ 6 „Јас Јехова, те повикав во правда+ и цврсто те фатив за рака.+ Ќе те чувам и ќе те поставам за сојуз на народот,+ за светлина на народите,+ 7 за да им ги отвориш очите на слепите,+ да ги изведеш од темницата затворениците,+ од затворот оние што седат во темнина.+

8 Јас сум Јехова. Тоа е моето име,+ и никому нема да му ја дадам својата слава,+ ниту на режаните ликови+ својата фалба.+

9 Еве, тоа што го навестив порано, се случи,+ а сега ви навестувам нешто ново. Пред да се збидне, јас ви го објавувам“.+

10 Пејте му на Јехова нова песна,+ фалба за него од крајот на земјата,+ вие што живеете од морето+ и од сѐ што е во него, вие острови и вие што живеете на нив!+ 11 Нека воскликнат пустината+ и нејзините градови, населбите во кои живеат Кидарците!+ Нека извикуваат радосно оние што живеат во карпестиот крај!+ Нека извикуваат радосно луѓето од планинските врвови! 12 Нека му оддаваат слава на Јехова,+ на островите нека ја објавуваат неговата фалба!+

13 Јехова ќе излезе како јунак.+ Како воин ќе го разгори својот жар.+ Ќе повика, ќе викне како во војна,+ ќе биде помоќен од своите непријатели.+

14 „Долго молчев,+ не зборував,+ се воздржував.+ Сега ќе викам, ќе бревтам и ќе воздивнувам како жена што раѓа.+ 15 Ќе ги опустошам+ планините и ридиштата, ќе ги исушам сите нивни растенија. Ќе ги претворам реките во сува земја, ќе ги исушам мочуриштата.+ 16 Ќе ги водам слепите по пат кој не го знаат,+ ќе им дадам да чекорат по непознат друм.+ Пред нив ќе го претворам мрачното место во светлина,+ а нерамната земја во рамница.+ Сето тоа ќе го направам за нив и нема да ги оставам.“+

17 Ќе отстапат и мошне ќе се засрамат оние што се надеваат на режаните ликови+ и им велат на леаните ликови: „Вие сте наши богови“.+

18 Чујте, глуви! Насочете го погледот, слепи!+ 19 Кој е слеп, ако не мојот слуга, и кој е глув како мојот гласник кого го праќам? Кој е слеп како оној што е награден, кој е слеп како Јеховиниот слуга?+ 20 Ти виде многу нешта, но не им обрна внимание.+ Твоите уши беа отворени, но ти не слушаше.+ 21 На Јехова му се допадна, поради својата праведност,+ да го возвеличи и да го возвиси законот.+ 22 Но тоа е опљачкан и ограбен народ,+ сите се фатени в јама, скриени по затвори.+ Станаа плен, а нема кој да ги избави,+ станаа грабеж, а нема кој да рече: „Враќај!“

23 Кој од вас ќе го ислуша тоа? Кој ќе размислува за тоа и ќе слуша за подоцнежни времиња?+ 24 Кој го предал Јаков на грабеж, и кој им го предал Израел на пљачкашите? Зарем не беше тоа Јехова, оној кому му згрешија, по чии патишта не сакаа да одат и чии закони не ги слушаа?+ 25 Затоа ги излеваше врз Израел својот гнев, својата лутина и стравотиите на војната.+ Огнот на војната го голташе од сите страни,+ но тој не го забележа тоа;+ го проголтуваше, но тој ништо не зеде присрце.+

43 Сега вака вели Јехова, твојот Творец,+ Јакове, и твојот Создател,+ Израеле: „Не плаши се, зашто јас те откупив.+ Те повикав по име.+ Ти си мој.+ 2 Ако појдеш преку води,+ јас ќе бидам со тебе.+ Ако појдеш преку реки, тие нема да те преплават.+ Ако појдеш преку оган, нема да изгориш и пламен нема да те подгори.+ 3 Зашто, јас сум Јехова, твојот Бог, Светецот на Израел, твојот Спасител.+ Го дадов Египет како откупнина за тебе,+ Етиопија+ и Сева во замена за тебе. 4 Бидејќи си драгоцен во моите очи,+ достоен си за чест и јас те сакам.+ Ќе дадам луѓе во замена за тебе, народи во замена за твојата душа.+

5 Не плаши се, зашто јас сум со тебе!+ Од исток ќе го доведам твоето потомство и од запад ќе те соберам.+ 6 Ќе му речам на северот:+ ‚Дај!‘ — а на југот: ‚Не задржувај ги! Доведи ги моите синови од далеку и моите ќерки од крајот на земјата,+ 7 секого кој се нарекува со моето име+ и кого го создадов на своја слава,+ кого го создадов и го направив!‘+

8 Изведи го народот кој е слеп, иако има очи, и кој е глув, иако има уши.+ 9 Нека се соберат сите народи на едно место, нека се соберат племињата!+ Кој од нивните богови може да го прорече тоа?+ Можат ли да ни навестат што ќе се случи прво?+ Нека ги доведат своите сведоци+ и нека се оправдаат, или тие сведоци нека ги чујат, па нека речат: ‚Вистина е!‘ “+

10 „Вие сте мои сведоци“,+ вели Јехова, „и мој слуга кого го избрав,+ за да знаете+ и да ми верувате+ и да разберете дека јас сум оној истиот.+ Пред мене не беше направен ниту еден бог+ и по мене не ќе има ниту еден.+ 11 Јас, јас сум Јехова,+ и освен мене нема спасител.“+

12 „Јас прореков, спасив и објавив+ кога меѓу вас немаше ниту еден туѓ бог.+ Затоа, вие сте мои сведоци“,+ вели Јехова, „а јас сум Бог.+ 13 И за сите времиња јас сум истиот,+ и никој не може да избави од мојата рака.+ Ќе ја извршам мојата намера+ — кој може да го спречи тоа?“+

14 Вака вели Јехова, вашиот Откупител,+ Светецот на Израел:+ „Заради вас ќе ги испратам против Вавилон, ќе ги турнам лостовите на затворските врати+ и ќе ги соборам Халдејците во бродовите, а тие ќе лелекаат.+ 15 Јас сум Јехова, вашиот Светец,+ Творецот на Израел,+ вашиот Цар“.+

16 Вака вели Јехова, оној што направи пат преку морето и премин преку силните води+ 17 и ги изведе бојните коли и коњите, војската и јунаците заедно:+ „Тие ќе легнат+ и повеќе нема да станат.+ Ќе бидат угаснати.+ Ќе истлеат како ленен фитил“.+

18 „Немојте да си спомнувате за она што било во почетокот, не мислете на она што било некогаш! 19 Еве, правам нешто ново.+ Сега ќе настане, а вие ќе го видите.+ Да, низ пустелијата ќе направам пат,+ низ пустината — реки.+ 20 Ќе ме слават полските ѕверови,+ шакалите и ноевите,+ зашто ќе направам да потечат води во пустелијата, реки во пустината,+ за да пие мојот народ, мојот избраник,+ 21 народот што го создадов за себе за да ја разгласува мојата фалба.+

22 Но, ти Јакове, не ме повикуваше,+ зашто ти станав заморен, о Израеле.+ 23 Не ми принесуваше овци како цели паленици, не ме славеше со своите жртви.+ А јас не те присилував да ми служиш со дарови и не те заморував да ми палиш темјан.+ 24 Не ми купуваше мирислива трска за пари,+ не ме ситеше со лојот од своите жртви.+ Всушност, со своите гревови ме присили јас да ти служам тебе. Уморен сум од твоите престапи.+

25 Јас, јас заради себе+ ги бришам+ твоите престапи+ и нема повеќе да си спомнувам за твоите гревови.+ 26 Потсети ме на своите заслуги! Да излеземе заедно на суд!+ Кажи го своето и докажи дека си праведен!+ 27 Твојот прв татко — тој згреши,+ и твоите учители ми згрешија мене.+ 28 Затоа ќе ги обесчестам кнезовите што служат на светото место и ќе го предадам Јаков на истребување,* ќе го предадам Израел на подбив.+

44 Сега чуј, Јакове, слуго мој,+ чуј, Израеле, избранику мој!+ 2 Вака вели Јехова, твојот Творец+ и твојот Создател,+ кој ти помагаше од мајчината утроба:+ ‚Не плаши се,+ слуго мој, Јакове, не плаши се, Есуруне,*+ избранику мој! 3 Зашто, ќе излеам вода врз жедниот+ и потоци врз сувото место.+ Ќе го излеам својот дух врз твоето семе,*+ и својот благослов врз твоите потомци. 4 Ќе никнуваат како зелена трева,+ како тополи+ крај канали со вода. 5 Еден ќе рече: „Јас сум Јеховин“,+ друг ќе се нарекува со името на Јаков,+ трет ќе си напише на раката: „Јеховин“, а четврти ќе се нарекува со името на Израел‘.+

6 Вака вели Јехова, Царот на Израел+ и негов Откупител,+ Јехова над војските: ‚Јас сум првиот и последниот,+ освен мене нема Бог.+ 7 Кој е како мене?+ Нека викне, нека каже и нека ми разложи!+ Тие нека го навестат она што доаѓа и она што допрва ќе дојде, како што јас го правам тоа откако го основав древниот народ!+ 8 Не бојте се и не плашете се!+ Зарем не му го објавив тоа секому од вас и зарем не му го навестив уште одамна?+ Вие сте мои сведоци.+ Има ли Бог освен мене?+ Не, нема Карпа.+ Не знам ниту една‘.“

9 Сите што прават режани ликови се ништожни,+ и нивните мили ликови не се полезни за ништо.+ Тоа се нивни сведоци кои не гледаат ништо и не знаат ништо,+ па затоа им се за срам.+ 10 Кој прави бог или лие лик?+ Од него нема никаква корист.+ 11 Гледај, ќе се посрамат сите негови другари,+ зашто оние што ги прават боговите се само земни луѓе. Сите ќе се соберат заедно.+ Ќе застанат, ќе се уплашат и сите ќе се засрамат.+

12 Ковачот го обработува со остра алатка на разгорен јаглен, го обликува со чекани, го обработува со својата силна рака.+ Потоа огладнува и премалува. Не пие вода, па се исцрпува.

13 Дрводелецот ја растегнува мерната врвца, го оцртува со црвена креда, го обработува со длето, го мери со шестар и го обликува во човечки лик,+ во убав лик на човек, за да стои во куќата.+

14 На другиот му е работа да сече кедри, па одбира одредени стебла, големи стебла, и ги остава да пораснат меѓу шумските дрвја.+ Сади ловор, и тој расте од дождот. 15 Човекот потоа го користи за огрев. Зема парче дрво за да се згрее. Запалува оган и пече леб, а згора на тоа изработува и бог на кој ќе му се клања.+ Прави режан лик+ и паѓа ничкум пред него. 16 Со половината од тоа пали оган. Над истата таа половина си пече месо за јадење и се наситува. Се грее и вели: „Ете, се греам и гледам како гори огнот“. 17 А од остатокот си прави бог, режан лик. Паѓа ничкум пред него, му се клања, му се моли и вели: „Избави ме, зашто ти си мојот бог!“+

18 Не знаат+ и не разбираат,+ бидејќи очите им се заслепени, па не гледаат,+ и срцето, па не сфаќаат.+ 19 Никој не го зема тоа присрце,+ не знае и не разбира,+ за да рече: „Со половината од тоа запалив оган и на неговиот жар испеков леб. Испеков и месо и го изедов. Зарем од остатокот ќе направам одвратен бог?+ Зарем ќе паѓам ничкум пред парче суво дрво?“ 20 Таквиот се храни со пепел.+ Неговото измамено срце го заведува.+ Тој нема да ја избави својата душа ниту ќе рече: „Зарем не е измама ова што го држам во десницава?“+

21 „Сети се на тоа, Јакове,+ и ти, Израеле, зашто ти си слуга мој!+ Јас те создадов.+ Ти си мој слуга. О Израеле, нема да те заборавам!+ 22 Ќе ги избришам твоите престапи, и ќе биде како да ги скрил облак,+ и гревовите, како да ги скриле облаци. Врати се кај мене,+ зашто јас ќе те откупам!+

23 Воскликнувајте од радост, вие небеса,+ зашто Јехова го направи тоа што го науми!+ Воскликнувајте победнички,+ вие најдлабоки земни длабочини!+ Веселете се, вие планини,+ и викајте од радост, вие шуми и сите дрвја во нив! Зашто, Јехова го откупи Јаков, врз Израел ја покажа својата убавина.“+

24 Вака вели Јехова, твојот Откупител,+ оној што те обликува од мајчината утроба: „Јас, Јехова, правам сѐ, сам ги распнувам небесата,+ ја распростирам земјата.+ Ми помага ли некој во тоа? 25 Јас ги осуетувам знаците на оние што кажуваат празни зборови, ги наведувам гаталците да постапуваат лудо,+ ги посрамувам мудреците, и нивното знаење го претворам во безумност.+ 26 Јас ги исполнувам зборовите на својот слуга и ги остварувам објавите на своите гласници.+ Јас велам за Ерусалим: ‚Ќе биде населен‘,+ и за градовите на Јуда: ‚Пак ќе бидат изградени.+ Ќе ги подигнам неговите опустошени места‘.+ 27 Јас ѝ велам на водната бездна: ‚Пресуши! Ќе ги исушам сите твои реки‘.+ 28 Јас велам за Кир:+ ‚Тој е мој пастир и ќе изврши сѐ што сакам‘,+ ќе го изврши она што го реков за Ерусалим: ‚Пак ќе биде изграден‘, и за храмот: ‚Ќе бидат положени неговите темели‘ “.+

45 Јас, Јехова, вака му велам на својот помазаник+ Кир, кого го фатив за десницата,+ за да ги покорам пред него народите+ и да ги ослабам царевите, да отворам пред него двокрилна врата, за да не биде затворена градската порта: 2 „Јас ќе одам пред тебе+ и ќе ги израмнам височинките.+ Ќе ги разбијам бакарните врати, ќе ги скршам железните лостови.+ 3 Ќе ти ги дадам богатствата+ што лежат во темнина и на скришни места, за да знаеш дека јас сум Јехова, оној што те вика по име,+ Богот на Израел. 4 Поради својот слуга Јаков, поради Израел, својот избраник,+ те повикав по име. Ти дадов чесно име, иако не ме познаваше.+ 5 Јас сум Јехова, и нема друг.+ Нема Бог освен мене.+ Јас ќе те зајакнам, иако не ме познаваш, 6 за да се знае од исток до запад дека нема друг освен мене.+ Јас сум Јехова, и нема друг.+ 7 Јас ја давам светлината+ и ја создавам темнината,+ го донесувам мирот+ и ја создавам неволјата+ — јас, Јехова, го правам сето тоа.+

8 Росете, небеса, одозгора!+ Небесни облаци, од вас нека врне праведност!+ Нека се отвори земјата и нека роди спасение, нека никне+ тогаш и правдата! Јас, Јехова, го создавам тоа“.+

9 Тешко на оној што се препира со својот Творец,+ како што црепот се препира со другите црепови! Зарем глината+ ќе му рече на својот творец: „Што правиш?“ Зарем твоето дело ќе рече: „Тој нема раце“? 10 Тешко на оној што му вели на својот татко: „Какви деца донесуваш на свет?“ — и на неговата жена: „Што ти е тоа што го раѓаш?“+

11 Вака вели Јехова, Светецот на Израел+ и негов Творец:+ „Прашајте што ќе биде+ со моите синови,+ заповедајте ми за делото+ на моите раце! 12 Јас ја направив земјата+ и го создадов човекот на неа.+ Со свои раце ги распнав небесата+ и ѝ заповедам на целата нивна војска“.+

13 „Јас го подигнав својот слуга во праведност+ и ќе ги израмнам сите негови патишта.+ Тој ќе го изгради мојот град+ и ќе ги отпушти моите изгнаници,+ не за пари,+ ниту за мито“, вели Јехова над војските.

14 Вака вели Јехова: „Неплатените египетски+ работници, етиопските трговци и Савејците,+ високи луѓе,+ самите ќе дојдат кај тебе и ќе бидат твои.+ Ќе одат по тебе, ќе доаѓаат во окови+ и ќе ти се клањаат.+ Тебе ќе ти се молат и ќе велат: ‚Навистина Бог е со вас,+ и нема друг, нема друг Бог!‘ “+

15 Навистина, ти си Бог што се крие,+ Бог на Израел, Спасител.+ 16 Сите тие ќе се засрамат и ќе бидат понижени. Сите што прават идоли ќе одат понижени.+ 17 А Израел ќе биде спасен+ со вечно спасение+ бидејќи е во заедништво со Јехова. Вие нема да се посрамите+ и нема да бидете понижени+ довека, во сета вечност.

18 Зашто, вака вели Јехова, Творецот на небесата,+ оној што е вистинскиот Бог,+ оној што ја обликува и ја направи земјата,+ оној што ја зацврсти+ и не ја создаде залудно, туку ја обликува за да биде населена:+ „Јас сум Јехова, и нема друг.+ 19 Не зборував во тајност,+ во некој мрачен агол на земјата, и не му реков на потомството на Јаков: ‚Побарајте ме, но ќе ви биде залудно!‘+ Јас, Јехова, го зборувам она што е праведно, го објавувам она што е право.+

20 Соберете се и дојдете!+ Пристапете заедно, сите вие што се избавивте од другите народи!+ Оние што ги носат своите режани ликови од дрво не знаат ништо, а ниту оние што се молат на бог кој не може да спаси.+ 21 Кажете што имате, изнесете ги своите докази!+ Нека се посоветуваат сложно! Кој го навестил тоа уште од дамнешни времиња?+ Кој го објавил уште одамна?+ Зарем не јас, Јехова? Нема друг Бог освен мене.+ Јас сум праведен Бог и Спасител,+ и нема друг освен мене.+

22 Свртете се кон мене и спасете се,+ вие што живеете по краиштата на земјата, зашто јас сум Бог, и нема друг!+ 23 Се заколнав во самиот себе+ — во праведност излезе речта од мојата уста,+ и нема да се врати+ — дека секое колено ќе се свитка пред мене+ и секој јазик ќе ми се заколнува,*+ 24 велејќи: ‚Навистина, во Јехова е сета правда и моќ.+ Сите што се жестат против него ќе дојдат кај него и ќе се посрамат.+ 25 Со Јеховина помош ќе се оправда+ целото семе+ на Израел и со него ќе се гордее‘ “.+

46 Вел+ падна на колена,+ Нево свитка плеќи. Нивните ликови+ ги товараат на ѕверови и на добиток, станаа нивно бреме, товар за уморните животни. 2 Плеќите им се свиткуваат. Паѓаат на колена. Овие богови не можат да ги избават+ своите ликови што се носат како бреме, туку и самите* заминуваат во заробеништво.+

3 „Слушајте ме, доме Јаковов, и сите што останавте од домот Израелов,+ кои ве понесов штом се родивте и ве носев од мајчината утроба!+ 4 И до вашата старост јас ќе бидам истиот,+ и кога ќе ви побели косата ќе ве поддржувам.+ Ќе ја извршам својата намера+ — ќе ве носам, ќе ве поддржувам и ќе ве избавувам.+

5 Со кого ќе ме направите сличен+ или ќе ме изедначите или ќе ме споредите, па да речете дека сме слични еден со друг?+ 6 Луѓето на големо го истресуваат златото од ќесињата и го мерат среброто на вага. Најмуваат златар, па тој од него прави бог,+ пред кој паѓаат ничкум и се клањаат.+ 7 Го носат на рамо,+ го пренесуваат и го поставуваат на неговото место, па стои таму и не се помрднува од место.+ Го повикуваат, но тој не им одговара, не спасува никого од неговата неволја.+

8 Сетете се на тоа и бидете храбри! Земете го тоа присрце,+ престапници!+ 9 Сетете се на далечното минато,+ дека јас сум Бог+ и дека нема друг Бог,+ ниту некој што би ми бил сличен!+ 10 Јас од почетокот го јавувам завршетокот,+ од дамнина го јавувам она што уште не било.+ Јас велам: ‚Мојата намера ќе се оствари+ и ќе направам сѐ што сакам‘.+ 11 Од исток повикувам птица грабливка,+ од далечна земја повикувам човек да ја изврши мојата намера.+ Ја кажав својата намера, и ќе ја исполнам.+ Она што го наумив, тоа и ќе го извршам.+

12 Слушајте ме, вие што имате тврдокорно срце+ и сте далеку од праведноста!+ 13 Ја приближувам својата правда.+ Таа не е далеку+ и моето спасение нема да задоцни.+ На Сион ќе дадам спасение. На Израел ќе му ја дадам својата убавина.“+

47 Спушти се и седни во правта,+ девице, ќерко вавилонска!+ Седни на земја, каде што нема престол,+ ќерко халдејска!+ Зашто, повеќе нема да те викаат нежна и разгалена.+ 2 Земи рачна мелница+ и мели брашно! Симни го превезот!+ Соблечи ја облеката!+ Откриј ги нозете!+ Премини преку реката! 3 Откриј ја својата голотија!+ Нека се види твојот срам!+ Ќе се одмаздам,+ и никому не ќе му дозволам да ми се спротивстави!

4 „Имаме откупител!+ Името му е Јехова над војските,+ Светецот на Израел.“+

5 Седи молчешкум+ и повлечи се во мракот,+ ќерко халдејска,+ зашто повеќе нема да те викаат господарка+ на царствата!+ 6 Се разгневив на својот народ.+ Го осквернив своето наследство+ и ти ги предадов тебе в раце.+ А ти не им покажа милост.+ На старците им го наметна својот претежок јарем.+ 7 Ти велеше: „Довека ќе бидам господарка,+ засекогаш“. Не го зеде тоа присрце, не помисли каков ќе биде завршетокот на сето тоа.+

8 А сега слушај го ова, ти што се предаваш на уживања, живееш без страв+ и си велиш во срцето: „Јас, и никој друг!+ Нема да останам вдовица, нема да почувствувам како е да изгубиш деца“.+ 9 Но, одненадеж, во еден ден, ќе те снајде и едното и другото:+ ќе ги изгубиш децата и ќе останеш вдовица. Ова ќе те снајде во полна мера,+ зашто многу гаташе и правеше многу магии — преку секоја мера.+ 10 Се надеваше на својата злоба+ и велеше: „Никој не ме гледа!“+ Твојата мудрост и твоето знаење+ — тие те заведоа. Си велиш во срцето: „Јас, и никој друг!“ 11 Ќе те снајде неволја, а ти не ќе можеш да ја спречиш со своето гатање. Врз тебе ќе се нафрли несреќа,+ а ти не ќе можеш да ја одвратиш. Одненадеж+ врз тебе ќе дојде пропаст каква што уште не си видела.

12 Истрај во своите магии и во многуте гатања,+ околу кои се трудиш од својата младост! Можеби ќе ти користат! Можеби со тоа ќе им влееш страв на другите! 13 Те изморија мноштвото твои советници. Нека станат сега и нека те спасат оние што го обожаваат небото, гледаат во ѕвездите+ и даваат објави при млада месечина за она што ќе те снајде! 14 Гледај, станаа како стрниште!+ Оган ќе ги изгори.+ Нема да ја избават својата душа+ од силината на огнот.+ Тоа нема да биде жарче за да се згреат луѓето, ниту огниште за да седнат покрај него. 15 Такви ќе бидат за тебе твоите бајачи,+ околу кои се трудиш од својата младост. Ќе залутаат, секој на своја страна. Ќе нема кој да те спаси.+

48 Чујте го ова, доме Јаковов, вие кои самите се нарекувате со името на Израел+ и сте излегле од водите на Јуда,+ вие што се колнете во името на Јехова+ и го спомнувате Богот на Израел,+ но не со вистина и со правда!+ 2 Зашто, тие себеси се нарекуваат жители на светиот град,+ се потпираат на Богот на Израел,+ кој се вика Јехова над војските.+

3 „Изминатите настани ги кажував однапред, тоа излезе од мојата уста, јас го објавував.+ Одненадеж ја извршив мојата намера, и сѐ се збидна.+ 4 Знаев дека си тврдокорен,+ дека вратот ти е железна жила*+ и дека челото ти е од бакар,+ 5 па ти кажував уште тогаш. Пред да се случи тоа, јас ти го објавив,+ за да не речеш: ‚Тоа го направи мојот идол, тоа го заповедаа мојот режан лик и мојот лиен лик‘.+ 6 Ти слушна.+ Набљудувај го сето тоа!+ Нема ли да го објавуваш?+ Отсега ти објавувам нешто ново, скриено, нешто што уште не го знаеш.+ 7 Сега ќе биде создадено, не постоеше пред тоа, она што не си го чул до денес, за да не речеш: ‚Јас веќе го знам‘.+

8 Не, ти не го чу тоа,+ ниту, пак, твоето уво досега се отвори. Зашто, знам добро дека беше неверен+ и дека те викаат ‚престапник од мајчината утроба‘.+ 9 Ќе го зауздам својот гнев заради своето име,+ заради својата фалба ќе се воздржам да не те истребам.+ 10 Еве, те пречистив, но не како сребро.+ Те избрав додека се топеше во печката на неволјата.+ 11 Заради себе, заради себе ќе го направам она што го наумив.+ Зарем ќе дозволам да се срамоти моето име?+ Својата слава нема да му ја дадам никому!+

12 Слушај ме, Јакове, слушај ме, Израеле, што те повикав! Јас сум истиот.+ Јас сум првиот.+ Јас сум и последниот.+ 13 Мојата рака го положи темелот на земјата,+ мојата десница ги распростре небесата.+ Кога ќе ги повикам, сите заедно се покажуваат.+

14 Соберете се сите и чујте!+ Кој од боговите го објавил сето тоа? Јас, Јехова, го сакам тој човек.+ Тој ќе му го направи на Вавилон она што јас го сакам+ и неговата рака ќе се спушти врз Халдејците.+ 15 Јас, јас го реков тоа, и јас го повикав.+ Го доведов, и ќе му дадам успех на неговиот пат.+

16 Пристапете кон мене и чујте го ова: Од почетокот не говорев во тајност.+ Од времето кога реченото почна да се исполнува, бев таму.“

А сега Севишниот Господар Јехова ме испрати заедно со својот дух.+ 17 Вака вели Јехова, твојот Откупител,+ Светецот на Израел:+ „Јас, Јехова, сум твој Бог, кој те учи да го правиш она што е за твое добро,+ кој те води по патот по кој треба да одиш.+ 18 О, да внимаваше на моите заповеди!+ Твојот мир ќе беше како река+ и твојата праведност како морски бранови.+ 19 А твоето потомство ќе беше како песок и потомците твои како зрнца песок.+ Твоето име не ќе беше истребено, ниту затрено пред мене“.+

20 Излезете од Вавилон!+ Бегајте од Халдејците!+ Објавувајте го тоа, извикувајте радосно, разгласувајте го!+ Нека се чуе до крајот на земјата!+ Кажувајте: „Јехова го откупи својот слуга Јаков!+ 21 Не жедуваа+ додека ги водеше низ пусти краишта.+ Направи да потече вода од карпата за нив, ја расцепи карпата, и водата потече“.+

22 „Нема мир за злите“,+ вели Јехова.

49 Чујте ме, острови,*+ слушајте, далечни народи!+ Јехова ме повика+ додека бев во мајчината утроба.+ Пред да ме роди мајка ми, тој го спомна моето име.+ 2 Тој ја направи мојата уста како остар меч.+ Ме засолни+ во сенката+ на својата рака. Ме направи наострена стрела. Ме скри во својот тул. 3 И ми рече: „Ти си мој слуга, Израеле,+ врз тебе ќе ја покажам својата убавина“.+

4 А јас реков: „Попусто се трудев.+ За ништо и напразно си ја трошев силата.+ Но кај Јехова е мојата правда,+ кај Бог е мојата плата“.+ 5 И сега Јехова, кој ме оформи во мајчината утроба за да бидам негов слуга,+ ми вели да му го доведам назад Јаков,+ за да се собере кај него Израел.+ Јас ќе се прославам во очите на Јехова, мојот Бог ќе биде мојата сила. 6 Тој рече: „Не е малку тоа што си мој слуга кој ќе ги крене племињата на Јаков и ќе ги доведе назад зачуваните синови на Израел.+ А те поставив и за светлина на народите,+ за да допре моето спасение до крајот на земјата“.+

7 Вака му вели Јехова, Откупителот на Израел,+ неговиот Светец, на оној кого длабоко го презираат,+ на оној што му е одвратен на народот,+ на оној што им е слуга на владетелите:+ „Поради она што ќе го видат, царевите ќе станат,+ а и кнезовите, и ќе се поклонат поради Јехова, кој е верен,+ поради Светецот Израелов, кој те избра“.+

8 Вака вели Јехова: „Во времето на својата милост* те услишив,+ во денот на спасението ти помогнав.+ Те чував за да те поставам за сојуз на народот,+ за да се обнови земјата,+ за повторно да се поделат опустените наследства,+ 9 да им се каже на затворениците:+ ‚Излезете!‘+ — а на оние што се во темнина:+ ‚Покажете се!‘+ Ќе наоѓаат паша крај патиштата, и сите разгазени патеки ќе им бидат пасишта.+ 10 Нема да огладнат+ ниту да ожеднат,+ нема да ги измачува жега ниту сонце,+ зашто ќе ги води оној што има сомилост кон нив,+ тој ќе ги води на водните извори.+ 11 Сите свои планини ќе ги претворам во патишта, и моите друмови ќе ги издигнам.+ 12 Гледај, едни ќе дојдат оддалеку,+ едни од север+ и од запад,+ а едни од земјата Синим“.

13 Извикувајте од радост, небеса,+ радувај се, земјо!+ Веселете се, планини, и викајте радосно!+ Зашто, Јехова го утеши својот народ,+ им се смилува на своите страдалници.+

14 А Сион велеше: „Јехова ме остави,+ Јехова ме заборави“.+ 15 Може ли жена да го заборави своето доенче и да не му се смилува на синот на својата утроба?+ Ако таа и го заборави него,+ јас нема да те заборавам тебе.+ 16 Гледај, те врежав на дланките.+ Твоите ѕидови ми се постојано пред очи.+ 17 Се брзаат твоите синови. Твоите рушители и пустошници ќе си отидат откај тебе. 18 Крени ги очите и погледни наоколу! Сите тие се собрале+ и идат кај тебе. „Како што сум жив јас“, вели Јехова,+ „сите нив ќе ги ставиш како накит и ќе си ги закачиш на себе како невеста.+ 19 Иако твоите населби се опљачкани и опустошени и твојата земја е во урнатини,+ уште сега во тебе има толку многу жители што е претесно за живеење — зашто, далеку се оние што те проголтуваа+ — 20 а сепак сѐ повеќе и повеќе синови ќе доаѓаат кај тебе, која беше без деца, и со свои уши ќе слушаш како велат:+ ‚Ова место ни е претесно.+ Поместете се за да се населиме и ние!‘+ 21 А ти ќе речеш во своето срце: ‚Кој е нивниот татко што ми ги дал? Зашто, јас сум жена без деца и неплодна, протерана и заробена.+ Кој ги одгледа?+ Ете, јас бев останата сама,+ а каде беа тие?‘ “+

22 Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, ќе им ја подигнам на народите+ својата рака, ќе им го подигнам на народите својот собирен знак.+ И ќе ги доведат твоите синови во прегратка, ќе ги носат твоите ќерки на рамења.+ 23 Цареви ќе бидат твои старатели,+ а нивните кнегињи ќе ти бидат доилки. Ќе ти се клањаат со лицето доземи+ и ќе ја лижат правта+ од твоите нозе. И тогаш ќе знаеш дека јас сум Јехова и дека нема да се посрамат оние што се надеваат на мене“.+

24 Може ли да му се одземе на силникот она што го одзел,+ можат ли заробениците да му побегнат на угнетувачот?+ 25 Но, вака вели Јехова: „Ќе му ги одземат на силникот неговите заробени,+ ќе му побегнат на насилникот оние што ги грабнал.+ Јас ќе му се спротивставам на оној што тебе ти се спротивставува,+ и јас ќе ги спасам+ твоите синови. 26 На оние што те малтретираат ќе им дадам да го јадат своето месо, со својата крв ќе се опијат како со вино.* И тогаш ќе знаат сите луѓе дека јас, Јехова,+ сум твојот Спасител+ и твој Откупител,+ Силата на Јаков“.+

50 Вака вели Јехова: „Има ли вашата мајка потврда за развод+ дека сум ја отпуштил?+ Дали ве продадов на некој свој заемодавач за да го исплатам својот долг?+ Ете, вие сте продадени поради вашите гревови,+ вашата мајка е отпуштена поради вашите престапи.+ 2 Зошто не најдов никого кога дојдов?+ Зошто никој не се одѕва кога повикував?+ Зарем мојата рака стана прекратка, па не може да откупи?+ Зарем нема во мене сила да избавам? Гледај, кога ќе се заканам,+ морето се суши+ и реките се претвораат во пустини.+ Нивните риби се усмрдуваат, зашто нема вода, и гинат од жед.+ 3 Ги облекувам небесата во темнина+ и им давам козина за покривка“.+

4 Севишниот Господар Јехова ми даде учен јазик+ за да знам што да му кажам на уморниот.+ Секое утро ме буди, ми го буди увото за да го слушам како што слушаат учениците.+ 5 Севишниот Господар Јехова ми го отвори увото, а јас не се бунев.+ Не се свртев на другата страна.+ 6 Го свртев грбот кон оние што ме удираа и образите+ кон оние што ми ја кубеа брадата. Не го криев лицето од понижување и од плукање.+

7 Но Севишниот Господар Јехова ќе ми помогне.+ Затоа нема да се чувствувам понижен. Затоа лицето ми стана тврдо како кремен и знам дека нема да се посрамам.+ 8 Близу е оној што ме прогласува за праведен.+ Кој може да се правда со мене? Да станеме заедно!+ Кој ми е противник на судот?+ Нека ми пристапи!+ 9 Гледај, Севишниот Господар Јехова ќе ми помогне. Кој може да ме прогласи за зол?+ Гледај, сите тие ќе изветват како облека,+ молец ќе ги изеде.+

10 Кој од вас се бои+ од Јехова и го слуша гласот на неговиот слуга,+ и кој оди во темнина+ и за кого нема светлина? Тој нека се надева на Јеховиното име+ и нека се потпира на својот Бог!+

11 „Сите вие што палите оган и распалувате искри, одете во светлината на својот оган и меѓу искрите што самите ги разгоревте! Мојата рака ќе ви го направи ова: ќе легнете во голема болка.+

51 Слушајте ме, вие што тежнеете по праведноста,+ вие што го барате Јехова!+ Погледнете ја карпата+ од која бевте отсечени и длабоката јама од која бевте ископани! 2 Погледнете го Авраам,+ својот татко,+ и Сара,+ која ве роди со родилни болки! Оти, сам беше кога го повикав,+ а јас го благословив и го умножив.+ 3 Зашто, Јехова ќе го утеши Сион.+ Ќе ги утеши сите негови урнатини+ и ќе направи неговата пустина да биде како Еден+ и неговата пустелија како Јеховината градина.+ Радост и веселба ќе има во него, благодарења и звуци на песна.+

4 Чуј ме, народе мој! Приклонете го увото кон мене, вие што сте мое племе!+ Зашто, од мене ќе дојде закон+ и јас ќе ја поставам мојата правда за светлина на народите.+ 5 Близу е мојата правда.+ Ќе дојде моето спасение+ и моите мишки ќе им судат на народите.+ На мене ќе се надеваат островите+ и ќе ја чекаат+ мојата мишка.

6 Подигнете ги очите кон небото+ и погледнете ја земјата долу! Зашто, небесата ќе се разнесат како чад+ и земјата ќе изветви како облека,+ а нејзините жители ќе изумрат како комарци. Но моето спасение ќе биде вечно+ и мојата правда нема да исчезне.+

7 Слушајте ме, вие кои знаете што е праведно, народе кој го имаш во срцето мојот закон!+ Не плашете се од прекорите на смртните луѓе, не плашете се од нивните навредливи зборови!+ 8 Зашто, молец ќе ги изеде како облека, волнен молец ќе ги изеде како волна.+ А мојата правда ќе трае довека и моето спасение низ неброени поколенија.“+

9 Разбуди се, разбуди се, облечи се во сила,+ мишко Јеховина!+ Разбуди се, како во дамнешните денови, како во времето на древните поколенија!+ Зарем не го исече Раав+ и зарем не го прободе морското чудовиште?+ 10 Зарем не го исуши морето, водите на големата бездна,+ и од морските длабочини направи пат за да поминат откупените?+ 11 Ќе се вратат оние што ги откупил Јехова и ќе дојдат на Сион со радосни извици,+ и вечна радост ќе има над нивните глави.+ Ќе најдат веселба и радост,+ а жалоста и воздишките ќе побегнат од нив.+

12 „Јас, јас сум вашиот утешител.+

Кој си ти да се плашиш од смртен човек, кој умира,+ и од човечки син, кој исчезнува како зелена трева?+ 13 Кој си ти да го заборавиш Јехова, својот Творец,+ оној што ги распна небесата+ и го положи темелот на земјата,+ па постојано, по цел ден, трепериш од гневот на својот угнетувач,+ небаре ќе те убие?+ А каде е гневот на твојот угнетувач?+

14 Оној што е згрбавен во окови бргу ќе биде ослободен,+ нема да умре и да заврши во јама,+ и леб нема да му недостига.+

15 А јас, Јехова, сум твој Бог, кој го раздвижува морето за да му бучат брановите.+ Името ми е Јехова над војските.+ 16 Ќе ги ставам своите зборови во твојата уста+ и ќе те засолнам со сенката на својата рака,+ за да ги поставам небесата+ и да ѝ положам темел на земјата,+ и да му речам на Сион: ‚Ти си мој народ‘.+

17 Разбуди се, разбуди се, стани, о Ерусалиме,+ ти кој од Јеховината рака ја пиеше чашата на неговиот гнев!+ Го испи, до дното го испи пехарот, чашата од која се тетеравиш.+ 18 Од сите синови+ што ги роди, немаше кој да го води. Од сите синови што ги подигна, немаше кој да го фати за рака.+ 19 Овие две работи те снајдоа+ — кој да сочувствува со тебе?+ — пустошење и сотирање, глад и меч+ — кој да те утеши?+ 20 Твоите синови се паднати во несвест.+ Лежат по аглите на сите улици како диви овци во мрежа,+ зашто врз нив се излеа Јеховиниот гнев,+ укорот од твојот Бог.“+

21 Затоа, те молам, слушај го ова, страдалнице+ пијана, но не од вино!+ 22 Вака вели твојот Господар, Јехова, твојот Бог, кој се бори+ за својот народ: „Еве, ќе ти ја земам од раце чашата од која се тетеравиш.+ Пехарот, чашата на мојот гнев, повеќе нема да го пиеш.+ 23 Ќе им ја ставам в раце на твоите угнетувачи,+ кои ѝ велеа на твојата душа: ‚Наведни се, да поминеме!‘ — па ти им го подметнуваше својот грб за да биде како земја, како пат за оние што поминуваат“.+

52 Разбуди се, разбуди се, облечи се во сила,+ Сионе! Облечи ги своите прекрасни облеки,+ Ерусалиме, свети граде!+ Зашто, во тебе нема повеќе да влегуваат необрежаните и нечистите.+ 2 Истреси го правот од себе,+ стани, Ерусалиме, и седни! Симни ги оковите од вратот, заробена сионска ќерко!+

3 Зашто, вака вели Јехова: „Без пари бевте продадени,+ па без пари ќе бидете и откупени“.+

4 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Мојот народ најпрво отиде во Египет за да се насели таму привремено.+ А Асирците го угнетуваа без причина“.

5 „А сега, што да направам?“ вели Јехова. „Зашто, мојот народ беше одведен за ништо.+ Ликуваат оние што владеат со него“,+ вели Јехова, „и постојано, по цел ден, се презира моето име.+ 6 Затоа мојот народ ќе го познае моето име,+ затоа ќе го познае во тој ден, зашто јас сум тој што го вели тоа.+ Еве, јас сум тој!“

7 Колку се убави на планините нозете+ на оној што донесува добра вест+ и објавува мир,+ донесува добра вест за нешто подобро,+ објавува спасение+ и му вели на Сион: „Твојот Бог се зацари!“+

8 Слушај! Твоите стражари+ го кренале гласот.+ Во еден глас викаат од радост, зашто со свои очи+ ќе видат како Јехова го обновува Сион.+

9 Веселете се, викајте од радост во еден глас, урнатини ерусалимски,+ зашто Јехова го утеши својот народ,+ го откупи Ерусалим!+ 10 Јехова ја откри својата света рака пред очите на сите народи,+ и сите земни краишта ќе го видат спасението од нашиот Бог.+

11 Одете си, одете си, излезете оттаму,+ не допирајте ништо нечисто!+ Излезете од него,+ бидете чисти, вие кои го носите приборот од Јеховиниот дом!+ 12 Зашто, нема да излезете во страв, ниту ќе одите бегајќи.+ Јехова ќе оди пред вас,+ Богот на Израел ќе биде стража што ве штити одзади.+

13 Гледај, мојот слуга+ ќе постапува разборито.+ Ќе биде на високо место, ќе биде воздигнат и многу возвишен.+ 14 Како што мнозина се чудеа гледајќи го+ — неговиот изглед беше изобличен+ повеќе отколку на кој и да е друг човек и неговиот достоинствен лик+ повеќе отколку на кој и да е син човечки — 15 така тој ќе вчудовиди многу народи.+ Пред него цареви ќе затворат уста,+ зашто ќе го видат она за кое не им било кажувано и ќе го слушаат она за кое никогаш не чуле.+

53 Кој поверува во она што го чувме?+ Кому му се откри+ Јеховината рака?+ 2 Пред другите тој ќе се појави како фиданка+ и како корен од безводна земја. Нема достоинствен лик и не го краси убавина,+ и кога ќе го погледнеш, тоа не е човек каков што би посакале.+

3 Беше презрен и избегнуван од луѓето,+ човек кој ги запозна болката и болеста.+ Ја свртувавме главата за да не му го гледаме лицето.+ За нас беше презрен и безвреден.+ 4 Навистина, тој ги понесе нашите болести,+ ги зеде врз себе нашите болки.+ А ние мислевме дека Бог му создава неволја,+ дека тој го удира+ и му нанесува болка.+ 5 Но, тој беше прободен+ за нашиот престап,+ беше здробен за нашите гревови.+ Заради нашиот мир, казната падна врз него,+ и поради неговите рани,+ ние бевме излекувани.+ 6 Како овци сите талкавме,+ секој одеше по својот пат, а Јехова направи врз него да падне гревот од сите нас.+ 7 Го угнетуваа,+ а тој дозволуваше да му нанесуваат болка+ и не ја отвори устата. Го одведоа како јагне на колење.+ Како овца, која е нема пред оние што ја стрижат, не ја отвори својата уста.+

8 Лишен е од праведен суд,+ и затоа е отстранет. Кој ќе се заморува со поединостите за неговото потекло?+ Зашто, беше истргнат+ од земјата на живите.+ Поради престапите+ на мојот народ, му беше зададен удар.+ 9 Кога ќе умре, гробот ќе му биде меѓу злосторниците+ и меѓу богатите,+ иако не направи никакво зло,+ ниту, пак, имаше измама во неговата уста.+

10 А на Јехова му беше по волја да го сотре,+ тој го разболе.+ Ако ја дадеш, Боже, неговата душа како жртва за вина,+ тој ќе го види своето потомство,+ ќе ги продолжи своите денови+ и со негова рака ќе се оствари+ она што го сака Јехова.+ 11 Поради страдањето на својата душа, тој ќе ги види плодовите на својот труд+ и ќе биде задоволен со нив.+ Со своето знаење праведникот, мојот слуга,+ ќе им даде праведност на мнозина,+ и нивните престапи ќе ги земе врз себе.+ 12 Затоа ќе му го дадам неговиот дел како и на мнозина,+ ќе дели плен со моќните,+ бидејќи ја излеа својата душа во смрт+ и беше вброен меѓу престапниците.+ Го понесе гревот на мнозина+ и посредуваше за престапниците.+

54 „Воскликнувај, неротко, која не си раѓала!+ Весели се, извикувај од радост и подвикнувај радосно,+ ти што си немала родилни болки,+ зашто синовите на напуштената се побројни од синовите на жената што има маж!“*+ — вели Јехова. 2 „Распространи го својот шатор!+ Нека ги распнат платната на твоето величествено живеалиште! Не штеди! Продолжи ги јажињата на својот шатор и зацврсти ги своите шаторски клинови!+ 3 Зашто, ќе се рашириш надесно и налево,+ и твоето потомство ќе освои народи+ и ќе ги насели опустените градови.+ 4 Не плаши се,+ зашто нема да се посрамиш!+ Немој да се чувствуваш понижена, бидејќи нема да се разочараш!+ Ќе го заборавиш срамот на својата младост,+ нема повеќе да се сеќаваш на срамот од своето долготрајно вдовство.“

5 „Зашто, твојот маж*+ е твојот Голем Творец,+ Јехова над војските му е името.+ Светецот на Израел е твојот Откупител.+ Ќе се вика Бог на целата земја.+ 6 Јехова те повика како да си оставена жена, со ранет дух,+ како жена земена во младоста,+ а подоцна отфрлена“,+ вели твојот Бог.

7 „За момент те оставив,+ но поради своето големо милосрдие, ќе те соберам.+ 8 Во изливот на гнев го свртев за миг своето лице од тебе,+ но во вечната милост* ќе бидам милосрден кон тебе“,+ вели Јехова, твојот Откупител.+

9 „За мене ова е исто како деновите на Ное.+ Како што се заколнав дека водите на Ное нема повеќе да ја преплават земјата+ така се заколнав дека повеќе нема да се разгневам на тебе, ниту да те прекорувам.+ 10 Зашто, планините можат да се поместат и ридовите можат да се разнишаат,+ но мојата милост* нема да отстапи од тебе+ и мојот сојуз на мир нема да се разниша“,+ вели Јехова, оној што ти се смилува.+

11 „Страдалнице,+ шибана од виор+ и неутешена,+ еве, јас ставам тврд малтер на твоите камења+ и темелот+ ќе ти го направам од сафир.+ 12 Од рубин ќе ги направам круништата на твоите бедеми, од камен со пламенен сјај твоите порти,+ од прекрасен камен сите твои меѓи. 13 Сите твои синови+ ќе бидат поучени од Јехова,+ и голем мир ќе имаат твоите синови.+ 14 Ќе бидеш втемелена на правдата.+ Ќе бидеш далеку од угнетувањето,+ зашто нема да се плашиш од никого, а и далеку од стравотиите, зашто нема да ти се приближат.+ 15 Ако некој те нападне, тоа нема да биде по моја наредба.+ Кој и да те нападне, ќе падне поради тебе.“+

16 „Еве, јас го создадов ковачот што го разгорува огнот+ од дрвениот јаглен+ и го вади од него оружјето што го направил. Јас го создадов и уништувачот+ за да разорува. 17 Никакво оружје направено против тебе нема да успее,+ и ќе го прогласиш за зол секој јазик што ќе се подигне на суд против тебе.+ Тоа е наследството на Јеховините слуги+ и од мене е нивната праведност“, вели Јехова.+

55 О сите вие жедни,+ дојдете на вода!+ Дојдете, вие што немате пари, земете и јадете!+ Дојдете, земете вино+ и млеко+ без пари и без плаќање!+ 2 Зошто ги трошите парите на она што не е леб и својот труд на она што не заситува?+ Слушајте ме внимателно и јадете добра храна,+ и вашата душа нека ужива во најдобрата храна!+ 3 Приклонете го своето уво+ и дојдете кај мене!+ Слушајте, и вашата душа ќе остане жива,+ и ќе склучам со вас траен сојуз+ поради милоста* што му ја ветив на Давид!+ 4 Еве, им го дадов+ за сведок+ на народите,+ за водач+ и за заповедник+ на народите.

5 Ете, ќе повикаш еден народ што не го познаваш,+ и ќе побрзаат кон тебе луѓе од народ што не те познаваше,+ поради Јехова, твојот Бог,+ и поради Светецот на Израел,+ зашто тој ќе те украси.+

6 Барајте го Јехова додека може да се најде!+ Повикувајте го додека е близу!+ 7 Злосторникот нека го остави својот пат+ и злобниот нека ги остави своите мисли,+ и нека се врати кај Јехова, кој ќе му се смилува,+ кај нашиот Бог, зашто тој ќе му прости великодушно!+

8 „Оти, вашите мисли не се мои мисли+ и моите патишта не се ваши патишта“,+ вели Јехова. 9 „Зашто, како што се небесата повисоки од земјата,+ така се моите патишта повисоки од вашите патишта+ и моите мисли од вашите мисли.+ 10 Како што дождот и снегот паѓаат од небото и не се враќаат таму додека не ја напојат земјата и додека не ја направат да биде родна и да се раззелени,+ и да му даде семе на сејачот и леб на оној што го јаде,+ 11 така ќе се исполни мојата реч што излегува од мојата уста.+ Нема да се врати кај мене без плод,+ туку ќе го направи она што го сакам+ и ќе го изврши она поради кое сум ја испратил.+

12 Зашто, вие ќе излезете со радост+ и во мир ќе бидете доведени назад.+ Планините и ридовите ќе се веселат пред вас и ќе викаат од радост,+ и сите полски дрвја ќе плескаат со рацете.+ 13 Наместо трнлив честак ќе израсне смрека.+ Наместо лута коприва ќе израсне мирта.+ Тоа ќе биде на слава на Јехова,+ како вечен знак+ што нема да биде уништен.“

56 Вака вели Јехова: „Држете се за правдата+ и правете го она што е праведно!+ Зашто, наскоро ќе дојде моето спасение+ и ќе биде објавена мојата праведност.+ 2 Среќен е смртниот човек кој прави така+ и синот човечки кој се придржува кон тоа,+ кој го држи денот за одмор* и не го сквернави+ и ја чува својата рака да не направи никакво зло.+ 3 Туѓинецот што се придружил кон Јехова нека не вели:+ ‚Јехова сигурно ќе ме одвои од својот народ‘.+ Евнухот+ нека не вели: ‚Еве, јас сум суво дрво‘“.

4 Зашто, вака вели Јехова: „На евнусите кои ги држат моите денови за одмор, го избираат она што мене ми е пријатно+ и се држат за мојот сојуз,+ 5 ќе им дадам во својот дом+ и меѓу своите ѕидови споменик+ и име,+ нешто што е подобро од синови и ќерки.+ Ќе им дадам вечно име,+ кое нема да се затре.+

6 А туѓинците што се придружиле кон Јехова за да му служат,+ да го сакаат Јеховиното име+ и да му бидат слуги, сите што го држат денот за одмор и не го сквернават и што се држат за мојот сојуз,+ 7 и нив ќе ги доведам на својата света гора+ и ќе ги развеселам во својот дом за молитва.+ Целите паленици+ и другите нивни жртви+ ќе ми бидат пријатни на мојот жртвеник.+ Зашто, мојот дом ќе се вика дом на молитвата за сите народи“.+

8 Вака вели Севишниот Господар Јехова, кој ги собира распрснатите синови на Израел:+ „Ќе соберам кај него и други, покрај неговите што се веќе собрани“.+

9 Сите вие полски ѕверови, дојдете да јадете, и сите вие шумски ѕверови!+ 10 Неговите стражари се слепи.+ Никој од нив не забележува ништо.+ Сите тие се неми кучиња, не можат да лаат,+ збивтаат, лежат, сакаат да дремат.+ 11 Тоа се кучиња лакоми во душата+ и ненаситни.+ Тие се и пастири кои не знаат за разборитост.+ Сите тргнале по својот пат, секој од својот крај по својата неправедна добивка,+ и велат: 12 „Дојдете! Ќе донесам вино, да се напиеме жесток пијалак!+ Утре ќе биде исто како денес, и дури многу подобро“.+

57 Праведникот гине,+ а тоа никој не го зема присрце.+ Добродушните луѓе*+ заминуваат кај мртвите, а никој не увидува дека праведникот заминува поради злото.+ 2 Тој влегува во мир.+ Сите што не отстапуваат од правиот пат+ ќе ја најдат својата починка+ во гробот.*+

3 „Пристапете,+ вие синови на вражалка,+ потомство на прељубник и блудница!+ 4 Кому му се ситите?+ Против кого ја раззинувате устата и кому му го плазите јазикот?+ Зарем не сте деца на престапот, потомство на лагата,+ 5 вие што им се препуштате на страстите меѓу големите стебла,+ под секое зелено дрво,+ и ги колете децата во долините, под спилите?+

6 Твоето наследство е меѓу мазните поточни камења.+ Тие, тие се наследството што ти припадна.+ Ним ти им излеваше жртва налевница,+ ним им принесуваше дар. Зарем јас ќе се задоволам со тоа?+ 7 На висока и издигната планина ја постави својата постела+ и одеше таму за да принесуваш жртви.+ 8 А зад вратата и довратниците го стави својот спомен.+ Зашто, ти се откри далеку од мене и одеше таму, ја рашири својата постела.+ Поради својата страсна желба, склучи сојуз со нив. Сакаше да одиш в постела со нив.+ Го гледаше машкиот полов орган. 9 Слегуваше кај Мелех со масло, и твоите мирисливи масла беа многубројни.+ Твоите пратеници ги испраќаше далеку, па падна ниско, дури до гробот.*+ 10 Те намачија многуте твои талкања.+ Не рече: ‚Сето тоа е залудно!‘ Се обнови твојата сила.+ Затоа не се разболе.+

11 Од кого се исплаши и се боеше,+ па почна да лажеш?+ А на мене не се сети.+ Ништо не зеде присрце.+ Зарем не молчев и не го криев сето тоа?+ Затоа ти не се боеше од мене.+ 12 Јас ќе објавам каква е твојата праведност+ и какви се твоите дела+ — тие не можат да ти помогнат.+ 13 Кога ќе повикаш за помош, нема да те избават идолите што си ги собрала,+ туку сите нив ќе ги однесе ветрот,+ здивот ќе ги дувне. А оној што бара прибежиште кај мене+ ќе ја наследи земјата и ќе ја заземе мојата света гора.+ 14 Ќе велат: ‚Насипувајте, насипувајте! Исчистете го патот!+ Отстранете ги препреките од патот на мојот народ!‘ “+

15 Зашто, вака вели Вишниот и Возвишен,+ кој живее во сета вечност+ и чие име е свето:+ „Јас живеам во висините и на свето место,+ а јас сум и со оние што имаат скршен и понизен дух,+ за да го оживеам духот на понизните, да го оживеам срцето на скршените.+ 16 Зашто, нема да се препирам довека ниту ќе се гневам довека,+ оти инаку пред мене би исчезнала животната сила*+ и би ги снемало суштествата што дишат, кои ги создадов јас.+

17 Поради неговата расипаност, што одеше по неправедна добивка,+ јас се разгневив и почнав да го удирам, во гневот го свртив своето лице.+ Но, тој се одметна+ и одеше по патот на своето срце. 18 Ги видов неговите патишта и почнав да го лекувам,+ да го водам+ и да ги тешам+ него и неговите разжалостени“.+

19 „Јас го создавам плодот на усните.+ Траен мир ќе има оној што е далеку и оној што е близу“,+ вели Јехова, „и јас ќе го излекувам.“+

20 „А злите се како разбранувано море кое не може да се смири и чии води исфрлаат морска трева и кал. 21 Нема мир за злите!“+ — вели мојот Бог.

58 „Викај колку што грло те држи, немој да се воздржуваш!+ Крени го гласот како рог и укажи му на мојот народ на неговото бунтовништво,+ на домот на Јаков на неговите гревови! 2 Од ден на ден тие ме бараат и сакаат да ги запознаат моите патишта,+ како народ што го прави она што е праведно и не ја остава правдата на својот Бог;+ од мене бараат праведни пресуди и сакаат да ми се приближат, па велат:+

3 ‚Зошто постиме, ако ти не гледаш,+ и зошто ја жалостиме својата душа,+ а тебе не ти е грижа за тоа?‘+

Во денот на постот го правите она што вам ви е мило и ги терате на работа своите работници.+ 4 Вие постите за да се препирате и да се карате+ и злобно да ги удирате другите со тупаница.+ Зарем не постите затоа што мислите дека вашиот глас поради тоа ќе се чуе во висините? 5 Зарем таков пост избрав јас: тоа да биде ден во кој земниот човек ја жалости душата,+ ја наведнува главата како рогозина и за легло си простира козина и пепел?+ Зарем тоа го викате пост и ден што му е по волја на Јехова?+

6 Зарем не е ова постот што го избрав: да ги симнете оковите ставени од злоба,+ да ги одврзете врските на јаремот+ и да ги пуштите на слобода угнетените,+ да го скршите секој јарем?+ 7 Зарем не треба да го поделите својот леб со гладните+ и да ги примите страдалниците и бездомниците во својата куќа?+ И ако видите гол човек, зарем не треба да го покриете+ и да не се криете од оние што се ваше тело?+

8 Тогаш твојата светлина би блеснала како зора+ и брзо би дошло твоето оздравување.+ И твојата праведност би одела пред тебе,+ а славата на Јехова би те чувала одзади.+ 9 Тогаш да повикаш, Јехова би ти одговорил. Кога би повикал за помош,+ тој би рекол: ‚Еве ме!‘

Ако го отстраниш јаремот+ од својата средина и престанеш да покажуваш со прстот+ на други и да зборуваш лошо,+ 10 ако му го дадеш на гладниот она што го сака твојата душа+ и ја наситиш душата што е во неволја, тогаш ќе светне твојата светлина и во мрак, а твојата темнина ќе стане како пладне.+ 11 Јехова ќе те води+ без престан+ и ќе ја сити твојата душа во исушена земја,+ ќе ги јакне твоите коски.+ И ќе бидеш како добро наводнета градина+ и како воден извор чии води нема да пресушат. 12 На твој збор ќе бидат изградени одамна опустошени места,+ ќе ги подигнеш темелите што биле пусти со поколенија.+ И ќе те викаат обновител на оштетените ѕидови,+ обновител на патиштата што водат до населените места.

13 Ако ја одвратиш својата нога да не го правиш она што тебе ти е мило на ден за одмор,* мојот свет ден,+ и ако денот за одмор го наречеш радост, свет ден на Јехова, славен ден,+ и ако го славиш наместо да одиш по своите патишта, наместо да го правиш она што тебе ти е мило и да кажуваш празни зборови, 14 тогаш јас, Јехова, ќе бидам твојата радост+ и ќе те изведам на земните височинки.+ Ќе ти дадам да го јадеш наследството на Јаков, твојот татко,+ зашто тоа се зборовите од устата на Јехова.“+

59 Гледај, раката на Јехова не станала прекратка, па да не може да спаси,+ ниту неговото уво толку оглувело, па да не може да чуе.+ 2 Не, туку вашите престапи создаваат јаз помеѓу вас и вашиот Бог,+ и поради вашите гревови, тој го сврти своето лице од вас за да не слуша.+ 3 Зашто, рацете ви се извалкани со крв,+ а прстите со престап. Вашите усни зборуваат лага,+ вашиот јазик мрмори неправда.+ 4 Никој не подига глас од праведност+ и никој што оди на суд не ја кажува вистината. Се надеваат на ништожност+ и го зборуваат она што е безвредно.+ Зачнуваат неволја и раѓаат зло.+

5 Лежат на јајца од змија отровница и ткаат пајакова+ мрежа. Ако некој изеде нивно јајце, ќе умре, а ако го скрши, од него ќе се изведе отровница.+ 6 Нивната пајажина не може да послужи како облека и не можат да се покријат со своите дела.+ Нивните дела се зли, вршат неправда со своите раце.+ 7 Нивните нозе трчаат кон зло+ и итаат за да пролеат невина крв.+ Нивните мисли се зли,+ на нивните патишта има пустошење и сотирање.*+ 8 Не се обѕираат на патот на мирот+ и нема правда на нивните патеки.+ Си ги расипале своите патишта.+ Ниту еден што оди по нив нема да знае за мир.+

9 Затоа е правдата далеку од нас и праведноста не допира до нас. Се надеваме на светлина, а ете темнина, и на светлост, а одиме во мрак.+ 10 Како слепци го пипаме ѕидот, пипаме како оние што немаат очи.+ Се сопнуваме на пладне како во самрак, меѓу силните сме како мртви.+ 11 Сите ’ржиме како мечки и гукаме тажно како гулабици.+ Се надеваме на правда,+ а неа ја нема, и на спасение, а тоа останува далеку од нас.+ 12 Зашто, многубројни се нашите бунтовнички престапи пред тебе+ и секој наш грев сведочи против нас.+ Нѐ следат нашите бунтовнички престапи, добро ја знаеме својата вина.+ 13 Правевме престапи и се откажавме од Јехова,+ отстапивме од својот Бог, зборувавме за угнетување и бунт,+ измислувавме и мрморевме лажни зборови од своето срце.+ 14 Правдата е потисната,+ а праведноста стои далеку.+ Вистината се тетерави на плоштадот, и она што е право не може да пријде.+ 15 Вистината исчезна,+ а оној што се отстранува од злото, него го ограбуваат.+

Јехова го виде тоа, и беше зло во негови очи тоа што нема правда.+ 16 И виде дека нема човек кој би направил нешто, се зачуди што нема кој да преземе нешто.+ Неговата рака донесе спасение и неговата праведност го поддржа.+ 17 Тогаш ја облече праведноста како оклоп,+ на главата си го стави шлемот на спасението.+ Ги облече облеките на одмаздата+ како да се руво и се наметна со ревноста како со наметка.+ 18 Секому ќе му врати според делата:+ гнев на своите противници, на своите непријатели она што го заслужиле.+ На островите* ќе им го возврати она што го заслужиле.+ 19 Од запад ќе се плашат од името на Јехова,+ а од исток од неговата слава,+ зашто тој ќе дојде како застрашувачка река која ја тера духот на Јехова.+

20 „Откупителот+ ќе дојде кај Сион+ и кај оние во Јаков што се одвраќаат од престапот“,+ вели Јехова.

21 „Ова е мојот сојуз со нив“,+ вели Јехова.

„Мојот дух што е врз тебе+ и моите зборови што ти ги ставив во устата+ нема да бидат одземени од твојата уста, ниту од устата на твоето потомство, ниту од устата на потомците на твоето потомство“, вели Јехова, „отсега и довека.“+

60 „Стани,+ жено, засвети,+ зашто дојде твојата светлина,+ и славата на Јехова блесна над тебе!+ 2 Зашто, еве, мрак+ ќе ја покрие земјата и густа темнина народите, а над тебе ќе блесне Јехова, и неговата слава ќе се види над тебе.+ 3 Народи ќе одат кон твојата светлина+ и цареви+ кон сјајот со кој блескаш.+

4 Подигни ги очите и погледни наоколу! Сите се собрале+ и доаѓаат кај тебе.+ Оддалеку доаѓаат твоите синови и твоите ќерки кои ги негуваат и ги носат во прегратки.+ 5 Тогаш ќе гледаш и ќе светнеш од радост,+ срцето ќе ти заигра од голема радост, зашто кон тебе ќе се упати морското богатство, богатството на народите ќе дојде кај тебе.+ 6 Мноштво камили ќе те прекријат, млади камили од Мадијам и од Ефа.+ Сите од Сава+ ќе дојдат. Злато и темјан ќе донесат. Фалбите на Јехова ќе ги објавуваат.+ 7 Сите кидарски+ стада ќе бидат собрани кај тебе. Овните од Навајот+ ќе ти служат.+ Ќе дојдат на мојот жртвеник+ како пријатна жртва, а јас ќе го украсам својот убав дом.+

8 Кои се оние што летаат како облак,+ како гулаби кон своите гулабарници? 9 Зашто, на мене ќе се надеваат сите острови,+ тарсиските бродови+ како и порано, за да ги донесат твоите синови оддалеку,+ а со нив и нивното сребро и нивното злато,+ кај името+ на Јехова, твојот Бог, кај Светецот на Израел,+ зашто тој ќе те украси.+ 10 Туѓинци ќе ги градат твоите ѕидови+ и нивните цареви ќе ти служат,+ зашто во својот гнев ќе те удрам,+ но во својата милост ќе ти се смилувам.+

11 Твоите порти ќе бидат постојано отворени,+ нема да се затвораат ни дење ни ноќе, за да влезе низ нив богатството на народите,+ а на чело ќе бидат нивните цареви.+ 12 Зашто, секој народ и секое царство што нема да ти служи, ќе биде сотрено, и народите ќе пропаднат.+

13 Кај тебе ќе дојдат славата на Ливан, смреката, јасенот и кипарисот заедно,+ за да го украсат местото каде што е моето светилиште.+ И јас ќе го прославам подножјето на своите нозе.+

14 Синовите на твоите угнетувачи ќе доаѓаат кај тебе и ќе ти се клањаат,+ и сите што те презираа ќе паѓаат пред твоите стапала+ и ќе те викаат град на Јехова, Сион+ на Израеловиот Светец.

15 Повеќе нема да бидеш оставена ниту омразена, град низ кој никој не поминува,+ туку ќе направам да бидеш гордост довека, радост од поколение во поколение.+ 16 И ќе го цицаш млекото на народите,+ ќе цицаш од градите на цареви.+ И ќе знаеш дека јас, Јехова,+ сум твојот Спасител,+ дека Силата+ на Јаков е твојот Откупител.+ 17 Наместо бакар ќе донесам злато,+ наместо железо ќе донесам сребро, наместо дрво — бакар, наместо камења — железо. Ќе го поставам мирот за твој надгледник+ и правдата за твој управител.+

18 Повеќе нема да се слуша за насилство во твојата земја, ниту за пустошење и сотирање во твоите граници.+ Своите ѕидови ќе ги викаш Спасение+ и својата порта — Слава. 19 Сонцето повеќе нема да ти биде светлина дење и сјајната месечина повеќе нема да ти дава светлина, туку Јехова ќе ти биде вечна светлина,+ твојот Бог ќе биде твојата убавина.+ 20 Твоето сонце повеќе нема да заоѓа, ниту твојата месечина ќе го губи сјајот, зашто Јехова ќе ти биде вечна светлина,+ и ќе завршат деновите на твојата тага.+ 21 Сите во твојот народ ќе бидат праведни,+ довека ќе ја поседуваат земјата,+ ќе бидат подници од мојот насад,+ дело на моите раце,+ за моја убавина.+ 22 Од малиот ќе стане илјада, и од незначителниот — силен народ.+ Јас, Јехова, ќе го забрзам тоа кога ќе дојде време.“+

61 Духот на Севишниот Господар Јехова е врз мене,+ зашто Јехова ме помаза+ за да им ја објавам добрата вест на кротките.+ Ме испрати да им ги превијам раните на оние што се со скршено срце,+ да им објавам слобода на заробениците+ и отворање на очите на затворениците,+ 2 да ја објавам годината на Јеховината милост+ и денот на одмаздата на нашиот Бог,+ да ги утешам сите што тагуваат,+ 3 да ги дарувам оние што тагуваат поради Сион, да им дадам покривало за главата наместо пепел,+ масло на радост+ наместо тага, и наметка на фалба наместо потиштен дух.+ И ќе ги викаат дрвја на праведноста,+ насадени од Јехова,+ за негова убавина.+ 4 Тие повторно ќе ги изградат одамна опустошените места,+ ќе ги подигнат местата што се одамна пусти,+ ќе ги обноват опустошените градови,+ местата што се пусти со поколенија.

5 „Странци ќе дојдат и ќе ги пасат вашите стада,+ туѓинци+ ќе ви бидат земјоделци и лозари.+ 6 А вас ќе ве викаат свештеници на Јехова,+ ќе ве нарекуваат слуги+ на нашиот Бог. Вие ќе го јадете богатството на народите,+ ќе се гордеете со нивното благо.+ 7 Наместо срам, мојот народ ќе добие двоен дел,+ наместо понижување, ќе воскликнува радосно поради своето наследство.+ Затоа во својата земја ќе добијат во сопственост двоен дел.+ Тие ќе имаат вечна радост.+ 8 Зашто јас, Јехова, ја сакам правдата,+ а ги мразам грабежот и неправдата.+ Ќе бидам верен и ќе им дадам плата+ и ќе склучам траен сојуз со нив.+ 9 Нивното потомство ќе биде познато меѓу народите+ и нивните потомци меѓу племињата. Сите што ќе ги видат, ќе ги препознаат+ дека се род кој Јехова го благословил.“+

10 Јас ќе му се радувам на Јехова.+ Мојата душа ќе се весели поради мојот Бог.+ Зашто, тој ме облече во облеки на спасението,+ ме наметна со наметка на праведноста,+ како младоженец кој, како свештеник, става покривало за глава,+ и како невеста која се украсува со накит.+ 11 Зашто, како што земјата го пушта својот подник и како што во градината никнува она што е посеано во неа,+ така и Севишниот Господар Јехова ќе даде да никне праведност+ и фалба пред сите народи.+

62 Заради Сион, нема да молчам,+ заради Ерусалим,+ нема да мирувам додека неговата праведност не засвети како светлост+ и неговото спасение како запален факел.+

2 „Народите ќе ја видат твојата праведност,+ жено,+ и сите цареви — твојата слава.+ И ќе те наречат со ново име,+ кое ќе го одреди устата на Јехова. 3 Ќе бидеш прекрасна круна во раката на Јехова,+ царски турбан на дланката на својот Бог. 4 За тебе повеќе нема да се зборува дека си оставена,+ и за твојата земја повеќе нема да велат дека е напуштена,+ туку тебе ќе те викаат Моја Радост,+ а твојата земја — Жена Што Има Маж.* Зашто, ти ќе бидеш радост Јеховина, а твојата земја ќе има свој маж.+ 5 И како што момче зема девојка за жена, така твоите синови ќе те земат тебе за жена.+ И како што младоженецот ѝ се радува на својата невеста,+ така мојот Бог ќе ти се радува тебе.+ 6 На твоите ѕидови, Ерусалиме, поставив стражари.+ Никогаш, ни дење ни ноќе, не смеат да молчат.+

Вие што го спомнувате Јехова,+ немојте да молчите+ 7 и не давајте му мир додека не го утврди Ерусалим, додека не го направи фалба на земјата.“+

8 Јехова се заколна во својата десница+ и во својата силна рака:+ „Твоето жито нема повеќе да им го давам за храна на твоите непријатели,+ и нема повеќе туѓинци да го пијат твоето младо вино+ за кое си се трудел. 9 Ќе го јадат оние што го жнееле, и ќе го фалат Јехова. Оние што го береле грозјето ќе го пијат во моите свети дворови“.+

10 Поминете, поминете низ вратата! Исчистете му го патот на народот!+ Насипете, насипете го друмот! Отстранете ги камењата од него!+ Подигнете им собирен знак на народите!+

11 Еве, Јехова објавува до крајот на земјата:+ „Речете ѝ на сионската ќерка:+ ‚Еве, твоето спасение доаѓа.+ Еве, кај него е наградата што ја дава,+ пред него е платата што ја дели!‘ “+

12 Луѓето ќе ги викаат свет народ,+ оние што ги откупил Јехова,+ а тебе ќе те викаат Барана, Град Што Не Е Оставен.+

63 Кој е тој што доаѓа од Едом,+ од Восор+ во облека со јаки бои, во величествена облека, и чекори полн со сила?

„Јас сум тој што зборува во праведност,+ кој е полн со спасоносна сила.“+

2 Зошто ти е црвена облеката, и зошто се твоите облеки како на оние што гмечат грозје во гмечало?+

3 „Сам газев во кацата,+ ниту еден човек од народите не беше со мене. Ги газев во својот гнев,+ ги гмечев во својата лутина.+ Нивната крв бликаше и ми прскаше по облеката,+ па сите алишта ми се извалкаа. 4 Зашто, во срцето ми е денот на одмаздата,+ дојде годината за откупување на оние што се мои. 5 Гледав, но немаше помошник. Се чудев, но немаше кој да даде поддршка.+ Тогаш мојата рака донесе спасение,+ мојата лутина+ ме поддржа. 6 И ги газев народите во својот гнев, ги опив со својата лутина+ и ја пролеав на земјата нивната крв што бликаше.“+

7 Ќе ја спомнувам милоста* на Јехова,+ ќе го фалам Јехова, за сѐ што ни направи Јехова,+ за големата добрина спрема домот на Израел+ што му ја покажа поради своето милосрдие+ и поради својата голема милост. 8 Тој рече: „Навистина, тие се мој народ,+ синови кои никогаш нема да изневерат“.+ И така тој им стана Спасител.+ 9 Во сите нивни неволји тој чувствуваше болка.+ Неговиот гласник ги спаси.+ Во својата љубов и во својата сомилост ги откупи,+ ги подигаше и ги носеше во сите дамнешни дни.+

10 Но, тие се бунеа+ и го жалостеа неговиот свет дух.+ Затоа тој им стана непријател,+ војуваше против нив.+ 11 А тогаш народот се сети на дамнешните денови, на Мојсеј, неговиот слуга: „Каде е оној што ги изведе од морето+ со пастирите на своето стадо?+ Каде е оној што го стави во него својот свет дух,+ 12 оној што со својата прекрасна рака+ одеше покрај Мојсеевата десница, оној што ги раздвои водите пред нив+ за да си стекне вечно име,+ 13 оној што ги водеше низ разбрануваните води, така што, како коњ во пустина, не се сопнуваа?+ 14 Како што животното слегува во долината, така Јеховиниот дух ги водеше до починката“.+

Така ти го водеше својот народ за да си стекнеш прекрасно име.+

15 Погледни од небото+ и види од своето возвишено живеалиште, свето и прекрасно!+ Каде ти е ревноста+ и сета сила, каде е твојата длабока трогнатост,+ каде е твоето милосрдие?+ Од сето тоа јас сум лишен.+ 16 Ти си наш татко.+ Дури и Авраам да не сака да знае за нас, дури и Израел да не нѐ признае, ти Јехова, сепак би бил наш Татко. Наш Откупител од дамнина, тоа е твоето име.+ 17 О Јехова, зошто нѐ пушти да залутаме од твоите патишта? Зошто допушти да се стврдне нашето срце и да не се бои од тебе?+ Врати се заради твоите слуги, заради племињата што се твое наследство!+ 18 Твојот свет народ+ кратко го имаше својот посед. Нашите противници го газат твоето светилиште.+ 19 Одамна станавме како оние над кои ти не владееш, како оние што не го носат твоето име.+

64 О, да ги раскинеше небесата и да слезеше,+ па да се затресеа планините од тебе,+ 2 како кога огнот ќе ги запали сувите гранки и ќе направи водата да зоврие, за да им се објави твоето име на твоите противници+ и од тебе да затреперат сите народи!+ 3 Додека правеше застрашувачки дела+ на кои не се надевавме, ти слезе и од тебе се затресоа планините.+ 4 Од дамнина не се чуло,+ ниту се слушнало, ниту окото видело некој друг бог, освен тебе,+ да прави нешто за оној што го чека него.+ 5 Ти му доаѓаш на помош на оној што се радува и го прави она што е праведно,+ на оние што размислуваат за тебе и одат по твоите патишта.+

Еве, ти се разгневи+ бидејќи правевме гревови,+ долго одевме во нив. Можеме ли да се спасиме?+ 6 Станавме како нечист човек, сите ние, и сите наши праведни дела се како облека што ја носи жената кога има месечен ред.+ Сите ќе овенеме како лисје,+ нашите престапи ќе нѐ однесат како ветар.+ 7 Никој не го повикува твоето име,+ никој не станува за да се држи за тебе, а ти го сврте своето лице од нас,+ нѐ растопуваш+ со силата на нашиот престап.

8 О Јехова, ти си наш Татко.+ Ние сме глина,+ а ти си нашиот Грнчар,+ и сите сме дело на твоите раце.+ 9 Немој, Јехова, да се гневиш жестоко,+ и немој довека да се сеќаваш на нашиот престап!+ Погледни, те молам, сите ние сме твој народ!+ 10 Твоите свети градови+ се претворија во пустина. Сион+ се претвори во пустина, Ерусалим во гола пустош.+ 11 Нашиот свет и прекрасен дом,+ во кој те фалеа нашите татковци,+ стана нешто што се гори во оган.+ Сѐ што ни беше драгоцено,+ сега е опустошено. 12 Зарем и покрај тоа, о Јехова, и понатаму ќе се воздржуваш?+ Зарем ќе останеш мирен и ќе нѐ оставиш да трпиме толку тешки маки?+

65 „Дозволив да ме бараат+ оние што не прашаа за мене.+ Дозволив да ме најдат* оние што не ме бараа.+ На народот што не го повикуваше моето име+ му реков: ‚Еве ме, еве ме!‘+

2 Цел ден ги подавам рацете кон тврдокорен+ народ, кој оди по пат што не е добар+ и оди по своите мисли,+ 3 кон народ што постојано ме навредува+ в лице, бидејќи принесува жртви во градините+ и ги гори приносите+ на тули,* 4 седи меѓу гробови,+ ноќите ги поминува по колибите за бдеење, јаде свинско месо+ и во неговите чинии има супа од она што е нечисто,+ 5 и вели: ‚Застани! Не приоѓај ми, за мојата светост да не премине на тебе!‘+ Тие ми се чад во носниците,+ оган што гори по цел ден.+

6 Еве, напишано е пред мене.+ Нема да молчам,+ туку ќе им платам,+ ќе им платам во нивните пазуви,+ 7 за нивните престапи и за престапите на нивните татковци заедно“,+ вели Јехова. „Поради тоа што гореа приноси на планините и ме срамотеа+ на ридовите,+ пред да направам што и да е друго, јас ќе им ја одмерам платата во нивните пазуви.“+

8 Вака вели Јехова: „Како што велат за гроздот во кој се наоѓа младото вино:+ ‚Не уништувајте го,+ зашто во него има благослов!‘+ — така ќе направам и јас поради своите слуги за да не ги уништам сите.+ 9 Ќе изведам од Јаков потомство+ и од Јуда наследник на моите планини,+ и моите избраници ќе ја заземат земјата,+ моите слуги ќе живеат таму.+ 10 Сарон+ ќе стане пасиште за овци,+ а долината Ахор+ пладниште за стока — за мојот народ што ќе ме бара мене.+

11 А вие го оставате Јехова,+ ја заборавате мојата света гора,+ му поставувате трпеза на богот на Среќата+ и му точите зачинето вино на богот на Судбината.+ 12 Јас ќе направам мечот+ да биде ваша судбина и сите ќе паднете на колена за да ве заколат.+ Зашто, повикував,+ но не се одѕвавте, зборував, но не слушавте,+ туку го правевте она што е зло во мои очи+ и го избравте она што не ми е по волја“.+

13 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, моите слуги ќе јадат,+ а вие ќе гладувате.+ Еве, моите слуги ќе пијат,+ а вие ќе жедувате.+ Еве, моите слуги ќе се радуваат,+ а вие ќе се срамите.+ 14 Еве, моите слуги ќе воскликнуваат од радост во срцето,+ а вие ќе викате од болка во срцето и горко ќе плачете поради скршениот дух.+ 15 Ќе го оставите своето име за да се заколнуваат* моите избраници, и Севишниот Господар Јехова ќе го погуби секого од вас,+ а своите слуги ќе ги нарече со друго име.+ 16 И секој што ќе бара благослов на земјата, ќе бара благослов од верниот Бог,+ и секој што ќе се заколнува на земјата, ќе се заколнува во верниот Бог.+ Зашто, поранешните неволји ќе бидат заборавени и ќе бидат скриени од моиве очи.+

17 Зашто, еве, јас создавам нови небеса+ и нова земја.+ Она што беше порано нема да доаѓа во сеќавање,+ ниту ќе се јавува во срцето.+ 18 Туку, радувајте се+ и веселете се довека поради она што го создавам!+ Зашто, еве, ќе направам Ерусалим да биде причина за веселба и неговиот народ причина за радост.+ 19 Ќе се веселам поради Ерусалим и ќе се радувам поради својот народ,+ и во него повеќе нема да се чуе ниту плач ниту тажен лелек“.+

20 „Таму ќе нема доенче што ќе живее само неколку дена,+ ниту старец кој нема да ги проживее сите свои години.+ Зашто, дури и некој да умре на сто години, ќе биде само дете, а грешникот ќе биде проколнуван, дури и да има сто години.+ 21 Тие ќе градат куќи и ќе живеат во нив,+ ќе садат лозја и ќе го јадат нивниот род.+ 22 Нема тие да градат, а некој друг да живее во нив, нема тие да садат, а некој друг да го јаде нивниот род. Зашто, деновите на мојот народ ќе бидат како деновите на дрвото,+ и моите избраници ќе уживаат во плодовите на своите раце.+ 23 Нема да се трудат залудно+ и нема да раѓаат деца што ќе доживеат несреќа,+ зашто тие се потомство благословено од Јехова,+ тие и нивните потомци.+ 24 Пред да ме повикаат, јас ќе им се одѕвијам;+ уште ќе зборуваат, а јас ќе ги услишам.+

25 Волкот+ и јагнето ќе пасат заедно,+ лавот ќе јаде слама како говедо,+ а змијата ќе се храни со прав.+ Нема повеќе да се прави зло+ и нема да се пустоши на целата моја света гора“,+ вели Јехова.

66 Вака вели Јехова: „Небесата се мојот престол,+ а земјата ми е подножје+ на нозете. Тогаш, каде можете да ми изградите дом?+ Тогаш, каде е местото за моето живеалиште?“+

2 „Сето тоа го направи мојата рака, и така настана“,+ вели Јехова. „На оној што е страдалник и со потиштен дух+ и трепери од мојата реч,+ него ќе го погледнам.

3 Кога некој коле бик, исто како да убива човек.+ Кога некој жртвува овца, исто како да му крши врат на куче.+ Кога некој принесува дар, исто како да принесува свинска крв!+ Кога некој принесува темјан+ за спомен, исто како да кажува благослов со гатање.+ Тие ги избрале своите патишта и нивната душа ужива во нивните гадотии.+ 4 А јас ќе изберам за нив немилосрдни неволји+ и ќе го доведам против нив она од кое се плашат.+ Зашто, повикував, но никој не се одѕва, зборував, но никој не слушаше,+ туку го правеа она што е зло во мои очи и го избраа она што не ми е по волја.“+

5 Чујте ја Јеховината реч, вие што треперите од неговата реч:+ „Вашите браќа што ве мразат+ и ве отфрлаат поради моето име,+ велат: ‚Нека се прослави Јехова!‘+ Тој и ќе се појави, и вие ќе се радувате,+ а тие ќе бидат посрамени“.+

6 Се слуша врева од градот, звук од храмот!+ Се слуша како Јехова им го плаќа на своите непријатели она што го заслужиле.+

7 Пред да добие родилни болки, тој се породи.+ Пред да го снајдат породилни маки, тој роди машко.+ 8 Кој чул такво нешто?+ Кој видел такво нешто?+ Се раѓа ли земја+ во еден ден?+ Се раѓа ли народ+ наеднаш?+ А Сион, штом доби родилни болки, ги роди своите синови.

9 „Зарем ќе ја отворам материцата, без да ѝ дадам да раѓа?“+ — вели Јехова. „Зарем ќе ѝ дадам да раѓа, и истовремено ќе ја затворам?“ — вели твојот Бог.

10 Радувајте се со Ерусалим и веселете се со него,+ сите вие што го сакате!+ Воскликнувајте радосно со него, сите вие што тагувате поради него!+ 11 Зашто, вие ќе цицате и ќе се наситите и ќе најдете утеха на неговите гради, ќе пиете и ќе се насладувате на градите на неговата слава.+ 12 Зашто, вака вели Јехова: „Еве, ќе му дадам мир како река+ и славата на народите како надојден поток,+ а вие ќе цицате од неговите гради.+ Тој ќе ве носи в прегратка и на колена ќе ве милува.+ 13 Како човек што го теши мајка му, така јас ќе ве тешам вас.+ Ерусалим ќе ви биде утеха.+ 14 Ќе видите, и вашето срце ќе се радува+ и вашите коски+ ќе процветаат како млада трева.+ Раката на Јехова ќе им се покаже на неговите слуги,+ а своите непријатели тој ќе ги осуди“.+

15 „Зашто, еве, Јехова доаѓа како оган+ и неговите коли како виор,+ за да им се одмазди и да го излее врз нив својот лут гнев и да ги казни со огнен пламен.+ 16 Зашто, Јехова како оган ќе го поведе својот спор со својот меч+ против секој човек, и многубројни ќе бидат убиените од Јехова.+ 17 Тие што обредно се посветуваат и се чистат за да одат во градините+ и да стојат зад она што е во средината, тие што јадат свинско месо+ и гадотии, глодари што скокаат,+ сите заедно ќе изгинат“, вели Јехова. 18 „А што се однесува до нивните дела+ и нивните мисли,+ доаѓам да ги соберам сите народи и јазици,+ и тие ќе дојдат и ќе ја видат мојата слава.“+

19 „Ќе поставам знак меѓу нив+ и ќе испратам некои од преживеаните кај народите,+ во Тарсис,+ Фул и Луд,+ кај оние што затегнуваат лак, во Тувал и Јаван,+ на далечните острови*+ кои не чуле глас за мене и не ја виделе мојата слава.+ Тие ќе раскажуваат за мојата слава меѓу народите.+ 20 Ќе ги доведат сите ваши браќа од сите народи+ како дар за Јехова+ — на коњи, на коли, на покриени коли, на маски и на брзи камили+ — на мојата света гора,+ во Ерусалим“, вели Јехова, „како што синовите на Израел донесуваат дар во чист сад во домот на Јехова.“+

21 „И од нив ќе земам некои за свештеници, за левити“, вели Јехова.

22 „Зашто, како што новите небеса+ и новата земја+ што ги создавам јас стојат пред мене“,+ вели Јехова, „така ќе стои и вашето потомство и вашето име.“+

23 „Од млада месечина до млада месечина и од ден за одмор* до ден за одмор, секој човек ќе доаѓа да се поклони пред мене“,+ вели Јехова. 24 „И ќе заминуваат и ќе ги гледаат труповите на луѓето што ми грешеле,+ зашто црвите на нив нема да умрат и нивниот оган нема да угасне,+ и ќе им бидат одвратни на сите луѓе.“+

Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Или: „пченично пиво“.

Или: „пред стравот од Господарот и пред неговата славна моќ“, според Септуагинтата (LXX). Спореди со 2Со 1:9.

Буквално: „куќите/домовите на душата“.

Околу 22 литри. Види го додатокот 13.

Околу 220 литри.

Околу 22 литри.

Буквално: „шеолот“.

Серафими се ангели на многу висока положба.

Буквално: „Замолчен сум“.

Или: „потомство“.

„Сеар-Јасув“ значи „остаток (оние што ќе преостанат) ќе се врати“.

Буквално: „шеолот“. Види го додатокот 3.

„Емануел“ значи „со нас е Бог“. Види Мт 1:23.

Односно Еуфрат.

Веројатно се мисли на влакната околу половиот орган.

„Махер-Шалал-Хаш-Баз“ значи „Поитај, грабежу! [Или: Да се поита на грабеж.] Брз на плен“.

„Силоа“ бил водоводен канал.

Види ја фуснотата за Иса 7:14.

„Бог е со нас“ — хебрејски: имману ел. Види ја фуснотата за Иса 7:14.

Или: „се служат со зборување од стомак“.

„Еден остаток ќе се врати“ — хебрејски: сеар јасув, истиот израз што се користи во Иса 7:3 како лично име „Сеар Јасув“. Види ја фуснотата за Иса 7:3.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Буквално: „со духот“.

Или: „привремено (повремено) ќе живее со јагнето“.

Или: „Етиопија“.

Види ги фуснотата за 2Мо 15:2 и додатокот 1.

Буквално: „на своите посветени“.

Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Кесил“ во Јов 9:9.

Буквално: „плодното тло“.

Изразот се однесува на демони или на животни кои ги потсетувале луѓето на демони.

Или: „пословични (мудри) зборови“.

Буквално: „шеолот“.

Буквално: „шеолот“.

Буквално: „шеолот“.

Буквално: „плодното тло“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „ашерите“.

Текстот му е упатен на градот во кој се обожава Јехова.

Буквално: „плодното тло“.

„Ноф“ е хебрејско име за Мемфис.

Види ја фуснотата за 2Ца 18:17.

Односно, „скудно облечен“.

„Дума“ (што значи „тишина“) е пророчко име за Едом.

Изразот „викотница“ може да се однесува на повик за помош или на воен вик.

Или: „островите“.

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

По сѐ изгледа дека изразот се однесува на истокот, односно на источниот хоризонт.

Или: „ти ги избавуваш од зли луѓе“, според Септуагинтата (LXX). Спореди со 2Со 3:2.

Буквално: „проголта“.

Види ги фуснотата за 2Мо 15:2 и додатокот 1.

Буквално: „дух“.

Буквално: „плодното тло“.

Или: „Оган ќе ги проголта противниците“, според Септуагинтата (LXX). Спореди со Ев 10:27.

Види ја фуснотата за Јов 3:8.

Буквално: „плодно тло“.

Или: „ашерите“.

Види го додатокот 12.

Станува збор за ономатопеја која е слична на зборовите на пророкот: сав ла сав, сав ла сав, кав ла кав, кав ла кав, зеер шам, зеер шам.

Буквално: „Шеолот“.

Или: „либела; справа за определување на хоризонталната положба на предметите“.

Буквално: „Шеолот“.

Или: „црн ким“.

Види ја фуснотата за 2Мо 9:32.

„Ариел“ веројатно значи „огниште на Божјиот жртвеник“, а се однесува на Ерусалим.

Буквално: „душата“.

Буквално: „душата“.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Буквално: „душа“.

Буквално: „Соблечете се до гола кожа“.

Буквално: „дух“.

Буквално: „оди“.

Или: „флота од галии“.

Буквално: „плодното тло“.

Или: „Ќе ги затре како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Или: „за херем“.

Види ја фуснотата за Иса 13:21.

Или: „ноќни ластовици“.

Види ја фуснотата за 2Ца 18:17.

Или: „арамејски“.

Или: „хебрејски“.

Или: „резервоар“.

Види ја фуснотата за 2Ца 18:17.

Буквално: „Ќе ставам дух во него“.

Или: „ги опустошија како херем“.

Херувими се ангели на висока положба.

Или: „терасите; терасовидните ниви“.

Буквално: „одев пред тебе“.

Или: „според вистината; вистинито“.

Буквално: „шеолот“.

Или: „како и за сите, таа е живот на мојот дух“.

Буквално: „шеолот“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „дух“.

Или: „Поради изобилството енергија со која задвижува сѐ“.

Или: „приморски краишта“. Станува збор за Средоземното Море.

Или: „Приморските краишта“.

Или: „На неговото име ќе се надеваат народите“, според Септуагинтата (LXX). Види Мт 12:21.

Или: „да биде херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Види ја фуснотата за 5Мо 32:15.

Или: „потомство“.

Или: „и секој јазик јавно ќе го признае Бог“, според Септуагинтата (LXX). Види Ри 14:11.

Буквално: „нивните души“.

Или: „тетива“.

Или: „приморски краишта“.

Или: „Во поволното (прифатливо) време“.

Или: „слатко вино“.

Буквално: „сопственик (господар)“.

Буквално: „сопственик (господар)“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „лојална љубов“.

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Или: „Луѓето кои покажуваат лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „Сите што одат право, почиваат на своите постели“.

Буквално: „шеолот“.

Буквално: „премалел духот“.

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Или: „пропаст и беда“, според Септуагинтата (LXX). Види Ри 3:16.

Или: „приморските краишта“.

„Жена Што Има Маж (Сопственик)“ — хебрејски: Беула.

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „Ме најдоа“, според Септуагинтата (LXX). Види Ри 10:20.

Веројатно се мисли на тули со кои биле поплочени местата каде што се принесувале жртви или, пак, на рамните покриви на нивните куќи.

Или: „за да се проколнуваат“.

Или: „приморски краишта“.

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели