ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt Еремија 1:1-52:34
  • Еремија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Еремија
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Еремија

Еремија

1 Зборови на Еремија,+ синот на Хелкија, еден од свештениците што беа во Анатот,+ во земјата на Венијамин.+ 2 Нему му дојде Јеховината реч во деновите на Јосија,+ синот на Амон,+ цар на Јуда, во тринаесеттата година од неговото царување.+ 3 Таа доаѓаше и во деновите на Јоаким,+ синот на Јосија, цар на Јуда, сѐ до крајот на единаесеттата година на Седекија,+ синот на Јосија, цар на Јуда, сѐ додека Ерусалим не отиде во изгнанство во петтиот месец.+

4 И ми дојде Јеховината реч: 5 „Пред да те обликувам во утробата на мајка ти,+ јас те познавав.+ Пред да излезеш од нејзината утроба, јас те посветив.+ Те поставив за пророк на народите“.

6 А јас реков: „Леле, Севишен Господару Јехова! Еве, јас не знам да зборувам,+ зашто уште сум дете!“+

7 А Јехова ми одговори: „Не вели: ‚Уште сум дете‘. Туку оди кај сите кај кои ќе те испратам и кажи им сѐ што ќе ти заповедам!+ 8 Не плаши се од нивните лица,+ зашто ‚јас сум со тебе за да те избавам‘,+ вели Јехова“.

9 Тогаш Јехова ја пружи раката и со неа ми ја допре устата.+ И Јехова ми рече: „Еве, ги ставам своите зборови во твојата уста.+ 10 Гледај, денес те поставувам над народите и над царствата,+ за да искоренуваш и да рушиш, да уништуваш и да уриваш,+ да градиш и да садиш“.+

11 И пак ми дојде Јеховината реч: „Што гледаш, Еремија?“

Одговорив: „Гледам бадемова* гранка“.

12 Тогаш Јехова ми рече: „Добро гледаш, зашто јас бдеам* над својата реч за да ја извршам“.+

13 И ми дојде Јеховината реч по втор пат: „Што гледаш?“

Одговорив: „Гледам котел под кој се разгорува оган, а неговиот отвор гледа спротивно од северот“.

14 Тогаш Јехова ми рече: „Од север ќе биде пуштена неволјата врз сите жители на оваа земја.+ 15 Зашто, ‚еве, ги повикувам сите племиња на северните царства‘, вели Јехова,+ ,и тие ќе дојдат, и секое од нив ќе го постави својот престол пред ерусалимските порти,+ и ќе ги нападнат сите негови ѕидишта наоколу и сите градови на Јуда.+ 16 И ќе им изречам пресуда за сета нивна злоба,+ зашто ме оставија+ и им горат приноси на други богови+ и им се поклонуваат на делата на своите раце‘.+

17 А ти, заврати ги скутовите на својата облека,+ па стани и кажи им сѐ што ќе ти заповедам! Не плаши се од нив,+ зашто инаку јас ќе те натерам да се плашиш од нив. 18 Еве, јас те направив денес утврден град и железен столб и бакарен ѕид+ против целата оваа земја,+ против царевите на Јуда, против нејзините кнезови, против нејзините свештеници и против народот.*+ 19 Тие ќе се борат против тебе, но нема да те надвладеат,+ зашто ‚јас сум со тебе‘,+ вели Јехова, ,за да те избавам‘ “.+

2 И ми дојде Јеховината реч:+ 2 „Оди и викај за да чуе жената Ерусалим: ‚Вака вели Јехова:+ „Добро се сеќавам на оддаденоста* што ја покажуваше во својата младост,+ љубовта што ја имаше додека беше свршена,+ и како одеше со мене во пустината, во земја каде што не се сее.+ 3 Израел беше свет за Јехова,+ првина од неговите плодови“ ‘.+ ‚Секој што го проголтуваше, си навлекуваше вина врз себе.+ Неволја го снаоѓаше‘, рече Јехова“.+

4 Чујте ја Јеховината реч, доме Јаковов,+ сите семејства на домот на Израел!+ 5 Вака вели Јехова: „Каква неправда најдоа вашите татковци во мене,+ па се оддалечија од мене+ и одеа по ништожни идоли,+ та и самите станаа ништожни?+ 6 И не рекоа: ‚Каде е Јехова, кој нѐ изведе од египетската земја+ и нѐ водеше низ пустината, низ земја пуста+ и полна со јами, земја безводна+ и мрачна,+ земја низ која човек не поминал, ниту земен човек живеел во неа?‘

7 А јас ве доведов во земја на овоштарници за да јадете од нивниот род и од нивните добра.+ Но вие дојдовте и ја извалкавте мојата земја, моето наследство го направивте одвратно.+ 8 Свештениците не рекоа: ‚Каде е Јехова?‘+ Оние што се занимаваат со законот не ме познаваа,+ пастирите ми грешеа,+ пророците пророкуваа во името на Ваал,+ одеа по оние од кои нема корист.+

9 ‚Затоа ќе водам спор со вас‘,+ вели Јехова, ,и со синовите на вашите синови ќе водам спор.‘+

10 ‚Преминете на китимските брегови*+ и гледајте! Во Кидар+ испратете луѓе и добро размислете и испитајте дали некогаш се случило такво нешто!+ 11 Ги заменил ли некој народ своите богови,+ и тоа за оние што не се богови?+ А мојот народ ја замени мојата слава за нешто од кое нема корист.+ 12 Чудете се на тоа, небеса, и наежете се од голем ужас‘, вели Јехова,+ 13 ,зашто две зла направи мојот народ: ме оставија мене,+ изворот на жива вода,+ па си ископаа бунари,* испукани бунари, кои не можат да држат вода‘.

14 ‚Дали е Израел слуга?+ Дали е роб роден во куќата? Зошто стана плен? 15 Млади лавови рикаат на него,+ го подигаат гласот.+ Неговата земја ја претвораат во грозна глетка. Неговите градови се запалени, па нема жители.+ 16 Дури и синовите на Ноф*+ и Тафнис+ го оголија твоето теме.+ 17 Зарем не си го направи тоа самиот, оставајќи го Јехова, својот Бог,+ додека те водеше по патот?+ 18 Зошто да одиш во Египет+ за да пиеш вода од Сихор?+ Зошто да одиш во Асирија+ за да пиеш од Реката?* 19 Твојата злоба нека те поучи,+ твоите неверни дела нека те укорат!+ Сфати и увиди дека е зло и горчливо+ тоа што ме остави мене, Јехова, својот Бог, и не се исплаши од мене поради тоа‘,+ вели Севишниот+ Господар, Јехова над војските.

20 ‚Одамна го скршив твојот јарем,+ ги раскинав твоите окови. А ти рече: „Нема да ти служам“, зашто лежеше како блудница+ и вршеше блуд+ на секој висок рид и под секое зелено дрво.+ 21 А јас те посадив како благородна црвена лоза,+ како добро семе. Тогаш, зошто ми се измени и стана изопачен ластар од некоја туѓа лоза?‘+

22 ‚И да се измиеш со лужина и да земеш многу сапун,+ твојот престап уште би бил дамка пред мене‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. 23 Како можеш да речеш: ‚Не се извалкав,+ не одев по Вааловците‘?+ Погледни го својот пат во долината!+ Види што си направила! Ти си како брза млада камила, која трча без цел по своите патишта, 24 како зебра+ навикната на пустината, која збивта+ од силен копнеж во душата — кој може да ја запре кога ќе ѝ дојде време да се пари? Тој што ја бара нема да се умори. Лесно ќе ја најде во нејзиниот месец. 25 Внимавај ногата да не ти остане боса и грлото да не ти ожедни.+ А ти рече: ‚Ништо од тоа!+ Вљубена сум во туѓинци+ и ќе одам по нив‘.+

26 Како што се засрамува крадецот кога ќе го фатат така се засрами и домот на Израел+ — тие, нивните цареви, нивните кнезови, нивните свештеници и нивните пророци.+ 27 Тие му велат на дрвото: ‚Ти си мој татко‘,+ — и на каменот: ‚Ти ме роди‘. А мене ми го свртеа грбот, а не лицето.+ Но во времето на својата неволја ќе речат: ‚Стани, спаси нѐ!‘+

28 Каде се твоите богови што си ги направи за себе?+ Нека станат ако можат да те спасат во времето на твојата неволја!+ Зашто, Јудо, колку што имаш градови толку имаш и богови.+

29 ‚Зошто ме обвинувате?+ Зошто сите ми грешите?‘+ — вели Јехова. 30 Залудно ги удирав вашите синови.+ Не извлекоа никаква поука.+ Вашиот меч ги голта вашите пророци како лав што пустоши.+ 31 Луѓе од ова поколение, чујте ја Јеховината реч!+

Зар на Израел му станав пустина+ или мрачна земја? Зошто мојот народ вели: ‚Одиме каде што сакаме, нема повеќе да дојдеме кај тебе‘?+ 32 Може ли девицата да го заборави својот накит, или невестата својот појас? А мојот народ ме заборава мене веќе безброј денови.+

33 Зошто си подготвуваш пат за да бараш љубов? Затоа и си ги навикнала своите патишта на зло!+ 34 На твоите скутови може да се најде крвта*+ на невините сиромаси.+ На сите твои скутови ја наоѓам нивната крв, иако не се затечени како провалуваат.+

35 А ти велиш: ‚Невина сум. Неговиот гнев сигурно се одвратил од мене‘.+

Еве, влегувам во спор со тебе затоа што велиш: ‚Не сум згрешила‘.+ 36 Зошто ги менуваш своите патишта толку лесно?+ И од Египет ќе се посрамиш,+ како што се посрами од Асирија.+ 37 Ќе отидеш покривајќи си ја главата со рацете,+ зашто Јехова ги отфрли оние на кои се надеваше, па ќе немаш успех надевајќи се на нив“.

3 Велат: „Ако човек ја отпушти својата жена, па таа отиде откај него и му стане жена на друг човек, може ли пак да се врати кај неа?“+

Не е ли таа земја сосема извалкана?+

„А ти блудствуваше со многуте свои љубовници.+ Можеш ли да се вратиш кај мене?“+ — вели Јехова. 2 „Крени ги очите кон своите разгазени патеки и погледни!+ Каде ли не те силуваа?+ Покрај патиштата седеше и ги чекаше своите љубовници, како што Арабјанец чека во пустина.+ Ја валкаш земјата со своето блудство и со својата злоба.+ 3 Затоа престанаа обилните дождови,+ нема ни пролетен дожд.+ Твоето чело стана чело на блудница. Повеќе немаш срам.+ 4 Ќе ме повикуваш ли сега, велејќи: ‚Татко мој,+ ти си ми близок пријател од младоста!+ 5 Ќе се гневиш ли довека? Ќе памтиш ли вечно?‘+ Така зборуваш, а и понатаму правиш зло колку што можеш.“+

6 Вака ми рече Јехова во деновите на цар Јосија:+ „ ,Виде ли што прави неверницата Израел?+ Оди на секоја висока гора+ и под секое зелено дрво+ и таму се оддава на блуд.+ 7 По сето тоа што го направи, ѝ велев да се врати кај мене, но не се врати.+ А Јуда ја гледаше својата неверна сестра.+ 8 Кога го видов тоа, ја отпуштив неверницата Израел поради прељубата што ја направи+ и ѝ дадов потврда за развод.+ Но нејзината неверна сестра, Јуда, не се исплаши, туку и таа отиде и вршеше блуд.+ 9 Таа се оддаде на блуд поради својата лекомисленост, и ја извалка земјата+ и правеше прељуба со камења и со дрвја.+ 10 Покрај сето тоа, нејзината неверна сестра, Јуда, не се врати кај мене со цело срце,+ туку лажно‘,+ вели Јехова“.

11 И Јехова ми рече: „Неверницата Израел се покажа поправедна во душата отколку неверната Јуда.+ 12 Оди и објави му ги овие зборови на северот,+ и речи:

, „Врати се, одметничке, Израеле!“ — вели Јехова.+ „Нема да се гневи моето лице на вас,+ зашто јас сум лојален“,+ вели Јехова. „Нема довека да се гневам.+ 13 Увиди ја тежината на својот престап, зашто згреши против Јехова, својот Бог.+ На сите страни трчаше кај туѓинците+ под секое зелено дрво.+ А мојот глас не го слушавте“, вели Јехова‘ “.

14 „Вратете се, синови одметници!“+ — вели Јехова. „Зашто јас сум вашиот маж*+ и јас ќе ве земам, по еден од град и по двајца од племе, и ќе ве доведам на Сион.+ 15 Ќе ви дадам пастири според моето срце,+ и тие ќе ве пасат со знаење и со разборитост.*+ 16 Во тие денови ќе се намножите и ќе раѓате род во земјата“, вели Јехова.+ „Нема повеќе да велите: ‚Ковчегот на Јеховиниот сојуз‘,+ и нема повеќе да размислувате за него,* нема да се сеќавате на него,+ ниту ќе ви недостасува, и никогаш повеќе нема да го направите. 17 Во тоа време Ерусалим ќе се вика престол на Јехова,+ и сите народи ќе се собираат+ во Ерусалим, за да го фалат името на Јехова во него,+ и нема повеќе да се поведуваат по своето тврдокорно и злобно срце.“+

18 „Во тие денови домот на Јуда ќе оди покрај домот на Израел,+ и заедно+ ќе тргнат од северната земја кон земјата што им ја дадов во наследство на вашите татковци.+ 19 А јас реков: ‚О, како те поставив меѓу синовите и ти ја дадов пожелната земја,+ наследството на кое му се восхитуваат војските на народите!‘ Уште реков: ‚Вие ќе ме повикувате, велејќи: „Татко мој!“+ — и нема да отстапите од мене‘. 20 ‚Но како што жена го изневерува својот маж и си оди откај него,+ така и вие, доме Израелов, ме изневеривте мене‘,+ вели Јехова.“

21 На разгазените патеки се чуја плачот и сесрдните молби на Израеловите синови. Зашто, тие ги расипаа своите патишта,+ го заборавија Јехова, својот Бог.+

22 „Вратете се, синови одметници!+ Ќе го излекувам вашето одметништво.“+

„Еве нѐ! Доаѓаме кај тебе, зашто ти, Јехова, си нашиот Бог.+ 23 Навистина, ридовите и вревата на планините+ — сето тоа е лажно.+ Навистина, од Јехова, нашиот Бог, е спасението на Израел.+ 24 А срамотниот бог+ го јадеше трудот на нашите татковци уште од нашата младост, нивната ситна и крупна стока, нивните синови и нивните ќерки. 25 Лежиме во својот срам+ и нѐ покрива нашето понижување.+ Зашто, на Јехова, својот Бог, му грешевме,+ и ние и нашите татковци, од нашата младост до ден-денес,+ и не го послушавме гласот на Јехова, нашиот Бог.“+

4 „Ако се вратиш, Израеле“, вели Јехова, „врати се кај мене!+ Ако ги отстраниш своите гнасотии од пред мене,+ не ќе мора да живееш во туѓа земја. 2 Ако се заколнеш:+ ‚Како што е жив Јехова, Бог вистинољубив,+ праведен и правдољубив!‘+ — тогаш народите ќе се благословуваат со мене и со мене ќе се фалат.“+

3 Зашто, вака му вели Јехова на народот на Јуда и на Ерусалим: „Изорајте си земја, не сејте меѓу трње!+ 4 Обрежете се заради Јехова, обрежете го своето срце,+ народе Јудин и жители ерусалимски, за да не дојде мојот гнев како оган и да не се разгори така, што никој не ќе може да го изгасне, поради вашите зли дела!“+

5 Објавете во Јуда, разгласете во Ерусалим,+ зборувајте и трубете во рог по целата земја!+ Викајте колку што глас ве држи и речете: „Соберете се! Да влеземе во утврдените градови!+ 6 Подигнете кон Сион собирен знак! Најдете засолниште! Не стојте!“ Зашто, од север носам неволја,+ голема пропаст. 7 Се крена како лав од својот честак,+ тргна оној што ги сотира народите,+ појде од своето место за да ја претвори твојата земја во грозна глетка. Твоите градови ќе бидат разурнати и ќе останат без жители.+ 8 Затоа опашете се во козина!+ Удирајте се в гради од тага и горко плачете,+ зашто распламтениот гнев на Јехова не се одврати од нас!+

9 „Во тој ден“, вели Јехова, „ќе премре срцето на царот+ и срцето на кнезовите, ќе се вчудовидат свештениците, ќе се зачудат пророците.“+

10 А јас реков: „Леле, Севишен Господару Јехова! Навистина го измами овој народ+ и Ерусалим кога рече: ‚Ќе имате мир‘,+ а мечот ни дојде до душата“.

11 Во тоа време ќе им речат на овој народ и на Ерусалим: „Топол ветар од разгазените патеки дува преку пустината+ кон ќерката на мојот народ.+ Не е ниту за веење ниту за чистење на жито. 12 Силен ветар дува оттаму кон мене. А јас сега ќе им изречам осуда.+ 13 Гледај, непријателот ќе се појави како дождовните облаци. Неговите коли се како виор,+ неговите коњи се побрзи од орли.+ Ќе речете: ‚Тешко нам, пропаднавме!‘ 14 Измиј го злото од своето срце, Ерусалиме, за да се спасиш.+ До кога ќе се гнездат во тебе твоите зли мисли?+ 15 Зашто, глас јавува од Дан+ и објавува зло од ефремските планини.+ 16 Кажете им за тоа на народите! Објавете ја оваа реч против Ерусалим!“

„Стражари доаѓаат од далечна земја+ и ќе го пуштат својот глас против градовите на Јуда. 17 Како полски чувари го опколуваат од сите страни,+ зашто се побуни против мене“,+ вели Јехова. 18 „Твојот пат и твоите дела ќе те стигнат.+ Тоа е твојата неволја, а горчлива е, зашто допре до твоето срце.“

19 Утробо моја, утробо моја! Тешка ми е болката во срцето.+ Срцето во мене се вознемири.+ Не можам да молчам, зашто мојата душа го чу звукот на рогот, знакот за војна.+ 20 Се објавува пропаст по пропаст, зашто целата земја е опустошена.+ Ненадејно се опустошени моите шатори,+ за миг — моите шаторски крила. 21 До кога ќе го гледам собирниот знак, до кога ќе го слушам звукот на рогот?+ 22 Мојот народ е безумен.+ Не ме слуша.+ Тие се неразумни синови, немаат разборитост.*+ Мудри се за да прават зло, но да прават добро не знаат.+

23 Ја видов земјата, и гледај, беше празна и пуста.+ Ги видов небесата, а нивната светлина ја немаше повеќе.+ 24 Ги видов планините, и гледај, се затресоа и сите ридови се занишаа.+ 25 Видов, и гледај, немаше земен човек и сите небесни птици одлетале.+ 26 Видов, и гледај, плодната земја се претвори во пустина, сите нејзини градови се разурнати.+ Јехова го направи тоа во својот распламтен гнев.

27 Зашто, вака вели Јехова: „Целата земја ќе биде претворена во пустош,+ а јас сосема ќе ја уништам.+ 28 Затоа земјата ќе тагува,+ а небесата во висините ќе потемнат.+ Зашто, така реков, така одлучив, и нема да зажалам, ниту ќе отстапам од тоа.+ 29 Од звукот на коњаниците и на стрелците бега сиот град.+ Влегуваат во честаците и се качуваат на карпите.+ Сите градови се напуштени, никој не живее во нив“.

30 Што ќе правиш сега кога си опустошена? А се облекуваше во црвена облека, се украсуваше со златен накит, ги истакнуваше очите со црна боја.+ Залудно се разубавуваше.+ Те отфрлија оние што поулавуваа од страст по тебе. Сега ја бараат твојата душа.+ 31 Слушам глас како на болна жена, неволја како на жена која првпат раѓа,+ глас на сионската ќерка која подзема воздух. Таа ги шири рацете+ и вели: „Тешко мене! Мојата душа е изморена од убијците!“+

5 Поминете по ерусалимските улици и погледнете, распрашајте се и побарајте по неговите плоштади дали има човек,+ дали има барем еден што го врши она што е праведно+ и е верен,+ па ќе му простам на овој град! 2 Дури и ако кажат: „Како што е жив Јехова!“ — лажно се заколнуваат.+

3 Јехова, зарем не се твоите очи свртени кон верноста?+ Ги удираш,+ но нив не ги боли.+ Ги истребуваш,+ а тие ја одбиваат поуката.+ Лицето им станало потврдо од камен.+ Не сакаат да се вратат од своите зли патишта.+ 4 А јас реков: „Навистина се неук народ. Безумно постапуваат, зашто не обрнуваат внимание на Јеховиниот пат, на правдата на својот Бог.+ 5 Ќе појдам кај големците и ним ќе им зборувам,+ зашто тие сигурно внимаваат на Јеховиниот пат, на правдата на својот Бог.+ Но сите тие го скршија јаремот, ги раскинаа оковите“.+

6 Затоа ги напаѓа лав од шумата, волк од пустелијата пустоши меѓу нив,+ леопард демне пред нивните градови.+ Кој ќе излезе од нив, ќе биде растргнат. Зашто, нивните престапи се многубројни, бројни се нивните неверни дела.+

7 Како да ти простам? Твоите синови ме оставија и се заколнуваат+ во она што не е Бог.+ Јас ги наситував,+ а тие и понатаму вршат прељуба+ и итаат кон куќата на блудницата. 8 Станаа како коњи распалени за парење, со силни семеници. Секој ’ржи на жената на својот ближен.+

9 „Нема ли да побарам сметка за тоа?“ — вели Јехова.+ „Нема ли мојата душа да му се одмазди на народот што е таков?“+

10 „Качете се меѓу редовите со лози и пустошете,+ но немојте да уништите до крај!+ Отстранете ги нејзините ластари, зашто тие не се Јеховини!+ 11 Оти, домот Израелов и домот на Јуда навистина ме изневерија“, вели Јехова.+ 12 „Се одрекоа од Јехова и велат: ‚Го нема.+ Никаква неволја нема да нѐ снајде, нема да видиме ни меч ни глад‘.+ 13 Пророците станаа како ветар, Божјите зборови не се во нив.+ Како што зборуваат, така и ќе им се случи.“

14 Затоа вака вели Јехова, Богот над војските: „Затоа што зборуваат така, моите зборови во твојата уста ќе ги претворам во оган,+ а овој народ ќе биде дрва, па огнот ќе ги проголта“.+

15 „Еве, доведувам против вас народ од далеку,+ доме Израелов“, вели Јехова. „Тоа е народ кој долго постои.+ Тоа е древен народ, народ чиј јазик не го знаеш и не разбираш што зборува. 16 Нивниот тул е како отворен гроб. Сите тие се јунак до јунак.+ 17 Ќе ја проголтаат твојата жетва и твојот леб.+ Ќе ги проголтаат твоите синови и твоите ќерки. Ќе ги проголтаат твоите овци и твоите говеда. Ќе ја проголтаат твојата лоза и твојата смоква.+ Со меч ќе ги опустошат твоите утврдени градови на кои се надеваш.“

18 „Но ни тогаш“, вели Јехова, „нема да ве истребам.+ 19 Ќе велите: ‚Зошто Јехова, нашиот Бог, ни го направи сето ова?‘+ А ти ќе им речеш: ‚Како што ме оставивте мене и отидовте да му служите на туѓ бог во својата земја, така ќе им служите на туѓинци во земја што не е ваша‘.“+

20 Објавете го ова во домот на Јаков, разгласете го во Јуда: 21 „Чуј го ова, народе неразумен, кој има неразборито срце,+ и има очи, а не гледа,+ и има уши, а не слуша!+ 22 ‚Зар не се плашите од мене‘,+ вели Јехова, ,зар не ве обземаат болки поради мене,+ кој на морето му го постави морскиот песок за меѓа, за вечна граница што не може да ја премине? Иако неговите бранови се креваат високо, тие се немоќни, иако бучат, не можат да ја преминат.+ 23 Но овој народ има тврдокорно и бунтовно срце. Застранија и одат по свој пат.+ 24 Не си рекоа во срцето: „Се боиме од Јехова, својот Бог,+ оној што дава дожд, дожд есенски и пролетен во право време,+ оној што ни ги чува седмиците одредени за жетва“.+ 25 Вашите престапи го нарушија сето тоа, вашите гревови ви го скратуваат она што е добро.+

26 Зашто, во мојот народ има злобни луѓе.+ Тие демнат како што птичарите клечат притаено.+ Погубни стапици поставуваат, луѓе фаќаат. 27 Како што е кафезот полн со птици, така се нивните куќи полни со измама.+ Затоа станаа големи и се збогатија.+ 28 Се здебелија,+ кожата им свети. Потонаа во зло. Не решаваат парници,+ дури ни парниците на деца без татко,+ за да имаат корист од тоа.+ Не ја бранат правдата на сиромасите‘ “.

29 „Нема ли од тебе да побарам сметка за тоа“, вели Јехова, „и нема ли мојата душа да му се одмазди на народот што е таков?+ 30 Стравотии, грозотии се случуваат во земјата:+ 31 пророците прорекуваат лажно,+ а свештениците го угнетуваат народот, користејќи ја својата власт.+ А мојот народ го сака тоа.+ Но што ќе направите кога ќе му дојде крајот?“+

6 Засолнете се, синови Венијаминови, бегајте од Ерусалим! Во Текоја+ затрубете во рог!+ На Вет-Акерем+ дајте знак со оган, зашто од север се надвисна над вас неволја, голема пропаст.+ 2 Сионската ќерка личи на мила и разгалена жена.+ 3 Кај неа тргнаа пастирите со своите стада. Насекаде околу неа ги распнаа своите шатори.+ Секој го испасе својот дел.+ 4 Ѝ објавија војна*+ и рекоа: „Станете! Да тргнеме на пладне!“+

„Тешко нам, зашто денот се ближи кон крајот и вечерните сенки се издолжуваат!“

5 „Станете! Да тргнеме ноќе и да ги уништиме нејзините утврдени дворци!“+

6 Зашто, вака вели Јехова над војските: „Исечете ги дрвјата+ и подигнете околу Ерусалим опсаден насип!+ Тоа е град кој треба да се повика на одговорност.+ Во него има само угнетување.+ 7 Како што во бунарот* секогаш има вода, така и во него секогаш има зло. Во него се слуша насилство и пустошење,+ болест и помор секогаш има пред моето лице. 8 Поправи се,+ Ерусалиме, за да не се одврати мојата душа со гадење од тебе+ и да не те претворам во пустош, во ненаселена земја!“+

9 Вака вели Јехова над војските: „Ќе го дособираат остатокот на Израел како што се дособира грозје од лоза.+ Посегни со раката како што берачот на грозје посегнува по ластарите на лозата!“

10 „Кому да му зборувам и кого да го опоменам, па да ме сослуша? Гледај, увото им е необрежано, па не можат да чујат.+ Гледај, за нив Јеховината реч стана за потсмев,+ не им е мила неговата реч.+ 11 А јас сум полн со Јеховин гнев, не можам повеќе да молчам.“+

„Излеј го на децата по улиците,+ а и на насобраните младичи! Зашто, и нив ќе ги зафати гневот, мажот и неговата жена, старецот и човекот во поодминати години.+ 12 Нивните куќи ќе им припаднат на други, а и нивните ниви и нивните жени.+ Зашто, ќе ја подигнам својата рака на жителите на оваа земја“, вели Јехова.+

13 „Од најмал до најголем, сите си трупаат неправедна добивка.+ Од пророк до свештеник, сите се измамници.+ 14 И површно ја лечат раната на мојот народ,+ велејќи: ‚Мир е! Мир е!‘ — а мир нема.+ 15 Се засрамија ли поради гадостите што ги правеа?+ Ниту се срамат ниту знаат да се понизат.+ Затоа ќе паднат со оние што паѓаат,+ ќе се сопнат кога ќе почнам да се пресметувам со нив“, вели Јехова.

16 Вака вели Јехова: „Застанете на патиштата и гледајте, и прашајте за старите патишта, прашајте каде е правиот пат,+ и одете по него,+ па ќе најдете мир за своите души!“+ Но народот вели: „Нема да одиме!“+ 17 „Ви поставив стражари+ и ви реков: ‚Внимавајте на звукот на рогот!‘ “+ А тие велат: „Нема да внимаваме!“+ 18 „Затоа, чујте народи! Знајте, вие насобрани мноштва, што ќе им се случи! 19 Чуј, земјо! Еве, носам неволја на овој народ+ — плод на нивните зли мисли+ — зашто не внимаваа на моите зборови и го отфрлија мојот закон.“+

20 „Што ќе ми е тој темјан што го носите од Сава+ и мирисливата трска од далечна земја? Вашите цели жртви паленици не ми се пријатни,+ вашите жртви не ми се мили.“+ 21 Затоа вака вели Јехова: „Еве, му поставувам на овој народ камења за спрепнување+ на кои ќе се спрепнат, и татковците и синовите заедно. Ќе загине и соседот и неговиот пријател“.+

22 Вака вели Јехова: „Еве, доаѓа народ од северна земја, голем народ се крева од краиштата на земјата.+ 23 Носат лак и копје,+ сурови се и немилосрдни, нивниот глас бучи како море,+ јаваат на коњи,+ наредени се како воини во борбени редови против тебе, ќерко сионска“.+

24 Чувме глас за нив. Рацете ни премалеа.+ Мака нѐ обзеде како родилни болки кај родилка.+ 25 Не излегувај во полето и не оди по патот, зашто се заканува непријателскиот меч, страв има насекаде!+ 26 Ќерко на мојот народ, препаши се со козина+ и во пепел валај се!+ Тагувај како за син единец, горко оплакувај,+ зашто ненадејно ќе дојде врз нас пустошникот!+

27 „Те поставив да го испитуваш мојот народ како што се испитува метал, внимателно да го истражуваш. Ќе го набљудуваш и ќе го испитуваш нивниот пат.+ 28 Сите тие се крајно тврдоглави луѓе,+ кои одат наоколу и клеветат+ — тие се бакар и железо. Сите се расипани.+ 29 Мешините+ се изгорени, а од огнот што го распалуваат излегува само олово.+ Напразно човек врши пречистување, злите не може да се издвојат.+ 30 Ќе ги наречат отфрлено сребро,+ зашто Јехова ги отфрли.“+

7 Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова: 2 „Застани на портата на Јеховиниот дом и таму објави ја оваа реч.+ Кажи: ‚Чујте ја Јеховината реч, сите вие во Јуда, кои влегувате низ оваа порта за да му се поклоните на Јехова! 3 Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Поправете ги своите патишта и своите дела, па ќе ве оставам да престојувате на ова место!+ 4 Не надевајте се на лажни зборови+ и не велете: ‚Храмот Јеховин, храмот Јеховин, ова е храмот Јеховин!‘ 5 Зашто, ако навистина ги поправите своите патишта и своите дела, ако навистина судите праведно меѓу човек и неговиот ближен,+ 6 ако не ги угнетувате дојденците, децата без татко и вдовиците,+ ако не пролевате невина крв на ова место+ и ако не одите по други богови на своја несреќа,+ 7 тогаш ќе ве оставам да престојувате на ова место, во земјата што им ја дадов на вашите татковци за навек“ ‘ “.+

8 „А, еве, вие се надевате на лажни зборови — од тоа нема никаква корист.+ 9 Можете ли да крадете,+ да убивате,+ да вршите прељуба,+ лажно да се заколнувате,+ на Ваал приноси да му горите+ и да одите по други богови, кои порано не ги познававте,+ 10 а потоа да дојдете и да застанете пред мене во овој дом, кој го носи моето име,+ и да речете: ‚Ќе бидеме избавени‘, иако ги правите сите тие гадости? 11 Зар овој дом, кој го носи моето име,+ стана во ваши очи разбојничка пештера?+ А јас го гледам сето тоа“, вели Јехова.+

12 „ ,Но појдете на моето место, кое беше во Сило,+ каде што во почетокот одредив да престојува моето име,+ и погледнете што му направив поради злобата на својот народ Израел.+ 13 Затоа што ги направивте сите тие недела‘, вели Јехова, ‚и затоа што ви зборував, станував рано и ви зборував,+ но не слушавте,+ и ве повикував, но не се оѕвавте,+ 14 на домот што го носи моето име,+ а за кој се надевавте дека ќе ве заштити,+ и на местото што ви го дадов вам и на вашите татковци ќе му го направам истото што му го направив и на Сило.+ 15 Ќе ве отфрлам од своето лице,+ како што ги отфрлив сите ваши браќа, целото потомство на Ефрем‘.+

16 А ти не моли се за овој народ и не кревај го својот глас барајќи помош упатувајќи ми молитви и молби за нив,+ зашто нема да те услишам!+ 17 Не гледаш ли што прават по градовите на Јуда и по улиците на Ерусалим?+ 18 Синовите собираат дрва, татковците палат оган, а жените месат тесто за да ѝ направат жртвени колачи на ‚царицата на небото‘.+ И им леат жртви налевници+ на други богови за да ме навредат.+ 19 ‚Зар ме навредуваат со тоа мене?‘ — вели Јехова.+ ‚Не се навредуваат ли самите себе, на свој срам?‘+ 20 Затоа вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, мојот гнев и мојата јарост се излеваат врз ова место,+ врз луѓето и врз стоката, врз полските дрвја+ и врз плодовите на земјата. Мојот гнев ќе гори и нема да угасне‘.+

21 Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Своите цели жртви паленици додајте им ги на другите свои жртви и јадете месо!+ 22 Зашто, ништо не им реков на вашите татковци и ништо не им заповедав за целите паленици и за другите жртви во денот кога ги изведов од египетската земја.+ 23 Но ова им го заповедав: „Слушајте го мојот глас,+ и јас ќе бидам ваш Бог,+ а вие ќе бидете мој народ! Одете во сѐ по патот+ што ќе ви го одредам, за да ви биде добро!“ ‘+ 24 Но тие не слушаа и не го приклонија своето уво,+ туку се поведуваа по замислите на своето тврдокорно и злобно срце,+ па назадуваа наместо да напредуваат,+ 25 од денот кога вашите татковци излегоа од египетската земја до денес.+ А јас ви ги испраќав сите свои слуги, пророците, станував рано секој ден и ги испраќав.+ 26 Но овој народ не ме слушаше и не го приклонија своето уво,+ туку станаа непокорни.*+ Постапуваа полошо од нивните татковци!+

27 Кажи им ги сите овие зборови,+ но тие нема да те слушаат. Викај ги, но тие нема да ти се оѕвијат.+ 28 Речи им: ‚Ова е народот кој не го слуша гласот на Јехова, својот Бог,+ и кој не прима поука.+ Ја снема верноста, исчезна од нивната уста‘.+

29 Истрижи си ја нестрижената коса и фрли ја,+ па запеј тажачка+ на голите ридови, зашто јас, Јехова, го отфрлив+ поколението на кое се разгневив, и ќе го оставам!+ 30 ‚Зашто, синовите на Јуда го прават она што е зло во мои очи‘, вели Јехова. ‚Ги поставија своите одвратни идоли* во домот што го носи моето име, за да го осквернат.+ 31 Изградија обредни височинки во Тофет,+ кој е во долината на синовите на Еном,+ за да ги горат во оган своите синови и своите ќерки,+ нешто што никогаш не сум го заповедал, ниту некогаш ми дошло на ум‘.*+

32 ‚Затоа, еве, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ‚кога тоа место нема повеќе да се вика Тофет и долина на синовите на Еном, туку долина на убивањето.+ И во Тофет ќе се погребуваат мртви, иако таму ќе нема повеќе место.+ 33 А мртвите тела на овој народ ќе бидат храна за небесните птици и за земните ѕверови, кои никој нема да ги плаши.+ 34 Ќе ги отстранам од градовите на Јуда и од улиците на Ерусалим гласот на радост и гласот на веселба, гласот на младоженец и гласот на невеста,+ зашто оваа земја ќе се претвори во пустош‘ “.+

8 „Во тоа време,“ вели Јехова, „луѓето ќе ги извадат од нивните гробови коските на царевите на Јуда, коските на неговите кнезови, коските на свештениците, коските на пророците и коските на жителите на Ерусалим.+ 2 И ќе ги распрострат пред сонцето и пред месечината и пред сета небесна војска, која ја сакаа, на која ѝ служеа, по која одеа,+ која ја бараа и на која ѝ се поклонуваа.+ Нема да ги соберат, ниту ќе ги погребат. Ќе бидат како гној по земјата.“+

3 „На целиот остаток, кој ќе преостане од овој зол род, во сите места по кои ќе ги расеам оние што ќе преостанат,+ смртта ќе им биде помила од животот“,+ вели Јехова над војските.

4 „Речи им: ‚Вака вели Јехова: „Зар ќе паднат и нема повеќе да станат?+ Ако еден се врати од својот зол пат, зар нема и друг да се врати?+ 5 Зошто е овој ерусалимски народ неверен и упорен во својата неверност? Се држат за препреденоста,+ не сакаат да се вратат од својот зол пат.+ 6 Внимавав+ и слушав.+ Не зборуваат како што треба. Никој не се кае за својата злоба+ и не вели: ‚Што направив?‘ Секој се враќа на патот по кој одат сите,+ како коњ што јури во битка. 7 Дури и штркот на небото го знае своето време,+ грлицата,+ пиштарката и дроздот се држат за времето кога треба да се вратат. А мојот народ не го познава времето на Јеховиниот суд“.‘+

8 ‚Како можете да речете: „Мудри сме и го имаме Јеховиниот закон“?+ Навистина, лажното перо+ на писарите пишува само лаги. 9 Мудреците се посрамија.+ Се уплашија и ќе бидат фатени. Гледај, ја отфрлија Јеховината реч, па каква е тогаш нивната мудрост?+ 10 Затоа нивните жени ќе им ги дадам на други, нивните ниви на оние што одземаат имоти.+ Зашто, од најмалиот до најголемиот, сите трупаат неправедна добивка.+ Од пророк до свештеник, сите се измамници.+ 11 И згора-згора ја лечат раната на ќерката на мојот народ,+ велејќи: „Мир е! Мир е!“ — а мир нема.+ 12 Се посрамија ли поради тоа што правеа гадости?+ Ниту се посрамија ниту знаеја да се понизат.+

Затоа ќе паднат со оние што паѓаат. Ќе се сопнат кога ќе почнам да ги казнувам‘,+ вели Јехова.+

13 ‚Кога ќе ги оберам, ќе ги уништам‘, вели Јехова.+ ‚Нема да има грозје на лозата,+ ни смокви на смоквата, дури и лисјата ќе овенат. Она што им го давам ќе отиде кај другите наместо кај нив‘.“

14 „Зошто седиме мирно? Соберете се! Да влеземе во утврдените градови+ за да умреме таму!* Зашто, Јехова, нашиот Бог, нѐ осуди на смрт.*+ Јехова ни дава да пиеме затруена вода,+ зашто му згрешивме. 15 Се надевавме на мир, но нема добро,+ и на време за оздравување, а ете, страв!+ 16 Од Дан+ се слуша фучењето на неговите коњи. Од ’ржењето на неговите пастуви се тресе целата земја.+ Доаѓаат и ја проголтуваат земјата и сѐ што е на неа, градот и неговите жители.“

17 „Зашто, еве, праќам меѓу вас змии, отровници,+ врз кои не дејствува баењето,+ и тие ќе ве касаат“, вели Јехова.

18 Ме обзеде неизлечлива тага.+ Срцето ми е болно. 19 Еве, ќерката на мојот народ вика за помош од далечна земја:+ „Зар Јехова не е на Сион?+ Зар неговиот цар не е на него?“+

„Зошто ме навредуваат со своите режани ликови, со своите ништожни туѓински богови?“+

20 „Жетвата помина, летото заврши, а ние не сме спасени!“+

21 Потресен сум+ од пропаста на ќерката на мојот народ.+ Тажен сум. Целиот сум вчудовиден.+ 22 Зар нема балсам во Галад?+ Зар таму нема лекар?+ Зошто тогаш не оздравува+ ќерката на мојот народ?+

9 Барем да ми беше главата вода, а очите да ми беа извор на солзи!+ Тогаш дење и ноќе ќе плачев за убиените синови на ќерката на мојот народ.+

2 Барем да имав како патник ноќевалиште во пустината!+ Тогаш ќе го оставев својот народ и ќе си отидев откај него, зашто сите се прељубници,+ собир на предавници.+ 3 Како лак го напнуваат својот јазик за да лажат,+ а по верноста не се познати на земјата.

„Зашто, одат од зло во зло, а на мене не се обѕираат“,+ вели Јехова.

4 „Секој нека се чува од својот пријател,+ не верувајте му на ниту еден брат!+ Зашто, секој брат настојува да го истурка другиот,+ и секој пријател оди наоколу и клевети,+ 5 и секој го лаже својот пријател,+ никој не ја зборува вистината. Својот јазик го навикнале да зборува лаги.+ Се изморија од правење зло.+

6 Ти престојуваш среде измама.+ Поради измама тие не сакаат да знаат за мене“,+ вели Јехова.

7 Затоа вака вели Јехова над војските: „Еве, ги топам и ги испитувам,+ зашто, што друго да ѝ направам на ќерката на мојот народ?+ 8 Нивниот јазик е смртоносна стрела.+ Зборува измама. Со својата уста човек зборува мирољубиво со својот пријател, а во себе му готви заседа“.+

9 „Нема ли да одговарате пред мене за тоа?“ — вели Јехова. „Нема ли мојата душа да му се одмазди на таквиот народ?+ 10 Ќе заплачам и ќе тажам над планините,+ ќе запеам тажачка над пасиштата во пустелијата, зашто ќе бидат изгорени,+ па никој нема да поминува низ нив и таму нема да се чуе глас на стока.+ И небесните птици и ѕверовите ќе избегаат, ќе си отидат.+ 11 Ќе го претворам Ерусалим во куп камења,+ во шакалско дувло.+ Градовите на Јуда ќе ги претворам во пустош, ќе останат без жители.+

12 Кој е мудар, па да го разбере тоа? Кому му зборуваше Јеховината уста, па да го објави тоа?+ Зошто ќе пропадне земјата, зошто ќе биде изгорена како пустина, и никој нема да поминува низ неа?“+

13 А Јехова рече: „Тие го оставија мојот закон, кој го ставив пред нив, не го слушаа мојот глас и не живееја* според мојот закон,+ 14 туку се поведуваа по своето тврдокорно срце+ и одеа по ликовите на Ваал,+ како што ги научија нивните татковци.+ 15 Затоа Јехова над војските, Богот на Израел, вели: ‚Еве, ќе го нахранам овој народ со пелин+ и ќе го напојам со затруена вода.+ 16 И ќе ги распрснам меѓу народи што не ги познаваа ниту тие ниту нивните татковци,+ и ќе праќам по нив меч сѐ додека не ги истребам‘.+

17 Вака вели Јехова над војските: ‚Бидете разборити и повикајте ги тажачките+ да дојдат! Испратете по жени што се вешти во тажење, нека дојдат+ 18 и брзо нека почнат да редат над нас! Од нашите очи нека потечат солзи, од нашите веѓи нека потечат води!+ 19 Зашто, глас на оплакување се слуша од Сион:+ „Опустошени сме!+ Колку сме посрамени! Ја оставаме оваа земја, уништени се нашите живеалишта“.+ 20 Затоа, чујте ја, жени, Јеховината реч, вашето уво нека ја прими речта од неговата уста! И научете ги своите ќерки да редат,+ учете се една со друга да тажите!+ 21 Зашто, смртта се качува низ нашите прозорци, влегува во нашите утврдени дворци за да ги истреби децата од улиците и младичите од плоштадите‘.+

22 Речи: ‚Вака вели Јехова: „Мртвите човечки тела ќе лежат како гној по полето и како жито кое жетварот штотуку го ожнеал, а кое нема кој да го собере“ ‘ “.+

23 Вака вели Јехова: „Мудриот нека не се фали со својата мудрост!+ Силниот нека не се фали со својата сила!+ Богаташот нека не се фали со своето богатство!“+

24 „Кој се фали, нека се фали со тоа што е разборит*+ и ме познава мене, што знае дека јас сум Јехова,+ оној што покажува милост,* правда и праведност на земјата,+ зашто на тоа се радувам“,+ вели Јехова.

25 „Еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога ќе ги повикам на одговорност сите што се обрежани, но сепак се во необрежаност,+ 26 со Египет,+ и со Јуда,+ и со Едом,+ и со синовите на Амон,+ и со Моав,+ и со сите што ја потстрижуваат косата на слепоочниците и живеат во пустината,+ зашто сите тие се народи необрежани и целиот Израелов дом има необрежано срце.“+

10 Чујте ја речта што ви ја кажува Јехова, доме Израелов! 2 Вака вели Јехова: „Не учете се на патот по кој одат народите+ и не плашете се од небесните знаци, зашто од нив се плашат народите!+ 3 Обичаите на народите+ се само здив, зашто тие го сечат дрвото+ во шумата и од него прават ракотворби со резбарски нож.+ 4 Со сребро и со злато ги украсуваат.+ Со клинци и со чекани ги прицврстуваат за да не се нишаат.+ 5 Тие се како страшило во нива со краставици, не можат да зборуваат.+ Треба да ги носат, зашто не можат да одат.+ Не плашете се од нив, зашто не можат да направат никакво зло, а камоли нешто добро!“+

6 Никој не е како тебе, Јехова!+ Ти си велик, и името твое е велико и моќно.+ 7 Кој да не се бои од тебе,+ Царе на народите,+ зашто ти го заслужуваш тоа! Зашто, меѓу сите мудреци на народите и во сите нивни царства никој не е како тебе.+ 8 Сите тие се и неразумни и глупави.+ Дрвото ги наведува да одат по она што е ништожно.+ 9 Сребро исковано во плочи се носи од Тарсис,+ злато од Уфаз,+ дело на занаетчија, дело на рацете на златар. На своите идоли им прават облека од сина преѓа и од црвеникаво-виолетова волна. Сите тие се дело на вешти луѓе.+

10 А Јехова навистина е Бог.+ Тој е жив Бог+ и вечен Цар.+ Од неговиот гнев ќе се затресе земјата,+ народите нема да опстанат пред неговата осуда.+ 11 Речете им вака: „Боговите+ што не ги направија небото и земјата ќе исчезнат од земјата+ и од под небото“. 12 Тој ја направи земјата со својата сила,+ ја зацврсти плодната почва со својата мудрост+ и ги распна небесата со својата разборитост.+ 13 Од неговиот глас бучат водите на небесата,+ тој ја крева пареата од крајот на земјата.+ На дождот му направи сливници+ и ветрот го изведува од своите складишта.+

14 Секој човек се однесува неразумно, ништо не сфаќа.+ Секој златар ќе се посрами од својот режан лик,+ зашто неговите леани ликови се лага,+ нема живот* во нив.+ 15 Тие се ништожни, смешни творби.+ Ќе пропаднат кога Бог ќе почне да ги казнува.+

16 Но оној што е наследство на Јаков+ не е како нив, зашто тој е Творец на сѐ,+ а Израел е негова палка, негово наследство.+ Името му е Јехова над војските.+

17 Собери ја својата бовча од земјата,+ ти која живееш во мака!+ 18 Зашто, вака вели Јехова: „Гледај, овојпат ќе ги исфрлам жителите на оваа земја како од праќа+ и ќе пуштам неволја врз нив за да сфатат“.+

19 Тешко мене поради мојата пропаст!+ Мојата рана е болна. Велам: „Навистина, ова е мојата болка, јас ќе ја трпам.+ 20 Мојот шатор е опустошен, сите јажиња на мојот шатор се скинати.+ Моите синови отидоа откај мене, ги нема повеќе.+ Нема кој да го распне пак мојот шатор и да ги подигне моите шаторски крила. 21 Зашто, пастирите се однесуваат неразумно+ и не го бараат Јехова.+ Затоа не постапуваат разборито* и сите стада им се распрснаа“.+

22 Слушајте! Доаѓа глас и голема врева од северната земја+ за да ги претвори градовите на Јуда во пустош, во шакалско дувло.+

23 Добро знам, Јехова, дека патот на земниот човек не е во негова власт. Човекот кој оди не може да управува со своите чекори.+ 24 Укори ме, Јехова, но праведно,+ не во својот гнев,+ за да не ме сотреш.+ 25 Излеј го својот гнев врз народите+ што не се обѕираат на тебе,+ и врз племињата што не го повикуваат твоето име.+ Зашто тие го изедоа Јаков.+ Го изедоа, го истребија+ и го опустошија неговото живеалиште.+

11 Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова: 2 „Чујте ги зборовите на овој сојуз!

Објави им+ ги на народот на Јуда и на жителите на Ерусалим. 3 Речи им: ‚Вака вели Јехова, Богот на Израел: „Проклет да е човекот што не ги слуша зборовите на овој сојуз,+ 4 кои им ги заповедав на вашите татковци во денот кога ги изведов од египетската земја,+ од печката во која се топи железо,+ велејќи: ‚Слушајте го мојот глас и правете сѐ што ви заповедам,+ па ќе бидете мој народ, а јас ќе бидам ваш Бог,+ 5 за да ја исполнам заклетвата со која им се заколнав на вашите татковци+ дека ќе им ја дадам земјата во која тече мед и млеко,+ во која живеат и денес!‘ “ ‘ “

А јас одговорив: „Нека биде така, Јехова!“

6 Потоа Јехова ми рече: „Објави ги сите овие зборови по градовите на Јуда и по улиците на Ерусалим.+ Речи: ‚Чујте ги зборовите на овој сојуз и извршувајте ги!+ 7 Зашто, сериозно ги опоменував вашите татковци од денот кога ги изведов од египетската земја+ до ден-денес, станував рано и ги опоменував: „Слушајте го мојот глас!“+ 8 Но тие не слушаа и не го приклонија своето уво,+ туку се поведуваа по своето тврдокорно и зло срце.+ Затоа ги исполнив врз нив сите зборови на овој сојуз за кој им заповедав да го држат, но тие не го држеа‘ “.

9 И Јехова ми рече: „Има заговор меѓу народот на Јуда и жителите на Ерусалим.+ 10 Се вратија на престапите на своите прататковци од минатото.+ Тие не сакаа да ги слушаат моите зборови, туку одеа по други богови и им служеа.+ Домот на Израел и домот на Јуда го прекршија мојот сојуз, кој го склучив со нивните прататковци.+ 11 Затоа, вака вели Јехова: ‚Еве, ќе им нанесам неволја+ на која нема да ѝ избегаат.+ Ќе ме викаат на помош, но јас нема да ги слушам.+ 12 Градовите на Јуда и жителите на Ерусалим ќе отидат и ќе ги повикуваат на помош боговите на кои им гореа приноси,+ но тие нема да им донесат спасение во време на нивната неволја.+ 13 Зашто, ти, Јудо, имаш исто толку богови колку и градови,+ и колку улици има во Ерусалим, толку жртвеници му поставивте на срамотниот бог,+ жртвеници на кои му горите приноси на Ваал‘.+

14 А ти немој да се молиш за овој народ и не кревај го својот глас викајќи на помош или молејќи се за нив,+ зашто нема да слушам кога ќе ме повикуваат во својата неволја!+

15 Што прави мојот сакан народ во мојот дом,+ кога мнозина од нив смислуваат такво зло?+ Ќе го одвратат ли злото од тебе со свето месо+ кога ќе те снајде неволјата? Ќе се радуваш ли тогаш?+ 16 ‚Зелена маслинка, плодна и убава‘, така те нарече Јехова.+ Со голем шум фрли оган врз неа, искршени се нејзините гранки.+

17 Јехова над војските, оној што те посади,+ ти најави неволја поради злото што го извршија домот на Израел+ и домот на Јуда горејќи му приноси на Ваал за да ме навредуваат“.+

18 Јехова ми објави за да знам, и тогаш ми ги покажа нивните дела.+ 19 А јас бев како послушно јагне што го водат на колење,+ и не знаев дека против мене смислуваат сплетки:+ „Да го уништиме дрвото и неговиот плод, да го откорнеме од земјата на живите,+ за да не се спомнува неговото име никогаш повеќе!“ 20 Но ти, Јехова над војските, судиш праведно,+ ти ги испитуваш бубрезите* и срцето.+ Дозволи ми да видам како им се одмаздуваш, зашто пред тебе ја изнесов својата парница.+

21 Затоа, вака вели Јехова за луѓето од Анатот,+ кои ја бараат мојата душа и велат: „Не пророкувај во името на Јехова+ за да не загинеш од нашава рака“, 22 вака вели Јехова над војските: „Еве, јас ќе се пресметам со нив. Нивните младичи ќе загинат од меч.+ Нивните синови и нивните ќерки ќе умрат од глад.+ 23 Ни остаток нема да им остане, зашто ќе доведам неволја врз луѓето од Анатот+ и ќе дојде годината во која ќе ги казнам“.+

12 Праведен си,+ Јехова, кога ги изнесувам пред тебе своите жалби, кога зборувам со тебе за судски прашања. Зошто е успешен патот на злобните,+ зошто уживаат мир сите што ги изневеруваат другите? 2 Ти ги посади, и тие се вкоренија. Растат и донесуваат плод. Ти си близу до нивната уста, но далеку си од нивните бубрези.*+ 3 Ти, Јехова, добро ме познаваш.+ Ме гледаш и го испитуваш моето срце — тоа е со тебе.+ Издвој ги како овци за колење,+ одвој ги за денот на колежот! 4 До кога ќе венее земјата+ и до кога ќе се сушат полските растенија?+ Стоката и птиците исчезнуваат поради злобата на нејзините жители,+ зашто тие велат: „Тој не ни ја гледа иднината“.

5 Ако се изморуваш кога трчаш со пешаци, како ќе се тркаш со коњи?+ Дали се чувствуваш сигурен во мирна земја?+ Тогаш како ќе се упатиш кон јорданските честаци?+ 6 Зашто, дури и твоите браќа и домот на твојот татко, и тие те изневерија.+ Дури и тие викаат зад тебе колку што ги држи гласот. Не верувај им, иако ти зборуваат убаво.+

7 „Го оставив својот дом.+ Своето наследство,+ онаа која мојата душа ја љуби, ја напуштив и ја дадов во рацете на нејзините непријатели.+ 8 Онаа што е мое наследство ми стана како лав во шума. Рика на мене, и затоа ја замразив.+ 9 Моето наследство+ ми стана како шарена птица грабливка. Другите птици грабливки се насекаде околу неа.+ Дојдете, соберете се, сите вие полски ѕверови, доведете ги и другите да јадат!+ 10 Многу пастири+ го уништија моето лозје,+ го изгазија моето наследство.+ Моето скапоцено наследство+ го претворија во пустелија, во гола пустош. 11 Го претворија во гола пустош,+ се исуши, ми се запусти.+ Целата земја е претворена во пустош, зашто никој не го зема присрце тоа што се случува.+ 12 По сите разгазени патеки низ пустелијата дојдоа пустошници. Зашто, Јеховиниот меч проголтува од едниот крај на земјата до другиот.+ Нема мир за ниту едно суштество.* 13 Сеат пченица, а жнеат трње.+ Се исцрпија од работа, а ќе немаат корист.+ Ќе се засрамат од својот род поради распламтениот гнев на Јехова.“

14 Вака вели Јехова за сите свои зли соседи,+ кои ставаат рака на наследството што тој му го даде во сопственост на својот народ Израел:+ „Еве, ќе ги откорнам од нивната земја,+ а домот на Јуда ќе го откорнам од нивната средина.+ 15 А кога ќе ги откорнам, пак ќе им се смилувам+ и ќе ги доведам назад, секого на неговото наследство и секого на неговата земја“.+

16 „Ако навистина ги научат патиштата на мојот народ, да се заколнуваат во моето име:+ ‚Како што е жив Јехова!‘ — како што го учеа мојот народ да се заколнува во Ваал+ — тогаш ќе добијат место среде мојот народ.+ 17 А ако не послушаат, ќе го откорнам тој народ, ќе го откорнам и ќе го сотрам“,+ вели Јехова.

13 Вака ми рече Јехова: „Оди и купи си ленен појас и опаши си ги со него колковите, но немој да го натопуваш во вода!“ 2 И купив појас според Јеховината реч, и ги опашав со него колковите. 3 Тогаш ми дојде Јеховината реч по вторпат: 4 „Земи го појасот што го купи, кој ти е на колковите, па стани, оди на Еуфрат+ и скриј го таму во некоја пукнатина во карпа!“ 5 И отидов и го скрив покрај Еуфрат, како што ми заповеда Јехова.

6 А по многу дни, Јехова ми рече: „Стани, оди на Еуфрат и земи го оттаму појасот за кој ти заповедав да го скриеш таму!“ 7 И отидов на Еуфрат, го извлеков појасот и го извадив од местото каде што го бев скрил, и гледај, појасот беше гнил, веќе не чинеше за ништо.

8 Тогаш ми дојде Јеховината реч: 9 „Вака вели Јехова: ‚Така ќе ја уништам гордоста на Јуда+ и големата гордост на Ерусалим. 10 Тие злобни луѓе, кои не сакаат да ги послушаат моите зборови,+ и се поведуваат по своето тврдокорно срце,+ и одат по други богови, им служат и им се клањаат,+ ќе станат како тој појас, кој веќе за ништо не чини‘. 11 ‚Зашто, како што појасот се прилепува за колковите на човекот, така би требало целиот дом на Израел и целиот дом на Јуда да се прилепат за мене‘,+ вели Јехова, ,и да бидат мој народ,+ мое добро име,+ моја фалба и убавина, но тие не послушаа.‘+

12 Кажи им ги овие зборови: ‚Вака вели Јехова, Богот на Израел: „Секој ќуп се полни со вино“ ‘.+ А тие ќе ти речат: ‚Зар ние не знаеме дека секој ќуп се полни со вино?‘ 13 Тогаш речи им: ‚Вака вели Јехова: „Еве, ќе ги наполнам со пијанство+ сите жители на оваа земја, и царевите што седат на Давидовиот престол,+ и свештениците, и пророците, и сите жители на Ерусалим. 14 И ќе ги скршам еден од друг, и татковците и синовите заедно“,+ вели Јехова. „Нема да им се смилувам и нема да ги жалам, ќе ги сотрам без милост“ ‘ “.+

15 Чујте, приклонете го увото! Не бидете вообразени,+ зашто Јехова зборува!+ 16 Дајте му слава на Јехова, својот Бог,+ пред да ја испрати темнината,+ пред да ви се сплеткаат нозете на планините во квечерината!+ Вие ќе се надевате на светлина,+ а тој од неа ќе направи густа темнина,+ ќе ја претвори во црна темница.+ 17 Ако не го послушате ова,+ мојата душа скришум ќе плаче поради вашата горделивост и ќе лее солзи. Моето око солзи ќе лее,+ зашто Јеховиното стадо+ ќе биде одведено во заробеништво.

18 Речете им на царот и на царицата-мајка:+ „Седнете на пониско место,+ зашто од главата ќе ви падне прекрасната круна!“+ 19 Јужните градови* се затворени, и нема кој да ги отвори. Сиот народ на Јуда е одведен во изгнанство, целиот е одведен во изгнанство.+

20 „Подигни ги очите и погледни ги оние што доаѓаат од север!+ Каде е стадото што ти е дадено, твоето прекрасно стадо?+ 21 Што ќе речеш тогаш кога тие ќе почнат да се пресметуваат со тебе,+ а ти од почетокот се трудеше да бидеш пријател со нив?+ Нема ли да те фатат родилни болки како родилка?+ 22 И ќе се запрашаш во срцето:+ ‚Зошто ме снајде ова?‘+ Поради твојот голем престап ќе се кренат твоите скутови,+ твоите петици ќе бидат со рани.

23 Може ли Хусанецот*+ да ја промени својата кожа или леопардот своите дамки?+ Така и вие, кои сте се навикнале да правите зло, не можете да правите добро.+ 24 Затоа ќе го развеам својот народ+ како плева која ја разнесува пустински ветар.+ 25 Тоа е твоето наследство, делот што ти го одмерив“,+ вели Јехова, „зашто ме заборави+ и веруваш во лага.+ 26 А јас ќе ти ги кренам полите и ќе ти ги префрлам преку лице, па ќе се видат твојот срам,+ 27 твоето прељубодејство+ и твоето ’ржење,+ твоето бесрамно блудствување. На ридовите, во полето, ги видов твоите гнасотии.+ Тешко тебе, Ерусалиме! Не можеш да бидеш чист+ — до кога ќе трае тоа?“+

14 Оваа реч за сушата+ му дојде од Јехова на пророкот Еремија: 2 Јуда тагува,+ трошни му се портите.+ Малодушно лежат на земја,+ се крева лелек од Ерусалим.+ 3 Нивните угледни луѓе ги праќаат своите слуги по вода.+ Тие доаѓаат до бунарите, но не наоѓаат вода.+ Се враќаат со празни садови. Посрамени се+ и разочарани, си ја покриваат главата.+ 4 Земјата испука бидејќи не паѓа дожд на неа.+ Затоа земјоделците се засрамија, си ја покрија главата.+ 5 Дури и срната, која раѓа во полето, го остава своето младенче зашто нема зелена трева. 6 Зебрите+ стојат на голите ридови, збивтаат како шакали, очите им гаснат зашто нема зеленило.+ 7 Дури и ако нашите престапи сведочат против нас, стори нешто, Јехова, заради своето име!+ Зашто, нашите неверни дела се многубројни.+ Тебе ти згрешивме.+

8 О надеж на Израел,+ Спасителу негов+ во време на неволја,+ зошто си како дојденец во оваа земја и како патник што навратил да ноќева?+ 9 Зошто си како исплашен човек, како јунак кој не може да спаси?+ Ти си меѓу нас,+ Јехова, и ние го носиме твоето име.+ Не оставај нѐ!

10 Вака вели Јехова за овој народ: „Тие сакаат да скитаат+ и не ги запираат своите нозе.+ Затоа не му се мили на Јехова.+ Сега тој ќе се сети на нивните престапи и ќе ги казни за нивните гревови“.+

11 И Јехова ми рече: „Не моли се да му биде добро на овој народ.+ 12 Кога постат, не го слушам нивниот повик за помош.+ Кога принесуваат цела жртва паленица и житна жртва, не ми е мило.+ Со меч, со глад и со помор ќе ги погубам“.+

13 Тогаш реков: „Ах, Севишен Господару Јехова! Еве, пророците им велат: ‚Меч нема да видите и глад ќе нема кај вас, туку ќе ви дадам вистински мир на ова место‘ “.+

14 А Јехова ми рече: „Тие пророци пророкуваат лага во мое име.+ Ниту ги испратив, ниту им дадов некаква заповед, ниту им реков нешто.+ Тие ви пророкуваат од своето срце лажни виденија, гатање, празни зборови+ и измами.+ 15 Затоа вака вели Јехова за пророците што пророкуваат во негово име, а тој не ги испратил, и зборуваат дека ќе нема ни меч ни глад во оваа земја: ‚Од меч и од глад ќе загинат тие пророци.+ 16 А овој народ, кому тие му пророкуваат, ќе лежи по улиците на Ерусалим покосен од глад и од меч, и не ќе има кој да ги погребе — нив, нивните жени, нивните синови и нивните ќерки.+ Ќе ја излеам врз нив нивната неволја‘.+

17 А ти кажи им вака: ‚Моите очи нека ронат солзи ноќе и дење и нека не престанат,+ зашто девицата, ќерката на мојот народ, е скршена од голема пропаст,+ од удар што е крајно болен.+ 18 Ако излезам во полето, гледај, убиени со меч!+ Ако влезам во градот, гледај, болести поради гладот!+ Зашто, и пророкот и свештеникот скитаат по земја што не ја познаваат‘ “.+

19 Зар сосема го отфрли Јуда?+ Зар душата твоја го замрази Сион?+ Зошто нѐ удри, па нема лек за нас?+ Се надевавме на мир, но нема добро, и на време кога ќе се излекуваме, но ете страв!+ 20 Ја признаваме, Јехова, својата злоба, престапот на своите татковци,+ зашто ти згрешивме тебе.+ 21 Не презирај нѐ заради своето име,+ не презирај го својот славен престол!+ Сети се на својот сојуз со нас, немој да го раскинеш!+ 22 Има ли меѓу ништожните идоли+ на народите некој што може да даде дожд? Можат ли небесата сами да дадат обилен дожд?+ Зарем не си ти, Јехова, наш Боже, оној што го дава тоа?+ На тебе се надеваме, зашто ти го правиш сето тоа.+

15 И Јехова ми рече: „Да застанеа пред мене Мојсеј+ и Самоил,+ мојата душа немаше да се сврти кон тој народ.+ Ќе ги истерам од пред моето лице. Нека си одат!+ 2 Ако ти речат: ‚Каде да одиме?‘ — одговори им: ‚Вака вели Јехова: „Кој е за смртоносна чума, во смрт од чума! Кој е за меч, под меч! Кој е за глад, на глад!+ Кој е за заробеништво, во заробеништво!“ ‘+

3 ‚Ќе поставам над нив четири зла‘,+ вели Јехова, ,меч да убива, кучиња да одвлекуваат, небесни птици+ и земни ѕверови да јадат и да уништуваат. 4 И ќе направам да бидат ужасна глетка за сите земни царства+ поради Манасија, синот на Езекија, царот на Јуда, поради она што тој го направи во Ерусалим.+ 5 Зашто, кој ќе ти се смилува тебе, Ерусалиме? Кој ќе сочувствува со тебе?+ Кој ќе наврати за да те праша како си?‘

6 ‚Ти ме остави‘,+ вели Јехова. ‚Ми го вртиш грбот и ме напушташ.+ А јас ќе ја подигнам раката против тебе и ќе те сотрам.+ Се уморив од сожалување.+ 7 Ќе ги веам со вила+ на портите на оваа земја. Ќе им ги убијам децата.+ Ќе го сотрам својот народ, зашто не се враќа од своите патишта.+ 8 Повеќе ќе имам нивни вдовици отколку морски песок. Напладне ќе го доведам пустошникот против нив,+ против мајката и синот. Ќе пуштам врз нив ненадеен ужас и метеж.+ 9 Премале жената што роди седум деца, нејзината душа се бори да дојде до здив.+ Нејзиното сонце зајде додека уште беше ден,+ посрамена е и засрамена. А нивниот остаток ќе го предадам на мечот на нивните непријатели‘,+ вели Јехова“.

10 Тешко мене,+ мајко моја, зашто ме роди мене, човек кој мора да се препира и да се кара со цела земја!+ Никому не сум му давал заем и никој мене не ми давал заем, а сите ме проколнуваат.+

11 Вака вели Јехова: „Навистина ќе ти служам за твое добро.+ Навистина ќе те бранам од непријателот+ во време на неволја,+ во време на мака. 12 Може ли некој да скрши железо, железо од север, и бакар? 13 Твоето богатство и твоето благо ќе ги дадам без цена,+ нека бидат ограбени поради сите гревови што ги направи по целата своја земја.+ 14 И ќе предизвикам твоите непријатели да го однесат во земја што не ја познаваш.+ Зашто, мојот гнев пламна како оган.+ Пламна против вас“.

15 Ти, Јехова, ја знаеш мојата неволја!+ Сети се на мене+ и погледни ме и одмазди им се за мене на моите прогонители!+ Не дозволувај да загинам, зашто ти си бавен на гнев!+ Сети се дека поднесувам навреди поради тебе.+ 16 Кога твоите зборови ми дојдоа, јас ги изедов,+ и твојата реч ме израдува+ и ми го развесели срцето,+ зашто јас го носам твоето име,+ Јехова, Боже над војските.+ 17 Не седам во друштво на оние што бијат шеги,+ па се веселат.+ Поради твојата рака, седам сам,+ зашто ти ме исполни со осуда.+ 18 Зошто мојата болка не престанува+ и мојата рана е неизлечлива?+ Не може да се излекува! Ти ми стана како измамлив+ извор, како несигурни води.+

19 Затоа вака вели Јехова: „Ако се вратиш кај мене, јас ќе те вратам во својата милост.+ Пак ќе ми служиш.+ Ако го одвоиш скапоценото од безвредното, пак ќе зборувам преку тебе. Тие ќе се свртат кон тебе, но ти не смееш да се свртиш кон нив!“

20 „Направив да му бидеш на овој народ зацврстен бакарен ѕид.+ Тие ќе се борат против тебе, но нема да те надвладеат,+ бидејќи јас сум со тебе за да те спасам и да те избавам“,+ вели Јехова. 21 „Ќе те избавам од раката на злобните,+ ќе те откупам од раката на насилниците.“

16 И пак ми дојде Јеховината реч: 2 „Не земај си жена и немај синови и ќерки на ова место!+ 3 Зашто, вака вели Јехова за синовите и за ќерките што се раѓаат на ова место и за нивните мајки што ги раѓаат и за татковците на кои им се раѓаат во оваа земја:+ 4 ‚Тие ќе умрат од смртоносни болести.+ Нема да бидат оплакувани,+ и никој нема да ги погребе.+ Ќе станат како гној по земјата.+ Ќе изгинат од меч и од глад,+ а нивните мртви тела ќе им бидат храна на небесните птици и на земните ѕверови‘.+

5 Зашто, вака вели Јехова: ‚Не влегувај во куќа каде што ужалените имаат гозба, немој да жалиш и немој да сочувствуваш со нив!‘+

‚Зашто, јас му го одзедов својот мир на тој народ‘, вели Јехова, ,му ги одзедов милоста* и милосрдието.+ 6 Ќе изумрат и големите и малите во оваа земја. Никој нема да ги погребе,+ никој нема да се удира в гради од жал за нив, никој нема да си прави резови по телото+ поради нив и нема да ја бричи главата поради нив.+ 7 Нема да им биде даден леб каков што им се дава на ожалостените за да се утешат за покојниот,+ ниту ќе им биде дадена чаша на утехата за таткото или за мајката.+ 8 Не влегувај во куќа каде што има гозба за да седнеш со нив, па да јадеш и да пиеш.‘+

9 Зашто, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Еве, пред ваши очи и во ваши денови ќе направам да го снема од ова место гласот на радоста и гласот на веселбата, гласот на младоженецот и гласот на невестата‘.+

10 А кога ќе му ги објавуваш на тој народ сите овие зборови, ако те праша: ‚Зошто Јехова ни ја најави целата оваа голема неволја? Кој е нашиот престап и кој е нашиот грев со кој му згрешивме на Јехова, нашиот Бог?‘+ 11 — тогаш речи му: ‚Затоа што вашите татковци ме оставија‘,+ вели Јехова, ,и отидоа по други богови, па им служеа и им се клањаа.+ Ме оставија и не се држеа за мојот закон.+ 12 А вие постапувате уште полошо од вашите татковци+ и, еве, сите се поведувате по своето тврдокорно+ и злобно срце, и не ме слушате.+ 13 Затоа ќе ве истерам од оваа земја+ во земја што не ја познавате,+ како што не ја познаваа ни вашите татковци, и таму ќе им служите на други богови+ дење и ноќе, зашто нема да ви се смилувам!‘

14 ‚Затоа, еве, доаѓаат денови‘,+ вели Јехова, ,кога нема повеќе да се вели: „Како што е жив Јехова, кој ги изведе синовите на Израел од египетската земја“,+ 15 туку: „Како што е жив Јехова, кој ги изведе синовите на Израел од северната земја и од сите земји по кои ги расеа“. Ќе ги вратам во нивната земја, која им ја дадов на нивните татковци.‘+

16 ‚Еве, ќе испратам многу рибари‘, вели Јехова, ,кои ќе ги ловат. Потоа ќе испратам многу ловци,+ и тие ќе ги ловат по сите планини, и по сите ридови, и по сите камени стрмнини.+ 17 Зашто, моите очи се на сите нивни патишта. Ниту тие се скриени од мене, ниту нивниот престап е засолнет од моите очи.+ 18 Првин ќе им платам во полна мера за нивниот престап+ и за нивниот грев, поради тоа што ја осквернија мојата земја.+ Со труповите на своите гадни и одвратни идоли го наполнија моето наследство‘ “.+

19 О Јехова, сило моја и тврдино моја, засолниште мое во денот на неволја,+ кај тебе ќе дојдат народите од краиштата на земјата,+ и ќе речат: „Навистина нашите татковци имаа лажни богови,*+ ништожни, од кои нема никаква корист“.+ 20 Може ли земниот човек да си направи богови, кога тоа не се богови?+

21 „Затоа, еве, ќе им дозволам да ги запознаат, да ги запознаат овојпат мојата рака и мојата моќ,+ па ќе знаат дека моето име е Јехова.“+

17 „Гревот на Јуда е запишан со железно перо.+ Со дијамантски врв е врежан на плочата на нивното срце+ и на роговите на нивните жртвеници.+ 2 Нивните синови мислат на нивните жртвеници и на нивните обредни диреци* покрај секое зелено дрво, на високите ридови,+ 3 на планините и во полето. Ќе дозволам да бидат ограбени твоето богатство, целото твое благо,+ и твоите обредни височинки, поради гревот во целата твоја земја.+ 4 Самиот го остави наследството што ти го дадов.+ Ќе направам да им служиш на своите непријатели во земја што не ја познаваш.+ Зашто, во мојот гнев сте запалени како оган+ што ќе гори довека.“

5 Вака вели Јехова: „Проклет да е човекот што се надева на земен човек+ и го смета човекот за своја сила,+ а срцето му се отстранува од Јехова!+ 6 Тој ќе биде како осамено дрво во пустина и нема да го види доброто кога тоа ќе дојде,+ туку ќе престојува во исушен крај, во пустелија, во солена и ненаселена земја.+ 7 Благословен да е човекот што се надева на Јехова, кому Јехова му е сигурност!+ 8 Тој ќе биде како дрво посадено покрај води, кое ги пушта своите корења крај водниот тек. Нема да види жега кога таа ќе дојде, туку лисјата ќе му останат зелени.+ Во сушна година+ нема да се грижи и нема да престане да раѓа плод.

9 Срцето е поизмамливо од сѐ друго и е готово на сѐ.+ Кој може да проникне во него? 10 Јас, Јехова, го истражувам срцето+ и ги испитувам бубрезите,*+ за да му дадам секому според неговите патишта,+ според плодовите на неговите дела.+ 11 Како еребица која собира јајца што не ги снесла, таков е оној што стекнува богатство, но не со правда.+ Во половината од своите денови ќе го остави+ и на крајот ќе остане безумен“.+

12 На високо е славниот престол од почетокот,+ на тоа место е нашето светилиште.+ 13 О Јехова, надеж на Израел,+ сите што те оставаат ќе бидат посрамени.+ Оние што отстапуваат од тебе*+ ќе бидат запишани во земниот прав, зашто го оставија изворот на жива вода, Јехова.+ 14 Лекувај ме, Јехова, и ќе бидам излекуван.+ Спаси ме, и ќе бидам спасен,+ зашто тебе те фалам.+

15 Гледај, тие ми велат: „Каде е Јеховината реч?+ Нека дојде!“ 16 А јас, како твој пастир, не се брзав да те оставам и не копнеев по погубниот ден. Ти знаеш што излегува преку моите усни, пред твоето лице се случува тоа. 17 Немој да ме плашиш!+ Ти си моето прибежиште во денот на неволјата.+ 18 Нека се засрамат моите прогонители,+ но не дозволувај да се засрамам јас!+ Нека ги обземе страв нив, но не дозволувај да ме обземе страв мене! Доведи го врз нив денот на неволја+ и скрши ги со двоен удар!+

19 Вака ми рече Јехова: „Оди и застани на портата на синовите на овој народ, низ која влегуваат и излегуваат царевите на Јуда, и на сите порти на Ерусалим.+ 20 И речи им: ‚Чујте ја Јеховината реч, вие цареви на Јуда и цел народе на Јуда и сите вие ерусалимски жители, кои влегувате низ оваа порта.+ 21 Вака вели Јехова: „Чувајте ги вашите души,+ и не носете на ден за одмор* никаков товар и не внесувајте го низ ерусалимските порти!+ 22 И не изнесувајте од своите куќи никаков товар на ден за одмор и не работете никаква работа,+ туку денот за одмор нека ви биде свет, како што им заповедав на вашите татковци.+ 23 Но тие не слушаа и не го приклонија своето уво,+ туку останаа непокорни*+ и не слушаа, и не примија поука“ ‘.+

24 ‚Ако ме послушате верно‘,+ вели Јехова, ,и ако не внесувате товар низ портите на овој град на ден за одмор,+ туку ви биде свет денот за одмор, така што нема да работите никаква работа,+ 25 тогаш низ портите на овој град ќе влегуваат цареви и кнезови,+ кои седат на Давидовиот престол,+ се возат во коли и јаваат на коњи, тие и нивните кнезови, народот на Јуда и ерусалимските жители, и овој град ќе биде населен довека. 26 И ќе доаѓаат луѓе од градовите на Јуда, од околината на Ерусалим, од земјата на Венијамин,+ од низините,+ од планинскиот крај+ и од Негев,*+ и ќе донесуваат во Јеховиниот дом цели паленици,+ жртви,+ житни приноси,+ темјан+ и жртви на благодарност.+

27 Но, ако не ме послушате, ако не ви биде свет денот за одмор и ако носите товари+ и влегувате со нив низ ерусалимските порти на денот за одмор, тогаш ќе запалам оган на неговите порти,+ и тој ќе ги проголта утврдените дворци на Ерусалим+ и нема да угасне“ ‘.+

18 Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова: 2 „Стани и оди во куќата на грнчарот!+ Таму ќе ти ги објавам своите зборови“.

3 И отидов во куќата на грнчарот, а тој работеше на грнчарското колце. 4 Садот што го правеше грнчарот од глина го расипа со раката, па се премисли и од неа направи друг сад — каков што му беше по волја на грнчарот да направи.+

5 И пак ми дојде Јеховината реч: 6 „ ,Не можам ли да постапам со вас како овој грнчар, доме Израелов?‘ — вели Јехова. ‚Гледај, како што е глината во рацете на грнчарот така сте вие во мојава рака, доме Израелов.+ 7 Кога ќе му кажам на некој народ и на некое царство дека ќе го откорнам, ќе го сотрам и ќе го уништам,+ 8 а тој народ се одврати од своето зло за кое му зборував,+ ќе зажалам што сакав да му нанесам неволја.+ 9 А кога ќе му кажам на некој народ и на некое царство дека ќе го изградам и ќе го засадам,+ 10 а тој почне да го прави она што е зло во мои очи и не го слуша мојот глас,+ ќе зажалам што сакав да му направам добро.‘

11 Затоа кажи им, те молам, на народот на Јуда и на жителите на Ерусалим: ‚Вака вели Јехова: „Еве, готвам неволја за вас и смислувам замисла против вас.+ Вратете се, ве молам, секој од својот зол пат и поправете ги своите патишта и своите дела!“ ‘ “+

12 А тие велат: „Не надевај се!+ Ќе одиме по своите замисли и ќе се поведуваме по своето тврдокорно и зло срце“.+

13 Затоа вака вели Јехова: „Распрашајте се, ве молам, меѓу народите: кој чул такво нешто? Голема грозотија направи израелската девица.+ 14 Зар ќе го снема ливанскиот снег од карпите во полето? Зар ќе пресушат студените води што течат од туѓина? 15 Мојот народ ме заборави+ зашто на ништожност ѝ горат приноси+ и ги сопнуваат другите на нивните патишта,+ на древните патеки,+ за да тргнат по врвици и по ненасипан пат, 16 за да ја претворат својата земја во грозна глетка,+ да се чудат и да потсвирнуваат поради неа довека.+ Секој минувач ќе гледа вчудовидено и ќе мавта со главата.+ 17 Како со источен ветар ќе ги распрснам пред непријателот.+ Ќе им го свртам грбот, нема да ги погледнам+ во денот на нивната пропаст“.

18 А тие рекоа: „Ајде да смислиме некаква замисла против Еремија,+ зашто на свештеникот не ќе му снема закон,+ ниту на мудриот совет, ниту на пророкот зборови!+ Ајде да го обвиниме+ и да не обрнуваме внимание на неговите зборови!“

19 Обрни ми внимание, о Јехова, и слушај го гласот на моите противници!+ 20 Треба ли да се враќа зло за добро?+ А тие ѝ копаат јама на мојата душа.+ Сети се дека стоев пред тебе и зборував добро за нив за да го одвратам твојот гнев од нив!+ 21 Затоа, дај му ги нивните синови на гладот,+ предај ги во власта на мечот!+ Нивните жени нека останат без деца и нека бидат вдовици!+ Нивните мажи нека ги убие смртоносна чума, нивните младичи нека паднат од меч во битка!+ 22 Нека се чуе викотница од нивните куќи, кога ненадејно ќе доведеш против нив разбојничка дружина!+ Зашто, тие копаат јама за да ме фатат, и потајно им местат стапици на моите нозе.+

23 Но ти, Јехова, добро знаеш сѐ што наумиле против мене за да ме убијат.+ Немој да го покриеш нивниот престап, немој да го избришеш нивниот грев пред себе — нека попаѓаат пред тебе!+ Казни ги во денот на својот гнев!+

19 Вака вели Јехова: „Оди и земи од грнчарот земјена стомна+ и поведи со себе неколку народни и неколку свештенички старешини. 2 Појди во долината на Еномовите синови,+ која се наоѓа пред Портата на грнчарските отпадоци! Таму објави ги зборовите што ќе ти ги кажам!+ 3 Кажи: ‚Чујте ја Јеховината реч, вие цареви на Јуда и вие жители на Ерусалим!+ Вака вели Јехова над војските,+ Богот на Израел:

„Еве, донесувам неволја на ова место, и кога ќе чујат за неа, сите ќе се вчудовидат,*+ 4 затоа што ме оставија+ и го направија ова место непрепознатливо+ и на него им гореа приноси на други богови, кои порано не ги познаваа,+ тие и нивните татковци и царевите на Јуда, и ова место го наполнија со крвта на невини луѓе.+ 5 И му изградија обредни височинки на Ваал за да ги горат своите синови во оган, принесувајќи му ги на Ваал+ како жртви паленици, а јас тоа никогаш не сум го заповедал, ниту сум зборувал за тоа,+ ниту, пак, некогаш такво нешто ми дошло на ум“ ‘.*+

6 ‚Затоа, еве, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ,кога ова место повеќе нема да се нарекува Тофет+ и долина на Еномовите синови,+ туку долина на убивањето. 7 Ќе ги осуетам намерите на Јуда и на Ерусалим на ова место+ и ќе направам да паднат од меч пред своите непријатели и од раката на оние што ја бараат нивната душа.+ А нивните мртви тела ќе им ги дадам како храна на небесните птици и на земните ѕверови.+ 8 Овој град ќе го претворам во грозна глетка, за да му се чудат луѓето и да потсвирнуваат.+ Секој минувач ќе гледа вчудовидено, ќе се чуди и ќе потсвирнува поради сите негови неволји.+ 9 И ќе ги натерам да го јадат месото на своите синови и месото на своите ќерки, и секој ќе го јаде месото на својот ближен поради маката и неволјата со кои ќе ги притиснат нивните непријатели и оние што ја бараат нивната душа‘.+

10 Скрши ја стомната пред очите на оние што ќе одат со тебе! 11 И кажи им: ‚Вака вели Јехова над војските: „Така ќе го скршам овој народ и овој град, како што се крши грнчарски сад, па не ќе може повеќе да се поправи.+ Во Тофет+ ќе се вршат погреби сѐ додека не снема место за погребување“ ‘.+

12 ‚Така ќе му направам на ова место‘, вели Јехова, ,и на неговите жители: ќе направам овој град да биде како Тофет.+ 13 И куќите во Ерусалим и куќите на царевите на Јуда ќе бидат како местото каде што е Тофет+ — нечисти — сите куќи на чии покриви ѝ гореа приноси на сета небесна војска+ и им излеваа жртви налевници на други богови‘ “.+

14 И Еремија се врати од Тофет,+ каде што Јехова го испрати да пророкува, па застана во дворот на Јеховиниот дом и му рече на целиот народ:+ 15 „Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Еве, на овој град и на сите градови околу него ја донесувам сета неволја што му ја најавив, зашто се непокорни* и не ги слушаат моите зборови‘ “.+

20 А Пасхор, синот на Имер,+ свештеникот, кој беше главен надзорник во Јеховиниот дом,+ го слушаше Еремија додека ги изговараше тие пророчки зборови. 2 Тогаш Пасхор го удри пророкот Еремија+ и го стави во клада+ кај горната Венијаминова Порта, која беше во Јеховиниот дом. 3 А утредента, кога Пасхор го пушти Еремија од кладата,+ Еремија му рече:

„Јехова повеќе нема да те нарекува+ Пасхор, туку Магор-Мисавив.*+ 4 Зашто, вака вели Јехова: ‚Еве, ќе направам да бидеш страв за самиот себе и за сите што те сакаат. Тие ќе паднат од мечот на своите непријатели,+ а твоите очи ќе го гледаат тоа.+ Целиот народ на Јуда ќе го предадам во раката на вавилонскиот цар и тој ќе го одведе во изгнанство во Вавилон и ќе го погуби со меч.+ 5 Сѐ што се чува во овој град, сиот негов стекнат имот, и сите негови скапоцености, и сите блага на царевите на Јуда ќе ги предадам во раката на нивните непријатели.+ Сето тоа тие ќе го опљачкаат, ќе го ограбат и ќе го однесат во Вавилон.+ 6 А ти, Пасхоре, ќе отидеш во заробеништво+ со сите што живеат во твојата куќа. Во Вавилон ќе дојдеш и таму ќе умреш и таму ќе бидеш погребан, ти и сите што те сакаат,+ зашто лажно им пророкуваше‘ “.+

7 Ти ме измами, Јехова, јас сум измамен! Ја употреби својата сила против мене и ме надвладеа.+ Ми се смеат по цел ден, секој ми се потсмева.+ 8 Зашто, кога и да проговорам, викам за помош. За насилство и за пустошење викам.+ Зашто, Јеховината реч мене ми е за срам, поради неа ми се потсмеваат по цел ден.+ 9 И реков: „Нема повеќе да го спомнувам и нема повеќе да зборувам од негово име“.+ Но во моето срце неговата реч беше како распламтен оган, затворен во моите коски, па не можев повеќе да молчам, не можев да издржам.+ 10 Зашто, чув зли гласови од мнозина.+ Страв владееше насекаде. „Кажете нешто против него, за да можеме и ние да зборуваме против него!“+ Сите смртни луѓе што ме поздравуваат со „Мир!“, сите чекаат да направам некаков погрешен чекор+ и велат: „Можеби ќе се измами,+ па ќе го надвладееме и ќе му се одмаздиме“. 11 Но Јехова беше со мене+ како страшен јунак.+ Затоа моите прогонители ќе се сопнат и нема да надвладеат.+ Ќе бидат многу посрамени, зашто ќе немаат успех. Нивното вечно понижување нема да се заборави.+

12 А ти, о Јехова над војските, го испитуваш праведникот,+ ги гледаш бубрезите* и срцето.+ Дозволи ми да видам како им се одмаздуваш,+ зашто пред тебе ја изнесов својата парница!+

13 Пејте му на Јехова! Фалете го Јехова! Зашто, ја избави душата на сиромавиот од раката на злосторниците.+

14 Проклет да е денот во кој се родив! Без благослов да остане денот во кој ме родила мајка ми!+ 15 Проклет да е човекот што му ја донел веста на татко ми: „Ти се роди син, машко“, и со тоа го израдувал.+ 16 Тој човек нека биде како градовите кои Јехова без милост ги уништи.+ Нека чуе викање наутро и знак за тревога напладне.+

17 Зошто не ме убил уште во утробата на мајка ми, па мајка ми ќе станеше мојот гроб, а нејзината утроба ќе беше трудна довека?+ 18 Зошто излегов од утробата+ да гледам мака и тага+ и мојот живот да заврши во срам?+

21 Ова е речта+ што му дојде на Еремија од Јехова, кога цар Седекија+ ги испрати кај него Пасхор,+ синот на Малхија, и Софонија,+ синот на Маасија, свештеникот, порачувајќи му: 2 „Те молам, прашај го Јехова за нас,+ зашто Навуходоносор, вавилонскиот цар, завојува со нас.+ Можеби Јехова ќе направи за нас некакво чудесно дело како некогаш, па непријателот ќе си отиде откај нас“.+

3 А Еремија им рече: „Вака кажете му на Седекија: 4 ‚Вака вели Јехова, Богот на Израел: „Еве, ќе го свртам против вас оружјето што е во вашите раце, со кое се борите против царот на Вавилон+ и против Халдејците,+ кои ве опсадуваат надвор од ѕидовите, и ќе го соберам среде овој град.+ 5 Јас ќе се борам против вас+ со подигната рака и со силна мишка, со гнев и со јарост и со голема лутина.+ 6 И ќе ги погубам жителите на овој град, и луѓето и животните. Од голем помор ќе изумрат“ ‘.+

7 ‚„А потоа,“ вели Јехова, „Седекија, царот на Јуда, и неговите слуги и народот и оние што ќе преостанат во овој град по поморот, мечот и гладот, ќе ги предадам во рацете на Навуходоносор, царот на Вавилон, во рацете на нивните непријатели и во рацете на оние што ја бараат нивната душа. Тој ќе ги погуби со сечилото на мечот.+ Нема да се сожали на нив, ќе нема сочувство, ниту милосрдие.“ ‘+

8 А на овој народ кажи му: ‚Вака вели Јехова: „Еве, пред вас ги ставам патот на животот и патот на смртта.+ 9 Кој ќе седи мирно во овој град, ќе загине од меч, од глад и од помор,+ а кој ќе излезе и ќе им се предаде на Халдејците, кои ве опсадуваат, ќе остане жив и ќе ја добие својата душа како плен“ ‘.+

10 ‚„Зашто, го свртив своето лице кон овој град за зло, а не за добро“,+ вели Јехова. „Ќе биде предаден во рацете на вавилонскиот цар,+ и тој ќе го изгори со оган.“+

11 А за домот на царот на Јуда, чујте ја Јеховината реч!+ 12 Доме Давидов,+ вака вели Јехова: „Секое утро+ судете праведно+ и избавувајте го опљачканиот од рацете на пљачкашот,+ за да не дојде мојот гнев како оган+ и да не се разгори, зашто тогаш ќе нема кој да го изгасне, поради вашите зли дела“ .‘+

13 ‚Еве, доаѓам против тебе, жителке на долината,+ карпо во рамницата‘, вели Јехова. ‚Вие велите: „Кој ќе дојде против нас? Кој ќе дојде во нашите живеалишта?“+ 14 Вие ќе одговарате пред мене+ според плодовите на своите дела‘,+ вели Јехова. ‚Ќе запалам оган во нејзината шума,+ и тој ќе проголта сѐ што е околу неа‘ “.+

22 Вака вели Јехова: „Појди во дворецот на царот на Јуда и објави ја таму оваа реч! 2 Кажи: ‚Чуј ја Јеховината реч, царе на Јуда, кој седиш на престолот Давидов,+ ти и твоите слуги и твојот народ, кои влегуваат низ овие порти.+ 3 Вака вели Јехова: „Спроведувајте правда и покажувајте праведност, и избавете го опљачканиот од раката на пљачкашот! Не малтретирајте ги дојденецот, детето без татко и вдовицата!+ Не угнетувајте ги!+ И не пролевајте невина крв на ова место!+ 4 Зашто, ако навистина ја извршите оваа реч, тогаш низ портите на овој дом ќе влезат цареви, кои седат на Давидовиот престол,+ се возат во коли и јаваат на коњи, тие и нивните слуги и нивниот народ“ ‘.+

5 ‚Но, ако не ги послушате овие зборови, се колнам во себе‘,+ вели Јехова, ‚дека овој дворец ќе стане урнатина.‘+

6 Зашто, вака вели Јехова за домот на царот на Јуда: ‚Ти си ми како Галад, врв ливански.+ Но, навистина, ќе те претворам во пустина,+ а градовите ќе останат без жители.+ 7 И ќе ги подготвам* против тебе оние што донесуваат пропаст,+ секој со неговото оружје,+ и тие ќе ги исечат твоите најдобри кедри+ и ќе ги фрлат во оган.+ 8 Многу народи ќе поминуваат покрај овој град и ќе си велат еден на друг: „Зошто Јехова му направи така на овој голем град?“+ 9 Ќе им се одговори: „Затоа што го оставија сојузот на Јехова, својот Бог,+ и им се клањаа на други богови и им служеа“ ‘.+

10 Не оплакувајте го умрениот,+ не сожалувајте го! Плачете горко за оној што заминува во изгнанство, зашто никогаш повеќе нема да се врати и нема повеќе да ја види земјата на својот род! 11 Зашто, вака вели Јехова за Салум,*+ синот на Јосија, царот на Јуда, кој царува наместо Јосија, својот татко,+ и кој замина од ова место: ‚Никогаш повеќе нема да се врати ваму. 12 Ќе умре во местото каде што го одведоа во изгнанство, а оваа земја нема никогаш повеќе да ја види‘.+

13 Тешко на оној што ја гради својата куќа,+ но не праведно, и своите горни одаи, но не по правдата, туку го користи својот ближен, кој му служи без пари и кому не му дава плата!+ 14 Тој вели: ‚Ќе си изградам голема куќа и пространи горни одаи.+ Затоа ќе ги зголемам своите прозорци, ќе ги обложам ѕидовите со кедар+ и ќе ги намачкам со црвена боја‘.+ 15 Ќе царуваш ли и понатаму кога се расфрлаш со кедровина? Нели татко ти јадеше и пиеше и го правеше она што е право и праведно?+ Затоа му беше добро.+ 16 Го бранеше правото на страдалникот и на сиромавиот.+ Затоа му беше добро. ‚Зар тоа не значи човек да ме познава мене?‘ — вели Јехова. 17 ‚Но твоите очи и твоето срце одат само по неправедна добивка,+ и за да ја пролеат крвта на невиниот,+ да измамуваат и да изнудуваат.‘

18 Затоа, вака вели Јехова за Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда: ‚Него нема да го оплакуваат: „Леле, брате мој! Леле, сестро моја!“ Него нема да го оплакуваат: „Леле, господару! Леле, негово височество!“+ 19 Ќе го закопаат како што се закопува магаре+ — ќе го одвлечкаат и ќе го фрлат надвор, пред ерусалимските порти‘.+

20 Качи се на Ливан+ и викај! На Васан+ пушти го својот глас! Викај од Аварим,+ зашто се скршени сите оние што те сакаат!+ 21 Ти зборував додека беше безгрижен,+ а ти рече: ‚Нема да послушам!‘+ Таков беше твојот пат од твојата младост, зашто не го послуша мојот глас.+ 22 Ветрот ќе им биде пастир на сите твои пастири,+ а оние што те сакаат ќе отидат во заробеништво.+ Тогаш ќе се посрамиш и ќе се понижиш поради сета своја неволја.+ 23 Ти, кој престојуваш во Ливан+ и си се вгнездил во кедрите,+ ќе офкаш силно кога ќе те фатат породилни маки,+ родилни болки како кај родилка!“+

24 „ ,Како што сум жив јас‘, вели Јехова, ‚да беше Хониј,*+ синот на Јоаким,+ царот на Јуда, печатен прстен+ на мојата десница, ќе го истргав од прстот!+ 25 Ќе го дадам во раката на оние што ја бараат неговата душа,+ во раката на оние од кои се плаши, во раката на Навуходоносор, царот на Вавилон, и во раката на Халдејците.+ 26 И ќе ги фрлам него и мајка му,+ која го родила, во друга земја, во која не се родиле, и таму ќе умрат.+ 27 А во земјата, по која ќе им копнее душата за да се вратат во неа, нема да се вратат.+ 28 Зар тој човек, Хониј,+ е некаков презрен и разбиен сад,+ или сад што никој не го сака?+ Зошто мораат тој и неговото потомство да бидат соборени и фрлени во земја што не ја познаваат?‘+

29 О земјо, земјо, земјо, чуј ја Јеховината реч!+ 30 Вака вели Јехова: ‚Запишете за овој човек дека нема деца,+ дека е човек кој нема да успее во животот, зашто ниту еден од неговите потомци+ нема да седне на Давидовиот престол+ и никогаш нема да владее во Јуда!‘ “

23 „Тешко на пастирите што ги упропастуваат и ги растеруваат овците кои се од моето пасиште!“+ — вели Јехова.

2 Затоа, вака вели Јехова, Богот на Израел, против пастирите што го пасат мојот народ: „Вие ги растеравте моите овци, ги расеавте, не се грижевте за нив“.+

„Еве, јас ќе се погрижам за вас поради вашите зли дела“,+ вели Јехова.

3 „Од сите земји по кои ги расеав, јас ќе го соберам остатокот од своите овци+ и ќе ги вратам на нивното пасиште,+ и ќе бидат плодни, и ќе се намножат.+ 4 И ќе им подигнам пастири што ќе ги пасат,+ и од ништо повеќе нема да се бојат, ниту да се плашат,+ и ниту една нема да се изгуби“, вели Јехова.

5 „Еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога на Давид ќе му подигнам праведна фиданка.+ Царот ќе почне да царува+ и ќе постапува разборито, ќе го прави она што е исправно и праведно во земјата.+ 6 Во негови денови, Јуда ќе се спаси,+ Израел ќе живее во сигурност.+ А ова е името со кое ќе се нарекува: Јехова Е Нашата Праведност.“+

7 „Затоа, еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога нема повеќе да се вели: ‚Како што е жив Јехова, кој ги изведе синовите на Израел од египетската земја‘,+ 8 туку: ‚Како што е жив Јехова, кој го изведе и го доведе потомството на домот на Израел од северната земја и од сите земји‘ по кои ги расеав, и ќе живеат на своја земја.“+

9 Поради пророците, срцето ми е скршено во мене. Сите коски ми се тресат. Станав како пијан човек,+ како човек совладан од вино, поради Јехова и поради неговите свети зборови. 10 Зашто, земјата е полна со прељубници.+ Земјата тагува+ поради клетвата, се исушија пасиштата во пустелијата.+ Зло е она што го прават, неправедно ја користат својата моќ.

11 „Зашто, и пророкот и свештеникот се извалкаа.+ И во својот дом ја наоѓам нивната злоба“,+ вели Јехова. 12 „Затоа нивниот пат ќе им стане како лизгава земја+ во мрак, каде што ќе бидат турнати, и ќе паднат.“+

„Зашто, врз нив ќе донесам неволја, ќе дојде година во која ќе се пресметам со нив“,+ вели Јехова. 13 „Кај пророците на Самарија+ видов срамотни дела. Пророкуваат како пророците на Ваал+ и го заведуваат мојот народ, Израел.+ 14 Кај пророците на Ерусалим видов грозни работи.+ Вршат прељуба+ и кажуваат лага.*+ Ги поддржуваат злосторниците, па ниту еден од нив не се одвраќа+ од својата злоба. Сите тие ми станаа како Содом,+ а неговите жители како Гомор.“+

15 Затоа, вака вели Јехова над војските против пророците: „Еве, ќе ги нахранам со пелин и ќе ги напојам со затруена вода.+ Зашто, од ерусалимските пророци се шири отпадништво+ по целата земја“.

16 Вака вели Јехова над војските: „Не слушајте ги зборовите на пророците што ви пророкуваат!+ Тие ве наведуваат на суетност.+ Ви кажуваат виденија од своето срце,+ а не од устата на Јехова.+ 17 Постојано им зборуваат на оние што ме презираат: ‚Јехова рече: „Ќе имате мир“ ‘.+ И на секој што се поведува по своето тврдокорно срце*+ му велат: ‚Нема да ве снајде никаква неволја‘.+ 18 Зашто, кој беше меѓу блиските пријатели+ на Јехова, па можел да ја види и да ја чуе неговата реч?+ Кој ѝ обрнал внимание на неговата реч за да ја чуе?+ 19 Гледај, ќе дојдат Јеховиниот виор, лутина, голема бура.+ Ќе се спуштат вратоломно врз главата на злите.+ 20 Јехова нема да го одврати својот гнев додека не ги изврши+ и не ги исполни намерите на своето срце.+ Во последните денови ќе размислувате за тоа и појасно ќе го разберете.+

21 Јас не ги испратив тие пророци, а тие сепак трчаат. Не им зборував, а тие сепак пророкуваат.+ 22 Но, да беа меѓу моите блиски пријатели,+ тогаш ќе му овозможеа на мојот народ да ги чуе моите зборови и ќе го поттикнеа да се врати од својот зол пат и да се одврати од своите зли дела“.+

23 „Зар сум јас Бог само одблизу“, вели Јехова, „зар не сум Бог и оддалеку?“+

24 „Може ли човек да се скрие на скришно место, а јас да не го видам?“+ — вели Јехова.

„Не ги исполнувам ли јас небесата и земјата?“+ — вели Јехова. 25 „Слушам што зборуваат пророците кои пророкуваат лага во мое име+ кога велат: ‚Ми се сони! Ми се сони!‘+ 26 До кога ќе биде тоа во срцето на пророците што пророкуваат лага и пророкуваат измами од своето срце?+ 27 Мислат дека со своите сонови, кои си ги раскажуваат еден на друг, ќе го наведат мојот народ да го заборави моето име,+ како што нивните татковци го заборавија моето име поради Ваал.+ 28 Пророкот што сонил сон нека го раскаже, но оној во кого е мојата реч нека ја објавува мојата реч вистинито!“+

„Што има заедничко сламата со житото?“+ — вели Јехова.

29 „Зар мојата реч не е како оган“,+ вели Јехова, „и не е ли како ковачки чекан што раздробува карпа?“+

30 „Затоа, еве, доаѓам против пророците“,+ вели Јехова, „што ги крадат моите зборови еден од друг.“+

31 „Еве, доаѓам против пророците“, вели Јехова, „што кажуваат свои зборови, а велат: ‚Дојде Божјата реч!‘ “+

32 „Еве, доаѓам против пророците што сонуваат лажни сонови,“ вели Јехова, „па ги раскажуваат и го заведуваат мојот народ со своите лаги+ и со своето фалбаџиство.“+

„Но јас не ги испратив, ниту нешто им заповедав. Затоа не се од никаква корист за овој народ“,+ вели Јехова.

33 „А кога овој народ или некој пророк или свештеник ќе те праша: ‚Кое е Јеховиното бреме?‘+ — одговори му: ‚„Вие сте бреме, и тоа големо!+ Ќе ве оставам“,+ вели Јехова‘. 34 Ако некој пророк или свештеник или народот рече: ‚Бреме на Јехова!‘ — ќе го казнам тој човек и неговиот дом.+ 35 Вие вака му велите секој на својот ближен и секој на својот брат: ‚Што одговори Јехова? Што рече Јехова?‘+ 36 Но да не сте го спомнале повеќе+ Јеховиното бреме,+ зашто бремето на секого е неговиот збор,+ а вие ги извртувате зборовите на живиот Бог,+ на Јехова над војските, нашиот Бог!

37 Вака кажи му на пророкот: ‚Што ти одговори Јехова? Што рече Јехова?+ 38 Бидејќи вие велите: „Јеховиното бреме!“ — Јехова вели вака: „Вие велите: ‚Оваа реч е бреме на Јехова‘, иако ви порачував: ‚Не велете: „Бреме на Јехова!“ ‘ 39 Затоа, внимавајте, доаѓам кај вас! И нема повеќе ни малку да ми е грижа за вас,+ ќе ве отфрлам од пред своето лице вас и градот што ви го дадов вам и на вашите татковци.+ 40 И врз вас ќе фрлам вечен срам и вечно понижување, кое нема да се заборави.“ ‘ “+

24 Јехова ми покажа, и гледај: две кошници со смокви беа поставени пред Јеховиниот храм, откако Навуходоносор, вавилонскиот цар, ги одведе во изгнанство Јехонија,*+ синот на Јоаким,+ царот на Јуда, и кнезовите на Јуда, занаетчиите+ и градителите на бедеми, и од Ерусалим ги доведе во Вавилон.+ 2 Во едната кошница имаше многу добри смокви, како што се раните смокви,+ а во другата кошница имаше многу лоши смокви, толку лоши што не можеа да се јадат.

3 И Јехова ми рече: „Што гледаш, Еремија?“ Јас одговорив: „Смокви. Добрите смокви се многу добри, а лошите се многу лоши — толку лоши што не можат да се јадат.“+

4 Тогаш ми дојде Јеховината реч: 5 „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Како што се добри овие смокви така во мои очи ќе бидат добри и изгнаниците на Јуда,+ кои ќе ги испратам од ова место во халдејската земја.+ 6 И ќе ги свртам кон нив своите очи за да им направам добро+ и ќе ги вратам во оваа земја.+ Ќе ги изградам и нема да ги урнам, ќе ги засадам и нема да ги искорнам.+ 7 Ќе им дадам срце за да ме познаваат,+ дека јас сум Јехова. И ќе бидат мој народ,+ а јас ќе бидам нивни Бог, зашто ќе се вратат кај мене со сето свое срце.+

8 Но, како со лошите смокви што се толку лоши што не можат да се јадат‘,+ вели Јехова, ‚така ќе постапам со Седекија,+ царот на Јуда, и со неговите кнезови и со остатокот на Ерусалим што ќе остане во оваа земја+ и со оние што живеат во египетската земја.+ 9 Ќе предизвикам да бидат ужасна глетка и неволја за сите земни царства,+ и да бидат за потсмев и да ги спомнуваат со презир,* да бидат за подбив+ и проклетство+ по сите места каде што ќе ги расеам.+ 10 И ќе испраќам врз нив меч,+ глад+ и помор+ додека не ги истребам од земјата што им ја дадов ним и на нивните татковци‘ “.+

25 Ова е речта што му дојде на Еремија за целиот народ на Јуда, во четвртата година на Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда, односно во првата година на Навуходоносор, вавилонскиот цар, 2 и таа реч пророкот Еремија им ја објави на целиот народ на Јуда и на сите жители на Ерусалим:

3 „Од тринаесеттата година на Јосија,+ синот на Амон, царот на Јуда, па до денешен ден, во овие дваесет и три години ми доаѓаше Јеховината реч и јас ви ја кажував — станував рано и зборував — но вие не слушавте.+ 4 И Јехова ви ги праќаше сите свои слуги, пророците — стануваше рано и ги испраќаше — но вие не слушавте,+ не го приклонивте увото за да чуете+ 5 како ви велат: ‚Вратете се, ве молам, секој од својот зол пат и од своите зли дела,+ па ќе останете во земјата што Јехова одамна ви ја даде вам и на вашите татковци за сите времиња.+ 6 И не одете по други богови за да им служите и да им се клањате, и немојте да ме навредувате со делата на вашите раце, па нема да ви нанесам неволја‘.+

7 ‚Но вие не ме слушавте,‘ вели Јехова, ‚туку ме навредувавте со делата на своите раце, за своја несреќа.‘+

8 Затоа, вака вели Јехова над војските: ‚„Затоа што не ги послушавте моите зборови, 9 еве, ќе ги испратам и ќе ги подигнам сите народи од северот“,+ вели Јеховината реч, „и ќе го испратам по Навуходоносор, вавилонскиот цар, својот слуга,+ и ќе ги доведам против оваа земја+ и против нејзините жители и против сите овие околни народи,+ и ќе го сотрам* овој народ и ќе направам да биде грозна глетка и да потсвирнуваат поради нив од зачуденост+ и да биде пустош довека.+ 10 Ќе го сотрам меѓу нив гласот на радост и гласот на веселба,+ гласот на младоженец и гласот на невеста,+ звукот од рачна мелница+ и светлината на светилката.+ 11 Целата оваа земја ќе се претвори во пустош и ќе стане грозна глетка, и тие народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години“ ‘.+

12 ‚А кога ќе навршат тие седумдесет години,+ ќе ги повикам на одговорност вавилонскиот цар и тој народ+ поради нивниот престап,‘ вели Јехова, ‚и ќе ја повикам на одговорност целата халдејска земја+ и ќе ја претворам во вечна пустош.+ 13 Ќе ги доведам врз таа земја сите свои зборови што ги изреков против неа, сѐ што е запишано во оваа книга, кое го пророкуваше Еремија против сите народи.+ 14 Зашто, тие — многу народи и големи цареви+ — ги претворија во свои слуги,+ а јас ќе им платам според нивните дела, според делата на нивните раце.‘ “+

15 Зашто, вака ми рече Јехова, Богот на Израел: „Земи ја од мојата рака оваа чаша со вино на гневот и напој ги со него сите народи кај кои ќе те испратам!+ 16 Тие ќе пијат и ќе почнат да се тетерават и да се однесуваат како безумни поради мечот што ќе го испратам меѓу нив“.+

17 И ја зедов чашата од раката на Јехова и ги напоив сите народи кај кои ме испрати Јехова:+ 18 Ерусалим и градовите на Јуда и неговите цареви, неговите кнезови, за да се претворат во пустош и да станат грозна глетка,+ за да потсвирнуваат поради нив од зачуденост, за да бидат проклетство, што наскоро и ќе бидат;+ 19 фараонот, египетскиот цар, и неговите слуги, и неговите кнезови, и сиот негов народ;+ 20 сите туѓинци,* и сите цареви на земјата Уз,+ и сите цареви на филистејската земја,+ и Аскалон,+ и Газа,+ и Екрон,+ и остатокот од Азот;+ 21 Едом,+ и Моав,+ и синовите на Амон;+ 22 сите цареви на Тир,+ и сите цареви на Сидон,+ и царевите на островот* што е во приморскиот крај; 23 Дедан,+ и Тема,+ и Вуз, и сите оние што ја потстрижуваат косата на слепоочниците;+ 24 сите арапски цареви+ и сите цареви на туѓинците што живеат во пустината; 25 сите цареви на Зимриј, и сите цареви на Елам,+ и сите цареви на Медијците;+ 26 сите цареви на северот што се близу и далеку, еден по друг, и сите други земни царства што постојат на лицето на земјата; а по нив ќе пие и царот Сесах.*+

27 „И речи им: ‚Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Пијте и опијте се, блујте и паднете, за да не станете повеќе+ од мечот што ќе го испратам меѓу вас!“ ‘+ 28 Ако не сакаат да ја земат чашата од твојата рака и да пијат, речи им: ‚Вака вели Јехова над војските: „Мора да пиете!+ 29 Зашто, еве, врз градот што го носи моето име почнувам да пуштам неволја,+ па зар вие ќе останете неказнети?“ ‘+

‚Нема да останете неказнети, зашто ќе повикам меч против сите жители на земјата‘, вели Јехова над војските.

30 Ти пророкувај им ги сите овие зборови и речи им: ‚Јехова ќе рикне како лав од висината,+ од своето свето живеалиште ќе го пушти својот глас.+ Ќе рикне на своето живеалиште. Тој ќе извика против сите жители на земјата како што викаат оние што газат грозје‘.+

31 ‚Ќе се чуе бучава до крајот на земјата, зашто Јехова има спор со народите.+ Лично тој ќе му суди на секој човек.+ Злите ќе му ги предаде на мечот‘,+ вели Јехова.

32 Вака вели Јехова над војските: ‚Еве, неволја оди од народ на народ,+ голема бура ќе се подигне од најоддалечените делови на земјата.+ 33 Во тој ден ќе има погубени од Јехова од едниот крај на земјата до другиот.+ Нема да бидат оплакувани, ниту некој ќе ги собере и ќе ги погребе.+ Ќе бидат како гној по земјата‘.+

34 Горко плачете, пастири, и викајте!+ Валајте се во прав,+ водачи на стадото,+ зашто дојде времето да бидете заклани и растерани,+ ќе испопаѓате како скапоцени садови!+ 35 Снема прибежиште за пастирите, нема избавување за водачите на стадото.+ 36 Слушајте го викањето на пастирите и горкиот плач на водачите на стадото, зашто Јехова го пустоши нивното пасиште! 37 Мирните почивалишта останаа без живот поради распламтениот гнев на Јехова.+ 38 Тој го остави своето скривалиште како граблив млад лав,+ зашто нивната земја стана грозна глетка поради свирепиот меч и поради неговиот распламтен гнев.“+

26 На почетокот од царувањето на Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда, оваа реч дојде од Јехова: 2 „Вака вели Јехова: ‚Застани во дворот на Јеховиниот дом+ и објави им ги сите зборови што ќе ти ги заповедам да им ги кажеш на сите градови на Јуда, кои доаѓаат да се поклонат во Јеховиниот дом!+ Не изоставај ниту еден збор!+ 3 Можеби ќе послушаат, и секој ќе се врати од својот зол пат,+ па ќе зажалам што сакав да им нанесам неволја поради нивните зли дела.+ 4 Речи им: „Вака вели Јехова: ‚Ако не ме послушате и ако не почнете да живеете* по мојот закон+ што го ставив пред вас+ 5 и не ги послушате зборовите на моите слуги, пророците, кои ви ги праќам — станувам рано и ги испраќам — а досега не ги слушавте,+ 6 ќе направам овој дом да биде како оној во Сило+ и ќе направам овој град да биде проклетство за сите народи на земјата‘ “ ‘ “.+

7 И свештениците и пророците и сиот народ почнаа да го слушаат Еремија како ги кажува тие зборови во Јеховиниот дом.+ 8 А кога Еремија го кажа сето она што му го заповеда Јехова да му го каже на сиот народ, тогаш свештениците и пророците и сиот народ го зграпчија и му рекоа: „Ќе умреш!+ 9 Зошто пророкуваше во името на Јехова: ‚Овој дом ќе биде како оној во Сило+ и овој град ќе биде опустошен и ќе остане без жители‘?“ И сиот народ се собираше околу Еремија во Јеховиниот дом.

10 Кога кнезовите на Јуда ги чуја тие зборови, отидоа од дворецот на царот во Јеховиниот дом+ и седнаа пред новата Јеховина порта.+ 11 А свештениците и пророците почнаа да им зборуваат на кнезовите и на сиот народ: „Овој човек заслужува смрт,+ зашто пророкуваше за овој град така како што слушнавте со свои уши“.+

12 Тогаш Еремија им рече на сите кнезови и на сиот народ: „Јехова ме испрати да ги пророкувам за овој дом и за овој град сите оние зборови што ги чувте.+ 13 Затоа, поправете ги своите патишта и своите дела+ и послушајте го гласот на Јехова, својот Бог, па Јехова ќе зажали што ви најави неволја.+ 14 А јас, еве, во ваши раце сум.+ Правете со мене онака како што мислите дека е добро и исправно.+ 15 Но знајте дека, ако ме убиете, невина крв ќе фрлите врз себе и врз овој град и врз неговите жители,+ зашто Јехова навистина ме испрати за да ви ги кажам сите тие зборови“.+

16 Тогаш кнезовите+ и сиот народ им рекоа на свештениците и на пророците: „Овој човек не заслужува смрт,+ зашто ни зборуваше во името на Јехова, нашиот Бог“.+

17 Тогаш станаа некои што беа старешини во земјата и почнаа да му зборуваат на сиот народ што беше собран* таму:+ 18 „Михеј+ од Моресет+ пророкуваше во деновите на Езекија, царот на Јуда,+ и му рече на сиот народ на Јуда: ‚Вака вели Јехова над војските: „Сион ќе биде преоран како нива+ и од Ерусалим ќе останат само урнатини,+ а гората на Божјиот дом ќе биде обрасната со шума“ ‘.+ 19 Зар Езекија, царот на Јуда, и сиот народ на Јуда го погубија поради тоа? Зар не се плашеше од Јехова и не настојуваше да му го смилостиви* лицето на Јехова,+ па Јехова зажали што им најави неволја?+ Ние, значи, навлекуваме голема неволја врз своите души.+

20 Имаше уште еден човек кој пророкуваше во името на Јехова, Урија, синот на Семаја, од Киријат-Јарим.+ Тој пророкуваше против овој град и против оваа земја со истите зборови како и Еремија. 21 А кога цар Јоаким+ и сите негови јунаци и сите негови кнезови ги чуја неговите зборови, тогаш царот почна да го бара за да го погуби.+ Кога чу за тоа, Урија се уплаши+ и побегна во Египет. 22 Но цар Јоаким испрати луѓе во Египет, Елнатан, синот на Ахвор,+ и други луѓе со него. 23 И го доведоа Урија од Египет и го одведоа кај цар Јоаким, кој го погуби со меч+ и му го фрли телото на гробиштата на обичниот народ“.

24 Но раката на Ахикам,+ синот на Сафан,+ беше со Еремија, па не беше предаден во рацете на народот за да биде погубен.+

27 На почетокот од царувањето на Јоаким,* синот на Јосија,+ царот на Јуда, оваа реч му дојде на Еремија од Јехова: 2 „Вака ми рече Јехова: ‚Направи си окови и јарем+ и стави си ги на вратот!+ 3 И испрати ги кај едомскиот цар,+ кај моавскиот цар,+ кај царот на синовите на Амон,+ кај тирскиот цар+ и кај сидонскиот цар+ по гласниците што доаѓаат во Ерусалим кај Седекија, царот на Јуда! 4 И заповедај им да им порачаат на своите господари:

„Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел,+ вака кажете им на своите господари: 5 ‚Јас ги направив земјата,+ луѓето+ и животните+ што се на земјата, со својата голема сила+ и со својата подигната рака,+ и јас му ја давам на оној кому сакам.+ 6 А сега јас ги давам сите тие земји во раката на Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ мојот слуга.+ Му ги давам и полските ѕверови за да му служат.+ 7 И сите народи ќе му служат нему+ и на неговиот син и на неговиот внук, додека не дојде време и за неговата земја,+ па многу народи и големи цареви да го направат и него свој слуга‘.+

8 ‚А народот и царството кои нема да му служат нему, на Навуходоносор, вавилонскиот цар, и кои не го ставаат својот врат под јаремот на вавилонскиот цар, тој народ ќе го казнувам со меч,+ со глад+ и со помор‘,+ вели Јехова, ‚додека не ги истребам со неговата рака‘.+

9 ‚А вие не слушајте ги своите пророци,+ ниту своите гаталци, ниту оние што сонуваат соништа,+ ниту оние што се занимаваат со магија, ниту своите маѓепсници,+ кои ви зборуваат: „Нема да му служите на вавилонскиот цар“!+ 10 Зашто, тие ви пророкуваат лага за да ве одведат далеку од вашата земја. Навистина, јас ќе ве расеам и вие ќе изгинете.+

11 А народот што ќе го стави својот врат под јаремот на вавилонскиот цар и ќе му служи, него ќе го оставам во мир на неговата земја,‘ вели Јехова, ‚и тој ќе ја обработува и ќе живее на неа‘ “ ‘ “.+

12 Сите тие зборови му ги кажав+ на Седекија,+ царот на Јуда, велејќи: „Ставете го својот врат под јаремот на вавилонскиот цар и служете му нему и на неговиот народ, и ќе останете живи!+ 13 Зошто ти и твојот народ да умрете од меч,+ од глад+ и од помор,+ како што рече Јехова за народот што нема да му служи на вавилонскиот цар? 14 Не слушајте ги зборовите на пророците што ви велат: ‚Нема да му служите на вавилонскиот цар‘,+ зашто тие ви пророкуваат лага.+

15 ‚Јас не ги испратив,‘ вели Јехова, ‚туку лажно пророкуваат во мое име, за да ве расеам,+ и да изгинете,+ и вие и пророците што ви пророкуваат‘ “.+

16 А на свештениците и на целиот овој народ им реков: „Вака вели Јехова: ‚Не слушајте ги зборовите на своите пророци што ви пророкуваат: „Еве, приборот од Јеховиниот дом наскоро ќе се врати од Вавилон!“+ Тие ви пророкуваат лага.+ 17 Не слушајте ги! Служете му на вавилонскиот цар, и ќе останете живи!+ Зошто овој град да се претвори во урнатини?+ 18 А ако се тие навистина пророци и ако е кај нив навистина Јеховината реч, нека го молат Јехова над војските+ да не го однесат во Вавилон приборот што преостана во Јеховиниот дом и во дворецот на царот на Јуда и во Ерусалим‘.

19 Зашто, вака вели Јехова за столбовите,+ за морето,+ за количките+ и за остатокот од приборот што остана во овој град,+ 20 кој Навуходоносор, вавилонскиот цар, не го зеде кога од Ерусалим го одведе Јехонија,+ синот на Јоаким, царот на Јуда, во изгнанство во Вавилон, заедно со сите достоинственици на Јуда и на Ерусалим,+ 21 навистина, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел, за приборот што остана во Јеховиниот дом и во домот на царот на Јуда и во Ерусалим:+ 22 ‚„Во Вавилон ќе го однесат+ и таму ќе остане до денот кога ќе дојдам по него“,+ вели Јехова. „И ќе го донесам и ќе го вратам на ова место“ ‘ “.+

28 Во истата година, во почетокот на царувањето на Седекија,+ царот на Јуда, во четвртата година, во петтиот месец, Ананија,+ синот на Азур, пророк од Гаваон,+ ми рече во Јеховиниот дом пред очи на свештениците и на сиот народ: 2 „Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Ќе го скршам јаремот на вавилонскиот цар.+ 3 Во рок од две години ќе го вратам на ова место сиот прибор од Јеховиниот дом, кој Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ го зеде одовде и го однесе во Вавилон‘ “. 4 „ ,И Јехонија,+ синот на Јоаким,+ царот на Јуда, и сите изгнаници на Јуда што отидоа во Вавилон+ ќе ги вратам на ова место‘, вели Јехова, ‚бидејќи ќе го скршам јаремот+ на вавилонскиот цар.‘ “

5 А пророкот Еремија му се обрати на пророкот Ананија пред очите на свештениците и пред очите на сиот народ што стоеше во Јеховиниот дом.+ 6 Вака рече пророкот Еремија: „Нека биде така!+ Така нека направи Јехова! Јехова нека ги потврди твоите зборови што ги пророкуваше и нека ги врати од Вавилон на ова место приборот од Јеховиниот дом и сите изгнаници!+ 7 Но, те молам, чуј го овој збор што ќе ти го кажам тебе и на сиот народ!+ 8 Пророците што беа пред мене и пред тебе од памтивек,+ на многу земји и големи царства им пророкуваа војна, неволја и помор.+ 9 А кога пророкот ќе пророкува мир,+ па зборот на тој пророк ќе се исполни, ќе се знае дека Јехова навистина го испратил тој пророк“.+

10 Тогаш пророкот Ананија го симна јаремот од вратот на пророкот Еремија и го скрши.+ 11 И Ананија+ рече пред очи на сиот народ: „Вака вели Јехова:+ ‚Вака ќе го скршам јаремот на Навуходоносор, вавилонскиот цар, во рок од две години, од вратот на сите народи‘ “.+ А пророкот Еремија си отиде по својот пат.+

12 Потоа Јеховината реч му дојде на Еремија,+ откако пророкот Ананија го скрши јаремот од вратот на пророкот Еремија, и таа гласеше вака: 13 „Оди и речи му на Ананија: ‚Вака вели Јехова: „Ти го скрши дрвениот јарем,+ но наместо него ќе мораш да направиш железен јарем“.+ 14 Зашто, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Железен јарем ќе им ставам на вратот на сите тие народи, за да му служат на Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ и ќе му служат.+ Ќе му ги дадам и полските ѕверови“ ‘ “.+

15 Тогаш пророкот Еремија му рече на пророкот Ананија:+ „Чуј, Ананија! Не те испратил Јехова, туку ти го наведуваш овој народ да верува во лага.+ 16 Затоа, вака вели Јехова: ‚Еве, ќе те збришам од лицето на земјата. Во оваа година ќе умреш,+ затоа што повикуваше на бунт против Јехова‘ “.+

17 И пророкот Ананија умре во таа година, во седмиот месец.+

29 Ова се зборовите на писмото кое пророкот Еремија им го прати од Ерусалим на остатокот од изгнаните старешини, и на свештениците, и на пророците, и на сиот народ, кои Навуходоносор ги одведе од Ерусалим во изгнанство во Вавилон,+ 2 откако цар Јехонија,+ царицата-мајка,+ дворјаните, кнезовите на Јуда и на Ерусалим,+ занаетчиите и градителите на бедеми+ заминаа од Ерусалим. 3 Писмото го испрати по Еласа, синот на Сафан,+ и по Гемарија, синот на Хелкија, кои Седекија,+ царот на Јуда, ги испрати во Вавилон кај Навуходоносор, вавилонскиот цар, а во него стоеше:

4 „Вака им вели Јехова над војските, Богот на Израел, на сите изгнаници што ги испрати од Ерусалим во изгнанство+ во Вавилон: 5 ‚Градете куќи и живејте во нив, садете градини и јадете го нивниот род!+ 6 Женете се и раѓајте синови и ќерки!+ Женете ги синовите и мажете ги ќерките, нека раѓаат синови и ќерки! Множете се таму, за да не бидете малобројни! 7 И барајте мир за градот во кој ве испратив во изгнанство и молете му се на Јехова за него, зашто во неговиот мир почива и вашиот мир!+ 8 Зашто, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Не дозволувајте да ве измамат вашите пророци, кои се меѓу вас, и вашите гаталци,+ и не слушајте ги нивните соништа што ги сонуваат!+ 9 ‚Лажно ви пророкуваат во мое име. Јас не ги испратив‘,+ вели Јехова.“ ‘ “

10 „Вака вели Јехова: ‚Кога ќе навршат седумдесет години во Вавилон, ќе ве посетам+ и ќе ви го исполнам својот добар збор дека ќе ве вратам на ова место‘.+

11 ‚Зашто, јас добро знам какви се моите намери со вас,‘+ вели Јехова, ‚намери за мир, а не за неволја,+ за да ви дадам иднина и надеж.+ 12 Вие ќе ме повикувате, ќе доаѓате кај мене и ќе ми се молите, а јас ќе ве слушам.‘+

13 ‚Ќе ме барате, и ќе ме најдете,+ зашто ќе ме барате со сето свое срце.+ 14 И ќе ви дозволам да ме најдете‘,+ вели Јехова. ‚Ќе ги соберам вашите заробеници и ќе ве соберам од сите народи и од сите места по кои ве расеав‘,+ вели Јехова. ‚Ќе ве вратам на местото од каде што ве испратив во изгнанство.‘+

15 Но вие велите: ‚Јехова ни подигна пророци во Вавилон‘.

16 Вака им вели Јехова на царот, кој седи на Давидовиот престол,+ и на сиот народ што живее во овој град, на вашите браќа што не заминаа со вас во изгнанство:+ 17 ‚Вака вели Јехова над војските: „Еве, ќе испратам против нив меч,+ глад+ и помор,+ и ќе направам да бидат како распукнати смокви, кои се толку лоши што не можат да се јадат.“ ‘+

18 ‚И ќе ги гонам со меч, со глад и со помор, и ќе направам да бидат ужасна глетка за сите земни царства,+ да бидат проклетство и грозотија, за да потсвирнуваат поради нив од зачуденост и да им се потсмеваат сите народи меѓу кои ќе ги расеам,+ 19 зашто не ги слушаа моите зборови‘, вели Јехова, ‚кои им ги испраќав преку своите слуги, пророците, станував рано и ги испраќав.‘+

‚Не слушавте‘,+ вели Јехова.

20 Сите вие, изгнаници,+ што ве испратив од Ерусалим во Вавилон,+ чујте ја Јеховината реч! 21 Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел, за Ахав, синот на Колај, и за Седекија, синот на Маасија, кои ви пророкуваат лага во мое име:+ ‚Еве, ќе му ги дадам во раце на Навуходоносор, царот на Вавилон, и тој ќе ги погуби пред ваши очи.+ 22 И сите изгнаници на Јуда што се во Вавилон ќе ги проколнуваат другите со нивното име, велејќи: „Јехова нека ти направи како на Седекија и како на Ахав,+ кои вавилонскиот цар ги изгоре во оган!“+ 23 Зашто, тие вршеа безумство во Израел,+ вршеа прељуба со жените на своите ближни+ и лажно зборуваа во мое име зборови кои не сум им ги заповедал.+

„Јас сум оној што го знае тоа и сведок сум на тоа“,+ вели Јехова.‘ “

24 „А на Семаја+ од Нелам речи му: 25 ‚Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Поради тоа што во свое име му испрати писма+ на сиот народ што е во Ерусалим, и на Софонија,+ синот на Маасија, свештеникот, и на сите останати свештеници, пишувајќи: 26 ‚Јехова те постави за свештеник наместо свештеникот Јодај, за добро да внимаваш во Јеховиниот дом+ на секој човек што се однесува како луд+ и пророкува, па да му ги ставиш во клада нозете и рацете и главата.+ 27 Тогаш зошто не го казни Еремија од Анатот,+ кој пророкува меѓу вас?+ 28 Зашто, тој ни порача нам во Вавилон: „Долго ќе трае тоа! Градете куќи и живејте во нив, садете градини и јадете го нивниот род...“ ‘ “ ‘ “+

29 Свештеникот Софонија+ го прочита тоа писмо пред пророкот Еремија.

30 Тогаш Јеховината реч му дојде на Еремија: 31 „Испрати им ја на сите изгнаници+ оваа порака: ‚Вака вели Јехова за Семаја од Нелам: „Затоа што Семаја ви пророкуваше, а јас не го испратив, и ве наведуваше да верувате во лага,+ 32 вака вели Јехова: ‚Еве, ќе се пресметам со Семаја+ од Нелам и со неговото потомство‘.+

‚Никој од неговите нема да остане во овој народ,+ и нема да го види доброто што ќе го направам за својот народ,‘+ вели Јехова, ‚зашто проповедаше побуна против Јехова‘ “ ‘ “.+

30 Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова: 2 „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Напиши си ги во книга сите зборови што ќе ти ги кажам!+ 3 Зашто, „еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога ќе го соберам својот заробен народ, Израел и Јуда“,+ вели Јехова, „и ќе ги вратам во земјата што им ја дадов на нивните татковци, и тие пак ќе ја заземат“ ‘ “.+

4 Ова се зборовите што Јехова им ги кажува на Израел и на Јуда. 5 Вака вели Јехова: „Слушаме викање од страв и трепет,+ нема мир. 6 Прашајте, ве молам, и видете дали маж се пораѓа! Зошто гледам дека сите мажи се држат со рацете за слабините како жени што раѓаат+ и сите пребледеле во лицето?+ 7 Леле! Зашто, тој ден е голем,+ нема сличен на него.+ Тоа е време на неволја за Јаков.+ Но тој ќе се спаси од неа“.

8 „Во тој ден“, вели Јехова над војските, „ќе го скршам јаремот од нивниот врат и ќе им ги раскинам оковите.+ Нема повеќе да им биде слуга на туѓинци. 9 Ќе му служат на Јехова, својот Бог, и на Давид, својот цар,+ кого ќе им го подигнам.“+

10 „Не плаши се, слуго мој, Јакове!“ — вели Јехова. „Не плаши се, Израеле!+ Зашто, еве, ќе те спасам тебе од далечна земја, и твоите потомци од земјата на нивното заробеништво.+ Ќе се врати Јаков, ќе биде мирен и спокоен и никој нема да го плаши.“+

11 „Зашто, јас сум со тебе“, вели Јехова, „за да те спасам.+ Ќе ги истребам сите народи меѓу кои те расеав.+ А тебе нема да те истребам.+ Но ќе те казнам колку што е потребно, нема да те оставам неказнет.“+

12 Вака вели Јехова: „Нема лек за твојата пропаст.+ Твојата рана е неизлечлива.+ 13 Никој не се зазема за тебе, за да оздравиш од својот чир.+ Нема ни лек ни оздравување за тебе.+ 14 Те заборавија сите твои љубовници.+ Не те бараат. Зашто, те удрив со непријателски удар,+ со сурова казна,+ поради многуте твои престапи.+ Твоите гревови се многубројни.+ 15 Зошто плачеш поради својата пропаст?+ Твојата болка е неизлечлива поради многуте твои престапи. Твоите гревови се многубројни.+ Јас ти го направив тоа. 16 Навистина, сите оние што те голтаат ќе бидат проголтани,+ сите твои противници ќе отидат во заробеништво.+ Оние што те пљачкаат ќе бидат опљачкани, сите оние што те ограбуваат ќе ги предадам за да бидат ограбени“.+

17 „Јас ќе те оздравам и раните ќе ти ги излекувам“,+ вели Јехова. „Зашто тебе те нарекуваа истерана+ и велеа: ‚Тоа е Сион, онаа што никој не ја бара‘.“+

18 Вака вели Јехова: „Еве, ќе ги соберам заробениците од шаторите на Јаков,+ ќе се смилувам на неговите шатори. Градот пак ќе биде изграден на неговиот рид+ и утврдените дворци ќе стојат на местото што им припаѓа.+ 19 Од нив ќе излегуваат благодарности и глас на оние што се смеат.+ И ќе ги намножам, нема да бидат малцина.+ Ќе направам да бидат мнозина, нема да бидат незначителни.+ 20 Неговите синови ќе бидат како порано и неговата заедница цврсто ќе стои пред мене.+ А јас ќе се пресметам со сите што го угнетуваа.+ 21 Неговиот водач ќе дојде од него,+ од него ќе излезе неговиот владетел.+ Ќе направам да ми се приближи, и тој ќе ми пристапи“.+

„Зашто, кој би се осмелил сам да ми пристапи мене?“+ — вели Јехова. 22 „Вие ќе бидете мој народ,+ а јас ќе бидам ваш Бог.“+

23 Гледај, доаѓа бурен ветар од Јехова, неговата јарост, виор што носи сѐ пред себе.+ Врз главата на злите ќе се спушти.+ 24 Јехова нема да го одврати својот распламтен гнев додека не ги изврши и додека не ги исполни намерите на своето срце.+ Во последните денови ќе размислувате за тоа.+

31 „Во тоа време“, вели Јехова, „ќе им бидам Бог на сите семејства на Израел, а тие ќе бидат мој народ.“+

2 Вака вели Јехова: „Народот што му избега на мечот најде милост во пустината,+ кога Израел одеше кон своето почивалиште“.+ 3 Оддалеку ми се покажа Јехова, велејќи: „Те сакам со вечна љубов.+ Затоа те привлеков со својата милост.*+ 4 Пак ќе те изѕидам и повторно ќе бидеш изѕидана,+ израелска девице. Ќе се украсиш со своите дајриња и ќе танцуваш со оние што се смеат.+ 5 Ќе засадиш лозја на самариските ридови.+ Лозарите ќе ги садат и ќе го јадат нивниот род.+ 6 Зашто, иде ден кога стражарите на ефремските планини ќе викаат: ‚Станете, да се искачиме на Сион, кај Јехова, нашиот Бог!‘ “+

7 Зашто, вака вели Јехова: „Воскликнувајте му од радост на Јаков, радосно извикувајте на чело на народите!+ Објавувајте!+ Дајте фалба и речете: ‚Спаси го, о Јехова, својот народ, остатокот од Израел!‘+ 8 Еве, јас ќе ги доведам од северната земја,+ ќе ги соберам од краиштата на земјата.+ Меѓу нив ќе бидат слепите и сакатите, трудниците и родилките, сите заедно.+ Како голема заедница ќе се вратат ваму.+ 9 Ќе дојдат плачејќи,+ ќе молат за милост додека ги водам. Ќе ги доведам до водни потоци,+ по прав пат на кој нема да се сопнуваат. Зашто, јас сум му Татко на Израел,+ а Ефрем е мојот првороден син“.+

10 Чујте ја, народи, Јеховината реч, и објавете ја по далечните острови!*+ Речете: „Оној што го расеа Израел ќе го собере повторно+ и ќе го чува како што овчарот го чува своето стадо.+ 11 Зашто, Јехова ќе го откупи Јаков+ и ќе го избави од раката на оној што е посилен од него.+ 12 И тие ќе дојдат и ќе воскликнуваат радосно на сионската височинка+ и ќе блескаат поради добрината на Јехова,+ поради житото, поради младото вино,+ поради маслото, поради јагнињата и телињата.+ Нивната душа ќе биде како добро наводнета градина,+ никогаш повеќе нема да папсаат“.+

13 „Тогаш девојките ќе се радуваат и ќе танцуваат, и момчињата и старците, сите заедно.+ Нивната тага ќе ја претворам во радост, ќе ги утешам и ќе ги развеселам, за да не тажат.+ 14 Душите на свештениците ќе ги закрепнам со изобилство,+ и мојот народ ќе се насити со мојата добрина“,+ вели Јехова.

15 „Вака вели Јехова: ‚Во Рама+ се слуша глас, оплакување и горко плачење.+ Рахела+ плаче по своите синови.+ Не сака да се утеши за своите синови,+ зашто нив повеќе ги нема‘.“+

16 Вака вели Јехова: „ ,Задржи го својот глас да не плаче и своите очи да не леат солзи,+ зашто има награда за твоите дела‘, вели Јехова. ‚Тие ќе се вратат од непријателската земја.‘+

17 ‚Има надеж+ за твојата иднина,‘ вели Јехова, ‚твоите синови ќе се вратат во својот крај‘ “.+

18 „Добро слушам како Ефрем се сожалува:+ ‚Ти ме укори за да се поправам,+ како теле што уште не е скротено.+ Врати ме кај себе, и јас ќе ти се вратам,+ зашто ти си Јехова, мојот Бог!+ 19 Кога ти се вратив, ми беше жал за моите дела,+ и кога бев поучен, се удирав од тага по бедрото.+ Се посрамив и се понизив,+ бидејќи го носам срамот од својата младост‘.“+

20 „Зар Ефрем не ми е мил син или сакано дете?+ Зашто, колку и да зборувам против него, пак ќе се сетам на него.+ Затоа мојата утроба се вознемири поради него.+ Навистина ќе му се смилувам“,+ вели Јехова.

21 „Постави си патокази! Постави си знаци!+ Насочи го своето срце кон друмот, кон патот по кој треба да одиш!+ Врати се, израелска девице! Врати се во овие свои градови!+ 22 До кога ќе талкаш,+ неверна ќерко?+ Зашто, Јехова создаде нешто ново на земјата: жена ќе му се умилкува на маж.“

23 Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Кога ќе ги соберам нивните заробеници, во земјата на Јуда и во неговите градови уште ќе зборуваат вака: ‚Нека те благослови Јехова,+ о праведно живеалиште,+ о света горо!‘+ 24 Во неа заедно ќе живеат Јуда и сите негови градови, земјоделците и оние што одат по стадата.+ 25 Зашто, ќе ја закрепнам изморената душа, ќе ја наситам секоја премалена душа“.+

26 Тогаш се разбудив и почнав да гледам, а сонот ми беше сладок.

27 „Еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога во домот на Израел и во домот на Јуда ќе посеам човечко семе и семе од стока.“+

28 „И како што порано бдеев+ за да ги искоренам, за да ги урнам, за да ги разорам, за да ги уништам и да ги оштетам,+ така ќе бдеам за да ги изградам и за да ги насадам“,+ вели Јехова. 29 „Во тие денови повеќе нема да велат: ‚Татковците јадеа зелено грозје, а синовите имаат скомина‘.+ 30 Туку секој ќе умре за својот престап.+ Секој што ќе јаде зелено грозје, тој ќе има скомина.“

31 „Еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога ќе склучам нов сојуз+ со домот на Израел+ и со домот на Јуда,+ 32 не како оној сојуз што го склучив со нивните татковци во денот кога ги зедов за рака за да ги изведам од египетската земја,+ ‚мојот сојуз што тие го раскинаа,+ иако јас им бев маж‘,*+ вели Јехова.“

33 „Зашто, ова е сојузот+ што ќе го склучам со домот на Израел по тие денови“,+ вели Јехова. „Ќе го ставам својот закон во нив+ и ќе го запишам во нивните срца.+ Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат мој народ.“+

34 „И никој повеќе нема да го учи својот другар, ниту својот брат,+ и нема да му вели: ‚Запознајте го Јехова!‘+ Зашто, ќе ме познаваат сите, од најмал до најголем“,+ вели Јехова. „И ќе им го простам нивниот престап и повеќе нема да се сеќавам на нивниот грев.“+

35 Вака вели Јехова, кој му дава на сонцето да свети дење+ и одредби+ на месечината+ и на ѕвездите да светат ноќе,+ кој го разбранува морето за да му бучат брановите,+ чие име е Јехова над војските:+ 36 „ ,Кога тие уредби би исчезнале пред мене,‘+ вели Јехова, ‚тогаш и оние што се потомство на Израел засекогаш би престанале да бидат народ пред мене‘ “.+

37 Вака вели Јехова: „ ,Кога би можеле да се измерат небесата горе и да се истражат темелите на земјата долу,+ тогаш би можел и јас да го отфрлам целото потомство на Израел поради сѐ што направија‘,+ вели Јехова“.

38 „Еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога ќе му биде изграден град+ на Јехова од кулата на Ананел+ до Аголната Порта.+ 39 И ќе отиде мерното јаже+ право до ридот Гарив и ќе се сврти накај Гоат. 40 И целата долина во која се фрлаат труповите+ и мрсната пепел*+ и сите ниви* до долината на Кедрон,+ сѐ до аголот на Коњската Порта+ на исток, ќе му бидат свети на Јехова.+ Повеќе нема да ја сотруваат и нема да ја разурнуваат довека.“+

32 Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова, во десеттата година на Седекија, царот на Јуда,+ односно во осумнаесеттата година на Навуходоносор.+ 2 Тогаш војската на вавилонскиот цар го опсадуваше Ерусалим,+ а пророкот Еремија беше затворен во Стражарскиот Двор,+ кој е во домот на царот на Јуда, 3 бидејќи го беше затворил Седекија, царот на Јуда,+ велејќи:

„Зошто пророкуваш:+ ‚Вака вели Јехова: „Еве, ќе го предадам овој град во рацете на вавилонскиот цар, и тој ќе го освои,+ 4 а Седекија, царот на Јуда, нема да ѝ избега на халдејската рака, туку ќе биде предаден во рацете на вавилонскиот цар, и ќе зборува со него лице в лице и ќе го гледа очи в очи“,+ 5 „и овој ќе го одведе Седекија во Вавилон и тој ќе остане таму додека не го посетам“+ — вели Јехова — „и иако војувате против Халдејците, нема да успеете“ ‘?“+

6 Еремија рече: „Ми дојде Јеховината реч: 7 ‚Еве, ќе дојде кај тебе Анамеил, синот на Салум, твојот стрико, и ќе ти рече: „Купи ја мојата нива во Анатот,+ зашто ти имаш право на откуп и можеш да ја купиш!“ ‘ “+

8 И дојде кај мене Анамеил, синот на стрико ми, според Јеховината реч, во Стражарскиот Двор,+ и ми рече: „Купи ја, те молам, мојата нива во Анатот,+ во земјата на Венијамин,+ зашто ти имаш право да го наследиш тој посед, ти имаш право на откуп! Купи ја!“ Тогаш сфатив дека тоа беше Јеховината реч.+

9 И така ја купив од Анамеил,+ синот на стрико ми, нивата во Анатот.+ И му ги измерив парите,+ седум сикли* и десет сребреници. 10 И напишав договор,+ ставив печат+ и зедов сведоци+ кога ги мерев+ парите на вага. 11 Потоа го зедов купопродажниот договор, оној што беше запечатен според прописот и според уредбите+ и оној што остана отворен, 12 и му го дадов договорот на Варух,+ синот на Нирија,+ син на Масеја, пред очите на Анамеил, синот на стрико ми, и пред очите на сведоците што го потпишаа договорот,+ пред очите на сите Јудејци* што седеа во Стражарскиот Двор.+

13 Тогаш му заповедав на Варух пред нив: 14 „Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Земи ги овие договори, овој купопродажен договор, запечатениот, а и оној што остана отворен,+ и стави ги во земјен сад, за да останат зачувани многу денови‘. 15 Зашто, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Уште ќе се купуваат во оваа земја куќи и ниви и лозја‘ “.+

16 Откако му го дадов купопродажниот договор на Варух,+ синот на Нирија,+ почнав да му се молам+ на Јехова: 17 „О Севишен Господару Јехова!+ Ти ги создаде небото и земјата со својата голема моќ+ и со својата подигната рака.+ Ништо не е невозможно за тебе,+ 18 кој им покажуваш милост* на илјадници,+ и за престапот на татковците им плаќаш во пазувите на нивните синови по нив,+ Боже вистински, велик+ и моќен,+ чие име е Јехова над војските.+ 19 Велик си во твоите намери+ и богат во своите дела.+ Твоите очи будно ги следат сите патишта на синовите човечки,+ за да му дадеш секому според неговите патишта и според плодовите на неговите дела.+ 20 Ти правеше знаци и чуда во египетската земја, кои се познати и денес и во Израел и меѓу другите луѓе,+ за да си стекнеш име, какво што имаш денес.+ 21 И го изведе својот народ, Израел, од египетската земја,+ со знаци и со чуда,+ со силна рака и со подигната мишка, и со големи стравотии.+

22 И им ја даде оваа земја за која им се заколна на нивните татковци дека ќе им ја дадеш,+ земја во која тече мед и млеко.+ 23 Дојдоа во неа и ја зазедоа,+ но не го послушаа твојот глас и не живееја* според твојот закон.+ Не правеа ништо од она што им го заповеда,+ па им ги нанесе сите овие неволји.+ 24 Гледај, со тоа што подигна опсадни насипи,+ војската му се приближи на градот за да го освои,+ и градот ќе падне во рацете на Халдејците, кои се борат против него,+ и ќе падне од меч,+ глад+ и помор.+ Се случува она што го рече ти. Еве, и самиот го гледаш тоа.+ 25 А ти, Севишен Господару Јехова, сепак ми велиш: ,Купи ја нивата за пари+ и земи сведоци‘,+ иако градот ќе биде предаден во рацете на Халдејците“.+

26 Тогаш му дојде на Еремија Јеховината реч: 27 „Гледај, јас сум Јехова, Бог на секој човек.+ Зар има за мене нешто невозможно?+ 28 Затоа, вака вели Јехова: ‚Еве, ќе го предадам овој град во рацете на Халдејците и во рацете на Навуходоносор, царот на Вавилон, и тој ќе го освои.+ 29 Халдејците, кои се борат против овој град, ќе влезат во него и ќе го запалат и ќе го изгорат со оган+ него и куќите на чии покриви му гореа приноси на Ваал и им излеваа жртви налевници на други богови за да ме навредат‘.+

30 ‚Зашто, синовите на Израел и синовите на Јуда од својата младост го прават само она што е зло во мои очи.+ Синовите на Израел ме навредуваат со делата на своите раце‘,+ вели Јехова. 31 ‚Зашто, од денот кога го изградија до ден-денес, овој град ми е само за гнев+ и за лутина, и затоа ќе го отстранам од пред своето лице,+ 32 поради сето зло што го направија синовите на Израел+ и синовите на Јуда+ за да ме навредат+ — тие, нивните цареви,+ нивните кнезови,+ нивните свештеници+ и нивните пророци,+ народот на Јуда и жителите на Ерусалим. 33 Ми го свртуваа грбот, а не лицето,+ и иако ги поучував — станував рано и ги поучував — никој од нив ниту слушаше, ниту прифати поука.+ 34 Ги ставаа своите гадни богови* во домот што го носи моето име, за да го осквернат.+ 35 И му градеа обредни височинки на Ваал+ во долината на синот на Еном,+ за да ги водат низ оган кај Молох+ своите синови и ќерки,+ нешто кое јас никогаш не сум им го заповедал,+ ниту некогаш ми дошло на ум да прават таква гадост,+ па така да го наведат Јуда на грев.‘+

36 Затоа, вака вели Јехова, Богот на Израел, за овој град за кој вие велите дека од меч, глад и помор ќе падне во рацете на вавилонскиот цар:+ 37 ‚Еве, ќе ги соберам од сите земји низ кои ќе ги расеам во својот гнев и во својата јарост и во голема лутина,+ па ќе ги вратам на ова место и ќе им дадам да живеат без страв.+ 38 Тие ќе бидат мој народ,+ а јас ќе им бидам Бог.+ 39 И ќе им дадам едно срце+ и еден пат за да се бојат од мене секогаш, за нивно добро и за доброто на нивните синови по нив.+ 40 И ќе склучам со нив траен сојуз,+ дека нема да се одвратам од нив и дека ќе им правам добро.+ И ќе им го ставам во срцето стравот од мене, за да не отстапат од мене.+ 41 И ќе им се радувам правејќи им добро+ и ќе ги засадам верно во оваа земја,+ со сето свое срце и со сета своја душа‘ “.

42 „Зашто, вака вели Јехова: ‚Како што ја доведов врз овој народ сета оваа голема неволја, така ќе го доведам врз нив сето добро за кое им зборувам.+ 43 Ќе се купуваат ниви во оваа земја+ за која вие ќе велите: „Ова е пустош,+ без луѓе и без стока. Предадена е во рацете на Халдејците“ ‘.+

44 ‚Ќе се купуваат ниви за пари, ќе се пишуваат и ќе се запечатуваат договори+ и ќе се земаат сведоци+ во земјата на Венијамин,+ во околината на Ерусалим,+ во градовите на Јуда,+ во планинските градови, во низинските* градови+ и во јужните градови,+ зашто ќе ги вратам нивните заробеници‘,+ вели Јехова.“

33 И по вторпат му дојде Јеховината реч на Еремија додека уште беше затворен во Стражарскиот Двор:+ 2 „Вака вели Јехова, оној што ја создаде земјата,+ Јехова, оној што ја обликува+ и ја зацврсти+ — Јехова му е името:+ 3 ‚Повикај ме, и ќе ти одговорам+ и ќе ти кажам големи и несфатливи работи, кои не ти се познати‘ “.+

4 „Зашто, вака вели Јехова, Богот на Израел, за куќите во овој град и за куќите на царевите на Јуда, кои ќе бидат урнати поради опсадните насипи и поради мечот,+ 5 и за оние што доаѓаат да се борат против Халдејците за да го наполнат ова место со мртвите тела на луѓето што ќе ги убијам во својот гнев и во својата јарост,+ и поради злобата на сите нив ќе го скријам своето лице од овој град:+ 6 ‚Еве, ќе му донесам оздравување и здравје,+ и ќе ги излекувам и ќе им дадам изобилство од мир и вистина.+ 7 И ќе ги вратам заробениците на Јуда и заробениците на Израел,+ и ќе ги изградам за да бидат како и во почетокот.+ 8 Ќе ги исчистам од сите престапи со кои ми згрешија+ и ќе им ги простам сите престапи со кои ми згрешија и со кои се побунија против мене.+ 9 Неговото име ќе ми биде за радост,+ за фалба и за убавина пред сите народи на земјата, кои ќе чујат за сето добро што ќе им го направам.+ И ќе се исплашат+ и ќе затреперат+ поради сето добро и поради сиот мир што ќе им го дадам‘.“+

10 „Вака вели Јехова: ‚На ова место за кое вие ќе велите дека е пустош, без човек и без животно, во градовите на Јуда и по улиците на Ерусалим, кои ќе опустат+ и ќе останат без луѓе, без жители и без животни, пак ќе се чуе+ 11 глас на радост и глас на веселба,+ глас на младоженец и глас на невеста, глас на оние што ќе велат: „Фалете го Јехова над војските, зашто Јехова е добар+ — неговата милост* трае довека!“ ‘+

‚Ќе донесуваат жртви на благодарност во домот на Јехова,+ зашто ќе ги вратам заробените жители на оваа земја за да им биде како во почетокот‘,+ вели Јехова.“

12 „Вака вели Јехова над војските: ‚Во оваа пустош, каде што нема ни човек ни животно,+ и во сите нејзини градови, повторно ќе има пасишта на кои овчарите ќе ги одмораат своите стада‘.+

13 ‚Во планинските градови, во низинските градови+ и во јужните градови,+ во земјата на Венијамин,+ во околината на Ерусалим+ и во градовите на Јуда,+ стадата ќе минуваат под рацете на оној што ги брои‘,+ вели Јехова.“

14 ‚„Еве, доаѓаат денови‘,+ вели Јехова, ‚кога ќе го исполнам добриот збор што му го дадов+ на домот на Израел+ и на домот на Јуда. 15 Во тие денови и во тоа време ќе предизвикам на Давид да му никне праведен подник,+ и тој ќе го прави она што е право и праведно во земјата.+ 16 Во тие денови Јуда ќе се спаси,+ Ерусалим ќе живее без страв.+ А градот ќе се вика: Јехова Е Наша Праведност.‘ “+

17 „Зашто, вака вели Јехова: ‚На Давид нема да му снема наследник што ќе седи на престолот на домот Израелов.+ 18 И на левитските свештеници никогаш нема да им снема потомок пред мене за да принесува цели паленици и да гори житни жртви и да принесува други жртви‘.“+

19 Повторно му дојде Јеховината реч на Еремија: 20 „Вака вели Јехова: ‚Ако можете да го раскинете мојот сојуз со денот и мојот сојуз со ноќта, за да нема ни ден ни ноќ во право време,+ 21 тогаш ќе може да се раскине и мојот сојуз со Давид, мојот слуга,+ па ќе нема син што ќе царува на неговиот престол,+ а и со левитските свештеници, моите слуги.+ 22 Како што небесната војска не може да се изброи, ниту морскиот песок да се измери,+ така ќе го намножам потомството на Давид, мојот слуга, и левитите што ми служат‘ “.+

23 Повторно му дојде Јеховината реч на Еремија: 24 „Зар не забележа што зборуваат овие луѓе, кога велат: ‚Јехова ќе ги отфрли двете семејства што ги избра‘?+ И се однесуваат со презир кон мојот народ+ и за нив тие повеќе не се народ.

25 Вака вели Јехова: ‚Како што склучив сојуз со денот и со ноќта+ и ги поставив небесните и земните одредби+ и не го отфрлив тоа, 26 така нема да го отфрлам ни потомството на Јаков и на Давид, мојот слуга,+ за повеќе да не земам од неговото потомство владетели што ќе завладеат над потомството на Авраам, Исак и Јаков. Зашто, ќе ги соберам нивните заробеници+ и ќе им се смилувам‘ “.+

34 Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова, кога Навуходоносор, царот на Вавилон,+ и сета негова војска+ и сите земни царства што беа под негова власт+ и сите народи се бореа против Ерусалим и против сите градови околу него:+

2 „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Оди и речи му го ова на Седекија, царот на Јуда:+ „Вака вели Јехова: ‚Еве, ќе го предадам овој град во рацете на вавилонскиот цар,+ и тој ќе го изгори со оган.+ 3 А ти нема да ѝ избегаш на неговата рака, туку ќе бидеш фатен и предаден во неговите раце.+ Очи в очи ќе го гледаш царот на Вавилон,+ и тој ќе зборува со тебе лице в лице, и ќе отидеш во Вавилон‘. 4 Но чуј ја Јеховината реч, о Седекија, царе на Јуда:+ ‚Вака вели Јехова за тебе: „Нема да загинеш од меч. 5 Ќе умреш во мир.+ И како што им гореа мирисливи материи во чест на твоите татковци, на некогашните цареви што беа пред тебе,+ така и во твоја чест ќе горат мирисливи материи+ и ќе тажат за тебе:+ ‚Леле, господару!‘+ — зашто ‚јас реков така‘, вели Јехова“ ‘ “ ‘ “.

6 И пророкот Еремија му ги кажа на Седекија, царот на Јуда, сите тие зборови+ во Ерусалим, 7 кога војската на вавилонскиот цар се бореше против Ерусалим и против сите градови на Јуда што беа преостанале+ — против Лахис+ и против Азика.+ Зашто, уште само тие утврдени градови+ преостанаа од градовите на Јуда.+

8 Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова, откако цар Седекија склучи сојуз со сиот народ во Ерусалим за да им прогласи слобода,+ 9 за секој да го ослободи својот слуга и својата слугинка, Евреин+ и Еврејка, за повеќе да не им бидат слуги други Евреи,* кои им се браќа.+ 10 И послушаа сите кнезови+ и сиот народ што стапи во тој сојуз, па секој ги ослободи својот слуга и својата слугинка, за повеќе да не им бидат слуги. Послушаа и ги отпуштија.+ 11 А потоа се премислија+ и повторно ги зедоа слугите и слугинките што ги беа ослободиле, па ги присилија да им бидат слуги и слугинки.+ 12 Тогаш му дојде Јеховината реч на Еремија. Јехова му рече:

13 „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Јас склучив сојуз со вашите татковци+ во денот кога ги изведов од египетската земја,+ од домот каде што беа слуги,+ велејќи: 14 „Кога ќе се навршат седум години, секој од вас нека го отпушти својот брат,+ Евреин,+ кој му се продал+ и кој му служел шест години! Отпуштете го откај вас да си оди слободен“. Но вашите татковци не ме слушаа и не го приклонија увото.+ 15 А вие сега се обративте и го направивте она што е право во мои очи, секој прогласувајќи му слобода на својот ближен, и склучивте сојуз пред мене+ во домот што го носи моето име.+ 16 А потоа се премисливте+ и го осквернивте моето име,+ бидејќи секој пак ги зеде својот слуга и својата слугинка, кои ги бевте отпуштиле за да одат слободно каде што им душа сака, и ги присиливте да ви бидат слуги и слугинки‘.+

17 Затоа, вака вели Јехова: ‚Не ме послушавте за да му објавите слобода+ секој на својот брат и на својот ближен. Еве, јас ќе ви објавам слобода вам‘,+ вели Јехова, ‚така што ќе ве предадам на меч,+ на помор+ и на глад,+ и ќе направам да бидете ужасна глетка за сите земни царства.+ 18 А луѓето што го престапија мојот сојуз,+ затоа што не ја извршија речта на сојузот што го склучија со мене така што го расекоа телето надве,+ па поминаа меѓу половините+ 19 — кнезовите на Јуда и кнезовите на Ерусалим,+ дворјаните и свештениците и сиот народ,* сите што поминаа меѓу половините од телето — 20 нив ќе ги предадам во рацете на нивните непријатели и во рацете на оние што ја бараат нивната душа,+ и нивните мртви тела ќе им бидат храна на небесните птици и на земните ѕверови.+ 21 Седекија, царот на Јуда,+ и неговите кнезови ќе ги предадам во рацете на нивните непријатели и во рацете на оние што ја бараат нивната душа и во рацете на војската на вавилонскиот цар+ што се повлекува откај вас‘.+

22 ‚Еве, ќе дадам заповед‘, вели Јехова, ‚и ќе ги вратам против овој град,+ и тие ќе се борат против него, па ќе го освојат и ќе го изгорат со оган.+ А градовите на Јуда ќе ги претворам во ненаселена пустош.‘ “+

35 Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова во деновите на Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда: 2 „Оди во домот на синовите на Рихав,+ зборувај со нив и доведи ги во домот на Јехова, во една од трпезариите, и дај им вино!“

3 И го зедов Јазанија, синот на Еремија, син на Хавасинија, и неговите браќа и сите негови синови и целиот дом на Рихавовите синови, 4 и ги доведов во домот на Јехова, во трпезаријата+ на синовите на Ханан, синот на Игдалија, Божјиот човек, која е до трпезаријата на кнезовите, а оваа е над трпезаријата на Маасија, синот на вратарот Салум.+ 5 Потоа пред синовите од Рихавовиот дом ставив чаши полни со вино и пехари, и им реков: „Пијте вино!“

6 А тие ми рекоа: „Нема да пиеме вино, зашто Јонадав, синот на Рихав,+ нашиот прататко, ни заповеда: ‚Немојте да пиете вино, ниту вие, ниту вашите синови, довека!+ 7 Немојте да градите куќи, ниту да сеете семе, немојте да садите лозја, ниту да ги поседувате! Туку живејте во шатори во сите свои денови, за да живеете долго на земјата на која сте дојденци!‘+ 8 Ние го слушаме гласот на Јонадав, синот на Рихав, нашиот прататко, во сѐ што ни заповеда:+ никогаш не пиеме вино, ниту ние, ниту нашите жени, ниту нашите синови, ниту нашите ќерки,+ 9 и не си градиме куќи за да живееме во нив и не поседуваме ниту лозје, ниту нива, ниту семе. 10 Живееме во шатори и го слушаме и го правиме сето она што ни го заповеда Јонадав, нашиот прататко.+ 11 Но кога дојде во оваа земја Навуходоносор, царот на Вавилон,+ рековме: ‚Ајде да појдеме во Ерусалим, зашто доаѓаат халдејската војска и сириската војска, и да се населиме во Ерусалим‘ “.+

12 И му дојде Јеховината реч на Еремија: 13 „Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Оди и речи им на народот на Јуда и на жителите на Ерусалим: „Зар не ве опоменуваа постојано да ги послушате моите зборови?“+ — вели Јехова. 14 „Се извршуваат зборовите на Јонадав, синот на Рихав,+ кој им забрани на своите синови да пијат вино, и тие не пијат вино до денешен ден, бидејќи ја слушаат заповедта на својот прататко.+ А јас ви зборував вам — станував рано и зборував+ — но вие не ме послушавте.+ 15 И ви ги испраќав сите свои слуги, пророците,+ станував рано и ги испраќав, велејќи: ‚Одвратете се, ве молам, секој од својот зол пат+ и поправете ги своите дела+ и не одете по други богови за да им служите!+ И живејте во земјата што ви ја дадов вам и на вашите татковци!‘+ Но вие не го приклонивте увото и не ме слушавте.+ 16 Синовите на Јонадав, синот на Рихав,+ ја извршуваат заповедта на својот прататко, која тој им ја заповеда,+ а овој народ не ме слуша мене“ ‘ “.+

17 „Затоа, вака вели Јехова, Богот над војските, Богот на Израел: ‚Еве, ќе ги пуштам врз Јуда и врз сите жители на Ерусалим сите неволји што им ги објавив,+ бидејќи им зборував, но не слушаа, и ги повикував, но не се оѕваа‘.“+

18 А на домот на Рихавовите синови Еремија му рече: „Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Затоа што ја слушате заповедта на Јонадав,+ својот прататко, и ги држите сите негови заповеди и правите сѐ што ви заповедал,+ 19 вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „На Јонадав, синот на Рихав, не ќе му снема потомок да ми служи+ довека“ ‘ “.+

36 Во четвртата година на Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда, му дојде на Еремија оваа реч од Јехова: 2 „Земи еден свиток+ и запиши ги во него сите зборови+ што ти ги кажав против Израел и против Јуда+ и против сите народи,+ од денот кога почнав да ти зборувам, од деновите на Јосија, до денешен ден.+ 3 Можеби домот на Јуда ќе сака да слуша за сите неволји што мислам да му ги нанесам,+ па секој ќе се одврати од својот зол пат,+ а јас ќе им го простам нивниот престап и нивниот грев“.+

4 И Еремија го повика Варух,+ синот на Нирија, за да може Варух, од устата на Еремија, да ги запише во свиток, во книга, сите зборови што му ги беше кажал Јехова на Еремија.+ 5 Тогаш Еремија му заповеда на Варух: „Јас сум затворен. Не можам да отидам во Јеховиниот дом.+ 6 Оди ти и прочитај ги од свитокот Јеховините зборови што ги запиша според моето кажување+ за да чуе народот во Јеховиниот дом на денот на постот,+ а прочитај му ги и на целиот народ на Јуда, кој доаѓа од своите градови!+ 7 Можеби нивните молби за милост ќе дојдат пред Јехова+ и можеби секој ќе се одврати од својот зол пат,+ зашто Јехова му објави на овој народ голем гнев и јарост“.+

8 И Варух,+ синот на Нирија, направи сѐ како што му беше заповедал пророкот Еремија, и ги прочита од книгата+ Јеховините зборови во Јеховиниот дом.+

9 Во петтата година на Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда, во деветтиот месец,+ целиот народ во Ерусалим и целиот народ што дојде од градовите на Јуда во Ерусалим огласи пост пред Јехова.+ 10 А Варух ги прочита од книгата пред целиот народ зборовите на Еремија во Јеховиниот дом, во трпезаријата+ на Гемарија,+ синот на препишувачот+ Сафан,+ во горниот двор, кај новата порта на Јеховиниот дом.+

11 А кога Михаија, синот на Гемарија, син на Сафан,+ ги чу сите Јеховини зборови од книгата, 12 отиде во царскиот дворец, во трпезаријата на писарот, а таму седеа сите кнезови: писарот Елисама,+ Делаја,+ синот на Семаја, Елнатан,+ синот на Ахвор,+ Гемарија,+ синот на Сафан,+ Седекија, синот на Ананија, и сите други кнезови. 13 И Михаија+ им ги кажа сите зборови што ги беше чул кога Варух му читаше на народот од книгата.+

14 Тогаш сите кнезови го испратија Јехудиј,+ синот на Нетанија, син на Селемија, син на Хуси, кај Варух,+ порачувајќи му: „Земи го в рака свитокот од кој му читаше на народот и дојди!“ И така Варух, синот на Нирија, го зеде в рака свитокот и дојде кај нив.+ 15 Тогаш тие му рекоа: „Седни, те молиме, и прочитај ни да чуеме!“ И Варух+ им прочита.

16 Штом ги чуја сите тие зборови, исплашено се погледнаа и му рекоа на Варух: „Мораме да му ги кажеме на царот сите тие зборови“.+ 17 И го прашаа Варух: „Кажи ни, те молиме, како ги напиша сите тие негови зборови?“+ 18 А Варух им рече: „Тој со своја уста ми ги кажуваше сите тие зборови, а јас ги запишував во книгата со мастило“.+ 19 Тогаш кнезовите му рекоа на Варух: „Оди и скриј се, и ти и Еремија, за никој да не знае каде сте“.+

20 Потоа отидоа кај царот, во дворот,+ а свитокот го ставија во трпезаријата+ на писарот Елисама,+ и му ги кажаа на царот сите тие зборови.

21 А царот го испрати Јехудиј+ да го донесе свитокот. И Јехудиј го донесе од трпезаријата на писарот+ Елисама+ и почна да им го чита на царот и на сите кнезови што стоеја околу царот. 22 Царот седеше во зимската куќа+ — тоа беше во деветтиот месец*+ — а пред него стоеше мангал+ во кој гореше оган. 23 И кога Јехудиј ќе прочиташе три-четири колони, царот ќе ги одрежеше со писарскиот нож и ќе ги фрлеше во огнот што гореше на мангалот, и така сѐ додека целиот свиток не заврши во огнот што гореше на мангалот.+ 24 И не се исплашија.+ Ниту царот, ниту некој од неговите слуги, кои ги слушаа сите тие зборови, не си ги раскина облеките.+ 25 Сепак, Елнатан,+ Делаја+ и Гемарија+ го молеа царот да не го гори свитокот, но тој не ги послуша.+ 26 Тогаш царот им заповеда на Јерамеил, царевиот син, и на Сераја, синот на Азриел, и на Селемија, синот на Авдил, да ги фатат писарот Варух и пророкот Еремија.+ Но Јехова ги скри.+

27 И му дојде Јеховината реч на Еремија откако царот го изгоре свитокот со зборовите што ги беше запишал Варух+ според кажувањето на Еремија:+ 28 „Земи друг свиток и напиши ги во него сите оние зборови што беа во првиот свиток, кој го изгоре Јоаким, царот на Јуда.+ 29 И речи вака за Јоаким, царот на Јуда: ‚Вака вели Јехова: „Ти го изгоре оној свиток,+ велејќи: ‚Зошто напиша во него:+ „Ќе дојде вавилонскиот цар и ќе ја опустоши оваа земја и ќе ги истреби од неа и луѓето и животните“?‘+ 30 Затоа, вака вели Јехова за Јоаким, царот на Јуда: ‚Тој ќе нема наследник што ќе седи на Давидовиот престол,+ а неговото мртво тело ќе биде фрлено+ на дневниот припек и на ноќниот мраз. 31 Ќе се пресметам со него+ и со неговото потомство и со неговите слуги поради нивниот престап,+ и ќе ги пуштам врз нив и врз жителите на Ерусалим и врз народот на Јуда сите неволји што им ги објавив,+ но тие не слушаа‘ “ ‘ “.+

32 И Еремија зеде друг свиток и му го даде на Варух, синот на Нирија, писарот,+ кој, според кажувањето+ на Еремија, ги запиша во него сите зборови од книгата што Јоаким, царот на Јуда, ја беше изгорел во оган.+ И им беа додадени уште многу слични зборови.

37 Цар Седекија,+ синот на Јосија,+ почна да царува наместо Хониј,+ синот на Јоаким.+ Навуходоносор, вавилонскиот цар, го постави за цар во земјата на Јуда.+ 2 Но, ни тој, ни неговите слуги, ни народот* не ги слушаа зборовите на Јехова+ кои тој ги кажуваше преку пророкот Еремија.+

3 Цар Седекија ги испрати Јехухал,+ синот на Селемија, и Софонија,+ синот на свештеникот Маасија,+ кај пророкот Еремија, со пораката: „Те молам, помоли му се за нас на Јехова, нашиот Бог!“+ 4 А Еремија се движеше слободно меѓу народот,+ бидејќи уште не беше фрлен в затвор. 5 Војската на фараонот излезе од Египет.+ И Халдејците што го опсадуваа Ерусалим ја слушнаа веста за тоа, па се повлекоа од Ерусалим.+ 6 Тогаш на пророкот Еремија му дојде Јеховината реч: 7 „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Вака речете му на царот на Јуда, кој ве испрати кај мене за да ме прашате за совет:+ „Еве, војската на фараонот што ви доаѓа на помош ќе се врати во својата земја, во Египет.+ 8 Халдејците ќе се вратат и ќе го нападнат овој град. И ќе го освојат, и ќе го изгорат со оган“.+ 9 Вака вели Јехова: „Не лажете ги своите души,+ велејќи: ‚Халдејците ќе си отидат откај нас‘, зашто нема да си отидат! 10 Кога би ја убиле и целата халдејска војска, која се бори со вас,+ и кога од неа би останале само ранетите,+ тие би станале, секој од својот шатор, и би го изгореле овој град со оган“ ‘ “.

11 Кога се повлече халдејската војска од Ерусалим+ поради војската на фараонот,+ 12 Еремија сакаше да замине од Ерусалим во земјата на Венијамин+ за таму да добие земја меѓу своите. 13 А кога стигна до Венијаминовата Порта,+ таму беше заповедникот на стражата по име Ереј, синот на Селемија, син на Ананија. Тој го запре пророкот Еремија, велејќи: „Ти сакаш да пребегаш кај Халдејците!“ 14 А Еремија рече: „Не е точно!+ Не сакам да пребегам кај Халдејците“. Но Ереј не го слушаше, туку го фати Еремија и го одведе кај кнезовите. 15 А кнезовите+ се разлутија на Еремија,+ па го истепаа+ и го затворија+ во куќата на писарот Јонатан,+ бидејќи неговата куќа ја беа претвориле во затвор.+ 16 Така Еремија се најде во подрумот*+ од таа куќа, во една од просториите. Еремија остана таму многу дни.

17 Тогаш цар Седекија испрати луѓе и го доведе кај себе. Во својата куќа, на скришно место, царот го праша:+ „Има ли некаква порака од Јехова?“ Тогаш Еремија рече: „Има!“ И додаде: „Ќе бидеш предаден во рацете на вавилонскиот цар!“+

18 Потоа Еремија му рече на цар Седекија: „Што сум ви згрешил тебе и на твоите слуги и на овој народ,+ па ме фрливте во темница? 19 Каде се сега вашите пророци кои ви пророкуваа: ‚Вавилонскиот цар нема да дојде против вас, ниту против оваа земја‘?+ 20 А сега, те молам, царе, господару мој, послушај ме! Послушај ја, те молам, мојата молба за милост!+ Немој да ме испратиш назад во куќата на писарот Јонатан,+ за да не умрам таму!“+ 21 Тогаш цар Седекија издаде заповед, па го ставија Еремија в затвор во Стражарскиот Двор.+ Таму секој ден добиваше по еден тркалезен леб од пекарската улица,+ сѐ додека не снема леб во градот.+ Така Еремија остана во Стражарскиот Двор.+

38 Сефатија, синот на Матан, и Годолиј, синот на Пасхор, и Јухал,+ синот на Селемија, и Пасхор, синот на Малхија,+ ги чуја зборовите што му ги рече Еремија на целиот народ:+ 2 „Вака вели Јехова: ‚Кој ќе остане во овој град, ќе загине од меч,+ од глад+ и од помор.+ А кој ќе излезе пред Халдејците, ќе остане жив и ќе ја добие својата душа како плен и ќе биде жив‘.+ 3 Вака вели Јехова: ‚Овој град навистина ќе биде предаден во рацете на војската на вавилонскиот цар, и тој ќе го освои‘ “.+

4 Тогаш кнезовите му рекоа на царот: „Погуби го, те молиме, овој човек,+ бидејќи ги обесхрабрува воините кои преостанаа во овој град и сиот народ, зборувајќи им такви зборови!+ Зашто, тој човек не му посакува мир на овој народ, туку неволја“. 5 Тогаш царот Седекија рече: „Еве, во ваши раце е. Зашто, царот во ништо не може да ви се спротивстави“.+

6 И го зедоа Еремија и го фрлија во јамата* на Малхија,+ царевиот син, во Стражарскиот Двор.+ Го спуштија долу со јажиња. А во јамата немаше вода, туку само тиња, така што Еремија пропадна во тињата.+

7 Но Етиопјанецот+ Авде-Мелех, човек што беше царски дворјанин, чу дека Еремија го фрлиле во јамата. А царот тогаш седеше кај Венијаминовата Порта.+ 8 И излезе Авде-Мелех од царскиот дворец и му рече на царот вака: 9 „Царе, господару мој, овие луѓе направиле зло со она што му го направиле на пророкот Еремија, кого го фрлиле во јамата. Ќе умре+ таму од глад,+ зашто повеќе нема леб во градот“.

10 Тогаш царот му заповеда на Етиопјанецот Авде-Мелех: „Поведи со себе триесет луѓе и извлечи го пророкот Еремија од јамата додека не умрел!“+ 11 И Авде-Мелех ги поведе луѓето, отиде во царскиот дворец во просторијата под ризницата+ и зеде оттаму износени облеки и стари крпи, па со јажиња му ги спушти на Еремија во јамата.+ 12 Тогаш Етиопјанецот Авде-Мелех му рече на Еремија: „Те молам, стави ги тие облеки и крпи под пазувите, под јажињата!“ И Еремија направи така.+ 13 Потоа го извлекоа Еремија со јажињата и го извадија од јамата. Оттогаш Еремија остана во Стражарскиот Двор.+

14 Цар Седекија испрати по пророкот Еремија да дојде кај него+ на третиот влез,+ кој беше во Јеховиниот дом.+ Тогаш царот му рече на Еремија: „Ќе те прашам нешто. Немој ништо да ми затаиш!“+ 15 А Еремија му рече на Седекија: „Ако ти кажам, ќе ме погубиш. И ако ти дадам совет, нема да ме послушаш“.+ 16 Тогаш цар Седекија му се заколна на Еремија тајно: „Како што е жив Јехова, кој ни го даде овој живот,*+ нема да те погубам и нема да те предадам во рацете на оние што ја бараат твојата душа“.+

17 А Еремија му рече на Седекија: „Вака вели Јехова, Богот над војските,+ Богот на Израел:+ ‚Ако излезеш пред кнезовите на вавилонскиот цар,+ твојата душа ќе остане жива, а овој град нема да биде изгорен со оган. Ќе останете живи и ти и твојот дом.+ 18 Но, ако не излезеш пред кнезовите на вавилонскиот цар, овој град ќе биде предаден во рацете на Халдејците, и тие ќе го изгорат со оган,+ а ти нема да избегаш од нивната рака‘ “.+

19 Тогаш цар Седекија му рече на Еремија: „Се плашам од Јудејците* кои пребегаа кај Халдејците.+ Би можеле да ме предадат во нивни раце, па ќе ме исмејуваат“.+ 20 А Еремија му рече: „Нема да те предадат. Послушај го, те молам, гласот на Јехова, кој ти го пренесувам, па ќе поминеш добро+ и твојата душа ќе остане жива! 21 Но, ако не излезеш,+ еве што ми покажа Јехова: 22 гледај, сите жени, кои преостанаа во дворецот на царот на Јуда,+ ги изведуваат пред кнезовите на вавилонскиот цар+ и велат:

‚Те заведоа и те надвладеаја оние што беа во мир со тебе.+

Ја наведоа твојата нога да пропадне во тиња, а потоа те напуштија‘.+

23 Сите твои жени и твоите синови ги изведуваат пред Халдејците, а и ти нема да избегаш од нивната рака,+ туку ќе те фати раката на вавилонскиот цар, а овој град поради тебе ќе биде изгорен со оган“.+

24 Тогаш Седекија му рече на Еремија: „Никој не смее да дознае за тоа, инаку ќе загинеш! 25 Ако чујат кнезовите+ дека сум разговарал со тебе, па дојдат кај тебе и ти речат: ‚Кажи ни, те молиме, што му рече на царот? Немој ништо да криеш од нас, па нема да те погубиме! Што ти кажа царот?‘ 26 — ти одговори им: ‚Го молев царот за милост, да не ме праќа назад во куќата на Јонатан,+ за да не умрам таму‘ “.

27 Потоа дојдоа сите кнезови кај Еремија и почнаа да го испрашуваат. Но тој им одговараше онака како што му беше заповедал царот.+ Тогаш престанаа да го испрашуваат, бидејќи не дознаа ништо за разговорот. 28 А Еремија остана во Стражарскиот Двор+ сѐ до денот кога Ерусалим беше освоен.+ А сѐ што рече тој се исполни кога Ерусалим беше освоен.+

39 Во деветтата година на Седекија, царот на Јуда, во десеттиот месец,+ против Ерусалим дојде Навуходоносор, вавилонскиот цар, со сета своја војска, и започна да го опсадува градот.+

2 Во единаесеттата година од царувањето на Седекија, во четвртиот месец, на деветтиот ден од тој месец, продреа во градот.+ 3 И влегоа сите кнезови на вавилонскиот цар и се сместија кај Средната Порта,+ а кнезовите беа: Нергал-Саресер, Самгар-Нево, Сарсехим, рапсарисот,* равмагот* Нергал-Саресер и сите други кнезови на вавилонскиот цар.

4 Кога ги видоа, Седекија, царот на Јуда, и сите негови воини побегнаа+ и излегоа ноќе од градот низ царската градина,+ низ портата меѓу двојниот ѕид, и се упатија кон Араба.+ 5 Но халдејската војска тргна во потера по нив+ и го стигна Седекија во пустата рамница кај Ерихон.+ Го фатија и го одведоа кај Навуходоносор, вавилонскиот цар, во Ривла,+ во ематската земја,+ за да му суди.+ 6 И вавилонскиот цар ги погуби+ во Ривла синовите на Седекија пред негови очи.+ Вавилонскиот цар ги погуби и сите достоинственици на Јуда.+ 7 А Седекија го ослепи+ и потоа го окова во бакарни окови за да го одведе во Вавилон.

8 Халдејците ги изгореа со оган царскиот дворец и куќите на народот,+ и ги разурнаа сите ѕидови на Ерусалим.+ 9 А остатокот од народот, кој уште остана во градот, и оние што пребегаа кај него и сиот преостанат народ, Невузардан,+ заповедникот на телесната стража,+ ги одведе во изгнанство во Вавилон.+

10 А некои од народот, сиромашните кои немаа ништо, Невузардан, заповедникот на телесната стража, ги остави во земјата на Јуда,+ и во тој ден им даде лозја и им одреди да работат во полето.+

11 А Навуходоносор, царот на Вавилон, вака му заповеда на Невузардан, заповедникот на телесната стража, во врска со Еремија: 12 „Земи го и твоите очи нека внимаваат на него! Не прави му никакво зло!+ Туку, како што ќе ти рече тој, така направи му!“+

13 И така Невузардан,+ заповедникот на телесната стража, рапсарисот Невусазван, равмагот Нергал-Саресер и сите водечки луѓе на вавилонскиот цар 14 испратија по Еремија и го зедоа од Стражарскиот Двор+ и му го предадоа на Годолиј,+ синот на Ахикам,+ син на Сафан,+ да го врати во неговата куќа, за да живее меѓу народот.

15 А на Еремија му дојде Јеховината реч додека беше затворен во Стражарскиот Двор:+ 16 „Оди и речи му на Етиопјанецот Авде-Мелех:+ ‚Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Еве, ќе ги исполнам зборовите што ги кажав за овој град, на негово зло, а не на добро,+ и ќе се исполнат пред тебе во тој ден“ ‘.+

17 ‚А тебе ќе те избавам во тој ден‘,+ вели Јехова, ‚и нема да бидеш предаден во рацете на луѓето од кои се плашиш.‘+

18 ‚Зашто, јас навистина ќе те избавам, па нема да паднеш од меч. Ќе ја добиеш својата душа како плен,+ бидејќи се надеваше на мене‘,+ вели Јехова“.

40 Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова откако Невузардан,+ заповедникот на телесната стража, го пушти Еремија од Рама,+ додека беше окован меѓу сите изгнаници од Ерусалим и од Јуда, кои ги водеа во изгнанство во Вавилон.+ 2 Тогаш заповедникот на телесната стража го зеде Еремија и му рече: „Јехова, твојот Бог, рече дека ќе му ја нанесе оваа неволја на ова место.+ 3 Јехова тоа и го исполни и направи точно како што рече, зашто му згрешивте на Јехова и не го послушавте неговиот глас. Затоа ви се случи ова.+ 4 Еве, денес те ослободувам од оковите што ти се на рацете. Ако ти е по волја да појдеш со мене во Вавилон, појди, и моето око ќе бдее над тебе.+ А ако не ти е по волја да појдеш со мене во Вавилон, тогаш остани. Гледај, целата земја ти е отворена! Оди таму каде што мислиш дека е добро и каде што сакаш да одиш!“+

5 И додека тој размислуваше каде да појде, Невузардан му рече: „Врати се кај Годолиј,+ синот на Ахикам,+ син на Сафан,+ кого царот на Вавилон го постави над градовите на Јуда, и остани кај него меѓу народот, или оди каде што сакаш да одиш“.+

Тогаш заповедникот на телесната стража му даде храна и подарок, па го отпушти.+ 6 И така Еремија дојде кај Годолиј,+ синот на Ахикам, во Миспа+ и остана кај него со народот што беше преостанал во земјата.

7 А сите воени заповедници што се наоѓаа во земјата+ и нивните луѓе слушнаа дека вавилонскиот цар го поставил Годолиј, синот на Ахикам, над земјата и дека му ги доверил мажите и жените и децата и сиромасите од народот,* кои не беа одведени во изгнанство во Вавилон.+ 8 И дојдоа кај Годолиј во Миспа: Исмаел,+ синот на Нетанија, Јоанан+ и Јонатан, синовите на Кареја, Сераја, синот на Танумет, синовите на Ефај од Нетофа+ и Језанија,+ син на некојси Макатец+ — тие и нивните луѓе.+ 9 А Годолиј,+ синот на Ахикам,+ син на Сафан,+ им се заколна+ ним и на нивните луѓе и им рече: „Не плашете се да им служите на Халдејците! Останете во земјата и служете му на вавилонскиот цар, и ќе ви биде добро!+ 10 А јас, еве, ќе останам во Миспа+ за да ве застапувам пред Халдејците што ќе доаѓаат кај нас. А вие берете грозје,+ летно овошје* и маслинки, ставајте ги во своите садови и останете во своите градови што сте ги зазеле!“

11 И сите Јудејци* што беа во Моав, меѓу синовите на Амон и во Едом, како и оние што беа по сите други земји,+ слушнаа дека вавилонскиот цар му оставил остаток на Јуда и дека над нив го поставил Годолиј,+ синот на Ахикам, син на Сафан. 12 И сите Јудејци почнаа да се враќаат од сите места по кои се беа расеале, па доаѓаа во земјата на Јуда, кај Годолиј во Миспа.+ И набраа мошне многу грозје и летно овошје.

13 А Јоанан,+ синот на Кареја,+ и сите воени заповедници што се наоѓаа во земјата+ дојдоа кај Годолиј во Миспа 14 и му рекоа: „Зар не знаеш дека Валис, царот на Амоновите синови,+ го испрати Исмаел,+ синот на Нетанија,+ да ја погуби твојата душа?“ Но, Годолиј, синот на Ахикам, не им поверува.+

15 Тогаш Јоанан,+ синот на Кареја, му рече на Годолиј во тајност, во Миспа: „Одам да го убијам Исмаел, синот на Нетанија. Никој нема да дознае за тоа.+ Зошто тој да ја погуби твојата душа и зошто да се расее целиот народ на Јуда што се собра околу тебе и да пропадне остатокот на Јуда?“+ 16 Но Годолиј,+ синот на Ахикам,+ му рече на Јоанан, синот на Кареја: „Не прави го тоа, зашто не е точно тоа што го велиш за Исмаел“.+

41 И така во седмиот месец, Исмаел,+ синот на Нетанија, син на Елисама,+ од царскиот род,+ и еден од водечките луѓе на царот, дојде со десет луѓе+ кај Годолиј, синот на Ахикам, во Миспа.+ И таму во Миспа јадеа заедно.+ 2 Тогаш Исмаел, синот на Нетанија, со десеттемина што беа со него, стана и го уби со меч Годолиј, синот на Ахикам, син на Сафан.+ И така го уби оној кого вавилонскиот цар го беше поставил над земјата.+ 3 Исмаел ги уби и сите Јудејци* што беа со него, со Годолиј, во Миспа, и Халдејците што се затекнаа таму, воините.

4 А утредента, откако го уби Годолиј, додека уште никој не знаеше за тоа,+ 5 дојдоа луѓе од Сихем,+ од Сило+ и од Самарија,+ осумдесет луѓе со избричени бради,+ со искинати облеки и исечени по телото.+ Тие носеа житни жртви и темјан+ во рацете за да ги принесат во Јеховиниот дом. 6 Пред нив од Миспа плачејќи излезе+ Исмаел, синот на Нетанија. Кога дојде до нив, им рече: „Дојдете кај Годолиј, синот на Ахикам!“ 7 А кога дојдоа среде градот, Исмаел, синот на Нетанија, и луѓето што беа со него, ги заклаа и ги фрлија во јама.*+

8 А меѓу нив имаше десет луѓе кои веднаш му рекоа на Исмаел: „Немој да нѐ убиеш, зашто имаме во полето скриени резерви од пченица, јачмен, масло и мед“.+ Затоа се откажа и не ги уби со нивните браќа. 9 А јамата во која Исмаел+ ги фрли сите трупови на луѓето што ги беше убил, беше голема јама, онаа што ја беше направил царот Аса поради Васа, израелскиот цар.+ Таа јама Исмаел, синот на Нетанија, ја наполни со оние што ги уби.

10 Тогаш Исмаел го зароби целиот остаток од народот што беше во Миспа,+ ќерките на царот+ и целиот народ што остана во Миспа,+ а кој Невузардан, заповедникот на телесната стража, му го беше доверил на Годолиј, синот на Ахикам.+ И така Исмаел, синот на Нетанија, ги зароби и тргна кај синовите на Амон.+

11 А Јоанан,+ синот на Кареја, и сите воени заповедници+ што беа со него, чуја за сето зло што го направи Исмаел, синот на Нетанија. 12 И ги зедоа сите луѓе и тргнаа во бој против Исмаел, синот на Нетанија, и го најдоа кај големата вода во Гаваон.+

13 А кога целиот народ што беше со Исмаел го виде Јоанан, синот на Кареја, и сите воени заповедници што беа со него, се израдува. 14 И сиот заробен народ, кој Исмаел го водеше од Миспа,+ се сврте и се упати кон Јоанан, синот на Кареја. 15 А Исмаел, синот на Нетанија, со осум луѓе, избега+ пред Јоанан и отиде кај синовите на Амон.

16 А Јоанан,+ синот на Кареја, и сите воени заповедници што беа со него, го зедоа целиот остаток од народот што Исмаел, синот на Нетанија, го одведе од Миспа откако го уби Годолиј,+ синот на Ахикам — мажи, воини, жени, деца и дворјани — и ги поведе од Гаваон. 17 И тргнаа, а потоа запреа во ноќевалиштето на Химам, кое е крај Витлеем.+ Потоа тргнаа оттаму и дојдоа во Египет+ 18 зашто се плашеа од Халдејците,+ бидејќи Исмаел, синот на Нетанија, го уби Годолиј, синот на Ахикам,+ кого вавилонскиот цар го беше поставил над земјата.+

42 Тогаш сите воени заповедници и Јоанан,+ синот на Кареја, и Језанија,*+ синот на Осаја,+ како и сиот народ, од најмал до најголем, пристапија 2 и му рекоа на пророкот Еремија: „Слушни ги нашите молби за милост! Моли му се за нас на Јехова, својот Бог,+ за сиот овој остаток, зашто останавме малку од големиот број,+ како што гледаш и самиот. 3 Јехова, твојот Бог, нека ни каже по кој пат да одиме и што да правиме“.+

4 Тогаш пророкот Еремија им рече: „Ќе ве послушам. Еве, ќе му се молам на Јехова, вашиот Бог, според вашите зборови,+ и ќе ви го кажам секој збор со кој ќе ви одговори Јехова.+ Нема да ви премолчам ниту еден збор“.+

5 А тие му рекоа на Еремија: „Јехова нека биде вистинит и веродостоен сведок против нас+ ако сосема не постапиме според зборовите што Јехова, твојот Бог, ќе ни ги испрати по тебе.+ 6 Било да е добар било да е лош гласот од Јехова, нашиот Бог, при кого те праќаме, ние ќе го послушаме, за да ни биде добро поради тоа што го слушаме гласот на Јехова, нашиот Бог“.+

7 По десет дена, Јеховината реч му дојде на Еремија.+ 8 Затоа тој ги повика Јоанан, синот на Кареја, сите воени заповедници што беа со него и сиот народ, од најмал до најголем,+ 9 и им рече: „Вака вели Јехова, Богот на Израел, кај кого ме испративте за да ја изнесам пред него вашата молба за милост:+ 10 ‚Ако останете во оваа земја,+ јас ќе ве изградам и нема да ве разурнам, ќе ве посадам и нема да ве искорнам,+ зашто ќе зажалам што ви нанесов неволја.+ 11 Не плашете се од вавилонскиот цар, од кого страхувате‘.+

‚Не плашете се од него,‘+ вели Јехова, ‚зашто јас сум со вас за да ве спасам и да ве избавам од неговата рака.+ 12 Јас ќе ви покажам милост, и тој ќе ви се смилува и ќе ве врати во вашата земја.+

13 Но, ако речете: „Не, нема да останеме во оваа земја“, и не го послушате гласот на Јехова, својот Бог,+ 14 туку кажете: „Не, туку ќе одиме во египетската земја,+ каде што нема повеќе да видиме војна, каде што нема да го чуеме звукот на рог и каде што нема да бидеме гладни за леб, и таму ќе живееме“,+ 15 тогаш чујте ја Јеховината реч, вие кои сте остаток од Јуда! Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Ако решите да одите во Египет, и навистина отидете за да живеете таму,+ 16 тогаш мечот од кој се плашите ќе ве стигне во египетската земја+ и гладот од кој се плашите ќе оди по вас во Египет,+ и таму ќе умрете.+ 17 И сите што ќе решат да одат во Египет за да живеат таму, ќе загинат од меч, од глад и од помор,+ и никој нема ниту да преживее ниту да побегне од неволјата што ќе им ја нанесам“ ‘.+

18 Зашто, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Како што мојот гнев и мојата јарост се излеаја врз жителите на Ерусалим+ така ќе се излее мојата јарост врз вас ако отидете во Египет, и ќе бидете пример што се користи во клетви и грозна глетка, пример за проклетство и предмет на потсмев,+ и никогаш повеќе нема да го видите ова место‘.+

19 Јехова ве опоменува вас, кои сте остаток од Јуда. Не одете во Египет!+ Знајте добро дека денес бев сведок против вас,+ 20 дека направивте престап против своите души,+ бидејќи ме испративте кај Јехова, вашиот Бог, велејќи: ‚Моли му се за нас на Јехова, нашиот Бог, и сѐ што ќе рече Јехова, нашиот Бог, кажи ни го онака како што го рекол тој, и ние ќе направиме така!‘+ 21 Јас ви зборувам денес, но вие нема да го послушате гласот на Јехова, својот Бог, ниту што и да било од она за кое ме испрати кај вас.+ 22 Затоа, знајте добро дека ќе загинете од меч,+ од глад и од помор во местото каде што сакате да одите за да живеете таму“.+

43 Кога Еремија му ги кажа на народот сите тие зборови од Јехова, нивниот Бог, кои им ги испрати Јехова, нивниот Бог, преку него,+ 2 Азарија, синот на Осаја,+ и Јоанан,+ синот на Кареја, и сите дрски луѓе+ му рекоа на Еремија: „Зборуваш лага!+ Не те испратил Јехова, нашиот Бог, да речеш: ‚Не одете во Египет за да живеете таму!‘+ 3 — туку Варух,+ синот на Нирија, те наговорил да нѐ предадеш во рацете на Халдејците, за да нѐ убијат или да нѐ одведат во изгнанство во Вавилон“.+

4 И Јоанан, синот на Кареја, и сите воени заповедници и сиот народ не го послушаа Јехова,+ кој им рече да останат во земјата на Јуда.+ 5 Така Јоанан, синот на Кареја, и сите воени заповедници го поведоа целиот остаток од Јуда, кој се беше вратил откај сите народи меѓу кои беше расеан за да живее во земјата на Јуда:+ 6 мажите, жените, децата, ќерките на царот+ и сите души што Невузардан,+ заповедникот на телесната стража, ги беше оставил кај Годолиј,+ синот на Ахикам,+ син на Сафан,+ и пророкот Еремија и Варух,+ синот на Нирија. 7 И дојдоа во египетската земја,+ бидејќи не го послушаа гласот на Јехова. И стигнаа до Тафнис.+

8 Тогаш му дојде Јеховината реч на Еремија во Тафнис: 9 „Земи во рацете големи камења и пред очите на сите Јудејци* покриј ги со малтер на терасата направена од тули што се наоѓа на влезот од фараоновиот дом во Тафнис.+ 10 И речи им: ‚Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Еве, ќе го испратам по Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ својот слуга.+ Ќе го доведам и ќе го поставам неговиот престол на овие камења што ги покрив, и тој ќе го распне својот раскошен шатор над нив. 11 Ќе дојде и ќе удри на египетската земја.+ Секој што е за смртоносен помор, ќе умре од помор. Секој што е за заробеништво, ќе отиде во заробеништво. Секој што е за меч, ќе падне од меч.+ 12 Ќе запалам оган во храмовите на египетските богови.+ Тој ќе ги изгори и ќе ги одведе во заробеништво и ќе се наметне со египетската земја, како што овчарот се наметнува со својата облека,+ и мирно ќе замине оттаму. 13 И ќе ги испокрши столбовите во Вет-Семес,* кој е во египетската земја, а храмовите на египетските богови ќе ги изгори со оган“ ‘ “.

44 Ова е речта што му дојде на Еремија за сите Јудејци* што живееја во египетската земја,+ кои живееја во Мигдол,+ во Тафнис,+ во Ноф*+ и во земјата Патрос:+ 2 „Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Вие ја видовте сета неволја што им ја нанесов на Ерусалим+ и на сите градови на Јуда и, еве, денес тие се пустош и во нив нема жители.+ 3 Тоа се случи поради злото што го направивте за да ме навредувате така што одевте и ги горевте приносите+ и им служевте на други богови кои порано не ги познававте ниту вие ниту вашите татковци.+ 4 А јас ви ги праќав сите свои слуги, пророците, станував рано и ги испраќав,+ велејќи: „Не правете ги, ве молам, тие гадости што ги мразам!“+ 5 Но вие не слушавте+ и не го приклонивте увото за да се откажете од својата злоба и да престанете да им горите приноси на други богови.+ 6 Затоа се излеа мојата лутина, и мојот гнев, и се распламте по градовите на Јуда и по улиците на Ерусалим,+ па беа претворени во пустош и во урнатини, какви што се и денес‘.+

7 Вака вели Јехова, Богот над војските, Богот на Израел: ‚Зошто си навлекувате голема неволја на своите души?+ Зошто да бидат истребени од Јуда и мажите, и жените, и децата, и доенчињата,+ па од вас да не остане ни остаток? 8 Вие ме навредувате со делата на своите раце кога им горите приноси на други богови+ во египетската земја, во која дојдовте да живеете? Затоа ќе бидете истребени и ќе станете пример што се користи во клетви и предмет за потсмев меѓу сите народи на земјата.+ 9 Зар ги заборавивте злите дела на своите татковци,+ злите дела на царевите на Јуда+ и злите дела на нивните жени,+ и своите зли дела и злите дела на вашите жени,+ кои се правеа во земјата на Јуда и по улиците на Ерусалим? 10 До ден-денеска не се покајавте,+ не се исплашивте+ и не живеевте* според мојот закон+ и според моите одредби што ги ставив пред вас и пред вашите татковци‘.+

11 Затоа, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Еве, ќе се свртам против вас, на ваше зло, за да го истребам сиот народ на Јуда.+ 12 И ќе го земам остатокот од Јуда, оние што решија да одат во египетската земја за да живеат таму,+ и сите тие ќе изгинат во египетската земја.+ Ќе паднат од меч, ќе изгинат од глад,+ од најмал до најголем, ќе изумрат од меч и од глад. И ќе станат пример што се користи во клетви и грозна глетка, пример за проклетство и предмет на потсмев.+ 13 Ќе се пресметам со оние што живеат во египетската земја, како што се пресметав со Ерусалим: со меч, со глад и со помор.+ 14 Остатокот од Јуда, кој отиде во египетската земја за да живее таму,+ нема да побегне и нема да преживее за да се врати во земјата на Јуда по која душата му копнее да се врати во неа и да живее таму.+ Нема да се врати, освен некои што ќе побегнат‘ “.

15 Тогаш сите мажи што знаеја дека нивните жени им горат приноси на други богови,+ и сите жени што стоеја во големото мноштво и сиот народ што живееше во египетската земја,+ во Патрос,+ му одговорија на Еремија: 16 „Зборот што ни го кажа во Јеховино име нема да го послушаме,+ 17 туку ќе правиме според секој збор што излезе од нашите усти:+ ќе ѝ гориме приноси на ‚царицата на небесата‘+ и нејзе ќе ѝ излеваме жртви налевници,+ како што правевме ние+ и нашите татковци,+ нашите цареви+ и нашите кнезови по градовите на Јуда и по улиците на Ерусалим. Тогаш бевме сити со леб и ни беше добро и не доживувавме никакви неволји.+ 18 А откако престанавме да ѝ гориме приноси на ‚царицата на небесата‘+ и да ѝ излеваме жртви налевници, скудни сме во сѐ и гинеме од меч и од глад.+

19 Кога ѝ гориме приноси на ‚царицата на небесата‘+ и ѝ излеваме жртви налевници,+ зарем без согласност од своите мажи правиме жртвени колачи со нејзиниот лик и излеваме жртви налевници?“+

20 Тогаш Еремија му рече на сиот народ, на мажите и на жените и на сите луѓе што му зборуваа така: 21 „Зар не се сети Јехова и зарем не му дојде на ум*+ тоа што горевте приноси по градовите на Јуда и по улиците на Ерусалим,+ вие+ и вашите татковци,+ вашите цареви+ и вашите кнезови+ и народот?* 22 На крајот, Јехова не можеше повеќе да ги поднесува вашите зли дела и гадотиите што ги правевте.+ Затоа вашата земја е претворена во пустош, во грозна глетка и во проклетство, и остана без жители, а таква е и денес.+ 23 Поради тоа што горевте приноси+ и му грешевте на Јехова+ и не го послушавте гласот на Јехова+ и не живеевте* според неговиот закон+ и според неговите одредби и според неговите опомени,* ве снајде оваа неволја, каква што се гледа денес“.+

24 Потоа Еремија им рече на сиот народ и на сите жени: „Чуј ја Јеховината реч, народе на Јуда, кој си во египетската земја!+ 25 Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Мажи, и вие, нивни жени!+ Вие, жени, со својата уста велите (а сите го правите тоа со своите раце): „Ќе се држиме за своите завети со кои се заветувавме+ дека ќе ѝ гориме приноси на ‚царицата на небесата‘+ и дека ќе ѝ излеваме жртви налевници“.+ Вие ќе се држите за своите завети и ќе го извршувате тоа што сте се заветувале‘.

26 Затоа, чуј ја Јеховината реч, народе на Јуда, кој живееш во египетската земја:+ ‚ „Еве, се заколнувам во своето велико име“,+ вели Јехова, „дека во целата египетска земја ќе нема повеќе ниту еден човек од Јуда чија уста би го изустила моето име,+ велејќи: ‚Како што е жив Севишниот Господар Јехова!‘+ 27 Еве, ќе бдеам над нив за нивно зло, а не за добро,+ и сиот народ на Јуда што е во египетската земја ќе гине од меч и од глад додека не исчезне.+ 28 А оние што ќе побегнат од мечот, ќе се вратат од египетската земја во јудејската земја, но ќе бидат малку.+ Тогаш сиот остаток на Јуда, кој отиде во египетската земја за да живее таму, ќе знае чиј збор се исполнил — мојот или нивниот“ ‘ “.+

29 „ ,А ова нека ви биде знак‘,+ вели Јехова, ‚дека ќе ве казнам на ова место, за да знаете дека моите зборови ќе се исполнат, за ваше зло:+ 30 Вака вели Јехова: „Еве, ќе го предадам фараонот Вафриј, египетскиот цар,+ во рацете на неговите непријатели, во рацете на оние што ја бараат неговата душа,+ како што го предадов Седекија, царот на Јуда, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, неговиот непријател, кој ја бараше неговата душа.“ ‘ “+

45 Ова е речта што му ја кажа пророкот Еремија на Варух,+ синот на Нирија, кога овој го запиша во книга она што му го кажа Еремија,+ во четвртата година на Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда:

2 „Вака вели Јехова, Богот на Израел, за тебе, Варух: 3 ‚Ти велиш: „Тешко мене,+ бидејќи Јехова ми додава тага на мојата болка! Премалев од воздивнување, не наоѓам починка“ ‘ “.+

4 „Речи му вака: ‚Вака вели Јехова: „Еве, што изградив, ќе урнам, и што посадив, ќе искорнам, и тоа по целата земја.+ 5 А ти бараш големи работи за себе.+ Не барај го тоа!“ ‘+

‚Зашто, еве, ќе донесам неволја врз секој човек,‘+ вели Јехова, ‚а тебе ќе ти ја дадам твојата душа како плен во сите места каде што ќе дојдеш‘.“+

46 Оваа објава му дојде на пророкот Еремија како Јеховина реч за народите:+ 2 За Египет,+ за војската на фараонот Нехо, египетскиот цар,+ кој беше кај реката Еуфрат во Кархемис,+ а Навуходоносор, вавилонскиот цар, го порази во четвртата година на Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда: 3 „Наредете ги малите и големите штитови и тргнете во бој!+ 4 Коњаници, впрегнете ги коњите и јавнете ги, наредете се со шлемови! Светнете ги копјата! Облечете ги оклопите!+

5 ‚Зошто ги гледам толку уплашени? Се повлекуваат, разбиени се нивните јунаци, бегаат и не се свртуваат.+ Насекаде има страв‘,+ вели Јехова. 6 ‚Нека не бегаат брзите, нека не бегаат јунаците!+ На север,+ на брегот на реката Еуфрат, се спрепнуваат и паѓаат.‘+

7 Кој е тој што се крева како Нил, како води од надојдени реки?+ 8 Египет се крева како Нил,+ неговите води се како надојдени реки.+ И вели: ‚Ќе се кренам. Ќе ја прекријам земјата. Ќе го сотрам градот и оние што живеат во него‘.+ 9 Напред, коњи! Брзајте, коли! Излегувајте, јунаци, Хус*+ и Фут,+ кои носите штитови, и вие Лудејци,+ кои носите и оптегнувате лакови!

10 Тоа е ден на Севишниот Господар, Јехова над војските, ден на одмазда, за да им се одмазди на своите противници.+ Мечот ќе ги проголта и ќе се насити и ќе се напие од нивната крв, зашто Севишниот+ Господар, Јехова над војските, подготвува жртва+ во северната земја покрај реката Еуфрат.+

11 Искачи се на Галад и земи балсам,+ о девице, египетска ќерко!+ Залудно собираш многу лекови. Нема оздравување за тебе.+ 12 Народите слушнаа за твојот срам+ и твојот пискот ја наполни земјата.+ Зашто, јунак се спрепнува од јунак,+ па паѓаат и двајцата“.

13 Ова е речта што Јехова му ја кажа на пророкот Еремија за нападот на Навуходоносор, вавилонскиот цар, врз египетската земја:+ 14 „Објавете во Египет, разгласете во Мигдол,+ разгласете во Ноф*+ и во Тафнис!+ Речете: ‚Постави се и подготви се,+ зашто мечот ќе проголта сѐ околу тебе.+ 15 Зошто ги однесе водата твоите јунаци?+ Не можеа да се спротивстават, зашто Јехова ги потера.+ 16 Мнозина од нив се сопнуваат и паѓаат. И си велат еден на друг: „Стани, да се вратиме кај својот народ, во земјата на својот род, зашто овој меч е свиреп“ ‘. 17 Таму велат: ‚Фараонот, египетскиот цар, е обичен фалбаџија.+ Дозволи да помине времето на свеченоста‘.+

18 ‚Како што сум жив јас,‘ вели Царот, кој се вика Јехова над војските,+ ‚каков што е Тавор+ меѓу планините и Кармил+ покрај морето, таков ќе биде тој кога ќе дојде. 19 Подготви си изгнаничка бовча,+ о жителке, египетска ќерко!+ Зашто, Ноф+ ќе стане грозна глетка и ќе биде изгорен, за да нема жители во него.+ 20 Египет е прекрасна јуница. Од север ќе дојдат комарци против неа.+ 21 Платениците од Египет што се во него се како згоени телиња.+ Но и тие отстапуваат назад,+ бегаат сите. Не можат да се спротивстават.+ Зашто, ги стигна денот на нивната пропаст, времето за пресметка со нив.‘+

22 ‚Неговиот глас е како звукот што го пушта змија што се повлекува,+ зашто доаѓаат со сила, навалуваат со секири на него, како оние што сечат дрва. 23 Ќе ја исечат неговата шума‘,+ вели Јехова, ‚бидејќи е непроодна. Зашто, ги има повеќе отколку скакулците+ и им нема број. 24 Ќе се посрами египетската ќерка.+ Ќе биде предадена во рацете на северниот народ.‘+

25 Вака вели Јехова над војските, Богот Израелов: ‚Еве, ќе се пресметам со Амон+ од Но,*+ со фараонот, со Египет, со неговите богови+ и со неговите цареви,+ со фараонот и со сите што се надеваат на него‘.+

26 ‚Ќе ги предадам во рацете на оние што ја бараат нивната душа, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ и во рацете на неговите слуги, а потоа Египет пак ќе биде населен како во дамнешните денови‘,+ вели Јехова.

27 ‚А ти не плаши се, о слуго мој, Јакове, не плаши се, Израеле!+ Зашто, еве, ќе те избавам тебе од далечната земја, и твоето потомство од земјата на нивното заробеништво.+ Јаков ќе се врати, ќе биде мирен и спокоен и никој нема да го плаши.+ 28 Не плаши се, слуго мој, Јакове,‘ вели Јехова, ‚зашто јас сум со тебе!+ Ќе ги истребам сите меѓу кои те распрснав,+ а тебе нема да те истребам.+ Но ќе те казнам колку што е потребно,+ нема да те оставам неказнет‘ “.+

47 Ова е речта што Јехова му ја кажа на пророкот Еремија за Филистејците,+ пред фараонот да ја освои Газа.+ 2 Вака рече Јехова:

„Еве, надоаѓаат води+ од север+ и се претвораат во голем порој. Ќе ја поплават земјата и сѐ што е на неа, градот и оние што живеат во него.+ И луѓето ќе викаат, и ќе плачат горко сите што живеат во земјата.+ 3 Од топотот на копитата на неговите пастуви,+ од тропањето на неговите бојни коли+ и од татнежот на тркалата,+ на татковците нема да им е грижа за синовите, бидејќи нивните раце ќе изгубат сила, 4 поради денот што доаѓа за да ги истреби сите Филистејци,+ да ги сотре сите што им помагаат+ на Тир+ и на Сидон.+ Зашто, Јехова ги истребува Филистејците+ — остатокот од островот Кафтор.+ 5 На Газа+ ќе ѝ биде избричена главата.+ Аскалон+ ќе биде разорен.* О вие што сте остаток од нивната долина, до кога ќе се сечете по телото?+

6 О мечу Јеховин!+ Кога ќе се смириш? Врати се во својата ножница!+ Застани и остани мирен!

7 Како да се смири кога Јехова му заповеда да ги нападне Аскалон и морскиот брег?+ Му одреди да појде таму“.

48 Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел,+ за Моав:+ „Тешко на Нево,+ зашто е опустошен! Киријатаим+ е посрамен и освоен. Безбедната тврдина е посрамена и исплашена.+ 2 Ја нема повеќе фалбата на Моав.+ Во Есевон+ му смислуваат зло: ‚Ајде да ги истребиме, за повеќе да не бидат народ!‘+

И ти, о Мадмене, молчи! Меч доаѓа по тебе. 3 Викотница се слуша од Хоронаим,+ пустошење и големо сотирање. 4 Моав е сотрен.+ Се разнесува викотницата на неговите деца. 5 Додека се искачуваат на Лухит,+ тие одат плачејќи — се разлева плач. Додека слегуваат од Хоронаим, се разлева лелек поради пропаста+ за која се расчу.

6 Бегајте, избавете ги своите души,+ бидете како смрека во пустина!+ 7 Поради тоа што се надеваш на своите дела и на своето богатство, ќе бидеш освоен.+ Хемос+ ќе отиде во изгнанство+ со своите свештеници и со своите кнезови.+ 8 Пустошникот ќе дојде во секој град,+ и ниту еден град нема да му избега.+ Долината ќе пропадне и рамницата ќе биде опустошена, како што рече Јехова.

9 Дајте му патоказ на Моав, зашто кога сѐ ќе се урне, тој ќе замине.+ Неговите градови ќе станат грозна глетка и никој нема да живее во нив.+

10 Проклет да е оној што немарно ја извршува задачата што му ја доверил Јехова!+ Проклет да е оној што го задржува својот меч од крв!

11 Моавците се спокојни од својата младост,+ мирно лежат како вино на својот талог.+ Не се преточуваат од сад во сад, не одат во изгнанство. Затоа нивниот вкус остана во нив, нивниот мирис не се промени.

12 ‚Затоа, еве, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ‚кога ќе им ги испратам оние што превртуваат садови, и тие ќе ги превртат.+ Ќе ги испразнат нивните садови и ќе им ги испокршат ќуповите. 13 Моавците ќе се посрамат од Хемос,+ како што домот Израелов се посрами од Ветил на кој се надеваше.+ 14 Како се осмелувате да речете: „Ние сме јунаци,+ силни воини“?‘

15 ‚Моав е опустошен, се крена непријател против неговите градови.+ Неговите најдобри момчиња слегуваат на колење‘,+ вели Царот, чие име е Јехова над војските.+

16 Се ближи пропаста на Моавците, нивната неволја брзо ита.+ 17 Ќе ги сожалуваат сите што се околу нив, сите што го знаат нивното име.+ Речете: ‚Како се скрши цврстиот стап, прекрасната палка!‘+

18 Слези од својата славна положба и седи жедна, о жителке, ќерко+ девонска!+ Зашто, пустошникот на Моав доаѓа против тебе. Ќе ги разурне твоите тврдини.+

19 Застани и набљудувај го патот, жителке на Ароир!+ Прашај го оној што бега и онаа што бара спас! Прашај: ‚Што се случило?‘+ 20 Моав е посрамен, бидејќи го обзеде страв.+ Плачете горко и викајте! Објавете во Арнон+ дека Моав е опустошен! 21 Суд доаѓа над рамната земја,+ во Олон и во Јаса,+ против Мефат,+ 22 против Девон,+ против Нево,+ против Вет-Девлатаим, 23 против Киријатаим,+ против Вет-Гамул, против Вет-Меон,+ 24 против Кериот,+ против Восор+ и против сите градови во моавската земја, против оние што се далеку и против оние што се близу.

25 ‚Скршен му е рогот на Моав,+ раката му е скршена‘,+ вели Јехова. 26 ‚Опијте го,+ зашто се крена надмено против Јехова!+ Моав се тркала во својата блујавица,+ па сега и самиот им стана за потсмев на другите.

27 Зарем не ти беше Израел тебе за потсмев?+ Дали можеби беше затекнат во кражба?+ А ти подбивно мавташе со главата секогаш кога зборуваше за него.

28 Оставете ги градовите и живејте на стрмна карпа,+ жители на Моав, и бидете како гулаби што свиваат гнезда на стрмни карпи!‘ “+

29 „Чувме за гордоста на Моав,+ дека е многу надуен, и за неговото возвишување, за неговата горделивост, за неговата надменост и за вообразеноста на неговото срце.“+

30 „ ,Ја знам јас неговата јарост,‘ вели Јехова, ‚но нема да биде како што замислил тој. Ги познавам и неговите празни зборови+ — нема да се исполнат.+ 31 Затоа ќе плачам горко над Моав, ќе лелекам над сите Моавци.+ Зашто, ќе пиштат за луѓето од Кир-Ерес.+

32 Над Јазер+ ќе плачам повеќе отколку над тебе, о лозо од Сивма!+ Твоите бујни ластари се протегаат преку морето. Стигаат до морето — до Јазер.+ Пустошникот се нафрлил на приносот од твоето летно овошје*+ и грозје.+ 33 Исчезнаа радоста и веселбата од овоштарниците и од моавската земја.+ Направив да исчезне виното во винските гмечала.+ Никој нема да го гази грозјето со радосни извици. Ќе се чујат извици, но не радосни.‘ “+

34 „ ,Викотница се слуша од Есевон+ до Елеали,+ дури до Јаса+ се слушаат нивните гласови,+ и од Сигор+ до Хоронаим+ и до Еглат-Шелишиј,+ бидејќи водите на Нимрим+ се претворија во пустина. 35 Ќе ги истребам од Моав‘, вели Јехова, ‚оние што донесуваат жртви на обредните височинки и на својот бог му ги горат своите приноси.+ 36 Затоа моето срце ќе липа за Моав тажно како кавал.+ Ќе липа моето срце тажно како кавал за луѓето од Кир-Ерес.+ Затоа ќе пропадне изобилството што го стекнал.+ 37 Зашто, сите глави се избричени+ и сите бради се исечени.+ По сите раце има засеци,+ околу бедрата има козина!‘ “+

38 „ ,На сите покриви во Моав и на неговите плоштади — насекаде — се слуша само тажење.+ Зашто, го разбив Моав како сад што никој не го сака‘,+ вели Јехова. 39 ‚Колку се исплаши! Плачете горко! О, како Моав се повлече! Посрамен е.+ Моав стана за потсмев и ужас за сите што се околу него.‘ “

40 „Зашто, вака вели Јехова: ‚Еве, како орел што вратоломно се спушта на својот плен,+ така непријателот ќе ги рашири крилјата над Моав.+ 41 Градовите ќе бидат заземени, неговите тврдини ќе бидат освоени. Срцето на моавските јунаци во тој ден ќе биде како срцето на жена во породилни маки‘.“+

42 „ ,Моав ќе биде сотрен како народ,+ бидејќи се крена надуено против Јехова.+ 43 Страв, јама и стапица те чекаат тебе, о жителу на Моав‘,+ вели Јехова. 44 ‚Кој ќе избега од страв, ќе падне во јама, а кој ќе излезе од јамата, ќе се фати во замка.‘+

‚Зашто, нему, на Моав, ќе му дојде годината во која ќе го казнам‘,+ вели Јехова. 45 ‚Во сенката на Есевон запреа исцрпените бегалци. Зашто, оган ќе излезе од Есевон,+ пламен ќе излезе од градот на Сихон,+ и ќе ги проголта слепоочниците на Моав и темето на бунтовничките синови.‘+

46 ‚Тешко тебе, о Моаве!+ Пропадна народот на Хемос.+ Зашто, твоите синови се одведени во заробеништво и твоите ќерки се одведени во заробеништво. 47 Но во последните денови ќе го соберам заробениот моавски народ‘,+ вели Јехова. ‚Довде е судот над Моав‘.“+

49 Вака вели Јехова за синовите на Амон:+ „Зар Израел нема синови, зар нема наследник? Зошто Малхам+ ја освои земјата на Гад+ и неговиот народ се насели во градовите на Израел?“+

2 „ ,Затоа, еве, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ‚кога ќе огласам знак за војна+ против Рава+ на синовите на Амон, и од неа ќе остане пуст рид,+ а околните градови+ ќе бидат изгорени со оган.‘+

‚А Израел ќе завладее над оние што завладеаја над него‘,+ вели Јехова.

3 ‚Плачи горко,+ Есевоне,+ зашто Гај е опустошен! Офкајте, градови околу Рава! Препашајте си козина!+ Тажете и талкајте меѓу камените трла, зашто Малхам ќе отиде во изгнанство+ со своите свештеници и со своите кнезови!+ 4 Зошто се фалиш со своите плодни долини,+ ќерко неверна, која се надева на своето богатство+ и вели: „Кој ќе дојде да ме нападне?“ ‘ “+

5 „ ,Еве, ќе доведам стравотија против тебе‘,+ вели Севишниот+ Господар, Јехова над војските, ‚од сите што се околу тебе. И ќе се распрснете, секој на своја страна,+ и ќе нема кој да ги собере бегалците.‘ “

6 „ ,Но, потоа ќе ги соберам заробените синови на Амон‘,+ вели Јехова.“

7 Вака вели Јехова над војските за Едом: „Зар нема повеќе мудрост+ во Теман?+ Зар исчезна советот од разборитите? Зар се распадна нивната мудрост?+ 8 Бегајте!+ Отстапете! Слезете длабоко за да се засолните,+ жители на Дедан!+ Зашто ќе ја пуштам врз него неволјата на Исав. Дојде време да ги казнам.+ 9 Кога би дошле кај тебе гроздоберачите, зар нема да ти остават нешто за доприбирање? Кога би дошле кај тебе крадци ноќе, зар не би опљачкале само толку колку што сакаат?+ 10 Но јас ќе го соголам Исав.+ Ќе ги откријам неговите скривалишта,+ па не ќе може да се скрие.+ Неговите потомци, неговите браќа и неговите соседи ќе бидат опустошени,+ а него повеќе ќе го нема.+ 11 Остави ги своите сирачиња!+ Јас ќе ги зачувам живи, и твоите вдовици ќе се надеваат на мене“.+

12 Зашто, вака вели Јехова: „Еве, иако не се навикнати да ја пијат чашата на мојот гнев, ќе мора да ја испијат.+ А зарем ти ќе останеш неказнет? Нема да останеш неказнет, туку ќе пиеш“.+

13 „Зашто, се заколнав самиот во себе“,+ вели Јехова, „дека Восор+ ќе биде грозна глетка,+ срамота, пустош и проклетство, а сите негови градови ќе бидат пусти довека.“+

14 Чув вест од Јехова, испратен е гласник меѓу народите да каже: „Соберете се, тргнете против него, станете во бој!“+

15 „Зашто, гледај, те направив мал меѓу народите, презрен меѓу луѓето.+ 16 Те измами стравот што им го влеваше на другите, надуеноста на твоето срце,+ ти што живееш меѓу клисурите и престојуваш на високите ридови. Иако како орел го свиваш своето гнездо на високо,+ ќе те соборам оттаму“,+ вели Јехова. 17 „Едом ќе стане грозна глетка.+ Секој што ќе помине покрај него ќе гледа вчудовидено и ќе потсвирнува зачудено поради сите негови неволји.+ 18 Кога ќе биде разурнат, како што беа Содом и Гомор и нивните соседни градови,“+ вели Јехова, „ниту еден човек нема да живее таму, ниту еден човечки син нема да се насели во него.+

19 Гледај, непријателот ќе излезе како лав+ од јорданските честаци и ќе ги нападне оние што се на пасиштата кои секогаш се зеленеат.+ За миг ќе го натерам Едом да избега од својата земја.+ А над неговата земја ќе го поставам својот избраник. Зашто, кој е како мене?+ Кој ќе ме предизвика?+ Кој пастир може да опстане пред мене?+ 20 Затоа, чујте што наумил да направи Јехова против Едом+ и што замислил да направи против жителите на Теман:+ најмалите од стадото ќе бидат одвлечкани. Поради нивните дела тој ќе го опустоши нивното живеалиште.+ 21 Од нивниот громогласен пад се затресе земјата.+ Се слуша викотница,+ одекнува дури до Црвеното Море!+ 22 Гледај, непријателот ќе се подигне како орел и вратоломно ќе се спушти,+ и ќе ги рашири крилјата над Восор,+ а срцето на едомските јунаци во тој ден ќе биде како срцето на жена во породилни маки.“+

23 За Дамаск:+ „Се посрамија Емат+ и Арфад,+ зашто чуја лоша вест. Страв ги совлада.+ Морето е во мака, не може да се смири.+ 24 Дамаск ја изгуби храброста. Се сврте и почна да бега, страв го обзеде.+ Тегоба и породилни маки го обзедоа како родилка.+ 25 Зарем не е напуштен славниот град, градот на веселбата?+

26 Затоа, неговите момчиња ќе испопаѓаат по неговите плоштади и сите воини ќе загинат* во тој ден“,+ вели Јехова над војските. 27 „Ќе запалам оган на ѕидот на Дамаск и тој ќе ги проголта утврдените дворци на Вен-Адад“.+

28 Вака рече Јехова за Кидар+ и за асорските+ царства, кои ги порази Навуходоносор, царот на Вавилон:+ „Станете, тргнете против Кидар и опленете ги синовите на Истокот!+ 29 Ќе им бидат одземени шаторите+ и стадата,+ шаторските платна+ и сѐ што имаат. Ќе им бидат одведени камилите.+ Ќе им викаат: ‚Страв владее насекаде!‘ “+

30 „Бегајте, бегајте далеку! Слезете длабоко за да се засолните таму, жители на Асор!“+ — вели Јехова. „Зашто, Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ реши да ви направи нешто и смисли нешто против вас.“

31 „Станете, појдете против безгрижниот народ,+ кој живее во сигурност!“+ — вели Јехова.

„Тој нема ни врати ни резиња. Живее во осаменост.+ 32 Нивните камили+ ќе бидат земени како плен, нивниот многуброен добиток ќе им биде грабнат. Ќе ги распрснам на сите страни*+ оние што ја потсечуваат косата на слепоочниците,+ и од сите околни краишта ќе доведам неволја врз нив“, вели Јехова. 33 „Асор+ ќе стане дувло на шакали,+ ќе биде пуст довека. Ниту еден човек нема да живее таму, ниту еден човечки син нема да се насели во него.“+

34 Оваа реч за Елам му дојде на пророкот Еремија од Јехова,+ на почетокот од царувањето на Седекија,+ царот на Јуда: 35 „Вака вели Јехова над војските: ‚Еве, ќе го скршам лакот на Елам,+ главната негова сила. 36 Ќе доведам против Елам четири ветра од четири краишта на небото.+ И ќе ги распрснам во сите тие ветрови,+ и ќе нема народ во кој Еламците нема да бидат расеани‘.“+

37 „Ќе ги натерам Еламците да треперат пред своите непријатели, пред оние што ја бараат нивната душа. Ќе донесам врз нив неволја, мојот распламтен гнев“,+ вели Јехова. „Ќе испратам по нив меч за да ги истребам.“+

38 „И ќе го поставам својот престол во Елам+ и ќе ги сотрам таму царот и кнезовите“, вели Јехова.

39 „А во последните денови+ ќе ги соберам заробените Еламци“,+ вели Јехова.

50 Ова е речта што ја кажа Јехова за Вавилон,+ за халдејската земја,+ преку пророкот Еремија: 2 „Објавете меѓу народите и разгласете!+ Подигнете собирен знак!+ Разгласете! Не кријте ништо! Речете: ‚Вавилон е освоен.+ Вел е посрамен.+ Меродах е уплашен. Посрамени се вавилонските идоли.+ Исплашени се неговите одвратни идоли‘.* 3 Зашто, од север против него доаѓа народ+ кој ќе ја претвори неговата земја во грозна глетка, па никој нема да живее во неа.+ И луѓето и стоката бегаат+ и заминуваат“.+

4 „Во тие денови и во тоа време,“+ вели Јехова, „синовите на Израел и синовите на Јуда ќе дојдат заедно.+ Ќе одат плачејќи+ и ќе го бараат Јехова, својот Бог.+ 5 Ќе те прашаат за патот кон Сион, таму ќе го насочуваат погледот,+ велејќи: ‚Дојдете, да стапиме со Јехова во траен сојуз, кој нема да се заборави!‘+ 6 Мојот народ е стадо овци што гинат.+ Нивните пастири ги заведуваат.+ Бесцелно ги водат по планините,+ па лутаат по планините и по ридовите, го заборавиле своето почивалиште.+ 7 Сите што ќе ги најдат ги проголтуваат,+ нивните непријатели велат:+ ‚Нема да бидеме виновни,+ бидејќи тие му згрешија на Јехова — оној кај кого се наоѓа правдата,+ на Јехова — надежта на нивните татковци.‘ “+

8 „Бегајте од Вавилон, излезете од халдејската земја+ и бидете како предводници на стадото!+ 9 Зашто, еве, ќе подигнам и ќе доведам против Вавилон мноштво големи народи од северната земја,+ и тие ќе се наредат за бој против него.+ Оттаму ќе биде освоен.+ Нивните стрели се како кај силен човек кој им ги убива децата на родителите и не се враќа без успех.+ 10 Халдеја ќе стане плен.+ Сите што ќе ја опленат, ќе земат колку што сакаат“,+ вели Јехова.

11 „Зашто, вие се радувавте,+ извикувавте радосно пљачкајќи го моето наследство.+ Потскокнувавте како јуница во млада трева+ и ’ржевте како пастуви.+ 12 Вашата мајка многу се засрами.+ Се разочара онаа што ве роди.+ Еве, најбезначајна е меѓу народите — безводна пустелија и пустина.+ 13 Поради Јеховиниот гнев, нема да биде населена,+ сета ќе се запусти.+ Секој што ќе помине покрај Вавилон, ќе гледа вчудовидено и ќе потсвирнува од зачуденост поради сите негови неволји.+

14 Наредете се против Вавилон од сите страни,+ сите вие што оптегнувате лак!+ Стрелајте во него!+ Не штедете ги стрелите, зашто му згреши на Јехова!+ 15 Огласете се со воен повик од сите страни!+ Тој ја подава раката!+ Паднаа неговите столбови. Се урнаа неговите ѕидишта.+ Зашто, тоа е Јеховина одмазда.+ Одмаздете му се! Направете му онака како што правеше тој!+ 16 Истребете ги сејачите од Вавилон+ и оние што замавнуваат со срп во времето на жетва! Поради свирепиот меч, секој ќе се врати кај својот народ, секој ќе побегне во својата земја.+

17 Израел е залутана овца од стадо+ што го растераа лавовите.+ Првин го проголта асирскиот цар,+ а потоа Навуходоносор, царот на Вавилон, му ги изглода коските.+ 18 Затоа, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Еве, ќе ги казнам вавилонскиот цар и неговата земја онака како што го казнив асирскиот цар.+ 19 И ќе го вратам Израел на неговото пасиште+ и тој ќе пасе на Кармил+ и на Васан.+ По ридовите на Ефрем+ и на Галад+ ќе се наситува неговата душа.‘ “

20 „Во тие денови и во тоа време,“+ вели Јехова, „ќе го бараат престапот на Израел,+ но ќе го нема, и гревовите на Јуда,+ но нема да ги најдат, зашто ќе им простам на оние што ќе ги оставам.“+

21 „Против земјата Мератаим* — тргни против неа+ и против жителите на Пеход!+ Нека ги стигне колежот и истребувањето!“* — вели Јехова. „Направи сѐ како што ти заповедав!+ 22 Воена викотница има во земјата и голема пропаст.+ 23 О, како е соборен и скршен чеканот на целата земја!+ О, колку грозна глетка стана Вавилон меѓу народите!+ 24 Ти поставив стапица, и ти се фати, Вавилоне, а не знаеше.+ Затекнат си и фатен, бидејќи му се спротивставуваше на Јехова.+

25 Јехова ја отвори својата оружарница и го извади оружјето на својата осуда.+ Зашто, Севишниот+ Господар, Јехова над војските, има работа во халдејската земја.+ 26 Тргнете против неа од крајот на земјата!+ Отворете ги нејзините житници!+ Соберете го на куп сето тоа, како што се собира на куп жито,+ и уништете ја!*+ Никој да не остане во неа!+ 27 Заколете ги сите нејзини млади бикови!+ Нека слезат на колење!+ Тешко ним, зашто им дојде денот, времето да бидат казнети!+

28 Се слушаат оние што бегаат, кои трчаат од вавилонската земја+ за да му јават на Сион за одмаздата на Јехова, нашиот Бог,+ одмаздата за неговиот храм.+

29 Повикајте стрелци против Вавилон, сите што оптегнуваат лак!+ Улогорете се околу него! Никој да не побегне!+ Платете му според неговите дела!+ Направете му точно така како што правеше тој!+ Зашто, дрско му се спротивстави на Јехова, Светецот на Израел.+ 30 Затоа неговите момчиња ќе испопаѓаат по неговите плоштади+ и сите негови воини ќе изгинат* во тој ден“,+ вели Јехова.

31 „Еве, доаѓам против тебе,+ Горделивецу,“+ вели Севишниот+ Господар, Јехова над војските, „зашто ќе дојде твојот ден, времето да те казнам! 32 Горделивецот ќе се спрепне и ќе падне,+ и ќе нема кој да го подигне.+ Ќе запалам оган во неговите градови, и тој ќе ја проголта целата негова околина.“+

33 Вака вели Јехова над војските: „И синовите на Израел и синовите на Јуда се угнетени. Сите што ги заробија ги држат цврсто+ и не сакаат да ги пуштат.+ 34 Моќен е нивниот Откупител,+ Јехова над војските му е името.+ Тој ќе ја води нивната парница+ за да ѝ донесе мир на земјата+ и за да ги збуни жителите на Вавилон“.+

35 „Меч доаѓа против Халдејците“,+ вели Јехова, „и против жителите на Вавилон,+ против неговите кнезови+ и против неговите мудреци.+ 36 Меч доаѓа против оние што кажуваат празни зборови,+ и тие ќе постапат безумно.+ Меч доаѓа против неговите јунаци,+ и тие ќе се исплашат.+ 37 Меч доаѓа против неговите коњи,+ против бојните коли и против сите туѓинци* што се среде него,+ и тие ќе станат како жени.+ Меч доаѓа против неговите ризници,+ па ќе бидат опљачкани. 38 Опустошување доаѓа против неговите води, и тие ќе пресушат.+ Зашто, тоа е земја на режани ликови.+ Луѓето полудуваат од своите застрашувачки виденија. 39 Затоа, таму ќе се населат животни што живеат во безводни подрачја и животни што завиваат, и ноевите ќе живеат во него.+ Никогаш повеќе нема да биде населен, ќе го нема повеќе во ниту едно идно поколение.“+

40 „Кога Бог ќе го разурне, како што ги разурна Содом и Гомор,+ и нивните соседни градови“,+ вели Јехова, „ниту еден човек нема да живее таму, ниту еден човечки син нема да се насели во него.+

41 Еве, ќе дојде народ од север, голем народ+ и велики цареви+ ќе се кренат од краиштата на земјата.+ 42 Ќе носат лак и копје.+ Ќе бидат сурови и немилосрдни.+ Нивната викотница ќе биде како бучавата од морето.+ Ќе јаваат на коњи,+ наредени како еден за војна против тебе, вавилонска ќерко.+

43 Царот на Вавилон ја чу веста за нив,+ и рацете му премалеа.+ Го обзеде мака. Го фатија тешки болки, како кај родилка.+

44 Гледај, непријателот ќе излезе како лав од јорданските честаци и ќе ги нападне оние што се на пасиштата кои секогаш се зеленеат.+ За миг ќе ги натерам Вавилонците да избегаат од својата земја.+ А над нивната земја ќе го поставам својот избраник.+ Зашто, кој е како мене?+ Кој ќе ме предизвика?+ Кој пастир може да опстане пред мене?+ 45 Затоа, чујте што наумил+ Јехова да направи против Вавилон+ и што замислил да направи против халдејската земја:+ најмалите од стадото ќе бидат одвлечкани.+ Поради нивните дела, тој ќе го опустоши нивното живеалиште.+ 46 Од громогласниот пад на Вавилон, земјата ќе се затресе+ и викотница ќе се чуе меѓу народите.“+

51 Вака вели Јехова: „Еве, ќе подигнам разорен ветар+ против Вавилон+ и против жителите на Лев-Камаи.* 2 Ќе испратам против Вавилон вејачи, кои ќе го извеат и ќе ја испразнат неговата земја.+ Ќе го опколат од сите страни во денот на неволјата.+

3 Стрелецот нека не го оптегнува лакот!+ Никој да не станува со својот оклоп!

Немајте милост спрема неговите момчиња!+ Погубете ја* сета негова војска!+ 4 Тие ќе паѓаат убиени во халдејската земја,+ прободени по неговите улици.+

5 Израел и Јуда+ не се како вдовици, зашто не ги оставил нивниот Бог, Јехова над војските.+ Голема вина има земјата на Халдејците во очите на Светецот на Израел.+

6 Бегајте од Вавилон,+ секој нека си ја спасува душата,+ за да не го изгубите животот поради неговиот престап!+ Зашто, време е за одмаздата на Јехова.+ Тој му плаќа според неговите дела.+ 7 Вавилон е златна чаша во раката на Јехова,+ чаша што ја опи целата земја.+ Народите пиеја вино од неа+ и затоа се однесуваат безумно.+ 8 Вавилон ненадејно падна и се сотре.+ Плачете горко над него!+ Донесете балсам за неговата болка!+ Можеби ќе се излекува“.

9 „Го лекувавме Вавилон, но не се излечи. Оставете го!+ Да појдеме секој во својата земја!+ Зашто, неговата осуда допира до небото и се крева до небесните облаци.+ 10 Јехова направи праведни дела за нас.+ Дојдете, да му го објавиме на Сион делото на Јехова, нашиот Бог!“+

11 „Наострете ги стрелите!+ Застанете зад штитовите! Јехова ги подигна* медиските цареви,+ зашто науми да го уништи Вавилон.+ Тоа е Јеховина одмазда, одмазда за неговиот храм.+ 12 Подигнете собирен знак против ѕидовите на Вавилон!+ Зајакнете ги стражите!+ Распоредете стражари! Поставете заседи!+ Зашто, Јехова има своја намера и ќе го направи она што го изрече против жителите на Вавилон.“+

13 „О ти, која живееш на големи води+ и имаш многу богатство,+ дојде твојот крај,+ нема повеќе да трупаш печалба.+ 14 Јехова над војските се заколна во својата душа:+ ‚Ќе те наполнам со луѓе како со скакулци,+ и тие ќе извикуваат радосно кога ќе те поразат‘.+ 15 Тој ја создаде земјата со својата сила,+ ја зацврсти плодната земја+ со својата мудрост+ и ги распна небесата+ со својот разум.+ 16 Од неговиот глас бучат водите на небесата, тој ја крева пареата од крајот на земјата.+ Му направил сливници на дождот+ и го изведува ветрот од своите ризници. 17 Секој човек се однесува неразумно, ништо не сфаќа.+ Секој златар ќе се посрами од својот режан лик,+ зашто неговите леани ликови се лага,+ нема живот* во нив.+ 18 Ништожни се,+ творби на кои луѓето ќе им се потсмеваат.+ Ќе пропаднат кога Бог ќе почне да ги казнува.+

19 Но оној што е наследство на Јаков не е како нив,+ зашто тој е Творец на сѐ.+ Тој е неговата палка, неговото наследство.+ Јехова над војските е неговото име.“+

20 „Ти си ми боздоган, воено оружје.+ Со тебе ќе ги сотрам народите, со тебе ќе ги уништам царствата. 21 Со тебе ќе ги сотрам коњот и неговиот јавач, со тебе ќе ја сотрам бојната кола и нејзиниот возач.+ 22 Со тебе ќе сотрам маж и жена, со тебе ќе сотрам старец и дете, со тебе ќе сотрам момче и девојка. 23 Со тебе ќе го сотрам пастирот и неговото стадо, со тебе ќе го сотрам земјоделецот и неговиот впрегнат добиток, со тебе ќе сотрам управители и намесници. 24 И ќе им отплатам на Вавилон и на сите жители на Халдеја за сето зло што му го направија на Сион пред ваши очи“,+ вели Јехова.

25 „Еве, доаѓам против тебе,+ погубна планино“,+ вели Јехова, „што ја уништуваш целата земја!+ Ќе ја кренам раката против тебе, ќе те стркалам од стрмните карпи над кои се воздигаш, и ќе те претворам во изгорена планина.“+

26 „Од тебе повеќе нема да земаат аголен камен, ниту камен за темели,+ зашто ќе бидеш вечна пустош“,+ вели Јехова.

27 „Подигнете собирен знак во земјата!+ Задувајте во рог меѓу народите! Подгответе*+ ги народите за војна против него! Повикајте ги против него царствата — Арарат,+ Мини и Асхенас!+ Испратете заповедници да ја соберат војската за напад против него! Доведете многу коњи+ како бодликави скакулци! 28 Подгответе ги народите за војна против него, медиските цареви,+ управителите и сите нивни намесници и сета земја со која владеат! 29 Нека се затресе земјата и нека биде во тешка болка,+ бидејќи Јеховината намера ќе се изврши на Вавилон. Вавилонската земја ќе ја претворат во ужасна глетка, ненаселена пустош.+

30 Јунаците на Вавилон престанаа да се борат. Испоседнаа во тврдините, им ја снема силата.+ Станаа како жени.+ Изгорени се куќите во градот, искршени се резињата на неговите врати.+

31 Стигнува гласник по гласник, стигнува известувач по известувач+ за да му јави на вавилонскиот цар дека неговиот град е освоен од сите страни,+ 32 дека плитките места се заземени,+ бродовите од папирусна трска се изгорени со оган, а воините се збунети.“+

33 Зашто, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Вавилонската ќерка е како гумно.+ Време е да биде изгазена. Уште малку и ќе ѝ дојде времето за жетва“.+

34 „Ме проголта Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ ме фрли во збунетост. Ме остави како празен сад. Ме проголта како голема змија,+ си го наполни мевот со моите убавини. Како со вода ме изми од моето место. 35 ‚Насилството што ми беше направено мене и на моето тело нека дојде врз Вавилон!‘ — ќе велат жителите на Сион.+ ‚Мојата крв нека дојде врз жителите на Халдеја!‘ — ќе вели Ерусалим.“+

36 Затоа, вака вели Јехова: „Еве, јас ќе ја водам твојата парница+ и ќе се одмаздам заради тебе.+ Ќе го исушам неговото море и ќе ги исушам неговите извори.+ 37 Вавилон ќе биде куп камења,+ дувло на шакали,+ ужасна глетка поради која луѓето од зачуденост ќе свиркаат, и тој ќе остане без жители.+ 38 Сите заедно ќе рикаат како млади лавови. Ќе завиваат како мали лавчиња“.

39 „Кога ќе се загреат, ќе им приредам гозба и ќе ги опијам за да бидат весели,+ па ќе заспијат со траен сон од кој нема да се разбудат“,+ вели Јехова. 40 „Ќе ги одведам како овни на колење, како овни и јарци.“+

41 „О, како беше освоен Сесах,+ како беше поробена Славата на целата земја!+ Како стана Вавилон грозна глетка меѓу народите!+ 42 Морето се издигна над Вавилон. Го прекри со многуте свои бранови.+ 43 Неговите градови станаа грозна глетка, безводна земја и пустина.+ Неговите градови се како земја во која никој не живее, никој не поминува низ нив.+ 44 Ќе се пресметам со Вел+ во Вавилон, и ќе го извлечам од неговата уста она што го проголтал.+ Народите нема повеќе да се слеваат кон него.+ Ќе паднат ѕидовите на Вавилон.+

45 Излези од него, народе мој,+ и секој нека си ја спаси душата+ од распламтениот гнев на Јехова!+ 46 Инаку вашето срце ќе биде во страв+ и ќе се исплашите од веста што ќе се чуе во земјата. Во една година ќе дојде вест, а потоа и во другата година ќе дојде вест и ќе има насилство во земјата и владетел ќе се крене против владетел. 47 Затоа, еве, доаѓаат денови кога ќе ги казнам режаните ликови на Вавилон,+ и ќе се посрами целата негова земја и сите негови убиени ќе паднат среде него.+

48 Над Вавилон радосно ќе воскликнуваат небото и земјата и сѐ што е во нив,+ зашто од север ќе дојдат неговите пустошници“,+ вели Јехова. 49 „Вавилон ги погуби Израелците,+ но во него се убиени и луѓе од целиот свет.+

50 Вие што му побегнавте на мечот, одете! Не стојте!+ Иако сте далеку, сеќавајте се на Јехова,+ и Ерусалим нека ви биде во срцето!“+

51 „Посрамени сме,+ зашто чувме за срамот.+ Понижување ги покри нашите лица,+ зашто туѓинци дојдоа против светите места каде што се наоѓа Јеховиниот дом.“+

52 „Затоа, еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога ќе ги казнам неговите режани ликови,+ и по целата негова земја ќе стенкаат неговите ранети.“+

53 „Кога Вавилон би се воздигнал до небото+ и кога цврсто би се утврдил на непристапните висини,+ сепак би пуштил пустошници против него“,+ вели Јехова.

54 „Слушајте! Во Вавилон има викотница+ и во халдејската земја голема пропаст,+ 55 зашто Јехова го пустоши Вавилон, и ќе ја прекине големата врева во него.+ Нивните бранови бучат како големи води.+ Се разлева нивното бучење. 56 Зашто, доаѓа пустошникот против него, против Вавилон,+ и ќе бидат заробени неговите јунаци.+ Нивните лакови ќе бидат искршени,+ зашто Јехова е Бог што плаќа.+ И навистина ќе им плати!+ 57 Ќе ги опијам неговите кнезови и неговите мудреци, неговите управители и неговите намесници и неговите јунаци,+ па ќе заспијат со траен сон од кој нема да се разбудат“,+ вели Царот,+ кому името му е Јехова над војските.+

58 Вака вели Јехова над војските: „Ѕидовите на Вавилон, иако се широки, ќе бидат разурнати,+ а неговите порти, иако се високи, ќе бидат изгорени со оган.+ Народите ќе се трудат залудно,+ племињата ќе се трудат за оган,+ но само ќе се изморат“.

59 Ова е речта што му ја заповеда пророкот Еремија на Сераја, синот на Нирија,+ син на Масеја,+ кога овој заминуваше во Вавилон со Седекија, царот на Јуда, во четвртата година од неговото царување, а Сераја беше надзорник. 60 Еремија ја запиша во една книга+ сета неволја што требаше да дојде врз Вавилон, сите оние зборови напишани против Вавилон. 61 И Еремија му рече на Сераја: „Кога ќе дојдеш во Вавилон, кога ќе го видиш со свои очи, прочитај ги наглас сите овие зборови!+ 62 И речи: ‚О Јехова, ти зборуваше против ова место, дека ќе го уништиш, така што во него нема да има жители,+ ни луѓе ни стока, туку ќе биде пустош довека‘. 63 А кога ќе ја прочиташ оваа книга, врзи ја за камен и фрли ја во Еуфрат!+ 64 И речи: ‚Вака ќе потоне Вавилон и никогаш повеќе нема да се подигне поради неволјата што ќе ја доведам врз него.+ А тие само ќе се изморат‘ “.+

Довде се зборовите на Еремија.

52 Седекија+ имаше дваесет и една година кога почна да владее,+ и владееше единаесет години во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Амутала+ и беше ќерка на Еремија од Ливна.+ 2 Тој го правеше она што е зло во очите на Јехова,+ сѐ како што правеше и Јоаким.+ 3 Тоа што се случи во Ерусалим и во Јуда предизвика гнев кај Јехова, па тој ги отфрли од пред своето лице.+ А Седекија се побуни против вавилонскиот цар.+ 4 И така, во деветтата година од неговото царување,+ во десеттиот месец, на десеттиот ден од тој месец, Навуходоносор, вавилонскиот цар, дојде против Ерусалим со сета своја војска.+ И се улогорија пред градот и изградија опсаден ѕид околу него.+ 5 Градот беше под опсада сѐ до единаесеттата година од царувањето на Седекија.+

6 Во четвртиот месец, на деветтиот ден од тој месец,+ настана толкав глад во градот што немаше леб за народот.*+ 7 На крајот непријателот се проби во градот,+ а сите воини се впуштија во бегство+ и излегоа ноќе од градот низ портата меѓу двојниот ѕид, кој беше покрај царската градина,+ а Халдејците беа насекаде околу градот. И тргнаа кон Араба.+ 8 Но халдејската војска тргна во потера по царот+ и го стигна Седекија+ во пустинската рамница кај Ерихон, а сета негова војска се разбега откај него.+ 9 И го фатија царот и го одведоа кај вавилонскиот цар+ во Ривла,+ во ематската земја,+ за да му суди.+ 10 Вавилонскиот цар ги погуби синовите на Седекија пред негови очи,+ а во Ривла ги погуби и сите кнезови на Јуда.+ 11 Царот на Вавилон го ослепи Седекија+ и потоа го окова во бакарни окови, па го одведе во Вавилон+ и го стави в затвор, каде што остана сѐ до својата смрт.

12 Во петтиот месец, на десеттиот ден од тој месец, односно во деветнаесеттата година од царувањето на Навуходоносор,+ вавилонскиот цар, во Ерусалим дојде Невузардан,+ заповедникот на телесната стража, кој му служеше на вавилонскиот цар. 13 Тој ги запали Јеховиниот дом,+ царскиот дворец и сите куќи во Ерусалим.+ Сите големи куќи ги изгоре во оган.+ 14 А целата халдејска војска што дојде со заповедникот на телесната стража ги урна сите ѕидишта околу Ерусалим.+

15 Некои сиромаси од народот, остатокот од народот што уште преостана во градот,+ оние што пребегаа кај вавилонскиот цар и вештите работници што беа преостанале, Невузардан, заповедникот на телесната стража, ги одведе во изгнанство.+ 16 А некои сиромаси од земјата, Невузардан, заповедникот на телесната стража, ги остави и одреди да работат како лозари и земјоделци.+

17 Халдејците ги искршија бакарните столбови+ во Јеховиниот дом, количките+ и бакарното море,+ кое беше во Јеховиниот дом, и целиот бакар го однесоа во Вавилон.+ 18 Ги зедоа и лонците, лопатите,+ поткаструвачите на фитили,+ чиниите,+ чашите и целиот бакарен прибор што се користеше за служба.+ 19 Заповедникот на телесната стража+ ги зеде и големите садови за вода,+ пепелниците, прскалките,+ лонците, светилниците,+ чашите и чиниите од чисто злато+ и оние од чисто сребро.+ 20 Не можеше да се измери целиот бакар+ од двата столба,+ од едното море+ и од дванаесетте бакарни бикови+ што беа под морето, од количките, од сите тие предмети што ги имаше направено цар Соломон за Јеховиниот дом.+

21 Секој столб беше висок осумнаесет лакти,*+ а за да се опфати, беше потребно јаже од дванаесет лакти.+ Беше дебел четири прсти,* а однатре шуплив. 22 Главата* на него беше од бакар,+ а висината на главата беше пет лакти.+ Околу главата имаше филигранска мрежичка и калинки,+ а сѐ беше од бакар. Сѐ беше исто и на другиот столб, и калинките.+ 23 А наоколу имаше* деведесет и шест калинки. Над филигранската мрежичка наоколу имаше вкупно сто калинки.+

24 Заповедникот на телесната стража ги зеде Сераја,+ свештеничкиот поглавар, Софонија,+ вториот свештеник, и тројцата вратари,+ 25 а од градот одведе еден дворјанин, кој ги надгледуваше војниците, седум мажи, кои имаа пристап до царот+ и се најдоа во градот, потоа писарот на воениот заповедник, кој го повикуваше народот* во војска, и шеесет луѓе од народот, кои се најдоа во градот.+ 26 Нив ги зеде Невузардан,+ заповедникот на телесната стража, и ги одведе кај вавилонскиот цар во Ривла.+ 27 И вавилонскиот цар ги уби,+ ги погуби во Ривла,+ во ематската земја.+ Така Јуда отиде во изгнанство од својата земја.+

28 Ова е народот што Навуходоносор го одведе во изгнанство: во седмата година, три илјади дваесет и тројца Јудејци.*+

29 Во осумнаесеттата година од царувањето на Навуходоносор,+ од Ерусалим беа одведени осумстотини триесет и две души.

30 Во дваесет и третата година од царувањето на Навуходоносор, Невузардан, заповедникот на телесната стража, ги одведе Јудејците во изгнанство, седумстотини четириесет и пет души.+

Вкупно одведе четири илјади и шестотини души.

31 Во триесет и седмата година од изгнанството на Јоахин,+ царот на Јуда, во дванаесеттиот месец, на дваесет и петтиот ден од тој месец, Евил-Меродах, вавилонскиот цар, во првата година од своето царување го помилува+ Јоахин, царот на Јуда, и го пушти од затвор. 32 Разговараше љубезно со него и го постави неговиот престол, така што беше повисок од престолите на другите цареви што беа со него во Вавилон.+ 33 И тој ја соблече својата затворска облека+ и јадеше на неговата трпеза+ во сите денови од својот живот.+ 34 И секој ден редовно добиваше храна од вавилонскиот цар, колку што му требаше, сѐ до денот кога умре,+ во сите денови од својот живот.

„Бадем“ — на хебрејски се нарекува шакед, што буквално значи „оној што бдее“, бидејќи е едно од првите дрвја што расцветуваат напролет.

„Бдеам“ — на хебрејски шокед; игра на зборови, алузија на шакед од 11. стих.

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец). Овој израз подоцна почнал да се употребува во погрдна смисла. Спореди Јвн 7:47⁠-49.

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „острови“.

Или: „резервоари“.

„Ноф“ е хебрејско име за Мемфис.

Односно, Еуфрат.

Буквално: „крвта на душите“.

Буквално: „сопственик (господар)“.

Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.

Буквално: „нема да ви доаѓа во срцето“.

Види ја фуснотата за Из 3:5.

Буквално: „Против неа посветија војна“.

Или: „резервоарот“.

Или: „тврдоврати“. Буквално: „ја стврднуваа шијата (вратот)“.

Буквално: „Ги поставија гадотиите“.

Буквално: „во срцето“.

Буквално: „и да молчиме таму!“

Буквално: „нѐ замолчи“.

Буквално: „одеа“.

Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „дух“.

Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.

Или: „најскриените чувства“.

Или: „внатрешност“.

Буквално: „тело“.

Или: „Градовите во Негев“.

Или: „Етиопјанецот“.

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „имаа лага (измама)“.

Или: „ашери“.

Или: „најскриените чувства“.

Буквално: „од мене“.

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Или: „тврдоврати“. Буквално: „ја стврднуваа шијата (вратот)“.

Или: „и од југ“.

Буквално: „на сите ќе им зуи во ушите“.

Буквално: „во срцето“.

Или: „тврдоврати“. Буквално: „ја стврднуваат шијата (вратот)“.

„Магор-Мисавив“ значи „страв насекаде наоколу“.

Или: „најскриените чувства“.

Буквално: „посветам“.

Или: „Јоахаз“.

Или: „Јехонија“. Во 2Ца 24:6⁠-15 „Јоахин“. Внук на Јосија.

Буквално: „и одат во лага“.

Буквално: „оди во твдокорноста на своето срце“.

Во 22:24, 28; 37:1 „Хониј“, а во 2Ца 24:8 „Јоахин“.

Буквално: „и за изрека (пословица)“.

Или: „ќе го сотрам како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Буквално: „целото мешано мноштво; сета мешавина од народи“.

Или: „крајбрежјето“.

Името „Сесах“ најверојатно се однесува на Вавилон.

Буквално: „одите“.

„Што беше собран“ — хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.

Буквално: „омекне“.

Или: „Седекија“, според сирискиот и арапскиот превод, како и според три хебрејски ракописи.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „приморски краишта“.

Буквално: „сопственик (господар)“.

Види ја фуснотата за 2Мо 27:3.

Или: „тераси; терасовидни ниви“.

Еден сикел тежел 11,4 грама. Види го додатокот 13.

Или: „Евреи“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Буквално: „одеа“.

Буквално: „гадотии“.

Или: „шефелските“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „Јудејци“.

Буквално: „народ од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Односно кислев. По изгнанството во Вавилон, деветтиот месец од еврејскиот лунарен календар го добил тоа име. Види го додатокот 14.

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Или: „резервоарот“.

Или: „резервоарот“.

Буквално: „душа“.

Или: „Евреите“.

Види ја фуснотата за 2Ца 18:17.

Главниот врач (астролог); титула на висок службеник во царството.

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Види ја фуснотата за 2Са 16:1.

Или: „Евреи“.

Или: „Евреи“.

Или: „резервоар“.

Во 2Ца 25:23 „Јазанија“; во Ере 43:2 „Азарија“.

Или: „Евреи“.

Или: „Хелиополис“.

Или: „Евреи“.

„Ноф“ е хебрејското име за Мемфис.

Буквално: „одевте“.

Буквално: „во срцето“.

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Буквално: „одевте“.

Види ја фуснотата за Пс 119:2.

Или: „Етиопија“.

„Ноф“ е хебрејското име за Мемфис.

„Но“ е познат и по името Теба.

Буквално: „замолчен“.

Види ја фуснотата за 2Са 16:1.

Буквално: „ќе бидат замолчени“.

Буквално: „во сите ветрови“, односно во секој правец во кој дува ветрот. Хебрејски идиом.

Или: „лепешкави идоли“.

„Мератаим“ значи „двојна побуна“ или „двојно горчило“.

Или: „и херемот“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Или: „уништете ја како херем“.

Буквално: „ќе бидат замолчени“.

Буквално: „целото мешано мноштво; сета мешавина од народи“.

По сѐ изгледа дека името „Лев-Камаи“ се однесува на Халдеја.

Или: „Погубете ја како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Или: „го поттикна духот на“.

Или: „дух“.

Буквално: „Посветете“.

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Еден лакот е 44,5 сантиметри. Види го додатокот 13.

Еден прст е 1,85 сантиметри. Види го додатокот 13.

Или: „Капителот“.

Или: „А можеа да се видат“.

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Или: „Евреи“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели