ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt Плач Еремиин 1-5:22
  • Плач Еремиин

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Плач Еремиин
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Плач Еремиин

Плач Еремиин

א [алеф]*

1 О, како седи осамен+ градот кој некогаш беше полн со луѓе!+

Стана како вдовица,+ а некогаш беше голем меѓу народите!+

Некогаш беше кнегиња меѓу покраините, а сега оди на ропска работа!+

ב [бет]

 2 Горко плаче во ноќта,+ и солзи му се леат по образите.+

Од сите негови љубовници+ нема кој да го утеши.

Сите пријатели го предадоа,+ му станаа непријатели.+

ג [гимел]

 3 Јуда е иселен поради неволјата+ и тешкото робување.+

Сега мора да живее меѓу народите.+ Место за починка не наоѓа.

Сите негови прогонители го фаќаат во мака.+

ד [далет]

 4 Сионските патишта тагуваат, зашто никој не доаѓа на празникот.+

Сите негови порти се пусти,+ свештениците негови воздивнуваат.+

Девојките негови се разжалостени, а тој е полн со горчина.+

ה [хеј]

 5 Противниците негови станаа поглавари,+ неговите непријатели се безгрижни.+

Поради мноштвото негови престапи, Јехова го зави во тага,+

а децата му заминаа во ропство пред противникот.+

ו [вав]

 6 Од ќерката на Сион си отиде сета нејзина убавина.+

Кнезовите нејзини станаа како елени што не наоѓаат пасиште,+

и немоќно одат пред оној што ги гони.+

ז [заин]

 7 Во деновите на својата неволја и на бездомништвото на својот народ, Ерусалим се сети

на сите драгоцености што ги имаше од минатите денови.+

Кога неговиот народ падна во рацете на непријателот и кога немаше помошник,+

непријателите го видоа. Се смееја на пропаста негова.+

ח [хет]

 8 Тешко згреши+ Ерусалим. Затоа стана одвратен.+

Сите што го почитуваа сега го потценуваат,+ бидејќи ја видоа неговата голотија.+

А и тој самиот воздивнува+ и го врти грбот.

ט [тет]

 9 Нечистотијата му е на скутовите.+ Не мислеше на она што го чека,+

и сега страшно падна. Нема кој да го утеши.+

Погледни ја, Јехова, мојата неволја,+ зашто непријателот се возгордеа!+

י [јуд]

10 Непријателот посегнува со раката по сите негови драгоцености,+

а тој гледа како во неговото светилиште влегуваат народи+

на кои ти им заповеда да не доаѓаат во заедницата на твојот народ.*

כ [каф]

11 Сиот негов народ воздивнува, бара леб.+

Драгоценостите свои ги даваат за храна, за да ја закрепнат душата.+

Погледни, Јехова, и види, веќе ништо не вредам!+

ל [ламед]

12 Зарем тоа ништо не ви значи на сите вас што поминувате по патот? Погледнете и видете!+

Има ли болка како тешката болка што мене ми е нанесена,+

со која Јехова ме зави во тага во денот на својот распламтен гнев?+

מ [мем]

13 Од висина испрати оган во моите коски,+ и сите ги освојува.

Ја распна мрежата за нозете мои,+ ме сврте наназад.

Ме опустоши, боледувам по цел ден.+

נ [нун]

14 Будно внимаваше на моите престапи,+ во неговата рака тие се испреплетуваат.

Ми стигнаа до вратот,+ силата ме остави.

Јехова ме предаде во рацете на оние против кои не можам да се подигнам.+

ס [самек]

15 Сите мои јунаци Јехова ги исфрли од мојата средина.+

Против мене свика собир за да ги сотре моите младичи.+

Јехова го изгази грозјето во винското гмечало+ на девицата, ќерката на Јуда.+

ע [аин]

16 Над тоа плачам.+ Окото мое, окото мое лее солзи,+

зашто далеку од мене е тешителот, оној што би ми ја закрепнал душата.

Моите синови се напуштени,+ зашто непријателот се возгордеа.+

פ [пе]

17 Сион ги подава рацете,+ нема кој да го утеши.+

Јехова им заповеда на сите околу Јаков да се кренат против него како непријатели.+

Ерусалим стана одвратен меѓу нив.+

צ [цадик]

18 Праведен е Јехова,+ зашто се побунив против зборовите на неговата уста.+

Слушајте, сите народи, и видете ја мојата болка!

Девојките мои и младичите мои отидоа во ропство.+

ק [куф]

19 Ги повикав своите љубовници,+ но тие ме изневерија.

Свештениците мои и старците мои умреа во градот,+

барајќи храна за да си ја закрепнат душата.+

ר [реш]

20 Погледни, Јехова, на големи маки сум! Утробата ми се вознемири.+

Моето срце се грчи во мене,+ зашто бев крајно бунтовен.+

Мечот ми ги уби децата надвор,+ а во куќата е самата смрт.+

ש [шин]

21 Луѓето слушаат како воздивнувам.+ Нема кој да ме теши.+

Сите мои непријатели слушнаа за мојата неволја.+ Се веселат, затоа што ти го стори тоа.+

А ти ќе направиш да дојде денот што го објави,+ па и ним да им биде како што ми е мене.+

ת [тав]

22 Сета нивна злоба нека дојде пред тебе, а ти удри ги,+

како што ме удри мене поради сите мои престапи!+

Зашто, многубројни се моите воздишки,+ и срцето мое е болно.+

א [алеф]*

2 О, како Јехова во својот гнев со облаци ја покрива сионската ќерка!+

Од небото ја фрли наземи+ убавината на Израел.+

И во денот на гневот свој не се сети на подножјето на своите нозе.+

ב [бет]

 2 Јехова ги проголта живеалиштата на Јаков, не се смилува на ниту едно од нив.+

Во својата јарост ги разурна тврдините+ на ќерката на Јуда.

Ги фрли наземи,+ го оскверни царството+ и неговите кнезови.+

ג [гимел]

 3 Во жестокоста на својот гнев го скрши секој рог на Израел.+

Својата десница ја повлече кога непријателот нападна.+

Во Јаков тој гори како распламтен оган што проголтува сѐ наоколу.+

ד [далет]

 4  Го оптегна својот лак како непријател.+ Десницата+ ја испружи како противник+

и уби сѐ што им е мило на очите.+

Во шаторот+ на сионската ќерка го излеа својот бес како оган.+

ה [хеј]

 5 Јехова стана како непријател.+ Го проголта Израел.+

Ги проголта сите негови утврдени дворци,+ ги уништи своите тврдини.+

Во ќерката на Јуда ги умножи тагата и плачот.+

ו [вав]

 6 Ја растури својата сеница+ како да е обична сеница во градина.+ Му става крај на празникот свој.

Јехова на Сион ги фрла во заборав празникот+ и денот за одмор.*

Во својата гневна осуда не се обѕира ни на цар ни на свештеник.+

ז [заин]

 7 Јехова го отфрли својот жртвеник,+ со презир го отфрли своето светилиште.+

Ги предаде во рацете на непријателите ѕидовите на неговите утврдени дворци.+

Во домот Јеховин пуштија глас како на празничен ден.+

ח [хет]

 8 Јехова реши да го уништи ѕидот+ на сионската ќерка.

Го растегна мерното јаже.+ Неговата рака уништуваше, и тој не ја запре.+

Во тага ги зави бедемот и ѕидот.+ Заедно паднаа.

ט [тет]

 9 Портите+ нејзини в земја пропаднаа. Резињата нејзини ги уништи и ги испокрши.

Царот нејзин и кнезовите нејзини сега се меѓу народите.+ Нема закон.+

Пророците нејзини повеќе не добиваат виденија од Јехова.+

י [јуд]

10 Старешините на сионската ќерка седат наземи и молчат.+

Со прав си ја посипаа главата,+ со козина се препашаа.+

Ерусалимските девојки наведнаа глава доземи.+

כ [каф]

11 Очите ми секнаа од плачење,+ утробата ми се возбуди.+

Црниот дроб ми се истури на земја+ поради пропаста на ќерката на народот мој,+

зашто децата и доенчињата се онесвестуваат по градските плоштади.+

ל [ламед]

12 На своите мајки им велат: „Каде е житото и виното?“+ —

додека смртно ранети се онесвестуваат по градските плоштади,

додека полека умираат* на градите на своите мајки.

מ [мем]

13 Што да ти наведам како пример? Со што да те споредам, ќерко ерусалимска?+

Со што да те изедначам за да те утешам, девице, ќерко сионска?+

Зашто, твојата пропаст+ е голема како море. Кој ќе те излекува?+

נ [нун]

14 Твоите пророци ти кажуваа виденија безвредни и празни,+

не го откриваа твојот престап — не спречија да отидеш во ропство+ —

туку ти кажуваа виденија со безвредни и измамливи објави.+

ס [самек]

15 Подбивно ти плескаат со рацете сите што поминуваат по патот.+

Зачудено свиркаат+ и вртат со главата+ поради ќерката ерусалимска, велејќи:

„Тоа ли е градот за кој велеа: ‚Тој е совршенство на убавината, радост за целата земја‘?“+

פ [пе]

16 Сите твои непријатели отвораат уста против тебе.+

Зачудено свиркаат и крцкаат со забите.+ Велат: „Ќе го проголтаме.+

Еве го денот на кој се надевавме!+ Го дочекавме, го видовме!“+

ע [аин]

17 Јехова го направи она што го науми.+ Ја исполни својата реч,+

она што го заповедал уште од дамнина.+ Разурна, и немаше милост.+

На непријателот му дозволи да ликува над тебе.+ Го возвиши рогот на твоите противници.+

צ [цадик]

18 Срцето нивно вика кон Јехова,+ о ѕиду на ќерката сионска!+

Нека течат солзите како поток дење и ноќе!+

Не давај им одмор на твоите чувства, окото твое нека не престане да плаче!

ק [куф]

19 Стани! Тажи ноќе, на почетокот на утринските стражи!+

Излевај го како вода срцето свое+ пред лицето+ на Јехова!

Подигни ги рацете кон него+ заради душата на децата свои,

кои од глад се онесвестуваат по аглите на сите улици!+

ר [реш]

20 Погледни, о Јехова, и види+ го оној кого олку тешко го удри!

Зарем жените треба да го јадат плодот на својата утроба, децата што ги родиле здрави,+

и во Јеховиното светилиште да бидат убиени свештеник и пророк?+

ש [шин]

21 Деца и старци+ лежат наземи по улиците+.

Моите девојки и младичи паднаа од меч.+

Убиваше во денот на својот гнев.+ Колеше,+ немаше милост.+

ת [тав]

22 Како на празник,+ го свика народот од сите места во кои живеат како дојденци.

Во денот на Јеховиниот гнев никој не побегна, никој не преживеа.+

Децата што ги родив здрави и ги одгледав, мојот непријател ги истреби.+

א [алеф]*

3 Јас сум човек што виде неволја+ од стапот на гневот негов.

 2 Мене ме одведе и ме испрати да одам по темница, а не на светлина.+

 3 И токму против мене постојано, по цел ден, ја свртува својата рака.+

ב [бет]

 4 Направи да ми овенат телото и кожата,+ ми ги искрши коските.+

 5 Изгради бедем околу мене, ме опкружи+ со отровни растенија+ и со неволја.

 6 Ме стави да седам на мрачни места,+ како оние што одамна се мртви.+

ג [гимел]

 7 Ме загради со ѕид од камен за да не излезам.+ Ми стави тешки окови.+

 8 А кога викам и молам за помош, ја одбива мојата молитва.+

 9 Со делкан камен ги препречи моите патишта.+ Патеките ми ги затрупа.+

ד [далет]

10 Тој за мене е како мечка што демне,+ како лав скриен во заседа.+

11 Ги збрка моите патишта и ме остава како земја необработена. Ме опустоши.+

12 Го оптегна лакот свој+ и ме поставува како мета за стрелата.+

ה [хеј]

13 Во бубрези ми ги заби стрелите, синовите на тулот свој.+

14 Станав за потсмев+ за сиот противнички народ, ми се подбиваат во песните по цел ден.+

15 Ме насити со горчина,+ ме напои со пелин.+

ו [вав]

16 Ме пушта да си ги кршам забите со чакал,+ ме тера да клечам во пепелта.+

17 Ме отфрлуваш, нема мир душата моја. Заборавив што е добро.+

18 И велам: „Ја снема мојата возвишеност и она на кое се надевав од Јехова“.+

ז [заин]

19 Сети се на неволјата моја и на бездомништвото мое,+ на пелинот и на отровното растение!+

20 Душата твоја сигурно ќе се сети и ќе се наведне над мене.+

21 На тоа ќе го потсетувам срцето свое,+ поради тоа спремно ќе чекам.+

ח [хет]

22 Поради Јеховината милост*+ не загинавме сосема,+ бидејќи неговите милосрдија никако не престануваат.+

23 Се обновуваат секое утро.+ Верноста твоја е голема.+

24 „Јехова е моето наследство“,+ вели душата моја, „затоа спремно ќе го чекам.“+

ט [тет]

25 Добар е Јехова кон оној што се надева на него,+ кон душата која го бара.+

26 Добро е да се чека,+ без збор да се чека,+ спасението од Јехова.+

27 Добро е човек да го носи јаремот во младоста своја.+

י [јуд]

28 Нека седи во самотија и нека молчи+ зашто тој го стави бремето на него!+

29 Нека ја приближи до прашината устата своја!+ Можеби има надеж.+

30 Нека му го сврти образот на оној што го удира,+ нека се насити со срам!+

כ [каф]

31 Зашто, Јехова не отфрла засекогаш.+

32 Дури да завие во тага,+ тој ќе се смилува поради својата голема милост.*+

33 Зашто, кога им нанесува неволја на синовите човечки или ги завива во тага, не се радува на тоа.+

ל [ламед]

34 Кога под нозете се столчуваат+ сите затвореници на земјата,+

35 кога правдата на човекот се извртува пред лицето на Севишниот,+

36 кога неправедно се постапува со човекот во неговата парница — Јехова не го одобрува тоа.+

מ [мем]

37 Кој заповедал да се случи нешто, и се случило, без Јехова да го заповедал тоа?+

38 Од устата на Севишниот не доаѓа и зло и добро.+

39 Како може жив човек да се жали,+ како може човек да се жали поради гревот свој?+

נ [нун]

40 Да ги испитаме патиштата свои и да ги истражиме,+ и да се вратиме кај Јехова!+

41 Да го подигнеме срцето и рацете кон Бог, кој е на небесата:+

42 „Ние направивме престап и бевме бунтовни.+ А ти не даде прошка.+

ס [самек]

43 Со гнев го спречи пристапот+ и нѐ прогонуваш.+ Убиваше, милост немаше.+

44 Со облаци го спречи пристапот до тебе,+ за да не помине молитвата.+

45 Од нас направи ѓубре и отпад сред народите.“+

פ [пе]

46 Сите наши непријатели ја отворија устата против нас.+

47 Ужас и јама нѐ снајдоа,+ опустошување и пропаст.+

48 Од окото мое течат потоци солзи поради пропаста на ќерката на мојот народ.+

ע [аин]

49 Очите ми истекуваат од плачење, нема одмор за нив+

50 додека Јехова не погледне и не види од небото.+

51 Очите мои ѝ нанесуваат болка на душата моја+ поради сите ќерки на градот мој.*+

צ [цадик]

52 Непријателите мои упорно ме ловат како птица,+ а без причина.+

53 Во јама сакаа да му стават крај* на мојот живот,+ камења фрлаа врз мене.

54 Води ми потекоа преку главата.+ Реков: „Ќе загинам!“+

ק [куф]

55 Го повикав името твое, о Јехова, од најдлабоката јама.+

56 Ти го слушаш гласот мој.+ Не затворај го увото кога барам ослободување, кога тебе те повикувам за помош!+

57 Се приближи во денот кога те повикував.+ Рече: „Не плаши се!“+

ר [реш]

58 Ти, Јехова, ги презеде парниците на душата моја.+ Го откупи животот мој.+

59 Ја виде, Јехова, неправдата што ми е нанесена.+ Донеси ми праведна пресуда!+

60 Ја виде целата нивна одмазда, сѐ што смислуваат против мене.+

ש [син] или [шин]

61 Ги слушна како ме срамотат, Јехова, го слушна сето она што го смислуваат против мене,+

62 зборовите на оние што се креваат против мене+ и она што го шепотат против мене по цел ден.+

63 Погледни ги кога седат и кога стануваат!+ Јас сум им песна.+

ת [тав]

64 Ти, о Јехова, ќе им вратиш според постапките нивни, според делото на нивните раце.+

65 Ќе им дадеш закоравено срце,+ проклетството твое ќе го фрлиш на нив.+

66 Ќе ги гониш во гнев и ќе ги истребиш+ од под небесата твои,+ Јехова.

א [алеф]*

4 О, како потемне сјајното злато, тоа чисто злато!+

Како се истурија светите камења+ по аглите на сите улици!+

ב [бет]

 2 А драгоцените синови на Сион,+ кои некогаш ги споредуваа со суво злато,

сега ги сметаат само за земјени ќупови, дело на грнчарски раце!+

ג [гимел]

 3 Дури и шакалите ги подаваат градите, ги дојат своите младенчиња.

Ќерката на народот мој стана сурова,+ како ноевите во пустината.+

ד [далет]

 4 Јазикот на доенчето му се лепи за непцето од жед.+

Децата бараат леб,+ но нема кој да им го даде.+

ה [хеј]

 5 Оние што некогаш јадеа избрани јадења премираат од страв по улиците.+

Оние што израснаа во црвена облека+ сега прегрнуваат купишта пепел.+

ו [вав]

 6 Казната за престапот на ќерката на мојот народ е поголема од казната за гревот на Содом,+

кој за миг беше уништен и кому никој не му подаде рака да му помогне.+

ז [заин]

 7 Назарејците+ нејзини беа почисти од снег,+ побели од млеко,

порумени+ од корали, мазни како сафир.+

ח [хет]

 8 Сега изгледаат поцрни од црнило. Не се препознаваат по улиците.+

Кожата им се залепила за коските,+ се исушила како дрво.

ט [тет]

 9 Подобро си поминаа оние што беа убиени со меч+ отколку оние што испоумреа од глад,+

бидејќи овие полека чемреат, од недостиг на полски плодови како со меч да се прободени.

י [јуд]

10 Жените, кои порано беа сочувствителни, ги вареа родените деца.+

Тие им беа храна во времето на пропаста на ќерката на народот мој.+

כ [каф]

11 Јехова ја излеа својата јарост,+ го излеа разгорениот гнев свој+

и распалува оган на Сион, кој ги голта неговите темели.+

ל [ламед]

12 Ни земните цареви ни сите што живеат на земјата* не веруваа+

дека противникот и непријателот ќе влезат низ ерусалимските порти.+

מ [мем]

13 Поради гревовите на пророците негови, поради престапите на свештениците негови,+

среде него се пролеваше крвта на праведниците.+

נ [нун]

14 Како слепи+ скитаа по улиците.+ Се извалкаа со крв,+

па никој не смееше да им ја допре облеката.+

ס [самек]

15 „Тргнете се! Нечисти!“+ — им викаа. „Тргнете се! Тргнете се! Не допирајте нѐ!“+

Зашто, станаа бездомници+ и скитаа наоколу.+ Меѓу народите се зборуваше: „За нив овде повеќе нема место.+

פ [пе]

16 Самиот Јехова ги расеа.+ Повеќе нема да ги погледне.+

Повеќе не се почитуваат ни свештениците,+ нема милост ни кон старците“.+

ע [аин]

17 Додека уште нѐ има, очите ни се изморија од залудно чекање помош.+

Гледајќи во далечината, очекувавме народ кој не може да донесе спасение.+

צ [цадик]

18 Ни ги демнат чекорите,+ па не можеме да одиме по плоштадите наши.

Крајот ни се приближи. Ни навршија деновите, ни дојде крајот.+

ק [куф]

19 Гонителите наши беа побрзи од орлите на небото.+

Жестоко нѐ гонеа+ по планините, во пустината нѐ начекуваа од заседа+.

ר [реш]

20 Здивот од нашите ноздри,+ помазаникот на Јехова,+ е фатен во нивната голема јама,+

оној за кого велевме: „Во сенката негова+ ќе живееме меѓу народите“.+

ש [син]

21 Радувај се и весели се,+ едомска ќерко,+ која живееш во земјата Уз!+

Ќе дојде и до тебе чашата.+ Ќе се опиеш и ќе ја покажеш својата голотија.+

ת [тав]

22 За својата вина доволно си казнета, ќерко сионска.+ Тој нема повторно да те одведе во изгнанство.+

Го погледна престапот твој, ќерко едомска. Ги разоткри гревовите твои.+

5 Сети се, о Јехова, што ни се случи!+ Погледни и види го срамот наш!+

 2 Нашето наследство е предадено на странци, куќите наши на туѓинци.+

 3 Станавме сираци без татко.+ Мајките наши се како вдовици.+

 4 Својата вода ја пиеме за пари,+ мораме да плаќаме за своите дрва.

 5 Гонителите ни се зад вратот.+ Премалени сме. Не ни даваат да здивнеме.+

 6 Ја испруживме раката+ кон Египет+ и кон Асирија,+ за да се наситиме со леб.

 7 Татковците наши згрешија.+ Нив повеќе ги нема, а ние мораме да трпиме поради нивните престапи.+

 8 Слуги владеат со нас.+ Нема кој да нѐ избави од нивната рака.+

 9 Лебот свој си го носиме изложувајќи ја душата своја на меч+ во пустината.

10 Кожата ни се вжари како печка од лутиот глад.+

11 Ги обесчестија жените на Сион,+ девиците во градовите на Јуда.

12 Кнезовите ги обесија за рака.+ Ни лицата на старците не ги почитуваа.+

13 Момчињата ги носеа мелниците,+ децата се спрепнуваа под товарот на дрвата.+

14 Ги нема повеќе старците на портите,+ момчињата не ги свират повеќе своите песни.+

15 Ја снема радоста во нашето срце. Нашето играње се претвори во тагување.+

16 Падна круната од нашата глава.+ Тешко нам што згрешивме!+

17 Затоа нашето срце боледува.+ Затоа очите ни потемнеа,+

18 затоа што гората Сион опусте+ и лисици одат по неа.+

19 Ти, о Јехова, ќе седиш на твојот престол довека.+ Престолот твој стои од поколение до поколение.+

20 Зошто да нѐ заборавиш засекогаш,+ да нѐ оставаш за многу денови?+

21 Врати нѐ,+ Јехова, кај себе, и ние спремно ќе си дојдеме! Дај ни нови денови како што беа некогаш!+

22 Но ти навистина нѐ отфрли.+ Многу се разгневи на нас.+

Во изворниот текст, поглавјата 1⁠-4 се напишани во азбучен акростих. Поглавјата 1, 2 и 4 имаат по 22 стиха, и секој почнува со една од 22-те хебрејски букви по азбучен ред (со мали исклучоци), додека 3. поглавје има 66 стиха од кои по три почнуваат со истата хебрејска буква. Види ја фуснотата за Пс 119:1.

,Заедница на (...) народ‘ — хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.

Види ја фуснотата за Пл 1:1.

Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Буквално: „ја излеваат својата душа“.

Види ја фуснотата за Пл 1:1.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „лојална љубов“.

Или: „сите градови околу градот мој“.

Буквално: „Во јама го замолчија“.

Види ја фуснотата за Пл 1:1.

Буквално: „плодното тло“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели