ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt Езекиел 1:1-48:35
  • Езекиел

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Езекиел
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Езекиел

Езекиел

1 Во триесеттата година, во четвртиот месец, на петтиот ден од тој месец, додека бев меѓу изгнаниците+ на реката Хевар,+ се отворија небесата+ и видов виденија од Бог.+ 2 На петтиот ден од месецот — во петтата година од изгнанството на цар Јоахин+ — 3 му дојде Јеховината реч+ на Езекиел,+ синот на Вузи, свештеник во халдејската земја,+ на реката Хевар, и таму Јеховината рака се спушти врз него.+

4 Погледнав, и гледај, дојде бурен ветар+ од север, со густи облаци+ и распламтен оган.+ Околу облаците имаше блескава светлина, а среде огнот сјаеше нешто што прилегаше на бело злато.+ 5 Среде него имаше нешто како четири суштества,+ а изгледаа вака: личеа на земен човек. 6 Секое од нив имаше по четири лица+ и секое имаше по четири крилја.+ 7 Нозете им беа рамни, а стапалата им беа како копита на теле,+ и сјаеја како светнат бакар.+ 8 Под своите крилја на сите четири страни+ имаа човечки раце. Сите четири имаа лица и крилја.+ 9 Крилјата им се допираа едно со друго. Суштествата не се свртуваа кога одеа, туку секое одеше право напред.+

10 Лицата им изгледаа вака: сите четири имаа човечко лице,+ лице на лав оддесно,+ лице на бик одлево,+ а имаа и лице на орел.+ 11 Такви им беа лицата. Крилјата+ им се ширеа нагоре. Секое имаше по две крилја што им се допираа едно со друго, а другите две им го покриваа телото.+

12 Секое одеше право напред.+ Каде што ги водеше духот, таму одеа.+ Не се свртуваа додека одеа.+ 13 Тие суштества личеа на разгорени јаглења.+ Нешто што беше слично на факли+ се движеше ваму-таму меѓу суштествата, а огнот пламтеше, и од него излегуваа молњи.+ 14 А кога суштествата одеа и се враќаа, изгледаа како молњи.+

15 Додека ги гледав тие суштества, ете, по едно тркало беше на земјата покрај суштествата,+ покрај секое суштество со четири лица.+ 16 Според изгледот и градбата, тркалата+ личеа на сјаен хризолит,+ и сите четири беа исти. Според изгледот и градбата беа како во секое тркало да имаше уште едно тркало.*+ 17 Кога се движеа, можеа да одат на сите четири страни.+ Не мораа да свртуваат кога ја менуваа насоката.+ 18 Тркалата беа застрашувачки високи. Сите четири тркала беа полни со очи.+ 19 Кога суштествата тргнуваа, и тркалата тргнуваа со нив, а кога суштествата се подигаа од земјата, и тркалата се подигаа.+ 20 Каде што ги водеше духот, таму одеа, таму каде што ги водеше духот, а тркалата се подигаа заедно со нив, бидејќи духот што дејствуваше врз суштествата беше и во тркалата. 21 Кога ќе тргнеа суштествата, ќе тргнеа и тркалата, а кога ќе запреа, запираа и тркалата, и кога суштествата ќе се подигнеа од земјата, и тркалата се подигаа заедно со нив, бидејќи духот што дејствуваше врз суштествата беше и во тркалата.+

22 Над главите на тие суштества имаше нешто слично на свод,+ слично на чудесен блескав мраз што им се простираше над главите.+ 23 Под тој свод, крилјата им беа испружени, едно спроти друго. Секое на телото имаше по две крилја на едната страна и по две на другата. 24 И кога се движеа, го чув шумот на нивните крилја, кој звучеше како татнеж од големи води,+ како гласот на Семоќниот, како бучава,+ како врева во логор.+ Кога ќе застанеа, ги спуштаа крилјата.

25 И се чу глас над сводот што беше над нивните глави. (Кога ќе застанеа, ги спуштаа крилјата.) 26 Над сводот што беше над нивните глави имаше нешто слично на престол+ од камен сафир.+ А горе, на она што личеше на престол, имаше некој што изгледаше како земен човек.+ 27 Над делот што изгледаше како да му се колкови видов нешто како сјајно бело злато,+ слично на оган што гореше однатре секаде наоколу,+ а под делот што изгледаше како да му се колкови видов нешто што личеше на оган, а секаде околу него имаше блескава светлина. 28 И видов нешто што личеше на виножито,+ кое се појавува во облаците во дождлив ден. Така изгледаше светлоста што сјаеше наоколу. Тоа беше нешто што изгледаше како Јеховината слава.+ Кога го видов ова, паднав ничкум,+ и го чув гласот на оној што зборуваше.

2 И ми рече: „Сине човечки,+ застани на нозе за да зборувам со тебе!“+ 2 И штом ми се обрати, духот влезе во мене+ и ме подигна на нозе за да го чујам оној што ми зборуваше.+

3 И ми рече: „Сине човечки, те праќам кај синовите на Израел,+ кај бунтовни народи што се побунија против мене.+ Тие и нивните татковци ми грешат до ден-денес.+ 4 Те испраќам кај синовите со дрско лице и со тврдо срце.+ Речи им го ова: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова‘. 5 Слушале+ тие или не+ — бидејќи се бунтовнички дом+ — ќе знаат дека меѓу нив имало пророк.+

6 А ти, сине човечки, не плаши се од нив+ и не плаши се од нивните зборови, ниту од закоравените луѓе,+ ниту од трњето што те боцкаат,+ ниту од скорпиите+ меѓу кои живееш! Не плаши се од нивните зборови+ и не плаши се од нивните лица,+ зашто се бунтовнички дом.+ 7 Кажи им ги моите зборови, слушале тие или не, зашто се бунтовници.+

8 А ти, сине човечки, слушај што ќе ти кажам! Не биди и ти бунтовен како овој бунтовнички дом!+ Отвори ја устата и изеди го тоа што ќе ти го дадам!“+

9 Погледнав, и видов рака испружена кон мене,+ а во неа свиток.+ 10 Тој го одвитка пред мене, а беше испишан и на предната и на задната страна,+ и во него беа напишани тажачки, редења и оплакувања.+

3 И ми рече: „Сине човечки, изеди го ова што е пред тебе! Изеди го овој свиток,+ па оди и зборувај му на домот на Израел!“

2 И ја отворив устата, а тој ме натера да го изедам тој свиток.+ 3 И ми рече: „Сине човечки, нахрани го својот стомак и насити ја својата утроба со овој свиток што ти го давам!“ Па го изедов, и во устата ми беше сладок како мед.+

4 Потоа ми рече: „Сине човечки, појди кај домот на Израел+ и кажи му ги моите зборови! 5 Не те праќам кај народ со непознат јазик+ и со неразбирлив говор,+ туку кај домот на Израел. 6 Не те праќам кај бројни народи што зборуваат непознат јазик и имаат неразбирлив говор, чии зборови не можеш да ги разбереш.+ А и кога би те испратил кај нив, тие би те слушале.+ 7 Но домот на Израел нема да сака да те слуша, бидејќи не сакаат да ме слушаат мене,+ поради тоа што целиот дом на Израел е тврдоглав и има тврдо срце.+ 8 Еве, ти давам лице тврдо како нивното,+ и чело тврдо како нивното.+ 9 Ти давам чело тврдо како дијамант, потврдо од кремен.+ Не плаши се од нив+ и не бој се од нивните лица,+ зашто се бунтовнички дом!“+

10 И ми рече: „Сине човечки, сите зборови што ќе ти ги кажам прими ги во срцето+ и слушај ги со своите уши! 11 Појди кај изгнаниците,+ кај синовите на својот народ, па обрати им се и речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова‘, слушале тие или не!“+

12 Потоа духот ме понесе+ и чув зад себе големо бучење:+ „Благословена да е славата Јеховина во неговото живеалиште!“+ 13 И се чу како овие суштества мавтаат со крилјата, кои се допираа едно со друго,+ како и звукот на тркалата до нив,+ а и големо бучење. 14 И духот ме понесе+ и ме однесе, па одев огорчен и гневен,* а на мене почиваше Јеховината силна рака.+ 15 И така дојдов кај изгнаниците во Тел-Авив, кои живееја+ на реката Хевар,+ и останав таму каде што живееја тие. Останав таму меѓу нив седум дена, сиот зашеметен.+

16 А по седум дена ми дојде Јеховината реч:

17 „Сине човечки, те поставив за стражар на домот на Израел.+ Слушај ги зборовите од мојата уста и опоменувај ги во мое име!+ 18 Кога ќе му речам на злиот: ‚Ќе умреш‘,+ а ти не го опоменеш и не проговориш за да го одвратиш злиот од неговиот зол пат и за да му го зачуваш животот,+ тој ќе умре поради својот престап, бидејќи прави зло,+ но неговата крв ќе ја барам од твојата рака.+ 19 Но, ако го опоменеш злиот,+ а тој не се одврати од својата злоба и од својот зол пат, тој ќе умре поради својот престап,+ а ти ќе ја избавиш својата душа.+ 20 Исто така, ако праведникот се одврати од својата праведност+ и почне да врши неправда, па поставам пред него камен од кој ќе се сопне,+ тој ќе умре затоа што не си го опоменал. Ќе умре поради својот грев+ и нема да се паметат праведните дела што ги направил,+ но неговата крв ќе ја барам од твојата рака.+ 21 Но, ако го опоменеш праведникот да не греши,+ и тој престане да греши, ќе остане жив бидејќи ја прифатил опомената,+ а ти ќе ја избавиш својата душа“.+

22 И таму се спушти Јеховината рака врз мене и тој ми рече: „Стани и појди во долината,+ таму ќе зборувам со тебе!“ 23 И станав и појдов во долината, и гледај, таму беше Јеховината слава,+ слична на славата што ја видов на реката Хевар,+ па паднав ничкум.+ 24 Тогаш влезе духот во мене+ и ме подигна на нозе,+ а Бог ми се обрати и ми рече:

„Оди и затвори се во својата куќа! 25 Гледај, сине човечки, тие ќе ти стават јажиња и ќе те врзат со нив, така што повеќе нема да одиш меѓу нив.+ 26 А јас ќе направам јазикот да ти се залепи за непцето,+ па ќе онемиш+ и повеќе нема да ги укоруваш,+ зашто се бунтовнички дом.+ 27 А кога ќе ти се обратам јас, ќе ти ја отворам устата, и ти речи им:+ ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова‘. Кој сака да слуша, нека слуша,+ а кој не сака да слуша, нека не слуша, зашто се бунтовнички дом!“+

4 „А ти, сине човечки, земи тула, стави ја пред себе и изрежи на неа слика од градот, од Ерусалим.+ 2 Постави опсада околу него,+ изгради околу него опсаден ѕид,+ подигни околу него опсаден насип,+ постави логори околу него и постави справи* за пробивање ѕидови насекаде околу него.+ 3 Потоа земи железна тава и постави ја како железен ѕид помеѓу себе и градот, па сврти го лицето кон него, и ќе биде опсаден, а ти ќе го опсадуваш. Тоа е знак за домот на Израел.+

4 Потоа легни на левата страна и стави го на неа престапот на домот Израелов.+ Колку дена ќе лежиш на неа, толку ќе го носиш нивниот престап. 5 За годините на нивниот престап+ јас ти давам ист број денови — триста и деведесет.+ Толку ќе го носиш престапот на домот Израелов. 6 Прави така во сите тие денови.

Потоа легни на десната страна и носи го престапот на домот на Јуда четириесет дена.+ Нека биде ден за година. Ти давам ден за година.+ 7 И сврти го лицето кон опсадата на Ерусалим,+ разголи ја својата рака и пророкувај против него.

8 Еве, ќе те врзам со јажиња+ за да не се свртиш од едната на другата страна додека не се навршат деновите на твојата опсада.

9 А ти земи пченица,+ јачмен, грав,+ леќа,+ просо и крупник,*+ па стави го сето тоа во еден сад и направи си леб. Ќе го јадеш онолку денови колку што ќе лежиш на својата страна: триста и деведесет дена.+ 10 Јадењето што ќе го јадеш ќе биде на мерка — дваесет сикли на ден.+ Ќе го јадеш одвреме-навреме.

11 И вода ќе пиеш со мерка: шестина ин.* Ќе ја пиеш одвреме-навреме.

12 Лебот што ќе го јадеш приготви го како погача од јачмен,+ а испечи го на сув човечки измет+ пред нивните очи.“ 13 И уште рече Јехова: „Така синовите на Израел ќе јадат нечист леб+ кај народите во кои ќе ги расеам“.+

14 Тогаш реков: „Леле, Севишен Господару Јехова! Еве, мојата душа не е извалкана,+ бидејќи од својата младост до денес не сум јал ниту пцовисани ниту раскинати животни,+ и во мојата уста не влегло никакво нечисто месо“.+

15 А тој ми возврати: „Еве, ти давам говедска лепешка наместо човечки измет, па печи го својот леб на неа“. 16 И додаде: „Сине човечки, еве, ќе ги уништам во Ерусалим резервите од леб,*+ па ќе јадат леб на мерка и во тегоба,+ и ќе пијат вода на мерка и со страв,+ 17 па ќе останат без леб и без вода и ќе се гледаат вчудовидено еден со друг и ќе изгнијат во својот престап“.+

5 „А ти, сине човечки, земи остар меч. Употреби го како берберски брич и избричи ги со него главата и брадата,+ па земи вага и раздели ги косата и брадата. 2 Третина изгори во оган среде градот, штом ќе се навршат деновите на опсадата.+ Другата третина земи ја и исечи ја со меч одејќи околу градот.+ Преостанатата третина развеј ја на ветрот, а јас ќе го испратам својот меч по нив.+

3 А од последниот куп земи малку влакна и завиткај ги во својот скут.+ 4 Земи дел од тоа и фрли го во оган за да изгори. Оттаму огнот ќе се прошири на целиот Израелов дом.+

5 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ова е Ерусалим. Го поставив среде други народи, го опкружив со земји. 6 А тој се побуни против моите закони правејќи поголемо зло отколку другите народи,+ се побуни против моите одредби повеќе отколку земјите што го опкружуваат, бидејќи тие ги отфрлија моите закони и не живеат* според моите одредби‘.+

7 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Полоши сте+ од народите што ве опкружуваат, не живеете* според моите одредби и не се држите за моите закони,+ туку се држите за законите на народите што ве опкружуваат.+ 8 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, доаѓам против тебе, граде.+ Ќе извршам праведна пресуда сред тебе пред очите на сите народи.+ 9 Поради сите твои гадотии, ќе го направам во тебе она што досега не сум го направил, ниту, пак, некогаш повторно ќе го направам.+

10 Затоа татковците ќе ги јадат своите синови сред тебе,+ а синовите ќе ги јадат своите татковци, и ќе ја извршам својата пресуда над тебе и ќе го распрснам сиот твој остаток на сите страни“ ‘.*+

11 ‚Како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚затоа што го осквернивте моето светилиште со сите свои гадотии+ и со сите свои одвратности,+ јас ќе ве изретчам+ и моето око нема да се сожали+ и нема да се смилува.+ 12 Третина од вас ќе изумре од помор+ и ќе изгине од глад сред тебе.+ Другата третина ќе падне од меч насекаде околу тебе. Преостанатата третина ќе ја распрснам на сите страни,+ и ќе го испратам својот меч по нив.+ 13 Тогаш ќе го излеам својот гнев+ и ќе стивне мојата јарост+ и јас ќе се смирам.+ И кога ќе ја излеам својата јарост врз нив, ќе знаат дека јас, Јехова, зборувам така затоа што барам да ми се покажува оддаденост само мене.+

14 Ќе те опустошам и ќе те изложам на срам пред народите што те опкружуваат, пред очите на сите минувачи.+ 15 Ќе ти се потсмеваат+ и ќе те навредуваат,+ ќе бидеш опомена+ и ужас за народите што те опкружуваат, кога ќе ја извршам врз тебе својата пресуда во гнев и во јарост и кога ќе те казнам во својот гнев.+ Јас, Јехова, реков така.

16 Кога ќе испратам врз вас погубни стрели од глад,+ кои ќе ве погубат, а ќе ги испратам за да ве погубам,+ тогаш ќе пуштам уште поголем глад врз вас и ќе ги уништам вашите резерви од леб.*+ 17 Ќе испратам врз вас глад и опасни ѕверови+ што ќе ви ги убијат децата. Помор+ и крв+ ќе поминат преку тебе, и ќе го пуштам својот меч врз тебе.+ Јас, Јехова, реков така.‘ “

6 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, сврти го лицето кон планините на Израел+ и пророкувај им!+ 3 Речи: ‚Планини на Израел, чујте ја речта на Севишниот Господар Јехова:+ Вака им вели Севишниот Господар Јехова на планините и на ридовите,+ на речните корита и на долините: „Еве, ќе пуштам врз вас меч и ќе ги уништам вашите обредни височинки.+ 4 Ќе опустат вашите жртвеници+ и ќе се искршат вашите кадилни сталки, а вашите убиени ќе ги испофрлам пред вашите одвратни идоли.*+ 5 И ќе ги ставам труповите на Израеловите синови пред нивните одвратни идоли и ќе ги расеам вашите коски околу вашите жртвеници.+ 6 Каде и да живеете,+ вашите градови ќе бидат опустошени+ и вашите обредни височинки ќе опустат и ќе лежат опустошени,+ а вашите жртвеници ќе опустат и ќе бидат разбиени,+ ќе исчезнат вашите одвратни идоли+ и ќе се искршат вашите кадилни сталки,+ ќе се сотрат делата на вашите раце. 7 Меѓу вас ќе паѓаат убиени,+ и тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова.*+

8 Но кога ќе се случи тоа, ќе ви оставам остаток — оние што ќе избегаат од мечот меѓу народите, кога ќе се расеете по земјите.+ 9 Оние од вас што ќе избегаат ќе се сетат на мене меѓу народите во каде што ќе бидат одведени како заробеници,+ зашто многу ми е тешко поради нивното блудничко срце, кое се одврати од мене,+ и поради нивните очи кои прават блуд така што ги почитуваат нивните одвратни идоли.+ И ќе им се види на лицата дека се мразат самите себе поради злото што го направиле, поради сите нивни гадотии.+ 10 И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова. Не зборував залудно+ дека ќе им го направам сето тоа зло“ ‘.+

11 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Плесни со рацете+ и тропни со ногата, па речи: „Леле!“, поради сите гадотии на домот на Израел,+ зашто ќе паднат од сечилото на мечот,+ од глад+ и од помор!+ 12 Кој ќе биде далеку,+ ќе умре од помор. Кој ќе биде близу, ќе падне од меч. Кој ќе остане и ќе се спаси од тоа, ќе умре од глад. Така ќе го излеам својот гнев врз нив.+ 13 И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова,+ кога нивните убиени ќе лежат меѓу нивните одвратни идоли,+ околу нивните жртвеници,+ на секој висок рид,+ на сите планински врвови+ и под секое зелено дрво+ и под секое разгрането стебло,+ на местата каде што им принесуваа благопријатен мирис на сите свои одвратни идоли.+ 14 Ќе ја подигнам својата рака на нив+ и ќе им ја претворам земјата во пустелија, во пустош полоша од пустината што се протега кон Дивлат, секаде каде што живеат. И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова‘ “.

7 И пак ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, вака ѝ вели Севишниот Господар Јехова на земјата на Израел: ‚Крај, им дојде крај на сите четири краишта на земјата.+ 3 Сега е крај и за тебе.+ Ќе го излеам својот гнев врз тебе и ќе ти судам според твоите дела+ и ќе ги фрлам врз тебе сите твои гадости. 4 Моето око нема да се сожали на тебе+ и нема да ти се смилувам, зашто твоите дела ќе ги фрлам врз тебе, и твоите гадости ќе се најдат сред тебе.+ Тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова‘.+

5 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, доаѓа неволја, неволја каква што уште немало.+ 6 Ќе дојде крајот.+ Крајот ќе дојде, одеднаш ќе те снајде. Еве, доаѓа!+ 7 Ќе ти дојде неволјата,* о жителу на земјата, ќе дојде времето, се ближи денот!+ Метеж е, а не радосно воскликнување на горите.

8 Наскоро ќе го излеам својот гнев врз тебе+ и ќе ја истурам својата јарост врз тебе,+ и ќе ти судам според твоите дела+ и ќе ги фрлам сите твои гадости врз тебе. 9 Моето око нема да се сожали+ и нема да се смилувам.+ Ќе ти вратам според твоите дела и твоите гадости ќе се најдат сред тебе.+ И тогаш ќе знаете дека јас, Јехова, сум оној што ве удрил.+

10 Еве го денот! Еве го, доаѓа!+ Стигнува неволјата.+ Стапот цути.+ Надменоста никнува.+ 11 Насилството се подига како стап со кој се казнува злобата.+ Тие нема да се избават себеси, ниту ќе ги избави нивното богатство, ниту, пак, нивните дела. Немаат никакви заслуги. 12 Ќе дојде време, ќе стигне денот. Кој купува, нека не се радува,+ а кој продава, нека не тагува, бидејќи гневот доаѓа врз сите тие луѓе. 13 Продавачот нема повеќе да се врати на она што го продал, сѐ додека е жив, бидејќи ова е видение за сите тие луѓе. Никој нема да се врати и никој нема да си го зачува животот со некаква измама.

14 Затрубиле во труби+ и сите се подготвиле, но никој не оди во бој, зашто мојата јарост доаѓа против сите тие луѓе.+ 15 Надвор има меч,+ а внатре — помор и глад.+ Кој е во полето, ќе загине од меч, а кој е во градот, ќе го проголтаат гладот и поморот.+ 16 Нивните бегалци ќе побегнат+ и ќе бидат на планините како гулаби од долините,+ сите ќе лелекаат, секој поради својот престап. 17 Сите раце ќе премалат,+ по секое колено ќе тече вода.*+ 18 Ќе опашаат козина,+ ќе се наметнат со трепет,+ на сите лица ќе има срам,+ сите глави ќе бидат ќелави.+

19 Своето сребро ќе го испофрлаат по улиците, нивното злато ќе им се згади. Ниту нивното сребро ниту нивното злато не ќе може да ги избави во денот на Јеховиниот гнев.+ Нема да ги наситат своите души и нема да го наполнат својот стомак, зашто нивното богатство е каменот на кој се спрепнаа, па паднаа во грев.+ 20 Се гордеат со својот прекрасен накит. Своите одвратни ликови,+ своите гадни богови,+ ги направија од благороден метал. Затоа јас ќе направам да им се згади.+ 21 Ќе го дадам во рацете на туѓинци за да го опљачкаат, и на земните злосторници за да го разграбаат,+ и тие ќе го осквернат.

22 И ќе го одвратам своето лице од тие престапници.+ Моето скриено живеалиште ќе биде осквернато, во него ќе влезат разбојници и ќе го осквернат.+

23 Направи синџир,+ бидејќи земјата е полна со пресуди со кои се пролева крв+ и градот е полн со насилство.+ 24 Ќе ги доведам најлошите народи+ и тие ќе ги заземат нивните куќи.+ Ќе ја скршам гордоста на силниците+ и нивните светилишта ќе бидат осквернети.+ 25 Ќе дојдат маките, и тие ќе бараат мир, но него ќе го нема.+ 26 Неволја по неволја ќе доаѓа+ и вест по вест ќе стигнува, и народот ќе бара видение од пророкот.+ Ќе исчезне законот на свештеникот и советот на старешините.+ 27 Царот ќе тажи,+ поглаварот ќе очајува,+ на народот* ќе му затреперат рацете поради неволјата. Ќе им вратам според нивните дела+ и ќе им судам според нивната правда.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова‘ “.+

8 Во шестата година, во шестиот месец, на петтиот ден од тој месец, кога седев во својата куќа, а пред мене седеа старешините на Јуда,+ таму се спушти врз мене раката на Севишниот Господар Јехова.+ 2 И видов некого што личеше на оган.+ Под делот што изгледаше како да му се колкови имаше оган,+ а од колковите нагоре, имаше нешто што изгледаше како светлина, како сјајно бело злато.+ 3 И испружи нешто што беше слично на рака+ и ме фати за едно перче коса на главата. Тогаш духот+ ме понесе меѓу земјата и небото и ме однесе во Ерусалим во виденија од Бог,+ на влезот од внатрешната порта,+ која е свртена кон север, каде што стои идолот на љубомората која предизвикува љубомора.+ 4 И гледај, таму беше славата на Богот на Израел,+ а изгледаше како онаа што ја видов во долината.

5 И ми рече: „Сине човечки, те молам, подигни ги, очите кон север!“ И ги подигнав очите кон север. И гледај, на влезот, северно од портата на жртвеникот беше оној идол на љубомората.+ 6 И ми рече: „Сине човечки, гледаш ли какви гадости прават,+ гледаш ли што прави домот на Израел за да ме оддалечи од моето светилиште?+ А ќе видиш и други големи гадости“.

7 Потоа ме доведе на влезот во дворот, и здогледав дупка во ѕидот. 8 И ми рече: „Сине човечки, те молам, пробиј го тој ѕид!“+ Тогаш го пробив ѕидот и здогледав некаков влез. 9 А тој ми рече: „Влези и види ги гадостите што ги прават тука“.+ 10 И влегов и видов секакви ликови+ на лазачи и на одвратни животни+ и сите одвратни идоли* на Израеловиот дом,+ изрезбани секаде по ѕидот. 11 А пред нив стоеја седумдесет луѓе+ од старешините на домот на Израел, меѓу кои беше и Јазанија, синот на Сафан,+ и секој имаше кадилница во раката, и се креваше облак од мирислив темјан.+ 12 И ми рече: „Сине човечки, гледаш ли што прават во темнината+ старешините на домот на Израел и што прави секој од нив во просториите каде што се наоѓа нивниот режан лик? Зашто, велат: ‚Јехова не нѐ гледа.+ Јехова ја оставил оваа земја‘ “.

13 Потоа ми рече: „Ќе видиш уште поголеми гадости што ги прават“.+ 14 И ме доведе на портата од домот Јеховин, која е на север. И гледај, таму седеа жените и го оплакуваа богот Тамуз.

15 И ми рече: „Го гледаш ли ова, сине човечки? Ќе видиш и други големи гадости,+ полоши од овие“. 16 И ме доведе во внатрешниот двор на Јеховиниот дом.+ И гледај, на влезот во Јеховиниот храм, помеѓу предворјето и жртвеникот,+ имаше околу дваесет и пет мажи+ свртени со грбот кон Јеховиниот храм,+ а со лицето кон исток, и му се клањаа на сонцето,+ кон исток.

17 И ми рече: „Го гледаш ли ова, сине човечки? На домот Јудин му е толку лесно да ги прави гадостите што ги прават овде, да ја полнат земјата со насилство+ и секогаш одново да ме навредуваат, и ете, ми туркаат гранка* под носот. 18 Затоа и јас ќе постапам гневно.+ Моето око нема да се сожали и нема да се смилувам.+ Со свои уши ќе слушам како викаат на сет глас, но нема да ги услишам“.+

9 И со свои уши чув кога извика на сет глас: „Нека пристапат оние што треба да го казнат градот, секој со своето убиствено оружје во раката!“

2 И гледај, дојдоа шестмина мажи откај горната порта+ што е свртена кон север, секој со своето погубно оружје во раката. Меѓу нив беше и еден човек облечен во лен,+ со писарски прибор* на колкот. Влегоа и застанаа до бакарниот жртвеник.+

3 А славата на Богот на Израел+ се подигна од херувимите,*+ над кои беше, и премина на прагот на домот,+ а тој го повика човекот облечен во лен,+ кој имаше писарски прибор на колкот. 4 И Јехова му рече: „Помини низ градот, низ Ерусалим, и обележи ги со знак челата на луѓето што тажат и плачат+ поради сите гадости што се прават сред него!“+

5 А чув со свои уши кога на оние другите им рече: „Поминете по него низ градот и убивајте! Нека не ви се сожали окото и немојте да се смилувате!+ 6 Погубете ги старците, момчињата и девојките, децата и жените,+ да се истребат! Но, ако некој има знак, не приоѓајте му!+ Почнете од моето светилиште!“+ И тие почнаа од старците што беа пред домот.+ 7 И им рече: „Осквернете го домот и наполнете ги дворовите со убиени!+ Одете!“ И отидоа и почнаа да убиваат низ градот.

8 Додека тие убиваа, јас останав, паднав ничкум+ и извикав: „Леле,+ Севишен Господару Јехова! Зарем ќе го сотреш сиот остаток на Израел, излевајќи го својот гнев врз Ерусалим?“+

9 А тој ми рече: „Голем е престапот на домот на Израел и на Јуда,+ многу голем.+ Земјата е полна со крвопролевање,+ а градот е полн со расипаност.+ Зашто, велат: ‚Јехова ја остави оваа земја.+ Јехова не гледа‘.+ 10 Затоа и моето око нема да се сожали+ и нема да се смилувам.+ Нивните дела ќе им ги фрлам на нивна глава“.+

11 И гледај, човекот облечен во лен, кој имаше писарски прибор на колкот, јави вест: „Направив така како што ми заповеда“.+

10 Потоа видов, и гледај, на сводот+ што беше над главите на херувимите имаше нешто како камен сафир,+ нешто што личеше на престол.+ Тоа се наоѓаше над нив. 2 Тој му се обрати на човекот облечен во лен,+ и му рече: „Влези меѓу тркалата што се вртат,+ под херувимите, и земи грст разгорени јаглења+ од меѓу херувимите и расфрли ги над градот!“+ И тој влезе пред мои очи меѓу нив.

3 А херувимите стоеја од десната страна на домот кога влезе човекот, и облакот го исполни внатрешниот двор.+ 4 И Јеховината слава+ се подигна од херувимите кон прагот на домот, и домот се исполни со облакот,+ а дворот беше полн со блесок поради Јеховината слава. 5 Мавтањето на крилјата на херувимите+ се слушаше до надворешниот двор, звучеше како глас на Семоќниот Бог кога зборува.+

6 А кога му заповеда на човекот облечен во лен: „Земи оган од меѓу тркалата што се вртат, од меѓу херувимите“, тој влезе и застана до тркалото. 7 Тогаш херувимот ја испружи раката кон огнот+ што беше меѓу херувимите+ и го зеде и му го стави во рацете на оној што беше облечен во лен,+ и овој го зеде и излезе. 8 А под крилјата на херувимите се гледаше нешто како човечка рака.+

9 Потоа видов, и гледај, покрај тие херувими имаше четири тркала, по едно тркало покрај секој херувим.+ Според изгледот тркалата беа слични на сјаен камен хризолит. 10 Сите четири изгледаа исто, како во секое тркало да се наоѓаше уште по едно тркало.+ 11 Кога се движеа, можеа да одат во сите четири насоки. Додека се движеа, не мораа да скршнуваат, туку одеа таму каде што гледаше главата. Додека се движеа, не мораа да скршнуваат.+ 12 Целото нивно тело, грбот, рацете и крилјата и тркалата беа насекаде полни со очи.+ Секој од нив четворица имаше свое тркало. 13 А тркалата се викаа „виор“. Со свои уши чув како им беше заповедано: „Тргнувај!“

14 Секој херувим имаше по четири лица.+ Првото лице беше лице на херувим, второто беше лице на земен човек,+ третото беше лице на лав, а четвртото беше лице на орел.+

15 И херувимите се подигнаа+ — тоа беа истите суштества што ги видов на реката Хевар.+ 16 Кога тргнаа херувимите, тркалата одеа покрај нив,+ а кога херувимите ги кренаа крилјата за да се подигнат високо над земјата, тркалата не се свртија во друга насока и не се оддалечија од нив.+ 17 Кога застанаа тие, застанаа и тркалата, а кога се кренаа тие,+ се кренаа и тркалата со нив, зашто духот кој дејствуваше врз суштествата беше и во тркалата.+

18 И славата+ на Јехова се подигна од прагот на домот и застана над херувимите.+ 19 А херувимите ги раширија крилјата и се подигнаа од земјата+ пред мои очи. Кога тргнаа тие, тргнаа и тркалата покрај нив. И херувимите застанаа кај источната порта на Јеховиниот дом, а славата на Богот на Израел беше над нив.

20 Тоа беа суштествата+ што ги видов под Богот на Израел на реката Хевар,+ и така дознав дека тоа беа херувими. 21 Секој од нив четворица имаше по четири лица+ и секој имаше по четири крилја, а под крилјата имаа нешто како човечки раце. 22 Лицата им изгледаа исто како лицата што ги видов на реката Хевар, сосема исто.+ Секој херувим одеше право напред.+

11 И духот+ ме подигна+ и ме доведе до источната порта на Јеховиниот дом, која е свртена кон исток.+ И гледај, на таа порта имаше дваесет и пет мажи,+ а меѓу нив ги видов Јазанија, синот на Азур, и Фелатија, синот на Венај, народни кнезови.+ 2 Тогаш Бог ми рече: „Сине човечки, тоа се луѓето што смислуваат зло и лошо го советуваат овој град,+ 3 и велат: ‚Зарем не доаѓа време да градиме куќи?+ Овој град е котел,+ а ние сме месо‘.*

4 Затоа, пророкувај против нив! Пророкувај, сине човечки!“+

5 Тогаш врз мене се спушти духот на Јехова,+ и Бог ми рече: „Кажи им: ‚Вака вели Јехова:+ „Добро рековте, доме Израелов. Знам јас што ви доаѓа на ум.*+ 6 Убивте мнозина во овој град, ги наполнивте неговите улици со убиени“ ‘ “.+ 7 „Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Оние што ги убивте и ги расфрлавте по градот, тие се месото,+ а градот е котелот.+ Вие ќе бидете изведени од него‘.“+

8 „ ,Се плашите од меч,+ а јас ќе испратам меч против вас‘, вели Севишниот Господар Јехова.+ 9 ‚И ќе ве изведам од градот и ќе ве предадам во рацете на туѓинци+ и ќе извршам праведна пресуда над вас.+ 10 Од меч ќе паднете.+ Ќе ви пресудам на границата на Израел,+ и тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова.+ 11 Овој град повеќе нема да ви биде котел+ и вие нема да бидете месо во него. Ќе ви пресудам на границата на Израел, 12 и тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова, бидејќи не живеевте* според моите уредби и не постапувавте според моите закони,+ туку постапувавте според законите на народите што се околу вас.‘ “+

13 И штом завршив со пророкувањето, умре Фелатија, синот на Венај,+ а јас паднав ничкум и викнав на сет глас:+ „Леле, Севишен Господару Јехова!+ Зарем ќе го истребиш остатокот на Израел?“+

14 И повторно ми дојде Јеховината реч: 15 „На твоите браќа,+ сине човечки, на твоите браќа, на луѓето што се интересираат за твоето право на откуп, и на сиот Израелов дом, на сиот негов дом, жителите на Ерусалим им велат: ‚Одете далеку од Јехова! Ова е наше, нам ни е дадена земјата да ја поседуваме‘.+ 16 Затоа речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Иако ги протерав далеку меѓу народите и ги расеав низ земјите,+ кратко време ќе им бидам светилиште во земјите во кои отидоа“ ‘.+

17 Речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе ве соберам од сите народи и ќе ве соберам од сите земји низ кои сте расеани, и ќе ви ја дадам земјата на Израел.+ 18 Мојот народ ќе дојде таму и ќе ги отстрани од неа сите нејзини гнасотии и сите нејзини гадости.+ 19 И ќе им дадам едно срце+ и ќе ставам во нив нов дух.+ Од нивните тела ќе го извадам каменото срце+ и ќе им дадам меко срце,+ 20 за да живеат* според моите одредби и да се држат за моите закони и да ги извршуваат+ и да бидат мој народ,+ и јас да бидам нивни Бог“ ‘.+

21 ‚„А на оние чие срце потонало* во нивните гнасотии и во нивните гадости,+ ќе им ги фрлам нивните дела врз нивна глава“, вели Севишниот Господар Јехова‘ “.+

22 Тогаш херувимите+ ги подигнаа крилјата, и тркалата тргнаа покрај нив,+ а славата+ на Израеловиот Бог беше над нив.+ 23 И Јеховината слава+ се крена од градот и застана над планината+ источно од градот.+ 24 А мене духот,+ во видението што го добив преку Божјиот дух, ме подигна+ и ме врати кај изгнаниците во Халдеја.+ Тогаш исчезна видението што го видов. 25 Тогаш им раскажав на изгнаниците сѐ што ми покажа Јехова.+

12 И пак ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, ти живееш среде бунтовнички дом,+ кој има очи да гледа, но не гледа,+ и има уши да слуша, но не слуша,+ бидејќи е бунтовнички дом.+ 3 Затоа, сине човечки, подготви бовча за во изгнанство и појди дење во изгнанство пред нивни очи, појди во изгнанство од своето место на друго место пред нивни очи! Можеби ќе сфатат што значи тоа, иако се бунтовнички дом.+ 4 Изнеси ги дење своите работи во бовча за во изгнанство пред нивни очи и појди навечер пред нивни очи како што поаѓаат оние што ги водат во изгнанство.+

5 Прокопај го ѕидот пред нивни очи и изнеси ги работите низ него.+ 6 Понеси ја бовчата на рамо пред нивни очи. Изнеси ги работите по мрак. Покриј си го лицето за да не ја видиш земјата, бидејќи те поставив да бидеш знак+ за домот на Израел“.+

7 И направив така како што ми беше заповедано.+ Ги изнесов дење своите работи, бовчата за во изгнанство, а вечерта го прокопав ѕидот со рацете. Ги изнесов работите во мракот. Бовчата ја носев на рамо, пред нивни очи.

8 Изутрината повторно ми дојде Јеховината реч: 9 „Сине човечки, не те прашува ли домот Израелов, бунтовничкиот дом:+ ‚Што правиш?‘ 10 Речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Оваа објава се однесува на поглаварот,+ ова е објава против Ерусалим и против целиот Израелов дом што е таму“ ‘.

11 Речи: ‚Јас сум ви знак.+ Како што направив јас, така ќе им биде направено ним. Ќе заминат во изгнанство, во заробеништво.+ 12 А поглаварот што е меѓу нив, во мрак ќе ја понесе бовчата на рамо и ќе ја изнесе. Тие ќе го прокопаат ѕидот за да ги изнесат работите низ него.+ Тој ќе си го покрие лицето за да не ја види земјата со своите очи‘. 13 А јас ќе ја распнам својата мрежа над него, и тој ќе се фати во мојата ловечка мрежа.+ И ќе го одведам во Вавилон, во халдејската земја,+ но тој нема да ја види. И таму ќе умре.+ 14 Сите околу него што му помагаат и сите негови чети ќе ги разнесам на сите страни,*+ и ќе го испратам својот меч по нив.+ 15 И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, кога ќе ги расфрлам меѓу народите и кога ќе ги расеам низ земјите.+ 16 Сепак, ќе им оставам неколку луѓе што ќе им избегаат на мечот,+ на гладот и на поморот, за да раскажуваат за сите свои гадости+ меѓу народите кај кои ќе дојдат.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова“.

17 И повторно ми дојде Јеховината реч: 18 „Сине човечки, јади го својот леб во страв, во немир и во мака пиј ја својата вода!+ 19 И речи му на народот:* ‚Вака им вели Севишниот Господар Јехова на жителите на Ерусалим во земјата на Израел:+ „Во мака ќе го јадат својот леб, со страв ќе ја пијат својата вода, и ќе опусти земјата и ќе исчезне сѐ што е на неа+ поради насилството на сите нејзини жители.+ 20 Населените градови ќе бидат опустошени,+ целата земја ќе стане пустош.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова“ ‘ “.+

21 И пак ми дојде Јеховината реч: 22 „Сине човечки, каква е таа поговорка што ја имате во израелската земја?+ Зашто, велите: ‚Деновите си врват,+ а ниту едно од виденијата не се обистинува‘.+ 23 Затоа речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе ѝ ставам крај на таа поговорка, и таа нема повеќе да се кажува во Израел“ ‘.+ Речи им: ‚Наближуваат деновите+ и сето она за кое зборуваат виденијата‘. 24 Нема повеќе да има безвредни виденија,+ ниту лицемерни гатања во домот на Израел.+ 25 ‚„Зашто јас, Јехова, ќе кажам збор, и тој ќе се обистини.+ Нема повеќе да има одложување,+ зашто во ваши денови,+ бунтовнички доме, ќе кажам збор и ќе го извршам“, вели Севишниот Господар Јехова‘ “.

26 И пак ми дојде Јеховината реч: 27 „Сине човечки, еве, домот на Израел вели: ‚Видението што го гледа тој е за далечни денови, тој пророкува за далечни времиња‘.+ 28 Затоа речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „ ,Нема повеќе да се одложува ниту еден мој збор.+ Ќе се изврши зборот што го кажувам‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“ ‘ “.+

13 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, пророкувај за пророците на Израел што пророкуваат+ и речи им на оние што пророкуваат од своето срце:+ ‚Чујте ја Јеховината реч!+ 3 Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Тешко на безумните+ пророци, кои одат по своето срце,*+ а ништо не гледаат!+ 4 Твоите пророци, о Израеле, се како лисици во урнатини.+ 5 Нема да се искачите до пукнатините за да ги браните, ниту да му подигнете каменен ѕид+ на домот на Израел за да се одржите во битката во Јеховиниот ден“.+ 6 „Нивните виденија се невистинити и нивното гатање е лажно.+ Тие велат: ‚Ова е Јеховината реч‘, а Јехова не ги испратил. И уште очекуваат да се исполни речта.+ 7 Зарем не се невистинити виденијата што ги гледате и зарем не се лажни гатањата што ги кажувате кога велите: ‚Ова е Јеховината реч‘, а јас не сум рекол ништо?“ ‘+

8 ‚Затоа вака вели Севишниот Господар Јехова: „ ,Затоа што зборувате невистина и во виденијата гледате лага, еве, доаѓам против вас‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“. 9 Мојата рака ќе се подигне против пророците што во виденија гледаат невистина и гатаат лага.+ Повеќе нема да постојат во заедницата+ на мојот народ, нема да бидат впишани во пописот+ на Израеловиот дом и нема да дојдат+ во земјата на Израел. И тогаш ќе знаете дека јас сум Севишниот Господар Јехова.+ 10 Така ќе биде затоа што го заведуваат мојот народ, затоа што велат: „Мир е!“ — а мир нема.+ Едните градат ѕид, а другите го премачкуваат со вар,+ но сѐ е залудно.‘+

11 Речи им на оние што премачкуваат со вар дека тој ќе падне. Ќе падне силен пороен дожд. Ти, граду, ќе паднеш врз него. Од налетот на бурните ветрови, ѕидот ќе испука.+ 12 Еве, ѕидот ќе падне. Нема ли тогаш да ви речат: ‚Каде е варта со која го премачкавте?‘+

13 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе направам во својот гнев да удрат бурни ветрови, во својата лутина ќе испратам силен пороен дожд, во својата јарост ќе испратам смртоносен град.+ 14 И ќе го урнам ѕидот што го премачкавте со вар, ќе го фрлам на земја, па ќе се откријат неговите темели.+ Градот ќе падне, а вие ќе загинете среде него. И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова‘.+

15 ‚И ќе го излеам својот гнев врз ѕидот и врз оние што го варосуваа, и ќе ви речам: „Го нема повеќе ѕидот, ги нема повеќе оние што го варосуваат,+ 16 пророците на Израел што му пророкуваат на Ерусалим и во видение гледаат мир за него,+ а мир нема“ ‘, вели Севишниот Господар Јехова.+

17 А ти, сине човечки, сврти го лицето+ кон ќерките на својот народ, кои пророкуваат+ според своето срце,+ и пророкувај против нив! 18 Речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Тешко на жените што шијат ленти над секој лакт и прават превези за големи и мали глави за да уловат души!+ Зарем ги ловите душите на мојот народ, мислејќи дека ќе ги зачувате живи вашите души? 19 Зарем ме обесчестувате пред мојот народ за грст јачмен и за залак леб,+ и ги убивате душите што не би требало да умрат,+ а ги оставате живи душите што не би требало да живеат, лажејќи го мојот народ, кој слуша лага?“ ‘+

20 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве ме против вашите ленти, со кои ги ловите душите небаре се птици. Ќе ги симнам од вашите раце и ќе ги пуштам душите што ги ловите, душите што ви се како птици.+ 21 Ќе ви ги истргнам превезите и ќе го избавам својот народ од вашите раце, и тие нема повеќе да бидат плен во вашите раце. И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова.+ 22 Затоа што со своите лаги+ го жалостите срцето на праведникот, иако јас самиот не му нанесувам болка, и го поддржувате злосторникот+ за да не се одврати од својот зол пат и така да го зачува својот живот,+ 23 повеќе нема да гледате невистина во видение+ и нема да гатате,+ а јас ќе го избавам својот народ од вашите раце.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова‘ “.+

14 Дојдоа кај мене некои од старешините на Израел и седнаа пред мене.+ 2 Тогаш ми дојде Јеховината реч: 3 „Сине човечки, тие луѓе ги носат во своето срце своите одвратни идоли* и пред своето лице ставаат камен на кој се спрепнуваат, па паѓаат во грев.+ Зар да трпам да бараат од мене совет?+ 4 Затоа, обрати им се и речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Секому од домот на Израел, кој ги носи своите одвратни идоли+ во срцето и пред своето лице става камен на кој се спрепнува, па паѓа во грев и доаѓа кај пророкот, јас, Јехова, ќе му одговорам според мноштвото на неговите одвратни идоли,+ 5 и ќе го фатам за срце+ домот на Израел, бидејќи отстапија од мене поради сите свои одвратни идоли“ ‘.+

6 Затоа, речи му на домот на Израел: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Вратете се и одвратете се од своите одвратни идоли,+ свртете го лицето од сите свои гадости!+ 7 Зашто, секому од домот на Израел или од дојденците што живеат во Израел, кој отстапува од мене+ и ги носи во своето срце своите одвратни идоли и пред своето лице поставува камен на кој се спрепнува, и паѓа во грев, па доаѓа кај пророкот за да побара совет од мене,+ јас, Јехова, нему лично ќе му одговорам. 8 Ќе му се спротивставам на тој човек+ и ќе го направам да биде предупредувачки пример+ и да го спомнуваат со презир,*+ и ќе го истребам од мојот народ.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова“ ‘.+

9 ‚А ако пророкот дозволи да биде заведен, па проговори пророчка реч, знајте дека јас, Јехова, сум го завел тој пророк.+ Ќе ја подигнам раката против него и ќе го истребам од мојот народ, Израел.+ 10 Тие ќе ја носат вината за својот престап.+ И престапот на оној што прашува за совет и престапот на пророкот ќе бидат исти,+ 11 и така домот на Израел повеќе нема да отстапува од мене+ и повеќе нема да се валка со сите свои престапи. Тогаш тие ќе бидат мој народ, а јас ќе бидам нивни Бог‘, вели Севишниот Господар Јехова“.+

12 И пак ми дојде Јеховината реч: 13 „Сине човечки, ако некоја земја ми згреши мене така што ќе ми биде неверна,+ ќе ја подигнам раката против неа и ќе ѝ ги уништам резервите од леб,*+ ќе испратам против неа глад+ и ќе ги истребам од неа луѓето и стоката“.+ 14 „ ,Кога во неа би се нашле овие тројца — Ное,+ Даниел+ и Јов+ — тие би ја избавиле својата душа поради својата праведност‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.“+

15 „ ,Кога би пуштил низ таа земја опасни ѕверови,+ кои би ѝ ги убиле децата,+ а таа би се претворила во пустош по која никој не минува поради ѕверовите,+ 16 и кога во неа би се нашле тие тројца, како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚тие не би ги избавиле ниту синовите ниту ќерките, туку само себеси, а земјата би се претворила во пустош.‘ “+

17 „ ,Или, кога би испратил меч против таа земја+ и би рекол: „Нека помине меч низ земјата!“ — и би ги истребил од неа луѓето и стоката,+ 18 а во неа би се нашле тие тројца,+ како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚тие не би ги избавиле ниту синовите ниту ќерките, туку само себеси.‘ “+

19 „ ,Или, кога би испратил помор против таа земја+ и кога би излеал врз неа гнев и крвопролевање,+ за да ги истребам од неа луѓето и стоката, 20 а во неа би се нашле Ное,+ Даниел+ и Јов,+ како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚тие не би го избавиле ниту синот ниту ќерката, туку поради својата праведност би ја избавиле само својата душа.‘ “+

21 „Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Така ќе биде кога ќе се извршат моите четири погубни пресуди+ — меч, глад, опасни ѕверови и помор+ — кои ќе ги испратам врз Ерусалим за да ги истребам од него луѓето и стоката.+ 22 Но, еве, ќе останат во него преживеани, оние што ќе бидат изведени.+ Еве ги синовите и ќерките! Тие доаѓаат кај вас, и ќе ги видите нивниот пат и нивните дела.+ И ќе се утешите во жалоста, која ќе ја чувствувате поради неволјата што ќе му ја нанесам на Ерусалим, поради сето она што ќе го доведам врз него‘.“

23 „ ,Тие ќе ве утешат кога ќе ги видите нивниот пат и нивните дела. И тогаш ќе знаете дека не го направив без причина сето она што го направив против тој град‘, вели Севишниот Господар Јехова.“+

15 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, може ли стеблото на дивата лоза+ или неговите ластари да се споредат со шумските дрвја? 3 Се прави ли од него стап, кој би можел да послужи за нешто? Се прави ли од него клин на кој ќе се обеси нешто? 4 Гледај, го фрлаат во оган за да изгори.+ Огнот го зафаќа од двата краја и му ја гори средината.+ Може ли да се работи нешто со него? 5 Гледај, дури и кога е цело, не може да послужи за ништо. Тогаш како ќе послужи кога огнот ќе го зафати и ќе го изгори?“+

6 „Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Како што меѓу шумските дрвја го фрлив во оган стеблото на виновата лоза за да изгори, така ќе ги фрлам и жителите на Ерусалим во оган.+ 7 Се свртив против нив.+ Излегоа од огнот, но огнот ќе ги проголта.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова, кога ќе се свртам против нив‘.“+

8 „ ,Земјата ќе ја претворам во пустош,+ зашто ми беа неверни‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.“

16 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, укажи му+ на Ерусалим на неговите гадости!+ 3 Речи им: ‚Вака ѝ вели Севишниот Господар Јехова на престолнината Ерусалим: „По потекло и раѓање си од ханаанската земја.+ Татко ти беше Амореец,+ а мајка ти Хетејка.+ 4 Кога беше родена ти, на денот на твоето раѓање,+ не ти ја пресекоа папочната врвца, не те измија со вода за да те исчистат, не те истрија со сол, ниту те повија. 5 Ниту едно око не се сожали на тебе за да ти направи од сомилост+ барем некоја од овие работи, туку те фрлија во полето затоа што им се гадеше од твојата душа во оној ден кога се роди ти.

6 А јас поминував покрај тебе и те видов како преташ во својата крв, па ти реков додека лежеше во својата крв: ‚Живеј!‘+ Да, уште додека лежеше во својата крв, ти реков: ‚Живеј!‘ 7 Од тебе направив големо мноштво, како мноштво подници во полето, и нарасна+ и стана голема и дојде со најубав накит.+ Ти пораснаа градите и косата ти порасна, но уште беше гола и разголена“ ‘.

8 ‚А јас поминував покрај тебе и те видов, и гледај, твоето време беше време за љубов.+ И ги раширив своите скутови на тебе+ и ја покрив твојата голотија и ти се заколнав и склучив сојуз со тебе‘,+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚и ти стана моја.+ 9 И те измив со вода,+ ја измив од тебе твојата крв и те намачкав со масло.+ 10 Те облеков во везен фустан,+ ти дадов обувки од фокина кожа,+ околу главата ти замотав фин лен+ и те покрив со скапоцена ткаенина. 11 Те украсив со накит, ти ставив гривни+ на рацете и ѓердан+ околу вратот. 12 И ти ставив прстен во носницата,+ обетки на ушите+ и прекрасна круна на главата.+ 13 Така се накити со злато и со сребро, а облеката ти беше фин лен, скапоцени ткаенини и везени фустани.+ Јадеше фино брашно, мед и масло,+ и стана убава, многу убава, подобна за царување‘ “.+

14 „ ,Гласот за твојата убавина кружеше меѓу народите, зашто твојата убавина беше совршена поради мојата слава со која те обдарив‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.“

15 „ ,Но ти се надеваше на својата убавина+ и стана блудница поради гласот што го уживаше,+ блудствуваше со секој минувач,+ подавајќи му ја својата убавина. 16 Ги земаше своите фустани и си правеше разнобојни обредни височинки+ и блудствуваше на нив+ — тоа не смееше да се прави, не смееше да се случува. 17 Го земаше својот прекрасен накит од златото и од среброто што јас ти ги дадов+ и од него си правеше машки ликови+ и блудствуваше со нив.+ 18 Ги земаше своите везени фустани и ги покриваше нив, ги ставаше пред нив моето масло и мојот темјан.+ 19 И мојот леб што ти го дадов — финото брашно, маслото и медот со кои те хранев+ — ги ставаше пред нив за успокојувачки мирис.+ Токму така правеше‘, вели Севишниот Господар Јехова.“

20 „ ,Ги земаше своите синови и своите ќерки што ми ги роди+ и им ги принесуваше на идолите за жртва за да ги проголта оган.+ Зарем не е доста од твоето блудствување? 21 Ги колеше моите деца+ и им ги принесуваше ним фрлајќи ги во оган.+ 22 А во сите свои гадости и во своето блудствување не се сети на денот на својата младост кога беше гола и разголена, кога преташе во својата крв.+ 23 И по сето твое зло — „Тешко, тешко тебе!“+ — вели Севишниот Господар Јехова — 24 ти си направи ридови и си подигна обредни височинки на секој плоштад.+ 25 Си изгради обредни височинки+ на секоја раскрсница и ја претвори својата убавина во грдотија,+ му ги ширеше своите нозе на секој минувач+ и во голема мера вршеше блуд.+ 26 Блудствуваше со египетските синови,+ со своите соседи чиј полов орган е голем,+ и правеше блуд за да ме навредиш. 27 Еве, ќе ја подигнам раката против тебе+ и ќе ти го намалам оброкот храна,+ па ќе те предадам на филистејските ќерки,+ кои те мразат,+ за да прават со тебе што им душа сака,+ зашто се вчудовидени од твоите бесрамни дела.+

28 Ти блудствуваше и со асирските синови затоа што не можеше да ја задоволиш својата сладострасност.+ Блудствуваше со нив, но ниту со нив не можеше да ја задоволиш својата сладострасност. 29 Затоа во голема мера блудствуваше и со ханаанската земја,+ со Халдејците,+ но ни тогаш не ја задоволи својата сладострасност. 30 О, колку сум гневен на тебе‘,+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚бидејќи го правиш сето она што го прави најлошата блудница!+ 31 Ти си направи ридови на секоја раскрсница и си подигна обредни височинки на секој плоштад, но не беше како јавна блудница, зашто со презир ја одбиваше платата. 32 Кога жената врши прељуба, таа прима туѓинци наместо својот маж.+ 33 На сите јавни блудници им даваат подарок,+ но ти самата им даваш подароци на сите свои љубовници+ и им нудиш мито за да дојдат кај тебе отсекаде и да блудствуваат со тебе.+ 34 Твоето блудствување е поинакво од блудствувањето на другите жени, никој не блудствува така како тебе, зашто ти даваш плата наместо тебе да ти даваат плата — кај тебе е обратно.‘

35 Затоа, блуднице,+ чуј ја Јеховината реч!+ 36 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Затоа што се разлева твојата сладострасност+ и затоа што се открива твојата голотија+ додека блудствуваш со своите љубовници+ и со сите свои гадни и одвратни идоли,*+ и затоа што тече крвта на твоите деца, кои им ги принесе на одвратните идоли,+ 37 еве, ќе ги соберам сите твои љубовници на кои ти им даваше наслада и сите што ги љубеше и сите што ги мразеше, ќе ги соберам отсекаде против тебе и ќе ја откријам твојата голотија, нека ти ја видат сета голотија.+

38 Ќе ти судам онака како што им се суди на прељубници+ и на оние што пролеваат крв.+ Во гнев и во љубомора ќе ја пролеам твојата крв.+ 39 Ќе те предадам во нивните раце и тие ќе ги разурнат твоите ридови+ и ќе ги урнат твоите обредни височинки,+ и ќе ти ги соблечат фустаните,+ ќе ти го земат прекрасниот накит+ и ќе те остават гола и разголена. 40 И ќе доведат мноштво луѓе против тебе,+ па ќе те засипат со камења+ и ќе те исечат со своите мечеви.+ 41 Со оган ќе ти ги изгорат куќите+ и ќе извршат пресуда над тебе пред очите на многу жени.+ Ќе му ставам крај на твоето блудствување,+ и повеќе нема да даваш плата. 42 И дури тогаш ќе престанам да се гневам на тебе+ и ќе стивне мојата љубомора,+ ќе се смирам и твоите дела повеќе нема да ме навредуваат‘.

43 ‚Поради тоа што не се сети на денот на својата младост,+ туку ме предизвикуваше со сите тие дела,+ еве, јас ќе ти ги фрлам врз глава твоите дела,‘+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚па нема повеќе да ги правиш бесрамните дела и сите свои гадости.

44 Гледај, сите што се служат со поговорки ќе ти се исмејуваат со оваа поговорка:+ „Каква мајка, таква ќерка!“+ 45 Ти си ќерка на својата мајка,+ на која ѝ се омразени нејзиниот маж+ и нејзините деца. Ти си сестра на своите сестри, на кои им се омразени нивните мажи и нивните деца. Вашата мајка беше Хетејка,+ а татко ви Амореец.‘ “+

46 „ ,Самарија+ со околните градови ти е постара сестра,+ која живее лево од тебе, а Содом+ со околните градови+ ти е помлада сестра, која живее десно од тебе. 47 А ти не само што одеше по нивните патишта и ги правеше нивните гадости+ туку набргу почна да правиш уште полошо на сите свои патишта.+ 48 Како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚Содом, твојата сестра, со своите околни градови, не правеше така како што правевте ти и твоите околни градови.+ 49 Еве, ова беше престапот на Содом, твојата сестра: во неа и во нејзините околни градови+ имаше горделивост,+ презаситеност од изобилство на леб+ и немарна безгрижност,+ и не им помагаше на страдалниците+ и на сиромасите.+ 50 Се возгордеаја+ таа и нејзините градови и правеа гадости пред мене,+ сѐ додека не ги уништив, кога видов дека треба да го сторам тоа.+

51 А Самарија+ не направи ни половина од твоите гревови, туку ти направи повеќе гадости отколку твоите сестри, така што тие изгледаат праведно во споредба со сите гадости што ги направи ти.+ 52 Затоа го носиш својот срам, бидејќи твоето поведение им оди во прилог на твоите сестри. Поради твоите гревови со кои направи поголеми гнасотии од нив, тие излегоа поправедни од тебе.+ Затоа, засрами се и носи го својот грев, зашто поради тебе твоите сестри изгледаат праведно.‘

53 ‚Ќе го соберам нивниот заробен народ,+ заробениот народ од Содом и од околните градови и заробениот народ од Самарија и од околните градови, и ќе ги соберам твоите заробеници што се меѓу нив,+ 54 за да го носиш својот срам+ и да се засрамиш за сѐ што направи, и тоа да им биде ним за утеха.+ 55 Сестра ти Содом и нејзините околни градови ќе бидат како порано, и сестра ти Самарија и нејзините околни градови ќе бидат како порано, а и ти и твоите околни градови ќе бидете како порано.+ 56 Во времето кога беше горделива,+ ти сметаше дека твојата сестра Содом не заслужува да ја спомнеш, 57 во времето пред да се разоткрие твојата злоба,+ кога ти се исмејуваа сириските ќерки+ и сите што се околу неа, филистејските ќерки,+ кои ти се исмејуваат од сите страни.+ 58 Трпи ја сега вината за своите бесрамни дела+ и за своите гадости!‘+ — вели Јехова.“

59 „Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе ти направам така како што направи ти,+ зашто ја презре заклетвата, раскинувајќи го сојузот со мене.+ 60 А јас ќе се сетам на својот сојуз што го склучив со тебе во деновите на твојата младост+ и ќе склучам со тебе траен сојуз.+ 61 А ти ќе се сетиш на своите патишта+ и ќе се засрамиш кога ќе ги примиш своите сестри, постарите и помладите, кои ќе ти ги дадам како ќерки,+ но не поради сојузот со тебе‘.+

62 ‚А јас ќе склучам сојуз со тебе.+ И тогаш ќе знаеш дека јас сум Јехова, 63 па ќе се сетиш и ќе се засрамиш+ и поради својот срам повеќе нема да ја отвораш устата,+ кога ќе те исчистам+ од сѐ што си направила‘, вели Севишниот Господар Јехова.“

17 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, задај му загатка+ и состави поговорка за домот на Израел!+ 3 Речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Голем орел,+ со големи крилја,+ со долги перја за летање, полн со шарени перја, дојде на Ливан+ и го зеде врвот+ на кедарот.+ 4 Го открши врвот од неговите млади гранки и го однесе во ханаанската земја,+ и го спушти во еден трговски град. 5 Потоа зеде семе од онаа земја+ и го посеа на плодна нива. Како врба покрај големи води,+ го засади како врба. 6 Тоа изрти и израсна во разгранета лоза со низок раст,+ која не ги ширеше своите ластари од себе и чии корења сами растеа под неа. Од тоа семе израсна лоза и пушти ластари и разви гранки.+

7 А се појави и друг голем орел,+ со големи крилја и со големи перја за летање.+ И гледај, оваа лоза желно ги пружи своите корења кон него.+ И ги сврте своите ластари од леите во кои беше засадена и ги насочи кон него за тој да ја наводнува.+ 8 А веќе беше посадена на плодна нива, крај големи води,+ за да пушти гранки и да раѓа род, да стане величествена лоза“ ‘.

9 Речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Дали ќе успее?+ Зар нема кој да ѝ ги искорне корењата+ и да ѝ го упропасти плодот? Зар нема да ѝ се исушат сите ластари, штотуку откинати?+ Ќе се исушат. И без силна рака и без мноштво народ ќе ја откорнат сосе корен. 10 Гледај, иако е посадена,* дали ќе успее? Зар нема да се исуши како да ја фатил топлиот источен ветар?+ Ќе се исуши во леите во кои никнува“ ‘ “.+

11 И повторно ми дојде Јеховината реч: 12 „Речи му, те молам, на бунтовничкиот дом:+ ‚Зар не знаете што значи тоа?‘ Речи: ‚Еве, вавилонскиот цар дојде во Ерусалим, му ги зеде царот+ и кнезовите и ги одведе кај себе во Вавилон.+ 13 И зеде еден човек од царскиот род,+ склучи сојуз со него и го обврза со заклетва,+ а ги одведе и најистакнатите луѓе од земјата,+ 14 за да го ослаби царството,+ да не може да се воздигне, туку да опстане држејќи се за неговиот сојуз.+ 15 Но овој се побуни+ против него испраќајќи ги своите гласници во Египет, барајќи од него коњи+ и многу луѓе. Дали ќе успее? Дали ќе избега оној што прави така и го раскина сојузот? Ќе избега ли навистина?‘+

16 ‚„Како што сум жив јас,“+ вели Севишниот Господар Јехова, „кај царот што го поставил за цар оној што ја презре заклетвата,+ која му беше дадена нему, и го раскина сојузот со него, кај него во Вавилон тој ќе умре.+ 17 Ни со голема војска и ни со мноштво народ фараонот не би можел да му помогне да победи во војната,+ дури и да подигне опсаден насип и да изгради опсаден ѕид за да убие многу души.+ 18 Зашто, оној цар ја презре заклетвата+ и го раскина сојузот. Гледај, даде рака,+ а сепак го направи сето тоа. Нема да избега.“ ‘+

19 ‚Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Како што сум жив јас, мојата заклетва што ја презре тој+ и мојот сојуз што го раскина тој ќе ги фрлам врз неговата глава. 20 Ќе ја распнам над него својата мрежа, и тој ќе се фати во мојата ловечка мрежа,+ па ќе го одведам во Вавилон и таму ќе му судам за тоа што ми беше неверен.+ 21 Сите негови бегалци од сите негови чети ќе паднат од меч, а оние што ќе преостанат, ќе бидат расфрлани на сите страни.*+ И тогаш ќе знаете дека јас, Јехова, реков така“.‘+

22 ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Јас ќе земам фиданка од врвот на висок кедар и ќе ја посадам.+ Од врвот на неговите млади гранки ќе откршам фиданка+ и ќе ја посадам на висока и возвишена планина.+ 23 Ќе ја посадам на високата Израелова планина,+ и таа ќе пушти гранки и ќе донесе плод+ и ќе стане величествен кедар.+ Сите птици од секаков вид ќе живеат под него, ќе живеат во сенката на неговата крошна.+ 24 И сите полски дрвја ќе знаат дека јас, Јехова,+ го понижив високото дрво,+ а го возвишив ниското,+ дека го исушив зеленото дрво,+ а на сувото дрво му дадов повторно да процвета. Јас, Јехова, реков така и така ќе направам“ ‘ “.+

18 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Зошто ја кажувате оваа поговорка во Израеловата земја: ‚Татковците јадеа зелено грозје, а синовите имаат скомина‘?+

3 ‚Како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚нема повеќе да ја кажувате таа поговорка во Израел! 4 Гледај, сите души ми припаѓаат мене.+ Душата+ на таткото и душата на синот ми припаѓа мене.+ Онаа душа што греши,+ таа и ќе умре.+

5 Ако е некој праведен и го прави она што е право и праведно,+ 6 ако не јаде идолски жртви+ во светилиштата на планините+ и не ги подига очите кон одвратните идоли* на Израеловиот дом,+ и не ја обесчестува жената на својот ближен+ и не ѝ приоѓа на жена додека е нечиста,+ 7 ако никого не угнетува,+ ако му го враќа на должникот она што му го зел во залог,+ ако ништо не граба од другите,+ ако го дели својот леб со гладниот+ и го облекува голиот со облека,+ 8 ако ништо не дава со камати+ и нема добивка кога им дава заем на другите,+ ако ја воздржува раката од неправда,+ ако во сѐ суди праведно помеѓу човек и човек,+ 9 ако живее* според моите одредби+ и се држи за моите закони постапувајќи според вистината,+ тој е праведен.+ Тој ќе остане жив‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.

10 ‚Ако таткото има син кој е разбојник,+ пролева крв+ или прави нешто слично на тоа, 11 (а таткото не направил такво нешто), ако син му јаде идолски жртви во светилиштата на планините+ и ја обесчестува жената на својот ближен,+ 12 ако угнетува страдалник и сиромав,+ ако граба од другите+ и не го враќа она што го зел во залог,+ ако ги подига очите кон одвратните идоли,+ и со тоа прави гадост,+ 13 ако заради добивка му дава заем на друг+ и зема камати,+ тој нема да остане жив. Тој ги прави сите тие гадости,+ па затоа ќе умре. Неговата крв ќе падне врз него.+

14 А ако таткото има син кој ги гледа сите гревови што ги прави неговиот татко, и иако ги гледа, самиот тој не прави такво нешто,+ 15 ако не јаде идолски жртви во светилиштата на планините и не ги подига очите кон одвратните идоли на Израеловиот дом,+ ако не ја обесчестува жената на својот ближен,+ 16 ако не угнетува никого,+ никому не му го одзема залогот+ и ништо не граба од другите,+ ако го дели својот леб со гладните+ и го облекува голиот со облека,+ 17 ако ја воздржува својата рака да не го гиба страдалникот, ако нема добивка+ и не зема камати+ кога им дава заем на другите, ако се држи за моите закони+ и живее* според моите одредби,+ тој нема да умре поради престапот на својот татко,+ туку ќе остане жив.+ 18 А татко му, затоа што пред очите на сите им скратувал на другите,+ грабал од својот брат+ и правел сѐ што не чини среде својот народ,+ еве, тој ќе умре поради својот престап.+

19 А вие ќе речете: „Зошто синот не ја сноси вината за престапот на својот татко?“+ Затоа што синот го прави она што е право и праведно,+ се држи за моите одредби и ги извршува,+ и затоа ќе остане жив.+ 20 Онаа душа што ќе греши, таа и ќе умре.+ Синот нема да ја сноси вината за престапот на таткото, и таткото нема да ја сноси вината за престапот на синот.+ Врз праведникот ќе биде неговата правда,+ а врз злосторникот ќе биде неговата злоба.+

21 А ако злосторникот се одврати од сите свои гревови што ги направил+ и почне да се држи за сите мои одредби и да го прави она што е право и праведно,+ ќе остане жив. Нема да умре.+ 22 Сите престапи што ги направил ќе му бидат заборавени.+ Поради тоа што го прави она што е праведно, ќе остане жив.‘+

23 ‚Зарем мене ми е мило да умре злосторникот,‘+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚а не да се одврати од своите патишта и да остане жив?‘+

24 ‚А кога праведникот ќе се одврати од својата праведност и ќе почне да врши неправда,+ па продолжи да живее правејќи ги сите гадости што ги прави злосторникот,+ ќе се заборават сите праведни дела што ги правел.+ Поради неверството што го направил и поради гревот со кој згрешил, поради нив ќе умре.+

25 А вие ќе речете: „Јеховиниот пат не е прав“.+ Чуј ме, те молам, доме Израелов! Зар мојот пат не е прав?+ Зар не се криви вашите патишта?+

26 Кога праведникот ќе се одврати од својата праведност и ќе почне да врши неправда,+ па поради тоа умре, ќе умре поради својата неправда што ја вршел.+

27 А кога злосторникот ќе се одврати од своето зло што го правел и ќе почне да го прави она што е право и праведно,+ тој ќе ја зачува жива својата душа.+ 28 Кога ќе го согледа тоа+ и ќе се одврати од сите свои престапи што ги прави,+ ќе остане жив. Нема да умре.+

29 А домот на Израел ќе рече: „Јеховиниот пат не е прав“.+ Зар моите патишта не се прави, о доме Израелов?+ Зар не се криви вашите патишта?‘+

30 ‚Затоа, о доме Израелов, секому од вас ќе му судам според неговите патишта‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.+ ‚Покајте се, одвратете се од сите свои престапи,+ и не дозволувајте ништо да ви стане камен на кој ќе се спрепнете и ќе паднете во грев!+ 31 Отфрлете ги од себе сите свои престапи што сте ги направиле+ и направете си ново срце+ и нов дух!+ Зошто да умирате,+ о доме Израелов?‘

32 ‚Зашто, мене не ми е мила смртта на оној што умира‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. ‚Затоа, одвратете се и живејте!‘ “+

19 „А ти запеј тажачка+ за поглаварите на Израел,+ 2 и речи: ‚Што беше мајка ти? Лавица меѓу лавовите.+ Лежеше меѓу млади лавови и ги подигаше своите младенчиња.

3 Така исхрани едно свое младенче.+ Тоа стана лав и научи да растргнува плен,+ па голташе луѓе. 4 Народите слушнаа за него. Тој падна во нивната јама, па го одвлекоа со куки* во египетската земја.+

5 А кога виде дека попусто чека и дека надежта ѝ пропадна, таа зеде друго младенче+ и од него направи лав. 6 И тој тргна со лавовите. Стана лав и научи да растргнува плен,+ па голташе луѓе.+ 7 И ги обиколуваше нивните утврдени дворци и ги пустошеше нивните градови,+ па земјата опусте и се исполни со неговото рикање.+ 8 А народите од сите околни земји се кренаа против него+ и ја распнаа над него својата мрежа,+ и тој падна во нивната јама.+ 9 Потоа со куки го довлекоа во кафез и го одведоа кај вавилонскиот цар.+ Го одведоа со ловечки мрежи, за да не се чуе повеќе неговиот глас по планините на Израел.+

10 Твојата мајка+ беше како лоза во твојата крв,+ посадена покрај води. Беше родна и разгранета поради изобилството вода.+ 11 Имаше цврсти гранки, погодни за владетелски жезол.+ Се воздигна со растот над другите дрвја, стана видлива поради својата висина, поради својата густа крошна.+ 12 Но најпосле беше откорната во гневот.+ Беше фрлена на земја и источниот ветар ѝ ги исуши плодовите.+ Нејзината цврста гранка беше откината и се исуши.+ Ја проголта оган.+ 13 Сега е посадена во пустина,+ во безводна и жедна земја.+ 14 И излезе оган од нејзината гранка.+ Ги проголта нејзините ластари и нејзините плодови, па немаше повеќе на неа цврсти гранки, погодни за владетелски жезол.+

Тоа е тажачка, која и понатаму ќе се пее како тажачка‘.“+

20 А во седмата година, во петтиот месец, на десеттиот ден од тој месец, дојдоа некои старешини на Израел да бараат совет од Јехова+ и седнаа пред мене.+ 2 Тогаш ми дојде Јеховината реч: 3 „Сине човечки, обрати им се на старешините на Израел и речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Зар доаѓате да ме прашате за совет?+ ‚Како што сум жив јас, нема да дозволам да ме прашате‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“ ‘.

4 Сакаш ли да им судиш? Сакаш ли да им судиш, о сине човечки?+ Укажи им на гадостите на нивните татковци!+ 5 Речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Во оној ден кога го избрав Израел,+ со подигната рака+ му се заколнав на потомството на Јакововиот дом+ и им се објавив во египетската земја.+ Да, со подигната рака им се заколнав: ‚Јас сум Јехова, вашиот Бог‘.+ 6 Во тој ден им се заколнав со подигната рака+ дека ќе ги изведам од египетската земја и ќе ги одведам во земјата што ја бев извидувал за нив, земја во која тече мед и млеко,+ која е најубава од сите земји.+ 7 И им реков: ‚Секој од вас нека ги отфрли гадните богови што ги гледа со своите очи+ и не валкајте се со одвратните египетски идоли!*+ Јас сум Јехова, вашиот Бог‘.+

8 Но, тие се побунија против мене+ и не сакаа да ме послушаат. Ниту еден од нив не ги отфрли гадните богови што ги гледаше со своите очи и не ги остави одвратните египетски идоли,+ па ветив дека ќе го излеам својот гнев врз нив, за да го истурам својот гнев врз нив среде египетската земја.+ 9 Тогаш се кренав поради своето име, за да не се сквернави пред очите на народите меѓу кои беа,+ зашто веќе се бев објавил пред очите на тие народи изведувајќи ги од египетската земја.+ 10 И ги изведов од египетската земја и ги доведов во пустината.+

11 И им ги дадов своите одредби+ и ги поучив за своите закони,+ зашто тие значат живот за оној што ги извршува.+ 12 Им ги дадов и своите денови за одмор,*+ за да бидат знак помеѓу мене и нив,+ за да знаат дека јас сум Јехова, оној што ги посветува.

13 Но тие, домот Израелов, се побунија против мене во пустината.+ Не живееја* според моите одредби+ и ги отфрлија моите закони,+ кои значат живот за оној што ги извршува.+ Моите денови за одмор срамно ги сквернавеа,+ па ветив дека ќе го излеам својот гнев врз нив во пустината, за да ги истребам.+ 14 Но не го сторив тоа поради своето име, за да не биде осквернето пред очите на другите народи, пред чии очи ги бев извел.+ 15 Но јас им се заколнав во пустината со подигната рака+ дека нема да ги воведам во земјата што им ја бев дал, земјата во која тече мед и млеко,+ која е најубава од сите земји,+ 16 бидејќи ги отфрлија моите закони, и не живееја според моите одредби и ги сквернавеа моите денови за одмор, бидејќи нивното срце се прилепи за нивните одвратни идоли.+

17 Но моето око се сожали на нив, па не ги сотрев+ и не ги истребив во пустината. 18 На нивните синови во пустината им реков:+ ‚Не живејте според одредбите на своите татковци,+ не држете ги нивните закони+ и не сквернавете се со нивните одвратни идоли!+ 19 Јас сум Јехова, вашиот Бог.+ Живејте според моите одредби+ и држете се за моите закони+ и постапувајте според нив!+ 20 Моите денови за одмор нека ви бидат свети,+ и тие нека бидат знак помеѓу мене и вас, за да знаете дека јас сум Јехова, вашиот Бог!‘+

21 Но и нивните синови се побунија против мене.+ Не живееја според моите одредби и не се држеа за моите закони, кои значат живот за оној што ги извршува,+ ниту постапуваа според нив. Ги сквернавеа моите денови за одмор.+ Затоа ветив дека ќе ја излеам мојата јарост врз нив, и ќе го истурам својот гнев врз нив во пустината.+ 22 Но си ја повлеков раката+ заради своето име, за да не се сквернави пред очите на другите народи, пред чии очи ги бев извел.+ 23 Но им се заколнав во пустината со подигната рака+ дека ќе ги распрснам меѓу народите и дека ќе ги расеам низ земјите,+ 24 бидејќи не ги извршуваа моите закони+ и ги отфрлија моите одредби+ и ги сквернавеа моите денови за одмор+ и ги вперуваа своите очи во одвратните идоли на своите татковци.+ 25 А јас им дозволив да имаат уредби кои не беа добри и закони преку кои не можеа да си го зачуваат животот.+ 26 И им дозволив да се извалкаат со своите дарови кога го фрлаа во оган секое првородено дете,+ за да ги казнам, и да знаат дека јас сум Јехова“ ‘.+

27 Затоа, обрати му се на домот на Израел, о сине човечки, и речи им:+ ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „И со ова хулеа вашите татковци на мене: големо неверство ми направија.+ 28 Јас ги доведов во земјата+ за која им се заколнав со подигната рака дека ќе им ја дадам.+ Но секогаш кога ќе видеа некој рид+ или некое разгрането дрво, таму принесуваа жртви+ и таму донесуваа навредливи приноси, принесуваа на тие места успокојувачки мириси+ и излеваа жртви налевници.+ 29 Затоа им реков: ‚Зошто одите на таа височинка и зошто до ден-денеска ја викате Височинка?‘ “ ‘+

30 Затоа, вака речи му на домот Израелов: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Зар не се валкате како своите татковци+ и зар не ги обожавате нивните гадни богови?*+ 31 И кога ги подигате своите дарови фрлајќи ги своите синови во оган,+ зар не се валкате обожавајќи ги до денешен ден сите свои одвратни идоли?+ Зар покрај сето тоа да трпам мене да ме прашувате за совет, о доме Израелов?“ ‘+

‚Како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚нема да дозволам да ме прашувате.+ 32 Нема да се случи+ она што ви доаѓа на ум,*+ кога велите: „Да бидеме како другите народи, како народите на другите земји,+ и да им служиме на дрвото и на каменот!“ ‘ “+

33 „ ,Како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚со силна рака и со подигната мишка+ и со излеан гнев ќе царувам над вас.+ 34 Со силна рака и со подигната мишка и со излеан гнев ќе ве изведам од другите народи и ќе ве соберам од земјите низ кои сте расеани.+ 35 И ќе ве одведам во пустината на другите народи+ и таму ќе ви судам лице в лице.+

36 Како што им судев на вашите татковци во пустината на египетската земја,+ така ќе ви судам и вам‘, вели Севишниот Господар Јехова. 37 ‚Ќе ве поминам под стапот+ и ќе ве врзам со сојуз.+ 38 Ќе ве одвојам од оние што се бунат против мене и ми грешат,+ зашто ќе ги изведам од земјата во која престојуваат како дојденци, но во земјата на Израел нема да дојдат.+ Тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова.‘+

39 Вам, о доме Израелов, вака ви вели Севишниот Господар Јехова: ‚Одете, и служете, секој на своите одвратни идоли!+ А потоа, ако не ме послушате, тогаш нема повеќе да го сквернавите моето свето име со своите дарови и со своите одвратни идоли‘.+

40 ‚Зашто, на мојата света гора, на високата Израелова гора,‘+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚таму ќе ми служи сиот Израелов дом, колку и да ги има, во таа земја.+ Таму тие ќе ми станат мили и таму ќе ги барам вашите прилози и првините од вашите дарови од сите ваши свети работи.+ 41 Поради успокојувачкиот мирис, ќе ми бидете мили,+ кога ќе ве изведам од другите народи и кога ќе ве соберам од земјите низ кои сте расеани.+ И на вас ќе ја покажам својата светост пред очите на другите народи.‘+

42 ‚Тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова,+ кога ќе ве доведам во земјата на Израел,+ во земјата за која се заколнав со подигната рака дека ќе им ја дадам на вашите татковци. 43 Таму ќе се сетите на своите патишта+ и на сите свои дела со кои се извалкавте,+ и ќе се види на вашите лица дека се мразите самите себеси поради сето зло што го направивте.+ 44 И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова,+ кога заради своето име+ нема да постапам со вас според вашите зли патишта, ниту според вашите расипани дела,+ о доме Израелов‘, вели Севишниот Господар Јехова.“

45 И повторно ми дојде Јеховината реч: 46 „Сине човечки, сврти го лицето+ кон јужниот крај и нека ти потечат зборовите+ кон југ, и пророкувај ѝ на шумата во јужната земја! 47 И речи ѝ на јужната шума: ‚Чуј ја Јеховината реч! Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе запалам оган во тебе,+ и тој ќе ти го проголта секое зелено дрво и секое суво дрво.+ Разгорениот пламен нема да се угасне+ и ќе ги изгори сите лица од југ до север.+ 48 И сите луѓе ќе видат дека јас, Јехова, го запалив огнот, и тој нема да се угасне“ ‘ “.+

49 А јас реков: „Леле, Севишен Господару Јехова! Тие за мене велат: ‚Тој само измислува изреки!‘ “+

21 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, сврти го лицето кон Ерусалим и нека ти потечат зборовите+ кон светите места+ и пророкувај против земјата на Израел!+ 3 И речи ѝ на земјата на Израел: ‚Вака вели Јехова: „Еве, доаѓам против тебе!+ Ќе го извлечам својот меч од ножницата+ и ќе го истребам од тебе и праведникот и злосторникот.+ 4 За да ги истребам од тебе праведникот и злосторникот, мојот меч ќе излезе од ножницата и ќе удри на секој човек од југ до север.+ 5 И сите луѓе ќе знаат дека јас, Јехова, сум го извлекол својот меч од ножницата,+ и тој нема повеќе да се врати во неа“ ‘.+

6 А ти, сине човечки, воздивнувај и нека ти се тресат бедрата!+ Тешко воздивнувај пред нивни очи!+ 7 А ако те прашаат: ‚Зошто воздивнуваш?‘+ — речи им: ‚Поради веста‘.+ Зашто, таа ќе стигне+ и секое срце ќе се растопи+ и сите раце ќе премалат, секој ќе биде со потиштен дух и по секое колено ќе тече вода.*+ ‚Еве, ќе дојде+ и ќе се случи‘, вели Севишниот Господар Јехова“.

8 И повторно ми дојде Јеховината реч: 9 „Сине човечки, пророкувај и речи: ‚Вака вели Јехова: „Речи: ‚Меч, меч!+ Наострен+ е и светнат. 10 Наострен е за колеж, светнат е за да блеска‘ “ ‘ “.+

„Но зар немаме причина да се радуваме?“+

„ ,Се отфрла ли жезолот+ на мојот син+ како да е некое обично дрво?+

11 Светнат е за да се употреби. Мечот е наострен и светнат, за да му се стави в рака на убиецот.+

12 Лелекај и плачи горко,+ сине човечки, зашто доаѓа против мојот народ,+ против сите поглавари на Израел!+ Тие се фрлени под меч заедно со мојот народ.+ Затоа, удри од тага по бедрото!+ 13 Зашто, испитот веќе помина,+ но што ќе се случи со жезолот ако мечот го отфли?+ Жезолот ќе го снема‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.

14 А ти, сине човечки, пророкувај и плесни со рацете вчудовидено,+ и повтори трипати:+ ‚Меч!‘ Тоа е меч што убива. Тоа е меч што ги убива големците и ги опколува.+ 15 Ќе извршам колеж со мечот за да се растопи срцето+ и да има многу што ќе испопаѓаат на сите нивни порти.+ Леле, направен е да блеска, светнат е за колеж!+ 16 Биди остар,+ оди надесно! Постави се, оди налево! Оди таму каде што ќе се свртиш со лицето! 17 А јас налутено ќе плеснам со рацете,+ и ќе го излеам својот гнев.+ Јас, Јехова, реков така.“

18 И повторно ми дојде Јеховината реч: 19 „А ти, сине човечки, нацртај си два пата по кои може да појде мечот на вавилонскиот цар!+ Од една земја нека излегуваат обата. Направи и патоказ+ и постави го на почетокот од патот што води во градот. 20 Нацртај еден пат по кој мечот доаѓа против Рава+ на Амоновите синови и друг по кој доаѓа против Јуда, против утврдениот Ерусалим.+ 21 Зашто, царот на Вавилон стои на раскрсницата, каде што почнуваат двата пата, и таму гата.+ Ги истресува стрелите, ги прашува домашните идоли,+ гледа на црн дроб. 22 Гатањето во неговата десница го упати против Ерусалим, за да постави справи* за пробивање ѕидови,+ да заповеда колеж, да огласи тревога,+ да постави пред портите справи за пробивање, да подигне опсаден насип, да изгради опсаден ѕид.+ 23 А на оние од народот што се беа обврзале со заклетви дека ќе им служат,+ тоа им изгледаше како невистинито гатање.+ Но царот мисли на нивниот престап,+ па ќе бидат фатени.+

24 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Затоа што го свртувате своето внимание кон своето беззаконие, и ги разоткривате своите престапи за да се видат вашите гревови во сѐ што правите, да, затоа што го свртувате вниманието кон себе,+ ќе ве зграпчи раката‘.+

25 А тебе, смртно ранет, зол поглавару+ на Израел,+ чиј ден дојде во времето на конечната казна за престап,+ 26 вака ти вели Севишниот Господар Јехова: ‚Извади го турбанот и симни ја круната!+ Ќе дојде до промена.+ Возвиши го она што е ниско,+ понижи го возвишениот!*+ 27 Ќе ја уништам, ќе ја уништам, ќе ја уништам круната,+ и таа нема да биде ничија сѐ додека не дојде оној што според законот има право на неа,+ и нему ќе му ја дадам‘.+

28 А ти, сине човечки, пророкувај и речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова за синовите на Амон и за нивното исмејување‘. И речи: ‚Меч, меч е извлечен за колење, светнат е да проголтува, да блеска,+ 29 бидејќи те мамат со своите виденија, зашто ти гатаат лага,+ за да те фрлат врз другите убиени, врз злите чиј ден дојде во времето на конечната казна за престап.+ 30 Врати го во ножницата! На местото каде што си создаден, во земјата каде што си настанал,+ ќе ти судам. 31 Ќе ја излеам врз тебе својата осуда. Со огнот на својот гнев ќе дувнам врз тебе+ и ќе те предадам во рацете на неразумни луѓе, вешти во погубување.+ 32 Огнот ќе те проголта.+ Твојата крв ќе тече среде земјата. Ќе бидеш заборавен, зашто јас, Јехова, реков така‘ “.+

22 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „А ти, сине човечки, сакаш ли да судиш,+ сакаш ли да му судиш на градот што е виновен за крв+ и да му укажеш на сите негови гадости?+ 3 Речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „О граде, кој пролеваш крв+ во себе додека не чукне часот за да бидеш казнет+ и во себе правиш одвратни идоли* за да бидеш нечист,+ 4 ти стана виновен за крвта што ја пролеа,+ стана нечист поради одвратните идоли што ги направи.+ Привршуваат твоите денови, твоите години се ближат кон крај. Затоа ќе те направам за срам меѓу народите и за потсмев за сите земји.+ 5 Соседните и далечните земји ќе ти се потсмеваат тебе, чие име е нечисто, во кој владее голема збрка.+ 6 Еве, во тебе се поглаварите+ на Израел, секој од нив е оддаден на крвопролевање.+ 7 Таткото и мајката се презрени во тебе.+ Во тебе дојденецот го искористуваат,+ а детето без татко и вдовицата ги угнетуваат“ ‘ “.+

8 „ ,Моето светилиште го презираш, моите денови за одмор* ги сквернавиш.+ 9 Во тебе има клеветници поради кои се пролева крв.+ Во тебе тие јадат идолски жртви по планините.+ Среде тебе прават бесрамни дела.+ 10 Во тебе ја откриваат татковата голотија,+ во тебе ја обесчестуваат жената што е нечиста од својот месечен ред.+ 11 Во тебе еден прави гадости со жената на својот ближен,+ друг, во својата бесрамност, ја обесчестува својата снаа,+ а трет ја обесчестува својата сестра, ќерката на својот татко.+ 12 Во тебе земаат мито за да пролеваат крв.+ Даваш на заем со камати и заради добивка,+ стекнуваш добивка од своите ближни со грабање+ и измама,+ а мене ме заборави‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.

13 ‚Еве, со презир плеснувам со рацете+ над неправедната добивка што ја стекнуваш+ и над крвта што се пролева во тебе.+ 14 Ќе издржи ли твоето срце+ и ќе ти бидат ли силни рацете во деновите кога ќе станам против тебе?+ Јас, Јехова, реков така и ќе направам така.+ 15 Ќе те распрснам меѓу народите и ќе те расеам низ земјите,+ и ќе ја отстранам твојата нечистотија од тебе.+ 16 И ќе станеш нечист во очите на другите народи, и тогаш ќе знаеш дека јас сум Јехова.‘ “+

17 И повторно ми дојде Јеховината реч: 18 „Сине човечки, домот на Израел ми е како запенета згура.+ Сите тие се бакар, калај, железо и олово во печка. Сите тие се запенета згура, згура од сребро.+

19 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Сите вие сте како запенета згура,+ па затоа ќе ве соберам во Ерусалим.+ 20 Како што се ставаат сребро, бакар, железо,+ олово и калај во печка, па се разгорува огнот+ за да се растопат,+ така и јас ќе ве соберам во својот гнев и во својата јарост, и ќе го разгорам огнот и ќе ве стопам. 21 Ќе ве соберам и ќе го разгорам над вас огнот на својот гнев,+ па ќе се растопите во градот.+ 22 Како што се растопува среброто во печка, така и вие ќе се растопите во него. И тогаш ќе знаете дека јас, Јехова, сум ја излеал својата јарост врз вас‘ “.+

23 И повторно ми дојде Јеховината реч: 24 „Сине човечки, речи ѝ: ‚Ти си неисчистена земја, на која не паднал дожд во денот на осудата.+ 25 Нејзините пророци коваат заговор во неа,+ рикаат како лавови и раскинуваат плен.+ Проголтуваат души.+ Грабаат богатство и скапоцености.+ Поради нив, има сѐ повеќе вдовици во земјата.+ 26 Нејзините свештеници го кршат мојот закон+ и го сквернават моето светилиште.+ Не прават разлика+ меѓу она што е свето и она што не е свето,+ не ја знаат разликата помеѓу она што е нечисто и она што е чисто,+ ги одвраќаат своите очи од моите денови за одмор+ и ме обесчестуваат меѓу нив.+ 27 Нејзините кнезови во неа се како волци што раскинуваат плен и пролеваат крв,+ и убиваат души за да натрупаат неправедна добивка.+ 28 Нејзините пророци сакаат да ги избелат со вар нивните гревови,+ ги мамат со своите виденија+ и им гатаат лага,+ велејќи: „Вака вели Севишниот Господар Јехова“, а Јехова не го рекол тоа. 29 Народот* лукаво искористува+ и граба,+ го угнетува+ страдалникот и сиромавиот, и му врши неправда на дојденецот и го искористува‘.+

30 ‚Барав меѓу нив човек кој би го поправил камениот ѕид+ и би застанал* пред мене и би се зазел за таа земја+ за да не ја уништам,+ но не најдов ниту еден. 31 Затоа ќе ја излеам својата осуда+ врз нив. Ќе ги истребам со огнот на својот гнев.+ Нивните дела ќе ги фрлам врз нивната глава‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“.

23 И ми дојде Јеховината реч:+ 2 „Сине човечки, си беа две жени, ќерки на иста мајка.+ 3 И се оддадоа на блуд во Египет.+ Блудствуваа во својата младост.+ Таму им ги стискаа+ и им ги милуваа моминските гради. 4 Постарата се викаше Охола,* а нејзината сестра Охолива.* Станаа мои+ и родија синови и ќерки.+ Охола е име за Самарија,+ а Охолива за Ерусалим.+

5 Охола се оддаде на блуд,+ иако ми припаѓаше мене, и се распалуваше по своите љубовници,+ по Асирците,+ со кои се зближи, 6 по управителите облечени во сини облеки и по намесниците — сѐ сами привлечни момци, војници што јаваа на коњи. 7 Блудствуваше со нив, со најубавите меѓу асирските синови, и се извалка со сите по кои се распалуваше — со нивните одвратни идоли.*+ 8 Не се откажа од својот блуд со кој почна во Египет, зашто лежеа со неа уште од нејзината младост, тие ѝ ги милуваа моминските гради и блудствуваа со неа.+ 9 Затоа ја предадов во рацете на нејзините љубовници,+ во рацете на асирските синови, по кои се распалуваше.+ 10 Тие ја открија нејзината голотија.+ Ѝ ги зедоа синовите и ќерките,+ а неа ја убија со меч. Се најде на лош глас меѓу жените и беше извршена пресуда над неа.

11 Кога го виде тоа сестра ѝ Охолива,+ уште повеќе од неа се препушти на своите сладострастија и нејзиниот блуд беше полош од блудствувањето на сестра ѝ.+ 12 Се распалуваше по асирските синови,+ по управителите и по намесниците облечени во прекрасни одежди со кои се зближи, по војниците што јаваа на коњи — по најпривлечните момци.+ 13 Видов дека и таа се извалка и дека обете одат по ист пат.+ 14 А уште повеќе се оддаваше на блуд кога ќе здогледаше машки на резбите по ѕидот,+ ликови+ на Халдејци, изрежани и обоени со црвена боја,+ 15 со колкови препашани со појас,+ со турбани на главата, според изгледот — сѐ воини, според обликот — вавилонски синови, родени во халдејската земја. 16 Кога ќе ги здогледаше, ќе се распалеше по нив+ и им праќаше свои гласници во Халдеја.+ 17 А вавилонските синови доаѓаа кај неа на љубовната постела, и ја валкаа со својот блуд.+ Таа се валкаше со нив, но потоа нејзината душа со гадење се одврати од нив.

18 И го откри својот блуд, ја откри својата голотија,+ па мојата душа со гадење се одврати од неа, како што мојата душа со гадење се одврати и од сестра ѝ.+ 19 А таа и понатаму се оддаваше на блуд,+ спомнувајќи си за деновите на својата младост,+ кога се оддаваше на блуд во египетската земја.+ 20 Се распалуваше како наложниците* што им припаѓаат на оние чиј орган е како на магаре, чиј полов орган е како на коњ.+ 21 И копнееше по бесрамните дела од својата младост, кои почна да ги прави кога ѝ ги милуваа градите во Египет,+ кога копнееја по нејзините момински гради.+

22 Затоа, Охоливо, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе ги подигнам против тебе твоите љубовници,+ оние од кои твојата душа се одврати со гадење, и ќе ги доведам против тебе отсекаде,+ 23 вавилонските синови+ и сите Халдејци,+ сите од Пеход+ и од Шоа и од Коа, а со нив и сите асирски синови, сѐ привлечни момци, управители и намесници, сѐ воини и оние што се собираат на зборно место, јавачи на коњи. 24 И ќе дојдат против тебе со трескот на бојни коли и тркала,+ со мноштво народи, со големи и мали штитови и со шлемови. Ќе те опколат од сите страни, а јас ќе им го предадам судот, па ќе ти судат со својот суд.+ 25 Ќе го излеам својот жесток гнев врз тебе+ и тие ќе ти се нафрлат гневно.+ Ќе ти ги отсечат носот и ушите, а она што ќе остане од тебе ќе падне од меч. Ќе ти ги одведат+ синовите и ќерките,+ а она што ќе остане од тебе ќе го проголта оган.+ 26 И ќе ти ги слечат облеките+ и ќе ти го земат сето она со кое се украсуваш.+ 27 Така ќе им ставам крај на твоите бесрамни дела+ и на твојот блуд со кој започна уште во Египет,+ па повеќе нема да ги подигаш очите кон нив и повеќе нема да се сеќаваш на Египет‘.

28 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, ќе те предадам во рацете на оние што ги мразиш, во рацете на оние од кои твојата душа се одврати со гадење.+ 29 Тие ќе навалат на тебе со омраза и ќе го земат сиот плод на твојот труд и ќе те остават гола и разголена.+ И ќе се открие голотијата на твојот блуд и твоите бесрамни дела и твоето блудствување.+ 30 Сето тоа ќе те снајде бидејќи трчаш како блудница по народите,+ бидејќи се извалка со нивните одвратни идоли.+ 31 Одиш по патот на сестра ти,+ и затоа ќе ти ја дадам в рака нејзината чаша‘.+

32 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе ја испиеш чашата на сестра ти, чаша длабока и широка.+ Ќе бидеш за потсмев и за подбив, зашто таа чаша собира многу.+ 33 Ќе се исполниш со пијанство и со тага, ќе ја испиеш чашата на ужасот и на опустошувањето, чашата на сестра ти Самарија. 34 Ќе ја пиеш и ќе ја испиеш до капка,+ ќе ги глодаш скршените парчиња од таа земјена чаша и ќе си ги откорнеш градите.+ „Зашто, јас реков така“, вели Севишниот Господар Јехова‘.

35 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Затоа што ме заборави+ и ми сврте грб,+ трпи сега поради своите бесрамни дела и поради својот блуд!‘ “

36 И уште ми рече Јехова: „Сине човечки, сакаш ли да им судиш+ на Охола и на Охолива+ и да им укажеш на нивните гадости?+ 37 Зашто, направија прељуба+ и на нивните раце има крв,+ направија прељуба со своите одвратни идоли.+ Освен тоа, синовите што ми ги родија мене, ги фрлаа во оган за да им бидат храна на тие идоли.+ 38 А уште ми го направија и ова: во тој ден го извалкаа+ моето светилиште+ и ги осквернија моите денови за одмор.*+ 39 А кога ги заклаа своите синови заради своите одвратни идоли,+ во тој ден дојдоа во моето светилиште за да го осквернат.+ Ете, тоа го направија среде мојот дом.+ 40 Освен тоа, праќаа гласници+ по луѓето што доаѓаа оддалеку, и тие доаѓаа.+ А ти, Охолива, ќе се искапеше за нив,+ ќе си ги намачкаше очите+ и ќе се накитеше со накит.+ 41 И ќе седнеше на раскошно легло,+ пред поставена трпеза+ на која ги ставаше мојот темјан+ и моето масло.+ 42 И тука се слушаше звукот на безгрижно мноштво,+ а меѓу мажите во тоа мноштво луѓе, доведуваа и пијаници+ од пустината, а на жените им ставаа гривни на рацете и прекрасни круни на главите.+

43 Тогаш реков за онаа што е папсана од прељуба:+ ‚Таа и понатаму ќе се оддава на блуд‘.+ 44 И одеа кај неа како што се оди кај блудница. Така одеа кај Охола и кај Охолива, како кај развратни жени.+ 45 Но праведниците+ ќе ѝ судат онака како што им се суди на прељубници+ и како што им се суди на жени што пролеваат крв,+ зашто тие се прељубници и на нивните раце има крв.+

46 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе доведам мноштво против нив,+ па ќе ги направам ужасна глетка и ќе ги предадам на грабеж.+ 47 И мноштвото ќе ги затрупа со камења+ и ќе ги исече со своите мечеви. Ќе им ги убие синовите и ќерките,+ а куќите ќе им ги изгори со оган.+ 48 И така ќе им ставам крај на бесрамните дела+ во таа земја,+ и сите жени ќе извлечат поука од тоа, да не прават бесрамни дела како вас.+ 49 Тие ќе ве казнат за вашите бесрамни дела,+ и ќе страдате поради гревовите на своето идолопоклонство. И тогаш ќе знаете дека јас сум Севишниот Господар Јехова‘ “.+

24 И повторно ми дојде Јеховината реч, во деветтата година, во десеттиот месец, на десеттиот ден од тој месец: 2 „Сине човечки, запиши го името на овој ден, денешниов ден! Токму денес навали вавилонскиот цар на Ерусалим.+ 3 Изнеси ја споредбата* за бунтовничкиот дом+ и речи им:

,Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Стави го котелот, стави го и тури вода во него!+ 4 Стави во него парчиња месо,+ сѐ најдобри парчиња, бутот и плешката! Наполни го со најдобри коски! 5 Земи ја најдобрата овца+ и наложи дрва под него! Свари го нејзиното месо, а свари ги и нејзините коски во него!“ ‘ “+

6 „Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Тешко му на градот полн со крвопролевање,+ на ’рѓосаниот котел од кој не излегува ’рѓата! Парче по парче вади од него,+ немој да фрлаш ждрепка за нив!+ 7 Зашто, неговата крв е среде него.+ Ја пролеа на гола карпа. Не ја излеа на земја за да се покрие со прав.+ 8 Ќе го покажам својот гнев и ќе извршам одмазда,+ ќе ја пролеам неговата крв на гола карпа за да не се покрие‘.+

9 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Тешко му на градот полн со крвопролевање!+ Јас ќе запалам голема клада.+ 10 Донеси многу дрва! Потпали го огнот! Развари го месото! Истури ја чорбата, па нека изгорат и коските! 11 Потоа стави го празен на усвитените јаглења за да се загрее! Неговиот бакар нека се вжешти и неговата нечистотија нека се стопи во него!+ Пламенот нека ја проголта неговата ’рѓа!+ 12 Каква мака! Ни со голем напор неговата голема ’рѓа не се вади од него.+ Фрлете ја неговата ’рѓа во оган!‘

13 ‚Ти правеше бесрамни дела во својата нечистотија.+ Затоа сакав да те исчистам, но ти не се исчисти од својата нечистотија.+ Повеќе нема да се исчистиш додека не го истурам својот гнев врз тебе.+ 14 Јас, Јехова, реков така.+ Така и ќе се случи,+ така и ќе направам. Нема да се откажам,+ нема да се смилувам+ и нема да ми е жал.+ Ќе ти судат според твоите патишта и според твоите дела‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.“

15 И повторно ми дојде Јеховината реч: 16 „Сине човечки, еве, со еден удар ќе ти го одземам она што им е мило на твоите очи,+ но немој да се удираш в гради од тага, не плачи и не рони солзи!+ 17 Липај без зборови! Не оплакувај ги мртвите!+ Стави си го покривалото на главата+ и обуј си ги сандалите!+ Не покажувај дека тагуваш покривајќи си ја устата*+ и не јади го лебот што им се дава на ожалостените!“+

18 Изутрината му го кажав ова на народот, а вечерта ми умре жената. Следното утро направив како што ми беше заповедано. 19 А народот ме праша: „Зар нема да ни кажеш што значи за нас тоа што го правиш?“+ 20 Тогаш им реков: „Ми дојде Јеховината реч: 21 ‚Речи му на домот Израелов: „Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе го осквернам своето светилиште,+ она на кое многу се гордеете,+ она што им е мило на вашите очи+ и мило на вашата душа, а вашите синови и вашите ќерки, кои ги оставивте, ќе паднат од меч.+ 22 Тогаш ќе направите така како што направив јас. Нема да покажувате дека тагувате покривајќи си ја устата+ и нема да го јадете лебот што им се дава на ожалостените.+ 23 Ќе ставите покривало на главата и ќе си ги обуете сандалите. Нема да се удирате в гради од тага и нема да плачете,+ туку ќе изгниете во своите престапи+ и ќе липате меѓу себе.+ 24 Езекиел ви е знак.+ Ќе правите сѐ како што прави и тој. Кога ќе се случи тоа,+ тогаш ќе знаете дека јас сум Севишниот Господар Јехова‘ “ ‘ “.+

25 „Сине човечки, во оној ден кога ќе им ја земам тврдината, убавината на која ѝ се радуваат, она што им е мило на нивните очи+ и по кое им копнее душата, нивните синови и ќерки,+ 26 во тој ден ќе дојде кај тебе бегалецот за да ти го јави тоа.+ 27 Во тој ден твојата уста ќе се отвори пред бегалецот,+ па ќе зборуваш и повеќе нема да бидеш нем.+ И ќе им бидеш знак.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова.“+

25 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, сврти го лицето кон синовите на Амон и пророкувај против нив!+ 3 И речи им на синовите на Амон: ‚Чујте ја речта на Севишниот Господар Јехова! Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Затоа што воскликнувавте: ‚Така, така!‘, над моето светилиште, кога беше осквернето, и над земјата Израелова, кога беше опустошена, и над домот на Јуда, кога отиде во изгнанство,+ 4 еве, ќе ве дадам во сопственост на луѓето од Исток,+ и тие ќе си подигнат во вашата земја логори, и ќе ги постават своите шатори во вашата земја. Тие ќе ги јадат вашите плодови и ќе го пијат вашето млеко.+ 5 Ќе ја претворам Рава+ во пасиште за камили, а населбите на синовите на Амон во трла за овци.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова“ ‘ “.+

6 „Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Затоа што плескаше со рацете,+ удираше со нозете и се радуваше полн со презир во душата поради земјата на Израел,+ 7 еве, јас ќе ја подигнам раката против тебе+ и ќе те предадам на народите за да те опљачкаат. Ќе те истребам меѓу народите и ќе те уништам меѓу земјите.+ Ќе те сотрам,+ и тогаш ќе знаеш дека јас сум Јехова‘.

8 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Затоа што Моав+ и Сеир+ велеа: „Гледај, домот на Јуда е како сите други народи“,+ 9 еве, на непријателот му ги отворам падините на моавските ридови кај граничните градови, градови што се украс на таа земја, Вет-Есимот,+ Ваал-Меон+ и Киријатаим,+ 10 па ќе им припаднат на луѓето од Исток,+ како што им припаднаа синовите на Амон.+ Ќе им ја дадам во посед таа земја, и ќе исчезне споменот+ на Амоновите синови меѓу народите. 11 Ќе извршам пресуда во Моав.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова‘.+

12 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Затоа што Едом постапи како одмаздник со домот на Јуда и направи големо зло и му се одмазди,+ 13 вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе ја подигнам раката против Едом+ и ќе ги истребам од него луѓето и стоката,+ и ќе го претворам во пустош од Теман+ до Дедан.+ Ќе паднат од меч. 14 ‚И ќе му се одмаздам на Едом со раката на својот народ Израел.+ Тие ќе постапат со Едом според мојот гнев и според мојата јарост. И тогаш ќе знаат каква е мојата одмазда‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“ ‘.

15 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Затоа што Филистејците постапија како одмаздници+ и се одмаздуваа со презир во душата, пустошејќи+ поради вековното непријателство,+ 16 вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, ќе ја подигнам раката против Филистејците,+ ќе ги истребам Херетејците+ и ќе го сотрам остатокот на морскиот брег.+ 17 Жестоко ќе им се одмаздам и гневно ќе ги казнам.+ И тогаш, кога ќе им се одмаздам, ќе знаат дека јас сум Јехова“ ‘ “.+

26 А во единаесеттата година, на првиот ден од тој месец, ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, вака воскликнуваше Тир+ над Ерусалим:+ ‚Така, така! Разбиена е+ таа врата на народите!+ Сега сите ќе се свртат кон мене. Јас ќе се збогатам, бидејќи тој е опустошен‘.+ 3 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, доаѓам против тебе, Тире, и ќе кренам против тебе многу народи,+ како што морето ги крева брановите.+ 4 Тие ќе ги урнат ѕидиштата на Тир+ и ќе ги разурнат неговите кули,+ а јас ќе ја истружам неговата прашина и ќе го претворам во гола карпа. 5 Ќе стане место за сушење мрежи+ среде морето‘.+

‚Јас реков така,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚и ќе им стане плен на народите. 6 Неговите градови што се на копно ќе бидат погубени со меч. И тогаш ќе се знае дека јас сум Јехова.‘+

7 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, ќе го доведам од север против Тир Навуходоносор, царот на Вавилон,+ царот над царевите,+ со коњи+ и со бојни коли,+ со коњаници и со чети, со многуброен народ.+ 8 Тој ќе ги погуби со меч твоите градови што се на копно и ќе подигне против тебе опсаден ѕид, ќе направи опсаден насип+ и ќе подигне против тебе голем штит. 9 Со справи за разбивање ќе удира во твоите ѕидишта и со своето оружје ќе ги урне твоите кули. 10 Од мноштвото негови коњи сиот ќе бидеш прекриен со прав.+ Од татнежот на коњаниците, на тркалата и на бојните коли ќе се затресат твоите ѕидишта, кога тој ќе влезе низ твоите порти, како што се влегува во град чии ѕидишта се пробиени. 11 Со копитата на своите коњи ќе ги изгазат сите твои улици.+ Твојот народ ќе го убијат со меч, столбовите на твојата сила ќе паднат на земја. 12 Ќе го опленат твоето богатство+ и ќе ја опљачкаат стоката со која тргуваше.+ Ќе ги разурнат твоите ѕидишта и ќе ги урнат твоите прекрасни куќи. Твоите камења, твојата дрвенарија и твојот прав ќе го фрлат среде водата‘.

13 ‚Ќе ја стивнам вревата на твоите песни,+ и звукот на твоите харфи повеќе нема да се слуша.+ 14 Ќе те претворам во гола карпа.+ Ќе станеш место за сушење мрежи.+ Никогаш повеќе нема да бидеш изграден, зашто јас, Јехова, реков така‘, вели Севишниот Господар Јехова.+

15 Вака му вели Севишниот Господар Јехова на Тир: ‚Зар нема островите* да се потресат од твоето громогласно паѓање, кога ќе застенка смртно ранетиот, кога во тебе ќе почне убивањето и колежот?+ 16 Ќе слезат од престолите+ сите морски поглавари,+ ќе ги симнат своите наметки и ќе ги соблечат везените облеки. Ќе се облечат со трепет. Ќе седнат на земја+ и ќе треперат без престан+ и вчудовидено ќе те гледаат. 17 И ќе пеат тажачка за тебе+ и ќе ти велат:

„Пропадна, о граде населен со луѓе од морињата,+ граде славен, кој беше силен на море,+ ти и твоите жители, оние што беа страв за сите луѓе на земјата! 18 Островите ќе затреперат во денот на твојот пад. Островите во морето ќе се вознемират поради твојата пропаст“ ‘.+

19 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Кога ќе те претворам во опустошен град, какви што се градовите во кои нема жители, кога ќе ја доведам против тебе водната бездна, па ќе те покријат големи води,+ 20 и тебе, како и сите други, ќе те соборам в гроб, кај оние што одамна се мртви,+ ќе те сместам во најдлабоките предели на земјата,+ за да бидеш заедно со другите места кои одамна се опустошени и со сите други што заминуваат во гроб,+ за да останеш без жители. И ќе поставам украс во земјата на живите.+

21 Ќе доведам врз тебе пропаст која не ја очекуваш,+ и ќе те снема. Ќе те бараат,+ но никогаш повеќе нема да те најдат‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“.

27 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „А ти, сине човечки, запеј тажачка за Тир+ 3 и речи му на Тир:

,Ти што лежиш на влезовите кон морето+ и тргуваш со народите на многу острови,+ вака ти вели Севишниот Господар Јехова: „Тире, ти рече: ‚Јас сум брод со совршена убавина‘.+ 4 Твојата земја е среде морето.+ Твоите градители те украсија со совршена убавина.+ 5 Ги направија твоите штици од сенирски смреки.+ Го зедоа ливанскиот кедар+ за да ти направат јарбол. 6 Од големите васански стебла ти ги направија веслата. Клунот ти го направија од кипарис од китимските острови,+ обложен со слонова коска. 7 Распнаа разнобоен египетски лен+ за да ти биде едро. Од сина преѓа+ и од црвеникаво-виолетова волна+ од островите Елиса+ изработија покривало за твојата палуба.

8 Жителите на Сидон+ и на Арвад+ беа твои веслачи. Твоите вешти луѓе,+ о Тире, беа твои морепловци.+ 9 Искусни занаетчии и вешти луѓе од Гевал+ ги поправаа твоите пукнатини.+ Сите морски бродови и нивните морнари беа во тебе за да разменуваат стоки. 10 Персијците+ и Лудејците+ и луѓето од Фут+ беа твоја војска, твои воини. Во тебе ги обесуваа штитот и шлемот.+ Тие ти ја дадоа убавината. 11 Синовите на Арвад,+ твојата војска, беа на твоите околни ѕидишта, во твоите кули имаше смели луѓе. Своите тркалезни штитови ги обесуваа насекаде по твоите ѕидишта.+ Тие те украсија со совршена убавина.

12 Ти и Тарсис+ тргувавте меѓу себе со мноштво разновидни богатства.+ Ти добиваше од него сребро, железо, калај и олово за твоја трговска стока.+ 13 Јаван,+ Тувал+ и Месех+ тргуваа со тебе. Ти добиваше човечки души+ и предмети од бакар во замена за своите стоки. 14 Потомците на Тогарма+ даваа коњи, бојни коли и маски во замена за твоите стоки. 15 Синовите на Дедан+ тргуваа со тебе. Многу острови работеа за тебе како трговци. Ти возвраќаа со слонова коска+ и со абонос како дар. 16 Едом тргуваше со тебе поради мноштвото твои производи. Ти добиваше тиркиз,+ црвеникаво-виолетова волна, разнобојни ткаенини, фино платно, корали и рубини во замена за твоите стоки.

17 Јуда и земјата на Израел тргуваа со тебе. Ти добиваше пченица+ од Минит,+ посебна храна, мед,+ масло и балсам+ во замена за твоите стоки.+

18 Поради многуте твои производи, поради сето твое големо богатство, Дамаск+ ти продаваше вино+ од Хелвон и црвеникаво-сива волна. 19 Ведан и Јаван од Узал ги разменуваа своите стоки со тебе. Добиваше предмети од ковано железо, касија и мирислива трска+ во замена за своите стоки. 20 Дедан+ тргуваше со тебе со исткаени простирки за јавање. 21 Арапите+ и сите кидарски+ поглавари работеа за тебе како трговци. Тргуваа со тебе со јагниња, со овни и со јарци.+ 22 Трговците од Сава+ и од Рама+ тргуваа со тебе. За твоите стоки добиваше најдобри мириси од секаков вид, секаков вид скапоцен камен и злато.+ 23 Харан,+ Кане и Еден,+ трговците од Сава,+ Асур+ и Хилмад тргуваа со тебе. 24 На твоите пазари тие тргуваа со тебе со раскошни облеки, со наметки исткаени од сина преѓа и од друга разнобојна преѓа, со двобојни теписи, со плетени и цврсти јажиња.

25 Тарсиските бродови+ како каравани ги превезуваа твоите стоки, така што ти се наполни и стана многу славен на отворено море.+

26 Твоите веслачи те доведоа на морската шир.+ Источниот ветар те разби на отворено море.+ 27 Твоето богатство и твоите резерви,+ стоките со кои тргуваше,+ твоите морнари и твоите морепловци,+ оние што ги поправаат твоите пукнатини+ и оние што тргуваат со твоите стоки и сите твои воини+ што се во тебе и во сето твое мноштво, сите што се во тебе, ќе потонат во срцето на отвореното море во денот на твојата пропаст.+

28 Кога ќе се чуе лелекот на твоите морепловци, бреговите ќе се затресат.+ 29 Сите веслачи, морнари, сите морепловци ќе слезат од своите бродови и ќе застанат на копното.+ 30 Ќе се чуе нивниот глас кога ќе почнат горко да плачат за тебе.+ Ќе си посипуваат прав врз главите,+ ќе се прпелаат во пепелта.+ 31 Ќе си ги избричат главите поради тебе,+ ќе си препашаат козина+ и ќе плачат за тебе со горчина во душата+ и горко ќе тажат. 32 Во својата жалост ќе ти запеат тажачка и ќе те оплакуваат:+

‚Кој е како Тир,+ кој е усмртен* среде море?+ 33 Кога твоите стоки+ пристигнуваа од отвореното море,+ ти заситуваше многу народи.+ Со изобилството од твоето богатство и со стоките за размена ти ги збогати земните цареви.+ 34 А сега, отвореното море те разби, ти потона во водните длабочини.+ Твоите стоки и сето твое мноштво+ пропадна во тебе. 35 Сите што живеат на островите+ ќе те гледаат вчудовидено, нивните цареви ќе се тресат од страв.+ Лицата ќе се исполнат со немир.+ 36 Трговците од другите народи ќе потсвирнуваат од зачуденост поради тебе.+ Ќе те снајде пропаст која не ја очекуваш, и ќе те снема засекогаш‘ “ ‘ “.+

28 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, речи му на тирскиот водач: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова:

„Твоето срце се возгордеа,+ па велиш: ‚Јас сум бог+ и седам на божји престол,+ на отворено море‘,+ иако си земен човек,+ а не бог,+ и своето срце го изедначуваш со божјето срце... 3 Ете, помудар си од Даниел.+ Ниту една тајна не ти е скриена.+ 4 Со својата мудрост и со својата разборитост ти стекна богатство и постојано собираш злато и сребро во своите ризници.+ 5 Со својата голема мудрост,+ со своите трговски стоки,+ стекна големо богатство,+ па срцето ти се возгордеа поради богатството“ ‘.+

6 ‚Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Затоа што го изедначуваш своето срце со божјето срце,+ 7 ќе доведам против тебе туѓинци,+ оние што ги угнетуваат народите,+ и тие ќе ги извлечат мечевите против твојата прекрасна мудрост и ќе го осквернат твојот сјај.+ 8 Ќе те соборат во јама+ и ќе умреш како што умираат оние што се погубени на отворено море.+ 9 Дали и тогаш, пред својот крвник, ќе речеш: ‚Јас сум бог‘,+ кога си само земен човек, а не бог,+ во раката на оние што те осквернуваат?“ ‘

10 ‚Ќе умреш од раката на туѓинци како што умираат необрежаните,+ зашто јас реков така‘, вели Севишниот Господар Јехова“.

11 И повторно ми дојде Јеховината реч: 12 „Сине човечки, запеј тажачка за тирскиот цар+ и речи му: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова:

„Ти си печат на совршенството,* полн си со мудрост+ и совршено си убав.+ 13 Ти беше во Еден, во Божјата градина.+ Те покриваа секакви скапоцени камења, рубин, топаз и јаспис, хризолит, оникс+ и нефрит, сафир, тиркиз+ и смарагд, а од злато беа изработени твоите рамки и твоите лежишта, кои те красеа. Беа подготвени за тебе во денот кога беше создаден. 14 Ти беше помазан херувим* заштитник, јас те поставив. Ти беше на Божјата света гора.+ Одеше среде огнени камења. 15 Беше без недостаток* на своите патишта од денот кога беше создаден+ сѐ додека во тебе не се најде неправедноста.+

16 Поради изобилството твои трговски стоки,+ се наполни со насилство, па почна да правиш грев.+ Затоа, ќе те отстранам таков обесчестен од Божјата гора и ќе те погубам,+ о херувиму заштитнику, за да не бидеш повеќе меѓу вжарените камења.

17 Срцето ти се возгордеа поради твојата убавина.+ Ја уништи својата мудрост поради твојот сјај.+ Ќе те фрлам на земја.+ Ќе те поставам пред цареви за да те гледаат со презир.+

18 Со мноштвото свои престапи,+ со нечесното тргување со твоите стоки+ ти ги оскверни своите светилишта. Затоа ќе пуштам оган среде тебе, и тој ќе те проголта.+ Ќе те претворам во пепел на земјата пред очите на сите што те гледаат.+ 19 Сите што те познаваат меѓу народите ќе те гледаат вчудовидено.+ Ќе те снајде пропаст која не ја очекуваш, и ќе те снема засекогаш“ ‘ “.+

20 И повторно ми дојде Јеховината реч: 21 „Сине човечки, сврти го лицето кон Сидон+ и пророкувај против него! 22 Речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Доаѓам против тебе,+ о Сидоне, и ќе се прославам среде тебе.+ И тогаш ќе се знае дека јас сум Јехова, кога ќе извршам пресуда+ против него и кога ќе ја објавам мојата светост во него.+ 23 И ќе испратам помор во него и по неговите улици ќе тече крв.+ Ќе паѓаат среде него убиени од мечот што ќе дојде отсекаде против него.+ И тогаш ќе се знае дека јас сум Јехова.+ 24 Меѓу сите што се околу домот на Израел, кои го презираат, ќе нема повеќе никаква боцка која ќе го боде,+ ниту трн што ќе му нанесува болка. И тогаш ќе се знае дека јас сум Севишниот Господар Јехова“ ‘.

25 ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Кога ќе го соберам домот на Израел од народите меѓу кои се расеани,+ ќе ја објавам меѓу нив мојата светост пред очите на другите народи.+ И ќе живеат во својата земја,+ која му ја дадов на мојот слуга Јаков.+ 26 Ќе живеат во неа без страв,+ ќе градат куќи+ и ќе садат лозја.+ Ќе живеат без страв+ кога ќе извршам пресуда над сите оние наоколу што ги презираат.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, нивниот Бог“ ‘ “.

29 Во десеттата година, во десеттиот месец, на дванаесеттиот ден од тој месец, ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, сврти го лицето кон фараонот, египетскиот цар,+ и пророкувај против него и против целиот Египет!+ 3 Зборувај и речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, доаѓам против тебе, фараону, царе египетски,+ морско чудовиште,+ кое лежи среде своите нилски канали+ и вели: ‚Мојот Нил ми припаѓа мене, јас го направив за себе‘.+ 4 Ќе ти ставам куки во челуста+ и ќе ти залепам за лушпите риби од твоите канали. Ќе те извлечам од твоите канали заедно со сите риби во каналите што ќе ти се залепат за лушпите. 5 Ќе ве оставам во пустината и тебе и сите риби од твоите канали.+ Ќе паднеш на земја во полето.+ Никој нема да те прибере, ниту да те собере. Ќе те дадам за храна на земните ѕверови и на небесните птици.+ 6 И тогаш сите жители на Египет ќе знаат дека јас сум Јехова,+ зашто тие беа трска на која се потпре домот Израелов.+ 7 Кога те фатија со рака, ти се скрши+ и им го расече целото рамо. А кога се потпреа на тебе, ти се прекрши+ и поради тебе на сите им се тресеа бедрата“.+

8 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, ќе доведам против тебе меч+ и ќе ги истребам од тебе луѓето и стоката.+ 9 И египетската земја ќе стане пустош и урнатина.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, зашто рече: ‚Нил ми припаѓа мене, јас го создадов‘.+ 10 Затоа, еве, доаѓам против тебе и против твоите нилски канали+ и ќе ја претворам египетската земја во урнатини, во сува земја и во пустош,+ од Мигдол+ до Сиена+ и до етиопската граница. 11 По неа нема да поминува човечка нога,+ ниту животинска нога,+ четириесет години ќе биде ненаселена.+ 12 Ќе ја претворам египетската земја во пустош среде опустошените земји.+ Нејзините градови ќе бидат пустош четириесет години среде опустошените градови.+ Ќе ги распрснам Египќаните меѓу народите и ќе ги расеам низ земјите“.+

13 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Кога ќе поминат четириесет години,+ ќе ги соберам Египќаните од народите меѓу кои беа распрснати+ 14 и ќе ги вратам заробените Египќани, ќе ги вратам во земјата Патрос,+ во земјата од која потекнуваат, и таму ќе основаат слабо царство. 15 Ќе биде послабо од другите царства и никогаш повеќе нема да се издигне над другите народи,+ а јас ќе направам да бидат толку малобројни што не ќе можат да подјармуваат други народи.+ 16 И повеќе нема да му биде надеж на домот на Израел,+ па тој повеќе нема да ме потсетува на својот грев со тоа што ќе им се обраќа за помош.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Севишниот Господар Јехова“ ‘ “.

17 Во дваесет и седмата година, во првиот месец, на првиот ден од тој месец, ми дојде Јеховината реч: 18 „Сине човечки, царот на Вавилон, Навуходоносор,+ ја испрати својата војска на тешка задача да го освои Тир.+ Секоја глава оќелаве и секое рамо се одра.+ Но ниту за него ниту за неговата војска немаше плата+ за тоа што тргнаа на тешка задача да го освојат Тир.

19 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, му ја давам египетската земја на Навуходоносор, царот на Вавилон,+ и тој ќе го однесе нејзиното богатство и ќе земе голем плен+ и ќе се награба во неа. Тоа ќе биде плата за неговата војска‘.

20 ‚Како надоместок за тоа што тргна против Тир му ја давам египетската земја, зашто работеше за мене‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.

21 Во тој ден ќе направам да му порасне рог на домот на Израел,+ а тебе ќе ти дадам можност да ја отвориш својата уста среде нив.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова“.

30 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, пророкувај и речи:+ ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Плачете горко: ‚Леле, доаѓа денот!‘+ 3 — зашто, близу е денот, близу е Јеховиниот ден.+ Тоа ќе биде облачен ден,+ време за да им се суди на народите.+ 4 Мечот ќе дојде во Египет,+ а тешки болки ќе ја обземат Етиопија кога убиените ќе почнат да паѓаат во Египет, кога ќе го грабнат неговото богатство и кога ќе му бидат урнати темелите.+ 5 Етиопија,+ Фут+ и Луд и сите оние од другите народи*+ и Хув и синовите на земјата која е во сојуз ќе паднат од меч со него“ ‘.+

6 Вака вели Јехова: ‚Ќе паднат оние што го поддржуваат Египет, ќе пропадне гордоста и неговата сила‘.+

‚Од Мигдол+ до Сиена+ ќе паѓаат во него од меч‘, вели Севишниот Господар Јехова. 7 ‚Ќе биде најголема пустош меѓу сите опустошени земји, а неговите градови ќе бидат најопустошени од сите градови.+ 8 И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, кога ќе запалам оган во Египет и кога ќе бидат сотрени сите негови помагачи.+ 9 Во тој ден гласници ќе тргнат откај мене во бродови за да ја заплашат самоуверената Етиопија.+ Тешки болки ќе ја снајдат во денот на пропаста на Египет, зашто, еве, ќе дојде.‘+

10 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе го сотрам египетското мноштво со раката на Навуходоносор, царот на Вавилон.+ 11 Тој и неговиот народ со него, оние што ги угнетуваат народите,+ ќе бидат доведени да ја претворат земјата во урнатини. Ќе ги извлечат мечевите против Египет и ќе ја наполнат земјата со убиени.+ 12 А јас ќе ги исушам нилските канали+ и ќе ја предадам* земјата во рацете на злите.+ Со рацете на туѓинци ќе ја опустошам земјата и она што е во неа.+ Јас, Јехова, реков така‘.+

13 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе ги уништам одвратните идоли*+ и ќе ги истребам безвредните богови од Ноф,*+ и ќе нема повеќе поглавар од египетската земја. И ќе пуштам страв врз египетската земја.+ 14 Ќе го опустошам Патрос,+ ќе запалам оган во Соан+ и ќе извршам пресуда во Но.+ 15 Ќе го излеам својот гнев+ врз Син, египетската тврдина, и ќе го истребам мноштвото во Но.+ 16 Ќе запалам оган во Египет. Син ќе го обземат тешки болки, Но ќе биде освоен кога ќе му ги пробијат ѕидиштата, а Ноф ќе го напаѓаат непријателите дење. 17 Момчињата од Он*+ и од Пи-Весет ќе паднат од меч, градовите ќе отидат во заробеништво. 18 Во Тафнис+ ќе се помрачи денот кога таму ќе го скршам египетскиот јарем.+ Ќе исчезне во него гордоста и неговата сила.+ Тафнис ќе го прекријат облаци+ и неговите околни градови ќе отидат во заробеништво.+ 19 Ќе извршам пресуда над Египет,+ и тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова‘ “.

20 Во единаесеттата година, во првиот месец, на седмиот ден од тој месец, ми дојде Јеховината реч: 21 „Сине човечки, ќе му ја скршам раката+ на фараонот, на царот на Египет. Еве, никој нема да ја завие и нема да ја прицврсти со некаков завој за да оздрави+ и да има сила да го држи мечот“.

22 „Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, доаѓам против фараонот, царот на Египет,+ и ќе му ги скршам рацете,+ и силната и скршената,+ и ќе му го избијам мечот од раце.+ 23 Ќе ги распрснам Египќаните меѓу народите и ќе ги расеам по земјите.+ 24 Ќе му ги зајакнам рацете на вавилонскиот цар+ и ќе му го дадам својот меч нему в раце,+ и ќе му ги скршам рацете на фараонот, па ќе стенка пред него како смртно ранет човек.+ 25 Ќе му ги зајакнам рацете на вавилонскиот цар, а рацете на фараонот ќе изгубат сила. И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, кога ќе му го дадам својот меч во рака на вавилонскиот цар и кога тој ќе замавне со него против египетската земја.+ 26 Ќе ги распрснам Египќаните меѓу народите+ и ќе ги расеам по земјите. И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова‘.“

31 А во единаесеттата година, во третиот месец, на првиот ден од тој месец, ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, речи им на фараонот, египетскиот цар, и на неговото мноштво:+

‚На кого личиш со својата величина? 3 На Асирецот и на ливанскиот кедар,+ со убави гранки,+ со густа крошна што фрла сенка и со висок раст,+ чиј врв е меѓу облаците!+ 4 Водите му го дадоа растот,+ длабоките води му овозможија да порасне високо, водни текови течеа секаде околу местото каде што беше посаден кедарот, водата течеше низ канали до сите полски дрвја. 5 Затоа, тој кедар ги надвиши со својот раст сите полски дрвја.+

Гранките му се намножија и се ширеа поради изобилството вода во неговите потоци.+ 6 На неговите гранки сите небесни птици свиваа гнезда.+ Под неговите гранки сите полски ѕверови ги раѓаа своите младенчиња.+ А во неговата сенка живееја сите големи народи. 7 Беше убав поради својата големина,+ поради својата бујна крошна, бидејќи неговите корења се протегаа над големи води. 8 Другите кедри во Божјата градина не му беа рамни.+ Смреките не можеа да се споредат со неговите гранки. Чинарите немаа гранки како неговите. Ниту едно дрво во Божјата градина не можеше да се спореди со него по убавина.+ 9 Го украсив со голема крошна,+ а сите останати еденски дрвја, кои беа во градината на вистинскиот Бог му завидуваа‘.+

10 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Поради тоа што нарасна високо, па со својот врв се издигна меѓу облаците,+ и срцето му се стана гордо поради неговата висина,+ 11 ќе го дадам во раката на оние што господарат со народите.+ Тие ќе навалат на него. Ќе го истерам поради неговата злоба.+ 12 Туѓинци, оние што ги угнетуваат народите, ќе го исечат, и ќе биде оставен на планините. Неговата крошна ќе падне врз сите долини, неговите искршени гранки ќе лежат по сите речни корита на земјата.+ Сите земни народи ќе излезат од неговата сенка и ќе го остават.+ 13 На неговото соборено стебло ќе живеат сите небесни птици, на неговите гранки ќе се населат сите полски ѕверови,+ 14 за повеќе ниту едно дрво посадено покрај вода да не порасне високо и со врвот да не се издигне меѓу облаците, и ниту едно дрво што пие вода да не ги достигне со својата висина, зашто сите тие ќе бидат предадени на смртта,+ фрлени во подземните предели,+ меѓу човечките синови, кај оние што отишле во гробната јама‘.

15 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Во денот кога тој ќе оди во гробот,* ќе направам да тагуваат по него.+ Поради него, ќе ги покријам длабоките води и ќе ги запрам водните текови, па ќе престанат да дотечуваат големите води. Поради него, ќе го помрачам Ливан и, поради него, полските дрвја ќе паѓаат во несвест. 16 Со неговиот громогласен пад ќе ги затресам народите кога ќе го кутнам во гробот* со оние што заминуваат во јамата,+ па сите еденски дрвја+ ќе се утешат+ во подземните краишта, најдобрите и најубавите дрвја на Ливан, сите дрвја што пијат вода. 17 Со него и тие ќе отидат во гробот,*+ кај оние што се погубени со меч, а исто така и оние што како негово потомство живееја во неговата сенка меѓу народите‘.+

18 ‚Значи, на кого личиш меѓу еденските дрвја+ по својата слава+ и величина? Но ќе бидеш соборен во подземните краишта заедно со еденските дрвја.+ Ќе почиваш меѓу необрежаните заедно со оние што се погубени со меч. Тоа е фараонот и сето негово мноштво‘, вели Севишниот Господар Јехова“.

32 Во дванаесеттата година, во дванаесеттиот месец, на првиот ден од тој месец, ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, запеј тажачка за фараонот, царот на Египет, и речи му: ‚Иако беше како лав меѓу народите, пропадна!*+

Ти беше како чудовиште во морето,+ трчаше по своите реки, ја матеше водата со нозете и им ги валкаше реките‘.

3 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе распнам мрежа над тебе+ со помош на многу народи, и тие ќе те уловат во мојата мрежа.+ 4 Ќе те оставам на земјата. Ќе те фрлам во полето.+ Ќе ги пуштам сите небесни птици да слетаат на тебе и ќе ги наситам со тебе ѕверовите од целата земја.+ 5 Твоето месо ќе го расфрлам по планините и ќе ги наполнам долините со твоите останки.+ 6 Ќе ја напојам земјата со твојата крв,+ која ќе потече од тебе по планините, и речните корита ќе се наполнат со твоите останки‘.

7 ‚А кога ќе угаснеш, ќе ги покријам небесата и ќе ги помрачам нивните ѕвезди. Сонцето ќе го прекријам со облаци и месечината повеќе нема да свети со својата светлина.+ 8 Сите извори на светлина на небото ќе ги помрачам поради тебе и ќе распрострам темнина на твојата земја‘, вели Севишниот Господар Јехова.

9 ‚Ќе ги вознемирам срцата на многу народи кога ќе го одведам твојот заробен народ меѓу народите, во земји што не ги знаеш.+ 10 Ќе заплашам многу народи со тебе,+ и нивните цареви ќе треперат од страв поради тебе кога ќе замавнам со својот меч накај нивните лица,+ па ќе треперат непрестајно, секој за својата душа, во денот на твојата пропаст.‘+

11 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Мечот на вавилонскиот цар ќе дојде против тебе.+ 12 Твоето мноштво ќе го погубам со мечевите на сите јунаци кои угнетуваат народи.+ Тие ќе ја опустошат гордоста на Египет и ќе го истребат сето негово мноштво.+ 13 И ќе ја убијам сета негова стока што е покрај многуте води,+ па повеќе нема да ги мати ниту човечка нога+ ниту животинско копито‘.

14 ‚Тогаш ќе ги разбистрам нивните води и ќе направам нивните реки да течат како масло‘, вели Севишниот Господар Јехова.

15 ‚Кога ќе ја опустошам египетската земја, кога ќе исчезне сѐ што е во неа,+ кога ќе ги погубам сите нејзини жители, тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова.+

16 Ова е тажачка што ќе се пее. Жените од народите ќе ја пеат, ќе ја пеат над Египет и над целото негово мноштво‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“.

17 Во дванаесеттата година, на петнаесеттиот ден од тој месец,* ми дојде Јеховината реч: 18 „Сине човечки, тажи над египетското мноштво и кутни го+ него и другите моќни народи во подземните предели,+ со оние што заминуваат во јамата.+

19 ‚Од кого си поубав?+ Оди во јамата и почини со необрежаните!‘+

20 ‚Египќаните ќе паднат меѓу оние што се погубени со меч.+ Египет е предаден на меч. Одвлечете ги него и сето негово мноштво!

21 Најголемите јунаци ќе зборуваат од гробот,* со него и со неговите помагачи.+ В гроб ќе одат Египќаните,+ ќе исполегнат како необрежани, погубени со меч. 22 Таму е Асирија и сето нејзино мноштво.+ Гробовите на нејзините луѓе се насекаде околу нивниот цар. Сите се погубени, покосени со меч.+ 23 Зашто, нејзиниот гроб лежи на дното од јамата,+ а нејзиното мноштво лежи насекаде врз нејзините урнатини — сите се погубени, покосени со меч, бидејќи сееја страв во земјата на живите.

24 Таму се Елам+ и сето негово мноштво, насекаде врз неговите урнатити — сите се погубени, покосени со меч. Како необрежани отидоа во подземните краишта, а некогаш сееја страв во земјата на живите. И ќе го носат својот срам заедно со оние што заминуваат во јамата.+ 25 Среде погубените му наместија одар+ меѓу сето негово мноштво. Гробовите на неговиот народ се насекаде околу неговиот одар. Сите тие се необрежани, покосени со меч,+ бидејќи сееја страв во земјата на живите. И ќе го носат својот срам заедно со оние што заминуваат во јамата. Положен е меѓу погубените.

26 Таму се Месек+ и Тувал+ и сето нивно мноштво. Гробовите на нивните народи се насекаде околу нивните цареви. Сите тие се необрежани, покосени со меч, бидејќи сееја страв во земјата на живите. 27 Зарем нема да лежат со јунаците+ што паднаа како необрежани, кои отидоа во гробот* со своето оружје? И нивните мечеви ќе им ги стават под глава, а нивните престапи ќе бидат на нивните коски,+ бидејќи јунаците сееја страв во земјата на живите.+ 28 А ти ќе бидеш сотрен среде необрежаните и ќе лежиш со оние што се погубени со меч.

29 Таму е Едом,+ неговите цареви и сите негови поглавари кои, и покрај своето јунаштво, се положени меѓу оние што се погубени со меч.+ Тие ќе лежат со необрежаните+ и со оние што заминуваат во јамата.

30 Таму се сите кнезови од север и сите Сидонци,+ кои отидоа посрамени меѓу погубените, иако беа страшни поради своето јунаштво. Тие ќе лежат необрежани со оние што се погубени со меч и ќе го носат својот срам заедно со оние што заминуваат во јамата.+

31 Фараонот ќе ги види нив и ќе се утеши поради сето свое мноштво.+ Фараонот и сета негова војска ќе бидат погубени со меч‘, вели Севишниот Господар Јехова.

32 ‚Зашто, фараонот и сето негово мноштво сееја страв во земјата на живите,+ затоа ќе лежат меѓу необрежаните, со оние што се погубени со меч‘, вели Севишниот Господар Јехова“.

33 И ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, зборувај им на синовите на својот народ+ и речи им:

‚Кога против некоја земја ќе испратам меч,+ а народот на таа земја* сложно одреди човек и го постави за свој стражар,+ 3 и кога тој ќе види дека доаѓа меч против земјата, па затруби во рог и го предупреди народот,+ 4 но оној што го слуша звукот на рогот не го послуша предупредувањето,+ па дојде мечот и го погуби, неговата крв ќе падне на негова глава.+ 5 Го чул звукот на рогот, но не го послушал предупредувањето. Неговата крв ќе падне на него. Да го послушал предупредувањето, ќе ја избавел својата душа.+

6 А ако стражарот види дека доаѓа мечот, но не затруби во рог+ и не го предупреди народот, па дојде мечот и погуби некоја душа меѓу нив, таа ќе умре поради својот престап,+ но нејзината крв ќе ја барам од раката на стражарот‘.+

7 Тебе, сине човечки, те поставив за стражар на домот на Израел.+ Слушај ја речта од мојата уста и опоменувај ги во мое име!+ 8 Кога ќе му речам на злиот: ‚Злосторнику, ќе умреш!‘+ — а ти не проговориш и не го опоменеш злосторникот за да го одвратиш од неговиот пат,+ тој ќе умре поради својот престап, бидејќи прави зло,+ но неговата крв ќе ја барам од твојата рака. 9 Но, ако го опоменеш злиот да се одврати од својот пат, а тој не се одврати од него, тој ќе умре поради својот престап,+ а ти ќе ја избавиш својата душа.+

10 Затоа, сине човечки, речи му на домот на Израел: ‚Вие велите: „Нашите престапи* и нашите гревови лежат врз нас и гниеме во нив,+ како тогаш ќе останеме живи?“ ‘+ 11 Речи им: ‚„Како што сум жив јас“, вели Севишниот Господар Јехова, „не ми е мило да умре злосторникот,+ туку злосторникот да се одврати+ од својот пат и да остане жив.+ Одвратете се, одвратете се од своите зли патишта!+ Зошто да умрете, доме Израелов?“ ‘+

12 Сине човечки, речи им на синовите на својот народ: ‚Праведникот нема да го избави неговата праведност во денот кога ќе згреши,*+ ниту злосторникот ќе страда поради својата злоба во денот кога ќе се одврати од својата злоба,+ како што ни праведникот нема да остане жив поради својата праведност во денот кога ќе згреши.+ 13 Кога ќе му речам на праведникот: „Ќе живееш“, а тој почне да се надева на својата праведност и почне да постапува неправедно,+ ќе се заборават сите негови праведни дела, па ќе умре поради неправдата што ја направил.+

14 А кога ќе му речам на злиот: „Ќе умреш“,+ а тој се одврати од својот грев+ и почне да го прави она што е справедливо и праведно,+ 15 па го врати она што го зел во залог,+ го плати она што го ограбил+ и почне да живее* според одредбите што значат живот и не постапува неправедно,+ ќе остане жив.+ Нема да умре. 16 Сите гревови што ги направил ќе му бидат заборавени+ зашто сега го прави она што е справедливо и праведно. Затоа ќе остане жив‘.+

17 А синовите на твојот народ велат: ‚Јеховиниот пат не е прав‘,+ но нивниот пат е тој што не е прав.

18 Ако праведникот се одврати од својата праведност и почне да постапува неправедно, ќе умре поради тоа.+ 19 А ако злосторникот се одврати од своето зло и почне да го прави тоа што е право и праведно, ќе остане жив поради тоа.+

20 А вие велите: ‚Јеховиниот пат не е прав‘.+ Секому од вас ќе му судам според неговите патишта,+ доме Израелов“.

21 Во дванаесеттата година од нашето изгнанство, во десеттиот месец, на петтиот ден од тој месец, кај мене дојде бегалец од Ерусалим+ и рече: „Градот падна!“+

22 А Јеховината рака се спушти врз мене вечерта пред да дојде бегалецот,+ и Бог ми ја отвори устата пред да дојде тој кај мене изутрината. И така ми се отвори устата, па повеќе не бев нем.+

23 И ми дојде Јеховината реч: 24 „Сине човечки, оние што живеат во тие опустошени места,+ за земјата Израел велат: ‚Авраам беше сам, па ја зазеде оваа земја,+ а ние сме многу — нам ни е дадена во сопственост оваа земја‘.+

25 Затоа, речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Вие јадете месо со крв+ и ги подигате очите кон своите одвратни идоли*+ и пролевате крв.+ Како може да ја поседувате оваа земја?+ 26 Се потпирате на својот меч.+ Правите гнасотии+ и секој ја обесчестува жената на својот ближен.+ Како може да ја имате во сопственост оваа земја?“ ‘+

27 Речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Како што сум жив јас, оние што живеат во опустошените места ќе паднат од меч,+ оној што е во полето ќе им го дадам за храна на ѕверовите,+ а оние што се во тврдините и во пештерите,+ ќе изумрат од помор. 28 Оваа земја ќе ја претворам во пустош,+ во пустина, и ќе исчезнат гордоста и нејзината сила+ и ќе опустат планините на Израел,+ па никој нема да поминува низ нив. 29 И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, кога ќе ја претворам земјата во пустош,+ во пустина, поради сите гнасотии што ги направија“ ‘.+

30 А за тебе, сине човечки, синовите на твојот народ си раскажуваат еден на друг, покрај ѕидовите и на куќните порти,+ си раскажуваат еден на друг, секој на својот брат, велејќи: ‚Дојдете, ве молам, да слушнеме каква реч дошла од Јехова!‘+ 31 И доаѓаат кај тебе како на народен собир, па седнуваат пред тебе како мој народ+ и ги слушаат твоите зборови, ама не ги извршуваат,+ бидејќи со своите усти зборуваат за своите сладострасни желби и нивното срце оди по неправедна добивка.+ 32 И гледај, ти си им како љубовна песна, како пејач со убав глас, кој добро свири на жици.+ Ги слушаат твоите зборови, но никој од нив не ги извршува.+ 33 А кога сето тоа ќе се исполни — а ќе се исполни+ — тогаш ќе знаат дека меѓу нив имало пророк“.+

34 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, пророкувај против пастирите на Израел! Пророкувај и речи им на тие пастири: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Тешко на пастирите на Израел,+ кои се пасат самите себе!+ Не треба ли пастирите да го пасат стадото?+ 3 Го јадете најдоброто месо+ и се облекувате со волна, колете+ згоени+ животни, а стадото не го пасете. 4 Слабите не ги зајакнувате,+ болните не ги лекувате, ранетите не ги преврзувате, заскитаните не ги доведувате назад, изгубените не ги барате,+ туку господарите со нив грубо и свирепо.+ 5 И овците се распрснаа бидејќи немаат пастир,+ па така распрснати им станаа храна на полските ѕверови.+ 6 Моите овци скитаат по сите планини и по сите високи ридови.+ По целата земја се распрснати моите овци,+ а никој не ги бара, никој не оди да ги бара.

7 Затоа, пастири, чујте ја Јеховината реч! 8 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Како што сум жив јас, затоа што моите овци станаа плен и затоа што моите овци се храна на сите полски ѕверови, бидејќи немаат пастир, и затоа што моите пастири не ги бараат моите овци, туку пастирите се пасат самите себе,+ а не ги пасат моите овци, 9 затоа чујте ја, пастири, Јеховината реч!‘ 10 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, доаѓам против пастирите!+ Ќе ги побарам своите овци од нивните раце и повеќе нема да им дозволам да ги пасат моите овци,+ и пастирите повеќе нема да се пасат самите себе.+ Ќе ги избавам своите овци од нивната уста, тие нема повеќе да им бидат храна‘ “.+

11 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве ме, јас ќе ги побарам своите овци и ќе се погрижам за нив.+ 12 Како што оној кој го пасе стадото се грижи за своите овци+ кога ќе ги најде расеани+ така и јас ќе се погрижам за своите овци. Ќе ги избавам од сите места низ кои се распрснаа во денот на облакот и на густата темнина.+ 13 И ќе ги изведам+ од сите народи и ќе ги соберам од сите земји и ќе ги доведам во нивната земја+ и ќе ги пасам на израелските планини, крај потоци и крај сите населени места во земјата.+ 14 На добри пасишта ќе ги пасам, трлото ќе им биде на високите израелски планини.+ Таму ќе почиваат во добро трло+ и ќе пасат на сочни пасишта на израелските планини“.

15 „Јас ќе ги пасам моите овци+ и јас ќе ги водам на починка“,+ вели Севишниот Господар Јехова. 16 „Ќе ги побарам изгубените,+ ќе ги вратам заскитаните, ќе ги преврзам ранетите и ќе ги закрепнам болните, а згоените+ и јаките ќе ги сотрам — ќе ги пасам со праведен суд.“+

17 А вам, овци мои, вака ви вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, ќе судам помеѓу овците, помеѓу овните и јарците.+ 18 Зарем ви е малку тоа што пасете на најдоброто пасиште,+ па уште и го газите остатокот од пашата со своите нозе? Зарем ви е малку тоа што пиете бистра вода, па уште ја матите со нозете и преостанатата вода? 19 Мораат ли моите овци да пасат на пасиштето кое вие го изгазивте и да ја пијат водата што вие ја замативте со нозете?“

20 Затоа вака им вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, јас ќе судам помеѓу згоените овци и слабите овци, 21 бидејќи туркате со слабините и со плеќите, а со своите рогови ги бодете сите болни додека не ги истерате надвор.+ 22 Јас ќе ги спасам своите овци, па повеќе нема да бидат плен,+ и ќе судам помеѓу овците. 23 Ќе им подигнам еден пастир,+ кој ќе ги пасе, својот слуга Давид.+ Тој ќе ги пасе, тој ќе им биде пастир.+ 24 Јас, Јехова, ќе бидам нивни Бог,+ а мојот слуга Давид ќе биде поглавар меѓу нив.+ Јас, Јехова, реков така.

25 И ќе склучам со нив сојуз за мир+ и ќе ги отстранам од земјата сите опасни ѕверови,+ па ќе живеат без страв во пустината и ќе спијат по шумите.+ 26 Нив и сѐ што е околу мојот рид ќе ги направам благослов+ и ќе пуштам дожд навреме. Тоа ќе бидат дождови на благослов.+ 27 Полските дрвја ќе ги донесуваат своите плодови+ и земјата ќе го дава својот род,+ а тие ќе живеат без страв во својата земја.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, кога ќе го скршам нивниот јарем+ и кога ќе ги избавам од раката на оние на кои им робуваа.+ 28 Повеќе нема да бидат плен на народите,+ и земните ѕверови нема да ги проголтуваат, туку ќе живеат без страв и никој нема да ги плаши.+

29 И ќе им подигнам насад што ќе им донесе славно име.+ Повеќе нема да ги сотира глад во земјата,+ повеќе нема да бидат срамотени од народите.+ 30 ‚И тогаш ќе знаат дека јас, Јехова, нивниот Бог, сум со нив+ и дека тие се мој народ, дом Израелов‘, вели Севишниот Господар Јехова“ ‘.+

31 ‚А вие, овци мои,+ овци од моето пасиште, вие сте земни луѓе, а јас сум вашиот Бог‘, вели Севишниот Господар Јехова“.

35 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, сврти го лицето+ кон Сеир,+ планинскиот крај, и пророкувај против него!+ 3 Речи му: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, доаѓам против тебе, Сеире, крају планински!+ Ќе ја подигнам својата рака против тебе+ и ќе те опустошам, ќе те претворам во пустина.+ 4 Ќе ги опустошам твоите градови, а ти ќе се претвориш во гола пустош.+ И тогаш ќе знаеш дека јас сум Јехова.+ 5 Зашто, ти си им одамна непријател на синовите на Израел.+ Ги предаваше на меч+ во времето на нивната неволја,+ во времето кога на нивните престапи им дојде крајот“ ‘.+

6 ‚Затоа, како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚те одредив за крвопролевање, па крвопролевање и ќе те стигне.+ Ја мразеше крвта на своите жртви, затоа ќе те стигне крвопролевањето.+ 7 Ќе ги опустошам сеирските планини, ќе го претворам во пустина,+ и ќе го истребам од него оној што поминува и оној што се враќа.+ 8 Ќе ги наполнам неговите планини со неговите убиени. По твоите ридови, по твоите долини и по коритата на сите твои реки ќе паѓаат оние што се убиени со меч.+ 9 Ќе те претворам во вечна пустош и твоите градови нема да се населат.+ Тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова.‘+

10 Ти рече: ‚Овие два народа и овие две земји ќе бидат мои, ние ќе ги заземеме обете земји‘,+ иако Јехова беше таму.+ 11 ‚Затоа, како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚ќе постапам со тебе онака како што заслужуваш поради твојот гнев и поради љубомората што ја покажа бидејќи ги мразеше.+ Ќе ме запознаат кога ќе им судам.+ 12 И тогаш ќе знаеш дека јас, Јехова, ги чув сите твои презирни зборови што ги кажа за израелските планини,+ велејќи: „Опустошени се. Нам ни се дадени за храна“.+ 13 Со уста до уши ми се исмејувавте,+ изговоривте куп зборови против мене.+ Јас го чув тоа.‘+

14 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Кога сета земја ќе се радува, тебе ќе те опустошам. 15 Како ти што се радуваше кога опусте наследството на Израеловиот дом, така јас ќе направам со тебе+ — ќе се претворите во пустош, сеирски планини, цела земјо едомска.+ И тогаш ќе се знае дека јас сум Јехова‘ “.+

36 „А ти, сине човечки, пророкувај за израелските планини и речи: ‚Израелски планини,+ чујте ја Јеховината реч! 2 Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Непријателот зборуваше за вас:+ ‚Така им треба! Старите возвишенија+ станаа наш имот!‘ “ ‘+

3 Затоа пророкувај и речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Затоа што ве пустошат+ и ве голтаат од сите страни,+ и преживеаните од околните народи настојуваат да ве заземат,+ и затоа што јазиците раскажуваат за вас+ и луѓето зборуваат лошо за вас,+ 4 затоа, о израелски планини,+ чујте ја речта на Севишниот Господар Јехова! Вака им вели Севишниот Господар Јехова на планините и на ридовите, на речните корита и на долините, на пустите урнатини+ и на напуштените градови кои им станаа плен и им служат за потсмев на преживеаните од околните народи,+ 5 вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Во огнот на својата ревност ќе проговорам+ против преживеаните од околните народи и против целиот Едом,+ кои, радувајќи се од сѐ срце+ и полни со презир во душата,+ ја зазедоа мојата земја за да ги присвојат нејзините пасишта и да ја ограбат‘ “ ‘.+

6 Затоа, пророкувај за земјата на Израел и речи им на планините и на ридовите, на речните корита и на долините: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, јас ќе проговорам во својата ревност и во својот гнев, бидејќи ве срамотат околните народи“ ‘.+

7 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Се заколнувам со подигната рака+ дека народите што се околу вас и самите ќе бидат осрамотени.+ 8 А вие, израелски планини, ќе ги пуштите своите гранки и ќе му донесете плод на мојот народ Израел,+ зашто тој наскоро ќе дојде.+ 9 Зашто, еве, се сожалив на вас. Ќе се свртам кон вас,+ и ќе бидете обработени и посеани.+ 10 Ќе ги намножам луѓето во вас, целиот дом на Израел,+ и градовите ќе бидат населени+ и урнатините ќе бидат повторно изградени.+ 11 Ќе ги намножам меѓу вас луѓето и животните,+ ќе се множат и ќе се раѓаат. Ќе ве населам како некогаш+ и ќе ви направам уште повеќе добра отколку порано.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова.+ 12 Ќе направам по вас повторно да одат луѓе, мојот народ Израел, и тие ќе ве заземат+ и ќе бидете нивно наследство+ и повеќе нема да им ги земате децата‘ “.+

13 „Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Вам ви се зборува: „Ти си земја што голта луѓе, земја што на своите народи им ги одзема децата“ ‘.+ 14 ‚Затоа повеќе нема да ги голташ луѓето+ и повеќе нема да им ги одземаш децата на своите народи‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. 15 ‚Повеќе нема да дозволам да се чуе како те срамотат народите,+ повеќе нема да те исмејуваат народите+ и повеќе нема да ги фрлаш во пропаст своите народи‘, вели Севишниот Господар Јехова.“

16 И повторно ми дојде Јеховината реч: 17 „Сине човечки, домот на Израел живееше во својата земја и ја извалка со своите постапки и со своите дела.+ Нивните постапки пред мене се како нечистотија од месечен ред.+ 18 И ја излеав својата јарост врз нив поради крвта што ја пролеаја на таа земја,+ која ја извалкаа со своите одвратни идоли.*+ 19 Ги распрснав меѓу народите, па се расеаја по земјите.+ Им судев според нивните постапки и според нивните дела.+ 20 А народите меѓу кои дојдоа го сквернавеа моето свето име,+ велејќи за нив: ‚Тоа е народ на Јехова, а отиде од неговата земја‘.+ 21 А јас се сожалив на моето свето име, кое домот на Израел го оскверни меѓу народите меѓу кои дојде“.+

22 „Затоа, речи му на домот на Израел: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Не го правам тоа заради вас, доме Израелов, туку заради моето свето име, кое го осквернивте меѓу народите меѓу кои дојдовте“ ‘.+ 23 ‚Ќе го посветам своето велико име,+ кое е осквернето меѓу народите, бидејќи го осквернивте меѓу нив. И тогаш ќе знаат народите дека јас сум Јехова,‘+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚кога пред нивни очи ќе ја покажам својата светост меѓу вас.+ 24 И ќе ве изведам од сите народи и ќе ве соберам од сите земји и ќе ве доведам во вашата земја.+ 25 Ќе ве попрскам со чиста вода, и ќе бидете чисти.+ Ќе ве очистам од сите ваши нечистотии+ и од сите ваши одвратни идоли.+ 26 Ќе ви дадам ново срце+ и ќе ставам нов дух во вас.+ Ќе го извадам каменото срце од вашето тело и ќе ви дадам меко срце.+ 27 Ќе го ставам својот дух во вас,+ па ќе живеете* според моите уредби+ и ќе се држите за моите закони и ќе ги извршувате.+ 28 И ќе живеете во земјата што им ја дадов на вашите татковци+ и ќе бидете мој народ, а јас ќе бидам ваш Бог.‘+

29 ‚Ќе ве избавам од сите ваши нечистотии+ и ќе го повикам житото и ќе го умножам, и нема да пуштам глад врз вас.+ 30 Ќе го умножам плодот од дрвјата и родот од нивите, за народите да не ве срамотат повеќе поради гладот.+ 31 Тогаш ќе се сетите на своите зли постапки и на своите дела кои не беа добри,+ и самите ќе се мразите поради своите престапи и поради сите свои гадости.+ 32 Но знајте дека тоа не го правам заради вас‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. ‚Срамувајте се и засрамете се поради своите дела, доме Израелов!‘+

33 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Откако ќе ве очистам од сите ваши престапи, ќе ги населам градовите,+ и урнатините повторно ќе бидат изградени.+ 34 Запустената земја, која лежеше пуста пред очите на сите минувачи,+ ќе биде обработена. 35 И ќе велат: „Таа земја што беше пуста, стана како еденската градина.+ Градовите што беа пусти и опустошени и разурнати, сега се утврдени и населени“.+ 36 И тогаш преживеаните од околните народи ќе знаат дека јас, Јехова, го изградив она што беше разурнато+ и го засадив она што беше опустошено. Јас, Јехова, реков така, и така ќе направам‘.+

37 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚И ова ќе го бара домот на Израел од мене да му го направам, и јас ќе му го направам:+ неговите луѓе ќе ги намножам да бидат како големо стадо.+ 38 Како стадо свети луѓе, како ерусалимско стадо на празник,+ така градовите што беа пусти ќе се наполнат со стадо од луѓе.+ И тогаш ќе се знае дека јас сум Јехова‘ “.

37 Раката Јеховина се спушти врз мене,+ и Јехова ме доведе во својот дух+ и ме постави среде една долина што беше полна со коски.+ 2 Ме спроведе околу нив, и гледај, ги имаше мошне многу по долината и беа многу суви.+ 3 И ми рече: „Сине човечки, можат ли овие коски да оживеат?“ Јас одговорив: „Севишен Господару Јехова, ти го знаеш тоа“.+ 4 Тогаш ми рече: „Пророкувај над овие коски и речи им: ‚Коски суви, чујте ја Јеховината реч!

5 Вака им вели Севишниот Господар Јехова на овие коски: „Еве, ќе ви вдахнам здив, и ќе оживеете.+ 6 Ќе ви ставам жили,* ќе ве обложам со месо, ќе ве покријам со кожа и ќе ви вдахнам здив, па ќе оживеете.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова“ ‘ “.+

7 И пророкував како што ми беше заповедано.+ И додека пророкував, се чу звук, се чу шушкање и коските почнаа да се доближуваат, секоја коска до својата коска. 8 И видов како на нив се појавија жили и месо и како ги покри кожа. Но во нив немаше здив.

9 Тогаш ми рече: „Пророкувај му на ветрот! Пророкувај, сине човечки, и речи му на ветрот: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Дојди од четирите страни,* ветру, и дувни на убиениве+ за да оживеат!“ ‘ “+

10 И пророкував како што ми заповеда, и влезе здивот во нив, па оживеаја и застанаа на нозе+ — тоа беше војска мошне, мошне голема.

11 И ми рече: „Сине човечки, тие коски се целиот дом на Израел.+ Еве, тие велат: ‚Ни се исушија коските, ни пропадна надежта.+ Од сите сме одвоени, останавме сами‘. 12 Затоа пророкувај и речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе ги отворам вашите гробови+ и ќе ве изведам од вашите гробови, народе мој, и ќе ве доведам во земјата на Израел.+ 13 И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова, кога ќе ги отворам вашите гробови и кога ќе ве изведам од вашите гробови, народе мој“ ‘.+ 14 ‚И ќе ви го вдахнам својот дух, па ќе оживеете,+ и ќе ве населам во вашата земја. И тогаш ќе знаете дека јас, Јехова, така реков и така направив‘, вели Јехова“.+

15 И повторно ми дојде Јеховината реч: 16 „Сине човечки, земи прачка+ и напиши на неа: ‚За Јуда и за синовите на Израел, кои му се другари‘.+ Потоа земи друга прачка и напиши на неа: ‚За Јосиф, прачката на Ефрем,+ и за сиот дом на Израел, кои се негови другари‘.+ 17 И состави ги да бидат една прачка, и тие ќе станат едно во твојата рака.+ 18 А кога синовите на твојот народ ќе те прашаат: ‚Ќе ни кажеш ли што ти значи сето тоа?‘+ 19 — речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе ја земам прачката на Јосиф, која е во раката на Ефрем, и племињата на Израел, неговите другари, и ќе ги ставам врз неа, врз прачката на Јуда, и ќе направам од нив една прачка,+ па ќе станат едно во мојава рака“ ‘. 20 Прачките на кои ќе пишуваш нека ти бидат во раката пред нивни очи!+

21 И речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, ќе ги земам синовите на Израел од народите меѓу кои отидоа и ќе ги соберам отсекаде и ќе ги доведам на нивната земја.+ 22 И ќе направам од нив еден народ во земјата,+ на израелските планини, и еден цар ќе царува над сите нив,+ и тие повеќе нема да бидат два народа, и нема да бидат поделени на две царства.+ 23 Повеќе нема да се валкаат со своите одвратни идоли,* ниту со своите гнасотии, ниту со сите свои престапи.+ И ќе ги избавам од сите нивни живеалишта во кои грешеа и ќе ги очистам,+ и ќе бидат мој народ, а јас ќе бидам нивни Бог.+

24 Мојот слуга Давид ќе им биде цар,+ и сите ќе имаат еден пастир.+ Ќе живеат* според моите закони+ и ќе се држат за моите одредби+ и ќе ги извршуваат.+ 25 Ќе живеат во земјата што му ја дадов на својот слуга, Јаков, во која живееја вашите татковци.+ Во неа ќе живеат+ тие и нивните синови и синовите на нивните синови довека.+ И Давид, мојот слуга, ќе им биде поглавар довека.+

26 И ќе склучам со нив сојуз за мир.+ Траен ќе биде сојузот со нив.+ Ќе ги утврдам во нивната земја и ќе ги умножам+ и ќе го поставам моето светилиште меѓу нив да биде таму засекогаш.+ 27 Мојот шатор ќе биде над нив,+ а јас ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат мој народ.+ 28 Тогаш народите ќе знаат дека јас, Јехова,+ сум го посветил Израел, кога меѓу нив ќе го поставам моето светилиште за да биде таму засекогаш“ ‘ “.+

38 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки,+ сврти се со лицето кон Гог од земјата Магог,+ кон врховниот кнез на Месех+ и на Тувал,+ и пророкувај против него! 3 Речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, доаѓам против тебе, Гоже, врховен кнезу на Месех и на Тувал. 4 Ќе те свртам и ќе ти ставам куки во челуста+ и ќе те изведам со сета твоја војска,+ со коњите и со коњаниците, прекрасно облечени,+ со големо мноштво, со големи и мали штитови — сѐ воини кои вешто ракуваат со меч.+ 5 Со нив се и Персија,+ Етиопија+ и Фут+ — сите носат штитови и шлемови. 6 Тука се и Гомер+ и сите негови чети, потомците на Тогарма,+ од крајниот север, и сите нивни чети — многу народ има со тебе.+

7 Биди спремен, подготви се, ти и сето твое мноштво+ што се собрало околу тебе, и биди им чувар!

8 По многу денови ќе бидеш испитан. Во последните години ќе дојдеш во земјата+ на народ што е избавен од меч, собран од многу народи+ и доведен на израелските планини, кои за сето време лежат опустошени. Народот на таа земја е изведен од другите народи и живее без страв.+ 9 Навистина ќе се подигнеш и ќе навалиш како бура.+ Ќе бидеш како облаци кога ја покриваат земјата,+ ти и сите твои чети и многу народи со тебе“ ‘.

10 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Во тој ден ќе ти дојдат мисли во срцето+ и ќе сковеш зол план,+ 11 и ќе речеш: „Ќе се кренам против земјата во која има незаштитени села.+ Ќе ги нападнам оние што живеат мирно и без страв, живеат без ѕидови+ и немаат ни резе ни врати“. 12 Ќе го направиш тоа за да насобереш плен+ и да се напљачкаш од сѐ, за да ја кренеш раката на урнатини кои се повторно населени+ и на народот што е собран од другите народи,+ народ кој насобрал богатство и имот+ и живее во средиштето+ на земјата.

13 Сава+ и Дедан+ и трговците од Тарс+ и сите нивни млади лавови+ ќе ти велат: „Доаѓаш ли за да однесеш голем плен? Дали заради пљачка го собра своето мноштво, за да однесеш сребро и злато, за да однесеш богатство и имот, за да однесеш мошне голем плен?“ ‘

14 Затоа пророкувај, сине човечки, и речи му на Гог: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Во тој ден кога мојот народ Израел ќе живее без страв, зарем нема да го знаеш тоа?+ 15 И ќе дојдеш од своето место, од крајниот север,+ ти и многу народи со тебе, сѐ сами коњаници, големо мноштво — огромна војска.+ 16 Ќе го нападнеш Израел, мојот народ, како облаци кога ја покриваат земјата.+ Тоа ќе се случи во последните денови, ќе те доведам да ја нападнеш мојата земја,+ за да ме запознаат народите кога пред нивни очи ќе ја покажам својата светост врз тебе, Гоже“ ‘.+

17 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ти ли си+ оној за кого во дамнешни времиња зборував преку своите слуги, пророците на Израел, кои пророкуваа во тие денови, и години, дека ќе те доведам против нив?‘+

18 ‚Во тој ден, во денот кога Гог ќе дојде против земјата на Израел,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚гневот ќе ми пламне од носниците.+ 19 Во својата јарост,+ во огнот на својот гнев, ќе проговорам.+ Во тој ден ќе се случи силен потрес во земјата на Израел.+ 20 Поради мене ќе затреперат морските риби и небесните птици, полските ѕверови и сите суштества што лазат по земјата и сите луѓе што живеат на земјата.+ Планините ќе се расцепат,+ стрмните патишта ќе попаѓаат и сите ѕидишта ќе паднат на земја.‘

21 ‚И на сите свои планини ќе повикам меч против него,‘ вели Севишниот Господар Јехова.+ ‚Секој ќе го подигне мечот против својот брат.+ 22 Ќе му судам+ со помор+ и со крв.+ Силен порој и град,+ оган+ и сулфур ќе пуштам врз него и врз неговите чети и врз многуте народи што ќе бидат со него.+ 23 И ќе се возвеличам и ќе се посветам,+ и ќе се објавам пред очите на многу народи, и тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова.‘ “+

39 „А ти, сине човечки, пророкувај против Гог,+ и речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, доаѓам против тебе, Гоже, врховен кнезу на Месех+ и на Тувал.+ 2 Ќе те свртам и ќе те водам,+ ќе те поведам од крајниот север+ и ќе те доведам на израелските планини. 3 Ќе ти го избијам лакот од левицата и ќе ти ги растурам стрелите од десницата. 4 Ќе паднеш на израелските планини,+ ти и сите твои чети и народите што ќе бидат со тебе. Ќе те дадам за храна на птиците грабливки, на крилестите птици од секаков вид и на полските ѕверови“ ‘.+

5 ‚Ќе паднеш во полето,+ зашто јас реков така‘, вели Севишниот Господар Јехова.

6 ‚Ќе испратам оган врз Магог+ и врз оние што живеат без страв на островите.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова. 7 И ќе го објавам моето свето име среде мојот народ Израел и повеќе нема да дозволам да се осквернува моето свето име.+ И тогаш народите ќе знаат дека јас сум Јехова,+ Светецот во Израел.‘+

8 ‚Еве, тоа ќе дојде и ќе се случи‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. ‚Тоа е денот за кој зборував.+ 9 Ќе излезат жителите на израелските градови, ќе запалат оган и ќе го изгорат оружјето, малите и големите штитови, лаковите и стрелите, кратките и долгите копја — со нив ќе палат оган+ седум години. 10 Нема да носат гранки од полето и нема да сечат дрва во шумите, бидејќи ќе палат оган со оружјето.‘

‚И ќе ги ограбат оние што ги ограбуваа нив,+ ќе ги опљачкаат оние што ги пљачкаа нив‘, вели Севишниот Господар Јехова.

11 ‚Во тој ден ќе му дадам на Гог+ место за гроб во Израел, долина по која се минува источно од морето, и таа ќе им го попречува патот на оние што минуваат. И таму ќе ги закопаат Гог и сето негово мноштво, и таа долина ќе ја наречат Долина на Гоговото мноштво.*+ 12 И домот на Израел ќе ги закопува седум месеци за да ја исчисти земјата.+ 13 Целиот народ од земјата* ќе ги закопува, и тоа ќе им биде на слава во тој ден кога ќе се прославам‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.

14 ‚И ќе одреди луѓе за да поминуваат низ земјата и заедно со другите што ќе поминуваат да ги закопуваат оние што ќе преостанат по земјата, за да ја исчистат. Ќе ја пребаруваат цели седум месеци. 15 Кога оние што се одредени да поминуваат низ земјата ќе видат човечка коска, ќе постават до неа знак, кој ќе стои таму сѐ додека оние што ги закопуваат мртвите не ја закопаат во Долината на Гоговото мноштво.+ 16 А градот ќе се вика Хамона.* И така ќе ја исчистат земјата.‘+

17 А тебе, сине човечки, вака ти вели Севишниот Господар Јехова: ‚Речи им на крилестите птици од секаков вид и на сите полски ѕверови:+ „Соберете се и дојдете! Соберете се од сите страни околу мојата жртва што ја принесувам за вас, голема жртва на израелските планини!+ Ќе јадете месо и ќе пиете крв.+ 18 Ќе јадете месо од јунаци+ и ќе пиете крв од земни поглавари, од овни, од јагниња,+ од јарци, од јунци,+ од сиот згоен добиток од Васан.+ 19 Ќе јадете најубаво месо сѐ додека не се наситите+ и ќе пиете крв сѐ додека не се опиете — од мојата жртва што јас ќе ја принесам за вас“ ‘.

20 ‚На мојата трпеза ќе се наситите со коњи и со возачи на коли, со јунаци и со секакви воини‘, вели Севишниот Господар Јехова.+

21 ‚И ќе ја покажам мојата слава меѓу народите, и сите народи ќе ја видат мојата пресуда што ќе ја извршам,+ и ќе ја почувствуваат на себе мојата рака.+ 22 И ќе знае домот на Израел дека јас сум Јехова, нивниот Бог, од тој ден натаму.+ 23 И народите ќе знаат дека поради својот престап, домот на Израел замина во изгнанство,+ поради тоа што ми беа неверни, па го свртев своето лице од нив+ и ги предадов во рацете на нивните непријатели, па сите паднаа од меч.+ 24 Постапив со нив според нивната нечистотија и според нивните престапи,+ и го свртев своето лице од нив.‘

25 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Сега ќе го вратам заробениот народ на Јаков+ и ќе му се смилувам на сиот дом на Израел.+ И верно ќе го бранам моето свето име.+ 26 Кога ќе го поднесат својот срам+ и својата казна за сето неверство што ми го направија,+ ќе живеат без страв во својата земја+ и никој нема да ги плаши.+ 27 Кога ќе ги вратам откај народите и кога ќе ги соберам од земјите на нивните непријатели,+ ќе ја покажам мојата светост меѓу нив пред очите на многу народи‘.+

28 ‚И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, нивниот Бог, кога ќе ги испратам во изгнанство меѓу народите, па повторно ќе ги соберам во нивната земја,+ не оставајќи таму ниту еден од нив.+ 29 И повеќе нема да го свртувам лицето од нив,+ зашто ќе го излеам својот дух врз домот на Израел‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.“

40 Во дваесет и петтата година од нашето изгнанство,+ во почетокот на годината, на десеттиот ден од тој месец, а во четиринаесеттата година откако падна градот,+ токму во тој ден, врз мене се спушти раката на Јехова,+ па ме одведе таму.+ 2 Во Божји виденија ме одведе во земјата на Израел и ме постави на една многу висока планина,+ на чија јужна страна имаше нешто што личеше на град.+

3 Ме одведе таму, и гледај, човек, кој изгледаше како да е од бакар,+ со ленено јаже во раката и со мерна трска,+ стоеше на портата. 4 И тој човек ми рече: „Сине човечки,+ гледај со очите и слушај со ушите и насочи го срцето кон сето она што ќе ти го покажам, зашто си доведен ваму за да ти го покажам! Објави му го на домот на Израел сето она што ќе го видиш!“+

5 И гледај, домот беше опкружен со ѕид од сите страни. А човекот имаше во раката мерна трска долга шест лакти, а секој лакот беше за една дланка подолг од обичниот лакот.* И ја измери ширината на ѕидот: една трска, и висината: една трска.

6 Потоа дојде до портата што беше свртена кон исток,+ и се искачи по скалите. И ги измери праговите на портата.+ Првиот беше широк една трска и вториот беше широк една трска. 7 Секоја стражарница беше по една трска долга и по една трска широка, а помеѓу стражарниците+ имаше по пет лакти. Прагот на портата со предворјето на портата, кое води кон внатре: една трска.

8 И го измери предворјето на портата, кое води кон внатре: една трска.+ 9 Го измери предворјето на портата: осум лакти, и неговите полустолбови: два лакта. Предворјето на портата водеше кон внатре.

10 Од секоја страна на портата што беше свртена кон исток имаше по три стражарници. Сите три беа со исти мерки, и полустолбовите беа со исти мерки, и на едната и на другата страна.

11 Потоа ја измери ширината на влезот на портата: десет лакти, и вкупната должина на надворешниот дел од влезот на портата: тринаесет лакти.

12 Заградениот простор пред стражарниците беше по еден лакот. На обете страни имаше ограден простор од по еден лакот. А секоја стражарница имаше по шест лакти од едната страна и по шест лакти од другата страна.

13 И ја измери портата од работ на покривот над едната стражарница до работ на покривот над другата, во ширина: дваесет и пет лакти.+ Влезовите во стражарниците беа еден спроти друг. 14 Потоа ги измери полустолбовите: шеесет лакти, како и дворните полустолбови на сите околни порти. 15 Од влезната порта до почетокот на внатрешната порта имаше педесет лакти.

16 Стражарниците и полустолбовите во портата имаа прозорци секаде наоколу, од едната страна потесни, а од другата пошироки,+ кои беа свртени кон внатре, а исто беше и во предворјето. Секаде наоколу имаше прозорци и тие беа свртени кон внатре, а на полустолбовите беа врежани палми.+

17 И ме одведе во надворешниот двор, и гледај, таму имаше трпезарии+ и имаше направено плочник во целиот двор. На плочникот имаше триесет трпезарии.+ 18 Ширината на плочникот покрај портите беше иста со должината на портите — тоа беше понискиот плочник.

19 И ја измери ширината од долната порта до влезот во внатрешниот двор. Од надворешната страна имаше сто лакти, на исток и на север.

20 Надворешниот двор имаше порта што беше свртена кон север. Ја измери нејзината должина и ширина. 21 И имаше три стражарници од едната и три од другата страна. Полустолбовите и предворјето на оваа порта имаа исти мерки како и првата порта. Беше долга педесет лакти, а широка дваесет и пет лакти. 22 Нејзините прозорци, предворјето и врежаните палми+ имаа исти мерки како и портата што беше свртена кон исток. Во неа се влегуваше по седум скалила, а предворјето ѝ беше од предната страна.

23 Портата на внатрешниот двор беше спроти северната порта, а истото беше и со портата на исток. И ја измери оддалеченоста на едната порта од другата: сто лакти.

24 И ме одведе на југ, и гледај, таму имаше една порта што беше свртена кон југ,+ и ги измери нејзините полустолбови и нејзиното предворје. Имаа исти мерки како и претходните. 25 И таа и нејзиното предворје имаа прозорци секаде наоколу, исти како и претходните прозорци. Портата беше долга педесет лакти, а широка дваесет и пет лакти. 26 До неа се стигнуваше по седум скалила,+ а предворјето ѝ беше од предната страна. На полустолбовите беа врежани палми — една од едната страна и друга од другата.

27 Внатрешниот двор имаше порта што беше свртена кон југ. И ја измери оддалеченоста на таа порта од портата што беше свртена кон југ: сто лакти. 28 Потоа ме внесе низ јужната порта во внатрешниот двор. И ја измери јужната порта, и таа имаше исти мерки како и претходните. 29 Нејзините стражарници, полустолбовите и предворјето ги имаа истите мерки како и претходните. И таа и нејзиното предворје имаа прозорци секаде наоколу. Портата беше долга педесет лакти, а широка дваесет и пет лакти.+ 30 Наоколу имаше предворја. Беа долги по дваесет и пет лакти, а широки по пет лакти. 31 Нејзиното предворје водеше во надворешниот двор. На полустолбовите беа врежани палми,+ а на влезот имаше осум скалила.+

32 И ме одведе во внатрешниот двор кон исток и ја измери портата, и таа имаше исти мерки како и претходните. 33 Нејзините стражарници, полустолбовите и предворјето имаа исти мерки како и претходните. И таа и нејзиното предворје имаа прозорци секаде наоколу. Беше долга педесет лакти, а широка дваесет и пет лакти. 34 Нејзиното предворје водеше кон надворешниот двор, на полустолбовите беа врежани палми од едната и од другата страна. За искачување до неа имаше осум скалила.

35 И ме одведе до северната порта+ и ја измери, и имаше исти мерки како и претходните,+ 36 а исто и нејзините стражарници, полустолбовите и предворјето. И имаше прозорци секаде наоколу. Беше долга педесет лакти, а широка дваесет и пет лакти. 37 Нејзините полустолбови гледаа кон надворешниот двор, а на полустолбовите од едната и од другата страна беа врежани палми.+ За искачување до неа имаше осум скалила.

38 Трпезаријата со својот влез беше покрај полустолбовите на портите. Таму ги миеја целите жртви паленици.+

39 Во предворјето на портата имаше две маси на едната страна и две маси на другата страна за да се колат на нив целите жртви паленици,+ жртвите за грев+ и жртвите за вина.+ 40 И однадвор, каде што се доаѓа до влезот на северната порта, имаше две маси. И од другата страна на предворјето на портата имаше две маси. 41 Имаше четири маси на едната страна и четири маси на другата страна од портата — вкупно осум трпези за колење на жртвите. 42 Четирите маси за целите жртви паленици беа од делкан камен. Беа долги по лакот и пол, широки по лакот и пол, а високи по еден лакот. На нив го оставаа приборот за колење на жртвите паленици и на другите жртви. 43 Однатре секаде по ѕидовите беа прицврстени полици широки по една дланка, на кои се оставаа работи. На масите го ставаа месото од жртвениот дар.+

44 Надвор, до внатрешната порта, беа трпезариите за пејачите,+ во внатрешниот двор, покрај северната порта. Беа свртени кон југ. Една трпезарија имаше и кај источната порта. Беше свртена кон север.

45 И тој ми рече: „Оваа просторија, трпезаријата што е свртена кон југ, е наменета за свештениците кои ја извршуваат службата во домот.+ 46 А трпезаријата што е свртена кон север е наменета за свештениците кои служат кај жртвеникот.+ Тоа се синовите на Садок,+ оние меѓу синовите на Леви што му пристапуваат на Јехова да му служат“.+

47 И го измери внатрешниот двор. Беше долг сто лакти и широк сто лакти, беше четириаголен. Пред домот беше жртвеникот.

48 Потоа ме одведе во предворјето на домот+ и ги измери полустолбовите во предворјето: пет лакти на едната страна и пет лакти на другата страна. Полустолбовите на портата беа широки по три лакти на едната страна и три лакти на другата страна.

49 Предворјето беше долго дваесет лакти, а широко единаесет лакти. За качување до него имаше скалила. До полустолбовите на портата имаше столбови, еден од едната страна и еден од другата страна.+

41 И ме одведе во Светињата* и ги измери полустолбовите: беа широки шест лакти од едната страна и шест лакти од другата страна — тоа е ширината на полустолбовите. 2 Влезот беше широк десет лакти, а полустолбовите на влезот беа по пет лакти на едната страна и пет лакти на другата страна. И му ја измери должината, и беше четириесет лакти, а му ја измери и ширината, и беше дваесет лакти.

3 Потоа влезе внатре и ги измери полустолбовите на влезот: два лакта. Ширината на влезот беше шест лакти. Полустолбовите на влезот беа широки по седум лакти. 4 И ја измери должината на просторијата пред Светињата, и беше дваесет лакти, а ширината ѝ беше дваесет лакти.+ Потоа ми рече: „Тоа е Светињата над светињите“.+

5 И го измери ѕидот на домот: шест лакти. Страничните соби беа широки по четири лакти. Ги имаше насекаде околу домот, секаде наоколу.+ 6 Страничните соби беа една над друга, на три ката, по триесет на кат. Тие странични соби влегуваа во ѕидот на домот, секаде наоколу, за да имаат потпора, но не беа вградени во ѕидот на домот.+ 7 Страничните соби, кои се наоѓаа наоколу, се ширеа од кат на кат, а од секоја страна на домот имаше спирални скали што водеа нагоре.+ Така ширината на просториите покрај домот се зголемуваше како што се одеше нагоре, а од долниот кат можеше да се оди на горниот,+ така што ќе се поминеше низ средниот кат.

8 И видов дека домот стоеше на некаква поткрената површина што го опкружуваше од сите страни. А меѓу темелите на страничните соби и спојот имаше шест лакти, една цела мерна трска.+ 9 Ширината на надворешниот ѕид на страничните соби беше пет лакти. Околу домот, покрај ѕидот на страничните соби, имаше отворен премин.

10 Помеѓу трпезариите+ и домот имаше по дваесет лакти секаде околу домот. 11 Во страничните соби се влегуваше преку отворениот премин — едниот влез беше на север, а другиот на југ. Ширината на отворениот премин околу домот беше пет лакти.

12 Пред одделениот простор, на западната страна, имаше една зграда која беше широка седумдесет лакти. Ѕидот на таа зграда беше широк пет лакти од сите страни, и долг деведесет лакти.

13 Потоа го измери домот, и тој беше сто лакти во должина. Одделениот простор и зградата со нејзините ѕидови беа сто лакти во должина. 14 Предната страна на домот која гледаше кон исток, заедно со одделениот простор, беше широка сто лакти.

15 И ја измери зградата што беше од задната страна, покрај одделениот простор, заедно со нејзините ходници на едната и на другата страна, и беше долга сто лакти.

Ги измери и Светињата и внатрешната просторија+ и предворјата што беа свртени кон дворот. 16 На сите нив имаше прагови, прозорци кои од едната страна беа потесни, а од другата пошироки,+ и ходници. Пред праговите, ѕидовите насекаде беа обложени со дрво,+ од подот до прозорците. Прозорците беа покриени. 17 Делот над влезот и внатрешноста на домот, а и неговата надворешна страна и целиот ѕид наоколу, во внатрешноста на домот и од надворешната страна, сето тоа беше по мерка — 18 врежани херувими*+ и палми,+ по една палма меѓу два херувима, а херувимите имаа по две лица.+ 19 Човечкото лице беше свртено кон палмата на едната страна, а лавовското лице кон палмата на другата страна.+ Беа врежани по целиот дом, секаде наоколу. 20 Од подот до над влезот имаше врежани херувими и палми, на ѕидот од Светињата.

21 Довратниците во Светињата беа четириаголни.+ Пред светото место го имаше и следново: 22 дрвен жртвеник, кој беше три лакти висок и два лакта долг, и имаше аголни столбови.+ По должината имаше страници од дрво. И човекот ми рече: „Ова е трпезата што стои пред Јехова“.+

23 И Светињата и светото место имаа двокрилни врати.+ 24 Двете крила на вратата имаа по два дела што се преклопуваа. Едното крило имаше два дела и другото крило имаше два дела. 25 А на неа, на вратата од Светињата, беа врежани херувими и палми,+ како оние што беа врежани на ѕидовите. Однадвор имаше дрвен венец, над предната страна на предворјето. 26 А прозорци, кои беа од едната страна потесни, а од другата пошироки,+ и палми имаше од едната и од другата страна на ѕидовите на предворјето и на страничните соби во домот и под венецот.

42 Потоа ме одведе+ во надворешниот двор, кон север.+ И ме доведе до зградата со трпезариите,+ која беше пред одделениот простор+ и пред зградата, кон север. 2 На почетокот од ѕидот долг сто лакти беше северниот влез, а ширината на зградата беше педесет лакти. 3 Пред дваесетте лакти од внатрешниот двор+ и пред плочникот+ во надворешниот двор, имаше ходници,+ еден спроти друг, на три ката. 4 А пред трпезариите имаше премин широк десет лакти, кој водеше во внатрешноста,+ пат од еден лакот, а вратите им беа свртени кон север. 5 Горните трпезарии во зградата беа најтесни, бидејќи ним ходниците им одземаа повеќе простор отколку на долните и на средните. 6 Зашто, беа на три ката,+ а немаа такви столбови какви што имаше во дворот. Затоа горните трпезарии имаа помала површина отколку долните и средните.

7 Камениот ѕид, кој беше од надворешната страна, се надоврзуваше на трпезариите покрај надворешниот двор, а беше спроти другите трпезарии. Тој беше долг педесет лакти. 8 Зашто, должината на трпезариите покрај надворешниот двор беше педесет лакти, а на оние пред храмот сто лакти. 9 Под тие трпезарии беше влезот од исток, низ кој се влегува во нив од надворешниот двор.

10 По ширината на источниот каменен ѕид во дворот, пред одделениот простор+ и пред зградата, имаше трпезарии.+ 11 А пред нив имаше пат како оној пред трпезариите што беа свртени кон север.+ Имаа иста должина и иста ширина како и тие, сите излези им беа исти, а имаа и ист распоред и исти влезови. 12 Какви што беа влезовите во трпезариите што беа на југ, таков беше и влезот на почетокот од преминот, кој беше по должината на источниот каменен ѕид, кога некој ќе дојдеше во нив.+

13 И ми рече: „Трпезариите на север и трпезариите на југ, кои се пред одделениот простор,+ се свети трпезарии, каде што свештениците, кои му пристапуваат+ на Јехова, го јадат она што е најсвето.+ Таму го оставаат она што е најсвето и житните жртви и жртвите за грев и жртвите за вина, зашто тоа место е свето.+ 14 Кога ќе влезат, свештениците нема да излегуваат од светото место во надворешниот двор, туку овде ќе ги оставаат своите облеки во кои служат,+ бидејќи се свети. Ќе облечат други облеки+ и ќе излезат таму каде што е народот“.

15 Кога ја измери внатрешноста на домот, ме изведе надвор низ портата што беше свртена кон исток+ и таму измери сѐ наоколу.

16 Со мерна трска* ја измери источната страна. Имаше петстотини трски, мерни трски,+ секаде наоколу.

17 Ја измери и северната страна: петстотини трски, мерни трски, секаде наоколу.

18 Потоа ја измери јужната страна: петстотини трски, мерни трски.

19 Потоа сврте кон западната страна и измери: петстотини трски, мерни трски.

20 Мереше од четирите страни. Домот имаше ѕид секаде наоколу,+ со должина од петстотини трски и ширина од петстотини трски,+ кој го одвојуваше она што е свето од она што не е свето.+

43 Потоа ме одведе до портата, до онаа порта што е свртена кон исток.+ 2 И гледај, славата+ на Богот на Израел доаѓаше од исток,+ а неговиот глас беше како шум од големи води,+ и земјата блесна од неговата слава.+ 3 Тоа личеше на видението што го видов порано,+ на видението што го видов кога дојдов да го уништам градот.+ Она што го видов изгледаше како она што го видов на реката Хевар,+ па паднав ничкум.

4 А Јеховината слава+ влезе во Домот низ портата што е свртена кон исток.+ 5 Тогаш духот ме подигна+ и ме однесе во внатрешниот двор, и гледај, Домот беше полн со Јеховината слава.+ 6 И чув како некој ми зборува од Домот,+ а човекот стоеше покрај мене.+ 7 И Бог ми рече:

„Сине човечки, ова е местото на мојот престол+ и местото за моите стапала,+ каде што ќе живеам меѓу синовите на Израел довека.+ И домот на Израел повеќе нема да го осквернува моето свето име,+ ниту тие ниту нивните цареви,+ со својот блуд и со труповите+ на своите мртви цареви 8 и со тоа што ќе ги ставаат своите прагови до мојот праг и своите довратници до моите довратници, па да има само ѕид помеѓу мене и нив.+ А го сквернавеа моето свето име со гадотиите што ги правеа,+ па ги истребив во својот гнев.+ 9 Сега нека ги отфрлат својот блуд+ и труповите на своите цареви далеку од мене,+ па ќе живеам меѓу нив довека!+

10 А ти, сине човечки, запознај го домот на Израел со Домот,+ па нека се посрамат поради своите престапи+ и нека ги измерат неговите мерки! 11 Ако се посрамат поради сето она што го направиле, опиши им го планот на Домот,+ распоредот и излезите и влезовите, сите планови и сите поединости, сите негови планови и сите негови закони, и нацртај ги пред нивни очи да ги видат сите планови и сите негови поединости и да се држат за тоа!+ 12 Ова е законот за Домот: целото подрачје на врвот на планината, насекаде околу Домот, нека биде нешто најсвето.+ Ете, тоа е законот за Домот.

13 А ова се мерките на жртвеникот изразени во лакти,+ а лакотот овде е долг еден лакот и една дланка.*+ Неговото подножје има еден лакот. Широк е еден лакот. Неговиот раб наоколу е издигнат за една педа. Тоа е основата на која стои жртвеникот. 14 Од подножјето што лежи на земја до работ на долното скалило од скалестото подножје има два лакта, а ширината е еден лакот. Од малото скалило на подножјето до работ на големото скалило на подножјето има четири лакти, а ширината му изнесува еден лакот. 15 Огништето на жртвеникот има четири лакти и од него се креваат четири рога.+ 16 Огништето има дванаесет лакти во должина и дванаесет лакти во ширина,+ а неговите страни сочинуваат четириаголник.+ 17 Скалилото на кое стои е долго четиринаесет лакти и широко четиринаесет лакти на четирите страни. Неговиот раб што оди наоколу има половина лакот, а ширината му е еден лакот секаде наоколу.

Скалилата за качување на жртвеникот се свртени кон исток“.

18 И ми рече: „Сине човечки, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ова се одредбите за жртвеникот дадени во времето кога се правеше, за да се принесуваат на него цели жртви паленици+ и да се попрскува со крв‘.+

19 ‚На левитските свештеници+ што се потомци на Садок,+ кои ми пристапуваат за да ми служат,‘+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚дај им јунец од стадото за жртва за грев.+ 20 Земи од неговата крв и намачкај ги со неа четирите рогови на жртвеникот и четирите агли на скалилата на кои стои и работ секаде наоколу, па очисти го од грев+ и изврши обред на очистување за него.+ 21 Потоа земи го јунецот, жртвата за грев, и нека се изгори на местото во Домот, кое е одредено за тоа, надвор од светилиштето.+ 22 Утредента доведи го јарецот без недостаток за жртва за грев, и со него нека се очисти од грев жртвеникот како што беше очистен од грев и со јунецот.‘

23 ‚Кога ќе го извршиш очистувањето од грев, доведи од стадото јунец без недостаток и овен без недостаток! 24 Доведи ги пред Јехова, и свештениците нека ги посипат со сол и нека му ги принесат+ на Јехова како цела жртва паленица. 25 Седум дена ќе принесуваш секој ден по еден јарец како жртва за грев.+ И нека принесуваат по еден јунец од стадото и по еден овен од стадото, без недостаток. 26 Седум дена нека вршат обред на очистување+ на жртвеникот, нека го очистат и така нека го подготват за користење. 27 Нека направат сѐ што е предвидено за тие денови. А од осмиот ден+ натаму, свештениците нека ги принесуваат на жртвеникот вашите цели жртви паленици и вашите жртви на заедништвото. Тогаш ќе ми бидете мили‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“.

44 Потоа ме врати до надворешната порта на светилиштето, која гледаше кон исток,+ а беше затворена.+ 2 Тогаш Јехова ми рече: „Оваа порта ќе остане затворена. Нема да се отвора и ниту еден човек нема да влегува низ неа, зашто низ неа влезе Јехова, Богот на Израел,+ и затоа нека биде затворена. 3 Но кнезот,+ затоа што е кнез, ќе седи на неа за да јаде леб пред Јехова.+ Низ предворјето на портата ќе влегува и по истиот пат ќе излегува“.+

4 И ме одведе на северната порта пред Домот за да ми го покаже. И гледај, Јеховиниот Дом беше полн со Јеховината слава.+ И паднав ничкум.+ 5 Тогаш Јехова ми рече: „Сине човечки, обрни внимание+ и погледни со очите, и слушај со ушите сѐ што ќе ти кажам за сите одредби на Јеховиниот Дом и за сите негови закони. Обрни внимание на влезот во Домот и на сите излези од светилиштето. 6 И речи им на тие бунтовници,+ на домот на Израел: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Доста беа сите ваши гадости, доме Израелов!+ 7 Доведувавте туѓинци со необрежано срце и необрежано тело+ за да влегуваат во моето светилиште и да го сквернават мојот Дом, ја принесувавте мојата храна+ — лојот+ и крвта+ — и така беше раскинат сојузот со мене поради сите ваши гадости.+ 8 Вие самите не се грижевте за она што ми е свето,+ а не поставивте ни други да се грижат за службата во моето светилиште наместо вас“ ‘.+

9 ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ниту еден туѓинец, со необрежано срце и необрежано тело, не смее да влезе во моето светилиште — ниту еден од туѓинците што се меѓу синовите на Израел!“ ‘+

10 ‚А левитите, кои се оддалечија од мене+ кога Израел, кој си отиде откај мене, одеше по одвратни идоли,* ќе мора да платат за својот престап.+ 11 Потоа тие ќе можат во моето светилиште да бидат како слуги кои ги надгледуваат портите на Домот и како слуги во Домот.+ Тие ќе колат паленици што се принесуваат цели и други жртви за народот+ и ќе стојат пред него за да му служат.+ 12 Му служеа на народот пред нивните одвратни идоли+ и станаа камен на кој се спрепна домот на Израел и падна во грев,+ и затоа ја подигнав на нив својата рака,‘+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚па ќе ја сносат вината за својот престап. 13 Нема повеќе да ми пристапуваат мене за да ми служат како свештеници и нема повеќе да му се приближуваат на она што ми е свето, кое е најсвето.+ Ќе ги носат својот срам и својата вина за гадостите што ги направија.+ 14 Ќе ги поставам да се грижат за Домот, да ја вршат во него секоја служба и да прават во него сѐ што е потребно.‘+

15 ‚А левитските свештеници,+ синови на Садок,+ кои се грижеа за моето светилиште кога синовите на Израел си отидоа откај мене,+ ќе ми пристапат за да ми служат и ќе стојат пред мене+ за да ми принесуваат лој+ и крв‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. 16 ‚Тие ќе влегуваат во моето светилиште+ и ќе ѝ се приближуваат на мојата трпеза за да ми служат+ и ќе го вршат она што се должни да ми го вршат.+

17 Кога ќе влегуваат низ портата на внатрешниот двор, нека носат ленена облека, и на нив нека нема ништо волнено кога ќе започнат да служат со влегувањето низ таа порта и кога ќе влезат во внатрешниот двор.+ 18 На главата нека имаат ленени покривала+ и околу колковите нека носат ленени гаќи.+ Нека не се опашуваат со ништо од кое би се потеле. 19 А кога излегуваат во надворешниот двор, во надворешниот двор кај народот, нека ја соблечат облеката во која служеле+ и нека ја остават во светите трпезарии,+ па нека облечат друга облека за да не го посветат народот со својата облека.+ 20 Нека не си ја бричат главата,+ но нека не пуштаат долга коса, туку нека си ја потстрижуваат косата.+ 21 Ниту еден свештеник нека не пие вино кога треба да влезе во внатрешниот двор.+ 22 Нека не се женат со вдовица или со разведена жена,+ туку нека се женат само со девица што потекнува од Израеловиот дом+ или со вдовица што е вдовица на свештеник.‘

23 ‚И нека го учат мојот народ да го разликува она што е свето од она што не е свето, нека го поучат да го разликува она што е нечисто од она што е чисто.+ 24 Во парницата нека бидат судии,+ нека судат според моите закони.+ Нека се држат за моите закони и за моите одредби за сите мои празници,+ и нека им бидат свети моите денови за одмор.*+ 25 Нека не приоѓаат до мртовец за да не станат нечисти. Само поради татко или поради мајка, поради син или поради ќерка, поради брат или поради сестра која немала маж можат да се осквернат.+ 26 А откако некој од нив ќе се исчисти, нека му избројат седум дена.+ 27 А во денот кога ќе влезе во светото место, во внатрешниот двор, за да служи во светото место, нека ја принесе својата жртва за грев‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.

28 ‚А ова е наследството што ќе го добијат: јас сум нивното наследство.+ Никаков имот не давајте им во Израел: јас сум нивниот имот. 29 Тие ќе ги јадат житните жртви, жртвите за грев и жртвите за вина.+ И сѐ што е одредено за света цел* во Израел ќе биде нивно.+ 30 Најдоброто од сите првини од секој плод и најдоброто од сите ваши прилози од сѐ што ќе принесете им припаѓа на свештениците.+ И првините од своето крупно брашно давајте им ги на свештениците+ за да почива благослов врз вашиот дом.+ 31 Свештениците не смеат да јадат ништо што пцовисало или е раскинато од ѕвер, било да е тоа од суштествата што летаат било да е од другите животни.‘+

45 ‚Кога ќе ја делите земјата во наследство,+ принесете му прилог на Јехова,+ свет дел од земјата+ — дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади во ширина.+ Тоа ќе биде свет дел меѓу сите меѓи наоколу. 2 Од тоа еден четириаголник од петстотини лакти во должина и петстотини во ширина нека биде за светото место,+ а од сите страни оставете по педесет лакти за пасиште.+ 3 Од тоа подрачје измери дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади во ширина — тука ќе биде светилиштето, она што е најсвето.+ 4 Тој свет дел од земјата нека биде за свештениците,+ слуги во светилиштето, кои му пристапуваат на Јехова за да му служат.+ Тоа место нека им биде место за куќи и свето место за светилиштето.

5 Нека има дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади лакти во ширина.+ Тоа ќе им припаѓа на левитите, слуги во Домот. Ќе поседуваат дваесет трпезарии.+

6 За имот на градот дајте пет илјади лакти во ширина и дваесет и пет илјади во должина, како што е и светиот прилог.+ Тоа ќе му припаѓа на целиот дом на Израел.

7 На кнезот ќе му припаѓа еден дел на едната страна и еден дел на другата страна од светиот прилог+ и од градскиот имот, по должината на светиот прилог и по должината на градскиот имот, од западната страна кон запад и од источната страна кон исток. А должината нека биде еднаква со должината на племенските имоти, од западната меѓа до источната меѓа.+ 8 Таа земја ќе биде негова, негов посед во Израел. Моите кнезови нема да го угнетуваат мојот народ,+ и ќе му дадат земја на Израеловиот дом по неговите племиња.‘+

9 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Доста е, кнезови на Израел!‘+

‚Оставете ги насилството и грабежот,+ и правете го она што е праведно и исправно!+ Престанете да му ги одземате имотите на мојот народ!‘+ — вели Севишниот Господар Јехова. 10 ‚Вагата нека ви биде точна, ефата нека ви биде исправна и батот исправен!+ 11 Ефата и батот* нека имаат единствена мерка: батот нека содржи десеттина од гомер* и ефата* нека содржи десеттина од гомер+ — мерката нека им биде според гомерот. 12 Сикелот*+ нека биде дваесет гери.*+ Едно мане нека ви биде дваесет сикли, дваесет и пет сикли и петнаесет сикли.‘

13 ‚Ова е прилогот што ќе го принесувате: шестина ефа од секој гомер пченица и шестина ефа од секој гомер јачмен. 14 А уредбата за масло е следнава: батот е мерка за масло. Батот е десеттина кор. Десет бата се еден гомер, да, десет бата се еден гомер. 15 Принесете една овца од стадото, по една од секои двесте овци од израелското стадо.+ Сите тие приноси ќе бидат за житни жртви+ и за цели жртви паленици+ и за жртви на заедништвото,+ за да се изврши обредот на очистување за вас‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.

16 ‚Целиот народ во земјата* ќе биде должен да му го дава тој прилог+ на кнезот во Израел.+ 17 А кнезот+ е должен да дава цела жртва паленица,+ житна жртва+ и жртва налевница+ за празниците,+ за младите месечини+ и за деновите за одмор,*+ за сите празници на Израеловиот дом.+ Негова должност е да донесува жртва за грев, житна жртва, цела жртва паленица и жртва на заедништвото, за да се изврши обредот на очистување за Израеловиот дом.‘

18 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Во првиот месец, на првиот ден во месецот, земи од стадото јунец без недостаток+ и исчисти го од грев светилиштето!+ 19 Свештеникот нека земе крв од жртвата за грев и со неа нека ги намачка довратниците+ на Домот и четирите агли на скалилото на кое стои жртвеникот+ и довратниците на портата на внатрешниот двор. 20 Така направи и на седмиот ден во месецот за секој што згрешил ненамерно+ или во незнаење. Извршете го обредот за очистување на Домот.+

21 Во првиот месец, на четиринаесеттиот ден во месецот, ќе ја славите Пасхата.+ Седум дена за празникот нека се јадат бесквасни лебови.+ 22 Во тој ден, кнезот нека донесе јунец за жртва за грев, за себе и за целиот народ во земјата.+ 23 За седумте денови на празникот+ нека принесе седум јунци и седум овни без недостаток како цела жртва паленица за Јехова. Така нека прави секој ден во тие седум дена.+ Секој ден нека донесува и по еден јарец за жртва за грев.+ 24 Како житна жртва нека донесе по една ефа за секој јунец и по една ефа за секој овен, а масло нека донесе по еден ин за секоја ефа.+

25 Во седмиот месец, на петнаесеттиот ден во месецот, на празникот,+ нека донесе ист таков принос, и така нека прави седум дена.+ Нека донесе ист принос за жртва за грев, за цела жртва паленица, за житна жртва и ист принос масло‘ “.

46 „Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Портата на внатрешниот двор што гледа кон исток+ нека биде затворена+ во шесте работни денови,+ а на денот за одмор* нека биде отворена и на денот на млада месечина нека биде отворена.+ 2 Кнезот нека влезе во предворјето на портата,+ од надворешната страна, и нека застане кај довратникот на портата.+ Тогаш свештениците нека ги принесат неговата жртва паленица и неговите жртви на заедништвото, а тој нека се поклони на прагот на портата+ и нека излезе. А портата нека не биде затворена сѐ до вечерта. 3 На влезот од таа порта, на ден за одмор и на млада месечина, народот од земјата* нека се поклонува пред Јехова.+

4 Целата жртва паленица, која на денот за одмор кнезот ќе му ја принесе на Јехова, нека се состои од шест јагниња без недостаток и еден овен без недостаток.+ 5 Житната жртва нека биде по една ефа за овен,+ житната жртва за јагнињата нека биде толку колку што може да даде,+ а маслото нека биде по еден ин за секоја ефа.+ 6 На денот на млада месечина+ нека принесе еден јунец без недостаток, а нека принесе и шест јагниња и еден овен. Нека бидат без недостаток.+ 7 И за житна жртва нека принесе по една ефа за јунец и по една ефа за овен, за јагнињата толку колку што може да даде, а масло нека принесе по еден ин за секоја ефа.+

8 А кога ќе влезе, кнезот+ нека влезе во предворјето на портата и нека излезе по истиот пат.+ 9 А кога народот од земјата ќе дојде на празник пред Јехова,+ оној што ќе влезе низ северната порта+ за да се поклони, нека излезе низ јужната порта,+ а оној што ќе влезе низ јужната порта, нека излезе низ северната порта. Никој нека не се враќа на портата низ која влегол, туку нека оди право напред. 10 Кога ќе влезат тие, нека влезе и кнезот што е меѓу нив, а кога ќе излезат тие, нека излезе и тој.+ 11 На празниците+ и на прославите, житната жртва нека биде по една ефа за јунец и по една ефа за овен, за јагнињата толку колку што може да даде, а маслото нека биде по еден ин за секоја ефа.+

12 Кога кнезот ќе донесе жртва која доброволно ќе биде принесена цела како жртва паленица,+ или кога ќе донесе жртви на заедништвото како жртва која доброволно му ја принесува на Јехова, нека му биде отворена портата што гледа кон исток,+ па нека ги донесе својата жртва паленица и своите жртви на заедништвото како што го прави тоа на ден за одмор.+ Потоа нека излезе, а кога ќе излезе, портата нека се затвори.+

13 Секој ден донеси за жртва паленица за Јехова по едно јагне без недостаток, до една година старо.+ Донеси го секое утро. 14 Донеси со него секое утро за житна жртва по една шестина ефа, а масло донеси една третина ин за да се попрска финото брашно.+ Житната жртва за Јехова треба секогаш да се принесува. 15 Секое утро нека донесат јагне и житна жртва и масло како жртва паленица која редовно се принесува‘.

16 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ако кнезот му даде на секој свој син дар во наследство, тој дар ќе стане сопственост на неговите синови. Тоа ќе биде нивни имот што ќе го добијат во наследство. 17 А ако од своето наследство му даде дар на некој свој слуга, тој дар ќе му припаѓа на слугата до годината на ослободувањето,+ а тогаш нека му го врати на кнезот. Само неговите синови ќе го добијат неговото наследство како траен посед. 18 Кнезот не смее да му одзема никакво наследство на народот така што ќе го брка од неговиот имот.+ Од својот имот нека им даде наследство на своите синови за да не биде никој од мојот народ протеран од својот посед‘ “.+

19 Потоа, ме одведе низ влезот+ што беше до портата во свештеничките свети трпезарии, кои беа свртени кон север.+ И гледај, таму, во задниот дел, кој гледаше кон запад, имаше некаков простор. 20 И ми рече: „Ова е местото на кое свештениците ќе ги варат жртвата за вина+ и жртвата за грев+ и ќе ја печат житната жртва+ за да не се изнесува ништо во надворешниот двор и така да се посвети народот“.+

21 Потоа ме изведе во надворешниот двор и ме поведе покрај четирите дворни аголни столба и, гледај, покрај едниот дворен аголен столб имаше еден двор и покрај другиот дворен аголен столб имаше еден двор. 22 Покрај четирите дворни аголни столба имаше дворчиња, четириесет лакти во должина, а триесет во ширина. Сите тие четири аголни градби имаа исти мерки. 23 Околу сите четири двора се протегаше ѕид, а во подножјето на тој ѕид, кој одеше наоколу, беа направени места за готвење.+ 24 И ми рече: „Тоа се кујните во кои слугите на Домот ги варат жртвите на народот“.+

47 Потоа ме врати до влезот на Домот,+ и гледај, вода+ извираше од под прагот на Домот и течеше кон исток,+ зашто предниот дел на Домот гледаше кон исток. Водата течеше одоздола, од десната страна на Домот, јужно од жртвеникот.

2 И ме изведе низ северната порта+ и ме одведе одоколу по надворешниот пат до надворешната порта која гледаше кон исток,+ и гледај, водата+ течеше од десната страна.

3 Кога тргна кон исток со мерното јаже в рака,+ човекот измери илјада лакти и ме преведе преку водата, а водата беше до глуждови.

4 И пак измери илјада лакти и ме преведе преку водата, а водата беше до колена.

Потоа повторно измери илјада лакти и ме преведе преку водата, а водата сега беше до колкови.

5 Потоа повторно измери илјада лакти. Сега тоа веќе беше река која не можев да ја преминам, зашто водата беше толку надојдена што требаше да се плива — тоа беше река што не можеше да се премине.

6 Тогаш ми рече: „Дали виде, сине човечки?“

Потоа ме поведе и ме врати на брегот на реката. 7 Кога се вратив, гледај, на брегот на реката имаше мошне многу дрвја, на едната и на другата страна.+ 8 И ми рече: „Оваа вода тече во источниот крај, ќе се спушти низ Араба+ и ќе се влее во морето.+ Кога ќе се влее во морето,+ морската вода ќе оздрави. 9 Секаде каде што оваа река — сега веќе двапати поголема — ќе протече, сите живи души што се движат+ ќе оживеат. И ќе има мошне многу риби таму каде што ќе дојде оваа вода, морската вода ќе оздрави+ и сѐ ќе биде живо таму каде што ќе тече оваа река.

10 И рибарите ќе стојат покрај морето од Ен-Геди+ до Ен-Еглаим. Таму ќе се сушат мрежите. Ќе има секакви риби, како во Големото Море,*+ мошне многу.

11 Неговите мочуришта и неговите бари нема да оздрават.+ Ќе бидат оставени за сол.+

12 По должината на реката, по должината на едниот и на другиот брег, ќе израстат разновидни дрвја, кои ќе раѓаат плодови за јадење.+ Лисјата нема да им венеат+ и нема да им снема плод.+ Секој месец ќе раѓаат нов плод, зашто водата им дотечува од светилиштето.+ Нивните плодови ќе бидат за јадење, а лисјата за лек“.+

13 Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ова е подрачјето што ќе си го поделите во наследство, земја за дванаесетте племиња на Израел. На Јосиф ќе му припаднат два дела.+ 14 Вие ќе ја наследите — секој ќе добие колку и неговиот брат — ќе ја наследите земјата за која со подигната рака им се заколнав+ на вашите татковци+ дека ќе им ја дадам, таа земја со ждрепка ќе ви припадне вам во наследство.+

15 Ова е границата на земјата на северната страна: од Големото Море патот за Хетлон,+ како што се оди во Седад,+ 16 Емат,+ Верота,+ Сивраим, кој е меѓу границата на Дамаск+ и границата на Емат, и Азер-Атихон, кој се наоѓа спрема границата на Авран.+ 17 Така границата ќе оди од морето до Хасар-Енан,+ на границата на Дамаск, и понатаму на север, северно од таа граница, до границата на Емат.+ Тоа е северната страна.

18 Источната страна: меѓу Авран+ и Дамаск+ и меѓу Галад+ и земјата на Израел, паралелно со Јордан.+ Мерете од границата кон источното море. Тоа е источната страна.

19 Јужната страна: кон југ, од Тамара+ до водите на Мериват-Кадис,+ по должината на речната долина*+ до Големото Море. Тоа е јужната страна, кон Негев.*

20 Западната страна: граница е Големото Море, од јужната граница право до влезот во Емат.+ Тоа е западната страна.

21 Разделете ја таа земја меѓу себе, меѓу дванаесетте племиња на Израел. 22 Разделете ја во наследство меѓу себе+ и меѓу дојденците што живеат меѓу вас,+ на кои им се родиле синови меѓу вас. И нека ви бидат како да се родени Израелци. Тие ќе добијат наследство заедно со вас меѓу племињата на Израел.+ 23 Во племето во кое живее дојденецот, таму дајте му го неговото наследство“, вели Севишниот Господар Јехова.

48 „А ова се имињата на племињата. Еден дел ќе му припадне на Дан.+ Ќе се протега од крајниот север по должината на патот кој води од Хетлон+ до влезот во Емат.+ Потоа ќе оди до Хасар-Енан,+ до границата на Дамаск на север, и до подрачјето на Емат. Ќе се протега во правецот исток-запад. 2 Еден дел ќе му припадне на Асер, а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Дан.+ 3 Еден дел ќе му припадне на Нефталим,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Асер. 4 Еден дел ќе му припадне на Манасија,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Нефталим. 5 Еден дел ќе му припадне на Ефрем,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Манасија. 6 Еден дел ќе му припадне на Рувим,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Ефрем. 7 Еден дел ќе му припадне на Јуда,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Рувим. 8 А од исток кон запад покрај границата на Јуда ќе се протега прилогот што треба да го дадете. Тој нека биде дваесет и пет илјади лакти во ширина,+ а во должина како и секој друг дел од исток кон запад. Во неговата средина нека биде светилиштето.+

9 Прилогот што треба да му го дадете на Јехова нека биде дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади лакти во ширина. 10 Ова се мерките на тој дел што ќе биде свет прилог за свештениците:+ на север нека биде дваесет и пет илјади лакти во должина, на запад десет илјади во ширина, на исток десет илјади во ширина и на југ дваесет и пет илјади во должина. Во неговата средина нека биде Јеховиното светилиште.+ 11 Тоа ќе биде за свештениците, за посветените синови на Садок,+ кои ми служеа верно и не застранија кога застранија синовите на Израел, како што застранија левитите.+ 12 Нека биде нивни прилогот од приложената земја, како нешто најсвето, на левитската граница.+

13 Левитите нека имаат подрачје+ веднаш до подрачјето што им припаѓа на свештениците, дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади во ширина — вкупно дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади во ширина.+ 14 Од тоа не смеат ниту нешто да продадат, ниту да заменат, ниту да му ја пренесат на некого таа најдобра земја, зашто е света за Јехова.+

15 Петте илјади лакти што ќе останат во ширина, по должината на оние дваесет и пет илјади лакти, нека не бидат свети, туку нека бидат за град,+ за населба и за пасиште. Градот нека биде во нивната средина.+ 16 А ова се мерките на градот: од северната страна четири илјади и петстотини лакти, од јужната страна четири илјади и петстотини, од источната страна четири илјади и петстотини и од западната страна четири илјади и петстотини. 17 Градот нека има свое пасиште:+ на север двесте и педесет лакти, на југ двесте и педесет лакти, на исток двесте и педесет и на запад двесте и педесет.

18 Тоа што ќе остане, ќе биде во должина исто како и светиот прилог:+ десет илјади лакти на исток и десет илјади на запад. Нека биде еднакво со светиот прилог, а неговиот род нека им служи за храна на оние што му служат на градот.+ 19 Оние што му служат на градот, кои се од сите племиња на Израел, ќе ја обработуваат таа земја.+

20 Целиот прилог е дваесет и пет илјади на дваесет и пет илјади лакти. Четириаголен дел треба да принесете како свет прилог заедно со градскиот посед.

21 Тоа што ќе преостане ќе му припадне на кнезот:+ на едната и на другата страна од светиот прилог и од градскиот посед,+ по должината на дваесет и петте илјади лакти прилог кон источната граница и на запад по должината на дваесет и петте илјади лакти кон западната граница.+ Какви што се другите племенски подрачја такво ќе биде и ова за кнезот. Во средината на тоа подрачје нека биде светиот прилог и светилиштето на Домот.

22 Левитскиот посед и градскиот посед нека бидат меѓу она што му припаѓа на кнезот. Она што ќе преостане меѓу границата на Јуда+ и границата на Венијамин нека му припадне на кнезот.

23 Ова е за останатите племиња: еден дел ќе му припадне на Венијамин,+ а ќе се протега од исток до запад. 24 Еден дел ќе му припадне на Симеон,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Венијамин. 25 Еден дел ќе му припадне на Исахар,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Симеон. 26 Еден дел ќе му припадне на Завулон,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Исахар. 27 Еден дел ќе му припадне на Гад,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Завулон. 28 Покрај границата на Гад, на јужната страна, кон југ, границата ќе биде од Тамара+ до водите на Мериват-Кадис,+ по должината на речната долина,+ сѐ до Големото Море.*+

29 Тоа е земјата што ќе им ја разделите со ждрепка во наследство на племињата на Израел+ и тоа се нивните делови“,+ вели Севишниот Господар Јехова.

30 „А ова се излезите на градот: на северната страна мерката нека биде четири илјади и петстотини лакти.+

31 Градските порти нека бидат според имињата на Израеловите племиња. Три порти нека бидат на север: една порта на Рувим, една порта на Јуда и една порта на Леви.

32 На источната страна нека има четири илјади и петстотини лакти, со три порти: една порта на Јосиф, една порта на Венијамин и една порта на Дан.

33 На јужната страна мерката нека биде четири илјади и петстотини лакти, со три порти: една порта на Симеон, една порта на Исахар и една порта на Завулон.

34 На западната страна нека биде четири илјади и петстотини лакти, со три порти: една порта на Гад, една порта на Асер и една порта на Нефталим.

35 Наоколу нека има осумнаесет илјади лакти. А името на градот од тој ден натаму нека му биде: Јехова Е Таму.“+

Веројатно тоа биле две тркала со средиште во истата точка, но меѓусебно поставени под прав агол.

Буквално: „со гневен дух“.

Или: „овни (за пробивање ѕидови)“.

Види ја фуснотата за 2Мо 9:32.

Еден ин е 3,67 литри. Види го додатокот 13.

Или: „стапови на кои се наредени прстенести лебови“. Буквално: „лебните стапови“.

Буквално: „одат“.

Буквално: „одите“.

Буквално: „во сите ветрови“. Види ја фуснотата за Ере 49:32.

Или: „стапови на кои се наредени прстенести лебови“. Буквално: „лебни стапови“.

Или: „лепешкави идоли“.

Во книгата на Езекиел на повеќе од 60 места се јавува изразот „тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова“. Овој израз зборува за посветувањето на Јеховиното име на Земјата, и ова е првото такво место.

Или: „венецот“.

Овој израз се однесува на неконтролирано мочање од страв.

Буквално: „народи од земјата“ (хебрејски: ам хаарец). Тој израз подоцна почнал да се користи во погрдна смисла. Спореди Јвн 7:47⁠-49.

Или: „лепешкави идоли“.

Несомнено тоа било предмет што бил користен при обожавањето на идоли.

Или: „мастилница; рог за мастило“.

Херувими се ангели на висока положба.

Односно: „месо што е заштитено во котел“.

Или: „Ги знам јас мислите на вашиот дух“.

Буквално: „одевте“.

Буквално: „одат“.

Буквално: „чие срце оди“.

Буквално: „во сите ветрови“. Види ја фуснотата за Ере 49:32.

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец). Види ја фуснотата за Езе 7:27.

Буквално: „својот дух“.

Или: „лепешкави идоли“.

Буквално: „и да биде изрека (пословица)“.

Или: „стаповите на кои се наредени прстенести лебови“. Буквално: „лебните стапови“.

Или: „со своите гнасни и лепешкави идоли“.

Или: „пресадена“.

Буквално: „во сите ветрови“. Види ја фуснотата за Ере 49:32.

Или: „лепешкавите идоли“.

Буквално: „оди“.

Буквално: „оди“.

Куки им вовирале на животни или на заробеници низ образите или низ носот за да ги водат врзани на јаже.

Или: „лепешкави идоли“.

Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Буквално: „одеа“.

Буквално: „зар не блудствувате со нивните гнасотии?“ Види го додатокот 6.

Или: „да се обистинат мислите на вашиот дух“.

Види ја фуснотата за Езе 7:17.

Или: „овни (за пробивање ѕидови)“.

Или: „она што е високо“.

Или: „лепешкави идоли“.

Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Буквално: „Народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Буквално: „и би застанал во пукнатина [на ѕидовите]“.

„Охола“ значи „нејзиниот шатор“.

„Охолива“ значи „мојот шатор е во неа“.

Или: „лепешкави идоли“.

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.

Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Или: „пословичните (мудри) зборови“.

Или: „мустаќите; горната усна“.

Или: „приморските краишта“.

Буквално: „замолчен“.

Или: „Ти запечатуваш пример; Ти си пример што запечатува“.

Херувими се ангели на висока положба.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Буквално: „целото мешано мноштво; сета мешавина од народи“.

Буквално: „продадам“.

Или: „лепешкавите идоли“.

„Ноф“ е хебрејско име за Мемфис.

Или: „Хелиополис“. Буквално: „Авена“.

Буквално: „шеолот“.

Буквално: „шеолот“.

Буквално: „шеолот“.

Буквално: „замолчен си“.

Веројатно станувало збор за дванаесеттиот месец. Види го 1. стих.

Буквално: „шеолот“.

Буквално: „шеолот“.

„Народот од (...) земја“ — хебрејски: ам хаарец. Тој израз подоцна почнал да се користи во погрдна смисла. Спореди Јвн 7:47⁠-49.

Или: „бунтови; бунтовнички престапи“.

Или: „во денот кога ќе се побуни; во денот кога ќе направи бунтовнички престап“.

Буквално: „оди“.

Или: „лепешкави идоли“.

Или: „лепешкави идоли“.

Буквално: „одите“.

Или: „тетиви“.

Буквално: „од четирите ветрови“.

Или: „лепешкави идоли“.

Буквално: „одат“.

Или: „Долината Хамон-Гог“.

„Народ од земјата“ — хебрејски: ам хаарец.

„Хамона“ значи „мноштво“.

„Секој лакот беше за една дланка подолг од обичниот лакот“ — обичниот лакот изнесувал 44,5 сантиметри, а дланката 7,4 сантиметри. Тоа е вкупно 51,8 сантиметри, односно еден долг лакот. Значи, ‚мерната трска долга шест лакти‘ имала 3,11 метри. Види го додатокот 13.

Буквално: „храмот“, што веројатно се однесува на Светињата.

Херувими се ангели на висока положба.

Види ја фуснотата за Езе 40:5.

Види ја фуснотата за Езе 40:5.

Или: „лепешкави идоли“.

Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Или: „сѐ што е херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Батот е мерка за течност, која по зафатнина одговара на ефата, мерка за суви работи. Еден бат содржел 22 литри. Види го додатокот 13.

Еден гомер е 220 литри.

Една ефа е 22 литри.

Еден сикел тежел 11,4 грама. Види го додатокот 13.

Една гера тежела 0,57 грама.

„Народ во земјата“ (и во 22. стих) — хебрејски: ам хаарец. Види ја фуснотата за Езе 7:27.

Буквално: „сабатите“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

„Народот од земјата“ (и во 9. стих) — хебрејски: ам хаарец. Види ја фуснотата за Езе 7:27.

Односно, Средоземното Море.

Види го додатокот 12.

Или: „на југ“, односно на јужниот дел од Ветената земја.

Односно, Средоземното Море.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели