ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/5 стр. 16-17
  • Месечеви Планини

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Месечеви Планини
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Прекрасна глетка
  • ,Повеличествен си од планините‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Планините — ремек-дела на создавањето
    Разбудете се! 1995
  • Килиманџаро — кровот на Африка
    Разбудете се! 1997
  • Големата раседна долина
    Разбудете се! 1997
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/5 стр. 16-17

Месечеви Планини

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО КЕНИЈА

ТОА беше една гласина која траеше со векови: Некаде во Централна Африка имало планини покриени со снег — вистинскиот извор на Нил. Но, идејата за снег во близината на екваторот во Африка, изгледала неверојатна. Сепак, на почетокот од вториот век н. е., грчкиот географичар Птолемај укажал на постоењето на овие планини, нарекувајќи ги Луни Монтес — Месечеви Планиниa.

Со векови, напорите да се лоцираат овие планини се покажувале залудни. Но еден ден, во доцните 1800-ти години, истражувачот Хенри Стенли — познат по тоа што го пронашол д-р Дејвид Ливингстон — бил сведок на еден неочекуван настан. Покривката од облаци која ги криела планините од претходните истражувачи, за кратко била растерана, давајќи му на Стенли еден зашеметувачки поглед на една група врвови покриени со снег. Тој ги пронашол Месечевите Планини. Но, ги нарекол според името кое тогаш го употребувале локалните жители: Рувензори, што значи „Оној што донесува дожд“.

Денес постои општа согласност дека Рувензори играат само мала улога во обезбедувањето вода за Нил. Сепак, тие сѐ уште популарно се нарекуваат Месечеви Планини. И покрај бројни истражувачки експедиции, овој планински венец кој влева стравопочитување сѐ уште е опкружен со мистериозност. Протегајќи се токму на север од екваторот, Рувензори се една природна граница помеѓу Уганда и Демократска Република Конго, простирајќи се во должина од околу 130 километри и во ширина од 50 километри.

За разлика од повеќето планини во Источна Африка кои се со вулканско потекло, венецот Рувензори е еден огромен блок од Земјината кора кој пред милениуми бил избуткан нагоре со масивни геолошки притисоци. Иако Рувензори достигнуваат надморска висина од 5.109 метри, набљудувачите ретко можат да ги видат. Поголемиот дел од времето, венецот е обвиткан во магла и облаци.

Како што укажува името, Рувензори уживаат преобилни дождови и снегови, а „сувата“ сезона е само нешто посува од „влажната“ сезона. Затоа пешачењето може да биде опасно; во некои предели калта е длабока до половината! Поројните дождови изрезбариле неколку извонредни езерца, кои даваат влага за необично бујната вегетација која ги прекрива планинските падини. Всушност, Рувензори се дом на неколку необични растенија, од кои некои достигнуваат огромна големина.

На пример, џиновските влакнести прсти, наречени Лобелии, на други места обично се долги по помалку од 30-тина сантиметри, но на Рувензори тие можат да достигнат и до 6 метри. Џиновските плевели изгледаат како големи зелки сместени на врвот од разгранети трупци. Има врисови дрвја покриени со мов, високи по 12 метри. Цвеќиња во сите бои и мириси ја зголемуваат убавината на глетката. Има и разновидна и прекрасна популација од птици, од кои некои се единствени за Рувензори. На пониските падини живеат слонови, шимпанза, нијала антилопи, леопарди и колобус мајмуни.

Прекрасна глетка

Оние кои пешачат по планинските патеки, минуваат низ една тропска дождовна шума и неколкупати ја преминуваат реката Буџуку. Кога ќе дојдат на височина од 3.000 метри, тие можат да се свртат назад и да гледаат кон Раседната долина — една зашеметувачка глетка!

Уште погоре е долниот Биго Бог, подрачје на бусонска трева и врисови дрвја. Калта овде честопати е длабока до коленици. Една стрмна нагорнина до горниот Биго Бог и езерото Буџуку, на врвот на долината Буџуку висока околу 4.000 метри, дава една прекрасна глетка на Монт Бакер, Монт Луиџи ди Савоја, Монт Стенли и Монт Спик, најпознатите врвови во овој венец.

Уште погоре е постојаниот глечер Елина. Овде мора да се облечат крампони и да се користи јаже и чекан за мраз за искачување по глечерот. Понатаму следи една прошетка по Стенлиевата Висорамнина на патот кон врвот Маргарита на најгорниот дел од Монт Стенли, највисокиот врв на планинскиот венец Рувензори. Гледањето од таа височина кон панорамската глетка на врвовите, долините, шумите, потоците и езерата, навистина влева стравопочитување.

Меѓутоа, овој планински венец воопшто не беше освоен. Рувензори само што почнаа да ги откриваат своите тајни. Сѐ уште многу е непознато за геологијата на венецот, како и за животинскиот и за растителниот свет. Со тоа Рувензори остануваат опкружени со мистерија — тајни кои потполно ги знае само нивниот мудар и семоќен Создател. Да, тој навистина е Оној чии ‚горски височини се Негови‘ (Псалм 94:4).

[Фуснота]

a Според книгата The Nile од Емил Лудвиг, древните домородни жители не можеле да го објаснат снегот на планините. Затоа тие верувале дека „планините ја привлекле кон себе месечевата светлина“.

[Слики на страници 16 и 17]

1. Дебела покривка од облаци обично ги крие Рувензори

2. Поројните дождови на „Оној што донесува дожд“ ги натопуваат неговите падини покриени со мов

3. По патеката има многу цвеќиња и миризби

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели