ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/12 стр. 28-30
  • Како можам да заработам пари?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како можам да заработам пари?
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Почеток
  • Поднесување молба за работа
  • Кога работиш за себе
  • Задржи урамнотеженост!
  • Како да заработам пари?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Што има лошо во заработувањето пари?
    Разбудете се! 1998
  • Пет важни фактори за да најдете работа
    Разбудете се! 2005
  • Најди задоволство во работата
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
Разбудете се! 1998
g98 8/12 стр. 28-30

Младите прашуваат . . .

Како можам да заработам пари?

„Сакам вработување со кое се заработува добра пара“ (Тања).

МНОГУ млади го делат мислењето на Тања. „Сакам пари за да си купам автомобил, за да можам да излезам и за да си купам облека“, вели младиот Серџо. „Не сакам за сѐ да зависам од родителите.“ Младата Лори-Ен работи од слична причина. „Јас сум девојка и сакам да купувам“, вели таа.

Не е многу чудно тоа што, според списанието U.S.News & World Report, „3 од секои 4 ученици од трета и четврта година во средните училишта [во САД] сега одат на работа после училиштето и на викендите“. Ова донекаде ја одразува неурамнотежената ‚љубов кон парите‘ која е толку раширена во денешниот материјалистички свет (1. Тимотеј 6:10, NW). Меѓутоа, не запаѓаат во материјализам сите млади кои тежнеат по приход.

„Парите служат како заштита“, вели Библијата (Проповедник 7:12, NW). Може да има повеќе оправдани причини зошто како христијански младинец сакаш да заработиш пари.a На пример, младиот Авијан објаснува зошто работи два дена во неделата: „Така можам да се издржувам како општ пионер [полновремен евангелизатор]“.

Можеби постојат слични причини зошто сакаш да најдеш работа со скратено работно време. Можеби имаш за цел да присуствуваш на некој христијански конгрес. Или можеби ти треба повеќе облека која е соодветна за собраниските состаноци. Во секој случај, за овие работи се потребни пари. Точно е дека Исус ветил дека Бог ќе се грижи за оние кои ‚најнапред го бараат царството на Бога‘ (Матеј 6:33). Но, тоа не значи дека не треба да преземеш иницијатива во овој поглед. (Спореди Дела 18:1—3.) Тогаш, кои се некои практични чекори кои би можел да ги направиш ако треба да заработиш пари?

Почеток

Под претпоставка дека твоите родители се согласуваат да почнеш да работиш нешто, твојата прва задача би можела да биде да им пристапиш на соседите, наставниците и роднините и да им кажеш дека бараш работа. Ако се срамиш да ги прашаш директно, би можел едноставно да ги прашаш што работеле тие додека биле тинејџери. Би можеле да ти дадат некои корисни идеи. Колку повеќе луѓе знаат дека бараш работа толку повеќе информации и препораки ќе добиеш.

Како следно, обиди се преку огласите во весниците и преку огласните табли во продавниците, во твоето училиште и на други јавни места. „Така се вработив“, вели младиот Дејвид. „Побарав во весник, им пратив по факс кратка биографија и им телефонирав.“ Но, дали знаеш дека многу работни места не се објавени преку оглас? Според списанието Seventeen, некои проценуваат дека „три од десет работни места не постојат сѐ додека не се појави вистинската личност“. Можеби ќе убедиш некој работодавач дека ќе треба да најде работа за тебе!

Но како? ‚Немам искуство‘, можеби си мислиш. Е па, размисли уште еднаш. Дали некогаш си го чувал помалото братче или сестричка кога твоите родители биле излезени или, пак, дали си чувал деца на некои други? Тоа покажува дека ти си одговорна личност. Дали си му помагал на татко ти да го поправи автомобилот? Тоа покажува дека можеби си надарен за механичар. Знаеш ли да чукаш на машина или да користиш компјутер? Дали си добил добри оценки за некоја иновација? Тоа се добри убедливи страни за потенцијалните работодавачи.

Не ги занемарувај ниту твоите хобија и интереси. На пример, ако свириш некој музички инструмент, види дали има слободно работно место во некоја продавница за музички инструменти. Очигледно ти си заинтересиран за производите во таа продавница и сигурно ќе можеш да одговараш на прашањата на муштериите.

Поднесување молба за работа

Да претпоставиме дека имаш закажано интервју за работа. Обрни внимание на твојата облека и дотерување, бидејќи твојот изглед открива нешто за тебе. Може да каже дека си „одговорен, уреден, организиран“ — или сосема спротивното. Библијата е практична кога ги охрабрува христијанките „да се украсуваат со добро уредена облека, со скромност и здрав разум“ (1. Тимотеј 2:9, NW). Истото важи и за мажите. Никогаш немој да носиш помодна или немарна облека на интервју за работа, без оглед на тоа за каква работа станува збор.

Твојот став и манирите исто така кажуваат многу за тебе. Применувај го Златното правило: Постапувај со другите онака како што сакаш тие да постапуваат со тебе (Матеј 7:12). Биди точен на закажаното. Биди воодушевен и подготвен. Покажувај добри манири. Без да се фалиш или да претеруваш, објасни зошто мислиш дека ги исполнуваш квалификациите за тоа работно место. Биди конкретен.

Некои експерти препорачуваат да понесеш (или претходно да имаш испратено) уредна, добро средена кратка биографија. Таа треба да го вклучува твоето име, адреса, телефонскиот број, целта да се вработиш, образованието (вклучувајќи и секакви специјални курсеви што си ги посетувал), претходно работно искуство (вклучувајќи и платена и доброволна работа), посебни вештини, лични интереси и хобија (тие може да кажат нешто за твоите способности) и забелешка дека можат да добијат препораки ако ги побараат. Може да подготвиш и посебен список со имиња, адреси и телефонски броеви на некои поединци кои би можеле да те препорачаат за работа. Се разбира, погрижи се однапред да побараш дозвола од нив. Тука би можеле да спаѓаат поранешни работодавачи, некој наставник, училишен советник, постар пријател — секој кој може да посведочи за твоите вештини, способности или карактерни особини.

Кога работиш за себе

Што ако и покрај твоите најдобри напори не можеш да најдеш работа? Тоа е вообичаено во многу земји. Но, не очајувај. Добро решение би можело да биде да започнеш сопствен бизнис. Кои се предностите? Ќе можеш да си поставиш сопствен распоред и да работиш толку многу или толку малку колку што сакаш. Се разбира, кога работиш за себе треба да се мотивираш самиот, да се дисциплинираш и да бидеш спремен да преземеш иницијатива.

Но, каков бизнис би можел да започнеш? Помисли на твоето соседство. Има ли потреба од стоки или услуги кои не ги обезбедува некој друг? На пример, да речеме дека ги сакаш животните. Би можел да се понудиш за одредена цена да ги капеш или да ги дотеруваш миленичињата на соседите. Или можеби свириш некој музички инструмент. Можеш ли да ги учиш другите да свират? Или можеби едноставно треба да работиш нешто што другите често го потценуваат, како што е миење прозорци или чистење. Христијаните не се срамат од физичката работа (Ефесјаните 4:28). Би можел да се обидеш да научиш и некоја нова вештина. Побарај во библиотеките книги за самоучење или замоли некој пријател да те научи. На пример, младиот Џошуа одел на курс за калиграфија. Потоа започнал мал бизнис со цртање покани за свадби и забави. (Види ја рамката „Работи кои можеш да ги започнеш сам“.)

Едно предупредување: Не избрзувај во некој потфат пред да ги разгледаш сите трошоци и фактори кои се вклучени во него (Лука 14:28—30). Најнапред отворено разговарај со своите родители. Исто така, разговарај и со други кои воделе слични бизниси. Ќе треба ли да плаќаш даноци? Ќе треба ли да добиеш одобрение или дозвола? Распрашај се за деталите кај локалните власти (Римјаните 13:1—7).

Задржи урамнотеженост!

Се разбира, постои опасност да се ангажираш повеќе отколку што можеш да постигнеш. Лори-Ен рекла за некои вработени млади: „Тие не ги пишуваат сите домашни задачи и премногу се уморни за да внимаваат на часовите“. Точно е дека во некои делови од светот младите немаат друг избор освен да работат долго време за да им помогнат на своите семејства да преживеат. Но ако не се наоѓаш во таква ситуација, тогаш зошто да претеруваш во овој поглед? Според повеќето стручњаци, да се работи повеќе од 20 часа седмично додека се оди на училиште е претерано и има спротивен ефект. Некои предлагаат да не се посветува на работа повеќе од осум до десет часа седмично.

Ако трошиш премногу време, енергија и будност на работата после училиште, може да почне да слабее твоето здравје, оценките, а особено твојата духовност. Да, не се само возрасните тие кои се задушени од „примамливото богатство и други желби“ (Марко 4:19). Затоа задржи урамнотеженост. Соломон дал опомена против претераната работа, велејќи: „Подобро една рака во мир, отколку две со труд и мака во духот“ (Проповедник 4:6).

Да, може да биде неопходно да се заработуваат пари. А ако твоите мотиви за тоа се здрави и побожни, како на младиот Авијан кој беше спомнат претходно, можеш да бидеш сигурен дека Јехова ќе ги благослови твоите напори. Сепак, погрижи се никогаш да не се внесеш во работата толку што ќе заборавиш на „поважните работи“, односно духовните интереси (Филипјаните 1:10, NW). Иако парите можат да бидат „заштита“, твојот однос со Бог е тој што ќе те направи навистина успешен (Проповедник 7:12, NW; Псалм 90:14).

[Фуснота]

a Статиите “Младите прашуваат . . .“ кои излегоа во изданијата на Разбудете се! од 8 март 1991 (срп.), 8 декември 1990 (англ.) и 8 јануари 1998 ги одмеруваат позитивните и негативните страни на работењето после училиште.

[Рамка на страница 30]

Работи кои можеш да ги започнеш сам

• Миење прозорци

• Продавање или доставување весници

• Риење снег

• Градинарство или средување тревници

• Чување деца

• Хранење, шетање или капење миленичиња

• Чистење чевли

• Поправање или пеглање алишта

• Одгледување и продавање разни производи

• Одгледување пилиња или продавање јајца

• Чукање на машина или обработка на податоци

• Извршување различни задачи

• Доставување

• Поучување музика или други предмети

[Слика на страница 29]

Претераната работа може да биде причина да ти се намалат оценките

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели