После бурата победи христијанството
ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО МОЗАМБИК
ВЕЧЕРТА на 2 март 1998, градот Мапуто (Мозамбик) беше погоден од силно невреме. Следното утро насекаде имаше оштетувања од бурата. Низ плажата беа разнесени паднати дрвја, патиштата беа оштетени од разбеснетите води, крововите од некои куќи беа однесени, додека други куќи се срушија.
Зградите на канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци стоеја цврсто. Но една соседна куќа, скромна дрвена конструкција со кров направен од ребрести цинкови плочи, не помина баш добро. Куќата беше премногу слаба за да опстои на силните ветришта и затоа попушти. За среќа, сите во домот, една жена и нејзините пет деца, беа живи и здрави. Но, во материјален поглед тие изгубија речиси сѐ.
Рано следното утро, доброволни работници од канцеларијата на подружницата на Watch Tower Society го посетија тоа семејство и го најдоа како го спасува од отпадоците она малку што останало. Нивната материјална загуба им ја зголеми болката, бидејќи немаа доволно пари за повторно да ја изградат својата куќа. Без татко, семејството имаше само сиромашен приход од продавањето прехрамбени намирници на локалниот пазар.
Откако ја одмерија ситуацијата, Јеховините сведоци брзо се ставија на располагање за да помогнат. Заклучија дека градежните материјали кои останале од претходната структура не се погодни за повторна употреба. Затоа, еден тим од доброволни работници ги собра сите потребни материјали и започна да гради една мала поцврста куќа.
На почетокот соседите беа љубопитни, но наскоро се зачудија кога видоа колку брзо напредува работата. За пет дена куќата беше целосно изградена и спремна за вселување. Кога влезе во својот нов дом, жената остана без зборови. Меѓутоа, не беа потребни зборови, бидејќи среќата на мајката и на децата беше очигледна кога работниците ги видоа нивните насмеани лица и очите исполнети со длабоко ценење.
И доброволците беа среќни. Тие се радуваа што имаа прилика на практичен начин да го покажат духот на вистинското христијанство (Галатјаните 6:10).
[Слики на страница 26]
5 март
6 март
7 март
Локалните Сведоци повторно го градат домот на ова семејство