Бескрвна хирургија — една успешна приказна
По издавањето на Разбудете се! од 8 април 2000 во врска со бескрвната медицина и хирургија, издавачите го добија следново охрабрувачко писмо.
„Ова издание на Разбудете се! ни ги врати спомените на една ситуација со која се соочивме јас и мојот сопруг кога се работеше за нашата ќерка, Џенис. Кратко откако се роди беа дијагностицирани пет дефекти на срцето, од кои најсериозен беше транспозиција на големите артерии.a Бидејќи беше потребен оперативен зафат, најдовме еден педијатриски кардиохирург во Бафало (Њујорк, САД), кој беше спремен да изврши операција без крв.
Кога Џенис имаше четири месеци, ѝ ја направија првата операција — операција на затворено срце со цел делумно да се ограничи дотокот на крв во белите дробови. Пет месеци подоцна се изврши втората операција — овој пат операција на отворено срце за да се насочи исправно текот на крвта. Обете операции беа извршени без крв и беа потполно успешни!
Сега Џенис има 17 години и одлично здравје. Благодарни сме што има храбри хирурзи кои се спремни да го почитуваат нашиот став во врска со крвта. Тие навистина се она што во изданието од 8 април го нарековте ‚пионери во медицината‘. Како одговор на прашањето што е поставено во тоа списание, ‚Дали бескрвната хирургија е сигурна алтернатива?‘, со сигурност можеме да одговориме со ‚да‘!“
[Фуснота]
a При ова заболување, положбите на аортата и на белодробната артерија се сменети. Затоа, крвта која е богата со кислород и треба да се разнесе низ целото тело, се носи само во белите дробови. Во нашето англиско издание од 8 април 1986 имаше извештај за еден сличен случај.
[Слика на страница 30]
Џенис и нејзините родители денес
[Слика на страница 30]
По извршените операции