ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/4 стр. 28-31
  • Во потрага по делфини во Нов Зеланд

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во потрага по делфини во Нов Зеланд
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Пливање со делфини
  • Риболов и игра
  • ‚Звучни слики‘
  • Неверојатна средба
    Разбудете се! 1997
  • Делфинот на нашиот праг
    Разбудете се! 1998
  • Сонарот на делфинот
    Случајно или создадено?
  • Заливот Шарк — чудесен подводен свет
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/4 стр. 28-31

Во потрага по делфини во Нов Зеланд

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО НОВ ЗЕЛАНД

„ТОА е единственото суштество што го сака човекот без некоја посебна причина“, напишал грчкиот есеист Плутарх. На кого мислел тој? На делфинот, цицач што е многу близок роднина на китот.

Според The World Book Encyclopedia, „многу научници сметаат дека делфините спаѓаат во најинтелигентните животни, заедно со шимпанзата и кучињата“. Сепак, како што забележал Плутарх, делфините не се привлечени кон луѓето само за да добијат храна. Напротив, изгледа дека многу од нив едноставно уживаат во нашето друштво. „Иако на делфинот не му е потребен човекот“, забележува книгата Mysteries of the Deep (Тајните на океанот), „тој е љубопитен и, многу веројатно, ужива гледајќи ги нашите лудории исто како што и ние уживаме гледајќи ги неговите.“ Од вкупно 32 вида морски делфини, 4 живеат на Нов Зеланд: обичниот делфин, клунестиот делфин, темниот делфин и најмалиот делфин во светот — Хекторовиот делфин.a

Во Заливот на Островите, живописен крајбрежен предел на Нов Зеланд, има изобилство делфини. Едвај чекаме да појдеме таму, па затоа тргнуваме со бротче од градот Расел. Нашиот водич ни кажува дека, освен делфинот со нос како шише и обичниот делфин, можеби ќе видиме китови-убијци и пилот-китови — кои се роднини на делфинот. Таа ни вели дека, за да откриеме каде се, треба да го здогледаме или нивниот спреј од отворот на главата или нивната грбна перка. „Понекогаш“, забележува таа, „тие први нѐ наоѓаат нас!“

Пливање со делфини

Наскоро, пред нас се појавуваат огромните темни контури на делфините со нос како шише — долги 4 метри — со нивните грбни перки што лесно ги сечеа брановите. Додека весело си играат, тие бесплатно се возат на брановите што ги создава бротчето. Бротчето запира и заедно со водичот внимателно се спуштам во длабоката, зелена вода, каде што неприпитомените делфини ни дозволија да пливаме заедно со нив.

Опкружен со грбни перки и несигурен каде да погледнам попрво, длабоко вдишувам и гледам со зашеметена зачуденост во сивите контури што се движат под мене. Еден делфин испливува од длабочините за да ме „разгледа“ и потоа лесно се превртува, покажувајќи ми го своето бело меше. Иако делфините се држат на растојание, јасно може да се чуе нивното сонарно свиркање. Навидум неимпресионирани од моите обиди да ги имитирам нивните звуци, делфините се повлекуваат и потоа повторно се појавуваат продолжувајќи да прават кругови.

Риболов и игра

Откако се враќаме на палубата, бродот ги следи делфините до заливот што е во заветрина. Таму здогледуваме повеќе делфини отколку што можеме да изброиме — тие потскокнуваат и прскаат вода насекаде! Всушност, ловат риба. Нивната исхрана се состои главно од лигњи, риби и лушпари. Се чини дека присуствуваме дури и на еден час по риболов. Изгледа дека мајката зашеметува една мала риба со својот сонар, а младенчето очигледно се обидува да ја фати удирајќи ја со опашот. Изгледа дека на бебето ќе му требаат уште неколку лекции!

Делфините минуваат голем дел од денот во игра и дружење. Еден делфин бесшумно минува покрај нас, гордо покажувајќи ја морската трева на неговата грбна перка. Водичот ни објаснува дека морската трева е омилена играчка на делфините. Тие ја ставаат на перката или на муцката и долго време играат со неа. Кога еден делфин ќе престане да си игра, друг ја зема и тогаш нему му е редот во играта.

‚Звучни слики‘

За да можат попрецизно да „гледаат“ под вода, делфините користат ехолокација, односно сонарен систем, кој функционира на фреквенција слична на фреквенцијата на ултразвучен скенер. Делфините „чкрапаат“ и „сликите“ што ги добиваат им овозможуваат да ја одредат местоположбата на храната и на други интересни објекти — вклучувајќи нѐ и нас. Делфините комуницираат меѓусебно користејќи високофреквентно свиркање — кое се пренесува на фреквенција десетпати повисока и четириипол пати побрза од човечкиот говор. Наместо да користат јазик како што користиме ние, изгледа дека делфините создаваат ‚звучни слики‘.

Јасно, сѐ уште останува уште многу да се учи за делфините. Можеби еден ден сосема ќе ги разбереме — како размислуваат и што мислат за нас. Исполнети со воодушевување и љубов, им го оставаме на делфините овој прекрасен напуштен залив, со неговите замаглени гребени и бела песочна плажа. Чувствуваме некоја нова почит кон овие суштества и уште поголема страхопочит кон нивниот Творец (Откровение 4:11).

[Фуснота]

a Други видови што го посетуваат Нов Зеланд се шарениот делфин и гренландскиот делфин без перки.

[Рамка/слика на страници 30 и 31]

Подигање на бебето

Делфините не се риби туку цицачи. Значи, делфинчето се храни со млеко што се создава во телото на мајката. Во текот на трите години додека го дои, мајката го учи своето бебе сѐ што треба да знае за да преживее. На пример, таа ќе го научи како да ја користи ехолокацијата, односно сонарниот систем, вклучувајќи го и карактеристичниот „потпис“ со кој ќе ја завршува секоја „реченица“. Исто така, таа ќе го научи како да лови риба, како да се пари и како да се однесува со другите делфини.

Делфинчето се раѓа со опашката напред бидејќи е превиткано на две додека е во утробата на својата мајка. Кај новородените младенчиња можат да се видат вертикални линии, кои покажуваат каде било превиткано во утробата. Бебето цица додека е во движење и цело време останува во близина на својата мајка искористувајќи ги хидродинамичките ефекти од нејзиното пливање.

[Извор на слика]

© Jeffrey L. Rotman/CORBIS

[Карта на страница 31]

(Види во публикацијата)

НОВ ЗЕЛАНД

Заливот на Островите

[Слика на страница 29]

Клунест делфин (Tursiops truncatus)

[Извор на слика]

© Jeff Rotman

[Слика на страница 29]

Хекторов делфин (Cephalorhynchus hectori)

[Извор на слика]

Фотографија на Zoe Battersby

[Слика на страница 30]

Темен делфин (Lagenorhynchus obscurus)

[Извор на слика]

Mark Jones

[Слика на страница 30]

Обични делфини

[Извор на слика]

© R.E. Barber/Visuals Unlimited

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели