ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/09 стр. 27-28
  • Предебели деца — како да им се помогне?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Предебели деца — како да им се помогне?
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Причинители
  • Кое е решението?
  • Згоеноста станува глобална епидемија?
    Разбудете се! 2003
  • Дебели деца — има ли решение?
    Разбудете се! 2012
  • Кога поголемото не е подобро
    Разбудете се! 1997
  • Содржина
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 3/09 стр. 27-28

Предебели деца — како да им се помогне?

ВО МНОГУ земји, бројот на деца со прекумерна тежина постојано расте. Светската здравствена организација проценува дека околу 22 милиони деца под пет години имаат ваков проблем.

Едно истражување спроведено во Шпанија покажа дека секое трето дете има или зголемена или прекумерна тежина. Во Австралија, бројот на деца со прекумерна тежина се зголеми за три пати, и тоа за само десет години (1985-1995). Во САД сега има над трипати повеќе предебели деца на возраст помеѓу 6 и 11 години отколку пред три децении.

Проблемот со дебелината кај децата станува актуелен и во земјите во развој. Според Меѓународната организација за борба против згоеноста, во некои делови на Африка, бројот на неисхранети деца е помал од бројот на деца со прекумерна тежина. Во 2007 год., Мексико се најде на второ место во светот веднаш по САД според бројот на деца со прекумерна тежина. Се вели дека, само во градот Мексико, 70 отсто од децата и тинејџерите имаат или зголемена или прекумерна тежина. Педијатрискиот хирург д-р Франсиско Гонзалез предупредува дека денешнава генерација е можеби „прва што ќе изумре пред своите родители поради компликации поврзани со прекумерната тежина“.

За какви компликации станува збор? Постојат најмалку три — дијабетесот, високиот крвен притисок и срцевите заболувања. Порано, вакви проблеми имаа претежно возрасните. Според Медицинскиот институт во САД, 30 отсто од момчињата и 40 отсто од девојчињата родени во САД во 2000 год. се потенцијални жртви на дијабетес мелитус поради прекумерната тежина.

Истражувањата покажуваат дека со прекумерната тежина кај децата сѐ почесто се појавува и висок крвен притисок. Д-р Рибека Дин-Ѕитхам од Медицинскиот факултет „Морхаус“ во Атланта (САД) предупредува: „Ако бројот на пациенти со висок крвен притисок продолжи да се зголемува, можеме да очекуваме значајно поголема зачестеност на кардиоваскуларните заболувања кај младите луѓе и општо кај возрасните“.

Причинители

На што се должи глобалната епидемија на згоеност кај децата. Иако е вклучен и наследниот фактор, тој не е единствената причина што во последниве децении овој проблем достигна алармантни размери. Стивен О’Рахили, професор по клиничка биохемија и медицина на Универзитетот во Кембриџ (Англија), вели: „Генетскиот фактор не е објаснување за зачестеноста на [оваа појава]. Гените не можат да се сменат за 30 години“.

Во врска со причините, клиниката „Мајо“ во САД го даде следниов коментар: „Иако, меѓу другото, причина за дебелината кај децата се генетскиот и хормоналниот фактор, таа најчесто се должи на прекумерно јадење и премалку вежбање“. Еве два примера кои покажуваат како се сменил начинот на исхрана во нашево време.

Како прво, бидејќи родителите имаат помалку време и сила за да готват, децата редовно јадат брза храна. Низ цел свет никнаа едно чудо вакви ресторани. Според едно истражување, речиси една третина од сите деца во САД на возраст помеѓу 4 и 19 години јадат брза храна секој ден. Ваквата храна обично изобилува со шеќери и масти и се нуди во примамливи количини.

Како второ, почесто се пијат газирани безалкохолни пијалаци отколку млеко и вода. Мексиканците трошат многу повеќе за вакви пијалаци отколку за сите десет најосновни прехранбени продукти заедно. Според книгата Како да се намали прекумерната тежина кај децата (Overcoming Childhood Obesity), ако секој ден се пијат само по три чаши од овие пијалаци, за една година тежината може да се покачи за 11 килограми!

Во врска со недостигот на физичка активност, истражувањето што го спроведе Универзитетот во Глазгов (Шкотска) покажа дека, во просек, едно 3-годишно дете учествува во „умерени или енергични активности“ само по 20 минути дневно. Коментирајќи за ова истражување, д-р Џејмс Хил, професор по педијатрија и медицина на Универзитетот во Колорадо, рече: „Станува сѐ повообичаено децата да водат седечки живот, и тоа не само во Обединетото Кралство туку и во повеќето други земји во светот“.

Кое е решението?

Нутриционистите велат дека не е добро да ги терате децата да држат строга диета, бидејќи тоа може да им го наруши развојот и здравјето. Наместо тоа, како што вели клиниката „Мајо“, „една од најдобрите стратегии во борбата против прекумерната тежина на вашето дете е целото семејство да ја подобри исхраната и редовно да вежба“. (Види ја придружната рамка.)

Трудете се да стекнете здрави навики како семејство. Тие можат да му користат на вашето дете цел живот.

[Рамка/слика на страница 28]

ШТО МОЖАТ ДА СТОРАТ РОДИТЕЛИТЕ?

1. Купувајте и служете повеќе овошје и зеленчук отколку брза храна.

2. Ограничете ги газираните пијалаци, засладените сокови и ужинките богати со шеќери и масти. Наместо тоа, понудете им здрави ужинки и вода или млеко со слаба масленост.

3. Гответе со помалку масти. Наместо да ја пржите, храната би можеле да ја испечете или да ја зготвите на пареа.

4. Служете помали порции.

5. Не користете ја храната како награда или како поткуп.

6. Не дозволувајте им на децата да го прескокнуваат појадокот бидејќи при следниот оброк ќе се прејадат.

7. Јадете на маса. Кога седите пред телевизор или пред компјутер, немате контрола колку јадете.

8. Поттикнувајте ги децата на физичка активност — да возат велосипед, да си играат со топка, да скокаат со јаже итн.

9. Ограничете им го гледањето телевизија, користењето на компјутерот и играњето видеоигри.

10. Планирајте активни семејни излети. Би можеле да отидете во зоолошка, да пливате или да си играте во некој парк.

11. Давајте им да работат физичка работа.

12. Дајте им пример — хранете се здраво и вежбајте.

[Извор на слика]

Извори: Државниот институт за здравство на САД и клиниката „Мајо“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели