ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/09 стр. 29
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библиско име пронајдено под земја
  • Технологијата во борба против криминалот
  • Страчките можат да се препознаат себеси
  • Печат што е „сопственост на Јухал“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Користи ја Библијата како огледало
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Религиозно прогонство во Грузија — до кога?
    Разбудете се! 2002
Разбудете се! 2009
g 6/09 стр. 29

Поглед во светот

◼ „Се соочуваме со сериозна опасност [политичката криза во Грузија]... Бог е со нас и Дева Марија [нѐ] штити, но една работа особено нѐ загрижува, а тоа е фактот дека православни Руси напаѓаат православни Грузијци“ (ГРУЗИСКИОТ ПАТРИЈАРХ ИЛИЈА II)

◼ „Во последниве шест месеци, бројот на пациентки кои бараат контрацептивна пилула за прекинување на можната бременост или некакви информации за неа се зголеми трипати, а продажбата се зголеми за 200 отсто во споредба со 2004 година... Лекарите добиваат вакви барања најчесто во понеделник. Повеќето пациентки се тинејџерки“ (CLARÍN, АРГЕНТИНА)

◼ Во периодот од април до јуни [2008 година], секој корисник на мобилен телефон во САД на возраст помеѓу 13 и 17 години „испратил или примил во просек по 1.742 СМС-пораки месечно“ (THE NEW YORK TIMES, САД)

◼ „Од душевни болести страда речиси 12 отсто од светското население“ (СВЕТСКА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ, САД)

◼ „Се проценува дека секој петти возрасен жител на Европа барем еднаш во својот живот пробал [канабис, од кој се прави марихуана]“ (ЕВРОПСКИ ЦЕНТАР ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ДРОГАТА И ЗАВИСНОСТИТЕ ОД ДРОГА, ПОРТУГАЛИЈА)

Библиско име пронајдено под земја

Археолозите што копаа во древниот Давидов град во Ерусалим открија печат втиснат во парче глина старо 2.600 години, на кој стои името на „Годолиј, синот на Пасхор“. Библијата го спомнува Годолиј во Еремија 38:1, заедно со Јехухал — наречен „Јухал [скратен облик на Јехухал], синот на Селемија“ — чие име исто така беше пронајдено на печат втиснат во глина на истиот локалитет во 2005 год. Се работи за двајца мажи кои служеле на дворот на цар Седекија. Весникот The Jerusalem Post известува: „Ова е првпат во историјата на израелската археологија на ист локалитет да се ископаат два глинени печати со две библиски имиња кои се наоѓаат во ист библиски стих“.

Технологијата во борба против криминалот

Повеќето граѓани што бараат помош од полицијата во Њујорк се јавуваат преку телефон. Технолошкиот напредок неодамна овозможи да се стапи во контакт со полицијата и преку СМС-пораки. „Граѓаните сега се поттикнати да ги снимаат криминалните дејства на својот мобилен телефон, а снимките да ѝ ги испратат на полицијата“, известува The New York Times. Весникот спомнува и дека се преземаат чекори кои „ќе овозможат Одделот за криминологија веднаш да испраќа фотографии до сите полициски возила во близина на местото на злосторот“.

Страчките можат да се препознаат себеси

„Се сметаше дека само шимпанзата, делфините и слоновите можат да се рамнат со луѓето кога станува збор за способноста да се препознаат во огледало“, стои во еден извештај на Ројтерс. Од неодамна, на овој список, кој порано се сметаше за целосен, беа додадени и страчките. Истражувачите им нацртаа на некои страчки точка што можеа да ја видат само во огледало. „Секогаш кога ќе се погледнеа, птиците се чешаа на местото каде што им беше нацртана точката, што е доказ дека тие беа свесни дека ликот во огледалото се самите тие, а не некоја друга птица“, вели извештајот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели