ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g16 Бр. 3 стр. 3
  • Премостување една вековна бариера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Премостување една вековна бариера
  • Разбудете се! 2016
  • Сличен материјал
  • Увод
    Разбудете се! 2016
  • Добра вест на 500 јазици
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Книга која „зборува“ живи јазици
    Книга за сите луѓе
  • Да се соберат луѓе од сите јазици
    Нашата служба за Царството 2002
Повеќе
Разбудете се! 2016
g16 Бр. 3 стр. 3
Луѓе од различни раси и со различно потекло

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ИСТА ПОРАКА НА СТОТИЦИ ЈАЗИЦИ

Премостување една вековна бариера

ВО МОМЕНТОВ, низ светот се зборуваат околу 7.000 јазици! Тоа во голема мера ги отежнува патувањата, бизнисот, образованието и политичките односи. Но, овој проблем постоел и во старо време. На пример, пред околу 2.500 години, Персијците под власта на цар Ахасвер (веројатно Ксеркс I) требало да пренесат некои законски одредби низ целото царство од Индија до Етиопија, односно во „над сто дваесет и седум покраини, на секоја покраина со нејзиното писмо и на секој народ на неговиот јазик“.a

Денес, ретко која организација, па дури и влада, би се осмелила на еден таков чекор. Сепак, организацијата на Јеховините сведоци успеала да го направи тоа. Тие издаваат списанија, аудио и видео материјали, како и многу книги меѓу кои и Библијата, на повеќе од 750 јазици. Тука спаѓаат и околу 80 знаковни јазици. Освен тоа, Јеховините сведоци издаваат и публикации на Брајово писмо на повеќе јазици, наменети за слепи лица.

Но, од целата таа работа Јеховините сведоци не заработуваат ништо. Всушност, оние што преведуваат и другите што им помагаат сето тоа го прават доброволно. Зошто вложуваат толку многу за да преведуваат на толкав број јазици, и како го прават тоа?

a Види во Библијата, во Естира 8:9.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели