ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • es17 стр. 27-36
  • Март

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Март
  • Секојдневно истражување на Писмото — 2017
  • Поднаслови
  • Среда, 1 март
  • Четврток, 2 март
  • Петок, 3 март
  • Сабота, 4 март
  • Недела, 5 март
  • Понеделник, 6 март
  • Вторник, 7 март
  • Среда, 8 март
  • Четврток, 9 март
  • Петок, 10 март
  • Сабота, 11 март
  • Недела, 12 март
  • Понеделник, 13 март
  • Вторник, 14 март
  • Среда, 15 март
  • Четврток, 16 март
  • Петок, 17 март
  • Сабота, 18 март
  • Недела, 19 март
  • Понеделник, 20 март
  • Вторник, 21 март
  • Среда, 22 март
  • Четврток, 23 март
  • Петок, 24 март
  • Сабота, 25 март
  • Недела, 26 март
  • Понеделник, 27 март
  • Вторник, 28 март
  • Среда, 29 март
  • Четврток, 30 март
  • Петок, 31 март
Секојдневно истражување на Писмото — 2017
es17 стр. 27-36

Март

Среда, 1 март

Не знаете каков ќе ви биде животот утре (Јак. 4:14)

Бидејќи мислат на иднината, старешините им го пренесуваат на помладите браќа искуството што го стекнале низ годините (Пс. 71:17, 18). Старешините кои ги оспособуваат другите браќа се скапоцени. Тие го зајакнуваат собранието. Во која смисла? Па, благодарение на обуката што ја даваат, повеќе браќа ќе бидат спремни да му помагаат на собранието да биде обединето и да му остане верно на Бог. Ова е важно уште сега, но ќе биде неопходно и во текот на претстојната голема неволја (Езек. 38:10-12; Мих. 5:5, 6). Затоа, драги старешини, ве молиме да почнете уште од денес редовно да одвојувате време за да ги обучувате другите. Се разбира, свесни сме дека веќе се грижите за голем број важни собраниски одговорности и поради тоа можеби немате време за ништо друго. Од таа причина, можеби ќе треба да скратите дел од времето што го посветувате на тие активности и да го искористите за да ги обучувате другите браќа (Проп. 3:1). Тоа ќе биде мудра инвестиција за иднината (w15 15/4 1:8-10).

Четврток, 2 март

Вашите уши ќе ја чујат речта зад вас како вели: „Тоа е патот, одете по него!“ (Иса. 30:21)

Ние знаеме дека Библијата е Божја порака до сите луѓе. Но, дали таа може да ти помогне тебе лично да се зближиш со Јехова? Да. Како? Додека ја читаш, прашај се: ‚Што сака Јехова да ми каже мене со овие стихови? Како можам да ги применам во мојот живот?‘ Кога редовно ја проучуваш Библијата на ваков начин, му дозволуваш на Јехова да ти зборува преку својата Реч, и стануваш уште поблизок со него (Евр. 4:12; Јак. 1:23-25). На пример, како се чувствуваш кога ќе ги прочиташ следниве зборови на Исус: „Престанете да собирате богатство на земјата“? Ако веќе даваш сѐ од себе за да го ставиш Јехова на прво место, ќе чувствуваш дека го радуваш неговото срце. Но, откако ќе ги прочиташ тие зборови, можеби ќе сфатиш дека треба да си го поедноставиш животот за да му служиш уште поцелосно. Во тој случај, Јехова ти помага да разбереш на што треба да работиш за уште повеќе да се зближиш со него (Мат. 6:19, 20; w15 15/4 3:3-5).

Петок, 3 март

Господарот застана покрај мене и ме зајакна, за преку мене да се изврши потполно проповедањето на добрата вест и да ја чујат сите народи. И бев избавен од устата на лавовите (2. Тим. 4:17)

Кога и ние, слично на Павле, проповедаме со сета душа, покажуваме доверба дека Јехова ќе се погрижи ‚да ни се додаде‘ сето она што ни е потребно (Мат. 6:33). Бог ‚ни ја доверил добрата вест‘ и нѐ нарекува свои „соработници“ (1. Сол. 2:4; 1. Кор. 3:9). Ако сме зафатени во Божјето дело, ќе ни биде полесно да чекаме Јехова да ни одговори на молитвите. Затоа, труди се секој ден да стануваш сѐ поблизок со Бог. Ако некоја ситуација те загрижува, искористи ја да се зближиш со Јехова. Читај ја и проучувај ја Божјата Реч, и длабоко размислувај за неа. Продолжи да му се молиш на Јехова и да му служиш со сета душа. Ако го правиш сето ова, можеш да бидеш уверен дека Јехова ќе ти помогне да ги пребродиш сите неволји со кои можеби се соочуваш сега или ќе се соочиш во иднина (w15 15/4 4:17-18).

Сабота, 4 март

Од каде војни и од каде борби меѓу вас? (Јак. 4:1)

Гордоста може да го наруши мирот во собранието. Ако кај нас тлеат длабоко вкоренети чувства на омраза и ако се сметаме за подобри од другите, би можеле да кажеме или да направиме нешто со кое многу ќе ги повредиме (Изр. 12:18). Ако ние лично сме склони да мислиме дека сме подобри од другите, мудро е да се потсетиме дека „секој што е горд во срцето му е одвратен на Јехова“ (Изр. 16:5). Добро е да го преиспитаме своето гледиште кон оние што припаѓаат на друга раса, националност или култура. Ако кај нас има каква било трага од расна или национална гордост, тогаш забораваме еден важен факт — дека Бог ‚го направил целиот човечки род од еден човек‘ (Дела 17:26). Во таа смисла може да се каже дека има само една раса, бидејќи целото човештво потекнува од заеднички предок — Адам. Затоа е бесмислено да веруваме дека некои раси се генетски подобри од другите. Ако размислуваме така, му дозволуваме на Сатана да ја уништи нашата христијанска љубов и единство (Јован 13:35). За да се бориме против Сатана и да го победиме, мора да се спротивставиме на сите видови неисправна гордост (Изр. 16:18; w15 15/5 2:8-9).

Недела, 5 март

Угледајте се на Бог (Еф. 5:1)

Јехова ни ветил прекрасна иднина без никакво страдање. И верните помазаници и лојалните „други овци“ со радост очекуваат да живеат засекогаш — едните на небото, а другите на Земјата (Јован 10:16; 17:3; 1. Кор. 15:53). Сепак, денес ни се случуваат лоши работи. Утешно е што знаеме дека Јехова разбира каква болка чувствуваме. Во минатото, тој добро знаел колку многу страдале Израелците додека биле робови во Египет. Всушност, Библијата вели дека ‚во сите нивни неволји тој чувствувал болка‘ (Иса. 63:9). Со векови подоцна, кога Евреите се исплашиле од непријателите кои се противеле на повторната изградба на храмот, Бог им рекол: „Кој ве допира вас, ја допира зеницата на моето око“ (Зах. 2:8). Исто како што мајката го сака своето доенче, така и Јехова ги сака своите слуги и спремно им помага (Иса. 49:15). Во некоја смисла, тој може да се стави на местото на другите, а истата таа способност ни ја дал и нам (Пс. 103:13, 14; w15 15/5 4:2).

Понеделник, 6 март

Сиромасите секогаш ќе ги имате покрај себе (Мат. 26:11)

Дали Исус сакал да каже дека на Земјата секогаш ќе има сиромашни луѓе? Не, туку дека ќе има сиромаси сѐ додека трае овој расипан свет на Сатана. Поради алчните и неправедни владетели, денес стотици милиони луѓе живеат во сиромаштија. Но, наскоро ќе му дојде крај на сето страдање! (Пс. 72:16). Чудата на Исус нѐ уверуваат дека тој сака да ја користи својата моќ за наше добро (Мат. 14:14-21). Иако ние не можеме да правиме чуда, можеме да го користиме своето време и сила за да им зборуваме на другите за прекрасните работи што ги ветува Библијата. Како Јеховини сведоци, ние поседуваме скапоцено знаење за иднината, и должни сме да им го пренесуваме на другите (Рим. 1:14, 15). Ако размислуваме за она што Христос наскоро ќе го направи, ќе бидеме поттикнати да ја објавуваме добрата вест за Божјето Царство (Пс. 45:1; 49:3; w15 15/6 1:7, 10-11).

Вторник, 7 март

Исчистете ги рацете и прочистете ги срцата! (Јак. 4:8)

Ако сакаме Јехова да ни биде најдобар пријател, ќе даваме сѐ од себе да го радуваме и со нашите постапки и со нашите мисли. Нашето срце ќе биде чисто ако размислуваме само за она што е доблесно, чисто и достојно за фалба (Пс. 24:3, 4; 51:6; Фил. 4:8). Се разбира, Јехова е свесен дека сме несовршени и дека кај нас лесно можат да се родат неисправни желби. Но, ние не сакаме да продолжиме да размислуваме за погрешни работи бидејќи знаеме дека со тоа ќе му нанесеме болка (1. Мој. 6:5, 6). Затоа со сите сили се трудиме нашите мисли да останат чисти. Ќе покажеме дека целосно се потпираме на Јехова ако го молиме да ни даде сила да се бориме против нечистите мисли. Кога му се приближуваме во молитва, и тој ни се приближува нам. Бог великодушно ни дава свет дух, а тоа ја зацврстува нашата решеност да им се спротивставиме на погрешните мисли и да останеме чисти во морален поглед (w15 15/6 3:4-5).

Среда, 8 март

Лебот наш за овој ден дај ни го денес (Мат. 6:11)

Исус рекол да се молиме за „лебот наш“, а не за „лебот мој“. Виктор, еден покраински надгледник од Африка, објаснува: „Честопати од срце му благодарам на Јехова што јас и жена ми не мора премногу да мислиме од каде ќе дојде нашиот следен оброк и дали ќе можеме да ја платиме станарината. Нашите браќа со љубов се грижат за нас секој ден. Но, го молам Јехова да им помага ним да се справат со економските притисоци со кои се соочуваат“. Можеби ние имаме доволно храна, но мнозина од нашите браќа живеат во немаштија или се погодени од катастрофи. Освен што треба да се молиме за нив, треба и да постапуваме во склад со тие молитви. На пример, можеме да го делиме она што го имаме со нашите браќа кои имаат потреба од помош. А можеме и редовно да даваме прилози за меѓународното дело бидејќи знаеме дека тие пари ќе се потрошат на мудар начин (1. Јов. 3:17; w15 15/6 5:4-6).

Четврток, 9 март

Бог е нашиот Бог довека, за сета вечност. Тој ќе нѐ води додека не умреме (Пс. 48:14)

Пророкот Исаија претскажал дека во земниот дел на Божјата организација ќе се случуваат прекрасни промени (Иса. 60:17). Оние што се млади и релативно нови во вистината можат да читаат за тие промени или да слушаат за нив од другите. Но, има многу браќа и сестри кои лично ги доживеале! Тие верни Божји слуги се уверени дека Јехова ја води својата организација преку Исус, Царот што го поставил. Ако ги слушаме како раскажуваат за своите искуства, нашата вера и доверба во Јехова уште повеќе ќе се зајакнат. Сеедно колку долго сме во вистината, сите ние мора да им кажуваме на другите за Јеховината организација. Вистинско чудо е што постои духовен рај среде овој злобен и расипан свет на Сатана! (w15 15/7 1:12-13).

Петок, 10 март

Ги собраа на местото кое на хебрејски се вика Ар-Магедон (Отк. 16:16)

Во војната Армагедон, Јехова ќе го возвеличи своето свето име. Тогаш сите оние што биле прогласени за јарци „ќе отидат во вечна смрт“ (Мат. 25:31-33, 46). Земјата ќе биде исчистена од сето зло, а големото мноштво ќе го преживее последниот дел од големата неволја. Што треба да правиме додека ги очекуваме сите овие возбудливи настани кои ќе се случат наскоро? Под водство на светиот дух, апостол Петар напишал: „Бидејќи сето тоа така треба да се распадне, вашите дела нека бидат свети и по нив нека се види дека сте му оддадени на Бог додека го очекувате и го имате на ум Јеховиниот ден... Затоа, сакани, бидејќи го очекувате тоа, дајте сѐ од себе за тој да ве најде неизвалкани и неосквернети и во мир“ (2. Пет. 3:11, 12, 14). Да бидеме решени и понатаму да останеме духовно чисти и да го поддржуваме Царот на Мирот, Исус Христос (w15 15/7 2:17-18).

Сабота, 11 март

Ако Јехова не ја гради куќата, залудно се трудат нејзините градители (Пс. 127:1)

Јеховината организација вложува многу труд за да изгради скромни сали за состаноци. Проектирањето, изградбата и реновирањето на салите го извршуваат неплатени доброволци. Од 1 ноември 1999 год., за собранијата низ целиот свет беа изградени повеќе од 28.000 сали. Тоа значи дека за 15 години, низ целиот свет беа изградени во просек по пет нови сали секој ден. Божјата организација им доделува задачи на доброволците и ги користи прилозите за да гради сали секаде каде што има потреба. Притоа го следи библиското начело според кое оние што имаат повеќе треба да им помагаат на оние што немаат доволно во материјален поглед „со цел да дојде до изедначување“ (2. Кор. 8:13-15). Како резултат на тоа, беа обезбедени прекрасни нови сали за собранијата кои никогаш не би имале доволно финансиски средства самите да си изградат сала (w15 15/7 4:9-11).

Недела, 12 март

Чекај го! (Авак. 2:3)

Исус го дал знакот за последните денови за да им помогне на своите ученици да бидат свесни во кое време живеат и да останат будни (Мат. 24:27, 42). Од 1914 год. почнале да се исполнуваат разните обележја на овој знак. Затоа, ние сме цврсто уверени дека сега живееме во „свршетокот на овој поредок“ — ограничен временски период кој ќе заврши кога злобниот свет на Сатана ќе биде срамнет со земја (Мат. 24:3). Значи, зошто мора и понатаму да чекаме да дојде крајот? Прво, затоа што сме му послушни на Исус Христос. Второ, јасно гледаме дека се исполнува знакот што го дал тој. И трето, уверени сме дека крајот е близу, не затоа што сме лековерни, туку затоа што имаме цврсти библиски докази за тоа. Многу е важно и понатаму да бидеме будни и подготвени за да го дочекаме уништувањето на овој злобен свет (w15 15/8 2:8-9).

Понеделник, 13 март

Ти ја задоволуваш желбата на сѐ што е живо (Пс. 145:16)

Во Божјиот нов свет ќе посветуваме време на работи кои нѐ интересираат и ни носат задоволство. На крајот на краиштата, Јехова нѐ создал за да ‚уживаме во добрите работи од нашиот труд‘, и тој ветува дека во новиот свет ќе ‚ја задоволи желбата на сѐ што е живо‘ (Проп. 2:24). Се разбира, имаме потреба и од одмор и разонода. Сепак, уште повеќе уживаме во нив кога пријателството со Јехова ни е на прво место во животот. Така ќе биде и во рајот на Земјата. Затоа е мудро уште денес да ги задржиме нашите лични интереси на исправно место така што ќе го ‚бараме најнапред царството‘ и духовните благослови кои Јехова ги излева врз својот народ (Мат. 6:33). Во рајот што го очекуваме, животот ќе биде далеку поубав отколку што воопшто може да си замислиме! Затоа, да покажеме колку многу сакаме да бидеме таму со тоа што уште сега ќе се подготвиме за вистинскиот живот (w15 15/8 3:17-18).

Вторник, 14 март

Да ја облечете новата личност, која е создадена по Божја волја во вистинска праведност и верност (Еф. 4:24)

Исус бил совршен човек. Сепак, кога бил на Земјата, бил опкружен со несовршени луѓе. Неговите родители, како и неговите браќа и сестри биле несовршени. Дури и неговите најблиски следбеници понекогаш покажувале лоши особини како горделивост и себичност. На пример, вечерта пред Исус да биде погубен, ‚меѓу нив настанала препирка околу тоа кој од нив би можел да биде најголем‘ (Лука 22:24). Но, тој имал доверба дека неговите несовршени ученици духовно ќе созреат и ќе оформат едно обединето собрание. Во молитвата што истата вечер му ја упатил на својот небесен Татко, во врска со своите апостоли Исус рекол: „Да бидат сите едно, како што ти си, Татко, во единство со мене и јас во единство со тебе, и тие да бидат во единство со нас... за да бидат едно, како што сме ние едно“ (Јован 17:21, 22; w15 15/9 1:10-11).

Среда, 15 март

Тој рече: „Дојди!“ И Петар излезе од чамецот и, одејќи по водата, тргна кон Исус (Мат. 14:29)

Додека одел по водата, Петар се уплашил од ветрот и од брановите. Тие можат да се споредат со неволјите и испитите со кои се соочуваме како Божји слуги. Но, дури и ако таквите проблеми се многу тешки, Јехова може да ни помогне и да нѐ зајакне. Сети се дека Петар не почнал да тоне поради силниот налет на ветар или некој голем бран. Библијата вели: „Кога го виде бурниот ветар, се исплаши“ (Мат. 14:24-32). Тој се поколебал во верата откако го тргнал погледот од Исус. И ние би можеле да почнеме да тонеме во симболична смисла ако ‚го гледаме бурниот ветар‘, односно ако мислиме само на тоа колку се тешки проблемите и се сомневаме дека Јехова ќе ни помогне. Зошто мора да сфатиме дека е можно да ја изгубиме верата? Бидејќи Библијата укажува дека недостигот на вера е ‚грев, кој лесно може да нѐ намами во замка‘ (Евр. 12:1). Како што видовме од случката со Петар, верата може лесно да ни ослабне ако го насочиме погледот на погрешни работи (w15 15/9 3:1, 6-7).

Четврток, 16 март

Секој добар дар и секој совршен подарок е одозгора, зашто слегува од Таткото на небесните светла (Јак. 1:17)

Кога некој ќе ти даде подарок, сигурно му изразуваш благодарност. Освен тоа, бидејќи подарокот ти значи, веројатно ќе го користиш. Јехова ни дава сѐ што ни е потребно за да живееме и да бидеме среќни. Зарем тоа не нѐ поттикнува да му возвратиме за љубовта што ни ја покажува на таков начин? Јехова со векови се грижел за Израелците и обилно ги благословувал, и во материјален и во духовен поглед (5. Мој. 4:7, 8). Тие можеле да му ја покажат својата благодарност така што ќе ги слушале неговите закони. На пример, Јехова им заповедал секогаш да му го принесуваат „најдоброто од првините од својата земја“ (2. Мој. 23:19). Израелците знаеле дека Јехова ќе продолжи да ги благословува само ако му биле послушни и ако му го давале најдоброто (5. Мој. 8:7-11; w15 15/9 5:5-6).

Петок, 17 март

Среќни се оние што имаат чисто срце, зашто ќе го видат Бог (Мат. 5:8)

Дали и ти си ја видел Божјата рака во својот живот? Размисли за следниве прашања: Дали си цврсто уверен дека Јехова ги водел работите за да ја запознаеш вистината? Дали на некој христијански состанок си слушал некој говор и си помислил: „Токму ова ми требаше“? Дали си почувствувал како ти била одговорена некоја конкретна молитва? Дали си решил да ја зголемиш својата служба и си бил восхитен кога си видел како Јехова ти помогнал да ја оствариш таа цел? Дали можеби си морал да дадеш отказ од работа затоа што таа ги попречувала твоите духовни активности, а потоа си видел како Јехова го исполнува своето ветување: „Никогаш нема да те напуштам“? (Евр. 13:5). Ако сме блиски со Бог и ,имаме чисто срце‘, лесно ќе можеме да видиме како тој ни помага на многу начини. Како може да имаме „чисто срце“? Така што ќе имаме чисти мисли и ќе престанеме да постапуваме погрешно (2. Кор. 4:2). Ќе можеме да го гледаме Бог само ако станеме уште поблиски со него и ако постапуваме исправно (w15 15/10 1:17, 19).

Сабота, 18 март

Ако некој ми служи, Таткото ќе му укаже чест (Јован 12:26)

Меѓу мноштвата во Ерусалим имало и некои грчки преобратеници во еврејската вера. Тие очигледно биле толку восхитени од она што го направил Исус што го замолиле апостол Филип да им договори средба со него. Но, Исус не дозволил да му биде одвратено вниманието од поважните работи кои му претстоеле. Тој не сакал да ја задоволува љубопитноста на луѓето ниту, пак, да собира приврзаници кои би го одбраниле од Божјите непријатели. Напротив, знаел дека Јеховината волја за него е да го даде својот живот како жртва. Откако им објаснил на Андреј и на Филип дека наскоро ќе биде погубен, тој рекол: „Кој го сака својот живот, го уништува, а кој го мрази својот живот во овој свет, ќе го зачува за вечен живот“. Со ова, Исус нагласил дека и секој што го следи мора да биде спремен на жртви, а потоа ги кажал зборовите од денешниот стих. Без сомнение, Филип им ја пренел оваа охрабрувачка порака на тие Грци (Јован 12:20-25). Иако проповедањето му било најважно, Исус одвојувал време и за други работи (w15 15/10 3:13-14).

Недела, 19 март

Јас ги укорувам и ги опоменувам сите што ги сакам (Отк. 3:19)

Иако неговите ученици многупати се расправале за тоа кој е поважен, тој не се откажал од нив. Но, не се правел ни како ништо да не забележува. Напротив, секогаш одново стрпливо ги советувал за таа работа. Сепак, тоа го правел благо и со љубов, во вистинско време и на вистинско место (Мар. 9:33-37). Затоа што ги сакаш твоите деца, знаеш дека мора да ги исправаш. Понекогаш е доволно да им објасниш зошто нешто е исправно или погрешно. Но, детето нема секогаш да те послуша и да го примени она што си му го кажал (Изр. 22:15). Во таков случај, добро е да постапиш како Исус. Во вистинско време и на вистинско место поучи го благо и со љубов така што стрпливо ќе му дадеш совет и ќе го исправиш. Во врска со своите родители, Илејн, една сестра од Јужноафриканската Република, вели: „Никогаш не ме казнуваа во гнев или без да ми објаснат зошто. Поради тоа, се чувствував сигурно. Знаев каде ми се границите, и ми беше јасно што се бара од мене“ (w15 15/11 1:5-6).

Понеделник, 20 март

Бог е љубов (1. Јов. 4:16)

Замисли каков би бил животот во иднина кога Бог не би чувствувал љубов кон луѓето. Доволно е да се потсетиме на ужасните работи кои ги правеле човечките владетели во минатото под водство на својот безмилосен и гневен бог, Сатана Ѓаволот (2. Кор. 4:4; 1. Јов. 5:19; Отк. 12:9, 12). Иднината навистина би била страшна кога Бог не би нѐ сакал! Кога се побунил против Јеховината праведна власт, Ѓаволот го довел во прашање Божјето право да владее над сѐ. Всушност, Сатана тврдел дека тој би владеел подобро од Творецот (1. Мој. 3:1-5). Јехова му дал време да го докаже своето тврдење. Во својата голема мудрост, Бог допуштил да помине доволно долг период за да може јасно да се види дека никој не може да владее подобро од него. Страшните последици од оваа побуна покажуваат дека ниту луѓето ниту Сатана не можат да бидат добри владетели (w15 15/11 3:3-4).

Вторник, 21 март

Бидете спремни за одбрана, но тоа правете го благо и со длабока почит (1. Пет. 3:15)

Понизноста ни помага да се држиме за едно важно начело што го дал Исус. Во својата Проповед на гората, тој рекол: „Сте чуле дека било речено: ‚Сакај го својот ближен и мрази го својот непријател!‘ А јас ви велам: сакајте ги своите непријатели и молете се за оние што ве прогонуваат, за да бидете синови на својот Татко кој е на небесата, бидејќи тој дава неговото сонце да изгрева над злите и над добрите и да паѓа дожд на праведните и на неправедните“ (Мат. 5:43-45). Како Божји слуги, мора да научиме ‚да ги сакаме своите непријатели‘ без оглед како постапуваат со нас. Ние секогаш мора да покажуваме и со својот став и со своите постапки дека ги сакаме Јехова и нашите ближни. На пример, дури и кога некои не ја прифаќаат пораката за Царството, ние покажуваме љубов кон нив ако имаат некаква потреба (w15 15/11 4:17, 19-20).

Среда, 22 март

Народот ги разбра зборовите што му беа објавени (Неем. 8:12)

Божјите слуги отсекогаш ја користеле способноста за говор за да го фалат Јехова и да им ја објавуваат неговата намера на другите. Во поново време, тие го користеле овој дар за да ја преведат Библијата со цел што повеќе луѓе да ја дознаат вистината за Јехова. Денес постојат илјадници преводи на Библијата. Но, тие се разликуваат во однос на точноста со која ја пренесуваат пораката од изворните списи. Во 1940-тите, Одборот што работел на Преводот Нов свет ги утврдил следниве принципи за преведување на Библијата: 1) Да се посвети Божјето име со тоа што ќе се врати на сите места каде што стоело во изворните списи (Мат. 6:9). 2) Да се пренесе изворната порака дословно секаде каде што е можно, но да се пренесе точната смисла онаму каде што буквалниот превод би пренел погрешно значење. 3) Да се користи јазик кој лесно се чита и се разбира (Неем. 8:8; w15 15/12 2:1-2).

Четврток, 23 март

Ако трубата дава нејасен повик, кој ќе се подготви за битка? (1. Кор. 14:8)

Ако трубата давала нејасен повик, тоа ќе било погубно за војската, која немало да биде подготвена за битка. На сличен начин, ако зборуваме нејасно или одоколу, оној со кого разговараме може да се збуни или да дојде до погрешен заклучок (1. Кор. 14:9). Се разбира, иако нашите зборови треба да бидат јасни и недвосмислени, не треба да бидат груби и непромислени. Исус ни дал одличен пример како да користиме јасни и разбирливи зборови. Во Проповедта на гората, која е запишана во Матеј поглавја 5 до 7, тој не се обидел да ги восхити луѓето со високопарни зборови или накитен говор. Но, не користел ни груби зборови со кои би ги повредил другите. Наместо тоа, за да допре до срцето на оние што го слушале, поучувал на јасен и едноставен начин. На пример, за да ги увери учениците дека нема потреба претерано да се грижат што ќе јадат и што ќе пијат, тој објаснил како Јехова се грижи за небесните птици. А потоа ги прашал: „Зарем вие не вредите повеќе од нив?“ (Мат. 6:26). Со овие едноставни зборови, Исус ги охрабрил и им помогнал да извлечат важна поука (w15 15/12 3:13-14).

Петок, 24 март

Братската љубов и понатаму нека владее меѓу вас (Евр. 13:1)

Што е братската љубов? Буквалниот превод на грчкиот збор филаделфија, кој го употребил Павле, е „наклоност кон братот“. Според тоа, може да се каже дека братската љубов е силна и срдечна приврзаност кон некој близок пријател или член на семејството (Јован 11:36). Ние не се преправаме дека сме браќа и сестри — ние сме браќа и сестри (Мат. 23:8). Павле многу убаво ја опишал ваквата силна меѓусебна приврзаност кога рекол: „Со братска љубов сакајте се срдечно еден со друг. Предводете во искажувањето почит еден кон друг“ (Рим. 12:10). Братската љубов, заедно со агапе — љубовта која се темели на христијански начела — им помага на Божјите слуги да бидат блиски пријатели и да живеат во единство. Вистинските христијани го сметаат за свој брат секој соверник, без оглед на неговото национално потекло (Рим. 10:12). Јехова ги поучил сите свои слуги да се сакаат како браќа (1. Сол. 4:9; w16.01 1:5-6).

Сабота, 25 март

Христовата љубов нѐ тера (2. Кор. 5:14)

Нашата љубов кон Исус нѐ поттикнува со сета душа да проповедаме и да ги поучуваме другите (Мат. 28:19, 20; Лука 4:43). Околу Спомен-свеченоста, ќе имаме можност да служиме како помошни пионери и да поминеме 30 или 50 часа во службата. Дали и ти би можел да го направиш тоа? Еден 84-годишен вдовец мислел дека не може да биде помошен пионер затоа што е стар и има слабо здравје. Но, пионерите кои живееле во негова близина се договориле да му помагаат. Тие му обезбедиле превоз и земале подрачја за сведочење на кои можел да ги придружува во службата. Така тој успеал да ја исполни квотата од 30 часови. Дали и ти би можел да му помогнеш некому да служи како помошен пионер во март или април? Се разбира, сите нема да можеме да учествуваме во помошна пионерска служба. И покрај тоа, во текот на овие месеци може да посветиме повеќе време и сила за да го славиме Јехова (w16.01 2:7, 11).

Недела, 26 март

Ќе одиме со вас зашто чувме дека Бог е со вас (Зах. 8:23)

Ако не е можно да ги знаат имињата на сите помазаници на Земјата денес, како можат ‚другите овци‘ ‚да одат‘ со нив? Забележи што вели пророштвото на Захарија во врска со десетте симболични луѓе: „[Тие] ќе фатат за скут еден Евреин, ќе го фатат, велејќи: ‚Ќе одиме со вас зашто чувме дека Бог е со вас‘“. Иако во овој стих се спомнува само еден Евреин, заменката „вас“ во двата случаја укажува дека станува збор за повеќе од еден човек. Според тоа, овој духовен Евреин не е некој поединец туку група составена од повеќе помазаници. ‚Другите овци‘ го знаат ова, и тие му служат на Јехова заедно со таа група. Нема потреба да ги знаат имињата на сите нејзини членови и да ги следат како поединци. Исус е нашиот Водач, и Библијата ни кажува дека мора да го следиме само него (Мат. 23:10; w16.01 4:4).

Понеделник, 27 март

Ти, Израеле, си слуга мој. Ти си, о Јакове, избраник мој, потомство на Авраам, мојот пријател (Иса. 41:8)

Од моментот кога ќе се родиме па сѐ до смртта имаме потреба од љубов. Да, луѓето копнеат да бидат сакани. Освен романтична љубов, нам ни се потребни и добри пријатели со кои ќе имаме близок и срдечен однос. Но, најмногу од сѐ, на сите ни е потребна Јеховината љубов. На мнозина им е тешко да сфатат дека луѓето можат да бидат блиски пријатели со Семоќниот Бог. Но, ние добро знаеме дека тоа е можно. Библијата покажува дека некои несовршени луѓе биле Божји пријатели. Можеме многу да научиме од нивниот пример. Зошто? Затоа што најважната цел која можеме да си ја поставиме во животот е да станеме пријатели со Јехова. Извонреден пример на човек кој бил Божји пријател е Авраам (Јак. 2:23). Како Авраам станал толку близок со Јехова? Неговата вера одиграла клучна улога во тоа пријателство. Всушност, Библијата го нарекува Авраам „татко на сите што веруваат“ (Рим. 4:11; w16.02 1:1-2).

Вторник, 28 март

Како него немаше друг (2. Цар. 18:5)

Иако бил син на еден од најлошите цареви на Јуда, Езекија бил еден од најдобрите (2. Цар. 18:6). Тој дал сѐ од себе да ги исправи последиците од страшните злодела на својот татко. Ова го направил така што го исчистил храмот, принел жртви за гревовите на народот и ги уништил идолите на лажните богови низ целата земја (2. Лет. 29:1-11, 18-24; 31:1). Кога асирскиот цар Сенахирим се заканил дека ќе го нападне Ерусалим, Езекија покажал голема храброст и вера. Тој го зајакнал својот народ со збор и со пример бидејќи имал цврста доверба дека Јехова ќе ги избави (2. Лет. 32:7, 8). Подоцна, кога добил совет затоа што покажал вообразеност, тој се понизил и се покајал (2. Лет. 32:24-26). Очигледно, Езекија не дозволил минатото да му ја уништи сегашноста ниту да го остави без иднина. Наместо тоа, покажал дека е Јеховин пријател и на тој начин ни дал одличен пример (w16.02 2:11).

Среда, 29 март

Ако некој ненамерно згреши, вие кои сте духовни исправајте го таквиот во дух на благост (Гал. 6:1)

Ако вистински ги сакаш другите, ќе можеш истовремено да им бидеш лојален и ним и на Јехова. На пример, можеби имаш цврст доказ дека некој соверник направил тежок грев. Веројатно сакаш да му бидеш лојален, особено ако се работи за некој близок пријател или роднина. Но, исто така знаеш дека најважно од сѐ е да му бидеш лојален на Бог. Затоа, постапи љубезно, но цврсто. Поттикни го твојот пријател или роднина да побара помош од старешините. Ако не го стори тоа во скоро време, лојалноста кон Бог треба да те поттикне самиот да им кажеш на старешините за таа работа. Ако постапиш на ваков начин, ќе му бидеш лојален на Јехова. Но, ќе покажеш дека вистински го сакаш и својот пријател или роднина, бидејќи старешините можат да му помогнат да си го обнови добриот однос со Јехова. Тие ќе го исправат со благост (3. Мој. 5:1; w16.02 4:14).

Четврток, 30 март

Вашите дела нека бидат свети и по нив нека се види дека сте му оддадени на Бог (2. Пет. 3:11)

Во делата по кои може да се види дека си му ,оддаден на Бог‘ спаѓаат христијанските активности, како што се состаноците и проповедањето. Исто така, во овие дела се вклучени и духовни активности кои другите не ги гледаат, како што се твоите лични молитви и проучување. Оние што му го заветувале животот на Јехова воопшто не ги сметаат овие работи за товар. Напротив, тие се чувствуваат исто како цар Давид, кој рекол: „Задоволство ми е да ја вршам твојата волја, Боже мој, и твојот закон е длабоко во мене“ (Пс. 40:8). Кога ќе му го заветуваш животот на Јехова и ќе се крстиш, ти ќе имаш свој личен однос со него. Твојата служба за Бог не треба да зависи од другите, па дури ни од твоите родители. Твоите ,свети дела по кои се гледа дека си му оддаден на Бог‘ се јасен доказ дека си се уверил во библиската вистина и дека напредуваш кон крштавање (w16.03 2:10, 12, 15).

Петок, 31 март

Пред да дојде верата, бевме чувани под законот. Така Законот ни беше воспитувач кој нѐ водеше до Христос (Гал. 3:23, 24)

Мојсеевиот закон служел како ѕид кој ги штител Израелците од расипаниот морал и лажните религии на околните народи. Кога го слушале Бог, тој ги благословувал. Но, кога не ги држеле неговите закони, тие трпеле страшни последици (5. Мој. 28:1, 2, 15.) Биле потребни нови упатства и од друга причина. Мојсеевиот закон укажувал на нешто многу важно во Јеховината намера — на доаѓањето на Месијата, Исус Христос. Законот јасно им ставил до знаење на Израелците дека се несовршени. Освен тоа, им покажал колку им е потребна откупнина, односно совршена жртва која потполно ќе ги отстрани нивните гревови (Гал. 3:19; Евр. 10:1-10). Исто така, ја заштитил семејната лоза од која требало да дојде Месијата, и им помогнал на Израелците да го препознаат кога тој се појавил. На некој начин, Законот послужил како привремен „воспитувач“ кој го водел Божјиот народ до Христос (w16.03 4:6-7).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели