ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • es17 стр. 47-56
  • Мај

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мај
  • Секојдневно истражување на Писмото — 2017
  • Поднаслови
  • Понеделник, 1 мај
  • Вторник, 2 мај
  • Среда, 3 мај
  • Четврток, 4 мај
  • Петок, 5 мај
  • Сабота, 6 мај
  • Недела, 7 мај
  • Понеделник, 8 мај
  • Вторник, 9 мај
  • Среда, 10 мај
  • Четврток, 11 мај
  • Петок, 12 мај
  • Сабота, 13 мај
  • Недела, 14 мај
  • Понеделник, 15 мај
  • Вторник, 16 мај
  • Среда, 17 мај
  • Четврток, 18 мај
  • Петок, 19 мај
  • Сабота, 20 мај
  • Недела, 21 мај
  • Понеделник, 22 мај
  • Вторник, 23 мај
  • Среда, 24 мај
  • Четврток, 25 мај
  • Петок, 26 мај
  • Сабота, 27 мај
  • Недела, 28 мај
  • Понеделник, 29 мај
  • Вторник, 30 мај
  • Среда, 31 мај
Секојдневно истражување на Писмото — 2017
es17 стр. 47-56

Мај

Понеделник, 1 мај

Се восхитуваа на привлечните зборови што излегуваа од Исусовата уста (Лука 4:22)

Ќе можеме да зборуваме како Исус ако ги почитуваме другите и ако ни се важни нивните чувства. Кога видел колкав труд вложиле луѓето за да дојдат кај него и да го слушаат, тој се сожалил на нив ‚и почнал да ги поучува за многу работи‘ (Мар. 6:34). Дури и кога го навредувале, Исус не враќал со навреди (1. Пет. 2:23). Не е секогаш лесно да зборуваме благо и љубезно со оние што ни се блиски. Можеби се чувствуваме слободни да им кажеме сѐ отворено и без заобиколување. Ова може да биде случај со членовите на нашето семејство или со некој близок пријател во собранието. Дали Исус сметал дека, затоа што е близок со учениците, има право да зборува грубо со нив? Во никој случај! Кога некои од апостолите продолжиле да се расправаат за тоа кој од нив е поголем, Исус љубезно ги советувал и, земајќи кај себе едно дете, ги поучил дека треба да го исправат своето размислување (Мар. 9:33-37). Старешините можат да постапуваат како него со тоа што ќе ги советуваат другите „во дух на благост“ (Гал. 6:1; w15 15/12 3:15-16).

Вторник, 2 мај

Братската љубов и понатаму нека владее меѓу вас (Евр. 13:1)

Зошто е многу важно и понатаму да покажуваме братска љубов? Пред сѐ, треба да покажуваме братска љубов затоа што Јехова го очекува тоа од нас. Не можеме да тврдиме дека го сакаме Бог ако не ги сакаме нашите браќа (1. Јов. 4:7, 20, 21). Освен тоа, ние сме си потребни еден на друг, особено во време на неволја. Павле знаел дека некои од еврејските христијани на кои им го напишал своето писмо наскоро ќе требало да ги остават своите домови и материјални поседи. Исус објаснил колку тешко ќе било тоа време (Мар. 13:14-18; Лука 21:21-23). Затоа, тие христијани требало да се сакаат повеќе од кога и да било порано (Рим. 12:9). Наскоро ќе бидат пуштени разорните ветришта на најголемата неволја во човечката историја (Мар. 13:19; Отк. 7:1-3). Не е доволно само редовно да одиме на состаноци. Павле ги потсетил еврејските христијани дека треба да ги користат таквите прилики да се поттикнуваат „кон љубов и кон добри дела“ (Евр. 10:24, 25; w16.01 1:6-8).

Среда, 3 мај

Се исполнија со свет дух (Дела 2:4)

На Педесетница 33 год. од н.е. околу 120 ученици на Исус биле собрани во една горна соба во Ерусалим, каде што ‚истрајно му се молеле‘ на Бог (Дела 1:13-15). Тој ден, на нив се исполнило едно пророштво кое го кажал пророкот Јоил (Јоил 2:28-32; Дела 2:16-21). Бог го излеал својот свет дух врз оваа група ученици (Дела 1:8). Наскоро околу нив се собрало мноштво народ, и учениците почнале да му зборуваат за величествените Божји дела. Апостол Петар им објаснил на насобраните луѓе што значи и колку е важно она кое штотуку го виделе и чуле. Тој им се обратил со следниве зборови: „Покајте се и секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за да му бидат простени гревовите, и ќе го примите бесплатниот дар на светиот дух“. Тој ден околу 3.000 души се одѕвале на овој повик, се крстиле и го примиле ветениот свет дух (Дела 2:37, 38, 41; w16.01 3:1-3).

Четврток, 4 мај

Секој што недостојно го јаде лебот или ја пие чашата на Господарот, ќе биде виновен во поглед на телото и крвта на Господарот (1. Кор. 11:27)

Што сакал да каже апостол Павле со овие зборови? Еден помазан христијанин би земал недостојно од симболите ако не е во добар однос со Јехова (Евр. 6:4-6; 10:26-29). Ова предупредување им помага на помазаниците да се потсетат дека сѐ уште ја немаат добиено наградата. Тие треба и понатаму да ‚итаат кон целта, кон наградата на небесниот позив Божји преку Христос Исус‘ (Фил. 3:13-16). Под водство на светиот дух, Павле сесрдно ги молел помазаните христијани ‚да водат живот достоен на позивот со кој се повикани‘. Како треба да го прават тоа? Павле го дал одговорот, кога рекол: „Со сета понизност и благост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден со друг со љубов, вистински трудејќи се да го одржите единството на духот, во мирот кој ве поврзува“ (Еф. 4:1-3). Јеховиниот дух им помага на Божјите слуги да бидат понизни, а не горди (Кол. 3:12; w16.01 4:5-6).

Петок, 5 мај

Бог го испита Авраам (1. Мој. 22:1)

Замисли си како остарениот Авраам се качува на планината Морија. Тоа веројатно е најтешкиот пат на кој тргнал во животот. Но, причината за ова не е неговата старост. Иако можеби има околу 125 години, тој сѐ уште е полн со сила. По него оди син му Исак, кој можеби има 25 години. Тој е натоварен со дрва за жртвата паленица. Авраам со себе носи нож и сѐ што му е потребно да запали оган. Но, каде е жртвата? Замисли, Јехова побарал од Авраам да го жртвува сопствениот син! (1. Мој. 22:1-8). За Авраам, ова веројатно бил најтешкиот испит на верата. Сепак, тој не покажал слепа послушност кон Бог. Напротив, му бил послушен затоа што имал вистинска вера. Тој бил уверен дека нашиот небесен Татко, Јехова, никогаш не би побарал од своите слуги да направат нешто што ќе им причини трајна штета. Авраам знаел дека, ако биде послушен, неговиот Бог ќе ги благослови и него и неговиот сакан син. На што се темелела неговата вера? На знаење и на искуство (w16.02 1:3-4).

Сабота, 6 мај

Еве ја Јеховината робинка! Нека ми биде според твоите зборови! (Лука 1:38)

Марија требало да го роди и да го воспита Божјиот единороден Син! Кога се спомнува таа, обично мислиме само на честа што ѝ била дадена. Дали некогаш сме помислиле на стравовите и грижите со кои можеби се соочила? Божјиот ангел Гавриел ѝ кажал дека ќе забремени со чудо, без да има односи со маж. Но, тој не се понудил да појде кај нејзините роднини и соседи за да им го објасни тоа. Што можеле да си помислат тие? Марија сигурно била загрижена и како ќе реагира нејзиниот свршеник, Јосиф. Како можела да го увери дека, иако била бремена, сепак не го изневерила? Освен тоа, ѝ била доверена огромна одговорност да го одгледа и да го поучува единородниот Син на Севишниот! Не знаеме какви сѐ мисли ѝ минувале низ главата додека ѝ зборувал Гавриел. Но, знаеме што му одговорила. Таа ги кажала зборовите од денешниот стих (Лука 1:26-37; w16.02 2:13-14).

Недела, 7 мај

Во пресрет му дојде Архиецот Хусај, со раскината облека и со глава посипана со прав (2. Сам. 15:32)

На Хусај му била потребна храброст за да му остане лојален на Бог. Тој му бил верен пријател на цар Давид. Но, неговата лојалност била ставена на испит кога Авесалом ги придобил срцата на народот и дошол до Ерусалим со својата војска за да го приграби царскиот престол (2. Сам. 15:13; 16:15). Што направил Хусај кога Давид побегнал од градот? Дали го изневерил застанувајќи на страната на Авесалом? Не. Иако Давид бил стар и многумина сакале да го убијат, Хусај му останал лојален бидејќи Јехова го поставил за цар. Затоа отишол на Маслинската Гора за да се сретне со него (2. Сам. 15:30). Давид го замолил да се врати во Ерусалим, да се преправа дека му е пријател на Авесалом и да ги осуети советите на Ахитофел. Ризикувајќи си го животот, Хусај храбро го послушал царот и му останал лојален на Јехова. Бог одговорил на молитвите на Давид, и храбриот Хусај со својот совет навистина успеал да ги осуети советите на Ахитофел (2. Сам. 15:31; 17:14; w16.02 4:15-16).

Понеделник, 8 мај

Сите овие благослови ќе дојдат врз тебе и ќе те стигнат ако го слушаш гласот на Јехова, својот Бог (5. Мој. 28:2)

Како христијани, и ние може да извлечеме корист од упатствата во Мојсеевиот закон. Како? Така што ќе им обрнеме внимание на начелата на кои се темели тој. Иако овие закони не важат за нас, многу од нив сѐ уште можат да ни пружат практично водство во секојдневниот живот и во службата за Јехова. Тој дозволил да бидат запишани во Библијата за да учиме од нив, за да живееме во склад со начелата на кои се темелат и за да ги разбереме повисоките морални мерила кои важат за христијаните. Забележи што рекол Исус: „Сте чуле дека било речено: ‚Не врши прељуба!‘ А јас ви велам: секој што гледа во жена со страст, веќе извршил прељуба со неа во своето срце“. Според тоа, освен што не смееме да правиме прељуба, мора да ги искорениме неморалните мисли и желби (Мат. 5:27, 28; w16.03 4:6, 8).

Вторник, 9 мај

Постави ни цар за да ни суди (1. Сам. 8:5)

Бидејќи Самоил не сакал да го стори тоа што го барале Израелците, Јехова морал трипати да му каже да ги послуша (1. Сам. 8:7, 9, 22). Самоил не дозволил во неговото срце да се развие огорченост кон човекот што требало да го наследи како водач на Израел. Кога Јехова му кажал да го помаза Саул, пророкот го послушал спремно и од љубов, а не затоа што морал да го стори тоа. И денес има искусни старешини кои го следат примерот на Самоил и со љубов ги поучуваат браќата (1. Пет. 5:2). Тие не се плашат да ги оспособуваат другите затоа што можеби еден ден ќе треба да им отстапат некои од своите собраниски одговорности. Несебичните учители не ги сметаат учениците за соперници туку за свои „соработници“, односно за скапоцени дарови за собранието (2. Кор. 1:24; Евр. 13:16). Овие старешини многу се радуваат кога гледаат како учениците ги користат своите способности за доброто на браќата и сестрите (Дела 20:35; w15 15/4 1:16-17).

Среда, 10 мај

Ќе те казнам колку што е потребно (Ерем. 30:11)

Азарија ‚го правел она што е исправно во Јеховини очи‘. Сепак, Јехова го удрил овој цар со лепра, и тој останал лепрозен сѐ до својата смрт (2. Цар. 15:1-5). Зошто? Извештајот не кажува. Дали ова треба да те вознемири или да те наведе да мислиш дека Јехова постапил неправедно затоа што можеби го казнил Азарија без причина? Не би требало ако добро го познаваш Јехова. Цар Азарија бил познат и под името Озија (2. Цар. 15:7, 32). Од еден паралелен извештај, запишан во 2. Летописи 26:3-5, 16-21, дознаваме дека, иако Озија долго време го правел она што е исправно во Јеховини очи, подоцна ‚срцето толку му се возгордеало што самиот себеси си направил зло‘. Тој постапил дрско така што се обидел да запали темјан на Јеховиниот жртвеник — нешто што смееле да го прават само свештениците. Првосвештеникот и осумдесет други свештеници му се спротивставиле и строго го укориле. Како реагирал Озија? Тој ‚се разгневил‘ на нив, покажувајќи до кој степен отишла неговата горделивост. Ништо чудно што Јехова го удрил со лепра! (w15 15/4 3:8-9).

Четврток, 11 мај

Беше исфрлен големиот змеј, празмијата, кој се вика Ѓавол и Сатана, кој го заведува целиот свет (Отк. 12:9)

Сатана е наречен Ѓавол, што значи „клеветник“. Тој го наклеветил Јехова нарекувајќи го лажливец. Зборот „празмијата“ укажува дека Сатана се послужил со змија за да ја измами Ева. И изразот „големиот змеј“, кој потсетува на свирепо и крволочно чудовиште, е соодветен опис за Ѓаволот кој сака по секоја цена да го спречи исполнувањето на Јеховината намера и да го уништи Божјиот народ. Јасно е дека Сатана претставува најголема закана за нашата беспрекорност. Библијата со добра причина нѐ предупредува: „Бидете трезвени, бдејте! Вашиот противник, Ѓаволот, оди наоколу како разрикан лав и бара некого да проголта“ (1. Пет. 5:8). Нема никакво сомнение дека Сатана ликува од радост кога некој Божји слуга ќе се извалка со тежок грев. Всушност, Ѓаволот веројатно ги користи тие победи за да му се подбива на Јехова (Изр. 27:11; w15 15/5 1:3-4, 10).

Петок, 12 мај

Љубовта кон парите е корен на секакви зла (1. Тим. 6:10)

Јехова сака да живееме убаво. Ова јасно се гледа од тоа што ги сместил Адам и Ева во прекрасен рај (1. Мој. 2:9). Но, Сатана сака да ги злоупотреби нашите желби користејќи го „примамливото богатство“ од овој свет (Мат. 13:22). Мнозина мислат дека парите и материјалните поседи се клуч за среќа и успех. Но, ова е чиста измама. Ако и ние размислуваме така, би можеле да го изгубиме највредното нешто што го имаме — нашето пријателство со Јехова. Исус ги предупредил своите следбеници: „Никој не може да им робува на двајца господари, зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го сака, или ќе биде приврзан кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да му робувате и на Бог и на богатството“ (Мат. 6:24). Ако им робуваме само на материјалните работи, тогаш сме престанале да му служиме на Јехова. Сатана сака да го постигне токму тоа! Никогаш да не дозволиме ниту парите ниту работите што може да ги купиме да ни станат поважни од нашето пријателство со Бог. За успешно да му се спротивставиме на Сатана, мора да задржиме урамнотежено гледиште за материјалните работи (1. Тим. 6:6-10; w15 15/5 2:12).

Сабота, 13 мај

Ако еден дел трпи, сите други делови трпат со него (1. Кор. 12:26)

Не е секогаш лесно да разбереме како се чувствуваат луѓето што страдаат, особено ако никогаш не сме биле во нивната ситуација. На пример, многу наши браќа чувствуваат физичка болка поради некој здравствен проблем, затоа што се повредиле или, едноставно, остареле. Други трпат душевна болка бидејќи страдаат од депресија и напади на паника или имаат трауми затоа што биле злоупотребувани. Трети, пак, живеат во религиозно разделен дом или се самохрани родители. Сите ние се соочуваме со некој проблем, и обично проблемите на другите се поинакви од нашите. На кој начин можеме да постапиме како Бог и да им покажеме љубов во такви ситуации? Така што внимателно ќе ги слушаме сѐ додека не разбереме како се чувствуваат — барем во извесна мера. Тоа ќе нѐ поттикне да им помогнеме на најдобар можен начин. Иако нашите браќа имаат различни потреби, ние можеме да ги охрабриме во духовен поглед или да им понудиме практична помош (Рим. 12:15; 1. Пет. 3:8; w15 15/5 4:6-7).

Недела, 14 мај

Христос е Божја сила (1. Кор. 1:24)

Бидејќи изворот на Христовата моќ е Јехова, имаме причина да веруваме дека Семоќниот Бог има потполна контрола над природните сили. Да спомнеме неколку примери. Пред Потопот, Јехова изјавил: „По само седум дена ќе пуштам да врне дожд на земјата четириесет дена и четириесет ноќи“ (1. Мој. 7:4). Во 2. Мојсеева 14:21 пишува: „Јехова... го потиснуваше морето со силен источен ветар“. А во Јона 1:4 се вели: „Јехова подигна силен ветар на морето, и на морето настана толку голема бура што изгледаше дека бродот ќе се разбие“. Многу е утешно што знаеме дека Јехова има контрола над природните сили. Јасно е дека иднината на нашата планета е во добри раце. Во новиот свет нема да се плашиме од никаква катастрофа затоа што „Божјиот шатор [ќе биде] меѓу луѓето“ (Отк. 21:3, 4). Може да бидеме сигурни дека, за време на илјадагодишното владеење, Јехова ќе му даде на Исус моќ да ги контролира сите природни сили (w15 15/6 1:15-16).

Понеделник, 15 мај

Твојот пат нека биде далеку од блудницата и не приближувај се до вратата на нејзината куќа (Изр. 5:8)

Би било многу опасно да не го послушаме овој совет. Ова јасно се гледа од Изреки, поглавје 7, каде што читаме за еден млад човек кој во приквечерината поминал близу до куќата на една неморална жена. Тој заминал со неа и направил неморал. Колку помудро ќе било да останел далеку од таа блудница! (Изр. 7:6-27). Дали и ние понекогаш донесуваме лоши одлуки така што можеби се доведуваме во опасни ситуации кои кај нас можат да подбудат погрешни желби? На пример, ноќе на телевизија понекогаш се прикажуваат програми со неморална содржина. Затоа може да биде опасно бесцелно да вртиме по каналите. Исто така, опасно е да отвораме секакви линкови на Интернет, или да одиме на чет-линии или страници на кои се појавуваат неморални реклами и линкови до порнографски страници. Доколку се изложиме на такво нешто, кај нас ќе се родат неисправни желби кои би можеле да нѐ наведат да му бидеме непослушни на Јехова (w15 15/6 3:8-9).

Вторник, 16 мај

Прости ни ги нашите долгови (Мат. 6:12)

Зошто Исус во една прилика рекол: „Прости ни ги нашите долгови“, а во друга: „Прости ги нашите гревови“? (Мат. 6:12; Лука 11:4). Затоа што во некоја смисла гревовите се како долгови. Во Стражарска кула од 1951 год. било објаснето дека, ‚кога грешиме, го кршиме Божјиот закон, и со тоа се задолжуваме кај Јехова. Тој би можел да го раскине пријателството со нас и да побара за гревот да платиме со живот. Освен тоа, ние сме должни да му покажуваме љубов со нашата послушност‘. Но, кога сме му непослушни на Јехова и ‚правиме грев, ние не си го отплаќаме долгот, односно не му ја даваме љубовта што му ја должиме‘ (1. Јов. 5:3). Колку сме благодарни што Јехова ја дал откупната жртва на Исус за да ни ги прости гревовите! Нам ни е потребно простување секој ден. Иако откупнината била платена пред речиси 2.000 години, треба да гледаме на неа како на дар што сме го добиле денес. „Откупнината“ за нашите животи „е толку висока“ што ниту еден несовршен човек не може да ја плати (Пс. 49:7-9; 1. Пет. 1:18, 19; w15 15/6 5:9-10).

Среда, 17 мај

Ќе го прославам подножјето на своите нозе (Иса. 60:13)

Зарем не сме радосни што можеме да ја нудиме нашата привлечна литература која содржи корисни совети? Размисли и за начинот на кој ја користиме новата технологија за да ја проповедаме добрата вест. На пример, преку нашата интернет-страница, jw.org, сега многу повеќе луѓе можат да ја дознаат вистината и да ја добијат помошта која очајно им е потребна. Благодарни сме и за промената што беше направена во поглед на состаноците за да имаме време за семејно или лично проучување. Ги цениме и промените во програмата за нашите собири и конгреси. Зарем не се согласуваш дека од година во година тие стануваат сѐ подобри? А благодарни сме и за поголемата обука што ја добиваме на многуте наши теократски школи. Зад сите овие промени јасно се гледа Јеховиното водство. Тој постепено ја разубавува својата организација и духовниот рај во кој уживаме уште денес (w15 15/7 1:16-17).

Четврток, 18 мај

Сакај го својот ближен како себеси! (Лука 10:27)

Кога не знаеме што да правиме во дадена ситуација, мудро е да се прашаме: ‚Како би постапил Исус?‘ Кога тој бил на Земјата, имало спорови и несогласувања меѓу луѓето од Јудеја, Галилеја и Самарија. На пример, постоело непријателство меѓу Евреите и Самарјаните (Јован 4:9). Имало несогласувања и меѓу фарисеите и садукеите (Дела 23:6-9). Оние што биле поучувани за Законот мислеле дека се подобри од обичниот народ кој не добил такви поуки (Јован 7:49). Освен тоа, многумина ги мразеле даночниците и Римјаните (Мат. 9:11). Иако ја бранел вистината за Јехова и признал дека „спасението доаѓа од Евреите“, Исус никогаш не ги поучувал своите ученици да мислат дека се подобри од другите (Јован 4:22). Напротив, тој ги поттикнал да ги сакаат сите луѓе (w15 15/7 3:5).

Петок, 19 мај

Јехова е на мојата страна; нема да се плашам. Што може да ми направи земен човек? Јехова е на мојата страна меѓу оние што ми помагаат (Пс. 118:6, 7)

Луѓето биле создадени со потреба да сакаат и да бидат сакани. Но, поради некоја болест, финансиски проблеми или затоа што не гледаме резултати од службата, можеби ќе почнеме да си мислиме дека Јехова повеќе не нѐ сака. Ако ни се случи такво нешто, добро е да се потсетиме дека сме скапоцени за него и дека тој е секогаш покрај нас. Библијата нѐ уверува дека Јехова ‚нѐ држи за десницата‘ и ни помага. Сѐ додека сме му верни, Бог нема никогаш да нѐ заборави (Иса. 41:13; 49:15). Бриџит, која сама се грижела за своите две деца откако починал маж ѝ, вели: „Воопшто не е лесно да воспитуваш деца во Сатановиот свет, особено ако си самохран родител. Сепак, уверена сум во Јеховината љубов бидејќи тој беше крај мене во најтешките мигови, и никогаш не дозволи да доживеам нешто што не можев да го издржам“ (1. Кор. 10:13; w15 15/8 1:1-3).

Сабота, 20 мај

Чекај го! (Авак. 2:3)

Јехова го испратил пророкот Авакум за да го претскаже уништувањето на Ерусалим. И други пророци пред него со години ја разгласувале истата порака. Авакум гледал дека имало злоба и неправди повеќе од кога и да е порано. Затоа не е чудо што прашал: „До кога, Јехова, ќе викам за помош?“ Јехова го уверил овој верен пророк дека прореченото уништување „нема да задоцни“ (Авак. 1:1-4). Замисли си што би можело да се случи доколку Авакум се обесхрабрел и си рекол: ‚Веќе со години чекам да биде уништен Ерусалим. Што ако неговото уништување е сѐ уште далеку? Тогаш не мора јас да пророкувам. Некој друг нека го прави тоа‘. Ако Авакум размислувал на ваков начин, ќе ја изгубел Јеховината милост. А веројатно ќе го изгубел и својот живот кога Вавилонците го уништиле Ерусалим (w15 15/8 2:12-13).

Недела, 21 мај

Лошото друштво ги расипува добрите навики (1. Кор. 15:33)

За да не си ги расипеме добрите навики, не смееме да се дружиме со лица кои прават лоши работи. Во нив спаѓаат и оние што тврдат дека му служат на Јехова, но намерно ги кршат неговите закони. Ако таквите лица направат тежок грев и не се каат, ние престануваме да се дружиме со нив (Рим. 16:17, 18). Доколку би се дружеле со оние што не им се послушни на Божјите закони, би се нашле на искушение и ние да постапуваме како нив само за да нѐ прифатат. На пример, ако се дружиме со луѓе кои се неморални, би можеле и самите да направиме неморал. Тоа им се случило на крстени христијани, а некои од нив биле исклучени затоа што не се каеле (1. Кор. 5:11-13). Ако не се вратат кај Јехова, ќе се најдат во ситуацијата што е опишана во 2. Петрово 2:20-22 (w15 15/8 4:4-6).

Понеделник, 22 мај

Вие сте мои пријатели ако го правите она што ви го заповедам (Јован 15:14)

Исус внимателно ги избрал своите блиски пријатели. Тој ги избрал за свои пријатели оние кои верно го следеле и кои со сета душа му служеле на Јехова. Дали и ти ги избираш за свои блиски пријатели оние кои безрезервно му служат на Јехова? Зошто ова е важно? Топлата и срдечна љубов на нашите браќа и сестри може да придонесе за нашиот духовен раст. Можеби си млада личност и размислуваш на што да го посветиш својот живот. Вистинските пријатели можат да ти помогнат да го избереш најдобриот животен пат. Затоа, дружи се со оние кои веќе со години му служат на Јехова и кои се трудат да го зајакнат единството во собранието. Можеби тие имале свои подеми и падови во животот, и се соочиле со разни предизвици додека му служеле на Бог. Изградувачкото дружење со таквите браќа и сестри може да ти помогне да донесеш мудри одлуки и да продолжиш духовно да напредуваш (Евр. 5:14; w15 15/9 1:14-15).

Вторник, 23 мај

Спротивставете му се на Ѓаволот цврсти во верата (1. Пет. 5:9)

И со збор и на дело, Исус им ја зајакнувал верата на учениците (Мар. 11:20-24). Ние треба да го следиме неговиот пример бидејќи на тој начин ќе ја зајакнеме и својата вера (Изр. 11:25). Кога проповедаш или ги поучуваш луѓето, истакни ги доказите кои покажуваат дека Бог постои, дека се грижи за нас и дека Библијата е негова Реч. Помагај им и на своите браќа и сестри да си ја зацврстат верата. Ако забележиш дека некои се борат со сомнежи — можеби така што почнуваат да мрморат против именуваните браќа — немој веднаш да ги избегнуваш. Наместо тоа, потруди се тактично да им помогнеш да преземат чекори да си ја зајакнат верата (Јуда 22, 23). Ако на училиште се дискутира за еволуција, смело брани ја својата вера во создавањето. Би можел да се изненадиш како ќе влијае тоа врз другите! Јехова му помага секому од нас да остане цврст во верата (1. Пет. 5:10). Затоа, да даваме сѐ од себе за да си ја зајакнеме верата бидејќи тоа ќе ни донесе неспоредливи благослови! (w15 15/9 3:20-21).

Среда, 24 мај

Небесата ја објавуваат Божјата слава, небесниот свод зборува за делата на неговите раце (Пс. 19:1)

Денес Јехова ни помага уште подобро да се запознаеме со неговите творечки дела и со неговата намера. Светот ги поттикнува луѓето да стекнат високо образование, но поради тоа мнозина ја изгубиле љубовта кон Бог. Од друга страна, Јехова не само што сака да стекнеме знаење туку нѐ охрабрува и да се здобиеме со мудрост и разбирање. Бог сака да го користиме она што го знаеме за да ни биде добро нам, но и да им помагаме на другите (Изр. 4:5-7). Тој „сака најразлични луѓе да се спасат и добро да ја запознаат вистината“ (1. Тим. 2:4). Ние покажуваме љубов кон Јехова кога со сета душа им ја пренесуваме добрата вест на другите и кога им помагаме да ја разберат Божјата величествена намера со човештвото (Пс. 66:16, 17; w15 15/9 5:10-11).

Четврток, 25 мај

Сѐ што беше некогаш напишано, напишано е за наша поука (Рим. 15:4)

Можеме да учиме од многуте примери на вера во Библијата. Еден таков пример е пророкот Илија. Забележи како во пет ситуации тој покажал силна доверба во Јехова. 1) Кога го известил цар Ахав дека Јехова ќе предизвика суша, Илија со увереност рекол: „Како што е жив Јехова... ќе нема ниту роса ниту дожд, освен по моја наредба“ (1. Цар. 17:1). 2) Илија бил цврсто уверен дека, за време на сушата, Јехова ќе им го даде нему и на другите сето она што им било потребно (1. Цар. 17:4, 5, 13, 14). 3) Тој верувал дека Јехова може да врати во живот едно мртво дете (1. Цар. 17:21). 4) Воопшто не се сомневал дека Јехова ќе ја изгори со оган жртвата што му ја принел на планината Кармил (1. Цар. 18:24, 37). 5) Кога дошло време Јехова да ѝ стави крај на сушата, иако сѐ уште немало никаков знак дека ќе заврне, Илија му рекол на Ахав: „Оди горе, јади и пиј, зашто се слуша шум што најавува пороен дожд“ (1. Цар. 18:41). Зарем сето ова не нѐ поттикнува да се прашаме: ‚Дали и јас имам исто толку цврста вера како што имал Илија?‘ (w15 15/10 2:4-5).

Петок, 26 мај

Размислувај за тоа (1. Тим. 4:15)

Нашата способност да го користиме јазикот е чудесен дар од Јехова (Пс. 139:14; Отк. 4:11). Но, тој ни дал уште еден дар по кој се разликуваме од животните. Ние сме создадени „според Божјиот лик“. Имаме слободна волја и може да одлучиме да го користиме јазикот за да го славиме Бог (1. Мој. 1:27). На сите оние што сакаат да го слават Творецот на јазикот, Јехова им дал уште еден прекрасен дар — Библијата. Таа сега е достапна во целост или делумно на повеќе од 2.800 јазици. Кога ги читаме светите списи и размислуваме за нив, нашиот ум се полни со Божји мисли (Пс. 40:5; 92:5; 139:17). А Јеховините мисли ‚можат да нѐ направат мудри за да добиеме спасение‘ (2. Тим. 3:14-17). Кога длабоко размислуваме, всушност, се концентрираме и ги насочуваме мислите на одредена работа, сеедно дали е добра или лоша (Пс. 77:12; Изр. 24:1, 2). Најголема корист извлекуваме кога длабоко размислуваме за она што го учиме за Јехова и за неговиот Син, Исус Христос (Јован 17:3; w15 15/10 4:2-4).

Сабота, 27 мај

Ако некој не знае да управува со својот дом, како ќе се грижи за Божјето собрание? (1. Тим. 3:5)

И со збор и со пример, Исус ги поучил своите следбеници понизно да им служат на другите (Лука 22:27). Апостолите гледале дека тој несебично му служи на Јехова и им помага на луѓето, и научиле и самите да го прават тоа. И ти можеш да ги поучиш децата со твојот пример на самопожртвуваност и понизност. Деби, која има две деца, вели: „Никогаш не бев љубоморна што маж ми поминуваше време со другите како старешина. Знаев дека тој секогаш ќе биде тука за нас кога ќе ни биде потребен“. Како примерот на Деби и на нејзиниот сопруг, Пранас, влијаел врз нивните деца? Пранас вели дека, кога пораснале, децата секогаш биле спремни да помагаат за време на собирите. Биле среќни, стекнале добри пријатели и уживале во друштвото на своите духовни браќа и сестри. Сега целото семејство е во полновремена служба. Ако си понизен и несебичен, најверојатно и твоите деца ќе научат спремно да им помагаат на другите (w15 15/11 1:9).

Недела, 28 мај

Божјите невидливи својства, имено неговата вечна моќ и божество, јасно се гледаат уште од создавањето на светот, бидејќи се распознаваат по она што е создадено (Рим. 1:20)

Јехова ни ја покажал својата голема љубов на многу начини. На пример, размисли за нашата величествена вселена. Постојат милијарди галаксии, а во секоја од нив има милијарди ѕвезди и планети. Сонцето е една од ѕвездите во нашата галаксија, Млечниот Пат. Без Сонцето, на Земјата не би постоел живот. Сите овие созданија се доказ дека Јехова е нашиот Творец. Тие ни ги откриваат неговите особини, како што се моќта, мудроста и љубовта. Јехова ја создал Земјата за да има живот на неа. Тој направил прекрасна рајска градина за луѓето и им дал совршен ум и тело за да можат да живеат засекогаш (Отк. 4:11). Освен тоа, Бог „му дава храна на секое создание — зашто неговата милост трае довека“ (Пс. 136:25; w15 15/11 3:7-8).

Понеделник, 29 мај

Јас сум со вас (Мат. 28:20)

Низ годините, нашиот Цар ни давал различни средства за да ги подготвиме срцата на милиони луѓе да ја прифатат пораката за Царството. Некои се користеле одредено време, но други играат важна улога до ден-денес. Како и да е, сите тие средства ни помогнале на некој начин да ги подобриме нашите вештини на проповедање. Од 1933 год., објавителите почнале да користат картички за сведочење кога проповедале од врата до врата. Картичките содржеле кратка библиска порака. Тие им помагале на објавителите на разни начини. Иако некои многу сакале да проповедаат, биле срамежливи и не знаеле што да кажат. Други, пак, за само неколку минути му кажувале на станарот сѐ што знаеле, но нивната презентација не била секогаш тактична. Картичките за сведочење, кои содржеле неколку добро избрани мисли, на некој начин, ‚зборувале‘ наместо објавителот (w15 15/11 5:3-6).

Вторник, 30 мај

Сите нека го фалат Јеховиното име (Пс. 148:13)

Многу библиски стихови покажуваат дека Божјето име е важно и дека мора да му се оддава чест (2. Мој. 3:15; Пс. 83:18; Иса. 42:8; 43:10; Јован 17:6, 26; Дела 15:14). Преку својот свет дух, Јехова ги поттикнал писателите на Библијата често да го користат неговото име (Езек. 38:23). Оние што го изоставаат името, кое се појавува илјадници пати во древните ракописи, покажуваат непочитување кон Авторот на Светото писмо. Денес има уште повеќе докази дека Божјето име треба да стои во Библијата. Во англиското издание на Преводот Нов свет од 1984 год., Божјето име беше спомнато 7.210 пати. Но, во ревидираното издание од 2013 год., тоа е додадено на уште шест места. Пет од нив се во 1. Самоилова 2:25; 6:3; 10:26; 23:14, 16. Ова беше направено главно затоа што името се наоѓа во овие стихови во свитоците од Мртвото Море, кои се постари од хебрејскиот масоретски текст преку 1.000 години. На темел на подлабокото истражување на некои древни ракописи, името беше вратено и во Судиите 19:18 (w15 15/12 2:5-6).

Среда, 31 мај

Братската љубов и понатаму нека владее меѓу вас (Евр. 13:1)

Треба уште сега да ја зајакнеме својата братска љубов, бидејќи таа ќе ни помогне да се справиме со сите испити и неволји со кои можеби ќе се соочиме во иднина. Уште сега, пред да избувне големата неволја, имаме многу прилики да покажеме колку ги сакаме нашите браќа. Голем број сохристијани се погодени од земјотреси, поплави, урагани, цунамија и други природни катастрофи. Некои браќа страдаат поради противење и прогонство (Мат. 24:6-9). Освен тоа, секојдневно се соочуваме со економски тешкотии затоа што живееме во овој расипан свет (Отк. 6:5, 6). Колку повеќе проблеми имаат нашите браќа толку повеќе прилики имаме да им покажеме дека многу ги сакаме. Иако „кај мнозина љубовта ќе олади“, ние мора и понатаму да покажуваме братска љубов (Мат. 24:12; w16.01 1:8-9).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели