ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • es18 стр. 17-26
  • Февруари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Февруари
  • Секојдневно истражување на Писмото — 2018
  • Поднаслови
  • Четврток, 1 февруари
  • Петок, 2 февруари
  • Сабота, 3 февруари
  • Недела, 4 февруари
  • Понеделник, 5 февруари
  • Вторник, 6 февруари
  • Среда, 7 февруари
  • Четврток, 8 февруари
  • Петок, 9 февруари
  • Сабота, 10 февруари
  • Недела, 11 февруари
  • Понеделник, 12 февруари
  • Вторник, 13 февруари
  • Среда, 14 февруари
  • Четврток, 15 февруари
  • Петок, 16 февруари
  • Сабота, 17 февруари
  • Недела, 18 февруари
  • Понеделник, 19 февруари
  • Вторник, 20 февруари
  • Среда, 21 февруари
  • Четврток, 22 февруари
  • Петок, 23 февруари
  • Сабота, 24 февруари
  • Недела, 25 февруари
  • Понеделник, 26 февруари
  • Вторник, 27 февруари
  • Среда, 28 февруари
Секојдневно истражување на Писмото — 2018
es18 стр. 17-26

Февруари

Четврток, 1 февруари

Истрајноста нека го доврши своето дело (Јак. 1:4)

Како може истрајноста да го доврши своето „дело“ во нас? Таа ни помага да бидеме „потполни, без никаков недостаток“ (Јак. 1:4) Кога минуваме низ неволји, на површина излегуваат некои наши слабости на кои треба да работиме. На пример, можеби ќе сфатиме дека треба да бидеме пострпливи, посочувствителни или поблагодарни. Ако истраеме во неволјата, ќе научиме уште повеќе да ги покажуваме овие особини, и така ќе станеме подобри личности. Бидејќи истрајноста ни помага да бидеме подобри христијани, не треба да го прекршиме Јеховиниот закон само за да си ги скратиме неволјите. На пример, што ако се бориш со нечисти мисли? Наместо да им се препуштиш, моли го Јехова да ти помогне да ги отфрлиш. На тој начин ќе покажеш уште поголемо самосовладување. А што ако ти се противи некој од твоите најблиски? Не се предавај! Биди решен и понатаму да му служиш на Јехова. Не заборавај: Ако сакаме да останеме блиски со Бог, мора да бидеме истрајни (Рим. 5:3-5; Јак. 1:12; w16.04 2:15-16).

Петок, 2 февруари

Од понизност сметајте ги другите за поголеми од себе (Фил. 2:3)

Многу луѓе се гордеат и се фалат со својата раса, племе, култура, град или земја. Меѓутоа, ваквиот став е спротивен на Божјето гледиште за човечкиот род. Во Јеховини очи сите сме еднакви, и ниту еден човек ниту група луѓе не се подобри од другите. Се разбира, тој не очекува да се одречеме од нашата култура. Всушност, културните разлики придонесуваат за прекрасната разноликост на човечкото семејство. Сепак, тоа не ни дава за право да се воздигнуваме над другите (Рим. 10:12). Никогаш не треба толку да се гордееме со нашата земја или нација што ќе мислиме дека е подобра од сите други. Ако имаме такви чувства, може да ни биде многу тешко да останеме неутрални. Ова било случај во првиот век. Некои еврејски христијани не постапувале праведно со грчките вдовици (Дела 6:1). Како може да знаеме дали кај нас почнува да се развива таква гордост? Кога некој брат или сестра од друга земја ќе ти даде предлог, дали веднаш помислуваш „Кај нас работите се прават подобро“, и потоа го отфрлаш предлогот? Ако да, сети се на важниот совет што го содржи денешниот стих (w16.04 4:12-13).

Сабота, 3 февруари

Морам да ја објавам добрата вест за Божјето царство (Лука 4:43)

Исус ја проповедал „добрата вест за царството“, и сака неговите ученици да го прават истото. Која група луѓе им ја проповедаат таа порака на „сите народи“? (Мат. 28:19). Само Јеховините сведоци! Забележи што му рекол на еден наш брат еден свештеник кој служел како мисионер во многу земји. Во секоја земја, свештеникот ги прашувал Јеховините сведоци каква порака проповедаат. Тој рекол: „Сите беа толку глупави што секогаш ми даваа ист одговор: ‚Добрата вест за Царството‘“. Таквиот одговор не покажува дека сме „глупави“ туку, напротив, дека сме обединети како вистински христијани (1. Кор. 1:10). Божјето Царство е главната порака и на нашето списание Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство. Тоа е достапно на 254 јазици, а секој број излегува во речиси 59 милиони примероци. Всушност, Стражарска кула е списание со најголем тираж во светот! (w16.05 2:6).

Недела, 4 февруари

Секој нека направи како што одлучил во своето срце (2. Кор. 9:7)

Можеби сакаш да бидеш пионер. Веќе си направил некои промени во животот за да можеш да поминуваш повеќе време во службата. Сепак, сѐ уште не си сигурен дали навистина ќе бидеш среќен ако имаш помалку во материјален поглед. Се разбира, Божјата Реч не вели дека мора да бидеме пионери. Може верно да му служиме на Бог и како објавители. Од друга страна, Исус рекол дека Јехова ги благословува оние што прават жртви за Царството (Лука 18:29, 30). Библијата исто така вели дека Бог се радува кога даваме сѐ од себе за да го фалиме, и дека сака да бидеме среќни додека му служиме (Пс. 119:108). Ако се молиме и длабоко размислуваме за овие работи, ќе може да донесеме мудра одлука која нашиот небесен Татко ќе ја благослови (w16.05 3:13).

Понеделник, 5 февруари

Сеќавај се на својот Величествен Творец во деновите на младоста своја, пред да дојдат зли денови (Проп. 12:1)

Дали возрасните христијани треба да мислат дека нема потреба да ги читаат нашите публикации кои се наменети за тинејџери бидејќи можеби тоа е под нивното достоинство? Во никој случај! Многу од проблемите за кои се зборува во овие публикации и статии не ги погодуваат само младите. На пример, сите ние треба да ја браниме својата вера, да си ги контролираме емоциите, да се спротивставиме на притисокот од околината, и да избегнуваме лошо друштво и забава. Иако главно се пишувани за младите, тие информации се темелат на библиски начела и сите може да извлечеме корист од нив. Овие публикации можат да им помогнат и на младите и на возрасните духовно да созреат и да станат уште поблиски со Јехова (Проп. 12:13; w16.05 5:15-16).

Вторник, 6 февруари

Чуј, Израеле: Јехова, нашиот Бог, е еден Јехова! Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сета своја сила (5. Мој. 6:4, 5)

„Јехова, нашиот Бог, е еден Јехова.“ Ова е навистина многу силна изјава! Тоа потсетување им помогнало на Израелците храбро да се соочат со тешкотиите на кои наишле додека ја освојувале Ветената земја. Тие зборови можат и нам да ни влеат сила да ја преживееме големата неволја и да ни помогнат да придонесеме за единството и мирот кои ќе владеат во рајот што ни претстои. Да бидеме решени и понатаму да му останеме оддадени само на Јехова. Треба да го сакаме и да му служиме со сето срце, ум и сила. Освен тоа, мора да даваме сѐ од себе за да бидеме во мир и единство со нашите браќа. Ако продолжиме да постапуваме така, Исус ќе нѐ одвои како „овци“, и со свои очи ќе го видиме исполнувањето на следниве негови зборови: „Дојдете, благословени од мојот Татко, наследете го царството кое е подготвено за вас од настанувањето на светот“ (Мат. 25:34; w16.06 3:2, 20).

Среда, 7 февруари

Срцето е поизмамливо од сѐ друго (Ерем. 17:9)

Поради гордоста би можеле да си наоѓаме изговори за нашето погрешно постапување. Дали некогаш си бил повреден од некој брат или сестра? Дали си бил разочаран затоа што си изгубил одредена теократска одговорност? Како реагираше? Дали дозволи гордоста да те заслепи или сфати дека ништо друго не е поважно од тоа да се смириш со братот и да му останеш верен на Јехова? (Пс. 119:165; Кол. 3:13). И на оној што постојано греши, па дури и ги крие своите гревови, може да му биде тешко да прифати совет од Бог. Поради тоа, срцето може сѐ помалку да го осудува кога го прави гревот (Проп. 8:11). Еден брат, кој некое време имал навика да гледа порнографија, подоцна рекол: „Почнав постојано да им барам маани на старешините“. Неговата навика му го нарушила односот со Јехова. Кога се открило што прави, тој добил помош од старешините. Точно е дека секој од нас е несовршен. Но, нашето срце може да се стврдне ако почнеме да ги критикуваме оние што нѐ советувале или ако си бараме изговори кога правиме нешто погрешно наместо да го молиме Бог да ни прости и да ни помогне (w16.06 2:5-6).

Четврток, 8 февруари

Престанете да се грижите за својот живот (Мат. 6:25)

Исус знаел дека неговите ученици се загрижени за своите секојдневни потреби. Но, сакал да сфатат зошто не треба да се грижат. Тој знаел дека, ако се претерано загрижени, дури и за она што навистина им е потребно, би можеле да заборават што е најважно во животот. Бидејќи многу ги сакал своите ученици, Исус ги предупредил на оваа опасност уште четири пати во Проповедта на гората (Мат. 6:27, 28, 31, 34). Тој знаел што им е потребно на луѓето. Освен тоа, знаел и дека „во последните денови“, неговите ученици ќе живеат во „особено тешки времиња“ (2. Тим. 3:1). Денес многумина не можат да најдат работа, а цените постојано растат. Во многу места, луѓето се сиромашни и немаат што да јадат. Сепак, Исус знаел дека животот е поважен од храната и дека телото е поважно од облеката (w16.07 1:8-9).

Петок, 9 февруари

Јас станав слуга на таа тајна според Божјата незаслужена доброта (Еф. 3:7)

Бидејќи не можеме совршено да му бидеме послушни на Јехова, не заслужуваме тој да биде добар кон нас. Всушност, ние заслужуваме смрт. Цар Соломон рекол: „Нема праведен човек на земјата, кој прави само добро и никогаш не греши“ (Проп. 7:20). Подоцна, апостол Павле напишал: „Сите згрешија и не ја одразуваат Божјата слава“. А потоа додал: „Платата за гревот е смрт“ (Рим. 3:23; 6:23а). Јехова толку многу ги сака луѓето што го испратил „својот единороден Син“ да умре за нив. Со тоа ја покажал својата незаслужена доброта на највпечатлив начин (Јован 3:16). Павле рекол дека Исус бил овенчан со слава и чест бидејќи претрпел смрт, „за со тоа, преку Божјата незаслужена доброта, да ја вкуси смртта за секого“ (Евр. 2:9). Библијата вели: „Дарот што го дава Бог е вечен живот преку Христос Исус, нашиот Господар“ (Рим. 6:23б; w16.07 3:3-4).

Сабота, 10 февруари

Ќе му направам помошничка (1. Мој. 2:18)

Бракот е составен дел од животот. Но, како било основано брачното уредување, и која е неговата цел? Одговорот на овие прашања ќе ни помогне да имаме исправен став кон бракот и уште повеќе да уживаме во благословите што ги носи. Откако го создал првиот човек, Бог му заповедал да им даде имиња на сите животни. Додека го правел тоа, Адам сфатил дека за него немало „помошничка како негово дополнение“. Тогаш Бог пуштил длабок сон врз првиот маж, и му зел едно ребро од кое му направил жена. Потоа ја довел кај него, и таа му станала сопруга (1. Мој. 2:20-24). Ова јасно покажува дека Јехова е основачот на брачното уредување. Со други зборови, бракот е дар од него. Со години подоцна, Исус ги повторил зборовите што Јехова ги кажал во рајската градина: „Човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена, и двајцата ќе бидат едно тело“ (Мат. 19:4, 5). Тоа што Бог ја создал првата жена од реброто на Адам требало да им помогне и на двајцата да сфатат колку е блиска оваа врска. Јехова никогаш немал намера брачните другари да се разведуваат или да имаат повеќе од еден сопружник во исто време (w16.08 1:1-2).

Недела, 11 февруари

Исус замина оттаму за да поучува и да проповеда во околните градови (Мат. 11:1)

Освен што им се обраќал на мноштва, Исус често разговарал и со поединци. Тој зборувал со нив на пријателски начин. На пример, водел интересен разговор со една жена која дошла да нацрпи вода од бунарот во близина на градот Сихар (Јован 4:5-30). Освен тоа, Исус зборувал и со даночникот Матеј, наречен и Леви. Матеј го прифатил повикот и станал Христов следбеник. Подоцна тој приредил гозба во својот дом, на која Исус подолго разговарал со него и со другите луѓе кои биле поканети (Мат. 9:9; Лука 5:27-39). Во друга прилика, Исус зборувал пријателски и со Натанаел, кој имал негативен став кон луѓето од Назарет. Тоа го поттикнало Натанаел да си го смени мислењето и да дознае нешто повеќе од Исус (Јован 1:46-51). Од примерот на Божјиот Син учиме дека, кога водиме со луѓето пријателски и опуштен разговор, тие се поспремни да го слушаат она што сакаме да им го кажеме. Ако ги обучуваме новите да зборуваат на ваков начин, службата ќе им носи уште поголема радост (w16.08 4:7-9).

Понеделник, 12 февруари

Жената да не си заминува од мажот и мажот да не ја остава жената (1. Кор. 7:10, 11)

Некои брачни двојки одлучуваат да се одвојат или да се разведат затоа што постојано имаат сериозни проблеми. Некои сопружници сметаат дека нивните проблеми се толку тешки што е најдобро да живеат одвоено. Иако може да се чини дека е единствено решение, одвојувањето обично носи уште повеќе проблеми. Откако кажал дека мажот ќе ги остави родителите и ќе се прилепи до својата жена, Исус го повторил мерилото за бракот кое Јехова го дал во почетокот: „Бог што составил, човек да не разделува!“ (Мат. 19:3-6; 1. Мој. 2:24). Ова јасно покажува дека Јехова го смета бракот за доживотна врска (1. Кор. 7:39). Никогаш не смееме да заборавиме дека секој од нас ќе му положи сметка нему. Ова треба да нѐ поттикне брзо да ги решаваме проблемите за да не станат многу поголеми (w16.08 2:10-11).

Вторник, 13 февруари

Не дозволувај да те надвладее злото (Рим. 12:21)

Треба постојано да бидеме на штрек. Зошто? Нашите непријатели можат да нѐ нападнат кога сме слаби или кога најмалку го очекуваме тоа. Всушност, денешниот стих е охрабрување за нас затоа што покажува дека можеме да го победиме злото ако продолжиме да се бориме против него. Но, ако се опуштиме и престанеме да се бориме, тогаш Сатана, неговиот свет и нашите слабости можат да нѐ надвладеат. Затоа, не се откажувај! Не се обесхрабрувај и не дозволувај да ти ослабат рацете! (1. Пет. 5:9). Ако сакаме да извојуваме победа, не смееме да заборавиме од која причина се бориме — за да ја стекнеме Божјата милост и благослов. Затоа мора да мислиме на уверувањето запишано во Евреите 11:6: „Оној што му пристапува [на Бог] мора да верува дека тој постои и дека ги наградува оние што ревносно го бараат“. Грчкиот израз кој е преведен со „ревносно го бараат“ укажува дека треба да вложиме голем труд за да ја стекнеме Божјата милост (Дела 15:17; w16.09 2:4-5).

Среда, 14 февруари

Правете сѐ за Божја слава (1. Кор. 10:31)

Библијата ни дава практично водство што може да ни помогне да направиме мудар избор во врска со облекувањето за да му оддадеме чест на Бог. Се разбира, ова не значи дека сите треба да се облекуваме исто. Секој може да се облекува по свој вкус. Нашиот стил и облеката што можеме да си ја купиме можеби се разликува од она што го носат другите. Во секој случај, облеката треба да биде чиста, уредна, скромна, соодветна на приликата и прифатлива за средината во која живееме. Не е секогаш лесно да се најде скромна и пристојна облека. Во многу продавници има само облека која е по последна мода. Затоа можеби ќе треба да вложиме повеќе време и труд за да најдеме пристојни сукњи, фустани и блузи, или панталони и костуми кои не се тесни. Сепак, нашите браќа и сестри ќе забележат дека сме вложиле напор за да се облечеме вкусно и скромно, и уште повеќе ќе нѐ ценат поради тоа. Не смееме да заборавиме дека вреди да направиме жртви во однос на облекувањето за и на тој начин да му оддаваме слава на нашиот небесен Татко (w16.09 3:15-16).

Четврток, 15 февруари

Тој го оптегнува северот над празнината, ја држи Земјата обесена на ништо (Јов 26:7)

Децата имаат бујна фантазија. Затоа, родители, трудете се да користите многу споредби кога ги поучувате. Можеш да користиш споредби и за да ги поучиш децата дека сѐ што е запишано во Библијата е вистина. На пример, би можел да го прочиташ денешниот стих. Како да му помогнеш на детето да сфати дека таа изјава е од Бог? Наместо само да му го кажеш тоа како факт, поттикни го да размислува. Спомни му дека во времето на Јов луѓето не верувале дека Земјата лебди во вселената. Тие знаеле дека секој предмет мора да стои на нешто. Би можел да земеш топка или камен за да му покажеш дека тоа е така до ден-денес. Како можел Јов да знае дека Земјата е „обесена на ништо“ кога во тоа време немало ни телескопи ни вселенски бродови? Очигледно, она што е запишано во Библијата во врска со Земјината топка мора да е од Јехова. Тој дал да се запишат точни информации долго време пред луѓето да ги потврдат (Неем. 9:6; w16.09 5:9, 12).

Петок, 16 февруари

Со срцето се верува (Рим. 10:10)

За да покажеме вистинска вера во Јехова и во Исус, не е доволно само да знаеме која е Божјата намера со луѓето. Верата кај нас разгорува силна желба да постапуваме во склад со Јеховината волја и да им ја пренесуваме добрата вест на другите. За да живееме вечно во Божјиот нов свет, мора да стекнеме вера и да ја зачуваме. Верата е како растение кое постојано се менува. Тоа ќе расте и ќе цвета ако редовно се залева, но ако не му се става доволно вода ќе почне да венее и на крајот потполно ќе се исуши. Ако не внимаваме, истото може да се случи и со нашата вера. Мора да се трудиме да останеме „здрави во верата“ и да даваме сѐ од себе за таа и понатаму да „расте“ (Тит 2:2; 2. Сол. 1:3; Лука 22:32; Евр. 3:12; w16.10 4:4-5).

Сабота, 17 февруари

Главниот дворјанин им даде други имиња. Така, Даниел го нарече Валтазар (Дан. 1:7)

Кога Даниел и неговите пријатели биле одведени како заробеници во Вавилон, Вавилонците се обиделе да им ја наметнат својата култура и религија. На кој начин? Така што ги поучиле „за јазикот на Халдејците“ и им дале вавилонски имиња (Дан. 1:3-7). На пример, името кое му го дале на Даниел било поврзано со Вел, главниот бог на Вавилонците. Веројатно цар Навуходоносор сакал да му стави до знаење дека овој вавилонски бог е помоќен од Јехова, богот на кој му служел Даниел (Дан. 4:8). Иако на Даниел му понудиле да јаде од „избраните царски јадења“, тој во своето срце одлучил да не го прекрши Божјиот закон (Дан. 1:8). Бидејќи продолжил да ги проучува „книгите“, односно светите списи напишани на хебрејски јазик, тој останал близок со Јехова додека живеел во туѓа земја (Дан. 9:2). Всушност, околу 70 години откако бил доведен во Вавилон, сѐ уште бил познат по своето еврејско име, Даниел (Дан. 5:13; w16.10 2:7-8).

Недела, 18 февруари

Каде што ги водеше духот, таму одеа (Езек. 1:20)

Од 1919 год., Исус го користи „верниот и разборит роб“ за да дели духовна храна, односно да им помага на Божјите слуги да ја разберат Библијата и да го следат нејзиното водство (Мат. 24:45-47). Кога сме послушни на советите од Божјата Реч, придонесуваме за чистотата, мирот и единството во собранието. Добро е секој од нас да се праша: „Дали сум му лојален на Исус и дали го следам водството што го дава ‚верниот роб‘?“ Преку Библијата, Јехова ни помага да се запознаеме со небесниот дел од неговата организација. На пример, пророкот Езекиел добил видение во кое небесниот дел од Божјата организација е претставен со небесна кочија (Езек. 1:4-28). Наскоро Исус и ангелите ќе го уништат овој злобен свет. Никој веќе нема да го срамоти Јехова и неговото име, и да го доведува во прашање начинот на којшто владее! (w16.11 3:9-10).

Понеделник, 19 февруари

Да се храбриме еден со друг, толку повеќе колку што гледате дека се приближува денот (Евр. 10:25)

Ние редовно одиме на состаноците за да бидеме поучени и за да се охрабруваме еден со друг (1. Кор. 14:31). Дури и на оние што долго време му служат на Јехова им треба охрабрување. Размисли за Исус Навин. Тој со години верно му служел на Бог. Сепак, Јехова му кажал на Мојсеј да го охрабри. Јехова рекол: „Постави го Исус Навин за водач, охрабри го и зајакни го, зашто тој ќе премине онаму на чело на овој народ и тој ќе им ја предаде во наследство земјата што ќе ја видиш“ (5. Мој. 3:27, 28). Исус Навин имал голема одговорност да ги предводи Израелците во освојувањето на Ветената земја. Му требало охрабрување затоа што народот го очекувале многу битки. Се соочиле со бројни предизвици, па дури и со пораз барем во една ситуација (Ис. Нав. 7:1-9). И ние денес можеме да ги охрабруваме старешините и покраинските надгледници, кои вложуваат голем труд додека се грижат за Божјето стадо (1. Сол. 5:12, 13; w16.11 1:12-13).

Вторник, 20 февруари

Ќе ти го покажам судот над големата блудница, која седи на многу води (Отк. 17:1)

Истражувачите на Библијата сфатиле дека не е доволно само да им кажат на блиските пријатели, на семејството и на членовите на својата црква дека повеќе не се дел од лажната религија. Тие сакале цел свет да знае дека Големиот Вавилон е симболична блудница! Затоа, во декември 1917 год. и во почетокот на 1918 год., неколку илјади ревносни Истражувачи на Библијата поделиле 10 милиони примероци од еден трактат во кој имало статија со наслов: „Падот на Вавилон“. Трактатот смело ја разоткрил вистината за црквите на христијанскиот свет. Ништо чудно што црковните водачи биле бесни! Но, тоа не ги спречило Истражувачите на Библијата да продолжат со ова важно дело. Тие биле решени и понатаму да проповедаат и да му се покоруваат на Бог, а не на луѓето (Дела 5:29). Ова ни покажува дека овие христијани не отишле во ропство во текот на Првата светска војна. Напротив, тие почнале да се ослободуваат од лажната религија и да им помагаат и на другите да го сторат истото (w16.11 5:2, 4).

Среда, 21 февруари

Оние што живеат според телото, размислуваат за она што му е својствено на телото, а оние што живеат според духот, за она што му е својствено на духот (Рим. 8:5)

Некои сметаат дека едниот израз од овој стих се однесува на христијаните, а другиот на оние кои не биле христијани. Меѓутоа, Павле го напишал ова послание „до сите Божји сакани кои [биле] во Рим, повикани да бидат свети“ (Рим. 1:7). Значи, и оние што живееле „според телото“ и оние што живееле „според духот“ биле христијани. Павле рекол: „Кога живеевме по телото, грешните страсти... дејствуваа во нашите делови на телото“ (Рим. 7:5). Значи, Павле го поврзува телото со грешните страсти. Ова ни помага да сфатиме кои се тие што „живеат според телото“. Тоа се оние кои се преокупирани со своите грешни желби и им се препуштаат на своите нагони, страсти и лоши склоности (w16.12 2:5, 7).

Четврток, 22 февруари

Среќен е оној кому престапот му е простен (Пс. 32:1)

Некои се измачуваат поради грешките што ги направиле во минатото. Понекогаш цар Давид се чувствувал скршено поради своите грешки. Тој рекол: „Моите престапи ми се прелија преку глава“. А потоа додал: „Офкам од липањето на моето срце“ (Пс. 38:3, 4, 8, 18). Што направил во таа ситуација? Давид покажал доверба во Јеховината милосрдност и спремност да прости (Пс. 32:2, 3, 5). Можеби понекогаш си загрижен за она што ти се случува сега. На пример, кога го напишал Псалм 55, Давид се плашел за својот живот (Пс. 55:2-5). Сепак, не дозволил стравот и грижите да му ја поткопаат довербата во Јехова. Тој горливо го молел Бог да му помогне во неволјите, но сфатил дека е важно и самиот да преземе нешто (2. Сам. 15:30-34). Што можеш да научиш од Давид? Наместо да потонеш во очај, направи сѐ што можеш за да го решиш проблемот, а потоа остави ги работите во Јеховини раце (w16.12 3:14-15).

Петок, 23 февруари

Му згрешив на Јехова (2. Сам. 12:13)

Давид го прифатил укорот од пророкот Натан. Исто така, во молитва му ги признал своите гревови на Јехова и ја изразил својата искрена желба да ја стекне неговата милост (Пс. 51:1-17). Давид не дозволил да го надвладеат чувствата на вина, туку учел од своите грешки. Никогаш повеќе не ги повторил тие тешки гревови. Со години подоцна, тој умрел како верен Божји слуга кој останал во Јеховиното сеќавање (Евр. 11:32-34). Што можеме да научиме од примерот на Давид? Ако направиме тежок грев, треба искрено да се покаеме, да му го признаеме гревот на Јехова и да го молиме да ни прости (1. Јов. 1:9). Треба да им кажеме и на старешините бидејќи тие можат да ни помогнат да си го поправиме односот со Јехова (Јак. 5:14-16). Кога ја прифаќаме помошта од Бог, покажуваме доверба во неговото ветување дека ќе ни прости. Освен тоа, треба да учиме од своите грешки и да продолжиме непоколебливо да му служиме на Јехова (Евр. 12:12, 13; w17.01 1:13-14).

Сабота, 24 февруари

Од вообразени постапки чувај го својот слуга (Пс. 19:13)

Што значи некој да постапува вообразено? Тоа значи да прави нешто на кое нема право, можеби затоа што е нестрплив или горд. Бидејќи сме несовршени, на секого од нас може да му се случи да постапи вообразено. Но, како што гледаме од примерот на цар Саул, на Јехова воопшто не му се допаѓа ако тоа ни стане навика. Во Псалм 119:21 пишува: „Вообразените ти ги прекоруваш“ (Радосна Вест). Но, зошто Јехова го прави тоа? Како прво, ако постапуваме вообразено, покажуваме непочитување кон Јехова, нашиот Бог и Владетел. Второ, кога правиме нешто на кое немаме право, тоа веројатно ќе води до расправии и недоразбирања со другите (Изр. 13:10). И трето, кога другите ќе забележат дека сме постапиле вообразено, може да се посрамиме, па дури и да се почувствуваме понижено (Лука 14:8, 9). Сето ова јасно покажува зошто Јехова сака да бидеме скромни (w17.01 3:4-5).

Недела, 25 февруари

Тие се расипаа, тие не му се деца, вината е нивна (5. Мој. 32:5)

Бидејќи станал несовршен, Адам не можел потполно да ги одразува Јеховините особини. Адам ја изгубил можноста тој и неговите деца да имаат прекрасна иднина. На своите потомци можел да им пренесе само несовршенство, грев и смрт (Рим. 5:12). Тој им ја одзел можноста на своите деца да живеат вечно. Адам и Ева не можеле да имаат совршени деца, а тоа било случај и со сите нивни потомци. Откако ги навел првите луѓе да му свртат грб на Бог, Сатана постојано се обидува да ги наведе и сите други да го направат истото (Јован 8:44). И покрај побуната на Адам и Ева, Јехова не престанал да ги сака луѓето. Тој имал намера нивните деца да бидат блиски со него. Никогаш не сакал луѓето да умираат (2. Пет. 3:9). Затоа, Бог веднаш презел чекори за да можат луѓето повторно да имаат добар однос со него и да бидат избавени од смртта. Јехова го направил тоа без да ги погази своите праведни мерила (Јован 3:16; w17.02 1:12-14).

Понеделник, 26 февруари

Мудри се оние што меѓусебно се советуваат (Изр. 13:10)

Ќе бидеме поскромни ако се трудиме да ги забележуваме добрите страни на другите. Наместо да сакаме секогаш ние да бидеме во центарот на вниманието или да им кажуваме на другите што да прават, ќе прашуваме за мислење и спремно ќе ги прифаќаме туѓите предлози. Исто така, искрено ќе се радуваме кога нашите браќа и сестри ќе добијат некоја посебна доделба или задача. И ќе му благодариме на Јехова што дозволува сите да му служиме (1. Пет. 5:9). Освен тоа, ако учиме да гледаме на работите како што гледа Јехова, ќе носиме одлуки што ќе го радуваат. Кога проучуваме, се молиме и го правиме она што е исправно, нашата совест станува поостра (1. Тим. 1:5). На тој начин, се учиме повеќе да мислиме на другите отколку на себеси. Ако ги правиме овие работи, Јехова ветува дека ќе го доврши нашето обучување, што значи и дека ќе ни помогне да станеме поскромни (1. Пет. 5:10; w17.01 4:17-18).

Вторник, 27 февруари

Старешините, кои ве предводат на добар начин, сметајте ги за достојни за двојна чест, особено оние што марливо говорат и поучуваат за Божјата реч (1. Тим. 5:17)

Нашите браќа и сестри ја заслужуваат нашата почит. Ова особено важи за браќата кои предводат, како што се старешините, покраинските надгледници, членовите на Одборите на подружниците и членовите на Водечкото тело. Сите тие се грижат за потребите на Божјиот народ, и Библијата ги нарекува „луѓе како дарови“ (Еф. 4:8). Затоа заслужуваат да им оддаваме чест без оглед на нивната националност, степен на образование, општествена положба или финансиска состојба. Христијаните од првиот век ни оставиле добар пример во овој поглед. Тие ги почитувале браќата кои предводеле, а истото го правиме и ние. Кога сме заедно со овие браќа, ние не се однесуваме со нив како да се ангели. Но, ги почитуваме поради огромниот труд што го вложуваат за да ни служат и поради понизноста што ја покажуваат (2. Кор. 1:24; Отк. 19:10; w17.03 1:13).

Среда, 28 февруари

Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен еден, Бог (Мар. 10:18)

Колку поинаков од Исус бил Ирод Агрипа I, кој станал цар на Јудеја! Во една прилика, Ирод облекол впечатлива и скапа царска облека. Кога се појавил пред луѓето и почнал да им држи говор, тие почнале да извикуваат: „Тоа е глас на бог, а не на човек!“ Бидејќи Ирод уживал во славата, не му оддал чест на Бог, па го изеле црви и умрел (Дела 12:21-23). Јасно, Јехова не го избрал Ирод за водач. Од друга страна, Исус докажал дека е избран од Бог, и секогаш покажувал почит кон Јехова — Најголемиот Водач на својот народ. Јехова сакал Исус да биде водач многу подолго отколку само неколку години. Откако воскреснал, Исус им рекол на своите ученици: „Дадена ми е сета власт на небото и на земјата“. Потоа додал: „И еве, јас сум со вас во сите денови до свршетокот на овој поредок“ (Мат. 28:18-20; w17.02 3:20-21).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели